7
Потврдена бруто маса – Водич за испраќачи SOLAS

SOLAS - Kuehne...Како генерално упатство, VGM податоците треба да бидат примени од страна на Kuehne + Nagel пред пристигнување

  • Upload
    others

  • View
    32

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Потврдена бруто маса – Водич за испраќачи

SOLAS

БРОДСКА ЛОГИСТИКА

SOLAS – Потврдена бруто маса

Што преставува SOLAS?

SOLAS СЕ ОДНЕСУВА НА

SOLAS претставува дел од IMO (Меѓународна поморска организација, агенција на ОН) одговорна за креирање на VGM побарувањата со цел заштита на луѓе и средства кај транспортерите, терминалите и пратките. Новите побарувања укажуваат дека одговорност на испраќачот е да обезбеди податоци за бруто утврдена тежина на контејнерите до прекуокеанските транспортери. Сите држави членки на IMO мора да ги усвојат новите VGM правила, и тоа:

• Во оригинална форма• Или со дополнителни побарувања во согласност со локалните/

националните законски регулативи

Спроведувањето на VGM правилата претставува одговорност на локалните државни органи одговорни за прекуокеански транспорт (на пример Крајбрежна стража во САД, Прекуокеанска и крајбрежна агенција во Обединетото Кралство, итн.)..

ПРЕГЛЕД

• Потврдена бруто маса = VGM

• Датум на стапување на сила: 01.07.2016

• Одговорен за трансфер на VGM податоците до транспортерот: испраќачот означен на товарниот лист

• Овластување на трета страна: можно

• Непотврдена тежина = неизвршување на утовар

• VGM содржи вкупна тежина на карго, помагала за утовар / палети / рамки, опремата за обезбедување на контејнерот и тежина на празен контејнер

• Kuehne + Nagel нуди повеќе процеси за трансфер на VGM податоците

КОЈ Е ОДГОВОРЕН?Испраќачот (договорната страна прикажана во товарниот лист како испраќач) е одговорен за трансфер на VGM податоците до транспортерот пред извршување на утовар на пратката на брод и/или влез на пратката на поморски теринал

Транспортните линии и Kuehne + Nagel не се одговорни за верификација на овие информации. Испрачаќот може да овласти трета страна која во негово име ќе ги обезбеди VGM неопходните информации.

VGM податоците нема да бидат прикажани на товарниот лист. Истите се декларираат одделно од бруто тежината на карго пратката прикажана во товарниот лист

Спакувани контејнери кои се натоварени на карго брод во меѓународен поморски сообраќај

Спакувани контејнери на шасија или приколка кои треба да бидат транспортирани со помош на Ro-Ro брод доколку не се вклучени во краток меѓународен транспорт

Сите извозни контејнери

Типови на контејнери: резервоарски контејнери, рамни ракови, контејнерски платформи и контејнери за рефусна стока (bulk).

Спакувани контејнери на шасија или приколка кои треба да бидат транспортирани со помош на Ro-Ro брод вклучени во краток меѓународен транспорт

Карго пратки кои по налог на испраќачот треба да бидат спакувани во контејнер од страна на транспортерот и веќе се натоварени на брод за испорака

Празни контејнери

Нерезидентни контејнери кои се управуваат на отворени мориња

Секаков вид на возила

ДАТУМ НА СТАПУВАЊЕ НА СИЛАSOLAS дополнувањата стапуваат на сила на 01.07.2016 година. Контејнерите кои веќе се спакувани пред наведениот датум за утовар на брод исто така подлежат на новите VGM правила.

SOLAS НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА

SOLAS – ПОТВРДЕНА БРУТО МАСА

Методи на пресметка

Постојат два начини за дефинирање на потврдена бруто маса: со помош на утврдување на тежина на спакуваниот контејнер или со помош на пресметка

МЕТОД 1: Мерење на спакуван контејнер

Дали поседувате сопствен уред за утврдување на тежина?

Дали соработувате со трета страна која поседува уред за утврдување на тежина?

Не

Вие сте сообразни со

SOLAS

МЕТОД 2: Пресметка на стоката + опремата за обезбедување + тежина на празен контејнер

Дали ја измеривте пратката, опремата за обезбедување и тежина на празен контејнер?

Процесот e сертифициран и одобрен од државата каде

контејнерот е спакуван?

Да

Вие сте сообразни со

SOLAS

Вие не сте сообразни со

SOLAS

Алтернативно решение

МЕТОД 1По извршување на соодветното пакување и запечатување на контејнерот, испраќачот мора да изврши утврдување на тежина на истиот, или да ангажира трета страна која ќе изврши утврдување на тежина на спакуваниот контејнер (согласно постоечките стандарди).

Доколку потврдената бруто маса на спакуваниот контејнер е добиена преку утврдување на тежината на контејнерот додека истиот се наоѓа на патно транспортно возило (шасија или приколка), тежината на нетоварено патно транспортно возило, вклучувајќи гориво итн. треба да биде одземена со цел да се добие потврдена бруто маса на спакуваниот контејнер.

Утврдувањето на потврдена бруто маса со помош на уред за утврдување на тежина може да биде извршено од страна на испраќачот или од трета страна за соодветен надоместок. Kuehne + Nagel може да Ви асистира во тој дел. Уредот за утврдување на тежина мора да биде калибриран и сертифициран.

МЕТОД 2Испраќачот (или трета страна ангажирана од страна на испраќачот) мора да ја утврди тежината на сите пакувања и карго пратки, вклучувајќи ја тежината на палетите, опремата за обезбедување на контејнерот, како и тежината на празен контејнер со помош на користење на сертифицирана и одобрена метода согласно законските регулативи на државата каде се извршува пакување на контејнерот.

Единствено методот користен за утврдување на тежинатта на содржината на контејнерот под Метода 2 претставува предмет на сертификација и одобрување согласно одредбите на надлежните државни органи од соодветната држава каде е извршено пакување и запечатување на контејнерот.

Скалата која се користи за утврдување на тежината треба да биде калибрирана/сертифицирана во согласност со локалните/националните регулативи.

Вие не сте сообразни со

SOLAS

Дали поднесовте VGM на Вашиот добавувач пред тргање?

Да

Да Да

Да

Не

Да

Дали поднесовте VGM на Вашиот добавувач пред тргање?

Не

SOLAS – ПОТВРДЕНА БРУТО МАСА

Документација

НЕОПХОДНИ ПОДАТОЦИБез VGM податоци, бродските транспортери ќе бидат приморани да го откажат утоварот на контејнерите на брод и истото ќе резултира со задоцнувања на Вашата пратка.

Неопходните податоци кои клиентот треба да ги обезбеди до Kuehne + Nagel се следните:

• VGM (Потврдена бруто маса) по контејнер (Вкупна тежина на карго, помагала за утовар/палети/рамки, опремата за обезбедување на контејнерот и тежина на празен контејнер)

• Потпис (име со големи букви за целите на EDI) на лицето овластено од страна на испраќачот и детали на компанијата

• Дополнителни информации и/или документи доколку истите се неопходни да се приложат согласно регулативите на локалните власти (државни органи)

ФЛЕКСИБИЛНО УПРАВУВАЊЕ СО ПОДАТОЦИМожеби е премногу рано испорачателот да ги обезбеди неопходните VGM информации за време на букирање на пратката, меѓутоа може да биде и премногу доцна истите иформации да бидат препратени за време на издавање на упатствата за испорака. Поради наведеното, главната интенција на Kuehne + Nagel е да управува со VGM податоците на најфлексибилен начин колку што е тоа можно со цел да го поддржи трансферот на наведените податоци преку новодефинираниот тип на пораки EDIFACT, VERMAS.

Како дополнување, Kuehne + Nagel ќе Ви помогнат во мониторинг на VGM статусот со помош на известувања со цел осигурување на навремено поднесување на неопходните VGM податоци со цел навремен утовар на Вашиот контејнер.

ДОКУМЕНТАЦИСКИ РЕШЕНИЈА За поедноставување на VGM процедурата и обезбедување на најдобра поддршка за клиентите, Kuehne + Nagel имплементираше различни системи и подобрувања на процесите со цел непречена интеракција преку различните комуникациски канали и решенија кои се глобално достапни:

• Вашиот документ за потврда на извршеното букирање на пратка го прикажува QR кодот за мобилни уреди или линкот за едноставен пристап до VGM портал на Kuehne + Nagel. На порталот имате можност да управувате и да ги поднесете сите неопходни VGM информации, вклучувајќи датуми и други податоци за идентификација на пратката и архивирање до Kuehne + Nagel

• Постоечка EDI конекции Вас и Kuehne + Nagel може да бидат модифицирани со цел да ги поддржат новите VGM побарувања.

• Рачно потпишана документација (мерни сертификати, е-пораки, документација со табуларен приказ итн.), која содржи референтен број и број на испорака на Kuehne + Nagel, број на контејнер и VGM информации

Kuehne + Nagel VGM портал – преглед во десктоп прелистувач

Kuehne + Nagel VGM портал – преглед во мобилен прелистувач

Kuehne + Nagel урнек за рачно потпишана документација

SOLAS – ПОТВРДЕНА БРУТО МАСА

Други информации

ИНТЕРМОДАЛНИ ДВИЖЕЊА И ПРЕТОВАРПодатоците за потврдена бруто маса на спакуван контејнер треба да бидат проследени до следната договорна страна која го презема контејнерот во своја надлежност (по принципот „ракување“).

Доколку спакуваниот контејнер е транспортиран по патен, железнички или бродски транспорт каде SOLAS регулативите не важат, и истиот е испорачан до терминал без податоци за потврдена бруто маса, истиот нема да биде утоварен на брод каде што важат SOLAS регулативите.

Доколку спакуван контејнер е испорачан до терминал од страна на брод каде важат SOLAS регулативите, за претовар на брод каде исто така важат SOLAS регулативите, секој од наведените контејнери, согласно SOLAS регулативите, требало да поседува потврдена бруто маса пред утовар на бродот испорачател. Затоа сите спакувани контејнери кои се наоѓаат на терминалот на претовар треба веќе да поседуваат потврдена бруто маса и понатамошното утврдување на тежина на терминалот на претовар воопшто не е потребно.

ОДГОВОРНОСТИспраќачот е одговорен кон Kuehne + Nagel за точноста на VGM податоците. Вид на побарувања за обесштетување: Оштетувања на бродот, други контејнери, дополнителни трошоци за утврдување на тежина, казни за неточни VGM податоци, не ограничувајќи се на истите.

Дополнителни трошоци за утврдување на тежина и казни од страна на државните органи претставуваат неосигурани ставки и истите се на сметка на испраќачот.

VGM И ИМПОРТЕРИKuehne + Nagel тесно соработува со локалните државни органи, транспортери, терминали и други партнери низ целиот свет со цел да го подобри процесот на поднесување на VGM податоци на пристаништата на утовар. Како импортер Ве охрабруваме да соработувате со сите наши деловни партнери со цел подобрување на процесите и навремено поднесување на VGM податоците до нас, согласно регулативите издадени од страна на локалните државни органи.

ВАЖНИ ЛИНКОВИ

Kuehne + Nagel вебстрана: http://www.kuehne - nagel.mk/brodski-transport/solas-imo-vgm/

World Shipping Council: http://www.worldshipping.org/industry-issues/safety/cargo-weight

SOLAS VGM инсустриски ЧПП: http://www.worldshipping.org/industry-issues/safety/faqs

IMO MSC VGM Водич: http://www.imo.org/en/OurWork/Safety/Cargoes/Containers/Documents/MSC.1%20Circ.1475.pdf

СТАПУВАЊЕ НА СИЛА НА VGM РЕГУЛАТИВАТАКако генерално упатство, VGM податоците треба да бидат примени од страна на Kuehne + Nagel пред пристигнување на пратката на терминал. Меѓутоа, поради специфичните побарувања имплементирани од страна на секое пристаниште и / или терминал, испраќањето на неопходните податоци согласно стапување на сила на VGM регулативата може да варира, и информацијата за поединечните пристаништа и терминали и стапување на сила на VGM регулативата кај истите ќе биде единечно комуницирана од страна на нашите локални организации. Поради тоа, Kuehne + Nagel ќе обезбеди стапување на сила на VGM регулативата при секоја потврда за букирање на пратка.

SOLAS – ПОТВРДЕНА БРУТО МАСА

Дефиниции

КАЛИБРИРАНА И СЕРТИФИЦИРАНА ОПРЕМАОзначува рампа за утврдување на тежина на контејнери, опрема за подигнување или друг уред за утврдување на потврдена бруто маса на спакуван контејнер или на пакувања и карго пратки, палети, опрема за осигурување на контејнери, кои ги исполнуваат стандардите за точност и државната легислатива и прописи каде што опремата се употребува.

КАРГО ПРАТКИГо поседува истото значење како и терминот „карго“ согласно Меѓународната конвенција за безбедни контејнери од 1972 година, вклучувајќи ги и дополнувањата (во понатамошниот текст како CSC), и означува стоки, материјали, течности, гасови, материјали во цврста форма и артикли од секаков вид кои се превезуваат во контејнери согласно договор за транспорт. Меѓутоа бродска опрема, бродски материјали, вклучувајќи и бродски резервни делови кои се пренесуваат во контејнери не се сметаат за карго.

КОНТЕЈНЕРГо поседува истото значење како терминот „контејнер“ во SCS и означува вид на транспортна опрема:• Од постојан карактер и доволно силна со цел да биде повторно

употреблива• Специјално дизајнирана со цел да овозможи транспорт на стоки

на повеќе начини без извршување на посредувачки претовар• Дизајнирана да биде безбедно позиционирана и лесно да се

управува, за таа цел опремена со аголни модули• Со големина каде површината помеѓу четирите надворешни

долни агли изнесува:• Најмалку 14 м2 (150 sq. ft.)или• Најмалку 7 m² (75 sq. ft.), доколку е опремена со горни аголни

модулиТерминот „контејнер“ вклучува резерворани контејнери, рамни ракови и БУЛК контејнери.

ДОГОВОР ЗА ТРАНСПОРТДоговор каде што транспортна компанија за одреден надоместок врши транспорт на стоки од едно на друго место. Истиот може да поседува форма на договор или форма на документ како sea waybill товарен лист, мултимодален транспортен документ.

БРУТО МАСАКомбинација од тежина на празен контејнер и тежина на сите пакувања и карго пратки, вклучувајќи помагала за утовар / палети / рамки, опремата за обезбедување на контејнерот (види „Потврдена бруто маса“).

КРАТКО МЕЃУНАРОДНО ПАТУВАЊЕОзначува меѓународно патување каде бродот е оддалечен не повеќе од 200 миљи од пристаништето или локацијата каде патниците и екипажот би можеле да бидат донесени на безбедна локација и кое не надминува повеќе од 600 миљи во должина помеѓу последното пристаниште во државата каде започнало патувањето и последното пристаниште од дестинацијата согласно SOLAS регулативата III/2.

НЕРЕЗИДЕНТНИ КОНТЕЈНЕРИГи означуваат сите контејнери со кои се управува на отворени мориња согласно упатствата за одобрување на нерезидентни контејнери (MSC/Circ.860), вклучувајќи ги и ревидираните препораки за хармонизирана интерпретација и имплементација на Конвенцијата за безбедни контејнери од 1972 година, вклучувајќи ги и додатоците (CSC.1/Circ.138/Rev.1).

ПАКЕТЕден или повеќе карго пратки кои се поврзани заедно, спакувани, обвиткани или поврзани во кутија и означени за транспорт. Примери на пакети вклучуваат, но не се ограничуваат, на боксови, пакети, картони.

СПАКУВАН КОНТЕЈНЕРКонтејнер, согласно претходната дефиниција, натоварен (наполнет или исполнет) со течности, гасови, цврсти материјали, пакувања и карго пратки, вклучувајќи палети, опрема за осигурување на контејнери, и друг материјал за пакување и осигурување на контејнери.

МАТЕРИЈАЛ ЗА ПАКУВАЊЕОзначува било каков материјал употребен за пакување на пакети и карго пратки кој овозможува спречување на оштетувања, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, каси, блокови за пакување, буриња, сандаци, кутии. Исклучени материјали од наведената дефиниција претставуваат материјалите во индивидуално запечатените пакети кои служат за заштита на карго пратките внатре во пакетите.

МАТЕРИЈАЛ ЗА ОСИГУРУВАЊЕСекаков вид на безбедносна опрема, ленти за прицврстување и друга опрема која се употребува за блокирање, прицврстување и безбедносно осигурување на карго пратките во контејнерот.

Skp ZV-M/as-FS-20160613

SOLAS – ПОТВРДЕНА БРУТО МАСА

Дефиниции

ОДДЕЛНА КОМУНИКАЦИЈАОзначува, но не се ограничува на, декларација која вклучува сертификат за тежина креиран од страна на станица за утврдување на тежина со калибрирана и сертифицирана опрема на рута помеѓу почетната точка на испраќачот и пристанишниот терминал.

ТРАНСПОРТЕН БРОДСекој транспортен брод на кој што се однесува и важи SOLAS VI поглавјето. Исклучок од ова претставуваат Ro-Ro транспортните бродови наменети за транспорт на секаков вид на возила кои се вклучени во кратки меѓународни патувања каде контејнерите транспортирани со помош на шасија или приколка се утоварени и истоварени со нивно возење на бродот.

ИСПРАЌАЧПравно лице или лице означено на товарниот лист или на поморскиот товарен лист или на еквивалентен мултимодален транспортен документ (односно со помош на „Листата на утовар“) како испраќач кој поседува договор со транспортна компанија (или во негово име трета компанија поседува договор за транспорт) за извршување на транспорт.

ДОКУМЕНТ ЗА ИСПОРАКАДокумент издаден од страна на испраќачот со цел трансфер на податоците од потврдена бруто маса од спакуван контејнер. Овој документ може да биде дел од инструкциите за испорака пратени до транспортната компанија или одделна комуникација (на пример декларација која вклучува сертифицирана тежина потврдена од страна на станица за утврдување на тежина).

ТЕЖИНА НА ПРАЗЕН КОНТЕЈНЕРОзначува тежина на празен контејнер кој не содржи пакувања, карго пратки, палети, опрема за осигурување и друг материјал за пакување или безбедносна опрема.

ПРЕТСТАВНИК НА ТЕРМИНАЛЛице кое е одговорно и во функција на правно лице вклучено во деловни активности на ракување со товар, вклучувајќи впловување на товар во пристаниште, складирање, сместување во магацин и останати карго услуги поврзувани со прекуокеански пратки.

ПОТВРДЕНА БРУТО МАСАВкупна бруто маса на спакуван контејнер добиена согласно еден од методите за добивање на бруто маса на спакуван контејнер. (види исто „Бруто маса“).

Skp ZV-M/as-FS-20160613