МАШКИ ХОР - WordPress.com...VII одд. 06 - 10.04. 2020 понеделник до...

Preview:

Citation preview

VII одд.

06 - 10.04. 2020 понеделник до петок

МАШКИ ХОР

I.Во тетратката препишете и научете го следниот текст:

Машкиот хор е вокален ансамбл составен од возрасни машки гласови

(тенор,баритон и бас).Може да исполнува едногласни, двогласни, тригласни и

повеќегласни композиции. Машкиот хор може да има моќен, масовен и темен

звук.Погоден е за искажување на драмски,херојски и борбени расположенија.Со

темниот звук остава впечаток на цврстина и сплотеност.Машкиот хор може да

исполнува композиции со различен карактер и жанр.

II.Во тетратките направи анализа (како на часовите) на следната композиција :

1.„Хор на ловџиите“од операта „Волшебниот стрелец“ од Карл Марија Вебер

III. Истражи за операта и за композиторот Карл Марија Вебер и запиши кратка

биографија за него (во 5,6 реченици).

Домашна активност:

Пожелно е да се изработи кратка презентација во PP, WORD или PDF со неколку слајдови ( 7 или 8 ) за содржините: хорско пеење, детски, женски и машки хор. Преку кратко наративно раскажување и слики од истите содржини направете убава креативна презентација со максимум 10 слајдови. Презентацијата треба да биде наведена со име и презиме на ученикот и одделение. IV.Повторете го изучениот материјал преку пополнување на дадените листови:

Вашите презентации и досегашни домашни изработки пратете ми ги исклучиво на следниот е-маил:zaklinasjordanova@gmail.com најдоцна до 10.04.2020 за да има време да ги прегледам и оценам. Секоја ваша активност, како погоре наведената ќе биде заведена и оценета со повисока оценка во зависност од тоа како е изработена.

ЧУВАЈТЕ СЕ !

Recommended