20
Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 1/20 MaxTV MaxTV MaxTV MaxTV Почитувани корисници, Добродојдовте во светот на MaxTV. Чест ни е да Ви ја претставиме нашата услуга, којa претставува иновација во светот на телевизијата. Отсега гледањето на ТВ ќе биде уживање за целото семејство. MaxTV ќе Ви даде бесконечна слобода и телевизијата ќе биде таа којшто ќе се прилагодува на Вашите желби и потреби. Ве молиме да одвоите неколку минути од Вашето драгоцено време и да го погледнете упатството коешто ќе Ви помогне подобро да ја разберете MaxTV и сите нејзини скриени карактеристики. За сите прашања кои ги имате за време на користењето на MaxTV Ве молиме да се јавите во нашата служба за поддршка на корисници, на бесплатниот телефонски број 0800 12345. Напомена: Сликите во оваа брошура претставуваат графичка илустрација на услугата, и можно е да се случи приказот на екранот во некои делови да биде различен. Ви благодариме за разбирањето.

MaxTV upatstvo v02

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 1/20

MaxTVMaxTVMaxTVMaxTV

Почитувани корисници,

Добродојдовте во светот на MaxTV.

Чест ни е да Ви ја претставиме нашата услуга, којa претставува иновација во светот на телевизијата. Отсега

гледањето на ТВ ќе биде уживање за целото семејство. MaxTV ќе Ви даде бесконечна слобода и телевизијата ќе

биде таа којшто ќе се прилагодува на Вашите желби и потреби.

Ве молиме да одвоите неколку минути од Вашето драгоцено време и да го погледнете упатството коешто ќе Ви

помогне подобро да ја разберете MaxTV и сите нејзини скриени карактеристики.

За сите прашања кои ги имате за време на користењето на MaxTV Ве молиме да се јавите во нашата служба за

поддршка на корисници, на бесплатниот телефонски број 0800 12345.

Напомена:

Сликите во оваа брошура претставуваат графичка илустрација на услугата, и можно е да се случи приказот на

екранот во некои делови да биде различен.

Ви благодариме за разбирањето.

Page 2: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 2/20

Содржина на упатството:

MaxTV.................................................................................................................................................. 1

I. Основни услуги .............................................................................................................................. 3

II. Далечински управувач .................................................................................................................... 4

III. Мени ...................................................................................................................................... 5

1 MaxTV мени................................................................................................................................... 5

1.1 Гледај ТВ ................................................................................................................................ 5

1.2 MaxTV Водич ........................................................................................................................... 5

1.2.1 Снимање директно од MaxTV водичот ................................................................................. 6

1.2.2 Информации за програмот................................................................................................ 6

1.3 Омилени програми ................................................................................................................... 7

1.4 Пребарување ........................................................................................................................... 7

2 Снимање ...................................................................................................................................... 8

2.1 Снимање на емисии.................................................................................................................. 8

2.1.1 Според датум на снимање ................................................................................................. 8

2.1.2 Според насловот ............................................................................................................. 8

2.2 Закажани снимања................................................................................................................... 8

2.3 Додади снимка......................................................................................................................... 9

2.3.1 Сериско снимање ............................................................................................................ 9

3 Видеотека ..................................................................................................................................... 9

3.1 Изнајмување на содржини ....................................................................................................... 10

3.1.1 Информации за филмовите ............................................................................................. 10

3.1.2 Изнајмување ма содржините ........................................................................................... 10

3.2 Изнајмени содржини .............................................................................................................. 11

3.2.1 Прикажување (Play)........................................................................................................ 11

3.3 Пребарување ......................................................................................................................... 11

4 Подесување................................................................................................................................. 11

4.1 Општи подесувања ................................................................................................................. 12

4.1.1 Звучни ефекти на системот ............................................................................................. 12

4.1.2 Аудио јазик ................................................................................................................... 12

4.1.3 Јазик кој се прикажува на екранот.................................................................................... 13

4.1.4 Информации за системот ................................................................................................ 13

4.2 Телевизија............................................................................................................................. 14

4.2.1 Прилагоди ја листата на програми .................................................................................... 14

4.2.2 Постави ги омилените програми ...................................................................................... 15

4.2.3 Стил на програмата........................................................................................................ 15

4.2.4 Размер на екранот и HD.................................................................................................. 16

4.3 Родителска контрола .............................................................................................................. 16

4.3.1 Задавање и промена на ПИН код...................................................................................... 17

4.3.2 Насловна страна на менито за родителско заклучување....................................................... 18

4.4 Рестартирај ........................................................................................................................... 19

5 Мини информатор ........................................................................................................................ 19

6 Запирање и премотување на емисиите кои ги гледате ........................................................................ 20

Page 3: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 3/20

I.I.I.I. Основни услугиОсновни услугиОсновни услугиОсновни услуги Основните услуги кои Вам ви ги обезбедува MaxTV се следните:

� MaxTV водич

� Информатор

� Снимање (на емисии и серии)

� Преглед на снимените содржини

� Избор на омилени ТВ канали

� Слика во слика

� Пребарување (според Вашите критериуми)

� Видеотека

� Премотување наназад и нанапред, како и пауза на програмите во живо

� Подесувања, според Вашите желби и потреби

� Родителска контрола

Page 4: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 4/20

II.II.II.II. Далечински управувачДалечински управувачДалечински управувачДалечински управувач Менито на MaxTV се прикажува на ТВ екранот, а се бира со помош на далечинскиот управувач. Командите на

далечинскиот управувач се користат за навигација во менито. Деталите се дадени во продолжение.

Функции кои се достапни само преку далечинскиот управувач а не и преку менито се:

� Мини информатор – детали во точка 5

� Премотување наназад и нанапред,

� Пауза на програмите во живо

� Контрола на јачина на звук и исклучување на звукот

Сите останати функции се достапни од менито.

Основните команди на далечинскиот управувач се:

� Враќање на претходна страна (Back)

� Излез од менито (Exit)

� Навигација низ мени (горе, доле, лево десно) и избор на саканата функција (ОК)

� Алфанумерички копчиња (за внесување на податоци и избор на канали)

Page 5: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 5/20

III.III.III.III. МениМениМениМени Менито на MaxTV се појавува со притискање на копчето Menu на далечинскиот управувач.

Како подменија тука се јавуваат:

� MaxTV водич

� Снимање

� Видеотека

� Подесување

1111 MaxTV мениMaxTV мениMaxTV мениMaxTV мени Основни функции на менито се:

� Гледај ТВ

� MaxTV водич

� Омилени програми

� Пребарување

1.11.11.11.1 Гледај ТВГледај ТВГледај ТВГледај ТВ

Служи за излез од менито и враќање на ТВ каналот кој што се следи во позадина.

1.21.21.21.2 MaxTV Водич MaxTV Водич MaxTV Водич MaxTV Водич

Во основните подесувања MaxTV водичот се прикажува хронолошки, така што по вертикала се наредени ТВ

каналите, а по хоризонтала е временската оска со времињата на емитување на содржините.

Page 6: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 6/20

По ваш избор може да одберете приказ по канали и притоа ќе ја гледате содржината само на еден канал, а по

вертикала ќе ви бидат дадени емисиите кои ќе се емитуваат (приказ како на ТВ водичите во дневните весници).

Подесувањето на MaxTV водичот се врши преку:

Мени > Подесување > Телевизија > Водич, или со притискање на копчето Opt. во MaxTV водичот (види поглавје 4).

Со стрелките на далечинскиот управувач се движите низ содржините на водичот, при што системот содржи

информации за сите ТВ канали за следните 14 дена (со премин од еден во друг ден ќе забележите и промена на

датумите). Изборот на емисијата/содржината ја правите со помош на копчето ОК.

Описот на емисијата која се прикажува во малиот екран (доле лево) е даден во долниот ден на екранот, така што

со притискање на ОК веднаш го избирате дадениот канал и почнувате да ја гледате избраната емисија.

Доколку изберете емисија која што е предвидена да се емитува во иднина, тогаш доаѓате на страната со

информации за емисијата.

Со бирање на опцијата Снимање доаѓате на страната за снимање (детали во точка 2.1), а со опцијата Видеотека на

самата Видеотека (детали во точка 3).

1.2.11.2.11.2.11.2.1 Снимање директно од MaxTV водичотСнимање директно од MaxTV водичотСнимање директно од MaxTV водичотСнимање директно од MaxTV водичот

Со притискање на копчето за снимање на далечинскиот управувач, покрај името на емисијата ќе се појави една

магента (розова) точка, која сигнализира дека имате закажано снимање на емисијата.

Доколку два пари притиснете на копчето за снимање ќе се појават 3 магента (розови) точки (една преку друга),

покрај името на содржината, и тие означуваат дека е закажано снимање на сите епизоди од дадената серија.

Со три притискања на копчето за снимање ќе ги откажете сите претходно закажани снимања.

Доколку изберете снимање на емисија којашто е во тек, тогаш снимањето започнува веднаш. Доколку закажете

снимање на емисии кои допрва треба да се емитуваат тогаш таа емисија ќе биде запишана во списокот на

закажани снимања.

На малиот екран доле-лево, секогаш се прикажува избраната емисија, а покрај него се и основните податоци за

таа емисија: име, канал, време на почнување и завршување за содржината ...

1.2.21.2.21.2.21.2.2 Информации за програмотИнформации за програмотИнформации за програмотИнформации за програмот

Тука се содржани подетални информации за дадената содржина. Оваа функција може да се избере преку избор

на каналот или пак преку MaxTV водичот, со притискање на копчето за информации.

Како подменија се јавуваат опциите:

� краток приказ

� информатор

Краток приказКраток приказКраток приказКраток приказ – тука се добиваат следните податоци:

� име

Page 7: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 7/20

� канали и број на канал

� време на започнување и завршување на содржината

� краток опис

� актери, режисер итн

� рејтинг на содржина (за кого истата е намената).

Во рамките на ова подмени може да се изберат и следниве услуги:

� прикажување

� снимање на епизоди

� снимање на серии

ИнформаторИнформаторИнформаторИнформатор – во ова подмени може да прочитате информации за актерската екипа и останатите ликови во

дадената содржина (режисер, продуцент итн.). Навигацијата се врши со помош на стрелките на далечинскиот

управувач.

1.31.31.31.3 Омилени програми Омилени програми Омилени програми Омилени програми

Доколку според начинот опишан во точка 4.2.2 (Мени > Подесување > Телевизија > Подесување на омилени

канали) сте ги избрале вашите омилени програми, во ова подмени ќе може да ги видите истите.

Доколку сé уште немате избрано Омилени канали, на екранот ќе се појави истото прашање.

1.41.41.41.4 ПребарувањеПребарувањеПребарувањеПребарување

Во ова подмени може да пребарувате низ списокот на ТВ програми и содржини во Видеотека. Пребарувањето се

прави по сите параметри (име на содржина, актери, автори и слично). Во поглед на ТВ канали пребарувањето се

однесува на следните 14 дена (период за кој постојат информации во системот). Самиот начин на пребарување

може да се врши со помош на далечинскиот управувач (на ист начин како кога пишувате ЅМЅ (Short Massage

Service) пораки на мобилен телефон – за пребарување на латиница,) и преку тастатурата дадена на екранот (избор

на секоја буква со помош на стрелките на далечинскиот управувач - кога пребарувате на кирилица).

При пребарување не е потребно да се внесуваат целите податоци туку доволно е да се впише само мал дел од нив.

Со притискање на копчето за опции и потоа со влез во менито и избор на Options , може да одлучите како да се

прави пребарувањето. Можностите се:

� сите резултати

� наслови

� видеотека

� актери

Page 8: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 8/20

2222 Снимање Снимање Снимање Снимање Во ова мени може да снимате дадени содржини, прегледате некоја снимена содржина како и да откажете

закажано снимање и слично.

� Снимање на емисии

� Закажани снимања

� Додади снимање

Медиа приемникот 300 Ви овозможува снимање на околу 150 часа содржини (160GB). Кога хард дискот ќе се

наполни, содржините коишто се први снимени ќе бидат избришани (според листата којашто Вие ќе ја зададете).

2.12.12.12.1 Снимање на емисииСнимање на емисииСнимање на емисииСнимање на емисии

2.1.12.1.12.1.12.1.1 Според датум на снимањеСпоред датум на снимањеСпоред датум на снимањеСпоред датум на снимање

Списокот на емисии се појавува хронолошки подреден според датумот/времето на снимање, при што најгоре стои

последната снимена емисија. Покрај насловот на снимената содржина, се појавува и датумот на снимање.

Со притискање на копчето i (Инфо) или пак на копчето ОК ќе добиете повеќе информации за содржината.

Функции на подменито:

- Гледање на снимената содржина – со притискање на копчето Play

- Чување до – овде треба да се означи кога сакате дадената содржина да се пресними: откако ќе се

наполни хард дисот или кога Вие тоа ќе го одобрите

- Бришење

2.1.22.1.22.1.22.1.2 Според насловотСпоред насловотСпоред насловотСпоред насловот

Снимените содржини тука се наредени по азбучен ред.

2.22.22.22.2 Закажани снимања Закажани снимања Закажани снимања Закажани снимања

Во ова мени има повеќе опции:

� во подменито Сними епизода или серија:

- MaxTV водич – емисијата може да ја означите за снимање преку дадената програмската шема

- Пребарување – откако ќе ја најдете саканата содржина истата може да ја изберете за снимање

� Во подменито Рачно снимање:

Page 9: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 9/20

- Подесување по ТВ канал и време – снимањето се врши врз основ на параметрите кои Вие ги

имате зададено

Во менито од левата страна се јавуваат две опции:

� Сними - зададената содржина ќе се сними според зададеното време

� Откажи – излез од менито

2.32.32.32.3 Додади сДодади сДодади сДодади снимканимканимканимка

Овде може да ги погледате емисиите кои сте ги имате закажале за снимање во следниот период. Истите може да

ги групирате според времето за снимање: денес, утре, во даден ден... Во менито може да се движите со помош на

стрелките за навигација. Во ова мени се прикажува насловот на дадената емисија и дали е закажано снимање на

една епизода (една магента (розова) точка) или на сите епизоди од дадената серија (три магента (розови) точки).

2.3.12.3.12.3.12.3.1 Сериско снимањеСериско снимањеСериско снимањеСериско снимање

Во ова мени може да ги пронајдете насловите на емисиите за кои имате закажано сериско снимање (снимање на

сите епизоди од даден серијал). Со притискање на копчето ОК можете да го видите насловот на емисијата, ТВ

каналот на прикажување, времето на снимање.

Снимениот материјал може да го подредите по датум, или по некој друг параметар, а откако хард дискот на Медиа

приемникот се наполни, бришењето ќе се врши според она што Вие го имате избрано.

Можно е да закажете снимање на најмногу 2 канала во исто време. Доколку се случи да закажете снимање на

повеќе од два канала тогаш системот ќе Ве предупреди со следнава порака: системот не поддржува снимање на

повеќе од два канала во исто време. Тогаш ќе треба да одберете за која емисија ќе го откажете снимањето.

Освен тоа можно е да снимате една емисија а истовремено да гледате друга или да снимате две емисии и притоа

гледате една од нив (во MaxTV може да поддржи (процесира) најмногу два сигнала едновремено).

3333 ВидеотекаВидеотекаВидеотекаВидеотека Во менито Видеотека можете да изнајмувате содржини, кои ние Ви ги нудиме, без да излегувате од Вашиот дом.

Принципот на работа на услугата е таков што на екранот ќе се излистаат сите понудени содржини, со деталите за

истите (наслов, постер, краток исечок, актерска екипа, режија...) и Вие ќе може да одлучите што сакате да гледате

во моментот. Содржината кој ќе ја изнајмите ќе биде достапна за Вас во следните 24 часа, и во тој период ќе може

да ја гледате онолку пати колку самите ќе одлучите.

Елементите на главното Видеотека мени се:

� Каталог со филмови

� Изнајмени содржини

Page 10: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 10/20

� Пребарување

3.13.13.13.1 Изнајмување на содржинИзнајмување на содржинИзнајмување на содржинИзнајмување на содржинииии

Во Видеотеката можета да пребарувате според жанрот на содржината, а низ менито можете да се движите со

помош на стрелките за навигација на далечинскиот управувач. При тоа со притискање на копчето ОК влегувате во

деталниот список на филмови/содржини.

3.1.13.1.13.1.13.1.1 ИИИИнформации за филмовитенформации за филмовитенформации за филмовитенформации за филмовите

Во ова подмени ќе се појават сите постоечки информации за дадената содржина/филм:

� Наслов

� Категорија на содржината

� Опис (содржина)

� Актерска екипа

� Режија

� Цена за изнајмување

� Време на изнајмување

Останатите опции на оваа страна се:

� Изнајми – со изборот на оваа опција започнува купувањето на содржината

� Краток исечок – краток преглед на содржината

3.1.23.1.23.1.23.1.2 Изнајмување ма содржинитеИзнајмување ма содржинитеИзнајмување ма содржинитеИзнајмување ма содржините

Содржината којашто сакате да ја гледате може да ја изнајмите така што ќе одите на страната со детелите од

избраната содржина и потоа је избирате опцијата Изнајмувам во менито на левата страна. Тогаш ќе се појави

порака во која повторно ќе биде назначена сумата за изнајмување, со што ќе се побара повторна потврда дали

сте сигурни дека сакате да ја изнајмите содржината.

Важно: Со избор на Изнајмувам, веќе започнувате со процесот на наплата на содржината која ја имате избрано за

гледање. Сумата за наплата ќе се појави на Вашата прва телефонска сметка.

Важно: Содржините што сте ги изнајмиле ќе бидат достапни ви периодот којшто е означен и за истите не може да

се откаже изнајмувањето.

Page 11: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 11/20

3.23.23.23.2 Изнајмени содржиниИзнајмени содржиниИзнајмени содржиниИзнајмени содржини

Во ова мени е списокот на содржини кои ги имате изнајмено во моментов и може да ги погледате повторно.

Важно: Содржините од Видеотека се заштитени и тие не може да се снимаат на Медиа приемникот ниту на било

кој друг надворешен уред. Изнајмувањето на истите е дефинирано на одреден период и не е наменето за подолга

употреба.

3.2.13.2.13.2.13.2.1 Прикажување (Прикажување (Прикажување (Прикажување (Play)Play)Play)Play)

Содржината која што ја имате изнајмено може да ја гледате онолку пати колку што Вие сакате во текот на 24 часа

(од моментот на изнајмување). Започнувањето на содржината е автоматски после изборот на истата, но сепак

може да се запре, да се премота нанапред или наназад исто како кај класичните видеорекордери и DVD плеери.

Со помош на далечинскиот управувач и неговите функции: Запирање на содржината - Stop; Прикажување - Play;

Паузирање - Pause; Премотување наназад Rewind; Премотување нанапред Forward...

Со притискање на копчето Stop ќе се појави следното мени:

� Продолжи со прикажување – продолжувате од моментот кога сте запреле

� Излез – се враќате во менито Изнајмени содржини

� Прикажување – прикажувањето почнува од почетокот.

3.33.33.33.3 ПребарувањеПребарувањеПребарувањеПребарување

За да пребарате повикајте го подменито Пребарувај. Детали во точка 1.4

4444 ПодесувањеПодесувањеПодесувањеПодесување Во подменито Подесување може да извршите подесување на ујазикот, екранот, некои параметри на системот и

слично.

Основни подменија тука се:

� Општо

� Телевизија

� Родителска контрола

� Сметка

� Ресетирање

Page 12: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 12/20

4.14.14.14.1 Општи подесувањаОпшти подесувањаОпшти подесувањаОпшти подесувања

4.1.14.1.14.1.14.1.1 Звучни ефекти на системотЗвучни ефекти на системотЗвучни ефекти на системотЗвучни ефекти на системот

Со оваа опција може да ги вклучите или исклучите звучните ефекти, кои постојат при користење на далечинскиот

управувач и движењето низ менито.

4.1.24.1.24.1.24.1.2 Аудио јазикАудио јазикАудио јазикАудио јазик

Кај дадени канали можно е да изберете алтернативен јазик на кој каналот сакате да се емитува (доколку таа

можност ја обезбедува самиот ТВ канал).

Опцијата се бира со помош на копчињата: Зачувај или Не зачувувај

Page 13: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 13/20

4.1.34.1.34.1.34.1.3 Јазик кој се прикажува на екранот Јазик кој се прикажува на екранот Јазик кој се прикажува на екранот Јазик кој се прикажува на екранот

Тука го избирате јазикот на кој сакате да ги добивате сите информации. Како опции ги имате:

� Македонски

� Албански

� Англиски

4.1.44.1.44.1.44.1.4 ИнформацИнформацИнформацИнформации за системотии за системотии за системотии за системот

Тука може да ги најдете податоците за системот. Овие податоци се битни доколку пријавувате некаков проблем на

нашата служба за техничка поддршка 0800 12345.

Page 14: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 14/20

4.24.24.24.2 ТелевизијаТелевизијаТелевизијаТелевизија

4.2.14.2.14.2.14.2.1 Прилагоди ја листата на програмиПрилагоди ја листата на програмиПрилагоди ја листата на програмиПрилагоди ја листата на програми

Во ова мени можете да ги подесете каналите коишто Ви се на располагање во MaxTV водичот. Покрај поединечно

вклучување и исклучување на секој канал, може да изберете една од следниве опции:

� Зачувај

� Не зачувувај

� Означи ги сите

� Види ги неозначените

Page 15: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 15/20

4.2.24.2.24.2.24.2.2 Постави ги омилените програмиПостави ги омилените програмиПостави ги омилените програмиПостави ги омилените програми

Функционира слично како и прилагодувањето на листата на програми. Тука може да ги обележите каналите

коишто Вам ви се омилени (види 1.3). Покрај поединечно вклучување и исклучување на секој канал, може да

изберете една од следниве опции:

� Зачувај

� Не зачувувај

� Означи ги сите

� Види ги означените

4.2.34.2.34.2.34.2.3 Стил на програматаСтил на програматаСтил на програматаСтил на програмата

Може да изберете како сакате MaxTV водичот да ви се прикаже на екранот. (види 1.2)

Page 16: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 16/20

4.2.44.2.44.2.44.2.4 Размер на екранот и HDРазмер на екранот и HDРазмер на екранот и HDРазмер на екранот и HD

Тука се подесуваат параметрите на Вашиот екран на којшто гледате MaxTV.

4.34.34.34.3 Родителска контроРодителска контроРодителска контроРодителска контролалалала

(заштита со помош на ПИН код)

Со ова мени на системот може да му ги зададете каналите коишто сакате да бидат заштитени со ПИН код.

Заштитата се однесува и на малиот екран, така што Вашето дете нема да има информации за типот на содржината,

која е забранета за него.

Page 17: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 17/20

� Иконата со заклучен катанец означува дека постои ПИН код, кој овозможува пристап до одредени

канали

� Иконата отклучен катанец означува дека постои ПИН код, но пристапот до каналот не е ограничен. За

активирање треба да се впише ПИН код.

� Доколку иконата катанец не постои тоа значи дека нема заштита за тој канал

Со притискање на копчето ОК се влегува во подменито Задавање на ПИН код.

4.3.14.3.14.3.14.3.1 Задавање и промена на ПИН кодЗадавање и промена на ПИН кодЗадавање и промена на ПИН кодЗадавање и промена на ПИН код

Одберете четирицифрен код и впишете го на означеното место. На ова место можете со ПИН код да ги заштитите

сите канали кои сакате да бидат заклучени.

Page 18: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 18/20

4.3.24.3.24.3.24.3.2 Насловна страна на менито за родителско заклучувањеНасловна страна на менито за родителско заклучувањеНасловна страна на менито за родителско заклучувањеНасловна страна на менито за родителско заклучување

На оваа страна можете да ги изберете каналите кои ќе ги заклучите, така што лицата коишто не го знаат ПИН

кодот нема да може да ги гледаат. Тука исто така може да одлучите кои категории на содржини (во зависност од

старосната граница) ќе ги заклучите и дали некој друг освен Вас ќе има можност да изнајмува содржини од

Видеотека.

Важно: Битно е да знаете дека дури и ако случајно притиснете на копчето Изнајми, содржината ќе Ви биде

наплатена на следната телефонска сметка.

Во ова мени ги имате следните можности:

� Заклучување – со избор на оваа опција може да извршите заклучување според една од дадените

можности (изнајмување од Видеотека, категории на содржини рангирани според возраст, гледање на

поединечни канали итн)

� Бришење на заклучувањето – подменито дава можност да ги смените првично поставените параметри за

заклучување на содржини

� Промена на ПИН код – може да го смените ПИН кодот

Важно: За снимање на заштитените содржини не е потребен ПИН код, но сепак тој е потребен за гледање на

истите.

Page 19: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 19/20

4.44.44.44.4 РРРРестартирајестартирајестартирајестартирај

Со оваа опција повторно го активирате MaxTV системот

5555 Мини информаторМини информаторМини информаторМини информатор Оваа функција на менито е достапна единствено преку далечинскиот управувач. Доколку за време на гледање на

било која програма притиснете некоја од стрелките за навигација, во долниот дел на екранот ќе се појави мини

информатор. Со помош на информаторот може да видите што има на другите канали и да го видите описот на

содржините кои ќе се емитуваат во иднина, а при тоа да не го прекинете гледањето на каналот кој до тогаш го

гледате.

Во рамките на информаторот далечинскиот управувач ги има следните функции:

� Горе – преглед на каналите кон оние со помал реден број

� Доле - преглед на каналите кон оние со поголем реден број

� Десно – скок кон следната емисија од избраниот канал

� Лево – скок кон првата емисија од избраниот канал

Со притискање на копчето ОК го избирате каналот кој оди на Информаторот.

Page 20: MaxTV upatstvo v02

Упатство за употреба на MaxTV вер0.2 20/20

6666 ЗаЗаЗаЗапирање и премотувапирање и премотувапирање и премотувапирање и премотување на емисиите кои ги гледатење на емисиите кои ги гледатење на емисиите кои ги гледатење на емисиите кои ги гледате Оваа опција е достапна единствено преку далечинскиот управувач.

Медиа приемникот ја меморира содржината која Вие во моментот ја гледате, од моментот на вклучување на

дадената програма се додека не го смените каналот. Од моментот на промена на каналот претходно

меморираниот канал веќе не е достапен. Во текот на гледањето на содржините на каналот и во текот на гледање

на снимените содржини, со помош на копчињата Play, Pause, Rew, FF можете содржината да ја запрете, да ја

премотате наназад или нанапред (од моментот на вклучување на каналот се до моментот на актуелната содржина)

Во овој случај на дното на екранот се појавува хоризонтална линија, која визуелно Ви означува до каде сте Вие со

гледањето споредено со вкупното траење на меморираната содржина.

� Крајот на полната линија означува до каде е стигнато со емитувањето, додека тенката вертикална линија

означува до каде сте Вие со гледање.

Со користење на копчињата Play, Pause, Rew, FF се движите низ содржината, додека со копчињата Skip Back и

Skip forward правите скок нанапред и наназад и се враќате на почеток на меморирање и во моментот на

актуелната содржина на каналот.

Препорака:

Медиа приемникот треба да биде исклучен (Stand by) доколку не гледате MaxTV.

Затоа Ве молиме при исклучување на Вашиот ТВ приемник да не заборавите да го исклучите и

Медиа приемникот