7
ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ Училиште . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . ОУ ,,Никола Карев,, - Кочани Наставен предмет . . . . . . . . . . . . Природни науки Одд. V Учебна . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2012 / 2013 година Наставник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Сашко Стефановски Време на реализација . . . . . . . . . . од 06.09.2012г. до 27.09.2012г. Тема бр.1 ПРИРОДА И ПРИРОДНИ НАУКИ Ред. бр.на час Структура на темата Време на реализ. 6 часови 1 Вовед - Запознавање со целите, содржините и начинот на работа 3 недели во IX месец 2 Природни науки, предмет на изучување и значење 3 Постапки во проучување на природата 4 Вежби и повторување 5 Вежби и повторување 6 Систематизација на темата ПРИРОДА И ПРИРОДНИ НАУКИ Час 1. Вовед - Запознавање со целите, содржините и начинот на работа 1

Природни науки.Тематско_1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Природни науки.Тематско_1

ТЕМАТСКО – ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ

Училиште . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .ОУ ,,Никола Карев,, - Кочани

Наставен предмет . . . . . . . . . . . . Природни науки Одд. V

Учебна . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 2012 / 2013 година

Наставник . . . . . . . . . . . . . . . . . . . .Сашко Стефановски

Време на реализација . . . . . . . . . . од 06.09.2012г. до 27.09.2012г.

Тема бр.1 ПРИРОДА И ПРИРОДНИ НАУКИ

Ред.

бр.на

час

Структура на темата

Време на

реализ.

6 часови

1 Вовед - Запознавање со целите, содржините и начинот на

работа

3 недели

во IX

месец

2 Природни науки, предмет на изучување и значење

3 Постапки во проучување на природата

4 Вежби и повторување

5 Вежби и повторување

6 Систематизација на темата ПРИРОДА И ПРИРОДНИ НАУКИ

Час 1. Вовед - Запознавање со целите, содржините и начинот на работа

Цели (ученикот/ученичката):

- Да се запознае со целите на наставата по природните науки (зошто ќе учи),

содржините (што ќе учи), начинот на работа (кои упатства ќе ги добива, преку кои

активности ќе учи (постапки, низ кои ќе ги усвојува знаењата и ќе се здобие со

потребните способности и вештини).

- Да разбере како, кога и со кои начини, инструменти и критериуми ќе биде

оценувано неговото знаење и напредување.

1

Page 2: Природни науки.Тематско_1

- Да се запознае со наставните средства: учебник, компјутер и другите извори на

знање, како и начините како ќе ги користи.

Препорака: Воведниот час се користи за запознавање со содржините на

предметот природни науки во петто одделение (целите, наставните теми,

активностите и постапките во наставата), како и со начинот на проверување и

оценување на знаењето (што, кога и како).

Наставникот ги запознава учениците со учебникот и другите наставни средства

што ќе ги користат во наставата.

Наставни средства

- Учебник, компјутер, глобус, географска карта, вага, лењир, лупа, огледало,

батерија, ножички и други апарати и прибор.

Час бр. 2 Наставна содржина

Природни науки, предмет на изучување и значење

Цели

Ученикот/ученичката:

- да го осознае предметот на проучување на секоја од природните науки;

- да ја разбере меѓусебната поврзаност на природните науки и професиите во кои

тие се важни.

Наставни средства

- Географска карта, глобус, природен материјал, свеж или конзервиран од

растенија и животни

- Разновидна графика: цртежи, шеми, фотографии, видео и ТВ-филмови, ЦД со

презентација, слики од природата и природните појави, различни организми,

енциклопедии.

2

Page 3: Природни науки.Тематско_1

Час. бр. 3 Наставна содржина

Постапки во проучување на природата

Цели на часовите бр. 3, 4 и 5.

Ученикот/ученичката:

- да ги разбере постапките во природонаучното истражување (набљудување,

претпоставка, обид, мерење, собирање податоци, споредување на податоци,

приказ на податоци);

- да изработува план за истражување;

- да набљудува користејќи сетила и инструменти, прибор и апарати;

- да предвидува промени и процеси кај природни објекти,

- да ги забележува промените и процесите и да ги опишува со свои зборови или да

прави скица (цртеж);

- да го објаснува влијанието на надворешните услови врз природните објекти и

процеси;

- да мери физички величини на природни објекти (време, температура, должина,

маса);

- да изработува и да чита табела и график со податоци.

Активности на часот бр.3

- Прикажување на видео записи за природата и како таа се истражува од

научниците од различните природни науки.

- Фази во истражување на природен објект, појава, природен процес и друго.

- Читање на текстови за интересни пронајдоци од областа на природните науки.

3

Page 4: Природни науки.Тематско_1

Час бр. 4 Наставна содржина

Вежби и повторување

Активности - истражување: на пример - Определување на условите за растење

и развивање на растенијата (растение без вода и растение со вода).

*) Примерот за истражување може да биде заменет со некој друг, според

сопствен избор.

- Читање текстови за избраното истражување и презентација на подготвено

предавање од наставникот, предвидување,

- Предвидување на промените кај двете растенија и поставување хипотеза.

- Поставување обид и набљудување на две изникнати растенија (грав).

Час бр.5 Наставна содржина

Вежби и повторување

Активности - продолжување на истражувањето:

- Мерење на должина со лењир на лист и стебло и броење на листови.

- Следење на промените во текот на една недела, набљудување со лупа;

- Цртање на настанатите промени кај растението (форма, големина и боја на лист и

стебло).

- Мерење маса на двете растенија со вага.

- Запишување на добиените податоци во табела.

- Средување на податоците табеларно и со графикон или со скици.

- Читање на податоците.

- Проверување на предвидувањата, заклучување и дискусија.

Наставни средства

- Лењир, вага, лупа, саксии со никнати зрна грав (фаза со првите 2 зелени листови).

- Сад за полевање, вода.

- Тетратка, молив за запишување на податоци и изработка на скици

- Плакатна хартија, фолмастери за изработка на приказ од истражувањето.

4

Page 5: Природни науки.Тематско_1

- Компјутер на кој се изработува табела и (евентуално графикон).

- Фотоапарат за фотографирање на објектите во обидот (доколку го има).

Час бр.6

Систематизирање на знаењата за наставната тема бр. 1:

Природа и природни науки

Цели

Ученикот/ученичката:

- да го објаснува предметот на изучување на секоја од природните науки;

- да ги препознава фазите на истражувањето во природните науки;

- да го препознава едноставниот прибор за истражување и мерења во природните

науки и да умее правилно да го користи.

- да ја познава намената на основните нагледни средства во природните науки:

географска карта, глобус, компас, лупа, лењир, вага, термометар, градуирана

стаклена чаша и друго.

*Наставникот го задржува правото на измени во текот на реализација на темата

5