6
Учење низ игра Децата тргнуваат на училиште во шестата година и стануваат ученици. За нив почнува нов животен период. Секој учител носи голема одговрност со цел како да им се приближи на учениците, како да го привлече нивното внимание, како да направи да им биде пријатно и интересно учењето и училиштето. Истражувањата докажале дека играта е едно од решениата за ваквите прашања. „Помеѓу детската игра и работата нема остри граници.“ Во играта детето развива разни вештини и стекнува работни навики, па затоа прифаќа се повеќе потешки задачи. Така детето преку играта постепено, преминува на разни форми на активности кои ги вбројуваме во неговите работни задачи. Искуствата покажуваат дека играта во наставата може да се употребува дури до завршните одделенија на средното образование. Играта е активност која е карактеристична за детсвото, но таа подеднакво ги привлекува и возрасните. Човекот и во играта и во слободната работа избира активност која му е попријатна и ја извршува се додека го исполнува со задоволство. И во работата и во играта постојат одредени правила кои човекот мора да ги почитува. Играта во наставата Многу автори ја истакнуваат важноста на играта во наставата ( Komensky, Frobel ), а и на нас практичарите ни е познато дека кај децата постои силна желба и способност за разбирање и учење. Тоа го обврзува учителот да осмислува наставни активности и ситуации кои ќе ги поттикнуваат учениците на учење, ќе будат интерес за спознавање на новото со крајната цел на креативната работа. Учењето низ игра е еден од начините кој не води кон таа цел и потребно е да се гради на детскиот интерес и така да се користи како еден од изворите на мотивација. Во одделенската настава играта можеме да ја користиме како вовед во наставната содржина, при усвојување на нови наставни содржини, нивното повторување, увежбување или проверување. Можеме да ги користиме и во индивидуалната работа со учениците, работа во парови или групна работа. Играта во наставата го привлекува вниманието на ученикот, но може да биде сфикасна само под водство на добри и стручни учители. Фурлан наведува и можни предности на играта и како форма на учење: - многу е лесно да се постигне најголема можна концентрација и внимание ( сите имаме искуство со своите одделенија дека учениците се многу концентрирани кога наставните содржини се усвојуваат, повторуваат или увежбуваат со помош на игра)

Играта во наставата

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Играта во наставата

Учење низ игра Децата тргнуваат на училиште во шестата година и стануваат ученици. За нив почнува нов животен период. Секој учител носи голема одговрност со цел како да им се приближи на учениците, како да го привлече нивното внимание, како да направи да им биде пријатно и интересно учењето и училиштето. Истражувањата докажале дека играта е едно од решениата за ваквите прашања. „Помеѓу детската игра и работата нема остри граници.“ Во играта детето развива разни вештини и стекнува работни навики, па затоа прифаќа се повеќе потешки задачи. Така детето преку играта постепено, преминува на разни форми на активности кои ги вбројуваме во неговите работни задачи. Искуствата покажуваат дека играта во наставата може да се употребува дури до завршните одделенија на средното образование. Играта е активност која е карактеристична за детсвото, но таа подеднакво ги привлекува и возрасните. Човекот и во играта и во слободната работа избира активност која му е попријатна и ја извршува се додека го исполнува со задоволство. И во работата и во играта постојат одредени правила кои човекот мора да ги почитува.

Играта во наставата

Многу автори ја истакнуваат важноста на играта во наставата ( Komensky, Frobel ), а и на нас практичарите ни е познато дека кај децата постои силна желба и способност за разбирање и учење. Тоа го обврзува учителот да осмислува наставни активности и ситуации кои ќе ги поттикнуваат учениците на учење, ќе будат интерес за спознавање на новото со крајната цел на креативната работа. Учењето низ игра е еден од начините кој не води кон таа цел и потребно е да се гради на детскиот интерес и така да се користи како еден од изворите на мотивација. Во одделенската настава играта можеме да ја користиме како вовед во наставната содржина, при усвојување на нови наставни содржини, нивното повторување, увежбување или проверување. Можеме да ги користиме и во индивидуалната работа со учениците, работа во парови или групна работа. Играта во наставата го привлекува вниманието на ученикот, но може да биде сфикасна само под водство на добри и стручни учители. Фурлан наведува и можни предности на играта и како форма на учење:

- многу е лесно да се постигне најголема можна концентрација и внимание ( сите имаме искуство со своите одделенија дека учениците се многу концентрирани кога наставните содржини се усвојуваат, повторуваат или увежбуваат со помош на игра)

- емоционланиот став на децата кон играта е повеќе позитивен одколку кон „сериозното“ учење

- активноста на децата е многу голема отколку во некоја друга форма на учење (учениците во играта се соживуваат, се движат, зборуваат, сите учествуваат па и активноста е поголема)

- учените содржини децата подобро ги паметат ако ги научат преку игра- во играта децата помалку се уморуваат – учениците често зборуваат дека

наставниот час кој се одвива преку игра трае прекратко и дека премногу брзо поминува)

Играта дава големи можности за развој и соработка помеѓу децата. Учениците се учат да почитуваат правила, да ги споделуваат меѓусебните успеси и порази. Користењето на играта во наставниот процес бара и поголема креативност на учителот. Ушителот мора да знае зошто внесува некоја игра во наставата и што сака да постигне со таа игра т.е. кои компетенции сака да ги развие кај ученикот. За да се употреби играта најцелисходно најважно е прво да ги запознаеме потребите на

Page 2: Играта во наставата

учениците. После тоа, играта треба да ја прилагодиме на возраста на учениците и нивните интелектуални способности. Добро осмислената игра може да поттикне многу жива, динамична и разновидна активност на ученикот. Преку играта ги развиваме и личните (трудољубивост, самоодговорност, креативност, комуникација, трпеливост...), и социјалните (емпатија, доверба, почит, спремност да се помогне, прифаќање...) компетенции кај ученикот.

Играта во наставата по македонски јазик

Со слушање и имитирање на возрасните говорници детето влегува во јазичната комуникација. Покасно во тој процес го вклучува повторувањето и разбирањето, а после тоа и самостојното зборување. Особено е важно да се поттикнува развојот на четирите јазични вештини: слушање, говорење, читање и пишување (јазично-комуникациско подрачје). Голема е вредноста од примената на игри во процесот на учење на нови зборови, усвојување на нови јазични поими, а особено при увежбување и примена на наученото во комуникациски ситуации. Значајно е учениците да се поттикнуваат на активности со зборување. Во тоа можат да ни помогнат кукли и игри со нив во наставните ситуации на часовите по литература, јазик, изразување и творење и медиумска култура. Куклите можат да допринесат за поквалитетна комуникација помеѓу учениците, на релацијата ученик – учител, можат да ги обогатат традиционалните методи, а куклената игра може да пронајде креативен пат на учењето во планот и програмата за одделенска настава.Детското учење ќе биде силно мотивирано и ефективно, ако куклите ги употребиме како наставно помагало. Куклената игра му овозможува на детето да го развие естетското, когнитнивното, социјалното и емоционалното чувство и во самото тоа е нејзината вредност (уметничко подрачје). Куклата е пријател на детето со чија помош тоа го анализира светот околу себе и во себе. Врз детето остава големо влијание така што многу пати куклениот збор има посилно дејство отколку зборот на учителот. Куклите можат да ги изработат самите ученици, можеме да анимираме секојдневни предмети и да ги пренесеме во куклената игра и така да ја обогатиме куклената комуникација во рамките на наставата. Ќе забележиме дека учениците изведуваат активности кои им се забавни, пријатни, исполнети со задоволство, а покрај тоа и учат.

Примери на игри во наставата по македонски јазик

Игри со потсетување: Куклата ги воведува учениците во приказна. Раскажува свое искуство од летните/зимските/пролетните празници, а учениците изнесуваат свое искуство. Почнува играта со потсетување. Куклата дава пример, а учениците продолжуваат: За летните празници бев... Како изгледам, што правев, како се чувствував, со кого се дружев, кои игри ги играв...

Јас во зимските празници бев...Јас сум шарен цвет во тревата...Јас сум јагода во шумата...Јас сум пчела во кошница...

После потсетувањето учениците можат да продолжат со игра со зборови. Куклата кажува збор, а учениците збор со спротивно значење (мал – голем, топло-ладно), куклата именка, а учениците во намалена форма (пчела – пчеличка...). Врзо основа од низата од зборови кои ги задава куклата, учениците можат да продолжат да

Page 3: Играта во наставата

создаваат игра, да осмислуваат костими, да изработуваат кукли, да договараат звуци и сл., и на тој начин да ја изведуваат играта во училницата.

Играта во наставата по математика

Сметам дека играта е многу важна и на часовите по математика (математичко подрачје). Еден математичар рекол: „Математиката во никој случај не е здодевна и без фантазија, туку напротив, таа е како благородна девојка која возвраќа со љубов на оној кој ја разбира и ја сака.“ Математиката се учи со решавање задачи, решавање проблеми од секојдневниот живот. Учениците низ игра решаваат многу задачи, а не се ни свесни за самото тоа. Радосните лица на нашите ученици секојдневно ни го покажуваат нивното внимание, заинтересираност и задоволство при решавањето на задачи преку игра. После часовите на кои сме користеле игра како метод на поучување зборовите на нашите ученици се: „Учител/учителке, па само си игравме!“ или „Зарем веќе заврши часот?“ или „Јас дури и не забележав колку многу задачи сум решил. Гледај, наполнив две страници со задачи.“Родителите воочиле радост кај децата кои учат поттикнати со примена на игра во наставата. При осмислувањето на игрите за развој на личните и социјалните компетенции, на децата треба често да им задаваме игри кои од порано им се познати во детскиот свет, игри од телевизиски емисии, игри од средината која ги опкружува како и некои компјутерски игри ( техничко и информатичко подрачје).

Примери на игри во наставата по математика

а) Математичка меморијаУчениците ги делиме во две групи. Ќе исечеме 20 картички со еднаква големина во две бои (две екипи). На десет картички запишуваме бројки, а на другите десет задачи кои одговараат на броеви од претходните катички. На клупа ги поставуваме картичките со лицето завртени према клупата. Првиот уграч превртува две картички и ги остава на нивното место. Доколку по некоја случајност ако завртената картичка (задача) одговара на решението што го дава другата картичка, ги зема двете картички и превртува други две. Но доколку завртел картички кои не даваат точно решение, тогаш двете картички повторно ги завртува со лицето кон клупата и следува нареден играч. Играта продолжува се додека на „исчезнат“ сите картички. Победник е групата која побргу ќе ги открие сита парови од картичките.

б) Математички „Човече, не лути се“Учениците ги делиме во четири групи. На секоја група и даваме примерок за играта Човече, не лути се! Им делиме на учениците пиуни и коцки. Потребно е на учениците да им се објаснат правилата на играта: Кога играчот ќе ја фрли коцката и ќе го придвижи пиунот на соодветното поле, наглас треба да прочита задача, да ја запише во својата тетратка, да ја реши и на глас да го каже резултатот. Сите играчи ја решаваат задачата на ученикот за да го контролираат решението. Доколку играчот точно одговори, на ред е следен играч. Доколку неточно одговорил, за казна се враќа едно поле назад, чита задача од тоа поле (ако е зададена), ја решава задачата и играта продолжува понатака. Ако на полето на кое се враќа има друг пиун, не треба да го „турне“ туку го прескокнува, т.е. се враќа уште едно поле назад.

в) ПикадоУченикот од одредено растојание со топче се обидува да го погоди пикадото. Зависно кое поле ќе го погоди, на картон кој е прицврстен на таблата ја бара својата задача, ја решава и гласно на својата група им го соопштува резултатот. Ако точно

Page 4: Играта во наставата

ја решил задачата освојува бод. Победник е оној ученик од групата кој точно решил најмногу задачи. Сите ученици во групата решаваат задачи во своите тетратки за да можат да го контролираат ученикот кој во моментот решава задача.

г) Математички синџирПотребно е да се изработат онолку картички колку што има ученици во одделението. Еден ученик ја почнува играта читајќи задача од својата картичка, на пример: Мојот број е 6. Кој има број кој е пет пати поголем од мојот број? Ученикот кој на својата картичка го има бројот 30 се јавува и продолжува да ја чита својата задача од картичката. Можат да се комбинираат различни задачи и различни активности со премстување. Учениците читајќи и решавајќи задачи се редат во круг „синџир“.Ако сите ученици ја следеа играта и точно пресметуваа, ланецот се затвара со задниот и првиот играч.

Мојот број е 3

Кој има број кој е за десет пати поголем од мојот број?

Мојот број е 30

Кој има број кој е за 3 пати помал од мојот број?

Мојот број е 10

Кој има број кој е за 2 пати поголем од мојот број?

Мојот број е 20

Кој има број кој е за десет пати помал од мојот број?

Мојот број е 2

Кој има број кој е 6 пати поголем од мојот број?

Заклучок

Играта за учениците е најприродниот и најинтересниот метод на учење. Низ играта ги откриваат своите можности, ги развиват способностите и вештините, стекнуваат искуства, учат и создаваат. Таа им ја поттикнува имагинацијата и креативноста. Со нејзина помош полесно е да се постигне поголема концентрација на вниманието, а научените содржини учениците подолго ги паметат и полесно ги применуваат во нови ситуации. Со ова излагање сакав само да покажам како играта може да придонесе за развој на личните и социјалните особини на ученикот, на кои токму нив наставниот план и програма им дава посебно место. И ние учителите, се чувствуваме радосно, пријатно и задоволно кога користиме игра во наставата бидејќи се очигледни и воспитно-образовните постигања на нашите ученици.