Make Cars Green

Preview:

DESCRIPTION

 

Citation preview

Целта на кампањата MAKE CARS GREEN е да го намали негативното влијание на автомобилите врз животната околина и да ги поттикне возачите да размислуваат „зелено“ пред да влезат во нивните автомобили.

10 предлози за „зелено“ возењеКупувајте еколошки автомобил

Планирајте го Вашето патување

Често проверувајте го притисокот во гумите

Намалете го товарот во автомобилот и избегнувајте употребување на кровен багажник

Не го загревајте моторот пред поаѓање

Употребувајте го клима- уредот само кога е неопходно

Забрзувајте го возилото постепено и одржувајте ја брзината на констатно ниво

Користете моторно сопирање

Не оставајте моторот да работи во лер

Намалете ги емисиите на CO2 од Вашиот автомобил

Кога купувате автомобил, секогаш треба да ги земете предвид и еколошките перформанси.

1. Купувајте еколошки автомобил

www.makecarsgreen.com

Купете автомобил со големина која одговара на вашите потреби.

Поефикасен еколошки автомобил ќе ве чини помалку.

Со помош на Еко-тестот на FIA Foundation www.ecotest.eu може да се информирате за лесно разбирливиот систем за рангирање кој ги оценува еколошките перформанси на новите модели на автомобили.

Добро испланираното патување ќе ви овозможи да стигнете до Вашата дестинација на најбрз и најлесен начин, со најмало испуштање на штетни издувни гасови.

2. Планирајте го Вашето патување

www.makecarsgreen.com

Имајте предвид дека десет минути непотребно возење за време на патување од еден час, резултира со 14% намалување на ефикасноста на потрошувачката на гориво.

За куси патувања, доколку е можно користете велосипед, јавен превоз или, пак, одете пеш.

Опремувањето на автомобилот со уред за глобален систем за позиционирање (Global Positioning System - GPS), може да Ви овозможи однапред да ја дознаете најлесната рута до одредената дестинација.

Добро напумпаните гуми го намалуваат отпорот при вртењето, со што се зголемува ефикасноста.

3. Често проверувајте го притисокот во гумите

www.makecarsgreen.com

Возење со гуми кај кои притисокот е за 50kPA (0.5kg/cm²) понизок отколку што треба, ја намалува ефикасноста на горивото за 2 %, односно 4% во урбани и приградски места.

Размислете за опремување на Вашиот автомобил со мониторинг систем за притисокот на гумите, кој ќе ви покаже кога треба повторно да ги напумпате.

Соодветно напумпаните гуми овозможуваат подобра контрола и сигурност на возилото на пат, што значи не само поеколошко, туку и побезбедно возење.

Секоја дополнителна тежина ја зголемува потрошувачката на горивото, а исто така доаѓа и до поголем отпор на воздухот.

4. Намалете го товарот во автомобилот и избегнувајте употребување на кровен багажник

www.makecarsgreen.com

Возење со 100 кг. непотребен товар доведува до значително зголемување на потрошувачката на гориво за околу 6% кај автомобил од средна класа.

Проверете дали имате непотребни работи во багажникот на автомобилот, на пр. дополнителен товар или предмети кои се премногу големи.

Современите автомобили се направени со аеродинамичен облик, па според тоа, кровниот држач за скии може да ја зголеми потрошувачката за 20%.

На современите автомобили повеќе не им е потребно загревање пред поаѓање, со исклучок во студените денови.

5. Не го загревајте моторот пред поаѓање

www.makecarsgreen.com

Се препорачува бавно возење по стартување на моторот; овој начин на возење исто така ја зголемува ефикасноста на горивото.

Современите автомобили се конструирани со мотор за вбризгување на горивото, па не е потребно да се притиска педалата за забрзување при стартување на автомобилот. Доколку го правите тоа, само ќе ги „збуните“ вградените системи и ќе ја зголемите потрошувачката на горивото.

Избегнувајте да го вклучувате клима уредот на минимум, бидејќи тој троши голема енергија од Вашиот автомобил.

6. Употребувајте го клима уредот само кога е неопходно

www.makecarsgreen.com

Кога надворешната температура е 25°C, клима уредот ја зголемува потрошувачката за 12%.

Доколку е безбедно, при градското возење отворањето на прозорите е поефикасно отколку вклучувањето на клима уредот. Меѓутоа, при возење со голема брзина, исправно би било да го вклучите клима- уредот, поради отпорот на воздухот.

Другите уреди во автомобилот, како што се зучните системи, исто така ја зголемуваат потрошувачката.

При внимателното возење се троши помалку гориво, побезбедно е и Ви овозможува вам и на вашите сопатници да стигнете до вашата дестинација поудобно.

7. Забрзувајте го возилото постепено и одржувајте ја брзината на константно ниво

www.makecarsgreen.com

Тргнете полека ( со забрзување од 20km/h за 5 секунди, со што се намалува потрошувачката на гориво за 11%) и избегнувајте нагли, големи забрзувања при возењето.

Избегнувајте „лепење“ до возилото пред вас, бидејќи тоа предизвикува непотребно забрзување или намалување на брзината кое предизвикува зголемување на потрошувачката на горивото за 2% во урбани и 6% во приградски места.

Возете со највисок можен пренос на брзините во секоја ситуација.

Користењето на природната сила за сопирање на моторот го штеди горивото.

8. Користете моторно сопирање

www.makecarsgreen.com

Отпуштањето на педалата за гас при потреба да се забави возилото го прекинува дотекот на горивото што доведува до зголемување на потрошувачката за 2%.

Моторното сопирање исто така дополнително го намалување истрошувањето на сопирачките.

И кога не го користите моторот на возилото, тој сепак троши гориво.

9. Не оставајте моторот да работи во лер

www.makecarsgreen.com

При работењето на моторот во лер повеќе од една минута, се троши повеќе гориво отколку да се стартува моторот повторно.

Десет минути работа на моторот во лер (со исклучен клима- уред) троши 130cc гориво.

Испуштање на СО2 како резултат на транспортот честопати е неизбежно, па, доколку возите, сепак можете да придонесете за намалување на емисиите на СО2.

10. Намалете ги емисиите на СО2 од Вашиот автомобил

FIA беше пионер со овој проект за намалување на емисиите на CO2 изработен во Мексико пред десет години.

www.makecarsgreen.com

Recommended