68

Click here to load reader

PORTA3 154

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Porta3 broj 154

Citation preview

Page 1: PORTA3 154

Пиратите од Македониjа90

дена

ри /

БРО

Ј 154

/ П

ЕТО

К 08

.04.

2011

годи

на V

II

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Едуардо Сото де Мора лауреат на Прицкеровата награда

меморИјален центар на Холокаустот

Да не се случеше,

да не се изградеше!

Page 2: PORTA3 154
Page 3: PORTA3 154

Ïèðàòèòå îä Ìàêåäîíèjà

90 де

нари

/ БР

ОЈ 1

54 /

ПЕТ

ОК

08.0

4.20

11 го

дина

VII

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Едуардо Сото де Мора лауреат на Прицкеровата награда

МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ

Да не се случеше,

да не се изградеше!

број 154 петок 08.04.2011 годИна Vii

Архитектите во Македонија и пошироко добија современа лектира. Четиво и видеозапис на настани и предавања по повод 60-годишнината на Архитектонскиот факултет во Скопје, во кои главните улоги ги имаа видни имиња од европската и светската архитектура. Станува збор за публикацијата РАЗГОВОРИ+ПРЕДАВАЊА, во издание на Архитектонски факултет, а како автори се појавуваат асистентите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска. „Да не се случеше, да не се изградеше! Но, се случи и се изгради. Се изгради за да не се заборави, израсна како блесок во просторот за да даде живот од пепелта собрана во три урни, сега сместени во музејот“, вели архитектот Мирко Андовски, главниот проектант на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Музејот изникнат како феникс на просторот на некогашното Еврејско маало во Скопје, на улиците „Амарова“ и

„Давидова“, речиси се поклопува со старата, предвоена урбана матрица. Во случаи кога веќе изградените објекти не ги задоволуваат асеизмичките критериуми, најчесто се предвидува комплетно рушење на објектот и негова повторна изградба. Таков пример е старата „Југобанка“, објект кој за секој искусен проектант претставува вистински предизвик да го доведе во состојба во која ќе се гарантира неговата идна сеизмичка сигурност, а притоа да се спасат огромните инвестиции кои се мерат во милиони евра. Најпрестижното признание во архитектурата, Прицкеровата награда, годинава отиде во рацете на португалскиот архитект Едуардо Сото де Мора. Според жирито на оваа награда, „Делата на Сото де Мора се истовремено моќни и скромни, храбри и суптилни, авторитетни во својата јавна појава, а истовремено изразуваат чувство на интимност“.

од редакцИјата

ГРАДЕЖНИШТВО 14СТАРАТА „ЈУГОБАНКА“ - СО

НАУКА ПРОТИВ РУШЕЊЕ

АРХИТЕКТУРА 18МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР

НА ХОЛОКАУСТОТ ДА НЕ СЕ СЛУЧЕШЕ, ДА

НЕ СЕ ИЗГРАДЕШЕ!

ПРИЗНАНИЈА 22ЕДУАРДО СОТО ДЕ МОРА, ДОБИТНИК

НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА

ПУБЛИКАЦИИ 26СОВРЕМЕНА ЛЕКТИРА

ЗА СЕКОЈ АРХИТЕКТ

УРБАНИЗАМ 40ЛИСАБОН: ОД ЗАПУШТЕНА

ИНДУСТРИСКА ЗОНА ДО ЛУКСУЗЕН КВАРТ

ЕКОЛОГИЈА 52ДАЛИ МАКЕДОНИЈА Е ПОДГОТВЕНА

ЗА НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ?

ЕКСПЕРТ 50AНГЛИЈА: ГЛОБАЛНИТЕ ПАЗАРИ ГО

ЗАГРОЗУВААТ СТУДИРАЊЕТО ДОМА

Редакција:

главен и одговорен уредник:Дејан БУЃЕВАЦ

новинари:Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКАЛеонида Пенка БАША

надворешни соработници:Ангел СИТНОВСКИИгор РИСТОВСКИ Сандра ДОНЧЕВАВладимир Б. ЛАДИНСКИТрајче СТОЈАНОВСашо КУЗМАНОВСКИАлександра ПЕТРОВСКАДаниела МЛАДЕНОВСКАБилјана САВИЌДраган РИСТОВАлександра ШЕКУТКОВСКАКире КИПРОСКИСузана ВАСИЛЕВАПавлинка АТАНАСОВАЕлена ПЕТРОВСКА

графички уредник:Дејан ДАВИТКОВ

фоторепортер:Кире ПОПОВ

лектор:Костадинка СОЛЕВА

Издавачки совет:Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. - претс.проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА,дипл. град. инжВања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх.Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл. инж. арх.

Издавач:„Биропрес“ ДОО СкопјеУл. Васил Ѓоргов број 21,влез 2, локал 9, 1000 Скопје

Телефон:3109 311; 3151 311; Факс:3132 924e-mail: [email protected]

Печати:Европа92 - Кочани

Маркетинг:Биро Проект[email protected]@porta3.com.mkТел: 3243 790; 3243 797Fax: 3243 796Моб: 072 248 796

www.porta3.com.mk

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.жиро с-ка: 300000001995035 воКомерцијална банка АД СкопјеЕДБ: 4030004528485

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

40

Насловна страница: музеј паула рего во кашкаИш, португалИјаАвтор: едуардо соуто де моура

2218

52 26

драгИ чИтателИ,

Page 4: PORTA3 154

4

Page 5: PORTA3 154

`

Page 6: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 201136

6

инфо

Кон крајот на март во „Хипериум“ се одржа изложба на студентски проекти- идејни решенија

за проектот за реновирање на основните училишта во општина Карпош, О.У. „Братство“ и О.У. „Димо Хаџи Димов“. Проектите се плод на работилницата што се одржа во просториите на општината во текот на февруари. Нејзина намена беше да се изработат идејни решенија за реновирање на споменатите училишта. Во работилницата учествуваа судентите по архитектура од 4-та година при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје, предводени од проф. Мартин Гулевски, проф. Мишко Ралев, проф. Викторија Еремеева , проф. Кокан Грчев и други професори и асистенти при овој факултет. Иницијативата за ваквата соработка пристигна како покана од градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски. Студентите работеа една недела.

Тие беа поделени во 8 гупи, секоја група беше составена од два до три члена. Откако проектите беа готови, беа разгледани во секторот за урбанизам во оштината. А потоа беа изложени. Целта на изложбата беше јавно да се види финалниот резултат од работилницата. Со изложбата се покажа дека студентите и покрај краткиот

временски период успеаја целосно да ги реализираат своите идеи на начин кој се очекуваше од нив.Ваквиот приод за вклучување на студентите во проекти е од особена важност за нив и искуство повеќе да станат подобри во иднина, меѓутоа исто така е позитивно и за целокупниот проект на општината што за краток

временски период доби повеќе идеи кои ќе можат да ги искористат при финалната реализација на проектот. Ова е прва соработка од ваков вид помеѓу двете институции, општината Карпош и Универзитетот „Американ колеџ“, која ќе продолжи и во иднина.

Душица АнДоновскА

Изложба на студентскИ проектИ во „ХИперИум“

ИднИте арХИтектИ подаруваат ИдеИ

Студентскиот парламент на Архитектонскиот факултет - Скопје во соработка со

професор Виктор Пајвански организираа средба со студентите на Архитектонскиот факултет, на која беа презентирани трите вебсајта што проф. Пајвански

ги користи за изложување на сопствените архитектонски проекти, како и проекти реализирани од страна на студентите на Архитектонскиот факултет. Тој истакна дека е од особено значање секој архитект своите дела да ги презентира пред пошироката

јавност. Особено, користејќи ги предностите што ги нуди новата ера на интернетот. Професорот ги охрабри студентите - идните архитекти да го користат овој медиум преку кој ќе се презентираат себеси како проектанти и на тој начин полесно да доаѓаат во контакт

со инвеститорите. На оваа средба се дикутираше за проекти направени од проф. Пајвански и од студентите, а презентирани на вебсајт. Посебна нагласка беше дадена на проектите изработени од студентите по предметот Продлабочена настава, каде ментор е токму професорот Пајвански. Во текот на дискусијата студентите-автори

го искажаа личниот пристап при проектирањето на објектите. Најдобрите трудови од студентите се објавени на еден од трите вебсајта на професорот, кои беа предмет на презентацијата. Предметот Продлабочена настава се реализира во последните два семестра од студирањето на Архитектонскиот факултет, каде се изработува проект, под менторство на професори од најразлични области, меѓу кои се урбанистичко планирање, просторно обликување, конструктвни детали, естетика и простор, како и визуелно презентирање на проектот преку 3D анимација и макета. По барање на студентите, професорот го изнесе своето видување за начинот на студирање на универзитетите што професорот ги има посетено, како и за разликите меѓу релациите проектант - конкретен инвеститор и проектант - конкурсна задача.

П.к.

студентскИ парламент на арХИтектонскИ факултет

себепрезентИрање преку Интернет

Page 7: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 7

7

инфо

Во Музејот на град Скопје е отворена изложба на архитектонски проекти и

модели со наслов „OUTBOX 2010“. Станува збор за девет проекти на студиото за современа архитектура „СКАрС“ и архитектонското биро „Архитектри“, со кои минатата година учествуваа на јавните архитектонски конкурси за избор на најдобри решенија. Значи, проекти кои се работени во 2010 година, а кои според програмската задача, обемот и архитектонскиот пристап кон темата се многу

различни. Меѓутоа, ниту еден од тие натпревари на идеи не заврши со јавно презентирање на пристигнатите трудови, заради што организаторите се решија да ја организираат изложбата OUTBOX 2010. Според нив, идејата е јавно да се презентираат овие трудови и да испровоцираат комуникација и дијалог за улогата на архитектурата во контекст на нашето општество. „Комуникацијата помеѓу нарачателите, архитектите и јавноста главно се сведува на скромни објави во дневните

весници. Со ваквите тенденции, архитектонските идеи и замисли нè само што остануваат непознати и за професионалната и за пошироката јавност, туку и добиваат карактер на некакви строго доверливи тајни“, се вели во соопштението на организаторите. Изложбата се фокусира токму на таа состојба. Во својата идејна замисла „Outbox 2010“ претставува меѓупростор во кој е содржана одредена порака, односно информација која никаде не е испратена.На „Outbox 2010“ се презентирани

првонаградениот конкурсен проект за новата административна зграда на општина Карпош; две нови катни гаражи за централното градско подрачје на Скопје; две спортски сали за населбата Аеродром; станбен комплекс за припадниците на АРМ; проект за нов пешачки мост преку реката Вардар во Скопје, како и мала едносемејна куќа во Битола и сценографија за претставата „Баронот Минхаузен“ за театарот во Струмица.

Д.Б.

сТРоГИ ТАЈнИ Комуникацијата помеѓу нарачателите, архитектите и јавноста главно се сведува на скромни објави во дневните весници. Со ваквите тенденции, архитектонските идеи и замисли нè само што остануваат непознати туку добиваат карактер на некакви строго доверливи тајни.

„OUTBOX 2010“ како Израз на новИ арХИтектонскИ тенденцИИ

Изложба

Page 8: PORTA3 154

инфо

ПОРТА 08 април 201138

8

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

окоЛносТИ Според Мароје Мрдуљаш од Архитектонскиот факултет во Загреб, архитектонската продукција на Југоисточна Европа треба да ја проблематизираме

во поширок интернационален контекст, но и да ги истражиме специфичните општествени околности и наследените проекти на социјалистичка Југославија.

поукИ од модернИзацИИтеКако дел од двегодишниот проект

за соработка и истражување од областа на архитектурата и

урбаното планирање „Недовршени модернизации: Помеѓу утопијата и прагматизмот“, во Културно информативниот центар во Скопје, на 1 и 2 април се одржа конференција на тема „Поуки од

модернизациите“. Во заедничка соработка, проектот го реализираа Здружението на хрватски архитекти и Институтот за современа архитектура (Хрватска), „Траект“ и Уметничката галерија Mарибор (Словенија), Здружението на архитекти од Белград (Србија) и „Коалицијата за одржлив развој“

(Македонија). Преку различни презентации, оваа платформа беше насочена кон истражување и преиспитување на политичкиот, културен и историски контекст на Модернистичката архитектура и урбаното планирање во земјите на поранешна Југославија, и нејзиниот одраз на изградената средина во

пост-социјалистичкиот период.На првиот ден, Ведран Мимица (Институт Берлаг) нè воведе во „Утописки патувања: Политичките аспекти на југословенскиот урбанизам во периодот на самоуправниот социјализам“. Преку примерот на Нов Загреб, Мимица ја изнесе хипотезата дека

меѓународна конференцИја во скопје

Page 9: PORTA3 154

инфо

08 април 2011 ПОРТА3 9

9

Тел.+389 2 2460 458, [email protected]Факс.+389 2 2460 459 www.rehau.com.mk

Сеуште губите време во објаснување на Вашите

клиенти за Вашата локација

Контакт:

Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android ТелефонОдсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

Тел: +3892 / 6090 - 671Моб: +38978 / 330 - 313

[email protected]

1

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение. Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи.Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: [email protected] www.elikosoft.com.mk

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при

урбанистичката практика не била инспирирана и никогаш вистински не го прифатила „социјалистичкиот самоуправен процес“. Дискусија за своите творечки искуства на полето на архитектурата и урбанизмот во периодот на социјалистичка Југославија, остварија архитектите Георги Константиновски, Олга Плевнеш и Борис Чипан. Свое предавање одржа и Влатко Коробар (Архитектонски

факултет, Скопје) со „Навраќање на Аеродром“.На вториот ден, преку панел дискусиja „Прогресивна архитектура?“ беа претставени низа позитивни иницијативи преку проекти на независни групи на архитекти и истражувачи (Пулска група, Платформа 9.81, Co-Plan, University Polis, Expiditio и групата од Македонија: Дивна Пенчиќ, Јасна Стефановска и Биљана Спиркоска). Под заедничка „Друга Модерност“

беа поврзани панел дискусиите: „Патот од традицијата кон модерноста“ на Елша Туркшиќ и Нина Угљен Адемовиќ; „Градејќи ги неврзаните: Сонцето никогаш не заоѓа за Енергопроект“ на Дубравка Секулиќ и „Скопје- градот Феникс“ на Дивна Пенчиќ, Јасна Стефановска и Биљана Спиркоска.Циклусот предавања го затвори темата „PRLTM Извозот на архитектурата и урбанизмот од социјалистичка Полска“ на Лукаш Станек.Конференцијата беше пропратена со изложбата Борбина сојузна награда за архитектура: Панјугословенски дискурс помеѓу регионалните идентитети.Преку интегрирање на мултивалентни истражувачки теми, платформата преиспита пошироки културни прашања кои вклучуваат и распознавање на сличности, различности и значењето на локалната архитектура. Според ставот на Мароје Мрдуљаш (Архитектонски факултет, Загреб),

архитектонската продукција на Југоисточна Европа треба да ја проблематизираме и во поширок интернационален контекст, но и да ги истражиме внатрешните специфични општествени околности и наследените проекти на социјалистичка Југославија. Тие влијаеле и на урбанизамот и на архитектурата на социјалистичкото време, како што последиците на успехот и недостатоците на тој проект, во изградената средина и во општествен контекст, се чувствуваат и денес. Со цел разрешување на денешните проблематики и заговарање на модерни цивилизациски настојувања, неопходни се заеднички напори за подобро разбирање на тие процеси, како и размена на искуства за начините на спротивставување на регресивните процеси на денешната архитектонско-урбанистичка пракса.

Бојана ФИЛИПовИЌ, дипл.инж.арх.

дИвна пенчИќ - коалИцИја за одржлИв развој

дИјалог за алтернатИвност во ИднИте арХИтектонскИ акцИИсметам дека овој проект и нашето вклучување во него е особена можност и ние архитектите од Македонија, да се вклучиме во новоотворениот дискурс за промислување на случувањата во урбанизмот и архитектурата на една поширока територија, на територијата на поранешна Југославија. Имајќи ја како подлошка заедничката општествено-политичка заедница на здружени земји, на една поголема територија се разви еден специфичен однос кон урбанизмот и архитектурата, кој зад себе остави исклучителни градови и градби. Разбирањето на процесите и акциите што доведоа до овие грандиозни дела, гледани од денешна перспектива на никогаш завршена транзиција, е веројатно потребно за разбирање на она што денес се случува во урбанизмот и архитектурата. Прашањето на незавршени модернизации создава база за отпочнување дијалог за алтернативни правци во идните урбанистички и архитектонски акции. Паралелното отворање на теми, отворање на дискусии по одредени заеднички интереси помеѓу истражувачите од земјите што потекнуваат од заедничката земја сФР Југославија, не става рамо до рамо со веќе етаблирани групи на тероретичари и истражувачи архитекти и урбанисти. За нашата организација коалиција за одржлив развој, ова претставува продолжување на зацртаните цели за афирмација на урбанизмот и архитектурата од Македонија во регионот и пошироко. сметаме дека скопје и Македонија се значајни архитектонски центри, каде што се слеваат многу светски етаблирани урбанисти и архитекти, но и од каде се промовираат современи достигнувања во областа на урбанизмот и архитектурата. Поради ова е особено важно да влеземе во пошироката истражувачка заедница и да го дадеме својот придонес, како и да се промовираме пошироко во светот.

Page 10: PORTA3 154

скопје

ПОРТА 08 април 2011310

10

Уставниот суд ја укина одлуката на Советот на општина Центар за изменување и дополнување

на ДУП „Стара железничка станица“. Одлуката е укината, бидејќи, како што утврдил Судот, била донесена во скратена постапка, иако во време на нејзиното донесување не постоеле можности во Законот за просторно и урбанистичко планирање измените и дополнувањата на плановите да се носат на тој начин. ДУП можеше да се донесе во забрзана процедура до 31 декември 2009 година, по што сите тие постапки се спроведуваат така што се почитуваат сите фази на изработување и донесување на планот. Судот ја укина одлуката како неуставна, бидејќи е донесена по 31 декември 2009 година, кога не постоеле законски можности за носење во скратена постапка.Планот за Стара железничка станица предизвика негодувања кај жителите од околните згради, но и општо кај скопјани. Според него, просторот меѓу улиците Водњанска, Железничка, Бихаќка и Мито Хаџивасилев Јасмин ќе наликуваше на бетонски лавиринт ако во целост се исполнеа планските решенија. Особено што се предвидуваше да се вкопа Јужниот булевар под земја и врз него да се изгради огромен

деловен комплекс долг еден километар и висок 21 метар. За сите забелешки општината Центар, чиј совет го усвои планот, одговараше дека при неговото изготвување се направени потребните технички, функционални, сообраќајни и еколошки анализи, кои покажале дека не постојат пречки за реализацијата. Техничкиот аспект вели дека малиот процент на изграденост е карактеристика на целиот простор, што било резултат на старите плански решенија. Се вели дека и самиот мотив за изработка на планот е потребата за максимално планерско искористување во рамките на постојните урбанистички парцели. Забележано е дека постојната состојба е лоша, бидејќи од 30 објекти 23 се куќи, комерцијални се четири, сервисни два и јавен е еден, иако Генералниот урбанистички план како главна намена за овој простор ја посочува комерцијално-деловната. Предвидено е од 14,28 хектари, колку што изнесува вкупниот плански опфат, да се одвојат 9,35 хектари за градежни површини, а остатокот за зеленило и за сообраќајници. Во рамките на овој простор има и споменик на културата од втор степен,

односно самата Стара железничка станица, што значи дека неговата надворешност не смее да се менува. Сообраќајните решенија предвидуваат булеварот Македонија, попознат како Јужен булевар, да се вкопа под земја и да има широчина од 36 метри, два коловоза од 12 метри и исто толкав средишен дел наменет за трамвајска траса. Бидејќи ќе биде тунел, со околната сообраќајна мрежа ќе мора да се поврзува со рампи, чија должина би изнесувала најмалку 120 метри, а наклонот до пет отсто. Булеварот, што ќе биде шест метри под земја, ќе се поврзува со околните сообраќајници со три раскрсници во форма на кружни текови. Најимпозантен ќе биде тој меѓу новиот објект на НЛБ Тутунска банка и висококатницата на НИП „Нова Македонија“. Замислен е како елипса со внатрешен радиус од 70 до 80 метри, со коловоз од 21,5 метри и со пешачка патека од пет метри. Ќе ја спојува подземната сообраќајница со Водњанска, Железничка, Васил Ѓоргов, Мито Хаџивасилев Јасмин и со Климент Охридски. Другите два се со внатрешни кругови од 26 метри и од 23 метри.Како простор со комерцијално-деловна намена, планскиот

опфат на овој ДУП е изложен на три вида ризици по животната средина, односно аерозагадување, загадување на почвите и на водата, како и на бучава.Поволни фактори се што се овозможува градба во оформени градежни парцели и со изедначена висина, а и степенот на искористеност на градежното земјиште ќе биде економски оправдан со соодветни сообраќајни решенија. Затоа, пак, се додава дека можностите за да се реализира сè што е замислено се опфатени со низа ограничувања и ќе зависат од пресметките во идејните и во основните проекти. Влијание врз сето тоа имаат и честите промени на цените на пазарот, неможноста да се утврдат одредени ставки на трошоци, постојаниот расчеркор меѓу потребите и можностите, како и недостатокот на егзактни елементи за докажување одредени претпоставки. Со други зборови, само времето ќе покаже дали на градот навистина му треба километарски деловен центар, дали некој ќе се нафати да го гради и дали ќе ќари некоја пара од изградбата или ќе заглави во долгови.

к.с.Т.

укИната одлуката на општИна центар

„стара железнИчка“ ќе остане без кИлометарскИот деловен комплекс

Page 11: PORTA3 154

скопје

www.biroproekt.com.mkproektproekt

Овој месец централното градско подрачје ќе биде збогатено

со уште едно ново градилиште. На левата страна од кејот на реката Вардар, на просторот меѓу Мостот Гоце Делчев и Камениот мост, почнаа градежните работи за изградба на Градска плажа 2. Оваа градска плажа ќе се простира на површина од 1.775 квадратни метри, ќе се постави урбана опрема од монтажен карактер - дрвени

платформи, 20 маси, 80 столови и 80 лежалки. Изгледот на Градска плажа 2 наликува на Градска плажа 1, која беше отворена за посетителите минатото лето. Подлогата ќе биде направена од ситен песок. Проектот за градска плажа на оваа локација предвидува и четири шанка, детско катче со лулашки, киосци и бина за одржување манифестации. За корисниците на плажата ќе бидат поставени тушеви,

чешми за вода и соблекувална.Дел од Градската плажа 2 ќе биде и одбојкарското игралиште со димензии 22 на 14 метри. Теренот ќе биде заграден и ќе го осветлуваат осум рефлектори, што ќе овозможи игралиштето да се користи и во вечерните часови. Пристапот до Градската плажа 2 е обезбеден преку скалите што водат од Мостот Гоце Делчев, а за лицата со посебни потреби ќе се

изгради рампа. Градската плажа на кејот на Вардар ќе работи од 10 до 24 часот, а граѓаните ќе може бесплатно да ја користат. На плажата ќе бидат поставени табли „Забрането капење“.За изградба на плажата Градот Скопје ќе потроши околу девет милиони денари, а на терен ќе работат екипите на градежната фирма „Алкон“.

к.с.Т.

подготовкИ на теренот пред претстојната сезона

вардар ќе добИе уште една градска плажа

Page 12: PORTA3 154

градежништво

ПОРТА 08 април 2011312

12

Производителите на бетон и на бетонски производи ќе треба да ги научат новите стандарди кои треба да се применуваат во Македонија согласно хармонизацијата на стандардите што важат во ЕУ. Согласно Директивата за

градежни производи, e донесен Законот за градежни производи и подзаконските акти, каде е наведено дека до пристапување на Македонија во ЕУ производителот за производот, пред негово пуштање на пазарот, треба да обезбеди

сертификат за сообразност издаден од овластено тело. Сертификатот за сообразност ја заменува СЕ-ознаката. Контролата на производството мора да биде документирана и јасно прецизирана. Почетната контрола ја прави

прозводителот, а лабораториската опрема што ќе се користи ќе мора да ги задоволи предвидените услови со стандардот европска норма. Со новите стандарди производителите беа запознаени на тематската расправа што се

сИте ќе прават бетон по европскИ рецепт

домашнИте проИзводИтелИ треба да гИ учат новИте правИла

Page 13: PORTA3 154

градежништво

08 април 2011 ПОРТА3 13

13

одржа во Стопанската комора, а на која присуствуваа околу 50 производители на бетон. „Најважно е на производителите на бетон уште еднаш да им ја образложиме новата регулатива, кај нас стапена во сила од 2006 година. Тука се и правилниците и донесените стандарди, со кои комплетно е имплементирана директивата за градежни производи со европската директива за градежни производи. Со ова би се заокружила една целина и комплетно би дошло до префрлање на целата европска регулатива во Македонија која би важела за домашните производи. Истовремено треба да се прифатат новите стандарди кои би важеле за производите од бетон, но и за сите други градежни производи во земјава. Тоа треба да се случи до 2013 година, за кога е закажано носење на новата регулатива“, истакна Љубомир

Митров од Министерството за економија. Тој објаснува дека со овие промени се менуваат стандардите целосно. Односно, од претходните ЈУ-стандарди, кои се целосно отфрлени, сега ќе треба да се прифатат европските. „Ова важи за бетонот, но и за сите други градежни производи. Ќе има период на прифаќање на овие нови стандарди и приспособување на новата работа. Ќе има друг начин на контрола на квалитетот на бетонот. Со овие стандарди треба да има подобар квалитет, односно она што го бара ЕУ“, додава Митров.Што се однесува до приспособувањето на македонските производители на бетон кон овие стандарди, Митров вели дека тоа нема да им оди тешко. „Најважно е прво да се разбере што се бара од нив. Приспособувањето нема да им биде многу скапо и тешко, особено за производителите на бетон. Околу 70 отсто го имаат

потребниот производствен погон. Евентуално, плус трошоци би имале ако сакаат да инвестираат во сопствени лаборатории за проверка на квалитетот“, објаснува Митров, додавајќи дека веќе 12 фирми во Македонија, иако не им било законски наложено, веќе работат според европските стандарди и норми. Тоа најчесто се поголеми компании кои произведуваат градежни материјали, како и такви во кои е влезен странски капитал и извезуваат на странски пазари.Се очекува заживување на градежниот сектор, особено по најновите олеснувања што ги најави Владата во оваа област. „Податоците говорат дека може да претстојат големи инвестициони зафати. Освен легализацијата на дивоградбтите, што ќе придонесе за заживување на индивидуалните инвестиции во овој сектор, ќе се подобри и квалитетот на градбите. Со добивање на сопственост врз

објектот, граѓаните ќе почнат и со нивна реконструкција, доградби и надградби, така што и тоа ќе биде инвестиција во градежништвото во еден дел. Се најавуваат и продажби на земјишта на странски и на домашни инвеститори, што исто така ќе го раздвижи пазарот“, велат од Стопанската комора.Учесниците во дискусијата рекоа дека фабриките за бетон прават напори за нивно опремување и контрола на квалитетот на бетонот, но нелојалната конкуренција сè почесто ги руши пазарните правила и се нудат нереални цени на готовиот бетон. Со тоа се наметна потребата од формирање Групација за бетони, каде што заеднички ќе се предлагаат мерки за надминување на одредени проблеми, но и размена на искуство за имплементација на европските стандарди во оваа област.

к.с.Т.

Page 14: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011314

14

градежништво

Како што пишувавме во претходниот број на нашето списание, зградата „убиец“ или попозната како бивша „Југобанка“ од минатиот месец отпочна да се доизградува. Нејзин инвеститор е Министерството за финансии на Република Македонија, додека изведувач на градежните работи е словенечката фирма „Енергоплан“ од Љубљана. Но, иако зградата е изградена во 80-тите години од минатиот век, од

статички, а посебно од асеизмички аспект, нејзината армирано-бетонската конструкција беше потребно да се зајакне. Ова произлезе од фактот што според член 4 од Правилникот за технички нормативи за градење објекти во сеизмички подрачја (1981 год), објектот што припаѓаше во II

категорија објекти (деловни објекти), помина во

групата објекти од I категорија,

односно „објекти во кои се вршат активности од посебен интерес за општествено-политичките заедници“, со што дојде до зголемување на коефициентот на сеизмичка сигурност од 1,00 на 1,50. Заради тоа, по извршеното ново архитектонско надворешно, но и внатрешно функционално решение на овој објект, се пристапи кон повторно преиспитување на статичката и сеизмичката стабилност на армирано-бетонската конструкција, но овој пат според новите, многу поригорозни критериуми на асеизмичко проектирање на ваков тип објекти. Така, заради потребата зградата да се преиспита дали има капацитет да прими дури за 50 проценти поголеми сеизмички сили, се пристапи кон изработка на Студија за преиспитување на капацитетот на носивост на конструкцијата. Според добиените резултати од оваа студија, се констатираше дека ниту еден од проектните критериуми за цврста, безбедна и асеизмичка градба не се задоволени. Имено, катните поместувања беа за околу 20 проценти поголеми од дозволените, додека, пак, апсолутните поместувања на последниот кат од објектот беа за околу 50 проценти поголеми од дозволените. Исто така, потребната арматура во армирано-бетонските столбови, но и онаа во горната зона над потпорите во армирано-бетонските носачи беше помала од моментално вградената арматура во овие конструктивни елементи. Во вакви случаи, кога веќе изградените објекти не ги задоволуваат асеизмичките критериуми, најчесто се предвидува

комплетно рушење на објектот и негова повторна изградба. Затоа во тој момент пред проектантот се појави огромен предизвик, со примена на различни методи и начини за зајакнување на армирано-бетонската конструкција познати од неговото досегашно искуство, но и користејќи ги најновите достигнувања во светски рамки, да го доведе објектот во состојба во која ќе се гарантира неговата идна сеизмичка сигурност, а сепак да се спаси досегашната огромна инвестиција која се мери во милиони евра. Заради ова, се помина кон втората фаза на проектирање, односно се почна со изработка на Проект за зајакнување на постојната армирано бетонска конструкција. Меѓутоа, пред да се отпочне со какво било препроектирање, од специјализирана компанија за таква цел беше нарачан елаборат со кој ќе се откријат и потврдат вградените марки бетон, како и арматурни прачки во конструктивните елементи на армирано-бетонската конструкција. После изработката на овој елаборат, на проектантот му беше на распологање

Во случаи кога веќе изградените објекти не ги задоволуваат асеизмичките критериуми, најчесто се предвидува комплетно рушење на објектот и негова повторна изградба. Затоа во тој момент пред проектантот се појави огромен предизвик, со примена на различни методи и начини за зајакнување на армирано-бетонската конструкција познати од неговото досегашно искуство, но и користејќи ги најновите достигнувања во светски рамки, да го доведе објектот во состојба во која ќе се гарантира неговата идна сеизмичка сигурност, а сепак да се спаси досегашната огромна инвестиција која се мери во милиони евра.

И старата „југобанка“ продолжува да се градИ (2)

со наука протИв рушење

Page 15: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 15

15

градежништво

комплетната моментална „слика“ на конструкцијата на објектот. Како прва мерка за зајакнување на конструкцијата и како едно од логичните решенија за ваквиот вид проблематики е вметнувањето на крути вертикални елементи-платна во постојниот конструктивен систем, со што значително се подигна крутоста на целиот систем. Ова се направи на тој начин што се пристапи кон замена на скалишните ѕидови, изведени од полна тула со дебелина од 25 сантиметри, со армирано-бетонски платна, исто така со дебелина од 25 сантиметри. Со ова, на многу едноставен начин и без никакво дополнително функционално пореметување на објектот се постигна саканата цел, односно намалување на вредностите на првите тонови форми на осцилации и пад на релативните катни поместувања, како и апсолутните поместувања на врвот на конструкцијата, под оние дозволените со нашите прописи. Втор чекор од анализата на конструкцијата беше да се провери дали вградената арматура во армирано-бетонските столбови и греди е во поголем процент од потребната арматура, пресметана со новата статичка и сеизмичка анализа. Со опсежната анализа се покажа дека вградената арматура во сите армирано-бетонски носачи задоволува, а исто така и кај повеќето армирано-бетонски столбови, освен централните, кај кои беше потребно дополнително зајакнување. Заради тоа се пристапи кон трет

чекор во третманот на постојната армирано-бетонска конструкција, а тоа е зајакнување на централните армирано-бетонски столбови, односно зголемување на нивниот попречен пресек од 90x90 на 100x100 сантиметри. Зајакнувањето би се извршило на следниов начин: Се отстранува заштитниот слој на постојниот армирано-бетонски столб сè до појава на главната арматура и доаѓање до цврста подлога. Периферно се монтира новата главна арматура и тоа по 5 прачки во ќошињата, како и монтажна во средина на секоја од страните на столбот. Се штемува армирано-бетонската плоча во аглите каде што треба да поминат петте прачки. Арматурните прачки проаѓаат низ плочата и се наставуваат преку секој втор кат, според прописите за асеизмичко проектирање. Се монтира средната (монтажна) арматура од греда до греда, но претходно во гредата од горна и долна страна се поставуваат анкери од истиот профил, на кои би се наставила монтажната арматура. Пред поставување на анкерите се прават отвори со дијаметар од ф2 сантиметра и длабочина од 25 сантиметри. Отворите се прочистуваат и обеспрашуваат и во нив се залева епоксидна смола, а потоа веднаш се вметнуваат анкерите. Околу така поставениот ќош од главна арматура се поставуваат узенгии на 10 сантиметри на двоен преклоп. Пред бетонирање се премачкува „Врска У“ (стар и нов бетон). Се бетонира нов слој бетон од

7,5 сантиметри, што се врши со нафрлен бетон (торкрет-бетон) во слоеви, со марка на бетонот МБ 30 и на крајот со рачно финиширање на површините. Се прави задолжително пробно поле со тестирање на квалитет (слика 1).Специфично за овој објект претставува и изведбата на новите армирано-бетонски платна заради потребата од нивно вметнување меѓу веќе изведени, односно постоечки армирано- бетонски греди. Тоа се врши на следниов начин: Се отвора постоечкиот армирано-бетонски столб на контактот со новото армирано-бетонско платно по цела висина, со ширина околу 30 сантиметри и длабочина до заштитен слој и постојните узенгии на столбот. Се дупчат отвори (ф50 мм) на секои 20 сантиметри по цела висина на контактната површина со столбот во цикцак позиција и под мала косина надолу. Се поставуваат анкери во отворите и се заливаат со епоксидни смоли. Околу анкерите се поставува спирална арматура заради подобра атхезија на анкерите со бетонот. Се поставуваат вертикални подолжни шипки и пунктирано се заваруваат за постојните узенгии од столбот. Веднаш до столбот се конструира „скриен“ столб со свои узенгии на 10 сантиметри. На сличен начин се прават отвори, поставуваат анкери и изведуваат „скриени носачи“ и во контактот на новото армирано-бетонско платно со горната и долната армирано-бетонска греда на која тоа налегнува. Потоа се поставува останатата хоризонтална и вертикална арматура предвидена со пресметката на армирано-бетонското платно на соодветно растојание. Хоризонталната и вертикалната арматура со своите куки треба да ги заобиколат вертикално поставените и пунктирани прачки. Пред бетонирање, контактната

површина се премачкува со „Врска У“ (стар и нов бетон). Бетонирањето се врши со бетон марка МБ 30 од горната страна на платното со помош на инки (слика 2). Со погоре опишаните постапки и прикажани скици, целта на авторот на овој текст е во кратки црти да ги запознае нашите читатели со еден од можните начини за зајакнување на една армирано-бетонска конструкција и нејзино претворање во стабилен асеизмички објект за многу генерации понатаму. Непобитен е фактот што со примена на личните познавања на проектантот, но и примена на најновите научни светски достигнувања од областа на земјотресното инженерство, се постигна целта овој објект да не се сруши, со што нашата земја оствари значителни финансиски резултати. Секако, нескриена останува мојата желба, објектот на Министерството за финансии на РМ, кој до вчера беше една грда градба, час поскоро да стане еден од најубавите, најрепрезантативните и, се разбира, препознатливи градби во нашиот град.

влатко коцевскИ,м-р градежен инженер

слика 1

слика 2

Page 16: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011316

16

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работиТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛул. Востаничка 51, СкопјеТел: 02/3110 847 02/3110 848Факс: 02/3138 384e-mail: [email protected] [email protected]

Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи.Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 17: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 17

17

ПРОДАВНИЦА ул. Кузман Шапкарев Бр.5,1060 Скопје, Тел./Факс: +389 2 2033 350 КОМЕРЦИЈА и ДИРЕКЦИЈА Тел./Факс:+389 2 2035 170, +389 2 2035 149, [email protected]

Дилатациони

профили од

алуминиум

и не'рѓосувачки

челик за

затворање на

фуги, од грчкиот

производител

ACP hellas

Biznis Centar

Бетонски одводни канали и шахти• универзални канали

• рамни канали

• стандардни канали

• канали за поголеми оптоварувања

• централен одвод

• широки канали

• тесни канали

• метални фасадни канали

madein

austria

Бетонски одводни канали и шахти

Page 18: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011318

18

архитектура

Да не се случеше, да не се изградеше! Но, се случи и се изгради. Се изгради за

да не се заборави, израсна како блесок во просторот за да даде живот од пепелта собрана во три урни, сега сместени во музејот. Емотивниот пристап во творењето на проектот за Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се темели врз „приказна“ која раскажува за

минатото на Евреите во Македонија, за времето на Втората светска војна со холокаустот на Евреите и сегашноста на Еврејската заедница, со визија кон заедништвото и соживотот. „Приказната“ доби простор, облик и архитектонски израз, кој го испочитува амбиентот на просторот околу старата тврдина (калето), но искажан во хај-тек.„прИказна“Меморијалниот центар на

холокаустот на Евреите од Македонија е поставен во тесен, ограничен простор во точно дефинирани површини за градба и височини на градбите утврдени со ДУП. Се состои од две градби, Музеј и Арт центар. Двете подземни нивоа ги врзува трета градба - Хотел. Музејот е отворен со времена поставка, поразлична од онаа во „Приказната“. Времената поставка и трајната поставка се доверени на

експертот д-р Мајкл Беренбаум од Вашингтон. Со проектот, музејот е поделен на општ дел за меморијални собири и свечености, музејски дел и административно управен дел, кој има посебен влез. Беше утврден и влез со шини за вагонот што е дел од музејската поставка. Сервисните простории и тоалети за посетителите се поставени на првото подземно ниво. На инвалидизираните лица–посетители

меморИјален центар на Холокаустот на евреИте од македонИја

Да не се случеше, да не се изградеше!евРеЈско МААЛо Со завршување на музејот, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија изникна како феникс на просторот на некогашното Еврејско маало во Скопје. Улиците „Амарова“ и „Давидова“, пренесени во музејот, речиси се поклопуваат со старата, предвоена урбана матрица со тогашните улици.

Page 19: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 19

19

архитектура

им е овозможено непречено движење во Меморијалниот центар со рампи и лифтови. Поставката на приземјето го прикажува блиското минато на Евреите од Македонија, Еврејското маало со улиците „Амарова“ и „Давидова“, некогашната синагога, монополот (фабриката за тутун) во кој биле привремено затворени Евреите од Македонија и теретниот вагон со кој биле транспортирани.

Од другата страна на вагонот, на приземјето и на катот е предвиден простор за ужасите на Треблинка – логорот на смртта. (Во него, за многу кратко време, биле уништени 7.148 Евреи од Македонија, а згаснаа и цели семејства). Овој простор завршува со простор за релаксација на посетителите, по разгледувањето на поставката, со убав поглед кон црквата Св. Димитрија и Камениот Мост.

жИвот И обИчаИДругиот дел од првиот кат е предвиден за подалечното минато на Евреите, нивното доаѓање на овие простори, нивниот тогашен живот и обичаи. Вториот кат е предвиден за едукација и мали работилници. Ова ниво со мост во стакло и инокс е поврзан со Арт центарот, во кој се предвидуваат повремени и постојани изложби и перформанси од секаков вид, како и

мали продавници и работилници за уметнички дела и други ракотворби од ова поднебје, карактеристични за еврејската заедница.Подземните нивоа располагаат со депоа, работилници, складишта, простори за специфичната инфраструктурна опрема, трафостаница, како и паркинг-плац за приближно 90 возила, поврзан со партерот и двете градби од Меморијалниот центар.

Да не се случеше, да не се изградеше!ФАКТИ:Вкупна површина со подземен дел и проодни тераси: 10.645 м2

Година на проектирање: 2005 -2006Автор и главен проектант: Мирко Андовски, дипл.инж.арх.Коавтор: никола Бошку, дипл.инж.арх.

Соработник: д-р Александар Андовски, дипл.инж.арх.Консултанти: Мимоза несторова-Томиќ, дипл.инж.арх. и Јасминка намичева дипл.инж.арх.Основниот проект и проектот за изведба е изработен од широк инженерско-технички тим, преку фирмата еМАГ од Скопје.

Page 20: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011320

20

архитектура

Page 21: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 21

21

архитектура „Приказната“ и овие содржини се основата за архитектонското изразување во овој значаен простор. Стаклените призми го внесуваат сонцето на улиците „Амарова“ и „Давидова“, претстава за животот пред војната. Портата под стаклената призма симболично ја означува портата што во 16 век, ноќе, го затворала Еврејското маало како тврдина. Кулите на аглите ја симболизираат тврдината, и влегуваат во „сценографијата“ на Скопската тврдина. Нагласените големи ѕидни површини се дел од тоа милје, а всушност претставуваат инсталациски, инфраструктурни јадра за квалитетно снабдување на градбите за комфорно функционирање.Применети се високовредни материјали, надвор за фасадното оформување и внатре за ентериерното обликување. Доминираат ѕидните маси обложени со гранитни плочи на алуминиумско саќе на подконструкција, цинковиот лим (за првпат во Македонија) и стакло како структурална фасада. Во ентериерот, за спуштените плафони е предвидена облога од гипс картон, а за подовите камени плочи. Оградите во отворениот внатрешен простор и на скалите се од инокс. Тие формираат триаголник, како дел од Давидовата ѕвезда. Во проектот, на југоисточната страна од музејот, е предвидена висока, стилизирана Менора, исто така од инокс (која не е изведена), просторен скулптурален фасаден елемент, кој ја раздвижува фасадата преку играта на сенките што ги фрла на ѕидната маса. Мостот ги поврзува музејот и арт центарот. Тој претставува безвременост во стаклена призма.Арт центарот во архитектонскиот израз и обработката го следи музејот. Предвиден е како отворен простор низ три нивоа. На кровната тераса е поставен отворен амфитеатар, симболично да нè врати пред многу векови во Стоби, меѓу неговите амфитеатри и неговата синагога. А тоа зборува за соживот на овие простори, онаков каков бил и онаков како ние го живееме, со порака до идните генерации, да не се заборави, да го негуваат.

Мирко АнДовскИ, дипл.инж.арх.

Page 22: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011322

22

архитектура најпрестИжното прИзнанИе во арХИтектурата

Едуардо Сото де Мора лауреат на Прицкеровата награда

музеј Паула Рего во кашкаиш, Португалија

Page 23: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 23

23

архитектура

ПИТеР ПАЛУМБо „Неговите дела се истовремено моќни и скромни, храбри и суптилни, авторитетни во својата јавна појава, а истовремено изразуваат чувство на интимност“

наградИ И прИзнанИјаедуардо сото де Мора е роден во 1952 година во Порто, и дипломирал на тамошниот Архитектонски факултет во 1980 година. од 1974 од 1979 година, тој работел со Алваро сиза (76), а од 1981 до 1991 година како асистент на Архитектонскиот факултет во Порто. Добитник е на многубројни награди за своето творештво. Почесен член е на Американскиот институт на архитекти (AIA, 2007), и член e на кралскиот институт на британски архитекти (RIBA, 2008)

„Зграда број два“ во Бом Хесус, во близина на Брага

Архитектонскиот „нобел“ повторно отиде

во Португалија

Page 24: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011324

24

архитектура

Познатиот португалски архитект Едуардо Сото де Мора (58) е овогодишниот

добитник на Прицкеровата награда, најпрестижното признание за животно дело во архитектурата. Според соопштението на Фондацијата Хајат што го доделува ова значајно признание, Прицкеровата награда вредна 100.000 долари, бронзен медал и вечна почит од архитектонската заедница, ја доби архитектот Сото де Мора заради неговата умешност да ги спои и надмине навидум спротивставените карактеристики како што се моќта и скромноста,

расфрленоста и елеганцијата, храброста и суптилноста... Жирито го пофали архитектот за неговиот градски стадион изделкан во карпа во Брага, проектиран за Европското фудбалско првенство во 2004 година, како и за импозантната „Зграда број два“ во местото Бом Хесус, во близина на Брага. Сото де Мора е вториот Португалец што ја добива оваа награда. Имено, меѓу добитниците на оваа награда е и неговиот поранешен учител, Алваро Сиза, кој ја добил во 1992 година. „Самиот факт што наградата по вторпат оди во рацете на португалски архитект, ја прави

оваа награда уште позначајна“, стои во изјавата на Сото де Мора што ја објави фондацијата. Како студент тој работел пет години за Алваро Сиза. Во 1980 година го основал своето архитектонско биро, и е автор на шеесетина проекти. „Во изминативе три децении, Сото де Мора создал низа архитектонски остварувања, актуелни и современи, кои го надминале сегашното време, но кои исто така, во себе носат константни примеси на архитектонската традиција“, изјави лорд Питер Палумбо, претседател на жирито што ја доделува оваа награда. „Неговите дела имаат

една уникатна способност да доловат навидум контрадикторни карактеристики - истовремено тие се моќни и скромни, храбри и суптилни, смели како јавна појава, а истовремено изразуваат силно чувство на интимност“. Првата реакција на Сото де Мора била: „Кога го примив телефонскиот повик дека сум овогодишниот добитник на Прицкеровата награда, не можев да верувам. Меѓутоа, кога добив потврда дека тоа е вистина, ми беше голема чест“.Наградениот архитект вели дека врз неговата работа влијание извршиле елегантните, едноставни дизајни

арХИтектонска ИнтервенцИјаАрхитектонското око на едуардо сото де Мора, во каменоломот Монте кастро препознало можност за креација на сопствените истражувања. на ова место изникнал импресивниот проект “Estádio Municipal de Braga“ - фудбалски стадион со капацитет од 30.154 седишта, новиот дом на клубот Sporting Club de Braga, и еден од домаќините на УеФА евро 2004. стадионот или каменоломот, како што го нарекуваат, е познат нè само по основната функција туку и по атрактивната локација што претставува вистинска туристичка препознатливост на Брага.

градскиот стадион во местото Брага

Page 25: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 25

25

архитектура

на Мис ван дер Рое, со неговите аглести градби изработени од гранит, дрво, мермер, тула, челик, бетон, понекогаш во неочекувани бои. Меѓу најпознатите проекти на Сото де Мора во Португалија се градскиот стадион во местото Брага, бетонско здание кое му пркоси на околниот карпест пејсаж, потоа кулата Бурго во Порто (заедно со Алваро Сиза), манастирот што го пренаменил во пансион во Амарес, метро станица во Порто, популарниот привремен Серпентин павилјон во Лондон... Неговиот најнов проект е историскиот музеј Паула Рего во местото Кашкаиш

близу Лисабон. Проектот е дизајниран за изложување слики, цртежи и графики на британската уметничка Паула Рего, по потекло Португалка. Ова здание во црвена боја има четири крила и две пирамиди во облик на фабрички оџак. Покрај галерија, содржи мала продавница, кафуле и аудиториум со 200 седишта. Исто така, Сото де Мора досега има проектирано и изградено семејни куќи, киносали, трговски центри, хотели, училишта, апартмани, канцеларии, уметнички галерии и музеи, спортски објекти и подземни премини. Поголемиот дел од неговите проекти се

изградени во Португалија, Шпанија, Италија, Германија, Велика Британија и Швајцарија.Инаку, оваа висока почест, која честопати ја нарекуваат Нобелова награда за архитектура, требаше да биде соопштена во текот на овој месец и доделена во Вашингтон, меѓутоа информацијата предвреме протече преку еден медиум, изјави портпаролот. Наградата Прицкер, која важи за најважна архитектонска награда во светот, првпат е доделена во 1979 година. Наградата што секоја година му се доделува на жив архитект, е основана од семејството Прицкер

од Чикаго, со цел да се наградуваат архитекти кои се талентирани, посветени и кои даваат значителен придонес на човештвото низ архитектурата. Наградата првпат му беше доделена на американскиот архитект Филип Џонсон во 1979 години, и оттогаш се доделува секоја година на архитектите ширум светот. Меѓу претходните добитници на ова престижно признание се Оскар Нимаер, Френк Гери, Рем Колхас, Заха Хадид, Тадао Андо, Ренцо Пјано, Норман Фостер и Жан Нувел.

Дејан БУѓевАц

серпентин павилјон во Лондон

Филмска куќа за Маноел де оливеира, опорто, Португалија куќа во сера да Арабида, Португалија

Page 26: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011326

26

архитектура

Во текот на 2009 година, по повод 60-годишнината од своето постоење, Архитектонскиот факултет

при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, организираше серија гостувања - предавања од еминентни архитекти, професори, предавачи од познати архитектонски институти и симпозиуми ширум светот (Велика Британија, САД, Холандија, Турција, Русија, Австрија). Присуството на овие актуелни меѓународни протагонисти на архитектонската „идеологија“ и едукација (Елија Зенгелис, Тим

Стонор, Дитмар Штајнер, Хан Тумертекин, Карло Рати, Александар Бродски и Нил Лич) во нашата академска и професионална архитектонска средина, отвори можност да се направат серија од разговори-интервјуа со секој од нив. Материјалот што произлезе од тие разговори претставува репрезентативен примерок на збирка од истражувања, ставови, дизајнерски проекти на овие претставници на новите начини на толкувања во архитектурата. Најважно од сè, сите се едукатори. Сето тоа е обработено на два

јазика, македонски и англиски, и објавено во публикацијата РАЗГОВОРИ+ПРЕДАВАЊА, авторски труд на м-р Марија Мано Велевска и м-р Слободан Велевски, асистенти на Архитектонскиот факултет, каде што се одржа и промоцијата во која учествуваа сегашниот и поранешниот декан, проф. д-р Тихомир Стојков и проф. д-р Влатко Т. Коробар. Книгата РАЗГОВОРИ содржи повеќе од 200 страници текст, додека збирката ПРЕДАВАЊА на седум дивидија опфаќа повеќе од 9 часа снимен материјал

од предавањата на гостите. Искуството одново да се проследат предавањата и да се прочитаат изнесените ставови ќе биде од исклучително значење за натамошната академска наобразба на секој архитект и студент по архитектура, како и на пошироката публика заинтересирана и вклучена во културата на урбано живеење. Седумте предавања носат своја авторска тематика: The immeuble cite, Елија Зенгелис; Spatial masterplaning: an evidence based approach, Тим Стонор; Architecture reset: reset architecture, Дитмар

публИкацИја разговорИ+предавања

коеГЗИсТенцИЈА Според авторите Слободан Велевски и Марија Мано Велевска, публикацијата Разговори+Предавања претставува обединување на различни ставови и специфични делувања, кои меѓусебно не се негираат туку симултано коегзистираат и воспоставуваат кохерентна претстава за новите начини на истражувања во архитектонската пракса

Современа лектира за секој архитект

Page 27: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 27

27

архитектура

Штајнер; Redefining, Хан Тумертекин; Living architecture: explorations into the future of architecture, Карло Рати; Untitled, Александар Бродски; Swarm urbanism: new digital techniques for architecture, Нил Лич. За авторите на ова издание, истражувачкиот порив е доволна мотивација да го отпочнат бележењето на мисловно-провокативните дискусии, кои ги изведоа во текот на гостувањето на предавачите во Македонија. „Возбудата да се разговара со големина како што е Елија Зенгелис. Зарем тоа не е доволна

мотивација? “, вели Марија Мано Велевска во разговорот за „Порта3“: „Да споделите ставови, да прашате, да можете да разјасните, но и да кажете што мислите за одредени теми... “ Од друга страна, оваа свежа иницијатива е одговор на потребата од сублимирање на знаења и искуства за архитектурата. „Ако се земе продукцијата што континуирано ја произведува Архитетонскиот факултет, работата со студентите, различни работилници и дипломски работи - се е тоа богатство само за себе. Зборуваме за неверојатно

напластување на знаења и искуства“, продолжува Слободан Велевски. „А колку од тоа се запишува, колку се става во рамка, во пакет кој ќе послужи на генерациите што доаѓаат или барем ќе биде сведоштво за генерациите што заминале - ништо или толку малку што секако не е доволно да бидеме задоволни. Нашата иницијатива со публикацијата на ова издание, токму директно се спротивставува на заборавот или барем на таквата тенденција.“ Наместо статичен збир од факти, ликови и изјави, разговорите

се грижливо дизајнирани да нè запознаат со работата и ставовите на соговорникот, на начин кој е соодветен и особен, но како целина ни овозможуваат лично согледување на седум значајни кариери на дваесетиот век, кои продолжуваат да го обликуваат дваесет и првиот. Ова издание, покрај осмислено структуираните интервјуа, е и визуелен есеј. Според Слободан Велевски, авторите го користеле директниот разговор како формата бидејќи „мислата е најмалку двосмислена, а со тоа и најлесно се пренесува до читателот.“

Авторите на публикацијата во разговор со Александар Бродски

Page 28: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011328

28

архитектура

Предавањата не се поврзани со конкретна тематика, но низ теми кои ја откриваат природата на пристапите на предавачите, авторите соочија мултивалентни, но и гледишта кои се допираат. Оттука произлегува јасноста на структурата на целиот концепт на водење на разговорите. Според Марија Мано Велевска, „намерата беше тие да се постават еден до друг и еден наспроти друг, да се соочат меѓусебе, развивајќи

притоа своевидна дискусија. Тоа го направивме со изборот на темите на кои разговаравме со нив: за градот како феномен на архитектурата, културата... општеството и политиката, за професијата на архитектите гледана низ посебните искуства и творештва на гостите-предавачи, и секако, за позицијата на нашата професија гледана низ теоријата и архитектонското образование“. Исто така, таа смета дека „придобивка на денешното време е да имаме поединечни и специфични

верувања и делувања истовремено, гледишта кои нужно не се негираат туку напротив, симултано коегзистираат. Квалитетот на публикуваниот материјал го гледаме токму во обединувањето на таквите преклопи на различни ставови, воспоставувајќи кохерентна претстава за мислата и актуелностите во светот што сите го делиме“. Во време на рапидна технолошка промена и сеприсутна глобална интелигенција, кога се објавуваат голем број нови книги и списанија,

ова издание има цел да оствари поинаков пристап на бележење на знаењата. Читателите ќе можат да се осврнат на едукацијата и критицизмот преку нов приказ на архитектонската мисла. „Оваа книга треба да информира, едуцира и активира“, вели Слободан Велевски. Освен обезбедување на попровокативна едукативна средина за студентите, потребно е запознавање на пошироката публика со вакви проекти за подобро разбирање на архитектурата и нејзината иднина.

нил Лич Хан Тумертекин

Page 29: PORTA3 154

Авторите ги завршиле додипломските студии на Архитектонски факултет во Скопје. Марија Мано Велевска го продолжила образованието со магистерски студии на Десау Институтот за архитектура и Институтот за архитектура во Хур. Во моментов работи на докторат, со истражување кое ги испитува „Архитектонските манифестации во современото потрошувачко општество“. Слободан Велевски ги завршил магистерските студии на Десау Институтот за архитектура. Неговото работно искуство опфаќа професионална пракса во студијата на архитектите Шигеру Бан и Дејвид Чиперфилд, како и во Спејс синтакс истражувачката лабораторија во Лондон. Во моментов е докторски кандидат на Архитектонскиот факултет во Скопје.

08 април 2011 ПОРТА3 29

29

архитектура

Во овој контекст, во нашиов разговор, Велевски го наведува ставот на Дитмар Штајнер, објавен во книгата „Разговори“: Проблемот е во тоа што во круговите на професијата архитектите меѓусебе одлично се разбираат, но за надворешниот свет тие се најчесто тешко или воопшто неразбирливи. „Штајнер е апсолутно свесен за точноста на својот став. Дејствувајќи како едукатор преку својот центар за архитектура во Виена, всушност тој е со мисија да го премости јазот помеѓу тоа

да се биде интелектуалец во професијата и интелектуалец во јавноста“, вели Велевски. „Сметаме дека архитектите треба да станат многу повеќе она второто. Материјалот од ова издание не се врзува за одредени територијални и временски рамки. Се надеваме дека тоа ќе придонесе за подобро разбирање и вреднување на урбаните феномени и архитектонските манифестации, како и за подигнување на свеста за нивното значење, и конечно, разбирање

и почитување на професиите“. Во однос на позитивните критики за изданието и за можностите за нови интерактивни дискусии од овој тип, Мано Велевска вели дека „реакциите за неговиот квалитет веќе пристигаат и се исклучително позитивни, а тоа нè радува. Иако може да звучи нескромно, сепак ќе кажам дека сме свесни за реперот што го поставивме со оваа публикација. Нејзиното постоење не обврзува да не застанеме тука туку да го надминеме“. На крајот на нашиот разговор

за „Порта3“, авторите ја изразија својата благодарност до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, и на Архитектонскиот факултет, односно на неговото раководство претходно предводено од проф. д-р Влатко П. Коробар, а денес од проф. д-р Тихомир Стојков, без кои, сево ова не би било можно да се организира и реализира.

Бојана ФИЛИПовИЌ, дипл.инж.арх.

елија Зенгелис

Page 30: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011330

30

архитектура

Кога ќе се спомене Сицилија, прво што ви паѓа на памет е вулканот Етна и, се разбира, мафијата што стана синоним за овој единствен остров со бројни контрадикции и занимливости. Но, заборавете ја мафијата и презимето Корлеоне, погледајте ја трилогијата „Кум“ на мира, дома, а на Сицилија дојдете да се одморите, затоа што таа е прав мал рај на земјата! На Сицилија се наоѓа провинцијата Рагуза, сместена во југоисточниот дел од островот и е една од деветте автономни региони. Над истоимениот град Рагуза, на една висорамнина со земјоделско земјиште кое, како и насекаде на медитеранот, е поделено на повеќе имоти со ниски каменити ѕидови од

песочник, се направени многубројни фарми на кои се одгледува добиток. Денес фармите сè повеќе го менуваат својот изглед. Тревнатите терени и добитокот што пасе наоколу се сè уште тука, но наместо расфрлани фармерски куќи, изолирани и поделени, изградбата на нови објекти постепено го пополнува просторот, бришејќи ја мрежата на изолирани архитектонски комплекси насобрани околу еден централен двор. Сепак, можеби за среќа, кај некои од новоизградените објекти, како кај Вилата Т на Архитренд Архитекчр, делумно е зачувана драгоцената идеја за „ изолација“, така што целиот архитектонски дизајн на

објектот доаѓа во директна врска со пејсажот и со отвореноста кон него. Проектната програма со која се соочиле архитектите била да направат голема семејна куќа, за едно семејство, сместена во средината на една голема ливада, ограничена само со линеарниот хоризонт на висорамнината. Среде тревнатите терени тие испроектирале и изградиле објект кој не е интровертен туку отворен за визуелнo уживање кон надворешниот свет, преку правење на надворешен простор за живеење, како и соби без ѕидови кои стануваат дел од целокупното решениe.Решението на куќата е на три нивоа - подрум, приземје и

кат, и тоа се потпира на некој вид реинтерпретација на медитеранскиот дом, развивајќи ги и свртувајќи ги формите на собите и покривот, зголемувајќи ги визуелно надворешните зони од ливади кои наликуваат на платформи, со тремови и еркерни надвиснувања, балкони и тераси. Белите фасади, свртени кон југ и обложени со камен, се обиколени со складен антипод на северната и западната фасада, и комплетно се застаклени и отворени кон зеленилото.Дневната соба се протега на два ката, на приземјето и на катот, на кој е сместена галерија кон која водат еднокраки отворени скали од приземјето. Во приземјето се наоѓа

Реинтерпретација на медитеранскиот дом вИла т на аrhiTrend ArchiTecTUre

Проектната програма со која се соочиле архитектите била да направат голема семејна куќа, за едно семејство, сместена во средината на една голема ливада, ограничена само со линеарниот хоризонт на висорамнината.

Page 31: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 31

31

архитектура

голема дневна соба кон која се приклучени трпезаријата и кујната. Светлиот и отворен простор на трпезаријата е нагласен со двојната висина на објектот и е покриен со кос бетонски покрив. Родителската спална соба со своја бања и гардероба се наоѓа зад дневната соба, додека детската спална соба, исто така со своја бања, се наоѓа веднаш до кујната. Во редослед со дневната, трпезаријата и кујната се групирани два надворешни простори; на една страна наткриениот трем, а од друга страна, свртена кон дневната соба, се наоѓа приземната тераса. Од неа преку скали се доаѓа во вдлабнатата градина кон која се свртени просториите што се наоѓаат во подрумскиот дел. Тука е направена уште една дневна соба со кујна и трпезарија, која се користи и како просторија за организирање забави, родендени и други средби

на семејството, како и спална соба и гаража за леки коли.Зад кујната и трпезаријата на приземјето, поврзан со полна висина на стаклото, се наоѓа надворешниот трем отворен кон околните тревници, кој наликува на соба без ѕидови. Белите ѕидови направени од камен и штуко малтер се изведени со јак и нагласен геометриски дизајн, додека закосениот кров ѝ дава динамика на куќата и ја нагласува нејзината врска со медитеранскиот стил и врската со локалната историја. Сето ова е направено без копирање, однапред подготвено за експериментирање со можностите што ги нудат современите материјали. Куќата со површина од 310 кадратни метри е проектирана од архитектите од бирото Аrhitrend Architecture, во периодот од 2005 до 2007 година.

Ангел сИТновскИ,дипл.инж.арх.

Реинтерпретација на медитеранскиот домПроектната програма со која се соочиле архитектите била да направат голема семејна куќа, за едно семејство, сместена во средината на една голема ливада, ограничена само со линеарниот хоризонт на висорамнината.

Page 32: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011332

32

архитектура

соФИсТИцИРАносТ Според одредени размислувања, Ренцо Пјано со овој музеј го проектирал најсофистицираниот уметнички изложбен простор во светот

музеј на фондацИјата „бајелер” во базел

Совршена хармонија на архитектура, уметност и пејсаж

Page 33: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 33

33

архитектураПовеќе од 50 години брачниот пар Ернест и Хилди Бајелер континуирано собирале уметнички дела. Колекцијата по извесно време толку се зголемила што тие почнале да размислуваат за нејзината иднина. Една од можните одлуки била да се поклони на Музејот за ликовни уметности во Базел (Kunstmuseum), а другата да се изгради нов дом за нивната колекција. Идејата, на едно место да се изложи колекција која содржи околу 200 слики и скулптури од периодот на класичната модерна од последните 100 години и скулптури од Африка и Океанија, била возбудлива за брачниот пар Бајелер. Колекцијата содржи дела од најзначајните уметници на 20 век, како што се Пабло Пикасо, Алберто Џакомети, Енди Ворхол, Огист Роден, Пол Кле, Василиј Кандински, Џоан Миро и други. За таа цел, Ернест и Хилди Бајелер основале фондација, а со помош на градските власти на кантонот на Базел, односно општината Рихен,почнале да бараат локација за идниот музеј. Се дошло до заедничка одлука дека вилата Berower, нејзината околина и нејзиниот англиски парк од почетокот на 19 век, биле идеална локација за изградба на музејот на фондацијата „Бајелер”. Импресионирани од творештвото и архитектурата на италијанскиот архитект Ренцо Пјано, брачниот пар одлучил тој да го проектира нивниот иден музеј, без да распишат архитектонски конкурс.Ренцо Пјано со голема страст го започнaл процесот на планирање, проектирање и изградба на музејот. Тој уште од самиот почеток предложил да се изгради музеј во форма на правоаголен приземен павилјон, кој ќе содржи три секции интегрирани на теренот со серија скали. Едната секција е на источната страна која со ѕид го затвора музејот од главниот пат. Во таа секција е сместена влезната партија на музејот и книжарницата. На запад е проектирана застаклената зимска градина со прекрасни визури кон околниот пејсаж, кон реката Вис и подножјето на ридот Тулингер. Пред јужната фасада е проектирано вештачко езерце кое потонува до влезот на комплексот на пониското ниво, ниско приземје. Просторот за изложби е линеарно организиран. Архитектот Пјано посебно внимание обрнал на кровот на објектот, барајќи начин како дневното и природното светло да ја осветлат галеријата.

Рамниот кров на објектот е покриен со стаклени панели, а врз нив се поставени стаклени брисолеи со цел да се прекрши силината на сончевите зраци, создавајќи дифузна и контролирана светлина. Плафонот е едноставен, бел, ист во целиот објект и пропушта индиректна природна светлина во сите галериски простории. Едноставната елеганција и едноставните детали на плафонот кријат над него простор од 150 см во кој електронски се контролира вештачката светлина и дневната светлина која доаѓа преку стаклениот кров. Ѕидовите во ентериерот се мазно обработении, обоени бело, а подот е обложен со дабов паркет. Фасадата е обложена со црвени камени плочи од локално потекло, кои колоритно се вклопуваат во целиот пејсаж. Објектот зрачи со едноставност, елеганција и хармонија со околниот пејсаж. Тој е изведен со високоразвиена и софистицирана технологија на градба и е рангиран во „хај-тек архитектура“.

мултИфункцИоналностМузејот на фондацијата „Бајелер” е пуштен во употреба на 18 октомври 1997 година. Тој има површина од 3.800м². Во склоп на музејот функционираат книжарницата и клуб на уметници. Во вилата Berower е сместена администрацијата на музејот и ресторан. Покрај постојаната поставка, се организираат и повремени изложби на други уметници, фондации и колекции. Благодарение на двата најважни уметнички настани кои се одржуваат секоја година во Базел, Art Bazel и Art Bazel Miаmi Beach, музејот на фондацијата „Бајелер“ прерасна во меѓународна и главна културна институција во кантонот и општо во Швајцарија. Според одредени размислувања, Ренцо Пјано со овој музеј ja проектирал најцивилизираната и најсофистицираната уметничка галерија-музеј во светот. Јасната и мирна архитектура на објектот возбудува без да конкурира на уметноста што е изложена во него. Музејот на фондацијата „Бајелер” е рангиран како еден од најуспешните современи музеи во светот, спој на современа архитектура, современа уметност и убав пејсаж.

натка ЌосевА,дипл.инж.арх.

ХАЈ-Тек објектот е изведен со високоразвиена и

софистицирана технологија на градба и е рангиран во

„хај-тек архитектура“

Page 34: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011334

34

архитектура инфо

португалИја

пензионерски шах Архитектите од португалската компанија Aires Mateus Architects се автори на дизајнот на домот за стари лица во местото Алкацер до Сал, во Португалија. Тие го дизајнирале проектот поаѓајќи од секојдневните навики на старите лица што живеат во микросредини со сопствени потреби, правила и вредности, а истовремено да им се овозможи социјален и приватен живот. Минималистичката зграда претставува ѕид кој природно се издига од топографијата - на еден начин, а го ограничува и дефинира отворениот простор. Фасадата на зградата, и покрај тоа што е целосно бела, потсетува на шаховска табла, бидејќи белата површина е испрекината на еднакви интервали, формирајќи уникатен визуелен ефект.

сад

најинвентивен жив покривНовата зграда на Калифорниската Академија и Музејот за наука во Голден Стејт Парк, во Сан Франциско, е ремек дело на познатиот италијански архитект Ренцо Пјано. Овој објект претставува врвно капитално достигнување во сферата на одржливо градежништво. Исто така, дизајнот и идејата за „жив покрив“ претставува еден од најсилните белези на ова архитектонско дело, но и на „зелената“ архитектура на овој век воопшто. Најдобар поглед на ова исклучително покривно решение има од кулата на Де Јонг музејот, кој се наоѓа спроти Академијата, а од каде што зелените „ридови“ и кружните соларни панели речиси се претопуваат во останатите елементи на природата и околината.

швајцарИја

проект за квалитетно детствоПроектантската куќа Bonnard Woeffray Architectes ја проектирала детската градинка во Cinquantoux Park во Монти, Швајцарија. На површина од 1.200 квадратни метри се простира шарената куќа за дневен престој на деца, со облик кој ги следи формите на природното опкружување, додека со боите е постигнат ефект на движење и живост која му е потребна на овој простор наменет за деца. Објектот има капацитет за 180 деца, внатрешниот простор е поделен на два ката, а на секој од нив просториите содржат посебен дел за игра и дел за одмор.

Page 35: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 35

35

архитектура инфофранцИја

руска црква во близина на ајфелова кулаПариз најдоцна до следната пролет ќе стане дом на современа руска православна црква. Селектиран е тим од неколку француски и руски архитекти, кои ќе го дизајнираат објектот што треба да се наоѓа во непосредна близина на Ајфеловата кула. Комплексот ќе се простира на 3.400 метри квадратни и ќе чини над 30 милиони евра. Покрај религиозниот центар, голем дел од просторот ќе биде за јавна употреба. Комплексот ќе содржи и библиотека, хали, училници и зелена површина. Дизајнот треба да биде баланс на орнаментниот руски принцип и елеганцијата на париската архитектура.

данска

награда за проектот „бран“Проектот „Бран“ (Wave) на Henning Larsen Architects е добитник на престижната награда Civic Trust, доделена неодамна во Музејот на национална историја во Манчестер. Овој проект со петте карактеристични брановидни возвишувања има скулптурална вредност. Истовремено, претставува и почитување кон сопствената локација. „Бранот“ прикажува како данските архитектите можат да одговорат на глобалните трендови, без притоа да го компромитираат својот афинитет кон практичните и естетските детали.

тајван

библиотека од земјата на чудатаMak Architects, Inc во соработка со три локални компании од Тајван, се проектанти на победничкото решение на конкурсот за библиотека во Kaohsiung. Нивниот главен мотив бил да се соединат урбаните аспекти на градот со природната околина. Јавните простори кои припаѓаат на библиотеката опфаќаат плоштад со амфитеатар, книжарница покрај самото шеталиште, како и впечатлива градина на самиот покрив. Структуралната фасада на главниот објект нè само што произлегува од асоцијацијата за бамбусови кори, туку е и репрезентативен примерок за нивото на умешност и познавања на „локалните сотојби“ во индустрискиот инженеринг.

подготви: Леонида ПенкА БАША

Page 36: PORTA3 154

ентериер

Суптилна реставрација на ентериер заштитен со закон

MOrgAn LiBrAry & MUseUM

Познатиот музејски комплекс “Morgan Library & Museum” во

Њујорк пред извесно време претрпи обемен проект на реставрација на ентериерот, што според многу мислења во голема мера бил нарушен во текот на експанзијата на музејот во 2006 година, кога главен архитект бил Ренцо Пјано.Обемната реставрација на ентериерот ја реализирало студиото "Beyer Blinder" во соработка со производителот на системи за осветлување „Renfro Design Group”.

Овој музејски комплекс во историјата на САД зазема многу важно место. Основан од страна на Џон Пиерпонт Морган (1837-1913),кој бил еден од најактивните колекционери на уметноста, денес овој музеј располага со експонати од праисторијата, средниот век, преку ренесансата до современото доба. Вкупниот буџет на реставрацијата изнесувал дури 4,5 милиони долари, а претставува прв детален потфат на враќање на сјајот на ентериерот што се простира на

околу 1.350 метри квадратни. Покрај креирањето на дополнителните изложбени простори, проектот вклучувал и осовремнување на електроинсталцијата и застареното осветлување. Овој дел на музејот сега изложува преку 300 мошне ретки книги, кои се конзервирани и заштитени со најсовремени методи. Покрај суптилното чистење на големите камени површини, најобемните работи биле извршени при замена

на видливото осветлување и инсталирањето на дискретните ЛЕД светилки. Употребен е специјален вид на ЛЕД осветлување за зраците што се простираат кон посветлите камени површини за да не дојде до непријатни отсјајувања. Овој проект претставува врвен пример на суптилна обнова на објект заштитен со закон како културно наследство, и негово осовременување, при што старото и новото се совршено добро и промислено проткаени и компонирани. Д.Б.

ПОРТА 08 април 2011336

36

Page 37: PORTA3 154

ентериер

Познатата дизајнерка на ентериери Кели Хопен, во Велика Британија

честопати ја нарекуваат „кралица на бежот”, поради честата употреба на бежова боја во дизајнирањето. Обземена од шармот на бежот, Хопен дизајнира ентериери во кои се чувствуваат магичните ноти на оваа камелеонска боја. Британска дизајнерка се прослави со уредување на домовите на многу познати личности, меѓу кои спаѓаат Дејвид и Викторија Бекам и актерот Ентони Хопкинс. Британската кралица Елизабет II, ја одликува оваа дизајнерка за заслуги во областа на уредувањето на ентериери. Секако, во домот на оваа угледна дизајнерка, некогашна викторијанска училница, преовладува токму бежовата боја, а во комбинација со старински и современ мебел, како и природното и вештачко светло, овој простор

добива нов карактер кој ја отсликува нејзината личност. Како што и самата вели, голем предизвик и претставувало овој стар простор да го претвори во нов современ контекст, задржувајќи ја автентичната архитектура. Овој простор се одликува со голема височина која дизајнерката успеала на карактеристичен начин да ја сочува, истовремено задржувајќи го и стариот под кој, според нејзините зборови, одлично одговара со дрвените греди и неутралната боја на ѕидовите и ткаенините. Хопен, исто така, вели дека топлата бања и добриот сон се нејзини приоритети, па така, токму овие две простории ги следи хармонија во уредувањето, особено спалната соба, максимално уредена во едноставен стил изоставувајќи ги непотребните детали.

Ирена ЈАнковскА

Кралица на бежот

08 април 2011 ПОРТА3 37

37

Page 38: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011338

рубрика

38

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

Page 39: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 39

рубрика

39

TОНДАХ Македонија АД, ИГМ Пролетер бр. 1, МК- 2310 Виница, Тел.: ++389/ (0)33 361 332, Факс: ++389/ (0)33 361 780, [email protected]

www.gim.com.mk

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833Fax: + 389 02 30 66 828e-mail: [email protected] [email protected]

■ Санација на материјали и конструкции■ Испитување на конструкции■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата,геофизиката и инженерската геологија

Page 40: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011340

40

ОД ЗАПУШТЕНА ИНДУСТРИСКА ЗОНА ДО ЛУКСУЗЕН КВАРТ

урбанизам

ЕКСПО или светскиот меѓународен саем потекнува од средината на 19 век, поттикнат од англиската кралица со цел да ја промовира својата моќ и моќта на индустриската револуција. Како што е познато, светските достигнувања на човештвото се презентираат на овие светски манифестации кои, како и олимписките игри и светските првенства, се организираат на временски интервал од неколку години. За таа цел, во 1851 година на Хајд парк во Лондон се гради Кристалната палата, дело на Џозеф Пекстон, во чија грандиозна градба се одржува и првиот Светски саем. Лисабон е само една алка од низата

на Експо-градови во светската историја. Како дополнителен мотив за борбата на Лисабон да биде домаќин на „Експо 98“, бил и фактот што во 1998 година се одбележувал стотиот јубилеен саем откога оваа манифестација официјално постои. Како и сите други претходни организатори, португалската престолнина се натпреварувала со повеќе светски метрополи од кои најсериозен кандидат бил Торонто (Канада). Со изгласувањето во корист на португалската метропола од страна на меѓународно жири, својата шанса да се промовира во светски размери, Лисабон ја зграпчи и ја искористи на извонреден начин.

Локацијата на лисабонскиот „Експо 98“ е сместена во крајбрежниот појас на реката Тагус во должина од пет километри со површина од 50 хектари. На тоа место претходно се наоѓала запуштена индустриска зона која е оддалечена само 8 километри од центарот на градот. Идејата на градските власти не била само да се промовира лисабонската и португалската култура, како и развојот на науката и техниката, туку да се формира еден сосема нов кварт од градот, кварт кој ќе продолжи да егзистира и после „Експо 98“. Како неуспешен пример за самоодржливост претставува Севиља, град кој бил домаќин

на една од манифестациите на „Експо“, и кој не успеа да го одржи опстојувањето на саемскиот дел од градот по неговото одржување. Како една неатрактивна индустриска зона лоцирана во непосредна близина на централното градско јадро да заживее, да функционира и да опстојува како витален градски простор!? Секако, со пренамена во атрактивен станбен, деловен и забавен кварт! Како што и во фазата на архитектонско-урбанистичкото обмислување на еден нов зафат се поаѓа од постаувањето на инфраструктурата, така и за реализацијата на еден проект најзначајно е решавањето на

лИсабон - експо 98 И паркот на нацИИте

Page 41: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 41

41

урбанизам

вИТАЛносТ Идејата на градските власти не била само да се промовира лисабонската и португалската култура туку да се формира еден сосема нов урбанистички дел од градот, односно кварт кој ќе продолжи да егзистира и после „Експо 98“

инфраструктурното поврзување на новото градско ткиво со постоечкото.

поврзаностКако што рековме, примарен сегмент од реализацијата на овој крупен градежен зафат бил инфраструктуралната поврзаност на Лисабон ЕКСПО 98 со останатите делови од градот и поврзаноста со останатиот дел од Португалија. За таа цел, се гради грандиозната железничка станица „Gare do Oriente“, дело на Сантјаго Калатрава - станица која претставува само еден дел од огромниот транспортен центар во новопроектираниот кварт. Освен

железничката станица, во нејзино продолжение се изгради и автобуска регионална и градска станица како составен дел на „Gare do Oriente“. Втор инфраструктурен проект кој бил реализиран заради поврзување на новиот дел од градот со центарот на Лисабон е новата метро линија. Новата метро линија е проект со седум нови метро станици, а завршната станица е споена со транспортниот центар. Свечаното пуштање на оваа линија временски се поклопи со отворањето на „Експо 98“. Трет значаен и капитален инфраструктурен елемент, кој бил изграден за потребите на „Експо

98“ е најдолгиот мост во Европа - Мостот Васко Де Гама , кој со својата должина од 17 километри го поврза новиот дел со југоисточната примарна сообраќајна мрежа. Со сите овие три капитални проекти кои биле завршени во предвидениот рок се овозможил непречен развој на објектите, павилјоните и останатите градби наменети за самиот светски саем. Како исклучително важна јавна содржина која го поврза новиот транспортен центар и павилјонскиот ансамбл е трговскиот центар „Васко Де Гама“. Во современиот урбанизам и градењето на нови квартови во поголемите европски метрополи,

секогаш треба да се размислува за поставување на јавни содржини, кои претставуваат извонредна врска на транспортните центри со урбаните полови јадра. На тој начин се запазува континуитетот на јавниот простор, се елиминира изолираноста врз околните содржини на новоизградените градски простори, и конечно, значително се зголемува квалитетот на тој простор. Трговскиот центар „Васко Де Гама“ е исклучително значајна алка, која со својата јавна содржина и високо естетски реализирана градба, ги поврзува останатите содржини од саемскиот простор со „Gare do Oriente“.

транспортен центар „gAre dO OrienTe”

„Ориенталната станица“ е авторско дело на прославениот валенсиски архитект Сантјаго Калатрава, и претставува

еден од главните лендмаркови на португалската метропола. Изградена во 1998 година како дел од „Паркот на нациите“, и во ова ремек-дело на Калатрава не отсуствуваат неговите

специфични и стилски карактеристики. Органските форми со чипкаста структура пркосат на силите на гравитацијата. Како

еден од најголемите светски транспортни центри „Gare do Oriente” превезува повеќе од 75 милиони патници годишно.

Page 42: PORTA3 154

урбанизам

ПОРТА 08 април 2011342

42

комплексИ Саемските градби претставуваат ансамбл од изложбени павилјони во овој крајбрежен појас интерполирани со услужно-угостителски комплекси и сместувачки капацитети.Најважни објекти од овој ансамбл се: Океаниумот, Португалскиот павилјон, Казиното, Кулите близначки во форма на џиновски

бродови и Кулата-видиковец Васко де Гама. Интересна инфраструктурна содржина која се наоѓа во рамките на овој нов дел од градот е жичарницата. Таа ја поврзува Кулата-видиковец со Океаниумот во рамките на целата локација. Со овој потег се добива исклучително важна опција кај посетителите, кои можат преку една ексклузивна визура да се пренесат и превезат од едниот до другиот крај на саемскиот комплекс,

запознавајќи се со целиот кварт, и добивајќи можност од една птичја перспектива да се восхитуваат на новиот дел на Лисабон. Новиот дел од Лисабон, по завршувањето на саемот бил затворен повеќе месеци за јавноста, а потоа и бил преименуван, добивајќи го името кое денес го носи - „Парк на Нациите“. Фактот што над 130 нации се претставиле на „Експо Лисабон 98“ и фактот што парковските содржини го спојуваат

и го хармонизираат ансамблот на павилјонскиот комплекс, се мотивот за добивањето на сегашното име. Урбанистите оставија простор „Паркот на Нациите“ и понатаму да се развива добивајќи уште еден екслузивен дел од градот што освен со уникатноста сама по себе отсекогаш привлекувал и со своите околни содржини, благодарејќи и на својата географска положба. Васко Де Гама е еден од најзначајните и наjславни имиња

кулата васко де гамаКулата Васко Де Гама со својата височина од 145 метри обезбедува ексклузивен панорамски поглед на целиот „Парк на Нациите“ и сите негови содржини. Архитекти на оваа здание се Леонор Жанеиро, Ник Џекобс и групацијата „СОМ“. Во нејзиното подножје за време на саемот била сместена зграда која служела како павилјон на Европската Унија. Кулата Васко де Гама е едно од највпечатливите зданија, а во 2006 година била „освоена“ од Ален Роберт – урбан качувач, како дел на маркетинг кампањата за „Оптимус“- португалска мобилна телефонија.

океанИум Лисабонскиот Океаниум е еден од најголемите во светот. Проектиран е од американскиот архитект Питер Чермејев за потребите на „Експо 98“, кога бил промовиран како централна атракција. Лоциран е на самиот брег на реката Тагус и до него се пристапува преку мост. Зградата на Океаниумот лежи во центарот на едно езерце изградено за саемот ЕКСПО. Ова ултрамодерно здание поставено во еден воден басен, пешачки достапен со мост не остава место за дилема каква е неговата содржина. Океаниумот е поделен на четири големи базени, кои ги претставуваат четирите најзначајни океански екосистеми, и еден централен, масивен базен. Екосистемите застапени во овој океаниум се: Северно-атлантскиот карпест брег, Тропските индиски корални брегови, питомиот Пацифик и Антартикот. Централниот базен е одвоен од останатите со стаклени ѕидови, што остава впечаток на еден огромен безен.

трговскиот центар „васко Де Гама“

Page 43: PORTA3 154

урбанизам

08 април 2011 ПОРТА3 43

43

од португалската историја, и тој не случајно се поврзува со имињата на повеќето капитални објекти од „Експо 98“. Имено, во 1998 година се навршуваа 500 години од откривањето на водниот пат од Португалија до Индија од страна на Васко Де Гама, како едно од најголемите откритија и достигнувања во 15 век. Ова водно поврзување овозможило брз економски и политички развој на Португалија во 15 и 16 век. Оттука,

нормално е да се извлече паралела со настаните пет века подоцна, кога повторно Португалија треба да се бори на светскиот пазар, но овој пат на поинаков начин. Државата Португалија повторно пробива нови пазари, но на еден пософистициран начин, промовирајќи се себеси, меѓу другото и како земја домаќин на „Експо Лисабон 98“. Долгорочната придобивка од овој настан за самиот град е формирањето на новата станбено-деловна област

во која се изградени повеќе од 25.000 домувања, и креирање на една исклучително интересна туристичка дестинација на градот Лисабон. Урбанистите на овој простор интервенирале на многу интелигентен начин. Прво, тие замислиле сосема нов дел од градот во функција на „Експо 98“, кој сам по себе е атрактивен заради современите и високоестетските обликувани јавни простори кои овозможуваат развој и на соседните

веќе изградени простори. И второ, урбанистите делувале и на долгорочен план овозможувајќи му на градот да се шири и понатаму во поранешните индустриски и неатрактивни зони, a на тој начин се зголемил квалитетот на Лисабон во секоја смисла.

д-р Александар АнДовскИ, доц. при Универзитет МИТ-Скопје

www.aleksandarandovski.webs.com

мостот васко де гамаМостот Васко де Гама со должина од 17 километри (10 километри е над вода) го поврзува Лисабон со источните сообраќајни регии. Во 1998 година кога бил

пуштен во употреба се сметал за најдолг мост во Европа, а и денеска е еден од најголемите во светот. Заради енормните димензии, овој мост претставувал вистински предизвик за инженерите. Решен е во повеќе секции поставени на столбови, а неговата изградба чинела една милијарда американски долари.

„Паркот на нациите“

„Паркот на нациите“

Page 44: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011344

44

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

спортски храмови

На нешто помалку од две милји од центарот на Мајами, во подрачјето познато како Мала Хавана, за точно една година ќе почне со работа новиот дом на популарните „Флорида Марлинс“, бејзбол клубот од американската МЛБ лига. На местото на поранешниот „Мајами Оринџ Бол“ веќе никнува новата бејзбол арена, која освен што ќе биде нова градба, ќе биде причина и за промена на името на популарните „Марлинс“, кои откако ќе стапнат во новиот дом ќе го променат и своето име во „Мајами Марлинс“. Изградбата на новиот бејзбол дом на „Марлинс“ започна во јули 2009 година, а според планот финализацијата треба да се случи во април следната година. Со капацитет од 37.000 места, „Њу Марлинс Болпарк“ ќе биде третиот

меѓу најмалите по големина стадиони на кои се играат натпревари од популарната МЛБ лига. Специфика на оваа градба ќе биде ротирачкиот покрив. Тој е шестиот по ред ваков бејзбол објект меѓу оние што се во функција во професионалната американска лига и ќе биде еден од ретките што ќе овозможи перфектни услови за игра и на најлошите временски услови. „Њу Марлинс Болпарк“ ќе задржи дел од карактеристиките на сегашниот дом на клубот - стадионот „Сан Лајф“, особено во димензиите во кои се гради. Во најдлабокиот дел според груба проценка, новата арена ќе биде 130 м под основата, со најкуса должина на страна од 102 метри. Она по што ќе се разликува од досегашниот стадион на „Марлинс“,

овој нов објект е т.н. „Тил Тауер“ или „Тил Монстер“ на 26,5 метри во левото поле, додека останатиот дел на ѕидот е поставен на 2,4 метри. Во состав на објектот е планирана изградба на мал хотел, неколку ресторани и продавници, а специјални места ќе бидат одвоени за потребите на медиумите и ТВ екипите. За разлика од досегашниот дом на „Флорида Марлинс“ каде има и 240 луксузни апартмани, новата арена ќе има само 50 ВИП апартмани, вклучувајќи и два мега-апартмани.Дизајнерите на „Њу Марлинс Болпарк“ најавија дека покривната конструкција ќе се отвора за 14 минути, иако ќе биде составена од 8.300 тони челик, колку што се потрошени само за изградба на Ајфеловата кула во Париз. Просечната температура во

затворениот објект треба да биде околу 24 степени, а на подвижниот покрив дополнително ќе бидат адаптирани и соларни ќелии од кои стадионот ќе ја користи сончевата енергија.Вкупната цена за изградба на „Њу Марлинс Болпарк“ се проценува на 515 милиони долари. Од нив, најголемиот дел го издвои Мајами Дејд Каунти, а останатите се сопствени средства на градот и на клубот „Флорида Марлинс“. Во цената не се вклучени околу 10 милиони долари кои се употребени за уривање на стариот „Мајами Оринџ Бол“. Комплетната површина на градба е околу 85.000 квадратни метри, а на стадионот ќе биде поставена подлога од природна трева.

сашо кУЗМАновскИ

модерно, функцИонално И прИлИчно скапо

„њу марлИнс болпарк“ - мајамИ

ФАкТИ ЗА "ЊУ МАРЛИНС БОЛПАРК" - Мајамиседишта: 37.000Период на изградба: 2009-2012Површина на градба: 85.000 м2

Придружни објекти: хотел, ресторан, 50 ВИП апартмани, продавници, прес-центар, ТВ студио.цена на градба: 515 милиони долариДизајнерски тим: PopulousИзведувач: Bliss and Hyit, Inc. и Walter P. Moore (roof)

Page 45: PORTA3 154

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

www.alchimica.mk

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

[email protected]

„ГВ“ ДООЕЛдруштво за производство

трговија и услуги

Ул. „Сава Ковачевиќ“ лам.2, 1/1-2

реон 77, Скопје

Тел: 02 2720-214, 2720-215

Факс: 2720-216

канцелариски материјалдруштво за производство

канцелариски материјалканцелариски материјалканцелариски материјалдруштво за производстводруштво за производство

канцелариски материјалДруштво за

инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606

E-mail: [email protected] , [email protected]

Mob: 071 673 895e-mail: [email protected]

070 387 535070 385 585

HYPERDESMO®ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА

УВ - СТАБИЛНАЕЛАСТИЧНА на - 40СЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА

[email protected]

Тел.: 02 3122284

ДООЕЛ ТАТЈАНА

8 Mарт, бр. 2, 1000 СкопјеТел.: +389 2 3110 624

+389 2 3110 901Факс: +389 2 3110 546

[email protected]

DVORNIKЛична заштитна опрема

од 1990

Орце Николов 93/8

ГРАДЕЖНИШТВОАРХИТЕКТУРАЕКОЛОГИЈА

Page 46: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011346

46

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

Page 47: PORTA3 154

наука

Последиците од Првата светска војна се катастрофални за Австрија, така што напредните движења, како Баухаус, имаат слаб одѕив во нејзината архитектура, кон што придонесува и менталитетот на Австријците. Така се случува, поголемите австриски архитекти својот успех да го постигнат во странство, што се докажува низ делата на следните творци: Шиндлер и Нојтра во САД, Печниг во Германија и Зајдлер во Австралија. Карактеристично за виенската архитектонска школа е тоа, што таа никогаш не раскинува целосно со традицијата. Влијанијата од северните и западните земји, австриските архитекти ги претвораат во добронамерен компромис, особено во областа на станбените објекти. Со таквиот пристап се истакнува творечкиот индивидуализам, присутен во повеќе остварувања. Во периодот од 1923

до 1934 година, во Австрија се изградени 64.000 станови, главно во четирикатни објекти, сместени во 377 ансамбли со различна големина. Карл Ен (1884-1957) има реализирано најмногу такви станбени ансамбли, во кои го задржува дотогашниот принцип на градење по периметар (по обиколката на локацијата). Најпозната таква реализација е станбениот комплекс Карл Маркс-хоф кај Виена (1926-30), кој има цврста лонгитудинална поставка и

уредени внатрешни дворови. Клеменс Холцмајстер (1886-1983), тргнувајќи од традицијата, со помош на својот ирационален и интуитивен пристап создава особени форми, кои се разликуваат една од друга. Така на пример неговите верски објекти имаат идиличен карактер, како што е крематориумот во Виена (1923) со присуство на карактеристични прекршени лакови во екстериерот и во ентериерот. Јозеф Хофман (1870-1956), како

еден од актерите на сецесијата, во периодот меѓу војните станува мајстор на модерната, при што особено се истакнува со градењето на изложбени павилјони, каков што е Австриски павилјон на Венецијанското биенале (1934). Во 30-тите години, се појавува архитектонски стремеж за употреба на лесна скелетна конструкција, која дотогаш не е популарна во Австрија. Најупорен во нејзината примена е архитектот Ернст Плишке, од чие творештво најкарактеристичен пример е објектот на работничката управа во Виена (1931). Таквиот однос на Плишке кон архитектурата се потврдува и во областа на индивидуалните станбени објекти, како што е куќата Гамерит во Атерзе (1932). Таа е поставена на едно возвишување од кое се пружаат убави визури.

мИХаИл токарев: 100 годИнИ модерна арХИтектура (106)

австрИја (1)Книга 2: Достигнувањата на оДДелните земји - резимирани изваДоци

Карл Ен. Станбениот комплекс Карл Маркс-хоф, Виена. Ситуација и изглед

08 април 2011 ПОРТА3 47

47

www.kb.com.mkКонтакт-центар: (02) 3 296 800

ИЗРАБОТКА НА СИТЕ ВИДОВИ ПОДОВИ

Ул. „Љубо Петровик“ 33, СкопјеТел/Факс: 02 26 27 391Мобилен: 070 311 470

Б

К. Холцмајстер. Крематориумот, Виена

Е. Плишке. Куќата Гамерит, Атерзе

Page 48: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011348

48

технологии

„Вашиот бизнис може да се распарчи за само една секунда. Користењето нелегален софтвер е несигурен начин на работење“. Ова е дел од пораката што се врти по медиумите на невладината организација БСА /Бизнис софтвер Алајанс/ Македонија. Со пролетта се чини и БСА ги подразбуди своите активности, а тоа е борбата против софтверската пиратерија во земјава. За разлика од оние во Сомалија, пиратите од Македонија не напаѓаат танкери и товарни бродови. Не поради тоа што немаме море, туку поради фактот што не сме ни свесни дека сме пирати. БСА тврди дека стапката на пиратерија ни е околу 70%, а тоа е доволно за да бидеме пиратска нација. Впрочем, еден од многуте услови за влез во ЕУ ни налага да ја намалиме пиратеријата под 50% за да се изедначиме со европскиот просек. Јасно е дека пиратеријата не може

да се искорени во целост, но може да се намали. И статистиките на БСА го покажуваат тоа. Македонија напредува со процент-два последниве години, но за годинава се најавуваат 5-10% сузбивање на пиратеријата. Веќе и условите за тоа се поволни. Материјата е доволно правно регулирана, а веќе се специјализирани и 50-ина инспектори чија задача е да ловат пирати и пиратски софтвери. А пирати колку сакаш. Не толку дека гладот не принудил на пиратерија (како колегите од Сомалија) туку „поспаноста“ и неинформираноста. Значи софтверот не мора да биде пиратски, а пиратеријата е нелегална. Кога на врата ќе ни зачука инспекција, не можеме да разбереме што бараат. А кога ќе најдат нелегален софтвер за кој и не паметиме кога и зошто сме го инсталирале, се чудиме затоа што и не го користиме нешто посебно.

Математиката отприлика е следна:

1 Виндоус ОС 150,00 евра2 МС Офис 300,00 евра3 Аутокад 2.500,00 евра4 Архикад 3.500,00 евра5 3ДС Макс 2.000,00 евра6 Фотошоп 1.000,00 евраВкупно: 9.450,00 евра* прикажаните суми се ориентациони

Значи, еден просечен компјутер во проектантските бироа содржи во просек нелегален софтвер во вредност од околу 10.000 евра. Ако сте просечно архитектонско биро, тогаш имате 3 компјутери со вкупна вредност на „пиратските“ софтвери од околу 30.000 евра. Што вели законот за ваквиот прекршок?

казнИСкинатата чорапа која беше дел од кампањата што БСА ја спроведе со магазинот Капитал, порача:

„Според членот 157 од Кривичниот законик на Република Македонија, неовластеното објавување, дистрибуирање или друг начин неовластено посегнување по туѓо авторско дело, претставува кривично дело, а сторителот се казнува со парична казна или со казна затвор до 5 години, додека според членот 286, тој што неовластено ќе употреби туѓ софтвер, ќе се казни со затвор до 3 години“. Досегашната пракса на справување со вакви прекршоци покажа дека властите, најверојатно, првин ќе ви ја запленат опремата, што значи дека ќе изгубите некои ситни 1.000 - 1.500 евра, а потоа ќе ве казнат со паричен износ од 200% од вредноста на нелегалниот софтвер, што во конкретниот пример ќе значи 60.000 евра. Имало случаи кога на прекршителот му е понудено да ги легализира софтверите веднаш, за да ја избегне казната.

Пиратите од Македониjа

Page 49: PORTA3 154

технологии

Но, 30.000 евра за софтвер и не е баш малку, нели? Што велите за 3-5 години затвор? Точно, Кривичниот законик предвидува и затворска казна до 5 години на одговорните лица во фирмите, кои ќе се товарат за кривично дело „Повреда на авторските права и користење на туѓ пронајдок“.Во месец ноември минатата година, Координативното тело за интелектуална сопственост во координација со МВР заплени над 120 компјутери и поднесе 20-ина кривични пријави во неколку градови низ земјава. Како што информираа медиумите, во една таква акција на Координативното тело за интелектуална сопственост, настрадаа три велешки проектантски бироа.

советИПред неколку години предупредувања за правните дејствија, кои произлегуваат од користењето на нелиценциран софтвер, добија многу проектантски и маркетинг агенции. И тогаш како и сега, компаниите не знаеле што да се очекува од ваквите предупредувања. Мојот совет до компаниите е сериозно да се заинтересираат за оваа материја, и да се легализираат. Доколку веќе користите лиценциран софтвер, тогаш проверете дали е „сè под контрола“, кој сè има

администраторски пристап за да може да инсталира софтвери, блокирајте пристап до сомнителни веб страници итн. Доколку сте едни од многуте што користат нелегален софтвер, направете анализа кои се реалните ваши софтверски потреби, и колку тоа би ве чинело. Побарајте понуда и секако, изборете се за попуст. Ако понудата е висока и неприфатлива, направете рационализација и размислете за следново:• Размислете за инсталирање на Линукс (пр. www.ubuntu.com) оперативен систем на серверите, компјутерите кај секретарките, магацинот, финансискиот оддел и слично;• Користете го ОпенОфис (www.openoffice.org) кој е бесплатен и е одлична алтернатива на Мс офис;• Доколку сте „аутокад-до-коска корисник“, купете Аутокад ЛТ верзија која е речиси четири пати поевтина од стандардната верзија, а е функционално ограничена и насочена пред сè кон 2Д проектирање;• Ако и Аутокад ЛТ не ви одговара ценовно, размислете за Интеликад-базираните апликации (www.progesoft.com, www.4msa.com, www.zwcad.com) кои се драстично поевтини (од 100 евра, па нагоре);• Оние што ни денар не би сакале да вложат во продукциски софтвер од типот на Аутокад, би можеле да размислат за некоја

бесплатна варијанта од типот на Даблкад (www.doublecad.com);• Останатите специјализирани софтвери кои не ви се во фокусот, а сепак повремено ви се незаменливи, можете да ги замените со поевтини (www.serif.com) или бесплатни (www.blender3d.org, www.inkscape.org, www.gimp.org, www.paint.net);• Ако сепак не сакате драстично да го менувате процесот на компјутерско работење, побарајте помош од стручно лице за да ви помогне околу оптимизацијата на типот и бројот на лиценците, нивната инсталација и одржување. Таквата помош може да ви заштеди средства. Факт е дека софтверската пиратерија не може туку така да се искорени. Сосема е можно никогаш да не ви дојде контрола, односно никогаш да не ги сносите последиците од употребата на нелегален софтвер. Но, ако сепак се случи да бидете „посетени“, последиците можат да бидат кобни за вашиот бизнис, а и по вашата слобода. Како и да е, дефинитивно треба повеќе внимание да се посвети на прашањето, кој и каков софтвер користиме. Одговорите од типот „ако и другите се лиценцираат, тогаш и јас ќе се лиценцирам“, едноставно не е решение на проблемот.

Трајче сТоЈАнов, дипл.инж.арх.

ПИРАТскА нАцИЈА Eден од многуте услови за влез во ЕУ ни налага да ја намалиме пиратеријата под 50% за да се изедначиме со европскиот просек. Според невладината организација БСА /Бизнис софтвер Алајанс/ Македонија, стапката на пиратерија во Македонија е околу 70%, а тоа е доволно за да бидеме третирани како пиратска нација.

08 април 2011 ПОРТА3 49

49

Page 50: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011350

50

AнглИскИ дИлемИ: далИ И каде да се студИра арХИтектура?

Глобалните пазари го загрозуваат студирањето дома

Неодамнешните анализи презентирани во британските медиуми укажуваат дека оние што ќе го завршат само првиот циклус на студии од три години, кој завршува со академската

титулата Бачелор (Bachelor), доколку по дипломирањето добијат работа со просечна плата за дипломирано лице и потоа добијат унапредување со поголема плата, веројатно ќе треба да

вратат три до четири пати повеќе од висината на кредитот што го имаат земено, и сè уште да бидат должни до 51 годинa старост кога преостанатиот долг би требалo да се отпише.

(Специјално за Порта3 од Велика Британија) д-р владимир Б. ЛАДИнскИ, дипл.инж.арх.

експерт

Page 51: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 51

51

Во минатото издание беа презентирани резултатите на најновото истражување на организацијата „Булдинг Фјучерс“ (Building Futures) на тема „Иднината на архитектите“ (The Future for Architects). Според извештајот, во 2025 година сè уште ќе има иднина за архитектите, но во нешто подруга улога, форма и услови од сегашните, со особен акцент дека преживувањето на архитектите и архитектурата како струка ќе биде условено од способноста на архитектите да ги развијат своите консултантски и финансиски вештини. Притоа, да ја преземат дополнителната улога на решавач на проблеми, покрај традиционалната улога на проектант, како и да го прошират опсегот на проектантски услуги и надвор од проектирање објекти, но и истовремено во поголема мерка да се вклучат во дејностите на градежните фирми и градежната индустрија. Се разбира, успешниот одговор на струката за ваквите идни предизвици во голема мера ќе зависи од способноста на сегашните архитекти да се приспособат на очекуваните промени, но и на идните генерации архитекти соодветно да бидат едуцирани за она што ќе ги очекува во иднина. Кога станува збор за едукација на идните архитекти во Англија состојбата драстично е сменета со доаѓањето на коалиционата влада на конзервативците и либерал-демократите во Обединетото Кралство пред неполна година. И покрај големите протести (особено на студентите) низ целата земја, владата донесе нов закон според кој од академската 2012/2013 година државните универзитетите ќе можат да наплаќаат годишна школарина во износ од најмногу 9.000 фунти (околу 10.350 евра), која е речиси трипати поголема од сегашната годишна школарина од околу 3.000 фунти (околу 3.450 евра). Според новиот систем студентите ќе добијат кредит за школарината и за делумно покривање на животните трошоци за време на студиите, но ќе треба да го вратат со камата откако ќе почнат да заработуваат над одредено ниво. Неодамнешните анализи презентирани во

британските медиуми укажуваат дека оние што ќе го завршат само првиот циклус на студии од три години, кој завршува со академската титулата Бачелор (Bachelor), доколку по дипломирањето добијат работа со просечна плата за дипломирано лице и потоа добијат унапредување со поголема плата, веројатно ќе треба да вратат три до четири пати повеќе од висината на кредитот што го имаат земено, и сè уште да бидат должни до 51 година старост кога преостанатиот долг би требало да се отпише. Горнава илустрација е само за оние што го звршиле првиот циклус на студии. А што се случува со архитектите што треба да завршат најмалку два циклуса на академски студии, плус дополнителна практика и професионални студии? Според сегашните прописи во Обединетото Кралство, едно лице за да стане архитект треба да има завршено прв дел на студии во траење од три години кои завршуваат со академската квалификација Бачелор, да изврши едногодишна стручна пракса, да заврши втор дел на студии во траење од три години кои завршуваат со академската квалификација Диплома или Магистер, да изврши уште една година пракса во струката и да го положи стручниот испит. Откако ќе го полжи стручниот испит кандидатот, ако сака да работи како архитект, мора да се регистрира во Комората, а по желба може да се зачлени во институтот со што ќе се стекне со професионалните титули „Регистриран архитект“ (Registered Architect) и „Овластен архитект“ (Chartered Architect) респективно. Оние што студираат архитектура на високообразовни организации, а не се акредитирани од страна на „Кралскиот институт на британските архитекти“ и/или на „Советот (комората) за регистрација на архитекти“ (Architects Registration Board – ARB) дополнително мора да ги положат нострификационите испити на RIBA. Првиот е за оние со Бачелор квалификација и вториот за оние со Диплома или Магистратура, а по нивно успешно полагање во редовна постапка да го положат и третиот (стручниот) испит на RIBA. Нострификациониот испит

на RIBA во моментов чини по 1.390 фунти (околу 1.600 евра) за првиот и за вториот дел на студии. Ова не важи само за оние што бараат регистрација врз основа на утврден реципроцитет помеѓу меѓународни конвенции на професионални институции, или пак за оние што се имаат квалификувано во друга земја на Европската Унија. Доколку се претпостави дека животните трошоци и трошоците за студирање во првата и втората година на задолжителната професионална пракса се покриени од платата примена за овие две години, тогаш секој иден студент по архитектура во Англија студиите ќе го чинат околу 87.500 фунти (околу 100.600 евра). Ова се базира на пет години студии, по 9.000 фунти годишна школарина и пет години животни трошоци по 8.500 фунти годишно по цени на живот во регионални центри, каде што овие трошоци се пониски од Лондон и други поскапи урбани центри. При ова не е земен предвид годишниот пораст на цената на школарината и на цената на животните трошоци. Како резултат на ова, студирањето архитектура станува исклучително скапо, особено кога се земе предвид дека горенаведените трошоци на едукација се приближно еднакви на четири средни бруто годишни плати во земјата. Оттука, веројатно е разбирливо дека досегашните пријави за упис на архитектонските факултети во Обединетото Кралство за последната година по старите школарини се за два отсто помали од оние за упис во претходната 2010 година. Ваквите состојби создаваат

сложени услови и потреби од тешки одлуки за идните британски архитекти, но истовремено отвораат извонредни можности за високообразовните институции во другите земји, кои нудат студии по архитектура на англиски јазик, а особено на оние што се RIBA акредитирани. Така, Architects Journal во бројот од 3 март годинава прави компаративна анализа за школарината за студии по архитектура на разни институции низ светот, при што укажува и на некои, веројатно економски поприфатливи опции за студирање на англиски јазик, како на пример на универзитети во Мастрихт и Делфт (Холандија) за 1.700 евра годишно втор дел на студии или ИЕ во Мадрид кои нудат прв и втор дел на студии за 1.800 евра годишно. За оние со добро познавање на други јазици можностите значително се зголемуваат. Така на пример, на Високата техничка школа (ETH) во Цирих може да се студира за околу 900 евра на германски, за 600 евра на Универзитетот во Болоња на италијански и за 300 евра на Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија за RIBA акредитирана програма со настава на бугарски јазик. Овие цени се за студентите од Европската Унија, што, патем речено, можат и бесплатно (во однос на школарина) да студираат на пример во Австрија и Финска, итн. Додека идните британски студенти размислуваат дали и каде да студираат архитектура, нови глобални пазари се отвораат за архитектонските факултети низ светот.

На Високата техничка школа (ETH) во Цирих може да се студира за околу 900 евра на германски, за 600 евра на Универзитетот во Болоња на италијански и за 300 евра на Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија во Софија за RIBA акредитирана програма со настава на бугарски јазик. Овие цени се за студентите од Европската Унија, што, патем речено, можат и бесплатно (во однос на школарина) да студираат на пример во Австрија и Финска, итн.

експерт

ЗемјаБрој на акредитирани

програми за Прв дел на RIBA студии

Број на акредитирани програми за Втор дел на

RIBA студииАвстралија 15 15Аргентина 3 3Бугарија 1 1

Гана 1 1Египет 2 1Индија 2 2

Ирска Република 2 1 + (1 кандидат)Јамајка 1 1

Јужна Африка 12 7Јужна Кореја 1 1

Кенија 2 1Колумбија 5 5

Либан (1 кандидат) -Малезија 2 2

Нов Зеланд 3 3Папуа Нова Гвинеја 1 1

Перу (2 кандидати) -Полска 1 1

Романија 1 1Сингапур 1 1Хонг Конг 2 2

Чиле 7 6 + (1 кандидат)Шри Ланка 2 2

Акредитирани меѓунардони програми (надвор од Обединетото Кралство) за Првиот и Вториот дел на RIBA студии по архитректураИзвор: Изгтовено според податоци на RIBA од 27 јануари 2011

Page 52: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011352

52

екологија нуклеарнИ централИ

нуклеарна ера ИлИ доба на обновлИвИ енергИИ?

ЧекоР После катастрофата во Чернобил и хаваријата во Фукушима, кои го потресоа целиот свет, уште еднаш срамежливо се отвори дебатата во врска со изградбата на нуклеарна централа во нашата држава. Дали Македонија е подготвена за преземање на ваков чекор?

Page 53: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 53

53

екологија

Камо среќа да имавме нуклеарна централа - сега немаше да се плашиме дека ќе останеме

без струја. Вака гласи еден од многуте коментари на локалните експерти кои, исто така, мислат дека доколку Македонија не може или не сака да изгради нуклеарна централа, треба што побрзо да се вклучи (финансиски) во изградбата на ,,Белене“, нуклеарката што ја градат нашите соседи, Бугарите. Но, какви се можните последици? Дали поддржувачите на нуклеарната енергија го размислуваат истото и по неодамнешната и трагична катастрофа во Фукушима, каде што нивото на радијација е на енормно високо ниво (воздух, вода, почва), и област каде што загинаа илјадници луѓе. Дали сме

свесни колкава е бројката на луѓе (гледано на глобално ниво), која ќе ги почувствува последиците од радијацијата на сегашниве, но и на идните генерации.Во Македонија надлежните власти, а и граѓаните сè уште немаат заземено став во врска со енергијата добиена од нуклеарните централи. Дали да се биде за или против? Ако се земе предвид количеството на електрична енергија што може да се произведе за одреден временски период, нормално би било сите да се согласиме дека во Македонија треба да се изгради нуклеарна централа, но што понатаму? Изградбата на ваков вид централа повлекува и други состојби, како на пример тоа дека при огромна

количина концентрирана енергија преносот на истата може да биде проблематичен. Исто така, тука треба да се обрне внимание и на процесот на ладење на деловите на централата (реакторите), како и на складирањето на создадениот отпад кој се создава при работењето, при што треба да се внимава да не дојде до истекување на истиот.

вода Дополнителен проблем претставува складирањето на отпадот, бидејќи е општо познато какви се неговите карактеристики. Во поглед на ладењето на реакторите на една таква централа, треба да се каже дека во Македонија нема доволно голема река која може да одговори на овие барања.

Барем не на доволно голема централа која ќе може да снабдува поголем дел од нашата држава со електрична енергија. Исто така, немаме и доволно големи вештачки акумулации, кои ќе можат комплетно да се справат со предизвиците што ги нудат нуклеарните централи. Голем дел од развиените земји имаат изградено свои нуклеарни централи, некои од нив планираат и изградба на нови, но сè повеќе се јавуваат и земји во кои се донесуваат и т.н. phase-out стратегии кои се однесуваат на постепено затворање на нуклеарните реактори и зголемено искористување на обновливите ресурси (вода, ветер, сонце). Овој вид на акции се однесува на постепено

продолжување на работењето на реакторите за 10 години, и паралелно масовно подигнување на електричната енергија добиена од обновливите ресурси. Но, со сè поголемото поскапување на електричната енергија во Европа (после хаваријата во Фукушима - енормно зголемување на цената на струјата за 25%) сите држави влегоа во дилема. ,,To Be Or Not to Be“ - за што да се одлучи светот - дали за нуклеарна ера или пак ера на обновливи енергии.

марИовоВо Македонија, во стратегијата за енергетски развој се размислува за опција за градење на нуклеарна централа, но дури по 2030 година, а изградбата на истата би чинела

околу 3 милијарди евра (замислете само што сè би можело да се направи доколку овие средства бидат финансирани во областа на обновливите енергии). Нуклеарната централа е планирано да се изгради во околината на Мариово, област во која е познато дека се наоѓаат одредени количини на ураниум, елемент кој претставува огромен извор на концентрирана енергија, односно елемент од кој се добива т.н ,,нуклеарна енергија“.

потенцИјалИКога станува збор за приоритет во поглед на тоа, на кој вид енергија треба да се даде предност во однос на другите, тогаш од еколошки аспект на нуклеарната енергија

треба да се гледа како на последна опција. Значи, за овој вид енергија треба да се размислува дури откако целосно ќе биде искористен хидропотенцијалот, при што техничкиот потенцијал за годишно производство изнесува 5.000 GWh, од кои се искористени само 18%, со што се наоѓаме на претпоследното место во регионот, веднаш пред Косово. Понатаму, треба да се има константно (и растечко) искористување на соларната енергија, при што треба да се наведе моменталната состојба, каде што само 4% од граѓаните имаат инсталирано соларни колектори, а дури 94% од граѓаните користат електрична енергија за подготовка на топла вода (според Регионалната Конференција: Зголемена употреба на термални соларни уреди), како и зголемена имплементација на системи за гасификација низ целата територија на државата, вклучувајќи ги и руралните области. Нуклеарната енергија е еколошки чиста, но бара претпазливост во работењето. Хаваријата во Фукушима го потресе целиот свет, и уште еднаш ја отвори дебатата во врска со изградбата на нуклеарна централа во нашата држава. Некои ќе кажат: ако Чернобил беше предупредување, трагедијата во Фукушима треба да го запали црвеното светло за идејата за нуклеарната енергија, и да се постави прашањето: дали Македонија е подготвена за преземање на ваков чекор?

никола неШкоскИ, дипл.еко-инж. за животна средина

РеАкТоРИ во поглед на ладењето на реакторите на една таква централа, треба да се каже дека во Македонија нема доволно голема река и доволно големи вештачки акумулации, кои ќе можат да одговорат на овие барања.

неМАЊе сТАв Надлежните власти,

но и граѓаните во Македонија, сè уште

немаат изградено јасен став во врска

со енергијата што се добива

од нуклеарните централи. Дали да се

биде за или против нивно градење?

Page 54: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011354

54

екологија

Македонија би можела да стане една од земјите во Европа со најголем процент на заштитетна територија. Ретки се

државите што имаат околу 20 отсто подрачја под заштита, односно национални паркови, природни резервати, паркови и споменици на природата, заштитени појаси и слично, како што би требало да го има Македонија ако се оствари проектот за воспоставување систем за заштитетни подрачја што го подготви Министерството за животна средина и просторно планирање заедно со УНДП помогнати од Глобалниот еколошки фонд. Сега има девет отсто заштитена територија, што значи дека се предлага таа да се зголеми најмалку двојно. Проектот се спроведувал три години и со него е утврдено дека може да се заштитат уште 23 подрачја

кои досега не биле утврдени со ниту еден план. Нивната вкупна површина изнесува 5,1 отсто од вкупната територија на Македонија, а меѓу најзначајните места се планината Јабланица, која треба да биде нов шести Национален парк и Осоговските планини за кои се предлага да станат заштитен појас. Тие треба да се додадат на уште 42 места за кои е предложена заштита од поодамна со Просторниот план на Република Македонија, но постапката за тоа или не е почната или е во тек. Такви има вкупно 42, меѓу кои се Шар Планина и Јакупица за Национални паркови. Бројката од 20 отсто се заокружува со уште 34 места кои сега се заштитени и изнесува девет отсто од територијата, а меѓу нив се трите национални паркови, строгиот резерват Тиквеш и повеќенаменското подрачје Јасен како најпространи.

За жал, тригодишното истражување утврдило и некои негативни појави. Така за 14 места е констатирано дека ги загубиле вредностите за заштита и дека треба да бидат избришани од оваа листа, како што е случајот со Дојран и со Скопска Црна Гора.Констатирано е дека и покрај обврската што произлезе со измените и дополнувањата на Законот за заштита на природата од март 2010 година, сè уште не е обезбеден буџет кој е исклучиво наменет за заштитените подрачја. Поради ова нашата држава се вбројува во малата група држави на глобално ниво, кои не одвојуваат наменски средства за директно финансирање на заштитените подрачја на својата територија.Препорака на проектот е дека сите субјекти, кои спроведуваат активности врз основа на со закон утврдена надлежност,

треба да соработуваат за да ги решат заедничките проблеми и да ги интегрираат сопствените поединечни планови за управување со различните ресурси со Планот за управување со подрачјето.Во проектот се наведени три опции за обезбедување напредок во исполнувањето на меѓународните стандарди. Едната опција е да се задржи сегашниот систем, со мали дополнувања согласно потребите. Втората опција е да се централизира управувањето со заштитените подрачја. Третиот, најприфатлив предлог е да се приспособи и зајакне сегашниот систем, со цел да се обезбеди подобрена ефикасност и ефективност. Оваа опција подразбира задржување на сегашниот децентрализиран пристап, но со промена на законите, структурите и практиката, со цел подобрување на стандардите. На самиот крај од спроведувањето

Попова Шапка

завршИ проектот за заштИтенИ подрачја

македонИја ќе стане голема заштИтнИчка на прИродата

Шар Планина

Page 55: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 55

55

екологија

на проектот може да се констатира дека иако е постигнат напредок во поглед на создавањето услови за воспоставување на мрежата на заштитени подрачја, сè уште постои недоволно разбирање за економската вредност на заштитените подрачја од страна на сите планери и носители на одлуки. Тоа резултира со непогодни економски политики и инструменти, недостаток на економски поттик за приватниот сектор и јавноста за зачувување на биолошката разновидност, како и недоволно финансирање на управувањето со заштитените подрачја. Предизвикот е дотолку поголем поради фактот што значаен дел од биолошката разновидност во државата е присутен и на подрачја вон заштитените. Раководителот на проектот Тони Поповски вели дека научните истражувања и сознанија

укажуваат на тоа дека околу 20 отсто од територијата на Република Македонија треба да биде ставена под одреден режим на заштита. „Имаме направено комплетна софтверска апликација и онлајн пристап до националниот информативен систем за биолошка разновидност. Ова ќе ја вброи Република Македонија во една од поретките држави и во рамки на ЕУ, кои имаат такви напреднати алатки за размена на информации“, вели Поповски. Заменик-постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП), Ан-Мари Али посочува дека многу е постигнато од 2008 година наваму и додава дека земјата направила значителен напредок кон исполнување на своите обврски предвидени со Меѓународната конвенција за биодиверзитет.„Во Законот за заштита на природата се дополнети деведесет

членa и се подготвени 17 нови подзаконски акти. Ова овозможува непречено спроведување на Законот и е голем напредок кон исполнување на стандардите на ЕУ“, вели Ан-Мари Али.За Филип Иванов, директор на Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, се постигнати резултати кои придонесуваат за подобрување на имиџот на Македонија во европски и светски рамки, како земја која се грижи за воспоставување и имплементирање на меѓународните документи и стандарди во областа на заштитата на природата.Тој посочува дека една од приоритетните стратешки цели на Министерството е заштита и зачувување на природното наследство. Во таа насока, додава Иванов, Министерството прави значајни напори за

обезбедување поефикасна имплементација на ратификуваните меѓународни документи од страна на Македонија во областа на заштитата на природата. „Одредниците на Конвенцијата на Обединетите нации за заштита на биолошката разновидност се вградени во стратешките развојни политики на Министерството и во голем обем транспонирани во Законот за заштита на природата. Друг значаен приоритет во делот на заштитата на природата е исполнување на барањата на директивите на ЕУ за хабитати и птици. Министерството континуирано спроведува активности за поефикасно имплементирање и на националната легислатива за заштита на природното наследство“, додава Иванов.

катерина сПАсовскА-ТРПковскА

Пелистер

Беласица

Јасен

Page 56: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011356

56

екологија

Во Европа сè повеќе се зборува за таканаречените „паметни“ мрежи, кои треба да придонесат во намалувањето на загубите во преносот на електричната енергија, во зголемувањето на учеството на обновливите извори на енергија, поквалитетна улога на потрошувачите на пазарот и многу други благодети. Но што е всушност паметна мрежа? Иако не постои стандардна глобална дефиниција, European Technology Platform Smart Grids ги дефинира „паметните“ мрежи како електрични мрежи кои можат интелигентно да го интегрираат и координираат однесувањето на сите субјекти кои се поврзани на мрежата (производители, потрошувачи

и оние што истовремено се и производители и потрошувачи), а со цел одржлив економски развој и сигурност во снабдувањето со електрична енергија. Овие мрежи придонесуваат за полесно поврзување и работење на производителите на електрична енергија со различен капацитет и различни технологии. Од друга страна, пак, на потрошувачите им се овозможува да имаат своја улога во оптимирањето на работата на системот, да добиваат повеќе информации и опции за избор на својот снабдувач и сл. Конечно, овие мрежи овозможуваат дури и повисоко ниво на доверливост, сигурност и енергетска ефикасност на електроенергетскиот систем, и

голем потенцијал во намалувањето на емисиите на стакленички гасови.Меѓутоа, „паметните” мрежи не се „супер мрежи”. Тие не изгледаат поинаку од денешните класични, т.е конвенционални мрежи за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Токму поради тоа, не се работи за некаква револуција во ова подрачје туку за еволуција на процесот низ кој електричните мрежи постојано се подобруваат со цел да ги задоволат потребите на сегашните и идните потрошувачи. Поимот „паметна мрежа” не смее да се поистоветува со паметното мерење, бидејќи во првиот случај се работи за многу поширок сет на технологии и решенија. Многу енергетски компании во последно

време ставаат акцент на паметното мерење, што секако има големо влијание и во поддржувањето на мерките од областа на климатските промени, бидејќи паметното мерење го охрабрува корисникот да ја намали својата потрошувачка во услови на високи цени или пак кога е во прашање доверливоста на системот.

улогата на паметнИте мрежИ во намалувањето на клИматскИте променИСамиот концепт на паметните мрежи е ориентиран кон градење, развивање, работење и одржување на електричните мрежи на иднината, на начин кој ќе овозможи задоволување на целите

Паметните мрежи значително ќе придонесат во областа на одржливиот развој, ќе овозможат поставување на двонасочна комуникација помеѓу снабдувачот и потрошувачот, а либерализираниот пазар

ќе идентификува и развие повеќе можности за тргување.

новИнИ

И „ПАМеТНИТе“ мрежИ во бИтката протИв

КЛИМАТСКИТе ПрОМеНИ

Page 57: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 57

екологија

57

на Европската Унија во однос на намалувањето на климатските промени до 2020 година, односно популарните 20/20/20 (20% учество на обновливите извори на енергија, 20% намалување на емисијата на стакленички гасови и 20% заштеди во потрошувачката на енергија преку подобрување на енергетската ефикасност). Зошто е улогата на паметните мрежи значајна во намалувањето на климатските промени? Прво, се намалуваат загубите во мрежата. Потоа, се овозможува поголемо учество на обновливите извори на енергија и дистрибуираните производители во склад со сигурноста во работењето и ефикасноста на пазарот. На потрошувачите им помага поквалитетно да учествуваат на пазарот, нѐ само преку поефикасно користење на енергијата (паметно мерење), туку им овозможува да се однесуваат и како производители со тоа што ќе можат да ги продаваат своите вишоци. И конечно, електрификација во секторот транспорт (можност за опслужување на електрични возила).Паметните мрежи значително ќе придонесат во областа на одржливиот развој, ќе овозможат поставување на двонасочна комуникација помеѓу снабдувачот и потрошувачот, а либерализираниот пазар ќе идентификува и развие повеќе можности за тргување. Со цел успешна транзиција кон идниот одржлив енергетски систем, мора да бидат вклучени сите релевантни засегнати страни: влади, регулаторни тела, потрошувачи,

производители, трговци, компании за пренос, компании за дистрибуција, производители на опрема. Координацијата на регионално, национално и Европско ниво е неопходна, и токму од тие причини е основана Smart Grids European Technology Platform.

успешнИ прИказнИЗа помалку од една деценија Италија изненадувачки стана светски

лидер во развој на попаметна електрична мрежа. Повеќе од 85 проценти од италијанските домаќинства денес се опремени со паметни броила, што претставува највисок процент на светско ниво. Во 2001 година италијанската енергетска компанија Enel, започна петгодишна програма за инсталирање на паметни броила кај своите потрошувачи, односно на 40 милиони домови и компании. Нивната цел беше да се подобри ефикасноста, и да им се помогне на потрошувачите во намалувањето на нивните сметки за електрична енергија. Информациите за потрошувачките навики на своите корисници, му помогнаа на Enel во постигнување поефикасен режим на работа на своите постројки, со што компанијата остварила заштеда од 750 милиони долари на годишно ниво. Од друга страна, со можноста што ја имаат за контрола врз сопствената потрошувачка, значителен дел од потрошувачите успеале да ги намалат сметките дури за половина. Велика Британија ќе започне со имплементирање паметни електрични мрежи, откако компанијата Ofgem ќе избере

четири региони за пилот проектот, кој чини 62 милиони фунти. Преку овој проект ќе се овозможи трансформација на класичната мрежа, со енергетски ефикасна мрежа која може да се адаптира на промените во побарувачката на енергија. Се проценува дека во наредните 10 години операторите на дистрибутивниот систем во Британија, ќе мора да потрошат околу 32 милијарди фунти, и тоа нè само за имплементирање на новиот концепт туку генерално, за модернизирање и ревитализирање на веќе застарената дистрибутивна мрежа. Француската влада неодамна донесе декрет со кој 95 отсто од потрошувачите мора да бидат опфатени со паметните мерачи до 2016 година. Исто така, со декретот се наложува сите нови инсталирани броила по 2012 година задолжително да бидат паметни броила, и се бара собирање на податоците на дневна основа. Процентот од 95 отсто претставува бројка од околу 35 милиони броила, повеќето сопственост на ERDF - компанија оператор на дистрибутивниот систем.

Даниела МЛАДеновскА

Page 58: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011358

58

занимливости

Највисокиот хотел во светот, кој спаѓа во ланецот на ексклузивните хотели „Ritz-

Carlton“, ги отвори своите врати на 29 март 2011 година во Хонг Конг. Сместен во облакодер на меѓународниот трговски центар висок 490 метри, хотелот нуди незаборавна панорама на познатото пристаниште „Викторија“, а неговото отворање е голем камбек по привременото затворање во 2008 година. Хотелот се наоѓа од 102-от до 118-от кат на облакодерот. Ентериерот на хотелот зрачи со современ и модерен стил во рестораните и лоби просторот, со сјаен мебел и лустери, а боите што преовладуваат во целиот простор се црна, кафеава и беж. Посетителите пријатно ќе се изненадат од некои од просториите што го сочинуваат овој хотел, како што се најголемиот бар во светот, базенот поставен на цел кат со 19- метарски LCD екран монтиран на таванот, и во кој пливачите можат да гледаат додека уживаат во топлата вода, како и просториите за приеми и

прослави што зафаќаат вкупна површина од 930 м². „Го отворивме овој легендарен хотел, за кој ни беа потребни 10 години комплетно да го изградиме“ - изјавил на отварањето Херве Хумлер, раководител на проектот, воедно истакнувајќи дека луксузот го подигнале на едно сосема поинакво, повисоко ниво. Овој хотел, освен што е највисок, ќе биде и еден од најскапите места за престој во градот што веќе е преполн со луксузни хотели, со почетна цена од 770 долари за една ноќ во делукс соба. Најчести посетители се очекува да бидат кинески клиенти, кои се застапени со 35% посетеност во ланецот на овие хотели низ светот, со очекување дека овој процент ќе се зголеми. Сепак, приматот за највисок хотел во светот нема долго да го задржи, бидејќи во 2014 година во Кина се очекува да биде отворен хотелот „J-Hotel“ во Шангај, сместен на врвот на облакодер висок 600 метри.

Александра ПеТРовскАдипл.инж.арх.

ДеЛУкс Хотелот е едно од најскапите места за престој во градот со почетна цена од 770 долари за една ноќ во делукс соба.

Хонг конг

Отворен највисокиот хотел во светот

Page 59: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 59

саеми

59

Координаторот на Минхенскиот саем за Југоисточна Европа Штефан Решке беше во посета на Македонија за да ги промовира саемските манифестации кои се случуваат во Минхен, со цел да се оствари подобра врска меѓу

бизнис заедниците и компаниите да пронајдат партнери за соработка. На средбата со новинарите тој истакна дека значително е зголемен интересот на домашните компании за посета на Саемот. Според него, претстaвништвото на Унијата на

германските комори за индустрија и трговија во Скопје, во период од една година успеа за 100 насто да ја зголеми посетеноста на Минхенскиот саем од компании од Македонија, Албанија и Косово. Тој додаде дека на најзначајниот саем БАУ 2011 од областа на градежништвото имало за 400 отсто повеќе македонски посетители. Решке вели дека има зголемен интерес и за Саемот за недвижности и инвестиции Реал експо 2011. Покрај тоа, тој ги повикува македонските компании да дојдат во Минхен, особено на саемите од значајните стопански гранки, како што се градежништвото, металопреработувачката дејност, транспортот и логистиката и да се претстават во вистинско светло. Неговата препорака до компаниите, кои сакаат да присуствуваат во

иднина на овие саеми е да работат повеќе на своето претставување и додава дека е потребно да вложат повеќе труд за својот настап, бидејќи тоа има големо влијание врз понатамошната соработка со останатите компании кои се претставуваат на Саемот. „Во Македонија како и во други земји треба повеќе да работат на тоа, како да бидат подготвени, како да ги користат овие манифестации, но најважно е како ќе ја изведат работата по саемот. Секогаш има шанса компаниите да се подготват подобро и да покажат повеќе, бидејќи за да се привлече вниманието на инвеститорите и посетителите треба да направите нешто специјално за да го посетат вашиот штанд“, вели Решке.На Минхенскиот саем се одржуваат 40 саемски манифестации годишно.

огнен као, застапнИк на мИнХенскИот саем за македонИја, албанИја И косово:

саемот во мИнХен гИ канИ македонскИте компанИИ

во тек се подготовките за саемот на недвижности и инвестиции еxpo Real 2011 во Минхен. Што сè презедовте за привлекување на македонски излагачи и гости на оваа голема изложба?Саемот за деловни недвижности и инвестиции Expo Real во Минхен е најголемиот европски B2B саем и се одржува секоја година, почнувајќи од 1998 година. Годинава саемот ќе се одржи од 4 до 6 октомври. За привлекување на македонските изложувачи и гости го презентиравме самиот саем на изложувачите на саемот за недвижности во Скопје. Со извршниот директор на саемот Минхен за Југоисточна Европа ги посетивме и информиравме клучните играчи од оваа бранша, како што се Агенцијата за странски инвестиции, Министерството за транспорт и врски на Р.М како и германската GIZ – друштво за меѓународна соработка, со чија помош и поддршка Македонија се претставуваше на овој саем во

изминатите години. Овој саем е многу важен за приватниот сектор, но исто така и за македонските општини кои може да се претстават пред целиот свет и да привлечат странски инвестиции. Дали веќе има пријавено некои македонски компании заинтересирани за саемот?Неколку фирми се заинтересирани, но сè уште немаме одделни пријавувања. Би сакале Македонија да настапи со заеднички штанд на овој саем, каде што би се претставиле сите идни проекти во земјата, со што би се ставило до знаење дека таа е интересна за инвеститорите.

со кои проблеми се соочувате во вашата работа на промоција на Минхенскиот саем?Голем проблем за македонските фирми е дека самиот минхенски саем е доста скап. Но со оптимална подготовка за саемскиот настап, самата инвестиција на изложувачот

се исплати, бидејќи е доволно да се добие само еден нов извозник на неговиот производ во некоја странска земја, и со тоа би се исплатила инвестицијата. Како втор проблем би го спомнал задоцнетото пријавување на фирмите за саеми. Кога пријавувањето е извршено во краток период пред отпочнување на саемот, цените за метар квадратен се повисоки отколку во раната фаза на пријавување. Добро позиционирање на сите саеми е директно зависно од навременото пријавување, кое треба да биде од една година до максимално шест месеци пред започнување на саемот.

колку сте задоволен од досегашната работа со оглед на тоа што сте „нов“ на македонскиот пазар? Со оглед на тоа што Унијата на германските комори за индустрија и трговија е само една година и три месеци

застапник на саемот Минхен, можеме да кажеме дека сме задоволни од зголемувањето на бројот на посетители, но наша цел е да го зголемиме и бројот на македонски фирми изложувачи, кој е сè уште многу скромен на саемот во Минхен.

бИ сакале македонИја да се претставИ како земја Интересна за ИнвестИторИте

Page 60: PORTA3 154

арт инфо

скопје

јубилејна ретроспектива на лазар личеноскиВо Националната галерија на Македонија, во објектот Даут-пашин амам, е отворена Јубилејна изложба по повод 110 години од раѓањето на Лазар Личеноски (1901-1964), еден од основополжниците на модерната ликовна уметност во Македонија. На изложбата се претставени над 100 дела (слики и цртежи), работени во периодот од 1920 до 1960 година. Инаку, според организаторите, сликите и цртежите се дел од, можеби, најголемата донација на ликовни дела што семејството Личеноски ѝ ја подарува на Република Македонија, односно на Националната галерија на Македонија. Богатата ликовна оставнина ќе биде изложена во куќата на сликарот на кејот на Вардар, што неколку години наназад се најавува како иден музеј на Лазар Личеноски

фИренца

„давид“ на микеланџело во опасност од уништувањеПроектот за изградба на железнички тунели на железницата во историскиот центар на Фиренца претставува опасност за Микеланџеловата скулптура „Давид“, пред сè, заради вибрациите, пишува во дневникот „Кориера дела сера“. Според архитектот и експертот за подземно градежништво, Фернандо де Симоне, планот предвидува тунелите да бидат изградени околу 600 метри од местото на кое се наоѓа „Давид“, симболот на Фиренца. „Ако скулптурата не се премести пред да почнат работите, постои ризик дека би можела да се сруши заради вибрациите“, опоменал Фернандо де Симоне. Својата оценка ја дал врз основа на постоечките микро пукнатини на скулптурата и оштетувањата на статуата на ниво на ножните стапала.

мексИко сИтИ

карлос слим отвори музејНајбогатиот човек на светот, мексиканскиот бизнисмен Карлос Слим, свечено го отвори музејот „Сумаја“ во Мексико Сити со колекција од 66.000 уметнички дела. Сместен во западниот дел на Мексико, во асиметрично здание покриено со 17.000 шестоаголници од алуминиум кои рефлектираат светлина, музејот „Сумаја“ го добил името по сопругата на Карлос Слим, која починала во 1999 година. Во овој музеј со 17.000 квадратни метри изложбен простор, љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во делата од големата уметничка збирка на Слим, каде што се наоѓаат делата на Да Винчи, Муриљо, Рубенс, Ривера, најголемата колекција на скулптурите на Роден надвор од Франција, како и делата на импресионистите: Моне, Реноар и Дега. Во новиот музеј се наоѓаат и предмети од епохата пред доаѓањето на Панаците, збирка од мексикански ковани пари, како и историски документи на Ернан Кортес и Кристофер Колумбо.

ПОРТА 08 април 2011360

60

Page 61: PORTA3 154

фИладелфИја

вазна продадена за 1,3 милиони долариАукциската куќа „Фриманс“ од Филаделфија продаде „минг“ вазна од периодот Ќијанглонг за рекордна цена од 1,38 милиони долари, објави списанието „Филаделфија енкваерер“. Антиквитетната вазна датира од 1736 година. Зои Хиленмејер, портпаролка на „Фриманс“, изјавила дека во 2008 година, аукциската куќа „Сотби“ продала идентична вазна за 750.000 долари. Таа одбила да го идентификува купувачот, но рекла дека бил присутен во преполната сала и се наддавал со колекционер од Кина.

загреб

50 години од легендарната „горгона“Оваа година се навршуваат педесет години од раѓањето на списанието и уметничката група „Горгона“. По тој повод, Музејот на современа уметност во Загреб ја отвори изложбата и програмата насловена како „Мисли за Горгона“, а целта е потсетување на важноста на списанието и групата за екс-југословенската и меѓународната соврмена уметност. Членови на оваа уметничка неформална група чија интензивна активност во Загреб траела од 1959 до 1966 година, биле сликарите Јосип Ваништа, Маријан Јевшовар, Јулије Книфер, Ѓуро Седар, вајарот Иван Кожариќ, теоретичарите и критичарите на уметност Радослав Путар, Матко Мештровиќ, Димитрие Башичевиќ Мангелос и архитектот Миљенко Хорват. И после педесет години од тие бурни уметнички времиња останува отворено прашањето „Што е и што била Горгона?“, и зашто „Горгона“ и натаму ја провоцира современата уметност и теорија со својата историја.

скопје

Хрватска изложба „знамиња“ во мсуХрватските уметници Роберт Сошиќ и Томислав Брајновиќ се автори на изложбата „Знамиња“ што е отворена во Музејот на современа уметност во Скопје. На изложбата се претставени фотографии, видеа и видеоинсталации низ кои авторите ја пренесуваат пораката за аномалиите на светот во кој живееме. Во фокусот на нивната идејна и визуелна мисла е критичкиот однос кон општеството и кон оние негативности кои не задушуваат и за кои авторите бараат одговор низ личниот апел со јасна и дефинирана порака. Сошиќ и Брајновиќ ни ја пренесуваат својата порака преку личниот ракопис во кој се преплетени духовитото, саркастичното и циничното.

арт инфо

подготви: Леонида ПенкА БАША08 април 2011 ПОРТА3 61

61

Page 62: PORTA3 154

ПОРТА 08 април 2011362

62

совети

- Моменталниот распоред на просторот не ми одговара, бидејќи имам потреба да одвојам работна соба од дневниот дел. Ве молам да ми помогнете како да го направам тоа, без да има премногу градежни промени.

Ваш читател од Скопје

Просторот на дневната соба веќе и личи како да е поделен на два дела. Поделбата на

делови со различна функција би требало да се направи со лесна монтажна преграда од гипс картон плочи и стаклени тули. Поголемиот дел ќе биде дневната соба, а помалиот работна и спална. За таа функција, во работната соба се поставува тросед кој ноќе се расклопува за спиење. Од страна на дневната соба, на ѕидот, се монтира конзола за плазма телевизор, а во работната соба зад масата е плитка библиотека и полица пред неа. Дневниот дел содржи двосед, седалка, клубска масичка и мала маса за јадење. За таа да се смести,

потребно е во дневниот дел да се затвори вратата од кујната со преграда во ист стил, со преградата меѓу работната и дневната соба. Кујната се организира во форма на буквата Г, така што садоперот останува десно од вратата, а на другиот крај е фрижидерот. Со поделбата на просторот, секој дел добива независна функционална и естетска димензија. Просторот ќе се збогати со топлината на дрвото, кожата и дифузното природно осветлување кое ќе ги омекне сите остри рабови во просторот.

Билјана сТевковскА-сАвИЌ, дипл.инж.арх.

[email protected]

соба со повеќе функцИИ

пред

потоа

Page 63: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 63

63

најчудни градби

Кога еден човек е опседнат со нешто, речиси сè во животот замислува низ таа призма.

Иако изгледа чудно, но она што во сојузната држава Ајдахо (САД) почнало како обична продавница, се претворило во парк со хотел од две спални соби. Да !.. и тоа постои, а посетителите го оцениле како фасцинантно!Официјалното име на хотелот е „Дог барк парк ин“ и се наоѓа близу главниот автопат кој поминува покрај градот Котонвуд. Од 1997 до 2003 година на оваа локација постоела продавничка за украси од дрвени кучиња. Сите што поминувале можеле да застанат и да купат сувенир-куче, во различни форми и големини, направени од дрво. Продавницата била позната како „Свит Вили“. Но, архитектите Денис Саливан и Франсис Конклин дошле на идеја да направат и градба во форма на куче, како туристичка атракција.Во 2003 година хотелот бил официјално отворен, а располагал само со две спални соби. Тие биле наменети за љубопитните патници што имале интерес, возбуда и 89 долари да платат за еден кревет. Тоа значи дека еден пар за една ноќ уживање треба да избори околу 180 долари. Освен надворешноста во форма на бигл-пес, конструкцијата од два ката и ентериерот нудат комплетно уживање. Сè внатре има форма или структура на куче, па дури и гостите што сакаат

да преспијат се пречекуваат со колачиња во форма на куче.За посетителите е креиран и вебсајт на кој сите љубопитни можат да

дознаат повеќе за хотелот и секако, навреме да резервираат спиење во кучешкиот хотел. Кога деновите се празни и нема турканици за соба,

во хотелот преспива брачен пар кој веќе 20 години се занимава со „делкањето“ дрвени куќиња.

Драган РИсТов

куче - Хотел со две спалнИ собИ

Page 64: PORTA3 154

излогизлог

Седечка скулптура наменета за јавен простор

од британскиот архитект Ian McChesney.

Германскиот дизајнер Daniel Becker го дизајнирал овој модуларен светлосен систем кој формира тродимензионална структура во просторот.

ПОРТА 08 април 2011364

64

Page 65: PORTA3 154

Оваа столица која овозможува интеракција со корисникот ја дизајнирала Ellinor Ericsson, студентка на данската школа за дизајн. Празнините на столицата се пополнуваат со перничиња како туби од различен материјал со можност за креирање на различни позиции.

подготви:сандра ДонЧевАдипл.инж.арх.

08 април 2011 ПОРТА3 65

65

Page 66: PORTA3 154

јавни набавки

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 31/2011

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ОБРАЗЕЦОТ НА РЕШЕНИЕТО ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ГРАДБИТЕ ОДНОСНО ПОСТАВУВАЊЕ НА ОПРЕМАТА ЗА

КОИ НЕ Е ПОТРЕБНО ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

ПРАВИЛНИКЗА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ СО ЧИЕ ВРШЕЊЕ МОЖЕ ДА НАСТАПИ ОДГОВОРНОСТ ЗА ЕКОЛОШКА ШТЕТА, КРИТЕРИУМИТЕ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА

ПОСТОЕЊЕ НА ЕКОЛОШКА ШТЕТА, КАКО И СЛУЧАИТЕ ВО КОИ НЕМА ДА НАСТАПИ ОДГОВОРНОСТА ЗА ЕКОЛОШКА ШТЕТА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 32/2011

ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА

ПРОЕКТИРАНА ГРАДБА НА ТЕРЕН

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 3/2011Назив на договорниот орган:Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, ул. “Орце Николов“ бр. 138, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Градежни работи за изградба на објект катна гаража 5.13 Мал ринг во Скопје – машински дел.Контакт тел/факс: 3121-270, 02 3225-094, лице за контакт: Ана Димеска.Јавно отворање на понудите на ден 19.04.2011 год.

БРОЈ: 09/2011Назив на договорниот орган:Општина Охрид, ул. “Димитар Влахов“ бр. 57, 6000, Охрид.ПРЕДМЕТ:Набавка и поставување на улични рабници.Контакт тел/факс: 046 262-493, 046 262-545, лице за контакт: Лилјана Симоноска.Јавно отворање на понудите на ден 14.04.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 33/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 04/2011Назив на договорниот орган:Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ревизија на проектна документација за изградба и реконструкција на објекти во комплексот на Казнено – Поправен дом Идризово, (Општина Гази Баба).Контакт тел/факс: 02 3106-556, 02 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска.Јавно отворање на понудите на ден 12.04.2011 год.

БРОЈ: 05/2011Назив на договорниот орган:Министерство за правда, Управа за извршување на санкциите, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ревизија на проектна документација за изградба на објекти во комплексот Воспитно – Поправен дом Тетово, (Општина Брвеница).Контакт тел/факс: 02 3106-556, 02 3110-437, лице за контакт: Јасминка Дончевска.Јавно отворање на понудите на ден 12.04.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 34/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 40/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Ревизија и консултантски услуги за проекти.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 13.04.2011 год.

БРОЈ: 41/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реализација на замена на азбестно-цементни кровни плочи од кровови на средни училишта во Град Скопје.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.

Јавно отворање на понудите на ден 14.04.2011 год.

БРОЈ: 43/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на ролерско – велосипедска патека на лева страна на река Вардар од мост “Гоце Делчев“ кон мост на бул. “8 ми Септември“.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Јавно отворање на понудите на ден 13.04.2011 год.

БРОЈ: 11-726/1/2011Назив на договорниот орган:Општина Делчево, ул. “Методи Митевски Брицо“ бр. 40, 2320, Делчево.ПРЕДМЕТ:Изградба на улици и патеки во Општина Делчево.Контакт тел/факс: 033 411-550, лице за контакт: Ѓорѓи Јанковски.Јавно отворање на понудите на ден 15.04.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 35/2011

ПРАВИЛНИКЗА НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ

НА ОБЈЕКТОТ, ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТНА ОГРАДА, ВИДОТ НА ОЗНАКИТЕ

И ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01-06/2011Назив на договорниот орган:ЈП Македонска Радиотелевизија, ул. “Гоце Делчев“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Реновирање на санитарни јазли.Контакт тел/факс: 02 5511-786, 02 3221-104, лице за контакт: Лазе Новески.Јавно отворање на понудите на ден 13.04.2011 год.

БРОЈ: 04/2011Назив на договорниот орган:Општина Куманово, ул. “11 Октомври“ бб, 1300, Куманово.ПРЕДМЕТ:Реконструкција на дел од ул. “1“ и ул. “8“ во населба Железничка Станица во Општина Куманово.Контакт тел/факс: 031 475-832, лице за контакт: Дарко Станојковски.Јавно отворање на понудите на ден 18.04.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 36/2011

ЗАКОНЗА ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА СО ЗАЕМ КАЈ ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ ПО ДОГОВОРОТ

ЗА ЗАЕМ ЗА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ НА КОРИДОРОТ Х, НА

ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА – СМОКВИЦА

ОДЛУКАЗА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖЕЊЕТО

НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПЕРИОДОТ НА ЗАКУП НА ГРАДЕЖНОТО

ЗЕМЈИШТЕ ВО ТЕХНОЛОШКО-ИНДУСТРИСКАТА РАЗВОЈНА ЗОНА СКОПЈЕ

1 И ЗА ВИСИНАТА НА ЗАКУПНИНАТА

ПРАВИЛНИКЗА ВИСИНАТА НА ИЗНОСОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ

ДЕЛОВИ ВО РЕЗЕРВНИОТ ФОНД, НАЈНИСКАТА ВРЕДНОСТ НА ИСТИОТ, ВИДОТ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА КОИ ЌЕ СЕ

КОРИСТАТ СРЕДСТВАТА ОД РЕЗЕРВНИОТ ФОНД, ВО ЗАВИСНОСТ ОД СТАРОСТА НА ОБЈЕКТОТ, БРОЈОТ НА ПОСЕБНИТЕ ДЕЛОВИ ВО ЗГРАДАТА И ВИДОТ НА МАТЕРИЈАЛОТ

ОД КОЈ Е ИЗГРАДЕНА ЗГРАДАТА

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 3/2011Назив на договорниот орган:Министерство за животна средина и просторно планирање, бул. “Гоце Делчев“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Проектирање и изградба на филтерска станица на системот за водоснабдување во Гостивар.Контакт тел/факс: 02 3251-418, 02 3220-165, лице за контакт: Башким Џомбалиќ.Јавно отворање на понудите на ден 13.04.2011 год.

БРОЈ: 15/2011Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.

ПРЕДМЕТ:Изградба на училишна фискултурна сала за основно училиште “Кирил и Методиј“ – Скопје.Контакт тел/факс: 02 3224-997, 02 3118-414, лице за контакт: Александра Џингова.Јавно отворање на понудите на ден 19.04.2011 год.

БРОЈ: 29/2011Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Партерно уредување на ОУ “Санде Штерјоски“ – Пашино село, Кичево.Контакт тел/факс: 02 3224-997, 02 3118-414, лице за контакт: Александра Џингова.Јавно отворање на понудите на ден 18.04.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 37/2011

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 2/2011Назив на договорниот орган:Министерство за економија, ул. “Јуриј Гагарин“ бр. 15, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Надзор на градба на комплексот “Македонско село“.Контакт тел/факс: 3093-514, 3093-482, лице за контакт: Елена Кржаловска.Јавно отворање на понудите на ден 19.04.2011 год.

БРОЈ: 30/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма, со потребната лиценца Б за изведувач за изградба на паркинг во Населба “13 Ноември“ на територија на Општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 18.04.2011 год.

БРОЈ: 31/2011Назив на договорниот орган:Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Избор на фирма за изградба на нова линија за јавно осветлување на улица “Србија 1“ во Општина Аеродром.Контакт тел/факс: 2401-548, 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска.Јавно отворање на понудите на ден 19.04.2011 год.

БРОЈ: 04/2011Назив на договорниот орган:Општина Неготино, ул. “Ацо Аџи Илов“ бр. 2, 1440, Неготино.ПРЕДМЕТ:Изработка на урбанистички планови, ревизија на планови и локална урбанистичка планска документација.Контакт тел/факс: 043 361-045, лице за контакт: Александар Јованов.Јавно отворање на понудите на ден 13.04.2011 год.

БРОЈ: 03/2011Назив на договорниот орган:Општина Сарај, ул. “Рекреативен Центар“ бб, Сарај, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изградба на сервисни улици и јавни површини по населени места во Општина Сарај.Контакт тел/факс: 02 2057-996, 2057-990, лице за контакт: Арсим Рустеми.Јавно отворање на понудите на ден 18.04.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 38/2011

СТРАТЕШКИ ПЛАНЗА РАБОТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА

КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ЗА ПЕРИОДОТ 2011-2015 ГОДИНА

ПРАВИЛНИКЗА СТЕПЕНОТ НА УРЕДУВАЊЕТО НА

ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СО ОБЈЕКТИ НА КОМУНАЛНАТА ИНФРАСТРУКТУРА И

НАЧИНОТ НА УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА УРЕДУВАЊЕТО ВО

ЗАВИСНОСТ ОД СТЕПЕНОТ НА УРЕДЕНОСТ

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА

ИДЕЈНО РЕШЕНИЕБРОЈ: 33/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Конкурс за избор на идејно решение за изработка и поставување на седум (7) скулптури дефинирани со Идејниот проект за партерно уредување и

урбана опрема на Градскиот парк во Скопје.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 29.04.2011 во 12.00 часот.

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА

ИДЕЈНО РЕШЕНИЕБРОЈ: 34/2011Назив на договорниот орган:Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Конкурс за избор на идејно-обликовно и архитектонско-урбанистичко решение на едукативни просторни инсталации според Идејниот проект за партерно уредување и урбана опрема на Градскиот парк во Скопје, тоа во две тематски групи: 1) Човекот и неговиот простор и 2) Во светот на детските фантазии.Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 29.04.2011 во 12.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 01-45/2011Назив на договорниот орган:АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Довршување на брана “Леуново“.Контакт тел/факс: 02 3111-308, 02 3111-309, лице за контакт: Никола Стојановски.Јавно отворање на понудите на ден 19.04.2011 год.

БРОЈ: 60/2011Назив на договорниот орган:Општина Карпош, бул. “Партизански одреди“ бр. 68, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на измена и дополна на Детален урбанистички план за локалитет Зајчев рид, Блок 3 и 4 и Ревизија.Контакт тел/факс: 02 3079-694, лице за контакт: Душко Бужаровски.Јавно отворање на понудите на ден 14.04.2011 год.

БРОЈ: 35/2011Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Доградба и адаптација на касарната Михајло Апостолски во Охрид за потребите на Универзитетот за информатички технологии во Охрид.Контакт тел/факс: 02 3224-997, лице за контакт: Александра Џингова.Јавно отворање на понудите на ден 20.04.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 39/2011

ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА

ИДЕЈНО РЕШЕНИЕБРОЈ: 1/2011Назив на договорниот орган:Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, бул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на Идејно архитектонско решение за партерно уредување на потегот од мостот Гоце Делчев до мост кај нов објект на МНР, од левата страна на реката Вардар во Скопје.Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска.Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 29.04.2011 во 16.00 часот.

ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 30/2011Назив на договорниот орган:Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Партерно уредување на Студентски Дом “Стив Наумов“ – Скопје.Контакт тел/факс: 02 3224-997, 02 3118-414, лице за контакт: Александра Џингова.Јавно отворање на понудите на ден 24.05.2011 год.

БРОЈ: 05-25/3/2011Назив на договорниот орган:Општина Ѓорче Петров, ул. “Ѓорче Петров“ бб, 1000, Скопје.ПРЕДМЕТ:Изработка на ДУП за дел од УЗ Даме Груев УБ3, УБ4 и изработка на УП за с. Волково со разработка на блок 3.Контакт тел/факс: 2039-307, 2033-309, лице за контакт: Борис Петров.Јавно отворање на понудите на ден 20.04.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 36/2011 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОМУВАЊЕЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ

Page 67: PORTA3 154

08 април 2011 ПОРТА3 67

рубрика

67

Page 68: PORTA3 154