23
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ Предмет: Интерклултурно образование ПОИМ, ЦЕЛ, ЗАДАЧИ И ПРИНЦИПИ НА ИНТЕРКУЛТУРНОТО ОБРАЗОВАНИЕ -Семинарска работа- Ментор: Студент:

Катерина 1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

kate

Citation preview

Page 1: Катерина 1

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ

ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - СКОПЈЕ

Предмет:Интерклултурно образование

ПОИМ, ЦЕЛ, ЗАДАЧИ И ПРИНЦИПИ НА ИНТЕРКУЛТУРНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

-Семинарска работа-

Ментор: Студент:Проф. д-р. Розалина П. Коскарова Катерина Трпковска

Индекс број: 87

Скопје, октомври 2015

Page 2: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

„На луѓето не им е гајле колку знаете,

се додека не дознаат колку всушност вие

се грижите за нив и нивните проблеми! “

Роберт Кавет, Основач на NCA

2

Page 3: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

Содржина:

Вовед 4

1. Поим, значење и принципи 5

2. Интеркулурно образование – улога и цели 7

3. Пренесување и усвојување на интеркултурното образование 11

4. Постоење и делување на интеркултурното образование 12

Заклучок 15

Користена литература 17

3

Page 4: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

Вовед

Мултетничноста, мултикултурноста и интеркултурноста претставуваат

реалнос во поголемиот број на општества денес.

Импликациите од променливиот општествен контекст на поимот за

образование се означуваат преку поимот за интеркултуризмот. Додека

поимот за мултикутуризмот се однесува на плуралитетот на културите

кои живеат на еден простор, интерклутурализмот ги нагласува, односно

акцентот го става на односите помеѓу културите и неопходноста од

нивната интеракција. Интеркултурализмот како димензија во

образованието укажува на постоење на различни како формални, така и

неформални и информални образовни програми чија цел е

унапредување на односите, взаемно разбирање и уважување помеѓу

претставниците од различни културни групи.

Интеркултурализмот, пред образованието, или пред училиштето

поставува бројни нови цели, функции и задачи. Во оваа семинарска

работа, подетално ќе бидат анализирани, поимот, значењето, целите и

принципите на интеркултурното образование.

4

Page 5: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

1. Поим, значење и принципи

Идејата за интеркултурализмот настанала како последица од

разбирањето на ефектите од демографскиот раст на надворешните

заедници во Европа на мултиетнички и мултикултуралните обележја на

европските општества, и тоа, пред сè, и посебно на функциите на

образованието и училиштето. Тоа претставува израз на неуспешноста на

различните проекти за интеграција на општествата и народите, и обид

наместо преку општа асимилација од една, и антагонизмот,

стереотипите и предрасудите, од друга страна, да се воспостави

дијалог.1

Интеркултурализмот означува динамични и интерактивни врски и односи

помеѓу културите, односно повеќе култури кои се познаваат, уважуваат,

почитуваат и почиваат на взаемноста. (Hodzic at al). Значи, нагласена е

релацијата помеѓу културите и неопходноста од меѓусебна интеракција.

Интеркултурализмот не подразбира само присуство, „заеднички живот“,

мешање на различни културни обрасци, туку и можност за споредување

на идеи, мислења, поттикнувања на размислување за разликите кои се

од етничка, религиозна, когнитивна и секоја друга природа.

Интеркултурализмот значи и пронаоѓање на важечки, односно валидни

услови и поттикнувања за развој на различноста. Истиот, истовремено

значи и влијание и развојна self-концептот, создавање и продлабочување

на сознанието за себе. Значи, станува збор за еден вид на пристап, идеја

за динамичниот феномен на културната интеракција и културниот

динамизам.

Вака одреден, интеркултурализмот се смета за еден од водечките

принципи во образованието. Основната задача на интеркултурализмот

во образованието, според Spajic – Vrkas (1993), е да ги направи младите

свесни за нивниот национален идентитет, но и потолерантни кон

1 L. M. Barna, Stumbling Blocks in Intercultural Communication in Bennett, M.J. (ed.) Basic Concepts of Intercultural Communication: Selecting Readings, Yarmouth, Maine, Intercultural Press, 1998.

5

Page 6: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

различните, и што е можно повеќе да го развие чувството за припадност

на својата заедница и на човештвото во целина. Понатаму, авторките

наведуваат дека интеркултурализмот во образованието настојува да

развие нови, потолерантни облици на однесување кај луѓето во

секојдневниот живот, при што се вклучуваат и промените во свеста и во

ставовите на луѓето. Од интеркултурализмот во образованието, се

очекува да придонесе во многу нешта во понатамошниот развиток на

демократијата, во заштитата на човечките права и основни слободи, во

подоброто меѓусебно разбирање и соработка, слобода, сигурност, мир и

разоружување во светот. Исто така, од интеркултурализмот се очекува

да допринесе и за свеста за националниот, верскиот, јазичниот и

културниот идентитет на поединецот. Учејќи да ги препознаваме и да ги

уважуваме своите посебности, учиме практично и да ги уважуваме и

различностите. Затоа денес, во европски контекст, се настојува сè

повеќе идните учители, идните наставници и професори, да се

оспособуваат за промоција на идејата за меѓусебното разбирање и

уважување на различните културни заедници, што на нивното

образование им дава интеркултурен предзнак, односно интеркултурно

обележје.

Табела 1. Принципи на УНЕСКО за Интеркултурно образование

I принцип II принцип III принципИнтеркултурното образование го почитува културниот идентитет на ученикот преку овозможување на културално соодветно и респонзитивно квалитетно обвразование за сите.

Интеркултурното образование им дава на сите ученици културални знаења, вештини и ставови кои им се неопходни за да бидат активни и одговорни граѓани во опшетството.

Интеркултурното образование им овозможува на сите ученици културални знаења, вештини и ставови кои ги оспособуваат да допринесат во почитувањето, разбирањето и солидарноста помеѓу поединците, етничките групи, социјалните и културните групи и поединци.

6

Page 7: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

Во насоките на УНЕСКО за Интеркултурното образование, истакнати се

три основни принципи на интеркултурното образование, а тие се

прикажани во табелата 1, која е прикажана претходно.2

2. Интеркулурно образование – улога и цели

Набљудувајќи ја културата од аспект на социјална кохезија, таа

претставува средиште на индивидуалниот и општествениот идентитет и

служи за подобро разбирање на групниот идентитет. Културата,

незаобиколливо се набљудуба и како интеракција на различните

култури.3 Поединците, припадници на различни култури, живеат едни

покрај други. Токму таа различност го означува поимот мултикултурно.

Покрај елементите кои се од етничката и националната култура тој поим

означува, односно ја вклучува и јазичната, религиозната и

социоекономската различност. Од друга страна, пак, поимот

интеркултурно, се однесува на воспоставување на односи помеѓу

групите кои што им припаѓаат на различни култури, односно нивна

интеракција.

Интеркултурното образование тежнее кон развивање на одржлив начин

на живот во мултикултурно општество, преку создавање на разбирање,

взаемно почитување, дијалог и недискриминација помеѓу припадниците

на различните култури.

Според Уеле (Ouellet, F., 1991) интеркултурното образование тежнее кон

промовирање и развивање на подобро разбирање на културата,

способноста за комуникација помеѓу нив, пофлексибилниот став кон

културните активности и активна социјална интеракција со цел за

препознавање на основните одлики на човечката природа како нешто

заедничко.4

2 Delors, Jacques: Learning: The Treasure Within- report to UNESCO of the International Commision on Education for the Twenty- first Century, UNESCO, 19963 Interkulturalno učenje, T-KIT , No.4, Grupa“Hajde da...“, CoE, EC, Beograd,20054 Ouellet, F. (1991) L’Education interculturelle-essays sur contenu de la formation des maitres. Paris: Editions L’Harmattan

7

Page 8: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

Интеркултурното образование е процес за кој е потребно да се

познаваме себеси, својата култура, за да би биле способни да ја

разбереме и различноста. Секогаш поединците се оние кои се

сретнуваат, а не културите.5 Затоа тој процес наложува преиспитување

на длабоко вкоренетите ставови, убедувања, погледи на светот,

развивање на способноста за гледање од поинаква перспектива, од

перспективата на другите и поинаквите. Таквата способност не се

развива интуитивно, таа се учи и се стекнува. Дадената способност се

изедначува со интеркултурната чувствителност, односно способност за

прифаќање на постоечките различности, а се однесува не само на

поединци туку и на општеството во целина. Бенет, развил модел на

интеркултурна чувствителност, преку кој ги опишува стадиумите низ кои

поединците и општествата поминуваат во пресрет со другите култури: од

негирање на постоење на разлики, односно краен етноцентризам, кон

стадиумот за воочување и прифаќање на истите, односно

етнорелативизмот.

Бенетовиот развоен модел на интеркултурна чувствителност разликува

три основни стадиуми на етноцентризмот и три стадиуми на

етнорелативизмот, и во секој од нив наведува по неколку развојни

меѓустадиуми.

EТНОЦЕНТРИЗАМ ЕТНОРЕЛАТИВИЗАМ

1 2 3 4 5 6

негирање одбрана минимизирање прифаќање адаптација интеграција

ИзолацијаСепарација

ОмаловажувањеСупериорностОбраќање во спротивност

Физички универзализамТрансцедентален универзализам

Бихејвиорален релативизамВредносен релативизам

ЕмпатијаПлурализам

Контекстуална евалуацијаКонструктивна маргиналност

Tабела 2. Стадиуми на развој на интеркултурната чувствителност

5 Bennett, Milton J. (1993) O etnocentrizmu: razvoj modela interkulturalne osetljivosti

8

Page 9: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

Творецот на моделот на интеркултурната чувствителност, Бенет,

наглесува дека опшетствата, институциите, поединците како краен

стадиум на развојот на интеркултурната чувствителност го прифаќаат и

го применуваат минимизирањето. Настојуваат да создадат свет во кој

луѓето ќе споделуваат исти вредности, таканаречени идеи за

универзални вредности. Меѓутоа, проблемот е во тоа што таа идеја

обично се базира на сопствениот вредносен систем – „сите сме деца од

еден бог, но мој бог“.6

Имајќи предвид дека образованието не е само одраз на окружувањето и

општеството веќе самото и го креира, тоа има значајна улога во

мултикултурните заедници: во создавањето и во поддршката за развој на

интеркултурните вештини, способности, знаења и вредности, како и моќ

за втемелување на етнорелативистичките принципи.

За да се реализира неговата улога, неопходно е во училишните

програми да се внесат елементи кои би ја отстраниле етноцентричната

и/или хиерархиризираната слика на културата.

Исто така, неопходна е и поврзаноста на интеркултурното образование

со образованието за демократско и граѓанско општество, бидејќи

интеркултурното образование се разбира како образование кое ги

уважува и поддржува различностите во сите области на човечкиот

живот. Истовремено, станува збор за образованието кое промовира

рамноправност и човекови права, кое се спротивставува на

дискриминацијата и кое промовира вредности врз кои се гради

рамноправноста.

Значи, практично, тое претставува синтеза на учењето од областа на

мултикултурното и антидискриминаторното образование.7

Затоа, поради својата мултидимензионална природа, тоа се однесува на

сите димензии на образовниот процес: живот на училиште, доенсување

на одлуки, образование и стручно оспособување и усовршување на

6 Delors, Jacques: Learning: The Treasure Within- report to UNESCO of the International Commision on Education for the Twenty- first Century, UNESCO, 19967 Intercultural Education i Primary School, NCCA; Dablin, 2005

9

Page 10: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

наставниците, училишни програми, јазик на подучување, методи на

подучување, интеракција со учениците, учебници и работни материјали...

окружување во кое се одвива процесот на пренесување на знаење.

Комплексниот процес бара вклучување, односно инклузија на различни

перспективи и аспекти (мултиперспективност). Затоа, целта на

интеркултурното образование е да::8

Промовира културен плурализам, односно постоењето на другите

вредносни системи;

Развива почитување за различните животни стилови и да создава

нивно разбирање;

Култивизира посветеност за рамноправноста давајќи им на децата

право одговорно да прават избори и да превземаат акции против

дискриминациите и предрасудите;

Уважува сличности и различности вопоглед на културните

вредности.

Начинот за да се остварат овие цели е развој на интеркултурен

курикулум кој содржи учење за јазиците, историјата и културата на

малцинските групи во општеството.

Мултидимензионалниот и мултиперспективниот карактер на

интеркултурното образование е истакнат во специфичните цели преку

„четирите столбови на образованието“ кои ги идентификувала

Меѓународната комисија за образование за 21-от век, а тие се: да учам

за да знам, да учам за да работам, да учам за да живеам заедно со

другите, да учам за да бидам развиена личност.9

Впрочем, потребно е да им се овозможи на учениците поимите, темите и

проблемите да ги согледуваат од различни аспекти и културни

перспективи. 8 L. M. Barna, Stumbling Blocks in Intercultural Communication in Bennett, M.J. (ed.) Basic Concepts of Intercultural Communication: Selecting Readings, Yarmouth, Maine, Intercultural Press, 1998.9 Delors, Jacques: Learning: The Treasure Within- report to UNESCO of the International Commision on Education for the Twenty- first Century, UNESCO, 1996

10

Page 11: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

3. Пренесување и усвојување на интеркултурното образование

Интеркултурното образование се пренесува и се усвојува на два начини.

Првиот начин е преку формално образование, додека вториот начин е

преку неформалното образование. Праксата покажува дека

неформалниот вид е подоминантен, и дека сеуште се надминуваат

бариерите за нивното соединување.

Почнувајќи од формалното интеркултурно образование во Европа, со

проектот на Советот на Европа, поврзани се демократијата, човековите

права, малцинствата: од образовни и културни аспекти, со кои се

претставени принципите на интеркултурното образование. Темелите се

поставени со проектите: граѓанско образование и образование за

демократско граѓанство. Со развојот истото ги поставило основните

насоки врз кои се темели, а тие се: толеранцијата на неизвесностите, со

кои се истакнува поширокото сфаќање на културните во контекст на

современите трендови на глобализацијата. Понатаму, мобилноста:

создавање на т.н. „Европа на луѓе“ како заедница на луѓе кои делат

слични вредности, што го наметнува разбирањето на поимот европско

граѓанство. Поим кој не е поврзан само за политички и правни рамки,

туку и за лични идентитети и вредсноти на секој поединец. Поради таа

цел, многу земји и училишта го идентификувале развојот на граѓанските

вештини како еден од образовните приоритети во своето целокупно

работење.

Процесот на спојување на двата видови со кои се пренесува

интеркултурното образование сеуште е во тек. Имено, формалното

образование е потребно струкурално да се промени бидејќи изразува

присуство (или отсуство) на стереотипи и дискриминации во

општеството. Има и одредени препораки за тоа да се направи на

следниот начин:10

10 Byram, M. (1997.). Teaching and Assessing Intercultural Communicativ Competence. Sydney: Multilingual Matters

11

Page 12: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

Интеркулурното образование треба да биде составен дел од

искуствата на сите просветни работници, односно, неопходно е да

се има и лично искуство за животот во другите култури;

Учебниците треба посебно да се ревидираат на начин со кој ќе

завземаат повеќе различни народи (населенија) и перспективи, а

не само едни кои обично се наметнува и кое е субјективно од

аспект на културата од која што се набљудува.

Потешкотиите се исклучителни и големи при обидите во образовниот

систем да се воведат овие промени, како во основата на

интеркултурното образование би претставувало социјална промена. Како

такво, тоа бара длабоко и критичко размислување, фантазија и

посветеност околу визијата за подобро утре. Тоа практично претставува

еден вид на човечко настојување и трагање за праведно и вистинско

демократско опшетство, кое се коси со постоечкиоот политички монопол

и рапидната глобализација на модерните опшетства.

4. Постоење и делување на интеркултурното образование

Опсегот на постоењето и делувањето на интеркултурното образование,

односно неговата присутност, според Банкс, може да се одреди преку

опис на петте димензии или помеѓусебно поврзани, испреплетени

делувања:11

Интеграција на содржината – воведување и поврзување на

материјалите и содржините, концептите и вредностите од

различни култури во редовниот процес на наставата и учењето;

Конструкција на знаење – поаѓа од претпоставката дека идеите

кои го обликуваат општеството се променливи – сите знаења се

социјално конструирани, со тоа и подложни се и на промени.

Интеркултурното образование подразбира (ре)конструкција на

знаењето. Лицата задолжени за пренесување на знаењето мора 11 Byram, M. (1997.). Teaching and Assessing Intercultural Communicativ Competence. Sydney: Multilingual Matters

12

Page 13: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

да бидат во состојба најпрво да го реконструираат сопствениот

поглед кон светот;

Педагогија на еднаквост и праведност – воведувањето на

различните методи на подучување поради прилагодување на

културните разлики во стиловите на учење кои постојат помеѓу

учениците и стимулирање на училишните достигнувања;

Намалување на предрасудите – менување на ставовите на

учениците кон расните и етничките разлики. Исто така, учење на

толеранција спрема разликите во верските и во сексуалните

определби, физичките и менталните способности...;

Зајакната училишна, односно образовна култура – се однесува на

создавање на училишен амбиент, севкупна атмосфера која

овозможува и поттикнува развој на секој поединец, односно

подеднакво ги охрабрува припадниците на различните етнички

заедници, односно култури.

За жал, бариерата е клучната димензија, охрабрувачката училишна

култура...доколку таа не постои, било каков обид за имплементација на

интеркултурното образование ќе биде безуспешен. Доколку овој услов е

задоволен, проблемот станува личноста, односно, конструкцијата на

знаењето, дека поединецот нема искуство за животот на другите

култури, или не сака да ја шири истата.

Затоа, можеби поголем предизвик сепак претставуваат поединците на

кои одогворноста за ширењето на интеркултурното образование им е

надвор од сопствениот социјален контекст. За тоа е потребно

континуирана работа на подигнувањето на свеста за значењето кое го

има интеркултурното образование, како за поединците, така и за

општеството воопшто.

13

Page 14: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

Заклучок

Образованието може и треба да има многу голема и значајна улога во

создавањето и поддршката за развојот на интеркултурните вештини,

14

Page 15: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

способности, вредности и знаења кои се потребни за живот во

мултикултурната заедница како што е нашата. За да може да биде тоа

остварливо, потребно е во училишните програми да се воведат

елементи кои би ја отстраниле егоцентричната и/или хиерархиската

слика за културите, и објективно, и со почитување да се уважи

особеноста на различните култури кои кохабитираат во поединечни

специфични области. Покрај тоа, неопходно е да се обезбеди и

поврзаност на интеркултурното образование и образованието за

демократија и граѓанско општество.

Доколку се реализираат активностите на интеркултурното образование,

а не се води притоа сметка за демократското учество во животот на

заедниците и за реалните потреби на различните културни групи, постои

опасност интеркултурното образобвание да се сведе на фолклор,

традиција, споменици на култура и слично.

Со ова поедноставување, се занемарува фактот и „императивот на

реалноста“ дека учениците се заинтересирани за сегашноста и за

иднината, а не само за минатото. Доколку се реализираат активностите

за демократијата и за граѓанското опшетство, а при тоа не се земе

предвид интеркултурниот контекст во образованието, се игнорира

суштинската димнензија на општествената реалност и се загрозува

способноста на учениците одговорно да делуваат во мултикултурниот

контекст.

Извесно е дека училиштето постојано треба да ја промислува и да ја

преизпитува својата улога. Се случува училиштето само по себе да ги

пренесува и зацврстува постоечките стереотипи и предрасуди за другите

групи и култури. Кога ќе се обезбеди вклученост и конструктивна

комуникација помеѓу сите актери во образовниот процес, се намалува

подрачјето за неразбирање и на нетолеранција спрема различностите и

така училиштето и образованието стануваат значителен чинител за

развојот на една хармонична мултикултурна заедница.

15

Page 16: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

Користена литература

1. Vodič za unapređivanje interkulturalnog obrazovanja, Fond za otvoreno

društvo, Beograd, 2009.

16

Page 17: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

2. Ouellet, F. (1991) L’Education interculturelle-essays sur contenu de la

formation des maitres. Paris: Editions L’Harmattan.

3. Bennett, Milton J. (1993) O etnocentrizmu : razvoj modela

interkulturalne osetljivosti

4. Kompendium: Studij interkulturalno razumevanje i ljudska prava,

Helsinški komitet za ljudska prava Norveške, mart 2010

5. Ačaji, M. (2011) multikulturalno i interkulturalno obrazovanje: razvoj

interkulturalneosjetljivosti, Novi Sad, Univerzitet u Novom Sadu;

6. Buterin, M. (2012) Interkulturalno obrazovanje temeljeno na školskoj

zajednici Ţivot iškola, 27 (58),104. – 112;

7. Byram, M (2000.). Routledge Encylopedia of Language Teaching and

Learning. London: Routledge

8. Byram, M. (1997.). Teaching and Assessing Intercultural Communicativ

Competence. Sydney: Multilingual Matters.

9. Byram, M., Zarate, G. (1997.). Definitions, objectives and assessment

of socioculturalcompetence. U: M. Byram, G. Zarate, G. Neuner.

Sociocultural Competence in Language Learning and Teaching.

Strasbourg: Council of Europe.

10.Cooper, P., McIntyre, D. (1996), Effective Teaching and Learning.

Buckingham, OpenUniversity Press

11.Klaassen, C. A. (1994.). Revaluation of professionalism and the

pedagogical task, Pedagogical Journal, 19 (5/6), 439-456.

12.Mrše, S., Petrović, D., Gošović, R. I Jerotijević M. (2007) Interkulturalno

obrazovanje i razumijevanje - bazični priručnik za nastavnike i

nastavnice, Beograd: GrupaMOST.

13.Perotti, A. (1995). Pledoaje za interkulturalni odgoj i obrazovanje.

Zagreb: Educa

17

Page 18: Катерина 1

Интеркултурно образование Катерина Трпковска

18