13
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП Технолошки- технички факултет Проектна работа по предметот Техники на цртање на тема: Цртеж Ментор: Изработил: Проф.Катерина Деспот Маја Златкова 18370

Техники на цртање - цртеж

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Техники на цртање - цртеж

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

Технолошки- технички факултет

Проектна работа по предметот Техники на цртање на тема:

Цртеж

Ментор: Изработил:

Проф.Катерина Деспот Маја Златкова 18370

Штип, ноември,2013

Page 2: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

Содржина:

Абстракт......................................................................................................................................................3

Вовед..........................................................................................................................................................4

Цртеж..........................................................................................................................................................5

Елементи и принципи на цртежот како уметничка форма.....................................................................7

Цртачка површина.....................................................................................................................................8

Материјали и техники...............................................................................................................................9

Заклучок...................................................................................................................................................10

Користена литература.............................................................................................................................11

2

Page 3: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

Абстракт

На кратко цртежот е крајниот производ на последователни напори на уметникот

кој можат директно да се применат. Самостални и независни цртежи како што им

кажува и самото име самите се цел на едно уметничко настројување според тоа

се изразуваат со прецизно извршување во големи детали.

Abstract

In short drawing is the end product of successive efforts of the artist that can be directly

applied. Orphaned and independent drawings as it tells the name themselves the target

of an artistic nastrojuvanje therefore expressed with precise execution in great detail.

Клучни зборови

Цртеж, уметност;

Key words

Drawing, art;

3

Page 4: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

Вовед

Основна карактеристика на ликовната уметност е дека ја восприемаме со

сетилото за вид, односно со нашите очи. Затоа ја нарекуваме визуелна уметност.

Ликовната уметност, како што веќе знаете се дели на цртање, сликање, скулптура,

графика, дизајн и визуелни комуникации и архитектура. Секој од овие делови,

наречени ликовни подрачја има свои карактеристики. Во секое од од овие ликовни

подрачја има ликовни елементи кои се карактеристични за одреденото ликовно

подрачје. Во цртањето основен ликовен елемент е линијата. Тоа значи дека

цртежот се создава со помош на линијата. Притоа се користат најразлични линии,

во најразлични односи. Најчесто ликовните дела од ова ликовно подрачје се

еднобојни, но исто така можат да бидат во повеќе бои. Цртежот кој е во повеќе

бои го нарекуваме колористички цртеж или цртеж во боја. Кај цртежот во боја

само линиите се во различни бои, додека површните се во боја на подлогата на

која се црта. Цртежот може да се создаде со различни материјали. Материјали со

кои цртаме се: моливот, јагленот, тушот и перцето, тушот и четката, дрвени бои,

фломастери и др.

4

Page 5: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

Цртеж

Цртежот е уметност и техника на создавање слика на хартијата со помош на

линија и точки обично со туш, креда, јаглен и сл. Цртежот како формална

уметничка креативност може да се дефинира како примарно линеарна претстава

или интепретација на светот, но исто така може да претставува и мисли,

размислување, емоции и фантазии, кои даваат визуелна форма како и симболи и

апстракти фигури и форми. Меѓутоа оваа дефиниција се однесува на сите

графички уметности и техники кои се карактеризираат со употреба на линии,

ликови, облици и сл. Цртежот е различен од графичката техника по тоа што кај

него посто и директна врска помеѓу процесот на создавање и крајниот резултат.

На кратко цртежот е крајниот производ на последователни напори на уметникот

кој можат директно да се применат.Иако најчесто се користи како осова за други

уметности особено кога станува збор за графичките техники секој цртеж по

својата природа е едноставен. Сите уметнички дела не настануваат преку

цртежот во вид на идејни скици меѓутоа цртежот претставува основа на сите

визуелни уметности. Во 14 век цртежот станува независна уметничка форма.

Самостални и независни цртежи како што им кажува и самото име самите се цел

на едно уметничко настројување според тоа се изразуваат со прецизно

извршување во големи детали. Формално гледано цртежот нуди најширока палета

на уметничко искажување. Почнувајќи од ренесансата цртежот постепоено

излегол од анонимноста со цел да биде вреднуван во очите на самите уметници а

денес завзема значајно место во многубројни музеи и други уметнички збирки.

5

Page 6: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

Цртежот, односно линијата е основен и наједноставен елемент во ликовното

изразување. Со него почнал да се занимава првиот човек, со него почнува детето,

а исто така својата идеја ја осмислува и ликовниот уметник. Цртежот има

фундаментална улога во ликовното креирање бидејќи преку него може да се

претстави поголем дел од она што го чувствува уметникот. Всушност, самиот

цртеж е ликовна арматура на уметничкото дело. Тој ја бележи првата мисла на

уметникот и е начин со кој однапред се резервира местото на бојата. Самиот

цртеж настанува брзо, непосредно и лесно, а едновремено овозможува и преод

кон сликата, скулптурата или таписеријата. Застапен е во сите пластични

уметности (сликарство, скулптура, графика, таписерија, архитектура), како и во

применетите уметности (плакат, дизајн, сценографија, костимографија, керамика,

карикатура). Цртежот во македонското современо творештво се јавува како

неодминлива предлошка и е дисциплина што ни овозможува поконцизно да ги

согледаме развојните промени во уметничките достигнувања.

Елементи и принципи на цртежот како уметничка форма

Главен елемент на цртежот е линијата. Во текот на целата историја на цртежот,

линијата во суштина е апстрактно и неприсутна во природата и се јавува само во

вид на границите на објектот и помалку или повеќе била водич на објектите. Дури

во скоро време линијата е сфатена како самостојна форма независно од

предметот кој е претставен. Линијата е еден од првите ликовни елементи. Тие се

делата на прави и криви, а имаме дебели и тенки, куси и долги. Кога цртаме

можеме да употребиме контурна и текстуална линија . Во зависност од тоа со

6

Page 7: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

какви материјали и на каква подлога цртаме разликуваме и линии по карактер.

Линиите, обично ги добиваме со исцртување на одредена подлога, но можат да се

добијат и на други најразновидни начини и не само на хартија туку и во други

материјали и техники . Можеме да ги добиеме со исцртување во цртежот , во

сликарството, со режење и длабење во графиката и скулптурата.

Насекаде околу нас забележуваме линии што се појавуваат во природата,

предметите во уметничките дела.Понекогаш се јасно изразени а понекогаш

прикриени,придушени од боите или формите.За убавината и моќта на линијата

човекот станал свесен многу одамна.Линијата е најстариот ликовен елемент-ја

среќаваме и се вооудушевуваме на нејзината убавина уште во праисториските

цртежи.

Во ликовните дела можностите на линијата се големи -со неа опишуваме

форми,ги доволуваме пропорциите на предметите,постигнуваме

длабочина,добиваме впечаток на различни чуства. Кога цртаме можеме да

употребиме контурна и текстурна линија.Во зависност од тоа со какви материјали

и на каква подлога цртаме разликуваме и линии по карактер.Линиите,обично ги

добиваме со исцртување на одредена подлога,но можат да се добијат и на други

најразновидни начини,и не само на хартија туку и во други материјали и

техникиСо линиите се добива карактерот на цртежот кој може да биде мирен и

динамичен.Линијата во ликовната творба ја надополнува формата.

Цртачка површина

Битен елемент на цртањето за да се добие феномен од цртеж претставува и

ефектот на цртање на чиста површина односно на хартија. Речиси повеќето од

цртежите кои се сметаат за независни уметнички дела, повеќето од цртањето на

7

Page 8: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

портрети, мртва природа па дури и пејзажот слободно се шират на лист хартија

наместо да се затворени во рамка. Затоа слободната површина придонесува за

уметнички ефект.

Дури и кај композиициите чија што површина не е допрена играат важна улога.

Празнината само по себе може да биде доминантна и да се затвори со контурни

линии на пример случај со декоративните скици и и многу украсни цртежи кој

користат негативен ефект кој исто така се постигнуваат и со исполнување на

празните површини со бела боја.

Врската помеѓу цртежот и другите уметнички форми е многу блиска поради тоа

што прелиминираната скица долго време била главна цел на цртежот .

8

Page 9: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

Материјали и техники

За цртање се користат различни материјали, молив, метал, креда, вклучувајќи ги и

сите оние кои се користат за пишување. Сувите цртачки материјали се

разликуваат од течните според нивната ефикасност бидејќи од уметничка гледна

точка не е битно дали се користи материјал кој овозможува рамномерен проток на

линијата или пак ќе се користи материја кој овозможува да се манупулира на

површината и периодично да се корегира.

Естетскиот ефект на овие цртечки материјали не е разновиден од нивната

природа и состав. Сепак без разлика на тоа да се систематизира уметноста на

цртањето врз основа на цртечката техника која се употребува. Не само тоа, секоја

техника има различна примена, и исто така може да биде комбинирана со други

техники и темпераментот на секој уметник во секој случај е од големо значење.

Дури и во некои периоди доминираат одредени техники сепак изборот на

материјалите за цртање пред се зависи од ефектот кој што сака да се постигне.

Уметниците, секогаш се способни да го постигнат посакуваниот ефект со различни

техники.На пример, сувите техники се користат за јасни линеарни цртежи додека

пак влажните се користат за обликување на големи површини. Меѓутоа и со

едната и другата техника можат да се постигнат одредени ефекти.

9

Page 10: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

Заклучок

Во овој семинарски труд посебно внимание обратив на цртежот како ликовен

елемент, цртачката површина, материјали и техники потребни за неговата

изработка како и на елементите и прнципите како дел од уметничката форма.

Кажавме дека цртежот како формална уметничка креативност може да се

дефинира како примарно линеарна претстава или интепретација на светот, но

исто така може да претставува и мисли, размислување, емоции и фантазии, кои

даваат визуелна форма како и симболи и апстракти фигури и форми.

Што се однесува до цртачката површина битен елемент на цртањето за да се

добие феномен од цртеж претставува и ефектот на цртање на чиста површина

односно на хартија,а што се однесува до материјалите и техниките се користат и

суви и влажни техники со цел да се постигнат одредени ефекти и нормално

посакуваната цел.

10

Page 11: Техники на цртање - цртеж

Цртеж

Користена литература:

http://nationalgallery.mk/?page_id=778 ;

http://sr.wikipedia.org/wiki/%D0%A6%D1%80%D1%82%D0%B5%D0%B6 ;

http://www.e-ucebnici.mk/osnovno/5 ;

11