34
1 I. ОСНОВНИ ПОИМИ НА И ФИЛМСКАТА ТВ МОНТАЖА ФИЛМСКА СЛИКА Со филмската и електронска (дигитална) камера, на филмската или магнетна лента , еден по друг се снимаат (запишуваат) одвоени кадри. Секој од нив го фиксира објектот на снимање во еден одреден момент. При нормална брзина на снимање за една секунда се снимаат 24 филмски или 25 телевизиски слики. Во текот на лабораториската обработка на филмската лента, латентната 1 слика се развива како негатив. Од негативот со копирање на позитив лента и нејзино развивање се добива позитив. Благодарение на посебните емулзии во лабораториската обработка можно е веднаш на истата лента да се добие позитив; тоа е така наречен преобратен (umker или reversal) систем. Развиената филмската позитив лента претставува долга низа од фотограми или слики кои се по облик и димензии еднакви. (Сл.1) При внимателно разгледување на содржината на фотограмите може да се примети дека тие сепак се разликуваат еден од друг. Во тоа можеме да се увериме доколку од лентата исечеме фотограми од две различни места т.е. на растојание од 15 до 20 см, и ги преклопиме една преку друга. Објектите кои во текот на снимањето не се помериле, ќе се преклопуваат еден преку друг додека останатите објекти кои се движеле нема да се преклопат. Содржината која е снимена на филмската лента филмскиот гледач може да ја види при проекција на филмско платно со помош на кино-проектор. Филмската лента, низ кино- проекторот се движи со истата брзина со која се движела филмската камера при нормално снимање или на ист начин-слика по слика.(сл.2) Поради што филмскиот гледач не е во состојба да ги примети посебните слики, туку тој гледа само една единствена слика и непрекидно движење. Тоа се постигнува благодарение на особината на човечкото око, светлосните ефекти да ги обработува на посебен начин. Ретинална презистенција, или постојаност на сликата на мрежницата на човечкото око, е таква особина која се манифестира низ продолжено помнење на надворешната светлосна надразба (приближно 1/10 секунда), и ако во видното поле повеќе не се наоѓа објектот. Благодарејќи на оваа аномалија или несовршеност на окото, испреќинатото движење на филмските фотограми, темните простори (тајлунг 2 ) се скриенипомеѓу нив додека се менуваат сликите. Човечкото око не може да ги примети краткотрајните темни интервали помеѓу 1 Латентна скриена во мирување. 2 Тајлунг-темен простор помеѓу сликите Сл.1 Фотограми на филмска лента на 16мм Сл.2 16mm камера BOLEX

TEHNIKA NA MONTAZA 1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: TEHNIKA NA MONTAZA 1

1

I. ОСНОВНИ ПОИМИ НА И ФИЛМСКАТА ТВ МОНТАЖА

ФИЛМСКА СЛИКА

Со филмската и електронска (дигитална) камера, на филмската или магнетна лента , еден по друг се снимаат (запишуваат) одвоени кадри. Секој од нив го фиксира објектот на снимање во еден одреден момент. При нормална брзина на снимање за една секунда се снимаат 24 филмски или 25 телевизиски слики. Во текот на лабораториската обработка на филмската лента, латентната1 слика се развива како негатив. Од негативот со копирање на позитив лента и нејзино развивање се добива позитив. Благодарение на посебните емулзии во лабораториската обработка можно е веднаш на истата лента да се добие позитив; тоа е така наречен преобратен (umker или reversal) систем.

Развиената филмската позитив лента претставува долга низа од фотограми или слики кои се по облик и димензии еднакви. (Сл.1) При внимателно разгледување на содржината на фотограмите може да се примети дека тие сепак се разликуваат еден од друг. Во тоа можеме да се увериме доколку од лентата исечеме фотограми од две различни места т.е. на растојание од 15 до 20 см, и ги преклопиме една преку друга. Објектите кои во текот на снимањето не се помериле, ќе се преклопуваат еден преку друг додека останатите објекти кои се движеле нема да се преклопат. Содржината која е снимена на филмската лента филмскиот гледач може да ја види при проекција на филмско платно со помош на кино-проектор. Филмската лента, низ кино-

проекторот се движи со истата брзина со која се движела филмската камера при нормално снимање или на ист начин-слика по слика.(сл.2) Поради што филмскиот гледач не е во состојба да ги примети посебните слики, туку тој гледа само една единствена слика и непрекидно движење. Тоа се постигнува благодарение на особината на човечкото око, светлосните ефекти да ги обработува на посебен начин.

Ретинална презистенција, или постојаност на сликата на мрежницата на човечкото око, е таква особина која се манифестира низ продолжено помнење на надворешната светлосна надразба (приближно 1/10 секунда), и ако во видното поле повеќе не се наоѓа објектот. Благодарејќи на оваа аномалија или несовршеност на окото,

испреќинатото движење на филмските фотограми, темните простори (тајлунг2) се „скриени“ помеѓу нив додека се менуваат сликите. Човечкото око не може да ги примети краткотрајните темни интервали помеѓу

1 Латентна – скриена во мирување. 2 Тајлунг-темен простор помеѓу сликите

Сл.1 Фотограми на филмска лента на 16мм

Сл.2 16mm камера

BOLEX

Page 2: TEHNIKA NA MONTAZA 1

2

сликите, па така филмскиот гледач сликата и движењето го доживува како единствена оптичка сензација. Ваквото движење во камерата и кино-проекторот се нарекува кинематогравско движење. ТЕЛЕВИЗИСКА СЛИКА Брзината на движење на филмската лента на телевизиските уреди е 25 слики во секунда. Ова мала разлика во однос на брзината на движење на лентата во кинематографијата, во суштина е битна за несметана перцепција на сликата на телевизискиот екран. Електронската слика се формира благодрение на постапката која ја викаме расчленување на сликата на две полуслики. Движењето на светлонсниот зрак низ фотографската слика одговара на движењето на електронскиот млаз преку сликата која ја создава објектот кој се наоѓа пред електронската камера (европскиот стандард е 625 линии при учестаност на наизменичната струја од 50 Hz). Траењето на целата операција на расчленување на сликата изнесува 1/25 секунди. При тоа електронскиот млаз ја бележи првата полуслика од лево кон десно, на непарните линии од горниот дел на екранот па се до долниот дел каде што електронскиот млаз се гаси, (во време од 1/120.000 и 2/1000 дела од секундата) и од десниот долен агол се враќа во горниот лев агол, кога повторно се активира електронскиот млаз и почнува да ја формира втората полуслика на парните линии. Вака формираната телевизиска слика ни дава иста илузија на покретни слики како кај испреќинатата проекција на филмската слика.

Со ова можеме да заклучиме дека филмската слика на телевизискиот екран се формира исклучиво со електронскиот млаз кој ја расчленува сликата на две полуслики со број на хоризонтални линии за Европа 625 за Америка 525 линии и Енглеска 425 линии, со одредена брзина. Брзината на расчленувањето на сликата зависи од осцилациите на електричната струја. За Европа струјата е 50Hz, што овозможува 25 слики во секунда, а за Америка струјата е 60Hz што овозможува

30 слики во секунда. Разликата во брзината на движењето на лентата, од плус еден фотограм во секунда во Европа е потполно занемарлив и не влијае видливо на промената на брзината на движењето на објектите во сликата, или на деформирање на тонот, без разлика дали филмот е снимен со 24 сл/сек. или со 25 сл/сек.

ФИЛМСКИ ЕКРАН Стандарден екран Во минатото на кинематографијата секој исражувач работел со сопствена камера, со сопствен формат, на сопствена лента. !889 година со основањето на “Eastman Kodak Company” се создаваат темелите на професионалниот стандард кој и денеска е во употреба. Едисоновиот

Сл.3 Кино проектор

Page 3: TEHNIKA NA MONTAZA 1

3

соработник Диксон во соработка со Истман почнуваат со производство на филмска лента со широчина од 35мм. Големината на сликата на Едисоновата лента била 18х24мм, во однос висината према ширината 1:1,33. АКАДЕМИ МАСКА (engl. academy aperture) Академи маска е маска која ги обликува фотограмите на филмската лента од 35 мм, за тонскиот филм, т.е.обликот и големината на отворот на капијата на камерата, проекторот, копир машината, монтажниот стол и т.н. Со развојот на оптичкиот запис на тон, стандардизацијата на обликот и положбата на фотограмите го направила Academy of Motion Pitcture Arts and Sciences, 1932 година во САД.

Фотограм со полн отвор од времето на немиот филм (лево): А–18 мм, В–24 мм

Фотограм со академи маска (десно): А-16 мм, В-22 мм Со академи маската смалена е големината на филмската слика од времето на немиот филм за 2 мм, и поставена е асимерично во однос на хоризонталната оска на филмската лента. Со намалувањето на сликата за 2 мм, меѓукадровскиот простор помеѓу фотограмите се зголеми за 3 мм. На тој начин е ослободен простор за оптичкиот тон, и односот од 4:3 на ширината спрема висината не е нарушен или 1:1,33. Широк екран До проширувањето на форматот по хоризонтала доаѓа од повеќе разлози. Првиот, а сепак и најважен, е врзан за физиологијата на човечкото око чие видно поле во широчина е 160 степени т.е. многу повеќе отколку по вертикалата. Вториот разлог е чисто од практиќна природа, наметнат со фактот дека во кино салите е возможно да се прошири екранот по широчина, а не по висина. Спрема техничките решениа со кои се постигнати, широкиот екран може да се подели во 4 групи:

1. Рамни постапки (некопмримирани), 2. Анаморфотски постапки (компримирани) 3. Мулти филм постапки 4. Специјални постапки

Page 4: TEHNIKA NA MONTAZA 1

4

Рамни постапки, можат да бидат поделени во два вида. Во првиод вид припаѓаат оние постапки кои користат стандардна 35мм филмска лента. Фотограмот е со стандардна ширина додека висината се смалува со додавање на одредена маска во капијата на камерата и проекторот. Се проектира со објективи со сразмерно пократка жижна далечина, така да вертикалната страна е со иста висина како и кај стандардниот екран додека хоризионталната е многу поширока.

Вајтскрин. Ова е најчесто користен формат на широкиот екран. Со својот однос 1:1,66 многу е близу до златниот рез. Попогоден е за компонирање од стандардниот формат. Има релативно добра искористивост на нагативот околу 70%. Со воведувањето на телевизијата со висока дефиниција (HDTV) со односот на страните 3:5 (1:1,66) неговата иднина е осигурана. Познаваме тука уште

два типа на Вајт скрин и тоа во однос 1:1,75 и 1:1,85, кои се користат во помала мерка поради тоа што искористувањето на негативот е 67 односно 65%. Суперформат-TO-DAO. 1953. Употрбува негатив од 65mm лента и посебна камера. Поседува шестоканален магнетен тонски запис, па поради тоа позитив лентата е широка 70мм. Се проектира со специјални проектори. Сликата има однос 1:2,30. Овака голема слика е многу богата со детали. Супер панавижн 70, Потполно е еднаков со Тодао постапката. Слична постапка постои и во Русија со та разлика што негативот е со широчина од 70мм. Виставижн 1954 е сличен со вајтскринот. Користи стандардна 35мм лента, но во хоризонтален од. Односот на станите изнесува 1:1,75, а сликата е дупло поголема од стандардната. На осум перфорации, по должина. Се снима со специјална камера. Со ова се постигнува подобра длабинска оштрина. Брзо е напуштен бидејќи се компликува целиот систем и дупло поголема е потрошувачката на негатив. За употреба се копира оптички на стандардна 35мм лента. Анаморфотски постапки (Ана-повторно; морфос-создаден) Анаморфотскиот објектив е развиен од пред повеќе од 100години, но немал широка примена освен во лаобораториите и за воени потрби. Во јануари 1953 година Твенти сенчри фокс демонстрира нов процес кој го нарекуваат Синемаскоп. Синемаскоп, се компримира по хоризонтала во текот на снимањето, а со помош на анаморфик оптика зголемува за два пати на кинопроекторите. Стандардна лента 35мм. 1:2,35 со оптички тон и 1:2,55 со четири стерео-магнетски канали.

Технископ 1964, снимање на стандардна лента 35мм, но со смалување на фотограмите за по две перфорации. Се снима со со модифицирана камера. Со оптичо копирање со анаморфозирање

Page 5: TEHNIKA NA MONTAZA 1

5

се добива се добива позитив стандарден Синемаскоп формат. Синерама 1952. Систем на широк екран, каде што сликата е снимена со три стандардни 35 мм негатив ленти, со по 6 перфорации за еден фотограм, и со три синхронизирани камери. После

лабораториската обработка, монтажата и копирањето на позитив лентата, сликите се проектираат преку три

синхронизирани кинопроектори од 35мм, со брзина од 26 сл/сек. Трите дела на една слика се проектира на заоблено платно и се составува во една целовита слика. Останати видови формати кои се употребуваат и денеска

Формат Опис

1.19:1

„Movietone” – ран 35мм тонски филм, големина користена во доцните 1920-ти и раните 1930-ти години, особено во Европа.Оптичкиот тон беше ставен на едната страна од 1.33 квадратот, што ја редуцира големината на сликата по широчина. Најдобар пример на оваа големина на екранот е првиот тонски филм на Фриц Ланг „Тестаментот на д-р Маубусе“. Ова е скоро идентична големина на екранот која се користи за анаморфик фотографија.

1.25:1 Енглески 405 линии за ТВ систем почнувајќи да го користи од самиот почетокот на 1930 па се до 1950 година , кога го заменува со повеќе користениот 1.33 формат

1.33:1 35мм оригинална големина на екранот, карактеристична за немиот филм, а прифатен за ТВ и видео како 4:3. Исто оваа големина е стандард за MPEG-2 видео компресија.

1.37:1 35 мм потполна големина на екранот, специфичен со појавата на тонот, скоро универзален помеѓу 1932 и 1953 година. Исто така ова е стандардна големина на екранот за 16 мм филмски формат.

1.43:1 IMAX формат, kарактеристичен за 70 мм филм. 1.5:1 Големина на екран на 35 мм филм, кој се употребува во фотографијата.

1.56:1

Widescreen големина на екранот 14:9. Често употребуван за снимање на комерцијални филмови кој е компромис помеѓу 4:3 (12:9) и 16:9, особено кога снимениот материјал би се користел во двата стандарда на ТВ и ваијдскрин.

1.66:1 35 мм Европски вајдскрин стандард; одомачен стандард за супер 16 мм. (5:3, или понекогаш како„1.67“)

1.75:1 Ран 35 мм вајдскрин екранска големина, особено користен од MGM, подоцна напуштен.

1.78:1 Видео вајдскрин стандард 16:9, користен во Високо дефинирана резолуција на ТВ, една од трите големини направен за MPEG-2 видео компресија.

1.85:1 35 мм Амерички и Енглески вајдскрин стандард за театарски филм. Користи околу 3 перфорации од големината на сликата наместо 4 по фрем; со ова се заштедува во должината на траката-цената.

2.00:1 Оргинал SuperScope големина на екран, исто така користен за Univisium. 2.20:1 70 mm standard. Оргинално развиен за Тоdd-АО во 1950. 2.21:1 е специфична

Page 6: TEHNIKA NA MONTAZA 1

6

големина за MPEG-2, но не се користи.

2.35:1

35 мм анаморфик од 1970, претходно користен од Sinema Scop и од Panavision. Анаморфниот стандард во многу е променет во модерната анаморфик продукција која е актуелна како 2.39, но се користи како референца 2.35.

2.39:1 35 мм анаморфик од 1970 па до денес. Понекогаш оформен до 2.40:1. Често комерцијално брендиран како од Panavision формат или CinamaScope.

2.55:1 Оргинален однос на CinemaScope пред да се додаде оптичкиот тон на филмот. Овој однос исто така се однесува и на CinemaScope 55.

2.59:1 Cinerama во максимална големина (три специјално водени 35мм кинопроектори еден до друг во композите на вајдскрин екранот)

2.76:1 MGM камера 65 (65мм со 1.25х анаморфик стеснување). Користено единствено во грандиозни сали помеѓу 1956 и 1964 година, како на пример филмот Ben Hur (1959).

4:1 Polivisinon, три 35 мм 1.33 кинопроекции еден до друг. Користени исклучиво за филмот на Абел Ганс „Наполеон“ 1927.

ТОН

a) Оптички (светлосен) запис Благодарение на фотографијата ние не гледаме само подвижни слики, црно-бела или во боја, туку ги слушаме и зборовите на глумците, шумовите и музиката. Звукот на филмот е исто така фотаографска слика. Бидејќи филмската лента е осетлива на светлината, потрбно е звучните колебања или осцилации да се претворат во соодветни светлосни. Звукот во вид на

механички осцилации со помош на микрофонот преоѓаат во електрични осцилации кои се појачуваат и со помош на светлосниот модулатор се претвараат во во светлина со различен интензитет. Така создадените светлосни осцилации, лесно се пренесува на фотоосетливата емулзија на филмската лента. После лабораториската обработка на лентата се добива негатив слика на тонскиот запис. Просторот на тонскиот запис на филмската лента се вика тонска шпалта или писта. Во зависност од конструкцијата на светлосниот модулатор, оптичкиот тонски запис може да има различен облик, но без никакви проблеми тие може да се репродуцираат преку исти универзални тонски уреди.

Page 7: TEHNIKA NA MONTAZA 1

7

Сл.Начин на снимање на тон со светлина: 1.микрофон, 2.светлосен извор (ламба), 3.засилувач. 4.оптички систем, 5.модулатор (галванометар), 6.филмска лента (тон

негатив).

Постојат два вида на светлосни тонски записи. Оптички запис со променлива површина, RCA и оптички запис со променлива густина, Vestern Elektrik. Во суштина и двата система се слични и ни еден од нив нема изразита предност. Оптичкиот запис со променлива површина се разликува, пред се во конструкцијата на галванометарот (модулаторот), кој создава слика на тонскиот запис со помош на црно и бело ( непрозирно и прозирно ). Карактеристики:

1. овозможува квалитетно снимање и репродукција со употреба на најразлични видови тон-негативи;

2. дозволува помала прецизност во лабораторијата, потребно е само да се постигне максимален контраст на светло и темно;

3. помала зависност од зрноста на емулзијата на тон-негативот; 4. има слика на тонот која може лесно да се прочита на лентата; музичкиот сигнал

е континуиран, додека човечкиот глас е испрекинат; 5. овозможува едноставен преглед и утврдување на квалитетот на сликата; 6. дозволува тонскиот снимател лесно да ја контролира работата и понашањето на

галванометарот во текот на снимањето на тонот. Оптичкиот запис со променлива густина формира тонски запис со помош на богата градација на сивите тонови од најтемно до најсветло. Карактеристики:

1. поради тоа што тонот се формира во вид на богата скала на сиви тонови, тонот при репродукцијата е ништо поквалитетен и попрецизен (посебно за 16мм тонска копија). Но изборот на тон негативот(мала зрнетост на емулзијата, богата градација) во лабораториската обработка мора да се посвети поголемо внимание ( исто како на негатив сликата).

2. постои помала осетливост на настанатите шумови поради гребаници и слични оштетувања на тон негативот и позитив копијата.

3. многу е подобра репродукцијата при максимална модулација и посмалена дисторзија на тонот.

4. не задоволува при идентификација на тонот.

Сл.Начин на репродукција на оптичкиот запис на тонот: 1 светлосен извор (тонска ламба), 2 оптички систем (тоска оптика), 3 филмска лента (тонска копија), 4

фотоќелија, 5 засилувач, 6 звучник.

Page 8: TEHNIKA NA MONTAZA 1

8

Репродукцијата на тонскиот запис сега се понаша како обратен процес од снимањето на тонот. Сега тонскиот запиас на лентата се понаша како светлосен модулатор низ кои проаѓа стална јачина на светлина од тонската лампа. Светлосните колебања кои паѓаат на фотоќелијата се претвораат во електрични колебања кои се појачуваат, и на звучникот ги претвара во тон.

b) Магнетен запис Денеска во употреба е магнетниот запис. На филмот се користи во сите фази на обработка. На ТВ посебно. Замислата на магнетната „слика“ на тонот прв пат е остварена 1945 год. во Германија. (Втор светска војна) По техника на снимање во многу е слична со оптичкиот тон. Но е многу по едноставна. Механичките осцилации се претвораат во електрични. Електричните осцилации после појачувањето во појачувачот доаѓаат до магнетската глава каде што се претвораат во магнетни осцилации. Преку магнетната глава се движи перфо трака покриена со тенок слој на материјал кој лесно се магнетизира. (ситни честички од оксид на железо). Осцилациите од магнетот се пренесуваат на лентата и се фиксираат во вид на промени на магнетните честички.

Магнетната глав е всушност електромагнет, кај кој половите се многу блиску еден до друг 1/10 мм. При протокот на струја низ магнетот, создава променливо магнетно поле кое создава услови за снимање на тон на магнетна лента. При репродукцијата го имаме обратниот процес. Магнетната лента се движи со иста брзина низ електромагнетната глава, со иста брзина со која е и

снимена, создава магнетни колебања, овие преку појачувачот се пренесуваат на звучниците. Карактеристики:

1. квалитетот на тонскиот запис е многу подобар од оптичкиот запис; 2. процесот на снимање и репродукција и многу едноставен; 3. тонскиот запис може да се провери веднаш по снимањето; 4. од еден тонски запис можат да се направат голем број висококвалитетни копии; 5. Магнетната лента може да се употреби повеќе пати, со бришење на претходниот

запис; 6. магнетната лента може лесно да се размагнетизира ако се донесе во полето од

јак електромагнет; 7. Тонскиот запис е невидлив и може да се контролира само со преслушување;

Додека магнетниот запис се корист во целокупната фаза на произвотсво на филмот, оптичкиот запис се користи само во фазата на обработка на дефинитивната тонска копија или сервис копија. Но и магнетен запис постои на сервис копијата на копијата на широкиот формат 70мм, со стерефонски тон, кај синемаскоп лентата 35мм и на некои 16мм сервис копии. Стереофонскиот многу допринесува во доживувањето на реалноста. Ефектот се постигнува со промена на положбата на изворот на тонот во просторот, заедно со движењето на објектот во кадарот. Тонот не се запишува со еден туко со повеќе од три микрофони. Звучниците во киносалата се распоредени позати филмското платно од

Page 9: TEHNIKA NA MONTAZA 1

9

страните и позади гледачите. Тонот се појавува на онаа стрна каде што се движи објектот. Поради тоа на копиите на синемаскоп 35мм се наоќаат 4 магнетни ленти, а на копиите на 70мм лента има 6 магнетни траки.(Тонски шпалти).

II. ФИЛМСКА ЛЕНТА Состав и изработка на лентата Филмската монтажа во техничка смисла- тоа е пред се работа со филмска лента. Илијадници и десетици илјади метра лента поминуваат низ рацете на монтажерот во текот на изработка на само еден документарен филм. На телевизијата монтажерите понекогаш дневно изработувале и по неколку стотици метра филмска и магнетна лента. Целулоидот, е прв пластичен материјал, го

пронашол и синтетизирал Џон Весли Хајат 1868 год. во САД. Некаде околу 1920 почнало со производсвото на незапалива ацетатна лент, а околу 1940 триацетатна. Но и до ден денеска може да се најде запалива лента која е составена од нитроцелулоза. Најчесто тоа се некои многу стари филмови. Лентата од нитроцелулоза и камфор имала некои свои предност: била многу еластична, трајна, безбојна, проѕирна и ефтина. Но, многу опасна! По својот хемиски состав е слична со пороксилинот. Се пали веќе на температура од 120 до 140 степени целзиусови, гори многу бурно и експлозивно, а температурата на пламенот достигнува 1300-1500 степени целзиусови. Но тоа не е се! При горењето, нитроцелулозата создава голема количина на дим и отровни гасови. Од лентата се ослободува доволна количина на кислород кој го потикнува горењето, дури таа ако се покрие со вода или со песок. Основната сировина за производество на лентата е обичен памук. Во фабриките за производство на лента, влакната на памукот после чистење и избелување се обработуваат со киселини. Во текот на обработка на памукот оцетна киселина, со додаток на посебни раствори и пластификатори, се добива раствор во облик на густ лак. Со додавање на пластификатори се постигнува да се зголеми еластичноста на идната лента. Растворот се прелива во тенок, рамномерен слој преку широки метални плочи чии површини се исполирани до совршенство. Растворувачите брзо испаруваат и на металната плоча останува тенок прозирен слој од ацетат или триацетат целулоза, која ќе биде идниот основен носач на филмската лента. Во посебни машини носачот на лентата се моделира во широки ленти на кои се нанесува: потслој, лак слој, и фотоосетлив слој. Подслој има помошна улога и служи за поврзување на носачот на лентата со фотоосетливиот слој;

Лак слој ја штити лентата од оштетување во текот на сушењето на фотоосетливиот слој и во сите понатамошни постапки, и се нанесува на спротивната страна од носачот, од онаа на која ќе биде нанесен фотоосетливата емулзија. Тој му дава на носачот карактеристичен сјај, и таа страна на лентата често ја нарекуваме гланц страна.

Фотоосетлив слој е најважниот слој на лентата кој во основа на емулзијата е пречистен желатин кој во раствор со вода со равномерно распоредени зрнца на сребро-халогенид(во кој е најважен сребро-бромид), ја сочинуваат фотоосетливата емулзија.

Уште еден слој е доста важен, а тоа е противрефлексен (антихало) слој кој се наоѓа помеѓу слојот на емулзијата и носачот (кај негативот) или на спротивната страна од емулзијата(кај преобратниата лента и колорот). Овој слој содржи боја од манган

Page 10: TEHNIKA NA MONTAZA 1

10

диоксид., кој ги апсорбира сите светлосни зраци што се пробиваат низ целиот слој на емулзијата, и на тој начин го спречива нивното понатамошно штетно прекршување.

Топлата емулзија се прелива преку носачот, на која веќе од порано се нанесени останатите делови. Лентата се лади, суши и сече на ширина на соодветен формат.

ПЕРФОРАЦИЈА Во посебни машини траката се перфорира по ивицата. Перфорации се правоаголни отвори кои и овозможуваат придвижување на лентата низ многубројни уреди во фаза на обработка и репродукција на филмското дело. Обликот и димензиите на перфорациите зависат од форматот на лентата и нејзината намена. Позитив лентата 35мм, на пример има низа од правоаголни перфорации, по 4 на секоја страна на еден фотограм. Поради попрецизно движење на лентата низ камерата, а посебно поради спречување на бочното придвижување која прави нестабилност на сликата и неоштрина, перфорацијата на негатив лентата се нешто со помали димензии со заоблени бочни страни. Негатиф перфорацијата се нарекува Бел-Ховел перфорација (BH) и веќе на прв поглед се воочува разликата на негатив лентата со лентата за умножување, во однос на позитив лентата и нејзините перфорации (KS) Кодак стандард перфорации. Перфорациите Дебри-Ховел (DH), личат на позитив перфорациите, но се со помали димензии и се специфични по тоа што овозможуваат да се користат во сите водови уреди: камери, монтажни столови, копирки, проектори и.т.н. Денеска повеќе не се во употреба. ФИЛМСКИ ФОРМАТИ

Ширината на филмската лента (форматот) кој се корист за снимање и за сите други потреби, од почетокот на кинематографијата па до ден денеска, била многу различна. Квалитетот на сликата и проекцијата, економските разлози за заштеда и заработувачка, влијаеле на појавата на повеќе видови филмски формати ( 3; 8; 2х8; Супре 8; 9,5; 11; 13; 16; Супер 16; 17; 17,5; 18; 24; 26; 28; 35; 50; 60; 63; 65; 70мм итн.) До денеска се задржале само следниве формати во употреба, и тоа: 2х8, 8, супер8, 16, супер16, 35, 65 и 70 мм; 105мм. Сепака денеска сите овие формати можат да се поделат по широчина во три групи филмски формати:

1. Нормален или стандарден формат - лентата е во 35мм широчина, 2. Тесен формат или субстандарден формат - сите формати кои се со помала

широчина од 35 мм,

НОСАЧ

ПОДСЛОЈ

ФОТООСЕТЛИВ СЛОЈ

ЗАШТИТЕН СЛОЈ (ЛАК СЛОЈ)

Page 11: TEHNIKA NA MONTAZA 1

11

3. Широк формат или суперформат - лентата е по широка од 35 мм.

Нормален формат. Универзалниот стандард е воспоставен од Америчките пронаоѓачи Вилијам Диксон и Томас Едисон во 1892 год.Тие први ја конструирале и употребиле лентата со широчина од 35 мм. Во суштина самиот филм е 35мм широк (1,38in), кој одговара на фотографскиот формат.Од тогаш па до ден денеска нормалниот формат не претрпел многу суштински промени. Најголемите промени се однесуваат во перфорирањето на лентата. За рамномерно придвижување на филмската лента искористен е тогаш познатиот принцип на перфорирање на хартиена лента за аутоматскиот телеграф и метелните за различните видови музички автомати.

Во филмските формати нормалната широчина на филмот ја определуваат перфорациите што се наоѓаат од едната до другата страна на перфорациите или 24.89мм спрема 18.67мм за немиот филм. Висината на филмската слика е определена помеѓу четирите перфорации. Со појавата на оптичкиот запис на тонот во 1927 година, ширината на фотограмот морала да се намали за 2мм по висина и широчина (сл.4)

Секој фотограм или слика едена од друга е одвоена со темен простор наречен тајлунг3. Тајлунгот може да биде широк колку просторот помеѓу две соседни перфорации. Тој може да биде потесен (синемаскоп), или поширок (вајд скрин).

Поради оптичкиот запис денеска целата капија или фотограм се наоѓа померено асиметрично за 3мм во однос на вертикалата оса на симетрија. Денеска сите 35мм камери ја имаат оваа положба на фотограмот на лентата и отворот на капијата кои се стандардизирани и се нарекува Академска маска (academu mask). ВИДОВИ НА ЛЕНТА Без разлика на форматите, филмскиот материјал може спрема видот на употреба да се подели на:

1. Материјал за снимање на слика; 2. Материјал за копирање; 3. Материјал за умножување и 4. Материјал за снимање на тон.

Матријалот за снимање на слика, спрема начинот на лабораториската обработка може да биде

a) Негатив лента (негатив филм)-црно бела и колор b) Умкер или преобратна лента (умкер филм)-црно бела и колор.

Црно белиот негатив има само еден фотосетлив слој. После снимање и

лабораториската обработка се добива слика која се оформува од зрната на оксидно металното сребро ке е темно. Односот на темно и светло во сликата е обратно од односот во објективната стварност, светлит површини во стварноста се изразени во темни површини на негативот. Да би се добила на лентата позитив слика таа трба де се копира во копир машина (копирка)на позитив лента.

3 Тајлунг-меѓукадровски простор

Сл.4

Page 12: TEHNIKA NA MONTAZA 1

12

Преобратната лента (16мм) исто така е еден вид на оргинал како и негативот. Со посебен состав на фотоосетлив слој и со посебна лабораториска обработка се добива позитив слика на истата лента на кое е и извршено снимањето. Овој вид на лента порано го користеле само аматерите, но покасно со појавата на телевизијата оваа лента се користи и за професионална употреба, бидејќи е полесна и побрза за обработка.

Колор лента. Желбата да се филмската слика да се прикаже во боја постои уште од самиот почеток на филмот. Првиот филм во боја е прикажан во 1894 год., а секоја слика била обоена рачно.

Најстариот метод на додавање на боја е нијансирање и тонирање. При нијансирањето се бои желатинот така да целата слика е рамномерно обоена во една боја-црвено, плаво, зелена, сепија итн.

Современата концепција на колор лентата ја остварил Истмен 1935 година САД. Негатив емулзијата е трослојна (монопак), каде што секој слој е осетлив на една од основните бои-црвена, зелена и плава (субтрактивен систем). Лентата содржи боја, и за проектирање не потребна никаква додатна опрема или филтри.

Емулзијата на колор лентата е многу посложена од црно белата филмска лента и содржи три слоја. Горниот или површински слој е осетлив на плавиот дел на спектарот. Карактеристика на слојот е дек тој содржи и филтер кој ја пропушта зелената и црвената светлина., а не ја пропушта плавата. Вториот, средишен слој е осетлив на зелената светлина, а третиот на црвениот. Во емулзијата покрај зрната од сребро-бромид, ситни зрна од обоени фактори кои го допунуваат оној осетлив слој на кои се наѓаат. Во горниот слој се наоѓа жолтиот фактор, во средниот пурпурен, и во крајниот плав.

Умкер лентата исто така може да биде со тробојна емулзија, а фотографијата во боја е со висок квалитет.

Техниколор (Herbert and Natalie Kalmus)системот е повеќе години усовршуван, а 1932 година е направен првиот филм кај кој сликата во боја настанува на ист начин како во типографијата на колор фотографијата (адитивен систем). Со помош на посебна техниколор камера се експонираат три црно бели негатив ленти (панхроматска и ортохроматска). Позади објективот на камерата се наоѓаат призми од оптичко стакло, чии споени страни се премачкани со сребро, со цел да се произведе делимично рефлектирачко огледало. На тој начин зраците се истовремено упатени на две капии. Низ едната капија поминува панхроматската лента, пред која е поставен зелен филтер. Низ втората капиај проаѓаат две ленти, ортохроматска и позади неа панхроматска. Напред е поставен магента филтер кој ја пропушта плавата и црвената светлина.

Page 13: TEHNIKA NA MONTAZA 1

13

После снимањето, лентите се развиваат и служат за изработка на матрица со рељефна слика (издвоеното метално сребро од емулзијата создава испакнувања). Матриците како клишеа се бојат со соодветни основни бои кои една по друга

се нанесуваат на потполно проѕирна лента не треба да се заборави дека тхниколорот постигнува ненадминато совршенство во чистотата на боите и оштрината на сликата. Бојата никогаш не се губи бидејќи снимањето е направено во црно-бела негатив лента и бојата се додава кога сакаме да направиме позитив копија.

Материјали за копирање е позитив лента, црнобелеа или колор, која е со сличен состав како и негативот. Се разликува со помла осетливост на светлина, со мала големина на зрната на емулзијата и со јак контраст. Се изработува на наосач на безбоен триацетат. Сликата на позитивот настанува со копирање од негативот во копир машина и со негова лабораториска обработка. Позитивот кои се користи во монтажата, се

Page 14: TEHNIKA NA MONTAZA 1

14

нарекува работна копија и со неа се прави целиот технолошки процес на монтажа на слика и тон и монтажата (пасување) на негативот. Материјали за умножување.Служи за чување на оргиналниот негатив, за изработка на оптички трикови и изработка на поголем број позитив копии или тонски копии. Изработката на поголем број на позитив копии многу брзо би довело до оштетувања на оргиналната лента. За таа цел се со помош на интермедијалниот позитив, мастер позитив или лаванда ( црно белиот се вика лаванд – по плавата боја на лентата). Дубл негатив или интермедијален негатив ( називот важи за црнобелиот и колор филм) служ да на него се копира мастер озитивот. Колор преобратниот интермедијарни негатив (C.R.I.) е лента на која со копирање од оргиналниот негатив веднаш се добива дубл негатив на сликата во боја. Мастер позитивот и дубл негативот се сметаат за оргинални материјали и не смеат да се пропуштаат низ механички уреди за монтажа и проекција. Секое оштетување на овие ленти не може да се попрви и ќе биде видливо на пзитив лентата. МАТЕРИЈАЛИ ЗА СНИМАЊЕ НА ТОН Оптички запис, се дели на лента за снимање на светлосен (Оптички) запис на тон и лента за снимање на магнетниот тон. Лентата со големина од 16 и 35mm на оптичкото снимање на тон се вика тон негатив. Оваа лента има слични својства како секоја црно-бела лента која е осетлива на светлина, со изразити мала зрнатост, мала општа осетливост и со таква градација која овозможува квалитетен тонски запис. Кај тонскиот запис со променлива површина важно е дека тон негативот е високо контрастен, а за оптичкиот запис со променлива густина тој треба да има висока скала на градација на сивите тонови. Тон негативот ги има позитив перфорациите (KS). На ивицата на лентата се наоѓаат вообичаените ознаки на производителот, и видот на материјалот. Сликата на тонот се создава во специјални уреди кои се опишани во претходниот дел од скриптата. Сликата на тонот секогаш се наоѓа на карактеристично место за одреден формат, 16 или 35 mm, со широчина од 2 mm, додека останатиот дел од лентатат е потполно прозирен т.е. неекспониран. На тон негатив лентата, светлосните вредности се претставени обратно, т.е. најаките звуци се изразени со темна површина, а тишината е транспарентна (прозирна). Во текот на завршната обработка на филмот, тонот од тон негативот се пресслушува, а лентата се стартува со сликата и се одбележува, за да на крај, со копирање, се пренесе тонската копија во вид на позитив слика на оптичкиот запис. За да може да се потврди почетокот на тонскиот запис на тон негативот, лентата секогаш се гледа од гланц страната. Ако лентата е намотана на почеток, тонскиот оптички запис треба да се наоѓа на десната страна, кај 35 мм, или на лева страна, кај 16мм. На тон негатив лентата од 35мм можат да се снимаат два тонски записи. Почетокот на првата ролна ќе биде на едниоткрај на лентата, а почетокот на втората ролна ќе биде на другиот крај на лентата. Ова се прави за да се заштеди во трошоците за лента, но ова не е практично бидејќи лентата со снимени два краја не ќе може да се сече накнадно заради одредени поправки, додека лентата со снимен еден тон ќе може да се прави корекции и да се лепи со ацетонска лепенка.

Формат Лента 16 mm 1,80 mm Лента 35 mm 2,13 mm

Page 15: TEHNIKA NA MONTAZA 1

15

Таблица за ширината на оптичкиот запис на тонот Во суштина оптичкиот запис е поширок за 0,5 до 0,8 mm од широчината на записот кој непосредно се репродукува преку тонскиот адаптер. Перфомагнетската лента служи за снимање на магнетен тон. Се произведува во широчина од 16 и 35 мм. Често се среќа ва и магнетна лента од 17,5 мм, која е половина од 35 мм магнаетната лента, исечена со специјален уред за сечење. Магнетната лента е потполно со исти димензии и облик на перфорации како филмската позитив лента со ист формат. Основата е изработена од триацетат, или од синтетички материјал -поливинил хлорид (PVC) и полиестер - на која се нанесува феромагнетен слој (лак). Тоа се мали честички, кристали од оксиди на железо, со големина од 1 х 0,2 микрони, кои можат да се намагнетизираат и размагнетизираат под дејство на надворешно магнетно поле. Тесната, неперфорирана лента со магнетен слој, со широчина од 3,25 мм, многу се употребувала за снимање на тон со магнетофон ( NAGRA). Со неа се снима тон со синхрони кадрови со помош на генератор со кој камерата и магнетофонот ги снабдева со ист извор на енергија (pilot ton).

Современите перфомагнетски ленти 16 и 35 мм со носач од полиестер беа многу по тенки од триацетатните ленти, а дебелината на сите слоеви била 75 микрони. Предностите на носачот од полиестер беа следни:

1. Поголема еластичност, 2. Подобар контакт помеѓу магнетната глава и феромагнетскиот слој, 3. Помал дијаметар на ролната со лента со иста должина за 30%, 4. Поголема цврстина на лентата и 5. Подобра стабилност на сите особини, дури и на екстремно високи температури и

влажност. Се изработувале три вида 35 мм перфомагнетна лента. Првата имала нанесено магнетен слој по целата површина, од ивица до ивица. Втората имала магнетен слој нанесен само помеѓу перфорациите, а третиод вид имала нанесен слој во широчина од 7,62мм, со баланс слој на спротивната страна. Сите овие се користеле во филмското производство и служат за снимање, монтажа, миксање и синхронизација.

Tолеранција ± 0,3 mm

Page 16: TEHNIKA NA MONTAZA 1

16

Со првиод вид магнетна лента со слој од ивица до ивица, можело да се снимаат два тонски записи, на секоја водоравна должина, бидејќи тонскиот запис е померен од средината на лентата поблиску до перфорациите. Најчесто се користи за снимање за дијалози или оргинална музика, така наречени матрици, како и за конечна синхронизација. Лентите со конечната синхронизација се чуваат спрема потреба, но никако не смеат да се избришат пред изработка и контрола на тон негативот, како и конечната изработка на тонската копија. Лентите со магнетен слој помеѓу перфорациите и со потесниот слој од 7,62 мм, имаат прозирни (транспарентни) површини на кои со дерматограф или фломастер можат да се упишуваат разни корисни информавии за идентификација на лентата, за синхронизација со сликата и за контрола на синхронитетот со истовремена проекција на лентите, една преку друга, на проектор или монтажен стол. Кај нас овие ленти ретко беа во употреба. Изборот на една од овие три вида магнетни лентизависеше од следните услови:

1. Ивиците на материјалот кој има магнетен слој од ивица до ивица, поцврсто се намотуваат и неможе да се пикне прашина во ролната,

2. Во контакт со металните запци на транспортните запчаници феромагнетниот слој се рони во вид на прашина и таа може да го оштети тонот, кога ќе се собере на магнетната глава. Лентата со нанесен слој од перфорација до перфорација во овој случај е подобро да се користи.

3. Понекогаш е добро да се има транспарентна средина, на која може да се одбележуваат корисни податоци во врска со синхронитетот на тонот и сликата.

Во мојата пракса најчесто се користеше перфомагнетска лента со широчина од 17,5 мм. Таа се добива со водоравно сечење на 35 мм магнетна лента. Ова се правеше поради економската оправданост, бидејќи од една лента се добиваа две ленти. Покрај оваа предност ваквата лента беше полесна за ракување и транспорт. Во монтажа масовно се употребуваше за монтажа на повеќе тонски ленти. За работа со повеќе бандови. Перфомагнетната лента од 16 мм се произведува како едноперфорирана лента со магнетен слој по целата површина, од ивица до ивица, како и двоперфорирана и двоперфорирана лента со една транспарентна ивица.

Page 17: TEHNIKA NA MONTAZA 1

17

Магнетната лента на страната на лак слојот непрозирна, но на гланц страната по целата површина се наоќаат знаци за видот на лентата и производителот, а некогаш и знаци кои го одбележуваат меѓукадровскиот простор помеѓу фотограмите на филмската лента. Нема ивични броеви, но тие можат да се одбележат во лабораторијата или во мотажата, како и броеви за синхронизација на слика. Тонскиот запис на перфомагнетската лента не може да се види, и затоа важно е да се води сметка за неговата положба. Сместен е во средината на 16 мм лентата, или на ивицата, во просторот каде еден низ на перфорација е исклучен. Се произведуваат 16 мм ленти на кои е ставен магнетен слој на глан страната (Singl ton). Во текот на снимање со камери опремени со тон (тонски камери), Arifleks, Orikon и др. На оваа лента се снима синхрон тон. Тонот се преслушува со помош на магнетски глави за ивичен запис. Кај неисправните магнетни глави за репродукција, кои поради насобраната прашина од феромагнетни честички и друга прашина, ќе ја изгубат совршената мазна површина, доаѓа до механичко надолжно оштетување (крацери).

Таблица за широчината на магнетниот тонски запис Формат

Стандарт 8 мм 0,75 мм Супер 8 мм 0,69

16 мм 2,54 мм 35 мм со 4 канали 1,60 и 0,97 мм 70 мм со 6 канали 1,60 мм

Материјали за снимање на слика и тон МАГОПТИКАЛ ТОНСКА КОПИЈА (engl. magoptical, MAG OPT) Тонска копија од 16 мм филм, на која во истовреме се наоѓа оптички и магнетен запис на тон. На местото за тон се наоѓаат и двата записа, едно додруго, со двапати помала широчина од онаа кога налентата се наоѓаат посебно. Репродукцијата на тонот може да биде еднострано од секој тонски запис, или обострано (со мешање), на пример, од оптичкиот оргинален запис верзијата на тонот, а од магнетскиот превод и сл. Уредите за репродукцијата на тонот се потполно исти, исто како кај стандарниот магнетен или оптички систем.

Page 18: TEHNIKA NA MONTAZA 1

18

ЛЕНТИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ Бланк ленти Покрај ленти за снимање на слика и тон, во монтажата се употребуваат многу често така наречени бланк ленти: бел бланк, црн бланк, прозирен бланк и старт бланк. Белиот или жолтиот бланк е триацетатна лента на која е нанесена бела или жолта боја наместо фотоосетлив слој. Кај нас, заради поноската цена на чинење, масовно се употребува осветлена, но неразвиена позитив филмска лента. Кога се поставува на почетокот на филмот (во должина од 2,5 м) и на крај (во должина од 1,5 м) на ролните, тогаш тие се нарекуваат почетен и завршен бел или жолт бланк. Во тој случај тие служат за да се постават сликата и тонот на соодветните уреди: кинопроектор, монтажен стол и сл. Овие бланкови играат важна улога кога го воспоставуваме синхронитетот помеѓу сликата и тонот т.е. кога нивните должини се различни. Со бел бланк можеме да понекогаш и да замениме дел од слика која се уште не е доставена или слика со специјални ефекти која накнадно би се умонтирала за должината на бланкот. Со овој бланк може да се замени и дел од оштетена лента од слика или тон. За да се олесни работата со белиот бланк од 35 мм, кој е направен од осетлива позитив лента, потребно е едноставно да се пропушти низ копир машина или кинопроектор, но не и да се развие. Така се добива квадратиран бел бланк. После кратко време спонтано на емулзијата ќе се појават фотограми како блго заситување, за разлика од неостветлените делови, меѓукадровскиот простор, кој ќе остане посветол. Прецизното одбројување на фотограмите и сечењето ќе биде многу полесно. Црн бланк се добива од позитив лента, исто како и белиот бланк, но во овој случај лентата после осветлувањето се развива во лабораторијата. Во овој случај траката се експонира во копир машина (копирка) која ќе ги осветли само полињата на фотограмите. Во процесот на развивање фотограмите ќе потемнат, а останатата површина ќе остане прозирна. Ваквата лента ја нарекуваме квадратен црн бланк. Црниот блан служи исто така како и кај белиот бланк, но со таа разлика што кај црниот блан нема да имаме непријатен светлосен удар, што се случува кај белиот бланк. Најчесто служи за продолжување на изгубени должини од кадарот, или за продолжување на темните површини кај одтемнувањето или затемнувањето. Многу е подобар да се става на почетокот и на крајот на телевизиските филмски емисии, бидејќи белиот бланк делува како осветлување на екранот. Црниот бланк навеќе се користи при монтажата на слика на 16 и 35 мм, а белиот служи во монтажата на тонот за воспоставување на синхронитет со сликата (16, 17,5, 35 мм), како и за поставување на заштитни бланкови на почетокот и накрајот на ролната. Без разлика што овие бланкови многу брзо се оштетуваат, нивната позитивна страна е тоа што тие многу лесно можат да се заменат со нови. Прозирен (транспарентен) бланк е лента која што е осветлена и само пропуштена низ фиксир. На овој начин фотоостливиот слој е потполно симнат од лентата и таа станува прозирна. Разновидни монтажни операции понекогаш бараат и нејзина употреба: намерни блицери кој симулираат оштетување на лентата, ефект на блиц светло, ефект на севање на гром, експлозија и сл.

Page 19: TEHNIKA NA MONTAZA 1

19

Старт бланк е посебен вид бланк лента водич во фазата на тонската обработка, нахсинхронизација на дијалогот, и забршната тонска обработка. Таа се става на почетокот на секоја ролна од работната копија, како и за машна на сликата за нахсинхронизација. Основата на старт бланкот е темна, а на лентата се снимени ознаките: старт или позор и броевите 1, 2 и 3. Нејзината должина е околу 3 м. Се произведува во секоја поголема филмска лабораторија, во црно-бела техника, и еднообразна е само за одредена лабораторија.

• Почетниот дел е темен и долг околу 2 м • Знакот за позор е усниман на 24 слики, • После 33 темни фотограми е уснимен бројот 1 на три фотограми, • После последниот број 1 и првиот фотограм од бројот 2 има 21 фотограм кои

исто така се темни, • Броевите 2 и 3, исто така се уснимени на по три фотограми, а и растојанието е

исто, 21 фотограм на црниот бланк. • При лепењето на почетокот на сликата треба да се пази, после последниот

фотограм од бројот 3 на црниот бланк, кој е нешто подолг, да се пресече точно каде би се појавил бројот 4. На овој дел се лепи првиот квадрат на сликата.

Старт бланкот е своевидна тонска копија со оптички запис на тонот, бидејќи на лентата се наоѓа звучен скигнал (пипсер од 1000 Hz), кој е синхрон со ознаката позор или старт, (1,2 и 3). ВИДЛИВОСТ НА СЛИКАТА НА ПРОЕКЦИЈА Отворите на филмските и електронските камери се нешто со поголеми димензии од отворот на капијата на кнопроекторот. Овој однос е регулиран со меѓународен стандард. Помалиот отвор на капијата кај кинопроекторите ја отклонуваат опасноста од проекцијата на ивицата на филмската лента, но од друга страна, можат да одсечат дел од битна композиција на фотограмот, особено кога се снимени непажливо делови од текст или други натписи. За ова , пред се, внимава филмскиот снимател. И монтажерот мора да ги земе во обзир овие разлики, бидејќи на своите уреди нема можност да ја гледа сликата низ димензиите на капијата на проекторот. Во текот на монтажата, монтажерот најчесто ја гледа целата површина на фотограмот.

При емитувањето на телевизија доаѓа до уште поинтензивно сечење по ширина и висина на филмскиот фотограм. Практично, шестиод дел на висината на фотограмот од секоја страна (лево, десно, горе и доле), ќе биде одсечен. Површината во која мора да биде сместена содржината на сликата која тереба да се види на телевизија се вика критично подрачје.

III. УРЕДИ ЗА МОНТАЖА НА ФИЛМОТ

УРЕДИ ЗА ФИЛМСКА МОНТАЖА НА СЛИКА И ТОН МУВИОЛА (engl. moviola)

Page 20: TEHNIKA NA MONTAZA 1

20

Уред за проекција, со која се користи филмскиот монтажер за синхронизација и монтажа на сликата и тонот. Името и потекнува од првиот модел кој бил конструиран од Американската фирма „ North Hollywood Company”. Во текот на проекцијата на сликата на малиот екран од мат-стакло, филмската лента се движи испрекинато со помош на малтешкиот крст. Уредот за проекција нема сектор, па затоа изазива лесно треперење на сликата, но тоа овозможува сликата да се запре секогаш на цел фотограм. Сличен тип на мувиола се изработувало уште во Советскиот Сојуз (тип 35-ЗМАЗМ). Мувиолата е многу едноставна за ракување, и на неа можат да се прегледуваат многу кратки

парчиња на лента. Со механизмот за сликата можат да се додадат и уреди за репродукција на оптички и магнетен тонски запис. Лентите меѓусебно можат да се поравнуваат, да се синхронизираат, со повлекување напред или назад, исто така положбата на магнетската глава може да се подесува спрема тонскиот запис на лентата. Механизмот за придвижување на лентата се движи напред, назад, менувајќи ја брзината од 5 до 30 сл/сек. Заради малата површина на екранот, како и нестабилната проекција (треперење), мувиолата не се користела за оценување на квалитетот на сликата и изборот на дублови.

Новите модели на монтажниот стол Мувиола, во потполност ги елиминирале овие недостатоци. Покрај стандардните карактеристики за монтажа таа може да се поврзе со повеќе монтажни столови од истиот модел и на неа да се обработуваат во ист момент, повеќе слики и повеќе тонски ленти. Исто така таа има можност за поврзување со магнетоскоп и со неа да се обработува тонот на филмски начин.

KEM Познат германски производител за производство на висококвалитетни монтажни столови од 35 и 16 мм, со модули( со додатни екрани и транспортни механизми), кои овозможуваат да се работи со повеќе тонски и филмски ленти истовремено: 1 слика +3 тонски ленти; 2 слики + две тонски ленти; 3 слики+1 тонска лента.

Page 21: TEHNIKA NA MONTAZA 1

21

Со стереоскопски додаток, адаптер, на екранот на монтажниот стол од 35 мм, покрај нормалната дводимензионална, овозможува гледање и на тродимензионална слика. Покрај модулите за слика или на тонска лента, на КЕМ монтажните столови може да се приклучи и модул со ТВ камера, за снимање на филмот на магнетоскопска лента. ПРЕВОСТ Постои и уред за монтажа на филм со марка Превост, од Италијанско производство. Овој монтажен стол се корист најповеќе кај нас и во бившите Југословенски простори. На овој монтажен стол наместо малтешки крст во секторо е ставена повеќеаголна призма.

Штајмбек, е таков тип на монтажен стол за монтажа на слика и тон кои на себе може да содржи од еден тањир па до 4 тањири. На него може да се монтира слика од една до три слики паралелно. Исто така на него може да се монтир на 35мм лента или 16мм лента, или да ги има и двете комбинации. Овој монтажен стол служи и како телекино за префрлање на филмот во електронска форма за понатамошна електроска монтажа или компјутерска монатажа.

ЛЕПЕНКА Е простор во кои е извршено спојување, лепење, на два краја на филмска лента, тон-негатив или перфомагнетска лента. Се нарекува уште и спој, а често пати кај нас во праксата се вика пикштела (гер. Pikstele). Лепенките се прават во уреди кои се нарекуваат преси , за сите формати и системи. Во употреба се 4 вида лепенки:

A. Лепенка со преклопување на краевите на лентите, со стругање на емулзијата од едната страна, и лепење со ацетонски лепак. Спрема начинот на сечењето на краевите на лентата, може да биде симетричен и асиметричен, за негатив или позитив слика, како и за тон-негатив, за класичен систем на слика или синемаскоп. Поради својата издржливост и трајност ова е најчест облик на лепење на лентата.

Page 22: TEHNIKA NA MONTAZA 1

22

B. Коса залепка за филмска лента, какде што се стругањето на емулзијата, од едната страна, се врши косо, под агол од 45º ; посебно е добар за спојување на филмски копии со магнетен запис на тон.

C. Лепенка со назабен „рез“, за да се постигне што поголема должина на краевите кои се поклопуваат и допираат со своите ивици, и потребна издржливост на залепеното место. Краевите се спојуваат со ацетонски лепак, а лепенката се наоѓа на самата висина на лентата. Се користи за лепење на тонски копии (16мм и супер 8мм) со магнетен запис на тон.

D. Лепенка со прозирна леплива лента (тејп) која преоѓа преку површината на краевите на лентата кои се допираат со своите ивици. Се користи за спојување ка краеви од филмска лента(само работна копија) или перфомагнетна лента од сите видови формати. Филмската лента со слика може да се лепи од двете страни (мат и гланц), а перфомагнетската лента само од гланц страната.

АЦЕТОНСКА ЛЕПЕНКА Просторот во кој се споени две прчиња филмска лента, со лепење со ацетонски лепак и ацетонска преса.

Page 23: TEHNIKA NA MONTAZA 1

23

Ацетонска лепенка на 35мм лента: 1.задниот крај на претходниот кадар; 2.предниот крај на следниот кадар, од кој се вади емулзијата со стругање (3); 4.изглед на готовата лепенка (не се гледа, бидејќи таа се наоѓа во меѓукадровскиот простор или тајлунгот)

Секако дека најстариот начин на лепење на краевите на лентите сеуште е незаменлив кај монтажата на негатив, за лепење на тон-негатив и тонска копија. Ацетонската лепенка се прави во меѓукадровскиот простор (кај 70мм, 65мм и 35мм формати), или околу него (кај 16мм, 8мм и супер 8мм формати). За сечење потребно е да се искористи по цел еден фотограм на секоја страна, така да двата меѓукадровски простори, кога ќе се преклопат еден преку друг, претставуваат површина на лепенката (преклоп). Бидејќи

Page 24: TEHNIKA NA MONTAZA 1

24

ацетонската лепенка не делува преку емулзијата, потребно е од едната страна да се иструже емулзијата до носачот. Сечењето и вадењето на емулзијата, с врши на пресата, со помош на ножеви и стругачи, или со специјален уред за сечење и стружење, Филмхоблер (гер. Filmhöbler).

Лепенка на негатив лента од 70мм (2,7мм ± 0,1), 35мм (1-2 мм ± 0,1 мм) и 16 мм (0,5 – 1,6 мм±0,1 мм)

На исечениот и истружениот крај на лентата рамномерно се нанесува мала количина на лепак, а потоа овој крај се поставува под глан страната на другиот крај. Лепенката се прави во првец на движењето на лентата така што заднод дел на лентата се поставува над предниот крај кој е следен. Ова е важно заради помирно поминување на лентата низ капијата на проекторот, особено кај придвижување на лентата со „хватаљка“ (кај 16мм, 8 мм и супер 8 мм). Во пракса се користат два вида ацетонски лепени: симетрични и асиметрични лепенки. Посебен вид претставува ацетонската лепенка негатив лентата од 35 мм и 16 мм. Кај негативот од 35 мм, нешто е потесна (при работа со филмхоблер од марката ARRI -2

Page 25: TEHNIKA NA MONTAZA 1

25

мм, а со марката HAMMANN 1 мм), од ширината на лепенката на позитив лентата (2,5 мм), поради помирното поминување во копир-машината (копирка)

Ацетонска лепенка на тонска копија од 16 мм со магнетен тонски запис: 1. магнетска глава за репродукција на тон; 2.површина на лепенката; 3. магнетниот тонски запис; А. Неправилна лепенка – подигнатата ивица на лепенката доаѓа до магнетната глава и го ремети мирното движење на лентата, B. Правилен правец на краевите на лепенката во

однос на магнетната глава. Невидлива лепенка на негатив 16 мм лента е најголем проблем, бидејќи ширината на меѓукадровскиот простор е само 0,2 мм, па затоа на него не е можно да се направи невидлива лепенка. За монтажа на негативот на 16 мм лента, покрај асиметричниот метод на лепње (со широчина од 1,6 мм) и А и B ролните, се користи методот на скоро симетрична лепенка, од марката Hammann, така да нејзината широчина е само 0,5 мм. Со овој метод на лепење, 16 мм-киот негатив се пасува на една ролна, како и кај 35 мм негатив. Со визуелно гледање на позитив копијата, во просторот на лепенката се приметува многу тенка црна линија на почетокот на првата слика од наредноит кадар, но на филмската проекција тоа е неприметно, што е посебно важно за забрзување на работата и намалување на трошоците при изработката на копиите за емитување на Телевизија. A-B КОПИРАЊЕ Е начин на копирање нафилмската лента од 16 мм, за потполно отклонување на видливоста на лепенката на позитив-копијата и за изработка на оптички трикови. Негативот се спрема за копирање така што спрема работната копија се монтираат две ролни и тоа ролна А и ролна B. Првиот кадар од негативот се поставува на ролната А, а на ролната B се поставува црн бланк во истата должина. Потоа на ролната В се поставува другиот кадар на негативот , а на ролната А се поставува црн бланк во истата должина и т.н. Парче на негатив на едната ролна, секогаш е во иста должина со парчењто на црн бланк на другата ролна. И двете ролни се стартуваат

Бланкот се сече по меѓокадровскиот простор, а негативот пошироко и од него се вади емулзијата (асиметрична залепка). На позитив лентата се копира ролната А, а потоа

Page 26: TEHNIKA NA MONTAZA 1

26

постапката се повторува, од стартот на почетокот, од ролната В. Црниот бланк ја покрива целата површина на лепенката, која на позитив копијата ќе биде потполно невидлива. Со копирање на А и В ролните на негативот, се изработуваат и 16 мм тонски копии.. оптичките трикови како, затемнувањето, оттемнување, претоп, можат да се направат со оваа постапка, директно, без изработка на интермедија позитив и негатив. Со ова се постигнува совршен квалитет на триковите, кој е ист како и оргиналот. За изработка на сложени трикови во текот на копирањето, се употребува А, В, С и т.н.,копирање со повеќе синхронизирани ролни на ленти. АБРАЗИЈА НА ЛЕНТАТА (lat. abrasio) Абразија на лентата е механичко оштетување на емулзијата на филмската, и перфомагнетската лента, настанато со прекумерно затегање на лентата при премотувањето или со надворешни влијанија, како што се честички од прашина, маснотии, одпадоци од емулзија и сл. Најчесто оштетувањата имаат облик на хоризонтални грабаници, во различен број или широчина и длабочина. A-B СИСТЕМ НА ОБРАБОТКА НА ТОН Тоа е постапка кога се монтира тонот, кај кој е основен принципот на наизменично одвојување на тонските целини, на посебни синхроно стартувини и водени перфомагнетски ленти. Исто така кај повеќеканалниот начин на обработка на тонот, постапката на преснимување на тонските целини во наизменичен редослед на одвоени канали на повеќе канална лента. Овој систем се користи кога резот во тонот го следи резот на сликата, и кога тонот се поставува пред или после резот во сликата, кадарот. Снимката на тонот која продолжува после резот на сликата, го носи тонот на продолжено движење од својот кадар во следниот, во кој движењето не се гледа, што создава впечаток на единство на просторот и времето во сцената. Сите монтирани материјали се групираат по сродни содржини, така да се формираат А и В ленти со дијалози, амбиентални шумови, тоски ефекти, синхрони шумови или музика. Бројот на вака монтираните перфомагнетски ленти е неограничен. Меѓутоа основен разлог за примена на овој систем е тоа што овозможува, при обработка на процесот на мешање (миксување), корекција на секој поединечен измонтиран тонски елемент на аудио (тонската) миксета. АЈ СИНК-А СИНХРОН (engl. Eye Sync) Пежоративен израз при синхронизацијата на сликата и тонот (најчесто дијалогот) кога кадарот е снимен без клапа. Се состои во пронаоѓање на карактеристичен тон кој лесно се идентификува и лоцира во сликата, на пример, ефект на затворање на врата, пукање од пушка и сл. Некои изговорени букви лесно можат да се определат на усните на глумецот, како што се б, м и п. Други уреди на монтажа се така наречените Галги-за делење на филмските материјали

Page 27: TEHNIKA NA MONTAZA 1

27

УРЕДИ ЗА ПРОЕКЦИЈА

Page 28: TEHNIKA NA MONTAZA 1

28

Page 29: TEHNIKA NA MONTAZA 1

29

Page 30: TEHNIKA NA MONTAZA 1

30

Page 31: TEHNIKA NA MONTAZA 1

31

Page 32: TEHNIKA NA MONTAZA 1

32

Page 33: TEHNIKA NA MONTAZA 1

33

Page 34: TEHNIKA NA MONTAZA 1

34