25
Содржина 1. Вовед ............................................. .................................................... .......... 2 2. Видови системи ( режими ) на девизен курс..............................................4 3. Фиксен девизен курс и Флексибилен девизен курс ( предности и слабости) .......................................... .................................................... .........6 4. Избор на систем ( режим ) на девизни курсеви ........................................9 5. Политика на девизен курс на Република Македонија .............................10 5.1 Таргетирање на девизниот курс на денарот .....................................12 5.2 Фиксен или Флуктуирачки курс на денарот .....................................14 6. Заклучок ........................................... .................................................... ........16 7. Користена литература ......................................... ........................................17

Политика на девизен курс на РМ

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Политика на девизен курс на РМ

Содржина

1. Вовед ........................................................................................................... 2

2. Видови системи ( режими ) на девизен курс..............................................4

3. Фиксен девизен курс и Флексибилен девизен курс ( предности и

слабости) .......................................................................................................6

4. Избор на систем ( режим ) на девизни курсеви ........................................9

5. Политика на девизен курс на Република Македонија .............................10

5.1 Таргетирање на девизниот курс на денарот .....................................12

5.2 Фиксен или Флуктуирачки курс на денарот .....................................14

6. Заклучок .......................................................................................................16

7. Користена литература .................................................................................17

Page 2: Политика на девизен курс на РМ

1.Вовед

Во рамките на една национална економија цените на стоките и услугите

се искажани во националната валута на земјата која претставува законско

средство за плаќање во земјата, односно мерка на вредноста или мерило на

цената. Меѓутоа, при меѓународната размена, односно во прометот со странство

се јавува проблемот на постоење различни валути во различни земји. Тој

проблем се решава преку утврдување на девизниот курс на секоја национална

валута во однос на валутите на другите земји, кој игра централна улога во

меѓународната трговија.

Под девизен курс се подразбира цената на странска валута на која гласи

девизата изразена во домашна валута ( или во некоја друга валута ), односно

соодносот помеѓу вредноста на валутата на која гласи девизата1 и вредноста на

домашната валута. Така покажува колку домашни парични единици се

потребни за една или сто единици странска валута. Тргнувајќи од поширокото

дефинирање на девизите2 девизниот курс е дефиниран како однос на вредноста

на домашните и странските валути или цена на една национална валута изразена

во друга валута, односно цената по која се пресметуваат, купуваат и продаваат

валутите и девизите.

Најзначајни функции на девизниот курс се пред се тоа што тој

овозможува пресметување и претворање на една национална валута во друга, со

што се овозможуваат меѓународните плаќања, споредба на домашните цени на

стоките и услугите со странските цени на стоките и услугите, влијае на

урамнотежувањето на билансот на плаќање, како и на алокацијата на ресурсите.

Девизниот курс на една национална економија успешно би ја извршувал својата

функција само доколку е реален,односно да го изедначува општото ниво на

цените во националната економија и општото ниво на цените во странство. Тој

не треба да биде ниту преценет ниту потценет бидејќи тоа негативно би

влијаело врз тековите на националната економија и врз односите со другите

економии. Покрај тоа тој треба да биде и рамнотежен, односно да овозможува

1 За девизи се сметаат сите краткорочни побарувања од тековни сметки, меници и чекови на странски валути,примени акредитивни налози, кредитни писма, и останати хартии од вредност што гласат на странска валута.2 Тие не се само краткорочни побаувања на странска валута, туку и ефективни странси пари

2

Page 3: Политика на девизен курс на РМ

одржување на рамнотежа во билансот на плаќање т.е. изедначување на понудата

и побарувачката на девизи.

На висината на девизниот курс влијаат бројни фактори: висината и

динамиката на стапката на инфлација, состојбата во билансот на плаќања,

висината на каматните стапки, надворешната задолженост на земјата, научно

технолошкиот прогрес, степенот на отвореноста на земјата,целите и задачите на

монетарната политика, политичката состојба во земјата и странство и сл.

Водењето на политиката на девизен курс претставува многу сложена и

одговорна задача на секоја монетарна власт поради големото значење кое

девизниот курс го има за вкупната стопанска активност и економијата на една

земја. Секоја национална економија реализира своја автономна политика на

формирање и одржување на девизниот курс која се однесува на односот на

девизниот курс спрема сите други параметри на националната економска

политика ( внатрешна стопанско политичка компонента на политиката на

девизен курс ) и односот на сопствената национална валута спрема валутите на

другите земји ( интервалутнатниот аспект на политиката на девизен курс ).

Целите кои треба да ги оствари оваа политика се однесуваат на:

платнобилансната и надворешно трговската рамнотежа на земјата, одржување

на меѓународната конкурентност, политиката на стабилност на стопанисување и

стопански развиток и на експанзијата на националниот репродукционен процес.

3

Page 4: Политика на девизен курс на РМ

2. Видови режими ( системи ) на девизен курс

Режимот на девизниот курс ги објаснува основите врз кои националните

економии го утврдуваат девизниот курс. Постојат два основни, екстремни,

режими на девизен курс.Двете екстремни варијанти се системот на фиксен и

системот на флуктуирачки девизен курс. Помеѓу овие два екстремни вида

постојат голем број преодни облици кои се карактеризираат со различен степен

на флуктуирање. ММФ има извршено нивна класификација според која денес

постојат следните системи на девизен курс:

Доларизација или евроизација, тоа е систем во кој земјата се одрекува

од сопствената валута и ја прифаќа странската валута како официјално средство

за плаќање ( пример за доларизација е Црна Гора која го има прифатено еврото

за официјална валута )

Валутен одбор претставува режим каде домашната валута со закон е

фиксирана за некоја друга странска валута како на пример доларот, понудата на

пари мора да има потполно покритие во расположливите девизни резерви, и

каде монетарните власти неможат да влијаат на каматните стапки. Од ова

произлегува дека монетарната политика на земјата ја губи својата автономија.

Пример за земји кои имаат прифатено валутен одбор се Босна и Херцецовина,

Бугарија и сл.

Фиксен девизен курс е формално или de facto врзување на националната

валута за некоја странска валута, специјални права за влечење или корпа на

валути, најчесто американскиот долар или еврото.

Систем на прилагодливи ппаритети подразбира утврдување на

паритет во однос на друга валута кој дозволува слободно движење во одредени

рамки околу централниот паритет ( поголеми од +/-1% ). Паритетот може да се

монува од време на време со цел да се корегира нерамнотежата во платниот

биланс.

Ползечки девизен курс тоа е еден вид на фиксен девизен курс кај кој

паритетот се менува во помали однапред познати износи

Движечки коридор кај овај облик на девизен курс вредноста на

националната валута осцилира околу утврдениот паритет и до +/-15% кој се

прилагодува во согласност со движењето на фундаменталните макроекономски

4

Page 5: Политика на девизен курс на РМ

големини. Централната банка има обврска да интервенира доколку курсот се

приближи до долната или горната граница на утврдениот коридор.

Мониторинг коридор разликата помеѓу овај и движечкиот коридор е во

тоа што централната банка нема обврска да интервенира за да спречи девизниот

курс да ги премине дефинираните рамки. Тоа го прави дури откако девизниот

курс ќе ги премине утврдрните граници.

Раководено флуктуирачки девизен курс кај овај облик девизниот курс

се формира слободно под дејство на понудата и побарувачката на девизи, но со

повремени интервенции на централната банка.

Флуктуирачки девизен курс вредноста на девизниот курс се формира

слободно врз основа на понудата и побарувачката на девизи, без интервенции на

централната банка.

Во зависност од степенот на флуктуацијата и степенот на учество на

монетарните власти при формирањето на девизниот курс различните видови на

режими на девизен курс би можеле да се поделат на три групи: сиситеми на

девизен курс со цврсто врзување во кој спаѓаат доларизацијат или

евроизацијата, валутниот одбор, мека варијанта на врзување на девизниот курс

кој ги опфајќа системот на прилагодливи паритети, ползечки девизен курс,

движечки и мониторинг коридор и систем на валути кои слободно

флуктуираат.

5

Page 6: Политика на девизен курс на РМ

3. Фиксен девизен курс и Флуктуирачки девизен курс

( предности и слабости )

Фиксните девизни курсеви ја претставуваат цената на странските

валути, изразена во домашна валута што се формира врз основа на еден утврден

однос на валутите спрема некој конвенционално одбран заеднички именител,

како златото или некоја друга стабилна валута. Фиксниот девизен курс го

одредува монетарната власт на одделна земјата и тој треба да ја одржува

реалната вредност на домашната валута на странскиот пазар. Но, под фиксен

девизен курс не се подразбира негова апсолутна непроменливост туку

дозволено е и негово флуктуирање во ограничени рамки однсно +/-1% околу

централниот курс. Тоа произлегува од флуктуацијата на валутите за кои се

врзува домашната валута, па од тука следува дека курсот на домашната валута

индиректно флуктуира спрема другите валути.

Фиксните курсеви имаат свои предности и недостатоци. Како основни

предности на фиксните девизни курсеви се истакнуваат:

Извесноста Самиот факт што девизниот курс е фиксен ја зголемува

извесноста кај економските субјекти, така што тие ќе можат подолгорочно да ги

планираат своите трансакции со странство, односно увозот и извозот на стоки и

услуги, земањето кредити, инвестирањето и сл.

Дисциплинирањето Ова произлегува од таму што фиксниот курс

дејствува на економските субјекти да ги одржуваат производствените трошоци

и цени на ниво на странските конкуренти, бидејќи во спротивно би значело

губење на својата конкурентска положба на странските пазари. На подолг рок

земјите со фиксни девизни кѕрсеви треба да настојуваат стапката на инфлација

да ја одржуваат на еднакво нниво со стапката на инфлација во земјите кои им се

главни трговски партнери.

Намалување на шпекулативните дејства Би било нелогично да се

купуваат странски валути денес и да се продаваат во некој нареден период во

иднина ако нивната цена е непроменета. Меѓутоа овој аргумент е само делумно

точен, бидејки шпекулативни дејства сепак може да се реализираат и тоа во

очекување на идната корекција на фиксниот девизен курс

6

Page 7: Политика на девизен курс на РМ

Како слабости на фиксните девизни курсеви се нагласуваат следниве:

Губењето на можноста за водење на самостојна стопанска и

монетарна политика. Во услови на фиксен девизен курс примарна цел на

монетарната политика е оджување на курсот што значи дека и сите нејзини

инструменти се подредени на остварување на оваа цел, а не на остварување на

мекроекономските цели на земјата.

Потребта од одржување на високо ниво на девизни резерви Кога

курсот на одделна странска валута започне да расте, односно се зголемува

побарувачката за таа валута, централната банка мора да интервенира преку

понуда на дадената валута од своите девизни резерви со цел да го одржи

девизниот курс на одредено ниво. Затоа за да може централната банка во секое

време да одговори на потребите на економските субјекти треба да располага со

релативно повисоко ниво на девизни резерви.

Намалена можност за справување со екстерните шокови е уште една

од негативните карактеристики на фиксниот девизен курс. Во режимот на

фиксен девизен курс при појава на некои екстерни шокови како на пример

зголемување на цената на нафтата, земјата треба да ги користи своите девизни

резерви или користи екстерни кредити, бидејќи е исклучено автоматското

приспособување на девизниот курс каков што е случајот со флуктуирачките

девизни курсеви.

Флуктуирачкиот девизен курс петставува облик на девизен курс во кој

вредноста на националната валута слободно се формира врз основа на понудата

и побарувачката на девизи на девизниот пазар. Всушност флуктуирачкиот

девизен курс ја означува точката на која се израмнуваат понудата и

побарувачката на девизи, а бидејќи понудата и побарувачката на девизи доаѓаат

од состојбата во билансот на плаќање, флуктуирачкиот девизен курс ја означува

точката на која се израмнува билансот на плаќања. Формирањето и

одржувањето на флуктуирачкиот девизен курс може да биде така дефинирано

да флуктуирањето се остварува потполно слободно или пак е раководено

односно контролирано. Во случајот кога флуктуирањето е контролирано

девизниот курс се формира под влијание на односите на понудата и

побарувачката на девизи на девизниот пазар, но со повремени интервенции на

централната банка за да се остварат утврдените економски цели.

7

Page 8: Политика на девизен курс на РМ

Најчести аргументи кои одат во прилог на флуктуирачките девизни

курсеви, односно нивни предности се:

Делумното автоматско платнобилансно урамнотежување и

можноста за водење автономна монетарна политика Всушност

нерамнотежата во платниот биланс се одстранува со автоматски промени на

девисниот курс. Така на пример дефицитот во трговскиот биланс влијае врз

депрецијацијата на националната валута што го прави увозот поскап а извозот

поатрактивен, а сето тоа придонесува за подобрување на состојбата во

трговскиот биланс. Поради дејството на автоматскиот механизам за

платнобилансното приспособување мерките на економската политика

( монетарните и фискални ) можат да се насочат кон постигнување на

внатрешната рамнотежа ( вработеност и ценовна стабилност; стопански раст и

развој )

Намалување на трошоците кои произлегуваат од потребата да се

држи одреден износ на девизни резеви Во услови на флуктуирачки девизен

курс кога централната банка нема обврска да интервенира на девизниот пазар за

да го одржи девизниот курс на одредено ниво разбирливо е и да се намали

потребата од чување на високи девизни резерви.

Покрај овие прдности на флуктуирачките девизни курсеви, постојат и

одредени недостатоци :

Поизразена шпекулација Кај флуктуирачките девизни курсеви

промените на курсот можат да бидат секојдневни, а тоа ги стимулира

стопанските субјекти да купуваат или продаваат странска валута очекувајќи

промена на девизниот курс во блиска иднина.

Зголемена неизвесност Честите промени на девизниот курс ја

зголемуваат неизвесноста кај економските субјекти околу неговото ниво во

иднина. За да се обезбедат од евентуални непожелни движења на девизниот

курс тие се принудени да склучуваат посебни девизни аранжмани кои им

овозможуваат поголема извесност околу реалната вредност на валутите. Но

ваквите девизни аранжмани имаат своја цена изразена преку зголемените

трансакциски трошоци.

8

Page 9: Политика на девизен курс на РМ

4. Избор на режим на девизен курс

Изборот на режимот на девизен курс е значаен фактор кој влијае на

економските резултати на земјата. Бидејќи изборот на режимот е тесно поврзан

со економските перформанси на одделна земја, не постои унифицран режим

применлив за сите земји во секое време. Притоа при изборот на режимот на

девизен курс често се поаѓа од следниве критериуми :

- големината на земјата;

- степенот на вклученост во меѓународните текови на капитал;

- развиеноста на финансискиот пазар;

- стапката на инфлацијата во однос на инфлацијата во валутно

доминантните земји;

- проценката на доминантните причини за нарушувањата кои водат до

нерамнотежа на платниот биланс или дестабилизација на девизните

курсеви.

Поаѓајќи од овие критериуми а притоа земајќи ги во предвид и

предностите и слабостите на фиксните и флуктуирачки девизни курсеви би

можело да се рече дека системот на фиксен девизен курс е погоден за мали и

отворени економии кои имаат концентрирана надворешна трговија,нерзвиена

финансиска структура и високо ниво на инфлација. Фиксниот девизен курс се

преферира и доколу има нарушувања во националната економија. За разлика од

фиксните курсеви, флуктуирачките курсеви најчесто ги употребуваат големите

земји, со развиен финансиски пазар,пониски стапки на инфлацијаи кои се

соочуваат со силни надворешни шокови.

9

Page 10: Политика на девизен курс на РМ

5. Политика на девизен курс на Република Македонија

Во периодот пред прогласувањето на политичката независност

Македонија не беше во можност да води своја самостојна монетарна политика

бидејќи се уште беше дел од монетарниот систем на СФРЈ. Сепак македонската

влада донесе одлука за применување на курсот на динарот во платниот промет

со странство и за издвојување и насочување на дел од девизниот прилив во

земјата. На тој начин Народна Банка на Република Македонија започна да ги

формира своите девизни резерви и да го утврдува девизниот курс на динарот на

територијата на Македонија.

Подоцна со прогласувањето на монетарната самостојност на Македонија,

политиката на девизниот курс е ставена во надлежност на владата, која во 1992

година донесе одлука за формирање на курсот на домашната валута со која се

воведе режим на фиксен девизен курс на ниво на 360 вредносни единици

( бонови ) за една германска марка. Така НБРМ го одредуваше курсот во однос

на другите конвертибилни валути според принципот на вкрстена валута.

Фиксниот курс беше инструмент од стабилизационата политика која требаше да

ги стабилизира инфлациските очекувања и да ја намали стапката на инфлација

која беше резултат на селективното кредитирање и финансирањето на

буџетскиот дефицит. Но сепак централната банка не можеше да влијание врз

движењето на курсот на денарот поради тоа што во тој период Македонија

располагаше со скромни девизни резерви, немаше девизен пазар и монетарната

политика не беше координирана со другите макроекономски политики.

За кусо време се покажа несоодветноста на режимот на фиксен курс на

денарот па е извршена девалвација за 67% ( од 360 на 600 бонови ), а по еден

месец е извршена уште една девалвација од 30 %. Се изврши и промена на

режимот на девизен курс па беше дозволена флуктуација на денарот од +/-10%

во однос на кошница на валути3. Во овој период во Македонија функционираа

повеќе курсеви: официјален девизен курс ( објавен од НБРМ ), девизен курс по

кој се вршеше купопродажбата на девизи помеѓу претпријатијата и девизен курс

на црниот пазар. Најголем дел од трговијата се вршеше по последните два

курсеви, а официјалниот курс заостануваше зад црниот девизен курс.3 Составена од американски долар, германска марка, британска фунта, италијанска лира, француски франк, швајцарски франк и австриски шилинг.

10

Page 11: Политика на девизен курс на РМ

Во 1993 година беше донесен Законот за девизно работење според кој

НБРМ стана надлежна за формирање на курсот на денарот, иако формално

Собранието беше надлежно за формирање на целите и задачите на девизната

политика. Се изврши и девалвација на денарот од 62% во однос на марката и се

премина кон режим на флуктуирачки девизен курс, проследен со интервенции

на НБРМ на девизниот пазар. Во овај период централната банка водеше активна

политика на девизен курс, кој продолжи да флуктуира следејќи го црниот

девизен курс.

Во 1994 година, централната банка започна да го одржува девизниот

курс на стабилно ниво од 27 денари за една германска марка. Оттогаш таа

започна да води политика на de facto фиксен девизен курс, како основно

номинално сидро за стабилизирање на цените. Подоцна во 1995 г. ја усвои

стратегијата на таргетирање на девизниот курс, со што девизниот курс стана

посредна цел на нејзината макроекономска политика. Во 1997 г. е извршена

девалвација на денарот од 16% и потоа централната банка продолжи да го

одржува девизниот курс околу нивото од 31 денар за една германска марка, која

се задржа и по воведувањето на еврото. Во целиот овај период централната

банка успешно го контролираше курсот на денарот неутрализирајќи ги сите

притисоци за депрецијација или апрецијација на денарот.

Од 2002 г. политиката на девизен курс беше законски ставена во

надлежност на НБРМ, но со измените во Законот за НБРМ кон крајот на 2010 г.

режимот на девизен курс е ставен во заедничка надлежност на централната

банка и владата.

5.1 Таргетирање на девизен курс на денарот

11

Page 12: Политика на девизен курс на РМ

Таргетирањето на девизниот курс претставува стратегија на монетарната

политика каде централната банка ја одржува вредноста на домашната валута во

однаос на една или неколку странски валути, при што девизниот курс

претставува посредна цел на монетарната политика. Преку контрола на

девизниот курс централната банка настојува да ја одржува стабилноста на

цените. Во овај контекст централната банка интервенира во одбрана на

фиксниот девизен курс на девизниот пазар. Во случај кога не е задоволена

побарувачката на определени девизи таа продава од своите девизни резери, а

доколку има вишок на понуда таа купува девизи и ги насочува кон своите

девизни резерви.

Примената на оваа стратегија има неколку предности: таа овозможува

стабилизирање на увозната компонента на инфлацијата; ги дисциплинира

монетарната и фискалната политика; овозможува лесно следење и проверка на

исправноста на монетарната политика која ја води централната банка и сл. Но

сепак оваа стратегија се карактризира и со неколку недостатоци. Како

недостаток на оваа стратегија се наведува тоа што преку врзувањето на

девизниот курс централната банка ја презема монетарната политика на замјата

сидро при што ја губи својата монетарна самостојност при спроведување на

монетарната политика, а и сите шокови што ја погаѓаат земјата сидро се

пренесуваат и во домашната земја; врзувањето предизвикува реална

апрецијација на домашната валута со што извозот станува поскап, а увозот

поевтин а сето тоа доведува до влошување на трговскиот биланс и тековната

сметка; во услови на слободно движење на меѓународниот капитал, врзаниот

девизен курс е подложен на шпекулации на домашната валута, кога централната

банка неможе да го одбрани девизниот курс и по цена на драстично намалени

девизни резерви.

Во Македонија стратегијата на таргетирање на девизниот курс формално

беше воведена во 1995г. Иако според девизниот закон политиката на девизниот

курс беше определена на флексибилен ( флуктуирачки ) курс со оваа промена

девизниот курс се третираше како фиксен и служеше како номинално сидро на

внатрешната стабилност која требаше да ја обезбеди монетарната политика.

Усвојувањето на оваа политика беше условено од фактот што Македонија е

12

Page 13: Политика на девизен курс на РМ

мала, отворена економија со високо учество на увозните фактори во

производството. Друг аргумент во прилог на оваа стратегија беше високиот

степен на доларизација на економијата, односно рашираната употреба на

германската марка.

Оваа стратегија се покажа како мошне ефективна во остварувањето на

целите на ценовната стабилност како важни цели на макроекономската

политика ( општото ниво на цените и курсот на денарот ). Стапката на

инфлација беше сведена на ниско ниво, но сепак изостана остварувањето на

другите цели како што се пораст на вработеноста, пораст на стандардот,

урамнотежување на односите со странство и сл.

5.2 Фиксен или Флексибилен курс на денарот

13

Page 14: Политика на девизен курс на РМ

Во последно време се повеќе е актуелно прашањето за тоа кој режим на

девизен курс е погоден за Македонија. Експертите се со спротиставени ставови

околу тоа дали да се задржи фиксниот курс на денарот или постепено да се

преминува кон флуктуирачки курс на денарот. Некои од нив сметаат дека

фиксниот курс е добар од аспект на одржување на ниската стапка на инфлација

но на подолг рок ја загушува економијата и затоа се залагаат за некаков модел

на флексибилен раст со цел да се обезбедат повисоки стапки на раст. Наспроти

нив се оние кои сметаат дека сеуште не е време да се премине кон

флуктуирачки девизен курс поради тоа што состојбите во светската економија

се сеуште лоши.

Љупчо Зиков, директор на капитал медиа груп, смета дека “ Оваа

монетарна стратегија е одбрамбена и не е во функција на забрзување на растот

на домашната економија. Курсот на денарот неможе да биде единствена цел

сама за себе особено не кога имаме тотално неконкурентна економија со мали

компании, слаб извоз, дезинвестиции, огромна невработеност и неадекватна

јавна потрошувачка.“

Љубе Трпески, поранешен гувернер на НБРМ, смета дека “ Кога веќе

нема подготвеност за промена на фиксниот режим на девизен курс, најдобро е

со закон да се одреди дека тој е фиксен. Тогаш ако курсот е нереален ќе се

појави паралелен сив пазар, што ќе биде сигнал за колку е преценета вредноста

на националната валута.“

Светозар Јанески, претседател на управниот одбор на едукативниот

центар на М6, “ Цврстата монетарна политика и нејзиното затегање и при

најмал знак на економко заживување и политика на de facto девизниот курс како

крајна цел влијае на зголемување на трошоците на работење, особено на

трошоците на финансирање. Тоа уште повеќе ја влошува состојбата со

внатрешната неликвидност- внатрешниот долг помеѓу компаниите постојано се

зголемува, а компензацијата станува систем наместо исклучок. Доаѓа до

поевтинување на увозот а влошување на позицијата на извозниците и опаѓањето

на профитабилноста на компаниите. Банките се дестимулирани да се изложат

кон стопанството, а наместо како кредити парите ги вложуваат како државни

хартии од вредност.“

14

Page 15: Политика на девизен курс на РМ

Според Димитар Богов актуелен гувернер на НБРМ “ Фиксниот девизен

курс не е слаба страна на домашната економија туку предност. Тој бара

поголема дисциплина од фискалната политика бидејќи во таква ситуација таа е

многу помоќна во корегирање на нерамнотежите во економијата. Погрешно е да

се врзува економскиот раст со политиката на курсот, бидејќи на растот влијаат и

други позначајни фактори. Во мала, отворена економија со висока евроизација

на сите економски субјекти, како што е Македонија, самата најава за напуштање

на политиката на стабилен курс би предизвикала нестабилност. Не се

согласувам дека флуктуирачкиот курс на денарот и многу веројатната

депрецијација која би следела би го поттикнале извозот. Во македонсиот извоз

доминираат металите и текстилот со учество од 50%, а во нивниот финален

производ увозните инпути учествуваат со 80-90%“

Глигор Бишев, генерален директор на Стопанска банка, “ Без оглед дали

девизниот курс е фиксен или флексибилен најдобро е да ги одразува

економските фундаменти. Мислам дека доколку курсот сега се смени во

флексибилен најпрво би се соочиле со апрецијација. Но најбитно за нашата

економија е да се зголеми конкурентноста, да се обидеме да привлечеме

странски капитал и повеќе инвестиции со што ќе расте извозот и вработеноста.“

Владимир Пешески, вице премиер за економски прашања, изјави дека

“Флуктуирачкиот курс е интерес само на неколку извозни компании со цел да

добијат поевтин конечен производ и поголема заработувачка. Но ова нивно

барање не е во интерес на целата држава. Спроведените досегашни анализи од

владата и НБРМ, Светската банка и ММФ укажуваат дека курсот на денарот

треба да остане стабилен, во спротивно со флуктуирачки курс постои реален

ризик да добиеме висока инфлација, високи каматни стапки за девизните

кредити, зголемени износи што ќе треба да ги вратат фирмите што веќе се

задолжиле во евра, намалување на девизните резерви и намалување на

животниот стандард.“

6. Заклучок

15

Page 16: Политика на девизен курс на РМ

Девизниот курс е значаен бидејќи тој е средство преку кое се одвиваат

меѓународните трансакции во светот, а утврдувањето на девизниот курс е еден

од основните параметри на секоја пазарна економија. Секоја држава го одржува

оној девизен курс кој најмногу и одговара во одредена фаза од својот развој.

Системот односно режимот на девизен курс е збир на правила според кои

се одвиваат трансакциите и плаќањата надвор од државните граници и тој

систем ја одредува вредноста на валутата на една земја спрема вредноста на

валутата на другите земји. Двете екстремни варијанти на девизен курс, од кои

призлегуваат и различните подвидови, се фиксниот и флексибилниот девизен

курс. Повеќето економисти сметаат дека флексибилниот девизен курс е подобар

од фиксниот во повеќе околности бидејќи може да реагира на евентуалните

промени кои би настанале на девизниот пазар. Основна предност на

флуктуирачките курсеви е тоа што тие овозможуваат поголема слобода при

водењето на економската и монетарната политика и го урамнотежи платниот

биланс на земјата, а притоа се потребни и помалку девизни резерви. Но во

одредени ситуации и фиксниот девизен курс може да биде погоден поради

стабилноста која и ја дава на валутата и е погоден за земији кои се соочуваат со

висок степен на инфлација.

Изборот на оптимален режим зависи од состојбата во одделна

национална економија, нејзината конкурантност, состојбата во платниот биланс,

висината на странската задолженост, инфлацијата и други макроекономски

параметри во одреден временски период. Во случајот со Македонија која е мала

отворена земја која е изразито неконкурентна, нема производ за извоз и е многу

увозно зависна за било која компонента на нејзиниот производ, и има висока

задолженост сегашната политика на девизен курс за сега е спек најдобра опција

за Македонија.

7. Користена литература :

16

Page 17: Политика на девизен курс на РМ

1. “Девизна економија“, Тихомир Јовановски 1995 Скопје

2. “Меѓународни финансии“ , Радован Ковачевич 2010 Белград

3. “Девизен систем и девизно работење“, Крсте Шајноски 2011 Штип

4. www . nbrm . mk

5. mk.wikipedia.org/wiki/ политика на девизниот курс на македонија

6. mk.wikipedia.org/wiki/ таргетирање на девизниот курс

7. www . kapital . mk / септември 2011, октомври 2011

17