19
1.Вовед Денес во глобалното информатичко општество, комјутерите се повеќе се интегрирани во животот на луѓето. Денес компјутерот не е само средство кое има ограничена употреба само во канцелариите или во поголемите компании, туку станува неопходен сегмент во било која област. Сведоци сме на една нова епоха во која компјутерите стануваат и веќе станаа нешто неопходно за нормален живот, за функционирањето на секоја единка пооделно. Значи денес во сите економски развиени земји а и нашата земја го следи тој тренд, речиси се се извршува или пак може да се изврши со помош на компјутер, од купување на пица, надополнување на кредит на мобилен телефон, па се до извршување на сложени банкарски трансакции итн. За мене како ученик, од особено голема придобивка е едукацијата која што може да ја овозможи компјутерот. Од неодамна и во нашата држава компјутерот е вклучен во образованието. Со проектот „Компјутер за секое дете“ се предвидени компјутери за сите ученици од средното и основното образование. Една од попозитивните светски вести во кои се спомнува зборот Македониjа, а воедно и еден од адутите на Едубунту, е веста коjа се однесува на потегот на Македонското образование во областа на образованието во 2007г. а предвидува внесување на Едубунту во македонскиот образовен систем. Во врска со овоj проект министерот за информатичко општество на Република Македониjа изjавува: 1

Kreiranje sodrzina

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Datoteka za kreiranje sodrzina i indeksi

Citation preview

Page 1: Kreiranje sodrzina

1. Вовед Денес во глобалното информатичко општество, комјутерите се повеќе се

интегрирани во животот на луѓето. Денес компјутерот не е само средство кое има

ограничена употреба само во канцелариите или во поголемите компании, туку станува

неопходен сегмент во било која област.

Сведоци сме на една нова епоха во која компјутерите стануваат и веќе станаа нешто

неопходно за нормален живот, за функционирањето на секоја единка пооделно. Значи

денес во сите економски развиени земји а и нашата земја го следи тој тренд, речиси се

се извршува или пак може да се изврши со помош на компјутер, од купување на пица,

надополнување на кредит на мобилен телефон, па се до извршување на сложени

банкарски трансакции итн.

За мене како ученик, од особено голема придобивка е едукацијата која што може да

ја овозможи компјутерот. Од неодамна и во нашата држава компјутерот е вклучен во

образованието. Со проектот „Компјутер за секое дете“ се предвидени компјутери за

сите ученици од средното и основното образование.

Една од попозитивните светски вести во кои се спомнува зборот Македониjа, а

воедно и еден од адутите на Едубунту, е веста коjа се однесува на потегот на

Македонското образование во областа на образованието во 2007г. а предвидува

внесување на Едубунту во македонскиот образовен систем. Во врска со овоj проект

министерот за информатичко општество на Република Македониjа изjавува:

„Инициjативата компjутер за секое дете е наjголем и наjважен образовен проект

преземен во 15 годишната историjа на Република Македониjа. . . “

Понатаму ќе се запознаеме со основите на бесплатниот, слободен и отворен

софтвер оперативниот систем Едубунту (базиран на Линукс), како да стигнеме до овој

софтвер, кои се придобивките од истиот и накратко ќе влеземе во аватарот на Геогебра

(една од многуте апликации подржани од Едубунту во областа на математиката).

Позитивниот ефект на Едубунту врз образовниот процес допрва ќе се согледува а

во продолжение ќе ги видиме атрибутите кои треба да го овозможат тоа.

1

Page 2: Kreiranje sodrzina

2. Општо за Едубунту Зборот Убунту е стар африкански збор коj означува „хуманост кон другите“, а

буквално зборот се преведува со фразата „jас сум тоа што сум, поради тоа што сме сите

ние“. Едубунту дистрибуциjата го носи духот на Убунту во училиштата преку неговата

прилагодена училишна околина. Сегашната верзиjа на Едубунту е наменета за

користење во училница, додека пак идните верзии ке се прошируваат и во други

едукативни начини на користење, како што е, на пример, користењето во

универзитетите. Во понатамошниот текст ке го разгледаме овоj оперативен систем од

неколку аспекти.

2.1 Како Едубунту е поврзан со Убунту, и како Убунту е поврзан со Дебиан

Убунту е проект воден од заедницата на корисници и развивачи, коj има за цел

креирање на оперативен систем и множество на апликации составени од слободен и

отворен софтвер.

Едубунту е базиран, а воедно и зависен од Убунту, пред се, бидејќи ги делат

истите библиотеки. Потоа, како што се обновуваат пакетите во Убунту, тие се

обновуваат и во Едубунту. Ова значи дека и двете дистрибуции имаат ист циклус на 3

обjавувања, коj се повторува, од прилика, на 6 месеци. Исто така, можеме да

забележиме и дека повеќето развивачи на Убунту, се развивачи и на Едубунту.

Ако jа разгледуваме генеолошката карта на линукс дистрибуциите ке

забележеме дека голем броj од нив водат потекло од неколку основни дистрибуции.

Една од тие е и Дебиан. Неjзиниот модел на пакетирање (apt, apt–get, aptitude) на

апликациите е наследен од многу подоцнежни дистрибуции, меѓу кои и Убунту,

Едубунту, Кубунту, Иксубунту ...

2.2 Едубунту е бесплатен софтвер во секоjа смисла

Во врска со слободноста и бесплатноста, тимот коj го развива Едубунту jа дава

и следната гаранциjа:

- Едубунту секогаш ке биде бесплатен, вклучуваjќи го и ентерпраj изданието.

- Убунту ке ги прави сите напори за преведување и зголемување на пристапноста

на системот, со цел тоj да стане корисен за колку што е можно повеќе

корисници.

2

Page 3: Kreiranje sodrzina

- Едубунту ќе излегува во регуларни и предвидливи циклуси од 6 месеци. Секое

издание ке биде поддржувано наjмалку 18 месеци од неговот издавање.

- Едубунту во целост ќе ги почитува принципите на движењето за слободен и

отворен софтвер.

2.2 Како до Едубунту

Едубунту може да се набави со директно преземање од интернет, било тоа од

официjалните сервери и нивните огледала (http://www.edubuntu.org/Download) или пак

од торент мрежата на корисници. Доколку се работи за помали колличини (помалку од

50 дискови) тие можат бесплатно да се порачаат на веб страната

(http://shipit.edubuntu.org). За испораката, коjа е исто така бесплатна, не се потребни

повеќе од 2–3 недели. За поголеми количини на дискови, секако, постоjат и

комерциjални дистрибутери, кои покраj испораката на дисковите пружаат и одредена

корисничка поддршка.

2.3 Карактеристики (причини) на Едубунту

Компатибилност

На компjутерите вклучени во образованието се користат различни платформи, од

кои наjчесто Маjкрософт Виндоус оперативните системи, Линукс и др. Во оваа

средина, потребен ни е оперативен систем коj добро ќе се вклопува со сите други и е

бесплатен. Тука Едубунту, доста вешто влегува во оваа игра. Серверите на овоj

оперативен ситем можат успешно да коегзистираат во иста мрежа со другите

оперативни системи. Компатибилноста на овоj систем со другите системи покраj на

оперативно ниво е успешна и на апликативно ниво.

Безбедност

Ова со други зборови би значело Едубунту е доста поквалитетен код со многу помалку

вируси и спаjвер програми отколку каj другите оперативни системи. Безбедноста е

клучен фактор во сите сфери на информатиката, а од тука и во образовните процеси

базирани на информатичката технологиjа. Но, наjчесто во училиштата не постои

специjализиран кадар за заштита и чистење на компjутерите (тука не влегуваат

наставниците по информатика, бидеjќи нивната деjност пред се е образовна). Едубунту

го пополнува и овоj jаз, пред се поради фактот што тоj е Линукс базиран оперативен

3

Page 4: Kreiranje sodrzina

систем, коj ги ужива безбедносните карактеристики на неговите Jуникс и останати

предци со отворен код.

Лесно за управување

Додавањето и управувањето на компjутерите во училишната мрежа значително се

олеснува со користење на ЛТСП технологиjата на слаби клиенти. Всушност, за тоа да

се изврши доволна е администрациjа на само еден сервер во секоjа училница. Како

таков, Едубунту е доста лесен за обликување и подесување спред нашите специфични

барања, без разлика дали е тоа само додавање и одземање на програми (апликации),

манипулирање со различни можности, ребрендирање и сл.

Цена

Соочени со секогаш прекраткиот буџет, скапите технологи секогаш се на краjот на

листата на приоритети на училишта. Но поради слободната природа на колаборативен

развоj Едубунту овозможува технологиjа коjа ги има сите особини на модерните

технологии, но jа нема нивната цена. Едубунту е бесплатен.

Добра поддршка

Поддршката на Едубунту е овозможена од се поголемите заедници на корисници на

Едубунту и Убунту. Многу од авторите на софтверот коj е вклучен во Едубунту можат

директно да бидат контактирани преку поштенски листи, ИРЦ канали и многу други

форми на поддршка: вики страници, баг тракери, форуми и сл. Исто така, постои и

комерциjална поддршка коjа jа нудат специjализирани компании. Една од тие

компании, кои нудат платена поддршка е и Каноникал, фирмата коjа е главен

поддржувач на Убунту. Со сите овие можности за поддршка, на нас останува само

изборот.

Направено за учење

И после се, тоа што го прави Едубунту различен од другите оперативни системи е

неговиот фокус поставен врз образовните цели. Мотото на Едубунту „Линукс за млади

луѓе“ наjдобро го опишува производот кон коj што се усмерени сите напори и одлуки

на развоjниот тим на овоj ОС. Вреди да се спомне и тоа дека овоj систем доаѓа со голем

броj на преводи и локализации кои им овозможуваат на учениците од целиот свет да го

искусат светот на компjутерите на нивниот маjчин jазик.

4

Page 5: Kreiranje sodrzina

2.4 Апликации во Едубунту

Офис пакет

Open Office.org е комплетен канцелариски пакет сличен на Маjкрософтскиот

канцелариски (office) пакет. Тоj вклучува Writer (сличен на Microsoft Word), потоа

апликациjа за табеларни пресметки Calc (слична со Microsoft Excel), презентациска

апликациjа Impress (како Power Point), апликациjа за цртање, бази на податоци, како и

апликациjа за пишување на математички формули. OpenOffice.org може да ги отвора и

зачувува повеќето документи изработени со помош на MS Office апликациите, а има и

поддршка за многу различни jазици.

Интернет активности

Едубунту го користи слободниот прелистувач на Мозила, веќе доста популарниот

Firefox. Меѓу повеќето негови добри особини се вброjуваат прелистувањето со

jазичиња, динамичките обележувачи, блокирањето на скокачки прозори и одлично

приспособливо jадро. Држеjќи се над обичното веб прелистување, Едубунту исто така

доага со Evolution - Е–маил клиент и личен менаџер на податоци (календар, потсетник,

адресар,. . . ). Исто така за целосно комуникациско искуство Едубунту е обогатено и со

апликации за инстант пораки и аудио и видео конферции. (Ekiga —VoIP комуникациjа,

Gaim — клиент коj ги интегрира повеќето наjчесто користени инстант месинџери.)

Графички програми

Во графичкиот оддел освежување е програмата Dia, со коjа може да се манипулираат

диjаграми и графикони. XSane овозможува лесно користење на скенер. 3D

5

Page 6: Kreiranje sodrzina

моделирањето и анимирациите се специjалност на екстра популарниот и широко

употребуваниот, поради неговата мала големина и голема можност, Blender. Gimp ги

нуди сите можности за графичка обработка на слики на Adobe Photoshop. Scribus пак е

еднаква замена на Adobe Illustrator.

Звук и видео

За сите потреби поврзани со обработка и прикажување на аудио и видео материjали

Едубунту нуди неколку соодветни програми. Тука спаѓаат Rhythmbox за слушање на

музика, Serpentine за снимање на аудио ЦДа, Totem претставува одличен видео плеер, а

Kino за обработка на видео материjали.

Наука

Едни од едукативните програми кои се наjсоодветни за користење во образованието се:

- KStars - Десктоп планетариум коj содржи прецизна графичка симулациjа на

вечерното небо со информации за преку 130000 ѕвезди.

- Kalzium - Пакет за откривање и истражување на информации поврзани со

периодниот систем на елементи коj содржи слики и детални информации за

повеќето од нив.

- Atomix - е игра во форма на сложувалка коjа има за цел градење на молекули од

веќе дадени атоми во просторот.

- Јазици - Едубунту содржи и апликации за изучување на странски jазици преку

вежбање на зборови и фрази, како и запознавање со нивните jазични

карактеристики.

6

Page 7: Kreiranje sodrzina

- Апликации за деца од предшколска и раношколска возраст. Тие вклучуваат

содржини од основи на физика, географиjа, компjутерска техника, алгебра, како

и вежби за читање, мемориjа и сл.

- Математика - Едубунту содржи голем броj на образовни апликации од областа

на математиката. Како што се: Kig (овозмужува креирање на геометриски

конструкции сличен на комерциjалната програма Cabri), KmPlot (апликациjа за

цртање на графици на функции во правоаголен и поларен координатен систем),

Kbuch (апликации за подобро разбирање на односите на деловите со целината,

како што се дропки и проценти), Геогебра и многу други.

3. ГеоГебра Програмата Геогебра е бесплатен математички софтвер кој ги поврзува геометријата,

алгебрата и анализата. Создадена е од Markus Hohenwarter на Универзитетот Флорида

Атлантик за примена во наставата по математика во училиштата.

Потекнува од зборовите Геометрија и Алгебра. Оваа апликација има

повеќе предности како што се: бесплатена, достапена за симнување од

web-страната www.geogebra.org, лесна за употреба, бргу се учи и се

разбира, им овозможува на учениците да истражуваат во областа на геометријата и

алгебрата, подржува креирање на анимации, може графички да се претстават

имплицитни, експлицитн, параметарски равенки итн.

3.1 Повеќе претстави за математичките објекти

Програмата Геогебра дава три различни начини за прикажување на математичките

објекти: Графички приказ, нумеричко Алгебарски приказ и Табеларен приказ. Тие

овозможуваат прикажување на математичките објекти на три начина: графички

(пример: точки, графици на функции и др.), алгебарски (координатни точки, равенки и

др.) и со табеларни ќелии. Со тоа, сите прикажувања на истиот објект се динамички

поврзани и автоматски ги приспособуваат промените на сите презентации без разлика

на кој начин биле креирани.

7

Page 8: Kreiranje sodrzina

3.2 Елементи на Геогебра

Геометриски прозорец

Подлога за цртање – На овој прозорец може да се црта, мери и други геометриски

проблеми на сличен начин како и кај SketchPad.

Алгебарски прозорец

8

Алгебра екран

Поле за влез

Подлога за цртање

Листа на команди

Page 9: Kreiranje sodrzina

Геогебра Тоолобар

1 2 3 4 5 6 7 8 9

Мени 1: Поместување

Мени 2: Точки

Мени 3: Линии

Мени 4: Специјални

линии

9

Page 10: Kreiranje sodrzina

Мени 5: Кругови

Мени 6: Агли

10

Page 11: Kreiranje sodrzina

Мени 7: Огледала

Мени 8: Текст/Слики

Мени 9: Објекти

11

Page 12: Kreiranje sodrzina

4. Заклучок Овој значаен чекор во македонската историја ни навестува

огромни промени што многу позитивно ќе влијат врз интелектуалниот капацитет на нашиот народ. Иако нашата земја е една од понеразвиените во светот, сепак ние имаме можности да ја живееме нашата иднина во информатичко општество. Ако само пред 50-тина години на нашиве простори бил многу мал бројот на полуписмени луѓе, денес тоа е многу променето. Значењето на компјутерската едукација ги привлекува дури над 90% од младите матуранти да го продолжат своето образование.

Видовме како компјутерите го сменија светот а сега гледаме како заедно со Едубунту го менуваат образованието, го адаптираат за новите предизвици на човештвото а со тоа се приспособуваат на потребите на идните генерации ученици.

Едубунту е систем на знаење кое инвестира во ново знаење, а знаме дека токму знаењето е основната константа на образованието.

Како завршен збор би jа пренела изjавата на основачот и творецот на Убунту проектот Марк Шатлворт:

„Со изборот на Ubuntu коj е слободен за изменување, користење и редистрибуирање, учениците стануваат директни учесници во информатичките технологии, наместо само корисници на истите“

12

Page 13: Kreiranje sodrzina

Користена Литература „Едубунту - Прирачник за обука“ - Методија Јанчески,

Данијела Ѓорѓевиќ, Миле Јованов, Емил Станков

„Помош за Геогебра,Oфицијален прирaчник 3.2“ - Линда

Стојановска со помош на студенти од Техничкиот

Факултет , Универзитет Св. Климент Охридски- Битола

„GeoGebra“ – Универзитет Фон

„GeoGebra “ – Природно Математички факултет Скопје

www.geogebra.org

www.edubuntu.org

www.edubuntu.mk

www.wikipedia.org

www.google.com

13

Page 14: Kreiranje sodrzina

Содржина:

1. Вовед

2. Општо за Едубунту

2.1 Како Едубунту е поврзан со Убунту и како Убунту е

поврзан со Дебиан

2.2 Едубунту е бесплатен софтвер во секоjа смисла

2.3 Како до Едубунту

2.4 Апликации во Едубунту

3. ГеоГебра

3.1 Повеќе претстави за математичките објекти

3.2 Елементи на Геогебра

4. Заклучок

14