Психијатриски симптоми и семејство

Preview:

DESCRIPTION

Психијатриски симптоми и семејство

Citation preview

Психијатриски Психијатриски симптоми и симптоми и семејствосемејство

Познато е дека душевните пореметувања со своето значење го надминуваат концептот на медицината и спознајно- теоретскиот рам, па за разлика од другите заболувања во медицината, душевното пореметување во медицината е многу поотворено во однос на душевно-духовно, и воопшто социјалните простори на човековото постоење.Најчесто настанувањето на одредени душевни пореметувања се поврзува со медицинската или психијатриската генетика.

Други науки кои се интересираат за душевните пореметувања се динамичката и социјалната психијатрија, преку нив сеостварува посебно проучување и на поединецот и на семејството. Психијатриските симптоми можат од повеќе аспекти да се проучуваат во семејството, бидејќи истото е, генетски спроводник од позиција на биолошката димензија, а од друга страна семејството е психо социјијално милие во кое поединецот се развива.

Поконкретно, семејството е централна структура која влијае врз формирање на здравата така и болната личност.

Постои цел низ на душевни пореметувања кои се зачнати во рамките на неповолни семејни услови и пореметени односи со родителите.

До колку се посматраат појавите од аспект на медицинскиот модел, најефикасен е системот на лечење со елиминирање на причинителот на заболувањето. Семејството, го сочинуваат родителите и децата.

Во потрага за причинителите често се утврдува дека родителите се токму тие кои ја предизвикале семејната проблематика, но како да се елиминира причинителот на зболувањето, ако е тој истовремено животно важен, како што се тоа родителите. О. Ваилд еднаш напишал дека децата го започнуваат животот со љубов према родителите за по извесно време тие да им судат, а ретко кога им простуваат. Современиот поглед на семејството и психијатријата се развил во таков правец, што ќе значи , не да се идентификува проблемот - туку, да се идентификува пациенот - и да се бара соодветно решавање на истиот.

Семејство и неуроза

Под неуроза се подразбира она однесување кое има симптоми како што се напад на страв, страв од некои ситуации или предмети, сексуални пречки и тн. Симптомите се симболички израз на психичките конфликти кои начесто се создадени во детството. Конфликтот најчесто се јавува во несвесното или подсвесното и секој обид за оживување на конфликтот доведува до зголемување на анксиозноста од која јас се брани со специфични неуротични механизми на одбрана.

Болеста зафаќа само дел од личноста и тоа специфичната структура. Симптомите не се разбирливи за болниот иако и тој ја сфаќа нивната ирационална природа. Неурозата е болест која не ја фалсификува реалноста иако неуротичниот човек има тенденција да побегне од реалноста низ фантазија, мечтаење или пасивност.

Динамика на односот : неурзата и семејството

Воведувајќи ја социјалната димензија во проучвањето на неурозата Адлер е тој кој го нагласува семејството како една од најзначајните институции која за жал придонесува во формирањето на нуротичните структури. Станува збор за простор каде што неурозата не само што зачнува, туку и е милије во кое се одржува и разива. Условувањето, моделирањето и раниот процес на идентификација и социјализација како и сложената динамика и развој во пубертетот од голема важност се за формирање на неуротичната структура.

Фројд своевремено истакнувал дека кон неуроза е предиспонирана онаа личност која повеќе од просечно е подложна на стресови во околината, пр. ако во семејството машкото дете е со поголема либидална потреба, а семејниот животен стил е сообразен на културолошкиот стереотип дека мажот не смее да ги бара и покажува чувствата од друг, и доколку во семејството се фаворизира агресијата и ривалството, тогаш детето е осуетено од неговите потреби.

Се создава неуротичен кнфликт на релација емоционални потреби - сурови принципи на реалноста што ја нуди семејната динамика. Доколку во неговото семејство браќата имаат такмичарки дух или се агресивни тие во семејството се во позиција на преден план, а другиот субјект развива неуротични конфликти. Вакви примери во пракса има многу, пр. детето може да се роди со телесни пореметувања или по темперамент е меланхолично, или според типот на личност е интровертно. Од најразлични причини родителите премногу го штитат другарите во игра го избегаваат, на училиште секогаш стои на страна.

Ваквата личност се свртува кон себе си и се запоставува надворешниот свет.

Испитувањата кои се однесуваат на опсесивните синдроми кај децата покажуваат дека овие синдроми не се болест на децата туку на родителите. Уште подалеку од тоа станува збор за родителските вредности. Имено, родителите во семејството внесуваат еден систем на вредности кој се однесува на точноста, послушност, уредност што кај децата најчесто развива неуротични механизми на одбрана кога се ограничува нивната слобода и природата на детските потрби кои најчесто значат игра и забава.

Овај систем на вредности родителите го создаваат од нарцистички пореби.

Понекогаш, недостатокот од идентификација со родителот од ист пол може да доведе до потреба оваа идентификација да се оствари низ професијоналната улога на родителите. Се одбира истата професија на родителот, не како израз на суштинска потреба, туку создавање на лоша копија на еден од родителите. Така на пример не е мал бројот на талентирани музичари и сликара кои заради трансгенерациското делување завршиле како просечни лекари, инжењери или столари.

Иако поимот на неуроза најчесто се поврзува за поединецот, неурозата е болест која е најинтимно врзана за семејството и тоа со дупла валенција. Семејниот систем најчесто ги поддржува неуротичните синдроми. Присуството на неуротичниот член во семејството, најчесто упатува на тоа дека станува збор за дисфункционално семејство.

Инцестот како семеен неуротичен феноменЕдиповата ситуација најчесто означува

триаголник, и како таква е базична семејна форма. Во едиповата фаза се поставува основата преку која се развива сексуалноста и структуралната реалност. На овај степен на развој, сексуалноста од првобитниот автоеротизам се упатува кон другите објекти. Зборуваме за успешно совладување на едиповиот конфликт кога се напуштаат родителите како објекти на интерес, со што се развива зрела генитална организација, а ова се обезбедува низ идентификација и низ формирање над јас и идеал јас .

Интересно е дека цел проблем околу едиповиот конфликт најчесто е поврзан со односот мајка - син и најчесто кога се зборува за едиповиот конфликт се мисли на негативните последици во емоционалниот и сексуалниот живот кој ги има возрасниот маж. Праксата пак покажува, дека во проучувањето на семејните проблеми, многу почесто се сретнуваме со инцестот татко - ќерка. Инцесните проблеми како невротични содржини многу често се сретнуваат во индивидуалната психо - терапевска неуроза. Ваквите проблеми бараат семејна терапија.

ВЕЖБА: Семејството доаѓа заради проблемот на седунаесетгодишниот адолесцент, ќерка која е неефикасна на училипте и која во семејството се однесува агресивно и бунтовно. Имала лошо прво сексуално искуство, бидејќи била наводно силувана. Од разговорите на родителите се утврдува дека постои емоционален развод помеѓу родителите и дека мајката го поддржува таткото во неговите агресивни испади кон ќерката. Нејзиното поддржување се состои во пасивност и избегнување на ситуација секогаш кога таткото и ќерката се во конфликт.

Мајката заради професионалните обврски му ја препуштила грижата на таткото, за ќерката, и тоа од најраното детствто. Се до пред крајот на пубертетот ќерката била силно врзана за таткото иако понекогаш добивала напади на омраза кон него. Во поголемиот дел од животот се страмела и плашела од него заради неговте агресивни испади при непослушност како и заради неговото заводничко однесување кон други жени.

Неуротично изразување на љубомората

Љуомората е универзален феномен кој е присутен во семејството и тоа како помеѓу партнерите, така и помеѓу децата, но постои и на релација родители - деца. Основата за подоцнежното појавување на љубомората се поставува во најраното детство.

Пр. раѓањето на второто дете во семејството се дочекува со Каинов конплекс, бидејќи помладиот член бесправно ја присвојува мајчината љубов. Покасно, помладиот член станува љубоморен на постариот, заради положбата што тој ја има во семејството. Љубомората која постои кај децата најчесто е несвесна и се изразува низ симптоми како што се пелтечење, тикови, ноќни стравови и тн.

Агресијата која ја прати љубомората изразува чувство на кривица која според некои автори не изчезнува од човекот никогаш и е причина за многу депресивни состојби. Според францускиот психоаналитичар Лагаж секоја љубомора правобитно е нормално чувство, но за љубомората во неуротична смисла зборуваме тогаш кога е таа долготрајна и кога се јавува како афективно реагирање, пропратено со чувство на тага и нерасположение. Љубомората е најчесто врзана со вољата за моќ и желбата за господарење иако навидум се мисли дека таа најчесто е предизвикана од одредените сексуални чувства помеѓу индивидуите.

Љубомора изразуваат личности кои се емоционално незрели, имаат чувство на инфериорност, а истото го наткомпензираат со потребата да се поседува партнерот и со него да се господари.

Во голем број на случаи сомнежот и стравот да не се изгуби партнерот заради некој, преминува во страв од губење на сопствениот идентитет. Ваквите пореметувања се поврзани за кофлики од различни фази на психо сексуалниот развиток.

Периодот на пубертетот се смета за посебно важен кога станува збор за партнерските односи. Недостатокот од родителската љубов или претераната родителска заштита можат да условат таков дефект, кој стимулира кај субјектот натконпензација, а таа не може да се оствари со барањата кон партнерот.

Проектираната љубомора кај мажите и жените според Фројд, произлегува или од нивната сопствена актуела неверност или е тежнеење кон потиснато неверство.

Неуротично пореметениот партнерски однос во кој се појавува проектираната љубомора не се воочува лесно во околината. Ваквите партнери ја одржуваат фасадата и неуротичната декомпензација на едниот партнер лесно го повлекува неуротичната одбрана на другиот. Ваквите декомпензации се нарекуваат неуротични кризи на партнерскит однос тие се изразуваат со облици на агресија, страв а често и облик на молба што едниот партнер бара доказ против сомнежите и недовербата. Потребите на пртнерита ги изразуваат нивните желби за хармонија кои тие често не знаат да ја остварат.

Кризите настануваат во фаза на несигурнос, во ситуации кога е потребно погплемо емоционално вложување, искрено жртвување ако кај некој од партнерите постои чувсрво дека ќе биде напуштен и тн. Често облик на неуротични однои е нарцистичкиот брачен однос во кој секој од партнерите го користи дригиот за зголемување на самопочитувањето и потврдување на сопствените вредности. Квалитетот на партнерот се истакнува со цел да се направи самопотврдување. На пр.жената го истакнува изгледот, општествената положба, интелегенцијата и др. особини на својот маж проектирајки ги во нив своите нарцистички обвинувања.

Семејство и психоза

Психозите се тешко облици на општествени заболувања кај кои доминара отуѓување од реалноста што се изразува низ суманути идеи (заблуда на болниот), халуцинации,(пореметувања во запазување) и пореметувања во расположението. Психотичниот човек се менува како према околината така и према себе. Одбраната која ја користи најчесто доведува до прекин со објективната реалност и до бегство во аутистичниот свет.

Семејството е место во кое може да се зачни јадрото на психотичното пореметување било да се работи за генетско влијание, или за влијание на семејната средина која ја обликува таквата сруктура на личноста. Семејството може да го одложи, па дури и да го спречи, тешкото психотичко однесување со што уште еднаш се потврадува колку е тоа моќна институција.

Психозите се хронични душевни болести и како такви имаат генетско или биолошко одредување. Но, многу психотични реакции намаат видлива подлога во биолошките пореметувања. Напротив тие се често симптом на отежнатоит процес на созревање, прилагодување, такви психотични реакции сретнуваме кај адолесцентите во фаза на сепарација од родителите, или кај брачните партнери во кризни семејни ситуации.

Семејниот систем многу брзо се организира околу болниот член така што семејството функционира на пониско ниво од она што се неговите реални потенцијали. Ваквата состојба доведува до заболување на другите членови (неурози, психосоматски болести) бидејки во семејството се создава непријатна атмосфера со употреба на механизмот на одбрана кој го спречуваат природниот еволутивен тек на созравање и живот на другите членови на семејството.

Семејство и шизофренија

Шизофренија е група на душевни заболувања со специфични психички симптоми кои доведуваат до дезорганизација на личноста на болниот. Болест што на карактеристичен начин го пореметува мислењето, емоциите, сваќањата, моторното однесување. Шизифренијата најчесто се појавува меѓу 15-55 година и нејзината инциденција расте кај помладите деца од побројните семејства.

Бројните студии покажуваат дека предиспозициите за шизифренија се пренесуваат во семејството. Ако еден родител заболел, ризикот кај децата е од 14-16%, а ако двата родители се заболени ризикот е 64 %. Најновите истражувања покажуваат дека шизофренијата е болест со биолошка основа, на акутен или хроничен стрес, како што се семејните тешкотии, евулутивните семејни промени, зголемените барања од надворешната средина можат да испровоцираат психотични- шизофренични симптоми кај вулнерабилните членови.

Процесот на создавање на услови за психотична шизофренија започнува за време на интраутерината фаза на развој кога родителите почнуваат меѓусебно да се одалечуваат. Мајката уште тогаш може да создаде посесивен однос со детето, некој вид на сојуз кој со време се претвара во прав симболички однос. Таткото станува аутсајдер, многу повеќе е свртен надвор од семејството. Доколку станува збор за машко дете во семејството, таткото со време е се повеќе недостапна фигура за идентификација. Кога во адолесценцијата ќе настапи периодот на осамостојување кај овие личности со изразит сензибилите, несигурност, се јавува тежок процес на прилагодување што повеќе наликува на адолесцентана криза.

Доколку младата личност ја преплават содржини на несвесното кои се често застрашувачки бидејки носат со себе најразлични инцестуозни и агресивни содржини тогаш шизофрената реакција е сигнал дека личноста се бори со проблемот на растење и одвојување- формирање на идентитет во често неповолни семејни односи. Ако е личноста посилна - со помалку биолошки однесувања, а со поголема креативност тогаш нејзината психотична реакција е само апел да и се помогне кон патот на идивидуализација. Во вакви ситуации покрај останатите терапии неопходна е психотерапијата. Семејната треапија треба да го намали притисокот што семејството и надворешната средина го вршат врз поединецот, посебно во периоди кога самата личност е изложена на висок степен на делување на несвесното.

Нашите искуства во работата со семејствата каде што постои член со шизофренија ни дава за право да зборуваме за три типа на семејства;Првиот тип на семејство е она кое е означено како дисфункционално и во кое се јавува шизофрена реакција кај адолесцентните членови. Доминантни симптоми се страв, деперсонализација, промена на расположение, упадливо однесување-инфантилно и нападно суманути идеи. Адолецентот е дете кое најчесто е триангулирано во брачниот конфликт на родителите.

Тој најчесто ги изразува проблемите на тешкотии во однесување во хетеросексуалните односи и изборот на професија. Во ваквите семејства има поголем бр. на емоционално незрели членови или уште поточно има поголем бр. на емоционално незрели односи. Психотичното однесување на адолецентот обично води кон тоа да целото семејство го подржува таквото однесување на адолесцентот. На ваков начи не потикнува несамосталноста кај адолецентот, тој е презаштитен од родителите кои стануваат се поанксиозни.

Најчесто е присутн емоционален развод кај родителите и се јавува се поголема потреба еден од родителите да воспостави коалиција со адолесцентот. Обидот за реконструкција на партнерските односи обично има форма на псеудозаемност и свесна предпоставка на родителскиот пар дека трајниот семеен проблем се наоѓа во болеста на детето. Целта на ваквото семејство е да го одржи семејниот систем во хомеостаза.

Вториот тип на семејство е исто така дисфункционално, со тешки пореметени трансакциони обрасци. Во семејството се наоѓаат озбилни психички пореметувања: психози, пореметувања на личности, самоубиства, алкохолизам, често големи загуби. Избивањето на психозата врзана е за адолесцентниот пероид или е во врска со некои семејни збиднувања во семејството или надвор од него. Идентификуваниот пациент а често и останатите деца обично се триангулирани во семејниот конфликт. Еден од родителите покажува знаци на пореметена личност или алкохолизам. Семејната дисфункцоналност е изразена на сите нивоа: од семејните улоги преку контролата на однесување, комуникација, емоционални врски и тн.

Третиот тип на семејства се оние за кои најмалку може да се каже дека се семејни обрасци кои ја потикнуваат шизофренијата. Меѓутоа, може да се утврди дека семејната емоционална атмосфера (како што е високата емоционална експресивност, контактот со роднините и тоа оние кои се подолги од 35 часови неделно) или животните збиднувања, го потикнуваат и разгоруваат шизофреното однесување. Истражувањата покажуваат дека во семејствата како систем не мора да значи дека овде и сега настануваат болестите туку се создава клима која му погодува на развивањето на шизофреното однесување што може да биде патогено и за другите членови за семејството.

Вежба:Родителите ја донесуваат 17 годишната ќерка заради пореметено однесување кое се изразува во страв од неуспех, промена во расположението, и се почести изјави дека и се чини дека се променува. Вообразува дека гледа анѓели и дека зборува со нив. Во разговорите со членовите на семејството се запазува емоционален несклад помеѓу родителите.

. Мјката има позициа на маченик во семејството а таткото е со агресивно однесување, често се опива со што наоѓа полесни начини на сојата сопруга да и соопшти зошто не се сложува со неја. Ќерката е во постојана напнатост да не се разведат родителите. Мјаката не и е пример на однесување бодејќи ја смета за малограѓанка и жена која му се покорила на спругот. Таткото го доживува како слабич но истовремено и се плаши од него. Родителите се обидуваат на благ и смирен начи да го разјаснатсвојот однос минимизирајки ги конфликтите меѓу нив но очигледно е присуството на золемена тензија во семејството, нејаснотија во комуникацијата како помеѓу самите родители така помеѓу нив и ќерката.

Адолесцентката многу интелегентна, духовита со доза на сарказам ги опишува своите родители како тие ја играат улогата на задоволни и смирени луѓе а всушност се несреќни и агресивни еден према друг. Ќерката во една прилика отворено соопштува дека се плаши да се излечи бидејки родителте во таква ситуација ќе продолжат да се однесувааат исто онака како што се однесувале кога таа била здрава (расправии тепања и закани за развод).

Со комбинација на индивидуална и семејна и медикаментозна терапија состојбата на овааа девојка е компензирано а семејството низ промена на образецот на функционирање успева да фати чекор со природниот животен циклус.

Семејството и параноидни состојбиПараноја и параноидната состојба ја

сочинуваат група на психоза кои се манифестираат низ полесни или потешки пореметувања во мислењето,афектите и агоните.Кај ваквата деперсонализирана личност доминираат сумануте идеите, прогонувања, еротомански идеи, љубомора тн. Сите идеи се организирани и системетизирани а почетната идеја во овој систем по правило поаѓа од погрешна предпоставка(Игњатович 1987). Овај вид на пореметувања не е поврзан со директни наследни фактори иако во семејството на болиот можно е регистрирање на депресивна состојба или др. видови на пореметувања.

Параноидната личност обично е повлечена, сумничава, непријателски расположена према околината , нема смисол за хумор. Сите овое црти на ичноста се развиваат во еден долг низ на години во семејна атмосвера во кој допринесувала во создавањето на проблемот на поверење и самопочит. Во најраното детство па и покасно параноидната личност најчесто е неправедно казнувана или за ситници вреѓана или понижувана. Родителите не му обезбедиле на детето да изгради чувство на сигурност а добро е познато дека секое дете кога трпи некаака фрустрација и кога нивотот на напнатост достигнува критична точка мора да има некој покрај себе- родители кои се во состојбада го намалат сравот и да воспостават повторно внатрешна равнотежа.

Но до колку родителите не само што не ја намалуваат напнатоста кај детето туку се склони кон фрустрирање по пат на казнување, одмазда и агресија па дури и садистичко однесување ќе развијат кај детето стална присутнос на чувство на опасност од непријателско расположение на околината. Во возрасната доба ваквата личнст чувствува опасност и каде што не постои. Во партнерските односи се јавуваат проблеми во подрачјето на сексуалноста. Погодна почва за развивање на пореметениот систем на идеи го создава "параноидниот семеен стил" (Кафман, 1981). Него го карактеризира присуството на "јак родител"- мајка или татко кои утврдуваат животна филозофија со крути птавила и рационални верувања недоверба и омраза према околината.

Исражувањата на психологот Ј. Манојлоич(1987) укажуваат на следното. Параноидното семејство е затворен систем во кое сите членови се параноидни иако само еден има отворено параноидно однесување. Симптомот предизвикува страв кај другите членови на семејството. Во ваквите сенејства важна е борбата за контрола. Сите го контролираат однесувањето секого. Во ваквита семејството не постои дијада или тијада туку секој чкен во семејството е свет за себе. Алијанса и коалиција се склопува привремено и тоа во ситуациа кога се антиципира надворешна опаснос, или кога се навестува излез на еден чллен од системот.

Важна карактеристика во овие семејства е недовербата која се пренесува трансгенерациски. И други пораки се пренесуваат на ваков начин како што се потреба за индивидуализам, воздржување на емоциите и тн. Основните барања кои се поставуваат преку трансгенерациските пораки се најчесто детето да биде најдобро и самостално а притоа самосталноста која се бара од детето е специфична со тоа што од него се бара да биде самостално во работи кои не се дораснати за нговата возрас а му се гуши самосталноста во оние нешта каде би требало да ја има.

Вежба:Млад чове од 35 год. доаѓа со сумануте иде дека е прогонувам. Пораснал во некомплементарно семејство покрај баба и мајка бидејки родителите брзо се развеле. Во семејството од страната на мајката има самоубиства и депресивни психози со големи загуби преку развод и смтр кои се случиле под необични околности. Детето е воспитувано во авторитарна средина со мајка која е авторитарна која премногу го заштитува и кој му поставува премногу барања тој да биде самостален, образован и најдобар во се што работи.

Таткото, во текот на целиот живот е на периферија на односите, топол али несигурен најчесто склон да ги реши проблемите со тоа што ќе му ги препушти на другите. Основната содржина на семејството е врзана за минатите генерации и страдања кои се случиле во истото. Семејството живее изолитано, комуникацијата меѓу мајката и бабата е директна но често е нагласен и неуспехот кој мајката го имала во животот. Мајката е многу ладна и сомнотелна личност која во текот на целиот живот истакнува колку е важно да се прикријат емоциите. Во семејството постои правило членовите да знаата кој што мисли и чуваствува.

Вербалната комуникација е сиромашна па и кога постои исполнета е со непријателство, жестокост и наредбодавност. Иако на прв поглед се чини дека мајката и синот, или бабата и синоили бабата и мајката се во коалиција многу брзо се открива дека секој во семејството е свет за себе. Во разговорот со оваа личност доаѓа до израз неговата несигурност, непостоење на воспоставен систем на вредности, постојан сомнеж во однос на она што се превзема во животот, а сето ова води кон сумануте психоза.

Апасихијатриската пракса често покажува дека најчесто болниот партнер кој е носител на сумануте идеи, го води другиот партнер кај психијатар тоа најчесто заради проблеми кои се од секундарна природа а се однесуваат на се поголема социјална изолација и создавање на лажно заедништво меѓу партнерите. Всушност болнот партнер подобро се чуваствува во таква средина, додека другиот член на семејството кој е обично индукован партнер ги изразува тешкотиите и дури пројавува патолошки механизми на одбрана. Тоа зборува дека цел систем е суманут.

Патолошката љубомора како озбилна душевна болест има ендоген карактер, се развива во семејната средима и ја пореметува семејните односи до тој степен да семејството или се распаѓа или трагично завршува за едниот или за двата партнери. Во патолошката љубомора болниот реалната ситуација ја тренсформира со воведување на трет имагинарен партнер. Тој е ривал на кој се проектира цела омраза. Параноидните психози се јавуваат кај жените а патолошката љубомора почесто се јавува кај мажите. Понекогаш тешко може да се одреди точкта кога страсната љубомора го поминува границите и се преобразува волудило.

. Пр. во само две години, во САД регистрирани се околу 40% убиства поттикнати од љубомора. Патолошката љубомора е болест која е поврзана за поединецот и неговите развојни проблеми. Љубомората многу шесто не се третира како болест а предизвикува состојба на оправдување, избегавање на социјални контакти, нерасположение и страв кај здравиот партнер што е провокација за болниот член уште повеќе. Овој затворен круг се повеќе се стеснува додека не дојде до криза која води кон развод или лечење на болниот.

Семејството и депресија

Депресијата е болест која му припаѓа на групата афективни пореметувања.Се манифестира преку нерасположение и кое е стално присутно во дневниот ритам, можно е пореметување на сонот, недостаток на интерес и задоволство во секојдневните активности и тн. Можно е намалување на апетитот, губење на енергија, чувство на кривица и идеи склони кон самоубиство. Жените почесто заболуваат од мажите во сооднос 2:1.Болеста се јавува после 30-тата година на живот. Ако двата родители имаат ваква психоза ризикот да се разболат децата е 40%.

Депресијата во семејството најчесто ги зафаќа сите членови и во вакво случаеви воведувањето на детето во дијадната игра има повеќекратни последици во неговиот натамошен развиток. Детето кое е во депресивна тријада ја интернализира улогата на спасување на своите родители. Тоа предпоставува дека без него или би се развеле или би се убиле. Животниот стил на овие личности исполнет е со чувство на кривица и зголемена одговорност за депресивните епизоди и незадоволството на нивните родители. Покасно во животот во многу кризни ситуации во бракот или на професионален план тие се оние кои ќе западнат во депресија.

Ваквите личности често како возрасни не ја гледаат смислата на партнерските односи, склон се кон развод што има голема основа во детството.

Семејството и болести на зависностЗадоволства и зависност

Во текот на целиот живот човекот покажува поголема или помала поврзаност со некој или нешто. Поврзаноста е емоционална категорија која се однесува на висок степен на поврзаност кон одредени објекти, пр. во детството, покасно кон партнерот, децата, пријателите, но и со многу други нешта со кои човекот се сретнува во текот на животот.

Зависноста е облик на претерана поврзаност кој е условена или со биолошките или психолошките потреби на човекот. Вообчаените човечки потреби се мир, пасивнот, конзервативизам, сколоност кон берзработица и тн.

Кога поголемиот број од биолошките потреби ќе се задоволат за пократко време го доведуваат организмот во пасивна состојба. Покрај овие задоволства постојат и такви кои се од психолошка природа кои според Маслов 1976, во хиерархијата на високите потреби ги сместува сигурноста, мирот, безбедноста, чувство на љубов, самопочитување, престиж и др.

Зрелиот и здрав човек се стреми кон задоволување на своите потреби и остварување на општествен мир нисо која се надминува напнатоста и немирот во душата. Незрелиот и општествено пореметениот човек не е во состојба да излеза на крај со сите овие категории. Во неговата свест конечната цел е задоволството, тоа не е задоволство кое се постигнува во хиерархијата на мотивите посепено, туку задоволство кое се остварува сега и тука. Најчесто организмот се доведува во состојба на хомеостаза со помош на некои сретства која функционира како „психолошка штека“ за процес на индивидуализација, воспоставување на хармонични односи со околината, унапредување на талентот и развивање на креативниот потенцијал.

Зависноста е облик на претерана патолошка поврзаност за некои супстанци или објекти, активности од кои тешко можат да се совладаат индивидуите во потребата на нивното конзумирање. Ове е така бидејќи средствата(опијати и психотропни супстанци) ми обозможиваат на организмот остварување на психичка зависност. Ваквото средство мора да се земе повремено или трајно со цел да предизвика задоволство за да одстрани некои видови на потешкотии.

Физичка зависност- се манифестира со интензивни физички течкотии доколку не се земе супатанцата. Процесот на создавање на зависноста се одвива толу брзо па кај човекот не останува простор да свати дека со врзување со материјата всушност се оттуѓил од демејствот, од другите луѓе. Кај децата задоволувањето на потребите е сигнал за преживување. Кај возрасните принципот на задоволство во однос на потребите кои ги изнесува Маслов се заканува да ја загрози човачката биолошка и психолошка егзистенција. Тогаш задоволството се свртува против човекот одземајки му го животот (прекумерна доза кај зависникот или алкохолна кома кај зависникот) или го води на патот кон психолошко умирање, состојба на нирвана, патолошка хомеостаза се патишта кои не водат кон живот туку кон смрт.

Постоењето на принципите на задоволства ги носат во себе двете категории:живот и умирање. Од поединецот зависи која страна ќе ја искористи за себе. Кога зборуваме за болестите на зависност мислиме на состојби како што се зависност од алкохол или психоактивни дроги - опијати од различен тип кои смируваат и поттикнуваат. Така сретството кое се зема создава чувство на задоволство, се зема привремено или трајно.

Сида е болест која се јавува помеѓу луѓето кои се склони кон промискуитетно однесување и меѓу интравенските уживатели на дрога. Сидата е парадокслен феномен. Тоа е една од болестите кои мозат да се спречи бидејки се знае патот на пренесување, а истовремено таја завлегува во најосетливите делови на човековата личност-во нагоните и принципите на задоволување. Во САД само 11% луѓе загрозени од ХИВ инфекциа спремни се да го менуваат однесувањето а се знае дека со промена на однествањето што е фактор бр. еден се пречува ширењето на инфекцијата.

ХИВ позитивните тешко одкажуваат од своите задоволства, акое е тоа воопшто задоволство. Зачестеното мнеување на партнерите е само обид да се пронајди онај кој е дел од целината. Тоа не е постигната и највероватно никогаш неба да биде подтигнато тоа задоволство. Кај хероинските зависници е само уште едно избегнување на незадоволството во апстиненцијалната криза.

Сидата дошла како природно зло, опомена за луѓето кои во 20-тиот век го изгубиле компасот барајќи начин како да ги задоволат своите потреби. Пред да биде пронајден лекот, природата му дава шанса на човекот тој да промени нешто во себе. Тоа е :однесувањето и ставот према некои животни односи во прв ред према задоволството.

Семејството и алкохолизмотАлкохолизмот како болест на зависност представува најраспространета токсикоманија во светот. Најчесто се зема за да се доживаее пријатнот ефект, промена на расположение или смирување на напнатоста. До колку лицето го конзумира подолго време и во поголема количина тогаш алкохолот допринесува кон намалување на некои физиолошки промени на организмот(тресење на рацете, нерасположение и се она што означува апстиненционална криза).

Статистиката покажува дека како болест се наоѓа на трето место на зачестеност одма по заболувањето на крвните садови, на срцето и малигните заболувања. Мажите почесто заболуваат но тенденцијата на пораст е присутана и кај жените. Кај нас согласно традиционалните модели алкохолот често се користи како средсто за олеснување на социјалната комуникација, разрешување на состојба на напнатост, па дури и за потикнување на апетит, па се се овие причини кои често не дозволуваат алкихолизмот да се препознае како хронична болест.

Семејната природа на алкохолизмот утврдена е пред одприлика 100 години. Секако дека генетскиот фактор има свој удел во настанокот ка алкохолизмот но психолошките фактори се истакмува дека создаваат многу поголема можност за развој на алкохолизмот, конкретно постои теорија според кој аклохолизмот е резултат на искуствата кое детето ги стекнува во семејството во кое е присутен родител алкохоличар .

Интересот за семејството на алкохоличари во почетокот имал за цел во семејството да се изнајдат причините со кои можело да се објасни ексцесното опивање. Во таква ситуација се зборувало за незадоволство на поединецот како резултат на многу причини(натрупани брачни проблеми, економска лоша ситуација, и тн). При тоа истражувачите го истражувале поединецот-алкохоличар и неговиот партнер. Многу покасно се развил покомплексен пристап со тоа што се зборувало за "алкохоличарски брак" каде се проучува однесувањето на двата партнери, испреплетени во мрежата на болна рамнотежа. Од една страна се опишувала природата на мажот алкохоличар а на друга страна се трагало за тип на жена кој што живее со алкохоличар.

Друго се проучуваат промените во личноста на сопругата во зависност од стресот во алкохоличарскиот брак. Вален(1963), опишува четири типови на жени чии мажи се алкохоличати и тоа: напатен жена и назохиста, жена контролор, жена-мајка, жена која морализира и казнува. Ваквите поделби соодвествуваат на четири типови на брачни односи во ваквите семејства. Однос мајка-дете.Сопругата има улога на мајка а алкохоличарот е во положба на дете. Однос на соперништво меѓу партнерите.Жената се свртува кон професијата и активноста надвор од куќата а мажот е врзан за домашните активности.

Присуство на конфликт на зависност. Жената се однесува дволично, му прети со развод а се плаши да не го изгуби мажот. Садомазохистички тип на однос. Во него жената страдалница го добива признанијата од околината за се она што остварува во семејството. Итраживањата кои се вршени на оваат ема покажуваат дека проблемите во ваквите семејства ножат да се анализираат на одделни нивоа- фази се со цел од првата фаза на препознавае на проблемот па се до седмата фаза да се изнајдат крајни можни решенија за доколку е можно конечно надминување на проблемот

Праксата покажува дека конзумирањето на алкохол кај партнерот релативно долго не се третира како проблем се додека не дојди до фаза кога неговото однесување ја загрозува хомеостазата на семејната заедница. Во развиените држави на Запад постои многу потемелен принцип на решавање на проблемот додека Балкнскиот трансгенерациски модел ја потиснува оваа проблематика и кружи истат низ семејствата низ генерации. Во семејството на алкохоличарите децата покажуваат цел низ на психички и физички проблеми. Чести се пореметувањата како што е моќното мокрење, стравови и пореметување во однесувањето на училиште.Во адолесцентниот период деликвентно однесување, тешкотии во воспоставување на емоционални односи и др.

Не може да се искажи колку децата тешко патат заради родителската несигурност, недостаток за интерес за нив поради што произлегуваат многу психолошки заболувања. Најчесто родителот кој не пие прави коалиција со детето и му дава улога во семејството кое тоа со своите године не ја заслужува и го оптеретува. Многу често децата од ваквите семејства предвреме созреваат или и кај него може да се појават проблеми кои го одвлекуваат во различни видови на девијација. "Изгубеното дете" е она кое во алкохоличарското семејство е занемарено и кое се прилагодува на семејната ситуација преку изолацја и бегство во фантазијата.

Тоа често ја има улогата на семеен кловн со што сака да ја намали напнатоста во семејството и преки хумор да го амортизира проблемот на алкохолизмот. Но, долготрајната употреба на овој механизам може да предизвика цел низ на емоционални проблеми. Со оглед на турболентниот начин на живеење денес се повеќе се намалува старосната граница за земање на алкохол. Дури почнува од 12 па нагоре во комбинација на користење на алкохол и дрога. Едно од многуте заблуди кај младите дека проблемите можат да ги разрешат со користење на овие средства кога ги бараат сопсствените патишта во животот, кога воспоставуваат емоционални и сексуални односи и тн.

Семејството влегува во терапевски процес кога брачната криза кулминира, кога сеемејството се распаѓа бидејки сопругата го напушта домот и бара развод.

Recommended