26
Интегриран информатички систем за електронско тестирање Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи 1 Интегриран информатички систем за електронско тестирање Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи.

Sistem Za Elektronsko Testiranje

  • Upload
    otashev

  • View
    1.725

  • Download
    9

Embed Size (px)

DESCRIPTION

potrebno za Elektronsko ehterno Testiranje

Citation preview

Page 1: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

1

Интегриран информатички

систем за електронско тестирање

Упатство за користење

за

креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи.

Page 2: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

2

Содржина Вовед ...................................................................................................................................................................3

Опис на системот ................................................................................................................................................3

Кој ќе ги креира прашањата? ........................................................................................................................3

Што потоа со креираните прашања? ............................................................................................................3

Како ќе знаеме кои прашања се валидни а кои не? ...................................................................................3

Кој ги валидира прашањата? ........................................................................................................................3

Што понатаму со невалидни прашања? ......................................................................................................4

Што понатаму со валидни прашања? ...........................................................................................................4

Што понатаму со лекторирани прашања? ...................................................................................................4

Што се случува при преведување на прашање? .........................................................................................4

Упатство за креатор на прашања ......................................................................................................................4

Најавување на системот ................................................................................................................................4

Додавање на ново прашање .........................................................................................................................5

Преглед на внесени прашања .................................................................................................................... 15

Упатство за контролор на прашања .............................................................................................................. 15

Најавување на системот ............................................................................................................................. 15

Преглед на прашања ................................................................................................................................... 16

Валидирање на прашање ........................................................................................................................... 17

Уредување на прашање .............................................................................................................................. 17

Уредување на одговори ............................................................................................................................. 18

Упатство за лектор на прашања ..................................................................................................................... 19

Најавување на системот ............................................................................................................................. 19

Преглед на прашања ................................................................................................................................... 19

Лекторирање на прашање ......................................................................................................................... 20

Упатство за преведувач на прашања ............................................................................................................. 21

Најавување на системот ............................................................................................................................. 21

Преглед на прашања ................................................................................................................................... 21

Преведување на прашање ......................................................................................................................... 22

Работа со коментари ....................................................................................................................................... 24

Профил на корисник ....................................................................................................................................... 25

Page 3: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

3

Вовед Документот има за цел да даде објаснување за начинот на функционирање на системот за

електронско екстерно тестирање, за сите процеси, учесници, нивни задолженија и упатства за работа.

Првин ќе биде опишана работата на целиот систем за да се добие една глобална слика, а потоа ќе

бидат напишани детални упатства за секоја од основните улоги.

Опис на системот Системот за електронско екстерно тестирање е креиран со цел да ги покрие целите на новото

екстерно проверување и да овозможи проверка на квалитетот на оценувањето на наставниците,

квалитет по училишта во сите региони од Македонија и секако, квалитет по ученик.

За да се постигне тоа, од интерес ни се многуте потребни прашања кои ќе бидат сместени во т.н.

банка на прашања во системот. Прашањата ќе бидат за голем број на предмети, од различни типови и

со различни тежини.

Кој ќе ги креира прашањата?

Првин, мора да започнеме од креирање на повеќе нови прашања. Креирањето ќе го извршува

т.н. креатор на прашања. Креаторот на прашања ќе добие соодветен пристап до системот кој

одговара на неговата улога и ќе има можност да внесува нови прашања со соодветни понудени

одговори. Секако, еден креатор, нема да има потреба и пристап за креирање на прашања од сите

предмети. Тоа значи дека за секој креатор на прашања, посебно ќе се доделат одредени предмети за

кои тој ќе може да внесува нови прашања.

Што потоа со креираните прашања?

Откако прашањата ќе бидат креирани, тие не се подготвени веднаш за користење. За секое

внесено прашање од било кој креатор, потребно е прашањето да биде валидирано од некое друго

лице. Со тоа се осигурува квалитетот на внесеното прашање. При проверка односно валидирање се

проверува дали прашањето е коректно поставено и дали понудените одговори се коректни. Се

проверува дали прашањето има смисла и логика.

Како ќе знаеме кои прашања се валидни а кои не?

Значи, за секое посебно прашање кое го внел некој креатор, се проверува дали тоа е валидно

или не. Поради тоа, автоматски со секое креирано прашање се додава и статус на прашање. На

почеток, секое ново прашање има статус на невалидирано прашање. Тоа означува дека прашањето е

креирано ама уште не е проверено дали ќе се прифати како валидно или не. Откако тоа прашање ќе

се прегледа, статусот соодветно ќе се измени и веќе прашањето нема да е невалидирано.

Кој ги валидира прашањата?

Тука доаѓаме до нова улога во системот која се нарекува контролор на прашања. Секој

контролор си добива свои предмети за кои треба да валидира претходно внесени прашања. Доколку

прашањето е добро внесено, контролорот го менува статусот во валидно прашање и прашањето

добива статус: валидно и нелекторирано. Ако прашањето не е во ред и контролорот смета дека не

треба да го одобри, го менува неговиот статус во невалидно прашање. Прашањето тогаш има статус:

невалидно.

Page 4: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

4

Што понатаму со невалидни прашања?

Кога прашањето ќе се утврди како невалидно, соодветниот креатор на тоа прашање ќе може

истото да го промени и да ја поправи грешката која ја направил. Значи, откако креаторот гледа дека

на некое свое прашање контролорот му поставил статус за невалидно прашање, тој го менува

прашањето, ги зачувува промените и автоматски прашањето пак станува невалидирано. Како такво,

тоа пак се става на ред за валидирање кај контролорот.

Што понатаму со валидни прашања?

За секое прашање кое е утврдено како валидно, следи негово лекторирање. За тоа има

посебна улога во системот наречена лектор. Еден лектор ќе може да лекторира прашања само за

одредени предмети кои му се доделени. Значи, лекторот ќе има пристап до сите негови валидни

прашања кои чекаат за лекторирање. Откако лекторот ќе прегледа едно прашање и соодветно по

потреба ќе го измени текстот, го потврдува лекторирањето на тоа прашање. Автоматски, статусот од

валидно и нелекторирано преминува во валидно и лекторирано.

Што понатаму со лекторирани прашања?

Откако прашањето е лекторирано, тогаш потребно е прашањето да се преведе на повеќе

јазици за да може да се искористи соодветно. За тоа постои нова улога во системот наречена

преведувач. Преведувачот исто има свои предмети и тој може да ги гледа прашањата за преведување

само откако тие ќе бидат лекторирани. Тоа значи дека откако едно прашање ќе се лекторира, треба

да се преведе.

Што се случува при преведување на прашање?

Преведувачот преведува едно прашање на соодветен јазик и креира нова инстанца на

прашањето. Со тоа имаме всушност ново прашање кое има статус невалидирано. Потоа прашањето

поминува низ сите чекори претходно опишани.

Упатство за креатор на прашања

Најавување на системот

За успешно да се најавите на системот за електронско тестирање, првин потребно е да ја

посетите веб страната: http://eet.mon.gov.mk со веб прелистувачот Mozilla Firefox. Доколку го

користите системот со друг прелистувач, можно е некои делови да не функционираат како што се

очекува. По ова ќе ви се отвори страна како што е прикажано на Слика 1. Тука, во делот за најавување

ги внесувате вашето корисничко име и вашата лозинка и кликате на копчето за најавување Слика 1.

Page 5: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

5

Слика 1: Најавување

Доколку успешно сте се најавиле, вашата страница ќе се промени и ќе ви се испише текст

„Добредојдовте“. Ако пак останете на истата страна и добиете порака: „Ве молиме внесете валидно

корисничко име и лозинка“, значи дека сте направиле грешка при внесување на податоците за

најавување. Потребно е да пробате повторно.

Додавање на ново прашање

По успешната најава ќе можете да го забележите менито од левата страна на екранот. Тука се

наоѓаат сите акции кои може да ги извршите. Првата работа што ќе ја разгледаме е како да додадеме

ново прашање во системот. За да ја извршиме акцијата кликаме на копчето „Прашања за креатор“ од

менито како што е прикажано на Слика 2.

Слика 2: Избор на прашања за креатор

Со тоа преминуваме на страна наречена „Преглед на прашања“ и ни се отвора нова страна како Слика

3. Има копче наречено „Креирајте ново прашање“. Кликаме на копчето како што е прикажано на

Слика 3.

Page 6: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

6

Слика 3: Креирање на ново прашање

Креирањето на ново прашање се состои од четири чекори. За секој чекор на којшто сме моментално

имаме известување како на Слика 4. На почетокот по кликање на копчето „Креирајте ново прашање“,

се наоѓаме на првиот чекор.

Слика 4: Чекори при креирање на ново прашање

Чекор 1 – Поставки:

Прашањето коешто го додаваме мора да е за одредена наставна област/тема. За да дојдеме до

соодветната тема, го филтрираме јазикот, типот на образование, одделението/годината, наставниот

план, наставниот предмет и наставната тема. Потоа го избираме типот на прашањето. На пример, да

внесеме прашање по Биологија за втора година Гимназија на македонски јазик, одбираме:

Јазик: Македонски,

Тип на образование: Гимназија,

Одделение/година: Втора година,

Наставен план: Наставен план за 2 година Гимназија.

Наставен предмет Биологија,

Page 7: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

7

Наставна област/тема: 1-Биологија.

Тип на прашање: еден избор од повеќе одговори.

Откако изборите се во ред, кликаме на копчето за преминување на следниот чекор како на Слика 5.

Слика 5: Пример пополнување на првиот чекор

Чекор 2 – Внеси прашање:

Во наредниот чекор го внесуваме текстот на новото прашање и некои детали за него. Првин, во

првиот уредувач за текст го внесуваме прашањето како што е прикажано на Слика 6. Тука не ги

пишуваме понудените одговори.

Слика 6: Внесување на пример текст за прашање

Page 8: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

8

Доколку текстот сте го ископирале од Word или од некое друго место, откако ќе го вметнете во

уредувачот (Paste) мора да кликнете на копчето кое има изглед гумичка и е дел од уредувачот на

текстот (Слика 7). Со тоа се отстрануваат сите непотребни форматирања на текстот којшто е копиран

од некаде. По ова, ќе можете без проблем да продолжите со пишувањето и уредувањето на истиот

текст. При отстранување на форматирањето, најверојатно ќе има видливи промени на текстот. Бојата,

фонтот, набројувањето и некои други форматирања ќе се отстранат за да текстот биде соодветен за во

системот.

Слика 7: Отстранување на непотребни форматирања на копиран текст

При пишување на прашања и задачи од техничките предмети најчесто има потреба од внесување на

цела форматирана формула. Во случаите кога треба да внесеме формула, неа мора да ја напишеме со

Equation во Word 2007 или понова верзија. Ги извршуваме следниве чекори:

1. Ја креираме формулата во Word.

Во Word одиме во менито Insert како на Слика 8 и одбираме Equation како на Слика 9.

Потоа ја пишуваме формулата.

Слика 8: Преминување на менито Insert

Слика 9: Одбирање на Equation за пишување на формула

2. Ја селектираме целата формула како на Слика 10.

3. Кликаме на менито Design како на Слика 10.

Page 9: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

9

Слика 10: Преминување на менито за дизајн на формула

4. Кликаме на делот од менито Tools како на Слика 11. Овој чекор и чекорите 5 и 6 се

извршуваат само еднаш, на првото копирање на формулата.

Слика 11: Кликање на делот од менито Tools

5. Ни се отвора нов прозорец. Одбираме „Copy MathML to the clipboard as plain text“.

6. Го зачувуваме изборот со кликање на копчето „ОК“.

Page 10: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

10

Слика 12: Одбирање на начин на копирање на формула

7. Ја копираме формулата.

8. Се враќаме во нашиот уредувач.

9. Преминуваме на делот HTML како на Слика 13.

Слика 13: Преминување на делот HTML

10. Ја вметнуваме копираната формула и добиваме изглед како на Слика 14.

Слика 14: Вметнување на копираната формула

11. Кликаме на гумичката како на што беше прикажано на Слика 7.

12. Формулата ни се прикажува како на Слика 15.

Слика 15: Крајниот изглед на формулата

Page 11: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

11

За да имаме слика во нашето прашање, првин потребно е да ја додадеме сликата преку делот

прикажан на Слика 16. Тука ги додаваме сите слики кои сакаме да ги вметнеме и во текстот на

прашањето и во текстот на одговорите. Првин, ја наоѓаме сликата на нашиот компјутер преку копчето

„Browse“ (Слика 16). Откако ќе ја лоцираме посакуваната слика, кликаме на неа, па на копчето

„Open“. Со тоа ни се испишува патека во полето и потоа ја додаваме сликата во системот со клик на

копчето „Додадете слика“ (Слика 17).

Сликата мора да е од тип JPG или PNG и да е до 2 мегабајти. Во ширина треба да е максимум 600

пиксели, а во должина не е ограничено. По успешно додавање, таа се појавува веднаш во табелата

подолу. Ако табелата не постои, со првата слика се креира. Потоа од истата табела можеме да

избришеме непотребни слики со кликање на копчето за бришење за секоја слика посебно.

Слика 16: Наоѓање на слика

Слика 17: Додавање на слика

За да ја поставиме сликата до текстот во уредувачот, кликаме на копчето за додавање на слика

коешто е дел од алатките на уредувачот и е прикажано на Слика 18.

Слика 18: Додавање на слика во уредувачот

Со оваа акција се отвора нов прозорец во кој можеме да ги видиме сите слики што сме ги додале за

нашето прашање. Кликаме на сликата што сакаме да ја додадеме во текстот за прашањето и само

еднаш кликаме на копчето „Insert“ како што е прикажано на Слика 19. Го исклучуваме прозорецот и

сликата е додадена како дел од текстот на прашањето. Тука, пак можеме да ја намалиме, зголемиме

или пак да ја преместиме сликата како и во други познати уредувачи на текст.

Page 12: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

12

Слика 19: Додавање на слика како дел од текст на прашање

На крајот на чекорот, ги дополнуваме сите останати потребни детали како: ниво според Блумовата

таксономија, бројот на понудени одговори, време на одговарање, процент на ученици што се очекува

да ја решат задачата и поени (Слика 20). Обично, мора да се избере само нивото според Блумовата

таксономија и бројот на понудени одговори. Останатите поставки може да останат исти. Со ова,

можеме да преминеме на следниот чекор, со кликање на копчето „Следен чекор“ како што е

прикажано на Слика 20.

Page 13: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

13

Слика 20: Премин на чекор 3

Чекор 3 – Внеси одговори:

Во наредниот чекор треба да се внесат сите понудени одговори, онолку колку што избравме дека

ќе има во претходниот чекор. Доколку типот на прашање со кое работите има еден избор од повеќе

понудени одговори мора да се одбере кој одговор е точен со клик на кругчето од страна како на

Слика 21. По кликот, тоа кругче ќе биде изберено и ќе има зелена боја.

Ако типот на прашањето е да имаме повеќе точни одговори, на истиот начин ќе треба да се

селектираат сите точни понудени одговори. Ако одговорот кој го очекувате од прашањето е

внесување на една бројка, тогаш во овој дел треба да го внесете точниот одговор (внесување бројна

вредност цел број или децимален број).

Page 14: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

14

Слика 21: Избирање на еден точен одговор од понудените

Забележувате дека одговорите ги внесувате во исти уредувачи како во претходниот чекор. Тоа значи

дека треба да работите со сите уредувачи на ист начин. Доколку сакате да внесете формула или слика

во некој од понудените одговори, се повикувате на описот од претходниот чекор. За зачувување на

состојбата до тука, преминувате на наредниот чекор со кликање на копчето „Следен чекор“, истото

копче како што беше прикажано на Слика 20.

Чекор 4 – Прегледај и потврди:

Последниот чекор е за прегледување и потврдување на внесеното прашање. Се гледа текстот

на прашањето, одговорите што се внесени, кои од нив се изберени како точни и сите останати

внесени детали за прашањето. Во овој дел има две опции за понатаму, а тоа е само да го зачувате

прашањето или да го зачувате и да продолжите со внесување на ново прашање (Слика 22).

Слика 22: Зачувај и зачувај и внеси ново прашање

Да зачувате и внесете ново прашање значи да се вратите на првиот чекор за наредното

прашање, каде изборот на тамошните детали ќе ви биде веќе пополнет според претходното прашање

(образование, предмет, тема итн.). Ова е корисно во случаи кога внесувате повеќе прашања за еден

ист предмет. Ако одберете само да зачувате прашање, се враќате на страната за преглед на

прашањата и таму го гледате последното внесено прашање.

Page 15: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

15

Преглед на внесени прашања

За да ги прегледаме прашањата кои сме ги внеле до сега, повторно одиме на делот „Прашања

за креатор“ од менито како што е прикажано на Слика 2. Тука имаме преглед само на нашите

прашања без разлика кој статус го имаат моментално. Меѓутоа, статусот и повеќето други детали

може да се филтрираат за да се смени табелата со прегледот на прашања. Можностите ни се да ги

филтрираме прашањата по истите оние карактеристики по кои го внесуваме прашањето (јазик, тип на

образование...), статус, Блумова таксономија и тип на прашање. Постои и дел за пребарување на

прашање по клучен збор. Табелата со внесени прашања изгледа како на Слика 23.

Слика 23: Пример табела со прашања

Доколку прашањето се уште не е валидирано, ние можеме да го уредуваме. Тоа значи да поправаме

текст, точни одговори или пак да го избришеме целото прашање. На Слика 24 се прикажани сите

можни опции.

Со првата икона можеме само да го прегледаме прашањето.

Со втората икона можеме да го уредиме прашањето. При уредување, ни се отвора страна

како страната за внесување на ново прашање и можеме да го измениме текстот на

прашањето, сликите и останатите детали.

Со третата икона можеме да ги уредиме одговорите. Тоа значи, можеме да го смениме

точниот одговор или да додадеме нов.

На последната икона се брише целото прашање.

Слика 24: Уредување на внесено прашање

Упатство за контролор на прашања

Најавување на системот

За успешно да се најавите на системот за електронско тестирање, првин потребно е да ја

посетите веб страната: http://eet.mon.gov.mk со веб прелистувачот Mozilla Firefox. Доколку го

користите системот со друг прелистувач, можно е некои делови да не функционираат како што се

очекува. Во делот за најавување ги внесувате вашето корисничко име и вашата лозинка и кликате на

копчето за најавување како на Слика 25.

Page 16: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

16

Слика 25: Најавување

Доколку успешно сте се најавиле, вашата страница ќе се промени и ќе ви се испише текст

„Добредојдовте“. Ако пак останете на истата страна и добиете порака: „Ве молиме внесете валидно

корисничко име и лозинка“, значи дека сте направиле грешка при внесување на податоците за

најавување. Потребно е да пробате повторно.

Преглед на прашања

По успешната најава ќе можете да го забележите менито од левата страна на екранот. Тука се

наоѓаат сите акции кои може да ги извршите. Првин, ќе влеземе во делот за преглед на прашања за

контролорот со кликање на соодветниот дел од менито како што е прикажано на Слика 26.

Слика 26: Преглед на прашања за контролор

Прашањата ги прегледуваме во табела. Доколку немаме назначени прашања немаме ниту табела на

преглед. На почетокот, по отворање на страната, доколку имаме прашања за преглед, ни се

прикажуваат сите во табелата со повеќе редици на повеќе страни од табелата. Обично имаме потреба

да ги филтрираме оние прашања кои сакаме да ги гледаме во моментот. За тоа е и делот над табелата

како што е прикажано на Слика 27. Прашањата во табелата можеме да ги филтрираме според јазик,

тип на образование, одделение или година, наставен план, предмет и тема. Подетално, прашањата

може да се филтрираат и по нивниот статус, нивото на Блумовата таксономија и типот на прашање.

Page 17: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

17

Овозможено е и пребарување низ сите текстови на прашања, за да полесно се прегледа целното

прашање.

Слика 27: Филтрирање на преглед на прашања

Валидирање на прашање

Откако ги имаме посакуваните прашања во табелата за преглед, може да преминеме кон

нивно валидирање. Во последната колона од секое прашање, контролорот може да го прегледа

прашањето и со тоа да го валидира. Тоа се постигнува со кликање на првата икона од трите

прикажани на Слика 28.

Слика 28: Преглед на една редица – едно прашање

Со таа акција ни се отвора нова страна кадешто го има целиот преглед на прашањето и сите негови

детали. Доколку се утврди дека прашањето е во ред, контролорот треба да го промени неговиот

статус во валидно прашање со кликање на соодветното копче од Слика 29. Ако прашањето не е

доволно добро или пак е грешно, контролорот го менува статусот во невалидно. Доколку едно

прашање е означено како невалидно, контролорот треба да напише забелешка (образложение) со

цел авторот да знае зошто прашањето не е валидно и што би можел да измени.

Слика 29: Промена на статус на прашање

Уредување на прашање

Доколку контролорот воочува некоја грешка, може самиот тој да ја поправи и потоа да го

смени статусот на прашањето во валидно прашање. Тоа е овозможено со втората понудена икона од

Page 18: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

18

последната колона за секое прашање во прегледот (Слика 28). По клик за уредување на прашањето,

на контролорот му се отвора нова страна кадешто има еден уредувач на текстот во кој е впишано

прашањето (Слика 30). Подолу се напишани и останатите детали за прашањето. Контролорот може да

ја измени грешката и да го зачува прашањето со кликање на „Поправка на грешка“.

Слика 30: Промена на статус на прашање

При изменување на прашањето, мора да се внимава на сите ограничувања за копирање на

текстот од Word, за внесување слика и формула. Тие делови се опишани погоре при упатството за

внес на ново прашање за креатор.

Уредување на одговори

Доколку контролорот воочува некоја грешка во понудените одговори и сака сам да ја направи

промената, клика на третата обележана икона од Слика 28. Со тоа, се отвора нова страна каде секој

одговор може да се избрише, измени или пак да се одреди нов точен одговор (Слика 31).

Дополнително, може да се додаде и нов одговор. При пишување на новите текстови, важат сите

правила од претходно.

Слика 31: Уредување на понудени одговори

Page 19: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

19

Упатство за лектор на прашања

Најавување на системот

За успешно да се најавите на системот за електронско тестирање, првин потребно е да ја

посетите веб страната: http://eet.mon.gov.mk со веб прелистувачот Mozilla Firefox. Доколку го

користите системот со друг прелистувач, можно е некои делови да не функционираат како што се

очекува. Во делот за најавување ги внесувате вашето корисничко име и вашата лозинка и кликате на

копчето за најавување како на Слика 32.

Слика 32: Најавување

Доколку успешно сте се најавиле, вашата страница ќе се промени и ќе ви се испише текст

„Добредојдовте“. Ако пак останете на истата страна и добиете порака: „Ве молиме внесете валидно

корисничко име и лозинка“, значи дека сте направиле грешка при внесување на податоците за

најавување. Потребно е да пробате повторно.

Преглед на прашања

По успешната најава ќе можете да го забележите менито од левата страна на екранот. Тука се

наоѓаат сите акции кои може да ги извршите. Првин, ќе влеземе во делот за преглед на прашања за

лекторот со кликање на соодветниот дел од менито како што е прикажано на Слика 33.

Слика 33: Избор за преглед на прашања

Прашањата ги прегледуваме во табела. Доколку немаме назначени прашања немаме ниту табела на

преглед. На почетокот, по отворање на страната, доколку имаме прашања за преглед, ни се

Page 20: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

20

прикажуваат сите во табелата со повеќе редици на повеќе страни од табелата. Обично имаме потреба

да ги филтрираме оние прашања кои сакаме да ги гледаме во моментот. За тоа е и делот над табелата

како што е прикажано на Слика 34. Прашањата во табелата можеме да ги филтрираме според јазик,

тип на образование, одделение или година, наставен план, предмет и тема. Подетално, прашањата

може да се филтрираат и по нивниот статус, нивото на Блумовата таксономија и типот на прашање.

Овозможено е и пребарување низ сите текстови на прашања, за да полесно се прегледа целното

прашање.

Слика 34: Филтрирање на преглед на прашања за лектор

Лекторирање на прашање

Откако ги имаме посакуваните прашања во табелата за преглед, може да преминеме кон

нивно лекторирање. Во последната колона од секое прашање, лекторот може да го прегледа

прашањето и со тоа да го лекторира. Тоа се постигнува со кликање на иконата како што е прикажано

на Слика 35.

Слика 35: Пристап до прашање за лекторирање

Со таа акција ни се отвора нова страна наречена „Уредување на прашање“ кадешто го има целиот

преглед на прашањето и сите негови детали. Можеме да го смениме текстот на прашањето и текстот

на сите понудени одговори. Лекторот не може да смени кој одговор е пријавен како точен.

Доколку утврдиме дека има грешка во текстот чијашто задача за поправање е на лекторот, може да се

измени грешката и да се зачува прашањето. При изменување на прашањето, мора да се внимава на

сите ограничувања за копирање на текстот од Word, за внесување слика и формула. Тие делови се

опишани погоре при упатството за внес на ново прашање за креатор. Кога сите потребни измени ќе

Page 21: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

21

бидат завршени, лекторот го потврдува своето лекторирање со кликање на копчето „Потврди

лекторирање на прашање“ како што е прикажано на Слика 36.

Слика 36: Потврдување на лекторирање на прашање

Упатство за преведувач на прашања

Најавување на системот

За успешно да се најавите на системот за електронско тестирање, првин потребно е да ја

посетите веб страната: http://eet.mon.gov.mk со веб прелистувачот Mozilla Firefox. Доколку го

користите системот со друг прелистувач, можно е некои делови да не функционираат како што се

очекува. Во делот за најавување ги внесувате вашето корисничко име и вашата лозинка и кликате на

копчето за најавување како на Слика 37.

Слика 37: Најавување

Доколку успешно сте се најавиле, вашата страница ќе се промени и ќе ви се испише текст

„Добредојдовте“. Ако пак останете на истата страна и добиете порака: „Ве молиме внесете валидно

корисничко име и лозинка“, значи дека сте направиле грешка при внесување на податоците за

најавување. Потребно е да пробате повторно.

Преглед на прашања

По успешната најава ќе можете да го забележите менито од левата страна на екранот. Тука се

наоѓаат сите акции кои може да ги извршите. Првин, ќе влеземе во делот за преглед на прашања за

преведувач со кликање на соодветниот дел од менито како што е прикажано на Слика 38.

Page 22: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

22

Слика 38: Избор за преглед на прашања

Прашањата ги прегледуваме во табела. Доколку немаме назначени прашања немаме ниту табела на

преглед. На почетокот, по отворање на страната, доколку имаме прашања за преглед, ни се

прикажуваат сите во табелата со повеќе редици на повеќе страни од табелата. Обично имаме потреба

да ги филтрираме оние прашања кои сакаме да ги гледаме во моментот. За тоа е и делот над табелата

како што е прикажано на Слика 39. Прашањата во табелата можеме да ги филтрираме според јазик,

тип на образование, одделение или година, наставен план, предмет и тема. Подетално, прашањата

може да се филтрираат и по нивниот статус, нивото на Блумовата таксономија и типот на прашање.

Овозможено е и пребарување низ сите текстови на прашања, за да полесно се прегледа целното

прашање.

Слика 39: Филтрирање на преглед на прашања за преведувач

Преведување на прашање

Откако ги имаме посакуваните прашања во табелата за преглед, може да преминеме кон

нивно преведување. Во последната колона од секое прашање, преведувачот може да го прегледа

прашањето и оттука да премине кон негово преведување. Тоа се постигнува со кликање на иконата

како што е прикажано на Слика 40.

Page 23: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

23

Слика 40: Пристап до прашање за преведување

Со таа акција ни се отвора нова страна наречена „Уредување на прашање“ кадешто го има целиот

преглед на прашањето и сите негови детали. Можеме да го смениме текстот на прашањето и текстот

на сите понудени одговори. Го избираме јазикот на кој ќе преведуваме, и мора да се измени

наставниот план, т.е. да се избере наставниот план за јазикот на кој преведуваме (Слика 41). По

потреба, може да се измени и предметот, ако сакаме преведеното прашање да го сместиме во друг

предмет. На крај, во едиторот за текст го пишуваме истиот текст само преведен на соодветниот јазик

(Слика 41). Преведувачот не може да смени кој одговор е пријавен како точен.

Слика 41: Избор на јазик на кој се преведува прашањето

При преведување на прашањето, мора да се внимава на сите ограничувања за копирање на текстот

од Word, за внесување слика и формула. Тие делови се опишани погоре при упатството за внес на

ново прашање за креатор. Кога сите потребни измени ќе бидат завршени, преведувачот клика на

копчето „Креирајте нова инстанца на прашањето“ како што е прикажано на Слика 42.

Page 24: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

24

Слика 42: Потврдување на преведување на прашање

Работа со коментари Креаторот, контролорот, лекторот и преведувачот имаат пристап за преглед на своите коментари

преку менито како што е прикажано на Слика 43.

Слика 43: Пристап до коментари

Коментарите се внесуваат при уредување на некое прашање. Тој коментар важи само за тоа прашање,

а се внесува преку делот „Забелешка“ во соодветниот уредувач за текст. Откако коментарот ќе биде

внесен, тој ќе биде видлив за сите корисници кои имаат пристап до прашањето. При преглед на свои

коментари добиваме табела од прашања со број на забелешки по прашање (коментари) и икона за

детален преглед на забелешките за секое прашање посебно (Слика 44).

Слика 44: Преглед на коментари по прашање

Откако ќе ги прегледаме коментарите за соодветното прашање, ако коментарот е наменет за нас,

можеме да дадеме повратна информација дека сме го прочитале со тоа што ќе кликнеме на иконата

за процесирање на коментар од последната колона (Слика 45). Можеме и да напишеме нова

забелешка како одговор во полето веднаш под забелешките (Слика 45).

Page 25: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

25

Слика 45: Процесирање и одговарање на коментар за едно прашање

Профил на корисник Секој корисник може да го прегледа и да го измени својот профил со пристап до него преку главното

мени како што е прикажано на Слика 46. Со оваа акција на корисникот му се отвора страна наречена

„Мој профил“ која ги прикажува веќе внесените информации за корисникот. Во истите полиња

корисникот може да ги измени своите податоци. При прегледот на својот профил, секој корисник

може да си ја измени својата лозинка (Слика 47), име, презиме, корисничко име, е-пошта. На крај,

сите податоци мора да се зачуваат со кликање на копчето „Измени“.

Слика 46: Преглед на профил

Page 26: Sistem Za Elektronsko Testiranje

Интегриран информатички систем за електронско тестирање

Упатство за користење за креатори на прашања, контролори, лектори и преведувачи

26

Слика 47: Уредување на кориснички профил