186
ОСНОВИ НА ПРАВОТО

Skripta Osnovi Na Pravo

Embed Size (px)

DESCRIPTION

ккк

Citation preview

Page 1: Skripta Osnovi Na Pravo

ОСНОВИ

НА

ПРАВОТО

Page 2: Skripta Osnovi Na Pravo

ПРВ ДЕЛ

ПРАВО

I. ВОВЕД ВО ОСНОВНИТЕ ПОЗНАВАЊА НА ПРАВОТО

1. Настанување, поим и карактеристики на правото

Процесот на настанувањето на човекот е многу милениумски

период, започнат од првобитната негова борба за биолошки опстанок,

до денешно негово владеење со дел од галаксијата и утрешното... Тој

пат човекот го поминува од првите чекори во првобитната заедница,

низ периодот на дивјаштвото и варварството, робовладетелското

општество, феудализмот и капитализмот, со незапирливо движење

кон нови форми на живеење.

Процесот, односно патот на настанувањето на човекот е

истовремено и процес и пат на настанување на неговото - човечко

општество. Тој секогаш се движел, работел и "растел" во определено

општество без разлика на организацијата на тоа општество. Човекот

никогаш не постоел надвор од општеството, тој секогаш бил "zоо

politicoo", општествено - политичко суштество, пишува уште во

античко време филозофот Аристотел.

Така, на тоа општествено битие, на стадиумот со ниска

развиена свест, му била доволна општествената организација на

генсот и племето за да ги задоволи биолошките потреби за исхрана и

физичка безбедност, во која општествена организација се било

заедничко и сè сe трошело. Во тие најниски форми на општествена

заедница односите биле регулирани со обичајни и морални норми,

создадени на тоа ниво на развој низ многу вековната историја на

човечкиот род, како норми кои го изразувале интересот на

севкупната заедница. Натамошниот историски развој на човекот, 1

Page 3: Skripta Osnovi Na Pravo

пронаоѓањето на орудијата, а особено постепената поделба на трудот

(сточари, земјоделци итн.) доведува до создавање вишок на одредени

производи, а со тоа и потреба од размена, освојување на нови

територии со проширување или со војни, создавање на воена

организација, заробеници (робови) и постепено раслојување на

населението според имотната состојба.

Раслојувањето на населението, во почетокот, според имотна

состојба, а подоцна и по идеи, сфаќања и друго доведува до

антагонизми кои ќе се бранат низ борба и уништување на едните од

страна на другите.

За спречување или барем нормализирање на појавените

противречности на оние кои го создавале производот и оние кои го

користеле најголемиот негов дел, потребна им е организација на

општеството "поради заштита на општите интереси" (Енгелс) на

територијата на една општествена заедница. Така се јавува

државата, државната власт, како инструмент на економски

помоќните, за зачувување на нивниот имот и интереси, за

спречување или регулирање на судирите.

Но, таа организација, таа власт, таа држава, мора да воспостави

определени правила на однесување, правила како израз на волјата и

интересите на оние што се на власт (или на дел од нив кои се

најмоќни). Така настануваат општествените правила на однесување,

така настанува правото.

Постојат разногласија за тоа дали прво настанала државата или

правото. Дискусиите на тој план се сизифовска работа. Настанокот

на државата и правото не можат да се делат ниту историски,

ниту фактички. Токму државата на правото, на правните норми им

ја дала смислата и содржината, ги одвоила од другите општествени

норми, како нејзина потреба. Токму правото на државата и го дало

нејзиниот легитимитет. Тоа значи дека правото настанало заедно со

државата, односно во нејзините пазуви. Тие се симбиоза на тело и

душа.

Од голема историска дистанца, не може, а да не се констатира

дека државата и правото чинат едно нераскинливо единство, како 2

Page 4: Skripta Osnovi Na Pravo

две лица на една иста работа, како ден и ноќ на деноноќието,

симбиоза која е незамислива без едниот елемент. Тие настанале,

постојат и ќе постојат заедно и непостоењето на едното ќе значи

непостоење и на другото и обратно. Кога ќе престанат причините

за нивната појава, тогаш ќе престанат да постојат и државата и

правото.

Под терминот "право" искажани се многу различни поими и

објаснувања. Но, сепак правото најсуштествено може да се

анализира како:

1. општествена појава;

2. како систематизирана целина (вкупност) на правни норми и

правен поредок и

3. како систем на право.

Според тоа под поимот право подразбираме збир на

правила на поведение за регулирање на дел од општествените

односи, како волја на оние што се на власт, донесени во закони

и други прописи како задолжителни правила на однесување,

чија повреда се санкционира од органите на власта во една

држава.

Според претходно изнесеното, правото ги има следните

карактеристики:

Историски карактер

Tоа настанува на определен степен на историскиот развој на

човекот, кога обичајните и моралните норми не биле доволни да ги

заштитат интересите на класата на власт;

Правото е збир на посебен вид општествени норми

Tоа е дел од општествените норми за кои државата е посебно

заинтересирана заради што истите ги нормира и ги заштитува со

санкција;

Правото има национален карактер

Секоја држава без разлика на општественото и политичкото

уредување воспоставува свој, национален правен систем кој ги

одразува посебните белези на државата и нејзините специфични

карактеристики. Но, поради фактот што државата не е автархична 3

Page 5: Skripta Osnovi Na Pravo

заедница, определени меѓународни правни акти кои регулираат

наднационални односи, а кои ги потпишува или прифаќа

државата, се сметаат за составен дел на националниот правен

поредок;

Меѓународен (интернационален) карактер

Националните општествени заедници се повеќе и повеќе се

претвораат во регионални и меѓународни заедници во светот како

"глобално село" во кои заедници постепено се создава еден

меѓународен правен поредок. Тоа особено се однесува за

општествените односи кои се својствени за сите држави и се од

заеднички интерес за сите правни системи, кои бараат и добиваат

меѓународна правна заштита.

2. Обичајот, моралот и правото - норми за регулирање на

општествените односи

Човекот како општествено битие живее во мноштво на

општествени односи како што се работата, бракот, економските,

политичките, верските и други односи. Обичајот, моралот и правото

претставуваат правила на поведение, кои ги регулираат тие односи.

Општествените односи се збир на односи од различен

карактер (економски, политички, културни, класни, семејни, лични,

морални итн.) кои го опкружуваат човекот и како нужни му се

наметнуваат, во кои тој се раѓа, живее и умира. Тие односи во

човечкиот живот не се спонтани, туку се прецизирани и создадени во

рамките на определен и претходно осмислен нормативен ред. За

секој вид односи постојат сфаќања што се создадени врз низа

критериуми, посебно за тоа што во тие односи е добро, лошо, чесно

и нечесно. Врз база на тие секогаш конкретно, историски 4

Page 6: Skripta Osnovi Na Pravo

определени критериуми се формираат и норми за поведенијата на

луѓето.

Воопшто во секое општество постојат голем број на

општествени норми со кои се регулира човековото живеење.

Тие, во основа, можат да се групираат во две групи:

1. технички норми и

2. општествени норми.

1. Техничките норми се независни од волјата на човекот и

значат нужност во прилагодувањето и спречувањето на

дејството на природните закони во општествениот живот (да

се стави громобран за да се регулира дејството на громот како

природна сила; да се вакцинира населението за да не дојде до

заразна болест; да се стави соодветна дебелина и сооднос на

арматурата во столбовите на зградата според нејзината висина и

испуштени еркери итн.). Техничките норми се упатства за

постапување и прилагодување според влијанието на природата.

Општествените норми претставуваат правила на

поведение со кои луѓето ги регулираат односите со другите

членови од заедницата (да не се напаѓа друг живот; право на

заштита на својот и неоштетување на туѓ имот; заштита и почит на

семејството итн.). Општествените норми имаат за цел да го заштитат

и регулираат севкупното живеење и опстанок на човечката

заедница. Тие односи во една заедница се регулираат и заштитуваат

со обичајни, морални и правни норми (обичај, морал, право). Иако

сите овие норми ги регулираат општествените односи тие меѓу себе

се разликуваат како по "силата" на сопствената содржина, така и

според обврските на човекот за нивно прифаќање и почитување.

а) О б и ч а ј

Обичајните норми се правило на однесување на човекот (на

субјектите во правото воопшто) како вид на општествени норми на

однесување настанати низ спонтано, подолго време повторувано

однесување, како стихијна волја на (дел или целина) општествената

заедница. (пример: обичаи на луѓе, обичаи во стопанството).5

Page 7: Skripta Osnovi Na Pravo

На обичајните норми свое влијание, со различен интензитет,

имаат економските, културните, историските, географските,

религиозните и други услови. Тие се карактеристика за

бескласните општества каде што се доминантни, но се практикуваат

и во другите општества. Тие се различни по време и региони, па дури

и во рамките на една држава по населени места, квартови во еден

град, во потесни и пошироки заедници.

Обичајните и правните норми како правила за регулирање на

општествените односи имаат некои исти, но и сосем различни

карактеристики:

- обичаите се непишани, а правните норми пишани правила на

општествени норми за регулирање на општествените односи;

- и обичајните и правните норми имаат санкција за непочитување на

едните или другите. Разликата е во тоа што санкцијата за обичајните

норми ја "утврдува" заедницата на која се однесува, а санкцијата

за правната норма ја определува државата низ својот

инструментариум;

- санкциите за повреда на обичајот се изразуваат низ презир,

бојкот, прекинување на односи, а понекогаш и низ посегнување

по животот на прекршителот (крвна одмазда) итн., а правните

санкции се изразени во различни видови на санкции предвидени со

закон;

- постои заедничка врска и истоветност меѓу обичајните и правните

норми во правните системи (и кај нас) каде што некои обичаи се

инкорпорирани во правниот систем (угостителски обичаи; трговски

обичаи; добри деловни и други обичаи) и на кои упатуваат

правните норми како и нормативното регулирање на голем број

обичаи, односно нивно трансформирање од обичајни во правни норми

т.в. "обичајно право" (узанси во угостителството; дипломатски обичаи

преточени во Конвенција итн.);

- и обичајните и правните норми се обичаи - однесувања, но

првите претставуваат општествени, а вторите правни обичаи;

- и правото и другите норми кои ги регулираат општествените

односи често регулираат исти општествени односи (пример: 6

Page 8: Skripta Osnovi Na Pravo

моралот забранува убивање, црковните - канонските правила

забрануваат убивање; правото забранува убивање итн.).

б ) М о р а л

Mоралните норми се општествени норми кои исто така добиваат

"право на граѓанство" со секојдневно нивно повторување. Тие се

еден вид на закон за однесување на сите (Кант), морално е она што

на човекот му се наметнува како нужно, тоа е однесување согласно

неговата совест што произлегува од фактот дека е тој човек,

дејствувајќи паметно и слободно со цел за одржување на особините

кои човекот го прават човек - како разлика од другите живи

суштества.

Доброто, според етиката (науката за моралот) е суштина на

моралот, со оглед на тоа што човекот е повеќе општествен покрај

тоа што е биолошки производ. Човечкото однесување е крајна

суштина на моралот и негова главна одлика.

Навидум истоветни по своето настанување, обичајот и моралот

се разликуваат по својата содржина, од инкорпорирањето во човекот

на едните и другите норми. Точно е дека нивното настанување се

одвива низ повеќекратно повторување на некое правило на

однесување. Но, обичајните норми човекот ги повторува механички

без во нив да внесува некоја особена свест и разум и расудување за

примена на обичајот и неговата полезност.

За разлика од тоа, кај моралната норма, како норма на етички

став на човекот, тој ја активира својата свест и разум, по секоја цена

трудејќи се доброто да биде во суштината на неговото однесување.

Тој мисли, расудува, обмислува, создава критична маса за своите

морални сфаќања, ги менува, ги усогласува. Со еден збор тој

постојано мисли за своите морални правила. Кај обичајните норми

човекот има пасивен (или барем блиску до пасивен) однос, а кај

моралните активен однос (им дава цел, суштина, смисла, ги "живее".).

Моралните однесувања можат да бидат долготрајни или моментни

кои луѓето ги манифестираат како сфаќања за тоа што е добро, а

што зло, врз основа на нивното битие кое го создава 7

Page 9: Skripta Osnovi Na Pravo

општествената стварност дејствувајќи на био - психичкиот

супстрат на човекот.

Постои објективен и субјективен морал, односно морал кој е

одраз на духот на конкретните општествени услови и околности и

морал кој една конкретна личност го гради сама за себе. И едниот и

другиот морал е резултанта на општествените и личните својства

на човекот. Колку една морална норма има вредност за поголем

број на луѓе, толку нејзината важност и сила се поголеми.

Секое општество почива врз принципите на моралните и на

правните норми. Колку повеќе тие се поистоветуваат толку повеќе

можеме да зборуваме за "здраво" општество, во кое се што е морално

е и праведно, за општество во кое принудата ќе се јавува само

исклучително.

Општествената средина секогаш влијае врз моралот. Како

позитивните, така и негативните однесувања можат да добијат

"статус на граѓанство" и како "морални" и дозволени да почнат да се

прифаќаат од поголем број на луѓе. Меѓутоа таквото општество,

држава, политичка организација, нема шанси за некој подолг

просперитет и опстанок.

Постојат и сличности и разлики меѓу моралните и правните

норми. Во врска со тоа постојат три основни гледишта:

1. Постои целосна одвоеност на правото и моралот;

2. Тие претставуваат едно единство;

3. Не постои ниту потполна одвоеност ниту потполно единство меѓу

нив.

Колку и да се спротивставени овие гледишта, сепак не може да

се избегне заедничкиот став дека моралот и правото меѓусебно

интеракциски делуваат едно на друго, се дополнуваат, се условуваат.

Најспорен момент кај различните стојалишта за односот меѓу

правото и моралот претставува одговорот на прашањето дали

законот (правото) кој е спротивен на фундаменталните принципи на

моралот е вистински закон, вистинско право? Дали народот треба да

се спротивстави на тој закон? Нашето мислење е дека народот

треба да се спротивстави со отпор спрема закони кои ги кршат или 8

Page 10: Skripta Osnovi Na Pravo

повредуваат елементарните морални норми. Моралот и правото

мораат барем да "кохабитираат".

Моралот и правото најмногу се разликуваат според облиците на

прифаќањето на едните и на другите норми. Моралните норми

доброволно се прифаќаат и доброволно се применуваат, а правните

норми се принудни и наметнати, без разлика дали се применуваат

доброволно или под силата на санкцијата.

в ) П р а в о

Правните норми претставуваат вид на општествени норми, како

пропишани правила на однесување на субјектите на правото чија

примена се заштитува со принуда на државата.

Правните норми иако како и обичајните и моралните норми се

во функција на регулирање на општествените односи се разликуваат

од истите по повеќе критериуми, а особено:

1. по начинот на создавањето и

2. по начинот на реакцијата на повредата на нормите.

Начинот на создавањето на обичајните норми е стихиен, со

повеќекратно повторување, без некоја посебно изразена свест, а

начинот на создавањето на моралните норми е повторување на

определено однесување со изразена свест и волја врз принципите на

проценка на доброто и злото, моралното и неморалното. За

разлика од нив, создавањето на правните норми е организирано,

осмислено, државотворно, преку соодветни органи во правниот

систем на една држава. Таа може донесувањето на определени норми

да им го препушти и на други субјекти: трговски друштва,

организации, здруженија на граѓани (статути, договори), па дури и

на самите граѓани (договори и сл.). За "статусот" на правната норма

не е битно кој ја донесува (иако е тоа најчесто државата) туку кој ја

обезбедува нивната примена, кој ќе го санкционира нивното

евентуално кршење или неприменување.

Начинот на реакцијата на прекршувањето, повредата на

обичајните и моралните норми е презир, бојкот, исмејување,

дистанцирање, грижа на совест, неодобрување и сл. За разлика од 9

Page 11: Skripta Osnovi Na Pravo

ваквиот начин на реакција, реакцијата за прекршување на правните

норми се реализира со осмислена и пропишана санкција (кривична,

прекршочна, дисциплинска). Натаму, кај обичајните и моралните

повреди постои стихијна, неорганизирана реакција на поединец,

група или општествената заедница, а кај повредите на правните

норми, организирана, осмислена државна реакција преку

воспоставените државни механизми. Токму организацијата на

примената на правото и неговото санкционирање најсуштествено ги

прави различни правните од другите видови на норми.

Но, постојат и заеднички карактеристики на трите видови на

норми. Тие, со оглед на тоа што се општествени норми кои

регулираат општествени односи, меѓусебно се зависни како што

впрочем постои меѓузависност и меѓу општествените односи. Колку

повеќе меѓусебно се инкорпорирани овие норми (особено

моралните со правните норми), станува збор за кохерентно

општество, во кое во нормите се содржани сите желби, ставови,

потреби и интереси на субјектите во тоа општество.

II. СИСТЕМ НА ПРАВОТО (ПРАВЕН СИСТЕМ)

Правниот систем (системот на правото) е составен од повеќе

делови, односно елементи. Основен елемент на правниот систем

претставува правната норма која сама, а најчесто во заедница со

други норми уредува одделни општествени односи и која претставува

основна клетка на правниот систем. Други делови на правниот

систем се: правната установа, правната гранка и правната област.

1. Правна норма е правило на поведение регулирано од страна

на државата (за неа подоцна поопстојно ќе стане збор).

2. Правна установа е збир на правни норми кои регулираат

ист (еден) општествен однос или негов дел, засновани врз исти

начела. Таа може да биде потесна или поширока, од понизок или

од повисок ранг. (Пример: установата брак, семејство, сопственост, 10

Page 12: Skripta Osnovi Na Pravo

туристичка дејност, царинско подрачје, осигурување итн. Поширок

поим за установа: договор, а потесен поим - конкретен договор за

осигурување).

3. Правна гранка е збир на повеќе правни установи кои

регулираат ист вид на општествени односи врз исти начела. Врз

тој критериум постојат гранките на право: уставно, имотно,

осигурително, туристичко, царинско, кривично право итн. Бројот на

правните гранки не е статичен и е во зависност од развојот на

правото и бројот на општествените односи што се регулираат.

Некогаш се зборуваше само за две основни гранки на правото:

кривично и граѓанско, за натаму да се создадат уште мноштво на

правни гранки (пример: не се ни помислувало за тоа, но денес

постои и еколошко и компјутерско право, а утре некое друго право

итн.).

Во правниот систем поделбата на правни гранки се прави

според различни критериуми, но сепак, поделбата според

општествените односи што се регулираат е најсоодветна, без разлика

што постојано се јавуваат нови односи кои треба да се регулираат.

а) Видови правни гранки

Уставно право е гранка на правниот систем и претставува

збир на правни начела и норми со уставен карактер кои ги

регулираат основните општествени и политички односи во една

држава.

Казнено право како гранка на позитивното право на

државата е систем од законски норми со кои одредени човекови

поведенија се прогласуваат за казниви дела, за таквите дела се

пропишуваат кривични санкции од страна на државата и се

определуваат условите за примената на казните и другите казнено -

правни санкции. Тоа е збир на правни прописи за кривичните дела и

кривичната одговорност.

Казнена (кривична) постапка е збир на процесни дејствија

кои ги преземаат одредени државни органи и други лица во случај

на постоење на основано сомнение дека е извршено кривично дело, 11

Page 13: Skripta Osnovi Na Pravo

кои дејствија имаат за цел да се утврди дали навистина е извршено

кривично дело, кој е неговиот сторител (сторители), дали врз

сторителот треба да се примени кривична санкција, од кој вид и

нејзина висина.

Управно право е збир на правни норми со кои се регулира

организацијата и дејностите на државната управа и државната

заштита од нејзината работа.

Управна постапка (управно - процесно право) е збир на

процесни дејствија предвидени за органите на управата за решавање

на управните работи.

Граѓанско право е збир на правни норми со кои се

регулираат општествените односи во врска со стоковно -

паричниот промет. Тоа е составено од:

стварно право како регулатива за правата на субјектите над

стварите; облигационо право како збир на правни норми кои

го регулираат прометот на стоките и услугите, правните односи

што настануваат со причинување на штета на други

облигациони односи;

наследно право како збир на норми кои го регулираат

преносот на правата и обврските на наследниците во случај

на смрт на нивниот носител, односно преносот по волја на

оставителот;

семејно право како збир на норми кои го уредуваат бракот и

семејството и право на интелектуална сопственост како

збир на норми кои го уредуваат правото на создавачите на

интелектуалните творби итн.

Граѓанска - процесната постапка е збир на правни

правила кои го уредуваат постапувањето на судовите, странките и

другите учесници во неа, како вкупност на дејствија и односи во

судското расправање и одлучување во определени правни односи.

Трговско (стопанско) право е правна гранка која ја

сочинуваат правни правила со кои се уредува правната положба

на трговските субјекти и односите во кои стапуваат тие субјекти.

Судско право е гранка на правниот систем, која ја 12

Page 14: Skripta Osnovi Na Pravo

сочинуваат збир на правни норми кои ја уредуваат организацијата,

работата и функционирањето на правосудните органи. Тоа се дели

на:

судско организационо право кое ја уредува организацијата

на правосудните органи и

судско функционално (процесно) право кое ја уредува

постапката за право раздавање на судските органи.

Трудово право е правна гранка која ја сочинуваат правни

норми со кои се регулираат трудово - правните односи (настанување,

засновување, унапредување, заштита и престанок) регулирани со

закони, други прописи, колективни договори, меѓународно - правни

акти и сл.

Еколошко право е збир на правни норми кои го регулираат

односот на човекот спрема природата, односно односот на луѓето и

природата со цел заштита на живите суштества и нивните заедници.

Царинско право е збир на правни норми со кои се уредува

организацијата и надлежноста на царините, царинското подрачје,

увозно - извозниот режим, царинската контрола и постапките што

треба да се преземаат од страна органите за заштита на царинскиот

систем на земјата.

Царинска управна постапка како посебна управна постапка

е збир на правила кои определуваат како царинските органи и

субјекти кои учествуваат во постапката ќе ги применуваат

материјално - правните правила во царинско - правните односи.

Туристичко право е правна дисциплина која ја сочинуваат

правни норми кои ја регулираат правната положба на субјектите од

областа на туризмот и угостителството и економските,

статусните и облигационо - правните односи во туризмот и

угостителството и дејностите што се во нивна функција.

Осигурително право (право на осигурување) е збир на

правни норми кои ја регулираат материјата за условите под кои

може да се врши дејноста на осигурување, реосигурување и други

работи на осигурувањето на имот и лица и остварувањето на

правата и обврските на субјектите во осигурувањето.13

Page 15: Skripta Osnovi Na Pravo

Меѓународно јавно право е гранка на правото кое низ

правни норми ги регулира односите на државите како субјекти.

Меѓународно приватно право е гранка на правото која ги

регулира граѓанско - правните односи со странски елемент.

4. Правна област е збир на повеќе правни гранки кои

регулираат исти (или блиски) општествени односи, врз исти

принципи и начела. Поделбата на правните области може да се

групира воопштено на:

внатрешно и меѓународно право;

материјално и формално и

јавно и приватно право.

Внатрешно (интерно) право е збир на правни норми кои ги

регулираат општествените односи во рамките на една држава. Него

го сочинуваат различни гранки на правото како што се:

уставното, кривичното, граѓанското, трудовото, царинското,

туристичкото, осигурителното и други права.

Меѓународно право е збир на правни норми кои ги

регулираат односите меѓу државите и нивните граѓани.

Меѓународното право кое ги регулира односите меѓу државите како

субјекти се нарекува меѓународно јавно право, а меѓународното

право кое ги регулира односите меѓу државјаните на разни држави

како приватни субјекти и односите меѓу правните лица со странски

елемент се нарекува меѓународно приватно право.

Со се поголемиот развој на меѓународните односи се развиваат

и повеќе меѓународни права, како што се: меѓународно кривично

право, меѓународно стопанско право, меѓународно царинско право,

меѓународно осигурително право, меѓународно туристичко право итн.

Материјално право е она право кое низ збир на правни

норми ги регулира правата и обврските на субјектите на правото.

Формално право (процесно право) е она право кое ја

определува постапката за остварување на материјалното право,

односно постапката за регулирање на односите меѓу субјектите за

остварување на нивните права и обврски.

(Пример: кривичното право е материјално право со кое се 14

Page 16: Skripta Osnovi Na Pravo

заштитува животот, здравјето, имотот итн. на човекот. Повредата на

тие права и остварувањето на правата од повредите се остварува во

кривична постапка како формално право; царинското право е

материјално право, а царинската управна постапка - формално

право итн.)

Јавно право го чини збирот на правните норми за регулирање

определени општествени односи кои ги донесува државата, а

приватно право е збир на норми кои низ автономија на волјите ги

донесуваат субјектите на правото за регулирање на определени

односи меѓу нив.

(Пример: јавно право се законите и други подзаконски акти;

приватно право се договорите; правилник за арбитража итн).

Ваквата поделба има теоретско значење од причини што

државата иако во принцип пропишува задолжителни (ius cogens) и

диспозитивни (ius dispositivum) правни норми, таа и во двата вида го

протежира својот империум. Затоа секогаш не може да се зборува за

"чисто" приватно право.

Ш. ПРАВЕН ПОРЕДОК

Во секoја организирана држава животот се одвива низ

мноштво односи меѓу луѓето, низ мноштво природни и општествени

односи (производство, трговија, култура, религија, сопственички

односи, спорт, семејни односи итн.). Сите тие односи чинат еден

општествен поредок кој е составен од помали поредоци:

економски, политички, морални, религиозни итн.

Државата како организирана сила врз основа на степенот на

нејзината развиеност, економските, политичките, социјалните и

други услови е заинтересирана за регулирање на општествените

односи, односно исклучување на секаква стихијност и

неорганизираност. Затоа таа дел од тие општествени односи правно

ги регулира со соодветни правни норми. Со правните норми се 15

Page 17: Skripta Osnovi Na Pravo

определува однесувањето на луѓето и санкциите за евентуално

спротивно однесување од нормираното.

Збирот на правните норми во една држава со кои се

регулираат определени однесувања на луѓето и нивното

однесување според тие правни норми го чинат правниот

поредок на една држава. Тоа е единство на норми и

однесување.

Правниот поредок е дел од општествениот поредок, тој е дел од

општествените односи што се регулирани со правни норми. Тој е

организиран и осмислен систем на општествени односи регулирани со

осмислен систем на правни норми.

Во правниот поредок влегуваат сите општествени односи кои

што се нормирани со соодветен акт на државен орган и други органи

чие почитување го заштитува државата (правда, слобода,

сопственички односи, економски, политички, културни и др. односи).

За разлика од нив, државата не се меша во некои општествени

односи кои го сочинуваат општествениот поредок, кои правно не ги

регулира и кои аналогно на тоа не му припаѓаат на правниот

поредок.

Правниот поредок претставува доста осмислен, среден,

концизно обликуван, прецизно даден, претходно замислен и

планиран поредок на општествени односи. Тој всушност изразува

еден логично подреден систем на регулирани односи со своја

внатрешна смисла. Пред се определеноста на овој логичен ред е

израз на волјата на оние што се на власт. Доколку правниот систем

не е добро осмислен и конципиран, самиот себе си ќе си биде

пречка во остварувањето на целите на оние кои го "осмислиле" тој

правен поредок. Токму затоа правниот поредок е од динамична

природа, не е статичен и се менува заедно со промените на

општествените односи. Тој не е даден еднаш за секогаш, туку е

променлива категорија. Исто така тој е различен од држава до

држава.

Од сфаќањето дека правниот поредок е единство на збирот на

правните норми кои регулираат определени општествени односи и 16

Page 18: Skripta Osnovi Na Pravo

односот на луѓето кон тие норми (ги почитуваат или ги кршат)

произлегуваат основните содржини или делови на правниот поредок:

- нормативна содржина,

- фактичка содржина,

- вредносна содржина и

- законитоста како содржина.

Нормативната содржина на правниот поредок ја чинат

правните акти (правен, нормативен поредок), а фактичката

содржина претставува однесувањето на луѓето согласно или

спротивно на правните норми (фактички поредок). Овие две

содржини се меѓусебно нераскинливо поврзани. Нема правен

поредок кој не е нормативно регулиран, како што исто така

беспредметен е нормативно регулиран правен поредок кој не го

остваруваат луѓето со своите поведенија и дејствија, остварувајќи ги

своите права и интереси.

Вредносната содржина претставуваат општествените

вредности кои се идејни извори на правните норми (живот, слобода,

сопственост), односно општествените односи кои со својата вредност

ја "заслужиле" потребата од нивно правно регулирање.

Законитоста претставува однос на правните норми со нивната

реализација, односно почитување на правниот поредок и примена

на правните норми подеднакво на сите субјекти на правото.

Нормативната содржина на правниот поредок е составена

од следните елементи:

- општествените односи за кои државата се определила да ги

регулира како дел од вкупните општествени односи;

- правните акти како волја на власта за регулирање на

општествените односи со правни акти со кои го регулира поведението

на субјектите на правото;

- правни норми како основни клетки на правниот поредок со кои

конкретно се регулираат одделни поведенија.

Фактичката содржина на правниот поредок ја сочинуваат:

- субјектите на правото (физички и правни лица) и

- човековите поведенија.17

Page 19: Skripta Osnovi Na Pravo

Нашата натамошна елаборација ќе се движи кон прикажување на

основите на содржината на правниот поредок и нивните елементи.

Почнувајќи од основната супстанца, атомот, основната честичка на

правниот поредок - правната норма, кон повисоките акти кои го

чинат правниот поредок.

IV. ПРАВНА НОРМА

1.Поим

Основна клетка на правниот поредок на една држава

претставува правната норма, која е производ на волјата на

доносителот на таа норма преку правен акт.

Правниот поредок е збир на многубројни и разновидни правни

норми.

Неподелено е мислењето на сите правни теоретичари дека

правната норма претставува пропишано правило на поведение

(однесување) на субјектите во правниот поредок, заштитено

со државна принуда.

Погрешно би било правната норма да се идентификува со

член (или негови делови) на определен закон или друг правен акт,

бидејќи правната норма многу ретко се поклопува со определен член.

Членовите, односно нивните делови, обично содржат дел од правната

норма. Секогаш во еден член се содржани повеќе правни норми,

некогаш повеќе членови сочинуваат една правна норма, некогаш дел

од правната норма се наоѓа во еден, а дел во друг акт итн.

(пример: Законот за семејство за склучување на брак предвидува

потребно присуство на двајцата идни брачни другари. Ова не е

потполна правна норма бидејќи не предвидува дали во отсуство на

едниот, може да се склучи брак. Така, друга одредба - член кажува

дека може да се склучи брак и во отсуство на едниот иден брачен

другар, кого со полномошно ќе го претставува друго лице; или

забраната за криумчарење ја чинат повеќе норми предвидени во

Кривичниот законик и Царинскиот закон; или пак диспозицијата на 18

Page 20: Skripta Osnovi Na Pravo

една норма се наоѓа во еден закон, а санкцијата во друг итн.).

Правните норми го сочинуваат позитивното право, односно

правото што важи во еден правен поредок. Правната норма се

донесува со правен акт донесен од надлежен орган во рамките на

неговите надлежности.

Разликата на правните норми со другите општествени норми е

во правната нормативност (пропишаност) и заштитата со

санкција која ја реализира државата. (Пример: забрането е

противправно одземање туѓ живот; забрането е продавање на дрога;

забрането е криумчарење; забрането е намерно оштетување осигурен

предмет; не е дозволено организирање на туристичко патување во

странство ако агенцијата не поседува "А" лиценца итн. Повредите

на нормите се санкционирани).

2. Видови правни норми

Правните норми со оглед на тоа што регулираат различни

општествени односи, со различна општествена вредност, се

донесуваат од различни органи, се однесуваат на различни субјекти

итн. Тие можат да се поделат на повеќе видови. Во зависност од

предметот на проучувањето на правните норми, се прават и

различни поделби.

За нашиот натамошен интерес ќе ја направиме следната

поделба:

- условни и безусловни;

- апстрактни и конкретни;

- општи, посебни и поединечни;

- наредувачки,овластувачки и забранувачки;

- императивни и диспозитивни итн.

Условни и безусловни правни норми

Условни правни норми се оние правни норми кои содржат

услов и за да дојде до примена на правната норма потребно е да се

исполни пропишаниот услов (пример: за да се исполни обврската за

отслужување на воен рок треба да се исполни условот - наполнети 19

Page 21: Skripta Osnovi Na Pravo

18 год. старост; секој е должен да плати данок на промет, но

претходно треба да се исполни условот да се направи промет; секој

може да избира и да биде избран, но претходно треба да се исполни

условот старост од 18 год. итн.).

Безусловни правни норми се оние правни норми за чие

исполнување не е потребно исполнување или постоење на некој

услов (пример: секој има право на работа; на секому му е

гарантирано правото на движење и живеење во местото што сам ќе го

избере итн.).

Апстрактни и конкретни правни норми

Апстрактни правни норми се оние правни норми кои се

однесуваат на сите истородни случаи и се однесуваат на сите

субјекти или категории на субјекти (пример: сите работници; сите

пратеници; сите студенти; сите возрасни; сите имаат право на

работа; младите, жените и инвалидите имаат посебна заштита при

работата; бремените жени имаат право на..; задолжително

осигурување на сите патници во превозот, итн.).

Конкретни правни норми се оние правни норми кои се

однесуваат на определен случај, настан, состојба. Тие обично

произлегуваат од апстрактните правни норми и значат нивна

конкретна, поединечна реализација. (пример: на лицето АА да му се

урне диво изградениот објект; лицето ББ да плати данок; на лицето

ВВ да му се исплати надомест за прекувремена работа итн.).

Општи (генерални), посебни и индивидуални (поединечни)

правни норми

Општи или генерални правни норми се оние правни норми кои

подеднакво се однесуваат на сите субјекти на правото, на сите

случаи и субјекти кои се наоѓаат во иста ситуација или можат да

дојдат во ситуација која што ја предвидува правната норма.

(Пример: сите граѓани се должни да плаќаат данок; сите родители се

должни да ги воспитуваат децата; сите граѓани се еднакви пред

законот; граѓаните се еднакви во правата и должностите, без 20

Page 22: Skripta Osnovi Na Pravo

разлика на национална, расна, верска, јазична и друга припадност,

образование, општествен статус итн).

Посебни правни норми се оние норми кои се однесуваат на

определена категорија на лица. Посебните правни норми се

разликуваат од општите затоа што кај нив кругот на субјектите на

кои се однесуваат е потесен, (пример: пратениците имаат

имунитет; судиите се независни во своето одлучување итн.).

Индивидуалните или поединечните правни норми се оние

норми кои се однесуваат на строго определен и именуван субјект,

односно на повеќе определени и именувани субјекти (лицето АА е

должен...; лицето АА има право на...итн.).

Наредувачки, овластувачки и забранувачки правни норми

Наредувачки правни норми се оние правни норми со кои

низ диспозицијата на правната норма на правните субјекти им

наредува како да постапат - како да го усогласат своето поведение

(да го исчистат снегот пред домот; веднаш да застанат на десната

страна од коловозот со своето возило, доколку наиде возило со

придружба со вклучени алармни или ротациони светла итн.).

Овластувачки правни норми се оние правни норми со кои

субјектот на кого се однесуваат се овластува да постапи според

едно од однапред определените повеќе поведенија, (пример: секој

сопственик може да го загради своето земјиште со ограда - чл.20 ст.2

од Законот за сопственост и други стварни права).

Забранувачки правни норми се оние правни норми со кои на

субјектот (субјектите) му (им) се забранува определено

однесување (пример: забрането пренесување на стоки преку

граница на места кои не се определени за тоа; забрането

снимање на воени објекти; забрането движење во определен

правец; сите кривични и прекршочни забрани итн).

Императивни и диспозитивни правни норми

Императивни норми се оние правни норми со кои на јасен,

недвосмислен и обврзувачки начин се пропишува што субјектите на 21

Page 23: Skripta Osnovi Na Pravo

правото се должни да сторат, да трпат или да несторат (пример:

задолжително да се движат во сообраќајот по определена сообраќајна

лента; да го трпат поминувањето на соседот низ нивниот двор кој му е

единствен пат до неговата куќа; да не го загадуваат езерото со

хемикалии итн.).

Диспозитивни норми се оние правни норми кога субјектите во

некој правен однос нема да ја исклучат нивната примена и своето

однесување (право, обврска) можат да го усогласат со една од

предвидените диспозиции (пример: да ја плати или да му ја врати

стоката итн.).

3. Елементи на правната норма

Постојат повеќе мислења за елементите, составните делови на

правната норма, но сите се сведуваат на тоа дека како основни се

јавуваат: дејствието што се пропишува со правната норма и според

кое треба да се однесува субјектот за кого се однесува (диспозиција)

и реакцијата на државата за непочитување на правната норма

(санкција). Ваквото определување на елементите претставува

потесен правен приод.

Според поширокиот правен приод составни елементи на

правната норма се: претпоставка (хипотеза) на диспозицијата,

диспозиција, претпоставка (хипотеза) на санкцијата и санкција.

Најприфатен став за елементите на правната норма кој и

ние ќе го почитуваме е дека правната норма е составена од следните

елементи:

хипотеза,

диспозиција и

санкција.

Правните норми не секогаш ги имаат сите составни делови.

3.1 Хипотеза

Хипотеза (претпоставка) на правната норма е оној дел кој 22

Page 24: Skripta Osnovi Na Pravo

предвидува кои услови, факти, настани, претпоставки треба да

се исполнети за да се примени правната норма. (Пример: хипотеза е

условот од 18 год. за да се исполни воената обврска; да се направи

промет за да се плати данок). Овој дел од правната норма не е

правило на однесување, туку претпоставка од чие постоење зависи

остварувањето на правната норма (правило на однесување). Без

постоење (исполнување) на хипотезата не може да се примени

диспозицијата.

Хипотезата треба да е јасна и определена за да може јасно и

недвосмислено да се утврди дали е или не е исполнета

диспозицијата, дали постои или не постои повреда на диспозицијата

при што треба да дојде до санкционирање на однесувањето. Но, сепак

има и норми со недоволно прецизирани хипотези. Пример: граѓани

неспособни за работа имаат права на привремено невработено лице

итн. (треба да се утврдува).

Секоја правна норма нема хипотеза како претпоставка за

остварување на диспозицијата. Тоа се уставните правни норми, кои

се повеќе од декларативен карактер и чија реализација на целите се

уредува со други правни норми. Пример: гарантирано е правото на

наследување; гарантирано право на слобода на мисли и определување

итн.

3.2. Диспозиција

Диспозиција е суштествениот, есенцијалниот дел на

правната норма, нејзиното јадро, битие и содржина во која е

изразена волјата на законодавецот. Со неа е пропишано правилото

за поведение во определен општествен однос, кој државата го

регулира со правна норма. Сите норми, а особено правните не

можат да постојат без диспозиција. Таа е всушност обврска или

право на субјектот да се однесува во согласност со пропишаното

поведение. (Пример: да плати данок; да ги декларира стоките што ги

увезува; да ги пријави гостите кои како туристи престојуваат кај

него; задолжително да го осигури возилото за штети на друго лице

итн.)23

Page 25: Skripta Osnovi Na Pravo

Диспозицијата претставува обврска за субјектите за кои е

наменета и таа во правната норма, може да се предвиди во форма на

наредба, забрана, изречно, опширно (дескриптивно), кратко,

прикриено и на друг начин. Важно е од неа да произлегува што се

бара од субјектот и какво однесување тој да прилагоди кон неа.

Диспозицијата треба да е јасна, разбирлива и без двоумење да

укажува што сакал законодавецот со неа да постигне, кое и какво

поведение нормирал. Од тие причини таа треба да е прецизно,

категорички и фиксно дадена. Но, има и случаи на правни норми во

кои диспозицијата им остава на субјектите поголема слобода,

флексибилност или алтернатива - алтернативни диспозиции (Од

редот на, по правило, се избира.... што значи може, но не мора).

Според своите обележја диспозициите можат да бидат:

Наредувачки (императивни, наредбодавачки) со кои

на субјектот во правото му наредуваат како да се однесува (должен е

да ја пријави стоката на царинскиот премин; должен е да ги

пријави околностите за промена на ризикот во осигурувањето;

должен е да ги пријави гостите кои се сместиле во угостителскиот

објект);

Забранувачки (прохибитивни) со кои на субјектите им се

забранува определено однесување, дејство итн. (Забрането

производство и пуштање во промет опојни дроги; забрането

одземање живот на друг и сите кривично - правни и прекршочно -

правни норми; забрането е вработување на лице под 15 год. старост

итн.);

Овластувачки (пермисивни) кои пропишуваат однесување

со кое субјектите се овластуваат на однапред определено поведение

или поведенија. (Секој има право на работа; право на образование; по

18 год. се стекнува со избирачко право итн.; секој има право на

здравствена заштита).

Описни (индикативни) со кои се опишуваат правилата на

однесување на субјектите. (Грбот на РМ изгледа ...; знамето изгледа...

и е со димензии...). Иако описни и овие се наредувачки правила 24

Page 26: Skripta Osnovi Na Pravo

на однесување.

Во зависност од тоа кои и какви општествени односи се

уредуваат со правната норма, диспозицијата може да биде различно

изразена, повеќе или помалку определена.

Зависно од гранките на правото на која и припаѓа

општествениот однос кој го регулира диспозицијата, интересот за

доброто кое се заштитува, диспозицијата може и мора да биде јасно

и прецизно определена (пример: кривично - правни норми) или

помалку определена, пофлексибилна, дозволувајќи им "поголема

слобода" на субјектите во нејзината примена (граѓанско - правни,

облигациони норми) дури и дозволувајќи им на субјектите врз основа

на дадената норма да создаваат и свои норми.

Натамошната поделба ќе биде токму врз степенот на

определеноста на правната норма.

Диспозиции со определени и неопределени поими.

Обврска на секој законодавец е правните норми кои ги пропишува да

бидат јасни, прецизни и можни за толкување од секого. Но, постојат

определени општествени односи чие регулирање не е пожелно, дури

е и штетно доколку диспозицијата е строго определена. Тогаш

потребно е на субјектите на правото да им се даде поголема

"ширина" во толкувањето и примената и определување поими кои

различно ќе се толкуваат во различни ситуации.

Диспозициите со (строго) определени поими им

припаѓаат на правните гранки кои ги регулираат највиталните

односи од човечкиот живот, како што се: кривичното право,

кривичната постапка, извршувањето на кривичните санкции итн.

Сосема е нормално во овие области да постојат норми со определени,

јасни, недвосмислени диспозиции (пр.: осомничениот не може да

биде задржан во МВР повеќе од, 24 часа; на обвинетиот за кривично

дело... мора да му се обезбеди одбрана итн.)

Диспозициите со неопределени поими (послободно

определени) се оние диспозиции со кои законодавецот на субјектите

им дава повеќе слобода од причини што тоа го бараат општествените

односи кои се регулираат со таа диспозиција. Тоа обично се 25

Page 27: Skripta Osnovi Na Pravo

стопанските, облигационите и слични односи (пример: во

отстранувањето на општа опасност сите се должни солидарно да

учествуваат. Тоа „солидарно" не е фиксно определено, туку

неопределено, флексибилно да се толкува. Сигурно дека инвалидот

во количка „солидарноста" ќе ја покаже само со повикување, друг

и со жртвување на животот; поимот „трговец" секогаш ќе се толкува

на различен начин). Значи поимот во диспозицијата се толкува

слободно, од случај до случај.

Алтернативни диспозиции се оние диспозиции со кои на

субјектот му се дава избор на однесување меѓу две или повеќе

алтернативи, при што, ако неговото однесување е сообразено со

било кое од дадените алтернативи, тој постапува согласно

„барањето" на диспозицијата. Тој е слободен во изборот, но само во

рамките на предложените алтернативи. Овој вид на диспозиции е

карактеристичен особено во имотното и стопанското право.

(пример.: кај договорот за купопродажба при неиспорачување на

стоката купувачот има право да го раскине договорот, да бара

испорачување на стоката или надомест на штета).

Дискрециони диспозиции се диспозиции со дискреционо

право дадено на државен орган како субјект во правото да постапи

според свое наоѓање применувајќи конкретна правна норма. Тоа

дискреционо право на диспозицијата се определува различно, но

најчесто со поимите: “може", "се овластува", "по своја слободна

проценка", "дискреционото право на органот е..." итн. (пр.: при

постоење на казниво дело судот “може“ на сторителот да му ја

одземе возачката дозвола, да му ја одземе стоката итн.;

комисијата за лекови „оценува" кои лекови можат да се стават во

промет; органот "одлучува" кому ќе му одобри контингенти итн.).

Диспозитивни диспозиции (заменливи диспозиции) се

такви диспозиции со кои се определува одредено однесување на

субјектите, но и истовремено им се дава право да определат друго,

свое однесување со кое пак ќе ја реализираат правната норма. Ако

кај диспозициите со определен поим, за да се реализира

диспозицијата беше потребно толкување на определен поим, 26

Page 28: Skripta Osnovi Na Pravo

различно за различен случај, кај алтернативните диспозиции на

субјектите им се дава право на избор од повеќе однесувања, кај

диспозитивните или заменливи диспозиции, субјектите имаат

слободна волја да определуваат своја диспозиција и да постапуваат по

неа. Ваквите диспозиции се карактеристични за правни области каде

е дадена слобода на автономијата на волјата на субјектите особено

договорните односи (во кои нема административни забрани).

(Пример: Ако испорака не е договорена се смета дека е договорена

'лромптна" испорака, што значи испорака во рок од 8 дена од

склучувањето на договорот. Значи може веднаш или било кој од

наредните осум денови; или да не испорача стока, а да плати

надомест на штета).

Категорични диспозиции се оние кои на субјектот му

наметнуваат едно, единствено правило на однесување кое во никој и

никаков случај не може да се менува (пример: забранета е присилна

работа).

Дисјунктивни диспозиции се оние кои на субјектите им

даваат право или обврска на реализација на диспозицијата низ две

или повеќе однесувања, избор на правила, слобода во однесувањето.

Тука спаѓаат алтернативните, дискреционите и диспозитивните

диспозиции (disjunctives - лат.=одвоен, раздвоен; нешто да се стори,

а нешто не; дисјунктивни реченици - кои предвидуваат дејствија од

кои едно може да се изврши, а друго не: Или дојди или пиши).

3.3. Санкција

Санкцијата е дел од правната норма која ги содржи

мерките што ќе се преземат доколку субјектите не ја

реализираат диспозицијата предвидена со таа правна норма. Тоа

се правни последици поради повреда на диспозицијата.

Санкцијата е суштествената разлика меѓу правните и другите

видови општествени норми, бидејќи овде истата ја пропишува

законодавниот орган на државата. Таа е правна одговорност на

прекршителот на диспозицијата.

Санкцијата од правен аспект има два дела, делот на оној над 27

Page 29: Skripta Osnovi Na Pravo

кого треба да се примени и делот на оној кој треба да ја примени.

Оној над кого треба да се примени санкцијата секогаш е некој

правен субјект која ја прекршил (повредил, не постапил по неа)

диспозицијата на правната норма, а оној којшто треба да ја примени е

секогаш државата, односно нејзин орган на кого таа му ја пренела

својата власт.

Санкцијата може да биде упатена (наменета):

кон лица (физички или правни) и

кон акти (нивно поништување, укинување).

Санкциите можат да бидат:

o целосно (повеќе) или

o делумно (помалку) определени.

Тие можат да се фиксни или во распон. Тоа зависи од видот на

општествениот однос што се штити или регулира и степенот на

заинтересираноста на власта за она што го нормира.

Санкциите заедно со правната норма секогаш ги определува

државата. Во определени случаи државата може на одделни субјекти

да му го препушти правото сами да определуваат санкции (договорни

казни, пенали - кај договорите), но примената на вака делегираната

санкција секогаш ја врши државата. За диспозицијата и за

санкцијата особено важи принципот на законитост (принцип на

легалитет). Тоа значи дека нема повреда на диспозицијата, а со тоа

нема ниту санкција доколку диспозицијата и санкцијата не биле

предвидени пред да дојде до повреда на диспозицијата. Особено тоа

е подигнато на ниво на уставно начело и принцип во кривичното

законодавство. (nullum crimen, nulla poena sine lega - нема

дело, нема казна без закон). Секоја сериозна правна држава и

сериозен правен поредок мора да го почитува ова правило доколку

сака да постои правна држава, владеење на правото, правна

сигурност и безбедност на граѓаните со правните норми (особено

диспозицијата). Секогаш мора да се знае што е, а што не е дозволено.

Правото воопшто, а во случајов санкцијата има свои цели кои

со нејзиното предвидување сака да ги постигне секоја власт. Со неа,

на сторителот му се повредува неговиот имот, права, слободи, а 28

Page 30: Skripta Osnovi Na Pravo

некаде и правото на живот (смртната казна како санкција). Целта на

санкцијата се менувала низ историјата движејќи се од

компензирање на сторената штета (повреда); талионот („око за око,

заб за заб"), материјалните давања; ограничување на слободата,

воспитувањето, превоспитувањето итн.

Од правно теоретски аспект санкцијата има две основни цели

и функции: превенција и репресија. Превенцијата се состои во

самото предвидување на санкцијата во правната норма, која треба да

превенира, да опоменува дека со неизвршување на диспозицијата ќе

биде применета санкција. Токму заради таквата предвиденост многу

субјекти "доброволно" ја почитуваат диспозицијата. Репресијата се

состои во одмазда, компензирање, намирување на државата со оној

кој ја повредил диспозицијата. И во самата репресија постои

превенција бидејќи, државата, која праведно ги применува

санкциите, ги опоменува потенцијалните прекршители на

диспозицијата на правната норма.

а) Видови санкции

Санкциите како присилни мерки против прекршителите на

правните норми (повреда на диспозицијата) се јавуваат во различни

видови. Тоа е сосем логично бидејќи со правните норми се

регулираат и заштитуваат различни општествени односи, добра и

интереси, кои можат да имаат различна вредност, од што

произлегува и разликата на санкциите кои нив ги штитат.

Определувањето на видот на санкциите зависи од критериумот

според кој се прави нивната категоризација и потребата од

конкретниот научен и практичен интерес.

Ние поделбата на видовите на санкциите ќе ја направиме

согласно нашиот правен поредок и предвиденоста на санкциите во

него.

Сите области во правото, за прекршување (повреда) на

диспозициите во таа правна област, предвидуваат санкции. Нивниот

интензитет кон прекршителите на нормата се изразува во острината и

тежината на санкцијата кон прекршителот, што зависи од доброто 29

Page 31: Skripta Osnovi Na Pravo

или односот што се заштитува (регулира) и која вредност му e

дадена во правниот поредок.

Според критериумот на поделба за кој се определивме санкциите

може да ги поделиме на:

1. Санкции во внатрешниот порeдок;

2. Санкции кон субјeкти и санкции кон правни акти и

3. Санкции во меѓународното право.

1.Санкции во внатрешниот поредок

Како што прeтходно споменавме секоја правна област во

правниот поредок нормира (регулира) определени општествени

односи низ правни норми во кои ги определува правата и обврските

на субјектите на правото и предвидува санкции за нивните

прекршители. Така, колку повеќе правни области, толку повеќе

видови на правни норми и санкции. Но, сепак тие можат да се

групираат на:

- Кривично - правни санкции,

- Прекршочно - правни санкции,

- Граѓанско - правни санкции и

- Дисциплински санкции.

а) Кривично - правните санкции се предвидени за кривични дела

и се најтежок вид на санкции во правниот поредок на нашата земја

бидејќи тие се предвидени кон диспозициите на правните норми, кои

штитат највисоки вредности како што се животот на човекот,

неговите права и слободи, имотот, територијалниот интегритет на

државата итн. Целта поради која се предвидени и се изрекуваат овој

вид на санкции е "остварување на правдата, спречување на

сторителот да врши кривични дела и негово превоспитување и

воспитно да влијаат на другите да не вршат кривични дела". Вака

дефинираните цели можат да се поедностават, дека овие санкции

имаат превентивен и репресивен (одмазднички) карактер.

Кривично - правните санкции се од морален карактер (судска

опомена), од имотен карактер (парична казна; конфискација на 30

Page 32: Skripta Osnovi Na Pravo

имотот; надоместување на штетата, одземање предмети) од личен

карактер, (ограничување и одземање на слободата на сторителот на

повредата - затвор, доживотен затвор и одземање на животот -

смртна казна во правните системи каде што е предвидена).

Кривичниот законик на Република Македонија ги предвидува

следните кривични санкции:

казни (казна затвор; парична казна; забрана, на вршење

професија, дејност или должност; забрана на управување со

моторно возило и протерување на странец од земјата),

алтернативни мерки (условна осуда; условна осуда со

заштитен надзор; условно прекинување на кривичната

постапка; општокорисна работа; судска опомена и куќен

затвор),

мерки на безбедност (задолжително психијатриско

лекување и чување во здравствена установа; задолжително

психијатриско лекување на слобода и задолжително лекување

на алкохоличари и наркомани) и

воспитни мерки (дисциплински мерки; мерки на засилен

надзор и заводски мерки).

б) Прекршочно - правни санкции - се санкции предвидени за

полесните видови казниви дела - прекршоците како противправни

дела, кои се изрекуваат со иста цел како и кривичните санкции и

кои имаат морален (прекршочна опомена) и имотен карактер

(парична казна). Со оглед дека тие од кривичните дела се

разликуваат само по квантитетот и се со помала штетност по

граѓаните и општеството и санкциите за нив се поблаги.

Законот за прекршоците ги предвидува следните видови

прекршочни санкции:

1. прекршочни санкции за полнолетни сторители (глоба;

опомена; престанок на важење на возачка дозвола; забрана за

управување со моторно возило; забрана на вршење професија,

дејност или должност; протерување на странец од земјата и

задолжително лекување на алкохоличари и наркомани (лица со 31

Page 33: Skripta Osnovi Na Pravo

болести на зависности);

2. прекршочни санкции за малолетни лица

- до 14 години не можат да се применат прекршочни санкции;

-на малолетник кој во времето на извршувањето на прекршокот

наполнил 14, а не наполнил 16 години (помлад малолетник) можат

да му се изречат само воспитни мерки (дисциплински мерки: укор;

упатување во дисциплински центар за малолетници и мерки на

засилен надзор од страна на родителите, посвоителот или

старателот, во друго семејство или од страна на социјален орган);

-на малолетник кој во времето на извршувањето на прекршокот

наполнил 16, а не наполнил 18 години (постар малолетник), може да

му се изрече воспитна мерка, а по исклучок глоба.

3.прекршочни санкции за правни лица (глоба и привремена

забрана за вршење одделна дејност) и

4.посебни прекршочни мерки (конфискација на имот и имотна

корист и одземање на предмети).

Санкциите за казнивите деликти (кривични дела и

прекршоци) во правните норми се предвидуваат во:

-фиксни, определени износи (пр. парична казна од 1000 ден.);

-се определува најниската, минимална казна пр. со затвор од најмалку

1 год., со парична казна од најмалку 100 ден.);

-се определува најниската и највисоката казна (од 1000-5000 ден., од

1-3 год. казна затвор);

-кумулативно (со казна затвор и парична казна) и

-алтернативно (ќе се казни со казна затвор или парична казна).

Ваквото определување на кривичните и прекршочните

санкции е во функција на индивидуализација на санкцијата со

цел таа подеднакво да ги погоди различните субјекти -

прекршители на диспозицијата на правната норма. (пример: За

правилна примена на санкцијата не треба исто да бидат

санкционирани за прекршокот возење преку дозволената брзина

лице што има примања од 1200 € и лице кои има примања од 100 €

или воопшто нема примања. Доколку бидат исто казнети на пр. со по

30 €, санкцијата нема да е индивидуализирана и нема да ја постигне 32

Page 34: Skripta Osnovi Na Pravo

целта поради која е предвидена).

Македонското казнено право во најново време, спроведувајќи

ја суштински индивидуализацијата на санкциите од имотен

карактер го воведе системот на изрекување парична казна во дневни

глоби, кои се изрекуваат согласно имотните и личните прилики на

прекршителот на правната норма. (пример: казна од 20 дневни глоби

за оној што остварува плата од 1200 € ќе изнесува парична казна од

800 €, а истата глоба за оној што остварува 210 € парична казна од

140 €).

в) Граѓанско - правните санкции се состојат во одземање на

имотот на прекршителот на граѓанско - правната (имотно -

правната) норма и секогаш се од имотен карактер, односно одземање

на имотно - правните овластувања на прекршителот, со единствена

цел надомест на настанатата штета од прекршителот на правната

норма.

Карактеристика на овој вид на санкции е што тие секогаш го

погодуваат имотот, имотно - правните овластувања на сторителот,

надомест на штета и сл.

За овој вид на санкции законодавецот во определени случаи

предвидува можност самите субјекти во еден правен однос да можат

да определат санкција од имотен карактер (пример: да договорат

"договорна казна" за неисполнување кај одделни видови договори).

Исто така, покрај исклучително имотниот карактер овие

санкции можат да имаат и карактер на морална осуда, на пример со

нивно објавување во средствата за информирање и сл.

Паричниот износ (или имотот, стоката) што како санкција се

изрекува со казнените санкции (кривични и прекршочни) оди во

корист на буџетските средства на државата, а надоместокот на

штетата од граѓанско - правните санкции оди во полза на оштетениот.

г) Дисциплинските санкции се санкции кои како делегирана

надлежност од државата му се пренесени на одделни субјекти во

правото сами да донесуваат правни норми за регулирање на 33

Page 35: Skripta Osnovi Na Pravo

определени односи и за повреда на истите да предвидуваат санкции.

Овие се санкции од релативно „послаб" интензитет и се однесуваат

само на субјектите во правното лице во кое тие остваруваат права и

обврски. (пример: со Статутот на Факултетот се предвидени

дисциплински мерки за наставниците, административните

работници и студентите; во трговските друштва се предвидени

дисциплински мерки за вработените итн.). Државата пренесувајќи

надлежност од својот империум на одделни субјекти за автономно

донесување правни норми сепак не дава апсолутна, туку дава

ограничена автономија, предвидувајќи и упатувајќи кои норми

можат да ги донесат и какви санкции можат да предвидат за

прекршување на истите.

2. Санкции кон субјекти и санкции кон правни акти

Сите санкции воопшто се насочени кон правните субјекти -

физичките или правните лица или кон (против) правните акти.

Досега зборувавме за санкциите кон субјектите на правото кои

можат да бидат од морална, лична и материјална природа.

Санкциите против правните акти се состојат и изрекуваат

како последица на поведена постапка против некој правен акт или

конкретна правна норма, кои се незаконити, кои се во

спротивност со друг непосредно повисок правен акт или правниот

поредок воопшто. Овие санкции се состојат во поништување или

укинување на тие правни акти со цел да се поништат сите правни

последици што ги произвеле, односно да се спречи натамошното

произведување правни последици.

3.Санкции во меѓународното право

Како што е спорно прашањето дали постои меѓународно право

воопшто, така е спорно и прашањето дали постојат санкции од

меѓународно - правен карактер. Најгрубо земено, според

меѓународните правни акти за непочитување на одредбите со

меѓународно - правен карактер како санкција - последица се јавува

војната како "санкција" кон државата која ги прекршила 34

Page 36: Skripta Osnovi Na Pravo

меѓународно - правните норми. Но, нема никаква гаранција дека оној

што ја прекршил нормата ќе биде победен, односно дека ќе се

реализира санкцијата.

Навистина овде станува збор за специфични и не сосема

"правни" санкции, дека во овој случај санкцијата не е исполнета со

своето битие и природа. Но, иако не во права смисла и во

меѓународното право постепено се создава лепеза од санкции кои ги

наметнува современиот живот. Блокирањето на сметките во банките

на една држава; ембарга; запленување бродови и авиони;

економски блокади; прогласување ризични подрачја, пристаништа,

економии и сл.; недавање економска помош; ставање на "црна листа"

итн. иако не се класични правни санкции со својата моќ и

последиците што ги оставаат се повеќе од санкции.

На кривично - правен план се повеќе и повеќе се

профилира меѓународното казнено право, со меѓународни судови и

изрекување на санкции од тие судови - Нирнберг, Хаг. Во Европската

Унија, исто така постои Европски суд на правдата (Луксембург),

Европски суд за правата на човекот (Стразбург) итн.

V. ПРАВНИ АКТИ

1. Поим

Претходно дефиниравме дека правниот поредок го сочинуваат

правните норми, правните акти и правните односи.

Ако правната норма претставува пропишано правило на

поведение на субјектите во правниот поредок заштитена со државна

принуда, правниот акт претставува израз на одлука, волја на

субјектот што го донесува, кој содржи една или повеќе правни

норми или пак претставува услов за примена на некоја друга

волја (молба, жалба пресуда, решение, устав, закон, уредба,

правилник итн. - подоцна поконкретно за истите). Ниту една правна 35

Page 37: Skripta Osnovi Na Pravo

норма не може да се донесе без да се донесе правен акт. Таа е негов

составен дел и не може да опстојува надвор од правниот акт. Ако се

промени правниот акт ќе се промени и правната норма. Видот на

правниот акт го определува и видот на правната норма.

Правниот акт е изјава на волја како одлука и желба да се

регулира некој општествен однос или негов дел. Тој е составен од

два дела: психички дел (нешто да се сака) и материјален дел,

материјализација на тој психички дел, на она што се сака. Меѓутоа,

секоја изјава на волја како психички акт не е и правен акт. За

таквата волја да претставува правен акт таа треба да содржи правна

норма (најчесто правни норми) или таа волја да претставува услов за

примена на друга правна норма (пример молба).

Секој правен акт мора да содржи формален и материјален

дел (формален и суштествен).

Формалниот дел ја определува формата во која треба да е изразен

правниот акт (решение, пресуда, кои делови треба да ги содржи итн.)

и материјалниот, суштествениот - волјата која се изразува со правниот

акт (решение да се сруши изградениот објект без дозвола, пресуда со

која сторителот на кривичното дело се казнува со казна затвор од

пет години; закон - за регулирање на односите во високото

образование итн). Иако суштествениот, материјалниот дел на

правниот акт е есенцијалниот дел на актот, тој не може без

формалниот дел. Тие чинат едно нераскинливо единство - суштината

не може да се изрази ако не е донесена во соодветна форма.

Формалниот дел на правниот акт ја регулира надлежноста

за донесување на актот (кој го донесува, стварната и месната

надлежност, постапката - начинот на кој се донесува) и

материјализацијата (реализацијата) на правниот акт.

Правниот поредок со свои правни норми определува кој субјект

кој акт ќе го донесе, при што правните акти кои регулираат

позначајни општествени односи ги донесуваат повисоките органи, а

другите односи се дисперзирани кај други субјекти. Воопшто,

правните акти ги донесуваат државни и други органи и

организации и физички лица, односно ги донесуваат правните и 36

Page 38: Skripta Osnovi Na Pravo

физичките лица.

Правниот поредок, исто така, ја регулира и постапката за

донесување на правните акти, различна за секој правен акт,

посложена за повисоките прави акти во нивната хиерархија, а

поедноставна или без постапка за останатите.

Материјализацијата (реализацијата) на правните акти се врши

на различни начини во зависност од степенот на важноста и

значењето на правниот акт. Таа може да се реализира и со

конклудентни дејствија (пример: договор за купопродажба на

весник), говорно (да се договорат субјектите со зборови), но најчесто

во писмена форма на актот (устав, закон, уредба).

Содржината на правниот акт е тоа што со актот се сака да се

оствари, да се реализира волјата на оној што го донесува актот.

2. Видови правни акти

Со правните акти се регулираат различни општествени

односи преку правните норми содржани во правниот акт. Според

значењето на општествениот однос кој се регулира, органот кој ги

донесува, постапката на донесувањето и многу други разлики,

правните акти се многубројни и различни меѓу себе. Според тоа

постојат повеќе видови на правни акти.

Врз основа на приодот и целите на проучувањето се прават

повеќе поделби. За нашиот интерес натаму ќе се задоволиме со една

општа поделба на правните акти како основна потреба за

натамошните сознанија.

Според тоа дали се однесуваат на неопределен број на лица,

правните акти се делат на :

- општи (апстрактни) - (пример: тој што ќе убие...) и

- конкретни (поединечни) - (пример: убиецот Н.Н. се казнува со

казна затвор од 15 години).

Според субјектите кои ги донесуваат, правните акти се

делат на:37

Page 39: Skripta Osnovi Na Pravo

- акти кои ги донесуваат државните органи;

- акти кои ги донесуваат општествените организации и

- акти кои ги донесуваат приватни лица (субјекти).

Според видот на општествените односи кои ги регулираат, правните акти се делат на:- имотно - правни акти;

- кривично - правни акти;

- семејно - правни акти;

- стопанско - правни акти итн.

Според тоа дали непосредно или посредно го регулираат

правниот однос, правните акти се делат на:

- правни акти кои содржат правни норми и

- правни акти кои содржат услов за примена на правната норма.

Според тоа дали правните акти содржат и диспозиција и

санкција, тие се делат на:

- потполни (во законите најчесто се содржани и диспозицијата и

санкцијата);

- непотполни (во решение како управен акт, има само

диспозиција, пример: се издава дозвола за градба).

2.1. Општи (апстрактни) и посебни (поединечни) правни акти

Една од најважните и најпрактичните поделби на правните

акти е поделбата на општи (апстрактни) и посебни (поединечни)

правни акти.

Со општите правни акти се донесуваат општи правни норми

како правила на однесување на неопределен број субјекти и случаи, а

со посебните правни акти се пропишуваат поединечни, индивидуални

правни норми кои регулираат поединечни, индивидуални правила на

однесување.

Кривичниот законик на пример е општ правен акт кој го

забранува противправното одземање на живот. Член 123 како општ

акт (општа одредба) предвидува: Тој што друг ќе лиши од живот ќе

се казни со затвор најмалку пет години. Во случајов, Кривичниот

законик е општ правен акт бидејќи под изразот "тој" ги опфаќа сите

38

Page 40: Skripta Osnovi Na Pravo

лица. Но, кога по тој општ акт лицето Н.Н. ќе биде осудено, пример

со затворска казна од 15 години, пресудата е посебен, поединечен

правен акт, бидејќи се однесува на конкретно определен субјект.

Законот за угостителска дејност ги определува условите под

кои сите субјекти што ги исполнуваат тие услови можат да се бават

со угостителска дејност и тој претставува општ акт. Кога надлежниот

орган - Министерството за економија, ќе издаде решение за вршење

угостителска дејност на лицето Н.Н., тоа претставува поединечен акт.

Царинскиот закон ги предвидува условите за увоз на стока од

други царински подрачја и претставува општ акт, а решението на

трговското друштво Н.Н. или поединецот Н.Н. за увоз на конкретна

стока претставува поединечен акт.

Законот за осигурување ги определува условите под кои се

основаат друштва за осигурување и претставува општ акт, а

договорот за осигурување склучен помеѓу осигурително друштво и

поединец или правно лице претставува поединечен акт итн.

Карактерот на општите правни акти е таков што за разлика од

поединечните, тие се применуваат во неограничен број на случаи, се

однесуваат за сите поединечни случаи од општествените односи кои

ги регулираат и со тоа претставуваат извор на сите поединечни

правни акти. Затоа тие во правото се нарекуваат правни извори.

Тие се база, фундамент на правниот поредок, бидејќи ги

регулираат општите, основните општествени односи, врз основа на

кои со донесување на поединечни правни акти се регулираат

правните односи во државата.

Во општи правни акти спаѓаат:

- устав;

- закони;

- уредби и други подзаконски акти;

- статути и други акти на организациите (автономно право).

Во посебните правни акти спаѓаат сите поединечни правни

акти кои се однесуваат поединечно на правни и физички лица и кои

уредуваат конкретен правен однос.

а) Видови општи правни акти39

Page 41: Skripta Osnovi Na Pravo

1. Устав

Уставот претставува најважен и највисок општ правен

акт во една држава во хиерархијата на општи акти во кој се

содржани најсуштествените правни норми дадени во општи

декларации.

Уставот, во основа ги регулира сите општествено - економски и

политички односи во државата. Сите модерни држави имаат свој

устав од кој може да се видат општествените, економските и

политичките прилики во една земја. Но, има и земји кои формално -

правно немаат донесено устав и кои основните општествено -

економски и политички односи ги регулираат со декларации и други

акти од општ карактер кои се донесувани и се донесуваат низ

целокупниот развој на земјата (пример Англија).

Уставот како општ правен акт како и сите други општи

правни акти содржи општи правни норми од кои понатаму

произлегуваат други општи акти и правни норми. За разлика од

другите општи правни акти Уставот се разликува од нив по тоа што

тој пропишува највисоки правни норми во кои се определуваат

најважните и најосновните принципи и односи. Тој ги определува

институциите на државната организација, општествено -

економскиот и политичкиот систем, како и насоките на развој на

општеството. Тој е основниот и највисокиот закон на државата.

Содржината на Уставот, содржината на уставните норми зависи од

обликот на државното уредување (унитарна држава, федерација

конфедерација), обликот на државната власт (парламентарен,

претседателски систем), обликот на владеењето (монархија,

република) итн.

Со Уставот на Република Македонија, Република Македонија е

конституирана како суверена, самостојна, демократска и социјална

држава. Со Уставот на Република Македонија се уредени:

- Основните слободи и права на човекот и граѓанинот (граѓански,

политички слободи и права; економски, социјални и културни

права, гаранции на основните слободи и права; основи на 40

Page 42: Skripta Osnovi Na Pravo

економските односи);

- Организацијата на државната власт (Собрание на Република

Македонија; Претседател на Република Македонија; Влада на

Република Македонија; Судство; Јавно обвинителство);

- Уставниот суд на Република Македонија;

- Локалната самоуправа;

- Меѓународните односи;

- Одбраната на Република Македонија, воената и вонредната

состојба.

Уставот на Република Македонија го донесува Собранието на

Република Македонија со двотретинско мнозинство гласови од

вкупниот број на пратеници, по претходно спроведена јавна расправа.

Измени и дополнувања на Уставот можат да се прават со

уставни амандмани.

Предлог за пристапување кон измени и дополнувања на

Уставот може да поднесат Претседателот на Републиката, Владата на

Република Македонија и најмалку 30 пратеници или 150.000

граѓани.

Одлука за пристапување кон измена на Уставот донесува

Собранието на Република Македонија со двотретинско мнозинство

гласови од вкупниот број пратеници.

Нацртот за измена на Уставот го утврдува Собранието со

мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и го става на јавна

дискусија.

Одлука за измена на Уставот донесува Собранието со

двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

2. Закони

Законите се општи правни акти, хиерархиски веднаш под

Уставот, кои во писмена форма ги донесува законодавниот орган во

посебна законодавна постапка, кои уредуваат посебни општествени

односи (или нивни делови).

Иако законите се општи акти тие од Уставот се разликуваат и 41

Page 43: Skripta Osnovi Na Pravo

во формална и во материјална смисла. Во формална смисла, Уставот

се донесува во многу подолга и посложена постапка. Во материјална

смисла, Уставот содржи општи, декларативни, начелни, упатувачки

норми на поведение кои понатаму ќе добијат своја содржина во

други од него пониски општи акти, а законите регулираат

конкретни општествени односи.

На пример, член 10 и 11 од Уставот пропишуваат дека животот

на човекот, физичкиот и моралниот интегритет се неприкосновени.

Оваа општа уставна одредба своја конкретизација и реализација

добива во Кривичниот законик кој во член 123 предвидува дека - тој

што друг ќе го лиши од живот ќе се казни...

Или член 40 од Уставот предвидува дека Републиката му

обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Натаму, оваа

декларација се конкретизира со Законот за семејството, Законот за

социјална заштита итн.

Законот најчесто регулира една уставна одредба, а некогаш и

повеќе закони регулираат една уставна одредба, правно нормирајќи

една општествена област (пример: правата и обврските на

сторители на казниви дела ги регулира Кривичниот законик,

Законот за кривична постапка, Законот за прекршоците и Законот

за извршување на санкциите).

Законите мора да се усогласени со Уставот, во спротивно

истите ќе бидат укинати, како и да бидат донесени во постапка

предвидена за нивно донесување.

Законите се донесуваат во посебна законодавна постапка. Во

зависност од политичкиот систем во државата, владеењето на

правото, развиеноста и практикувањето на демократијата зависи и

постапката за донесувањето на законите. Колку државата,

државните институции повеќе го почитуваат принципот на

владеењето на правото и демократијата, толку повеќе во

постапката ќе има јавност, транспарентност, почитување на

мислењето на мнозинството на граѓаните, експертите од

соодветната област која се уредува со законот, демократичност и

воопшто вклученост во донесувањето на законот на сите релевантни 42

Page 44: Skripta Osnovi Na Pravo

чинители.

Законодавната постапка ги има следните фази: законодавна

иницијатива, предлог, претрес, гласање, донесување, промулгација,

објавување и влегување во сила на законот.

Иницијативата за донесување на закон може да ја даде

било кој субјект, односно секој граѓанин, група граѓани, институции

и здруженија. Иницијативата може да биде поднесена како теза

или како готов предлог.

Право да предлага донесување закон има секој пратеник

на Собранието, Владата на Република Македонија и најмалку

10.000 избирачи, но највообичаено по дадена иницијатива, предлогот

на закон се припрема од стручни екипи во извршната власт

(министерства и други органи), во зависност од општествениот однос

(материјата) што се сака да се регулира со законот. Но, тоа не е

нивно ексклузивно право, бидејќи предлогот може да биде даден и од

поединец, група итн.

Претресот на предлог закон, начинот и сложеноста по кои

ќе се врши претресот е во зависност од постапката во која се

донесува законот. Вообичаено претресот се врши во соодветни

одбори, комисии и други тела на законодавниот дом, кои се

составени од пратеници и стручњаци од областа што ја регулира

законот.

Законите ги донесува Собранието на Република

Македонија на седница и е надлежно да дава автентично толкување

на истите. Собранието може да работи ако на седницата

присуствуваат мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните

пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници,

ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство. Одделни закони

се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број

на пратеници (Закон за судовите, Закон за парничната постапка,

Закон за кривичната постапка, Законот за одбраната, Закон за

народната одбрана).

Постапката за донесувањето на законот може да биде 43

Page 45: Skripta Osnovi Na Pravo

различна во зависност од материјата што се уредува со истиот и од

итноста што е потребна за да се донесе тој закон. Така, постојат три

вида на постапки за донесување на закон: редовна, скратена и итна.

Редовната постапка (кој е најчеста) во себе опфаќа: предлог

за донесување закон, нацрт закон, предлог закон и донесување на

закон.

Скратената постапка (за закони кои не се од системски

карактер, не се обемни и сложени) се одвива со ставање предлог

на закон и веднаш донесување на закон.

Итната постапка е постапка каде што на самата седница

се предлага и се донесува закон (итна состојба од областа на

одбраната и безбедноста на Република Македонија).

Гласањето со потребно мнозинство во Собранието значи и

донесување на законот.

Промулгација или обнародување, прогласување е фаза во

донесување на законот која значи прифаќање на законот од страна

на шефот на државата - Претседателот на Република Македонија.

Законите се прогласуваат (обнародуваат) со указ кој го

потпишуваат Претседателот на Републиката и Претседателот на

Собранието. Претседателот на државата има право да не се

согласува со донесениот закон (поради неуставност или

нецелисходност) и може да одлучи да не го потпише указот за

прогласување на законот. Собранието може истиот закон повторно да

го разгледува на собрание и доколку го усвои со мнозинство на

гласови од вкупниот број на пратеници, претседателот е должен да

го потпише указот за донесување на законот. Претседателот не може

да не потпише указ за прогласување на закон кој е донесен со

двотретинско мнозинство од пратениците во Собранието.

Објавувањето на законите (како и сите други прописи) се

врши во службеното гласило, "Службен весник на Република

Македонија", најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното

донесување.

Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на

објавувањето, а по исклучок што го утврдува Собранието, со денот 44

Page 46: Skripta Osnovi Na Pravo

на објавувањето. Периодот од денот на објавувањето на законот до

негово влегување во сила (vacatio legis) е во зависност од

значењето на материјата што се уредува со законот, при што за

понезначајна материја е пократок, а за посуштествена материја е

подолг. Во тој период граѓаните треба да се запознаат со неговата

содржина и да се припремат, односно прилагодат за негова

реализација. Сите права, а и нашето право го применува правниот

принцип ignorantia iuris nocet - непознавањето на правото никого не

го ослободува.

Законите не можат да имаат повратно (ретроактивно) дејство,

да дејствуваат на права и обврски пред нивното влегување во сила,

освен по исклучок кога се тие поповолни за граѓаните.

Законите за да влезат во правна сила мора да се во согласност

со Уставот на Република Македонија.

Со законите се уредуваат правата и обврските на субјектите

во определена област. Тие се донесуваат во форма на законик - кој

регулира по правило една цела област на општествени односи

(пример Кривичниот Законик) и закон кој регулира една потесна

област на општествени односи (Царински закон, Закон за

туристичката дејност, Закон за угостителската дејност, Закон за

осигурување итн.).

Во однос на тоа колку и како ја регулираат материјата, законите

можат да бидат: потполни - со кои целосно се регулира една област

од општествените односи (Кривичен законик), основни - со кои се

регулираат основните односи на еден општествен однос (Закон

за облигационите односи) и општи - со кои начелно се регулираат

одделни општествени односи.

Според материјата, видот на општествениот однос што го

уредуваат, законите можат да бидат: кривични, граѓански, имотни,

семејни, царински, финансиски, стопански итн.

3. Подзаконски акти

Подзаконските акти во хиерархијата на правните акти се

веднаш после законите. Нив ги донесува Владата на Република 45

Page 47: Skripta Osnovi Na Pravo

Македонија, органите на управата и министрите во владата, во

соодветна постапка. Со подзаконските акти или спроведбени

прописи како поинаку се нарекуваат, поконкретно се разработуваат

законските прописи, а со тоа поблиску се регулираат општествените

односи, правата и должностите на субјектите определени со

конкретен закон. Тие придонесуваат за поедноставно спроведување

на прописите на еден закон.

Во суштина, во нашата практика се донесуваат следните

подзаконски акти: уредби, одлуки, упатства, препораки, наредби,

правилници, статути и сл.

Уредбата претставува најважен општ правен акт која ја

донесува Владата на Република Македонија. Уредбите исто

како и законите содржат општи правни норми, но пониски од

законот и со нив се разработуваат одредбите од законот и

општествениот однос што се регулира со законот, негово

дообјаснување, конкретизирање и имплементација. Уредбите

секогаш се донесуваат врз одредби на Уставот или на законот.

Овластувањето за донесување на уредби на Владата на

Република Македонија произлегува од Уставот на Република

Македонија.

Практиката познава два вида на уредби: уредба со законска

сила и обична уредба.

Уредбите со законска сила се всушност закони кои по

вонреден пат ги донесува Владата на Република Македонија, при што

всушност поради вонредни настани значат пренесување на

законодавната надлежност од Собранието на Република Македонија

на Владата на Република Македонија. Со оглед на тоа што ваквото

донесување на закони од страна на извршната власт не

соодветствува со правната држава и владеењето на правото,

Уставот на Република Македонија пропишува само при постоење на

воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и

законите да донесува уредби со законска сила. Овластувањето на

Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето

на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието.46

Page 48: Skripta Osnovi Na Pravo

Обични уредби се оние уредби со кои се доразработуваат

определени закони, се конкретизираат определени делови од

законот, се ставаат во функција на "реализација" на конкретен

закон.

Пример, Царинскиот закон ја уредува царинската постапка,

правата и обврските на учесниците во царинската постапка,

делокругот, начинот на работа и организацијата на царинската

управа итн. Уредбата за посебностите на царинскиот надзор во врска

со видот на транспортот ги утврдува посебностите на царинскиот

надзор во врска со видот на транспортот (патен, железнички,

воздушен, воден и поштенски) при внесување, транзит и

изнесување на стоките во и од царинското подрачје на Република

Македонија. Со Уредбата за остварување на правото за ослободување

од плаќање на царина се уредува видот, вредноста и количината на

предметите, како и деталните критериуми и начинот на остварување

на правото за ослободување од плаќање на царина итн.

Одлуките како подзаконски акти ги донесува Владата на

Република Македонија и органите на управата со кои се одлучува за

одделни прашања и мерки за извршување на законите и други општи

прашања. Пример: одлука за вредноста на стоката за која се

применува заедничка царинска стапка.

Упатствата како подзаконски акти претставуваат пропишан

начин на работа за органите на управата кои ги донесуваат. Во

принцип, со Упатство се пропишува процедурата на извршување на

некој акт (Упатство за распределба на средствата од Буџетот на

Република Македонија).

Препораките се подзаконски акти кои ги донесуваат

органите на управата со кои се препорачува како органот, односно

неговите извршители да решаваат одделни прашања. Тие се

засноваат на авторитет, аргументи и "силата" на разумност.

Наредбите се подзаконски акти кои ги донесуваат

министрите на одделни министерства со кои се наредува или се

забранува определено поведение, а со цел за доразработување или

дообјаснување на одредби од закон или уредба.47

Page 49: Skripta Osnovi Na Pravo

Правилникот е подзаконски акт што го донесува орган или

раководен поединец (обично министер) и се однесува за

дообјаснување на пропис (закон или уредба), во функција за

решавање на прашања од внатрешната организација на службите во

определен орган. Пример, Министерот за финансии врз основа на

член 66 став 4 од Царинскиот закон донесе: Правилник за начинот

на вршење на преглед на стоки, начинот на земање мостри на

стоки и висината на трошоците на постапката за земање мостри;

Правилник за видовите на царинските обележја и начинот на нивна

употреба; Правилник за формата, содржината и начинот н водење

на евиденција во царинските складови итн.

Статутот е подзаконски акт со кој се регулира

организацијата и правната положба на правните лица во правниот

поредок на државата. Основ за негово донесување е закон, а се

донесува од соодветен орган на правното лице (пример: статутот на

Факултетот за туризам и организациони науки - Охрид се донесува

врз основа на соодветна одредба од Законот за високото

образование, а го донесува Наставно - научниот совет на

факултетот).

Указот е акт на Претседателот на државата со кој тој ги

обнародува и прогласува законите, а воедно со указот изјавува дека

е согласен со конкретниот закон во смисла на негова уставност и

целисходност.

Со одлуките се доразработуваат повисоките општи правни

акти и се пополнуваат "законски празнини". Со нив често се

опфаќаат и прашања што не биле регулирани со закон.

2.2. Посебни конкретни (поединечни) правни акти

Претходно истакнавме дека со општите правни акти се

регулираат пооделни општествени односи. Таквите општи акти се

однесуваат на неопределен број на субјекти и на многубројни

конкретни ситуации. Со посебните, поединечни правни акти се

решаваат конкретни, индивидуални односи, односно индивидуални

ситуации. 48

Page 50: Skripta Osnovi Na Pravo

Така на пример, со Кривичниот законик се регулираат

кривично - правните односи, со кривична пресуда врз тој закон се

одлучува за конкретен сторител на кривично дело. Или,

Царинскиот закон ги регулира односите во царинското работење

како општ правен акт, а донесеното решение за задолжување или

ослободување од плаќање царина е посебен, поединечен правен

акт, донесен врз основа на општиот правен акт, кој решава

индивидуален однос и ситуација.

Посебните правни акти се многубројни и различни. Тие

секогаш треба да се во согласност со општиот акт, врз основа на кој

се донесуваат и зависноста од општиот правен акт е нивна основна

карактеристика.

Посебните, односно конкретните правни акти ги донесуваат

различни субјекти согласно овластувањата кои им се дадени со

закон. Субјектите што донесуваат конкретни, поединечни правни

акти можат да се поделат на државни и недржавни.

Во државните субјекти спаѓаат: државните и судските органи.

Тие донесуваат управни акти (решенија, одлуки, наредби, дозволи),

односно судски акти (пресуди, решенија, наредби).

Во недржавните субјекти спаѓаат разни општествени

организации, здруженија, приватни субјекти - граѓаните (договори,

тестаменти и сл.).

Поради големиот број и видови на посебни правни акти натаму

ќе се задржиме на според нас најважните.

Управен акт е посебен, конкретен правен акт кој го

донесува државен орган во посебна управна постапка и со кој се

одлучува за правата и обврските на поименично, конкретно

определени субјекти. Тој претставува конкретна реализација на

еден (или повеќе) општ правен акт. Пример: решение за

ослободување од плаќање царина; дозвола за набавка, поседување и

носење огнено оружје; решение за вршење угостителска дејност итн.

Судски акт е посебен, конкретен правен акт кој го донесува

судот во посебна судска постапка со кој се одлучува за правата и

обврските на конкретен субјект (субјекти). Судските постапки 49

Page 51: Skripta Osnovi Na Pravo

можат да бидат: кривични, парнични (процесни), вонпроцесни и

прекршочни. Судскиот акт најчесто се донесува во вид на пресуда, но

и како решение и наредба.

Судските акти ги донесуваат судовите како државни органи,

но вакви одлуки можат да донесуваат и арбитражи, судови на

честа, мировни тела и други органи, како недржавни органи.

Правни дела (правни работи) се конкретни, поединечни

правни акти на едно или повеќе лица кои со своја изјава на волја

засновуваат, изменуваат или укинуваат определен однос. Тие се

изразуваат во писмена, усна или било која друга форма од која

јасно и недвосмислено ќе се види изјавата на луѓето. Со правните

дела можат да се регулираат најразлични општествени односи во

рамките на правата и обврските определени со закон во кој е

дозволена слобода на автономија на волјата (договори, имотни

односи, стопански односи, наследство, тестамент итн.). Правните

дела можат да бидат: еднострани и двострани.

Еднострани се оние правни дела кои настануваат со изјава на

волја на едно лице (тестамент, договор за дар), а двострани се оние

за кои е потребна согласност на волјите на две или повеќе страни

(пример: договор за купопродажба).

Натамошна поделба на правните дела може да се направи на:

товарни (каде произлегуваат права и обврски за двете страни - пр.

договор за купопродажба); доброчини, односно добродателски

(каде едната страна има само обврски, а другата само права - пр.

договор за дар); формални (кои мора да бидат составени во

определена форма пропишана со закон или со договор); неформални

(кои можат да бидат склучени во било која форма); каузални (од

кои веднаш, очигледно се гледа целта поради кои се склучени - пр.

договор за купопродажба) и апстрактни (од кои не може да се

види целта зошто се склучуваат, пример: договор со кој некој

гарантира дека лицето НН ќе му го врати долгот на лицето АА, од кој

договор не може да се види зошто тој гарантира).

50

Page 52: Skripta Osnovi Na Pravo

VI. ПРАВЕН ОДНОС

1. Поим

Правните односи се третиот дел на правниот поредок покрај

правните норми и правните акти.

Правниот однос е општествен однос регулиран со правни

норми.

Како што претходно изнесовме, животот во една држава е збир

на општествени односи. Сите тие не се регулирани со правни норми

туку се регулирани и со друг вид на норми (природни, технички,

обичајни, морални итн.).

Делот на општествените односи што е регулиран со

правни норми (правно нормиран) се нарекува правен однос.

Збирот на вака правно нормираните правни односи го чини

правниот поредок на една држава. Од сите општествени односи,

државата преку своите органи ги нормира само оние односи за кои

смета дека се од витален интерес за нејзиниот опстанок и сака да го

обезбеди нивното постоење и реализација.

Правниот однос, всушност претставува правно

регулирање на взаемните односи меѓу луѓето (субјектите на

правото) во општественото живеење.

Правниот однос во суштина го сочинуваат четири елементи:

- права (правни овластувања);

- обврски (правни задолженија);

- правен субјект и

- правен објект.

Правното овластување (право на нешто) е елемент на

правниот однос кој што се состои во право на субјектот, врз основа

на некоја правна норма, односно правен акт нешто да бара (да

наплати побарување; да плати царина; да плати премија).

Правното задолжение (обврска) е елемент на правниот

однос кој се состои во обврска на субјектот на правото, врз основа на 51

Page 53: Skripta Osnovi Na Pravo

правните прописи, нешто да даде, да стори, да направи, да трпи (да

плати данок, да плати царина, да плати премија на осигурување, да

плати туристичка такса и сл.).

Правното овластување и правното задолжение се корелативни

и не можат да постојат изолирано едно од друго. Секогаш мора да

постои некаква врска зошто треба да може да се бара, зошто да се

даде итн.

Субјектите на правото, односно субјекти на правниот однос

се физичките и правните лица поради кои и се востановува

(правно уредува) правниот однос, кој врз правно воспоставениот

правен однос ги остваруваат своите права и обврски.

Објект на правниот однос е предметот во врска со кој

правните субјекти го засноваат правниот однос. Тој објект може да

биде предмет - ствар (стан, возило), човечко дејствие изразено во

активност (да се превезе до..) или пасивност (да се воздржи од

поминување низ мојот двор; да не продава производи на тој дел и таа

територија); човечки права (авторско право, научни дела, лиценца,

патент), човечки својства; (чест, углед, спокојство) и ред други

односи во животот.

2. Настанување, промена и престанок на правниот однос

Сите општествени односи кои државата ги регулира со правни

норми се трансформираат во правни односи. Практично, правните

односи настануваат со донесувањето на правната норма, односно

со нејзиното стапување во сила.

Во зависност од видот на правната норма, од нејзиниот

карактер зависи и настапувањето на правниот однос. Така, ако е во

прашање условна правна норма (пр. наполнети 18 години како услов

за исполнување на обврската за служење на воен рок; наполнети 15

години како можност за засновање на работен однос итн.) за да

настане правниот однос треба да се исполни предвидениот услов.

Кога е донесена безусловна правна норма правниот однос настанува 52

Page 54: Skripta Osnovi Na Pravo

со стапувањето во сила на правната норма (пр. слобода на говор;

слобода на вероисповест, забрана за лов итн.).

Правните односи се од динамичен карактер. Со промените во

општеството се променуваат и правните односи како израз на волјата

на државата да ги регулира или да не ги регулира општествените

односи, да внесува промени, да ги дополнува, да ги дерегулира и сл.

Општествените односи се променлива категорија, а промените се

регулираат со промена на правните односи. Едни односи

настануваат, други се променуваат, трети се укинуваат итн.

Исто така регулираниот правен однос како што настанал може

и да престане. Тој најнормално може да престане со престанок на

важење на правната норма, односно со нејзино укинување.

Кај условните правни норми правниот однос престанува со

исполнувањето на условот (пр. со отслужување на воениот рок). Ако

правниот однос е лично врзан за одреден субјект, правниот однос

престанува со смртта, односно престанокот на правниот субјект. Ако

правниот однос е врзан за индивидуално определена ствар, со

нејзиното нестанување, престанува и правниот однос итн. Со еден

збор престанувањето на правниот однос е определено со важењето и

видот на правната норма.

VII. ПРИМЕНА НА ПРАВОТО

Под примена на правото најопшто се подразбира донесување

на правната норма и конкретно однесување според неа,

односно донесување на определен пропис и негова конкретна 53

Page 55: Skripta Osnovi Na Pravo

реализација.

Најконкретна примена на правото означува примена на

конкретна правна норма, односно реализација на нејзината

диспозиција и санкција.

Со оглед на видот на правните норми еден дел од правото е

слободен и доброволен и неговата примена е оставена на слободна

волја на субјектите, а другиот дел е облигаторен и субјектите се

должни да ги исполнат предвидените диспозиции или санкциите за

истите.

Секој правен систем како своја примарна цел ја има задачата

правото да се применува доброволно без разлика дали правните

норми се од императивна или од диспозитивна природа.

Примената на правото треба да исполни три функции:

сигурност, ефикасност и економичност.

Сигурноста се состои во тоа што од правото се очекува тоа да

биде применето секогаш и по обем и по содржина онака како што е

пропишано.

Ефикасноста се состои во тоа што правото треба да ги

постигне посакуваните цели.

Економичноста се состои во тоа што примената на правото

треба да се оствари по најкраток, најбрз и најефикасен пат.

Примената на правото е сложен збир на психички и

материјални дејствија кои имаат меѓусебна условеност и редослед,

следствено на кое мора да се одвиваат во една постапка. Таа

постапка претставува со правото утврден збир на психички и

материјални дејствија кои се состојат во утврдување на важноста на

нормата, значењето на нормата, утврдување дали постојат услови

за нејзина примена и непосредна, конкретна примена на правната

норма (подготвителен дел и дел на реализација).

Подготвителниот дел на примената на правото се состои

во: сознавање на правната норма; утврдување дали правната норма

важи, односно дали е во правна сила; дали таа е од деклараторна,

облигаторна или диспозитивна природа и да се утврди нејзиното

вистинско значење.54

Page 56: Skripta Osnovi Na Pravo

Сознавањето на правната норма значи утврдување на

вистинскиот, автентичен изворен текст на правната норма, оној

текст кој го утврдил и го донесол субјектот кој бил задолжен за

негово донесување. Тоа се чини на тој начин што правните акти се

донесуваат и објавуваат во соодветна службена публикација која

им е достапна на сите заинтересирани, а и на незаинтересираните

субјекти (пример: кај нас, "Службен весник на Република

Македонија"). Тоа претставува несоборлива правна претпоставка

дека на сите им е позната донесената правна норма и никој не може

да се повикува на непознавање на правната норма. Но, за да се

оствари оваа правна претпоставка правната норма (правниот акт)

треба да е донесен и објавен (промулгиран) во соодветна постапка и

на соодветен начин.

Важењето на правната норма се состои во утврдување на

нејзината важност на територија и време. Правните норми важат или

на територијата на целата држава или на нејзин определен дел.

Временското важење на правната норма значи дали таа во времето на

нејзината примена важи, кога стапила во сила и дали престанала

да важи. Правните норми важат за времето за кое се донесени и тие

можат да престанат изречно или молкум. Изречно престанување

на правната норма постои кога во самото донесување на истата е

предвидено до кога таа ќе важи со определување на датум,

определување временски период или настапување или престанок на

некои услови или кога престанокот ќе се определи со некоја

подоцна донесена правна норма. Премолчено (молкум)

престанување на правната норма постои со донесување на норма од

повисок или ист ранг со кои на поинаков начин се регулира истиот

општествен однос или правила на однесување.

Реализацијата на правната норма се состои во:

утврдување на правната вистина, правно заклучување и

непосредна примена на правото.

Утврдувањето на правната вистина претставува утврдување

дали постојат претпоставки за примена на диспозицијата на правната

норма, односно нејзината санкција. Кога ќе се утврдат истите се 55

Page 57: Skripta Osnovi Na Pravo

смета дека е утврдена правната вистина на претпоставките за

примена на правната норма. Правната вистина целосно или

приближно треба да се поклопува со стварната (вистинската) вистина

(пример: докази, увиди, изјави). Претпоставките се средства за

утврдување на фактичката состојба кои можат да бидат: ноторни

(кои се земаат секогаш за вистинити и не се докажуваат),

несоборливи (за кои спротивно докажување не е дозволено) и

соборливи (оние кои имаат правен интерес можат да го докажуваат

спротивното).

Правно заклучување е постапка во која се докажува

(заклучува) дали конкретна правна норма се однесува на конкретен

случај.

Непосредната примена на правото се состои во конкретно

однесување на определен субјект (активно или пасивно) во примена

на правната норма и нејзина реализација.

VIII. ТОЛКУВАЊЕ НА ПРАВОТО

Толкувањето на правото значи сознание на интенцијата

(целта) што создавачот на правото сакал да ја постигне со

донесувањето на правниот акт. Тоа е "средба" на свеста на

законодавецот и субјектот кој ја толкува таа свест изразена низ правни

норми.

Толкувањето на правото е потреба која низ сериозен мисловен

процес ги протолкува целите и намерите на творецот и доносителот

на законот. Тоа е сериозна и сложена работа. Сложеноста и важноста

на правото произлегува од фактот што постојат три можни значења,

а со тоа и содржини на една норма: прво е значењето што и го

придава нејзиниот создавач, второто значење што нормата го има

по своите употребени знаци и трето е значењето што и го

придава толкувачот на нормата. Идеално би било овие три

значења да се поклопат и да бидат истоветни, но тоа ретко се 56

Page 58: Skripta Osnovi Na Pravo

случува, поради што се поставува прашањето кое е вистинското,

правилното значење на правната норма и како да се утврди.

Како толкувачи на правото се јавуваат повеќе субјекти кои

можат да се државни и недржавни субјекти.

Од државните субјекти најцелисходно е толкувањето на

правото од страна на органите кои го применуваат (судско и

административно) и автентичното толкување на органите кои ја

донесле правната норма.

Во толкување на правото од субјектите од недржавен карактер

спаѓа научното толкување како толкување на соодветна наука и

поединечното толкување на секој субјект на правото.

Постојат повеќе видови на толкувања на правото, а во

употреба се: јазичното, логичното, систематското, историското,

толкување според целта итн.

Јазичното толкување се состои во утврдување на

содржината на правната норма со стандардизирани правила на

јазикот на кој е промовирана конкретната правна норма. Тоа се

врши на граматички, синтактички и интерпукциски начин. Доколку

преку овој начин не може да се утврди содржината и целта на

нормата станува збор или за правна празнина во правната норма,

нејзина неодреденост (недефинираност) или бесмисленост.

Логичното толкување е такво толкување на правната норма

со кое низ правилата на логиката, а со употреба на другите

видови толкувања се утврдува логичноста на содржината и целта

која се сака да се оствари со така донесената правна норма. Притоа,

логичното толкување особено треба да одговори на прашањето дали

конкретната норма е логична или противречна сама за себе или е

противречна на друга норма во самиот или друг правен акт.

Систематското толкување е утврдување на значењето на

нормата во системот на правото и нејзината поврзаност со другите

правни норми во дадениот правен поредок. Значењето и

поврзаноста на правната норма со другите норми во правниот

поредок се оценува според критериумите на нејзиното место

(хиерархија) во правниот поредок, времето на нејзиното донесување 57

Page 59: Skripta Osnovi Na Pravo

и нејзината основна смисла.

Местото на нормата значи дека доколку таа е повисоко во

правниот поредок другите норми треба да се усогласуваат со неа, со

оглед на тоа дека таа има поголема правна сила.

Времето на донесување исто така значи дека колку што таа е

подоцна донесена има поголема правна сила од претходно

донесените норми од иста или сродна област.

Смислата на нормата се толкува преку тоа што таа, заедно со

исти или сродни поими означува во правниот систем.

Историското толкување е толкување на правната норма

во нејзиниот историски развиток од донесувањето до толкувањето,

односно толкување на општествените и други околности и причини

кои го предизвикувале донесувањето на правните норми. Правото е

историска категорија и историскиот период во неговото создавање и

толкување е значаен за утврдување на содржината и целта на

правната норма.

Толкување според целта е такво толкување во кое се

утврдува значењето и целта која се сака да се постигне со

донесувањето и примената на правната норма и последиците кои

ќе ги предизвика нејзината реализација.

Секое од претходно споменатите толкувања претставуваат цел

за себе во толкувањето на правото, но никако изолирано и

самостојно. Толкувањето како сериозен мисловен процес ќе даде

резултати само во кумулација на сите видови толкувања кои треба

да дадат еден единствен резултат - правилно толкување на

правната норма и нејзина примена од една страна, односно

укажување на нејзината беспредметност, неодреденост или

бесмисленост со цел за барање на нејзина промена, од друга страна.

IX.ЛЕГАЛИТЕТ

Легалитетот е правно начело кое обезбедува меѓусебна 58

Page 60: Skripta Osnovi Na Pravo

усогласеност на државата и правото како системи, самите за себе

и меѓусебно. Начелото на легалитет се остварува преку начелото на

хиерархијата на правните акти во правниот поредок според степенот

на правната сила на правните акти од Уставот до поединечен акт.

Начелото на легалитет значи усогласеност и непротивречност

на сите правни акти со Уставот и усогласеност на сите правни акти со

помала правна сила од законот со законот. Од поимот на начелото на

легалитет произлегува дека тоа може да се разликува како начело на

уставност, кое значи согласност на сите правни акти со уставот и

начело на законитост, кое значи согласност на сите акти со пониска

правна сила со законот.

Од практичен правен аспект суштината на легалитетот

претставува усогласеност и непротивречност на елементите на

правниот поредок, како начело на законитост, односно законитост

во својата вистинска суштина. Тоа значи дека на секој субјект може

да се примени правна норма за неговото дејствие само ако таа правна

норма постоела и важела во време на преземањето на тоа дејствие и

ако таа правилно била применета на конкретниот случај.

Начелото на легалитет или како најприродно се нарекува

начело на законитост или едноставно законитост, најдобро може да

се види низ одредбите на Кривичниот законик кој пропишува дека -

никому не може а му биде изречена казна или друга кривична

санкција за дело кое, пред да е сторено, не било со закон

определено како кривично дело и за кое не била пропишана казна со

закон (чл.1 од КЗ).

X. СУБЈЕКТИ НА ПРАВОТО

1. Поим

Субјектите на правниот однос се нарекуваат субјекти на

правото. Не постои правен однос без правни субјекти. Правниот

поредок, правните норми и правните односи постојат токму за 59

Page 61: Skripta Osnovi Na Pravo

регулирање на односите на субјектите на правото.

Субјекти на правото се лица на кои правото им дава нешто во

нивна полза или на нивни товар, определувајќи им права,

овластувања или обврски, должности, задолженија.

Разликуваме два видови на субјекти на правото: човекот

(физичко лице) и збир на луѓе (правно лице) како здружен

колективитет дозволен со закон, за остварување определени цели

во општествените, економските и други односи, со свој имот и

пропишани правила на однесување.

Историски погледнато својството на субјекти во правото е

давано различно во различни периоди. Така во робовладетелското

општество робовите го немале тоа својство, во феудализмот тоа

својство го имале сите, но формално, не подеднакво, а во

капитализмот сите го имаат тоа својство, формално и подеднакво. И

денес има правни поредоци каде сите луѓе не се субјекти во правото

(жени, итн.).

2. Физичкото лице како субјект на правото

Правниот однос не може да постои без постоење на човекот.

Човекот, физичкото лице е субјект на правото со своите атрибути:

правна, деловна и деликтна способност.

Својството на субјект во правото физичкото лице го

стекнува во моментот на раѓањето, односно со стекнување на

правната способност.

Правната способност е способност на човекот да биде

носител на права и обврски. Од правилото дека со неа човекот се

стекнува со самиот чин на раѓање постојат исклучоци. Не е доволно

човекот да се роди и да се стекне со правна способност, туку тој

треба да има човеколик изглед, односно да не е роден монструм

или со други деформитети со карактеристики несвојствени за

човекот (сите тие се фактички прашања кои се утврдуваат за секој

конкретен човек). Натаму, отстапување од правилото има во 60

Page 62: Skripta Osnovi Na Pravo

наследното право во кое и на зачнатото дете (nascitus) му се

признава правен субјективитет (правна фикција) под услов да се

роди живо и со човечки облик (право наследување).

Правната способност се стекнува по закон со самото раѓање, а

престанува со смрт на физичкото лице, со докажување на смрт и со

прогласување на лицето за умрено.

Деловната способност е способност на човекот како

субјект на правото да може сам, свесно и со своја волја да

постапува според пропишаните норми и да ги остварува

своите права како и да ги извршува своите обврски.

За разлика од правната способност која во принцип како

услов за нејзино стекнување бара човекот да се роди, за стекнување

со деловна способност човекот треба да исполнува определено

психичко ниво на развој на неговата личност како би можел со своја

сопствена свест да го сфати значењето на правата и обврските што

ги врши, како и да го насочи своето однесување во извршувањето

на тие права и обврски. Во принцип, тука се работи за

исполнување биолошки критериум кој зависи од исполнување

соодветна возраст на години.

Секој правен систем посебно со закон ги определува условите

за стекнување на деловна способност на физичките лица. Според

правото на Република Македонија, деловната способност физичките

лица ја стекнуваат со полнолетството, односно со навршени 18

години возраст. Од ова правило постојат позитивни и негативни

исклучоци. Позитивните исклучоци се: малолетник со навршени 16

години, а ненавршени 18 години доколку со одобрение на судот

склучи брак се смета за потполно деловно способно лице;

малолетник со навршени 15 години, а ненавршени 18 години штом

заснова работен однос се стекнува со определени права и обврски (да

располага со платата и имотот што го стекнал); малолетник со

наполнети 16 години може да состави тестамент итн. Овие лица

уживаат деловна способност за преземање на одделни права и

обврски односно се делумно деловно способни за вршење на

наведените права и обврски.61

Page 63: Skripta Osnovi Na Pravo

Физичките лица можат да бидат потполно деловно

способни, делумно деловно способни и потполно деловно

неспособни.

Физичките лица со наполнети 18 години како и лицата што

стапиле во брак пред полнолетството имаат потполна деловна

способност.

Лицата над 14-години имаат делумна деловна способност

(можат да остваруваат само одделни права и обврски) и лицата до

14 годишна возраст се потполно деловно неспособни.

Но, и лицата што навршиле 18 години можат во постапка

пред суд да се прогласат за делумно деловно способни или

потполно деловно неспособни.

Деликтна способност е способност на субјектот на

правото да сноси одговорност (да одговара) за причинето

казниво дело. И тука, за да постои деликтна одговорност потребна е

свест кај сторителот за делото, но деликтната способност не се

поклопува со деловната способност. Во оваа одговорност староста на

сторителот е поделена така што деца до 14 годишна возраст не се

деликтно одговорни, а од 14-18 години е предвидена различна

деликтна одговорност за сторителите во зависност дали сторителот е

помлад (до 16 години) или постар (16-18 години) малолетник. (за тоа

повеќе види кај штета и одговорност на физичкото лице за штета).

Покрај правната и деловната способност, човекот има и

други атрибути како што се: име, живеалиште или престојувалиште

и државјанство.

3. Правните лица како субјекти на правото

Правното лице е збир, колективитет на физички лица

кои се здружиле за остварување на некоја со закон или друг

пропис дозволена заедничка цел (економска, спортска, културна,

општествена итн.), со свој имот, на кое законот уште со неговата

регистрација му признава правна и деловна способност преку 62

Page 64: Skripta Osnovi Na Pravo

кои добива правен субјективитет.

Својството на субјект во правото правното лице го стекнува

со неговото основање и запишување во регистарот во кој се

запишуваат правните лица, а го губи со престанокот на неговото

постоење (со одлука на членовите; присилно - со одлука на

надлежен орган и по спроведена постапка).

Правното лице во остварувањето на правата и обврските

својата волја ја реализира преку неговите органи кои се овластени со

статутот на правното лице и тие, односно нивни застапници го

претставуваат истото во односите со други субјекти.

4. Застапување на субјектите

Вообичаено, субјектите на правото стапуваат во правни односи

и истите сами ги остваруваат своите права и обврски. Но при тоа,

честопати се поставуваат определени пречки од субјективна и од

објективна природа поради кои не се во можност или не се во

состојба сами да ги остваруваат своите права и обврски.

Претходно кажавме дека физичките лица како субјекти на

правото, можат слободно да диспонираат со своите права и обврски

само доколку се потполно деловно способни, во рамките на својата

ограничена деловна способност само со одделни права и обврски, а

лицата кои не се деловно способни, не можат слободно да

располагаат со своите права и обврски.

Правните лица како колективитет на физички лица

објективно, сите заедно не можат да настапуваат во правните

односи (замислете сите 2000 вработени од едно трговско друштво

да преговараат за склучување на договор?!). Исто така правните

субјекти и кога формално - правно можат да стапуваат во правни

односи може да се спречени, зафатени со друга работа (пр.

просторно се оддалечени од местото каде што треба да се склучи

правната работа и сл.), или едноставно сакаат да апстинираат од

било која причина, а имаат волја да ја реализираат правната работа.63

Page 65: Skripta Osnovi Na Pravo

Ваквите состојби правото ги решава со правниот институт

застапување со кој се овозможува остварување на правата и

обврските преку друг.

Застапувањето може да се дефинира како вршење на правни

работи (остварување на права и обврски) на застапникот во

име и за сметка на застапуваното лице.

Во институтот застапување постојат два субјекти: застапувано

лице - лицето во чие име и за чија сметка се остваруваат правата и

обврските и застапник - лицето кое во име и за сметка на

застапуваното лице ги остварува правата и обврските.

И покрај постоењето на институтот застапување, сепак, не

сите правни работи можат да се вршат преку застапникот.

Законодавецот некои права и обврски ги определил како строго

лични и истите не можат да се вршат преку застапник. (пример,

составувањето на тестамент и избирачкото право се строго лични

права).

Постојат два видови на застапување: законско застапување и

договорно застапување.

Законско застапување е она застапување кое е предвидено

со закон со цел заштита на правата и интересите на субјектите во

правото кои не се во состојба истите сами да ги остваруваат (деловно

неспособните лица - малолетници и лица на кои им е одземена

деловната способност и ограничено деловно неспособните лица во

делот на ограничувањето). Законското застапување го врши

законски застапник, лице определено со закон или со одлука на

орган, така за малолетниците законски застапници се нивните

родители или старатели; за деловно неспособните лица се

поставува старател (старателот го поставува Центарот за социјални

работи).

Правните лица како субјекти во правото ги застапува

законски застапник определен со закон или со акт на правното лице.

Во категоријата на законски застапници спаѓаат и

привремените застапници кои во определена постапка ги поставува

органот што ја води постапката под услови определени со закон 64

Page 66: Skripta Osnovi Na Pravo

(пример, да не може да се пронајде странката, нема нејзини

податоци, а постапката е од итна природа).

Договорно застапување, или застапување со полномошно е

такво застапување во кое деловно способно физичко лице (или

правно лице) кое не е во можност или не сака лично да изврши

некои правни работи во врска со неговите права и обврски,

овластува - ополномоштува друго лице, во негово име и за негова

сметка да ги изврши тие правни работи. Договорното застапување го

врши полномошник кој го определил застапуваното лице (давател на

полномошното).

Овластувањето за застапување кое го дава давателот на

полномошникот се вика полномошно.

Постојат повеќе видови на полномошно:

- усно - кое се дава усно;

- писмено (најчесто), кое може да биде во слободна форма и

содржина и во определена форма и содржина (пример, за

склучување брак, за развод на брак преку полномошник);

- генерално - со кое полномошникот се овластува да ги врши

сите правни работи;

- специјално - овластувањето важи за точно определени

работи;

- неограничено - го овластува за вршење некоја работа без

давање упатство како истата да се заврши;

- ограничено - овластување за вршење определени работи со

давање конкретно упатство и начин како истата да ја заврши (во

време, обем, со кои субјекти).

И законското и договорното застапување значат овластено

вршење правни работи во име и за сметка на друг. Но, тие битно се

разликуваат по тоа што кругот на правните работи кои може да ги

застапува застапникот кај законското застапување е строго

определен во законот, а кај договорното застапување го определува

давателот на полномошното. И кај едниот и кај другиот вид на

застапување, застапник односно полномошник може да биде само

деловно способно лице, а во определени случаи лица и со 65

Page 67: Skripta Osnovi Na Pravo

определени други услови (пример: во спорови над одредена

вредност застапување пред суд може да врши само лице со положен

правосуден испит).

Законското застапување престанува по сила на законот, а

договорното по истекот на определен рок, со отповикување и со

откажување на полномошното.

XI. ОБЈЕКТИ НА ПРАВОТО

1. Поим

Објект на правото е предметот на кој се засновуваат правата и

обврските на субјектите на правниот однос.

Под објект на правото се подразбира ствар како дел од

надворешниот материјален свет, над кој човекот има фактичка

власт.

На пример, при склучувањето на договор за купопродажба на

стан договорни страни се продавачот и купувачот како субјекти на

правото кои влегуваат во правен однос, при што објект на правото

на овој правен однос претставува станот, односно негово предавање

во сопственост на купувачот и парите, односно нивното предавање

на продавачот.

Во обичниот живот, објектот на правото најчесто претставува

некоја телесна ствар, но од правен аспект - под објект на правото се

подразбираат и многу други нетелесни ствари, творби, дејствија итн.

Највообичаена поделба на објектите на правото е нивната

поделба на: ствари, човечки дејствија, човечки творби и човечки

добра.

Стварите претставуваат дел од природата, нејзини

материјални делови кои човекот може да ги стави под своја власт,

кои не се исклучени од прометот (со кои е дозволен промет), кои се

во сопственост или над нив постои некое друго субјективно 66

Page 68: Skripta Osnovi Na Pravo

граѓанско право и имаат определена економска вредност.

Човековите дејствија се возможни и допуштени дејствија

кои субјектите во правниот однос се обврзуваат да ги извршат и

како такви претставуваат објект на правото, кои се состојат во

сторување (нешто да стори субјектот), несторување, воздржување

или трпење (пример: сторување - договор за определен износ да

превезе патник од - до; несторување - да не го гледа неговото дете во

време надвор од дозволеното; воздржување - да се воздржи од ...;

трпење - да го трпи преминувањето на соседот преку неговиот двор

кој добил право на службеност).

Невозможните и недопуштените дејствија не можат да бидат

објект на правото.

Невозможно дејствие на човекот е она дејствие кое во

моментот на неговата оценка е невозможно да го изврши било кој

човек (пример: да изврши организирано туристичко патување на

планетата Сатурн; да наплати царина на марсовец; да изврши

осигурување на имотот на планетата Венера итн.).

Недопуштени дејствија се оние дејствија кои се спротивни на

одредбите на правниот поредок (продажба на луѓе; продажба на дрога

итн,).

Човечки творби се сите видови на интелектуални -

творечки производи во сите области кои можат да бидат објекти на

правото, на правниот однос меѓу субјектите на правото (научни,

книжевни, музички пронајдоци итн.). Сите овие творби можат да

бидат објект на правото доколку производителот на истите сака да

располага со нив.

Човечки добра се лични, индивидуални вредности на секое

физичко лице поодделно, кои во одделни случаи можат да се јават

и како објекти на правото. (пример: навреда, клевета, чест,

достоинство итн).

2. Поделба на стварите

Поделбата на стварите може да се направи според 67

Page 69: Skripta Osnovi Na Pravo

повеќе критериуми, но сепак општо прифатена е поделбата на:

-средства за производство и средства за потрошувачка;

-подвижни и недвижни ствари;

-потрошни и непотрошни ствари;

-деливи и неделиви ствари;

-прости и сложени ствари;

-главни и споредни ствари;

-плодоносни ствари и плодови;

-заменливи и незаменливи ствари;

-индивидуално одредени и по род одредени ствари;

-ствари во правниот промет, ствари со ограничен промет и

ствари вон правен промет,

-ствари под посебен правен режим итн.

2.1. Средства за производство и средства за потрошувачка

Средства за производство се ствари со кои се врши

производниот процес. Тие се јавуваат како основни и обртни.

Основни средства се орудијата за работа, градежните објекти

од стопански карактер повеќегодишни насади (овоштарници, лозја),

основните стада (говеда), земјиштето наменето за стопански цели,

шумите и шумско земјиште.

Во обртните средства спаѓаат материјалите за репродукција,

готовите производи и полупроизводите, недовршените производи,

орудијата за работа со век на траење пократок од една година.

Средства за потрошувачка се јавуваат како ствари за лична

потрошувачка (храна, облека итн.) и ствари за потрошувачка од

општ интерес (улици, плоштади итн.).

Правното значење на поделбата на стварите за лична

потрошувачка и ствари од општ интерес (употреба) е тоа што врз

стварите за лична потрошувачка можат да се стекнуваат стварни

права, а врз стварите од општ интерес не може.

2.2. Подвижни и недвижни ствари

Подвижни ствари се оние ствари кои во целост можат да се 68

Page 70: Skripta Osnovi Na Pravo

движат или поместуваат од едно на друго место, а при тоа да не се

оштети нивната суштина. (векна леб, телевизор, возило).

Недвижни ствари се оние ствари кои не можат од едно на

друго место да се движат или поместуваат, без при тоа да не се

оштети нивната суштина (земјоделско земјиште, шуми, пасишта,

згради итн.)

Правото дефинира и "недвижни ствари по својата намена" кои

всушност се подвижни ствари по своите физички карактеристики, но

се припадоци на некоја недвижна ствар и заради остварување на

нејзината функција ја делат нивната правна "судбина" (плугови на

земјоделска машина; земјоделските алатки кон земјата; лифтовите и

громобраните на зградата; авионите, бродовите, железничките

вагони – заради статусот на припадност по регистрација).

Поделбата на стварите на подвижни и недвижни има

повеќекратно правно значење. Прво, преносот на сопственоста на

недвижните ствари облигаторно се врши со запишување во

соодветни книги и регистри (земјишни книги и сл.), а преносот на

сопственоста на подвижните ствари се врши со едноставно

предавање на стварта; второ, договорот за продажба на недвижни

ствари мора да биде склучен во писмена форма, а кај подвижните во

било која форма; трето, постои разлика во заложното право така

што недвижните предмети се заложуваат со хипотека, а

подвижните со рачна залога; четврто, надлежноста за судски

спорови различно се определува кај недвижните и подвижните

ствари; петто, исполнувањето на договорите во поглед на местото,

ако тоа не е определено со договорот различно се определува за

недвижните од подвижните предмети; шесто, во наследното право

оставинската постапка може да се запре доколку во наследната маса

- оставината нема недвижности, а ако има не може итн.

2.3. Потрошни и непотрошни ствари

Потрошни ствари се оние ствари кои се трошат со една

употреба, (пијалаци, храна, суровини, намирници) или со една

употреба ќе се оттуѓат (пари и сл.).69

Page 71: Skripta Osnovi Na Pravo

Непотрошни ствари се всушност потрошни ствари, но кои не

се истрошуваат со нивната прва употреба, чија употреба трае подолго

(куќа, покуќнина, автомобил).

Стварите не можат строго да се поделат на потрошни и

непотрошни. Во зависност од намената една ствар во еден случај ќе

биде потрошна, а во друг непотрошна. Пример: домашните животни

можат да бидат непотрошна ствар ако служат за превоз, за

обработка на земјиштето и сл., а потрошна ствар ако ги

употребиме за исхрана. Или едно дрво може да биде вградено во

мебел и да е непотрошна ствар или истото да биде употребено за

огрев како потрошна ствар.

Од правен аспект, ваквата поделба на потрошни и

непотрошни ствари има значење во стопанските односи:

непотрошните ствари се основни средства, а потрошните обртни; во

стварното право: само непотрошните ствари можат да бидат предмет

на лични службености; во облигационото право: договор за послуга

може да се склучи само за непотрошна ствар, договор за заем само за

потрошна ствар, договор за закуп само на непотрошна ствар, итн.).

2.4. Деливи и неделиви ствари

Деливи ствари се оние ствари кои можат да се поделат на

делови без притоа да се намали нивната сразмерна вредност, при што

секој засебно да ги задржи својствата на целата ствар (ролна штоф,

подел на делови за одела, векна леб поделена на парчиња и сл.).

Неделиви ствари се оние ствари кои не можат да се поделат

физички и при тоа деловите да ја задржат прометната вредност на

целината (книга, телевизор, прстен, кауч итн.).

Ваквата поделба на стварите е значајна во стварното право

(заедничка сопственост и етажна сопственост), облигационото

право (кога постојат сложени страни кај облигационо - правните

односи ако се работи за деливи ствари секој должник ќе го врати

сразмерниот дел од долгот, а ако должничкиот дел е неделива ствар,

доверителите од должникот можат да бараат само предавање на

целата ствар).70

Page 72: Skripta Osnovi Na Pravo

2.5. Прости и сложени ствари

Прости ствари се оние ствари кои претставуваат

еднородна целина (на пр. како што се каменот, конецот, парче сирење

и сл.).

Сложени ствари се оние ствари кои се составени од повеќе

различни делови (од повеќе прости ствари) кои се инкорпорирани

во една целина (брод, автомобил, телевизор).

Сложената ствар врз основа на инкорпорираноста на

нејзините делови во неа може да биде составена од потполно

инкорпорирани делови и од непотполно инкорпорирани делови.

Составните делови од сложената ствар се потполно

инкорпорирани кога тие не можат да се одделат од сложената ствар

без нејзино оштетување (рачка од металниот дел од алат), а

непотполно инкорпорирани кога составниот дел на сложената ствар

може да издвои од неа без оштетување, да се замени со друг и сл.

(стрелка часовник, мина од пенкало, акумулатор од возило итн.).

Натамошна поделба на неинкорпорираните ствари е поделбата

на збирни ствари и збир од ствари.

Збирна ствар е ствар составена од различни физички делови

соединети во една физичка целина, како и од повеќе самостојни

ствари кои ја сочинуваат таа целина. (чифт чевли).

Збир од ствари е исто така збир од прости ствари кои

механички не се меѓусебно поврзани, можат да се употребуваат секој

поодделно, но нивната збирна употреба е покорисна (кошница со

пчели, стадо овци, говеда, библиотека итн.).

Значењето на оваа поделба е важна во стварното право така

што во сопственичките односи се подразбира дека оној што има

право на целината има право и на нејзините составни делови.

2.6. Главни и споредни ствари

Главна ствар е онаа ствар која во нејзиното економско

искористување е економски најзначајна во однос на другите ствари

кои служат за нејзино искористување ( комбајн во однос на 71

Page 73: Skripta Osnovi Na Pravo

приклучните машини).

Споредна ствар е ствар која и служи на главната ствар за

остварување на нејзината цел, ја овозможува нејзината употреба, но

е со помало економско значење, ја дели нејзината судбина, но не во

толкава мерка како со составниот дел кај сложената ствар. Таа кон

главната ствар може да се јави како прирасток и припадок.

Прирастокот е споредна ствар која е физички поврзана со

главната ствар (пример, шумата и почвата), а припадокот исто така

е споредна ствар, но која не е физички поврзана со главната ствар

(компјутер и печатар).

Во правна смисла значењето на поделбата на стварите на

главни и споредни е во тоа што секогаш споредната ствар ја дели

судбината на главната ствар, но некогаш можно е да се засноваат

и да постојат посебни субјективни права на споредната ствар ако

така се договориле договорните страни.

2.7. Плодоносни ствари и плодови

Плодоносни ствари се оние ствари кои од себе даваат

други ствари, плодови. Давањето на плодови е нивна економска

намена.

Плодовите како ствари се производи кои на определен начин

настануваат од некоја ствар, а се предодредени да се одделат од

стварта од која настанале. Тоа се приноси кои се јавуваат редовно или

периодично. Плодовите можат да се јават како природни,

индустриски и цивилни.

Природните плодови се органски производ на некоја ствар кои

таа ги дава без да ја намали сопствената супстанца и без дејство на

човечки труд (пример: шумски јагоди; трева која не ја посеал човекот,

песок кој го создала реката и сл.).

Индустриските плодови се плодови кои ги дава стварта со

учество на човечки труд и природата (пример: јаболка, праски од

овоштарник). Во тие плодови не спаѓаат индустриските производи.

Цивилните или граѓански плодови или приходи се плодови

кои стварта не ги дава сама, туку кои се добиваат од стварта со 72

Page 74: Skripta Osnovi Na Pravo

посредство на некој правен однос (пример: пари од закуп на

деловна просторија; камата од вложени пари и сл.).

Правното значење на оваа поделба е тоа што

плодоуживателот на туѓа ствар станува и сопственик на плодовите.

2.8. Индивидуално и по род одредени ствари

Индивидуално одредени ствари се ствари кои во својот род

се единствени (Мона Лиза од Да Винчи, определена марка на ТВ

приемник, патнички автомобил марка НН, итн.).

По род определени ствари се оние ствари што во

правниот промет се означуваат со вид, количина и квалитет

(жито, цемент, кошули, вино итн.).

Секоја по род определена ствар може да се трансформира во

индивидуално определена ствар (да се индивидуализира) доколку се

издвои од стварите на својот род и посебно да обележи (пример,

вино од бербата 1995 година; кошула со иницијали, брашно тип 400).

Ваквата поделба има значење во стварното и облигационото

право. Така, предмет на договор за заем може да биде само ствар што

е одредена по род; предмет на договорот за закуп, послуга и депозит

само индивидуално одредена ствар.

Правно се смета дека стварите одредени по род не можат да

пропаднат бидејќи секогаш наместо нив може да се предаде друга

ствар од тој род.

Индивидуално одредените ствари може да пропаднат и истите

се надоместуваат во пари.

2.9. Заменливи и незаменливи ствари

Заменливи ствари се оние ствари кои при исполнувањето на

обврската една ствар може да биде заменета со друга со исти

особини (својства), намена и вредност.

Потрошните ствари по својата природа се заменливи ствари, а

индивидуално определените ствари исто така се заменливи, освен во

случај кога се работи за уникати.73

Page 75: Skripta Osnovi Na Pravo

Незаменливи ствари се оние ствари кои се создаваат во еден

примерок (уметничка слика).

Значењето на оваа поделба има вредност во облигационото

право при исполнувањето на договорните обврски и при

надоместокот на штетата. Така на пример, кај договорот за заем, при

пропаѓањето на заменлива ствар што е предмет на договорот,

должникот на доверителот може да му предаде друга таква ствар,

а ако предметот е незаменлива ствар ќе му плати надомест на штета.

2.10. Ствари во слободен промет, ствари вон промет и ствари

во ограничен промет

Ствари во слободен промет се оние ствари кои слободно

може де се продаваат и купуваат (облека, исхрана, стан, алати,

машини) и тоа вo голем број на ствари.

Ствари надвор од прометот се оние кои се наменети да и

служат на општествената заедница и не можат да бидат предмет на

промет (природни добра, реки, плоштади, патишта).

Ствари во ограничен промет се ствари со кои е дозволен

промет под пропишани услови со закон или друг пропис (лекови,

опојни дроги, оружје).

2.11. Ствари под посебен правен режим

Ствари под посебен правен режим се ствари кои поради

општествената функција што ја вршат потпаѓаат под посебен

правен режим во секоја држава. Тоа се парите и хартиите од

вредност.

Парите претставуваат општ еквивалент на сите вредности.

Како инструмент на прометот тие се под посебен јавно - правен

режим. Државата го определува видот, паричната единица, нивната

вредност, количината итн. Но, парите се и ствари, како објекти на

имотното право. Тие се заменливи, потрошни, по род определени и

деливи ствари.

Хартиите од вредност се писмени исправи, со кои имателот

со нивно презентирање може да го оствари правото што е означено 74

Page 76: Skripta Osnovi Na Pravo

во нив (акции, меници, чекови, обврзници). Тие најчесто содржат

облигациони права и нивната вредност е толкава колку што

изнесува вредноста на правото кое имателот може да го реализира.

Тие се делат на хартии од вредност на доносител, хартии на име и

хартии по наредба. И хартиите од вредност претставуваат ствари.

ХII. ШТЕТА

1. Поим

Штетата претставува намалување на имотот на некое лице

или спречување на негово зголемување, како и повреда на

личните права на друго лице предизвикано со некое штетно

дејствие.

Со оглед на тоа, штетата може да биде од имотен и од

неимотен карактер.

За да се зборува за штета од правен аспект потребно е

кумулативно да се исполнети повеќе претпоставки, а особено:

1. Да постојат субјекти на штетата и тоа штетник (лице

кое ја предизвикало штетата) и оштетен (лице на кое му е

предизвикана штетата и кое побарува отштета);

2. Да постои штетно дејствие (што значи дека штетникот мора

да причини штетно дејствие);

3. Да постои противправност на штетното дејствие (штетното

дејствие да е спротивно на некоја правна норма) и да постои вина

кај штетникот;

4. Да постои штета (како имотна или неимотна и оштетениот

истата да ја докаже);

5. Да постои причинска врска (каузален нексус - каузалитет)

меѓу штетното дејствие и штетата.

75

Page 77: Skripta Osnovi Na Pravo

2. Субјекти кај штетата

Како субјекти кај штетата во облигационо - правен однос се

јавуваат оштетениот и штетникот.

а) Оштетениот е субјект на кој му е нанесена штета на

неговиот имот или на неговата личност. Во својство на оштетен

може да се јави секое физичко лице (од раѓањето до смрт или

прогласување за умрен) и секое правно лице.

Оштетениот е субјект кој има право да бара надомест на штета.

Оштетен може да биде и човеков зачеток (nasciturus) доколку

се роди жив и човеколик, а доколку поради причинета штета не се

роди жив или се роди во нечовеколик облик, како оштетен се јавува

неговата мајка.

Правното лице може да се јави како оштетен од неговото

основање до неговиот престанок.

б) Штетник е субјектот кој ја причинил штетата, односно

што е одговорен за причинетата штета.

Штетник може да биде секое физичко и правно лице.

1. Физичко лице

Во принцип штета може да предизвика секое физичко лице. Во

правото свој легитимитет имаат само физичките лица што можат да

бидат одговорни за причинетата штета. Тоа значи дека секое

физичко лице може да причини штета, но одговорност за истата

можат да имаат само некои од нив.

Физичкото лице за да може во правниот однос да се јави како

штетник покрај правната треба да има и деликтна способност.

Деликтната способност е способност на физичкото лице да

може да одговара за причинетата штета. Нашето право

одговорноста на физичките лица ја има регулирано во Законот за

облигационите односи. Законот како штетници ги предвидува сите

оние што ќе му причинат штета на друг, доколку истите не докажат

дека штетата настанала без нивна вина, од што произлегува дека

секој што ќе причини штета може да биде штетник.

Но, едно е физичкото лице да биде штетник, а сосема друго тој 76

Page 78: Skripta Osnovi Na Pravo

да одговара за причинетата штета. Така Законот (член 147)

предвидува дека малолетник до наполнета седма година од неговиот

живот не одговара на штетата што ќе ја причини, малолетник од

наполнета седма година до наполнета четиринаесетта година не

одговара за штетата, освен ако се докаже дека при

причинувањето на штетата бил способен за расудување.

Малолетник со наполнети четиринаесет години одговара за штетата

според општите правила за одговорност за штета. Лицата со

наполнети 18 години по правило секогаш се деликтно способни.

Лицата кои поради душевна болест или заостанат умствен развој,

кои поради некои други причини не се способни за расудување, не

одговараат за причинетата штета. Меѓутоа, за овие лица постои

одговорност на други лица.

Како штетници можат да се јават и повеќе лица кои штетата ја

причиниле заедно. Тие лица одговараат солидарно. Со нив солидарно

одговараат и подбуцнувачот (поттикнувачот), помагачот и оној што

помогнал да не се откријат лицата што треба да одговараат за

причинетата штета. За причинетата штета солидарно одговараат и

лицата коишто независно дејствувале во причинувањето на штетата,

ако не можат да се утврдат нивните удели во причинувањето на

штетата.

2. Правното лице се здобива со деликтна способност со

неговото основање и запишување во соодветен регистар и е

одговорно за причинетата штета која ќе ја причини при

остварувањето на целите за кои тоа е основано.

3. Штетно дејствие

Штетното дејствие претставува секоја активност на

штетникот која се реализира со сторување или пропуштање

(несторување) кое ќе причини штета. Пример, такво дејствие

претставува удар на патничко возило во пешак (штета со сторување)

или необезбедување определен број на легла по договорот за алотман 77

Page 79: Skripta Osnovi Na Pravo

со кое туристичката агенција претрпела штета (пропуштање,

несторување).

За штетното дејствие да претставува и правен основ за

одговорност на штетникот треба да ги исполни условите на

противправност и директност.

а) Противправност на штетното дејствие - значи дека

истотото треба да е забрането со правна норма. Правната норма

што забранува може да биде од било која област, во која

нормативно се уредени општествените односи како што се

кривично - правната, стопанско - правната, управно - правната област

итн.

Со противправното дејствие може да се причини казнено -

правен деликт (кривично дело или прекршок), граѓански деликт

или истовремено и казнено - правен и граѓански деликт.

б) Директност на штетното дејствие

За штетното дејствие да претставува правен основ за

одговорност на штетникот за надоместување на штетата, покрај

досега елаборираната противправност потребно е да постои и

директност на дејствието.

Под директност на дејствието се подразбира дека со истото

може да му биде причинета штета само неспосредно на

оштетениот, а не на некое друго лице. На пример: некој во

сообраќајна незгода му причинува штета на автобус на друг и

поради тоа лицето Н.Н. со автобусот нема да изврши превоз на група

лица. Причинителот на сообраќајната незгода е одговорен само

за штетата на автобусот, а не и за штета од неисполнувањето на

договорот за превоз со автобусот

в) Исклучување на противправноста на штетното дејствие

Во определени случаи, некои околности ја исклучуваат

противправноста како облигаторен елемент на штетното дејствие со

што истото го прават неподобно да биде штетно дејствие, а со тоа и го

екскулпираат штетникот од одговорност за штетата. Тие околности

се: нужна одбрана, состојба на нужда, вршење на свои права,

дозволена самопомош и вршење на службената должност.78

Page 80: Skripta Osnovi Na Pravo

Нужна одбрана е онаа одбрана што е неопходно потребна

сторителот да одбие од себе или од друг истовремен

противправен напад. Доколку со дејствието на самоодбрана се

пречекори нужната потреба од самоодбрана, сторителот е должен да

ја надомести причинетата штета. Значи дека во дејствието

противправноста е исклучена само на нужниот дел на одбраната.

(Пример, на физички напад на субјектот му е дозволено да се брани

пропорционално со средствата и интензитетот на нападот).

Нужната одбрана е институт на кривичното, но и на

граѓанското право. И во кривична и во граѓанско - правна смисла, за

постоење нужна обрана како основ за исклучување на

противправноста, а со тоа и исклучување на кривична или

граѓанска одговорност потребно е одвивањето на дејствието

насочено кон причинување штета како казнен или граѓански деликт

да е истовремено со неговото преземање. Секое друго одбивање кое

е предвремено или после преземеното дејствие не претставува нужна

одбрана. Покрај тоа, нужната одбрана може да се заземе само на

недопуштено, противправно дејствие (пример, не е дозволено на

овластено дејствие на полиција и сл.). Одбраната од противправното

дејствие е нужна одбрана, било нападот да се одбива од себе или од

друг. Нужната одбрана произлегува од природното право на човекот

да се брани од противправни напади, како и правото да ги брани

другите.

Во таа смисла, Законот за облигационите односи (член 148)

предвидува дека - тој што во нужна одбрана ќе му причини штета на

напаѓачот не е должен да ја надомести, освен во случај на

пречекорување на нужната одбрана.

Состојба на нужда постои кога едно лице со цел да

отстрани од себе или од друг истовремена нескривена

опасност, што на друг начин не можела да се отстрани, ќе му

причини штета на друг, при тоа сторената штета да не е поголема

од штетата што му се заканувала (да е помала или најмногу

еднаква). Пример: кршење на врата од соседот на горниот спрат за да

се запре водоводната инсталација која предизвикува поплава.79

Page 81: Skripta Osnovi Na Pravo

Кај состојбата на нужда не станува збор за отстранување на

напад како кај нужната одбрана, туку станува збор за постоење на

опасност од штета, која опасност може да биде предизвикана од

човек, животно, предмет, природна сила итн.

Состојбата на нужда се разликува од нужната одбрана по тоа

што кај нужната одбрана постои судир помеѓу неправото и правото

(напад и одбрана или одбрана на друг), а кај состојбата на нужда

постои судир меѓу две права, а следствено на тоа и последиците од

тој судир се поинакви. Кај нужната одбрана лицето што дејствува во

нужна одбрана не е должно да му ја надомести штетата на

оштетениот, освен за дело на пречекорување на нужната одбрана, а

кај состојбата на нужда оштетениот може да бара надомест од

лицето што е виновно за настанување на опасноста од штета или од

лицето од кое е отстранета штетата, но од овие последниве не повеќе

од користа што ја имал од тоа.

4. Штета

Штетата, односно нејзиното постоење е основниот и појдовниот

основ за одговорност на штетникот за преземеното дејствие со кое е

причинета штета.

Штетата како облигационо - правна категорија е дефинирана со

Законот за облигационите односи како намалување на нечиј имот

(обична штета) и спречувањето на негово зголемување

(испуштена корист), како и повреда на личните права

(нематеријална штета).

Со други зборови, последиците од некое штетно,

противправно и директно дејствие се нарекуваат штета.

Според своите правни квалификации штетата значи повреда на

некое субјективно право или правен интерес. Штета може да биде

само онаа која правниот систем преку правните акти и правните

норми ја признава како таква низ видот и степенот на заштитеноста

на субјективните права и правните интереси (субјективно право - 80

Page 82: Skripta Osnovi Na Pravo

сопственост; правен интерес - убиено куче кое сопственикот мислел

да го носи на изложба и да добие награда).

Материјална (имотна) штета е онаа штета каде со

штетното дејствие се предизвикало намалување на нечиј имот

(обична штета) или се спречило негово зголемување

(испуштена корист). (Пример: кршење прозор - обична штета;

плодовите на пресечена јаболкница - испуштена корист).

Нематеријална штета е онаа штета која што настанала со

штетно дејствие со кое на некој субјект со повреда на неговите

лични права му е нанесена физичка или душевна болка или

страв.

Иако во основа штетата може да биде материјална и

нематеријална, од теоретско - практични причини натаму ќе стане

збор и за други видови на штета кои се јавуваат во рамките на

основните видови на материјална и на нематеријална штета.

Според критериумот време, штетата може да биде:

-сегашна (постоечка) штета, која е штета што веќе настанала

(претрпена телесна повреда);

-идна штета - штетата која со сигурност ќе настане во иднина

(болки од телесната повреда при промена на атмосферски услови);

-евентуална штета - која што може, но не мора во иднина да

настапи (евентуално натамошно влошување на здравствената

состојба од повредата).

Со оглед на начинот на настанувањето, штетата може да

биде:

-директна (непосредна) е онаа штета која е директна

последица на штетното дејствие (некој ги оштетил сопирачките

на автомобилот);

-индиректна (посредна) е онаа штета која е посредна

последица на штетното дејствие (од оштетените сопирачки на

автомобилот дојде до сообраќајна незгода);

-симултана е онаа штета кога со едно штетно дејствие се

предизвикува штета на повеќе оштетени субјекти, а секој субјект

се смета за посебна самостојна штета (фрлање бомба во толпа).81

Page 83: Skripta Osnovi Na Pravo

Според начинот на утврдувањето и докажувањето, штетата

може да биде :

-конкретна штета - кога нејзиното постоење и обем можат да

се утврдат со непосредни правно - релевантни докази (пример: штета

на автомобил во сообраќајна незгода = делови + фарбање + работна

рака);

-апстрактна штета - кога нејзиното постоење се претпоставува,

а нејзината висина се утврдува според однапред постоечки

критериуми или во паушален износ, во проценти и сл., а не од

случај до случај (пример: скршена чаша во ресторан, штета при

осигурувањето на патници во јавен превоз од последици на

несреќен случај - види чл.53-56 од Законот за осигурување).

Според предвидливоста на настапување на штетата,

штетата може да биде :

-предвидлива штета - кога во време на преземањето на

штетното дејствие нејзиното настапување било предвидено или не

било предвидено, но било предвидливо (пример: пука за да го убие; ја

испушта водата за да поплави или пука и треба да е свесен дека

некого може да убие; ја испушта водата и треба да знае дека вода во

толкави количини може да поплави);

-непредвидлива штета - со преземањето на штетното дејствие

не било предвидено или не можело да се предвиди дека ќе

настапи штета (пример: му се дава шеќер да му се подобри

состојбата, а тој бил дијабетичар и уште повеќе му се влошува

состојбата).

Според обемот, штетата може да биде:

-позитивна штета всушност обична штета која значи

фактичко намалување на имотот на оштетениот;

-негативна штета е штета која не се однесува на некое

фактичко намалување на постоечкиот имот на оштетениот, туку

на оневозможување, според редовниот тек на работите, на

очекувано постигнување на некоја материјална корист во полза на

оштетениот, која тој би ја постигнал да не бил спречен во тоа со

настанувањето на штетниот настан. Оваа штета законот ја нарекува 82

Page 84: Skripta Osnovi Na Pravo

испуштена корист. Всушност, станува збор за идна штета кој

веројатно би настанала.

-негативен договорен интерес - кога договорот не е

полноважен, па оштетениот според оној кој одговара за

неважноста има негативен договорен интерес, интерес на доверба.

Тој интерес е имотот што странката би можела да го има доколку

не бил склучен таков договор.

-супституирана штета - е онаа штета што некој ќе ја претрпи

отстранувајќи од друг опасност од штета, поради негово разумно

постапување (член 184 ст.З од Законот за облигационите односи).

Штети од радијација:

-соматска штета - штета од радиоактивно зрачење на човекот

нанесена на неговото тело и здравје и

-генетска штета - штета од радијација која човекот ја

пренесува на неговото потомство.

5. Причинска врска (каузалитет)

Причинската врска меѓу штетата и штетното дејствие (или

поточно меѓу штетното дејствие и штетата) е исто така услов за да

може да се зборува за постоење на облигационо - правен однос

настанат со причинување на штета. Тоа е взаемен и

непосреден однос меѓу штетното дејствие и штетата, однос меѓу

причината и последицата.

Која е причинската врска, каузалитетот помеѓу едно дејствие и

настанатата штета е сериозно правно прашање од чиј одговор зависи

судбината за постоењето на штетата, а особено одговорот за

одговорноста за причинетата штета (пример: се пука во човек и тој

умира - причина за смртта може да е дејството на зрното од

огнострелното оружје, но и инфаркт, мозочен удар и сл. или повеќе

причини заедно). Одговорот на таквото прашање може да го даде 83

Page 85: Skripta Osnovi Na Pravo

само егзактна наука и практиката за секоја штета земена

индивидуално и посебно.

И покрај постоењето на штетата, не може да се зборува за

одговорност за штетата се додека не се утврди причинската врска

меѓу штетното дејствие и штетата.

Причинската врска може да биде непосредна и посредна.

Причинската врска е непосредна кога штетното дејствие

директно, непосредно ја предизвикало штетата и штетата е

негова непосредна, директна последица (пример: удар со

тупаница во главата - последица е оток и хематом на лицето на

човекот).

Посредна причинска врска е онаа која посредно ја

предизвикала последицата (пример: со удар во главата

повредениот продолжил да вози, му се слошило и предизвикал

сообраќајна незгода како посредна последица).

Причинската врска за да доведе до одговорност на штетникот

во правна смисла, мора да е непрекината. Доколку истата прекине

штетникот не одговара за штетата што ќе настане по прекинот на

причинската врска.

6. Одговорност за причинета штета – видови

Воопшто, за да постои одговорност за причинета штета треба

да се исполнети претходно изнесените услови, а тоа беа: штетата да

е настаната, да постои оштетен, штетник, противправно и директно

штетно дејствие и каузалитет помеѓу противправното штетно дејствие

и штетата. Но, вака дадените претпоставки кои кумулативно треба

да се исполнат не се доволни за постоење на одговорност за

причинетата штета. Покрај нив, потребно е и постоење на вина кај

причинитeлот на штетата.

И покрај тоа што и во законот, а и повеќето правни

теоретичари вината ја ставаат како елемент само кај субјективната

одговорност, сметаме дека истата постои и кај сите други 84

Page 86: Skripta Osnovi Na Pravo

одговорности за причинета штета иако таа кај нив не е директно

изразена. На пример, кај одговорноста за друг вина постои врз

основа на должниот надзор над штетникот; одговорноста на

родителите за децата е врз основа на вина за недоволна родителска

грижа; одговорноста на работодавецот за штета што предизвикал

работникот во работата или во врска со работата се засновува врз

основа на врската работодавец - работник; кај одговорноста за штета

од опасен предмет (објективна одговорност) основа е причинската

врска меѓу опасниот предмет и неговиот имател итн.

Во врска со одговорноста за причинета штета постојат повеќе

видови на одговорност и тоа: одговорност по основ на вина

(субјективна одговорност); објективна одговорност; одговорност за

друг и други случаи за одговорност за причинета штета.

6.1. Субјективна одговорност

Субјективната одговорност за причинета штета се

заснова врз вината како психички однос помеѓу штетникот и

причинетата штета.

Законот за облигационите односи не го дефинира поимот на вина

како основ за одговорност на штетникот за штетно дејствие и

причинетата штета туку определува дека вина постои кога

штетникот причинил штета намерно или со невнимание. За да го

определиме поимот на вина мораме да се користиме со кривично -

правната наука и со кривичното законодавство и низ тоа да ги

објасниме намерата и невниманието како услови за одговорност за

причинета штета.

Услов за едно лице воопшто да биде одговорно е тоа да биде

пресметливо, што значи да е способно за вина. Согласно Кривичниот

законик, одговорен е сторителот кој е пресметлив и кој делото го

сторил со умисла или од небрежност. Лицата кои поради душевна

болест или заостанат умствен развој или од кои да е други причини не

се способни за расудување, не одговараат за штетата која ќе му ја

нанесат на друг. Тоа значи дека содржина на вината е намерата 85

Page 87: Skripta Osnovi Na Pravo

(умисла) и невниманието (небрежноста). Тоа се двата степени на

вина по основ на кои штетникот одговара за причинетата штета.

Штетата е причинета со намера кога штетникот бил свесен

за дејствието што го презема и го сакал неговото

извршување - односно сакал да настане штета, или кога бил

свесен дека поради неговото дејствие (со сторување или

несторување) може да настапи штетна последица и се

согласил со нејзиното настапување.

Намерата може да биде изразена со директна или со

евентуална умисла. Кај директната намера штетникот свесно го

презема дејствието и го сака настапувањето на штетата (пример:

сака да убие, пука и убива), а кај евентуалната намера штетникот

не го сака настанувањето на штетата иако е свесен дека неговото

дејствие може да предизвика штета и сепак се согласува со

нејзиното настапување (пука во темно иако знае дека таму може да

има луѓе и си вели, па добро може и да убијам некого).

Штетата е причинета со невнимание кога штетникот бил

свесен дека поради неговото дејствие може да настапи штета,

но лекомислено сметал дека ќе може да ја спречи или таа

нема да настапи, или кога не бил свесен дека неговото

дејствие може да предизвика штета иако според околностите

и според своите лични својства бил должен и можел да биде

свесен за таа можност.

Од тоа произлегува дека невниманието може да биде крајно и

обично. Крајно невнимание е непостапување според вниманието

кое се очекува од просечен човек (во складиште за нафта да се

влезе со запален факел), а обично невнимание е она кое се бара од

особено грижлив, посебно внимателен човек.

Во практиката често станува збор и за невнимание на стручно лице

како повисок степен на обичното невнимание. Невнимание на

стручно лице е невнимание поради кое е причинета штета поради

негово непостапување по правилата на струката. (пример: давање

на инјекција на лекар без да праша дали е алергичен на пеницилин,

преврзување на рана со нечиста газа и сл.). 86

Page 88: Skripta Osnovi Na Pravo

Поделена вина и одговорност

Доколку штетата е настаната како последица на вина и на

штетникот и на оштетениот, одговорноста за штетата се дели во

сразмерност на нивната вина. Ако нивната вина не може да се

утврди тие одговараат подеднакво за штетата.

Солидарна одговорност (одговорност на повеќе лица за

иста штета)

За штета што ја причиниле повеќе лица заедно, сите учесници

одговараат солидарно. Солидарно одговараат и лицата што ја

причиниле штетата работејќи независно едно од друго, ако не можат

да се утврдат нивните удели во причинетата штета. Исто така, кога е

несомнено дека штетата ја причинило некое од две или повеќе

определени лица кои на некој начин се меѓусебно поврзани, а не

може да се утврди кое од нив ја причинило штетата, тие одговараат

солидарно.

6.2. Одговорност за друг

За штета што ќе ја причини лице кое поради душевна

болест или заостанат умствен развој или поради некои други

причини не е способно за расудување, одговара оној кој врз

основа на закон или на одлука од надлежниот орган или на

договор е должен да врши надзор над него.

Одговорноста за штета што ја предизвикал друг е одговорност

на физичко или правно лице за штета што ја предизвикал друг по

основ на пропуштен надзор кој бил должен да го врши согласно

законот, одлука на орган или врз основа на договор.

Кај одговорноста за друг за причинета штета постојат следните

видови на одговорност:

- За душевно болни лица, лица со заостанат умствен развој и други

лица неспособни за расудување - лицата задолжени да вршат надзор

над нив. (Лицето што е должно да врши надзор може да се ослободи 87

Page 89: Skripta Osnovi Na Pravo

од одговорност ако докаже дека го вршел надзорот на кој бил обврзан

или дека штетата би настанала и при грижливо вршење на надзорот -

член 151 од Законот за облигациони односи);

- За децата до наполнети седум години - нивните родители (овде постои

објективна одговорност без оглед на нивната вина; тие не одговараат

ако детето му било доверено на друго лице во кое време настанала

штетата иако тоа лице е одговорно за штетата);

- За децата што наполниле седум години (до осумнаесет години)

одговараат родителите по принципот на претпоставена вина, освен ако

докажат дека штетата настанала без нивна вина;

- За малолетник под надзор на старател, училиште или друга установа -

старателот, училиштето, установата (освен ако докажат дека надзорот го

вршеле на начинот на кој се обврзани или дека штетата би настанала и

при грижливо вршење на надзорот);

- За малолетните лица кои не се под надзор на родителите, а причинат

штета како последица на лошо воспитување, лошите примери или

порочни навики што им ги дале родителите - одговараат родителите;

- За деликтно неспособно лице под надзор - по принципот на

справедливост, доколку располага со материјални средства ќе одговара

штетникот, ако штетата не може да се надомести од лицето што било

должно да го врши надзорот;

- За работник што ќе причини штета на трет во работата или во врска со

работата - одговара работодавецот кај кого работел работникот во време на

причинувањето на штетата;

- За органите на правните лица - одговараат правните лица;

Нашето право во докажувањето на вината на штетникот го прифаќа

начелото на претпоставена вина - тој што ќе му причини штета на

друг, должен е да ја надомести доколку не докаже дека штетата

настанала без негова вина.

6.3. Објективна одговорност

За штета причинета од предмети или дејности од кои

произлегува зголемена опасност од штета за околината, се 88

Page 90: Skripta Osnovi Na Pravo

одговара без оглед на вината.

Ваквата одговорност претставува објективна одговорност, каде

штетникот одговара без оглед дали постои негова вина или не, од

предмети или дејности од кои произлегува зголемена опасност за

штета за околината. Причинската врска меѓу штетата и предметите

или дејностите, каузалитетот на зголемената опасност се основ за

одговорност (моторни возила, превоз на експлозивни материи,

радиоактивни материи и сл.).

За штетата настаната од опасни предмети одговара имателот на

таквиот предмет, а за штетата од опасна дејност лицето што се

занимава со таквата дејност. Пример: возач на автомобил на кој ќе

му пукне гумата и поради тоа со возилото предизвика штета, иако

пукањето на гумата не може да му се препише во вина на возачот,

одговара за штетата што му е нанесена на друг по основ на

објективна одговорност, бидејќи возилото во движење претставува

опасност за околината. Ако пешакот одејќи по тротоар на кој има

снег наиде на место каде под снегот има мраз, се слизне и падне, а

при паѓањето го оштети излогот на некоја продавница, штетникот -

лицето што паднало и го скршило излогот нема да одговара за

причинетата штета бидејќи штетата настанала случајно и

сторителот не можел да претпостави дека под снегот има мраз.

6.4. Посебни случаи на одговорност

Законот за облигационите односи предвидува и посебни случаи

на одговорност за причинета штета и тоа:

а) Државата одговара за причинета штета настаната од смрт,

телесна повреда или оштетување, уништување на имотот на физичко

или правно лице - поради акти на насилство или терор, јавни

демонстрации и манифестации според принципот на објективна

одговорност;

- Државата, односно органите на локалната самоуправа

одговараат за штета настаната од некое дело на корупција

сторено од државните службеници при вршење на нивните функции;89

Page 91: Skripta Osnovi Na Pravo

- Државата одговара за штета настаната од некое насилно

казниво дело, ако сторителот е непознат или е познат, но нема

средства за живот;

- Државата одговара за штета направена на правни и физички лица

на нејзината територија, од лица ангажирани во меѓународни воени

или други организации со кои таа склучила договор.

б) Организаторот на приредби (во затворен или на отворен

простор) одговара за штетата настаната од смрт или телесна

повреда што некој ќе ја претрпи поради вонредни околности што

можат да настанат во такви прилики, како што е бранување на

маситe, општи нереди сл. Тука станува збор само за штета настаната

од смрт или телесна повреда која може да биде материјална или

нематеријална. Одговорно лице може да биде физичко или правно

лице кое било организатор на спортски, музички, културни, верски

и други собирања. Оштетен може да биде гледач, учесник, изведувач

итн.

в) За штета настаната поради недавање на неопходна помош

одговара оној што без опасност за себе нема да му даде помош на

лице чиј живот или здравје се очигледно загрозени, ако според

околностите на случајот морал да ја предвиди таа штета. Тоа е

всушност граѓанско - правна одговорност покрај кривичната

oдговорност што е предвидена за вакви пасивни дејствија.

г) За штетата причинета со несклучување на договор – одговара

лицето кое според законот е обврзано да склучи договор како

граѓанско - правна санкција. (Пример: превозникот мора да прими

(да склучи договор) за превоз со секое лице и предмет што ги

исполнува условите за превоз; да склучи договор за осигурување

кога е во прашање задолжително осигурување и сл.).

д) Комуналните претпријатија од јавен интерес - одговараат за

штетата ако без оправдана причина ја запрат или нередовно ја

вршат својата услуга (снабдување со вода; парно греење; електрична

енергија и сл.-член 173 од Законот за облигациони односи).

90

Page 92: Skripta Osnovi Na Pravo

7. Надомест на штета

Од кога ќе се утврди одговорност на субјектот за причинетата

штета се пристапува кон определувањето на надоместот на штетата.

Основното правило за надоместот на штетата произлегува од Законот

за облигационите односи кое пропишува дека: тој што ќе му причини

штета на друг должен е да ја надомести.

Под надомест на штета се подразбира отстранување на

штетата, надомест на истата или ублажување на оние

штетни последици кои настанале поради определено штетно

дејствие.

Надоместот на штетата следи поради фактот што со штетното

дејствие и со штетата, оштетениот е ставен во понеповолна положба

која е изразена во неговиот имот или на неговото физичко или

психичко здравје (намалување на имотот или спречување на негово

зголемување, односно смрт, телесна повреда, нарушување на

психичко здравје на човекот).

Надоместот на штетата може да биде:

1. со воспоставување на поранешната состојба;

2. со надомест во пари и

3. со давање, задоволување или сатисфакција.

Правниот институт надомест на штета има за цел да оствари

две основни функции: обештетување на оштетениот и отстранување

на последиците од штетата од една страна и превентивно дејство на

сите евентуални идни штетници да се воздржуваат од причинување на

штета.

Законот за облигационите односи предвидува два видови надомест

на штета:

- надомест на материјална штета и

- надомест на нематеријална штета.

7.1. Надомест на материјална штета

Материјалната штета може да биде намалувањето на имотот -

обична штета (damnum emergens) и спречено зголемување на имотот 91

Page 93: Skripta Osnovi Na Pravo

- испуштена корист (lucrum cesens).

До надомест на материјална штета доаѓа кога со штетно

дејствие за кое се одговара е причинета штета на материјално

добро и кога таквата штета е последица на причинување на смрт,

телесна повреда и оштетување на здравјето.

Законот за облигационите односи предвидува дека одговорното

лице е должно да ја воспостави состојбата што била пред да настане

штетата. Кога воспоставувањето на поранешната состојба не е

можно, или кога судот смета дека не е нужно тоа да го стори

одговорното лице, судот ќе определи тоа да му исплати на

оштетениот соодветна сума пари на име надомест на штетата.

Воспоставувањето на поранешната состојба како основен вид на

надомест на материјалната штета се состои во: воспоставување на

состојба што постоела пред настапувањето на штетата (враќање на

одземениот предмет; плаќање изгубена добивка; поправка на

оштетениот предмет; надомест на штетата со давање предмети од ист

вид, количина и квалитет итн). На кој начин ќе биде воспоставена

поранешната состојба ќе зависи од барањето на оштетениот, видот

на оштетената ствар (потрошна, непотрошна, заменлива,

незаменлива) и сл.

Надоместот на штетата во пари се врши со еднократно давање

на определен износ на пари. Во случај на смрт, телесна повреда или

оштетување на здравјето на оштетениот, надоместот по правило

се определува во форма на парична рента, доживотно или за

определено време.

По правило надоместот на материјалната штета треба да

изнесува онолку колку што е потребно материјалната ситуација на

оштетениот да се доведе во онаа состојба која била пред дејството на

штетното дејствие (целосен надомест). Но, судот може, ако

штетникот штетата ја предизвикал без намера или без крајно

невнимание, неговата имотна состојба е слаба и целосната исплата

на штетата би го довела до скудност, или штетата ја предизвикал

работејќи нешто во корист на оштетениот, да го задолжи

одговорното лице да исплати помал надомест (намален надомест).92

Page 94: Skripta Osnovi Na Pravo

Обврската за надомест на материјална штета се смета за

стасана во моментот на настанувањето на штетата.

Обемот на надоместот на материјалната штета се состои во

надомест на обичната штета и изгубената добивка според цените

што важеле во времето на донесувањето на судската одлука,

доколку со закон не е утврдено нешто друго.

Под време на донесување на судската одлука се подразбира

еден пократок временски период од денот на утврдување на

штетата (вештачењето) до денот на донесувањето на судската

одлука.

Материјалната штета може да биде и определена со закон

(пример: осигурени суми за последици од несреќен случај на

патниците во јавен превоз).

Ако штетата е причинета со кривично дело сторено со умисла

судот може да определи висина на надомест на материјална штета

според вредноста на предметот што ја имал за оштетениот -

афекциона вредност (што значи поголема од пазарната во која е

инкорпорирана и материјалната и нематеријалната вредност).

Висината на испуштената корист се утврдува според

околностите што упатуваат на тоа дали се очекувала таква корист и

во која висина. Испуштената корист му припаѓа на оштетениот ако е

таа последица на штетното дејствие и кога оштетениот имал

намера таква корист да оствари (пример: оштетен автомобил за

лична употреба - следува надомест за обична штета; оштетен такси

автомобил - следува надомест за обична штета и испуштена корист).

Законот за облигационите односи посебно го определува

надоместот на материјална штета во случај на смрт, телесна повреда

и оштетување на здравјето на човекот, како посебни видови на

материјална штета. Согласно законот:

- Штетникот што ќе причини нечија смрт е должен да ги надомести

вообичаените трошоци за неговиот погреб, како и да ги надомести

трошоците за неговото лекување од добиените повреди и други

потребни трошоци во врска со лекувањето, како и заработката

загубена поради неспособноста за работа (покрај другата 93

Page 95: Skripta Osnovi Na Pravo

материјална и нематеријална штета);

- Лицето што загинатиот го издржувал или редовно го помагал

како и лицето кое според законот имало право да бара издржување

од загинатиот има право да бара надомест на штета од

штетникот во парична рента;

- При нанесена телесна повреда или нарушување на здравјето,

оштетениот има право на надомест на трошоците околу лекувањето

и другите потребни трошоци во врска со тоа, како и на заработката

загубена поради неспособноста за работа за време на лекувањето;

- Ако повредениот поради целосна или делумна неспособност за

работа ја загуби заработката или потребите му се трајно зголемени,

или можностите за негово натамошно развивање и напредување се

уништени или намалени одговорното лице е должно да му плаќа на

повредениот определена парична рента, како надомест за таа штета.

7.2. Надомест на материјална штета во случај на повреда на

личните права

Материјална штета може да настане и со повреда на личните

права. Дејствијата со кои може да се причини ваквата штета

претставуваат кривични дела и тоа:

навреда -како повреда на честа и угледот и

клевета - како изнесување и ширење на невистинити наводи.

Повредата на честа на личноста може да се стори со усна или

писмена изјава или со однесување на гест на омаловажување.

Ширењето на невистинити наводи се состои во изнесување или

пренесување невистинити наводи за минатото, за знаењето, за

способноста или нешто друго, но само ако сторителот знаел или би

морал да знае дека таквите наводи се невистинити.

За вака причинетата штета одговара штетникот и е должен да

ја надомести истата.

7.3. Надомест на нематеријална штета

Нематеријалната штета се состои во повреда на

нематеријалните човекови добра - преку нанесување физичка или 94

Page 96: Skripta Osnovi Na Pravo

душевна болка; нагрденост; повреда на угледот, честа, слободите и

правата; смрт на близок; страв и сл.

Надоместувањето на нематеријалната штета може да

биде нематеријално и парично.

Нематеријално надоместување на нематеријалната штета

се состои во отстранувањето на последиците што се предизвикани со

нематеријална штета по пат на објавување на пресудата, односно

исправка, наредба штетникот да ја повлече изјавата со која е

сторена повредата или нешто друго со кое може да се оствари целта

во отстранувањето на последиците. Тоа е т.в. морално задоволување.

Паричното надоместување на нематеријалната штета се

состои во исплата на справедлив паричен надомест, независно од

надоместот на материјалната штета, како и во отсуство на таква

штета. Висината на штетата ја определува судот по спроведена

постапка (за претрпена физичка болка, за претрпена душевна

болка; за претрпен страв итн.). Судот може на барање на

оштетениот да досуди надомест и за идна нематеријална штета, ако

утврди дека таа ќе трае и во иднина (пример душевни болки поради

трајна нагрденост).

95

Page 97: Skripta Osnovi Na Pravo

ВТОР ДЕЛ

ДРЖАВА

I. ОДНОС НА ДРЖАВАТА И ПРАВОТО

Едно од најесенцијалните прашања на правната наука

претставува определувањето на односот помеѓу државата и

правото. За него постојат многу разновидни мислења, но истите

главно се сведуваат на: меѓусебната зависност на државата и

правото; супремацијата на правото над државата, односно на

државата над правото; нивно единство; меѓусебната поврзаност итн.

Независноста на државата од правото, односно независноста

на правото од државата разни теоретичари ја истакнуваат на

различен начин. Според едни (Савињи; Хуго; Пухта), правото е

независно од државата бидејќи настанува независно од неа. Според

нив, правото е динамична, спонтана и слободна креација на

народниот дух, додека државата е вештачка творба и нема

влијание во создавањето на правото. Тие тврдат дека прво

настанало правото (т.в. древно или примитивно право), а дури

подоцна државата со своето право (Ерлих; Диги). Други етатистички

теории ја истакнуваат независноста на државата од правото, 96

Page 98: Skripta Osnovi Na Pravo

надмоќноста на државата над правото, истакнувајќи дека државата

е потполн, целосен и единствен создавач на правото (Хегел).

Застапниците на мислењето дека државата и правото не се

независни едно од друго, дека меѓу нив постои определена врска која

се состои во супремацијата на државата над правото, сметаат

дека државата е примарна, а правото секундарно, дека државата

настанала пред правото и поради тоа има првенство над него (Дел

Векио; Вени).

Оние пак, што го застапуваат стојалиштето дека постои врска

меѓу државата и правото сметаат дека правото е во супремација

спрема државата, дека правото настанало независно од државата и

постои независно од неа. За да постои правото доволно е да постои

општество.

Државата е врзана за правото и нему му е потчинета. Поради

тоа, народот има право на бунт против државата која го гази (не го

почитува) правото.

Стојалиштето за единственоста на државата и правото го

застапува мислењето дека правото и државата се едно исто, "дека се

тоа две страни на една иста ствар" и дека тие се "суштествено

поврзани" (Гирке); дека тоа се "два модалитети на иста супстанца"

(Радбрух), дека државата од правото не е одвоена "ниту по поим

ниту по време".

Претставниците на стојалиштето за меѓусебната поврзаност на

државата и правото тврдат дека државата и правото се различни,

но поврзани појави. Тие од првиот момент на човечкиот културен

живот стапуваат во врска и се меѓусебно поврзани и остануваат

неразрешливо споени за иднината, ниту една од нив не станува

поважна сила од другата (Шинт).

Без разлика на различните стојалишта за односот на државата

и правото, нивната супремација едно над друго, времето на

настанувањето итн., нашето мислење е дека определени констатации

за односот на државата и правото не можат да се избегнат.

- Каде што има општество (држава) таму има и право, нема

право без општество; правен поредок не може да опстои надвор од 97

Page 99: Skripta Osnovi Na Pravo

државата.

Со оглед дека правото е збир на правила на кои државата им

дава сила на задолжителност, правото не може да постои без

државата ниту државата без правото. Правото не може да постои

без државата, бидејќи правилата кои би постоеле без државата ќе

бидат лишени од силата на задолжителност, па без тоа не би билe

право. Од друга страна државата без правото би била држава која

нема волја, која ништо не наредува, која не поставува никакви

правила. Затоа сосема е беспредметно прашањето кој порано

настанал државата или правото, бидејќи правото и државата се

толку нераскинливо поврзани едно за друго, што можеле да

настанат само истовремено;

-Државата не настанува пред правото, ниту може да постои

без правото. И обратно, правото не настанува пред државата

ниту може да постои без неа. Државата и правото се две тесно

поврзани појави. Тие настануваат, постојат и престануваат заедно,

не можејќи да постојат едно без друго;

- Државата не може да постои без правото, бидејќи таа е правна

организација. Од друга страна правото се заснова на силата на државата,

без која никако не може да се остварува, бидејќи државата е средство за

остварување на правото;

- Државата и правото се во двоен однос. Од една страна државата

влијае на правото, таа го создава, а од друга страна правото влијае на

државата. Тие не можат да постојат едно без друго и затоа се

рамноправни, нераздвојни чинители.

II. КОНСТИТУТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ДРЖАВАТА

Во правната наука постојат различни мислења за тоа, кои се

елементи треба да постојат за да постои една држава. При тоа,

разидувањето започнува уште од самиот термин за определувањето

на елементите без кои не може да стане збор за постоење на држава. 98

Page 100: Skripta Osnovi Na Pravo

Така, тие елементи некои ги нарекуваат белези, обележја,

особености, карактеристики, конститутивни елементи итн.

Натамошните разидувања се однесуваат на бројот и значењето на

тие обележја. Некои сметаат дека се потребни три, некои осум

(Аристотел), седум (Блунчли) итн.

Ние сметаме дека станува збор за конститутивни елементи

бидејќи тој термин најсодржајно упатува на елементите без кои не

може да постои една држава. Според нас тоа се конститутивните

елементи: територија, население, власт и име.

Иако постои спор и околу тоа која е важноста на секој

конститутивен елемент посебно, сметаме дека историскиот редослед

е најлогичен, а важноста на елементите е истоветна. Историскиот

редослед логично се наметнува, бидејќи првенствено постоела

територија на која настанал народ (население) над кого подоцна се

воспоставила власт и која се нарекла со соодветно име.

Истоветноста на важноста на конститутивните елементи на

државата произлегува од фактот што и колку некои од елементите

да ја истакнуваат својата супремација, неможноста да опстои без

другите го чини рамноправен со нив.

1.Територија

Уште Енгелс констатирал дека државата се организира на

одредена територија и дека нејзината власт се врши во определени

територијални граници.

Државата е територијална заедница која врши власт над

населението на определена територија. Постојат и други

заедници од персонален карактер како што е семејната, верската,

политичката и други, но за разлика од државната заедница нив не ги

врзува територијалниот принцип. Припадниците на овие персонални

заедници можат да живеат на сосем различни територии и да ја

сочинуваат таа заедница, што кај државата тоа не е случај.99

Page 101: Skripta Osnovi Na Pravo

Територијата на државата се определува со нејзините

граници, а таа територија е составена од копнен, воден и

воздушен дел, односно простор.

Копнениот дел како територија на државата го опфаќа целото

копнено суво земјиште заедно со водните ресурси во него до центарот

на земјината топка.

Водената површина на територијата на државата ги опфаќа

водените површини до границата со соседните држави и дел од

морската површина наречена обално море кое што изнесува

определена должина наутички милји.

Во територијата на една држава припаѓа и воздушниот и

безвоздушниот простор, неограничено во вертикален столб над

копнената и водената површина на територијата на државата.

Врз принципот на територијалност ("територијален принцип")

државата го остварува суверенитетот над населението кое живее на

нејзината територија. Но, од тој принцип постојат и исклучоци како

во однос на територијата, така и во однос на населението.

Територијата на државата на која се наоѓаат дипломатските и

конзуларните претставништва на друга држава, според

меѓународниот принцип на екстериторијалност се смета за територија

на земјата чие е дипломатското, односно конзуларното

претставништво.

Исто така државата не може да ја остварува својата власт над

определен број на лица утврдени со меѓународни конвенции како

што се дипломатските и конзуларните претставници, односно со

определени ограничувања и над лицата без државјанства.

Но, за нивното непочитување на правните норми што ги

воспоставила државата, таа може да ги прогласи за непожелни

личности (регѕоna non grata) и да ги протера од сопствената

територија засекогаш или на определен период.

2. Население

100

Page 102: Skripta Osnovi Na Pravo

Населението е друг конститутивен елемент на државата, како

природна претпоставка. Припадноста на населението на една држава

се определува со државјанството како правна врска меѓу

населението и државата. Покрај државјанството и домицилот исто

така во многу случаи (како територијална врска со државата) ја

определува врската меѓу државата и домицилираните лица.

Населението на една држава го сочинуваат државјани

на таа држава, странци и дипломатски претставници.

Државјани на една држава се лицата што имаат државјанство на

таа држава. Државјанството претставува правна врска на

граѓанинот (како поединец во населението), односно збир на правни

односи меѓу државата и нејзиниот државјанин. Тоа е припадност на

еден член на конкретна држава.

Збирот на правните односи меѓу државата и државјанинот

опфаќа правно нормирани права и обврски на двете страни. Како

основни обврски на државата особено се издвојуваат: обезбедување

на ред и поредок, безбедност, социјални услови, биолошки и социјален

опстанок на нивото на развој на таа држава, а обврска на

државјанинот е: да ги почитува нормите на правниот поредок на таа

држава. На денешниот степен на развој на општеството државата е

единствена организација која на човекот може да му гарантира

стабилност, безбедност и опстојување, токму поради што секој човек

е заинтересиран да биде државјанин на одредена држава.

Статусот на државјанин со свој акт го определува секоја држава.

Според Законот за државјанство на Република Македонија

државјанство се стекнува со: потекло, раѓање на територијата на

Република Македонија, природување и меѓународни договори.

Државјанството е трајна врска меѓу државата и

државјанинот. Со закон е точно предвидено кога може да дојде до

губење или отпуст од државјанството.

Според тоа како е регулиран статусот на државјанството, во

различни правни системи постојат лица со едно државјанство, со две

државјанства (бипатриди), со повеќе државјанства (полипатриди) и

лица без државјанство (апатриди).101

Page 103: Skripta Osnovi Na Pravo

Странците се лица без државјанство на територијата на

државата во која живеат, без разлика дали имаат или немаат друго

државјанство. Нивната врска со државата е домицилна,

територијална. Државата кон ова население ја спроведува својата

власт со целосно исполнување на нејзините обврски, но со

ограничени права спрема нив (пример, неможност за одење војска,

неможност за користење избирачко право итн.).

Дипломатските претставници се лица кои согласно меѓународно

- правни акти уживаат дипломатски статус на територијата на

државата и се дел од населението на таа држава. Тука спаѓаат

дипломатските и конзуларните претставници, членови на

меѓународни организации, агенции и сл. Овие лица, секоја групација

посебно, уживаат определен имунитет и повластувања и државата над

нив нема никаква власт, освен што тие имаат определена одговорност

по соодветни прописи (кривична, имотна итн.).

3.Власт

Трет конститутивен елемент на државата претставува

државната власт.

Под власт се подразбира наметнување на волјата на оние

што се на власт во државата преку државниот апарат над

населението на целата територија на државата, со цел за

нејзино спроведување под запретена принуда. Тој однос меѓу

субјектот - држава кој наредува и другите субјекти кои извршуваат се

остварува доброволно или под сила на принуда.

Во државата постојат повеќе видови на власт во: семејството,

трговските друштва, политичките партии, спортски друштва итн., но

истите или не располагаат со сила на принуда или иако располагаат

со принуда во крајна инстанца државната власт е таа што треба да ја

реализира таа нивна принуда.

Државата својата власт ја реализира преку правниот поредок

кого го спроведуваат државните органи. Таа својата власт ја 102

Page 104: Skripta Osnovi Na Pravo

реализира превентивно и репресивно.

Превентивно со постоење на самите правни норми кои го

нормираат определеното однесување и санкциите за непочитување

на истото, со воспитни, морални и други средства.

Репресивната улога ја остварува со примена на санкциите

предвидени кон правните норми.

Власта изразена преку примена на правото од граѓаните може

да се почитува преку согласност на субјектите со правните норми и

усогласеност на нивното поведение со истите или од страв од примена

на санкција.

Државната власт ги има следните особености:

1. Таа е највисока власт на државната територија -

супрематија на власта;

2. Таа е суверена - неограничена во дејствувањето

3. Таа се врши со присилба над субјектите.

Под супрематија или супремација на државната власт се

подразбира дека таа е највисока власт во државата и секоја друга

власт е под нејзин врховен надзор. Таа е врховна власт и ниту една

друга не е ниту со неа ниту над неа. Државата својата супрематија ја

остварува преку државните органи.

Сувереноста, неограниченоста на државната власт значи дека

таа може да донесува неограничен број на одлуки изразени во правни

норми на целата нејзина територија и за севкупното население,

независна од било кого од надвор и од внатре.

Присилбата како особеност на власта значи дека

непочитувањето на власта изразена преку правните норми ќе се

санкционира низ определен вид на присилба и санкции.

Нормално дека ваквата власт со изнесените елементи не е

апсолутно неограничена. Од една страна светската јавност, односно

нејзините институции и разни меѓународни организации се повеќе

и повеќе реагираат и соодветно интервенираат доколку власта и

нејзиното практикување не е во согласност со интересите на

граѓаните и општо усвоените норми на меѓународната заедница. Од

друга страна граѓаните не можат по секоја цена и недогледно да ја 103

Page 105: Skripta Osnovi Na Pravo

толерираат власта која не ги остварува барем нивните елементарни

цели и интереси.

4. Име на државата

Како и секој субјект во остварувањето на своите права и

интереси што настапува со своето име и субјективитет, така и

државата во сите правни односи мора да се легитимира со своето име.

Токму затоа, иако малку правни и политички теоретичари го

истакнуваат овој конститутивен елемент, сметаме дека името на

државата е нејзин конститутивен елемент без кој таа не може да

постои.

III. ОБЛИК НА ДРЖАВАТА

1. Поим

Секоја држава е составена од различни државни органи кои се

наоѓаат во меѓусебно различни односи, како и во различни односи

спрема народот. Вкупноста и видот на тие односи го чинат

државниот облик, бидејќи државата само преку обликот може да го

реализира и оствари својот карактер и содржина. Поради тоа

обликот на државата е начин на кој државата е организирана,

односно обликот на државата е составот и врските на нејзините

органи, како меѓу себе така и со народот.

Постојат следните видови на облици на државата:

1. Монархија и република;

2. Демократија и автократија;

3. Едноставни и сложени држави и

4. Држави со систем на единство на власта и држави со систем на поделба на 104

Page 106: Skripta Osnovi Na Pravo

власт.

2. Облици на владеење

Обликот на владеењето зависи од организацијата на шефот на

државата (државен поглавар). Тој може да биде индивидуален

(инокосен) или колективен орган. Како индивидуален орган на

владеење се јавува монархот и претседателот, а колективниот шеф на

државата е составен од повеќе лица (пр: претседателство).

2.1. Монархија

Монархија е облик на владеење во која поглавар (шеф) на

државата е монарх. Монархот е лице со неограничени привилегии

кој својата положба ја задржува доживотно и чија функција е

наследна.

Битна карактеристика на монархот како шеф на државата е

неговата непотчинетост на правните прописи, тој е над нив и не

е одговорен за ниту една негова постапка. Вообичаено за него не се

пропишани правни норми, но и кога такви постојат во истите не се

предвидени санкции, односно не можат да му се изречат за неговото

спротивно однесување на истите (крал, цар, кнез). Но, de facto иако

на монархот не можат да му се изречат санкции бидејќи тој

вообичаено е шеф на административниот апарат, врховен командант

на војската, ја претставува државата пред сите надворешни субјекти,

помилува итн., тој понесува морална, општествена одговорност. Не се

ретки случаите за несоодветно однесување тој да биде сменет, симнат

од престолот, а и физички ликвидиран.

Според правната положба на монархот ја правиме следната

поделба на видовите на монархии во зависност од тоа дали тој како

монарх истовремено е и врховен државен орган или е само шеф на

државата на:105

Page 107: Skripta Osnovi Na Pravo

- неограничена монархија

- ограничена монархија.

Неограничена (апсолутна) монархија е онаа во која монархот

има неограничена власт, во него е сконцентрирана и уставотворната

и законодавната власт.

Во досегашната историја постојат два видови на неограничена

монархија:

1. неограничена апсолутна монархија, во која севкупната власт,

сите нејзини видови се сконцентрирани во монархот (период на

феудализмот) и

2. ограничена монархија, во која на монархот му е оставена

привилегијата на неодговорност, а власта е пренесена на други

органи (денешни модерни, современи монархии).

Ограничената монархија се јавува во два видови и тоа: уставна

монархија и парламентарна монархија.

Уставната монархија е онаа монархија каде уставот го

донесува некој друг орган со кој меѓу другото се уредуваат и правата

и обврските на монархот со што се ограничува неговата власт.

Парламентарната монархија е повисок степен на ограничена

монархија. Во овој систем обично највисока власт е парламентот или

парламентот во заедница со монархот. Во првиот случај, парламентот

ја има законодавната власт, а во вториот неговите закони подлежат

на усвојување или вето на монархот.

2.2. Република

Република е облик на владеење во која шеф на државата

е претседател. Тоа е личност, спротивно на монархот без лични

привилегии со политичка и кривична одговорност.

Претседателот на републиката се избира и неговиот мандат

трае определено време со можност или забрана за повторен избор

и со критериуми за избор.

Начинот на избор на претседателот е: со непосреден избор на

народот (т.в. американски модел) и со избор од страна на

парламентот (т.в. европски модел).106

Page 108: Skripta Osnovi Na Pravo

Власта на претседателот, неговите права, обврски,

надлежности се уредуваат со Уставот или со друг пропис.

Според власта на претседателот, постојат следните видови

на републики:

- републики со ограничена и неограничена власт на

претседателот и

- републики со индивидуален и колективен претседател.

Република со ограничена власт на претседателот е онаа во

која претседателот не е истовремено и суверен орган, а република

со неограничена власт е онаа во која претседателот е и суверен орган

на публиката.

Индивидуален претседател на републиката е кога функцијата

претседател ја врши едно лице, а колективен кога ја вршат повеќе

лица.

IV. ОБЛИЦИ НА ПОЛИТИЧКИ ПОРЕДОК

Облиците на политичкиот поредок се определуваат спрема

политичкиот носител на суверената државна власт. Тој носител може

да биде мнозинството или малцинството на народот.

Политичкиот поредок во кој државната власт му припаѓа

на мнозинството на народот, во која тоа мнозинство ги бира

носителите на државната власт, врши контрола над нивната

работа и поставува прашање на нивната одговорност за

незаконита или нецелисходна работа се вика демократија. 107

Page 109: Skripta Osnovi Na Pravo

И обратно, ако државната власт му припаѓа на

малцинството од народот, ако носителите на таа власт не го

добиваат правото на власт од волјата на мнозинството од

народот, ниту подлежат на контрола и одговорност пред

мнозинството на народот, таквиот политички поредок се вика

автократија.

И за двата облици на политички поредок чија содржина се

остварува во тоа кој владее, чија е власта, постојат различни

мислења. Нормално дека целта и тежиштето се сведува кој, колку и

како владее и во тоа владеење да се вклучени што поголем број на

граѓани во една држава. Нормално, најдобро би било кога сите би

владееле, управувале (пр. атинска демократија).

Иако историјата познава и такви примери, во државата е скоро

неможно сите луѓе, целиот народ, непосредно, сам да ја врши власта

(демократија на идентитет). Нешто најблиску до тоа е непосредната

демократија која денес е најпрактикуван облик. Но сето тоа

повторно се сведува не на владеење на народот, туку владеење на

малцинството над мнозинството. Но, како што вели Мириќ,

"потполна" демократија не е возможна. Но, тоа не е причина да не се

обидуваме да се оствари "оптимално" можна демократија во дадени

услови. Бидејќи сигурно дека демократијата не е најдобра форма на

владеење, туку е најдобра можна форма на владеење. Таа е можност

од која народот не смее да се откаже, ако не сака други да му

ставаат самар и да го шибаат со мамузи.

1. Демократија

Демократија во својата етимолошка и суштествена смисла значи

владеење на народот. Како што, претходно истакнавме таа

никогаш досега не е исполнета во своето вистинско значење, ниту тоа 108

Page 110: Skripta Osnovi Na Pravo

практично е можно. Единствено таа во свој "највисок" стадиум се

практикува како посредна демократија во која избрани претставници

владеат во име на народот, при што треба барем да ги остваруваат

интересите на мнозинството на народот како конститутивен дел на

државата.

Денешниот степен на сфаќањето на демократијата е сведен на

владеење на избраници на народот во претставничките тела на

државата - парламентот и владата - како владеење на народот преку

посредници.

Демократијата претпоставува исполнување на определени

услови, односно постоење на определени неопходни елементи. Без

нив нема демократија. Тие услови, односно елементи се:

1. политичка свест на граѓаните и развиена политичка култура;

2. (барем) минимално ниво на животен стандард на граѓаните;

3. основни демократски правила и процедури (постапки),

посебно основни слободи и права на човекот и граѓанинот;

4. уставни гаранции и процедурални гаранции за остварување

на основните човекови слободи и права и

5. народна сувереност и владеење на правото (правна држава).

Нормално, сите овие елементи треба да дејствуваат во заедница

и компатибилно.

Политички свесен народ со развиена политичка култура е

основен услов на демократијата. Тоа се стекнува и "не може да му се

подари ниту на поединецот, ниту на народот". Нивното сфаќање на

политичкиот систем, нивните обврски и права, сфаќањето на

различност во мислењето до усогласување, избор на вистински

претставници на чувството за "казнување" за нивната

"непослушност", се темели врз политичката свест и култура. За жал,

најчесто, неа ја "формираат" политичките елити преку средствата за

информирање, популистички методи и сл.

Без соодветен животен стандард не може да се мисли слободно

и да се донесуваат рационални одлуки. Празниот стомак не може

"да мисли"- вели народната мудрост. Според едно истражување, само

во земјите во кои покрај исполнетите други услови во кои доходот по 109

Page 111: Skripta Osnovi Na Pravo

глава на жител е над 4.000 $ може да егзистира и опстане

демократијата. Во земјите богати со нафта и покрај тоа што е

исполнет овој услов, демократијата не е остварена поради

непостоење или нефункционирање на другите претходно спомнати

услови.

Воспоставување основни демократски слободи и права на

човекот и гарантирани постапки за нивно остварување се елементи

на демократијата. Тоа значи воспоставување демократски

институции кои ќе ги вршат своите надлежности согласно

прописите, непостоење корупција, непотизам, привилегии и сл.

Особено е значајно спроведување демократски избори низ кои ќе

доминира процедурата и волјата на народот. Основните човекови

слободи и права и нивното остварување е исто така конститутивен

елемент на демократијата. Тоа се гарантира со почитување на

уставноста и законитоста - владеење на правото; поделба на власта и

нивна меѓусебна независност, особено независно судство; јавност на

работата на сите органи; одговорност; надзор - со еден збор целосно

функционирање на правната држава.

Ако изведеме повторен заклучок дека демократијата е

владеење на народот преку свои претставници сепак, таа би била

само "мала" дефиниција на демократијата. Владеењето на избраните

претставници како демократија "за и во име на народот" е

недоволно ако во него не учествуваат и оние што не се на власт,

вонпарламентарната опозиција и други невладини организации,

експерти, интелигенцијата и сл. Тоа од причини што избраните

претставници скоро никогаш не се претставници на целиот народ и

не ги претставуваат интересите на целиот народ.

Постојат повеќе видови демократија. Ние натаму ќе се

задржиме на нејзините основни видови и облици, а тоа се

политичката и социјалната демократија.

Политичка демократија е онаа демократија која во себе ги

опфаќа политичките слободи и права. Таа може да се оствари само

во добро организирана правна држава. Но, ако во таа правна

држава се остваруваат политичките слободи и права, демократијата 110

Page 112: Skripta Osnovi Na Pravo

не постои ако народот се однесува пасивно туку само со учество на

сите субјекти во демократијата таа може да се одржи во живот -

вели Кауфман.

Социјална демократија е демократија во која се остваруваат

социјалните и економските права (основен минимум на материјални

средства). Таа се остварува така што и поединецот и државата се

одговорни за социјалната сигурност на поединецот и семејството.

Поединецот е должен да работи согласно своите можности, а

државата е должна да му овозможи услови за тоа од една страна, и

да обезбеди во било каков случај и однесување на поединецот, барем

минимум социјална сигурност, од друга страна.

Демократијата во практиката се јавува како непосредна и

претставничка демократија.

а) Непосредна демократија е онаа демократија каде

целиот народ (оној кој има право според нормите на правниот

поредок) сам, непосредно одлучува за определени прашања. Како

облици на непосредно одлучување се практикуваат народната

иницијатива и референдумот.

Народната иницијатива е облик на непосредно одлучување

на народот - граѓаните најмногу изразена во законодавната дејност,

во функција на донесување или измена на Уставот или законски

акти. Според Уставот на Република Македонија 150.000 граѓани

можат да поднесат иницијатива за промена на уставот (член 130), а

предлог за донесување закон може да поднесат најмалку 10.000

избирачи (член 71), иницијативата за донесување на закон може да ја

даде било кој субјект, односно секој граѓанин, група граѓани,

институции и здруженија.

Референдумот е облик на непосредно одлучување на

граѓаните за уставни промени, донесување на закон или други

важни јавни прашања.

Прашањата за кои се одлучува на референдум во различни

правни системи различно се уредени, но тие претежно се однесуваат

на сериозни општествени прашања од областа на уставното

уредување, границите, воената организација, разни економски и 111

Page 113: Skripta Osnovi Na Pravo

политички интеграции итн. Во некои земји определени закони се

сметаат за донесени дури откога истите ќе се потврдат на

референдум.

Во Република Македонија прашањето на референдумско

однесување е регулирано со Уставот на Република Македонија и со

Законот за референдум и граѓанска иницијатива. Согласно член 73 од

Уставот - Собранието на Република Македонија одлучува за

распишување на референдум за одделни прашања од својата

надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.

Одлуката за референдум е усвоена, ако за неа гласало

мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од

половината од вкупниот број избирачи.

Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе

поднесат најмалку 150.000 избирачи.

Одлуката донесена на референдум е задолжителна.

Плебисцитот е облик на непосредно изјаснување на народот

за доверба на висок државен функционер (обично претседателот)

за одделни негови одлуки и мерки кои ги предлага и сака да ги

спроведе (пример, Шарл де Гол во Франција организираше

плебисцит за признавањето на назависноста на Алжир во

седумдесеттите години во минатиот век).

Оваа форма на непосредно изјаснување нормативно не е уредена

во нашиот правен поредок, но тоа не значи дека не може да се

примени.

И за референдумот и за плебисцитот е карактеристично тоа

што прашањето на кое се бара одговор треба да се постави јасно и

недвосмислено, без однапред сугериран одговор, да се овозможи

народот со свој ум и разум да даде одговор. Не се ретки случаите

каде државната машинерија создава клима со која го насочува

одговорот на референдумското прашање "го мие, го пере и

насочува мозокот на масата".

б) Претставничка демократија е онаа демократија во која

народот избира - одлучува кој ќе ја врши власта во негово име при

што избраните претставници во органите на власта се сметаат за 112

Page 114: Skripta Osnovi Na Pravo

претставници на народот кои власта ја држат во име и за сметка на

граѓаните. Тие треба да ја остваруваат власта онака како што би ја

остварувал народот што ги избрал кога тој сам би ја вршел власта.

Постојат два основни видови на претставничко вршење на

власта, два видови на претставници со:

1. Императивен мандат - според кој народните претставници своите

одлуки треба да ги донесуваат согласно волјата и напатствијата на оние

што ги избрале и тие можат да бидат отповикани во секое време и

2. Слободен мандат - според кој претставниците се слободни во своето

одлучување, слободно и по свое убедување ги толкуваат интересите на оние

што ги избрале и кои ги претставуваат.

Претставниците со императивен мандат се нарекуваат делегати,

а претставниците со слободен мандат пратеници.

Правниот систем на Република Македонија се определи за

слободен мандат на неговите претставници. Така, според член 62 од

Уставот - пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни

избори со тајно гласање. Пратеникот ги претставува граѓаните и

во Собранието одлучува по свое уверување. Пратеникот не може да

биде отповикан.

Начинот и условите за избор на народните претставници се

уредени со Законот за избор на пратеници во Собранието на

Република Македонија. Колку понекогаш пратениците ја "изразуваат"

волјата на народот најдобро отсликуваат зборовите на Жан Жак

Русо зборувајќи за претставничката демократија, кој вели:

"Народот мисли дека е слободен, но многу се лаже; тој е слободен

само за време на изборите на членовите на парламентот, но штом тие

ќе бидат избрани, тој е роб, тој не е ништо". Исто така, и Шумпетер

вели дека “демократијата не е владеење на народот туку владеење

на политичарите и бирократијата“.

Претставничката демократија (иако има и други примери) е

врзана за повеќепартиски систем во кој дејствуваат политички

партии и професионални политичари врз чии програми избирачите

се определуваат.

Изборот на народните претставници се темели врз правото на 113

Page 115: Skripta Osnovi Na Pravo

глас на изборите, правото на отповикување и правото на

кандидирање.

Правото на глас е активно и пасивно избирачко право.

Активното избирачко право се состои во правото,

можноста (а некаде и должност) да се избира, а пасивното

избирачко право е право да може да биде избиран.

Ограничувања постојат и во едното и во другото право (пр. број

на години, жителство, место на раѓање итн.).

Правото на отповикување е карактеристично за

императивниот мандат и во модерното време скоро да не е

присутно.

Правото на кандидирање е постапка и начин на

кандидирање на народните претставници.

2. Автократија

Автократијата е облик на државен политички систем со кој

владее поединец (монарх, тиранин, властодржец) или врз основа на

својот углед (харизматска легитимност) или врз основа на

традиционални и религиозни убедувања (традиционален

легитимитет) или врз основа на воена моќ со која располага, но не

врз основа на волјата на народот. Тоа е систeм во кој граѓанинот е

лишен од учество во политичкиот живот.

Овој систем на владеење е карактеристичен за

робовладетелското општество (со исклучоци), средниот и почетоците

на новиот век, но исто така постои и денес во одделни земји со сите

свои елементи и карактеристики.

Постојат различни видови на авктократија и до денес се

попознати: плутократијата, сталинизмот, фашизам и

националсоцијализам итн.

114

Page 116: Skripta Osnovi Na Pravo

V. ОБЛИЦИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Обликот на државното уредување зависи од тоа дали во една

држава постои една или повеќе државни организации, односно дали

таа држава е поделена на внатрешни делови кои немаат својство на

држава (унитарна или едноставна држава) или ги поседува тие

својства (федерација или сојузна држава).

Врз основа на овој критериум постојат прости (унитарни) и

сложени држави. Во простите облици на државно уредување спаѓаат

унитарните држави, а во сложените конфедерациите и федерациите.

1. Унитарна држава

Унитарна држава е онаа држава во која нема поделба на

власта на целокупната државна територија. Таа својата власт ја

остварува низ два вида:

1.централизирано и

2. децентрализирано.

Централизирано извршување на власта се врши на начин

што целокупната власт ја остваруваат централните органи, а дел од

власта им се "пренесува" на нецентралните органи кои власта ја

остваруваат по обем и слобода на одлучување согласно волјата на

централната власт: со контрола на законитоста и целисходноста

на актите што ги донесуваат; со поставување на службени лица од

централната во нецентралната власт и сл.

Со оглед на тоа што власта се оживотворува со регулирање на

мноштво општествени односи, голем број на модерните држави

определен дел од својата власт го пренесуваат (децентрализираат)

на други нецентрални органи врз територијален, личен и реален

принцип.

Територијална децентрализација е онаа децентрализација

каде власта се пренесува на територијални единици во државата (пр.

општини, региони и сл.), а личната децентрализација е давање, 115

Page 117: Skripta Osnovi Na Pravo

пренесување на државни надлежности на одделни организации,

здруженија чии членови се поврзани со определени особини -

професија, дејност и сл. (пример, здружение на возачи итн).

Реална децентрализација е онаа во која покрај постојни

државни органи иста дејност вршат и други организации (сообраќај,

здравство, култура, ПТТ).

Законодавна децентрализација е онаа каде централната

државна власт пренесува надлежност на други органи (пр. општина)

да регулираат определени општествени односи.

Постои и судска децентрализација, пример можноста

трговски друштва и други субјекти своите спорови да ги решаваат

пред арбитражи.

Бирократска децентрализација е онаа каде органите на кои

се пренесува дел од централната власт ги конституира или именува

централната државна власт.

Демократска децентрализација е онаа децентрализација

кога тие органи ги избира народот.

Република Македонија е унитарна држава со

децентрализирана власт.

2. Конфедерација

Конфедерацијата е таков облик на државна организација која е

составена од повеќе членки на таа државна заедница. Таа е сојуз од

држави. Настанува со договор меѓу членките на конфедерацијата со

кој ти ги уредуваат меѓусебните односи. Членките имаат своја

државна организација со сите обележја на држава, тие се слободни,

а одделни работи и ги доверуваат на конфедерацијата (кои, какви и

колку зависи од нивниот договор).

САД, после Декларацијата за независност 1776 г., во 1777

година донесува одлука за формирање на конфедерација со 13

членки која денес брои 50 држави членки. Во 1787 година САД се

конституира како федерација со 50 членки. 116

Page 118: Skripta Osnovi Na Pravo

Швајцарската конфедерација е создадена како сојуз на три

кантони врз основа на договор за заедничка борба против

Хабзбургови, кој од крајот на 14 век се нарекува конфедерација.

Нејзиниот сегашен сојуз е утврден со Уставот од 1848 година, со кој

Швајцарија се организира како федерација, но од традиционални

причини нејзиното име и понатаму остана Швајцарска

конфедерација со 20 кантони и шест полукантони.

3. Федерација

За разлика од конфедерацијата која е сојуз на држави,

федерацијата е сојузна држава. Таа е таква државна организација

составена од повеќе делови (федеративни единици: републики,

покраини, области итн.) кои имаат определени елементи на

државност, но деловите се така поврзани што сочинуваат една

заедничка државна организација која ги манифестира сите обележја

на држава.

Односите помеѓу федерацијата и нејзините членки се

регулирани со устав. Федералните органи се највисоки органи кои

донесуваат задолжителни акти за федералните единици. И

федералните единици имаат свој устав, закони и други акти, но тие

мора да се во согласност со сојузниот устав и сојузните акти. Колку и

каква ќе биде "слободата" на членките на федерацијата зависи од

степенот на самостојноста на федералните единици и од типот на

федерацијата (цврста, лабава и сл.).

Зависно од уреденоста на федерацијата, федералните единици

можат да имаат иста или различна положба (симетрична или

асиметрична федерација).

117

Page 119: Skripta Osnovi Na Pravo

VI. ОБЛИЦИ НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ

Државата својата власт ја манифестира и остварува преку

нејзините органи. Државната власт се остварува преку сите нејзини

органи согласно надлежноста што им е определена на тие органи.

Сепак, според сродноста на работите кои ги извршуваат

државните органи таа може да се групира во неколку области. Таа

особено се манифестира како законодавна, извршно - управна и

судска власт.

Постојат и поделби во кои од управната функција посебно како

четврта власт се набројува и извршната функција, но ние сметаме дека

извршната функција е инкорпорирана во управната и нема потреба

од посебно нејзино издвојување.

Исто така, постојат и забелешки дали законодавната власт е

оправдано да се нарекува само законодавна, бидејќи покрај

донесувањето на закони таа врши и ред други значајни функции,

како што се донесување декларации, резолуции, препораки,

(некаде) избира претседател, влада, судии итн. Исто така, голем дел

од законодавната власт е децентрализирана и не и припаѓа на

државната власт. Сепак, и на оваа забелешка нашиот став е дека

приоритетно на овој дел на власт и е донесување на закони според

кое името законодавна власт и е најсоодветно.

Според Уставот на Република Македонија организацијата на

државната власт (дел III) е организирана низ: Собранието на

Република Македонија; Претседателот на Република Македонија;

Владата на Република Македонија; Судството и Јавното

обвинителство.

Натаму ние ќе ги определиме поимите и содржината на трите

видови на власт.118

Page 120: Skripta Osnovi Na Pravo

1.Законодавна власт

Законодавната власт во современите држави се појавила како

потреба за ограничување и контрола на управно - извршната власт

кој како облик на власт се појавила со самата појава на државата.

Со развојот на општеството, покрај дотогашното регулирање на

општествените односи со поединечни акти, наредби, упатства и сл.,

се појавила потреба од регулирање на дел од општествените односи

со стабилни и постојани правила кои се од општ карактер и кои се

однесуваат и важат подеднакво за сите. Така постепено се создава

законодавната власт чија основна задача е донесување закони со кои

се регулираат општествените односи. На законодавната власт

подоцна и се додадени и други функции како што е утврдување на

политика, избор на носители најавни функции итн.

Законодавното тело во разни правни системи носи различни

имиња како што се: парламент, собрание, народно собрание итн.

Исто така, составот на законодавното тело во разни држави е

различен. Вообичаено се состои од еден дом, но може да има два

или повеќе домови (Долен дом, Горен дом, Сенат итн.).

Според Уставот на Република Македонија, Собранието на

Република Македонија е носител на законодавната власт на

Републиката (член 61). Тоа го донесува Уставот на Република

Македонија, донесува закони и дава автентично толкување на истите

(член 68).

2. Управно-извршна власт

Управно - извршната власт е власт која низ мноштво на управни

и извршни органи е воспоставена за извршување на законите кои

ги донесува законодавната власт, донесува подзаконски акти како

спроведбени прописи за извршување на законите, низ општи и

поединечни правни акти ја конкретизира примената на законите.119

Page 121: Skripta Osnovi Na Pravo

Во практиката управно - извршната власт врши и

законодавна власт во случајот кога донесува уредби со законска

сила.

Управно - извршната власт ја сочинува збир на управно -

извршни органи кои како состав влегуваат во Владата и шефот на

државата.

Управно - извршната власт во Република Македонија е

уредена со Уставот на Република Македонија, со Законот за

државната управа и други законски и подзаконски акти.

Согласно Уставот на Република Македонија Владата на

Република Македонија е носител на извршната власт (член 88).

3. Судска власт

Судската власт е воспоставена за решавање на спорови при

повреда или кршење на правните норми, враќање во првобитна

состојба на настанатата притивправност и изрекување на санкции на

сторителите на повреди на правните норми. Активноста на судот

започнува со дејствие на орган, правен или физички субјект.

Организацијата на судството е различно регулирана во

различни правни системи. Вообичаено постојат редовни и вонредни

судови, судови за определена или за цела територија на државата

итн.

Организацијата на судската власт во Република Македонија е

определена со Уставот на Република Македонија и Законот за

судовите. Така според Уставот, судската власт ја вршат судовите.

Тие се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на

Уставот, законите и меѓудржавните договори ратификувани во

согласност со Уставот. Во Република Македонија постојат само

редовни судови, а вонредните се забранети со Уставот (член.8).

120

Page 122: Skripta Osnovi Na Pravo

4. Начини, принципи на поделба на власт

Поделбата на власта на законодавна, управно - извршна и

судска власт не значи дека овие три видови на власт се строго

одвоени и независни една од друга. Натаму односот помеѓу видовите

на власт ќе го анализираме врз принципите на системот на

единство на власта и системот на поделба на власта, односно колку

постои единство и колку постои поделба на власта. При тоа ќе се

задржиме на четири главни облици кои се застапени во

современиот свет од кои ќе се види поделбата или единството на

трите видови на власт, а тоа се претседателскиот систем,

парламентарниот и конвентскиот систем на поделба на власта.

4.1. Претседателски систем

Најкарактеристичен пример за поделба на власта претставува

претседателскиот систем во САД. Имено, во САД, со Уставот од 1878

година е направена најпотполна поделба на власта на законодавна,

извршна и судска. Според него, секоја власт сама, независно треба да

ги врши работите што и припаѓаат без никаква зависност од другите

власти. Само на тој начин може да се оствари во целост слобода и

демократија, сметале творците на Уставот. Особено се тежнеело да

се елиминира можноста на влијание на законодавната власт која

ги донесува законите и со нив да не ги стави во зависност судската

и управно - извршната власт. Затоа, управната и судската власт се

дефинирани како посебни силни власти за да би можеле да останат

независни од законодавната власт.

Во претседателскиот систем во САД законодавната власт ја

врши парламентот кој е составен од два дома, управната - извршната

власт ја врши претседателот на конфедерацијата кој е на чело на

управните органи (администрацијата) која сам ја избира, а судската

власт ја вршат судовите. И законодавната власт (сенатори) и

претседателот на државата и судиите (со определени исклучоци) ги

избира народот. Ваквиот начин на избор од страна на народот на

трите власти им дава рамноправен третман бидејќи сите се 121

Page 123: Skripta Osnovi Na Pravo

избрани врз народна волја, никој никого не избира и поставува

(пример: кај нас целокупната судска власт - судиите ги избира

Собранието, односно законодавната власт) од кое произлегува

независноста на една власт од друга.

Сепак и во ваквата строга поделба на власта во

претседателскиот систем таа не може да биде сфатена во

математичка прецизност. Општествените односи наметнуваат

состојби каде мора да постои взаемност на властите. Така

претседателот на САД има право на суспензивно вето на законите

донесени во парламентот и само доколку истите повторно ги изгласа

парламентот со двотретинско мнозинство можат да бидат

полноважни. Од друга страна, парламентот може да влијае на

извршната власт со неодобрување именување на високи функционери

во управните органи - администрацијата, како и политички да влијае

врз нивните одлуки.

Исто така, огромна е моќта што судската власт (особено на

Врховниот суд) може да ја врши врз законодавната власт. Врховниот

суд има право да ја спречи примената на било кој закон за кој смета

дека е спротивен на Уставот. Со тоа, тој ја наметнува судската

над законодавната власт од една страна, а од друга ја исклучува

својата независност од другите власти.

4.2. Парламентарен систем

Колевка на парламентарниот систем е Англија во која тој се

јавува како борба за ограничување на апсолутните права на кралот.

Потоа парламентарниот систем е прифатен во повеќе земји, но секоја

од нив во истиот внесува свои модификации. Ние ќе се задржиме

на парламентаризмот во Англија за да го видиме остварувањето на

власта во овој систем.

Иако така се чини, сепак битна карактеристика на

парламентарниот систем не е постоењето на парламентот, бидејќи 122

Page 124: Skripta Osnovi Na Pravo

тој постои и во претседателскиот и во собранискиот систем. Овој

систем се именува како парламентарен бидејќи во него е истакната

улогата на парламентот, односно на законодавната власт. Тој има

свое големо влијание на извршната (особено) и на судската власт.

Во овој систем важна улога има Советот на министрите,

односно Кабинет, Влада, како управно - извршен орган. Разликата со

претседателскиот систем е во тоа што во претседателскиот систем

не постои влада како посебен управен орган, туку севкупната

управна власт ја има и ја врши претседателот на државата.

Тој ги поставува и нему му одговараат сите управни органи (ја

составува администрацијата). За одделни важни ресори (надворешни

работи, безбедност, војска) тој поставува државни секретари кои се

одговорни само пред него. Во англискиот парламентарен систем

монархот формално - правно е шеф на управата, а ефективно

управување го вршат министрите. ("Кралот владее, а не управува").

Министрите ги донесуваат најважните акти од својот делокруг.

Кабинетот (Влада, Совет на министри) го составува првиот

министер кој е претседател на победничката партија на изборите

со избор на министри од Долниот и Горниот дом. Со оглед дека

првиот министер на владата мандатот го добива врз резултатите од

изборите и мнозинството од Долниот дом, неговата улога е значајна.

Силата на парламентот во овој парламентарен систем и неговото

влијание врз другите власти се огледа во тоа што министрите во

владата ги избира парламентот (Долниот дом), тие се одговорни

пред него и секогаш кога нема да ја спроведуваат неговата волја

може да ги смени (да им изгласа недоверба). На тој начин

парламентот влијае врз извршната власт.

Но и извршната власт може да влијае врз парламентот како

законодавна власт:

1. Владата има право да му предложи на кралот, како шеф на

државата да го распушти парламентот и да се закажат нови

парламентарни избори и

2. Владата има право на законодавна иницијатива, да

предлага закони за донесувањето од страна на парламентот, со што 123

Page 125: Skripta Osnovi Na Pravo

извршната власт повторно влијае врз законодавната власт. Но ако

се појде од фактот што власта на извршната власт (Владата) извира

(еманација) од парламентарното мнозинство, неодржливо е нивното

единство и можност за влијание на едните врз другите.

4.3. Конвентски (собраниски) систем

Основна карактеристика на конвентскиот (собраниски) систем

на власт е најтесно спојување на законодавната и извршната власт,

со изразена супрематија на законодавната над извршната власт, со

воспоставување на единство на законодавната и управната власт.

Поставеноста на овој систем на власт е таква што дури и не постои

посебна управна власт туку истата е сконцентрирана во

законодавната власт (во парламентот, собранието). Покрај тоа "не

постои" ниту шеф на државата, ниту шеф на извршната власт, ниту

влада. Постои законодавна (собраниска, парламентарна) власт која

ги врши сите функции на власта.

Тоа најдобро ќе го видиме од организацијата на власта, во

Швајцарија која претставува школски пример за практикување на

оваа власт.

Швајцарија како федеративна држава (иако во своето име е

конфедерација) е составена од кантони и полукантони, власта ја

уредува со Уставот. Согласно Уставот врховната власт во

Швајцарија ја има Сојузното собрание. Граѓаните по пат на

референдум имаат право да вршат измени на Уставот, да одлучуваат

за донесување закони и одлуки. Сојузното собрание се состои од два

дома: Национален совет и Совет на државите (кантоните и

полукантоните како федерални единици). Првиот дом се избира од

народот и го претставува народот, а вториот дом го избираат

федералните единици (по два претставници од кантоните и по еден од

полукантоните). Советите се рамноправни без некоја строга поделба

на надлежностите.

Извршната "власт" ја остварува Сојузниот совет составен од

седум членови избрани на заедничка седница на двата дома, со

мандати од четири години, без ограничување, на кој им се 124

Page 126: Skripta Osnovi Na Pravo

определени ресори. Всушност Сојузниот совет претставува

колективен шеф на државата со претседател, кој го бира Сојузното

собрание од составот на советот, со мандат од една година, кој врши

само репрезентативна функција.

Карактеристиката на овој систем на владеење е во тоа што и

законодавната и извршната власт се сконцентрирани во Сојузното

собрание кое извршната функција му ја пренесува на Сојузниот совет

кој пред него одговара за својата работа. Овде нема можност како

кај англискиот парламентарен систем Сојузниот совет да предлага

распуштање на Сојузното собрание.

Сојузниот совет му е во се подреден на Сојузното собрание. Тој

ги спроведува одлуките на Собранието, му поднесува извештај за

својата работа, одговара пред Собранието. Собранието може да го

поништи секој акт на Советот како поради (не)законитост така

и поради (не)целисходност.

Сепак од причини што општествените основи во една земја не

се статични и непроменливи, а и од практични причини, Сојузниот

совет има овластување да му поднесува нацрт закони и одлуки на

Сојузното собрание, да дава мислење за предлози на кантоните

упатени до Сојузното собрание, да определува време за стапување

во сила на законите (ако тоа не е определено со законот), да

донесува уредби и сл. Исто така Сојузното собрание може на

Сојузниот совет да му пренесе законодавна надлежност со посебен

закон и потполна законодавна, дури уставна надлежност во случај на

војна и воена опасност.

4.4. Претседателско - парламентарен систем

Претседателско - парламентарниот систем најмногу е изразен

во Франција низ чија организација на власта натаму ќе ја објасниме

поделбата на власта во оваа Република.

Франција како прва држава во Европа која го воведе

парламентаризмот и го примени принципот на поделба на власта,

низ својата историја истиот го модифицираше внесувајќи нови

специфичности. Така таа денес полека го напушта 125

Page 127: Skripta Osnovi Na Pravo

парламентаризмот и воведува специфичен систем на власт со

мешавина на елементи на претседателски и парламентарен систем.

При тоа власта се реализира преку: Парламентот, Претседателот и

Владата.

Парламентот во Франција е дводомен. Тој се состои од

Национално Собрание и Сенат. Националното собрание е општо

претставничко тело избрано по пат на општи и непосредни избори.

Сенатот се избира на посреден начин. Сенаторите ги избираат

пратеници, членови на департмантските општи совети и делегати на

општинските совети. Изборите се спроведуваат по департманите.

Сенаторите се избираат на девет години со тоа што секоја трета

година една третина од составот се обновува.

Претседателот на државата е шеф на државата избран од

народот. Тој има посебен однос со парламентот. Меѓутоа,

претседателот всушност е и шеф на владата. Владата не може да

донесе ниту една важна одлука без согласност на Претседателот на

Републиката. Поради тоа, многу автори укажуваат дека

Претседателот на Републиката владее, а министрите управуваат.

Владата се формира на тој начин што Претседателот на

Републиката го именува првиот министер, а на негов предлог и

членовите на владата. Членовите на владата не можат да бидат

членови на Парламентот, што значи дека нивната функција е

неспоива со парламентарен мандат како и со вршење на било каква

јавна служба (односно професионална активност). Членовите на

владата, по правило се високи функционери и истакнати стручњаци.

Првиот министер се наоѓа помеѓу Претседателот на Републиката

Парламентот. Тој мора да ја ужива довербата и на Претседателот

Републиката и на Парламентот кој го контролира и може да го

отповика. Така првиот министер има посебна положба во однос на

првиот министер во парламентарниот систем во Англија.

Односот помеѓу законодавната и извршната власт сосем е

поинаков отколку во многу држави со парламентарен или

претседателски систем. Основна карактеристика на овие односи е

што јакне извршната власт за сметка на законодавната, а посебно 126

Page 128: Skripta Osnovi Na Pravo

улогата на Претседателот на Републиката. Парламентот нема

неограничени овластувања во законодавната власт. Тој донесува

закони само во онаа материја која му е определена со Уставот.

Додека владата пак, не чекајќи законско овластување, има право да

ја регулира целата друга материја со свои прописи. Владата му

одговара на Парламентот и тој може да и изгласа недоверба, а со тоа

да ја принуди на оставка.

Уставниот совет врши оцена на уставноста на законите, како и

оцена на правилноста на изборот на Претседателот на Републиката,

пратениците и сенаторите и правилност на спроведување на

референдумите. Одлуката на Уставниот совет е конечна и ги

обврзува сите органи. Доколку се утврди неуставност на закон, тој

не може да биде прогласен.

Врз основа на досега изнесеното може да се заклучи дека ова е

сосем посебен, специфичен систем. Тој има елементи на

парламентаризам, но и на претседателски систем. Меѓутоа тешко е

да се рече дека е тоа некој посебен вид на систем помеѓу

парламентарниот и претседателскиот.

VII. ПОДЕЛБА НА ВЛАСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1. Поим

Од аспект на организацијата на власта, Македонија во

составот на Југословенската федерација 50 години живееше под

принципот на единство на власта, со доминантна улога на

Комунистичката партија, односно Сојузот на комунистите и

Собранието како законодавна власт, и потчинетите и зависни по

хиерархија и по ингеренции извршни и судски органи, кои беа во

функција на високо поставените цели на еднопартискиот систем.

И покрај таков систем, заедницата функционираше, но не издржа на

историските искушенија. Таквиот систем имаше низа слабости,

недоследности и недостатоци. Се постави прашањето дали

концептот на единство на власта е реално или имагинарно остварен 127

Page 129: Skripta Osnovi Na Pravo

во практиката и дали воопшто е остварлив или тоа беше стара

утопистичка идеја и параван зад кој се криеjа други намери, кои

излегоа на виделина во последната декада на минатиот XX век, кога

се случи крвавото расцепување, раздружување и дезинтеграција на

сојузната држава.

Сите настани што следеа и сите демократски ветрови потоа

одеа во прилог на демократски развој на самостојна држава

Република Македонија. Тоа и се остваруваше иако не така лесно,

бидејќи тоа беше проследено со одредени отпори како од

внатрешна така и од надворешна природа. Референдумот од 8

септември 1991 година, ја покажа силно недвосмислената волја на

македонскиот народ за сопствена држава, која беше реалност по

многувековната борба. Еден од основните столбови на

демократскиот развој и истовремено негов инструмент е донесениот

Устав на Република Македонија, во ноември 1991 година, како прв

Устав на самостојна и суверена македонска држава. Целата борба

за демократизација се остваруваше чекор по чекор, со стрпливо

градење на државата, иако тоа беше проследено со многу падови и

нагорнини, отпори, конфликти - етнички, национални, па дури и

воен конфликт, за на крај да се дојде до сегашниот момент кога

Република Македонија има сериозни аспирации за членство во

Европската Унија.

Концепцијата на Уставот на Република Македонија од 1991

година се заснова врз неколку постулати, формулирани во

Преамбулата низ кои Македонија се конституира:

- како самостојна и суверена држава;

- како граѓанска и демократска држава;

- како правна и социјална држава;

- врз рамноправност и трајно сожителство на македонскиот народ

со другите заедници кои живеат во Македонија.

Уставот на Република Македонија од 1991 година во членот 8

ги формулира уставните темелни вредности, како основни патокази

и столбови на кои што се гради правниот поредок на државата и кои

имаат влијание врз целокупниот општествен, правно - политички, но 128

Page 130: Skripta Osnovi Na Pravo

и севкупен живот на државата. Овој Устав е еден од

најдемократските устави во Европа и Македонија, со тоа треба и

може слободно да се гордее.

Како темелни вредности на уставниот поредок на Република

Македонија Уставот ги прокламира:

- основните слободи и права на човекот и граѓанинот

признати во меѓународното право и утврдени со Уставот;

- слободното изразување на националната припадност;

- владеењето на правото;

- поделбата на државната власт на законодавна, извршна

и судска;

- политичкиот плурализам и слободните непосредни и

демократски избори;

- правната заштита на сопственоста;

- слободата на пазарот и претприемништвото;

- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;

- локалната самоуправа;

- уредувањето и хуманизацијата на просторот и

заштитата и унапредувањето на животната средина и природата и

- почитувањето на општо прифатените норми на

меѓународното право.

Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и

законот не е забрането.

Како што се гледа од алинеја 4 од Уставот на Македонија,

начелото на поделба на власта го вбројува во темелните вредности на

уставниот поредок, со што му дава висок приоритет и значење, што

несомнено го заслужува. Со прифаќањето на ова доминантно начело

во споредбеното право, Уставот ја вброи Македонија во земјите со

демократска власт. Како што претходно напоменавме, суштината на

ова начело се состои во поделбата на власта на одделни државни

органи и во ограничувањето на власта со помош на урамнотежување

на властите и воспоставување на тежа и противтежа на властите,

како и нивно взаемно балансирање и урамнотежување. Значи

урамнотежена распределба на функциите на државната власт и тоа 129

Page 131: Skripta Osnovi Na Pravo

законодавната, извршно - управната и судската на одделени

државни органи, преку постоење на уставни средства за меѓусебно

влијание и ограничување во вршењето на утврдените ингеренции.

Поедноставно кажано, ограничување на една од страна на другата

власт, а не воспоставување на доминација на една од властите во

однос на другите две.

Според Уставот, носител на законодавната власт во Република

Македонија е Собранието на Република Македонија, носители на

извршната власт се Владата на Република Македонија и Претседател

на Република Македонија, а носители на судската власт се судовите.

Според ова се гледа дека во Република Македонија се инсталира т.н

бикефална извршна власт, односно извршна власт со двајца носители.

2. Собрание на Република Македонија

Собранието на Република Македонија, како претставнички

орган на граѓаните на Република Македонија е носител на

законодавната власт. Таа власт Собранието ја врши целосно и без

можност истата да ја делегира на другите органи на државната

власт. Претставничкиот законодавен карактер му овозможува на

Собранието да биде основен, односно централен орган на

парламентарната демократија во Република Македонија.

Основни акти од кои Собранието ја црпи својата функција и ја

реализира својата работа се: Уставот и Деловникот. Според Уставот

Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници, кои ги

претставуваат граѓаните и кои се избираат на општи, непосредни и

слободни избори со тајно гласање за време од четири години.

Избраните пратениците уживаат имунитет и не можат да бидат

повикани на кривична одговорност или притворени заради искажано

мислење или гласање во Собранието.

Собранието е во постојано заседание и тоа работи на седници.

Собранието од редот на пратениците избира претседател и еден или

повеќе потпретседатели, со мнозинство гласови од вкупниот број на 130

Page 132: Skripta Osnovi Na Pravo

пратеници. Функцијата претседател на Собранието е неспојлива

(инкомпатибилна) со вршење на друга јавна функција, професија или

функција во политичка партија.

Во однос на надлежностите на собранието, уставот предвидува

повеќе ингеренции и тоа:

-донесување и изменување на Уставот;

-донесување на закони и давање автентично толкување на

законите;

-утврдување на јавните давачки;

-донесување на републички буџет и завршна сметка на буџетот

-донесување просторен план на државата;

-ратификување меѓународни договори;

-одлучување за војна и мир;

-одлучување за менување на границата на Македонија;

-одлучување за стапување и истапување од сојуз или заедница со

други држави;

-распишување референдум;

-одлучување за резервите на државата;

-основање совети;

-избор на Влада на Република Македонија;

-избор на судии на Уставниот суд на Република Македонија;

-избор и разрешување на судии;

-избори, именувања и разрешувања и на други носители на јавни

и други функции утврдени со Уставот и со закон;

-вршење политичка контрола и надзор над Владата и над

другите носители на јавни функции што се одговорни пред

Собранието;

-давање амнестија и

-вршење на други работи утврдени со Уставот.

Собранието за вршење на работите од својата надлежност

донесува и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.

Собранието може да работи ако има кворум, односно ако на

седницата се присутни мнозинството од вкупниот број на пратеници и

тоа може да одлучува со различно мнозинство, во зависност од тоа 131

Page 133: Skripta Osnovi Na Pravo

какво мнозинство е предвидено за дадено прашање, дали се работи за

обично мнозинство, квалификувано мнозинство или пак за

бадентерово мнозинство.

Седниците на Собранието се јавни, а може со одлука на 2/3

мнозинство Собранието да одлучи да работи без присуство на

јавноста.

Овластени предлагачи, односно право да предлагаат донесување

на закон има: секој пратеник во Собранието, Владата или најмалку

10.000 избирачи.

Донесените законите се прогласуваат со указ, кој го

потпишуваат претседателот на Република Македонија и

претседателот на Собранието.

Уставни инструменти кои што ги има Собранието за контрола

на другите органи се интерпелацијата и пратеничкото прашање.

Интерпелацијата може да се постави за работата на секој

носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член поединечно,

како и за прашања од работата на државните органи. Интерпелација

можат да поднесат најмалку 5 пратеници. Пратеничко

прашање може да постави секој пратеник.

Собранието може да основа постојани и повремени работни

тела, како и анкетни комисии за сите области и за секое прашање од

јавен интерес.

Собранието избира народен правобранител, за време од 8

години со право на уште еден избор, кој ги штити уставните и

законски права на граѓаните, кога им се повредени од органите на

државната управа и од други органи и организации, што имаат јавни

овластувања. Собранието основа и Совет за меѓунационални односи,

составен од членови од различна национална припадност.

3. Претседател на Република Македонија

Носители на извршната власт во Република Македонија се

Владата на Република Македонија и Претседателот на Република 132

Page 134: Skripta Osnovi Na Pravo

Македонија.

Според Уставот, Претседателот ја претставува Републиката, а

тој е и врховен командант на вооружените сили на Република

Македонија.

Претседателот се избира на општи и непосредни избори со тајно

гласање, за време од 5 години, со право на еден реизбор. За

претседател може да биде избрано лице кое има наполнето 40 години

живот.

Кандидат за претседател можат да предложат најмалку 10.000

избирачи или најмалку 30 пратеници.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши

функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до

изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател

на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Претседателот ужива имунитет и неговата должност е

инкомпатибилна со вршење на друга јавна функција, професија или

функција во политичка партија.

Во однос на неговите надлежности, Уставот ги предвидува

следните ингеренции:

- определување на мандаторот за состав на Владата на

Македонија;

- поставување и отповикување со указ на амбасадори и

пратеници на Република Македонија во странство;

- примање на акредитивните и отповикувачките писма на

странските дипломатски претставници;

- предлагање двајца судии на Уставниот Суд на

Република Македонија;

- предлагање двајца членови на Републичкиот судски совет;

- именување тројца членови на Советот за безбедност

на Република Македонија;

- предлагање на членови на Советот за меѓунационални

односи;

- именување и разрешување и на други носители на

државни и јавнифункции утврдени со Уставот и закон;133

Page 135: Skripta Osnovi Na Pravo

- доделување одликувања и признанија во согласност со

закон;

- давање помилувања во согласност со закон и

- вршење други функции утврдени со Уставот.

Претседателот е должен да го известува Собранието на

Република Македонија за прашања од негова надлежност најмалку

еднаш годишно.

Претседателот на Републиката е и претседател на Советот за

безбедност на Република Македонија, како тело кое разгледува

безбедносно - одбранбени прашања и дава предлози до Собранието и

Владата.

Него го сочинуваат:

претседателот на Републиката,

претседателот на Собранието,

претседателот на Владата,

министрите кои раководат со безбедноста, одбраната и

надворешните работи и

тројца други членови именувани од претседателот на државата

кои треба да го одразуваат составот на населението во Републиката.

Претседателот на Републиката е одговорен за кршење на

Уставот и законите при вршењето на своите права и должности, а

постапката за утврдување на негова одговорност ја покренува

Собранието со 2/3 мнозинство, а за неговата одговорност одлучува

Уставниот Суд на Република Македонија со 2/3 мнозинство.

4. Влада на Република Македонија

Владата на Република Македонија е основен носител на

извршната власт.

Владата ја сочинуваат претседател и министри, кои уживаат

имунитет и не можат да бидат пратеници во Собранието. Според

Уставот, организацијата и начинот на работа на Владата се уредува

со закон.134

Page 136: Skripta Osnovi Na Pravo

Уставните ингеренции за Владата на Република Македонија се:

- утврдување на политиката на извршувањето на законите

и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивно извршување;

- предлагање закони, републички буџет и други прописи

што ги донесува Собранието;

- предлагање просторен план на Републиката;

- предлагање одлуки за резервите на државата и грижа за

нивно извршување;

- донесување уредби и други прописи за извршување на

законите;

- утврдување начела за внатрешна организација и работа

на министерствата и другите органи на управата, насочување и

вршење надзор над нивната работа;

- давање мислење за предлозите на закони и други прописи

кои на Собранието му ги поднесуваат други овластени предлагачи;

- одлучување за признавање на држави и влади;

- воспоставување дипломатски и конзуларни односи со

друг држави;

- донесување одлуки за отворање на дипломатско –

конзуларни претставништва во странство;

- предлагање и именување амбасадори и пратеници на

Република Македонија во странство и именување шефови на

конзуларни претставништва;

- предлагање јавен обвинител;

- именувања и разрешувања на носители на јавни и

други функции утврдени со Устав и закон и

- вршење други работи утврдени со Устав и закон.

Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред

Собранието, кое може да изгласа недоверба на Владата. Владата и

секој нејзин член имаат право да поднесат оставка.

Согласно уставните одредби државната управа ја сочинуваат

министерствата и други органи на управата и организации утврдени

со закон.

Забрането е политичко организирање и дејствување во 135

Page 137: Skripta Osnovi Na Pravo

органите на државната управа.

Органите на државната управа работите од својата

надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот

и законите и за својата работа и се одговорни на Владата.

Организацијата и работата на органите на државната управа се

уредуваат со Законот за Владата на Република Македонија што се

донесува со 2/3 мнозинство гласови.

За извршување на законите Владата донесува:

- уредби со законска сила во случај на воена и вонредна

состојба, доколку не постои можност да се свика Собранието;

- уредби за извршување на законите, утврдување на

внатрешната организација на министерствата и органите на

државната управа;

- одлуки за мерки за извршување на законите;

- упатства за пропишување на начинот на работа на

министерствата и органите на државната управа;

- програми за утврдување динамика и рокови за

определени прашања и финансиски планови за нивна реализација;

- решенија за именување и разрешување на службеници за

кои е надлежна и

- заклучоци за заземање на ставови по прашања

разгледани на седниците, за мислења по предлози на закони, за

определени прашања од внатрешната организација, за определување

на задачи на министерства и органите на државната управа и др.

Работата на органите на државната управа е уредена со

Законот за организација и работа на органите на државната управа

Органите на државната управа можат да се основаат како:

- Министерства, за вршење на функциите на државната

управа групирани по области за еден или повеќе управни ресори;

- Други органи на државната управа, кои според видот и

степенот на самостојноста, можат да бидат:

самостојни органи на државната управа во вид на

дирекции, агенции и комисии, или

органи во состав на министерствата, основани како 136

Page 138: Skripta Osnovi Na Pravo

управа, биро, служба, архив, инспекторат и

капетанија.

- Управни организации, во вид на институти и заводи, кои се

основаат за вршење определени стручни и други работи, кои

бараат примена на научни и стручни методи и со нив поврзани

управни работи од области за кои се основаат министерствата.

Органите на државната управа, при подготвување на законите

и другите прописи треба да обезбедат консултации со граѓаните

преку јавно објавување на вид, содржина и рокови за донесување на

законите, организирање на јавни трибини, прибавување мислења од

заинтересираните здруженија на граѓани и други правни лица.

Според одредбите содржани во Законот, за вршење на

функциите на државната управа се основаат следните 15

министерства:

1. Министерство за одбрана;

2. Министерство за внатрешни работи, во чиј состав влегуваат:

Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна

безбедност;

3. Министерство за правда, во чиј состав влегуваат: Државниот

управен инспекторат, Управата за извршување на санкциите и

Бирото за судски вештачења;

4. Министерство за надворешни работи;

5. Министерство за финансии, во чиј состав влегуваат: Управата за

имотно - правни работи, Царинската управа, Државниот девизен

инспекторат, Управата за јавни приходи и Бирото за стоковни

резерви;

6. Министерство за економија, во чиј состав влегуваат:

Монополската управа, Управата за наменско производство,

Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за

техничка инспекција, Бирото за заштита на индустриската

сопственост, Бирото за туризам и Службата за стандардизација и

метрологија;

7. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, во чиј

состав влегуваат: Управата за ветеринарство, Управата за 137

Page 139: Skripta Osnovi Na Pravo

водостопанство, Управата за хидрометеоролошки работи, Управата

за семе и семенски материјал, Управата за заштита на

растенијата, Државниот инспекторат за земјоделство и Државниот

инспекторат за шумарство и ловство;

8. Министерство за здравство, во чиј состав влегуваат Државниот

санитарен и здравствен инспекторат и Бирото за лекови;

9. Министерство за образование и наука, во чиј состав влегуваат:

Педагошката служба, Бирото за развој на образованието, Управата

за развој и унапредување на образованието на јазиците на

националностите и Државниот просветен инспекторат;

10. Министерство за труд и социјална политика, во чиј состав

влегуваат Управата за прашања на борците и воените инвалиди

и Државниот инспекторат за труд;

11. Министерство за локална самоуправа, во чиј состав влегуваат

Државниот инспекторат за локална самоуправа и Бирото за

стопански недоволно развиените подрачја;

12.Министерство за култура, во чиј состав влегува Управата за

афирмирање и унапредување на културата на националностите

во Република Македонија;

13.Министерство за транспорт и врски, во чиј состав влегуваат:

Управата за телекомуникации, Управата за цивилно - воздушна

пловидба, Капетанијата на пристаништата, Државниот инспекторат

за транспорт, Државниот инспекторат за градежништво и

урбанизам и Државниот комунален инспекторат;

14. Министерство за животна средина и просторно планирање, во чиј

состав влегуваат: Државниот инспекторат за животна средина,

Службата за животна средина, Службата за просторен информативен

систем и Управата за катастар и регистрација на недвижности.

15. Министерство за информатичко општество и администрација.

Како самостојни органи на државната управа се основаат:

- Комисијата за односи со верските заедници и религиозни

групи;

- Агенцијата за млади и спорт;

- Агенцијата за иселеништво;138

Page 140: Skripta Osnovi Na Pravo

- Агенцијата за информации и

- Агенцијата за развој и инвестиции.

Управни организации се:

- Државен архив на Република Македонија;

- Државен завод за геодетски работи и

- Државен завод за статистика.

Во надлежностите на органите на државната управа, кои

постапуваат во согласност со Уставот, законите и ратификуваните

меѓународни договори спаѓаат:

- спроведување на политиката на извршување на

законите и другите прописи на Собранието и Владата;

- одговорни се за извршувањето на законите и прописите;

- извршување на насоките и ставовите на Владата;

- следење и одговорност за состојбата во областите за кои

се основани;

- давање иницијатива за решавање на прашања во

своите области;

- решавање управни работи;

- вршење надзор над законитоста на актите и работењето

на трговските друштва, установите и други правни лица, за кои се

законски овластени;

- вршење на управен и инспекциски надзор и други

управни работи;

- подготвување предлози на закони, чиј овластен

предлагач е Владата;

- подготвување прописи што ги носи Владата и

- вршење други работи утврдени со Устав и закон.

5. Судство во Република Македонија

Според Уставот, судската власт, или судската функција на

власта во Република Македонија ја вршат основните судовите,

апелационите судови, Управниот суд и Врховниот суд на Република 139

Page 141: Skripta Osnovi Na Pravo

Македонија. Тие се самостојни и независни и судат врз основа на

Уставот, законите и меѓународните ратификувани договори.

Забранети се вонредни судови, а организацијата на судството е

единствена. Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето,

организацијата и составот на судовите, и постапката пред нив се

уредуваат со закон, кој се донесува со 2/3 мнозинство.

Судиите ги избира и разрешува судскиот совет на РМ под услови

и во постапка утврдени со закон и тоа без ограничување на траење

на мандатот и не може да биде преместен против својата волја.

Судиите уживаат имунитет и нивната функција е инкомпатибилна со

вршењето на друга јавна функција и професија. Во судството се

забранува политичко организирање и дејствување. Највисок суд во

Република Македонија е Врховниот суд, кој обезбедува единство во

примената на законите од страна на пониските судови. Судот суди во

совет, а може да суди и судија поединец што се утврдува со закон. Во

судењето учествуваат и судии поротници.

Друг важен орган за судската власт е Републичкиот судски

совет, кој го сочинуваат седум члена, избрани од Собранието на

Република Македонија, за време од шест години со право на уште

еден избор. Надлежностите на Републичкиот судски совет се:

предлагање, избор и разрешување на судии; одлучување за

дисциплинска одговорност на судиите; оценување на стручноста и

совесноста на судиите, како и предлагање двајца судии на Уставниот

суд.

Законската рамка за судовите, е изразена преку Законот за

судовите донесен во 2006 година.

Судската власт во Република Македонија ја вршат: основните

судови, апелационите судови, Управниот и Врховниот суд на РМ.

Целите и функциите на судството се непристрасно

применување на правото, унапредувањето на заштитата и

почитување на човековите права и слободи и создавањето на правна

сигурност. Постапката пред судот се засновува врз следните начела:

законитост; рамноправност; правичност; јавност; контрадикторност;

двостепеност; зборност; усност; непосредност; право на одбрана, 140

Page 142: Skripta Osnovi Na Pravo

односно застапување; слободна оценка на доказите; утврдување на

материјалната вистина и економичност. Во примената на правото

судиите не се врзани за правното мислење на повисокиот суд.

Судските одлуки се задолжителни за сите правни и физички

лица и сите се должни да ги почитуваат правосилните и

извршните судски одлуки и тие имаат поголема сила во однос на

одлуките на кој и да е друг орган. Секој државен орган е должен, кога

тоа треба да го направи да обезбеди извршување на судски одлуки,

а надзорот врз тој процес го врши судот. Судовите меѓусебно и

другите државни органи се должни да си даваат правна помош.

Како што веќе кажавме во единствениот судски систем,

судската власт ја вршат основни, апелациони судови, Управниот суд

и Врховниот суд на Република Македонија.

Највисок суд во Македонија е Врховниот суд, има седиште во

Скопје и ја врши судската власт на целата територија на Македонија.

Управниот суд со седиште во Скопје се основа и ја врши

судската власт на целата територија на Република Македонија.

Понатака следуваат апелационите судови. Во Македонија има

четири такви судови и тоа: Апелационен суд во Битола, Апелационен

суд во Скопје, Апелациониот суд во Гостивар и Апелационен суд во

Штип.

Во Македонија има вкупно 27 Основни судови и тоа: I и II во

Скопје, Берово, Битола, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево,

Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Куманово,

Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе,

Струга, Струмица, Тетово, Велес и Штип.

6. Уставен суд на Република Македонија

Иако не е директно инволвиран во судската хиерархија и во

системот на единственото судство, Уставниот суд е многу важна

институција во правно - политичкиот поредок на Република

Македонија бидејќи е орган кој ја штити уставноста и законитоста.

Уставниот суд го сочинуваат девет судии, избрани од 141

Page 143: Skripta Osnovi Na Pravo

Собранието на Република Македонија, со мандат од девет години,

без право на повторен избор.

Тој има многу важни надлежности кои се огледаат во:

- одлучувањето за согласноста на законите со Уставот;

- одлучувањето за согласноста на другите прописи и на

колективните договори со Уставот и законите;

- заштита на слободите и правата на граѓаните што се

однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и

јавното изразување на мислата, политичкото здружување и

дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основа

на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност;

- решавање за судирот на надлежностите меѓу

носителите на законодавната, извршната и судската власт;

- решавање на судирот на надлежностите меѓу

органите на локална самоуправа.

- одлучување за одговорноста на Претседателот на

државата;

- одлучување за уставноста на програмите и

статутите на политичките партии и на здруженијата на граѓаните и

- одлучување и за други прашања утврдени со Уставот.

Уставниот суд ќе укине или поништи закон или друг пропис ако

утврди дека не е во согласност со Уставот.

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни.

VIII. ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Општо е познато дека народот не е најсреќен кога за него

одлучува централната власт. Затоа тој постојано се бори власта што

повеќе да ја доближи до себе.

Локалната самоуправа претставува облик на управување во

локалните заедници настаната како потреба луѓето што се 142

Page 144: Skripta Osnovi Na Pravo

економски, социјално, територијално и на други начини поврзани -

непосредно да одлучуваат за своите егзистенционални проблеми.

Во локалните установи лежи силата на слободните народи.

Локалните установи за слободата се исто што и основното училиште

за образованието. Без локална власт еден народ може да има

демократска влада, но не и дух на слобода.

Почетоците, никулците на локалната самоуправа датираат

многу одамна, од оној момент кога луѓето започнале територијално

да се организираат за решавање заеднички егзистенцијални

прашања. Нејзиното настанување е пред настанувањето на

државата како организирана творба. Локалната самоуправа треба

да се разбере како право на управување со заеднички работи на

жителите на едно населено место. Во таа смисла, таа првенствено

се јавува, односно нејзините никулци треба да ги бараме во градовите

- полиси во Стара (античка) Грција (Атина, Спарта).

Локалната самоуправа ја наоѓаме и во крајните фази во

феудализмот во кој се јавуваат слободни градови со посебен

економски, политички па дури и правен статус, релативно

ослободени од феудална зависност, со свои органи и сопствен

правен систем како градови - независни републики, градови со

полна автономија и градови со ограничена автономија.

Локалната самоуправа своја ренесанса доживува после

буржоаските демократски револуции по кои таа се воспоставува

како политичка институција во модерна смисла на зборот. После нив

настанува вистинска борба на граѓаните за воспоставување на

локална самоуправа.

После француската буржоаска револуција во 178e г. се

донесени првите акти за локалната самоуправа, односно за

положбата и организацијата на комуните и департманите во однос

на централната власт. Војната за независност во САД ги исфрли на

виделина желбите за локална самоуправа.

Во Англија во XX-тиот век се донесени првите прописи за

организација на локалната самоуправа (1835, 1882, 1888 г.). Денес

во Англија постојат шест типови на единици на локалната самоуправа 143

Page 145: Skripta Osnovi Na Pravo

со особена разлика меѓу градска и селска локална самоуправа.

Шведска првиот закон за локална самоуправа го донесе 1862г.

предвидувајќи градски комуни, селски комуни и комуни на

окружните совети. Денес локалната самоуправа во Шведска е

организирана со Законот за селски и градски комуни, Законот за

окружни совети и Законот за самоуправа на градот Стокхолм,

донесени во педесеттите години од минатиот век.

Швајцарија својата локална самоуправа ја организира во

првата половина на XX век, кога повеќето кантони донесоа закони

за комуните за потоа во 1874г. со Уставот политичката комуна да

стане задолжителен облик на локална самоуправа.

XIX и XX-тиот век се векови на воведувањето на локалната

самоуправа во Европа каде што повеќето држави донесоа и

имплементираа позитивно - правна регулатива на локалната

самоуправа.

Денес Европа, прашањето на воспоставувањето на локалната

самоуправа нормативно - правно го уреди со донесувањето на

"Европската повелба за локалната самоуправа" донесена на

15.10.1985г. од Советот на Европа.

Основни определби на оваа конвенција се:

- Граѓаните имаат право да учествуваат во водењето на јавните

работи како демократски принципи во сите земји;

- Водењето на јавните работи е најоптимално на локално ниво;

- Само локалните власти со вистинска одговорност можат да

обезбедат ефикасна и блиска управа на граѓаните;

- Само на тој начин европските земји ќе придонесат за

демократија и децентрализација на власта;

- Локалната самоуправа подразбира право и способност на

локалните власти, во границите на законот, да ги регулираат и да

раководат со одредени јавни работи, врз основа на сопствена одговорност

и во интерес на локалното население;

- Тоа ќе го реализираат преку совети или собранија составени

од членови избрани на слободни избори со тајно гласање;

- Промените на границите на територијата на локалната 144

Page 146: Skripta Osnovi Na Pravo

самоуправа (локална власт) нема да се вршат без претходно

консултирање на заинтересираните локални заедници итн.

Оваа Повелба ја потпиша и нашата држава.

Како стремеж и право на граѓаните самостојно да управуваат

со работите на својата локална заедница непосредно или (најчесто и

најпрактично) преку свои избрани претставници, таа денес е

изразена низ повеќе облици и терминолошки различно се именува

како: локална влада, општинска демократија, локална управа,

локална администрација, локални органи на државната власт,

народна комуна и сл., но и сите се сведуваат на поимот и заедничкиот

термин - локална самоуправа.

Во правниот систем на Република Македонија прифатен е

терминот локална самоуправа. Таа нормативно е уредена со

Уставот на Република Македонија, Законот за локалната самоуправа;

Закон за територијална организација на локалната самоуправа; Закон

за градот Скопје; Закон за финансирање на единиците на локалната

самоуправа; Законот за локалните избори и Одлуката за утврдување

на бројот на членовите на советите на општините во Република

Македонија.

Согласно Уставот на Република Македонија граѓаните имаат

уставна гаранција и право на локална самоуправа.

Единици на локалната самоуправа претставуваат општините, а

во нив можат да се основаат облици на месна самоуправа. Локалната

самоуправа (општините) се финансираат од сопствени извори на

приходи определени со закон и со средства од Републиката.

Локалната самоуправа се уредува со закон кој се донесува со

двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници, при што мора

да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои

припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република

Македонија.

Законите за локално финансирање, локални избори,

општинските граници и за градот Скопје, се донесуваат со

мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има

мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на 145

Page 147: Skripta Osnovi Na Pravo

заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија

(Бадентерово мнозинство).

Во единиците на локалната самоуправа и градот Скопје,

граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во

одлучувањето за прашања од локално значење, а особено во:

областите на јавните служби; урбанизмот и руралното планирање;

заштита на околината; локалниот; економски развој; локалното

финансирање; комуналните дејности; културата; спортот; социјална и

детска заштита; образованието; здравствената заштита и во други

области утврдени со Закон.

Општината е самостојна во вршењето на должностите утврдени

со Уставот и со закон, а надзорот над законитоста на нејзината

работа го врши Републиката.

Републиката со закон може да и довери вршење на определени

работи на општината.

IX. ИЗБОРИ И ИЗБОРЕН СИСТЕМ

1.Поим и содржина

Демократијата наједноставно и најсуштествено сфатена

претставува владеење на народот во остварување на своите права и

обврски. Денес таа всушност е практично - политички облик на

владеење скоро во целиот свет.

Чистиот (атински) облик на непосредна демократија остана

само теоретски можен модел, а посредната, односно посредничката

демократија се наметна како единствено објективно можен облик

на демократија, како најцелисходно политичко решение.

Така, современата демократија денес претставува вршење на

државната власт од малцинство на граѓани, во име на другото

146

Page 148: Skripta Osnovi Na Pravo

мнозинство на граѓани кое ги избрало. Ако под демократија во

денешна современа смисла на зборот, објективно и нужно се

подразбира претставничката демократија, тогаш таа се сведува на

изборите, бидејќи единствено тие претставуваат форма и начин преку

кој граѓаните помеѓу себе избираат свои претставници кои во

нивно име ќе ја вршат државната власт. Нема да сме далеку од

вистината доколку ставиме знак на равенство меѓу претставничката

демократија и изборите, но само избори кои се легални и легитимни

на волјата на граѓаните. Сигурно дека изборите не се еден и

единствен критериум и основ за демократијата, но не може да се

избегне фактот дека се тие најважен и незаобиколен критериум. Тие

се претпоставка за остварување и практикување на демократијата,

во заедница со други услови и состојби.

Изборите се спроведуваат во рамките на изборниот систем

кој е правно регулиран за секој правен систем посебно.

Под изборен систем подразбираме збир на правни правила

изразени во начела, права, гаранции и технички норми за

реализација на изборите, врз основа на кои се утврдува и остварува

учеството на избирачите во изборот на народните претставници (во

парламентот и другите претставнички тела).

И во теоријата и во практиката постојано се води борба во

барањето на нови решенија за тоа кој и каков изборен систем

најмногу ќе ја реализира демократијата.

Основите на изборниот систем ги утврдува по правило Уставот

на една земја, а натаму тие подетално се разработуваат во

изборните закони.

Во зависност од тоа каков е изборниот систем, таква ќе биде и

можноста на граѓаните во остварувањето на правото на

управувањето со државните работи, во остварување на власта.

2.Принципи на изборите

Изборниот систем го сочинуваат определени принципи на 147

Page 149: Skripta Osnovi Na Pravo

изборите кои претставуваат збир на правни правила, а кои ги

регулираат прашањата на:

- избирачкото право;

- односот на избирачите и избраните претставници;

- видовите на избори и

- начинот на изјаснувањето на избирачите.

Правната природа на избирачкото право ја сочинуваат повеќе

елементи, но како основни се јавуваат активното (право да избира)

и пасивното избирачко право (право да биде избиран).

Правото да се учествува на изборите (да бира) сите изборни

системи го врзуваат со достигнување на определена возраст (број на

години). Тоа се јавува како лично политичко право и како јавна

должност. Првото претставува факултативен облик на остварување

на правото да избира, а второто како облигаторен облик (Грција,

Белгија), при што неисполнувањето на факултативното право не

повлекува никакви санкции по личноста, а за неисполнувањето на

облигаторниот облик се предвидени и санкции.

Достапноста на ова право на граѓаните има своја историска,

цивилизациска и демократска димензија. Познато е дека истото е

врзувано покрај со годините на старост и со платен данок, полова

припадност, потекло, раса, занимање (војници, државни службеници,

полицајци и сл.). Во современите демократии овие ограничувања

скоро секаде се отстранети. Единствено постојат (со право)

ограничувања на старосната минимална граница за избор на

определени високи функции како што е на пример претседател на

државата (да не е помлад од одредена возраст) и др.

Прашањето на правната природа на односот на избирачите и

избраните претставници се однесува на односот и природата на

овластувањата кои избирачите ги пренесуваат на претставниците -

овластувањата за вршење на власта. Историјата на претставничката

демократија досега промовира два начини, две можни решенија за

пренесување на суверенитетот на власта од граѓаните на неговите

претставници: императивен (врзан) и слободен (претставнички

мандат).148

Page 150: Skripta Osnovi Na Pravo

Според императивниот мандат изборните претставници

добиваат напатствија и налози како да постапуваат за секое

прашање, должни се постојано да ги известуваат избирачите за

својата работа и секогаш може да им се одземе мандатот за

непочитување и непостапување по тие упатства.

Според слободниот (претставнички) мандат, избраните

претставници се слободни во својата работа и одлучување, тие

работат по своја совест и чувство за одговорност и за време на

мандатот не можат да бидат отповикани. Овој мандат се заснова на

сфаќањето дека избраните претставници го претставуваат народот во

целина, а не избирачите што ги избрале.

Начинот на изјаснувањето на избирачите, изборните системи

го предвидуваат како начин каде тие непосредно ги избираат

своите претставници и посредно, кога избираат свои претставници

кои во нивно име ќе ги изберат претставниците. Избирачкото право

граѓаните во принцип го остваруваат на локални и парламентарни

избори. Исто така постои разлика во начините на изјаснување кога

тоа се врши тајно или јавно.

Изборната техника претставува начин на организирање и

постапка за спроведување на изборите. Таа се состои во

определување на изборни единици, органи за спроведување на

изборите, утврдување избирачки места, начин и време на гласање и

сл.

Видови изборни системи

Постојат три видови на изборни системи: мнозински,

пропорционален (сразмерен) и мешовит.

- Мнозински систем е таков изборен принцип според кој

сите мандати во една изборна единица и се доделуваат на онаа политичка

партија која добила мнозинство во изборната единица.

- Пропорционалниот систем е таков изборен принцип според

кој секоја политичка партија, односно група која што учествува на

изборите, добива толкав број на мандати (места во претставничкото тело) 149

Page 151: Skripta Osnovi Na Pravo

кој е сразмерен на бројот на гласовите што се дадени во полза на одделна

партија, односно група.

3. Изборниот систем во Република Македонија

Уставот на Република Македонија го утврдува изборниот

систем како составен дел на политичкото уредување.

Уставот се определува за политички плурализам и слободни,

непосредни и демократски избори - како темелна вредност на

уставниот поредок на Република Македонија.

Избирачкото право е општо, еднакво и непосредно кое се

остварува на слободни избори со тајно гласање. Избирачко право

(активно и пасивно) имаат сите државјани на Република Македонија

кои на денот на изборите наполниле 18 години и се запишани во

избирачките списоци. Лицата на кои им е одземена деловната

способност немаат активно и пасивно избирачко право. (Пасивното

избирачко право е ограничено само за функцијата претседател на

Републиката за лицата кои на денот на изборите не наполнил 40

години живот и кои до денот на изборите не биле жители на

Република Македонија најмалку десет години во последните 15

години). Изборите се спроведуваат непосредно и тајно.

Изборите во Република Македонија се спроведуваат како:

парламентарни, претседателски и локални избори.

Пратениците во Собранието се избираат низ следните утврдени

принципи:

- тие се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно

гласање;

- избраните претставници имаат претставнички (слободен) мандат,

тие ги претставуваат сите граѓани и одлучуваат (настапуваат,

гласаат) по свое уверување;

- тие не можат да бидат отповикани од избирачите за време на

нивниот мандат;

- мандатот на пратениците трае четири години.

Во Собранието на Република Македонија се избираат 120 150

Page 152: Skripta Osnovi Na Pravo

пратеници, според пропорционалниот модел, при што територијата на

Република Македонија е поделена на шест изборни единици утврдени

со Изборниот законик и во секоја се избираат по 20 пратеници (Член

4 ст. 2 од Изборниот законик).

Начинот и условите за избор на пратеници се уредени со

Изборниот законик.

Претседателот на републиката се избира на општи и

непосредни избори, со тајно гласање, за време од пет години. За

претседател исто лице може да биде избрано најмногу два пати.

Претседателот мора да биде државјанин на Република Македонија,

на денот на изборите да наполнил 40 години живот и до денот на

изборите да бил жител на Република Македонија најмалку десет

години во последните 15 години. На локалните општи и непосредни

избори со тајно гласање се избираат членови на советите на

локалната самоуправа и градоначалници на општини.

151

Page 153: Skripta Osnovi Na Pravo

152

Page 154: Skripta Osnovi Na Pravo

153