24

„Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Петто издание на магазинот „Во светот на Сините“ од официјалниот поддржувачки клуб на Челси за Македонија. (Челзи - Македонски Портал за Челзи)

Citation preview

Page 1: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

ВО СВЕТОТ НА

СИНИТЕЕЛЕКТРОНСКО СПИСАНИЕ ЈАНУАРИ 2015 | БРОЈ 5

КОЛУМНА НА ДАНИЕЛ КИПРИЈАНОВСКИ

ТИМ НАРАЗНОВИДНОСТИ

ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ

ДИ МАТЕО

ПОСЕБНА РУБРИКА ЗА НАШИТЕ „ПЛАВИ“ ДАМИCHELSEA LADIES

Page 2: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Официјален поддржувачки клуб на Челси за МакедонијаЗдружение на македонски поддржувачи ЧЕЛСИ ФЦ

јануари 2015

Official supporters club Macedoniasince 2009

www.chelseafc.mk

Page 3: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Добредојдовте Добредојдовте во новата година и во новото списание на Македонскиот Фан Клуб на Челси. Најпрво да ви ја честитаме Новата година и да ви посакаме здравје, среќа и успех. Возбудени сме што повторно го стартувавме овој проект, online списание за нашиот омилен фудбалски клуб Челси. Имаме многу проекти кои ќе се обидеме да ги реализираме за подобро да се запознаеме со нашиот клуб. Првиот број на нашето списание го промовиравме во февруари 2011-тата година и наиде на многу позитивни критики. Во тоа списание направивме интервју со Александар Трајковски, моментално е репрезентативец на фудбалската селекција на Република Македонија, кој беше повикан од Челси да настапи на турнир за играчи под 19 години.

Во ова списание ќе се обидеме да ви презентираме неколку интересни теми кои се надеваме дека ќе бидат доволни за да го задржат вашето внимание. Направивме интервју со Иван Јакимовски, верен навивач на Челси од Куманово кој беше присутен на подготвителниот натпревар на Челси против НК Олимпија, натпревар кој се одигра во Љубљана. Исто така разговаравме и со Марино Лучиќ, еден од поддржувачите на Челси во Хрватска. Ќе прочитате и најава за натпреварот против ПСЖ во Лигата на Шампионите како и анализа на досегашниот тек од нашата сезона и мала анализа на нашите противници во првиот дел од сезоната. Еден Азар и неговиот спортски живот пред да се пресели во Челси. Кратка анализа на секој месец од минатата година и поважни настани на Челси во 2014-та година. Во овој бројброј се најде и нашата легенда Роберто Ди Матео, човекот кој му го донесе трофејот со големите уши на Челси, каде ќе се запознаете одблизу за неговата моментална работа, проект и приватен живот. Женскиот тим на Челси ќе биде редовна рубрика во нашето списание за континуирано да го следите прогресот на нашите плави дами. Ќе продискутираме за тоа каде се наоѓаат и колку вредат нашите играчи на трансфер пазарот и детално ќе ви презентираме по еден наш играч. Историски натпревар Челси против Барселона, тек на натпреварот и интересни настани во истиот. Ќе прочитате кратот текст и за Силвио Љуро, асистент тренер на Мурињо за кој малку се знае а има огромнаогромна улога во нашиот клуб. Како редовна рубрика ќе биде и посебен дел за работата на нашето здружение и фан клуб преку која ќе ви презентираме сè што имаме направено досега, но и за нашите идни планови и проекти вклучувајќи го и фан шоп-от.

Се надеваме дека ќе уживате во читањето на новиот број од нашето списание онолку колку што ние уживавме кога го работевме.

Искрено ваши,Македонски Фан Клуб на Челси ФЦ

ИМПРЕСУМ Одговорни уредници: Борис Едровски, Александар ВелковРепортери: Слободан Мирчески, Александар Велков, Борис Едровски, Дејан Милачески, Зоран Златков, Иван Јакимовски, Лазар СтепаноскиКолумнисти: Даниел Кипријановски, Иван ЈакимовскиГрафичка обработка: Борис ЕдровскиЛектор: Гонце Ѓоргиева

Page 4: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

4

...Велат немаме историја, се сомневаат во нашите постигнувања низ времињата. Еве како да им се спротивставите на оние кои се сомневаат без аргументи и причина. Едноставно соочете ги со бројките. Тие не лажат. Ова се факти поврзани со нашиот клуб Челси ФЦ:

Гус Миарс (Gus Mears) го купил стадионот Стемфорд Бриџ во 1905 и сакал да го претвори во фудбалски терен. Тимот Челси е основан подоцна поради финансиска немоќ на актуелните тимови да го купат теренот. Сите останати тимови за кои историјата знае се основани прво како тим па потоа стационирани на свој стадион или градат стадион.

Челси е основан на 10-ти март 1905 во пабот The Rising Sun кој сега во Лондон го носи името The Bucher's Hook. Во моментот на основањето тие го имале грбот на пензионерите и затоа до ден денес го носат надимакот „пензионери". Ова лого било актуелно се додека Тед Дрејк не дошол на чело на Челси како менаџер и го модернизирал клубот.

Најголемата забележана победа во официјален натпревар на клубот е против Виган (мај 2010) и Астон вила (декември 2012) и изнесува 8-0, и двете забележани на домашен терен. Најголемата победа остварена во натпревар со најмногу голови е против Глосоп во 1906 каде Челси победил со 9-2. Тоа бил меч од тогашната втора дивизија.

Во сезоната 1997/98 тимот на Челси одиграл еден од најтешките натпревари во неговата историја, и тоа 120-тина километри од Арктичкиот круг. Во еден момент, условите за игра биле толку отежнати што натпреварот морал да биде прекинат за да се исчисти снегот кој ги покрил линиите на теренот, со што тие биле невидливи.

Челси е дел од неколку филмови снимени со фудбалска тематика. Еден од нив е филмот The Great Game во кој актери се играчите од тимот од 1930 и кој вклучува неколку сцени снимени токму на Стемфорд Бриџ. Други филмови во кои се појавува тимот на Челси на било каков начин се и The Football Factory и Jhoom Barabar Jhoom.

1

2

3

4

5

ФАКТИШТО ТРЕБА СЕКОЈ ФАН

ЧЕЛСИ Е ДЕЛ ОД НЕКОЛКУ ФИЛМОВИ КОИ СЕСНИМЕНИ СО ФУДБАЛСКА ТЕМАТИКА

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ГИ ЗНАЕ

Page 5: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

5

Познати песни поврзани со клубот се комичната композиција On the day that Chelsea went and won the cup (кој ги опишува серијата неверојатни случки кога Челси конечно освоил трофеј), "Blue is the colour" (официјално препознатлива како тематска песна на клубот која била број 5 на британската музичка листа во 1972г.), "Blue Day" (изведена од составот на Челси и артистот "Suggs" од групата Madness во 1997) како и композицијата "We're gonna win" (која Брајан Адамс ја посветил на клубот како навивач на Челси).

Рекорди поврзани со клубот

Интересни рекорди во кои клубот е прв

6

7

8

Page 6: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Роберто Ди Матео е роден на 29 мај 1970 година во гратчето Шафхаузен, Швајцарија. Како фудбалер има настапувано во родниот Шафхаузен, Арау, Лацио и Челси, каде и ја завршува кариерата. Додека како менаџер дебитира во јули 2008 година во МК Донс во Лига 1 во Англија, за потоа на 30-ти јуни 2009 година, да го преземе тимот на WBA, кој веќе беше отпаднат од ПремиерПремиер Лигата и успешно го враќа назад, завршувајќи на второт место во Championship.Поради серија лоши резултати е отпуштен. После неуспехот да стане менаџер на Бирмингем Сити, тој е назначен за асистент на Андре Виљаш Боаш во Челси, на 29 јуни 2011 година. Но после отпуштањето на Боаш во март 2012 година, тој станува привремен вршител на должноста менаџер на Челси, се до крајот на сезоната. После одличната серија на победи со Челси, а потоа и освојуваосвојувањето на двата трофеи во FA Cup и Лигата на шампионите против Баерн од Минхен, тој го задржува менаџерското столче и наредната сезона, со потпишување на 2 годишен договор.

Сезоната ја стартува мошне добро, но поради лоши резултати со клучни ривали и поради отпаѓање од групата во Лигата на шампионите, после поразот против Јувентус од 0-3, Ди Матео на 21 ноември 2012 година е официјално отпуштен.ПорадиПоради несогласувања од двете страни во претходно потпишаниот договор, на Ди Матео ќе му се исплаќаат по 130.000,00 фунти неделна плата, се до истекот на договорот со Челзи до јуни 2014 година. Освен ако тој најде работа, тогаш тие примања веќе нема да ги има.Во една прилика Ди Матео има изјавено за Sunday Times:„Време„Време е за уживање со моите најблиски во секаков аспект од животот, бидејќи долго време, веќе пет години бев во движење".

После паузата од една и пол година конечно се враќа на „сцена“, овој пат во Бундес Лигата. На 7 октомври 2014 година, го наследува Јенс Келер во Шалке 04.ПочнувајќиПочнувајќи од 2010 година, Ди Матео живее во Leamington Spa, Warwickshire - Great Britain, со својата сопруга Зое, и нивните 3 деца.

ДИ МАТЕОЧОВЕКОТ КОЈ НЕ СМЕЕМЕ ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ

6

Page 7: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

За репрезентацијата на Италија дебитира на свои 24 години на 16-ти ноември 1994 година, од 1994-1998 година во вкупно 34 настапи има постигнато 2 голови. Во Челси настапува од 1996-2002 година, во вкупно 175 настапи има постигнато 26 голови. Кариерата ја завршува токму во Челси на 31 година поради повреда.ВоВо својата кариера има освоено бројни трофеи и како играч:со Арау - Swiss Super League 1992-1993; со Челзи - FA Cup 1996-1997, 1999-2000, Football League Cup 1997-1998, FA Charity Shield 2000, UEFA Cup Winners Cup 1997-1998, UEFA Super Cup 1998;и како менаџер:сосо WBA - Football League Championship runner-up 2009-2010; со Челзи - FA Cup 2011-2012, UEFA Champions League 2011-2012.Додека лични награди има:Premier League Manager of the Month: September 2010 и Swiss Sports Awards Coach of the Year: 2012.

7

Page 8: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Chelsea L.F.C. е англиски фудбалски клуб основан во Фулам, Англија. Од 2004-та година клубот е во филијала со Chelsea F.C – машкиот фудбалски клуб кој е дел од Премиер Лигата. Chelsea L.F.C. беше основачки клуб во FA WSL во 2010тата, а е на врвот на женската фудбалска лига во Англија од 2011-та. Од 2005-та до 2010-та клубот се натпреварува во најпрестижната Premier League Premier League National Division.

ФормирањеChelsea L.F.C е формиран во 1992 година, откако навивачите на машкиот фудбалски клуб Челзи побараа да има и женски клуб. Во јуни, 2004-та беше изгласано овој клуб да биде купен и финансиран од страна на Chelsea F.C. Клубот, кој воедно тогаш беше промовиран, стана шампион во Јужната Дивизија во 2004-2005 во Premier League National Division и од тогаш па сè до денес е на врвтогаш па сè до денес е на врвот.

FA Premier League National Division, 2005–2010Откако сезоната 2005/06 беше започната со еден освоен бод од шест одиграни натпревари, менаџерот George Michaelas беше отпуштен во септември, иако претходно го водеше тимот 4 години. Таа сезона Chelsea L.F.C заврши на дното на лигата под водство на Shaun Gore, но во промотивниот плеј-оф го победија тимот на Ливерпул и на тој начин останаа во НационалнНационалната Дивизија на Премиер Лигата.Откако завршија како осмопласирани во 2006/07, тоа лето Gore ги донесе Siobhan Chamberlain, Casey Stoney и Eniola Aluko. Lorrie Fair, која се смета за една од најдобрите играчки од средниот ред, се приклучи на

тимот во јануари, кој патем сезоната 2007/08 ја заврши на 5-тото место.НаНа тимот му беше претставен нов менаџер за сезоната 2008/09, поранешниот резервен тренер за женскиот тим на Арсенал – Steve Jones. На 2 јули 2008, на изненадување на сите, на клубот се приклучија две играчки од редовите на женскиот фудбалски клуб Арсенал - Lianne Sanderson и Anita Asante. Тогаш тие беа остро критикувани од менаџерот на Arsenal L.F.C. дедека се без почит.Chelsea L.F.C ја заврши сезоната 2008/09 како третопласиран, веднаш зад Арсенал и Евертон. Mary Philip се пензионираше еден месец откако почна сезоната, а Eniola Aluko и Anita Asante го напуштија тимот во март 2009. Lorrie Fair ја пропушти целата сезона поради повреда на лигамент направена во мај 2008. Jones замина од местото менаџер во јануари 2009, оставајќи Cas2009, оставајќи Casey да биде играч/менаџер.По препорака на Casey Stone, Matt Beard стана менаџер во 2009.Клубот се соочи и со финансиска криза, но подоцна, со помош на John Terry и другите играчи на машкиот тим, тоа беше разрешено. Уште еден удар пристигна кога Lianne Sanderson го напушти клубот во 2010.

Chelsea L.F.C.ЖЕНСКИ ФУДБАЛСКИ КЛУБ НА CHELSEA FC

8

Page 9: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

FA Women's Super League (FAWSL), 2011– сега

КлубКлубот беше успешно претставен како еден од осумте основачки тимови во Женската Суперлига во март 2011. Beard го предводеше клубот во Женскиот финален Куп за прв пат во 2012, но Челси беа поразени од Бирмингем Сити на пенали, откако претходно два пати имаа водство во мечот кој регуларно заврши 2-2.ВоВо јули 2012 Beard поднесе оставка од местото менаџер, после три години водство. На негово место дојде Emma Hayes. Во мај 2013 Edda Garðarsdóttir откри дека постои правило девојките од клубот да не разговараат со нивните машки колеги (играчите на Chelsea C.F.), освен ако момците не го започнат разговорот.

Моментален состав

ChristianeChristiane Endler(капитен), Marie Hourihan, Hannah Blundell, Danielle Buet, Gilly Flaherty, Laura Rafferty, Clarie Rafferty, Laura Coombs, Drew Spence, Katie Chapman, Jodie Brett, Jackie Groenen, Ana Borges, Rosella Ayane, Eniola Aluko, Ji So Yun, Gemma Davison, Millie Bright, Niamh Fahey, Hedvig Lindahl, Marija Banusic.

Стадион Chelsea L.F.C. своите натпревари како домаќин ги игра на Wheatsheaf Park, лоциран во Staines-upon-Thames, Middlesex, со капацитет од 3002 гледачи.За време на сезоната 2011/12 , тимот играше на Imperial Fields.

ПреПретседател на Chelsea L.F.C e капитенот на Chelsea F.C. – John Terry.

9

Page 10: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Предводен од Мурињо, еден од фаворитите за освојување на Лигата на Шампионите оваа сезона.Сините со голем талент, комплетен состав и клупа, во нападот со еден од најдобрите напаѓачи Диего Коста и на голот со можеби и најдобриот голман на светот Тибо Куртоа.ККога ќе го додадете талентот на Азар и Фабрегас тука можете да забележите колку е сериозен овој тим.

ОнаОна што го видовме од Челзи во групите беше талентиран тим што губеше концентрација на моменти.Натпреварите со Шалке и Марибор беа очекувани победи но тоа беа киксови за кои беше виновен самиот Челзи затоа што не успеа да ги искористи шансите а тоа го казнија противниците.НоНо кога Челзи игра како што знае најдобро, тогаш е несопирлива сила благодарение на лидерството на Мурињо неговиот тим дури и кога игра слабо победува, луѓето можат да ја забележат желбата на Специјалниот да се победи по секоја цена а тоа го прави добро.

НајНајголемата пречка на Челзи може да биде густиот распоред во кој Манчестер Јунајтед има најголема предност затоа што не игра во ниедно друго натпреварување и е спремен да им се спротистави на Челзи и Манчестер Сити, секако Челзи игра и во FA Купот и Capital One но доколку Мурињо успее да го сочува овој состав свеж и одморен тогаш може лесно дада стигне до втората титула во Лигата на Шампионите за неговиот клуб.

Клучен играч: Немања Матиќ

Со целиот напаѓачки арсенал на Челзи можеби не е најпогодно да се одбере дефанзивен везен играч како најклучен играч но сепак има некаква смисла. Матиќ е класичен и стабилен сидраш во средината кој може да освои многу простор околу него и да им помогне на по офанзивните играчи што играат со него. Матиќ е константен и сигурен може да биде агресивенагресивен во зависност од играта на тимот и со тоа му дава многу тактички опции на Мурињо.

Имаа импресивен старт во групите во Лигата на Шампионите со победите против Ајакс и Барселона, Лорен Бланк ја подобри организацијата и играта на ПСЖ како никогаш до сега. Сепак во Француското Првенство не им оди баш најдобро затоа се на второто место позади Марсеј.

ТТоа не ги направи Парижаните послаби напротив играат многу добар и организиран фудбал со многу силни опции во нападот. Доколку му дозволите на ПСЖ да ја игра својата игра никогаш нема да ја добиете битката со нивната средина а нивниот напад секогаш ќе дава голови и ќе кружи низ шеснаесетникот.

Во поВо последните неколку сезони во Лигата на Шампионите како главен француски фаворит се издвојува ПСЖ кој е во тесна битка со 1 бод предност над трето пласираниот Лион и 1 бод помалку од прво пласираниот Марсеј а Бордо и Сант Етиен не се далеку од нив. Доколку остане табелата во Франција вака тесна до крајот на Фебруари, прашањето ќе биде биде колку ПСЖ ќе може да игра добро во ова натпреварување.

Клучен играч: Единсон Кавани

Со Златан Ибрахимович повреден и не баш во најдобра состојба целиот товар паѓа на Кавани. Уругваецот е во брилијантна форма оваа сезона и е најдобар стрелец во тимот на ПСЖ, после ланската сезона во која не се изнаигра успева да се адаптира и да ги покаже квалитетите.ДоДоколку игра како што знае тогаш ПСЖ треба да се смета за една од најголемите опасности во Европа.

Chelsea FC PSG

CHELSEA VS PSGЛига на Шампиони, Англиско - Француски дуел

10

Page 11: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Интервју со претставник од клубот на навивачи од Словенија, Грегор Хорватиќ попознат како Superboy меѓу нас, фановите на Челси од овие простори.

Најпрво да Ви посакам добар ден и среќни празници. Колку време постои вашиот фан клуб и кога е официјално признат од страна на Челси?

ГГрегор: Добар ден плава Македонијо. Ви благодарам за поканата да направите интервју со мене. Нашиот фан клуб Челси Словенија или Slovenian Blues е основан на 06.08.2010година. Во сезоната 2010/2011 бевме признати како официјален клуб на поддржувачи на Челси и бевме клуб со бронзена лента, а оваа сезона отидовме скала погоре и станавме „сребрен клуб на поддржувачи“. На На Стемфорд Бриџ имаме и банер.

Колку членови брои вашиот фан клуб и какви активности организирате?

Грегор: Имаме регистриранп околу 150 фанови, меѓутоа ги има повеќе, но не доаѓаат сите. Има навивачи од сите места во Словенија: Љубљана, Марибор, Цеље, Горица итн. Секоја година организираме турнир во мал фудбал во Домжале, оваа година присуствуваа 14 фан клуба меѓу кои Челси Хрватска, Реал Мадрид Словенија, Борусија Дортмунд Словенија итн, можеби оваа година ќеќе бидеме почестени со присуството на Челси Македонија. Тоа би било фантастично. За сите други случување имаме мошне многу фотографии и репортажи на нашите страни на фејсбук, каде што имаме повеќе од 3 милиона допаѓања и на нашата веб страна www.chelseafc.si.

Колку пати Вашиот фан клуб беше дел од трибините на натпревар на Челси и колку пати Вие го имате посетено Стемфорд Бриџ, патем какво е чувството?

Грегор: Од 2011 па сè до сега, нашиот фан клуб има годишно патување во Лондон на еден домашен натпревар. Освен мечот, вклучено е потполно разгледување на стадионот, посета на музејот, соблекувалните, собите за состаноци и трофеј-собата. Секој којшто вели дека Челси нема историја, нормално, греши. На првото наше папатување имаше 9 навивачи, на второто 21 навивач од Словенија. Во 2013 веќе се качи таа бројка на 30, а во 2014 година на мечот со Стоук Сити отидовме 20. Секако најдобро беше во Минхен, каде отидовме организирано, околу 50 луѓе и ја славевме европската шампионска титула на сините. Исто така присуствувавме на пријпријателскиот натпревар во Љубљана каде што и се запознавме, а бевме и дел од натпреварот во Марибор. Јас лично го посетив Стемфорд Бриџ 5 пати: против Виган, Стоук, Сандерленд, Сити и Фулам. Оваа година би сакал да отидам на гостински натпревар, против Арсенал на Емирати во април. Чувството да се посети Стемфорд Бриџ е извонредно, извонредно, тоа мора да го почувствуваш.

Кој момент поврзан со Челси најдолго ќе го паметите?

Најдолго , секако ќе се памети Минхен, а потоа...па, би рекол нашето основање. Пред тоа не се познававме баш, а сега станавме многу блиски, како што би рекле, сини браќа. Исто така многу драг момент ми е кога ве запознавме вас од Македонија, тоа е одлично чувство и станавме одлични пријатели.

ИИ за крај, кои се вашите очекувања за оваа сезона, титула?Грегор: Очекувања...спремни за победа. Top of the league.Ми беше чест што прифативте да бидете дел од проектот на клубот на поддржувачи на Челси од Македонија.ИсИсто така и на мене, беше голема чест да ве запознаам тебе и Андреј во Љубљана, нашата средба беше за паметење и се надевам дека ќе има нови прилики за дружење и веселби заедно со вас.

ГРЕГОР ХОРВАТИЌИНТЕРВЈУ

11

Page 12: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Голот со глава на Џон Тери го испрати Челси во четврт-финалето од Лигата на Шампионите по класичниот двобој со Барселона.

Чесли брзо го започна натпреварот со водство од 3-0 во првите 19 минути, каде Еидур Гудјонсен, Френк Лампард и Демиен Даф беа стрелци во тимот на Жозе Мурињо. Но Барселона успеа да постигне два гола пред истекот на првите 45 минути, стрелец на двата гола беше Роналдињо.

ЏонЏон Тери по само 75 минути игра го постави конечниот резултат од 4-2 и со тоа Челси се најде во следната фаза од натпреварувањето. И првиот натпревар беше пропратен со контраверзии за на крајот од овој натпревар Френк Рајкард да стане бесен и со помош на обезбедувањето го напушти теренот.

ЧелсиЧелси го одигра стартот кој секој го сонува против Барселона - постигна три гола во воведните 20 минути од натпреварот. Челси се најде во предност по само седум минути кога Матеја Кежман одлично ја проследи топката до Гудјонсен кој пак со прекрасен удар ја смести во мрежата. Лампард можеше да го зголеми водството на Челси кога не успеа од близина да постигне гол, но во вториот обид не погреши. По само 16 минути игра, Џо Кол со одбиен удар беше одбранет од страна на Виктор Валдес, но Лампард се најде на вистинското место и го постигна својот погодок. По само две минути Челси играше како што Мурињо очекуваше. Даф по додавањето од Кол успеа да го совлада ВалдесВалдес и да го постигне и треттиот гол за Челси. Но нападот на Барселона не се откажа и брзо го намали водството на Челси пред истекот на првите 45 минути.

ИСТОРИСКИ НАТПРЕВАРCHELSEA VS BARCELONA

12

Page 13: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Самуел Ето не успеа да постигне гол откако шутираше високо и со неколку такви напади Челси не сфати дека е во опасност. Барселона успеа да го намали водството по само 25 минути игра откако судијата Пјерлуиџи Колина досуди пенал по играњето со рака од страна на Пауло Фереира. Роналдињо го реализираше пеналот за по седум минути да постигне уште еден гол со што го доведе Челси во ситуација да мора да постигне одново за да биде во следната рунда. Сите мислеа дека Роналдињо нема да има можност да постигне гол кога се најде на околу 25 метри од голот, но со одличен удар успеа да ја смести топката во голот и да го остави Петр Чех беспомошен.

ИгрИграчите на полувреме заминаа од теренот и видовме една невообичаена случка каде Роналдињо веднаш го замени својот дрес со Фереира.

Барселона го започна второто полувреме со нова надеж и Чех мораше да одбрани удари на Белети и Пујол за да го задржи водството на Челси.

ЧелсиЧелси мораше да се брани на 18 минути пред крајот кога Чех успеа одлично да го одбие ударот на Иниеста во стативата пред Ето да бие од непосредна близина и да го промаши целиот гол. Тери пред крајот успеа од корнер ситуација да постигне гол со глава по асистенција на Даф и да го совлада Валдес кој тврдеше дека бил под прекршок од страна на Рикардо Карваљо.

Натпреварување: Лига на ШампиониСтадион: Стемфорд БриџПосетители: 41.515ССудија: Пјерлуиџи КолинаЧелсиСтрелци: Гудјонсен 8‘, Лампард 17‘, Даф 19‘, Тери 75‘.Барселона:Стрелец: Роналдињо 27‘, 38‘

13

Page 14: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Во претходните мои анализи и колумни, зборував за тоа што финансиски, технички и логистички го прави еден тим да биде успешен и богат, модерен и етаблиран светски клуб. Тоа секако се брендот, стадионот, навивачката база, академијата за млади играчи како и самата сениорска екипа која треба да располага со познати фудбалери и ѕвезди кои се лојални и посветени на каузата на клубот.

Но,Но, кога сме кај ова последново, секако, едноличноста на екипата е нешто што мора да биде избегнато. Затоа во оваа колумна зборувам за квалитетите на екипата, која моментално ја имаме, а за која Жозе Мурињо постојано изјавува дека има енормен потенцијал, но додека не го претвори истиот во трофеи нема да биде ништо освен уште една транзициска генерација на клубот.

Нејсе,Нејсе, трофеи или не (сезоната е долга и Челси е како и секоја година, така и оваа во конкуренција за сите трофеи кои се во игра), она што е непобитно правило е дека оваа екипа е екипа на разновидности. Толку е разновидна во својата техничка, логичка, фудбалска, физичка и тактичка смисла, што секако не може а да не вродува со резултат. Никогаш во својата историја Челси ФЦ не памти екипа со толку многу позитиви на секое можно поле во фудбалската игра. Имено, следејќи го прогресот на овој клуб како огромен фан од времето на Зола и Виали, кога Челси беше екипа од врвот но секако не екипа која доминираше во Премиер Лигата, во која убавиот фудбал беше одлика, мораме да признаемепризнаеме транзицијата во ерата на Роман Абрамович беше доведен физички и директен фудбал кој секако не потсетуваше на стариот Челси. Имавме силни играчи како Макелеле, Тери, Галас, Карваљо, Гудјонсен, Дрогба, Лампард. Екипа чиј 'рбет беше составен од силни, физички доминантни играчи кои секако беа успешни поради фудбалскиот стил кој одговара на Англиските услови на игра. Услови кои протежираат посилен, физички фудбал, без судење на нежни фаули, со протекција на градење на простор и силен бодичек и стартови кои само на островското тло може да поминат неказнето. Според тоа таа силна екипа која технички и физички се спротивстави дури и на непобедливинепобедливиот Арсенал во тоа време, постигна огромни успеси во Англија низ неколкуте години (10тина) во кои екипата се вртеше околу тој стил.

Но, пред да ја освиоме Европската Лига на шампиони, многу од светските стратези и стручњаци се бореа и негодуваа на стилот на игра на Челси кој беше директен и пред се тактички без многу имагинација, креација и фантазија во играта. Во даден момент, доаѓањето на Анчелоти донесе имагинација во фудбалската игра но не до она ниво кое го практикуваа и го практикуваат Арсенал, Борусија, Барселона. Абрамович, па до некаде и нашите навивачи беа гладни за брз, тактички и "убав за око" фудбал. И тогаш со Анчелоти на чело, таа нишка на еволуција на директниот физички стил, почна да биде видлива со тоа што Челси ја доминираше лигата поставувајќи нов рекорд на 108 постигнпостигнати гола (најмногу во дадена сезона) во историјата на ПЛ. Иако и тогаш Лампард, Балак, Тери,Луиз и Дрогба беа столбови на екипата, сепак ги имавме и Анелка, Малуда и слични на нив да понудат креативност и напаѓачка, пред се, иновативност во играта.

ТИМ НА РАЗНОВИДНОСТИ

ИМАГИНАЦИЈА ВО ФУДБАЛСКАТА ИГРА НА ЧЕЛСИДОАЃАЊЕТО НА АНЧЕЛОТИ ДОНЕСЕ

КОЛУМНА НА ДАНИЕЛ КИПРИЈАНОВСКИ

14

Page 15: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Но сега, ова ново време под раководство на Жозе, е нешто кое не само што ја продолжи еволуцијата во типот на фудбалот кој нашата екипа го игра, туку секако нуди една разновидност која досега во тимот на Челси не била видена. Разновидност со која ретко кој тим воопшто во европа располага и може да се пофали воопшто.

Челси располага со состав кој тактички, физички, технички и логички нуди секаков калибар на играчи на секакоја од позициите, кои можат да се дадат различни квалитети во зависност од натпреварувањата во кои тимот учествува.

Имено,Имено, ако од една страна ја имаме физичката одлика на Ивановиќ, Матиќ, Тери, Кејхил и Дрогба, од друга страна ја имаме техничката и инвентивна нишка предводена од Хазард, Оскар, Вилиан, Шурле, Реми. Диего Коста, не само што е масивен и силен играч во исто време е страшно технички надарен и паметен играч. Па би го сместил во двете групи. Исто така, логистички односно, во однос на искуство, тука се Тери, Дрогба, Ивановиќ и Чех, а контрастно на тоа - младите Хазард, Оскар, Вилиан кои учат од најдобрите, во однос на фудбалската игра во Англија и на континентот.

СеСекоја позиција исто така нуди различни опции - по крилата имаме брз и инвентивен бек во Ацпиликуета и силен и цврст директен (специјализиран во нафрлања) бек во Фелипе Луиз. Истовремено грамадниот Ивановиќ лесно може да биде заменет од Цезар на десната бековска позиција доколку е тоа потребно. Матиќ и Рамирес се последни играчи за врска, кои нудат 2 различни типови на квалитети сами по себе. Дрогба, Реми и Коста комплетираат 3 типа на на напаѓачи со свои својсвтени квалитети со кои може тактички да покријат во нападот различни варијанти на Ж. Мурињо. Од друга страна, фантазијата и имагинацијата се најголем квалитет на незаменливиот сезонава Фабрегас, кој заедно си Хазард и ВилианВилиан и Оскар прават чуда на средината на теренот, и го доближуваат стилот кој го практикуваме кон посакуваниот брз и технички фудбал кој е убав за око. Според тоа, моменталната генерација не само што има огромен потенцијал во однос на освојување на трофеи и компетитивност на сите полиња на фудбалската игра, туку изобилува и со таква разновидност на скоро секоја позиција во тимот, што Челси може да избере и изигра соодветна такичка варијанта според потребите против секоја екипа на континентот. Со тоа, очекувањата секако се големи, но и она што ни носи крајот на сезоната и она што оваа генерација го носи, се слатка иднина, на која можеме да се надеваме дека ќе стане реалност во најснајскоро време.

Даниел Кипријановски,

Скопје, 14.01.2015 15

Page 16: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Најпрво да ви посакам добар ден и да Ви ги честитам божиќните и новогодишните празници. Од кога Вашето здружение е официјално признато од страна на Челси?

Марино:Марино: Благодарам на убавите желби и исто така вам и на сите фанови во Македонија ви посакувам секое добро. Нашиот клуб на поддржувачи почна со работа во август 2013-тата година, регистрирани сме во Регистарот за здруженија на Хрватска од 24.07.2013 година и сме признати од страна на Челси на 30-ти јули 2014.

ККолку членови брои вашиот фан клуб и какви се активности организирате?

Марино:Марино: Во првата сезона имавме 127, а сега на средина на втората сезона таа бројка се зголеми на 212 полноправни членови на нашето здружение. Доста редовно организираме разни активности, следење на натпревари, учество на турнирот во мал фудбал кај нашите пријатели од Словенија, го претставивме нашето здружение на “Student day festival”-от во Ријека.

ККолку луѓе доаѓаат на вашите организирани собири за заедничко следење на натпреварите, и дали сите кои присуствуваат се членови на здружението на навивачи на Челси од Хрватска?Марино:Марино: Организирани собири се случуваат во шест градови ширум Хрватска : Загреб(Во пабот „Оливер Твист“), Сплит(Кафе бар „Шушур“), Ријека(Кафе бар „Гота“), Осијек(Кафе бар „Family”), Задар и Карловац. Да, сите кои доаѓаат се наши членови, а бројката зависи од обврските на луѓето, но сепак сме задоволни од текот на овие случувања.

ККолку пати вашето здружение беше дел од трибините на натпревари на Челси, колку пати вие лично сте го посетиле Стемфорд Бриџ и каква емоција ве врзува за тие патувања?

Марино:Марино: Па имајќи во обзир дека како здружение сме релативно млади, бројката на натпревари не е баш респектабилна но полека се качува. Сепак, кога одиме на натпреварите се знае дека сме таму, имаме голем транспарент, сопствени шалови од кои еден разменивме со вас во Љубљана. На тој натпревар присуствувавме около 80 од нас, а само 4 дена пред тоа вово Клагенфурт бевме околу 100. Што се однесува на мене, имам доста искуство и одамна ги посетувам натпреварите. Искрено, некогаш ја знаев нивната бројка, сега не гледам во минатото, се радувам на секој следен натпревар.

Кој е моментот поврзан за Челси кој најдолго ќе го паметите?

Марино: Има доста убави , но и помалку убави моменти кои ќе ме потсетуваат на Челси. Сите се дел од една приказна која трае веќе 15тина години. Да кажеме една од првите средби која ја следев иако тогаш сеуште бев дете, финалето на Ф.А. Купот против Мидлзбро во 1997-та година, и погодокот кој го постигна Ди Матео. Потоа лобот на Рамирес против Барселона, можеби првипрвиот гол кој што го постигна Марио Станиќ за Челси кој што таа сезона беше прогласен за гол на сезоната.

За крај, вашите очекувања за оваа сезона. Сините започнаа добро, но во последно време не бриљираат, имаат ли сила да издржат до самиот крај на врвот на Англија и во борба за останатите 3 трофеи?

Марино: Не сакам да давам прогнози затоа што сезоната е долга и многу фактори влијаат на тоа како ќе заврши се. Секако дека очекувањата се големи кај сите. Стартот беше добар но реално тешко беше да се очекува дека екипата ќе одработи 60 натпревари во сезоната без пад. Во денешниот фудбал тоа е просто невозможно, но се надевам дека кога се ќе заврши, ќе има доволно причини за радоспричини за радост.

МАРИНО ЛУЧИЌИНТЕРВЈУ

16

Page 17: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

По огромното искуство како тренер на голманите, Силвињо Љуро е моментално еден од главните тренери на првиот тим на Челси и дел од менаџерскиот состав на Жозе Мурињо уште од времето кога тој го предводеше Порто. Тој исто така има работено и со голманите на португалската репрезентација.

Уште кога Мурињо прв пат го водеше Челси тој беше клучен дел од брзата адаптација на Петр Чех кон англискиот вид на фудбал и играњето во голем клуб. Рекорд во одбраната во Премиер Лигата беше поставен кога ја освоивме титулата во 2005-тата година и уште една титула во следната година.

Силвињо го делеше успехот каде и да менаџираше Мурињо и исто така беше важен дел во одличните настапи на Жулио Цезар во Интер кога италијанскиот клуб ја освои титулата во Лигата на Шампионите во 2010-тата година.

Како играч, Силвињо беше на голот на Бенфика во повеќе од 400 натпревари во Португалската лига каде настапи и во финалето на Европскиот Куп во 1988-ма и 1990-та година.

Најдобриот странец којшто некогаш играл за Челси. Купен од страна на уште една легенда, Руд Гулит, кој во тој период пристигна како тренер-играч на „Сините“. Цената која била платена на Парма за неговите услуги била 4.5 милиони фунти и веројатно најдобрите пари вложени во некој играч во историјата на клубот. Неговиот допринос беше многу поголем од 70-те гола кои што ќе останат запаметени во историјата. Тој својата магија ја пренесе на сите останати играчи во еден период кој ќе остане запаметен како период на преродба на Челси и враќање на врвот после скоро 25 години исполнети со турбуленции. Во неговиот период, заедно со Роберто ди Матео, Денис Вајз, Франк Лебеф, ДанДан Петреску, Еди Њутн и дружината, Челси освои две европски и четири домашни титули и се врати на врвот, во борба за едно од првите четири места во Премиер Лигата кои водат во Лигата на Шампионите. Бројот 25 не е официјално пензиониран од страна на Челси, меѓутоа никој по него го нема одбрано тој број. Френк Лампард, којшто тренирал слободни удари со Зола, во една прилика рече: „Доколку некој го земе бројот 25, мора да е луд, бидејќи тогаш сите ќе очекуваат од него секој следен слободен удар да постигнува погодок.“

17

Silvino Louro

џафранко зола

дел од менаџерскиот тим на Мурињо

Page 18: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Здраво Иван. Најпрво нека ти е среќна новата година со желби за здравје, среќа и успех во секое поле. Те одбравме тебе за интервју со оглед на тоа што ти беше присутен на подготвителниот натпревар на Челси против НК Олимпија. Накратко опиши го првичното чувство кога веќе сигурно знаеше дека во живо ќе следиш натпревар на Челси?

Прво,Прво, да ви ја честитам новата година и Вам и да се заблагодарам за можноста да бидам дел од овој проект на клубот на поддржувачи на Челси од Македонија. Би сакал да напоменам дека овој натпревар всушност не беше мој прв пат да бидам дел од еден натпревар на Челси. Првиот натпревар што го следев од трибината беше против Левски Софија, пред неполни девет години, којшкојшто натпревар нашите миленици го добија со 3-1. Чувството беше некако чудно и мислев дека некој се шегува со мене. Истото тоа го доживеав и овој пат, станав сигурен дека ќе ги следам „сините“ дури кога тргнав за Љубљана со мојот другар Андреј Величковиќ.

Каква беше атмосферата заедно со фанови на Челси од повеќе земји на трибините?

Атмосферата беше малку разочарувачка. Ние имавме карта за трибината определена за гостинските навивачи, а сепак беше премногу тивко и „сините“ не ја добија потребната поддршка која што ја заслужуваат. Како и на Стемфорд Бриџ, Челси беше гледан како туристичка атракција и тоа би сакал да се смени во иднина.

СоСо кои фанови на Челси се дружевте во Словенија и каков впечаток ви оставија пред, за време и по завршувањето на натпреварот?

СиСите знаеме дека пропаднаа нашите напори да отидеме организирано на овој меч, затоа јас и Андреј тргнавме со редовна линија во Љубљана. Таму случајно се сретнавме со хрватските поддржувачи, и со нив го поминавме времето што остана до натпреварот. Веднаш не прифатија со нив и сите ни се восхитуваа кога им кажавме дека патувавме со автобус околу 12 часови за дада стигнеме за мечот. Беше опуштено и сме многу задоволни од начинот на кој се дружевме со нив. Разменивме контакти и сè уште сме во добри односи - 5 месеци потоа. За време на натпреварот бевме со нив, иако имавме карти за сосема спротивниот дел од трибината. Бевме единствените , вклучувајќи ги и Словенските поддржувачи, кои што беа заедно со неколку верниверни навивачи од Англија од цел стадион кои што цел натпревар стоеја на нозе и го бодреа Челси, чувството не можеше да се опише. По натпреварот пријателите од

Ајде малку да поразговараме за тебе. Кога почна да го поддржуваш Челси и што те натера да го одбереш баш Челси?ПочнавПочнав да го поддржувам Челси кога имав 4 години, сега далечната 1999 година, на еден натпревар кој што Челси го загуби со 3-1 од Дерби Каунти. Имав обичај да следам натпревари со мојот, сега покоен дедо. Tогаш од инает го oдбрав послабиот тим, но мислам дека сеќавањето на него ме задржа со „сините“ и ден денес. Секако, немав можност да го следам Челси како сега, па татака, она вистинското дојде неколку години подоцна.

Кој момент ќе го паметиш до крајот на твојот живот а е поврзан со Челси?Нормално, не можам да се одлучам за еден момент, од голот на Вејн Бриџ против Арсенал 2004 година, преку победата против Ливерпул истата таа сезона којашто одлучи за нашето учество во ЛШ следната сезона, преку Барселона 2005, неколкуте болни полуфиналиња, Москва, Минхен, двата натпревари на кои присуствував лично. Сепак мислам дека најдолго ќе се сеќавам на онаона чувство кога Демба Ба погоди против ПСЖ минатата сезона, за којшто момент ме врзуваат и многу лични, убави, но и болни спомени.

Кој е твој омилен играч и зошто?Мој омилен играч е Џон Тери. Зарем има потреба да се објаснува колку нему му значи синиот дрес и колку тој е значаен за Челси. Тој го одбежи моето детство, единствениот човек којшто сè уште не ме разочара, дури ниту дождливиот 21-ви мај 2008. Не постои човек којшто го сака клубот повеќе од него. Captain, Leader, Legend!

ККого би сакал во иднина да го видиш како го носи синиот дрес?СоставСоставот е одличен, имаме дури и премногу играчи кои што се способни достојно да го презентираат Челси како во Англија, така и во Европа. Но, би рекол дека единствената маaна на овој состав е што има премалку англиски играчи. Така, играч кој што најмногу сакам да го видам во Челси е младиот Рос Баркли од Евертон, како и Адам Лалана од Ливерпул кој што беше мета на КаКарло Анчелоти додека тој беше на чело на стручниот штаб.

Што мислиш кои се можностите на Челси за оваа сезона?Сите 4 трофеи. Едноставно не гледам клуб кој што може да ни се спротивстави во Англија кога фудбалот кој што го играат „сините“ е на вистинското ниво. Во Европа ќе биде потешко, но со малку среќа без која реално, не се може, мислам дека на крајот на оваа сезона ќе имаме доволно причини да се радуваме.

ИВАН ЈАКИМОВСКИИНТЕРВЈУ

18

Page 19: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Седам на старата фотеља покрај прозорецот, прекрасно мајско неделно попладне, сонцето ја обзема дневната соба кај дедо ми. 9 мај е, 2010 година, пред моите очи е сликата која што ја очекував и за која живеев веќе 4 долги години. Џон Тери и Френк Лампард ги држат лавовите на рачката на пехарот, сонцето се одбива од круната на истиот и ги заслепува сите на светот низ кои тетече сина крв. Тоа сребрено нешто изгледаше толку сигурно во нивните раце, во тој момент изгледаше дека светот е наш. И беше, зарем не?

Зошто го пишувам ова?

Тоа се последните убави спомени од стариот Челси кој што газеше се пред себе. Тоа беше крај на една ера. Во ред, две години потоа ја покоривме Европа, но тоа беше надвор од реалноста. Зарем ќе се случеше тоа доколку Дрогба немаше негова ноќ против Валенсија уште во декември таа сезона. Зарем ќе се случеше доколку Наполи само три месеци потоа не беше дочекан во една синасина рапсодија. Доколку сите божества не ни се наклонија нам на тие два меча против Барселона, и најпосле во Минхен. Такви се европските вечери, се паметат долго, се случува магија која не може да се објасни со години, но рака на срце мора да признаеме, тогаш не бевме најдобриот тим на континентот, а сепак „трофејот со големи уши“ заврши кај нас. Тоа го видов ккако враќање на стар долг, како нешто што ни беше одземено кога го заслуживме. Сепак, целта на оваа колумна не е да се потсетиме на Минхен.Зарем може една таква победа да го замени чувството кога ќе дојдат арсенал или тотенхем на запад, и ќе си заминат со солзи во очите, кога ќе им одржиме на Скаузерите лекција покрај Мерсисајд? Зарем може една таква сезона да се спореди со турнеја низ Англија, на што наликуваа нашите освоени титули во ерата на Абрамовиќ. Три години, откако се случија тие слики што сесе надевам добро ги опишав во воведот, ние бевме просечен тим, се до враќањето на Специјалниот. Во тие, за мене чудни, несфатливи, три години, требаше да се плашиме од гостувањата на север, станавме просечен тим кој грчевито се бори за Европа. Некој би рекол се вративме каде што припаѓаме, можеби, но многу е потешко кога ќе имаш нешто и ќе изгубиш. Зарем ССтемфорд Бриџ наликуваше на оној храм од 1905 година, кога примаше екипи од дното и ги испраќаше со еден, а неретко и со три бода? Зарем минатата сезона не

ја изгубивме титулата од еден Сандерленд на кој му беше потребно чудо за да се спаси. Иронијата е што тоа чудо се случи токму таму каде што пред само три и четири години не можеше да си замине назад без најмалку петарда во мрежата.

МинМинатата сезона беше преодна од просекот кон врвот, па така, секој меч сеуште зависеше од моментумот на нашите момчиња. Денес, после пет години, конечно сме на вистинскиот пат. Можеби изгледа небаре ќе скршнеме од него откако се сопнавме неколку пати , но ние сме таму. Тоа едноставно мора да се случи. Се гледа рутината, се гледа моќта, слободно можам да речам- нашинашите деца пораснаа. Нивниот татко пак, предолго е во сенката, гладен за титули и спремен да докаже дека е најдобар, дека е единствен. Дека е специјален. Тој нема уште еднаш да дозволи да ја изгубиме.

„Оваа сезона е ваша“-слушнав додека го гледав руинирањето на Барнли во првото коло во еден паб. Таа фраза беше изустена од навивач на Арсенал од Англија, на неговиот, за мене смешен, „Pikey“ дијалект. „Знам“- му реков, и не го излажав. Знам, бидејќи тоа го знае секој што тече сина крв низ него, уште пред да почне оваа сезона. Знам, затоа што предолго сме на врвот за дада тоа не е вистина. Пред се, знам, затоа што заслуживме, затоа што сме најсилни. А дотогаш, да се сеќаваме на извикот што излезе директно од срцето на Карло Анчелоти последниот пат кога се случи тоа: Come on Chelsea!

ВРАЌАЊЕТО НА КРАЛОТКОЛУМНА НА ИВАН ЈАКИМОВСКИ

And blue, is the colour...

19

Page 20: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Преку еден краток текст ќе ве потсетиме на дел од најдобрите моменти кои ги доживеавме во 2014-та година.Имаше многу позитивни моменти, како и неколку негативни. Според нас годината 2014-та беше една многу бурна за Челси и еве да споделиме со вас некои од највпечатливите моменти во претходните 12 месеци.

Имаше многу позитивни моменти, како и неколку негативни. Според нас годината 2014-та беше една многу бурна за Челси и еве да споделиме со вас некои од највпечатливите моменти во претходните 12 месеци.

Јануари11 – Сините ја стартуваа 2014-та година со одлична победа од 3-0 против клубот кој приреди најмногу изненадувања минатата сезона - Саутемптон. Тој натпревар беше 135-тиот за Хуан Мата за Челси и воедно и последниот со оглед на тоа што веднаш потоа се пресели во Манчестер Јунајтед за сума од 37 милиони фунти.19 – Самуел Ето постигна хет-трик на домашен терен против Манчестер Јунајтед.31 – во последниот ден од трансфер-периодот Челси се договори со францускиот централен дефанзивец Курт Зума од Сент Етиен, трансфер по кој веднаш беше позајмен назад во францускиот клуб до крајот на сезоната.

Февруари

33 – Бранислав Ивановиќ постигна одличен гол на Етихад Стадионот во еден одличен натпревар каде тимската игра беше клучна. „Сините“ ја намалија предноста на Сити на табелата и Граѓаните беа во предност само поради гол разликата.8 – Еден Азар го постигна својот прв хет-трик во својата кариера во Челси откако Челси го совлада Њукасл со 3-0 на домашен терен.22 – Откако Евертон доминираше на теренот во сите 90 минути без можност да најде начин да постигне гол, Френк Лампард успеа во 94-тата минута да постигне гол за победа и накратко да го однесе Челси на врвот на табелата.

2014најдобрите моменти од 2014 година

20

Page 21: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Март1 – Андре Шурле постигна одличен хет-трик во второто полувреме против Фулам со што Челси стана лидер на табелата со четири бода предност пред Манчестер Сити кој имаше два натпревари помалку од Челси.8 – „Сините“ победија во дерби натпреварот против Тотенхем со 4-0 во кој Ето направи сцена за потсмев кон Мурињо22 – во дербито против Арсенал, натпревар кој воедно беше и 1000-тиот натпревар на Арсен Венгер на чело на Арсенал, Челси победи со високи 6-0.

АприлАприл5 – Френк Лампард го постигна својот 211-ти гол кој беше и последниот гол за Челси на нашата легенда во рутинската победа над Стоук Сити. Овој гол воедно беше и 250-тиот во клубската кариера на Лампард.

8 – драматичен гол во 87-та минута на Демба Ба го однесе Челси во полу-финалето од Лигата на Шампионите совладувајќи го ПСЖ. Францускиот тим водеше 3-1 по првиот натпревар но Челси го доби двобојот со помош на постигнатите голови на гостински терен.119 – можноста за освојување на титулата е доведена во прашање со неверојатната но и контраверзна победа на Сандерленд на Стемфорд Бриџ – пораз на Челси кој беше прв на домшен терен по одиграни 77 натпревари под водство на Мурињо. Фабио Борини кој играше како позајмен играч од Ливерпул го постигна контраверзниот гол од пенал ситуација, непостоечки пенал досуден од Мајк Дин.27 – Стивен Џерард се слизна и му овозможи на Демба Ба да постигне гол со кој го доведе Челси во водство.

Мај55 – иако веќе се знаеше дека првиот тим на Челси ќе остане без трофеј, младиот тим на Челси го совлада Фупал во ФА Купот за младинци. Првиот натпревар Челси го загуби со 3-2 но вториот го доби со 5-3 на Стефмрод Бриџ.13 – на крајот од сезоната Џон Тери го продолжи својот договор. Тери досега со Челси има освоено три титули во Премиер Лигата, пет во ФА Купот, два во Лига Купот и по една во Лигата на Шампионите и Лига Европа.

Јуни3 – Лампард ја потврди одлуката да го напушти Челси по 13 години каде одигра 648 натпревари, постигна 211 голови и освои 11 трофеи.12 – заминува12 – заминувањето на Лампард направи место за Цеск Фабрегас кој му се приклучи на Челси од Барселона за сума од 30 милиони фунти. Поранешниот играч на Арсенал го презема дресот со број 4 кој беше ослободен од страна на Давид Луиз кој си замина од клубот и се пресели во ПСЖ по само 24 часа.

Јули1 – Ешли Кол си заминува од Челси по поминати осум години во клубот и освојувајќи една титула во Премиер Лигата, четири во ФА Купот, една во Лига Купот и една во Лигата на Шампионите. Ето, Енрике Хиларио и Сем Хатчинсон исто така си заминаа од клубот. Ветеранот Марк Шварцер потпиша нов договор со клубот во истиот ден.115 – Диего Коста е второто големо засилување ова лето со трансфер од Атлетико Мадрид. Неговиот тимски колега Филипе Луиз му се приклучува на Коста во Челси откако потпиша договор следниот ден пред сетоа тоа да се официјализира на 18-ти јули.18 – по доаѓањето на Коста, од Челси заминува Ба и му се приклучува на Бешикташ, трансфер кој вредеше 4,7 милиони фунти.2525 – една недела по заминувањето на Ба, клубската легенда Дидие Дрогба се враќа во Челси по само две години откако си замина. Неговото враќање значеше дека Лукаку ќе си замине од Челси и се пресели во Евертон додека Рајан Бертранд се пресели како позајмен играч во Саутемптон заменувајќи го Лук Шо кој се пресели во Манчестер Јунајтед.

Август18 – Коста постигнува гол во своето деби за Челси против новиот тим во Премиер Лигата Барнли на гостински терен.3030 – Челси победи во еден фантастичен натпревар поразувајќи ги своите поранешни играчи Ето и Лукаку во драматични 6-3 каде Коста постигна гол во првата и последната минута од натпреварот и со тоа постигна четири голови во три натпревари за Челси.31 – откако Фернандо Торес потпиша две годишна позајмица со Милан, Челси го донесе Лоик Реми од КПР.

21

Page 22: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Септември21 – откако Шурле му донесе предност на Челси против Манчестер Сити, Лампард влезе во игра од клупа и постигна гол за израмнување на Етихад.

Октомври5 – головите на Азар и Коста помогнаа да се порази Арсенал уште еднаш на Стемфорд Бриџ и со тоа Челси е со пет бода предност пред второпласираниот тим.118 – Фабрегас го постигна својот прв гол во Премиер Лигата за Челси, натпревар во кој Челси го порази Кристал Палас.28 – Коста, Куртоа и Азар се меѓу номинираните за Играч на Годината според ФИФА за 2014-та година додека Мурињо е номиниран за ФИФА Менаџер на годината за 2014-та

Ноември1 – Оскар постигна одличен гол за да му донесе победа на Челси против КПР, натпревар по кој Мурињо ја критикуваше домашната поблика на Стемфорд Бриџ.88 – Сините по втор пат го совладуваат Ливерпул на Енфилд во 2014-та година откако Коста постигна два гола и со тоа Челси остана на врвот на табелата со четири бодови предност пред Саутемптон.25 – Поранешниот менаџер на Челси, Роберто ди Матео, изгуби од Челси со 0-5 на домашен терен со неговиот нов клуб Шалке, победа која е најубедлива на Челси на германско тло.

Декември3 – Тотенхем е поразен со високи 3-0 и Челси е на врвот на табелата со предност од шест бодови.26 – откако се обезбеди првото место на католички Божиќ, Челси го совлада Вест Хем на Стемфорд Бриџ.2828 – Азар успеа да му донесе бод на Челси против Саутемптон и со тоа Челси влезе во 2015-та година како лидер со три бода предност.

22

Page 23: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5

Соработник на нашиот фан клуб

Спортска е-продавница

www.facebook.com/fanshopmk

Page 24: „Во светот на Сините“ - Списание бр.5