9
Соу Ѓорче Петров Крива Паланка Проектна активност по Машински елементи Тема: Клип и Клипница

Masinski elementi

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Klip i Klipnica

Citation preview

Page 1: Masinski elementi

Соу Ѓорче Петров

Крива Паланка

Проектна активност по Машински елементи

Тема: Клип и Клипница

Ментор: Изработил:

Бранко Јакимовски Стефан Симоновски

Page 2: Masinski elementi

ВОВЕД

Краток опис на работа на четиритактен мотор Краток опис на конструкција на Дизел мотор Краток опис на конструкција на ОТО моторите

Главни делови на моторите со внатрешно согорување се: цилиндер, глава на цилиндерот, седишта на вентилите, вентили, брегаста оска, клипница, коленесто вратило, редуктор, кукиште и картер.

Цилиндерот е основната комора во која се врши палењето на горивната смеса и претворање на топлотната енергија во енергија на ширење на гасовите. Во него се одвива компримирањето на смесата, нејзино палење, согорување и ширење. Создадените гасови дејствуваат врз клипот и го придвижуваат, така што со неговото движење тој создава вртење на коленестото вратило. На главата на цилиндерот се наогаат седишта во кои се сместени вентилите за вцицување и издувување. Главата однадвор е ребреста, со што се овозможува подобро ладење.

Вентилите ги отвораат и ги затвораат отворите на главата на цилиндерот низ кој влегува смесата на гориво, а излегуваат издувните гасови. Свекичките фрлаат искра во мигот кога смесата на горивото е максимално компримирана, со што се реализира палењето и претворањето во енергија која се создава со ширењето на гасовите. Гасовите со својата енергија дејствуваат на клипот и го движат надолу. Со неговото движење, тој преку клипницата дејствува на коленестото вратило и условува негово кружно движење.

Кружните движења на коленестото вратило се пренесуваат врз редукторот, кој има улога да го намали бројот на вртежите на коленестото вратило и со добиениот број вртежи да ја врти елисата. Куќиштето на моторот во кој и на кој се сместуваат сите претходно изнесени делови на моторот. Картерот е еден вид резервоар во кој стои маслото на моторот. Улогата на маслото во моторот е да го смали триењето и да обезбеди ладење на движечките делови на моторот. Покрај наведените делови, во составот на моторот влегуваат и алтернаторот, магнетите и карбураторот.

Алтернаторот претставува мала централа за струја. Тој добива погон со вртење на моторот и на тој начин станува производител на електрична струја. Магнетите ја примаат струјата од алтернаторот многукратно ја зголемува и во определен миг ја предаваат на точно определена свекичка, која ја пали горивната смеса во цилиндерот.

Карбураторот е сложен уред чија улога е да направи одредена смеса на гориво и воздух (авиобензин и воздух) и во точно определено количество да ја внесе во соодветниот цилиндер. Составот, односно квалитетот на смесата подразбира однос на масата на горивото и масата на воздухот.

Page 3: Masinski elementi

Конструкција и основни поими на клипот и клипницата

Скица на главниот моторен механизам на клипниот мотор со праволиниско осцилаторно движење на клипот

1. Клип2. Клипница3. Коленесто вратило (радалица)4. Цилиндер5. Цилиндерска глава6. Картер (долен дел на моторното кукиште)7. Горен (дел на моторното кукиште)8. Вентил за полнење9. Вентил за празнење

Vс- компресионен простор Vh- работен простор

Page 4: Masinski elementi

Основни поими

Волумен на цилиндарот (V)

Најмалиот волумен на цилиндарот се нарекува волумен на компресиониот простор (Vc)

Внатрешна крајна положба (вкп) е онаа положба на клипот кога тој е најодалечен од главата на моторот.

Надворешна крајна положба (нкп) е онаа положба на клипот кога тој еНајблиску до главата на моторот.Од на клипот (S) е растојанието кое што клипот го минува меѓу двете крајни положби ( од долната и горната крајна положба)Работен волумен (Vh) e волумен на цилиндарот меѓу двете крајни положби на клипот.

d- Дијаметар на цилиндарот во (mm)

s – од на клипот

Волумен на моторот (Vh) e збир на работните волумени на сите цилиндри во моторот (i) изрзаен во (dm3) или (l)

VH=Vh.i

Степен на компресија е однос на збирот на компресиониот и работниот волумен (VC+Vh) и компресиониот волумен (VC) на цилиндарот.

Page 5: Masinski elementi

Краток опис на работа четиритактен мотор

При секое движење на клипот се изведува по еден такт (полнење, компресија,согорување и експанзија, празнење)

1.Полнење

Клипот се движи кон внатрењна крајна положба , тука вентилот за полнење е отворен и смесата навлегува во цилиндарот

Page 6: Masinski elementi

Краток опис на работа на двотактен мотор

Двотактен моторНа овој мотор му е потребен еден дел движење на клипот за одредентакт

Page 7: Masinski elementi

Краток опис на конструкцијата на дизел моторот

Page 8: Masinski elementi