4
МИСИИТЕ НА БРАЌАТА ЦВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ( ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ ) Панонски легендисе вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Делото содржи две житија за светите солунски брака Кирил и Методиј. Тоа се две биографии со реалистични и религиозни елементи, во кои се расказува за животот и делото на двајцата големи христијански мисионери, творци на словенската писменост. Светите браќа биле пропагатори на христијанството меѓу многу божечките племиња во Византиската Империја, како и меѓу Западните и Јужните Словени. Панонските легенди претставуваат најстаро оригинално дело во старословенската литература. Тема на житијата е опишување на животот на светите брака Кирил и Методиј и во нив по хронолошки ред се изнесуваат податоци за нивниот животен и творечки пат. Во Панонските легендикако прво оригинално дело во страословенската литертура кое пред се има културно-историско значење, се опишани и мисиите на браќата Свети Кирил и Методиј - Брегалничката, Арапската, Хазарската и Моравската мисија. 1. Брегалничка мисија ( 855 год. ) - Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Македонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, зошто главно се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методиј. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на византиска страна во борба против агресивните Бугари. И покрај сестраните ангажирања на Методиј да ги зацврсти византиските позиции во рамките на управуваното кнежество, во тоа не успеал за што главна причина биле зачестените бугарски завладувачки походи. Тоа, пак, ја натерало византиската централна власт да го испрати на мисионерска работа во Стримонската склавинија Константин Филозоф, со цел да му помогне на својот брат Методиј. Неговата мисионерска дејност главно се одвивала меѓу Словените кои живееле во Брегалничката област и тоа во првата половина на 50-те години на IX век. Првенствениот политички карактер на Брегалничката мисија морал да се мотивира со духовната и со просветителската акција, зашто се имал предвид фактот дека духовниот христијански живот во Брегалничката област имал потврдена ранохристијанска традиција, кога уште во 5 век профункционирала Баргалската епископија. Но, овојпат требало да се засили словенскиот интерес за христијанството, со што би се воспоставела сврзувачката алка за создавање словенско - византиска и притоа христијанска цивилизација и култура . Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу словените по текот на Брегалница била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука - глаголицата. Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други пак според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште 6. Уште додека дејствувал меѓу Словените по Брегалница, а особено градот Равен, кој исто така лежел на ова река, според податоци од зачуваните житија Константин Филозоф покрстил 54000 непокрстени Словени, а исто така им напишал и книги на словенски јазик. На тој начин во овој дел на Македонија Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост и книжнина

Панонски легенди

  • Upload
    bubpce

  • View
    1.255

  • Download
    69

Embed Size (px)

DESCRIPTION

МИСИИТЕ НА БРАЌАТА ЦВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ( ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ )„Панонски легенди” се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Делото содржи две житија за светите солунски брака Кирил и Методиј. Тоа се две биографии со реалистични и религиозни елементи, во кои се расказува за животот и делото на двајцата големи христијански мисионери, творци на словенската писменост. Светите браќа биле пропагатори на христијанството меѓу многу божечките племиња во Византиската Империја, како и меѓу Западните и Јужните Словени. Панонските легенди претставуваат најстаро оригинално дело во старословенската литература. Тема на житијата е опишување на животот на светите брака Кирил и Методиј и во нив по хронолошки ред се изнесуваат податоци за нивниот животен и творечки пат. Во „Панонските легенди” како прво оригинално дело во страословенската литертура кое пред се има културно-историско значење, се опишани и мисиите на браќата Свети Кирил и Методиј - Брегалничката, Арапската, Хазарската и Моравската мисија.

Citation preview

Page 1: Панонски легенди

МИСИИТЕ НА БРАЌАТА ЦВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ( ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ )

„Панонски легенди” се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Делото содржи две житија за светите солунски брака Кирил и Методиј. Тоа се две биографии со реалистични и религиозни елементи, во кои се расказува за животот и делото на двајцата големи христијански мисионери, творци на словенската писменост. Светите браќа биле пропагатори на христијанството меѓу многу божечките племиња во Византиската Империја, како и меѓу Западните и Јужните Словени. Панонските легенди претставуваат најстаро оригинално дело во старословенската литература. Тема на житијата е опишување на животот на светите брака Кирил и Методиј и во нив по хронолошки ред се изнесуваат податоци за нивниот животен и творечки пат. Во „Панонските легенди” како прво оригинално дело во страословенската литертура кое пред се има културно-историско значење, се опишани и мисиите на браќата Свети Кирил и Методиј - Брегалничката, Арапската, Хазарската и Моравската мисија.

1. Брегалничка мисија ( 855 год. ) - Првата мисија на Константин Филозоф била извршена меѓу Словените во Македонија во првата половина на IX век. Во науката таа е позната како Брегалничка мисија, зошто главно се одвивала меѓу Словените кои живееле по текот на реката Брегалница. Тие биле дел од племето Струмјани што тогаш ги управувал Методиј. Константин Филозоф како мисионер требало да го помогне својот постар брат во придобивањето на немирните Струмјани на византиска страна во борба против агресивните Бугари. И покрај сестраните ангажирања на Методиј да ги зацврсти византиските позиции во рамките на управуваното кнежество, во тоа не успеал за што главна причина биле зачестените бугарски завладувачки походи. Тоа, пак, ја натерало византиската централна власт да го испрати на мисионерска работа во Стримонската склавинија Константин Филозоф, со цел да му помогне на својот брат Методиј. Неговата мисионерска дејност главно се одвивала меѓу Словените кои живееле во Брегалничката област и тоа во првата половина на 50-те години на IX век. Првенствениот политички карактер на Брегалничката мисија морал да се мотивира со духовната и со просветителската акција, зашто се имал предвид фактот дека духовниот христијански живот во Брегалничката област имал потврдена ранохристијанска традиција, кога уште во 5 век профункционирала Баргалската епископија. Но, овојпат требало да се засили словенскиот интерес за христијанството, со што би се воспоставела сврзувачката алка за создавање словенско-византиска и притоа христијанска цивилизација и култура. Повеќегодишната мисионерска дејност на Константин Филозоф меѓу словените по текот на Брегалница била крунисана во 855 година со создавањето на словенската азбука - глаголицата. Ова епохално откритие Константин го постигнал со помошта на својот брат Методиј. Создадената словенска азбука, која најпрво била наменета за словените во Македонија, се состоела од 38 букви, од кои, како што запишал Црноризец Храбар, „едни биле составени по образец на грчките букви, а други пак според словенскиот збор“. Во почетокот генијалниот филолог Константин создал 32 букви, а потоа придодал уште 6. Уште додека дејствувал меѓу Словените по Брегалница, а особено градот Равен, кој исто така лежел на ова река, според податоци од зачуваните житија Константин Филозоф покрстил 54000 непокрстени Словени, а исто така им напишал и книги на словенски јазик. На тој начин во овој дел на Македонија Константин Филозоф заедно со својот брат Методиј ги поставиле темелите на словенската писменост и книжнина

Page 2: Панонски легенди

2. Арапска (сараценска) мисија (855 - 856 год.) - Следната мисија од трите главни е Сараценската (или Арапската), на која св. Константин-Кирил бил испратен од страна на императорскиот совет да го штити христијанството од нападите на новата мухамеданска религија, што масовно ја прифаќале Арабите, ширење на христијанството (верска мисија). Основач на оваа религија е арабјанецот Мухамед, а самото мухамеданство (или исламот) се афирмирало како световна религија во периодот на VIII и IX век. За мухамеданите било спорно христијанското толкување за единството на тројното лице на Бога - светата Троица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Токму и тоа теолошко прашање било во центарот на полемиката што ја водел Св.Константин-Кирил кај Сарацените со тамошните извонредно учени претставници. Оваа мисија немала само религиозен карактер, туку била придружена и со политички признаци. Арапите почнале да претставуваат опасност за границите на Византија. Во текот на IX век, при неколку наврати, Византија се нашла во воени конфликти со Арабите-мухамедани од Багдатскиот калифат. Византиската политика и во овој случај го поставило христијанството како помошно средство да се неутрализираат непријателските закани, па преку религиозно-политичката мисија на св. Константин-Кирил се имало цел да се обезбеди директна зависност на Арабите од империјата. Арабијаните во тој период биле на извонредно високо културно рамниште. Имале развиена наука, уметност литература. Багдад бил најголемиот грат многу поголем од сите европски градови во тоа време. Насекаде низ арабијската држава имало библиотеки, се преведувале книги, се создавале нови, математиката, медицината, хемијата биле во невидена експанзија. Сарацените го живееле својот златен век. Учени луѓе имало за секоја област и за секое прашање. Најучените од нив со големо задоволство му се спротивставувале на младиот Константин, обидувајќи се да ги побијат неговите знаења и неговите ставови. Низ полемиките провејувале и расправи околу прашањата за проблемите со војните, за даноците, за воспоставувањето мир, и сл. За било која тема да се дебатирало, Константин секогаш го имал завршниот збор. Неговите знаења и неговите аргументи ги надвладувале и најголемите учени меѓу Сарацените. Едноставно останале затекнати од неговата култура, образование, елоквентност и стабилност во дискусиите. Мисионерот и неговите придружници извојувале целосна победа, заштитувајќи го достоинството на христијанството и на византиската култура. Тука Константин успешно ја завршил мисијата и го научил арапскиот јазик и нивните обичаи.

3. Хазарска мисија (860-861год.) - Во неа учествувале двајцата браќа (Кирил и Методиј) и други византиски пратеници. Во периодот на 860-861 година императорскиот совет и патријархот Фотиј ја прифатиле поканата од хазарските пратеници кај нив да испратат мисионери, кои ќе ги неутрализираат конфронтациите меѓу идеите на еверејството, мухамеданството, христијанството и паганството. Хазарскиот каган сакал да воспостави внатрешен мир во својата владетелска средина, при што сметал дека преку прифаќањето на христијанството за официјална религија ќе успее поцврсто да ја централизира својата власт. Хазарија била под директни влијанија на мухамеданството од Арапскиот калифат и на христијанството од Византија, а заради изразување на својата самостојност уште во 730 година каганот Булан неофицијално ја прифатил еврејската вера за официјална. Византија на тоа гледала како на стекнување политички ефект за зацврстување на сопствените престижни позиции, па се одлучило Св.Константин-Кирил повторно да се испрати во мисионерство среде Хазарите. Заедничкиот престој на Олимп ги сплотил нераздвојно двајцата свети браќа, кои и во христијанската догматика ги пополнувале сопствените погледи. Затоа и св. Методиј бил определен да го придружува брата си во Мисијата. Подготовките ги направиле во Херсон, каде

Page 3: Панонски легенди

што го научиле еврејскиот јазик и ги проучиле нивните книги за да можат успешно да се соочат со претставниците на еврејската догматска идеологија. Од еврејски јазик било преведена и едно граматичко дело на византискогрчки јазик. Нивниот престој во Херсон триумфирал и со откривање на моштите на римскиот светител папата Климент (третиот римски епископ, починат меѓу 97 и 101 година). Описот на чинот на пронаоѓањето моштите на св. Климент Римски го напишал самиот Св.Константин-Кирил во своето дело Обретение, чијшто оригинал на византискогрчки јазик не е сочуван, а неговата содржина е позната според старословенскиот превод (веројатно направен од брата му св. Методиј). Всушност, Св.Константин-Кирил напишал три оригинални творби: Канон, Историски расказ и Пофално слово. Во Хазарија главната борба требало да ја насочат повторно кон објаснувањето на суштината на христијанството како вистинска религија во однос на јудејството, мухамеданството и паганството. Централната догматска тема околу која се одвивала расправата била суштината на Светото Тројство во христијанството, а големо внимание им се посветило и на темите околу прашањата за Мојсиевиот закон, обрезанието, пророчките претскажувања за Христа, за иконопоклонството, јадењето на свинско месо, итн. Полемиките се воделе во летната резиденција на хазарскиот каган при негово лично присуство, а како главни негови опоненти предначеле протагонистите на еврејската идеологија. Константин воглавно спорел со Евреите околу догмата и верата. Силата на аргументите и неисцрпното знаење кое го поседувал Константин Филозоф го воодушевиле хазарскиот кан. Кога веќе се наѕирала полемичката победа на Св.Константин - Кирил неговото поентирање било насочено кон објаснувањата за тоа дека христијанството е најдобрата вера од останатите вери. Неговата идеолошка победа резултирала со масовно покрстување на Хазарите, но истовремено се постигнале и своевидни политички резултати во прилог на византиските очекувања од самата Мисија. Најважно било тоа што хазарскиот каган оставил писмено сведоштво за верноста кон Византија, испраќајќи му писмо на византискиот император со завршните зборови: „Сите ние сме пријатели на твоето царство и готови сме да ти служиме каде што ќе биде потребно“. Св.Константин - Кирил одбил од канот да прими скапоцени дарови, а за возврат му побарал да ги ослободи сите заробени Византијци. Хазарите ги ослободиле сите 200 Византијци кои биле заробени во претходните борби по што Константин се вратил во Цариград. Светите браќа заминале од Хазарија повторно се задржале во Херсон, каде што извршиле уште една христијанска мисија среде паганите.

4.Моравска мисија (863год.) - Моравската мисија е најзначајна, имала најсилно влијание за идната цивилизациска проекција во Европа бидејќи заради неа ќе биде создадена првата словенска азбука. Првенствено оваа мисија имала воено-политички и црковен карактер, зашто во моравско - панонските краеви од Европа се вкрстиле интересите на источниот и на западниот црковен протекторат, но и тенденциите за зацврстување на стратешки позиции за воен и политички престиж. Основниот повод за Моравската мисија од страна на великоморавскиот владетел Ростислав, владетелот на првата словенска држва - Велика Моравија бил склучениот воен сојуз во летото 862 година меѓу франечката држава на Људвиг и бугарската држава против Великоморавија. Ростислав ја гледал Византија како силен сојузник со кој ќе ги реши заедно воено-политичките и црковните проблеми, при што ќе ја зацврсти и самостојноста на својата држава и црква. Тој побарал од Византија мисионери кои ќе го шират христијанството, но на словенски јазик и со словенско писмо. Со свој јазик, своја црква и култура тој сакал да ја зацврсти државата и да ја избегне германизацијата. Византија го прифатила словенски белег на Мисијата во Моравија, тоа била добро осмислена стратегија од страна на патријархот

Page 4: Панонски легенди

Фотиј и на кесарот Варда, тие знаеле дека само со толерантност кон словенските народи, Византија можела да се придобие нивната лојалност. Новопоставениот патријарх Фотиј ја користел можноста да се поттикне самостојноста на словенската богослужба и на словенската писменост како средство за привлекување на западните Словени кон закрилата на Источната црква. Затоа и се определиле византиски мисионери со форматите на светите Константин-Кирил и Методиј Солунски, а не биле земени предвид учени луѓе од словенскиот род. Првиот како филозоф и хартофилакс, а вториот како архонт на Словенска архонтија (во брегалничко-струмичкиот крај од Македонија. Афирмацијата на словенските духовни и културно-просветни акции во Моравија можеле успешно да ја спроведат светите браќа зашто веќе имале мисионерско искуство, но се имал предвид и фактот дека се домородни Македонци родум од Солун, „а сите Солуњани чисто словенски зборуваат“. Св.Константин-Кирил бил предводникот на мисионерската дејност, но и креаторот на самата Мисија да ѝ се наметне културно-просветителски словенски белег. За време на мисијата, тие го поттикнале отварањето на словенски цркви и училишта што им попречило на германските свештеници, па го обвиниле Константин дека шири ерес. Затоа бил повикан кај папата Адријан. Во Рим 869 година со силни аргументи, со говор достоен за светец, Кирил рекол дека како што сонцето свети исто за сите, така сите имаат право да си ја кажуваат верата на свој јазик, а не само на латински, еврејски и грчки. Тогаш папата официјално ја признал словенската писменост и дозволил богослужбата да се извршува на словенски јазик. Во Рим Константин се замонашува и го добива името Кирил и истата година таму починува.

АСАН ЕРОЛ VIIIa