7

Click here to load reader

Дрвени дувачки инструменти

  • Upload
    bubpce

  • View
    123

  • Download
    1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Дувачките инструменти се поделени во две основни групи: дрвени дувачки и лимени дувачки инструменти. Технички тие се познати под името „ аерофони ”. Дувачките инструменти произведуваат звук кога писката или усните на свирачот ќе го завибрираат воздушниот столб кој се наоѓа во нивната внатрешност. Нивното штимување зависи од должината на цевката, а колку цевката е подолга толку подлабока нота произведуваат.

Citation preview

Page 1: Дрвени дувачки инструменти

ДРВЕНИ ДУВАЧКИ

ИНСТРУМЕНТИМузиката е откритие поголемо од сите мудрости и филозофии

Page 2: Дрвени дувачки инструменти

Дувачките инструменти се поделени во две основни групи: дрвени дувачки и лимени

дувачки инструменти. Технички тие се познати под името „ аерофони ”. Дувачките инструменти произведуваат звук кога писката или усните на свирачот ќе го завибрираат воздушниот столб кој се наоѓа во нивната внатрешност. Нивното штимување зависи од должината на цевката, а колку цевката е подолга толку подлабока нота произведуваат. Дрвените дувачки инструменти на модерниот симфониски оркестар, ги сочинуваат четири посебни фамилии инструменти: флејти, обои, кларинети и фаготи. Иако во денешно време некои од овие инструменти повеќе не се изработуваат од дрво, тие и понатаму го носат ова име. Дрвените дувачки инструменти, во зависност од обликот на цевката, можат да се поделат на: цилиндрични и конусни. Раните дрвени дувачки инструменти како циртал, фрула, не само што биле тешки за свирење, туку произведувале и непријатни звуци, поради тоа не биле популарни. Тогашниот француски конструктор на дрвени дувачки инструменти Жак Хотетер и дворскиот музичар Мајкл Деникен Филидор, конструирале нов инструмент кој поседувал флексибилност која им овозможувала да коегзистираат со виолински оркестар. Во 1830г. дрвените дувачки инструменти повторно биле редизајнирани од страна на Теобал Боем, кој развил нов систем на дирки.

ОСНОВНИ ОСОБИНИ НА ФЛЕЈТАТА

ТИП: дрвен дувачки инструмент

ВИСИНА НА ТОНОТ: ЦеИСТАКНАТИ СВИРАЧИ НА ФЛЕЈТА: Чарлс Николсон, Вилијам Кинкејд, Северино Гацелони, Жан - Пјер Рампал, Џејмс Галвеј

Докажано е дека флејтата е најстариот инструмент, чии древни примери се најдени насекаде низ светот, освен во Австралиј и Нов Зеланд. Наспроти модерниот вкрстен или трансверзален инструмент, првите флејти биле вертикални, направени од животински коски пробушени за отвор за воздух и неколку отвори за прсти. Египетските флејти биле правени од трска или метал, биле долги од 90 - 100см., имале од два до шест отвори. Трансверзалната флејта била позната во Етрурија и Грч к а . На ј с тариот подато к за употреба на трансверзалната флејта во Западна Европа се појавува во 12 век. Во текот на 14 век флејтата почнала да се користи во поголемиот дел на Европа: Шпанија,

Франција, Фландрија и Англија. Хенри VIII имал три флејти направени од стакло, тоа е материјал кој го користеле француските конструктори во 1800г. Во 19 век флејтите почнале да се прават од дрво. Се смета дека трансверзалната флејта првпат била користена во оркестар во 1681г., во 1691г. почнала да се користи во оркестарот на франсцуската кралска капела, за во наредните педесет години во Франција, Германија и Англија да стане постојан член на оркестрите. Мишел де ла Бар ја напишал првата музика за соло флејта. Бидејќи отсекокаш флејтата бил тежок инструмент за совладување, многу луѓе пробувале да ја унапредат нејзината механика. Еден од најважните модификатори на флејтата бил Теобалд Боем, флетиста од Минхен кој во 1830г. направил инструмент со голем отвор кој ги подобрил акустичките недостатоци на првите флејти. Боемовите измени биле револуционерни, ги променил дотогашните затворени дирки со отворени, исто така ги променил сите затворени клучеви во отворени и ги засекол отворите за полесна контрола на прстите, а во 1847г. тој ги зголемил и звучните отвори толку што морале да бидат затворени со пригушувачки навлаки. И овој тип на флејти се користат и денеска. Наштимувана за Ге и четвртина пониско од концертната флејта, алт флејтата била развиена во 1890г. и станала многу популарна во Франција. Бас или дупли бас флејта за Це - висина на тонот една октава пониска од стандардната флејта, нејзината цевка е долга 130см., свиткана е наназад во близина на писката за да може полесно да се свири на неа, денес многу ретко може да се најде. Флејтата денеска се користи како солистички, камерен и оркестарски инструмет.

Флејтата достигнала таква перфекција и еднаквост на тонот што никакви понатамошни подобрувања не се пожелни. Хектор Берлиоз

Page 3: Дрвени дувачки инструменти

Пиколото се појавило во 19 век, има висина на тонот за една октава повеќе од флејтата, а е за половина помал од концертната флејта. Има должина од 32см. Тоа е инструмент со највисоки тонови во оркестар. Има многу оштар, продорен и пискав тон, па затоа најчесто се користи во полн оркестарски состав, а во еден оркестар застапено е само едно пиколо, многу ретко две. Пиколото често при свирење било удвојувано со виолина или флејта, додавајќи искра и брилијантност на целокупниот звук, поради неговата висина на тонот. Пиколото се користи во комбинација со марширачки тапани во традиционалните формации на Карневалот во Базел, Швајцарија. На почетокот пиколото било изработено од дрво и било користено како инструмент во делата на многу познати композитори. Денеска пиколата се изработуваат од разни материјали вклучувајќи ја и пластиката, месинг, сребро никел, сребро. Повеќето пикола имаат конусно тело со цилиндрична глава. Едно од најраните дела во кои е застапено пиколото е Петата

Бетовенова симфонија. Првиот композитор кој максимално го искористил потенцијалот на пиколото бил Чајковски.

ОСНОВНИ ОСОБИНИ НА КЛУНЕСТАТА ФЛЕЈТА

ТИП: аерофонски дувачки инструмениВИСИНА НА ТОНОТ: Це или ЕфИ С Т А К Н А Т И С В И РА Ч И Н А К Л У Н Е С Т А Ф Л Е Ј Т А : Франц Бриген, Рудолф Бартел, Амико Долчи

Клунестата флејта е релативно прост инструмент, датира од пред околу 1.000 години, се појавува во 11 век. Таа е многу едноставна за свирење, била еден од најпопуларните инструменти во европската барокна и ренесансна музика. Еден вид на флејта со широко заоштрен отвор, првобитно била направена од едно парче слонова коска со клунеста писка. Француските конструктори во 17 век ја

подобриле нејзината конструкција, правејќи ја од три дела. До 1470г. клунестата флејта имала шест еднакво оддалечени отвори за прсти и отвор за палец, додека пак во Италија бил додаден уште еден отвор. Ренесансната клунеста флејта била направена како пратечки инструмент. До 16 век, биле правени во пет различни величини: сопран, дискант, тенор, бас и контрабас, во 16 и 17 век на нив најчесто свиреле аматери, за до крајот на 18 век таа да стане дел од оркестар. Со појавата на трансверзалната флејта, таа била потполно исфрлена од

оркестарот.

Клунестата флејта има најпријатен звук во светот. Семјуел Пепис

ОСНОВНИ ОСОБИНИ НА КЛАРИНЕТОТ

ТИП: дрвен музички инструмент ВИСИНА НА ТОНОТ: снижено Б или снижено ЕИСТАКНАТИ СВИРАЧИ НА КЛАРИНЕТ: Антон и Јохан Штадлер, Хајнрих Берман, Бени Гудман

Кларинетот е создаден во првите неколку години на 18 век, од страна на познатиот конструктор на дрвени дувачки инструменти Кристоф Денера или неговиот син Јакоб од Нирмберг. Тоа бил првиот инструмент со писка, кој имал цилиндрични, а не конусен отвор. Првите кларинети биле правени од дрво, висината на тонот им била Це и имале шест отвори за прсти и две дирки. Наскоро е додадена и трета дирка за да зголеми опсегот за полутон пониско, а што е поважно се овозможило свирење на „ непостоечкото ” б’ во прекид. И во денешно време почетниците кларинетисти сметаат дека оваа нота тешко може да се отсвири. Телото било поделено на три дела, со тоа се олеснувало свирењето на различните дирки. Трупот на модерниот кларинет

Page 4: Дрвени дувачки инструменти

не постоел до 1760г. Денешниот стил на свирење со поставување на писката на долната усна бил прифатен од страна на францускиот конзераваториум во 1831г. Околу 1750г. кога се додадени четвртата дирка ( А снижено и Е снижено ), петтата дирка ( Ф повишено и Ц повишено ), кларинетот бил прифатен во симфонискиот оркестар. Во 1790г. Жан Лефевре ја измислил и шестата дирка, која е додадена за да се добие повишено Ц и повишено Г. И покрај сите овие подобрувања инструментоти понатаму имал проблем со положбата на прстите и интонацијата. Поради ова кларинетите се правени со различна висина на тоновите. Основниот инструмент бил конструиран за тонот Ц, има кларинет кој произведува Б снижено за свирење со ниски тонови и А, Бе и Де модели кои можеле да се користат за високи тонови. Во 1809г. еден од најголемите кларинетисти на своето време, направил прототип на својот кларинет кој имал 13 дирки, со висина на тонот Б снижено и станал стандарден модел во следните 100 години. Последната значајна промена се случила кога кларинетистот Хјасинт Елеонор Клосе и конструкторот Луј - Август Буфет го подноставиле свирењето со прстите, со додавање на прстенести дирки кои Боем ги развил за својата флејта. Кларинетот со многу дирки, може да звучи толку темно во длабокиот шалмајски регистар, но повишен може да свети во сребрената цветна хармонија. Томас Ман „ Др. Фауст ”

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА БАС КЛАРИНЕТОТ

ТИП: дрвен дувачки инструментВИСИНА НА ТОНОТ: една октава понизок од кларинетотИСТАКНАТИ СВИРАЧИ НА БАС КЛАРИНЕТ: Јосеф Хорак, Хенри Бок, Мајкл Ловенстерн, Луис Алфонсо

Првиот бас кларинет е создаден 1772г. кога Жил Лот од Париз направил еден со опсег од три ипол октави. 1793г. Карл Август Гренсер од Дрезден го претставил својот бас кларинет, инструмент направен во облик на фагот. Имало голем број други обиди, а во 1838г. Адолф Сакса направил бас кларинет кој личел на саксофон, со наназад закривено и ѕвоно и писка. Кај денешниот бас кларинет поради поголемата должина на цевката, само неговиот среден дел е прав и изработен од дрво, додека почетниот и завршниот се свиткани и изработени од метал. Звукот на бас кларинетоте во длабочина изразито темен, а по карактер често таинствен или драматичен, па поради тоа многу често се користи во музичко - сценски дела. Бас кларинетот почнал да го зазема своето место во симфониските оркестри и концертни групи во касниот 19 век. Во последните години, се зголемил репертоарот за соло литературата за него, вклучувајќи композиции кои бас кларинетот може да ги изведе сам или во придружба со

пијано, разни оркестри, марширачки бендови и др. Исто така неговата улога при свирењето џез е могу мала, но е постојана. Најстарото соло било напишано од Саверио Меркаданте, тој го користел бас кларинетот во операта која што напишал во 1834г. Многу модерни композитори го употебуваат бас кларинетот заедно со контра - алто и контрабас кларинет. Таков е случајот со композиторот и долгогодишниот музички директор на Лос Анџелеската Филхармонија Еса - Пека Салоне кој го употребил во своето дело за Пијано Концерт.

ОСНОВНИ КАРАКЕРИСТИКИ НА САКСОФОНОТ

ТИП: дрвен дувачки инструмент со една пискаВИСИНА НА ТОНОТ: Б снижено или Е сниженоИСТАКНАТИ СВИРАЧИ НА САКСОФОН: Сидни Бекет, Марсел Мјул, Џони Хоџс, Колман Хокинс, Лестер Јанг

Саксофонот е специфичен по прилично широкото тело. Направен е од конусна цевка од тенок метал, обично од

Page 5: Дрвени дувачки инструменти

месинг, која е зголемена на отворениот крај со мало проширување. Тој има од 18 - 21 звучни отвори со градациски величини и сите се управуваат со дирки,а на крајот на писката има две спикер дирки. Усниот дел кој има една писка пораносе правел од дрво, а сега се прави од ебонит или месинг. Саксофонот првпат е патентиран во 1846г. од Адолф Сакс и бил првиот успешен инструмент од овој тип. Тоа бил алт саксофон кој требало да се воведе во војните бендови и така би се створила врска помеѓу кларинетот и тенорот на лимените дувачки инструменти. Фамилијата саксофони е составена од: сопранино за Е снижено, сопран за Б снижено, алт за Е снижено, тенор за Б снижено, баритон за Е снижено и бас за Б снижено. Поради неговото воведување во музиката на Француската пешадија, саксофонот се повеќе се здобивал со наклонетост во војните бендови, кои допринеле тој да се приближи до концертната публика. Алт саксофонот бил

првиот кој се користел, а во 1902г. Ричард Штраус ја пишува „ Symphonia domestica ” за квартет саксофони. Од Првата светска војна, саксофонот станал екстремно популарен во сите врсти на музика. Неговата техника на свирење се сметала за најлесна во однос на другите инструменти со писка. Од 1930г. имал водечка улога во џез бендовите, каде што неговиот потенцијал е целосно искористен.

Саксофоностите се како чавки - мораат да крадат многу работи. Симон Харам

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОБОАТА

ТИП: дрвен дувачки инструмент со дупла цевкаВИСИНА НА ТОНОТ: ЦеИСТАКНАТИ СВИРАЧИ НА ОБОА: Жак Хотетер, Џузепе Самартини, Јохан Кристијан Фишер, Леон Гусенс, Пјер Пјерлот, Хајнц Холигер.

Англискиот збор „ oboe ” доаѓа од францускиот збор „ hautbois ” кој значи високо дрво, а тоа се однесува на звукот на инструментот. Не се знае кој ја измислил обоата, но таа почнала да се свири прв пат во Париз 1670г., за во следните десет години да се прошири во другите европски градови. Била развивана како дрвен дувачки инструмент кој можел да произведе квалитетен тон во затворен простор, наспроти продорниот звук на фрулата, за која е сметано дека е соодветна само за претстави на отворено. Прототипот на обоата имал две дирки и за

првпат била употребена во оркестарот на Луј XIV. Првата композиција која го одредила патот на обоата била операта на Роберт Камберт „ Помона ”. Музичката надмоќ обоата ја добила со укинување на свртениот дрвен дел и е вметната двојна цевка. Поголем опсег е постигнат и со промената на величината и распоредот на отворите за прсти, за да се овозможи вкрстување на прстите низ две октави. Обоата стигнала во Англија кога група француски музичари биле донесени поради представата на Џон Краун. Еден од свирачите бил Џејмс Пајсибл кој останал во Лондох, влегол во

кралската служба и станал првиот професионален обоиста во Англија. Обоата многу бргу станала популарна и наскоро бил отпечатен првиот учебник за обоа со две дирки. Еден од првите композитори за обоа бил Хенри Пурсел, кој ја користел во сите свои поголеми дела, а напишал и три дела за соло обоа. Во текот на 19 век од две дирки бројот се зголемил за осум, а била додадена и дирка за октава која била поставена над отворот за прстите. Оваа дирка многу го олеснувала предувувањето и на инструментот му давала поширок опсег. Најпрославениот францускиконструктор на обоа Фредерик Тиберт го стеснил отворот на инструментот, со што се добило многу почист звук. Денеска се користат четири системи на дирки на обоата. Oboe d`amore е слична на англискиот рог и наштимана на А. Нејзиниот краен дел има луковичен облик, кој ја одредува бојата на звукот и дозволува воздухот да се рашири пред да излезе низ малиот отвор. Поради тешкотиите кои се јавувале при свирење на арии, престанала да се користи во 1750г., за во 1854г. да се реконструира само еден примерок кој бил потребен при избедување на едно од Баховите дела. Оттоѓаш, оваа обоа

Page 6: Дрвени дувачки инструменти

многу ретко се користи. Најстарата баритон обоа која имала висина на тонот за една октава пониско од вообичаените оркестарски обои, направена е од Чарлс Бизет и денес се наоѓа во парискиот музички конзерваториум. Бизет го решил провлемот на прекумерна должина на цевката со удвојување на отворот и со поставување писка на куката. Тој успеал да ја смали и оддалеченоста помеѓу соседните отвори за прсти , бушејќи ги накосо низ здебелувањата во ѕидот на цевката. Иако делијус пишувал дела за баритон обоата, таа денеска е експонат во музеј.

Обоата има неспоредлив и шармантен звук. Џон Бенистер

Англискиот рог е направен во Италија, со усовршување на многу постар инструмент наречен „ oboa da caccia ”. Опсегот му е ист како кај обоата, но звукот му е подлабо за една квинта, потивок и потемен, па затоа му одговараат мелодии со мирен тек, меланхоличен или тажен израз. Од обоата се разликува по должината и крушковидното проширување на крајот, како ис повишената метална цевка на почетокот. Англискиот рог најчесто се користи во молските теми, каде што најмногу доаѓа до израз неговиот сонувачки карактер. Затоа во музиката се користи како инструмент за тажно изразување, како во пасторалната музика, тој е тенор верзија на обоата. Порано се свирел со закривена кука на која се наоѓала писка, а положбата на прстите и дирките била иста како кај обоата. Англискиот рог од 18 век бил во облик на полумесец или свиткан под некој агол и прекриен со црна кожа. Бидејќи отворите биле подалеку, кривината го правела инструментот полесен за држење и свирење. Првиот англиски рог кој денеска е познат со своето карактеристично топчесто ѕвоно е наравен од Хенри Брод. Тој го решил проблемот со широко оддалечените отвори за прсти, воведувајќи дирки со подолги мали рачки.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ФАГОТОТ

ТИП: дрвен дувачки инструмент со двојна пискаВИСИНА НА ТОНОТ: ЦеИСТАКНАТИ СВИРАЧИ НА ФАГОТ: Паоло Бесоци, Џорџ Вензел Ритер, Феликс Рајнер, Арчи Камден, Симон Ковар, Џејмс Мекинтош

Фаготот е бас член во оркестарот на дрвени дувачки инструменти, тој додава боја во оркестарот и добро сеусогласува со сите инструменти. Првиот фагот имал три дирки - две за палците и еден за малот прст. Тој бил составен од четири засебни дела: крај, крило, бас и ѕвоно. Направен е од јаворово или крушково дрво, цевката била широка 2,4м. и била удвоена за да се олесни ракувањето. Во 1730г. била додадена четвртата дирка, а во 1800г. шест биле стандардни. Во текот на 19 век биле направени многу подобрувања, Чарлс - Јозеф Сакс вовел покриени звучни отвори, а потоа заедно со својот син Адолф во 1851г. направиле фагот со 23 дирки. Карл

Алменредер сметал дека ако се додадат други дирки и се преместат останатите, не само што ќе се подобри интонацијата, туку свирењето со сите дирки ќе биде могу полесно. Во 1831г. во својата фабрика направил фагот со 15 дирки, а по неговата смрт неговиот партнер Јохан Хекел продолжил да го усовршува инструментот, кој до 1843г. имал 18 дирки и опсег од преку четири

октави. Успешните членови на фамилијата Хекел во 1870г. го лансирале својот славен модел и благодарејќи на нивните напори, фаготот го достигнал денешниот степен на совршенство. Многу познати композитори создале музика за фагот, еден од нив е и Моцарт кој го напишал делото „ Концерт за Б снижено ” за соло изведба на фагот. Човекот кој најмногу помогнал да се популаризира фаготот е Арчи Камден.

Page 7: Дрвени дувачки инструменти

Контрафаготот по звучност е најдлабокиот дрвен дувачки инструмент, тој е регистарска варијанта на фаготот, со опсег понизок за една октава и ја достигнува надолната граница на оркестарскиот звук. Неговата цевка е долга приближно 5м., затоа е три пати пресвиткана, а поради големата тежина инструментот има и ногарка на која се потпира. Него го свират фаготисти, бидејќи технички е сличен. Звучноста на контрафаготот е тврда и груба, подвижноста му е ограничена, така што има ногарка на која се потпира. Дополнителна поддршка понекогаш дава и лентата која се става околу вратот на свирачот. Солистички не се користи, само е корисен фактор на оркестарскиот бас. Многу често е во комбинација со контрабасот, но за разлика од него, тој не го прати постојано басот и ритамот во мелодијата и се користи за ефекти и истакнувања. Ракувањето се разликува, особено во регистерот промени и во екстремно високи фрекфенции.

За мене музиката постои за да не издигне, што е можно повеќе од секојдневното постоење.

Габриел Форе

Звукот на инструментите со писка или трска се создава при треперење на неговото јазиче, кое се создава со треперење на воздухот во шуплината на инструментот. Инструментите со писка спаѓаат во две основни категории, во зависност од начинот на кој се користи јазичето: пискави и слободни. Во стара Грчка, трската од која се правеле јазичето се сечела на почеток на летото, кога најлесно може да се свитка и се оставала на отворено. Стругањето и чистењето се правело следната пролет, после што се сечела на делови помеѓу здебелувањата на стеблото. Денеска јазичињата се прават од деловите на стеблото на голема полусуптропска трева. Во одреден период се пробало трската да се замени со сребро или коска од кит, но безуспешно. Во поново време се пробува трската да се замени со вештачки влакна, но е согледано дека јазичињата изработени од вештачки материјал даваат погруб звук. Јазичињата кои удираат на површината се викаат пискави, а инструментите кои создаваат звук на овој принцип, меѓусебно се разликуваат по тоа дали имаат едно или двојно јазиче. Кај кларинетот има едно јазиче тоа е тесно парче писка ( трска ) исечено по должина, прицврстено од внатрешната страна, од другата страна јазичето е истругано и многу тенко. Тој е сместен во усникот на инструментот и во него вибрира. Кај фаготот има двојно јазиче, тоа се две фино обработени плочки од трска кои го создаваат јазичето, издлабен од внатрешната страна и со истенчени ивици на другата страна. Двојното јазиче се става во кратка и тесна метална цевка која се вика „ кука ”. Слободните јазичиња претежно се наоѓаат кај некои оргули и дувачки инструменти со мев за дување. Се користи и кај усната хармоника, како и кај традиционалниот инструмент шенг. Висината на тонот може да биде снижена ако воздухот се дува поблиску до фиксираниот дел, а повисок ако воздухот се дува поблиску до крајот на слободниот дел на јазичето.

Едноделна АЛТ и Двојна двојна трска на ФАГОТ КЛАРИНЕТТЕНОР трска на трска на едноделна трска САКСОФОН ОБОА

Музиката се крие во треперењето на трската. Лорд Бајрон АСАН ЕРОЛ VIII а