4
ПОВИКОТ НА ДИВИНАТА КОН ПРИМИТИВНИОТ СВЕТ Баку е куче кое живее во Калифорнија, во долината Санта Клара на имотот на судијата Милер. Тешко е 64 кг ., со силни мускули и долго руно. Бак се надевал дека ќе стане наследник на својот татко Елмо кој постојано бил покрај судијата. На имотот живееле и други кучиња, од кои 20 лисичари. Тука биле Тук - ниско јапонско куче и безвлакнестата Изабела и биле многу плашливи. Но, Бак бил посебен, слободен, храбар, тој скитал секаде наоколу , бил крал на сите имоти, не бил ни домашно, ни ловечко куче. Ги носел на грб внуците на судијата, кога ќерките на судијата оделе на долги прошетки тој ги придружувал, а навечер седел покрај неговите нозе. Но, тоа траело само 4 години, до есента 1897 г ., кога започнала златната треска. Имено, некои луѓе истражувале на Арктикот и таму нашле злато. Бродските и други транспортни компании, почнале да го рекламираат откритието и луѓето масовно тргнале на север. Но, им требале кучиња,за да им го влечат товарот . Една вечер кога судијата бил на некој состанок, а сите други вработени на имотот зфатени, Мануел еден од помошниците на градинарот , коцкар и лош човек, го продал Бак на некој туѓинец. Го вржале со јаже и го сместиле во вагон, со кој бил однесен далеку . По пат бил тепан, ставен во сандак, а потоа во еден двор бил крвнички малтретиран од едниот од скротувачите на кучиња во црвен џемпер. Онесвестен од тепање знаел дека никогаш нема да го заборави злосторникот . Но, ова не му се случувало само на Баку , илјадници кучиња поминувале низ истата тортура. Некои попуштале, па му се умилкувале и му ја лижеле раката на тој зол човек. Имало и едно кое не се предавало, па починало од тепање. Сите кучиња биле продавани и ниту едно не се вратило назад. Бак го купил еден француски канаѓанец по име Перо, заедно се едно мирна женка Крли и ги однел на брод. Таму ги презел Франсоа, крупен црномурест и праведен човек, пола француз, пола канаѓанец, кој внимавал на уште две кучиња на бродот . Кога едно од нив сакало да му ја земе храната, Франсоаз замавнал со стапот . Така Бак сфатил дека Франсоаз сепак е поправеден од луѓето кои дотогаш ги запознал. ЗАКОНОТ НА СТАПОТ И ЗАБИТЕ Кога се симнал од бродот Нервал и стапнал на Алјаска, на брегот Даија, Бак првпат стапнал на снег . Таму владеел законот на забите и стапот . До тој заклучок дошол кога мирната Крли била растргната од една хаска, ескимско куче и цело стадо други кучиња кои ги опколиле, иако не сторила ништо, туку само и се приближила на хаската. Франсоа гирастерал кучињата, но Бак сватил дека тука нема фер - плеј. Штом ќе паднеш - готов си! Шпиц се смеел, плазејќи го долгиот црвен јазик, а Бак тогаш луто го замразил. И додека се свестил од овој шок, Бак бил впрегнат како коњ. Франсоа бил задоволен од Бак, „ Влече како ѓавол ” - му рекол на Перо, кој попладнето донел уште две кучиња - Били и Џо. Тие биле браќа, но сепак многу различни. Били бил прекумерно мирен, а Џо само ржел. Шпиц го бркал Били, но на Џо не можел да му се прави мангуп. Вечерта Перо донел уште едно куче, стар ескимец. Сол - Лекс бил целиот во лузни од тепачки и со едното око не гледал, но бил храбар. Името му значело Оној Гневниот ,а Шпиц се плашел од него. Сол - Лекс имал една лоша навика: не сакал никој да му се довлижува од слепата страна. Бак не знаејќи за тоа, бил нападнат и распорен 7 см. на плеќите, но потоа тој повеќе немал проблеми со него. Во текот на ноќта, откако не бил примен во шаторот на Перо и Франсоа, а другите кучиња не можел да ги најде, научил како се спие во логорот . Нагазил на Били и тогаш сватил дека треба да го раскопа снегот и така да преспие на студот . Откако утредента пристигнале уште три кучиња, тие тргнале. Кормилар на запрегата бил Дејв, пред него влечел Бак, а по него Сол Лекс. Бак бил намерно ставен во средината, за Дејв и Сол Лекс да го подучуваат , не оставајќи го премногу да напрега и мачи. Дејв бил фер и мудар, никогаш не касал без причина, туку само кога Бак ќе згрешел. Бак повеќе сакал да го казнуваат другарите отколку Франсоа камшикот . Научил и брзо да јаде, па дури и да им краде од оброкот на другите кучиња, како што тоа го правеле и тие. Не крадел од задоволство, крадел за да ги сопре грчевите во желудникот . Тоа била борба за опстанок. Не бил веќе на имотот на судијата каде можел полека да јаде. Тој ден изоделе повеќе од 60 км., а така било и следните денови. Перо и Франсоа наизменично оделе пред сите за да го тапкаат снегот и да им олеснуваат на оние кои што доаѓале позади нив, а кучињата ја влечеле рудата сместена на санките. Бак научил да се приспособи на новиот живот . Порано не одбегнувал тепачки, но стапот на човекот со црвен џемпер го научил на претпазливост . Тој бил готов да умре за некаков морал, на пример за да го одбрани стариот газда - судијата, но ова не било цивилизација. Неговото напредување се одвивало брзо. Мускулите му станале цврсти како железо, а самиот тој неосетлив на болка. Видот , слухот и мирисот му се изостриле, а научил да го чисти снегот меѓу прстите со заби. Но, највпечатлива особина му била што научил да насетува ветер еден ден порано. Инстинктите изгубени со припитомените генерации, во него повторно оживеале. ДОМИНАНТНИОТ ИСКОНСКИ SВЕР Доминантниот исконски ѕвер во Бак станувал се посилен, но со тоа и нетрпеливоста на Шпиц, кој го сметал Бак за свој ривал. Но, еднаш кога нашол добро засолниште зад една карпа, а Шпиц му го земал додека отишол по својот дел риба, на Бак му пукнал филмот . Иако дотогаш бил воздржан, тој му се пуштил на Шпиц, но нивниот судир го прекинала наезда од 100 селски кучиња, престорени во костури од глад. Настанала голема тепачка. Ниту едно од деветте кучиња во спрегата не останало здраво. Бак бил гризнат на рамото и главата, Даб бил со тешко повредена нога, Доли кај грлото, Џо

Повикот на дивината

  • Upload
    bubpce

  • View
    13.985

  • Download
    63

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ПОВИКОТ НА ДИВИНАТАКОН ПРИМИТИВНИОТ СВЕТБаку е куче кое живее во Калифорнија, во долината Санта Клара на имотот на судијата Милер. Тешко е 64 кг., со силни мускули и долго руно. Бак се надевал дека ќе стане наследник на својот татко Елмо кој постојано бил покрај судијата. На имотот живееле и други кучиња, од кои 20 лисичари. Тука биле Тук - ниско јапонско куче и безвлакнестата Изабела и биле многу плашливи. Но, Бак бил посебен, слободен, храбар, тој скитал секаде наоколу, бил крал на сите имоти, не бил ни домашно, ни ловечко куче. Ги носел на грб внуците на судијата, кога ќерките на судијата оделе на долги прошетки тој ги придружувал, а навечер седел покрај неговите нозе. Но, тоа траело само 4 години, до есента 1897 г., кога започнала златната треска. Имено, некои луѓе истражувале на Арктикот и таму нашле злато. Бродските и други транспортни компании, почнале да го рекламираат откритието и луѓето масовно тргнале на север. Но, им требале кучиња,за да им го влечат товарот. Една вечер кога судијата бил на некој состанок, а сите други вработени на имотот зфатени, Мануел еден од помошниците на градинарот, коцкар и лош човек, го продал Бак на некој туѓинец. Го вржале со јаже и го сместиле во вагон, со кој бил однесен далеку. По пат бил тепан, ставен во сандак, а потоа во еден двор бил крвнички малтретиран од едниот од скротувачите на кучиња во црвен џемпер. Онесвестен од тепање знаел дека никогаш нема да го заборави злосторникот. Но, ова не му се случувало само на Баку, илјадници кучиња поминувале низ истата тортура. Некои попуштале, па му се умилкувале и му ја лижеле раката на тој зол човек. Имало и едно кое не се предавало, па починало од тепање. Сите кучиња биле продавани и ниту едно не се вратило назад. Бак го купил еден француски канаѓанец по име Перо, заедно се едно мирна женка Крли и ги однел на брод. Таму ги презел Франсоа, крупен црномурест и праведен човек, пола француз, пола канаѓанец, кој внимавал на уште две кучиња на бродот. Кога едно од нив сакало да му ја земе храната, Франсоаз замавнал со стапот. Така Бак сфатил дека Франсоаз сепак е поправеден од луѓето кои дотогаш ги запознал.

Citation preview

Page 1: Повикот на дивината

ПОВИКОТ НА ДИВИНАТА

КОН ПРИМИТИВНИОТ СВЕТ Баку е куче кое живее во Калифорнија, во долината Санта Клара на имотот на судијата Милер. Тешко е 64 кг., со силни мускули и долго руно. Бак се надевал дека ќе стане наследник на својот татко Елмо кој постојано бил покрај судијата. На имотот живееле и други кучиња, од кои 20 лисичари. Тука биле Тук - ниско јапонско куче и безвлакнестата Изабела и биле многу плашливи. Но, Бак бил посебен, слободен, храбар, тој скитал секаде наоколу, бил крал на сите имоти, не бил ни домашно, ни ловечко куче. Ги носел на грб внуците на судијата, кога ќерките на судијата оделе на долги прошетки тој ги придружувал, а навечер седел покрај неговите нозе. Но, тоа траело само 4 години, до есента 1897 г., кога започнала златната треска. Имено, некои луѓе истражувале на Арктикот и таму нашле злато. Бродските и други транспортни компании, почнале да го рекламираат откритието и луѓето масовно тргнале на север. Но, им требале кучиња,за да им го влечат товарот. Една вечер кога судијата бил на некој состанок, а сите други вработени на имотот зфатени, Мануел еден од помошниците на градинарот, коцкар и лош човек, го продал Бак на некој туѓинец. Го вржале со јаже и го сместиле во вагон, со кој бил однесен далеку. По пат бил тепан, ставен во сандак, а потоа во еден двор бил крвнички малтретиран од едниот од скротувачите на кучиња во црвен џемпер. Онесвестен од тепање знаел дека никогаш нема да го заборави злосторникот. Но, ова не му се случувало само на Баку, илјадници кучиња поминувале низ истата тортура. Некои попуштале, па му се умилкувале и му ја лижеле раката на тој зол човек. Имало и едно кое не се предавало, па починало од тепање. Сите кучиња биле продавани и ниту едно не се вратило назад. Бак го купил еден француски канаѓанец по име Перо, заедно се едно мирна женка Крли и ги однел на брод. Таму ги презел Франсоа, крупен црномурест и праведен човек, пола француз, пола канаѓанец, кој внимавал на уште две кучиња на бродот. Кога едно од нив сакало да му ја земе храната, Франсоаз замавнал со стапот. Така Бак сфатил дека Франсоаз сепак е поправеден од луѓето кои дотогаш ги запознал.

ЗАКОНОТ НА СТАПОТ И ЗАБИТЕ Кога се симнал од бродот „ Нервал ” и стапнал на Алјаска, на брегот Даија, Бак првпат стапнал на снег. Таму владеел законот на забите и стапот. До тој заклучок дошол кога мирната Крли била растргната од една хаска, ескимско куче и цело стадо други кучиња кои ги опколиле, иако не сторила ништо, туку само и се приближила на хаската. Франсоа гирастерал кучињата, но Бак сватил дека тука нема фер - плеј. Штом ќе паднеш - готов си! Шпиц се смеел, плазејќи го долгиот црвен јазик, а Бак тогаш луто го замразил. И додека се свестил од овој шок, Бак бил впрегнат како коњ. Франсоа бил задоволен од Бак, „ Влече како ѓавол ” - му рекол на Перо, кој попладнето донел уште две кучиња - Били и Џо. Тие биле браќа, но сепак многу различни. Били бил прекумерно мирен, а Џо само ‘ржел. Шпиц го бркал Били, но на Џо не можел да му се прави мангуп. Вечерта Перо донел уште едно куче, стар ескимец. Сол - Лекс бил целиот во лузни од тепачки и со едното око не гледал, но бил храбар. Името му значело Оној Гневниот,а Шпиц се плашел од него. Сол - Лекс имал една лоша навика: не сакал никој да му се довлижува од слепата страна. Бак не знаејќи за тоа, бил нападнат и распорен 7 см. на плеќите, но потоа тој повеќе немал проблеми со него. Во текот на ноќта, откако не бил примен во шаторот на Перо и Франсоа, а другите кучиња не можел да ги најде, научил како се спие во логорот. Нагазил на Били и тогаш сватил дека треба да го раскопа снегот и така да преспие на студот. Откако утредента пристигнале уште три кучиња, тие тргнале. Кормилар на запрегата бил Дејв, пред него влечел Бак, а по него Сол Лекс. Бак бил намерно ставен во средината, за Дејв и Сол Лекс да го подучуваат, не оставајќи го премногу да напрега и мачи. Дејв бил фер и мудар, никогаш не касал без причина, туку само кога Бак ќе згрешел. Бак повеќе сакал да го казнуваат другарите отколку Франсоа камшикот. Научил и брзо да јаде, па дури и да им краде од оброкот на другите кучиња, како што тоа го правеле и тие. Не крадел од задоволство, крадел за да ги сопре грчевите во желудникот. Тоа била борба за опстанок. Не бил веќе на имотот на судијата каде можел полека да јаде. Тој ден изоделе повеќе од 60 км., а така било и следните денови. Перо и Франсоа наизменично оделе пред сите за да го тапкаат снегот и да им олеснуваат на оние кои што доаѓале позади нив, а кучињата ја влечеле рудата сместена на санките. Бак научил да се приспособи на новиот живот. Порано не одбегнувал тепачки, но стапот на човекот со црвен џемпер го научил на претпазливост. Тој бил готов да умре за некаков морал, на пример за да го одбрани стариот газда - судијата, но ова не било цивилизација. Неговото напредување се одвивало брзо. Мускулите му станале цврсти како железо, а самиот тој неосетлив на болка. Видот, слухот и мирисот му се изостриле, а научил да го чисти снегот меѓу прстите со заби. Но, највпечатлива особина му била што научил да насетува ветер еден ден порано. Инстинктите изгубени со припитомените генерации, во него повторно оживеале.

ДОМИНАНТНИОТ ИСКОНСКИ SВЕР Доминантниот исконски ѕвер во Бак станувал се посилен, но со тоа и нетрпеливоста на Шпиц, кој го сметал Бак за свој ривал. Но, еднаш кога нашол добро засолниште зад една карпа, а Шпиц му го земал додека отишол по својот дел риба, на Бак му пукнал филмот. Иако дотогаш бил воздржан, тој му се пуштил на Шпиц, но нивниот судир го прекинала наезда од 100 селски кучиња, престорени во костури од глад. Настанала голема тепачка. Ниту едно од деветте кучиња во спрегата не останало здраво. Бак бил гризнат на рамото и главата, Даб бил со тешко повредена нога, Доли кај грлото, Џо

Page 2: Повикот на дивината

останал без едно око, а увото на Били било распарчено. Постоела опасност да фатат беснило, додека да ги изминат преостанатите 650 км. пат до целта - местот Досон. Тоа бил и најтешкиот дел од патот, но владиниот курир Перо бил храбар и ги направил сите подготовки да тргнат напред. Особено било тешко да се изодат пеесте километри кај реката Терти Мајлс. Им требало 6 дена, а температурата била 50 степени под нулата. Еднаш во мразот пропаднала санката на Дејв и Бак. Биле полусмрзнати, па Перо запалил оган да ги стопли. Другпат пропаднал Шпиц, повлекувајќи ја целата санка. Перо ги спасил, искачувајќи се на една карпа и извлекувајќи ги горе. Бак веќе бил исцрпен, но за да стигнат морале да патуваат до доцна навечер, а кога се улогориле Бак не можел да стане ни да јаде, па Перо му ја носел храната. Одвај одел, куцал, па му ставиле мокасини на нозете, без кои Бак не сакал да оди. Еднаш се изнасмеале, кога Франсоа заборавил да му ги стави мокасините, Бак легнал на грб и мафтал со четирите нозе за да му ги стават. Прва побеснела Доли, Бак во паника избегал, а Доли ја убиле со секира. Метежот го искористил Шпиц и јурнал накај Бак, а Франсоа го земал камшикот и го претепал. Оттогаш меѓу двете кучиња завладеало отворено непријателство. Перо се плашел дека Шпиц ќе го убие Бак, а Франсоа бил убеден дека кога и да е Шпиц ќе си го добие од Бак. А и Шпиц, како предводник на кучињата и признат господар на запрегата чувствувал дека јужното куче е опасно. Бак не му дозволувал да ги казнува кучињата кои грешеле, туку застанувал меѓу нив и Шпиц. Било јасно дека борбата за превласт ќе се случи наскоро. Еднаш Пајк, мрзливото куче, се скрил и не излегувал од леглото, за да не тргнат на пат. Шпиц го нашол и додека тој се спремал да го казни, Бак му се нафрлил.Шпиц паднал, а кога го видел паднат му се нафрлил и Пајк. Франсоа почнал да мава со камшикот, Бак ги издржувал ударите, а Шпис успеал да го казни Пајк. Бак и понатаму продолжил да застанува помеѓу Шпиц и другите кучиња, но само кога во близина не бил Франсоа. Но, тоа довело и до општа непослушност во запрегата. Освен Сол Лекс и Дејв сите станувале се полоши. Сепак некако стигнале до местот Досон и Бак видел дека сите кучиња тука постојано работеле и влечеле. Се одмориле една недела, а потоа со полесен товар повторно тргнале на пат. Првиот ден минале 80км., а вториот ден јуреле на пат кон местото Пели. Но, иако се движеле брзо, веќе немало солидарност и дисциплина во запрегата, а Шпиц го изгубил авторитетот. Еднаш Пасјк му ја украл храната, другпат Даб и Џо се степале со него, така Шпиц полека станувал обичен кавгаџија, а Франсоа знаел кој стои зад сите незгоди. Една вечер Даб открил зајак. Кучињата од запрегата му се придружиле, а на нив уште педесет кучиња од некоја полициска станица, сите хаски. На чело на глутницата бил Бак. Старите инстинкти биле разбудени. Тоа било истото чувство што се јавува кај уметникот кога твори и кога го достига врвот на своето творештво, кога го создава она најубавото што може да го создаде. Или како војникот кој обземен од военото лудило станува безмилосен. Но, Шпиц подмолно тргнал по друг пократок пат, го стигнал зајакот и го зграпчил, тогаш Бак полудел. Настанала тишина, решавачкиот миг дошол. Но, Шпиц бил извежбан борец и не му било ништо, иако Бак бил целиот облеан во крв, се обидувал да го собори на земја. Кругот околу нив почнал да се стеснува, Бак паднал и успеал да се исправи. Тој имал нешто што ретко кој го имал: имагинација ( фантазија ) и ум. Престанал со тактиката да удира со рамото за да го преврти и го приклештил Шпиц за левата предна нога, која му ја скршил. Белото куче се борело и со три нозе, но Бак му ја скршил и другата предна нога. Кругот се стеснил, Шпиц зарикал, Бак убил и дознал дека тоа е добро. КОЈ ГО ДОБИ ВОДСТВОТО После победата логично било местото предводник да го заземе Бак. Но, Франсоа мислел поинаку, па на чело на запрегата го поставил Сол Лекс. Бак не можел да се помири со тоа повторно да биде на старото место затоа упорно застанувал на челната позиција, иако Франсоа го бркал со стап. Бак се уште се сеќавал на човекот со црвен џемпер и го заобиколувал дофатот на Франсоа, бегајќи дури и до рабовите на логорот. Дури ни Сол Лекс не му се спротивставувал на Бак, кога тој ќе застанел на неговото место. Најпосле Перо му рекол на Франсоа да го постави напред, така Бак станал водач на запрегата. Оттогаш имало ред меѓу кучињата. Дури Џо, кој му се противел на шпиц, сега се однесувал со респект. Затоа санките натоварени со пошта, напредувале добро. Франсоа велел дека се потврдиле неговите зборови дека „ Бак е два ѓавола ”. Но, еден ден Перо и Франсоа добиле наредба да се повлечат од курирските работни места и дека на нивно место дошле други. Франсоа плачејќи се поздравил со Бак. Грижата за Бак ја презел еден полушкотланѓанец. Заедно со уште 12 кучешки запреги тргнале назад кон Досон, натоварени со поштенски пратки за оние кои работеле како копачи на злато. Тие денови на секојдневно патување, Бак најмногу сакал да лежи блиску до огнот и при тоа се сеќавал на деновите во топлата Калифорнија, судијата, смртта на Крли. Патот бил многу напорен, стигнале преуморни до Досон и наместо да одморат десетина дена, по два дена тргнале назад. Тоа било премногу за Дејв, му било се потешко да влече, па го пуштиле да трча слободен покрај запрегата. Но, Дејв не се предевал, упорно се враќал на своето место во запрегата. Сите биле изненадени кога виделе дека ги пресекол ремените онаму каде што наместо него стоел Сол Лекс. Се тетеравел, но влечел во запрегата со сета сила. Сепак не издржал, паднал и веќе не можел да стане, а тие продолжиле без него. По некое време шкотланѓанецот се вратил кај Дејв. Се слушнал истрел и сите знаеле што значи тоа.

НАПОРИТЕ ОД ЗАПРЕГАТА И ПАТОТ Во Досон стигнале исцрпени, изоделе вкупно 4.000 км., нозете им биле разранети и се надевале на подолг одмор. Но, со оглед на тоа колку биле исцрпени, сите биле продадени на Хал и

Page 3: Повикот на дивината

Чарлс. Тие ги натовариле со шатор, ќебиња за цел хотел, чинии и разни други предмети. Кучињата не можеле да мрднат од преголемиот товар и тие почнале да ги тепаат со камшик. Тогаш Мерцедес, која му била жена на Чарлс и сестра на Хал ги замолила да не ги тепаат кутрите животни. Луѓето што биле во близина им рекле дека треба да го преполоват товарот, да ги одморат кучињата и да купат нови. Опремата, иако преполовена, сеуште била тешка, а со старата дружина кучиња, шестте кучиња на Хал и Чарлс и новокупените, станале запрега од 14 кучиња. Но, од странските кучиња немало многу аир. Едните биле птичари, другите од некој неутврден сој, а Бак и дружината ги гледале со презир.Чарлс и Хал биле многу горди, бидејќи досега никој немал санка со толкав број кушиња. Но, тие не знаеле дека една санка не може да влече храна за 14 кучиња, па затоа првите денови не успеале да поминат ни по 15 км. дневно. Јасно било дека ќе останат без храна. Бак кој на почетокот на патувањето имал 64 кг., сега имал 52 кг. Новите газди им давале помалки храна, а ги терале да патуваат подолго. Прв попуштил Даб, кој имал исчашена лопатка на рамото, без да биде лекуван, тој не издржал. На крај Хал го убил со револвер. Неухранети, почнале да умираат и странските кучиња, а останатите одвај влечеле. Згора на се и Мердецес се качила на санката, иако тежела само 55кг., сепак и тоа било многу. Никако не можеле да ја натераат да оди, ја симнале од санката, а таа седнала на снегот и не сакала да се помрдне. Откако изминале 5км. се вратиле по неа. Таа пак се качила на санката. Иако плачела кога умирале кучињата, очигледно никој немал милост за нив. Наскоро умрел и Бил, но бидејќи попат го продале револверот, го усмртиле со секира. Сите знаеле дека и нив ги чека иста судбина. Следниот ден умрела Куна, па останале само пет кучиња: премногу исцрпениот Џо, полусвесниот Пајк, истоштениот Сол Лекс, новодојдениот Тик и Бак. Кога стигнале во логорот на Џон Торнтон, иако веќе било пролет, сите пет кучиња паднале исцрпени. Но, Хал упорно сакал да тргне за Досон. Бак не можел ни да се помрдне, затоа Хал го земал камшикот. Бак како од далеку да ги чувствувал немилосрдните удари. Бил готов. Тогаш Торнтон, кој и без тоа гледал со налсолзени очи, го прекинал измачувањето и му рекол на Хал дека ако го удри уште еднаш, дека ќе го убие. Хал го извлекол својот нож, Торнтон го удрил со дршката од секирата, на Хал му паднал ножот, а Торнтон со него ги пресекол јажињата на Бак. Бак гледал како дружината продолжила, Сол Лекс, Џо, Пајк и Тик тетеравејќи се ја влечеле санката натоварена со руда на која седела и Мерцедес. Токму кога Торнтон се наведнал да го прегледа Бак дали има некои скршеници, а санката изминала 400м., виделе како нејзиниот заден пропаѓа во некој процеп. Хал сосе рудата летнал во воздух, Чарлс се обидел да избега, но тогаш мразот попуштил и сите пропаднале во реката. Бак ја претчуствувал несреќата. Тој цел ден ги чувствувал крцкањето на тенкиот мраз, „ Ти, кутар ѓаволу ” му рекол Торнтон, а Бак му ја лизнал раката.

ЗА ЉУБОВТА СПРЕМА ЧОВЕКОТ Бак премногу го засакал Торнтон, со него му било подобро дури подобро отколку со судијата. Ова сега била вистинската љубов, а не служба: да ги играш внуците, да ги придружуваш останатите. Бак бескрајно го засакал својот господар и постојано се плашел и тој да не заминел како Франсоа и Перо, па постојано гледал во него. И Торнтон бил добар со Бак, го чувал и негувал се додека повторно не зајакнал. Бак бил најсреќен кога Торнтон ќе го стиснел силно, држејќи му ја главата и тресејќи му ја налево - надесно. На имотот имало уште две кучиња Скит и Ниг, меѓу нив немало ривалство, борба, сите биле еднакво галени. Но, за разлика од нив кои му се потпикнувале на господарот, Бак го сакал Торнтон без да му се умилкува, со восхит, до обожување, подготвен се да стори за него. Љубовта му ја искажувал гризејќи му ја раката, оставајќи траги од заби на неа. Во себе го чувствувал повикот на дивината, но само љубовта кон Торнтон го спречувала да не тргне по гласот на својот исконски инстинкт. Торнтон сакајќи да направи експеримент пред своите соработници Ханс и Пит, му наредил на Бак да скокне во вода од една карпа која била 20м. висока. Бак не само што се залетал, туку одвај го тргнале од работ на карпата за да не скокне. Кога биле во една меана во градот Серкл лошиот човек кого го викале Црниот Бартон, се скарал со некого. Торнтон најдобронамерно застанал на шанкот помеѓу нив, тогаш Бартон го удрил по рамото и се затетеравил. Бак срипал, го прегризал по вратот, а потоа биле избркани надвор. Дошол лекарот кој го зашил Бартон, а „ советот на рударите ” кои заседавале на лице место, одлучиле дека кучето и Торнтон не се виновни. Незаборавна била и случката кога еднаш се превртел чамецот, а Торнтон носен од водените струи можел да се удави. Бак срипал да го спаси и го довлечкал до една карпа, колку Торнтон да може да се придржува.Но, самиот бил однесен од водната струја, па Ханс и Пит одвај го извлекле. Потоа повторно врзан со јаже го пуштиле во водата да оди по Торнтон, но Бак промашил и не успеал да стигне до господарот. Потонал и кога Ханс и Пит го извлекле од водата, тој речиси бил удавен. Но, кога му го слушнал гласот на господарот повторно срипал. Овојпат обидот за спасување бил успешен. Поставиле логор и никаде не продолжиле се додека Бак не заздравел, бидејќи тој имал три скршени ребра. Таа зима Бак извел уште еден подвиг што го направило најславен на Алјаска. Во крчмата Елдорадо биле собрани многу фалбаџии, кои се фалеле колку тешки санки можеле да повлечат нивните кучиња.Меѓу нив бил и еден од кралевите на златните рудници Метјусон кој давал 1.000 долари во опклада дека Бак не можел да повлече 454кг. ( 1.000 фунти ) и да ја влече санката 100 јарди ( 91м. ). Торнтон во себе се колебал, не му се верувало дека Бак навистина ќе може да го направи тоа. Сепак позајмил пари од еден човек О’Брајан и ставил во опкладата 1.000 долари. Санката ја натовариле со вреќи, Торнтон клекнал до Бак, му ја стиснал главата и му рекол: „ како што ме љубиш Бак, како што ме љубиш ”. Непосредно пред Бак да ја повлече санката, восхитен од неговата убавина, друг крал на златните рудници Скукам

Page 4: Повикот на дивината

Бенч му понудил на Торнтон 800 долари за Бак, но тој не прифатил. А, тогаш кога Бак ја повлекол санката и успеал да ги помине стоте јарди, Скукам Бенч понудил 1.200 долари за Бак, но Торнтон не ни помислувал на такво нешто. Го пратил Скукам Бенч поѓаволите и клекнал до своето куче, тресејќи му ја главата лево десно.

ОДSВОНУВАЊЕТО НА ПОВИКОТ Бак на својот газда му заработил вкупно 1.600 долари што било сосема доволно да се тргне на истокот на Аласка, каде соред преданијата постоела колиба која била патоказ за голем и стар златен рудник. Патувале неколку годишни времиња, споро, без брзање. Понекогаш се движеле неуморно со денови, а понекогаш со недели одмарале во логорите по патот. Кучињата кои сега биле вкупно шест немале работа, освен да учествуваат во ловот на дивеч и риби. Најпосле стигнале, но не до колибата, туку до некое место каде нашле речен нанос на злато. Тука застанале, а тука Бак повторно го слушнал повикот на дивината. Била ноќ, сите спиеле, а него го разбудил звукот на тој повик, а тој се слушал се појасно. Тоа всушност било завивањето на еден волк во близината на логорот. Тргнал по него. Отпрвин волкот, кој бил поситен од Бак, мислел дека тоа е непријателско приоѓање, па почнал да се повлекува. Но, набргу сфатил дека кучето има пријателски намери. Зедно се упатиле во внатрешноста на шумата, каде Бак го почуствувал својот исконски инстинкт, наследен од далечните, диви претци. Тој и онака веќе станал ловец кој се хранел со живи животни. Авантурата траела со часови, но набргу се сетил на Торнтон. Ништо не можело да го сопре, дури ни волкот кој упорно го повикувал. Бак стигнал до газдата, му срипал, го лижел, а потоа со денови не се одвојувал од него. Бак и натаму заминувал да скита во шумските предели, но секогаш се враќал, а кога ќе останел сам во дивината целосно се менувал. Тоа не бил Бак од логорот, тоа бил некој друг, див Бак, способен да лови не само зајаци и верверички, туку и телиња на лосови. Еднаш му се настрвил на еден крупен лос, прво се обидел да го одвои од стадото. Помладите бикови со часови, до стемнување се обидувале да му помогнат на својот водач. Но, тоа не можеле да го прават бесконечно, бидејќи се стемнувало, а тие требале побргу да стигнат до потоплите, пониските краишта на Алјаска. Стадото немало намера да се жртвува само за еден нивни член. Стариот лос, ги набљудувал своите другари, своите внуци, кои самиот тој ги одгледал татковски, како си заминуваат. Тој останал сам со ѕверот што постојано му додевал и бескрајно го изморил, со своите упорни напади. На крајот од четвртиот ден Бак го совладал лосот, цела ноќ останал до него, јадејќи и спиејќи наизменично, а потоа тргнал накај дома, свесен за новата раздвиженост на природата откако завршило летото и се приближувала зимата. На 5км. од логорот го нашол мртвото тело на Ниг, прободено со стрела. Подолу налетал на друго куче кое било во смртна агонија, а потоа го препознал и Ханс, целиот избоден од стрели. Глетката пред него и помислата на Торнтон го натерале бесно да за’ржи и рикне: околу колибата во логорот група од племето Ехети го играле својот индијански танц. Како ураган скокнал на нивниот поглавар, му го распорил грлото, а потоа почнал да ги убива и другите кои ќе ги дофател. Еден индијанец се обидел да го убие со копје, но наместо во Бак копјето завршило во телото на друг индијанец. Преживеаните се разбегале, велејќи дека ги нападнал Лошиот Дух. Бак навистина бил како демон. Во логорот ги нашол телата на своите пријатели, а Торнтон лежел мртов во еден вир. Бак останал до него цел ден и повремено скитал низ пустиот логор. Ноќта повторно го слушнал повикот. Торнтон неговата последна врска била прекината. Глутница волци го нападнала, а тој ги одбивал нападите, распорувајќи ги, се додека најстариот волк не застанал и не почнал да завива. По него се смириле и другите. Бак тргнал со нив. По многу години Ехетите сфатиле дека постои некаква промена кај шумските волци. Некои од нив имале кафеави шари на главата и бели на градите. Се зборувало за некое куче дух кое било на чело на глутницата, од кое биле преплашени. Некои индијанци ловци никогаш не се вратиле, а некои од нив ги наоѓале распорени. Никој веќе не одел во долината на волците, каде Бак - најкрупниот од сите волци, од време на време одел таму каде што имало вир за еднаш силно да завие.