7
Библијата и Александар Македонски Среда, 04 Ноември 2009 03:00 Денес, ние сме сведоци на тоа дека сакаат да ни го одземат нашето минато и да ја изменат нашата историја. Меѓутоа ние не треба да го дозволиме тоа, затоа со целосна сигурност и аргументи треба да го потврдиме и одбраниме нашиот став. Често поставувано прашање е прашањето за тоа од каде потекнува Александар Македонски? Кој е Александар Македонски? Александар Македонски е син на Филип и роден 356 -323 год п.н.е. Тој се истакнал како најголем освојувач во целокупната историја на човештвото. На дваесет години по убиството на неговиот татко Филип, Александар станал цар на Македонија, цар на сите цареви. За прв пат во библијата, во вид на пророштво,се споменува за Александар Македонски, во книгата на пророкот Даниил. Во истата книга се споменува како царот на Јаван. Еврејскиот збор Јаван сосем произволно е преведен со грчкиот збор ELLHNON. 1 / 7

Библијата и Александар Македонски

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Библијата и Александар Македонски

Библијата и Александар МакедонскиСреда, 04 Ноември 2009 03:00

Денес, ние сме сведоци на тоа дека сакаат да ни го одземат нашето минато и да јаизменат нашата историја. Меѓутоа ние не треба да го дозволиме тоа, затоа со целоснасигурност и аргументи треба да го потврдиме и одбраниме нашиот став.

Често поставувано прашање е прашањето за тоа од каде потекнува АлександарМакедонски? Кој е Александар Македонски?

Александар Македонски е син на Филип и роден 356 -323 год п.н.е.

Тој се истакнал како најголем освојувач во целокупната историја на човештвото. Надваесет години по убиството на неговиот татко Филип, Александар станал цар наМакедонија, цар на сите цареви.

За прв пат во библијата, во вид на пророштво,се споменува за Александар Македонски,во книгата на пророкот Даниил. Во истата книга се споменува како царот на Јаван.Еврејскиот збор Јаван сосем произволно е преведен со грчкиот збор ELLHNON.

1 / 7

Page 2: Библијата и Александар Македонски

Библијата и Александар МакедонскиСреда, 04 Ноември 2009 03:00

Најверојатно александриските преведувачи биле под влијание на своето елинистичкорасположение и затоа сметале дека е потполно нормално да го изедначат со ELLHNONи така Александар Македонски од цар на Јаван бил претворен во цар на Грцијареспективно на Грците. Меѓутоа ние знаеме од Родословната таблица дека воРодословието на Јаван не се сместени само Грците (Елиса), туку и Тарсис (Шпанците),Китим (жителите на древна Македонија) и Доданим (жителите на Родос и на соседниотмалоазиски брег), така што, нарекувајќи го Александар Македонски "цар на Јаван"авторот на Книгата на пророкот Даниил сосем немал намера да го оквалификува каконекаков си Грк, ниту како цар на Грци, туку само сакал да ги извести читателите декатој бил цар на народ кој го водел своето потекло од Јаван.

Грешката на александриските преведувачи, притоа, се покажала мошне трагична. Таадовела до суштинско оддалечување на подоцнежните преводи на овој библиски стих одеврејскиот оригинал.

Најважните податоци за Александар Македонски ги наоѓаме во Прва книгаМакавејска,чиешто настанување временски се сместува во II век пред Христа. Вонаведените стихови од прва книга Макавејска авторот со соодветни зборови,накраткого опишува царувањето на Александар Македонски и неговото победничко освојување,на сите познати земни царства во тоа време.

"(1) Откако Александар, синот на Филипа, Македонец, којшто излезе од земјата Китим,го победи Дарија, царот персиски и мидиски, се зацари наместо него во Елада. (2) Тој водеше многу војни, презеде многу утврдени места и порази многу цареви земни. (3) И дојде до краиштата на земјата и ограби многу народи; целата земја молкна преднего, а тој се издигна и срцето негово стана гордо. (4) Тој собра многу силна војска и завладеа над многу краишта,народи и владетели и тиему станаа поданици. (5) Потоа тој падна во постела и откако почувствува дека ќе умре, (6) ги повика истакнатите свои помошници, воспитани заедно со него уште од младоста иим го подели своето царство додека сe уште беше жив. (7) Александар царуваше дванаесет години и потоа умре.(8) неговите великодостојници владееја секој во својата област. (9) По неговата смрт сите тие се зацарија, ставајќи круна на своите глави, a пo нив инивните синови во тек на многу години ...".

Што се однесува до зборот "Македонец", мораме да истакнеме дека тој претставуваквалификација, искажана во однос на Александар Македонски, а не во однос нанеговиот татко Филип.

Тоа сосем лесно може да се согледа и од самиот текст.

Главното лице за коешто се зборува во првиот стих од Прва книга Макавејска еАлександар, додека Филип само се спомнува затоа што е татко на Александар. Тоа деказборот "Македонец" се однесува на Александар, а не на татко му Филип, најдобро сегледа од текстот на овој стих во црковнословенската Библија:

2 / 7

Page 3: Библијата и Александар Македонски

Библијата и Александар МакедонскиСреда, 04 Ноември 2009 03:00

"И Бысть егда поражаше АЛЕЗАNДРЬ МАКЕWNСКIИ, сынъ Филiппа, иже иzыде wzемли Хеттiмъ пораzи и Дарiа цара персскаго и мидскаго и воцар-са вмъстw егw первыво Елладъ ".

Од крајот на првиот стих на Прва книга Макавејска, така како што тој е преведен набугарски јазик - "и се възцари вместо него в Елада", може да се сфати дека царот Даријцарувал во Грција, но бил победен и заменет од страна на Александар Македонски.Сосем поинаку звучи текстот на грчки јазик, а имено: “kai eyeveto meta to патаxaiallexavdrov tov фiliппov makedova,os exhlthev ek yhs xettim,kai eпataxev tov dapeiov Basileaпepswv kai Mhdwv kai eBasilevsev avt avtov,пpotepov eпi thv 'Ellada". Зборот "пpotepov", којво бугарскиот превод е испуштен, означува "пред , порано".

Co неа авторот сакал да прецизира дека Александар Македонски се зацарил над Еладапред Дариј, не во смисла дека и двајцата царувале над оваа земја и дека АлександарМакедонски прв царувал над неа, туку, бидејќи и двајцата настојувале да ја покоратЕлада, Александар прв успеал да го стори тоа. Притоа, нам уште ни е познато декататкото на Александар - Филип, ги победил Грците при Херонеја во 338 год. и тие насоветувањето во Коринт ја признале својата зависност од Македонците, меѓутоа, вослучајот авторот на Прва книга Макавејска зборува за целосното покорување на Грција,кога таа била приклучена кон македонската држава. Според традиционалнотоисториско сфаќање, Александар Македонски прво ја покорил Грција, па дури потоатргнал да војува со Персијците, но ние гледаме дека според буквалниот текст на Првакнига Макавејска испаѓа дека македонскиот цар прво го разбил царот Дариј и потоа сезацарил во Елада.

Се разбира, дека не може да има сомнение дека Александар Македонски уште предвојната со Персија ги покорил малите грчки држави. Дури по покорувањето на Грција,тој го замислува и го остварува својот поход против моќната персиска империја.

Во случајот библискиот автор сакал да истакне дека со својата победа над ПерсијцитеАлександар Македонски конечно се зацврстил и како господар на Грција. Биткатапомеѓу македонската и персиската војска се случила во 334 год. пр. Хр. кај рекатаГраник во Мала Азија. Персиската војска била утврдена на спротивниот брег од реката,којшто бил значително повисок, а и бројноста на Персијците била неколупати поголема.

Освен тоа, Македонците требало да атакуваат, а тоа ги ставало во голема опасност,особено при преминувањето на реката.

Македонските војници го знаеле тоа и во извесна мера биле обесхрабрени. Се слушалегласови дека нападот нема да успее и дека е подобро да се причека поудобен момент.Александар Македонски, меѓутоа, секогаш бил доследен во извршувањето на своитезамисли, поради што и овој пат немал на мера да попушти пред големата опасност.Трепет и неспокојство се вгнездиле во душата на македонскиот војник. Можеби дошолпоследниот ден. Во мислите кружат драгите ликови на таткото, мајката, сопругата,децата, пријателите; споменот за родната земја. Во битката, како и секогаш прв е царотАлександар.

3 / 7

Page 4: Библијата и Александар Македонски

Библијата и Александар МакедонскиСреда, 04 Ноември 2009 03:00

Неговата храброст секогаш била образец за сите Македонци и не само за нив, туку и задругите војници од неговата војска: Грци, Тракијци, Илири и др. Македонскиот цар, сосвојот коњ Букефал, прв ја преминал реката и со сета своја храброст се нафрлил врзперсиските позиции. Персијците се силни, но уште посилен е борбениот дух намакедонската војска, предводена од Александар Македонски. Изненадени одбеспримерната храброст на македонската војска, Персијците попуштаат и набрзонивната војска била разбиена и натерана во панично бегство.

Александар Македонски ја добил својата прва битка против Персијците, која сепокажала решавачка за разгромот на персиската империја. Во битката кај Граник,според Плутарх, од Персијците загинале дваесет и пет илјади пешаци и две илјади ипетстотини коњаници, додека Александар Македонски загубил само 34 војници, од коидевет биле пешаци. По битката кај Граник, патот на Александар Македонски кон Азија иАфрика бил отворен. Оттука започнува победничкиот марш на македонската војска низМала Азија, Сирија, Палестина, Египет, Месопотамија, па дури и низ далечната Индија,којашто им била позната на Македонците само од приказните. Многу цареви, обласниуправници, градоначалници и др. доаѓале кај него и доброволно му се потчинувале.

Царевите, облечени во свечени царски одежди, доаѓале кај него и му укажуваленајвисоки државни почести, додека градоначалниците излегувале надвор од градот зада го пречекаат и да му ги предадат клучевите од тврдината.

Мораме да истакнеме дека Александар Македонски, во текот на целиот свој живот, сепокажал како извонредно благороден и великодушен освојувач и само со оние, кои сеобидувале да му пречат во остварувањето на неговите освојувачки планови, постапувалжестоко. Кога, пак, некој народ или цар доброволно ја признавале неговата врховнавласт, тој им го гарантирал правото на тој цар и на неговиот народ, слободно да јаисповедаат својата религија, да ги негуваат религиозните обичаи, да располагаат сосета своја сопственост, чијашто неприкосновеност била загарантирана итн. Тој никогашне ја наложувал, на покорените од него народи, грчката паганска религија, ниту пакмакедонските народни обичаи.

Така тој постапил и со Евреите, на коишто им го дал полното право да живеат споредправилата на нивниот религиозен закон.Во процесот на обединување меѓу народите, Александар Македонски, меѓутоа, барал дасе зачува потполната рамноправност помеѓу различните етноси, без да се даваатпривилегии на ниту еден народ, вклучувајќи го тука и македонскиот.

Александар Македонски е првиот светски државник, којшто во основата на своетодржавно управување ја поставил рамноправноста на одделните народи. За жал, именотој народ, којшто, наоѓајќи се во височините на своето величие, со ништо не јапритеснувал етничката самосвест на покорените од него народи, доживеа да трпипритеснувања од овој вид од понови народи, коишто во древноста дури и не постоеле.

Се разбира, дека македонскиот цар не се залагал само за меѓуетничка толеранција и започитување на етничката индивидуалност на секој народ што живеел во склопот на

4 / 7

Page 5: Библијата и Александар Македонски

Библијата и Александар МакедонскиСреда, 04 Ноември 2009 03:00

македонската империја, туку барал од своите потчинети да го спроведуваат и принципотза еднаквост на сите религии и доследно да се залагаат за интеррелигиознатолеранција и почитување меѓу одделните верски групации.

И не само што тоа го барал од своите потчинети, туку и самиот постапувал така. Така, воЕгипет тој им оддавал почит на Апис и Амон, во Палестина - на Јахве, а во Вавилон- нахалдејските божества. Храмот на вавилонскиот идол Вил , кој бил разрушен од царотАртаксеркс, по негова наредба бил одново изграден. Рамноправноста меѓу одделнитенароди и религиозната толеранција, меѓутоа, не биле доволни за да ја загарантираатстабилноста на големата македонска империја.

Вистинското обединување на одделните народи тој можел да го постигне единственопреку налагање на заеднички јазик и заедничка култура за сите народи во империјата; aнајпогоден за воведување во општа употреба во тоа време бил грчкиот јазик.

Тој веќе бил развиен јазик, со многувековна писмена традиција, поради што безпоголеми проблеми бил прифатен од другите народи во империјата. Така, грчкиот јазикбил воведен во меѓуетничката комуникација на целата територија на создадената одАлександар Македонски огромна држава, a старогрчката култура станала доминантна.Доминацијата на старата грчка култура, меѓутоа, не довела до елиминација накултурите на другите народи, кои живееле во македонската империја. Тие и натамуегзистирале во своите етнички средини и на свој начин ја дополнувале културата штобила поразвиена од нив. Таквата мултиетничка култура, според замислата настаромакедонските државотворци, требало да лежи во основите на идната македонскасветска империја. Македонското светско владеење помогнало многу за брзиотцивилизациски развој на древниот свет. Прифаќајки ги старогрчкиот јазик истарогрчката култура, Македонците ги распространиле низ сите средоземноморскиземји и на тој начин значително ја зголемиле културата на народите што ги населувалетие земји.

Освен тоа, војните на Александар Македонски предизвикале големи миграции ираздвижувања меѓу народите, поради што тие взаемно се опознавале и разменувалесоодветни знаења и искуства од областа на духовната и материјалната култура.Воените походи на Александар Македонски ги прошириле, исто така, географските иетнографските сознанија на човештвото и ја зголемиле неговата култура во ситеобласти на човековиот живот. Ширењето на старогрчкиот јазик и на елинизмот какодоминантни во целата македонска империја, укажало големо влијание врз иднината нацелиот човечки род. Големиот познавач на древноста проф. Михаил Поснов пишувадека "обединувањето на одделните етноси во римската империја се постигнало, пред се,благодарение на грчкиот јазик" . "Елинизмот - пишува истиот автор - станал главнаопора на светското единство. Тој и дал култура на римската држава и ја снабдил сосветски јазик".

Ние знаеме дека Исус Христос и неговите апостоли го проповедале неговото учење нагрчки јазик, сите новозаветни книги се напишани, исто така, на библиски грчки јазик,имено затоа Христовото учење мошне брзо било прифатено од народите што ја

5 / 7

Page 6: Библијата и Александар Македонски

Библијата и Александар МакедонскиСреда, 04 Ноември 2009 03:00

населувале огромната римска империја.

Ако Исус Христос и неговите апостоли го проповедаа христијанството на евреЈски јазики ако Светото Писмо на Новиот Завет беше напишано, исто така, на еврејски јазик,тогаш великите Христови идеи ќе останеа, можеби, засекогаш непознати за другитенароди, задушени од еврејското закоништво и фарисејштина.

И не само Новиот Завет, туку и Светото Писмо на Стариот Завет им стана познато надругите народи благодарение на грчкиот превод на старозаветните книги, направен набарање на египетскиот цар од македонско потекло Птоломеј Филаделф, неколкудецении по смртта на Александар Македонски. Човештвото треба да му бидеблагодарно на народот на древна Македонија а, посебно на Александар Македонски занеговите големи освојувања и за ширењето на старогрчкиот јазик и старогрчкатакултура низ сите земји што тој ги освоил, бидејки без нив би било невозможно ширењетона христијанството, кое, како што видовме, одиграло важна улога во културниот развојна човештвото.

Александар Македонски умрел сосем млад - во најубавите години од својот, исполнет соподвизи, живот, поради што не успеал да ги реализира своите големи планови во врскасо обединувањето на целокупното човештво во една единствена држава. Тој дури неоставил, пред својата смрт, законски наследник на царскиот престол, што резултиралосо големо безредие во целата империја по неговата предвремена смрт. АлександарМакедонски оставил зад себе плеада истакнати и испитани во стотици биткивојсководци и ако тие би биле разумни да постигнат меѓусебна согласност во името наединството на империјата и зачувувањето на освоените со толку многу македонска крвземји, би се зачувала, исто така, и рамнотежата во државата. Тие, меѓутоа, ги поставилесвоите лични интереси над државните интереси и така го упропастиле делото на својотвелик сонародник. Александровите наследници, како што пишува академикот Лопухин,иако етнички биле различни од Грците и дури понекогаш се однесувале со презир коннив, поради нивната надменост и лукавство, овојпат, имено, од нив го позајмиле овојбезогледен стремеж кон власта, ставајки ги своите лични интереси над интересите надржавата и народот.Непосредно пo смртта на Александар, навистина, било зачуваноспокојството во империјата, со тоа што Пердик, на кого Александар, пред својата смрт,му го предал прстенот со државниот печат, бил назначен за привремен управник наимперијата до раѓањето на законскиот Александров наследник, којшто се очекувало даго роди жена му Роксана. Меѓутоа, мирот во империјата, не траел долго.

6 / 7

Page 7: Библијата и Александар Македонски

Библијата и Александар МакедонскиСреда, 04 Ноември 2009 03:00

Радица Димишковска

7 / 7