16
ООУ “КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” МИРАВЦИ НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ за II одделение ( 2 часа седмично – 72 часа годишно ) Време на реализација: 2010/2011 год. НАСТАВНА ТЕМА Тип на час ВРЕМЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈА В ЛТР СЕ 1. Цртање 5 15 20 9,10 2. Сликање 7 21 28 11,12,1,2 ,3,4,6 3. Печатење 1,5 4,5 6 10,11,12 4. Обликување на простор, моделирање и градење 2,5 7,5 10 4,5,6 5. Визуелни комуникации и дизајн 2 6 8 5,12,3 Вкупно: 18 54 72 В - Вовед

Likovno IIodd.2010-2011

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Likovno IIodd.2010-2011

ООУ “КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” МИРАВЦИ

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕза II одделение

( 2 часа седмично – 72 часа годишно )

Време на реализација: 2010/2011 год.

НАСТАВНА ТЕМА

Тип на часВРЕМЕ НА

РЕАЛИЗАЦИЈАВ ЛТР СЕ

1. Цртање 5 15 20 9,10

2. Сликање 7 21 2811,12,1,2,

3,4,6

3. Печатење 1,54,5

6 10,11,12

4.

Обликување на простор, моделирање и градење

2,5 7,5 10 4,5,6

5.

Визуелни комуникации и дизајн

2 6 8 5,12,3

Вкупно: 18 54 72

В - ВоведЛТР - Ликовно творечка работа

НАСТАВНИК ДИРЕКТОР

Митрoва Славица _______________

Page 2: Likovno IIodd.2010-2011

Цели на наставата по ликовно образование во IIодделение:

Ученикот/ ученичката:

да запознава нови зборови и термини кои се користат во наставата по ликовно образование;

да применува разни материјали и техники за цртање, сликање, моделирање, градење и визуелни комуникации во ликовното изразување;

да ги искажува слободно и самостојно своите сознанија, доживувања и впечатоци, мисли и фантазија со помош на ликовниот јазик и творештво;

да се оспособува да направи избор за идеа, активност и средства и да состави ликовна творба;

да умее да искажува различни емоции преку ликовното изразување;

да развива културно – хигиенско - технички и работни навики; да развива потреба за чување и облагородување на својата

околина; да умее вербално да ја објасни ликовната творба; да се запознава со културното наследство од различни етнички

заедници; да се запознава со компјутерската техника за цртање линии и

разни форми.

НАСТАВНИ ФОРМИ

Индивидуална,фронтална,групна, работа во парови

НАСТАВНИ МЕТОДИ

набљудување, разговор, демонстрација,текст,

КОМПАРАТИВЕН МАТЕРИЈАЛ

детски трудови, разни предмети, фотографии, репродукции, детски цртежи

НАСТАВНИ СРТДСТВА

разни извори на учење од непосредната околина (материјали за цртање и сликање, материјали за печатење и обликување, предмети во природата и околината, кутии, четки, хартија, плодови, гранки);

дидактички средства и материјали; визуелни средства (предмети од

непосредната околина, репродукции, детски творби, апликации и сл.

Аудио - визуелни средства(ТВ, ДВД, плеер, компјутер ,интернет ,ТУЛ КИД

Page 3: Likovno IIodd.2010-2011

МЕСТО НА АКТИВНОСТА

училница, училиштен двор, непосредна околина.

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

IТЕМА: Цртање 20 часа

ТИП НА ЧАС Времена

реализ.НАСТАВНИ СОДРЖИНИ В ЛТР СЕ

1.

Слободно искажување на своите мисли со употреба на различни материјали за цртање; Мотив,,Игра,,

0,5 1.5 2 9/1

2.Основни ликовни средства; Мотив ,,Мојата училница,, (фломастери)

0,5 1.5 2 9/2

3.

Линија - насоки: хоризонтална вертикална, коса; Мотив,,Моите играчки,, (дрвени боички)

0,5 1.5 2 9/3

4.Видови линии: крива, права; Мотив,,Куќа,, (фломастери) 0,5 1.5 2 9/4

5.Видови линии: куса, долга, тенка, дебела; Мотив,,Скала,, (молив)

0,5 1.5 2 5/2

6.Поим - форма; Мотив,,Знамето на татковината,, (дрвени боички)

0,5 1.5 2 10/2

7.Цртање по набљудување; Мотив ,,Есенски плодови,, (дрвени боички)

0,5 1.5 2 10/3

8.Поим за простор - надворешен; Мотив,, Моето училиште,, (фломастери)

0,5 1.5 2 10/4

9.

Поим за простор - внатрешен(пред, зад, горе, долу...; Мотив,, Мојата соба,, (дрвени боички)

0,5 1.5 2 11/1

10. Цртање по свој избор 0,5 1.5 2 11/3

Вкупно:

5 15 20 часа

В - воведЛТР - Ликовно творечка работа

Page 4: Likovno IIodd.2010-2011

Тема 1( Ликовно подрачје) : ЦРТАЊЕ - 20 часа

Цели

Ученикот/ ученичката :

да се поттикнува преку цртежот да искажува мисли, расположенија;

да стекнува навики за правилно држење на телото при цртање; да ги препознава и именува подлогите и цртачките материјали; да се охрабрува и мотивира да ги користи средствата и цртачкиот

материјал; да развива чувство за линијата низ спонтано ликовно творење; да воочува и разликува форми, линии и големини во природата; да помни и применува контурна линија; да го опишува со свои зборови цртежот (како го доживува); да црта мотив од народното творештво (вез, шара и сл.).

Активности :

При прошетка ја набљудува и запознава непосредната околина и ги забележува нејзините ликовни карактеристики(контури, линии, форми големини)

Забележува детали и ги претставува во просторот(пред - зад, горе -долу, лево -десно)

Црта со различни моливи за добивање на разновидни линии, со различна дебелина, интензитет и прецизност,

Црта различни линии(хоризонтални, вертикални, коси, брановидни, отворени, затворени, тенки, дебели, долги, куси, испрекинати, цик - цак);

Истражува со различни материјали по различни ликовни подлоги(песок,снег, стара хартија и сл.

Црта по набљудување, помнење, фантазија Учествува во цртање на групен цртеж Црта по свој избор

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Ученикот ,ученичката:

Црта различни линии и детали Забележува, помни и претставува во својот цртеж односи блиски до

реалноста Визуелно и тактилно забележува видови подлоги во природата и

Page 5: Likovno IIodd.2010-2011

креативно ги применува во ликовното изразување Умее да ги опишува и коментира сопствените ликовни творби

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

II ТЕМА: Сликање 28 часа Тип на часот

Времена

реализа-

ција

НАСТАВНИ СОДРЖИНИ В ЛТР СЕ

1.

Запознавање со основните сликарски материјали (хартија, водени бои, четка)Мотив: по избор

0,5 1.5 2 11/4

2. Сликање по фантазијаМотив:,,Необичен сон,, (гваш)

0,5 1.5 2 12/1

3.Поим за боја: изведени боиМотив:,,Балони,, (акварел)

0,5 1.5 2 12/2

4. ,,Зеленчук,, (акварел и фломастери) 0,5 1.5 2 4/1

5.Сликање по набљудувањеМотив: ,,Зима,, (гваш)

0,5 1.5 2 1/3

6.Комбинирање на бои, површини и облициМотив: ,,Ткаено килимче,, (акварел)

0,5 1.5 2 1/4

7.Сликање по перцепцијаМотив:,, Чадор,,(акварел)

0,5 1.5 2 3/4

8.Компонирање на бои и формиМотив:,,Геометриски облици,, (акварел)

0,5 1.5 2 2/1

9.Илустрација на учен текст(акварел)

0,5 1.5 2 2/2

10. Сликање по сопствен избор 0,5 1.5 2 2/3

11.

Сликање по помнењеМотив:,,Покривка за маса,, (колаж)

0,5 1.5 2 2/4

12.

Сликање по набљудувањеМотив:,,Растителен свет,,(техника по избор)

0,5 1.5 2 6/1

13.

Сликање по набљудувањеМотив:,,Пролет,, (акварел - прскање)

0,5 1.5 2 3/2

14.

Сликање со темни и светли бои 0,5 1.5 2 3/3

Page 6: Likovno IIodd.2010-2011

Мотив:,,Доживеан настан,, (акварел)

Вкупно: 7 21 28 часа

В - воведЛТР - Ликовно творечка работа

Тема 2 ( Ликовно подрачје) : СЛИКАЊЕ - 28 часа

Цели

Ученикот/ ученичката :

да развива осетливост за присуство на бојата на предмети во природата и уметничките дела;

да ракува правилно со разни сликарски материјали (хартија, ткаенина, четка);

да ги применува сликарските техники; да ги знае основните бои и истите да ги примени за добивање на

секундарните бои; да изразува контраст (светло - темно); да ги развива и негува хигиенско - техничките и работните

навики.

Активности :

Низ прошетки го набљудува ,воочува и забележува богатството на боите во природата

Го подготвува просторот каде ќе слика ( со стара хартија, мушама ), врши избор на четки ,а по користењето на приборот самостојно го мие и го враќа на место

бои со различни четки и ги открива нивните својства Директно слика со четки и бои и со пастел без претходно да го црта мотивот

со молив Истражува и самостојно заклучува како се добиваат секундарните бои Вежби за ракување со ножици и користење лепило Изработува композиција со колажно сопствена замисла Слободно ги користи ликовните материјали, игра, експериментира и

комбинира по сопствена фантазија Воочува контраст на светло - темно Слика по доживеано Изработува дезен за предмет што се користи во секојдневието Посетува ликовни изложби во училиштето и во ликовни институции

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Ученикот ,ученичката:

Page 7: Likovno IIodd.2010-2011

Умее да се грижи за хигиената на просторот, за приборот за сликање и за неговото подредување на соодветно место

Ги препознава и именува основните бои Умее да добие секундарни бои (зелена, портокалова и виолетова) Го осознава значењето на светлината во просторот и забележува

светло - сенка на предметите и објектите

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

IIIТЕМА: Печатење 6 часа

ТИП НА ЧАС Времена

реализ.НАСТАВНИ СОДРЖИНИ В ЛТР СЕ

1.

Печат со природни материјали(компир)Мотив:,,Геометриски форми,, (квадрат,круг,триаголник)

0,5 1.5 2 10/1

2. Картон- печат (шаблон)Мотив:,,Елка со лампиони,,

0,5 1.5 2 12/4

3.

Печати со лисја од растенија (поголеми, помали, со разни форми и текстури)

0,5 1.5 11/2

Вкупно:

1,5 4,5 6часа

В - воведЛТР - Ликовно творечка работа

Page 8: Likovno IIodd.2010-2011

Тема 3( Ликовно подрачје) : ПЕЧАТЕЊЕ - 6 часа

Цели

Ученикот/ ученичката :

да се оспособува за моделирање; да ја набљудува и истражува околината и да ги забележува

ликовните карактеристики на формите; да ги открие карактеристиките на материјалите преку визуелни,

тактилни и други сетила; да моделира тридимензионални форми (едноставна и сложена

форма); да стекнува елементарно искуство за карактеристиките на

одделни предмети: едноставен - сложен,аглест - валчест, полн - празен, голем - мал;

да се оспособува за правилно користење на средствата и помагалата за моделирање и градење;

да се оспособува за тридимензионално ликовно изразување од разновиден материјал;

да види скулптура.

Активности :

Избира предмети и природни материјали:листови од растенија, плодови,-компир и печати со нив

Изработува шаблон за картон печат и работи со него Користи ритам со повторување на истиот отпечатоци создава

шара(декорација) Самостојно изработува монотипија и ја изразува креативноста со боење

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Page 9: Likovno IIodd.2010-2011

Ученикот ,ученичката:

Забележува и применува црно - бел контраст во ликовното изразување Знае дека предметите премачкани со боја даваат отисок Умее самостојно да подготви шаблони за печатење (картон режат_ Умее правилно да ракува со печатот и со ритмичко повторување да

создава композиција

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

IVТЕМА: Обликување на просторот; моделирање и градење ( 10 часа)

ТИП НА ЧАС Времена

реализ.

НАСТАВНИ СОДРЖИНИ В ЛТР СЕ

1.

Запознавање со основните материјали за моделирање и обликувањеМотив:,,Топка,, плодови,, (пластелин,глина)

0,5 1.5 2 4/2

2.

Волумен (едноставен и сложен)Мотив:,,Растенија,, (глина,пластелин)

0,5 1.5 2 4/3

3.Поим, просторМотив:,,Селски двор,,(текстил,волница,дрвца)

0,5 1.5 4/4

4.Поим, моделирањеМотив:,,Автомобил,, (глина,пластелин)

0,5 1.5 2 5/1

5.

Волумен, моделирање, набљудувањеМотив:,,Геометриски облици,, (аглест, валчест; полно,празно)

0,5 1.5 2 6/2

Вкупно:

2,5 7,5 10

Page 10: Likovno IIodd.2010-2011

В - воведЛТР - Ликовно творечка работа

Тема 4 (Ликовно подрачје) : ОБЛИКУВАЊЕ ВО ПРОСТОР, МОДЕЛИРАЊЕ И ГРАДЕЊЕ - 10 часа

Цели

Ученикот/ ученичката :

да избира предмети со кои ќе печати; да печати самостојно и да учествува во изработка на печатите; да печати со природни материјали и да заклучи дека може да се

повтори истата ;форма(ритам);

самостојно да исцртува и сече елементи за картон печатот; да изработи самостојно монотипија.

Активности :

Моделира со глина,глиномол,пластелин,тесто едноставни форми Моделира со глинагеометриски форми и ги компонира во ликовна целина Обликува и моделира сложени форми со различна големина и волумен(мајка

со дете, кокошка со пилиња) Конструира макети со разновиден материjал (училиште,дом и др) и изразува

внатрешен простор

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Page 11: Likovno IIodd.2010-2011

Ученикот ,ученичката:

Умее да одбере материјали и соодветни средства за моделирање и обликување

Умее да комбинира и составува различни ликовни целини Разликува едноставна и сложена форма, надворешен и внатрешен

простор

ТЕМАТСКО ПЛАНИРАЊЕ

v ТЕМА: Визуелни комуни- кации и дизајн8 часа

ТИП НА ЧАС Времена

реализ.

НАСТАВНИ СОДРЖИНИ В ЛТР СЕ

1.Функција и естетски изглед-нацрт на облека; Мотив:,,Шеширче,,

0,5 1.5 25/3

2. Декорирање-примена на боја, форма, линија; Мотив,,Салветка,,

0,5 1.5 2 5/4

3.Дизајн;Мотив:,,Новогодишни украси, предмети,,

0,5 1.5 12/3

4.Изработка на накит по своја визија;Мотив:,,Ѓердан,,

0,5 1.5 2 3/1

Вкупно: 2 6 8 Часа

В - вовед

Page 12: Likovno IIodd.2010-2011

ЛТР - Ликовно творечка работа

Тема 5 (Ликовно подрачје) : ВИЗУЕЛНИ КОМУНИКАЦИИ И ДИЗАЈН (8часа)

Цели

Ученикот/ ученичката :

да воочува ликовни вредности (украси, шари, бои) на предметите од секојдневната употреба;

да открива дека предметите од неговото окружување имаат употреблива и практична функција и естетски се обликувани;

да дизајнира предмети за секојдневна употреба; да се запознава со примената на компјутерот при изработка на

дизајн.

Активности :

Декорира предмети(чаршав, шалче ,облека, салфетка) Декорира разни украсни предмети - Изработува новогодишни украси-

лампиони Декорира предмети за секојдневна употреба и декорира амбалажа Изработува шара со примена на компјутер -ТУЛ КИД

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Page 13: Likovno IIodd.2010-2011

Ученикот ,ученичката:

Да умее да изработува едноставни предмети Самостојно декорира изработени предмети (црта шара, разни детали

итн.) Користи компјутер за ликовно изразување (изработка на шара)

Оценување на учениците

Во текот на наставната година редовно ќе се следат и вреднуваат постигањата на учениците, ќе се прибираат показатели за нивните активности,мотивираноста за ликовното творење, ангажираноста, посветеноста во работата, соработката во група, индивидуалната работа и на крајот на секој класификационен период ќе бидат описно оценети.

Page 14: Likovno IIodd.2010-2011

Описнооценување

опсервација на ученикот разговор како начин на изразување вербално опишување на сопствениот цртеж степен на совладување на ликовните техники

и нивно креативно изразување индивидуални креативни способности учество и изведба на ликовна творба препознавање на ликовните техники и

материјали презентација на ликовните ученички творби активно учество во тимска работа

ИЗРАБОТИЛ: Одделенски Наставник - СЛАВИЦА МИТРОВА