9
Примена на природните науки во секојдневниот живот - Биологијата e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува карактеристиките и однесувањето на организмите , нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина ( биотопот ), нивната морфолошко - анатомска организација итн. Биологијата во нашиот живот лежи во производството на храна и облекам во обезбедувањето суровини за хартија и бои, одгледување на риби, животни, градинарски и овошни култури итн. - Хемијата е природна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата , како и промените кој настануваат при хемиските реакции. Хемијата ги проучува својствата на рудите, јагленот, дрвото, солта, фосилните горива и др. - Географијата е наука што ја истражува и проучува површината на планетата Земја. Таа е природна и општествена наука бидејќи ги изучува сите форми на земјината површина, сите природни појави кои настануваат на неа и во атмосферата, населението и неговата стопанска дејност. - Физика е наука што се занимава со проучување на енергијата и нејзиниот однос кон материјата. Сето она што ние го користиме во нашиот секојдневен живот се регулира со принципите на физиката. 1

Примена на природните науки во секојдневниот живот

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Природни науки VI одд деветолетка

Citation preview

Page 1: Примена на природните науки во секојдневниот живот

Примена на природните науки во секојдневниот живот

- Биологијата e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува карактеристиките и однесувањето на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко - анатомска организација итн.

Биологијата во нашиот живот лежи во производството на храна и облекам во обезбедувањето суровини за хартија и бои, одгледување на риби, животни, градинарски и овошни култури итн.

- Хемијата е природна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата, како и промените кој настануваат при хемиските реакции.

Хемијата ги проучува својствата на рудите, јагленот, дрвото, солта, фосилните горива и др.

- Географијата е наука што ја истражува и проучува површината на планетата Земја. Таа е природна и општествена наука бидејќи ги изучува сите форми на земјината површина, сите природни појави кои настануваат на неа и во атмосферата, населението и неговата стопанска дејност.

- Физика е наука што се занимава со проучување на енергијата и нејзиниот однос кон материјата. Сето она што ние го користиме во нашиот секојдневен живот се регулира со принципите на физиката.

Сите користиме секојдневно велосипеди и автомобили, различни типови на машини и алатки, кои работат на принцип на физиката.

- Роберт Хук е англиски биолог кој ја открил клетката. Под микроскоп ставил парчиња плута, забележал дека имаат слична форма и ги нарекол клетки. Со микроскопот тогаш не можеле да се видат сите делови на клетката.

- Чарлс Дарвин е британски биолог кој ја поставил основата за модерната теорија на еволуцијата според која сите живи форми се развиени со природна селекција. Со бродот „Бигл“ и со тим од биолози тргна во научна експедиција низ целиот свет.

1

Page 2: Примена на природните науки во секојдневниот живот

- Грегор Мендел е австриски биолог кој се смета за осноположник на класичната генетика. Со употреба на различни видови на грашок и следење на одредени својства ги утврдил основните правила на наследување.

- Луј Пастел е француски микробиолог и хемичар. Експериментално потврдил дека бактеријата може да предизвика болест и кај човекот и кај животните. Со проучување на болестите на виновата лоза открил дека бактериите можат да се уништат топлина. Луј развил метод за заштита на храната, кој е именуван по него: пастеризација. Пастер пронашол вакцини против многу заразни болести, ги подобрувал методите за вакцинација и пронашол вакцина против бесниол, со користење на сушен р`бетен мозок од заболени зајаци. Вкацината прв пат била употребена кај момче, кое било каснато од бесно куче.

- Александар Флеминг е шкотски микробиолог и фармаколог кој ја открил габата пеницилиум.

- Алберт Ајнштајн е германски физичар и математичар, по потекло евреин. Тој ги поништил утврдените концепти на времето и просторот, енергијата и материјата. Тој е татко на Теоријата на релативитетот и квантната теорија. Ајнштајн бил теориски физичар-неговите единствени конкретни алатки биле молив и хартија.

- Никола Тесла е српски физичар. Тој е познат по своите револуционерни откритија во областа на електро-магнетизмот од крајот на 19-ти и почетокот на 20-ти век. Патентите на Тесла и неговата и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наименична струја. По неговата демонстрација на безжичната комуникација и радио, прогласен е за победник во „Војната на струите“. Тој станува еден од најпочитуваните и најголемите светски научници. Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука.

- Исак Њутн е англиски физичар и математичар, кој од многумина се смета за најголем физичар на сите времиња. Неговите најпознати придонеси во физиката се: законот на гравитацијата и законите за движење.

- Димитриј Иванович Менделеев е руски хемичар и основовположник на периодниот систем на елементите. Во периодниот систем на Менделеев имало 68

2

Page 3: Примена на природните науки во секојдневниот живот

елементи. Во тоа време, тој веќе знаел за постоењето на други елементи кои сеуште не биле откриени.

- Јохан Кеплер е германски астроном. Го измислил телескопот - направа со која можел подобро да ги набљудува планетите и ѕвездите. Со математички пресметки ги открил законите според кои се движат планетите. Спред Кеплеровите закони, планетите се движат во елиптични орбити (патеки) околу Сонцето.

- Галилео Галилеј е италијански математичар, физичар и астроном. Ги открил сончевите дамки и одредил дека ѕвездите се многу оддалечени од Земјата. Докажал дека Млечниот пат не е облак, туку маса од ѕвезди. Поради своите теории бил осудуван од црквата. Позната негова реченица е „Сепак (Земјата) се движи“ која ја искажал по едно судење на кое морал да се откаже од теоријата на Коперник.

Постапки на мерење во секојдневниот живот

- Физичка величина е особина и карактеристика на предмет или појава. Секоја физичка величина има соодветна ознака или симбол.

- Физички величини се: должина, плоштина, волумен, маса, време, густина, температура, притисок, јачина на електрична струја, брзина, сила, работа и други.

- Мерна единица е големина на физичка количина.

- Мерење е постапка со која се одредува вредноста на некоја физичка величина со помош на соодветни мерни иструменти.

Меѓународен систем на единици SI систем

Физичка величинаМерна

единица SI-симбол Мерење

М аса килограм kg со вага, техничка или аналитичкаД олжина метар m со метро или линијарВ реме секунда s часовникТ емпература келвин K термометарК оличество супстанца мол molЕ лектрична струја ампер AЈачина на светлина кандела cd

Производство на храна

3

Page 4: Примена на природните науки во секојдневниот живот

- Лебот е направен од три основни компоненти: жито, вода и пекарски квасец.

- Квасецот е едноклеточна габа, способна да ферментира шеќери за производство на алкохол. Богат е со Б-витамин и содржи 50% белковини.

- Кисело млеко се добива со ферментација на пастеризирано кравјо млеко со додавање на млечна култура. Таа кај млекото предизвикува млечно кисело вриење и млечниот шеќер преврива во млечна киселина.

- Оцет е алкохолна течност на која и било дозволено да добие кисел вкус. Претворањето на вино или овошен сок во оцет е хемиски процес. Се добива од вино, јаболка, пиво, ориз. Се користи како лек, корозивен материјал и како конзерванс.

- Корисните микроорганизми имаа позитивен ефект бидејќи учествуваа во конзервирање на зелката и зимницата. Негативен ефект на микроорганизмите е тоа што ја расипуваат храната.

Конзервирање на храна

- Конзервирање на храната е метод за зачувување во кој храната се обработува и запечатува, за да се запре или успори губењето на квалитетот и хранливата вредност. Со тоа се спречува растот на бактерии, квасци, габи и други микроорганизми. - Храната се конзервира за да не се расипе.

- Методи за да се спречи храната од расипување се: ладење, замрзнување, сушење, вакумирање, потопување во солен раствор, киселина, база и сл.

- Најстар метод на конзервирање е со сушење т.е. се намалува активноста на водата за да се спречи или одложи бактерискиот раст.

- Стерилизација е технолошки процес при што се уништуваат микроорганизмите со топлина, овошјето се стерилизира на температура од 100оC и тоа се повторува 3-4 пати.

- Замрзнување е начин на конзервирање на овошјето и зеленчукот, кои се чуваат во замрзнувач.

4

Page 5: Примена на природните науки во секојдневниот живот

- Ладењето ја чува храната, го забавува растот и разможувањето на микроорганизмите.

- Скиселување е процес на конзервирање на храната со додавање на оцет.

- Супстанциите за конзервирање на храната го спречуваат или забавуваат разможувањето на микроорганизмите кои предизвикуваат расипување.

- Супстанци за конзервирање на храната во домаќинството се: сол, оцет, мед, шеќер, лимонов сок.

Производство на материјали корисни за човекот

- Стакло е цврст материјал кој се добива со стврднување на оладените силикатни раствори. Пронајдено е во Египет и Месопотамија пред нашата ера.

Има мала спроводливост на топлина, провидност, хемиска постојаност, доволна механичка цврстина.

Основна суровина за добивање стакло е кварцниот песок кој се топи на температура од 1400 до 1700о C. После топењето се претвора во стаклена маса.

Технолошки процес за добивање на стакло:

- суровината се суши, се прошистува и се ситни

- се дозираат компонентите во соодветни тежински односи, се врши рачно или машинско мешање при што се добива “стаклен камен“

- едноличната маса се пакува во поголеми парчиња

- се топи во специјални печки на високи температури од 1450-1600 о C.

Начини на обработка на стаклото:

- валање - дување - извлекување - лиење и - пресување.

Методи на оплеменување на квалитетот на стаклото

- калење - полирање и - матирање.

5

Page 6: Примена на природните науки во секојдневниот живот

- Пластика е материјалот што го одбележува 20-тиот век.

- Американецот Џон Весли Хајат во 19-ти век го открива првиот вештачки полимер.

- Белгијанецот Лео Бакеланд на почетокот на 20-ти век го открил бакелитот.

- Во САД е пронајден најлонот, една германска фирма го пронајде стиропорот.

- Полимерните материи наоѓаат примена во современото градежништво.

- Предности на полимерните материи: мала волуменска тежина, мала топлинска спроводливост, добра хемиска стабилност, се произведуваат во различни бои, лесно се оформуваат, голема јакост и проѕирност.

- Негативности на полимерните материи: мала отпорност на температура, деформација на изгледот, склоност кон стареење, непријатна миризба.

- Лек преставува производ за кој по научен пат е утврдено дека ако се дава на луѓе или животни во одредена количина и на пропишан начин, може да лекува болести.

- Најголем дел од лековите се добиваат од растенија.

- Лекови можат да произведуваат фармацевските компании.

6