30
Содржина 1.Залихите во логистичкиот систем.............................................................. ...................3 2. Поим и улога на залихите............................................................ ...................................4 3.Предности од оптимални залихи.............................................................. .....................5 4. Недостатоци на преголеми залихи.............................................................. .................8 5.Предности од оптимални залихи ............................................................. .....................9 6.Финански аспекти на политиката на залихи ............................................................. 13 7.Определување на ниво на залихи ............................................................. .................13 8. Трошоците за набавка на залихи ............................................................. ..................14

Залихи- Маркетинг логистика

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Залихи- Маркетинг логистика

Содржина

1.Залихите во логистичкиот систем.................................................................................3

2. Поим и улога на залихите...............................................................................................4

3.Предности од оптимални залихи...................................................................................5

4. Недостатоци на преголеми залихи...............................................................................8

5.Предности од оптимални залихи ..................................................................................9

6.Финански аспекти на политиката на залихи .............................................................13

7.Определување на ниво на залихи ..............................................................................13

8. Трошоците за набавка на залихи ...............................................................................14

9. Трошоци за чување на залихи.....................................................................................15

10. Трошоци заради отсуство на залиха од определен производ............................16

11. Категории залихи ........................................................................................................17

12. Минимум и максимум во формирањето на залихи...............................................18

13. Управување со залихи ...............................................................................................19

14. Систем за управување со залихи ............................................................................20

15. Анализа и контрола на залихи ..................................................................................20

16. Заклучок.........................................................................................................................23

17. Користена Литература................................................................................................24

Page 2: Залихи- Маркетинг логистика

Залихите во логистичкиот систем

Залихите претставуваат едни од најголемите вложувања во средства за

најмногу производители, трговци на големо и трговци на мало. Од причина што

денес, потрошувачите се повеќе очекуваат високо ниво на расположливост

(достапност) на производи, тоа за многу фирми значи високо ниво на залихи.

Искуството покажало дека во производните фирми вложувањата во залихи

обично изнесуваат 10 % или повеќе од вкупните средства (активи), додека за

трговијата на големо и мало процентот се движи од 20 до 50.

Сето ова укажува дека управувањето со залихите претставува една

многу значајна активност. Притоа, мора да се има предвид дека капиталот

инвестиран во залихи мора да конкурира со другите можности за инвестирање

кои и се на располагање на фирмата, како и тоа дека трошоците за чување

залихи можат да претставуваат значајни трошоци во вршењето на бизнисите.

Претходново наложува дека менаџментот мора да знае колку изнесуваат

трошоците за чување залихи за да може да донесе квалитетни и правилни

одлуки за тоа каков ќе биде дизајнот на логистичкиот систем, нивоата на услуги

што ќе ги добијат потрошувачите, потребниот број и локацијата на

дистрибутивните центри, нивоата на залихи и нивното сместување, начините

на транспортирање, производствената програма и минимумот на производство.

Или конкретно, почеста порачка на помали количини ќе го намали

вложувањата во залихи, но секако ќе резултира со повисоки трошоци за

порачката и повисоки транспортни трошоци.

Од претходново произлегува дека е неопходно да се компарираат

заштедите во трошоци за чување залихи во однос на зголемените трошоци на

порачките и транспортот со цел да се утврди како одлуката да се набавуваат

помали количини ќе влијае врз профитабилноста на фирмата.

Во случај кога истиот проблем го набљудуваме од аспект на целокупниот

снабдувачки синџир, трошоците за чување залихи ќе имаат значајно влијание

врз тоа каде залихите треба да бидат позиционирани врз рамките на синџирот.

2

Page 3: Залихи- Маркетинг логистика

Поим и улога на залихите

Залихите се материјални добра расположливи за користење кои

овозможуваат процесите на производство и продажба да се одвиваат

непречено. Во производствените претпријатија, тие може да се најдат во разни

стадиуми на конверзија, како почетни материјали, производство во тек и готови

производи, а во трговските, доминантно место заземаат залихите на

набавените стоки, наменети за продажба. Во залихите се ангажира дел од

обртните средства на претпријатието, од што произлегуваат трошоци на

финансирањето и други трошоци коишто се условени од нивното сместување и

чување.

Залихите претставуваат сложена економска категорија која се појавува

во различни облици на ангажирање средства. Односите преку кои што тие се

вклучуваат со другите категории во стопанските процеси претставуваат односи

на повеќекратна меѓузависност. Притоа, големиот број различни детерминанти

што ја определуваат оваа категорија укажува на сета нејзина компликуваност.

Најсликовит приказ на тоа што претставуваат залихите и која е нивната улога

среќаваме кај Радуновиќ кој залихите ги споредува со акумулирана вода во

вештачко езеро и како што приливот на вода обезбедува рамномерност во

работата на хидроцентралата, така и приливот на суровини, помошен

материјал, гориво и други предмети на релација складиште - погон обезбедува

рамномерно производство (а во трговијата - продажба). Според тоа, залихите

имаат огромно значење за обезбедување на континуитетот во работата на

фирмите.

Улогата на залихите во производството и трговијата, според Stock и

Lambert би можела да се сведи на тоа дека залихите:

1. Овозможуваат остварување економија на обем

2. Ја израмнуваат понудата и побарувачката

3. Овозможуваат специјализација во производството

4. Обезбедуваат заштита од неизвесност во побарувачката и циклусот на

порачки

5. Служат како амортизер помеѓу соодносите во рамките на снабдувачкиот

синџир.

3

Page 4: Залихи- Маркетинг логистика

ПРЕДНОСТИ ОД ОПТИМАЛНИ ЗАЛИХИ

Во едно претпријатие залихите можат да бидат преголеми, премали или

оптимални. Целта на системот за управување со залихи е да тие се одржуваат

на оптимално ниво. Оптимално ниво на залихи е таа количина на залихи која ќе

ја имаме и која ќе биде најекономична (со најмалку трошоци), а од друга страна

ќе обезбеди непречено функционирање на работата на бизнисот. Пристапот за

согледување на предностите ќе го претставиме преку недостатоци на

преголемите и премалите залихи, за да можеме на крајот да ги согледаме

предностите на оптималното ниво на залихите.

Доколку не водиме сметка за залихите ќе гледаме секогаш во магацинот

да имаме стока на залиха, а се со цел да не се случи да снемаме во моментот

кога ќе примиме нарачка или кога ќе влезе потрошувачот да побара да купи

некој од производите што ги продаваме. Во такви ситуации претприемачите од

око ги следат залихите во магацинот и доколку магацинот е полн, тогаш е ОК.

Кога се намалува веднаш се тргнува со набавка за дополнување. Но, што

значат преголеми залихи?

Преголеми залихи значат:

Зголемени трошоци во форма на данок. За секоја набавена стока вие

плаќате ДДВ. ДДВ-то ќе го повратите кога ќе ја продадете стоката. Значи

Вашиот бизнис непотребно го финансира државниот буџет. Можеби ќе ги

продадете веднаш, но можеби по 2,3, 6 месеци. Значи 6 месеци вие ќе

имате заробено пари (18%) од вредноста на стоката во форма на платен

ДДВ. Доколку вредноста на стоката е 100.000 денари тоа ќе бидат 18.000

денари заробени пари.

Непотребно блокирање на капитал. За секоја набавена стока вие му

плаќате на вашиот снабдувач (добавувач). Значи вашиот бизнис

непотребно го финансира вашиот снабдувач со плаќање на стока која ќе

стои во магацин се додека не се продаде. Доколку вашите залихи

опфаќат период од 6 месеци продажба вие 6 месеци однапред имате

врзано пари кај вашиот снабдувач.

4

Page 5: Залихи- Маркетинг логистика

Магацин. За поголемо ниво на залихи ќе морате да имате поголем

магацински простор. Поголемиот магацинси простор бара повеќе пари за

одржување. Доколку изнајмувате ќе треба да платите повеќе. Сето ова

ќе ги зголеми трошоците на вашиот бизнис.

Осигурување. За поголеми залихи и ризикот од некоја штета е поголем.

За да го намалите ризикот ќе го осигурате вашиот магацин.

Осигурувањето е поскапо за поголема вредност на стоката која се наоѓа

во вашиот магацин.

Застарување. За голем број на стоки постои паснос од застарување.

Ова посебно се однесува за сезонски стоки. Доколку не се продадат во

период на сезона остануваат за наредна година. На ваков начин ќе

имате заробено пари во стока која цела година нема да ја продадете и ќе

постои можност наредната сезона таа стока да е веќе застарена и да ја

продавате по пониска цена. Дали ќе ги извадите трошоците за таквите

производи?

Втор екстремен случај е кога се работи со премногу мали залихи. Што значат

премали залихи за претприемачите?

Премалку залихи значат:

Премногу нарачки. На ваков начин Вие како претприемач ќе мора да

имате повеќе нарачки во кратки временски интервали. Ова значи

зголемени трошоци за комуникација со вашите снабдувачи.

Губење на потрошувачи. Доколку некој нарача или пак дојде во вашиот

продажен објект, а вие не можете да му ги обезбедите навремено

производите што ги барате, можете да го изгубите бидејќи ќе отиде кај

вашата конкуренција за да си ја задоволи сопствената потреба.

Губење на количински попусти. Голем број на ваши снабдувачи

овозможуваат одредени попусти кои се поврзани со количината која ја

нарачувате. Кога нарачувате почесто во помали количини нема да ги

имате попустите што ги дава вашиот снабдувач.

Поголеми трошоци за транспорт. Имате мала количина на стока, а

транспортот изразен во пари е ист и за мала количина и за поголема

количина. На пример транспортот од А до Б чини 1000 денари. Кога ќе

5

Page 6: Залихи- Маркетинг логистика

нарачате 1000 парчиња транспортот во цената на производот влегува со

1 денар. Но, кога ќе нарачате 100 парчиња, транспортот во цената на

производот влегува со 10 денари. Што секако е многу.

Кои ќе бидат предностите од оптимално ниво на залихи што ќе се добијат со

соодветен систем за управување со залихи? Оптималните залихи ги имаат

следниве предности:

Помалку врзани пари во данок

Помалку врзани пари кај снабдувачи

Помали трошоци за магацин

Помали трошоци за осигурување

Помала веројатност за застарување на производите што ги имате на

залиха

Оптимално ниво на нарачки и постојано одобрување на времетраењето

на нарачките

Нема да се изгубат потрошувачите бидејќи во секој момент ќе биде

задоволена нивната потреба

Добивање на количински попусти

Помали транспортни трошоци

Последно но и најважно, преголеми залихи ги прекриваат проблемите во

другита аспекти на бизнисот. На пример, преголеми залихи го покриваат

проблемот во системот на набавка (синџирот на набавка), го покриваат

проблемот со шкарт кај производствените претпријатија. Со оптимално ниво на

залихи ќе се овозможи овие проблеми да излезат на вделина и да се

решаваат, а од друга страна овозможува постојано подобрување на севкупните

бизнис процеси.

6

Page 7: Залихи- Маркетинг логистика

Недостатоци на преголеми залихи

Доколку не водиме сметка за залихите ќе гледаме секогаш во магацинот да

имаме стока на залиха, а се со цел да не се случи да снемаме во моментот

кога ќе примиме нарачка или кога ќе влезе потрошувачот да побара да купи

некој од производите што ги продаваме. Во такви ситуации претприемачите од

око ги следат залихите во магацинот и доколку магацинот е полн, тогаш е ОК.

Кога се намалува веднаш се тргнува со набавка за дополнување. Но, што

значат преголеми залихи?

Преголеми залихи значат:

Зголемени трошоци во форма на данок. За секоја набавена стока вие

плаќате ДДВ. ДДВ-то ќе го повратите кога ќе ја продадете стоката. Значи

Вашиот бизнис непотребно го финансира државниот буџет. Можеби ќе ги

продадете веднаш, но можеби по 2,3, 6 месеци. Значи 6 месеци вие ќе

имате заробено пари (18%) од вредноста на стоката во форма на платен

ДДВ. Доколку вредноста на стоката е 100.000 денари тоа ќе бидат 18.000

денари заробени пари.

Непотребно блокирање на капитал. За секоја набавена стока вие му

плаќате на вашиот снабдувач (добавувач). Значи вашиот бизнис

непотребно го финансира вашиот снабдувач со плаќање на стока која ќе

стои во Вашиот магацин се додека не се продаде. Доколку вашите

залихи опфаќат период од 6 месеци продажба вие 6 месеци однапред

имате врзано пари кај вашиот снабдувач.

Магацин. За поголемо ниво на залихи ќе морате да имате поголем

магацински простор. Поголемиот магацинси простор бара повеќе пари за

одржување. Доколку изнајмувате ќе треба да платите повеќе. Сето ова

ќе ги зголеми трошоците на вашиот бизнис.

Осигурување. За поголеми залихи и ризикот од некоја штета е поголем.

За да го намалите ризикот ќе го осигурате вашиот магацин.

Осигурувањето е поскапо за поголема вредност на стоката која се наоѓа

во вашиот магацин.

Застарување. За голем број на стоки постои опасност од застарување.

Ова посебно се однесува за сезонски стоки. Доколку не се продадат во

7

Page 8: Залихи- Маркетинг логистика

период на сезона остануваат за наредна година. На ваков начин ќе

имате заробено пари во стока која цела година нема да ја продадете и ќе

постои можност наредната сезона таа стока да е веќе застарена и да ја

продавате по пониска цена. Дали ќе ги извадите трошоците за таквите

производи?

Предности на оптимални залихи

Кои ќе бидат предностите од оптимално ниво на залихи што ќе се добијат со

соодветен систем за управување со залихи?

Оптималните залихи ги имаат следниве предности:

Помалку врзани пари во данок

Помалку врзани пари кај снабдувачи

Помали трошоци за магацин

Помали трошоци за осигурување

Помала веројатност за застарување на производите што ги имате на

залиха

Оптимално ниво на нарачки и постојано подобрување на времетраењето

на нарачките

Нема да се изгубат потрошувачите бидејќи во секој момент ќе биде

задоволена нивната потреба

Добивање на количински попусти

Помали транспортни трошоци

Последно но и најважно, преголеми залихи ги прекриваат проблемите во

другита аспекти на бизнисот. На пример, преголеми залихи го покриваат

проблемот во системот на набавка (синџирот на набавка), го покриваат

проблемот со шкарт кај производствените претпријатија. Со оптимално ниво на

залихи ќе се овозможи овие проблеми да излезат на вделина и да се

решаваат, а од друга страна овозможува постојано подобрување на севкупните

бизнис процеси. Ова во научната литература најчесто се опишува во вид на

езеро со вода, при што кога езерото е полно (вода претставува залихи) ги

прекрива гребените кои претставуваат проблеми.

8

Page 9: Залихи- Маркетинг логистика

1. Остварување економија на обем

Чувањето залихи е неопходно ако фирмата сака да оствари економија на

обем во купувањето, транспортот и производството. На пример, залихите во

суровини се неопходни ако производителот сака да оствари предност преку

намалување на цената по единица производ на купената количина на

суровини.

Меѓутоа, кога купената количина е особено голема, најчесто договорот за

купување се изготвува на годишно ниво, а не за пооделни порачки. Купените

материјали имаат пониски транспортни трошоци по единица производ ако се

порачани во поголеми количини, како резултат на тоа што за исполнето

транспортно средство се добиваат пониски цени.

Многу е слична состојбата кога е во прашање чувањето на готови производи на

залиха.

2. Израмнување на понудата и побарувачката

Како резултат на сезонскиот карактер на поодделни производи доаѓа до

зголемена побарувачка или понуда во определен временски период. Бидејќи

производството најчесто се одвива рамномерно, за зголемена побарувачка во

определен период неопходно е чување на залихи. Пример, за празници како

што се Нова Година, Велигден, се зголемува побарувачката за зголемени

производи, но тоа не значи дека производителите треба да ги зголемат своите

капацитети и да произведуваат повеќе во тој период.

3. Специјализација на производството

Пред секоја фабрика која се наоѓа на определена локација постои

можност да се специјализира за производство на определени производи, а

готовите производи од секоја фабрика да се отпремуваат во големо мешовито

складиште од кое купувачите нарачуваат стока, или пак истата се испорачува

до складиштата близу до местото на потрошувачката.

Заштедите преку подолгиот производен тек и во транспортните трошоци се

поголеми од трошоците што се прават со дополнителни ракувања со стоката.

9

Page 10: Залихи- Маркетинг логистика

4. Заштита од неизвесност на побарувачката

Во ситуација кога се очекува зголемување на цените на определени

суровини или пак потенцијален недостиг на истите на пазарот, како и за

производи коишто имаат сезонски карактер на понудата (особено на

определени прехранбени производи како овошје, зеленчук и др.) се

препорачува чување на залихи на суровини во прекумерна количина.

Согласно причините за одржување залихи на суровини (обезбедување

континуитет на процесот на производство), трошоците за чување залихи треба

да се споредат со остварените заштеди или пак со трошоците кои не се

направиле заради тоа што имало залихи.

Залихите на полупроизводи и материјали кои се чуваат поради тоа што

не може сите операции во процесот на производство да се извршуваат во исто

време, исто така, служат за обезбедување на континуитет на процесот на

производство.

Чувањето залихи во производниот процес дозволува максимално

економично производство без запирање на работата. Заради тоа, менаџментот

континуирано треба да работи на елиминирање на тесните грла во

производството коешто се остварува единствено со чување залихи на

материјали и полупроизводи.

За успешно спроведување на процесот на производство, а бидејќи

недостигот од суровини може да ја запре производната линија или да води кон

промена на распоредот на производството од особено значење е планирањето

на залихи. Во случај на недостиг може да дојде до зголемување на трошоците

или пак намалување на бројот на готови производи.

Но, притоа треба секогаш да се има предвид дека додека недостигот од

суровини може да го прекине нормалното одвивање на производството,

прекумерните залихи може да ги зголемат трошоците и да ја намалат

профитабилноста на фирмата заради тоа што се зголемуваат трошоците за

чување на залихите.

Залихите на готови производи се користат како средство за

подобрување на нивото на услуга на потрошувачите со намалување на

веројатноста од недостиг на производи како резултат на непредвидена

побарувачка. Тенденција е залихите да се чуваат на оптимално ниво согласно

со очекуваната побарувачка.

10

Page 11: Залихи- Маркетинг логистика

5. Амортизер низ снабдувачкиот синџир

Залихите се чуваат низ синџирот за да ги амортизираат следниве

критични состојби:

- понудувач - купувач

- купување - производство

- производство - маркетинг

- маркетинг - дистрибуција

- дистрибуција - посредници

- посредници - купувач/корисник

Бидејќи членовите на снабдувачкиот синџир се географски разделени

неопходно е да се чуваат залихи низ синџирот за успешно да се оствари

саканата корисност во време и место.

11

Page 12: Залихи- Маркетинг логистика

Сликата покажува вообичаена позиција на залихи во снабдувачкиот синџир

составен од:

понудувач - производител - трговија на мало - потрошувач.

На крај, би можеле да заклучиме дека основната функција на залихите

претставува ублажување или отстранување на временската и пространата

неусогласеност помеѓу снабдувањето на производството, производството и

потрошувачката.

Финансиски аспекти на политиката на залихи

Квалитетот на управувањето со залихите и политиката на залихи што ја

води фирмата има значајно влијание врз профитабилноста на фирмата и

способноста на менаџментот да ги утврди и имплементира најниските вкупни

трошоци на логистиката.

Залихите претставуваат значаен дел од средствата на фирмата. Како резултат

на тоа, прекумерно ниво на залихи може да ја намали профитабилноста на два

начини:

1. Се редуцира нето добивката заради трошоците поврзани со чувањето

залихи како што се: осигурување, сместување, застарување, расипување и

трошоци за камати ако фирмата позајми пари, особено ако со тие пари ги

финансира залихите.

2. Вкупните средства растат во износ на инвестицијата во залихите, со што се

намалува обртот. Ова резултира со редукција на поврaтокот на средства и

повратокот на нето вредноста.

Определување на нивоата на залихи (трошоци на залихи)

На трошоците поврзани со залихите треба да им се обрнува посебно

внимание особено заради тоа што:

- Претставуваат значајна компонента на вкупните логистички трошоци во многу

компании.

12

Page 13: Залихи- Маркетинг логистика

- Нивото на залихи што го одржуваат фирмите во рамките на логистичкиот

систем ќе влијае врз нивото на услуги што фирмата ги обезбедува за нејзините

потрошувачи.

- Одлуките за рамнотежа на трошоците (оптимални залихи) во логистиката

постојано зависат и влијаат врз трошоците за чување залихи.

Откако фирмите ќе го определат саканото ниво на услуга на купувачите

што ќе ја понудат по специфични цени, тие одлучуваат за бројот и локацијата

на просторот каде што ќе ги чуваат своите залихи, како и за нивното ниво.

Нивото на залихи што една фирма ќе го чува и одржува е поврзано со трошоци

што се прават и тоа:

- Трошоци за набавка на залихи

- Трошоци за чување и одржување на залихи

- Трошоци за недостиг од залихи

Менаџерот кој управува со логистичките активности мора да утврди ниво

на залихи кое ќе ги минимизира вкупните трошоци.

Трошоците поврзани со количината на сместени залихи вклучуваат

голем број различни трошковни компоненти и главно претставуваат едни од

највисоките трошоци на логистиката.

Големината на овие трошоци и фактот дека нивоата на залихи се под

влијание на конфигурацијата на логистичкиот систем ја покажува потребата за

една нивна точна проценка. Но за несреќа, во голем број компании трошоците

за чување залихи никогаш не се пресметуваат, или пак ако се пресметуваат

најчесто ја вклучуваат само тековната каматна стапка и трошоците за

осигурување. Покрај тоа, некои менаџери го користат просекот на индустријата

што е исто така доста проблематичен начин на пресметување.

Трошоци за набавка на залихи

Овој вид трошоци, се всушност капитални трошоци, односно вложувања

во залихи. Тоа се финансиски средства (сопствени или позајмени) кои би

можеле да се употребат за некоја друга инвестиција, или таканаречен опортун

трошок. Опортуниот капитален трошок на фирмата претставува стапка на

13

Page 14: Залихи- Маркетинг логистика

повраток што би се реализирала преку некој друг начин на употреба на парите.

На ваков начин може точно да се пресметаат вистинските трошоци.

Ако ги разгледуваме залихите од аспект на ликвидноста на фирмата,

истите претставуваат обем на ангажирани финансиски средства. До нивната

продажба и наплата ликвидноста на фирмата е намалена пропорционално со

висината на средствата вложени во залихи и тоа важи и за производствените и

за трговските фирми. Оттука произлегува дека на подобрување на ликвидноста

на фирмата може да се влијае преку минимизирање на залихите. Но, од друга

страна ова нема позитивно да се одрази на економичноста на фирмата заради

тоа што минималните количини на набавки се во принцип неекономични, со

што повеќе се губи со плаќањето на повисока цена на суровините и

материјалите отколку што се заштедува со чувањето минимални залихи.

Трошоци на чување залихи

Трошоците за чување залихи кои варираат зависно од количината на

залихи може да се категоризираат во следниве групи:

1. Трошоци за услуги поврзани со залихите

Во рамките на овие трошоци спаѓаат трошоците за осигурување на залихите од

пожар и кражба кои што се пропорционални трошоци, односно, зависат од

количината на складираната стока.

2. Трошоци за простор за сместување

Во рамките на овие трошоци спаѓаат трошоците што се прават за сместување

на залихите коешто може да се реализира во:

• фабрички складишта. Во овој случај трошоците за складишниот простор во

основа се фиксни и заштеда на нив може да се постигне со што е можно

порационално користење, односно, со сведување на ангажираниот приостор на

реално потребниот обем.

• јавни складишта. Давачките кај овој вид складишта обично се поврзани со

износот на производи кои се движат во и надвор од складиштето (давачки за

ракување) и износот на залихи чувани во складот (давачки за сместување)

• изнајмени складишта. Овие складишта обично се изнајмуваат за определен

период на време. Износот за изнајмување се заснова на вкупни барања за

складирање за време на периодот за кој стоката е во складот. Тоа значи дека

давачките не варираат од ден на ден со промените на нивото на залихите.

14

Page 15: Залихи- Маркетинг логистика

• сопствени складишта на фирмата - трошоците за овој вид складишта се во

основа фиксни.

3. Трошоци поврзани со ризици што произлегуваат од залихите

Овие трошоци варираат од фирма до фирма но обично вклучуваат

давачки за застарување, оштетување, намалување (одлевање) и реалокација

на залихите.

• Трошоците на застарување претставуваат трошоци за секоја единица

производ кој не може да се продаде по редовна цена. Тие ја претставуваат

разликата меѓу реалните трошоци по единица производ или реалната

продажна цена и намалената продажна цена на производот.

• Трошоци од оштетување се пресметуваат само за оние производи на кои има

некакви оштетувања.

• Трошоци за одлевање на залихите како резултат на кражби се доста значајни

и се поврзани со трошоците што се прават за обезбедување на залихите.

• Co цел да се избегне застарување на производите на залиха, може да се јави

потреба од преместување на производите во складишта кои се наоѓаат

поблиску до пазари каде што за истите постои побарувачка.

Трошоци заради отсуство на залихи од определен производ

Во случај кога купувачот сака да купи определен производ a него го нема

во продавницата, се соочуваме со таканаречени негативни залихи кои

предизвикуваат определени трошоци. Овие трошоци тешко се определуваат но

се реални.

Во случај на недостиг од залихи, може да се јават следниве ситуации:

• Одложување на продажбата

• Губење на продажбата

• Губење на купувачот

Bo првиот случај за фирмата нема трошоци бидејќи станува збор за

лојални купувачи кои ќе дојдат повторно да го купат производот кога истиот ќе

го има во продавницата.

15

Page 16: Залихи- Маркетинг логистика

Во вториот случај станува збор за губење профит кој би се остварил ако

купувачите би го купиле производот кој во периодот кога го барале им бил

достапен.

Третиот случај, кога доаѓа до губење на потрошувачите е најлош.

Потрошувачот има можност да го проба производот на конкуренцијата и да

заклучи дека тој претставува добра замена за оној производ кој претходно го

барал. На ваков начин потрошувачот е изгубен, a ce прават и дополнителни

трошоци во борбата за создавање нови лојални потрошувачи

.

Категории залихи

За подобро проучување на структурата на залихите истите ќе ги

поделиме во неколку категории и тоа:

• Тековни залихи – количини со кои се врши надополнување на постојното

ниво на залихи. Тие се потребни со цел да се задоволи побарувачката во

услови на извесност, односно во ситуација кога фирмата може сосема точно да

ја предвиди побарувачката како и времето потребно за нова набавка. На

следната слика е дадена стратегија за повторна набавка кај која просечните

залихи се наоѓат на ниво кое се поклопува со линијата која почнува од точката

Д.

• Транзитни залихи се залихи што се на пат од една до друга локација. Тие се

дел од цикличните залихи во периодот од нивното стигнување во складиште

додека се уште не се подготвени за продажба.

• Сигурносни залихи се чуваат како количина над цикличнитe залихи од

причина што најчесто постои неизвесност кога е во прашање идната

побарувачка и времето потребно за нова набавка (lead time) . На ваков начин,

просечните залихи на местото на складирање во услови на варијабилна

побарувачка и време потребно за набавка на нови количини се еднакви на

половината од порачаната количина плус сигурносната залиха.

• Сезонски залихи претставуваат акумулација на залихи пред да почне сезона

со цел да оддржи стабилност на работната сила и стабилен производствен

процес.

16

Page 17: Залихи- Маркетинг логистика

Минимум и максимум во формирањето залихи

Континуитетот во работењето на компаниите се остварува по правило со

залихи кои количински се движат меѓу минимумот и максимумот. Во врска со

тоа може да се зборува за минимални и максимални залихи. По својата

функција минималните залихи имаат карактер на резервни, додека залихите

над минималните до нивото на максималните залихи, имаат карактер на

тековни залихи. Потрошувачката на минималните, односно резервните залихи

настапува само по исцрпување на тековните залихи. Такви ситуации

настануваат по правило, при нарушување на рамнотежата во набавката и

обновувањето на залихите.

17

Page 18: Залихи- Маркетинг логистика

Co дефинирање на минимумот и максимумот се избегнуваат екстремите

во формирањето на залихи: недоволност и прекумерност. Овие екстреми

настануваат, заради нереално поставени норми на залихите, непридржување

на планот на набавка, отстапувањата од планираната продажба на стоката и

т.н. Без оглед на причините на овие појави последиците се, по правило,

негативни.

Управување со залихите

Залихите претставуваат големо и скапо вложување поради што е

неопходно да се управува со нив. Управувањето со залихите и нивната

контрола претставува клучна активност во рамките на процесите на деловната

логистика. Притоа, за постигнување успешни резултати во рамките на

логистичката функција најзначајно е ефективно и ефикасно управување со

залихите.

За сите компании денес приоритетно е координирањето на логистичките

процеси и изнаоѓањето начини за подобрување на услугите на потрошувачите

преку намалување на нивоата на залихи низ целиот логистички канал.

Прогресивните пристапи во логистиката сугерираат дека секогаш кога тоа е

можно треба да бидат елиминирани прекумерните трошоци за чување залихи.

18

Page 19: Залихи- Маркетинг логистика

СИСТЕМИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

Системите за управување со залихи се основа да стигнете на оптимално

ниво. Овие системи подразбираат, следење, листање, анализа и групирање на

производите и материјалите во одредени групи на производи и материјали.

Оваа групирање ќе ви овозможи да се насочите на најпотребните производи

(секогаш да имате доволно на залиха од нив) додека оние најнепоребните да

ги одржувате на минимално ниво. Овие системи најчесто се употребуваат во

производствените претпријатија, но соодветна примена може да најдат и во

малпродажба, големопродажба и услужниот сектор бидејќи сите индустрии и

типови на бизниси работат со одреден вид на залихи.

Системот за управување со залихите треба да ги избалансира следниве

конфликтни потреби:

1. Економично производство или економична работа на бизнисот

2. Брза испорака

3. Ниска вредност на залихите

Анализа и контрола на залихите

Имајќи го предвид фактот дека залихите претставуваат специфичен вид

на инвестиција која има големо влијание врз рентабилноста и работниот успех

на секоја компанија произлегува потребата од нивна континуирана анализа и

контрола. Со тоа се создаваат услови за следење на залихите и

прилагодување на набавката на нивното одлевање. За таа намена посебно се

погодни два инструмента: брзината на обртот на залихите и методот ABC.

 Постојат различни системи за контрола на залихите:

ABC АНАЛИЗА

Веќе пишувавме за 80/20 правило кое во управувањето со залихи или

материјали е познато како ABC анализа (Always Better Control – Секогаш

подобра контрола). Класификација на артикли со ABC методата се врши така

што асортиманот (вкупни артикли) се дели на три сегмента. Во првиот сегмент

А се артикли кои се процентуално најмалку застапени да речеме околу 20 % во

19

Page 20: Залихи- Маркетинг логистика

вкупниот промет, а носат голем приход на бизнисот, на пример 70%. Во група

B, е поголема количински на пример 30 % или вкупно 50%, но во прометот

учествува со видливо помал процент на пример 20 % или вкупно 90 %. Група C,

може да биде и 50 % или вкупно 100 %, а вредносно само 10 %, да учествува

во прометот, односно профитот. Значи ABC анализата се базира на просечна

вредност на потрошувачка.

HML АНАЛИЗА

Втор систем кој се користи за контрола на залихите претставува HML

анализата (High – Средна, Medium – Средна, Low – Ниска вредност). Овој

метод е сличен со ABC анализато со таа разлика што класификацијата на

материјалите или производите се врши во однос на вредноста на единица

производ наместо на просечна потрошувачка. Така да имаме единици со

висока, средна и ниска вредност. Ова се користи за да се контролира куповната

вредност на производите. Комбинацијата на ABC анализа и HML анализа ќе ни

даде добри резултати зошто ќе ги земеме во предвид потрошувачката и

вредноста на залихите. HML Анализта може да има примена и во

класификација на Вашите купувачи. На овој начин ги делите купувачите како:

Heavy – Тешки купувачи, кои се најинтензивни купувачи во Вашиот

бизнис. Обидете се да ги задржите преку наградување, посебен третман,

разни повластици итн.

Medium – Просечни купувачи, кои се средно интензивни купувачи на

Вашите производи и или услуги. Обидете се да ги префрлите во

категорија на тешки купувачи преку маркетинг стратегија и тактика

давајќи им можност за посебен ретман доколку преминат во првата

категорија.

Light – Слаби купувачи, кои се најслабо интензивни во купување. Вашата

цел е да ги префрлите во втора па потоа во ретата категорија на

купувачи.

Доколку ги поделите Вашите потрошувачи или пак залихите на овие

категории ќе ја видите сегашната состојба на Вашиот бизнис и насоките кои ќе

20

Page 21: Залихи- Маркетинг логистика

треба да ги превземете во функција на подобрување на Вашиот бизнис во

однос на продажба и во однос на непотребните залихи.

 VED КЛАСИФИКАЦИЈА

Претходните две методи класификацијата на важноста на производите и

материјалите ја изведуваат врз база на просечна потрошувачка (ABC анализа)

и вредноста (HML Анализа). Но, и двете методи не ја покажуваат критичноста.

Затоа VED класификацијата се изведува врз основа на критичноста која е на

функционална основа. Степенот на критичноста се поставува врз основа на тоа

дали производите или материјалите се витални за производствениот процес

или пак бизнис процесите (доколку се работи за непроизводствен бизнис), дали

тие се значајни или пак посакувани. Акронимот VED e добиен согласно Vital - 

Витални, Essential – Значајни и Desirable – Посакувани. Значи со оваа

класификација ќе ги поделите залихите на витални, значајни и пожелни. За

производите и материјалите кои спаѓаат во групата V се одржува повисоко

ниво на залихи, додека најмало ниво се одржува за оние кои спаѓаат во групата

D. Исто така и оваа метода е пожелно да се комбинира со АBC анализа за да

се добијат подобри резултати во систем за управување со залихите.

FSN АНАЛИЗА

Последниот систем или алатка за управување на залихи што ќе го

претставиме тука е FSN анализта. До сега разгледавме класификации во однос

на потрошувачка вредност, во однос на единечна вредност и во однос на

критичноста, додека FSN класификацијата се врши во однос на движењето на

производите и материјалите низ производствениот или бизнис процесот. Оваа

анлиза го разгледува движењето на производите од залихите во магацинот во

определен временски период. Производите и материјалите се класифицираат

врз основа на потрошувачката и просечно останување во залиха. Така да тука

се врши класификација на Fast – Брзо движечки, Slow – Споро движечки и Non

– недвижечки производи и материјали. Откако ќе ги класифицираме

производите и материјалите на ваков начин потребно е најповеќе залихи да

имаме за брзо движечките означени со F додека најмалку да имаме на оние

означени со N.

21

Page 22: Залихи- Маркетинг логистика

ЗАКЛУЧОК

Во современото деловно опкружување доминираат трговските

активности. Денеска, повеќе од кога било порано, крајните потрошувачи

очекуваат од производите и од трговскитепретпријатија константна понуда

на производи со висок квалитет, во широк асортиман и поповолна цена.

Но, без оглед на очекувањата на потрошувачите за конзистентно висок

квалитетна понудените добра, анализирањето на залихите од

чисто сметководствен аспект е условено од видот на деловниот ентитет од

каде што тие потекнуваат. Имено, разликите во активностите на

трговските визави производствените претпријатија се рефлектираат и 

на презентиранитеподатоци во финансиските извештаи. Залихите не се

исклучок од ваквите специфичности во презентирањето на податоците.

22