10
БАЛЕРИНИ И БАЛЕТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА

Мак балет

  • Upload
    bubpce

  • View
    459

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Мак балет

БАЛЕРИНИ И БАЛЕТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА

Page 2: Мак балет

БАЛЕТОТ И БАЛЕТСКОТО ШКОЛСТВО - Балетскиот ансамбл во Македонија бил основан 1948г., сродно на другите балетски ансамбли во Европа, основниот дел на налетскиот репертоар и неговото кореографско оформување биле поврзани со руската балетска школа. Тие биле приспособени на можностите на младите, но талентирани почетници: Натка Пенушлиска, Магдалена Јанева, Јелица Поповска, Е. Џипунова, К. Лашков и др. Веќе во 1960г. македонскиот балет забележал исклучителен напредок. Тој во многу краток период создал ансамбл способен за изведба на многу сериозен репертоар. Во овој период се изведувани и дела со поинаква содржинска и стилска филозофија: музички фтемелени на народниот, вклучително и македонскиот мелос. Следните генерации македонски балетски уметници ги продлабочуваат веќе остварените резултати на основоположниците, стремејќи се кон модерниот балетски израз. Се намалувале разликите помеѓу класичниот и современиот балет, што придонело модерната игра да се развива во повеќе насоки и со поголемо стилско богатство. Во деветата деценија се вкрстиле разновидни стилови и насоки, а се избегнувала примената на академизираниот класичен балет. Во почетокот на 21 век, македонските балетски уметници, со својата техника и артизам, постигнуваат големи естетски вредности, а балетската уметност во Македонија го достигнува нивото на развој на другите уметности со подолга традиција. Развојот на балетското школство во Македонија започнало со балетски курс, нижо балетско училиште и средно балетско училиште. Во него како педагози работеле познати кореографи и балетски уметници од Македонија: Ѓорѓи Македонски, А. Доброхотов, Нина Кирсанова. Подоцна, повеќемина од македонските балетски уметници се вклучиле како педагози во работата на училиштето.

ЃОРЃИ БЛАЖЕВ - МАКЕДОНСКИ е балетски играч, педагог и кореограф, втемелувач на балетската уметност во Македонија. Завршил балетско училиште во Белград и бил член на Балетот на Народното позориште. Во Скопје пристигнал 1948г. како прв шеф, педагог и кореограф. Започнал со организирање и оформување на балетското студио, во кое покрај другите членови, биле примени и група талентирани пионери, кои во историјата на балетската уметност во Македонија се запишани како прва балетска генерација. Студиото прераснало во Балетско училиште, Ѓ.Б.Македонски бил првиот директор. Бил прв играч, шеф, педагог, кореограф на Балетот во Нови Сад, бил член на балетските ансамбли во Белград, Софија, Загреб и Сплит. Имал убава фигура, со многу солидна балетска техника, танцувачки темперамент. Како кореограф Ѓ.Б.Македонски, на сцената

во Скопје поставил низа успешни балетски остварувања.

АЛЕКСАНАР ДОБРОХОТОВ е роден во Вилно 1909г., тој е балетски играч, педагог, кореограф. Балетското образование го стекнува во Театарската артистичко балетска школа во Белград, во 1928г. станува член на Балетот при Народното позориште во Белград. Како првенец со изразена музикалност и силен темперамент, доаѓа во Скопје како шеф на Балетот, педагог и кореограф при МНТ. Директор е на Балетското училиште во Скопје и дава, значаен придонес во создавањето нови балетски кадри и во развојот на балетската уметност во Македонија. Негови поставени кореографии се: Шехерзада - Н.Р.Корсаков, Покана за танц - К.М.Вебер, Лабин и Дорјана - Т.Прокопиев.

ЈОВАН ПАШТИ е роден на 23 декември 1924г., Сомбор. Еден од најзначајните балетски интерпретатори во периодот на конституирањето на балетскиот уметнички израз во Македонија. Учесник е во НОБ, а по ослободувањето настапува во Уметничкиот ансамбл на Југословенската народна армија во Белград. Професионална едукација добива во Балетското училиште "Лујо Давичо" во Белград. Од 1949г. членува во балетскиот ансамбл на Народниот театар во Белград, каде што успешно напредува, добивајќи го статусот солист. Во ансамблот на МНТ доаѓа во 1952г. и е активен до 1972г., а како носител на репертоарот го зазема статусот првенец. Остварува специјализација во Париз кај истакнатите балетски педагози А . Долин , Мјасин , О . Преображенскаја и Љ. Јегорова. Демонстрира елеганција, технички сигурна интерпретација, сугестивен сценски настап и

Page 3: Мак балет

изразено чувство за дуетен танц. Стилската палета на толкувани ролји го потврдува длабоко професионалниот приод, а неговиот танц ја открива есенцијалната, естетска линија, доминантна во толкуваната кореографска концепција. Улоги кои ги толкувал: Ференц - Унгарска рапсодија; Тој - На балот; Педагог - Балетска импресија; Франц - Копелија; Дезире - Заспаната убавица; Марко Охридска легенда; Алберт - Жизел; Рибар - Златната рипка; Ромео - Ромео и Џулиета; Зигфрид - Лебедово езеро; Д-р Басенеф - Кралица на островот.

ТОНИ ШУЛЕВСКИ ( 30.12.1932г. - 19.1.1997г. ) е балетски играч. Средно балетско училиште завршил во Скопје кај Нина Кирсанова, во балетскиот ансамбал на МНТ е рисутен од 1949г. до 1980г., каде што станува еден од најистакнатите првенци, а се истакнува со особено изразена музикалност, буен темперамент и драмска надареност. Ги толкувал улогите: умар во „Жизел”; Везир во „Легенда за љубовта”; Абдурахман „Рајмонда”.

ТАТИЈАНА ПЕТКОВСКА е балерина, педагог, балетски критичар, родена е на 6.9.1933г. во Војводина. Балетската едукација ја започнува во Средното балетско училште во Нови Сад, а ја завршува во училиштето „Луј Давичо” во Белград. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје - Група Педагогија. Од 1952г. до 1957г. станува член на Балетот при МНТ, а од 1957г. избрана е за негов директор и оваа функција ја извршува дванаесет години. Следните дваесет години предава - сценски движења на Факултетот за драмски уметност. Ги толкувала улогите: Црвенкапа во „Заспаната убавица” од П.И.Чајковски; Кукла во „Ѓавол на село” - Ф.Лотка и др.

НАТКА ПЕНУШЛИСКА - МИТРОВСКА е балерина, балетски педагог, кореограф, репетитор, родена е на 24 април 1934г., Скопје. Како најзначаен носител на балетската уметност од првиот период, таа го добива статусот примабалерина, потврдувајќи ги своите квалитети низ многубројните ролји. Едукацијата ја започнува во 1947г., како една од селектираните ученици кои биле дел од балетското студио при Пионерскиот дом "Карпош". Работи со балетските педагози Г. Македонски, А.Асман, а пресудна улога за нејзиниот развој има Н. Кирсанова. Во овој период потребата од формирање балетски ансамбл ја примора оваа прва генерација истовремено да реализира и сценска активност. Пенушлиска дебитира на петнаесетгодишна возраст, толкувајќи ја главната улога во балетот „Бахчисарајска фонтана”. На сцената на МНТ е активна од 1948г. до 1972г. и е носител на севкупниот репертоар . Во сезоната 1953/54 г. е испратена на специјализација во Париз, во студиото на Љ.Егорова и

О.Преображенскаја, а во 1954г. посетува часови по модерен балет кај Кројцберг и класичен балет кај Гзовски во Цирих. Сигурната техника, виртуозноста, нескротливиот сценски темперамент и особениот шарм ја прават синоним на македонскиот балет. Гради неверојатен сценски распон: од лиричниот, суптилен израз во ликовите на Марија, Жизел, преку строгата академска поставеност на Одилија, до темпераментната, бравурозна игра на Китри. Наградите, критиките и одгласите се потврда за нејзиниот исклучителен уметнички израз. По повлекувањето од сцената активна е како педагог и кореограф, била на чело на балетскиот ансамбл и толкувала многу главни улоги.

МАГДАЛЕНА ЈАНЕВА е родена 1934г. во Скопје, таа е балетски играч, балетското обрзование го стекнува во Скопје, во класата на Ѓ.Б.Македонски и Н.Крсанова. Член е на балетот во МНТ од 1949г. - 1956г., првенка е на Балетот на Народниот театар во Белград од 1956г. - 1973г. Се истакнува со со чиста класична балетска техника и музикалност. Има одиграно повеќе главни улогини соло нумери: Сванлида - Л.Делиб „Копелија”, Аурора и Сина птица - П.И.Чајковски „Заспаната убавица”, Јела - Ф.Лотка „Ѓавол на село”.

Page 4: Мак балет

АЛЕКСАНДАР СТОЈАНОВИЌ е роден во Белград, Србија на 2 август 1934г. Балетското образование го стекнал во училиштето „Луј Давичо“ во Белград и во Балетското училиште во Скопје, во класата на Нина Кирсанова. Член е на Балетскиот ансамбл при МНТ и негов првенец од 1954г. - 1982г. Танчер со изразена артистичка креативност. На 28 декември 1968г. учествува во изведбата на „Рајмонда” заедно со Елпида Паковска, Јелица Шаревска, Марин Црвенов и др. во кореографија на Јуриј Мјачин. Ги толкувал улогите: Дон Кихот (Л. Минкус, „Дон Кихот“), Тибалд (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“), Алберт (А. Адам, „Жизел“) и др.

ОЛГА МИЛОСАВЛЕВА е родена во Тетово на 14 септември 1935г. Завршила Средно балетско училиште во Скопје, во класата на Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Олга Милосавлева е креација за сите генерации, балерина и кореографка која засекогаш ги измени границите на македонскиот балет, и припаѓа на првата балетска генерација во современа Македонија, кои го формираа Балетот при МНТ во 1949г. заедно со доајените Ѓорги Македонски, Натка Пенушлиска - Митровска, Елпида Паковска, Јанка Атанасова, Емилија Џипунова, Вера Бранџолица, Смилка Георгиева. Била член на Балетот при МНТ (1949-1976). Имала изразит

танцов темперамент, сценски шарм и смисла за драматуршко оформување на улогата. Во својот ангажман на сцената на МНТ настапила во повеќе солистички улоги, а особено ја препознаваат во т.н. Карактерен репертоар. Интензивно работи и како репетитор и педагог. Балерина запаметена по својот темперамнет, истенчена смисла за танц и флуид што допираше до секој гледач во салонот, но и балерина која мошне рано беше обземена и од еден друг вид на себеискажување. Балерина која својата творечка љубопитност ја насочува кон кореографијата и кореографското творештво. Најголемата љубов и преокупација и е сепак кореографијата. Има направено повеќе од 30-тина целовечерни, кратки балети, балетски обнови. Со кореографија почнала да се занимава од 1958г. Таа е една од најплодните македонски кореографи. Со преку десетина поголеми кореографски дела направени за Скопската и Приштинската балетска сцена, за балетското училиште, за Македонската телевизија и за многу концертни подиуми Олга Милосавлева се вбројува меѓу најплодните кореографски имиња на нашава балетска средина. Најмногу работела врз домашното музичко-балетско творештво со национален, современ и модерен израз. Кореограф е и на првиот и единствен балетски филм на овие простори „Лабин и Дојрана“. Со „Македонска повест“ завршува нејзиониот творечки пат, но и повеста на нејзиниот живот. Улоги по кои ја паметат: Гитана (М.Равел, „Болеро“), Канделас (М.Равел, „Љубовта волшебница“), Воденичарка (М. де Фалја, „Трирогата шапка“). Кореографии: „Лабин и Дојрана“ (Т.Прокопиев), „Дубровничка легенда“ (Љ. Бранџолица), „Македонска повест“ (Гл. Смокварски) и др.

ЈАНКА АТАНАСОВА - 19.12.1935г. Дебар - 1980г. Скопје. Откако ќе го завршува Балетското училиште во Скопје, во класата Ѓ. Македонски и Н. Кирсанова. Работи во МНТ од 1950г. - 1961г., станува член на Балетот при Народно позориште во Белград 1961г. - 1980г. Изразито лирска балерина, со добра класична балетска техника и убава развојна линија на телото. Одета - Лебедово Езеро, Царска убавица - Жар птица.

ЕМИЛИЈА ЏИПУНОВА е родена во Велес на 30 јнуари 1935г. Таа е балерина и балетски критичар. Балетското училиште го завршува во Скопје во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова, истовремено со гимназијата. Апсолвира на Филозовскиот факултет во Скопје, а шлен на Балетот при МНТ е од 1949г. до 1974г. Како солистка се истакнува со својата сигурна бачетска техника. Од 1979г. е балетски рецензент во Радиото и во печатените медиуми. Автор е на две телевизиски серии за балетската уметност. Настапувала како: Муза во „Франческа де Римини” од П.И.Чајковски; Колумбина во „Копелија” од Л. Делиб; Пријателка на Марија во „Бахчисарајска фонтана” од Б.Асафјев.

Page 5: Мак балет

ЕЛПИДА ПАКОВСКА - Била првенка при Македонскиот народен театар, балетски уметник со извондреден широк дијапазон на репертоарот. Опус од над триесет реализирани балетски улоги во повеќе од петстотини претстави во земјата, југословенските и европските балетски центри, каде има презентирано низа блескави остварувања, од првата постановка на македонскиот балет „Валпургиска ноќ“, до последната улога на Рајмонда. Потекнува од Галичник, населба во Мијачкиот крај, во западна Македонија. Дедовците и прадедовците, родителите: Трајко Паковски и Ката Камиловска, родени се во Галичник. Како печалбарско семејство, татко и во 1928г. заминал во Пиреја, а по две години таму заминува и мајка и. Во Пиреја имале свој дуќан, во кој продавале млечни производи. Родена е на 14 февруари 1936г. во Пиреја, а таму се родиле и нејзините браќа и сестри, освен најмалиот брат Ристе кој е роден во

Скопје. Пред самиот почеток на војната во 1941г., родителите со семејството се преселиле во Скопје. До 1945г. не одела на училиште. По завршувањето на војната се враќаат во Скопје. Основно училиште учела во училиштето „Браќа Миладинови”. Паралелно посетувала настава во балетската и хорска секција во пионерскиот дом „Карпош”. Наставничка и била Калина Милошеска, која била голем ентузијаст. Во меѓувреме се основало Балетско студио водено од Ѓорѓи Македонски, кое било прва балетска институција и кое се пренасочило во Балетско училиште. За прием на ученици во студиото имало аудиција на која биле примени 30 девојчиња и 30 машки. Студиото го водел Ѓ.Македонски. Таа го положила приемниот испит и се запишала без знаење на родителите. По интензивно вежбање со педагогот, Македонски ја вклучил целата прва генерација во првата балетска претстава, премиерата на балетот „Бахчи сарајски фонтан” од Борис Асафјев. Прв педагог, кореограф и учител и бил Ѓ.Македонски, кој е основоположник на македонскиот балет, потоа Нина Кирсанова и Димитрие Парлиќ од Белград, Александар Доброхотов педагог, кореограф и играч, кој останал во Скопје до крајот на животот. Прва солистичка улога била во „Втората рапсодија” од Франц Лист, партнер и бил Александар Доброхотов, играч со добро поставена техника и со големо сценско искуство. Ги толкувала улогите во „Златната рипка”, во истоимениот балет од Миховил Логар, потоа Бисерка во „Охридска легенда” од Стефан Христиќ, Сината птица во балетот „Заспаната убавица”, остварила една од најзабележителните креации на Црниот лебед во „Лебедово езеро”. По три години добила стипендија за специјализација во Москва, каде учела и вежбала во Бољшој театарот кај генијалните педагози Марина Тимафеева - Семјонова, Елизабет Гериг, Асаф Исерер. Паралелно учела и во ГИТИС- Државен институт за театарска уметност, каде што имала статус на аспирант. Пред да заврши нејзината двегодишна специјализација играла на Гала концертот, во кој учествувале многу перспективни млади балерини и солисти на балетот од Бољшој театар. Се претставив со фрагмент од балетот „Пламенот на Париз”, партнер и бил Александар Алексеев, се дружела со ѕвездите Маја Плисецкаја, Галина Уланова, Олга Лепешинскаја, Екатерина Максимска и др. По враќањето во Скопје се вклучила во целиот балетски репертоар. На 26 јули 1963г. се случил катастрофалниот земјотрес во Скопје, театар без покрив, балет на трева, ентузијазам во срцето, тоа беа карактеристики кои направиле во тие тешки денови на искушенија, на опстојување да ги мине со настапи поголемите центри во Југославија. Се пензионирала во 1972г. со балетската премиера „Рајмонда” од Александар Глазунов, кореограф бил Јури Мјачин од Ленинград, Русија. Продолжила како педагог на Балетот при МНТ, како педагог ги изведувала вежбите со целиот ансанбл, солисти и прваци. Како педагог работела со Натка Пенушлинска, Тања Вујсиќ–Тодоровска, Зора Пуровска, Марин Црвенов, Зоран Василевски, Екрем Хусеин и др.

ХАЗАРОС СУРМЕЈАН е балетски играч, роден на 21.4.1943г. во Скопје. Балетското образование го завршил во Балетското училиште во Скопје, во класата на Александар Доброхотов, а член на балетскиот ансамбл на МНТ станал во 1958г. се до 1961г. Тој е играч со сигурна балетска техника, со чувство за балетска поддршка и партнерство. Тој бил солист на Балетите во Келн, Минхен, а од 1966г. и во Националниот театар во Торонто. За балетската сцена на МНТ, ја направил кореографијата за делото на С.Прокофијев „Ромео и Јулија”, а потоа во 2003г. и претставата „Ана Каренина” од П.И.Чајковски. Улоги кои ги толкувал се: Бенволио во „Ромео и Јулија”, Џокер во „Фантастичен дуќан”, Бесмртниот кашчеј во „Жар Птица” и др.

Page 6: Мак балет

ВЕРА БРАНЃОЛИЦА - БОЖИНОВА е балерина, родена во Скопје. Нижо и средно балетско училиште завршила во Скопје, во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова. Од 1949г. до 1976г. таа е член на Балетот при МНТ. Како истакната солистка која била изразито музикална и со чувство за драматуршко обликување на улогите, таа одиграла голем број на балетски претстави. Некои од улогите кои ги толкувала се: Воденичарка во „Трирогатата шапка” од М. де Фака; Тамара во „Тамара” од М.Балакирјев; Дадилка во „Ромео и Јулија” од С.Прокофијев; Кармен во „Кармен” од Жорж Бизе и др.

ТОНИ - АНТОН БАТАЛАКОВ е балетски играч и репетитор. Напоредно со гимназијата го завршува Средното балетско училиште во Скопје, член е на балетот при МНТ од 1964г. до 1992г., каде станува првенец со изразена индивидуалност, техничка сигурност и партнерско умеење. Била директор на Балетот при МНТ од 1979г. - 1989г. и наставник во балетското училиште МБУЦ „Илија Николовски - Луј” во Скопје, а има остварено многу улоги.

АЛЕКСАНДАР ХАЏИМАНОВ е балетски играч и педагог. Роден е во Скопје на 10.3.1948г., образованието го добива во Балетското училиште во Скопје, во класата на Р.Пакашк и Е.Кушовска. Во 1987г. заминува на специјализавија во Ленинград, во институтот „Агрипина Ваганова”, каде престојува една година. Во 1969г. станива член на Балетот при МНТ како солист. При неговото танцување, своите улоги драматуршки го обликува. Од 1989г. до 1993г., тој е директор на Балетот во МНТ во Скопје. Ги толкувал улогите: Тибалд во „Ромео и Јулија” од С.Прокофијев; Еспадо во „Дон Кихот”; Ферхад и Везир во „Легенда за љубовта” и др.

ЕКРЕМ ХУСЕИН е балетски уметник, кореограф со всаден инстинкт и ритуална посветеност. Со својата индивидуалност, специфичен гест, движење и танц, од 1959г. е еден од најмаркантните личности на балетската сцена во Македонија. Уметник кој има одиграно многу улоги, меѓу кои: Меркуцио, една од централните ролји на балетското дело на Прокофијев, Ромео и Јулија, Петрушка од Игор Стравински, потоа Петар Пан, Легенда за Љубовта и др., го креира својот автентичен свет. Со својата енергија, талент, посветеност на танцот, како и напорната и неуморна работа, тој е еден од плејадата уметници кои оставија неизбришлив печат во македонскиот балет. Почнувајќи со првата генерација ентузијасти, кои цврсто ги поставија темелите на денешниот Национален балет, Екрем останува на сцената до ден денес, неуморно посветен исклучиво на играта.

Преку своите остварени креации на сцената на Македонскиот балет, тој поставува критериум за извонредно градење на ликовите, кои тој ги толкува до перфекција. Вечниот Петар Пан на нашата сцена, стана синоним за танцот и љубовта кон него. Екрем Хусеин и припаѓа на втората генерација балетски уметници, кои со својата работа, талент и упорност ја утврдија балетската уменост на македоснката танцова сцена. Тој завршува Средно балетско училиште во класата на А. Доброхотов и од 1959г. станува член на балетот при Операта на МНТ. Првиот голем успех го постигнува само по две години со Меркуцио во балетот “Ромео и Јулија”. Од тогаш наваму, Екрем континуирано работи, твори, неговиот неуморен дух, љубов кон играта од секаков вид, работата и усовршувањето, максималната професионалност и високо ентузијастичко расположение не му дозволиле никакви паузи во неговиот творечки век, кој се одржува до денес. Своите ликови Екрем ги обликува, покрај техниката и природната умешност и со исклучителна емотивност, која честопати публиката ја остава без здив. Во својот творечки век тој соработува со многу познати балетски мајстори: Јуриј Мјачин, Вера Костиќ, Витолд Борковски, Анатолиј Шиќера, Розе Мари Бот, Норман Диксон, Ѓорѓи Македонски, Олга Милосавлева, Звонимир Тајзл, Искра Шукарова и други.

СНЕЖАНА ФИЛИПОВАСКА - Родена во Скопје, 1951г. Во 1970г. завршила балетско училиште и гимназија, од кога е солист во Балетот при МНТ. Во 1973г. станува студентка на државниот институт за театарска уметност во Москва, Русија, во 1978г. со решение на Државната испитна комисија го добива звањето по специјалност педагог - балетмастер, со особено решение на Државната испитна комисија го добива звањето - Магистер по уметност,

Page 7: Мак балет

од 1993-1997г. е Уметнички директор во Балетот при МНТ, во 1993г. со решение на Високата атестациона комиссии при Советот на Министри на СССР добива диплома - Доктор на науки. Doctor of philosophy (Ph.D) in art sciences. Како балерина, ги има остварено главните улоги во класичните балетски претстави: „Жизела”, „Дон Кихот”, „Силфиди”, „Мирандолина”, „Легенди за љубовта”, „Петар Пан”, солистичките улоги во „Охридска легенда”, „Танц на кадети”, „Рејмонда”, „Лебедово езеро” и многу национални и модерни балети. Како кореограф поставува свои кореографии, во балетски делови на оперите: „Аида”, „Евгениј Оњегин”, „Бал под маски”, „Норма” итн. Соработува со интенационални кореографи, во својство на асистент кореограф при подготовката на класичните балетски претстави: „Лебедово езеро”, „Жизела”, „Бајадерка”, „Силфиди”, „Дон Кихот”,

„Легенди за љубовта”, „Есмералда”, „Шехерезада”, „Оревокршачка”, „Рајмонда”. Во однос на балетската професија, нејзиниот втор интерес е сврзан со балетската театрологија. Таа ги има напишано книгите: „Историја на балетската уметност” и „Доајените на македонскиот балет”. На Руската Академија за театарски уметности ја брани својата докторска дисертација „Особеноста на развојот на македонскиот балет”. На Факултетот за музичка уметности во Скопје, Доц. Д-р Филиповска го предава предметот - Историја на балетската уметност.

МАРИН ЦРВЕНОВ е роден во Велес на 3.2.1945г., тој е балетски играч и педагог. Својата балетска наобразба ја добива во Балетското училиште во Скопје во класата на Р.Пакашки. Од 1975г. до 1977г. престојува во Москва каде што ја завршува својата специјализација. Од 1962г. до 1990г. е првенец на Балетот при МНТ, неговата игра во креарињето на улогите и како партнер, е сигурна и хармонична. Тој се занимава и со педагошка дејност, а делумно и со кореографија, а од 1977г. до 1979г. е шеф на Балетот при МНТ. Ги толкувал улогите: Ромео во „Ромео и Јулија” од Сергеј Прокофиев, Базил во „Дон Кихот”, Алберт во „Жизел”, Зигфилд во „Лебедово езеро” од П.И.Чајковски.

ЗОРАН ВЕЛЕВСКИ - балетски играч, репетитор, роден е на 16.12.1954г. во Пеќ. Балетско училиште завршува во Скопје, а од 1973г. е во ансамблот МНТ, каде што го добива статусот првенец. Неговата игра одбележува еден период од македонската балетска историја. Во сезоната 1974/75г. е ангажиран во балетскиот ансамбл на Словенско народно гледалишче во Љубљана. Гостин е на балетскиот ансамбл на „Ралу Ману", Атина, каде што во текот на седумдесеттите години постојано е присутен неколку сезони. Велевски развива извонредна балетска техника, енергична емоционална игра, сценска харизма, кооперативност и умешност во делот на дуетниот танц. Неговите сценски остварувања му даваат можност за реализација на широк емоционален распон, преку кој тој се потврдува како сестран уметник. Неговиот настап е секогаш бурно и топло дочекан од

публиката и високо оценета од критиката. По завршувањето на танчерската кариера се реализира во делот на подготовката, репетицијата на балетските претстави. Починал на 1.9.2005г. во Скопје.

РИСИМА МАТЕВСКА - РИСИМКИН е македонска балерина и и кореограф, родена е во Тетово на 25 мај 1963г. Балет учела во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, била член на Балетот при МНТ од 1980-1998г., специјализирала во Киев, Лондон и Пловдив, почнала да работи како кореограф во 1990г., основач е на Интерат културниот центар во Скопје 1996г., ја востановува наградата „Менада“ за заслужни балетски уметници во 2005г. Таа е еден од водечките македонски кореографи, постојано се движи во насока на развојот на современиот танц кај нас. Има направено досега дваесетина авторски проекти, што ја вбројува во најплодните македонски творци во областа на танцот. Нејзините претстави се оценети како „Меѓник на македонската танцова историја” или „Нова ера во македонскиот танц”, а странската критика ја нарекува „Македонската Пина Бауш”.

Page 8: Мак балет

Творештвото на Рисима Рисимкин го класифицираме во македонската танцова авангарда кое успева да наметне нови погледи во однос на танцот. Водечки критериум за неа е визуелниот момент, поради што создава ефектни, впечатливи слики, кои говорат за нејзините режисерски квалитети. Таа тргнува од провокацијата да ги урне концептите на обликување и да понуди нови. Улоги - Три лебеди (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“),Мерцедес (Л. Минкус, „Дон Кихот“), Вила Мона (А. Адам, „Жизел“) Кореографии - „Болеро“ (М. Равел),„Вител, или како смртта ја победи Кармен“ (Бизе-Шчедрин) и др.

ГОРАН БОЖИНОВ е роден во Скопје 1969г., тој е балетски играч, образованието го стекнува во Средното балетско училиште во Скопје, во класата на Е.Кушовска. Примен е за постојан член на балетскиот ансамблпри МНТ во 1988г., потоа заминува во Санкт Петербург. Тој е првенец со сигурна и чиста балетска техника, искусен партнер и играч со сугестивна сензуалност. Во каиерата оставрил голем број улоги.

ИРЕНА ВЕТЕРОВА е родена во Скопје во 1971г. Своето осумгодишно балетско образование го стекнува во балетското училиште при МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на проф. Елисавета Кушовска - искусен балетски педагог, а со неполни 13 години, Ирена Ветерова е подготвена за еден мошне значаен јавен настап - натпреварување не само со најдобрите ученици на балетските училишта од другите републики во тогашна Југославија, туку и со постари и поискусни млади балетски уметници на второто Југословенско балетско натпреварување во 1984г. во Нови Сад, каде што ја добива втората награда „Сребрена плакета“. На третото, четвртото и петтото издание на Југословенско балетско натпреварување, Ветерова ја добива првата награда „Златна плакета“. Во Луксембург ја добива втората награда „Сребрена плакета“. По завршувањето на осумгодишното балетско училиште, станува член

на балетскиот ансамбл при МНТ. Сензитивниот и автентичен талент на Ирена Ветерова јасно доаѓаат до израз преку првата набргу добиена и одиграна главна женска улога - Лиза во комичниот балет во три чина „Ѓаволеста девојка“ на Фердинанд Ерол во кореографија на Норман Диксон. Вистинска афирмација на домашната балетска сцена доживува со ролјите, на едно од најголемите дела во класичната балетска литература „Лебедово езеро“ на П.И.Чајковски. По неколкуте успешни сезони во балетот при МНТ, добива солистички ангажман во балетскиот ансамбл на „Hessisches Staatstheter Wiesbaden“ во Германија. Година дена потоа го добива највисокото звање на балетски уметник во еден ансамбл - прима балерина, во друштво на Даниела Северијан, Гиоина Масела и Сенди Деласел. Нејзин постојан партнер станува Александар Манахов, еден од петте први играчи на Визбаденскиот балет. Звањето примабалерина и ја носи првата главна улога - Нела во балетското дело „Тил Ојленшпигел“, легендарна историска личност од времето на шпанското владеење во Холандија. Музиката е напишана од Рихард Штраус, а кореографијата специјално за неа ја прави директорот и кореографот на балетот во Визбаден, Ben Van Couwebergh. Соработува со најпознатите балетски уметници во светот: Маја Плисецкаја, Петер Шауфус, Патриција Нери, Виолета Верди, Валери Панов и др.

ИСКРА ШУКАРОВА е македонски кореограф и истакнат солист, родена е во 1972г. во Скопје, завршила нижо и средно музичко балетско училиште во Скопје отсек класичен балет. Современ балет студирала на Конзерваториумите во Лион, Франција, дипломирала Историја на уметноста и Археологија на универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, магистрирала танцови студии во Лабан, во Лондон. Од 1991г. се придружува на балетскиот ансамбл на МНТ, каде работела како истакнат солист и кореограф, била истакнат солист при МОБ од 1991-2010г., се специјализирала за современ танц на Националниот Конзерваториум Супериор во 1993г., Лион. Во 2002г. ги завршува Магистерските студии во Лабан, во 2003г. поканета е да го изведе своето соло „Надвор од Тангента” на фестивалот Танцтендензен во Германија. Во 2009г. Шукарова добива

уметничка резиденција од страна на еминентниот кореограф Јозеф Наџ во неговиот кореографски центар во Орлеан - Франција за да го создаде делото Формула, кое е прикажано на повеќе интернационални фестивали во: Словенија, Италија, Франција, Хрватска, Турција, Шпанија. Има добиено повеќе грантови и уметнички престои, ја прави програмата за часот по современ танц во 1994-1995 при МБУЦ „Илија Николовски – Луј”,

Page 9: Мак балет

каде што и предавала. Уметнички директор на балетот при МОБ е од 2002-2004г. Доцент м-р. Искра Шукарова од 2010г. е професор на студиската програма по Балетска педагогија за класичен балет и современ танц при ФМУ.

КАТЕРИНА КИПРОВСКА - Родена на 26.07.1971г. во Гостивар. Комплетно основно и средно балетско образование го завршува во МБУЦ „Илија Николовски Луј” во класата на проф. Елисавета Кушовска. Во МОБ - Балет е вработена од 1990г. Во 1993г. престојува 3 месеци во Националниот балет во Торонто, Канада. Веќе од 1996г. добива статус на првенка во МОБ - Балет, Скопје. Во 1997г. престојува 1 месец во театарот Станиславски во Москва. 2004 година дипломира на Академијата за Музичка и танцова уметност во Пловдив, Бугарија. Во периодот од 2004г. до 2006г. е Уметнички директор на МОБ - Балет. Од 2006г. е Уметнички директор на Европскиот Колеџ - Атина. Во својата кариера има одиграно многу улоги, меѓу кои се: Одета и Одилија во „Лебедово езеро”, Жизел во „Жизел”, Маша во „Оревокршачка”, Јулија во „Ромео и Јулија”, Китри во „Дон Кихот”,

Никија во „Бајадерка”, Дона Ана во „Дон Жуан”, Есмералда во „Есмералда”, Црна Роза во „Танго”, Саби во „Ташула”, Снежана во „Снежана и 7 - те џуџиња” и др. Како гостинка настапувала во: Колумбија, Перу, Тајван, САД, Бугарија, Германија, Србија, Хрватска, Русија, Црна Гора, Португалија, Грција. Натпревари: Нови Сад - III место и бронзена плакета; Нови Сад - III место и бронзена плакета; Делта прес 2005 год. награда за значителни остварувања во уметноста. Меѓународни натпревари: Париз, Хелсинки, Варна.

ОХРИДСКА ЛЕГЕНДА ( синопсис )ЧИН 1: Село во близина на ОхридВо овоштарникот на таткото на Билјана, богат селски домаќин, во тек е берба на сливи. Собраните момчиња и девојки работат, а меѓу нив се Билјана и сиромашниот селанец Марко, кој работи кај таткото на Билјана. Кога ќе дојде стариот и слеп кавалџија, тие ја оставаат работата и играат на неговата музика. Таткото на Билјана излегува и ги тера да продолжат со работата. Марко гледа Билјана е тажна и за да ја развесели, ја повикува да играат. Момчињата и девојки заминуваат, а Билјана и Марко остануваат сами, среќни што се заедно, но истовремено и тажни, бидејќи знаат дека ќе биде тешко да добијата дозвола од татко и за да се венчаат. Откако Марко ќе си замине, од куќата излегува татко и на Билјана кој и кажува дека одлучил да ја омажи за богатиот селанец Иван. Билјана е очајна, мајка и ја теши, но татко и не попушта. Доаѓа Иван за да ја побара Билјана за жена, сите се весели, единствено Билјана е тажна. Кога сите ќе влезат во куќата, таа го прегрнува Марко кој сето тоа го гледа од страна и се простува од него. Откако ќе падне ноќта, во далечината се слуша звук на марш. Луѓети излегуваат од куќите, а во слето влегува одред на јаничари, кои ги напаѓаат луѓето и ги палат куќите. Родителите на Билјана се ранети, а кога Иван ќе проба да ја одбрани, тој е убиен и паѓа мртов на прагот од куќата. Јаничарите ја земаат Билјана и неколку жители во ропство, многумина се мртви и ранети, а Марко стигнува прекасноЧИН 2: Брегот на Охридското ЕзероНоќта е осветлена од месечината и ѕвездите. Се појавуваат водните вили, кои игаат на езерото, а на езерото доаѓа и поворка ѕвезди, а меѓу нив најубава е ѕвездата Деница. На истото место доаѓа и Марко кој е очаен, бидејќи не успеал да ја спаси Билјана. Sвездата Деница го носи кај главната водена вила Бисерка, на која Марко ќе и се допадне и ќе се согласи да му помогне. На брегот се отвара волшебна пештера, полна со драги камења. Од таму Бисерка на Марко му дава волшебен прстен кој му го осветлува патот на Марко и волшебен меч, со кој Марко ќе ја ослободи својата Билјана.ЧИН 3: Султановата палата во ЦариградВо далечината се гледа Босфор и целиот град кој свети како злато под сонцето. Јаничарите ги носат робовите во дворот на палатата, а меѓу нив се наоѓа една Романка, Бугарка, Гркинка, грчки овчар, Албанка и Билјана. Доѓаат жените од харемот, а по нив со фанфари, доаѓа и султанот, кој седнува на прстолот пред робовите. Церемонијата на избирање на новте робови започнува. Една по една девојките играат пред султанот, но бидејќи се уморни, исплашени и тажни, не успеваат да го фасцинираат султанот. На крај игра Билјана, нејзината игра е полна со емоции, а тоа му се допаѓа на султанот. Кога сакаат д ја однесат во харемот, таа се противи, а во палатата влегува Марко со неколку пријатели. Благодарение на волшебинот меч, тој успева да ги победи јаничарите и го фрла прстенот на Билјана. Кога таа ќе го допре, Билјана се претвора во гулабица и одлетува. Запрепастени, Марко и неговите пријатели бегаат.

Page 10: Мак балет

ЧИН 3: Селото од првопт чинМарко е осамен и тажен, бидејќи ја изгубил Билјана. Пријателите пробуваат да го развеселат, но не им успева. Одеднаш, како да претчуствува нешто, Марко ќе стане и почнува да гледа кон небото, од каде што долетува една гулабица која се спушта на дрвото. Одеднаш гулабицата се претвора во Билјана и таа и Марко се прегрнуваат. Тогаш, доаѓаат нејзините родители кои се пресреќни и се согласуваат таа да се омажи за Марко. Народот се собира и започнува свдбената веселба.