Ажурирање на Меѓународните стандарди за ревизија - МСР...

Preview:

DESCRIPTION

Ажурирање на Меѓународните стандарди за ревизија - МСР од 2003 г. до 2008 г. Андреас Микромасторас Грант Торнтон Грција. Вовед и цели МСР од 2003 г. -2008 г. Цел на презентацијата. - PowerPoint PPT Presentation

Citation preview

Ажурирање на Меѓународните стандарди за ревизија-МСРод 2003г. до 2008г

Андреас МикромасторасГрант Торнтон Грција

Вовед и цели МСР од 2003г. -2008г.

Цел на презентацијата

Презентацијата се однесува на развојот на МСР од 2003 година сé до 2008 година. Oвие години беа мошне важни за развојот на Меѓународните стандарди за ревизија.

Причините се осврнуваат главно на развојот на светската економија, до тој степен што тој развој ја обележа ревизорската професија во истиот период.

Презентацијата ќе започне со неколку воведни информации за Одборот за Меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ) и ќе продолжи со презентација на важните промени во МСР по година.

Цел на презентацијата

Целта на презентацијата е да го опфати развојот на Стандардите како и промената на целите на самите Стандарди и во исто време, промената на ревизорската професија.

За Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување ОМСРУ

Одбор за меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ) е телото кое ги утврдува стандардите кое работи под и е назначено од страна на Меѓународната федерација на сметководители (МФС).

За Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување ОМСРУ

Која е целта на ОМСРУ?

Служи на јавниот интерес преку:

• Утврдува независно и според неговата компетентност стандарди за високо квалитетна ревизија, контрола на квалитет и други поврзани услуги.

• Помага при конверзијата на националните стандарди во меѓународни стандарди.

За Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување ОМСРУ

При тоа, го зголемува квалитетот и

сообразноста на практиката во

светски рамки и ја зајакнува

довербата на јавноста во

глобалната професија на ревизијата и уверувањето.

Цел на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди (ОМСС): “да

развие единствен комплетен на високо квалитетни, разбирливи и применливи

глобални сметководствени стандарди кои бараат високо квалитетни, транспарентни и споредливи информации во финансиските

извештаи…."

За Проектот за појаснување

Во 2003 година, ОМСРУ изврши проверка на неговите нацрт конвенции со цел да идентификува начини за подобрување на јасноста на неговите стандарди и доследноста на нивната примена (Проект за појаснување).

Проектот за појаснување е еден од назначајните проекти на ОМСРУ кој се стреми да ја подобри јасноста на и разбирливоста на Меѓународните стандарди за ревизија.

Тоа беше потребно заради предлозите на

Регулаторите.

За Проектот за појаснување

Подобрувањата кои се опфатени од Проектот за појаснување нашироко ги вклучуваат следните:

• Утврдување на цел за професионалниот сметководител во однос на секој стандард посебно.

• Појаснување на обврските кои се наметнати на професионалниот сметководител од страна на условите на стандардите, користејќи ревидирана терминологија.

• Елиминација на двосмисленоста во врска со тоа дали користењето на сегашното време во стандардите наметнува обврска за професионалниот сметководител; и

За Проектот за појаснување

•Подобрување на севкупната читливост и разбирливост на стандардите преку структурни и концепирани подобрувања, вклучувајќи и појаснување на применливиот материјал во стандардите

Ги појаснува стандардите

Води кон подоследна примена

Го промовира нивното усвојување и

Ја помага меѓународната конверзија

Како Проектот за појаснување ги подобрува МСР?

Ажурирани МСР -2003 година

Ажурирани МСР- 2003 година

Светската економија во 2003 година

• Слаба светска економија (Кризата во Азија)

• Скандали во финансиското известување (на пр. Енрон, Пармалат)

• Загриженост околу улогата на подготвувачите, раководството, оние кои се задолжени за управување и конечно се разбира, улогата на ревизорите.

Сите овие фактори создадоа рамка на сомнеж.

Ажурирани МСР- 2003 година

Понатаму, тука е и утврдувањето на Одборот за надзор сметководството во јавни компании (ОНСЈК) и критичната дискусија во светски рамки во врска со последиците од Актот Сарбанес-Оксли во САД.

•Фокус на развојот на високо квалитетни стандарду за ревизија.

•Фокус на стандардите кои го опфаќаат ризикот на ревизијата, одговорности на контролата на квалитет на ниво на претпријатија и ангажмани.

ОДГОВОР НА ОМСРУ

Ажурирани МСР- 2003 година

• Развива рамка за уверување

• Издава друг ревидиран стандард за уверување на ангажмани покрај ревизија или проверка на историски финансиски информации.

Во 2003 година, повеќе од 70 земји наложија дека или ги усвоиле МСР или забележале дека не постојат значајни разлики помеѓу нивните национални стандарди и МСР.

Ажурирани МСР- 2003 година

ОМСРУ во 2003 година:

Успешно ги финализираше неговите стандарди за ризик на ревизија.

Успешно ја финализираше неговата рамка за уверување и неговиот прв стандард за уверување на ангажмани покрај оние за ревизиите.

Ажурирани МСР- 2003 година

Одобрени и издадени МСР во 2003 година:

Меѓународни стандарди за ревизија

• МСР 315- Разбирање на ентитетот и неговата средина и проценка на ризикот за материјалните погрешни прикажувања (Октомври 2003 година).

• МСР 330- Ревизорската постапка во однос на проценети ризици (Октомври 2003 година).

• МСР 500- Ревизорски доказ (Ревидиран Октомври 2003 година).

Ажурирани МСР- 2003 година

Одобрени и издадени МСР во 2003 година:

Меѓународни стандарди за ревизија

• МСР 200- Цели и општи принципи кои ја предводат ревизијата на финансиски извештаи (изменет Октомври 2003 година).

Ажурирани МСР- 2003 година

Стандарди за уверување издадени во 2003 година:

• Меѓународна рамка за уверување на ангажмани (Ревидиран –Декември 2003 година).

• Меѓународен стандард за ангажмани за уверување (МСАУ 3000)- Ангажмани за уверување освен за ревизии (Декември 2003 година).

Ажурирани МСР-2004 година

Ажурирани МСР – 2004 година

Во 2004 година, ОМСРУ успешно финализираше и издаде пет нови или ревидирани стандарди.

Ажурирани МСР – 2004 година

Одобрени и издадени МСР во 2004 година

- Меѓународни стандарди за ревизија

• МСР 220- Контрола на квалитет на ревизија на историски финансиски информации (Ревидиран –февруари 2004 година)

• МСР 240- Обврската на ревизорот да земе предвид измама при ревизија на финансиски историски извештаи (ревидиран –февруари 2004 година)

Ажурирани МСР – 2004 година

Одобрени и издадени МСР во 2004 година

- Меѓународни стандарди за ревизија

• МСР 300- Планирање ревизија на финансиски извештаи (ревидиран – јуни 2004 година)

• МСР 700- Извештај на независниот ревизор за комплетната група финансиски извештаи сп општа намена

Ажурирани МСР – 2004 година

Одобрени и издадени МСР во 2004 година

- Меѓународни стандарди за контрола на квалитет

• МСКК 1- Контрола на квалитет на претпријатија кои вршат ревизија и проверка на историски финансиски информации и други ангажмани за уверување и поврзани услуги (февруари 2004 година).

Стандарди за контрола на квалитет – 2004 година

Контрола на квалитет е значајна цел на ОМСРУ.

Контрола на квалитет е основна за високо квалитетна ревизорска работа.

ОМСРУ одобри два стандарди за контрола на квалитет.

• МСКК 1- Контрола на квалитет на претпријатија кои вршат ревизија и проверка на историски финансиски информации и други ангажмани за уверување и поврзани услуги .

Стандарди за контрола на квалитет – 2004 година

МСКК1 ги утврдува одговорностите на претпријатието за утврдување и одржување на систем за контрола на квалитет за сите ревизии, други ангажмани за уверување и поврзани услуги.

• Ревидираниот Меѓународен стандард за ревизија (МСР 220) Контрола на квалитет на ревизија на историски информации, кој утврдува стандарди за специфичните обврски на персоналот на претпријатието за индивидуални ревизорски ангажмани и се темели врз барањата за стандарди за контрола на квалитет во рамките на целото претпријатие, утврдени во МСКК 1.

Стандарди за контрола на квалитет – 2004 година

Стандардите за контрола на квалитет се изработени со цел да:

Помогнат при воспоставувањето на довербата на јавноста во ревизорската професија следствено на корпоративните скандали во изминатите години, и

Осигура највисоко ниво на квалитет при спроведувањето на други услуги за уверување од страна на професионалните сметководители.

Зошто се фокусираме на Стандардите за контрола на квалитет?

Ревидиран МСР 240 Измама- 2004 година

Ревидираниот МСР 240:

бара ревизорот да вложи пофокусирани напори во областите каде постои ризик од материјално погрешно прикажување во финансиските извештаи заради измама, вклучувајќи и измама од менаџментот.

бара ревизорот да изработи и изврши ревизорски постапки кои ќе одговорат на идентификуваниот ризик од материјално погрешно прикажување заради измама, вклучувајќи и постапки кои се осврнуваат на ризикот од надминување на контролите од страна на менаџментот.

Ревидиран МСР 240 Измама- 2004 година

Иако секогаш ќе биде тешко да се детектира измамата од менаџментот, сепак ревидираниот стандард ги нагласува обврските на ревизорот да идентификува и одговори на ризикот од материјално погрешно прикажување заради измама.

Овие нови услови ќе резултираат со зголемени работни напори за ревизорите.

Ревидиран МСР 300- Планирање ревизија-2004 година

Ревидираниот МСР 300 бара ревизорите да бидат поригорозни при планирањето на нивните ревизии со цел нивните ангажмани да бидат извршени на ефективен начин.

Ревидираниот МСР 300 бара ревизорот да утврди севкупна стратегија која го утврдува делокругот, временската рамка и насоката на ревизијата.

Ревидиран МСР 300- Планирање ревизија-2004 година

КЛУЧНА УЛОГА НА

СЕВКУПНАТА СТРАТЕГИЈА

•Распределба на ресурсите на ревизорот во високо ризичните области.

•Постапки за планот на ревизорот за проценка на ризик.

•Дополнителни ревизорски постапки кои се фокусираат на областите каде има ревизорски ризик.

Ревидиран МСР 700- Извештај на ревизорот -2004 година

Ревидираниот МСР 700 утврдува нов облик на ревизорскиот извештај.

Стандардот поставува рамка со која се одвојуваат барањата на ревизорскиот извештај поврзан со МСР ревизија и дополнителните обврски за известување во други правни области.

Новиот облик на ревизорскиот извештај е:

• Споредлив во сите правни области

• Флексибилен за да опфати специфични локални услови за известување.

Ажурирани МСР -2005 година

Ажурирани МСР – 2005 година

Примарниот фокус на ОМСРУ останува на повторно воспоставување на довербата во ревизијата на финансиските извештаи.

Во 2005 година, ОМСРУ направи значајни чекори во подобрувањето на Меѓународните стандарди за ревизија.

Ажурирани МСР – 2005 година

Подобрување на читливоста и разбирливоста

Новите термини или изрази беа дефинирани во Делот за дефиниции во Стандардот. Сите стандарди ги содржат следните четири примарни делови:

• Вовед: делокругот и датумот на којшто Стандардот стапува во сила;

• Целта: цела којашто треба да се исполни од страна на професионалните сметководители;

Ажурирани МСР – 2005 година

Подобрување на читливоста и разбирливоста

• Услови: условите кон коишто треба да постои согласност, заедно со материјалот за објаснување којшто е потребен делот да биде разбирлив од страна на искусниот професионален сметководител;

• Материјал за применување - материјал, дополнет во некои случаи со анекси кои овозможуваат дополнително објаснување и насоки како поддршка за правилна примена на Стандардот.

Ажурирани МСР – 2005 година

ОМСРУ финализираше два (2) стандарди во 2005 година.

Меѓународни стандарди за ревизија

• МСР 230, Ревизорска документација (Ревидиран – септември 2005 година).

Меѓународни стандарди за ангажмани за проверка

• МСАР 2410, Проверка на меѓу-периодски финансиски информации извршена од страна на независниот ревизор на ентитетот (јуни 2005 година).

Исто така, ОМСРУ одобри промени на МСКК 1.

МСР 230- Ревизорска документација 2005 година

Ревизорската документација е критичен елемент во ревизијата. Таа овозможува документација на ревизорската работа и ревизорските докази кои го поддржуваат извештајот на ревизорот.

Ревидираниот стандард воведува важни промени изработени да го подобрат квалитетот на ревизорската документација.

МСР 230- Ревизорска документација 2005 година

Стандардот бара ревизорот да подготви ревизорска документација која е доволна да му овозможи на искусниот ревизор, кој претходно не бил поврзан со ревизијата, да го разбере следното:

•Ревизорската работа

•Ревизорскиот доказ

•Значајните работи кои произлегуваат во текот на ревизијата, и

•Заклучоците на ревизорот.

МСР 230- Ревизорска документација 2005 година

Ревидираниот стандард го утврдува следното:

Нови услови за ревизорот навремено да подготви ревизорска документација.

Нови услови за ревизорот да ги затвори ревизорските документи во разумна временска рамка.

Нови услови повразани со документацијата, кога ревизорот смета дека е потребно да скршне од условите поставени во МСР за да ја постигне целта на ревизијата.

МСАП 2410- Проверка на меѓу-периодски информации -2005 година

Новиот стандард им помага на ревизорите во извршувањето на нивните професионални обврски при проверка на времени финансиски информации на ревизорскиот клиент.

Стандардот наведува општи начела на проверка на времени финансиски информации, обезбедува насоки за испитувања и аналитичките и други постапки кои треба да ги изврши ревизорот, и ја пропишува содржината на извештајот за проверка.

МСАП 2410- Проверка на меѓу-периодски информации -2005 година

Исто така, стандардот дава насоки за писмата за ангажман и изјави од менаџментот коишто ревизорот треба да ги стекне при вршењето на проверка, и вклучува илустративни извештаи за проверка.

Ажурирани МСР – 2006 година

Ажурирање на МСР – 2006г. – Патот до појаснување

Во 2006 година, ОМСРУ направи значителен напредок во неговата работна програма.

•Четири финални преформулирани стандарди и поправен Предговор, одобрен според проектот за појаснување. •Седум ревидирани стандарди, издадени како нацрт стандарди според конвенциите за нацрт на појаснувањето. •Три ревидирани стандарди издадени за објавување или повторно објавување.

Ажурирање на МСР – 2006 година

Четирите конечни стандарди се анализираат на следниот начин:

• МСР 240 - Одговорност на ревизорот да ја земе предвид

измамата во ревизијата на финансиските извештаи. (Преформулиран – октомври 2006 година).

•МСР 300 - Планирање на ревизија на финансиски извештаи (Преформулиран – септември 2006 година).

•МСР 315 – Разбирање на ентитетот и неговата средина и проценка на ризикот за материјалните погрешни прикажувања (Ревидиран – септември 2006 година).

Ажурирање на МСР – 2006 година

Меѓународни стандарди за ревизија

• МСР 330- Ревизорска постапка во однос на преценетите ризици (Преформулиран – септември 2006 година)

Понатаму, под “Проектот за појаснување” ОМСРУ направи измени на Предговорот во Меѓународни стандарди за контрола на квалитет, ревизија, проверка, уверување и други поврзани услуги со што се формираат новите нацрт конвенции кои ќе се користат при развивање на идните МСР, како и надлежностите и облигациите кои се приклучени на тие конвенции.

Ажурирање на МСР – 2006 година

Меѓународни стандарди за ревизија

и конечно ОМСРУ објави

Изјава за политиките, Модификации на Меѓународните стандарди на Одборот на меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ) – Насоки за Составувачите на националните стандарди кои ги усвојуваат Меѓународните стандарди на ОМСРУ, но сметаат дека е неопходно да направат ограничени модификации.

Ажурирање на МСР – 2006 година

Меѓународни стандарди за ревизија

Сите претходно споменати МСР се преформулирани под “Проектот за појаснување” кој ги прави МСР појасни, појаснувајќи дека претходните упатства содржеле некои посилни барања.

Ова ќе доведе до поконзистентна примена на МСР, и ќе помогне при нивно усвојување во правните области ширум светот.

Ажурирање на МСР -2007 година

Ажурирање на МСР – 2007 година

Во текот на 2007, ОМСРУ оствари значаен развој на својата работна програма. Приоритет на ОМСРУ беше развојот на високо квалитетни МСР кои ќе бидат глобално прифатени и кои ќе помогнат при конверзијата.

МСР сé пошироко се прифаќаат ширум светот.Многу составувачи на национални стандарди ги препознаваат предностите на конзистентни ревизорски стандарди и ги прифаќаат Меѓународните стандарди за ревизија (МСР).

Ажурирање на МСР – 2007 година

До денес повеќе од 100 држави покажале или дека ги прифаќаат МСР или пак изјавиле дека нема значајни разлики меѓу нивните национални стандарди за ревизија и МСР.

Ажурирање на МСР – 2007 година

Во 2007 година, ОМСРУ одобри седум финални МСР и 21 нацрт стандарди на МСР изработени во согласност со новите конвенции.

Одобрените финални МСР се анализираат на следниот начин:

Ажурирање на МСР – 2007 година

Меѓународни стандарди за ревизија

• МСР 260 – Комуницирање за ревизорски прашања со оние кои се одговорни за управувањето. (Ревидиран – септември 2007 година).

•МСР 540 – Ревизија на сметководствени проценки, вклучувајќи сметководствени проценки според објективната вредност и поврзани обелоденувања (Ревидирано – декември 2007 година).

•МСР 580 – Изјави на менаџментот (Ревидирано –декември 2007 година).

Ажурирање на МСР – 2007 година

Меѓународни стандарди за ревизија

• МСР 600- Посебни разгледувања на ревизии на група финансиски извештаи (вклучувајќи работа на ревизори на компоненти).(Ревидирано – јули 2007 година).

• МСР 560- Последователни настани (Реформулирано – декември 2007 година).

• МСР 720 - Одговорност на ревизорот во врска со други информации во документите кои содржат ревидирани финансиски извештаи (Реформулирано – септември 2007 година).

МСР 260- Комуницирање за ревизорски прашања со оние кои се одговорни за управувањето – 2007 година

Ревидираниот МСР поставува рамка за комуникација оние кои се одговорни за управвањето.

Ревидираниот МСР: Ги идентификува специфичните работи за кои ревизорот треба да дискутира, вклучувајќи го барањето писмено да комуницира за ревизорската независност.

Препознава дека законот или регулативата, или договорот со ентитетот, може да бараат комуникација за други работи.

МСР 260- Комуницирање за ревизорски прашања со оние кои се одговорни за управувањето– 2007 година

Содржи нови услови и насоки за процесот на комуникација, вклучувајќи и специфични услови за ревизорот тој да ја вреднува соодветноста на обостраната комуникација помеѓу ревизорот и оние кои се одговорни за управвањето.

МСР 540 - Ревизија на сметководствени проценки, вклучувајќи сметководствените проценки според објективна вредност и поврзани обелоденувања– 2007 година

Овој Стандард, кој претставува комбинација меѓу постоечкиот МСР 540 онака како што е ревидиран од страна на ОМСРУ во 2006 година, и МСР 545 Ревизија на мерења и обелоденувања според објективната вредност, беше одобрен од страна на ОМСРУ во декември.

Како дополнување на примената на конвенциите за појаснување на комбинираните стандарди, ОМСРУ исто така креираше примена и други материјали за објаснување за вклучување на повеќе упатства соодветни за сметководствените процени на објективната вредност.

МСР 540 - Ревизија на сметководствени процени, вклучувајќи сметководствени проценки според објективната вредност и поврзани обелоденувања – 2007 година

Комбинацијата на овие стандарди не само што овозможи ги ажурирање на стандардот во смисла на мерење на објективната вредност, туку ги подреди сличните принципи кои ја потенцираат ревизијата на процените на сметководство на објективната вредност со рутинските процени.

МСР 540 - Ревизија на сметководствени процени, вклучувајќи сметководствени проценки според објективната вредност и поврзани обелоденувања – 2007 година

Неодамнешните турбуленции на глобалните кредитни пазари ја потенцираа тешкотијата при проценка на објективната вредност кога пазарите се помалку ликвидни или кога беше потребно оддалечување од вреднување на пазарот кон вреднување врз основ на ненабљудувани излезни резултати.

Ревидирањето на МСР 540 овозможи ажурирање на релевантни стандарди за ревизија.

Зошто беше ревидиран МСР 540?

МСР 580 - Изјави на менаџментот – 2007 година

ОМСРУ во ревидираниот Стандард воведе измени кои се насочени кон промовирање на конзистентност во праксата.

Описот на фундаменталните идеи, поврзување со одговорностите на менаџерите, врз основа ка нои се врши ревизија, беа предмет на ревидирање.

МСР 580 - Изјави на менаџментот – 2007 година

При ревидирањето, ОМСРУ утврди дека измените беа потребни за работите кои се поставени во МСР 210 (Преформулиран), Договарање на условите за ревизорски ангажмани, и предложениот МСР 700 (Преформулиран), Извештај на независниот ревизор финансиски извештаи со општа намена.

МСР 580 - Изјави на менаџментот – 2007 година

Други работи наведени во МСР 580 се:

Дали изјавите на менаџментот се доволни да се сметаат за ревизорски доказ,

датумот на изјавите на менаџментот, и

Случаи на несигурни изјави на менаџментот или одбивање на менаџментот истите да ги обезбеди.

МСР 600 - Ревизија на групни финансиски извештаи – 2007 година

Еден од назначајните нови стандарди е МСР 600. Новиот МСР ги зема предвид следните:

развивањето на поставувањето на стандарди и регулатива ширум светот.

интересот на малите ентитети, и

очекувањата на различни заинтересирани страни, вклучувајќи го оние кои ги претставува ОМСРУ.

Новиот стандард ќе ги зајакне постоечките практики и ќе промовира конзистентност на групните ревизии ширум светот.

МСР 600 - Ревизија на групни финансиски извештаи – 2007 година

Новиот стандард се однесува на степенот до кој групниот ревизор треба да бидат вклучен во ревизија на компоненти кои се под ревизија на други ревизори.

Дали овие ревизори се независни од групата ревизори (неповрзани ревизори) или припаѓаат на националната или меѓународната ревизорска фирма или мрежа на фирми на групниот ревизор (поврзани ревизори).

МСР 600 - Ревизија на групни финансиски извештаи – 2007 година

Ревидираниот стандард е креиран врз основа на тоа дека групниот ревизор презема единствена одговорност за ревизорското мислење за групните финансиски извештаи.

Ова подразбира дека групниот ревизор треба да обезбеди доволно соодветни ревизорски докази врз основа на кои го дава неговото мислење.

Ажурирање на МСР – 2008 година

Ажурирање на МСР – 2008 година

Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ), се движи поблиску до завршување на својот Проект за појаснување со објавувањето на седум разјаснети Меѓународни Стандарди за Ревизија (МСР) и еден појаснет Меѓународен Стандард за Контрола на Квалитет (МСКК).

До денес, ОМСРУ има објавено 29 конечно преформулирани МСР и еден конечно преформулиран МСКК во нов појаснет стил.

Ажурирање на МСР – 2008 година

Одобрените конечни МСР се анализирани како што следува:

МСР 220 – Контрола на квалитет на ревизија на финансиски извештаи (преформулиран).

МСР 500 – Ревизорски докази (преформулиран).

МСР 501 – Ревизорски докази – Специфични разгледувања за одбрани ставки (преформулиран).

МСР 505 – Екстерни конфирмации (ревидиран и преформулиран).

Ажурирање на МСР – 2008 година

Одобрените конечни МСР се анализирани како што следува:

МСР 620 – Користење на работата на експерт (ревидиран и преформулиран)

МСР 710 – Компаративни информации – кореспондирачки износи и компаративни финансиски извештаи (преформулирани).

МСКК 1- Контрола на квалитет на фирми кои вршат ревизија и проверка на историски финансиски информации и други ангажмани за уверување и поврзани услуги (преформулиран).

МСР 620- Користење на работата на експерт – 2008 година

Овој ревидиран стандард го опфаќа користењето на ревизорот на работата на лице или организација кои поседуваат експертиза во одредена област различна од сметководство или ревизија, кој е вработен или ангажиран од страна на ревизорот заради помош при собирање на доволно соодветни ревизорски докази.

Особено се нагласува потребата на ревизорот да ја вреднува објективноста на експертот, и заеднички да ги одредат одговорностите на експертот за целите на ревизијата.

МСР 505- Екстерни конфирмации – 2008 година

Неодамнешните искуства индицираа дека екстерните конфирмации не секогаш се веродостојни колку што се очекува. Ова доведе до барање за многу поригорозно управување со ревизорското користење на екстерните конфирмации.

Одлуката на ревизорот дали да користи процедури за надворешни потврди се заснова врз идентификацијата и утврдувањето на ризиците од погрешно прикажување во согласност со другите МСР, како и релативната вредност на различни извори на ревизорски докази.

МСР 505- Екстерни конфирмации – 2008 година

МСР 505 е насочен кон ефективната успешност на процедурите за екстерни конфирмации кога ревизорот одредува дека тие процедури соодветно одговараат на утврдувањето на проценетиот ризик од погрешно прикажување.

Резиме на значајните измени

Значајни измени 2003-2008 година

Очигледно, сите измени на МСР се сметаат за значајни и влијаат врз работата на ревизорите, но ако ние сакаме да ги нагласиме најважните измени ќе мора да се осврнеме на следниве измени:

МСКК 1- Контрола на квалитет на фирми кои вршат ревизија и проверка на историски финансиски информации и други ангажмани за уверување и поврзани услуги

МСР 220 – Контрола на квалитет за ревизија на историски финансиски информации.

Кои се најзначајните измени?

Значајни измени 2003-2008 година

•МСР 300 – Планирање на ревизија на финансиски извештаи

•МСР 240 - Одговорност на ревизорот да ја земе предвид

измамата во ревизијата на финансиските извештаи.• •МСР 260 – Комуницирање за ревизорски прашања со оние кои се одговорни за управувањето.

• МСР 600 - Посебни разгледувања на ревизии на група финансиски извештаи (вклучувајќи работа на ревизори на компоненти)

•Проект за појаснување

Кои се најзначајните измени?

Значајни измени 2003-2008 година

Меѓународент стандард за контрола на квалитет (МСКК) 1 – Контрола на квалитет на фирмите кои вршат ревизија и проверка на историските финансиски информации, и други ангажмани за уверување и поврзани услуги.

Можеме да кажеме дека овој стандард го менува “животот на ревизорите”. Корисно е да се споменат основните особини на овој Стандард.

Значајни измени 2003-2008 година

Целта на овој Меѓународен стандард е да се постави стандарди и да се обезбеди насоки за одговорноста на фирмите за нивниот систем на контрола на квалитет на ревизиите и проверка на историски финансиски податоци, и за нивните ангажмани за уверување осигурување и поврзани услуги.

МСКК 1- Основни особини

• Фирмата треба да воспостави систем на контрола на квалитет дизајниран да може да обезбеди разумно уверување дека фирмата и вработените работат според професионалните стандарди, регулативата и правните барања, и дека извештаите кои ги објавува фирмата или партнерите за ангажман се соодветни во околностите.

Значајни измени 2003-2008 година

•МСКК 1 е применлив за сите фирми.

Системот за контрола на квалитет на фирмата треба да вклучува политики и процедури кои се однесуваат на секој од следниве елементи:

(a)Одговорност на менаџментот за квалитетот во фирматаФирмата треба да воспостави политики и процедури дизајнирани да промовираат внатрешна култура која се темели врз признавање дека квалитетот е основен за извршување на ангажманите. Ваквите политики и процедури треба да бараат од генералниот директор на фирмата (или соодветно лице) или од управувачкиот одбор на партнери (или соодветна структура) да преземат крајна одговорност за системот на контрола на квалитет на фирмата.

Значајни измени 2003-2008 година

(б) Етички барањаФирмата треба да воспостави политики и процедури дизајнирани да обезбедат разумно уверување дека фирмата и вработените работат во согласност со релевантните етички барања (Интегритет, Објективност, Доверливост, Професионална компетентност и Професионално однесување). (в) Човечки ресурсиФирмата треба да воспостави политики и процедури дизајнирани да обезбедат разумно уверување дека фирмата има доволно вработени со способности, компетентност и посветеност кон етничките принципи потребни да ги извршуваат нивните ангажмани во согласност со професионалните стандарди, регулативата и правните барања, и можат да и овозможат на фирмата или партнерите за ангажман да објават извештаи кои се соодветни на условите.

Значајни измени 2003-2008 година

(г) Прифаќање и одржување на врските со клиентите и посебните ангажмани

Фирмата треба да воспостави политики и процедури за прифаќање и одржување на врските со клиентите и специфичните ангажмани, дизајнирани да обезбедат разумно уверување дека таа ќе ги преземе или ќе ги продолжи врските и ангажманите каде:(1)Го зела предвид интегритетот на клиентот и нема информации кои можат да доведат до заклучок дека клиентот има недостаток на интегритет;(2) е компетентна да го изработи ангажманот и има способност, време и ресурси да го направи тоа, и(3) Може да работи во согласност со етичките стандарди.

Значајни измени 2003-2008 година

(д) Успешност на ангажманитеФирмата треба да воспостави политики и процедури дизајнирани да обезбедат разумно уверување дека ангажманите се извршени во согласност со професионалните стандарди и регулативата и правните барања, и дека фирмата или партнерите за ангажман објавуваат извештаи во согласност со условите.

(ѓ) НабљудувањеФирмата треба да воспостави политики и процедури дизајнирани да обезбедат разумно уверување дека политиките и процедурите поврзани со системот на контрола на квалитет се релевантни, соодветни, ефективно функционираат и се усогласени со практиката. Ваквите политики и процедури треба да вклучуваат тековни разгледување и вреднување на системот на контрола на квалитет на фирмата, вклучувајќи периодична инспекција на избрани завршени ангажмани.

Значајни измени 2003-2008 година

МСР 300 - Планирање на ревизија на финансиски извештаи

Ревидираниот МСР 300 од ревизорот бара да воспостави севкупна стратегија со која се поставуваат делокругот, времетраењето и насоката на ревизијата.

Фазата на планирање на ревизијата од година во година има се поважна улога во ревизорската работа. МСР 300 ги води ревизорите во таа насока.

Значајни измени 2003-2008 година

МСР 240 - Одговорност на ревизорот да ја земе предвид

измамата во ревизијата на финансиските извештаи.

Ревидираниот МСР 240 од ревизорот бара да насочи повеќе напори во областите каде постои ризик од погрешно прикажување на финансиските извештаи како последица на измами, вклучувајќи и измами од страна на менаџерите.

Стандардот исто така од ревизорот бара да изработи и изврши ревизорски постапки како одговор на идентификуваните ризици

Значајни измени 2003-2008 година

МСР 240 - Одговорност на ревизорот да ја земе предвид

измамата во ревизијата на финансиските извештаи.

од материјално погрешно прикажување како последица на измама, вклучувајќи процедури кои се однесуваат на ризик од надминување на контролата од страна на раководството.

Иако измамите на менаџментот секогаш тешко се откриваат, ревидираниот Стандард ги зајакнува одговорностите на ревизорот за идентификување и справување со ризиците од материјално погрешно прикажување како последица на измама.

Значајни измени 2003-2008 година

МСР 260 – Комуницирање за ревизорски прашања со оние кои се одговорни за управувањето

Ревидиран МСР:

• Ја поставува рамката за комуникација со управувачките структури за прашањата од ревизијата.

• Ги идентификува специфичните работи за кои ревизорот треба да дискутира.

• Потврдува дека законот или регулативата, или некој договор со ентитетот, може да бара комуникација за други прашања.

Значајни измени 2003-2008 година

МСР 260 – Комуницирање за ревизорски прашања со оние кои се одговорни за управувањето

Ревидиран МСР:

• Вклучува специфични барања од ревизорот да ја процени соодветноста на двонасочната комуникација меѓу ревизорот и управувачките структури.

Значајни измени 2003-2008 година

МСР 600 - Посебни разгледувања на ревизии на група финансиски извештаи (вклучувајќи работа на ревизори на компоненти)

Ревидиран МСР:

•Се однесува на степенот до кој групниот ревизор има потреба да биде вклучен во ревизијата на компонентите кои ќе бидат под ревизија на други ревизори и дали овие ревизори се независни од групниот ревизор (неповрзани ревизори) или припаѓаат на група национални или меѓународни ревизорски фирми (поврзани ревизори).

Значајни измени 2003-2008 година

МСР 600 - Посебни разгледувања на ревизии на група финансиски извештаи (вклучувајќи работа на ревизори на компоненти)

Ревидираниот МСР:

• е креиран врз основа на тоа дека групниот ревизор презема единствена одговорност за ревизорското мислење за група финансиски извештаи. Тоа бара од групниот ревизор да стекне доволно соодветни ревизорски докази врз основа на кои се формира тоа мислење.

Значајни измени 2003-2008 година

Проект за појаснување

Проектот за појаснување е еден од најважните проекти на ОМСРУ и цели кон подобрување на јасноста и разбирливоста на Меѓународните Стандарди за Ревизија.

Прашања

Благодарам за вашето

внимание

Recommended