38
1. Забрана за ретроактивност Ако по извршувањето, а пред пресудувањето, на едно кривично дело дојде до измена на кривичниот закон се јавува проблем на т.н. временско важење на кривичниот закон. Според кој закон ќе му се суди на сторителот? Според кој закон важел во времето кога делото било извршено или според оној што е во сила во времето на судење? Според закон: Никому не може да му биде изречена казна или друга кривична санкција за дело кое пред да е сторено не било со закон определено како кривично дело и не било казниво со закон. -Врз сторителот на кривичното дело се применува законот што важел во време на извршување на кривичното дело. -Ако по извршување на кривичното дело е изменет законот, еднаш или повеќе пати, ќе се примени законот што е поблаг за сторителот. -Ако со овој закон е пропишана нова алтернативна мерка, мерка на безбедност или воспитна мерка, таа може да се изрече само ако одговара на некоја порано пропишана мерка и ако не е по не поволна за сторителот. Забрана за ретроактивно дејство ја штити довербата на граѓанинот дека кривично-правното оценување на делото нема отпосле да биде изменето на негова штета. Поинаку речено, се сакало да се оневозможи загрозувањето на

Krivichno ispit

  • Upload
    -

  • View
    64

  • Download
    1

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Krivichno ispit Krivichno ispit Krivichno ispit Krivichno ispit Krivichno ispitKrivichno ispitKrivichno ispitKrivichno ispit

Citation preview

Page 1: Krivichno ispit

1. Забрана за ретроактивност

Ако по извршувањето, а пред пресудувањето, на едно кривично дело

дојде до измена на кривичниот закон се јавува проблем на т.н.

временско важење на кривичниот закон. Според кој закон ќе му се суди

на сторителот? Според кој закон важел во времето кога делото било

извршено или според оној што е во сила во времето на судење?

Според закон: Никому не може да му биде изречена казна или друга

кривична санкција за дело кое пред да е сторено не било со закон

определено како кривично дело и не било казниво со закон.

-Врз сторителот на кривичното дело се применува законот што важел

во време на извршување на кривичното дело.

-Ако по извршување на кривичното дело е изменет законот, еднаш или

повеќе пати, ќе се примени законот што е поблаг за сторителот.

-Ако со овој закон е пропишана нова алтернативна мерка, мерка на

безбедност или воспитна мерка, таа може да се изрече само ако

одговара на некоја порано пропишана мерка и ако не е по не поволна

за сторителот.

Забрана за ретроактивно дејство ја штити довербата на граѓанинот

дека кривично-правното оценување на делото нема отпосле да биде

изменето на негова штета. Поинаку речено, се сакало да се

оневозможи загрозувањето на правата и слободите на сторителите

(според Лист,кривичниот закон е „Magna charta на престапникот“), а со

тоа и на граѓаните воопшто, од страна на самиот законодавец.

2. Конфискација-вредносна и проширена

Конфискацијата на имот и имотната корист е посебна казнена правна

мерка со чиешто изрекување присилно се одзема посредната или

Page 2: Krivichno ispit

непосредната имотна корист прибавена со казненото дело. Односно

никој не може да ја задржи имотната корист прибавена со казненото

дело (член 97). Врз основа на принципот според кој од неправо не

може да стане право, КЗМ пропишува облигаторно одземање на

предметите што настанале од казнено дело, биле наменети или

употребени за извршување на КД. Факултативно одземање не е

предвидено за предметите потребни или наменети за извршување на

КД, ако постои опасност повторно да бидат употребени во

извршувањето на КД. Конфискацијата на имотот и на имотната корист

и одземањето предмети како посебно казнено поправна мерка се

правни последици на самото дело, кои не се врзани за примената на

санкција кон неговиот сторител. Казненото дело може да има различни

последици-граѓански (надоместување на штета), административни

(одземање на различни концесии и дозволи) итн. што се предмет на

посебна правна регулатива. Во современото казнено право се

разликуваат два вида конфискација: генерална (одземање на целиот

или дел од имотот на сторителот) и специјална (одземање на

предметите на делото). Специјалната конфискација се состои во

одземање на предметите што се употребени, настанале или според

одредени законодаства, се објект на казненото дело. Покрај реалната,

постои облик на специјална конфискација во некои законодаства е

прифатена и вредносната конфискација, кога од сторителот не се

одзема самиот предмет, туку имотната вредност на вредноста на

криминалниот продукт. Генералната и специјалната конфискација не

се санкции во казнено правна смисла, но имаат исклучително важни

ефекти во спречувањето на криминалот. Превентивно дејство има и

одземањето на опасни предмети (дрога, оружје) со што општеството се

заштитува од вршење на нови казнени дела. На примената на ваквите

мерки се гледа како на се поефикасно средство во борбата против

новите форми на криминал, особено организираниот (перење пари,

корупција, тероризам и др.).

Page 3: Krivichno ispit

3. Елементи на кривично дело

Основни елементи на КД се: 

-Дека кривичното дело е човечко поведение што може да се јави во

вид на активност(дејствие) или во вид на пасивност во ситуација кога

законодавецот налага активност (несторување)

-КД да биде противправно односно тоа поведение да мора да се коси

со кривичните закони на земјата.

-Поведението да биде виновно односно сторителот на тоа поведение

мора да заслужува казна.

-Поведението да биде казниво односно да постои казна предвидена во

законот.

Секое кривично дело во себе треба да содржи: 

-Законско битие на кривично дело (Збир од посебни елементи

(обележја), што го карактеризираат токму тоа кривично дело

одделувајќи го од другите посебни кривични дела).

-Објективни услови на инкриминација (Услов на инкриминацијата е

законски одмерен квантитет на штетноста што мора да биде остварен

за една човекова дејност воопшто да стане КД).

-Објект на кривично дело (Напад на човековите најважни правни

добра, интереси и односи (објект на заштита и објект на дејствие)).

-Субјект на кривично дело (човекот е единствен законски предвиден

извршител или активен субјект).

Page 4: Krivichno ispit

5. Заштита на функцијата на кривично дело

Kако посебна карактеристика на заштитната функција на кривичното

право се истакнува неговата фрагментарна природа:тоа не ги

заштитува индивидуалните општесвените добра од секој и секаков

напад.така,кривично дело е ако некој со подметнување,замена или на

друг начин ја промени семејната состојба на едно дете,но не и кога е

тоа сторено од небрежност.

4.начин на реализација на заштитната функција

основниот инструмент со кој се остварува заштитната функција на

кривичното право е казната,како законски програмирано зло што му

задава на извршителот поради злото што самиот го има сторено во

вид на кривично дело.таа функција се остварува:

-со определување кои поведенија на човекот,како општествено

неприфатливи ќе се сметаат за кривични дела и кои правни последици

може да се надоврзат на нивното извршување:

-со изрекување на тие санкции во постапка утврдена со закон од

страна на судовите

-со нивно извршување

постојат неколку етапи за остварување за заштитната ф-ја:

1-криминализација-определување кои човекови поведенија ќе се

сметаат за кривични дела и каква ќе биде државната реакција за

нивното извршување

2-пенализација-пропуштање на казни

3-ретрибуција-гола казна што ја спроведува државата против

сторителот на кривичното дело

4-интимидација-застрашување на потенцијалниот сторител

5-ресоцијализација-постапка на превоспитување на деликвентот и

повторно да се приспособи на општествениот живот.

Page 5: Krivichno ispit

6. Амнестија

Амнестија е акт со кој на поименично неопределен број лица им се

дава ослободување од гонење (аболиција) или целосно или делумно

ослободување од извршување на казната, им се заменува изречената

казна со поблага, им се определува бришење на осудата или им се

укинува правна последица од осудата. Милоста е привилегија на

сторителите што не засега во престапниот карактер на она што тие го

сториле, тоа си останува кривично дело. за да се оствари замислената

цел на амнестијата таа мора да се однесува на точно определен број

кривични дела, на предвидената казна, на видот на винатаи други

општи обележја, точно определено време на извршување како и на

кругот на извршителите на кои им се дава оваа голема милост. Давање

амнестија е во надлежност на Собранието на РМ и еднаш дадена

амнестија не може да се отповика и не засега во правата на 3ти лица

што се заснова врз осудата.

7. Помилување

За разлика од амнестија помилувањето се однесува на поименично

определено лице. Тоа може да значи ослободување од гонење или

целосно или делумно ослободување од извршување на казната,

замена на изречената казна со поблага или со алтернативна мерка или

со бришење на осудата, укинување односно смалување на траењето

на определена правна последица од осудата или казната. Давањето на

помилување спаќа во надлежност на Претседателот на РМ и таа е во

функција на остварување на правото. Иако тоа е дискретционо право

Page 6: Krivichno ispit

на шефот на државата помилувањето не смее да биде и арбитрерно и

самоволно. Шефот на државата може да биде повикан на одговорност

поради него доколку постои основно сомнение дека не е заснован врз

државно правни туку врз лични интереси. Лицето на кое му е дадено

помилување не може да го одбие и не се гиба врз правата на 3ти лица

што се засноваат врз осудата.

8. Цели на кривично процесно право

Систем од норми што ја овозможува практичната примена на КП,

уредувајќи ја постапката на судот и другите субјекти при

истражувањето дали едно лице сторило определено КД и дали во тој

случај постојат услови за примена на кривична санкција.

9. Поим за вина

Вината претставува прекорливост за вољата што ја формирал

сторителот со одлука да превземе или да пропушти нешто со што

врши повреда на правните норми во кои се содржани забрани или

наредби. КЗ не го употребува терминот вина туку кривична одговорнст.

„Кривично е одговорен сторителот кој е пресметлив и кој кривичното

дело го сторил со умисла или небрежност и притоа бил свесен или бил

должен и можел да биде свесен за забранетоста на делото кое го

врши. Во однос на факторите што ја условуваат во теоријата има 2

спротивставени сфаќања: Индетерминистичко и Детерминистичко

сфаќање.

-Индетерминистичко сфаќање смета дека човекот апсолутно

самостојно, без влиание на било какви други фактори, ја формира

Page 7: Krivichno ispit

својата воља.

-Според детерминистичкото сфаќање се вкупното дејствие на човекот

е условено од надворешни и внатрешни фактори од што произлегува

дека човекот не е слободен дури ни при формирање воља за саканите

дејствувања. Во духот на ова сфаќање е тврдењето на Ломброзо за

постоењето на роден злосторник- човекот врши кривични дела бидејќи

на тоа го присилува неговата биопсихолошка конструкција.

10. Политички кривични дела

Според субјективни теории, меродавен момент за дефинирање на

поимот политичко КД се мотивите, побудите на сторителот. Ако се тие

политички, секое КД (па и најтривијалното) може да се прогласи за

политичко. Објактивните теории, напротив, тргнуваат од објектот на

заштита што се напаѓа со едно КД. Ако се работи за објект од

превосходно политичка политичка природа (државата како политичка

организација, нејзината безбедност, нејзиното функционирање и сл_,

делото е политичко без оглед на побудите на сторителот. Споредено

со субјективистичкото, ова е претесно сфаќање. Се делат на апсолутни

и релативни политички КД. Апсолутни (прави или чисти) би биле

делата што според сите свои -како објективни така и субјективни -

обележја се јавуваат како политички КД (шпионажа на пр.) што го

повредуваат редот и мирот на државата, а не директно поединецот,

притоа нивниотизвршител го мотивираат алтруистички или патриотски

чувства (според неговото индивидуално сфаќање на овие категории), а

не одмазда, омраза, користољубие и сл. Релативни пак (неправи)

политички КД би биле обични КД насочени против некое политичко

добро, вредност или интерес или извршени од политички побуди

(убиство од политички побуди, навреда на политички противник во

Page 8: Krivichno ispit

предизборна кампања исл). Во многубројни конвенции што ја

регулираат материјата на меѓународната правна помош (екстрадиција)

редовно се внесува и т.н. атентаторска клаузула, според која атентат

врз шеф на државата и врз член на неговото семејство не се смета за

политичко КД. Прв пат употребена во еден белгиски закон од 1855г,

оваа клаузула се нарекува уште и белгиска клаузула.

11. Соизвршителство

Соизвршителство е ситуација во која повеќе лица колективно вршат

едно или повеќе кривични дела. Денес се мошне чести дела што се

вршат со планска договорна акција на повеќе лица (грабеж на банка,

провална кражба, тероризам) Тука законско битие на делото се

остварува со заедничко дејствување на повеќе лица. 

Притоа можни се неколку ситуации. имено, можно е секој од

соизвршителите да го остварува битието на делото во целост или пак

само дел од него. За нив е особено важно да знаат еден за друг и за

тоа што го прават. ПР. кај делото разбојништво едниот може да

употреби сила а другиот да одземе туѓ предмет.

За да се објасни поимот на соизвршителство во теоријата се

издвојуваат објективни и субјективни концепции.

Објективните се јавуваат како: Формално-објективна концепција и

материјално-објективна концепција.

Формално-објективна концепција поаѓа од определбата дека

соизвршител е лице што заедно со друго лице превзема дејствие на

извршување на едно кривично дело.

Материјално-објективна концепција смета дека соизвршител заедно со

др лице презело дејствие на извршување или дел од него, вклучително

и она лице кое презело друго дејствие доколку тоа има решавачко

значење за извршување на делото.

Page 9: Krivichno ispit

Видови на соизвршителство:

-Едновремено или последователно.

-Небрежно соизвршителство.

-Соизвршителство кај посебните кривични дела (delicta propria).

-привидно соизвршителство. 

-Нужно соизвршителство.

-Посредно соизвршителство.

15. Подготвителни дејствија

Наместо законска дефиниција на подготвување, чл 18, стр, 3 К3

настојува да ги ограничи подготвителните дејстција набројувајќи ги:

набавување или проспособување средства за исзвршување КД,

отстранување на пречките за извршување на КД, договарање,

планирање или организирање со други извршители на КД, како и други

дејствија со кои се создаваат услови за непосредно извршување на КД,

а кое не претставуваат дејсвтие на извршување. Главна причина за

накезнувањето на подготвителните дејствија лежи пред се во

неопределеноста на нивната природа: буквално секоја човекова

дејност може (ако се сака) да се протолкува и како подготвување КД.

Пример, кога некој купува нож тоа може да биде сосема банална,

беззлобна работа, но и подготвително дејствие за убиство.

Генералното проширување на казнивоста и врз подготвителните

дејствија би претствувало целосно уривање на начелото на

законитоста и тешко загрозување на човековите права и слободи.

Page 10: Krivichno ispit

17. Дирекна умисла и евентуална умисла

Волевиот одност на сторителот спрема предизвикувањето на штетната

последица е основа за законската поделба на вината на умисла и

небрежност.Ова е важно разликување зашто умислените се сакани,а

небрежните несакани кривични дела.Додека умислата значи свесно и

волево остварување на законското битие на едно кривично

дело,небрежноста се дефинира како пропуштање на должното и можно

внимание,како непретпазливост.Умисленото извршување на делото

секогаш се казнува,додека небрежното само кога тоа законот изречно

го определува.Давајќи ги дефинициите на умислата и

небрежноста,законот извршил и уште една поделба на двата поима.Па

така во дефиницијата на умислата се разликуваат директната од

евентуалната умисла,а во дефиницијата на небрежноста-свесна и

несвесна небрежност. Директна умисла-според член 13 од КЗ,кривично

дело е сторено со умисла кога сторителот бил свесен за своето дело и

го сакал неговото извршување.Од законската дефиниција

произлегуваат две компоненти-интелектуална и волеба компонента на

умислата. Интелектуалната компонента на умислата е свест за

делото,свест за сите обележја на законското битие на едно кривично

дело-за дејствието и последицата,за причинската врска помеѓу нив,за

местото и времето на извршување на делото,за сите околности под кои

тоа се извршува. Волевата компонента на умислата е всушност сакање

на делото,односно кога сторителот дејствието го презел токму со цел

да ја оствари последицата,што и навистина ја остварил. Евентуална

умисла-постои кога сторителот бил свесен дека поради неговото

сторување или несторување може да настапи штетна последица,но се

согласил со нејзиното настапување.За разлика од директната умисла

каде што сторителот е свесен за своето дело и го сака неговото

Page 11: Krivichno ispit

извршување,кај евентуалната умисла кај сторителот постои свест за

делото,свест од можноста за настапување на штетната последица и

негова согласност за тоа настапување.

19. Свесна и несвесна небрежност

Свесна брежност (luxuria) чл.14 р.1 од КЗ, кривичното дело е сторено

од небрежност кога сторителот бил свесен дека поради неговото

(не)сторување може да настапи штетна последица, но лекомислено

сметал дека ќе може да ја спречи или дека таа нема да настапи. 

Сличности меѓу евентуална умисла и свесна небрежност е

интелектуалната компонента – и во двата случаи сторителот е свесен

дека поради неговото (не)сторување може да настапи штетна

последица.

Разликите меѓу евентуална умисла и свесна небрежност е волевата

компонента – кај евентуалната умисла сторителот се согласува со

настапувањето на штетната последица, а ка свесната небрежност

сторителот не го сака нејзиното настанување. За утврдување на

(не)согласноста на сторителот со последицата што настапила, судијата

ја користи т.н. Франкова формула која се состои во пронаоѓање

одговор на хипотетското прашање: како ќе се однесувал сторителот да

бил сигурен дека последицата секако ќе настапела? Доколку судијата

се убеди дека сторителот и под двете претпоставки ќе го сторел она

што го сторил, се работи за евентуална умисла, а во спротивно за

свесна небрежност.

Несвесна небрежност (negligentia) постои кога сторителот не бил свесе

за можноста од настанување штетна последица, иако според

околностите и според своите лични својства бил должен и можел да

биде свесен за таа можност –чл.14 р.2 од КЗ. Пр. Возејќи во лето при

големи горештини и суша, човек исфрла догорче преку прозорец

Page 12: Krivichno ispit

немислејќи воопште дека може да предизвика пожар. Несвесна

небрежност е попрекорлива од свесната, зашто човек немал апсолутно

никаков психички однос спрема последицата, иако според околностите

и своите лични својсва бил должен и можел да ги има. Законската

дефиниција на волевата компонента од несвенста небрежност

обединува два критериуми: објективен (бил должен) и субјективен

(можел). Треба да се испотува вниманието што сторителот според

лични својсва бил во можност да го ангажира во дадените околности.

Овде спаѓаат две групи на факти: лични својства на сторителот

(телесна и психичка конституција, интелигенција, образование,

возраст, животен опит, физички и психички недостатоци, телесни и

психички својства во моментот на извршување на делото) и

околностите на случајот (временски, простони и др. прилики).

Современото КП не смее да казнува за објективно предизвикување

штетни последици.

22. Причинитост (формална,квалитативна)

За да може една штетна последица да му се стави на товар на едно

лице како извршител на кривичното дело мора недвосмислено да се

утврди дека таа настапила поради неговото поведение.Ако тоа не е

случај тој не може да биде одговорен за неа. Мора да се установи дека

помеѓу неговото поведение и последицата што настапила постои

причинска врска (каузалитет) Во теоријата на германското јазично

подрачје ова се нарекува објективна припишливост. Ако теоретски не

може да се утврди на што се должи настапувањето на една последица

тогаш никој и не може да одговара за неа. Поинаку речено : ставањето

на товар (некому) определена последица мора да се потпира само врз

научно утврдена закономерност. Каузалитетот не е правен, туку

филозофски поим: тоа е севкупност од сите позитивни и негативни

Page 13: Krivichno ispit

услови по кои нужно и неизбежно следува определен резултат.

Утврдувањето на каузалитетот во практиката редовно не претставува

тежок проблем: Ако некој некому му го пресече гркланот, ниеден

разумен судија нема да се впушти во истражување на каузалитетот

зашто тој е очебиен. Има ситуации меѓутоа кога ова прашање може да

се комплицира во неверојатни размери. Да наведеме само некои

примери :некој му задава лесна телесна повреда на едно лице, а ова,

не бодејќи премногу сметка за хигиената ја загадува раната и умира,

некој му удира шлаканица на лице што боледува од хемофилија па ова

умира по патот до болница поради искрвавување итн. До

комплицирање на прашањето доаѓа секогаш кога предизвикувањето на

последицата резултира со повеќе причини, меѓу кои е и поведението

на сторителот.Проблемот на каузалитет беше и остана запоставено

прашање во нашата теорија, што повеќе или помалку се сведува на

учебнички искажувања. Кривичното право, нужно претпоставувајќи го

поимот каузалитет треба да истражи еден релативно потесен проблем:

кога може да се смета дека едно човечко поведение е во причинска

врска со дадена кривично правна штетна последица.

24. Поттикнување

Поттикнување е умислено предизвикување или зацврстување одлуки

на едно лице да изврши кривично дело. Притоа, првата алтернатива

од оваа дефиниција значи умислено создавање ваква одлука кај лице

што ја немало; втората, умислено закрепнување на ваквата одлука кај

лице што се двоуми што се колеба околу извршувањето на делото.

Теоријата е согласна дека како поттикнување може да се јави секоја

дејност кај едно лице може да создаде одлука за извршување кривично

дело: молба, ветување, подарок, закана, нудење облог и сл. Според

природата на нештата човек може да биде поттикнат само со дејствие.

Page 14: Krivichno ispit

Поттикнувањето може да биде непосредно и посредно. За да постои

поттикнување мора да има причинска врска помеѓу дејноста на

поттикнувачот и создравањето одлука за извршување кривично дело

кај едно лице, со тоа што поттикнвуањето не мора да биде

единствената причина за создавање на оваа одлука. Ова значи дека

треба да има и определена врска меѓу поттикнувачот и поттикнатиот.

Поттикнувачот, според законот, одговара само во границите на својата

умисла. Притоа, умислата на поттикнувачот треба да се совпаѓа со

умислата на поттикнатиот во се со оглед на битната содржина на

криминалниот акт, но не и по однос на начинот, местотот, времето на

извршување на делото и сл. Агент провокатор е умислата на

поттикнувачот треба да биде насочена кон извршување на делото од

страна на поттикнатиот. Поттикнувањето претставува умислено

наведување на некое лице кон изрвшување на едно одредено

кривично дело. За постоење на поттикнување е потребно да постои

наведување на некое лице за извршување на одредено кривично дело

и таквото наведување да е извршено со умисла.

25. Помагање

Помагањето е умислен придонес кон остварување на туѓо дело. Како

дејствие на помагање се третира секој акт кој се наоѓа на линијата на

олеснување, унапредување на туѓо дело.

Тој што на друго лице со умисла ќе му помогне во извршување на

кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот, а може да се казни

и поблаго. Притоа, како помагање во извршување на кривично дело,

согласно со законот, ќе се сметаат активностите од психичка или од

физичка природа:

-давање совети или упатства како да се изврши делото,

Page 15: Krivichno ispit

-ставање на располагање сретства за извршување на делото, 

-отстранување на пречките,

-однапед ветено прикривање на кривичното дело, на сторителот, на

сретствата, на трагите и тн.

Разликата со потикнувањето се состои во 2 компоненти:

-Помагањето се казнува само ако е умислено и успешно

-помагањето се казнува и кога ќе се изврши со несторување

27. Начин на конфискација

-Од сторителот ке се конфискува имотна корист прибавена со кривично

дело што се состои во пари, подвижни или недвижни предмети од

вредност, како и секоја друга сопственост, имот или актива,

материјални или нематеријални права, а ако нивната конфискација не

е можна на сторителот ке му се конфискува друг имот што одговара на

прибавената имотна корист

- Имотна корист се конфискува и од трети лица на кои е пренесена без

соодветен надоместок, ако не знаеле, а можеле или биле должни да

знаат дека е прибавена со кривично дело.

-Предметите што се прогласени за културно наследство и природни

реткости, како и оние за кои оштетениот е лично врзан, се

конфискуваат од трети лица, без оглед на тоа што не знаеле или не

можеле ниту биле должни да знаат дека истите им биле пренесени со

соодветен надомест.

- Конфискуваното му се враќа на оштетениот,а ако нема оштетен,

станува сопственост на државата.

- Ако на оштетениот во кривична постапка му е досудено имотно-

правно барање, судот ќе изрече конфискација на имотна корист

доколку тоа го преминува износот на ова барање.

Page 16: Krivichno ispit

29. Примарен и реален стек

Стекот на кривичните дела се дефинира како извршување на повеќе

кривични дела од страна на еден сторител за кои се уште не е

пресудено.Теоријата и праксата прават разлика помеѓу идеален и

реален стек. Идеален стек постои тогаш кога сторителот со едно

дејствије (пропуштање) извршува повеќе кривични дела за кои

едновремено му се суди (на пример некој подметнува мина и

повредува повеќе лица или пак некој со една изјава инесува

невистинити факти со кои може да им наштети на честа и угледот на

повеќе лица. Реален стек постои тогаш кога сторителот со повеќе

дејствија извршува повеќе кривични дела за кои едновремено му се

суди (некој секојдневно краде каде ќе стигне). И во реалниот стек (како

во идеалниот) може да се најдат еднородни или разнородни кривични

дела. Во првиот случај зборуваме за хомоген стек (една бомба во

авион, смрт на стотина патници-пример за хомоген идеален стек...

Некој извршува повеќе тешки кразби со провалување во различни

станови-пример за хомоген реален стек, а во вториов за хетероген стек

(со една бомба се убиени две, ранети повеќе лица и е направена

значителна имотна штета-пример за хетероген идеален стек... Некој

врши провална кражба, а за да побегне одзема туѓо моторно возило и

притоа прегазува минувач-пример за хетероген реален стек.

30. Продолжено кривично дело

Поим на продолжено кривично дело-претставува скриено извршување

временски поврзана серија исти дејствија што значат целосно

остварување на сликата на законското битие на исто кривично дело од

Page 17: Krivichno ispit

страна на ист сторител во определена прилика,за кое казната се

одмерува во законските рамки на кривичното дело под кое,зависно од

криминалниот резултат,се супсумира целата серија.Имено,оние што

беа согласни дека продолженото кривично дело треба да се дефинира

како општ кривично-правен поим,не беа согласни околу прашањето за

тоа како да се конструира тој поим.При оваа конструкција се судираат

објективните и субјективните концепти,за потоа како компромис меѓу

нив да се јави една мешовита објективно-субјективна концепција.

Според објективната концепција,околностите што повеќе кривични

дела ги обединуваат во едно единствено продолжено кривично дело со

исклучиво од објективна природа-истородноста на кривичните дела во

серијата,определена временска поврзаност на одделните дела од

серијата,според некои и истоветноста на општеството.За субјективната

концепција битен обединувачни елемент е единствената бина,според

едни во вид на умисла,според други во вид на небрежност.И

објективно-субјективната концепција претставува една мешовита

метода.која за определување на поимот продолжено кривично дело ги

обединува постулатите на претходните две концепции. Постојани

конститутивни елементи-на поимот продолжено кривично дело се-

идентитет на сторителот-истородност на дејствијата во серијата-

временска поврзаност.

Идентитет на сторителот-барањето за идентитет на сторителот значи

две нешта-од една страна,дека треба да се работи за еден ист

извршител на целата серија,а од друга страна дека треба да постои и

идентитет на формата на неговото учество во делото.Не ќе може да се

работи за продолжено кривично дело ако едно лице учествувало во

различни улоги во извршување на една серија,еднаш како

соизвршител,друг пак како соучесник.

Истородност на делата-како истородни може да се сметаат сите

кривични дела што на различен начин оштетуваат еден објект на

заштитата.

Page 18: Krivichno ispit

Променливи конститутивни елементи-за променливите конститутивни

елементи не се бара во дадениот случај да бидат присутни сите

заедно,туку може да постои и само едне од нив.Во теоријата најчесто

се наведуваат следниве елементи.

Иста прилика-се подразбира искористувањето иста или многу слична

поволна ситуација. Ист траен однос-се подразбира на пример работен

однос,но и меѓувремено човечки однос од каков и да е друг вид-

односот на наставник и ученик. Иста крајна цел на делото-пример

фалсификување повеќе јавни исправи од страна на група млади луѓе

со цел да патуваат во странство.

Просторно единство-кражба на повеќе предмети од иста стоковна

куќа,еден магацин,каде што сторителот провалил.

Збирност на предметите-кражба од некаква колекција или од случаен

збир на предмети. Збирноста на предметите,најчесто оди со единство

на просторот.

Продолжено кривично дело постои кога сторителот во временски

континиутет изврши повеќе истовидни дела кои поради елементите кои

ги поврзуваат во една целина,се појавуваат како едно единствено

дело.

31. Правна заблуда

Постои кога сторителот на кривичното дело од оправдани причини

незнаел или неможел да знае дека делото е забрането а доколку

можел да знае дека делото е забрането, може да се казни поблаго.

Постојат 2 вида правна заблуда:

-Правна заблуда како заблуда за забранетост на делото: Постои кога

сторителот на кривичното дело од оправдани причини незнаел и

неможел да знае дека делото е забрането, со што се прифаќа

максимата според која незнаењето на правото не штити. Доколку пак

Page 19: Krivichno ispit

се оцени дека можел да знае за забранетоста на делото, судот може

да го казни поблаго, а дали можел да знае или не мора да се утврди во

секој конкретен случај.

-Правна заблуда како заблуда на постоење некоја основа за

исклучување на противправноста: Постои кога некој е наполно свесен

што прави, но погрешно смета дека во неговиот случај постојат основи

што ја исклучуваат противправноста.

32. Стварна заблуда

Стварната заблуда е погрешна претстава за некое обележје од

законското битие на кривичното дело или погрешна претстава дека

постои некоја еоколност, која доколку навистина постоела делото би

било дозволено.

Стварната заблуда може да има 2 облика: 

-Стварна за заблуда како заблуда за битието на делото: Постои во

случај на несовпаѓање на замислениот и реализираниот каузален тек.

Тоа би била состојба на заталкан куршум, кој при испукувањето бил

насочен кон еден субјект но куршумот завршува во телото на некое

лице и го усмртува. Доколку се пукало во некое лице, а се усмртило

друго лице дали ке стане збор за заблуда или умисла ке зависи од

местото каде се одиграл настанот и дали можело да се очекува дека ке

има други лица. Можна е и заблуда за објектот кон кој е насочено

дејствувањето. Законот предвидува одговорност и кога сторителот се

довел во заблуда поради сопствено невнимание или непромисленост.

-Стварна заблуда како заблуда за околностите што ја исклучуваат

противправноста: Тука доаѓаат предвид случаите на таканаречена

путативна нужна одбрана и путативна крајна нужда, односно кога

лицето само мисли дека некој го напаѓа или дека животот му е во

Page 20: Krivichno ispit

опасност поради природна непогода, животни и сл, а тоа всушност не е

така.

33. Крајна нужда во нашиот КЗ е предвидена во член 10,во кого се

содржани следниве ставки

1.не е кривично дело она дело што е сторено во крајна нужда.

2.крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да

отстрани од себе или од друг,истовремено нескриена опасност што на

друг начин не може да се отстрани,а притоа стореното зло не е

поголемо од злото што се заканувало.

3.сторителот кој сам предизвикал опасност од небрежност или ги

пречекорил границите на крајната нужда,може да се казни поблаго,а

ако пречекорувањето е сторено под особено олеснувачки околности

може и да се ослободи од казна.

4.Нема крајна нужда ако сторителот бил должен да се изложи на

опасност.

За причините кои ги оправдуваат неказнувањето за дело извршено во

состојба на крајна нужда постојат повеќе теории

-според субјективните теории едни оправдувањето го бараат во

психолошката присилба што е резултат на стравот од

опасноста,според други неказливоста се оправдува затоа што лицето

што постапувало во крајна нужда се наоѓало во непресметлива

состојба,а пак трети оправдувањето за неказливоста го наоѓаат

во тоа што инстиктот за самоодржување го надвладала стравот од

казна.

-според објективните теории дејствието преземано во крајна нужда не

е противправно и затоа не треба да се казнува сторителот.

=Крајната нужда може да се појави во разни ситуации

-кога се спасува својот живот со уништување на туѓ живот

Page 21: Krivichno ispit

-кога се спасува свое добро или интерес на друго лоце со повреда на

доброто на трето лице.

34. Објект на кривичното дело

-кривичното дело како генерички поим го загрозува опстанокот на

даденото општество и заедничкиот живот на луѓето во него,зашто

значи напад врз неговите најважни правни добра,интереси или

односи.доброто,интересот или односот што се напаѓа се кривичното

дело со кривичното дело го нарекуваме објект на заштита.објект на

заштитата се определени највисоки вредности на општеството кренати

во ранг на правни институции.тоа се на пример човековата

егзистенција,неговиот телесен и душевен

интегритет,сопственоста,правото и слободите на граѓанинот и др.

Учењето на објектот за заштитна во дадено општество-загрозувањето

различни објекти на заштитата со извршување кривични дела

повлекува различни по тежина кривични санкции за стореното.од

тежината на санкциите може да се излече заклучок дека за важноста

на законодавецот им ја придава на одделните објекти на заштита за

егзистенцијата на општеството.инаку од објектот на заштитата,како

нематеријална вредност на општеството крената на ранг на правно

добро и претворена во правен институт.треба да се разликува објект

на дејствието,што е опиплива материјализација на објектот на

заштитата кон која е насочено дејствието на извршување на

кривичното дело.кога некој некому ќе му украде еден предмет,тогаш

објект на заштита е сопственоста,а објект на дејствие нејзината

материјализација.

Page 22: Krivichno ispit

Класична школа

нејзината идејна платформа ја поставил бекарија,а изградбата не

нејзиниот теоретски кривично правен систем се должи на

фоербах.нејзиното учење се засновува врз визијата за кривично право

како средство за заштита на човековите слободи од злоупотребите на

власта.класичната школа се залага за најстриктно сфатено начело на

законитост и тоа е нејзината најголема заслуга.сепак,во борбата за

неговото почитување таа претерала во однос на консеквенциите што

од него ги изведуваше и ова секако е нејзината најголема слабост.

-реагирајки на нееднаквоста на луѓето пред законот во стариот режим

таа ќе претера во настојувањата на целосна еднаквост на граѓаните

пред кривичните закони пред казните што овие ги

предвидуваат,воспоставувајќи една нова неедннаквост:сосема се

заборави,имено,дека исто кривично дело може да биде сосема

различно сфатено и оценето во зависност од мотивите на сторителот.

Прави кривични дела на несторување

Тоа се законски регуларни кривични дела на пропуштање,што може да

се извршат само со пасивност,со непреземање дејствие чиешто

извршување го налата кривичниот закон.Правите кривични дела на

несторување претставуваат оживотворување на вториов метод на

постигнување на социјално пожелните ефекти и се состојат во

непослушност спрема тие императивни норми.Кај овие кривични дела

човек одговара само за својата пасивност,а не и за последицата што

евентуално произлегува од неговата пасивност.Така,ако некој му

укажал на помош на лице што се давело во река,како можел тоа да го

стори без опасност за себе или за некој друго,па тоа го загубило

животот,човекот ќе одговара само за својата пасивност, а не и за

Page 23: Krivichno ispit

смртта што поради таа пасивност не била избегната.Од ова јасно

произлегува дека правите кривични дела на несторување имаат

сопствени законски битија,па од нив сосема јасно и недвосмислено се

гледа за кого постои конкретна должност за преземање определено

дејствие.Законските битија на правите кривични дела на несторување

редовно ќе ги препознаеме или по тоа што нивното дејствие на

извршување е дадено во граматички негативна форма “тој што нејќе“

или “тој што нема да“

Неокласична школа - Од средината на 19ти век па наваму доминира

филозофија на многумина законодавци и теоретичари ќе стане некаков

недефиниран електицизам: се уважува и се прифаќа нешто од ова,

нешто од она учење и тоа се внесува во теоријата и законодавството.

Така настана една луда состојба во која беше можно во еден ист закон

или во еден кривично правен трактат да се најдат едно друго солуции

од дијаметрално противпоставени противници. Тешко би можео да се

рече дека овој избор се вршеше врз основа на некаква длабоко

осмислена синтеза. Тоа повеќе беше електицизам на

целесобразноста. Па сепак на многумина не им пречеше оваа состојба

да ја нарекуваат `неокласична школа`.. Таа слободно мое да се каже

владејачка доктрина на денешнинава чија што криминално- политичка

филозофија се изразува со максимата `ни повеќе од што е

спроведливо, ниту помалку одошто е користено`.

Page 24: Krivichno ispit

Антрополошко-позитивистичка школа

појавата на антрополошко-позитивистичката школа им ја должиме на

повеќе фактори и некои заблуди. Кон крајот на 18-ти и почеток на 19

век во европските држави почнало да се основаат органи што

специјално се занимаваат со статистика.резултатот од ова било и

систематското следење на криминалитетот во земјата што

статистичките показатели сведолече за постојан пораст на бројот на

извршените кривични дела и на лицата осудени за нив.

Не помалку важен фактор на а=п школата и силниот подем на

природните науки во тоа време.ова предизвикало обиди нивниот метод

да се пресади и примени во доменот на општествените науки,со надеж

дека и тие ќе забележат таков подем.појавата и развитокот на оваа

школа се врзува за имињата ломброзо,гарофало,фери. Чезаре

ломброзо-лекар (психијатар),основач на посебна гранка на

антропологијата што се занимава со проучување на злосторниците.во

1876 година ја објавил својата книга ’’човекот злосторник“, во која ги

обелоденил резултатите од своите антропометриски

истражувања.прегледувајќи и мерејќи ги претстапниците,ламброзо

забележал низа физички стигмати и психички особености што го

навело на идејата дека злосторникот е посебен вид на човечкиот род и

дека него кон злосторството го турка неговата природа.овој заклучок е

од особено значење:наместо индерпенизмот на класичната

школа,антрополошко-позитивистичката школа тргнува од

фаталистички сфатен детерминизам:ако човек стори кривично

дело,тоа не е затоа што така сакал да биде,зашто така слободно

решил,туку затоа што на тоа го присилила неговата био-психолошка

конституција.

Гарофало-бидејќи според некои ставови вината се негира,присилните

мерки што треба да се преземат против ваквите сторители се темелат

Page 25: Krivichno ispit

врз поимот “социјална одговорност“,а се оправдуваат со нивната

опасна состојба.оваа состојба на опасност гарофало ја нарекува

temibilita,збор што треба да означи дека сторителот им влева страв на

своите сограѓани. Енрико фери-е најзначаен претставник на

антрополошко-позитивионистичката школа.тој подоцна стариот ќе

евоулира и ќе го прифати постоењето на т.н псевдокриминалци,што

делата не ги вршат поради соматски аномалии,туку заради

небрежност,непромисленост или поради ненајдени околности.фери им

придава големо значење на социјалните фактори што смета дека

помеѓу нив и биолошките фактори нема некоја посушествена разлика.

-тој ја заменил моралната со законска одговорност,а казната со мерки

на општествена одбрана.основата за примената на ваквите мерки е

опасноста на сторителот.таа опасност фери на дели на: општествена и

криминална.

корените на злосторот според фери ги бараме во три групи фактори

индивидуални,физички и социјални. Придонес на оваа школа-таа го

сврти вниманието на законодавецот и на науката врз човекот.под

нејзино влијание ќе започнат во кривичните законодавства да се

воведуваат посебни мерки спрема опасните сторители,т.н мерки на

безбедност.

Socioloska skola- Germanskiot profesor po krivicno pravo Franc Fon List e

predvodnik na edna nova krivicno-pravna skola poznata kako moderna ili

socioloska skola poradi faktot sto genezata na kriminalitetot ja objasnuva so

zaednicko vlijanie na individualni i socijalni faktori so toa sto akcentot go

stava vrz socijalnite. Nivni osnovni idei bile: zlostorot e fenomen sto go

predizvikuva cel kompleks od socijalni i individualni faktori so toa sto

resavacka uloga sepak imaat socijalnite ( nemastijata, bezrabotnicata,

alhoholizmot ). Vprocem nivna misla e deka se kazuva 'ne deloto tuku

storitelot' Obiduvajki se da ovozmozi individualizirana reakcija sprema sekoj

oddelen kriminalen tip, socioloskata skola gi klasificira storitelite na akutni i

Page 26: Krivichno ispit

hronicni a hronicnite na popravlivi i nepopravlivi. Cel na kaznata ne e

odmazdata tuku specijalna prevencija (vlijanie vrz delikventot vo idnina da

ne vrsi krivicni dela). Kaznata treba da bide individualizirana sprema tipot na

delikventot. Taa treba da go zastrasi akutniot, da go popravi popravliviot a

da go neutralizira ne popravliviot hronicen prestapnik. Prestavnicite na

socioloskata skola predlagaat primena na merki za bezbednost nezavisno

od toa dali nekoj izvrsil ili ne krivicno delo.

Неправи кривични дела на несторување

Или уште комисивно-омисивни кривични дела,што редовно се

дефинираат како кривични дела на сторување извршени со

несторување.Признавајќи ги овие дела,законот,теоријата и практиката

следат една животна реалност:кривичното дело често може да се

изврши како со сторување така и со несторување.Човек може да биде

лишен од живот со сторување,но и со несторување:една мајка што

сака да се ослободи од своето несакано чео може да го постигне и со

неговото нехранење.Човек може да биде навреден од збор,но и со

неприфаќање на пружената рака за поздрав.

За разлика од правите кривични дела на несторување,кај кои човек

одговара само за пропуштање на должното дејствие,а не и за

евентуалната последица од него,кај неправите кривични дела на

несторување тој одговора за последицата што му се припишува на

несторувањето,а не и за самото несторување.Од ова произлегува дека

неправите кривични дела на несторување,за ралзика од правите,немаа

сопствени законски битија,туку сликовито кажано “се кријат“ во битијата

на кривичните дела на сторување.Затоа и се викаат комисивно-

омисивни:комисивни се во законскиот опис,а омисивни во

реализацијата.

Има два вида теоретски пристапи во одговорот на прашањето што е

Page 27: Krivichno ispit

извор на обврска кај неправите кривични дела на

несторување:формална теорија за повреда на правна обврска и

функционалистички теории.

Формалната теорија за повреда на правна обврска извор на обврската

на определно сторување го гледа во:

1.законот во најширока смисла на зборот

2.лично преземени обврски,без оглед на тоа дали се работи за

формални или неформални договори

3.претходна опасна дејност

Функционалистичките теории се обидуваат да дадат содржинко

образложени за признавањео на гарантните обврски.Ги има повеќе и

тие главно прават разлика помеѓу гарантните обврски што се состојат

во заштитната функција за определено заштитено правно добро и

други обврски,кај кои гарантот е должен да надгледува некаков извор

на опасност.

Заштитната функција за определено правно добро може да настане од

природна поврзаност со носителот на правното добро,од блиски

заеднички односи и од земање во заштитата. Одговорноста за

определени извори на опасност:гарантна обврска од едно претходно

опасно дејство,гарантна обврска за надгледување извори на опасност

и гарантна обврска за дејствијата на трети лица.