23
Масла(мaсни оксидирачки масла) се естери на тровалентен алкохол глицерол и мрсни киселини кои можат да бидaт еднакви ,но и различни.Обично се нарекуваат и триглицериди.За разлика од мастите,кои при собна температура се крути и обично од животинско потекло,маслата се триглицериди обично од билно растително потекло.Кај мастите преовладуваат заситени масни киселини,а кај маслата незаситени.Најчесто се состојат од 18 атоми углика,како што се олеинска(со една двострука врска) и линоленска(тродупли врски).Што повеке киселините се незаситени т.е. што повеќе имаат дупли ковалентни , маслото побрзо се суши.Ако дуплите врски се коњугирани маслото ке суши побрзо и помалку подложно на пожолтување.Тунг маслото има коњугирани дупли врски ,затоа суши побрзо од лененото,кое што има некоњугирани .Наспрема способностите на сушење,маслата се делат на сушиви,полусушиви и несушиви. Сушивите масла во тенок слој се сушат на воздух во одредено време.Сушиви масла се: ланено масло ,тунг масло ,орeово и афионово масло. Полусушивите остануваат трајно лепливи и неможат да се користат како самостални врзива.Полусушиви масла се: памучно масло, соино масло и сончогледово.Несушивите масла,како што се рицинусово или маслиново масло,немаат никакви сушиви особини. Врзивата а поточно маслата,поврзуваат и ги изолираат честичките на пигментот и на тој начин ги заштитуваат од надворешни оштетувања .Пигментите истотака имаат заштитно делување на врзивото затоа што го успоруваат процесот на разградување на исушените масла.Така да масло помешано со пигмент кои е стабилен сам по себе,е поотпорно од чисто масло.

Својства и сушење

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Својства и сушење

Citation preview

Page 1: Својства и сушење

Масла(мaсни оксидирачки масла) се естери на тровалентен алкохол

глицерол и мрсни киселини кои можат да бидaт еднакви ,но и различни.Обично

се нарекуваат и триглицериди.За разлика од мастите,кои при собна

температура се крути и обично од животинско потекло,маслата се

триглицериди обично од билно растително потекло.Кај мастите преовладуваат

заситени масни киселини,а кај маслата незаситени.Најчесто се состојат од 18

атоми углика,како што се олеинска(со една двострука врска) и

линоленска(тродупли врски).Што повеке киселините се незаситени т.е. што

повеќе имаат дупли ковалентни , маслото побрзо се суши.Ако дуплите врски

се коњугирани маслото ке суши побрзо и помалку подложно на

пожолтување.Тунг маслото има коњугирани дупли врски ,затоа суши побрзо од

лененото,кое што има некоњугирани .Наспрема способностите на

сушење,маслата се делат на сушиви,полусушиви и несушиви.

Сушивите масла во тенок слој се сушат на воздух во одредено време.Сушиви

масла се: ланено масло ,тунг масло ,орeово и афионово масло.

Полусушивите остануваат трајно лепливи и неможат да се користат како

самостални врзива.Полусушиви масла се: памучно масло, соино масло и

сончогледово.Несушивите масла,како што се рицинусово или маслиново

масло,немаат никакви сушиви особини.

Врзивата а поточно маслата,поврзуваат и ги изолираат честичките на

пигментот и на тој начин ги заштитуваат од надворешни

оштетувања .Пигментите истотака имаат заштитно делување на врзивото

затоа што го успоруваат процесот на разградување на исушените масла.Така

да масло помешано со пигмент кои е стабилен сам по себе,е поотпорно од

чисто масло.

Сушењето на маслото е хемиски процес на оксидација и полимеризација.На

сушењето влиjае влагата,светлина,воздух,температура... Незаситените

триглицериди во процесот на сушење реагираат со кислородот на дупли врски

со незаситени масни киселини.Оксидацијата ја продолжуваат

хипероксидите.Во понатамошен процес на сушење хипероксидите се

разградуваат ,молекулите меѓусебно се поврзуваат и умрежуваат со

полимеризација,што дава цврстина на исушениот маслен филм.Маслото со

неговото сушење станува една голема молекула . Процесот на сушење

почнува на површината кај што маслото е во директен допир со

Page 2: Својства и сушење

воздухот.Додека маслото се сцврстува по површината ,се формира плин кои ги

буши порите и излегува низ маслениот премаз.Овие пори подоцна

овозможуваат длабок пристап на воздух и воедно и напредување на

сушењето.Излезот на плин го прави премазот порозен.Ако преку оваков маслен

премаз ,кои не е вискозен.но и недоволно тврд нанесеме нов премаз,долниот

ке упие свежо масло и ке набабри.Ова ја објаснува појавата на матирање,кога

сликата преку премазот кои сеуште се нема компактно исушено.Од таа

причина набрзо на некои премази настануваат прскања ако се поставени без

предходно нанесување на лак за ретуширање.Долниот слој ке упие масло од

горниот и со тоа ке го ослаби .Ретуш лаковите имаат својство да се

инфилтрираат во боениот слој и така да заситат “нахранат” и ја вратат на тонот

неговата права вредност.

Кај нормалните,средни температури и умерини влажности,периодот на

зацврстување(маслото не се лепи на допир) кај сушивите масла трае 3-5

дена.Дури после дваесетина дена и дебелите наноси на боја нема да бидат

меки.Поврзување на молекулите продолжува низ долг временски период така

да премазите маслена боја стануваат крути и пукаат. Некои со тек на

стареење пожолтуваат повеќе од други,посебно ако се држат на

темнина.Познато е да склоно масло кон пожолтување е со голема соджина на

линоленска киселина ,како што е ланеното масло .Пожолтувањето е најсилно

во темнина .Тоа е спора површинска реакција и обично е изразена во почеток

на сушењето .Пожолтувањето се објаснува со присутство на нечистотија во

маслото кое со оксидација преминува во спој со жолта боја(амини,дикетони).Со

изложување на светлина доста брзо доаѓа до темната обоеност.Постапката на

пожолтување и избелување може да се повтори повеќе пати.

Во едно писмо од 1629 година Рубенс молел да ја отворат кутијата во која што

се наоѓала неговата слика,за да утврди дали таа има потемнето и пишува: “Тоа

често се случува со свежи бои,ако се запакувани во кутија и не се изложени на

светлина и воздух,aко мојата слика не изгледа така добро како кога била

завршена,би требало да ја ставите на сонце.Тоа е единствен начин за да и се

врати свежината на сликата” Рубенс напоменува дека процесот мора да се

повтори доколку подоцна дојде до повторно потемнување.

Реакција на пожолтување се појавува и во присутство на протеини и е

одговорна за пожолтувањето на масленоемулзиските носачи.

Page 3: Својства и сушење

Разградување на маслото

Со стареењето маслото станува кисело бидејќи се ослободуваат масни

киселини кои се врзани како естери.Со хидролиза на маслото доаѓа до негово

распаѓање на масни киселини и глицерол. Хидролизата настанува со

дејствување на водата во присутство на минерални киселини како

катализатори.Исто така настанува и со дејствување на водата на повисоки

температури во тек на подолг временски период.Присуството на бактерии го

забрзува процесот на разградување.Оваа појава го објаснувa присуството на

зелени соли бакар на бакарни плочи каде маслената препарација (настанатите

слободни масни киселини) реагирала со бакарот.Масните расцветувања

(појавата на разни соли на површината од материјалот) некогаш се појавува и

на површината на сликата.

Заради присуството на групата естери преку процес на сапонификација со

алкали од маслото може да се добијат сапуни и глицерол.

Видови масла

Ленено масло

Лененото масло се добива од зрели семки лен.Се смета дека е подобро

маслото од поладните подрачја бидејки содржи поголема количина незаситени

масни киселини кои се врзани во триглицериди.Лененото масло има 80-90

проценти незаситени триглицериди.Остатокот го чинат триглицериди од

заситени палмитински и стеарински киселини ,но и слободни масни киселини

заради кои маслото може да биде кисело.Маслото се добива преку ладно и

топло пресување на семки од лен.Преку ладно пресување се добива помала

количина масло но е поквалитетно(има помалку масни киселини ).Маслото се

подложува на понатамошна преработка со седиментација на цврстите и

слузави материи кои лебдат во маслото.Вака прочистено лененото масло е

“рафинирано”.Маслото често се обелува неутрализира и филтрира преку

хемиски пат .На пазарот доаѓа како “обелено” ленено масло во светло жолта

боја.Маслото може да се чисти со вода или снег.Водата и маслото се во однос

1:1 се ставаат во шише и се проклумуваат околу дваесет минути.Откако ке се

избистри маслото се одвојува од водата и се суши на загревање на

Page 4: Својства и сушење

температура од 120’C. остатоците од вода може да се отстранат и со алкохол

бидејки тој брзо испарува.

Лененото масло се чува во темни добро затворени садови за да се спречи

оксидација ,се растопува во сите благи

растворувачи:терпентин ,бензин,петролеј... Исушениот премаз од ленено

масло е линоксин.Не го растворуваат терпентин ниту white spirit.Се раствара

само во појаки(пополарни) органски растворувачи.Лененото масло ги трпи сите

пигменти.Со пигментите кои активно се однесуваат со маслото,кои реагираат

со слободните масни киселини и создаваат сапуни, како што е случај со

оловното белило,дава поеластични и по пастуозни премази.Инертноста на

пигментот спрема маслото (титаниумово бело) предизвикува посилно

потемнување.Поинтензивно темни пигменти кои бараат поголема количина

масло.За подобрување на стабилноста на некои пигменти во маслото(за

пигментот да не се одвојува од маслото) може да се додаде 2% восок во

маслото.на индустриските маслени бои освен восок им се додаваат и други

стабилизатори како што се алуминови и цинкови стеарати или палмитати и

алуминиумов хидроксид .Во некои бои се наоѓаат и сикативи со кои се

воедначува”отворена фаза” на одредени колекции маслени бои.

Лененото масло може да се згусти со оксидација или полимеризација.Уште

Ценино Ценини ја наведува постапката на згуснување на маслото...во сад од

бронза или бакар се става ленено масло и за време на лето се изложува на

сонце се додека не се намали на половина.Ако маслото е во оловен

сад,неговото сушење ке биде подобро.Тоа ке биде совршено за сликање.Овој

начин е препорачлив и денес.

Маслото индустриски се згуснува со оксидација преку негово загревање на

воздух.

Полимеризираното масло се згуснува со загревање на 250’C без присуство на

воздух.Полимеризираните масла се нарекуваат штанд масла.Штанд маслото

пожолтуваат помалку за разлика од лененото,дава поголем сјај,способност на

разлевање,еластичност и отпорност спрема надворешни фактори “Пропухано

штанд масло” е згустено со оксидација и полимеризација.Згуснатите масла се

користат и како лак масла наспрема степеност на згуснатост се разликуваат:

-нисковискозни(ретко тековни)

-средновискозни(нормално)

Page 5: Својства и сушење

-високовискозни(густо тековни)

Ораово масло

Се добива со пресување на ораови јадки.Има сличен состав како и лененото

масло.Заради помала содржина на линоленска киселина ,се суши поспоро за

разлика од лененото(8-10 дена) а побрзо од афионовото масло.Старите

мајстори во Италија,Холандија и Германија го употребувале заради побрзо

сушење од афионовото масло .Истотака помалце пожолтува од лененото

масло

Афионово масло

Се добива преку ладно пресување на семенки од афион.Има светла боја а кога

е белено станува проѕирно како вода.Не содржи линоленска киселина па затоа

суши поспоро од лененото и ораово масло (околу 15 дена) .Афионовото масло

најмалку пожолтува,затоа се користи како врзиво за фабричките бели пигменти

како и пигментите кои што заради хемискиот

состав(оловни,кобалтни,манганови) би се сушеле побрзо.

Тунг масло

Тунг маслото (дрвно масло) се добива од семенки на тунговото дрво(во

Кина).Не се суши со оксидација како останатите ,туку со полимеризација.

Сикативи

Уште старите мајстори воочиле дека пигментите,како оловна PbO,

миниј,умбрер.....го забрзуваат процесот на сушење на масло.

Сикативите се додатоци кои го забрзуваат сушењето на маслото.Масло кое

содржи сикативи се нарекува фирнис.По состав повеќето се кобалтни ,оловни и

манганови соли(сапуни) со органски киселини од маслото,смоли и нафтенска

киселина ,па разликуваме:

-линолеати(маслени сикативи).............ланено маслени сапуни

-резинати(смолни сикативи).................смолни сапуни

-нафтенати...............................................нафтенски сапуни

Page 6: Својства и сушење

Зависно од металните соли,се користи и оловен сикатив,манганов сикатив и

кобалтов сикатив.

Сикативите го убрзуваат сушењето на маслото ,но го појачуваат

затемнувањето и кршливоста на премазот,затоа се добиваат во мали

количини.Обично се препорачува 2% оловен сикатив на тежина на

масло,манганов до 1%,а кобалтов највеќе 0,5%.Кобалтовиот сикатив суши

најбрзо (5-6 часа) и не предизвикува значајни промени во бојата.Масло со

маганов сикатив се суши од 10 до 12 часа,а со оловен за 24часа.Дејствувањето

на сикативот зависи од влажоста,топлина,светлост,па затоа при сликање и ова

би требало да се земе во предвид .

Смоли

Смолите по потекло се делат на природни и синтетички.Голем дел од смолите

кои што се користат во сликарството се луштевини(ексудати) од живо дрво.Тоа

се свежи и рецентни.Поретко се користи смола од дрво кое што е мртво долго

време,како што се копал смолите кои се растворливи во масло,а спаѓаат во

група рецентно-фосилни смоли.Фосилните смоли,како што се амбр и јантар се

доста скапи.Сандрак смолата,во старит е рецептури доста често ја заменува

амбра смолата.Се работи за рецентна смола,растоплива во

алкохол.Исушените премази на сандрак се кршливи и потемнуваат со тек на

нејзино стареење.Денеска не се користи во производството на лакови.Амбра е

доста стара фосилна смола од дрво кое што е мртво неколку стотици

години.Вистинска амбра смола е доста скапа и денес е малку користена иако

постои тренд на обновување на употребата на амбра за припрема на

брзосушиви медии за маслена техника и лакови.

Природните смоли често се естерифицираат заради присутство на смолни

киселини.Естерификација е реакција помеѓу киселина и алкохол.Најповолен

алкохол за естерификација е глицерол.Со естерификација на смолата се

смалува нејзината киселост,што е важно поради осетливоста на пигментот на

киселина,а се зголемува и температурата на омекнување.

Како што маслата и восоци со помош на алкални средства можат да се

сапонифицираат да би можеле да се мешаат со вода,смолните сапуни имаат

голема значајност.После испарувањето на водата тие стануваат нетопиви во

Page 7: Својства и сушење

вода па служат како врзиво.Колофонскиот сапун е врзиво во лоши видови

хартија.

Балзами

Балзамите,како венецијански терпентин ,стразбурски терпентин,канадски

балзам се густи вискозно течни слични меѓу.Во раните векови венецијански

терпентин се користел како состојка лак со смола или сушиви масла.Кога е

додаден во мали количини ја подобрува пластичноста на материјалот.Самите

балзами неможат да се употребат како лак,затоа што долго остануваат

лепливи,пожолтуваат,а сувиот премаз нема доволно еластичност.

Различни видови балзами

Колофон

Колофон е рецентна смола,градена главно од дитерпена.Се добива со

дестилација на балзам терпентин,како крут остаток.На пазарот доаѓа во жолта

и темносмеѓа боја.Заради малата молекулска маса,е доста кршлив па затоа не

се користи за лакирање.Најчесто се користи за припрема на фиксатив.Се

растопува во алкохол,бензин,терпентин и појаки органски растопувачи.Како

фиксатив се користи 3% раствор колофон во бензин или 8%тен раствор

колофониум во шпирт.Чисти аптекарски алкохол се раствара поспоро од

алкохол купен во продавница.Брза оксидација на смоли резултира со губење

сјај,пожолтување и осетливост на вода.Заради присутство на абиетинска

киселина,колофонот може да естерифицира или премине во смолен сапун.

Шелак

Шелакот е смола која ја излачуваат инсекти од видот (Laccifer lacca)за да би ги

заштитиле своите јајца,а живеат на граница на некои видови тропски дрвја во

источна Индија.Со преработка се добива шелак во листови прозирни,лимон до

рубин црвена боја.Бел шелак добиен со избелување е помалку еластичен од

природниот.

Шелакот се раствара во алкохол и посилни органски растворувачи,како што е

ацетон.Со тек на време станува нерастворлив во алкохол затоа што доаѓа до

умрежување на молекулите.Заради обоеноста и крутост шелак не се се

користи за лакирање на слики.Се користи како фиксатив и за изолација на

Page 8: Својства и сушење

подлога(8-10%тен раствор).За политури се користи раствор со повеќе

концентрации(30г. Шелак во 100ml алкокол-шпирт)

Мастикс

Мастикс е смола од грмушка Pistacia lentiscus која расте во медитерански

земји.Во сликарството се користи мастикс исклучиво со грчко потекло од

островот Киос.Неговата боја е светложолтеникава,се наоѓа во мали округли

зрна.Мастикс е миризлива и доста кршлива смола.Која што омекнува на ниски

температури.Оваа смола омекнува со ставање во уста,поради што се

користeла како некој вид гума за џвакање па и затоа го добила

името(masticatio-жвакање).Како и дамар смолата ,и мастикс е граден од

тритерпен.Заради релативно малата молекулска маса,премазите имаат и мала

еластичност,но можат да се припремаат со содржина смола за да имаат

поволна вискозност за нанесување премази.Мастикс налага поларен раствор

од white spirit-от.Растоплив е во терпентин,киселина,алкохол,загреани масла...

Заради фото-оксидација и апсорпција на кислород премазите со тек на

стареење стануваат поларни и наложуваат јаки раствори за

отстранување.Мастикс пожолтува многу повеќе и побргу од дамар и затоа се

помалку се користи во реставраторски цели.

Дамар

Дамар е рецентна смола од некои видови стебла од родот Dipterocarpaceae од

југоисточна Азија. Најквалитетни видови се Сингапур ознака А и Батавија

дамар.Дамар смолата по површина е прекриена со лесен беличаст прав.На

местото на кршење е чист,транспарентен со мала жолтеникава обоеност.Тоа е

тврда кршлива смола,со мала флексибилност.

Најраните податоци за употреба на дамар смолата како сликарски материјал

потекнуваат од 18век.Како лак смола првпат се употребил во 1829год, а

поголема примена и потрошувачка почнала петнаесетина години покасно.

Малата молекуларна тежина на дамарот и кај големите содржини овозможува

добро ливелирање на лакот во однос на синтетските смоли кои имаат голема

молекуларна тежина.Ова својство на дамарот,потпомогнато со висок индекс на

рефракција прави да пигментите имаат поголема заситеност на боите.

Со тек на време пожолтува заради термооксидација,му се менува

реверзибилноста,но никогаш не станува не растворлив.(Секоја молекула дамар

Page 9: Својства и сушење

апсорбира околу две молекули кислород за време на изложување на UV зраци

и затоа расте поларноста на растопливост потребни за растопување на

лакот,што може да го оштети слојот боја).Дамар содржи околу 10% дамар

восок кои се растопува само во јаглеводороди.Заматеноста може да се

избистри со мал додаток метанол или ацетон.

Дамар е растворлив во терпентин,минерални разредувачи,киселини....

Восоци

Восоците се составени од долги ланци на

јаглеводороди,киселини,алкохоли,долголанчни естери киселини и високи

алкохоли или смеси од овие споеви.Восоците градат заситени споеви што за

што резултира нивната хемиска стабилност.Со стареење восокот не оксидира

а ниту пак полимеризира,за жал восокот пенетрира во материјалот и неможе

да се отстрани во потполност,па спречува употреба на други материјали.Тој е

неполарен и не прифаќа други материјали кои се повекеполарни од него.Во

конзервација се смета дека ги затвара вратите за било какви можности.Восокот

се користел од најстари времиња.Во стар Египет се употрбувал за лепење,за

површинска заштита на боените премази,скулптури и

Рибродоградетелство.Грците и Римјаните истотака го користеле како

водонепропуслив материјал.Најпозната негова употреба е како врзиво кај

Fayumskil портретите во Египет од римскиот период.

Восокот се користи како материјал за моделирање ,заштита и полирање,како

состојка со сликарскиот медиум,компонента на восочносмолните маси за

дублирање во реставрација,во импрегнација на кревки материјали или во

третман на набабрено дрво,со восок како што е полиетиленгликол кои што се

раствара т.е топи во вода,се користи како средство за изолација од мувла.

За лакирање на слика,восокот се користи на следниве начини:

1.како додаток на смолен раствор каде делува како пластификатор и го

продолжува времето на стврднување на лакот.

2.Восокот се користи и како средство за матирање.Микрокристалниот восок е

нерастоплив во ладни раствори па се користи како агенс за матирање.Восокот

се дисперзира во малку загреани раствори.

Page 10: Својства и сушење

3.Како восочна паста(восок+растворувач-white spirit) која сликарите често ја

користат.За ова се најпогодни карнауба восок и тврди микрокристалични

восоци

Мека восочна паста

-1 дел восок(микрокристаличен или пчелин) на водена подлога се раствара во

-2 дела white spirit

Тврда восочна паста

-2 дела микрокристаличен или пчелин восок

-1 дел карнауб восок

-6 дела white spirit

4.Восок истотака се користи и за заштита на лакот(врз дамар лак и неговите

синтетски заменкетонски смоли).Со восокот се намалува сјајот на кетонскиот

лак и уедначува сјајот на сликата.За интензивирање на бојата е одговорен лак

кои што е во директен контакт со бојата.Восокот е одлична заштита од влага и

плинови.

Видови восоци

Восоците по потекло се делат на минерали,билни,животински и синтетски

полимер восоци.Се разликуваат по тврдината,лепливоста,сјај боја итн.

Медиуми

За маслено сликање е потребно помала или поголема количина на медиуми.

Медии се врзива со кои бојата се разредува за да би можела полесно да се

нанесе на подлогата. Се користат и заради лазурност на премазот, добивање

сјај, пастуозност и други ефекти. Со својот состав влијаат на оптичкиот изглед

на бојата, на нејзината конзистенција и процес на сушење. Маслената боја

најчесто се нанесува со медиум која содржи сјај на сликаната површина, што

претставува карактеристика на маслената техника. Во зависност од саканиот

изглед на сликата, медиумот се припрема “помасно“ или “посно“, односно како

споро или брзо сушив медиум.

Материјали кои се користат за припрема на медии се : масло, згуснато масло,

смола, балзами, восоци... Разредување на маслената боја само со терпентин

не е добро затоа што доаѓа до нејзино матирање (мртвило на бојата).

Page 11: Својства и сушење

Големата количина на терпентин го ослабнува врзивото и ја оштетува

препаратурата, па маслото продира во платното.

Маслото и смолите не се најдобар медиј кога се единствени состојки во него.

Нивните мешавини во додатоци со други средства се квалитетни медии.

Преголема количина масло во медијот го успорува сушењето идоведува до

пожолтување, затемнување на бојата, па се додава штанд масло наместо

ленено масло. Големата количина на смола и балзам исто така придонесува и

доведува до потемнување. Балзамите на маслената боја и даваат специфичен

сјај, пластичност, давење една во друга боја, но го успоруваат сушењето.

Голема количина сикатив резултира со потемнување и пукање на премазите.

Сикативите се додаваат на медијот само кога се слика со тенки потези кои се

сушат брзо и компактно.

За лазурно сликање на исушени премази се користи вискозен медиум.

- 1 дел истопен копал

- 1 дел ленено масло

- 1 дел терпентин

За постигнување мат карактер на маслената боја може да се додаде восочна

паста (восок стопен во тест бензин, терпентин) или пенски восок.

Градење на маслена слика

Основни фази во изградбата на класична маслена слика се : препарација,

цртеж, подсликување, лазурно сликање во слоеви.

Кршлива и порозна туткално кредна препарација на даска е заменета во 17ти

век со еластична емулзиска (полумаслена) препарација, која е подобро

прилагодена на платно во масленото сликање.

Во рана ренесанса се користела светложолтеникава препарација. Кај Леонардо

Давинчи е помалку ружичаста заради црвениот болус. Познато е тоа дека

сликарите од 17ти и 18ти век заради порозноста на кредната препарација

нанесувале додатен слој црвена, смеѓ а и сивкаста темперна боја.

Импресионистите попрво сликаат на бел додатен слој оловно бела боја . овие

додатни слоеви се нарекуваат имприматура (lat.imprimere-втиснување).

Имприматурата се нанесува заради впивната основа да се прилагоди подобро

на маслено сликање. Во ликовна смисла имприматурата го одредува средниот

Page 12: Својства и сушење

тон од кој сликарот ќе ја гради сликата. Може да биде комплементарна или

контрастна со горните слоеви на лазурни наноси боја. За венецијанците се

карактеристични темни маслени имприматури. Рембрант често користел и две

имприматури – црвенкаста а над светло сива. Вермер на некои места на истата

слика, користи две имприматури една преку друга или една до друга .

Имаприматура како и подсликување просјајува низ следните слоеви боја.

За цртеж се користат различни цртачки материјали : креда, обоени креони,

јаглен, како и цртање со ретка маслена боја.

Вермер користел монохромно подсликување но често и полихромно заради

колористични ефекти.

Со подсликување се ствараат богати контрасти кои зрачат низ слоевите боја.

Обично се подсликува со темпера а во поново време и акрил. Слојот на боја

над подсликаниот слој мора да биде лазурен, затоа што подсликувањето би

немало смисла. Подсликувањето може да има структура (пастозно и рељефно)

, а може да се користат и комбинации.

Кај класичното градење на маслена слика во слоевите се користи лазурно

сликање. Често белата боја не се користи, затоа што со својата покривност го

осиромашува богатиот колкорит кој што просјајува низ долните слоеви. Голем

мајстор на лазурите е Рембрант.

Ал прима сликање(ita;од прва,eng;direct painting) е начин на сликање кај кој

бојата се нанесува на подлогата за сликање во еден намаз, директно сликање,

без подсликување, постепено сликање и лазури. Се слика мокро во мокро.

Импресионистичкиот начин на ал прима сликање користи потези кои се

нанесуваат со четка со која се применуваат црти, точки (поинтилизам),

гребење,с тругање. Дрипинг техниката (Dripping eng.drip-капење), се работи со

бои кои брзо се сушат. Боите се нанесуваат со капење, излевање , прскање и

цедење.

Употреба на маслото низ историјата

Сушиви масла кои што највеќе се употребуваат во западно-европското

сликарство се ленено,ораово и маково.Лененото масло им било познато на

старите Египјани,но нема податоци за тоа дека го користеле за сликање.Ос

класично доба ораовото и маково масло било познато во Грција и Рим иако и

Page 13: Својства и сушење

таму не се споменува нивна употреба при сликарство.Времето кога маслото по

првпат се употребило за сликање не ни е познато.Теопилус пишувал за

употребата на масло во 12 век за темперна боја.Во 14 век се споменува

згуснување на масло за лакирање на слики.Анализите покажуваат дека

ланеното

масло се употребувало во северна европа од 13 век.Во Италија од 15 век веќе

почнувало да се употребува ораово масло.Општата употреба на ленено масло

се препишува на 16-тиот век.

Масло се користело за припрема на боја со која воглавно биле изведувани т.е.

сликани декоративни дела или како средство за топење смоли и лакирање

слики.Она што со сигурност може да се потврди е само тоа дека фламанските

сликари кон крајот на 14-ти и почеток на 15-ти почнале да користат масло на

начин кои што е делимично сличен со современата употреба и техника на

маслено сликарство.

Откритието на масло како врзиво за припрема на боја се препишува на

фламанскиот сликар Иан Ван Ејк(Jan van Eyck)(1370-1426)

Вазари кои што пренел искуства за маслено сликарство во Италија во

биографијата на Антонела де Месине пишува”Ленено и ораово масло се

најбрзо сушиви од сите испробани.Мешање боја со овие врсти масла,се добива

издржлива смеса која што кога се исуши ,станува не само отпорна на вода туку

и на бојата и дава сила и прекрасен сјај сама од себе без никаков

дополнителен лак ” Уште поубаво му изгледало спојувањето на боите било

многу подобро за разлика од кај температа .

Техниката на сликање ка браќата Ван Ајк била комбинација од класичнна

темперна техника и масло која била збогатена со длабинска светлина на

маслениот боен слој на места на оние места на кои тоа било

потребно.Употреба на маслена техника која дошла во Италија и Тицијан(1490-

1576) веке го трансформира темперното сликарство во маслено.Воглавно

користел платно како носач на сликите.При крајот на 16 век се раѓа големо

фламанско сликарство чиј што предводник и претставник биле Рубенс(1577-

1640).Додека Венецијанските мајстори работеле на црвени

препарации ,продолжувајки ја традицијата на темперно подсликување ,Рубенс

заполнал на бела препарација тонирана со сива лазура.Продолжил да работи

со контрастно сликање со нанесување лазури.Рембрант(Rembrandt 1606-1669)

Page 14: Својства и сушење

кои што ги градел сликите комбинирајки покривни дебели потези боја и

лазури.Овој начин на работа во 18 век станал “академска метода” која што

била напуштена од страна на импресионистите со своето директно ал прима

сликање.

Карактеристики на маслената боја

Врзиво на маслените бои е масло(ленено ,ореово,макаво),чисто или со

додаток од смола,восок,балзам......

Маслото и ги дава на пастата потребните размазнетости,се суши поспоро за

разлика од темпера па затоа со масло можат да се постигнат пофини прелази

и полутонови кои се дават едни во други.За маслото е карактеристична

длабочинската светлост.На бојата и дава подлабок тон и сјај.Во процесот на

сушење,боите не го менуваат својот изглед.Со маслото може да се работи

лазурно,покривно ,пастуозно,сјајно или мат.Со стареењето сите тонови на

маслената техника стануваат подлабоки но и потранспарентни па затоа на

некои стари слики може да се види дури и самиот цртеж.Се смета дека доаѓа

до патување на врзивото до површината “потење” што се јавува јака

длабочинска светлост.

Маслените премази со текот на времето стануваат крути, темни и доколку не се

правилно градени, испукуваат. Се појавуваат пукнатини таканаречени

кракелири. Кај многу дебелите премази може да дојде до згужвување на бојата

заради стегањето на маслото во текот на сушењето, како и до умртвување на

бојата (бојата станува мат). Долниот слој упива врзиво од горниот премаз на

боја поради што го губи својот сјај. При сликање мора да се почитуваат

правила кои наложуваат да се слика со дебели наноси на боја преку тенките.

Сликата од сиромашните масла спрема маслено побогатите слоеви “масно

преу посно“. Сликата “мокро на мокро“ , или на исушен (на допир)слој боја,

никогаш на полуисушен слој боја. Маслото се суши од горе спрема внатре.

Процесот на сушење трае со години. Доколку сликата не е правилно градена

може да дојде до пукања и луштења на нејзините слоеви. Почитувајки го тоа

правило, Тицијан повеќе месеци чекал за да продолжи со работа на исто

платно.

Сикативите треба внимателно да се користат. Поголема количина сикатив

предизвикува пукање на премазот. Тие се додаваат на лазурите и тенките

слоеви боја. Додатокот на сикатив за дебели премази може да предизвика

Page 15: Својства и сушење

пукање на бојата затоа што таа се суши многу побрзо на површината отколку

во внатрешноста.

Мозаик

Мозаикот е сликарска техника која се изведува со составување на разнобојни

мали парчиња,најчесто правилни или неправилни коцки камен,обоено

стакло,глазирана керамика.Познати се италијанските мозаички

коцкички(тезери) произведени во муранските стакларници во повеќе димензии

и голем број различни бои и тонови.

Камените коцкички се добиваат со ситнење на разни видови обоен камен со

алатки(чекан клешта...).Крупните камења се кршат со тоа што се ставаат во

хартија и раздробуваат на ситни со чекан.Добиените каменчиња се бираат

спрема обликот и се дообликуваат со соодветните алатки.Коцкичките се

втиснуваат на подлога со свеж гипс,цемент,лепила за керамички

плочки,полиестерски смоли и слично.

Со мозаик се осликуваат зидови,подови или сводови.Првите икони биле

работени во техника мозаик.Подните мозаици во главно се од

каменчиња,додека зидните можат да бидат и од комбинација од други

различни материјали.Златна доба мозаикот доживеал во Грција,Рим .....

Вистинскиот мозаик уште од далечно време се изведувал на два начина

-opus tesselatum е составен од камени коцки кои што не се постојано со исти

димензии,а помеѓу нив може да се види врзивниот материјал

-opus vermiculatum е од ситни коцки,меѓусебно тесноповрзани,така да едвај

може да се видат ивици и меѓупростор помеѓу нив.Коцките воглавно се со исти

димензии ,а се изработени од скапоцени камчиња,стакло или глазирани

отпадоци од керамика.

Венецијанскиот мозаик,посебно во време на ренесансата и барок користи

посебно и точно обработени парчиња камен.

Изработката на мозаик започнува кога скицата во боја е пренесена на картон

или сл.Сликата може да биде стилизирана,без многу ситни детаљи затоа што

тие во мозаикот неможат да се изведат.Соодветната мозаична коцка со својата

најповолно обработена страна се лепи на одредено место на сликата со

лепило растворливо во вода(метилцелулоза-лепило за зидни

тапети,туткало,брашно...)

Page 16: Својства и сушење

Помеѓу коцкичките се остава простор до 1мм во кои потоа се става врзиво.

Откако ке се заврши со редењето на коцките,се припрема рамка со димензии

на мозаикот со летвички повисоки од дебелината коцките за 1сантиметар,на

чија внатрешна страна е разапната жичана мрежа, која служи како арматура.

Припремениот мозаик претходно треба да се навлажни за да не би ја одзел

водата од врзивото и со тоа би го ослабнал,што би предизвикало пукање.Како

врзиво за мозаичните коцки обично се користи цемен тна паста од 2дела сув

песок и 1дел цемент.Се додава вода се додека не се добие маса која е толку

мокра да на површината се изцедува тенок слој вода .Кога се работи со

потенки коцкички ,како врзиво може да се користи и керамичко лепило.Со

врзиво мозаикот се прекрива до висината на рамката.Откако ке се зацврсте т.е

стврдне,мозаикот се свртува,се чисти од хартија и лепило со топла вода и

четка.

Кај уградување мозаик на зид потребно е тој да се нагребе и му се нанесе

цементно врзиво припремено од цемент и сув песок во размер 1:3,со дебелина

поголема од дебелината на мозаичните каменчиња.Составениот мозаик или

неговите делови ги премачкуваме со цементна паста припремена од цемент и

вода во размер 1:1.Мозаикот се втиснува во свежа цементна смеса.Кога целиот

мозаик ке биде поставен на зид,хартијата се влажни со вода и се симнува,дури

утредента се пере со четка и се вршат корекции.Сувиот мозаик истотака може

да се полира со восочна паста.