114

Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Filozofsko-antropozofski sogleduvanja za izumiranjeto na politickite partii kako preduslov za napredkot na sekoja covecka zaednica

Citation preview

Page 1: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto
Page 2: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

2

ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ НА ТОЛСТОЈ: А СВЕТЛИНАТА СЈАЕ ВО ТЕМНИНАТА ...................................... 3

КАКО ПРОПАДНА КОМУНИЗМОТ: НОЌТА НА ДИВИТЕ СВИЊИ .................................................... 27

ИЗУМИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ – ПРЕДУСЛОВ ЗА НАПРЕДОК НА ЧОВЕШТВОТО ......................... 53 ЕВАНГЕЛИЕ НА БОГАТСТВОТО ................................................ 105

Page 3: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

3

Штефан Цвајг, извадок од збирката историски раскази „Ѕвездени мигови на човештвото”

Stefan Zweig, „Sternstunden der Menschheit”

БЕГСТВО КОН БОГА

Крајот на октомври 1910

Епилог кон незавршената драма на Лав Толстој

„А светлината сјае во темнината”

Во 1890 година Лав Толстој започнува лична биографија во драмски облик, која како фрагмент од неговата оставнина подоцна доживува објава и изведба под насловот: „А светлината сјае во темнината”. Оваа недовр-шена драма (веќе и првата сцена го најавува тоа) не е ништо друго освен најинтимно излагање на неговата домашна трагедија, пишувана очигледно како самооправдување за планираниот обид за бегство и воедно како извинување до неговата жена, значи едно дело на потполна морална рамнотежа среде крајна душевна растргнатост.

Толстој самиот себе се поставува во проѕирно сликовитиот лик на Николај Михелајевич Саринцев, и секако дека само ситници од трагедијата може да се сметаат за измислени. Несомнено дека Лав Толстој неа ја обликувал само за лично за себе да ја наслика нужната разврска на својот живот. Но ниту во делото, ниту во животот, ниту тогаш во годината 1890, ниту десет години подоцна во 1900, Толстој не ги пронајде храброста и обликот за одлуката и разрешницата. И поради оваа резигнација на волјата делото остана фра-гмент, завршувајќи со целосна беспомошност на јунакот кој само молбено ги крева рацете кон Бога, тој да биде со него и да ја оконча колебливоста за него.

Последниот чин што ѐ недостасува на трагедијата Толстој и подоцна не го напиша, но што е поважно: тој го живееше. Во последните октомвриски денови на годината 1910, четвртвековната колебливост најпосле се претвора во одлука, криза кон ослободување: тој бега после неколку крајно драматични расправии, и бега токму навреме за да ја најде онаа величе-ствена и достојна смрт, која на неговата животна судбина ѐ дава целосен облик и посвета.

Ништо сега мене не ми се чинеше поприродно отколку проживеаниот крај на трагедијата да се додаде на напишаниот фрагмент. Тоа и единствено тоа со највозможна историска верност и стравопочит пред фактите и докумен-тите јас пробав овде да го сторам. Јас воопшто не си вообразувам дека исповедта на Толстој можам еднакво вредно да ја употполнам, јас не се

Page 4: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

4

надоврзувам на делото, туку сакам само да му служам. Затоа тоа што се обидов јас овде не треба да важи како довршување, туку како самостоен епилог на едно незавршено дело и неразрешен конфликт, единствено наменет, на таа недовршена трагедија да ѐ даде свечен крај. Со тоа смислата на овој епилог и мојот стравопочитен напор се исполнети.

За една евентуална изведба мора да се нагласи дека овој епилог временски се одигрува шеснаесет години подоцна од „А светлината сјае во темнината”, и ова безусловно мора да биде видливо во надворешниот лик на Лав Толстој. Убавите слики од неговите последни години можат тука да послужат како урнек, особено онаа која го прикажува во манастирот Шамардино кај неговата сестра, но и фотографијата на смртната постела. Исто така и работната соба со нејзината потресна едноставност би требало да наликува на историската. Од чисто сценска гледна точка јас би сакал овој епилог (кој Толстој го нарекува со неговото вистинско име и повеќе не го крие зад двојникот Саринцев) по една поголема пауза да се приврзе на четвртиот чин од фрагментот „А светлината сјае во темнината”. Мојата намера никогаш не била самостојна изведба на епилогот.

Ликови на епилогот: Лав Николаевич Толстој (во осумдесет и третата година од животот) Софија Андреевна Толстој, неговата сопруга Александра Лавовна (викана Саша), неговата ќерка Секретарот Душан Петрович, домашен лекар и пријател на Толстој Иван Иванович Осолинг, раководител на железничката станица во Астапово Кирил Грегорович, полициски началник во Астапово Прв студент Втор студент Тројца патници Првите две сцени се одигруваат во последните октомвриски денови на 1910 година во работната соба на Јаснаја Полјана, последната на 31.октомври 1910 во чекалната на железничката станица во Астапово.

ПРВА СЦЕНА

Крај на октомври 1910 во Јаснаја Полјана. Работната соба на Толстој, едноставна и без украси, токму според познатата слика. Секретарот воведува двајца студенти. Според рускиот обичај тие се облечени во црни, високо закопчани блузи, двајцата млади, со остри лица. Тие се движат со потполно сигурен чекор, попрво надмено отколку бојазливо.

Page 5: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

5

Секретарот: Во меѓувреме сместете се, Лав Толстој нема да ве остави долго да чекате. Би сакал само да ве замолам да ја имате на ум неговата старост! Лав Толстој до толку ги сака разговорите, што често заборава на својата заморливост. Првиот студент: Ние сакаме Лав Толстој да го прашаме само малку, едно единствено прашање, за нас и за него секако одлучувачко. Ви ветувам дека ќе бидеме кратки ... доколку смееме слободно да зборуваме. Секретарот: Целосно. Колку помалку форми, толку подобро. А пред сЀ немојте да му се обраќате со „Ваша светлост”, тој тоа не го сака. Вториот студент (смеејќи се): За тоа од нас не треба да стравувате, сЀ, само тоа не. Секретарот: Еве го, веќе се качува по скалите. (Толстој влегува со брзи и такаречи ветровити чекори, подвижен и нервозен и покрај својата возраст. Додека зборува често во раката врти една писалка или кине на парченца некој лист хартија од нетрпение тој да земе збор. Тој брзо им пристапува, им подава рака, за миг ги погледнува остро и продорно, потоа се спушта во кожната фотелја спроти нив.) Толстој: Значи вие сте тие двајца што ми ги праќа Комитетот ... (Тој бара во едно писмо.) Простете, ги заборавив вашите имиња ... Првиот студент: Нашите имиња Ве молиме да ги сметате за сосем неважни. Ние кај Вас доаѓаме само како двајца од стотици илјади. Толстој (гледајќи ги остро): Имате ли некои прашања за мене? Првиот студент: Едно прашање. Толстој (кон вториот): А Вие? Вториот студент: Истото тоа. Ние сите имаме само едно прашање до Вас, Лаве Николаевичу Толстој, сите ние, целата револуционерна руска младина – и нема ниту едно друго: Зошто не сте со нас?! Толстој (мошне мирно): Тоа јас, како што се надевам, јасно го изговорив во моите книги, а освен тоа и во некои писма кои во меѓувреме станаа достапни. – Јас не знам дали вие лично сте ги читале моите книги? Првиот студент (возбудено): Дали сме ги читале Вашите книги, Лаве Толстој?! Чудно е тоа што нè прашувате. Читале – тоа би било премалку. Ние живеевме од Вашите книги, уште од нашето детство, а кога станавме младинци, Вие ги разбудивте срцата во нашите тела. Кој друг, ако не Вие, нè научи да ја видиме неправдата во поделбата на сите човечки добра – Вашите книги, само тие ги оттргнаа нашите срца од државата, од црквата и од владетелот, кој ја штити неправдата кон човештвото, наместо чове-штвото. Вие и само Вие нè предодредивте, сиот наш живот да го заложиме додека овој лажен поредок конечно да биде уништен ...

Толстој (сака да го прекине и вели): Но не со сила ...

Првиот студент (без воздржување надгласувајќи го): Откога научивме да зборуваме не постоеше ниту еден друг, кому бевме толку приврзани колку Вам. Кога се прашувавме, кој ќе ја отстрани оваа неправда, тогаш велевме: Тој! Кога прашувавме, кој еднаш ќе се крене и ќе ја урне оваа

Page 6: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

6

подлост, тогаш велевме: Тој ќе го стори тоа, тој, Лав Толстој. Ние бевме Ваши ученици, Ваши слуги, Ваши кметови. Јас длабоко верувам дека тогаш само на знак на Вашата рака веднаш би пошол во смрт, и смеев ли само пред неколку години да стапнам во оваа куќа, тогаш ќе се наведнев пред Вас како пред светец. Тоа бевте Вие за нас, Лаве Толстој, за стотици илјади од нас, за целата руска младина до пред само малку години – и жал ми е, жал ни е на сите нас, што оттогаш Вие ни станавте далечен, и безмалку наш противник.

Толстој (помеко): И што мислите дека требаше да сторам за да ви останам приврзан?

Првиот студент: Јас не можам да си ја дозволам вообразеноста да Ве учам. Вие сами знаете што е тоа што Ве оттуѓи од нас, од целата руска младина.

Вториот студент: Но зошто да не го изговориме тоа, премногу е важна нашата работа за љубезности. Вие морате конечно еднаш да ги отворите очите и да не бидете повеќе млаки наспроти страшните злодела на власта врз нашиот народ. Морате конечно да се кренете од Вашата работна маса и отворено, јасно, и невоздржано да застанете на страната на револуцијата. Вие знаете, Лаве Толстој, со каква свирепост беше задушено нашето движење, повеќе луѓе сега скапуваат во затворите отколку лисја во Вашата градина. А Вие, Вие сето тоа го гледате, пишувате можеби, така велат, одвреме навреме во некој англиски весник понекој напис за светоста на човечкиот живот. Но и самиот знаете дека против овој крвав терор денес зборовите веќе не помагаат, знаете толку добро колку и ние, дека сега единствено е нужен еден целосен преврат, една голема револуција, а само и еден Ваш збор може да ни донесе цела армија. Вие нас нè направивте револуционери, а сега, кога нејзиниот час е зрел, внимателно го одвраќате погледот и со тоа го одобрувате насилството!

Толстој: Никогаш не сум го одобрувал насилството, никогаш! Веќе триесет години ја имам напуштено мојата работа само за да се борам против злоделата на сите властодршци. Веќе триесет години – вие сеуште не сте биле ни родени – јас барам, порадикално од вас, не само подобрување, туку целосно нов поредок на социјалните односи.

Вториот студент (прекинувајќи го): И?! Што Ви позволија? Што ни дадоа овие триесет години? Бичот на душоборците кои ја исполнија својата мисија, и шест куршуми во градите. Што се подобри во Русија од Вашите милодушни настојби, од Вашите книги и брошури? Зарем најпосле не согледувате дека на тие угнетувачи уште им помагате правејќи го народот трпелив и страдалив, тешејќи го со илјадагодишното царство? Не, Лаве Толстој, не помага ништо, тој надмен род да се повикува во името на љубовта, дури и да зборувате со ангелски јазик. Овие царски поданици нема ниту една рубља да извадат од џебот во името на Вашиот Христос,

Page 7: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

7

ниту еден цол нема да се повлечат додека не ја осетат нашата тупаница по грклан. Доволно долго чекаше народот на Вашата братска љубов, сега нема повеќе чекање, сега отчукува часот за дејство.

Толстој (прилично жестоко): Јас знам, дури и „свето дело” го нарекувате вие тоа во вашите прокламации, свето дело, „да се предизвикува омраза”. Но јас не познавам никаква омраза, јас не сакам да ја познавам, дури и кон оние што се огрешуваат спрема својот народ. Зашто кој чини зло, тој е понесреќен во својата душа од оној што страда под злото – јас него го сожалувам, но не го мразам.

Првиот студент (луто): Но јас го мразам секого кој чини неправда кон човештвото – безобѕирно како крволочни ѕверови јас ги мразам сите нив! Не, Лаве Толстој, никогаш мене нема да ме научите на сожалување со тие злобници!

Толстој: И злобникот е сеуште мој брат.

Првиот студент: Па дури и да е мој брат и дете на мојата мајка, му носи ли страдање на човештвото, јас него ќе го уништам како лудо куче. Не, нема повеќе милост за безмилосните! Нема да дојде мир на оваа руска земја сè додека лешевите на царевите и бароните не стигнат под неа; нема да дојде човечки и морален поредок, сè додека ние не го изнудиме.

Толстој: Никаков морален поредок не може да се изнуди со насилство, зашто секое насилство неизбежно раѓа ново насилство. Штом посегнете по оружје, вие создавате нов деспотизам. Наместо да го уништите, вие ќе го овековечите.

Првиот студент: Но не постои средство против моќниците, освен уништување на моќта.

Толстој: Можеби, но човек никогаш не смее да го употреби средството кое самиот го осудува. Вистинската сила, верувајте ми, не му возвраќа на насилството со насилство. Таа му ја одзема моќта со попустливост. Во Евангелието стои запишано ...

Вториот студент (прекинувајќи го): Ах, оставете го Евангелието. Поповите одамна направија од него варено вино за да го затапат народот. Тоа важело пред две илјади години и уште тогаш никому не помогнало, инаку светот не би бил дупка полн со беда и крв. Не, Лаве Толстој, со библиски изреки денес не може да се премости јазот помеѓу ограбувачите и ограбените, помеѓу господарите и кметовите: премногу јад и чемер лежи помеѓу овие два брега. Илјадници верни и чесни луѓе чемреат денес во Сибирските и другите зандани, утре ќе бидат десетици илјади. И Ве прашувам јас Вас, треба ли навистина сите овие невини луѓе и понатаму да се мачат поради грст виновници?

Толстој (соземајќи се): Подобро да се мачат, отколку повторно да се пролева крв; токму невината мака е добра и корисна против неправдата.

Page 8: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

8

Вториот студент (бесно): Добра ја нарекувате бескрајната, илјада-годишната мака на рускиот народ?! Па појдете во затворите, Лаве Толстој, и прашајте ги бичуваните, прашајте ги гладните во нашите села и градови, дали навистина е толку добра таа мака.

Толстој (луто): Во секој случај подобра отколку вашето насилство! Зарем вие навистина верувате дека со вашите бомби и револвери конечно ќе го истерате злото од светот? Не, тогаш злото делува во вас самите, а јас повторно ви велам, стопати подобро е човек да страда за некое убедување, отколку за него да убива.

Првиот студент (исто така луто): Па ако е така добро и благотворно да се страда, Лаве Толстој, зошто тогаш не страдате и Вие самиот? Зошто секогаш го славите и воздигнувате мачеништвото кај другите, а самиот си седите на топло во својата куќа и јадете од сребрени чинии, додека Вашите селани – јас го видов тоа – одат во партали и полуизгладнети се смрзнуваат во куќарките? Зошто не дадете да Ве бичуваат Вас наместо Вашите духо-борци, кои се мачени поради нивното учење? Зошто конечно не ја напуштите оваа грофовска куќа и не излезете на улица, на ветерот и мразот и дождот, да ја запознаете малку поблизу наводно толку убавата сирома-штија? Зошто секогаш само зборувате, а не делувате според Вашето учење? Зошто најпосле Вие самиот не дадете пример?!

Толстој (за миг се повлекува во себе. Секретарот скокнува пред студентот и огорчен сака да го укори, но Толстој веќе се прибира и благо го турка настрана): Оставете пријателе. Прашањето ... кое овој млад човек го упати на мојата совест ... беше добро ... едно добро, едно сосема одлично, едно навистина нужно прашање. Јас ќе се потрудам искрено да го одговорам. (Тој пристапува мал чекор поблизу, се колеба, се созема, неговиот глас станува рапав и завиен.) Вие ме прашувате, зошто не ја земам маката на себе, согласно моето учење и моите зборови. А јас на тоа ви одговарам со исклучителен срам: ако досега ја избегнував мојата најсвета должност, тоа беше ... тоа беше ... бидејќи јас сум ... премногу плашлив, премногу слаб и премногу неискрен, еден низок, ништожен, грешен човек ..., бидејќи Бог до ден денешен сеуште не ми даде сила, конечно да го сторам неодложното. Ужасно зборувате вие млад, туѓ човеку во мојата совест. Јас знам дека не сум го сторил ниту илјадитиот дел од тоа што е нужно, признавам во срам, дека веќе одамна ... одамна моја должност беше да го напуштам луксузот на оваа куќа и жалниот начин на мојот живот, кој го чувствувам како грев, и, точно како што велите вие, како богомолец да одам по улиците, но не знам друг одговор, освен тој дека се срамам најдлабоко во душата и се наведнувам над мојата сопствена жалосност. (Студентите се повлекле еден чекор назад и трогнати молчат. Пауза. Потоа Толстој продолжува со уште потивок глас): Но можеби ... можеби сепак страдам ... можеби страдам токму поради тоа што не можам да бидам доволно силен и искрен, да го исполнам мојот збор пред луѓето.

Page 9: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

9

Можеби токму тука страдам повеќе од мојата совест, отколку од најстра-шните маки на телото, можеби Бог токму овој крст ми го исковал и оваа куќа ми ја направил поболна, отколку да лежам по затворите со синџири на нозете ... Но вие имате право, бесполезна останува оваа мака, зашто е само моја мака, а јас се возвишувам, сакам со неа уште и да се славам.

Првиот студент (малку засрамен): Ве молам да ми простите, Лаве Николаевичу, доколку во мојот жар допрев во лични работи ...

Толстој: Не, не, напротив, јас ви благодарам! Оној што ќе ја растресе нашата совест, па било да е тоа и со тупаници, ни направил добро. (Молк. Повторно Толстој со помирен глас:) Имате ли некое друго прашање за мене?

Првиот студент: Не, тоа беше нашето единствено прашање. Јас верувам дека е голема несреќа за Русија и за целото човештво, што Вие ни ја откажувате Вашата поддршка. Зашто никој повеќе нема да го запре овој преврат, оваа револуција, а јас верувам, таа ќе биде страшна, пострашна од било која на земјава. Тие кои се одредени неа да ја водат, тоа ќе бидат челични мажи, мажи со безобѕирна одлучност, мажи без милост. Да застаневте Вие на нашиот врв, Вашиот пример ќе придобиеше милиони, и така ќе имаше помалку жртви.

Толстој: Да се работи само и за еден живот, за чија смрт јас ќе бидам виновен, никогаш нема да можам да се оправдам пред мојата совест.

(Куќното ѕвоно одѕвонува од долниот спрат)

Секретарот (кон Толстој, за да го прекине разговорот): Ѕвони за ручек.

Толстој (горко): Да, јадење, брборење, спиење, одмарање, брборење – така го живееме ние нашиот безделнички живот, а за тоа време другите работат и така му служат на Бога.

Вториот студент: Значи на нашите пријатели не можеме да им однесеме ништо друго освен Вашиот отказ? Нема ли да ни дадете ниту збор на охрабрување?

Толстој (го гледа остро, размислувајќи): Кажете им го на Вашите пријатели во мое име следново: Јас ве љубам и ве почитувам, млади руски луѓе, зашто вие толку силно го сочувствувате страдањето на вашите браќа, и сакате да го вложите својот живот, за да го подобрите нивниот. (Неговиот глас станува тврд, силен и отсечен.) Но понатаму не можам да ве следам, и одбивам да бидам со вас, штом ја одрекувате човечката и братската љубов кон сите луѓе.

(Студентите молчат. Потоа одлучно истапува вториот студент и тврдо вели:)

Вториот студент: Ви благодариме што нè примивте, и Ви благодариме за Вашата искреност. Веројатно нема никогаш повеќе да стојам пред Вас – па

Page 10: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

10

затоа дозволете ми мене, на непознатиот Никој, еден отворен збор за збогум: Јас Ви велам, Лаве Толстој, Вие грешите кога верувате дека човечките односи можат да се подобрат само со љубов: тоа може да важи за богатите и за безгрижните. Но оние, кои од самото детство гладуваат и целиот живот венеат под власта на нивните господари, тие се уморни, уморни и понатаму да чекаат на слегувањето на братската љубов од Христовото небо, тие попрво сакаат да им веруваат на своите тупаници. И јас Ви велам во предвечерието на нивната смрт, Лаве Николаевичу Толстој: светот уште и ќе се задуши во крв, и не само господарите, туку и нивните деца ќе бидат убиени и исечени на парчиња, за светот и од нив да нема повеќе да очекува ништо погано. Нека Вам ви биде поштедено, тогаш сеуште да бидете очевидец на Вашата заблуда – ова Ви го пожелувам од срце! Бог нека ви подари мирна смрт!

(Толстој отстапува мошне ужаснат од жестокоста на распламтениот млад човек. Потоа се созема, му пристапува и сосема скромно му вели:)

Толстој: Ви благодарам и јас вам, особено за последните зборови: вие ми го пожеливте тоа за што копнеам во последните триесет години – смрт во мир со Бога и со сите луѓе. (Двајцата се поклонуваат и заминуваат; Толстој долго време гледа по нив, потоа возбудено почнува да оди ваму таму и восхитено му вели на секретарот:) Колку ли чудесни младинци се тоа, колку смели, горди и силни, овие млади руски луѓе! Прекрасна, прекрасна е оваа верна, усвитена младина! Таква ја познавам уште од Севастопол, пред шеесет години; со сосема истиот слободен и дрзок поглед одеа во смрт, во секаква опасност – пркосни и спремни со насмевка да умрат за едно Ништо, нивниот живот, чудесниот млад живот да го фрлат за еден шуплив орев, за зборови без содржина, за идеја без вистина, само од радост кон преда-носта. Чудесна, оваа вечна руска младина! И им служи со сиот овој жар и сила на омразата и убиството како на некои свети нешта! А сепак, тие ми направија добро! Ме растресоа овие двајца луѓе, зашто навистина, тие имаат право, нужно е конечно да се издигнам над мојата слабост и да застанам зад мојот збор! Два чекори од смртта и сеуште се колебам! Навистина, исправното човек може да го научи само од младината, само од младината!

(Вратата нагло се отвора, грофицата влетува како остра промаја, нервозна, иритирана. Нејзините движења се несигурни, очите постојано ѐ лутаат од еден предмет на друг. Човек чувствува дека додека зборува таа размислува нешто друго и дека е растргната од некој внатрешен, треперлив немир. Таа бегло го погледнува секретарот како да е воздух, и му зборува само на својот маж. Зад неа брзо влегува Саша, нивната ќерка; се добива впечаток како таа да ја следела мајка си за да ја надгледува.)

Грофицата: Веќе ѕвонеше за ручек, а од пред половина час долу чека уредникот на „Дејли телеграф” поради твојот напис против смртната казна,

Page 11: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

11

а ти го оставаш да чека поради вакви момчиња. Каков невоспитан, дрзок народ! Кога слугата долу ги праша дали се најавени кај грофот, едниот одговори: Не, ние не сме најавени кај никаков гроф, туку кај Лав Толстој. И ти се впушташ во разговор со такви мрсулави будалетинки кои сакаат светот да го направат брлив како нивните сопствени глави! (Таа немирно се обѕрнува по собата.) Како е овде сè расфрлано, книги по подот, сè испревртено и полно со прашина, навистина ќе биде срамота ако влезе некој угледен. (Таа се приближува до фотелјата и ја допира.) Колку е распарталено ова платно, за срам. Не, ова повеќе не може да се гледа. За среќа што утре доаѓа тапацирот од Тула, тој веднаш ќе мора да ја поправи и оваа фотелја. (Никој не ѐ одговара. Таа немирно гледа ваму таму.) Значи те молам доаѓај поскоро! Не можеме да го оставиме господинот уште да чека.

Толстој (одеднаш многу блед и вознемирен): Веднаш доаѓам, имам тука само уште ... нешто да средам ... Саша ќе ми помогне ... Прави му ти во меѓувреме друштво на господинот и извини ме, веднаш ќе дојдам. (Грофицата заминува откако претходно фрла еден искричав поглед по целата соба. Само што таа излегува од собата, Толстој се фрла кон вратата и брзо го завртува клучот.)

Саша (исплашена од неговата жестокост): Што ти е?

Толстој (многу возбуден со раката притисната на срцето, пелтечејќи): Тапацирот утре ... фала му на Бога ... сеуште има време ... фала му на Бога.

Саша: Но што се случува ...

Толстој (растреперен): Нож, брзо еден нож или ножица ... (Секретарот со зачуден поглед му ја подава ножицата што стои на работната маса. Со нервозна брзина, повремено плашливо погледнувајќи кон затворената врата, Толстој почнува со ножицата да ја проширува цепнатината на остарената фотелја, потоа со рацете немирно опипува во внатрешноста и најпосле вади едно запечатено писмо.) Ете – зарем не? ... ова е смешно ... смешно и неверојатно, како во некој мизерен француски колпортерски роман ... срам без крај ... Така морам јас, човек при здрав ум, во својата сопствена куќа во осумдесет и третата година да ги кријам моите најважни хартии, зашто сè ми се преобраќа, зашто некој постојано е зад мене, зад секој збор и тајна! Ах, каков срам, каков пекол е мојот живот овде во оваа куќа, каква лага! (Тој малку се смирува, го отвора писмото и го чита; кон Саша:) Пред тринаесет години го напишав ова писмо, тогаш кога требаше да ја напуштам мајка ти и оваа пеколна куќа. Ова беше проштално писмо до неа, збогување за кое тогаш не смогнав храброст. (Тој го шушка писмото во треперливите раце и чита полугласно за себе:) „ ... За мене сепак повеќе е невозможно овој живот, кој го водам од пред шеснаесет години, да го продолжам, во кој од една страна се борам против вас и морам притоа вас да ве раздразнувам. Затоа се одлучив да го направам тоа што требаше да го

Page 12: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

12

направам одамна, имено да побегнам ... Ако ова го направев отворено, тогаш ќе имаше горчина. Можеби кај мене ќе се појавеше слабост и мојата одлука немаше да ја спроведам, а која сепак мора да биде спроведена. Простете ми значи, ве молам за тоа, ако мојов чекор ви причинува болка, а пред сè ти Соња, отпушти ме со добра волја од твоето срце, не барај ме, не жали се на мене, не осудувај ме.” (Тешко воздивнувајќи:) Ах, тринаесет години оттогаш, тринаесет години продолжив да се мачам, и секој збор е сеуште вистинит како и тогаш, а мојот денешен живот исто толку слаб и кукавички. Сеуште, сеуште не сум избегал, сеуште чекам и чекам, а не знам што. Секогаш сè јасно знаев, и секогаш погрешно постапував. Секогаш бев премногу слаб, секогаш без волја против неа! Писмото го сокрив овде како некое учениче кое валканата книга ја крие пред учителот. А тестаментот, во кој тогаш ја молев сопственоста над моите дела да се подари на целото човештво, го предадов во нејзини раце, само за да има мир во куќава, наместо мир во мојата совест.

(Пауза.)

Секретарот: И верувате ли Вие, Лаве Николаевичу – ќе ми го дозволите сепак прашањево, зашто поводот произлезе така неочекувано ... верувате ли ...., дека, ако ... ако Бог ве отповика ..., дека тогаш оваа Ваша последна, неодложна желба, да се откажете од сопственоста над Вашите дела, навистина ќе биде исполнета?

Толстој (престрашен): Се разбира ... всушност ... (немирно:) Не, сепак не знам ... Што мислиш ти, Саша?

Саша (ја врти главата на страна и молчи).

Толстој: Боже мој, на тоа не помислив. Или не: еве повторно, повторно не сум целосно искрен: - не, јас само не сакав да мислам на тоа, јас повторно избегнував, како што секогаш ја избегнувам секоја јасна и права одлука. (Остро го погледнува секретарот.) Не, јас знам, јас знам сосема одредено, мојата жена и синовите, тие мојата последна волја ќе ја почитуваат толку малку, колку што денес ја почитуваат мојата вера и мојата душевна должност. Тие со моите дела ќе се ценкаат и ќе тргуваат, па дури и по мојата смрт пред луѓето ќе бидам лажго на својот збор. (Тој прави одлучно движење.) Но тоа не може, тоа не смее да се случи! Конечно еднаш јасност! Како рече оној студент денеска, тој вистинит, искрен човек? Светот бара од мене дело, конечно искреност, една јасна, чиста и еднозначна одлука – тоа беше знак! Со осумдесет и три години човек повеќе не смее да ги затвора очите пред смртта, човек мора да ѐ погледне в лице и отсечно да ги донесува одлуките. Да, добро ме опоменија овие туѓи луѓе: секое неделување секогаш крие само кукавичлук на душата. Човек мора да биде јасен и вистинит, и јас најпосле ќе бидам тоа, сега во мојот дванаесетти час, во осумдесет и третата година. (Тој се свртува кон секретарот и својата ќерка.) Саша и Владимир Георгиевич, утре ќе го

Page 13: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

13

направам мојот тестамент, јасен, цврст, обврзувачки и неприкосновен, во кој приходот од сите мои дела, сите тие валкани пари, кои бујат над нив, ќе ги подарам на сите, на целото човештво – не смее да се води никаква трговија со зборот кој го искажав и напишав за сите луѓе од нужноста на мојата совест. Дојдете утре претпладне, донесете и втор сведок – не смеам веќе да се колебам, инаку смртта може да ми ја задржи раката.

Саша: Само уште еден миг, татко. Не дека сакам да те одвраќам, но се плашам од тешкотии кога мајка ми ќе нè види овде четворица. Веднаш ќе се посомнева, и можеби твојата волја во последен миг ќе ја наруши.

Толстој (размислувајќи): Имаш право! Не, тука во оваа куќа не можам ништо чисто, ништо право да извршам: тука целиот живот станува лага. (кон секретарот:) Уредете го тоа така, утре во 11 часот претпладне да се сретнеме во шумата Грумонт, кај големото дрво одлево зад р’жаното поле. Јас ќе се преправам како да одам на моето вообичаено јавање. Припремете сè, а таму се надевам Господ ќе ми даде цврстина, конечно да се ослободам од последниот оков.

(Ѕвоното за ручек одекнува жестоко по втор пат.)

Секретарот: Но сега не дозволувајте грофицата било што да забележи, инаку сè е загубено.

Толстој (тешко дишејќи): Одвратно, постојано мораш да се преправаш, постојано да се криеш. Човек сака да биде вистинит пред светот, сака да биде вистинит пред Бога, сака да биде вистинит пред себе, а не смее да биде тоа пред своите жена и деца! Не, така не може да се живее, така не може да се живее!

Саша (ужасната): Мајка ми!

(Секретарот брзо го одвртува клучот на вратата, Толстој, за да ја скрие возбудата, оди кон работната маса и останува таму, со грбот свртен кон вратата).

Толстој (офкајќи): Лажењето во оваа куќа ме труе – ах, кога би можел човек само еднаш да биде целосно искрен, искрен барем пред смртта!

Грофицата (влегува забрзано): Зошто не доаѓате? Секогаш ти треба толку долго.

Толстој (свртувајќи се кон неа, неговиот израз на лицето е веќе потполно мирен, и бавно вели, со нагласок разбирлив само за другите): Да, имаш право, секогаш и за сè ми треба многу долго. Но сепак е важно само едно: на човека да му остане време, правовремено да го направи правото.

Page 14: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

14

ВТОРА СЦЕНА

Во истата соба. Доцна навечер наредниот ден.

Секретарот: Денес треба да си легнете порано, Лаве Николаевичу, мора да сте уморни по долгото јавање и возбудувањата.

Толстој: Не, воопшто не сум уморен. Уморен човека го прави само едно: колебливоста и несигурноста. Секое делување ослободува, дури и лошото е подобро од неделувањето. (Оди по собата ваму таму). Не знам дали денес правилно постапив, морам прво да си ја прашам совеста. Тоа што моите дела им ги вратив на сите ми ја направи душата лесна, но верувам дека овој тестамент не смеев да го направам тајно, туку отворено пред сите и со смелоста на убедувањето. Можеби го направив недостојно, тоа што за волја на вистината требаше да биде направено слободоумно – но фала му на Бога, сега е веќе готово, една скала понатаму во животот, една скала поблизу до смртта. Сега останува само уште најтешкото, последното: во прав час да се отползи во густежот како животно, кога ќе дојде крајот, зашто во оваа куќа мојата смрт ќе биде невистинита како и мојот живот. Осумдесет и три години сум стар, и сеуште, сеуште не смогнувам сила потполно да се откинам од земното, и можеби ќе го пропуштам правиот час.

Секретарот: Кој го знае својот час! Кога човек би го знаел, сè би било добро.

Толстој: Не, Владимире Георгиевичу, тоа воопшто не би било добро. Не ја познавате ли старата легенда, еден селанец еднаш ми ја раскажа, како Христос им го одземал на луѓето знаењето за смртта? Претходно секој однапред го знаел часот на својата смрт, а кога Христос еднаш дошол на земјата, тој забележал дека некои селани не ја обработуваат земјата и живеат како грешници. Кога тој прекорил еден од нив поради неговата немарност, грешникот само промрморил: за кого треба тој сеуште да ја сее земјата, кога нема да ја види жетвата. Тогаш Христос сфатил дека е лошо луѓето однапред да ја знаат својата смрт, па им го одземал тоа знаење. Оттогаш селаните мора да ја обработуваат земјата до последниот ден, како да ќе живеат вечно, и тоа е право, зашто само низ работата човек е дел од вечноста. Така и јас уште вечерва (покажува на својот дневник) ќе го обработам моето секојдневно поле.

(Жестоки чекори однадвор, грофицата влегува, веќе во ноќна наметка, и фрла злобен поглед кон секретарот.)

Грофицата: Ах така ... јас мислев дека конечно си сам ... сакав да разговарам со тебе ...

Секретарот (се поклонува): Јас веќе заминувам.

Page 15: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

15

Толстој: Со здравје, драг Владимире Георгиевичу.

Грофицата (само што се затвара вратата зад него): Секогаш е тука, како ползавец се закачил за тебе ... а мене, мене ме мрази, сака да ме оддалечи од тебе, овој лош, подмолен човек.

Толстој: Неправична си спрема него, Соња.

Грофицата: Не сакам да бидам правична! Тој се втурна помеѓу нас, те украде од мене, те оттуѓи од децата. Ништо јас веќе не важам откако е тој тука. Ниту куќата. Ти сега му припаѓаш на целиот свет, само не нам, на твоите најблиски.

Толстој: Да го можев само тоа, но вистински. Всушност така сака и Бог, човекот да им припаѓа на сите, и да не задржува ништо за себе и за своите.

Грофицата: Да, знам, тој те наговара на тоа, овој крадец спрема моите деца, знам, тој те осилува против сите нас. Затоа не го поднесувам повеќе во куќава, тоа хушкало, воопшто не го сакам.

Толстој: Но Соња, ти сепак знаеш дека тој ми треба во мојата работа.

Грофицата: Можеш да најдеш стотина други! (одмавнувајќи:) Не ја поднесувам неговата близина. Не го сакам тој човек помеѓу мене и тебе.

Толстој: Соња, драга, те молам не се возбудувај. Дојди, седни овде, да си позборуваме мирно, сосема мирно како во поранешните времиња, кога ни почнуваше животот – помисли сепак Соња, уште колку малку ни останува од добрите зборови и од добрите денови! (Грофицата немирно разгледува околу себе и треперејќи седнува во фотелјата.) Види Соња, тој човек ми треба – можеби ми треба само затоа што сум слаб во мојата вера, зашто, Соња, јас не сум така силен, како што посакувам да бидам. Тоа ми го потврдува секој ден, многу илјади луѓе се некаде далеку на светот кои ја споделуваат мојата вера, но разбери го ова, такво е нашето земно срце; него му треба, за да остане сигурно во себе, барем од еден човек блиска, вдишувачка, видлива, осетлива, дофатлива љубов. Можеби светците можеле и без помошници во своите ќелии да делуваат сами и дури и без сведоци да не очајуваат, но види Соња, јас сепак не сум никаков светец – јас не сум ништо друго освен еден многу слаб и веќе стар човек. Затоа морам да имам во близина некој, кој ја дели мојата вера, оваа вера, која сега е најскапото нешто на мојот стар, осамен живот. Мојата најголема среќа се разбира ќе беше таа, ако самата ти, ти, која веќе четириесет и осум години благодарно ја почитувам, ако ти земеше учество во мојата религиозна свест. Но Соња, ти тоа никогаш не го сакаше. Тоа што стана најскапоценото нешто за мојата душа, на тоа ти гледаш без љубов, па дури и се плашам, дека го гледаш со омраза. (Грофицата прави неодредено движење.) Не Соња, не разбирај ме погрешно, не те обвинувам. Мене и на светот ти му го даде тоа што можеше да му го дадеш, многу мајчинска љубов и пожртвувана грижа; како би можела да дадеш жртва за едно

Page 16: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

16

убедување, кое не го соживуваш во својата душа. Како би можел да те обвинувам што моите најдлабоки мисли не ги споделуваш – сепак духовниот живот на еден човек, неговите последни мисли, секогаш остануваат тајна помеѓу него и неговиот бог. Но погледни, тука дојде еден човек, конечно еден во мојата куќа, кој претходно самиот страдал во Сибир за своето убедување, и сега го споделува моето, помошник ми е и мил гостин, ми помага и ме осилува во мојот внатрешен живот – зошто не сакаш да ми го оставиш овој човек?

Грофицта: Затоа што те оттуѓи од мене, а тоа не можам да го поднесам, тоа не можам да го поднесам. Тоа ме збеснува, тоа ме разболува, зашто точно чувствувам, сè што правите е против мене. Денес напладне повторно го затеков како брзо сокри едно парче хартија, и ниеден од вас не можеше да ме погледне право в очи: ниту тој, ниту ти, и ниту Саша! Сите вие криете нешто од мене. Да, јас го знам тоа, го знам тоа, вие правите нешто лошо против мене.

Толстој: Се надевам дека Бог, на дофат на мојата смрт, ќе ме поштеди од тоа, свесно да направам некакво зло.

Грофицата (френетично): Значи ти не одрекуваш дека правите нешто тајно ... нешто против мене. Ах, ти знаеш, пред мене не можеш да лажеш како пред другите.

Толстој (жестоко избувнувајќи): Јас лажам пред другите?! Ти ми го велиш тоа, ти, поради која јас пред сите изгледам како лажго. (Соземајќи се:) Ох, се надевам во Бога, дека гревот на лагата нема свесно да го сторам. Можеби мене, на слабиот човек, не ми е дадено секогаш да ја зборувам целата вистина, но сепак верувам дека поради тоа не сум лажго, не сум измамник спрема луѓето.

Грофицата: Тогаш кажи ми што направивте – какво писмо беше тоа, каква хартија ... немој да ме мачиш повеќе ...

Толстој (приближувајќи ѐ се, многу благо): Софија Андреевна, не те мачам јас, туку ти се мачиш самата, затоа што повеќе не ме љубиш. Ако сеуште имаше љубов во тебе, тогаш ќе имаше и доверба во мене – доверба дури и тогаш, кога нема да ме разбереш. Софија Андреевна, те молам погледни внатре во себе: четириесет и осум години живееме заедно! Од овие многу години можеби сеуште ќе најдеш некаде од заборавените времиња, во некој набор на твоето битие, малку љубов кон мене: тогаш те молам, земи ја таа искра и распали ја, обиди се уште еднаш да бидеш каква што беше така долго: заљубена, доверлива, блага и предана; зашто, Соња, понекогаш се ужаснувам каква си сега спрема мене.

Грофицата (потресена и возбудена): Јас не знам веќе каква сум. Да, ти имаш право, станав одвратна и злобна. Но кој може да го поднесе тоа, да гледа како се мачиш да бидеш нешто повеќе од човек – оваа помама да се

Page 17: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

17

живее со Бога, овој грев. Зашто грев, да, грев е тоа, надменост, вообразеност, а не понизност, така да му се наметнуваш на Бога и да ја бараш вистината, која нам ни е ускратена. Порано, порано, тогаш сè беше добро и јасно, живеевме како сите други луѓе, чесно и чисто, ја имавме нашата работа и нашата среќа, децата растеа, па уште тогаш се радувавме и на староста. И одеднаш мораше да те обземе тоа, тогаш пред триесет години, тоа страшно лудило, оваа вера, која тебе и сите нас нè прави несреќни. Што можам јас тука, што и ден денешен тоа сеуште не го разбирам, каква смисла има тоа, што чистиш ќумбиња, и носиш вода, и поправаш стари чизми, ти, кого светот го сака како свој најголем уметник. Не, тоа сеуште не може да ми влезе в глава - зошто нашиот чист живот, вреден и штедлив, мирен и едноставен, зошто одеднаш стана грев спрема другите луѓе. Не, јас не можам да го разберам тоа, не можам.

Толстој: (многу благо): Види Соња, токму тоа и ти го кажав: таму каде што не можеме да се разбереме, токму таму мораме, благодарение на силата на нашата љубов, да си веруваме. Така е тоа со луѓето, така е тоа и со Бога. Навистина ли мислиш дека си присвојувам да ја знам вистината? Не, воопшто не, туку само верувам дека тоа што човек го прави чесно, тоа за што толку горко се мачи, дека тоа пред Бога и пред луѓето не може да биде без смисла и вредност. Така и ти, Соња, обиди се малку да веруваш таму каде што не можеш да ме сфатиш, имај доверба барем во мојата волја за правото, и сè, сè ќе биде повторно добро.

Грофицата (немирно): Но тогаш ќе ми кажеш сè ... ќе ми кажеш сè што сторивте денес.

Толстој (многу мирно): Ќе ти кажам сè, ништо повеќе нема да кријам и тајно да правам во мојата трошка живот. Ќе причекам само да се вратат Серјошка и Андреј, тогаш ќе стапам пред сите вас и искрено ќе ви кажам што одлучив во овие денови. Но во овој кус рок, остави ја твојата недоверба и не следи ме – ова е мојата единствена, мојата највнатрешна молба, Софија Андреевна, дали ќе ми ја исполниш?

Грофицата: Да ... да ... секако .... секако.

Толстој: Ти благодарам. Гледаш колку сè станува лесно со отвореност и доверба! Колку е добро што разговаравме мирно и пријателски. Повторно ми го стопли срцето. Зашто види, кога влезе тука, темна недоверба лежеше на твоето лице, туѓа ми беше поради немирот и омразата, и јас не те препознав како таа од некогаш. Сега твоето чело е повторно јасно, и повторно ги препознавам твоите очи, Софија Андреевна, твоите момински очи од некогаш, добри и мене наклонети. Но сега одмори се, ти љубов моја, доцна е! Ти благодарам од сè срце. (Тој ја бакнува во челото, грофицата заминува, на вратата уште еднаш се завртува возбудена.)

Грофицата: Но ќе ми кажеш сè? Сè?

Page 18: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

18

Толстој (сеуште целосно мирен): Сè Соња. А ти помни го твоето ветување.

(Грофицата полека се оддалечува со еден немирен поглед врз работната маса.)

Толстој (повеќе пати оди во собата наваму натаму, потоа седнува за работната маса, пишува неколку зборови во дневникот. После кусо време станува, оди горе долу, повторно седнува за масата, замислено прелистува низ дневникот и полугласно го чита напишаното): „Се трудам спрема Софија Андреевна да бидам смирен и цврст колку што можам, и верувам дека мојата цел, неа да ја смирам, повеќе или помалку ќе ја постигнам ... Денес за првпат ја видов можноста, со добро и со љубов да ја направам попустлива ... Ах, ако сепак ...” (Тој го положува дневникот, тешко вдишува, за најпосле да прејде во соседната соба и таму да запали светло. Потоа повторно се враќа, со мака ги соблекува тешките селски чевли, ја одложува наметката. Потоа го гасне светлото и оди, бос во широките панталони и работната кошула, во својата спална соба.)

(Извесно време собата останува потполно мирна и темна. Ништо не се случува. Не може да се слушне ниту здив. Одеднаш со крадешка претпазливост тивко се отвора влезната врата на работната соба. Некој чекори со боси нозе во како дупка црниот простор, во рацете еден фенер, кој сега свртен кон публиката фрла тесен сноп на подот. Тоа е грофицата. Плашливо погледнува околу себе, прво ослушнува на вратата на спалната соба, потоа се прикрадува, очигледно смирена, кон работната маса. Исправениот фенер сега го осветлува во бел круг среде мракот само просторот околу работната маса. Грофицата, од која можат да се видат само треперливите раце во осветлениот круг, најпрво го зграбува оставениот ракопис, почнува со нервозен немир да чита во дневникот, најпосле внимателно почнува да ги отвора фиоките една по друга, претура сè позабрзано по хартиите, без да пронајде нешто. Конечно со брзо движење повторно го зема фенерот и се извлекува надвор. Нејзиното лице е потполно смутено како на некој месечар. Едвај што се затвора вратата зад неа, Толстој нагло ја отвора вратата на спалната соба. Во раката држи свеќа која трепери ваму таму, толку страшно возбудата го тресе стариот човек: тој ја ослушнувал својата жена. Веќе се задава по неа, веќе ја фаќа кваката на влезната врата, но одеднаш жестоко се свртува назад, мирно и решително ја остава свеќата на работната маса, оди до вратата на другата страна и сосема тивко и внимателно тропа на неа.)

Толстој (тивко): Душан ... Душан ...

Гласот на Душан (одвнатре од собата): Вие ли сте тоа, Лаве Николаевичу?

Толстој: Потивко, потивко, Душан! И дојди веднаш тука ...

Page 19: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

19

Душан (излегува од собата, и тој исто така полуоблечен.)

Толстој: Разбуди ја мојата ќерка Александра Лавовна, нека дојде веднаш овде. Потоа брзо отрчи во шталата и нареди му на Григор да ги впрегне коњите, но тоа да го направи сосема тивко, никој во куќата да не забележи ништо. И ти да ми бидеш многу тивок! Не обувај чевли, и внимавај, вратите крцкаат. Мораме да бегаме, неодложно – немаме воопшто време за губење.

(Душан брзо заминува. Толстој седнува, одлучно ги обува повторно чизмите, го зема палтото, оди брзо до работната маса, бара некои хартии и ги зграпчува. Неговите движења се енергични, повремено трескавични. Додека на работната маса сега фрла неколку зборови на еден лист хартија, неговите рамена потреперуваат.)

Саша (влегувајќи тивко): Што се случува татко?

Толстој: Заминувам, бегам ... конечно ... конечно е одлучено. Пред еден час ми се заколна дека ќе има доверба во мене, а сега, во три часот ноќе, таа кришум упадна во мојата соба да пребарува по хартиите ... Но тоа беше добро, тоа беше многу добро ... тоа не беше нејзина волја, тоа беше нечија друга волја. Колку често му се молев на Бога, да ми даде знак, кога ќе дојде времето – сега ми беше даден, зашто сега имам право да ја напуштам, таа која ја напушти мојата душа.

Саша: Но каде одиш татко?

Толстој: Не знам, не сакам да знам ... некаде, само подалеку од невистината на ова битисување ... било каде ... има многу патишта на светот, и некаде веќе чека некоја слама или некој кревет, каде еден старец ќе може мирно да умре.

Саша: Јас доаѓам со тебе ...

Толстој: Не. Ти мора да останеш да ја смириш ... таа ќе беснее ... ах, колку ли ќе страда, кутрата! ... А јас сум тој што ја прави да страда ... Но не можам поинаку, не можам повеќе ... инаку ќе се загушам овде. Ти остануваш тука додека да се вратат Андреј и Серјошка, дури потоа можеш да дојдеш по мене. Најпрво ќе отпатувам во манастирот Шамардино, да се простам со мојата сестра, зашто чувствувам дека времето за простување за мене е веќе дојдено.

Душан (брзо назад): Кочијашот е спремен.

Толстој: Тогаш спреми се и ти, а овие хартии чувај ги кај тебе ...

Саша: Но татко, мораш да ја земеш бундата, надвор е грозно студено. Брзо ќе ти спакувам уште некоја топла облека ...

Толстој: Не, не, ништо повеќе. Боже мој, не смееме повеќе да одолговлекуваме ... не сакам повеќе да чекам ... дваесет и шест години чекам на овој час, на овој знак ... побрзај Душан ... може некој да нè задржи и спречи. Еве, земи ги хартииве, дневникот, моливот ...

Page 20: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

20

Саша: А пари за возот јас ќе донесам ...

Толстој: Не, никакви пари повеќе! Не сакам веќе да ги допрам. Тие на железницата ме познаваат, ќе ми дадат карти, а понатаму Бог ќе помага. Душан, ајде доаѓај. (Кон Саша:) Дај ѐ го ова писмо, тоа е моето збогување, се надевам дека ќе ми прости! И пиши ми како го поднела тоа.

Саша: Но татко, како да ти пишам? Штом ќе го видат твоето име во поштата, веднаш ќе го дознаат твоето престојувалиште и ќе тргнат по тебе. Мораш да земеш некое лажно име.

Толстој: Ах, постојано лажи, лажи, постојано унижувај ја својата душа со таинствености ... но имаш право ... Ајде Душан! ... Како сакаш Саша ... сепак е тоа само за добро ... значи, како да се наречам?

Саша (размислува за миг): Јас сите депеши ќе ги потпишувам со Фролова, а ти ќе бидеш Т.Николаев.

Толстој (веќе сосема трескавичен од брзање): Т.Николаев ... добро ... добро ... А сега со здравје (тој ја прегрнува). Т.Николаев, велиш, да се викам. Уште една лага, уште една! Да даде Господ, ова да биде мојата последна невистина пред луѓето.

(Тој брзо заминува.)

ТРЕТА СЦЕНА

Три дена подоцна (31.Октомври 1910). Чекална во зградата на железничката станица во Астапово. Десно води една голема, застаклена врата надвор кон перонот, лево една помала врата кон станчето на раководителот на станицата, Иван Иванович Осолинг. На дрвените клупи во чекалната и околу една маса седат малкумина патници чекајќи го брзиот воз од Данлов: селанки кои спијат завиткани во своите шамии, ситни трговци во овчи кожи, но и неколку припадници на велеградските слоеви, очигледно чиновници или трговци.

Првиот патник (читајќи во некој весник, одеднаш на цел глас): Тоа одлично го направил! Извонреден чин на старецот! Тоа никој не би го очекувал повеќе.

Вториот патник: А што има?

Првиот патник: Здувнал тој, Лав Толстој, од својата куќа, и никој не знае каде. Станал среде ноќ, облекол чизми и капут, и така, без багаж и без збогум, заминал, придружуван само од неговиот лекар, Душан Петрович.

Page 21: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

21

Вториот патник: А старата ја оставил дома. Не е баш весело за Софија Андреевна. Сега мора да има осумдесет и три години. Кој би го очекувал тоа од него? А каде велиш заминал?

Првиот патник: Токму тоа и тие сакаат да го знаат, неговите домашни и новинарите. Телеграфираат сега по целиот свет. Некој тврди дека го видел на бугарската граница, а други велат во Сибир. Но никој не знае ништо поточно. Добро го направил тоа, тој старец!

Третиот патник (млад студент): Ма што зборувате?! Лав Толстој избегал од дома?! Ве молам, дајте ми го весникот, сакам сам да прочитам (фрла еден поглед на текстот). О, тоа е добро, тоа е многу добро, што конечно се одважил.

Првиот патник: А зошто е добро?

Третиот патник: Затоа што беше срам спрема неговиот збор, тоа како живееше. Доволно долго го принудуваа да изигрува гроф, и со додворувања му го загушуваа гласот. Сега Лав Толстој најпосле ќе може слободно од својата душа да им зборува на луѓето, и да даде Господ, преку него целиот свет да дознае што му се случува на народот овде во Русија. Да, добро е тоа, благослов и закрепнување за Русија, што овој свет човек конечно се спасил.

Вториот патник: Но можеби ништо од тоа не е точно, тоа што брборат овие во весникот, можеби (тој се обѕрнува да види дали некој го слуша, па шепоти:) можеби тоа само го протнале во весниците за да го доведат народот во заблуда, а всушност го тргнале и збришале ...

Првиот патник: Кој би имал корист од тоа, Лав Толстој да го отстрани ...

Вториот патник: Тие ... сите тие на кои им стои на патот, сите тие, Синодот, полицијата, војската, сите тие кои се плашат од него. Некои веќе исчезнаа така – во странство, се зборуваше потоа. Но сите ние знаеме, што подразбираат тие под странство ...

Првиот патник (исто така потивко): Би можело да е тоа ...

Третиот патник: Не, на тоа сепак не би се осмелиле. Овој еден човек е само со својот збор посилен од сите нив, не, не би се осмелиле, зашто добро знаат, дека ние би го извлекле со нашите тупаници.

Првиот патник (брзо): Пазете ... внимавајте ... доаѓа Кирил Григорович ... тргнете го брзо весникот ...

(Полицискиот началник Кирил Григорович во комплетна униформа се појавува зад стаклената врата од перонот. Тој веднаш се упатува кон собата на раководителот на железничката станица и тропнува.)

Иван Иванович Осолинг (се појавува на вратата со службената капа на главата): Ах, тоа сте Вие, Кирил Григорович ...

Page 22: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

22

Полицискиот началник: Морам веднаш да разговарам со Вас. Дали Вашата жена е тука во собата?

Раководителот на станицата: Да.

Полицискиот началник: Тогаш подобро тука надвор! (Кон патниците со остар, наредбодавен тон:) Брзиот воз од Данлов само што не пристигнал; ве молам, веднаш да ја напуштите чекалната и да излезете на перонот. (Сите стануваат и брзо се туркаат на вратата. Полицискиот началник кон раководителот на станицата:) Само што пристигнаа важни шифрирани телеграми. Утврдено е дека Лав Толстој во своето бегство завчера пристигнал кај својата сестра во манастирот Шамардино. Некои знаци даваат да се претпостави дека тој има намера да продолжи да патува, и секој воз од Шамардино во секој правец од завчера го надгледуваат полициски агенти.

Раководителот: Но објасни ми, Кириле Грегоревичу, зошто сето тоа? Па не е тој некој подбуцнувач на побуни, Лав Толстој, тој е всушност нашата чест, вистинското богатство за нашата земја, овој голем човек.

Полицискиот началник: Но создава повеќе немир и опасност отколку целата банда револуционери. Впрочем, што ми е грижа мене за тоа, јас имам само задача да го надгледувам секој воз. Но оние во Москва сакаат нашето надгледување да биде сосема незабележливо. Затоа Ве молам Вас, Иван Иванович, наместо мене, кого сите го препознаваат по униформата, да појдете на перонот. Веднаш по пристигнувањето на возот ќе се симне еден таен полицаец и ќе Ви соопшти што е забележано на претходната делница. Јас тоа известување веднаш ќе го проследам понатаму.

Раководителот: Ќе се погрижам во доверба.

(Се слуша сигналот на ѕвоното за возот кој се приближува.)

Полицискиот началник: Ќе го поздравите агентот сосема неупадливо, како некој стар познаник, нели така? Патниците не смеат да го забележат надгледувањето; на двајцата може да ни користи ако сето ова го изведеме вешто, зашто секој извештај оди во Петроград до највисоко место: можеби некој од нас ќе го улови и Георгиевскиот крст.

(Возот со татнеж пристигнува. Раководителот на станицата веднаш јурнува низ стаклената врата надвор. По неколку минути веќе влегуваат првите патници, селани и селанки со тешки корпи, гласно и бучно во чекалната. Некои седнуваат да се одморат или да си сварат чај.)

Раководителот (наеднаш низ вратата. Возбуден им се развикува на седнатите:) Веднаш да ја напуштите просторијава! Сите! Веднаш! ...

Луѓето (зачудени и мрморливи): Но зошто ... па имаме платено ... зошто да не смее да се седи во чекалнава ... само го чекаме патничкиот воз.

Page 23: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

23

Раководителот (викајќи): Веднаш, велам, веднаш сите надвор! (Тој забрзано ги турка, па јурнува повторно кон вратата, која ширум ја отвора.) Овде, молам, внесете го тука господинот Гроф!

Толстој (воден од Душан оддесно, од неговата ќерка Саша одлево, тешко влегува внатре. Тој јаката на капутот високо ја подигнал, со шал околу вратот, а сепак се забележува дека целото завиено тело трепери и смрзнува. Зад него пет или шест луѓе навалуваат внатре.)

Раководителот (кон навалувачите): Останете надвор!

Гласови: Но пуштете нè сепак ... ние сакаме на Лав Николаевич само да му помогнеме ... можеби малку коњак или чај ...

Раководителот (веќе страшно раздразнет): Никој не смее да влезе! (Тој насилно ги турка надвор и ја заклучува стаклената врата; но за цело време зад стаклото се гледаат љубопитни лица како ѕиркаат внатре. Раководителот на станицата брзо зграбува една фотелја и ја поставува до масата.) Дали неговото Височество ќе сака малку да седне и да се одмори?

Толстој: Не Височество ... во име на Бога, не повеќе ... никогаш повеќе, на тоа му е крајот. (Тој возбудено разгледува наоколу, ги забележува луѓето зад стаклената врата:) Нека си одат ... нека си одат оние луѓе ... сакам да сум сам ... секогаш луѓе ... еднаш да сум сам ...

Саша (брза кон стаклената врата и ја покрива со својот мантил).

Душан (во меѓувреме тивко разговарајќи со раководителот): Мораме веднаш да го ставиме во кревет, тој во возот ненадејно доби напад на треска, преку четириесет степени ми се чини, не е добро со него. Има ли тука некој ан во близина со неколку пристојни соби?

Раководителот: Нема! Воопшто ништо! Во цело Астапово нема ниту еден ан.

Душан: Но тој мора итно в кревет. И самите гледате каква треска има. Може да биде многу опасна.

Раководителот: Би ми било се разбира голема чест, мојата соба да му ја понудам на Лав Толстој ... но простете ми ... таа е толку бедна, толку едноставна...службена соба, приземна, тесна ... како смеам да се осудам, Лав Толстој да го згрижам во неа...

Душан: Тоа не е важно, мораме по секоја цена веднаш да го ставиме во кревет. (Кон Толстој, кој смрзнувајќи се седи до масата, тресен од ненадејни напади на студ:) Господинот раководител е толку љубезен што ни ја понуди неговата соба. Морате сега веднаш да се одморите, изутрина повторно ќе бидете сосем свеж, па ќе можеме да продолжиме со патува-њето.

Толстој: Да продолжиме? ... Не, не, не верувам дека ќе патувам повеќе ... ова беше моето последно патување, и веќе сум на целта.

Page 24: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

24

Душан (охрабрувачки): Не грижете се поради неколку потреси на треска, тоа не мора ништо да значи. Малку сте се преладиле – утре ќе се чувствувате повторно сосема добро.

Толстој: Веќе сега се чувствувам сосема добро ... сосема, сосема добро ... само претходнава ноќ, тоа беше страшно, тоа едноставно ме повлече, а домашните можеа да тргнат по мене, да ме стигнат и да ме вратат назад во оној пекол ... и така јас станав и ве разбудив, толку силно ме совлада тоа. Целиот пат не ме напушта овој страв, оваа треска, што забите ми се тресат ... но сега, откако сум овде ... а каде сум всушност? ... никогаш не сум го видел ова место ... сега одеднаш е сосема поинаку ... сега повеќе немам никаков страв ... мислам дека нема веќе да ме стигнат.

Душан: Секако дека нема, секако. Можете смирени да си легнете во креветот, овде никој нема да Ве најде.

(Двајцата му помагаат на Толстој да стане.)

Раководителот (пристапувајќи му): Ве молам да ме извините ... јас можам да Ви ја понудам само оваа едноставна соба ... мојата единствена соба ... а и креветот не е веројатно добар ... само еден железен кревет ... но јас сè ќе уредам, уште веднаш телеграфски ќе порачам нов со следниот воз ...

Толстој: Не, не, ништо друго ... многу долго, премногу долго јас имав подобро од другите! Колку полошо сега, толку подобро за мене! А како умираат селаните? ... А сепак и тие умираат со убава смрт ...

Саша (помагајќи му): Дојди татко, дојди, мора да си уморен ...

Толстој (останувајќи да стои): Јас не знам ... да, уморен сум, имаш право, во сите зглобови ме влече надолу, многу сум уморен, а сеуште очекувам уште нешто ... тоа е како кога на човек му се спие, а сепак не може да заспие, зашто мисли на нешто добро што му претстои, па не сака мислата да ја загуби во сонот ... Чудно, вака не ми било никогаш ... можеби тоа веќе има врска со умирањето ... Со години и со години, знаете и сами, секогаш имав страв од смртта, таков страв што не можев да лежам во креветот, што можев да врескам како животно и ползејќи да се кријам. А сега, таа е веројатно тука во собава, таа, смртта, и чека на мене. И сепак, без никаков страв ѐ одам во пресрет. (Саша и Душан го придржуваат до вратата.)

Толстој (застанувајќи на вратата и разгледувајќи внатре): Добро е тука, многу добро. Мало, тесно, ниско, сиромашно ... Ми се чини дека ова некогаш сум го сонувал, овој туѓ кревет, некаде во некоја туѓа куќа, кревет во кој лежи еден човек ... еден стар, уморен човек ... чекај, како само се викаше, пишував за тоа пред неколку години, за тој стар човек? ... Тој што некогаш бил богат, а потоа се враќа дома сосема сиромашен и никој не го препознава, и отползува во креветот покрај печката ... Ах, мојата глава, мојата глупава глава! ... Како ли само се викаше, стариот човек? ... тој што

Page 25: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

25

беше богат, а потоа му останува само кошулата на телото ... а жената која го повреди, таа не е покрај него кога умира ... Да, да, веќе се сетив, знам, Корнеј Василјев го нареков тогаш во мојот расказ, тој стар човек. А во ноќта кога умира, Господ го разбудува срцето во неговата жена, и таа доаѓа, Марфа, да го види уште еднаш ... Но доаѓа предоцна, тој лежи веќе целосно вкочанет на туѓиот кревет со затворени очи, и таа не знае, дали тој сеуште ѐ се лути или веќе ѐ простил. Таа повеќе не знае, Софија Андреевна ... (како да се буди:) Не, Марфа се викаше сепак ... веќе се збунувам ... Да, треба да си легнам. (Саша и раководителот го придржуваат и понатаму. Толстој кон раководителот:) Ти благодарам туѓ човеку, што ми даваш преноќиште во твојата куќа, што ми го даваш тоа што животното го има во шумата ... и кај кого Господ мене, Корнеј Василјев, ме прати ... (одеднаш сосема исплашено:) Но затвори ги добро вратите, не пуштај никого внатре, не сакам повеќе луѓе ... само да бидам сам со него, подлабоко, подобро од било кога во животот ... (Саша и Душан го воведуваат во спалната, раководителот внимателно ја затвора вратата зад нив и останува да стои зашеметен.)

(Жестоко тропање однадвор на стаклената врата. Раководителот ја отклучува, полицискиот началник влегува забрзано внатре.)

Полицискиот началник: Што Ви кажа? Морам веднаш сè да јавам, сè! Ќе остане ли тука? И колку долго?

Раководителот: Тоа не го знае ниту тој, ниту било кој. Тоа само Господ го знае.

Полицискиот началник: Но како можевте да му дадете преноќиште во државна зграда? Тоа е сепак Вашиот службен стан, него не смеете да го давате на туѓинци.

Раководителот: Лав Толстој на моето срце не му е туѓинец. Ниеден брат не ми е поблизок од него.

Полицискиот началник: Но должност Ви беше претходно да прашате.

Раководителот: Јас ја прашав мојата совест.

Полицискиот началник: Па ... нека е на Ваша одговорност. Веднаш ќе пратам известување ... Страшно, каква одговорност одеднаш ќе го спопадне човека! Кога барем би знаеле, што во највисокиот врв мислат за Лав Толстој ...

Раководителот (многу мирно): Јас длабоко верувам, дека вистински највисокиот врв секогаш мислел добро за Лав Толстој ...

Полицискиот началник (го погледнува збунето).

(Душан и Саша излегуваат од собата нежно затворајќи ја вратата.)

Полицискиот началник (брзо се оддалечува).

Page 26: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

26

Раководителот: Како му е на господинот Гроф?

Душан: Тој лежи потполно мирно – никогаш во животот не сум видел помирно лице. Тука конечно еднаш можеше да го најде тоа што луѓето не му го дозволуваа: мирот. За првпат тој е сам со својот Бог.

Раководителот: Простете ми Ве молам, мене простиот човек, но срцево ми трепери, јас не можам да разберам. Како можеше Бог толку многу страдања да натовари на него, што Лав Толстој мораше да бега од својата куќа и да умре тука во мојот сиромашен, недостоен кревет.... Како можеа луѓето, руските луѓе, да поматат една толку света душа, како можеа поинаку, освен со стравопочит да го љубат ...

Душан: Токму оние кои љубат некој голем човек, често стојат помеѓу него и неговата задача, и од оние кои му се најблиски, тој мора најдалеку да бега. И веќе излезе добро, онака како што излезе: токму оваа смрт го заокружува и осветува неговиот живот.

Раководителот: Но сепак ... моево срце не може и не сака да разбере, дека овој човек, ова богатство на нашата руска земја, мораше да страда поради нас луѓето, а ние продолжувавме безгрижно да си ги живееме часовите ... Сепак човек мора да се засрами од својот сопствен здив ...

Душан: Не жалете го, Вие добар и мил човеку: една блуткава и ниска судбина не ќе доликуваше на неговата големина. Да не страдаше тој поради нас луѓето, тогаш никогаш не ќе се случеше оној Лав Толстој, што денес му е на човештвото.

Page 27: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

27

Ноќта на дивите свињи Како пропадна комунизмот! На каков комичен начин судбината на човештвото ги руши најголемите човечки заблуди. (од преведувачот) Der Spiegel, 45/2009, 2.11.2009, Die Nacht der Wildschweine (текст по повод 20-годишнината од паѓањето на Берлинскиот ѕид) Наслов на насловната страница на бројот: „Забуната која одведе во единство” Голем план, завера, или само расеаност? Која е причината што Берлин на 9.Ноември 1989 лебдеше помеѓу насилство и еуфорија? Тројца комунисти беа луѓето кои ја докрајчија разнишаната DDR – носени актери на една ѕидна комедија. Тој седи во својата канцеларија во близина на железничката станица во Лајпциг, на вториот кат на една стара зграда од Грундерцајт епохата. Герхарт Лаутер го гледа својот соговорник оддолу, со спуштена глава, како пред 20 години. Тогаш можеше да се верува дека е тоа држење на човек со нечиста совест, тогаш тој беше раководител на пасошкото и пријавното одделение на DDR, висок бирократ на еден систем во распаѓање. Денеска тој е адвокат, а неговото минато лежи во проѕирна папка пред него - документи на Политбирото од времето на падот на ѕидот и заклучоци на Министерскиот Совет. Герхарт Лаутер, денеска 59-годишен, во меѓувреме побелена коса, зборува за овој историски ден со истата прецизност и воздржаност на дипломиран криминалист како и тогаш. „Една епизода”, го нарекува тој оној 9.Ноември, една епизода во која тој покрај Гунтер Шабовски ја играше главната улога. Претпладнето на 9.Ноември тој формулираше едно ливче кое таа вечер го сруши ѕидот, а повоениот поредок на Европа го разнесе на парчиња. Таа ноќ тој стана центарот за информации на една безвластна сила. Тоа е како со смртта на Џон.Ф.Кенеди, убиството на Бено Онезорг, 11.Сеп-тември во Њујорк – настани кои текот на светските случувања го свртуваат во нов правец и секогаш произведуваат митови, прашања, легенди. Кои се околностите заслужни што ниту еден единствен истрел не се слушна во повеќечасовната драма на граничните премини? Зошто граничарите не беа спремни за навалата од луѓе? Кои беа вистинските намери на раководството на DDR на тој 9.Ноември? Дали тајните служби – BND, CIA, KGB – навистина немаа ни трошка абер од целата работа? Дали Горбачов му наредил на Кренц отварање на ѕидот? Дали легендарната прес-конференција на Шабо-вски беше само инсценација? Дали листот со новата уредба за патување, што тој го извлече и прочита, му беше всушност подметнат од KGB?

Page 28: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

28

Во проѕирната папка на Герхарт Лаутер лежат одговорите на овие прашања, тој е крунскиот сведок за настаните во Министерството за внатрешни работи на DDR. На Шабовски му е доволно познато како нему и на неговите другари од Политбирото можеше да им се случи највредната недвижност на Републи-ката да биде прегазена како гнила дрвена ограда. А тука пред сЀ е Харалд Јегер, тогаш натпоручник на Штази1, на тој 9.Ноември раководител на пасошката контрола на граничниот премин Борнхолмер Штрасе, каде таа ноќ рампите најпрво се подигнаа. Јегер со својата жена денес живее надвор од Берлин, во местенцето Вернојхен, во еден мал стан за кој киријата е пониска од петстотините евра за неговиот последен стан сред Берлин. Кога ќе погледне низ прозорецот таму изгледа како пред падот на ѕидот, отспротива една пропадната куќа, долу на улицата груби камени коцки. Јегер во меѓувреме е веќе пензионер, повеќето денови ги минува со својата сопруга во малата градина за која кратко пред падот на ѕидот, во август 1989, поднесе барање, а по падот, пролетта 1990, му беше одобрена. На 9.Ноември половина час пред полноќ – без наредба, без овластување – Јегер ја подигна рампата на Берлинскиот граничен премин Борнхолмер Штрасе, и така спречи овој ден да заврши во крвав судир. Штази офицерот ги прекрши правилата на системот од кого беше искалапен, тој се дрзна да влијае на текот на настаните. На овој ден тоа го направија и Гунтер Шабо-вски и Герхарт Лаутер. Тие повеќе не функционираа. Без да знаат еден за друг тројцата комунисти станаа соучесници на завера против DDR, од 9 часот утрото до после полноќ се склопуваше тоа што тие го правеа како дело на заговорници. Доколку некој од нив тој ден дејствуваше поинаку одошто дејствуваа, тогаш 9.Ноември немаше да влезе во историјата како ден на паѓањето на ѕидот. Но тие не дејствуваа по слободна волја, тие беа носените кои мораа да дејствуваат така како што дејствуваа, бидејќи сто-тици илјади луѓе ги принудуваа на тоа. После месеци полни со немири тројцата комунисти против своја волја ја дотолчија нивната мила работничко-селанска држава. СЀ повеќе граѓани на DDR бегаа преку Унгарија и Чехословачка, се формираше опозициската група „Нов форум”, на понеделничките демонстрации луѓето си даваа одушка, а народната полиција ги претепуваше опозиционерите. Отпор се создаваше и во Социјалистичката партија на Германија, на 18.октомври Ерих Хонекер мораше да поднесе оставка. Егон Кренц, новиот шеф на Социјалистичката партија ветуваше реформи. На 4.ноември преку половина милион луѓе се собраа на Берлинскиот „Александер Плац”, громогласни во своите барања. Социјалистичката партија на 6.ноември одговори со нов закон за патување, исмеан од опозиционерите. А потоа дојде 9.Ноември.

1 (Staatssicherheit – Stasi, Државна безбедност, забел.на превед.)

Page 29: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

29

9.Ноември, 7.00 часот, Берлин, градски кварт Хохеншонхаузен Харалд Јегер ова утро се качува во службеното возило да појде на работа. Тој е заменик-раководител на единицата за контролни премини, следните 24 часа е на служба и затоа смее да го користи службеното возило. Од втора рака купениот Вартбург го поштедува, долго време се бореше за него. Тој мораше да му се обрати на својот највисок шеф, началникот на главната 6.управа на Штази, за да не мора 18 години да чека на својот Вартбург; генералот му набави еден користен, како и да е; но кога на првото возење на автопат моторот цркна, тој му обезбеди контакт со еден Вартбург-сервис воден од еден IM2, па тој му набави користен мотор, како и да е. 45-годишниот Харалд Јегер – од пред дваесет години во државната безбе-дност - води двоен живот. Неговите три деца знаат дека тој контролира пасоши на граничниот премин Борнхолмер Штрасе, но дека е во Штази, тие тоа не го знаат. Јегеровата борбена задача: во пријателски разговори со патниците да собира информации за државно-непријателските стремежи на „непријателско-негативните сили”. И бидејќи Јегер тоа добро го може, пријателски да брбори и истовремено да има проникливо око, тој во последниот четврт век се искачи до натпоручник, а неговата „Оперативна карта” раскошно порасна со сознанија за илјадници Западно- и Источно-Германци. Јегер себеси не се смета за душкало, туку за служител на државата кој му помага на социјализмот - таа прекрасна идеја на солидарност и братство - да се одбрани. Големите проблеми на DDR во четириесеттата година на Републиката тој си ги објаснува со тоа што Политбирото е во раце на старци. Но како и да е, тој не им верува ниту на помладите кадри, како на пример на Берлинскиот партиски шеф Гунтер Шабовски. На еден партиски состанок овој жестоко ги одобруваше 40-те илјади марки за најновиот Вартбург, квалитетот секако си имал и своја цена. Истиот ден попладнето Јегер го забележа Шабовски како на прославата на 1.Мај се вози во Волво, тоа него му беше доволно да си го прогласи за недостоен за верба. Околу 20 минути му се потребни на Јегер од четирисобниот стан во квартот со станбени блокови до Борнхолмер Штрасе, тој е во „ноемвриско располо-жение”, како што самиот го нарекува, наутро е темно и магливо, а пред него се 24 часа досада. Четвртокот е традиционално слаб со патници. Шумска населба Вандлиц крај Берлин Гунтер Шабовски пред стотина западни новинари во прес-центарот на главниот град вчера за првпат изнесе дека тој е најзападно настроениот од сите источно-германски водечки сили. Со непрегледни и извртени

2 IM - inoffizieler Mitarbeiter – неофицијален соработник, доушник на Штази

Page 30: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

30

реченици, со хумор и самоиронија, тој на новинарите делуваше како комунист кој е весел што конечно може да избега од ропството на функционерскиот говор. Со вообичаени фрази тој информираше за првиот ден од 10.седница на Централниот Комитет на Социјалистичката партија на Германија, но одвреме навреме ќе светнеа понекои досега неслушнати формулации кои брзо го направија медиумска надеж за западот. Рано утрото на појадокот, слушајќи го освртот на вестите на Германското радио, Шабовски сака да ослушне што се случува на запад. Секое утро од шумската населба Вандлиц - гетото на Политбирократите каде Шабовски живее со своето семејство - Волвото го вози во зградата на ЦК. Руските лимузини Хонекер ги замени со овие Волва, неговите луѓе да се возеле наоколу како нивните западни противници; Мерцедесот - според Шабовски - премногу му мирисал на класниот непријател. 45 минути му се потребни на неговиот возач до центарот на главниот град на DDR, во 10 часот почнува вториот ден на седницата на ЦК, Шабовски набрзо по почетокот треба да зборува за тоа како медиумите во DDR известувале за демонстрациите и масовните пребегнувања. Тој беше 7 години предаден главен уредник на „Нова Германија”, претходниот ден Политбирото го назначи за одговорен за медиумите. 9.00 часот, Берлин, Мауерштрасе, Министерството за внатрешни работи на DDR Во канцеларијата на Герхарт Лаутер се среќаваат тројца посетители: началникот Ханс Јоаким Кругер и началникот Удо Леме, тие се испратени од шефот на Штази, Милке; тука е и Генерал-мајорот Готхарт Хубрих од главниот оддел на МВР. Штази началниците со себе носат нацрт-документ од 19 точки, тоа што во наредните часови четворицата заедно треба да го доработат: уредба за сите граѓани на DDR кои својата татковина засекогаш сакаат да ја напуштат. Лаутер задачата ја доби претходниот ден од Министерот за внатрешни работи, Фридрих Дикел. Најавата беше: Нацрт-заклучок за Министерскиот Совет до утре напладне; паралелно да се достави и до Политбирото; на 10.ноември барањата на граѓаните на DDR за напуштање на земјата директно кон Западна Германија треба да бидат прифаќани. Дали и преку Западен Берлин? Да, и преку Западен Берлин. Зошто толку наеднаш? Владата на ЧССР сака да ја затвори границата кон DDR зашто премногу граѓани бегаат во Западна Германија преку ЧССР, тоа ја загрозува политичката стабилност на братскиот народ. Во разговорите со своите соработници Лаутер претходно дојде на мислење дека уредба која се однесува исклучиво на бегалците е неразумна. Зошто и оној кој во DDR добро се чувствува да не смее малку да погледне преку ѕидот? Зошто тој да биде казнет затоа што ѐ е верен на државата?

Page 31: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

31

На негово не мало изненадување Штази офицерите не противречат многу. И тие се живи претепани од секојдневните бројни пребегнувања. И тие како и Лаутер беа учесници во формулирањето на тој несреќен нацрт-закон за патување објавен на 6.Ноември, а кој само за неколку часа стана предмет на исмејување од граѓаните на DDR. „Тоа е само закон за забрана за патување, само 30 дена во годината граѓаните на DDR смеат надвор, секое барање за патување од причини кои не можат да бидат проверени ќе биде одбиено, а размена на домашни за западни пари – такво нешто и не постои3.” 10.00 часот, Берлин, зградата на Централниот комитет Почнува вториот ден на заседанието на Централниот Комитет, демонстра-циите и масовните пребегнувања го тресат и најтесниот круг моќници на работничко-селанската држава. 213-те членови и делегати на Централниот Комитет 40 години се втората најмоќна инстанца од една страна, од друга страна тие се само ракоплескачи на 17-главото Политбиро. Но грижливо урамнотежуваниот тим на овој 9.Ноември почнува да се распаѓа. Особено Егон Кренц, кој поседуваше доволно инстинкт за моќ да три недели претходно го собори Хонекер, трча ваму-таму со истата онаа недоветна насмевка на еден Вико Ториани, со која тој од своето доаѓање на власт лута низ германската револуција. Најљубезното нешто човек што може да го каже за неговата улога на овој 9.Ноември: тој рано си оди на спиење, и настаните кои значат крај за него и за неговата партија продолжуваат да си го течат својот тек. Во тој миг, нешто после 10 часот наутро, тој уште еднаш игра строг владетел. Пред членовите на Централниот Комитет тој се лути што медиумите во DDR не известувале за првиот ден на заседанието на ЦК така обземено како што е редовно вообичаено. 11.00 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе Откако државата DDR се најде под притисок одвнатре и однадвор, се промени и службата на натпоручникот Јегер на Борнхолмер Штрасе. Граничниот премин - еден од седумте во Берлин - се наоѓа во Пренцлауер Берг, општина која Штази ја оценува како легло на негативно-непријателски сили, тука живеат државни непријатели, црковни активисти, екологисти. Оние кои влегуваат во државата треба да бидат проверувани дали доаѓаат со цел да стапат во контакт со противниците на режимот. А откога испарија 10.000 граѓани на DDR мора Јегер и неговите луѓе да

3 Источно-германските марки немаат меѓународна конвертибилна вредност, па затоа Источно-Германците нив не можат да ги разменат за западни пари ниту дома, а уште помалку надвор. (забел.на превед.)

Page 32: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

32

внимаваат и на „мерката 210”, тоа е кодираниот збор за сите пребегнати од Републиката на кои враќањето им е забрането. За Јегер тоа значи сосема нов облик на граничното обезбедување. Кога ѕидот беше подигнат, тој и неговиот командир со карабинерите на готовс се нафрлија на еден американски џип кој за неколку сантиметри ја премина граничната линија; подоцна тој фати еден кувар на Швајцарската амбасада кој преку дипломатската лента постојано во багажникот ја шверцувал својата DDR пријателка на запад и назад; а потоа ноќе на неговиот премин сЀ почесто се појавуваа „дивите свињи”, така беа нарекувани будалетинките кои доаѓаа на границата без документи, а често со знаменце и сакаа преку. Но сето тоа не беше ништо во споредба со илјадакратната повреда на границата што неговата сопствена партија и државно раководство ја сторија пред пет недели: еден воз полн со бегалци од Републиката, од ЧССР преку Дрезденската железничка станица да се пренесат во Западна Германија, казниво според член 213 од Казнениот закон на DDR. Тоа за сите граничари на Борнхолмер Штрасе беше газење на сЀ она што тие со непријателски поглед го застапуваат на нивниот граничен премин со децении. А за време на летните одмори Јегер и неговите луѓе беа испратени од Милке дури во бегалските кампови во Унгарија за да ги набљудуваат бегалците од Републиката. А сега Милке и Хонекер за овие луѓе организираа бегство, со државни вагони, тоа оттогаш го разјадува службе-ниот морал на граничарите. Ѕидот станува сЀ попорозен, а истовремено на Борнхолмер Штрасе веќе со недели во сила е подигнат степен на готовност, што за водечкиот офицер Јегер значи: непрестајно смени по 24 часа. Берлин, Министерството за внатрешни работи, канцеларијата на Герхарт Лаутер Четворицата експерти за законот за патување се сложија околу проширувањето на својата задача. Тие стравуваат дека една уредба само за оние кои засекогаш сакаат да ја напуштат земјата уште повеќе ќе го подгрее надразнетото расположение на граѓаните. Падот на авторитетот на државните и на партиските челници отиде дотаму што четворицата високи бирократи зборуваат објективно и без страв. Човек мора барем еднаш во животот да направи и клинци со главичка4, човек не смее повеќе да игра куклен театар – такви забелешки паѓаат за време на разговорот - човек конечно мора да го напише она во што е уверен. Така почнува вметнувањето на пасусот кој таа вечер ќе предизвика лавина кон ѕидот: „Барање за приватно патување во странство може да се поднесува без приложување на претпоставки: мотиви за патувањето и роднински односи.” 4 „Човек еднаш да направи и клинци со главичка“ - работата барем еднаш добро да ја заврши

Page 33: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

33

А четворицата дури и додаваат: „Одобрувањата се издаваат во најкраток рок” - за граѓаните на DDR да не мора да стравуваат дека на визата ќе чекаат со недели. Додаваат и трета реченица: „Причините за одбивање ќе бидат применувани само во посебни исклучоци”. Со тоа сакаат да делуваат против недовербата дека општата уредба би можела со разни исклучоци да биде ограничена. 11.20 часот, Берлин, во зградата на ЦК Додека четворицата ги дотеруваат уредбите кои Шабовски ќе ги прочита на прес-конференцијата 7 часа подоцна, истиот се занимава со тоа, пред членовите на ЦК да се оправда за критичкиот огномет во медиумите на DDR. Во Политбирото тој сега е одговорен за медиумите и мора да внимава да не биде тепаното дете. Тој смирува напаѓајќи ги „најгнасните методи на талогот на западниот печат”, кои во меѓувреме се пренеле и на медиумите во DDR, изродувајќи секакви изопачености; но истовремено тој предупредува дека не треба новинарите да се сметаат за „фактичките никаквеци”. Многумина главни уредници биле во менгеме помеѓу притисокот на партијата и оној на улицата и сакале да бидат сменети; медиумите морале да известуваат за протестите и демонстрациите, но „бескрајно широкото известување со доминација на непријателските сфаќања” не смеело да го има. Берлин, Министерството за внатрешни работи, канцеларијата на Герхарт Лаутер Четворицата високи чиновници завршуваат со усогласувањето на нацртот. Двајцата началници телефонски добиваат одобрение од своите претпоставени од Штази. Лаутер ѐ диктира на својата секретарка: „Предлог заклучок” стои најгоре, напишано со размак. Подолу како вовед: „За промена на ситуацијата со постојаните заминувања на граѓаните на DDR во BRD преку ЧССР, се утврдува...”. Оваа формулација одговара на работниот налог од изутрината. Тоа останува да стои така, но потоа следи вметнатиот член за приватните патувања, значи посетите. Потоа следуваат три члена кои повторно се занимаваат само со уредувањето на трајните заминувања. Еден нееднозначен документ, тоа мора да се има во предвид за разбирање на сите понатамошни недоразбирања. На крајот на документот стои важна реченица: „За привремените преодни уредби треба на 10.Ноември 1989 да се објави приложеното соопштение за јавноста.” Тоа како единствена реченица стои на втората страна од Предлог-заклучокот, што подоцна ќе ја доврши збрката. Лаутер е свесен дека самоволното проширување на нивната задача некаде ќе наиде на негодување и притоа чувствува нервозни трпки како му минуваат низ стомакот.

Page 34: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

34

А потоа документот тргнува на своето патување низ бирократијата на партиското и државното раководство; еден примерок во ЦК - однесен од возачот на Лаутер, втор примерок – преку МВР – до седиштето на Министерскиот Совет во Клостерштрасе. Нивните служби го спроведуваат поширокиот оптек: до 18 часот предлог-заклучокот мора да го одобрат сите 44 министри на DDR, инаку тој не е валиден. Но без одобрение од Политбирото постапката на пуштање во оптек низ Министерскиот Совет не смее да отпочне. 12.10 часот, Берлин, во зградата на Централниот Комитет За време на вообичаената пауза за пушење Егон Кренц им го покажува документот на членовите на Политбирото кои се околу него. Притоа тука се само осуммина од седумнаесет. Шабовски исто така не е во тој круг. Два дена претходно Политбирото веќе еднаш се занимаваше со уредувањето на трајните заминувања зашто премиерот на ЧССР се закануваше со затворање на границата. Тогаш беше донесен заклучок „делот од законот за патување кој се занимава со трајните заминувања да стапи во сила веднаш штом ќе се изготват одредбите за неговото спроведување” – тоа беше налог за Министерот за внатрешни работи Дикел, кој потоа утрото на 9.Ноември заврши кај Герхарт Лаутер. Значи проблемот на другарите од Политбирото им е познат. Она што сега беше прочитано во случајниот круг на Кренц, тоа за нив очигледно беше токму тоа што два дена претходно беше заклучено да се стори. Дали новите прописи се усогласени со Советските другари, поставено е прашање, зашто тоа беше дел од заклучокот од пред два дена. Кренц: Да, тоа било усогласено. Берлин, Под липите, во Советската амбасада Согласноста на Московското државно раководство за прописот за патување е од амбасадорот Вјачеслав Кочемасов телефонски пренесена во Централниот Комитет. Советите во секој случај тргнуваат од претпоставката дека тие се согласни за тоа што пред два дена беа замолени да се согласат: трајните заминувања да не мора повеќе да се одвиваат преку трети држави, раководството на DDR затоа планира за граѓаните кои засекогаш сакаат да ја напуштат DDR еден нов граничен премин на југ, недалеку од Баварскиот Ширндинг, оваа уредба за излез од земјата треба да стапи во сила веднаш, затоа им е потребна брза одлука од Москва. Таа до пладнето на 9.Ноември не е пристигната во Источен Берлин бидејќи таа година на 7 и 8.ноември се прославува 72-годишнината од Големата Социјалистичка Октомвриска Револуција, а на 9.Ноември се дославува. Кочемасов не може да го добие ниту Горбачов ниту министерот за надворешни Шеварнадзе, туку само неговиот заменик е конечно спремен за едно „да”, и со тоа ги пречекорува

Page 35: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

35

своите надлежности. Дека во заклучокот на Министерскиот Совет во меѓувреме станува збор за многу повеќе, за една општа уредба за патување, а исто така и за премините на Берлинскиот Ѕид, тој тоа ниту го претчувствува. 13.45 часот, Берлин, во зградата на Централниот Комитет Последниот говорник на Пленумот на ЦК пред паузата за ручек е министерот за внатрешни Фридрих Дикел, шефот на Лаутер, член на ЦК од 1967. Тој зборува со трогнат глас за 60-те години како се бори за работничкото движење, за борбата во Вајмарската Република - во илегалност, во Шпанската граѓанска војна, во Црвената армија против Хитлер, во годините на основањето на DDR, конечно од пред 26 години како министер за внатрешни и шеф на Народната полиција. Неговата последна борба: против бегалците од Републиката и државните непријатели, кои демонстрирајќи веќе со недели сакаат да ја урнат DDR. Тие нЀ провоцираат „нас”, ни покажуваат прст на слепоочница, кога Фопосите5 полнат гориво тие фрлаат со камења, на граничарите им ги горат веѓите, „со свеќи”, се собираат пред Бранденбуршката капија и викаат: „Ѕидот мора да падне”. Дикеловиот завршен апел: „Оваа граница е тука, и таа мора да биде одбранета!” Силен аплауз на Пленумот. Дека неговиот секторски раководител Лаутер пред три часа пушти во бирократскиот оптек на работничко-селанската ноќ6 нова уредба за патување која ќе ја разниша границата, тоа Дикел не го знае, зашто тој веќе пет часа седи во Пленумот на ЦК, а не припаѓа на Политбирото7. 14.40 часот, Берлин, во седиштето на Државниот Совет на DDR По повод културната изложба на Северна Рајна Вестфалија во DDR, во паузата за ручек доаѓа до средба помеѓу Кренц и премиерот на Северна Рајна Вестфалија, Јоханес Рау. Кога Рау доаѓа на темата за слободата за патување на граѓаните на DDR, Кренц во својот одговор прави разлика помеѓу трајните заминувања и приватните патувања. Кој DDR ќе го напушти засекогаш, тој не е непријател, туку егоист кој како лекар ги напушта своите пациенти, не му е грижа за нивното здравје. Суштинскиот проблем на слободата за патување, значи патувањата во посети, е прашањето на пари, потребни се милјардити износи, инаку слободата за патување ќе била само привидно решение. Зад овие државно-филозофски примедби се крие тајниот план следен од Политбирото: Ѕидот да ѐ се продаде на Западна Германија, поточно речено,

5 Vopo – Volkspolizist, Volkspolizei, народен полицаец, Народна полиција 6 Овде авторот наместо држава вели ноќ, таквата држава ја нарекува „ноќ”(заб.на превед.) 7 Кога би припаѓал на Политбирото веројатно би дознал за уредбата, зашто таа во тој момент е во надлежност само на Политбирото. (заб.на превед.).

Page 36: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

36

да се продаде отворањето на ѕидот. Од падот на Хонекер и на државната каса, на Политбирото му е јасно дека DDR е пред сам банкрот. Откако раководителот на Државната Комисија за планирање, Герхарт Шурер, и раководителот на Комерцијалната координација, Александер Шалк Голодковски, му ја доставија на Политбирото состојбата со долгот на DDR, таа е во потрага по „три милијарди валута марки надвор од досегашните кредитни линии” 8, и тоа веднаш, како што стои во соодветниот заклучок. Со подобрена соработка помеѓу DDR и BRD „уште во овој век” би можеле да се создадат условите „денес постојната форма на граници меѓу двете германски држави да стане излишна”. Во секој случај една претпоставка: предлози од BRD за економска поддршка на DDR, а притоа да се има во предвид „дека нашата земја во периодот на отворени граници ќе претрпи штета во цирка износ од 100 милијарди марки”. Шалк-Голодковски во разговорите со претставниците на владата на BRD, Рудолф Зајтерс и Волфганг Шојбле, во првиот чекор на олабавување на уредбите за патување бара 300 до 500 милиони марки. Зајтерс и Шојбле притоа изнесуваат дека BRD би можела да ги превземе трошоците за повраток на граѓаните на DDR. 15.30 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе Мирно попладне на граничниот премин, едвај понекој пешак преку широкиот челичен мост сака да дојде во DDR, граничарите во трите контролни куќички се досадуваат, а и двајцата офицери за потера кои ги следат 16-те монитори не знаат каде да гледаат. Освен тоа 12 празни ленти за лесни и две за дипломатски возила – овој граничен премин е наменет за интензивен сообраќај помеѓу Источен и Западен Берлин. Натпоручникот Јегер седи во канцеларијата на надлежниот офицер, тој сака да ја искористи тишината да го среди неподносливиот куп хартии. Тој ги нотира најновите резултати од социјалистичкиот натпревар на граничарите, тука се наградуваат упатите (читај: цинкарењата) за следење. Радо би ги напишал и плановите за работа и обука за наредната година, но недостасуваат директивите од раководството на Социјалистичката партија. По заседанието на ЦК, така го тешеше неговиот претпоставен, ќе има нешто како радикални промени, акционен програм. Канцеларијата на надлежниот офицер е командната централа на граничниот премин, оттука оди директна телефонска линија кон Оперативниот управен центар во Шоневајде.

8 Со оглед дека источно-германските марки немале никаква конвертибилна вредност во меѓународниот финансиски сообраќај, а притоа во формулациите да се избегне изразот „западно-германски марки”, во истите се употребува изразот „валута-марки”. (заб.на превед.)

Page 37: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

37

16.00 часот, Берлин, во зградата на Централниот Комитет Во 15.30 заседанието на ЦК продолжува со работа, половина час подоцна збор зема Кренц отстапувајќи од дневниот ред со цел членовите на ЦК да ги запознае со „еден проблем кој на сите ни тежи: прашањето на патувањата”. ЧССР се жали на бегалците од DDR, ако DDR ја затвори границата кон ЧССР тоа ќе биде казна за сите. „Што и да направиме во оваа ситуација, ќе направиме погрешен чекор”, со овие зборови тој го најавува она што потоа почнува да го чита: нацртот на Лаутер со наслов: „Заклучок за промена на ситуацијата со трајните заминувања на граѓаните на DDR кон BRD преку ЧССР”. Сето тоа што го зборува Кренц не звучи баш така како да сфатил дека оваа хартија вели нешто друго од она за што Политбирото пред два дена издаде налог. Тој зборува така како хартијата да го содржи само тоа што стои горе („трајни заминувања”), а не и пасусот кој Лаутер го вметна („приватни патувања”). Час и половина претходно во разговорот со Рау тој слободата за патување ја поврза со финансиска претходница од страна на BRD, а сега изнесува пропис кој слободата за патување ја дава без економски предуслови. Тоа што го изнесува Кренц, за членовите на ЦК звучи како објава на железничка станица: „Во иднина возовите со бегалци нема да патуваат преку ЧССР, туку сега тие може да возат право во BRD”. На другарите, така подоцна признаваат многумина, не им осамнува дека овие редови значат крај на „антифашистичкиот заштитен ѕид”. За збор се пријавуваат само двајца: министерот за култура – тој сака формулацијата „привремен преоден пропис” да се избрише, тоа будело впечаток дека постои намера новиот пропис наскоро повторно да биде укинат; и министерот за внатрешни Фридрих Дикел - тој не би сакал прописот да го објавува Министерството за внатрешни, туку службата за јавност на Министерскиот Совет. Да, додава Кренц, тоа е работа за владиниот портпарол. 17.00 часот, Берлин, Министерството за внатрешни работи, канцеларијата на Герхарт Лаутер Целото попладне Лаутер и неговите соработници работат на одредбите за спроведување на прописот за патување. Доделувањето на визите експер-тите го замислија така што почнувајќи од 10.Ноември секој граѓанин на DDR кој поседува пасош ќе може да појде до локалното пријавно место и да побара виза. Заедно со Штази-началникот Леме, еден од четворицата автори, Лаутер телефонира повеќе пати да дознае дали има некаква реакција од Политбирото или од Министерскиот Совет, можеби некаква желба за промена во текстот, но и двајцата не успеваат да наслушнат ништо.

Page 38: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

38

Доцна попладнето поштата со одредбите за спроведување е спремна за праќање до службените места, Лаутер чека одобрување. Тој на Министерскиот Совет му предлага на пликовите со заклучокот и одредбите да се удри печат „Рок на затвореност: 4 часот наутро”, тогаш граѓаните на DDR рано на појадокот преку радиото би дознале за новите можности за патување и би можеле да појдат до пријавните места. Тоа е планот. 17.45 часот, Берлин, во зградата на Централниот Комитет На дискусијата околу заклучокот за трајните заминувања Шабовски не е во Пленумот, тој е зафатен со новинарите надвор од салата дискутирајќи го текот на заседанието на ЦК и обезбедувајќи им контакти со посакуваните соговорници. Пред овој да тргне на дневната прес-конференција во Интернационалниот прес-центар, додека сеуште трае дебатата во Пленумот, Кренц му го тутнува в раце својот примерок од заклучокот, две формулации се ракописно изменети. На прес-конференцијата тој треба да го објави заклучокот. Со еден удар Кренц прави четири грешки: Рокот за примедби на заклучокот сеуште не е истечен, не сите 44 министри имаат дадено согласност. Како второ: на предлог на министерот Дикел беше утврдено дека прописот го објавува владиниот портпарол, тоа е сепак заклучок на Министерскиот Совет. Како трето, а тоа е грешката со најголеми последици: на крајот на заклучокот, на втората страна стои дека тој треба да се објави на 10.ноември со цел сите службени места, а особено граничните премини, да може да бидат информирани. Пред само малку Кренц оваа точка ја читаше во Пленумот, сега очигледно ја заборави, и така го праќа Шабовски во пропаст. И четврто: тој хартијата му ја тутнува во раце на човек, кој е сеуште на информативно ниво од 7.ноември. На двете дискусии оттогаш, во Политбирото и во Пленумот, тој не е присутен. 18.53 часот, Берлин, Интернационалниот прес-центар на Моренштрасе Прес-конференцијата е веќе на самиот крај кога во преполната сала Шабовски му дава збор на еден новинар кој седи пред подиумот десно од него. „Простете, сега Вие, прво италијанскиот колега!”. Рикардо Ерман од италијанската известувачка агенција „Анса” прашува: „Не верувате ли дека тоа беше голема грешка, тој нацрт-закон за патување што го претставивте пред само неколку дена?” Следи најзбрканата и најкобната објава на нова државна уредба во историјата на меѓународните прес-конференции. Таа трае осум минути, пропратена од триесетина „ах”, провоцира 14 чујни и дузина нечујни меѓупрашања, и остава толку нејаснотии, што новинарите во наредните часови во врска со оваа објава постојано праќаат нови известувања, кои

Page 39: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

39

најпосле имаат многу малку допирно со она што е формулирано во заклучокот. Шабовски објаснува дека „од нацрт-законот за патување во сила влегува делот кој ги регулира трајните заминувања, значи напуштањето на Републиката”. Тоа е она што на 7.ноември беше заклучено во Политбирото како налог за Министерството за внатрешни работи. Иритиран од дополнителните прашања Шабовски претура по хартиите, извлекува еден страна (првата од двете, каде на втората стои „да се објави на 10.ноември”) и притоа вели: „Значи ... другари ... мене ми е соопштено ... значи ... ова овде ... така да вакво соопштение денеска е веќе поделено. Тоа мора всушност и вие да го имате в раце.” Тој значи тргнува од претпоставката дека новинарите веќе го познаваат заклучокот, очигледно во разговорот со Кренц стекнал таков впечаток. Од листот потоа го чита – многу брзо – Лаутеровиот член („приватни патувања”). „Кога стапува тоа во сила?” прашува некој. Шабовски прелистува по хартиите, беспомошно погледнува надесно каде седат двајца членови на ЦК. „Тоа стапува на сила ... според моите информации ... стапува ... веднаш, неодложно”, прелистува и понатаму по хартиите, но листот со реченицата „10.ноември” не го наоѓа. Потоа прашање, одговор, прашање, одговор. Берлин–Запад? Погледнува во хартијата: да, и Берлин–Запад. Во тој момент, признава тој подоцна, низ главата му проструило: „Веројатно знаат и Советите за ова, ова нешто го засегнува статусот на четирите сили! По ѓаволите!” На крајот на конференцијата најпосле признанието: „Се изразувам само така внимателно зашто, по ова прашање, значи, не сум постојано во тек, туку кратко пред да дојдам овде, оваа информација ми беше тутната в раце.” Тоа е разоружувачки чесно. Во неделите и месеците потоа, Шабовски признава дека документот од Кренц не го прочитал ниту во ЦК, ниту во автомобилот, а значително подоцна тврдеше дека целосно го прочитал. Во интервјуто за NBC по завршувањето на прес-конференцијата тој му објаснува на новинарот Том Брокау, како тој самиот го разбрал тоа што го објасни за осум минути: „Не станува збор за туризам, тоа е дозвола за напуштање на DDR”. 18.54 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе Натпоручникот Јегер има страшна мака да ги следи зборовите на Шабовски. На масите во кантинската барака седат 20 мажи, на последната слободна маса седи тој сам во дијалог со четири полулепчиња. Во другиот агол стои стариот црно-бел телевизор, само Јегер се труди да ги разбере зборовите од прес-конференцијата. „Веднаш ... неодложно ... Берлин–Запад”. „Ма што зборува овој?” се дере Јегер низ просторијата. Сите разговори замираат, граничарите се ѕурат во нивниот шеф.

Page 40: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

40

Јегер јурнува од кантината кон канцеларијата, се јавува по директната линија на неговиот претпоставен Руди Цигенхорн во 6.Управа на Државната безбедност надлежна за граничните премини. „И ти го слушна плампањето на Шабовски?” прашува тој. „Да, затоа и Ви се јавувам”, вели Јегер. „Што е ова што се случува? – „Не е ништо”, вели тој, „што треба да се случува? - Јегер: „Па сте слушнале и Вие самиот!” – „Точно”, вели тој, „но тоа не може така.” 18.54 часот, Берлин, Под липите, во Советската амбасада Во зградата на амбасадата пратеникот Игор Максимичев го следи чудниот настап на Шабовски пред меѓународната јавност. Тој него го познава, Шабовски е оженет за Русинка и добро зборува руски. Максимичев е прво збунет, потоа бесен. Цели два дена имаше наваму-натаму (/траеше комуни-кацијата) помеѓу Владата на DDR и амбасадата по прашањето за трајните заминувања и воспоставувањето на новиот премин кон Баварија, а сега се зборува за Западен Берлин и за слобода за патување на сите граѓани на DDR, тоа е нешто сосема друго. Амбасадорот Кочемасов се јавува телефонски, бара од Максимичев проценка. Кренц и другарите можеби по директен пат, а пак можеби преку Штази успеале да стапат во контакт со Советското раководство и во последна минута да го усогласат новиот пропис? Варшава, гостинската куќа на Полската влада Сојузниот канцелар Хелмут Кол од попладнето е во официјална посета на Полска. Неговиот советник Хорст Телчик уште утрото ја провери проценката на BND за состојбата во DDR. „Од тајната служба немаше ниту најмало укажување. Ако ние нешто претчувствуваме, тогаш Сојузниот канцелар сигурно немаше да замине за Варшава”. Во секој случај два дена претходно пратеникот на DDR во Бон го информирал раководителот на Сојузната управа дека DDR има намера делот од Законот за патување кој се занимава со трајните заминувања да го стави во сила. Пред самото поаѓање на вечерниот банкет Кол прима повик од Бон и дознава за прес-конференцијата на Шабовски. 20.00 часот, Хамбург, редакцијата на „Тагесшау” Новинските агенции од 19.03 часот почнуваат да го објавуваат тоа што нивните новинари успеале да го сфатат од противречните објави на Шабовски. Ројтерс и ДПА ги нагласуваат „трајните заминувања за граѓаните на DDR”, Асошиејтед Прес новите одредби ги толкува како „отворање на границите”. Така започнува натпревар меѓу новинарите, кој ќе му даде најголема ударна сила на изреченото од Шабовски.

Page 41: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

41

„Актуелната камера” на TV-DDR во 19.30 објавува: „...приватно патување во странство може да се побара без посебни поводи”. Во 19.41 часот ДПА јавува: „Границата на DDR кон BDR и кон Западен Берлин е отворена.” Во 20 часот почнува „Тагесшау”, а ударната вест гласи: „DDR ги отвора границите”. Репортерот кој известува за прес-конференцијата коментира во прилогот: „Значи и ѕидот преку ноќ треба да стане пропустлив”. Во меѓувреме во „Тагесшау” пристигнува и едно известување на ADN – државната новинска агенција на DDR. ADN на маса го има соопштението за јавност на Министерството за внатрешни работи, но со рок на забрана „4 часот наутро, 10.ноември”. По завршувањето на прес-конференцијата Генералниот директор Гунтер Почке во консултација со владиниот портпарол Мејер одлучува повеќе да не се држи до него. Мејер: „Тој мора да е тотално луд”. Почке: „Па што да правиме тогаш?” Почке е член на Централниот Комитет, тој беше присутен кога Кренц му ја тутна хартијата на Шабовски. Рикардо Ерман, новинарот кој на прес-конференцијата прв доби збор, во април 2009 изненади со веста дека тој бил замолен од Почке да го постави прашањето за прописот за патување. Доколку е тоа точно, тогаш можно е Почке да претчувствувал дека неговиот медиумски шеф Шабовски ќе заборави на него. Сепак овој на мало ливче - како потсетник за пресот - во подолниот дел имал нотирано: „Текстот на прописот за патување”. 20.30 часот, Берлин, театар во Палатата на Републиката Лаутер со својата жена седи во театар, „Рајнеке лисицата” од Гете. За приказните на Шабовски нема слушнато ништо. Телеграмите кои најточно ќе ги информираат сите службени места за новиот пропис за патување се спремни во неговата канцеларија. Во четири часот, кога рокот за забрана истекува, тој ќе се одвезе дотаму и ќе ги испрати. 20.30 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе Кратко по конференцијата на Шабовски првите љубопитници веќе се појавуваат на граничниот премин, но држат растојание од таблата со натпис: „Гранична зона”. Меѓу граничарите кружи реченицата: „Наскоро ќе се појават дивите свињи”. По 20 часот толпата почнува брзо да расте и пристапува сЀ поблиску до граничните објекти. Не се агресивни, туку внимателно ја тестираат новата слобода. Оние сосема најнапред ги намамуваат граничарите на разговор, прашувајќи ги што значи оваа нова уредба. На своите луѓе Јегер им наложува дојденците да ги тешат со тоа дека најпрво треба да поднесат барање за виза. Околу 8.30 стотици луѓе стојат пред рампата. Јегер сега стои пред првиот ред нестрпливци кои се сЀ побучни. Тој се обидува да ги смири зборувајќи гласно: „Другарот Шабовски објави една

Page 42: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

42

нова уредба за патување, но за тоа е потребно одобрение. Него ќе го добиете кај Народната полиција, не овде.” Од толпата гласно ехо: „Веднаш! рече тој. Неодложно!”. Однекаде се појавува обележано возило на Народната полиција, Јегер очекува полицајците да имаат поточни упатства. Во разговорот со нив тој дознава дека и тие се подеднакво збунети. Но преку мегафонот на обележа-ното возило тие испраќаат информација: „...овде и сега невозможно е да ви се одобри патување”. Првпат гласни извици на протест, Јегер се повлекува во стражарската куќичка и набљудува како по неколку минути голем дел од луѓето почнува да заминува во правец на Арминплац - таму Народната полиција има станица. Кај него се раѓа надеж: можеби таму ќе го отворат пријавното одделение за брзо издавање визи. По десет минути сите диви свињи се повторно тука, уште погласни и погне-вни од претходно. Речено им било да дојдат следното утро. 20.20 часот, Берлин, во зградата на Централниот Комитет Додека Шабовски со своите објави го возбуди светот, додека источно-Берлинците во сЀ поголем број се приближуваат кон седумте гранични премини, ЦК членовите во „Зградата на илјадате прозорци” - како што се нарекува таа - дискутираат за иднината на социјализмот. Тоа е тон на Кадри-партија која се влече низ точките на дневниот ред, барање кривица, самокритика, обвинувања, оправдувања - секакви нешта многу далечни на тоа што ги интересира луѓето кои се движат кон рампите. Еден од говорниците е поконкретен, Гунтер Ереншпергер, раководител на Одделот на ЦК за планирање и финансии, тој на сите им става до знаење дека DDR долги 16 години живее над можностите и дека банкротот е повеќе од извесен. Во Пленумот негодувања и барања неговиот говор по ниедна цена да не биде објавен. „Тогаш и последните луѓе ќе ни избегаат надвор”, вика некој во салата. „Но ќе ја шокираме целата Република”, одговара Кренц. Во 20.45 мнозинството членови на ЦК се упатуваат кон дома низ улиците на Источен Берлин полни со луѓе и гласини. Патем тие дознаваат низ разговори, а подоцна и телефонски, за тоа што покренала новата уредба за патување и прес-конференцијата на Шабовски. 21.00 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе „Сакаме преку, сакаме преку!”, сЀ погласни се луѓето пред граничарите на Јегер. Офицерите се беспомошни. Јегер повторно и одново се обидува на својот претпоставен Цигенхорн во Штази-централата да му ја објасни сериозноста на ситуацијата. Тој веќе два часа постојано му ја дава истата наредба: „Испрати ги луѓето назад, нека дојдат утре изутрина.”

Page 43: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

43

Зад луѓето во меѓувреме се создава колона од возила долга еден километар - од Борнхолмерштрасе до Шонхаузер Алее. Пред нив стојат 52 вооружени граничари. „Ако требаше да пукаме, ќе висевме на бандера!” вели подоцна надлежниот офицер на Борнхолмер Штрасе. Од април на сила е наредбата конфликтите да се решаваат без употреба на оружје. „Единствен исклучок - доколку е загрозен сопствениот живот” вели Јегер. Повторно повик до Цигенхорн. „Јегер, не можам да ти дадам никакво решение, и јас ништо не добивам одгоре”. Загрижен за доброто на своите луѓе и напуштен од своите претпоставени Јегер го вклучува „тивкиот аларм”, тоа значи повик за 50 до 60 граничари како засилување. 21.37 часот (по Берлинско време), Вашингтон, во Белата куќа Претседателот на САД, Буш, сака да даде изјава за настаните во Источен Берлин и притоа повикува група новинари во Овалната соба. Претходните часови тој и министерот за надворешни Бејкер се ѕурат во телевизорот обидувајќи се да си создадат слика за ситуацијата. Подоцна тој ќе се пожали: „До тој миг немавме ниту една единствена информација дека ѕидот ќе падне, ниту пак било какво хартивче од тајната служба”. Притоа Буш распослал карта на Германија за подобра ориентација. Тој дава одговор на провокативно прашање на еден новинар, дали не се наоѓа во одлично расположение. „Јас не сум емоционален тип”. „Колку сте воодуше-вени од ова?” „Задоволен сум”. Информациите на Буш се премногу тенки, тој не сака да ги провоцира Русите. Американските трупи во Западен Берлин се ставени во состојба на највисока готовност. Бушовиот советник за безбедност Брент Скаукрофт подоцна ќе рече: „Едноставно не знаевме што се случува во Источен Берлин. Моравме да бидеме спремни и на жесток воен удар”. 21.45 часот, Берлин, во зградата на Централниот Комитет Кренц се обидува да го добие Горбачов, во Москва е кратко пред полноќ. „Советската централа”, ќе рече Кренц подоцна, „не е секогаш со добра волја да даде врска. А сигурно ќе добиев врска ако кажев дека сме пред војна”. 21.45 часот, Мајнц, редакциската зграда на ZDF (втор герм.ТВ канал во BDR, забел.на превед.) Во „Хојте журнал” новата уредба за чудо се критикува. Таа важела само за оние кои се решени да ја напуштат земјата. Ќе било подобро „ако беше објавено дека секој DDR-граѓанин кој поседува пасош може да ја помине границата и повторно да се врати”.

Page 44: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

44

Сојузниот канцелар, сеуште на гости во Полска, во интервју објаснува дека тој бил спремен да ги помогне бегалците. „Држи ли сеуште тоа господине Сојузен Канцелар?” прашува новинарот Петер Фос. „Би можеле ли сите да ги прифатите?” 21.50 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе Од пред неколку минути луѓето на Јегер применуваат „попуштање на вентилот”: исклучително дивите диви свињи треба да бидат издвоени од толпата пред рампата и оградите, и да бидат пуштени на Запад. На фотографијата во нивната легитимација се удира печат кој за сите гранични премини има значење: „Внимание, заминат илегално. Повторно влегување забрането”. Кој ќе добие таков печат преку фотографијата, тој истовремено се запишува во потерната листа. Тоа е исходот на неколкучасовните Јегерови барања за наредба: Штази засекогаш ги отпишува сите кои сакаат да го разгледаат Западен Берлин. На Јегер тоа му одговара, важно сега има упатство. Пред 20 минути, кога повторно му ѕвонеше на Цигенхорн, тој беше сведок на разговорот на својот претпоставен со неговиот претпоставен. Првиот му дозволи да слуша кога самиот телефонираше во Штази централата на Норманен Штрасе. „На Борнхолмер Штрасе станува заканувачки вели Јегер”. –„Може ли тој тоа воопшто да го процени или е само страшливец?” Но брзо потоа се сетија на „попуштање на вентилот”. Најгласните водачи на протестот се веќе на пат на Запад, заради прикривање граничарите треба да пуштат и неколкумина помалку гласни. 22.00 часот, Шумска населба Вандлиц крај Берлин Пристигнувајќи во својот дом Шабовски прима повик од еден другар од Берлинското општинско раководство на Социјалистичката партија. Тој е во станот на свој познаник близу до Борнхолмер Штрасе. Стотици луѓе биле насобрани пред граничниот премин сакајќи надвор. Шабовски е кисел. Но кому? „Проклета свињарија, повторно дупка во пренесувањето”. Тој својот другар го замолува за постојани известувања од тамошните настани. Берлин, Под липите, во Советската амбасада Бидејќи советскиот пратеник Игор Максимичев настаните на ѕидот ги следи на Западната телевизија, тој е загрижен. Полека почнува да му осамнува дека сето тоа нема никаков план во себе. „Човек можеше да почувствува како со секој четврт час растеше набојот, опасноста дека некому ќе му попуштат нервите беше многу голема”, ќе рече тој подоцна. Да се алармира Москва? Сега е таму длабока ноќ по долгиот ден на дославување на Октомвриската револуција. Кого би успеал да добие во ова време? Ако некој

Page 45: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

45

и сеуште е буден, тој ќе се обиде да се прави важен, и во преголема желба да се докаже може да донесе трагична одлука. Од испоставата на КГБ во Берлин-Карлсхорст патуваат брзојави кон Москва, но одговорите на нив стигнуваат дури следното утро, а и тогаш само со постојано истата наредба за нови извештаи за состојбата. Оваа вечер информациите за прес-конференцијата на Шабовски и сЀ друго не доаѓаат до берлинските КГБ-овци од нивниот офицер за врска во Штази, туку од емисиите на телевизија. Амбасадорот Кочемасов оди во кревет, го напушта бојното поле со апче за спиење.

22.00 часот, Берлин, во населбата Лихтенберг

Кога Лаутер со својата жена од театарската вечер пристигнува дома, неговиот син го дочекува со зборовите: „Треба да му се јавиш на твојот министер, те бара веќе неколку пати. Патем речено, границата е отворена”. Лаутер не мора повеќе да телефонира, останува во својот мантил, брза кон Трабито и вози во министерството.

22.30 часот, Берлин, во зградата на Централниот Комитет

Двајца членови на ЦК, Хелмут Коциолек и Еберхарт Хајнрих, сеуште се на спратот на Политбирото во зградата на ЦК, тие до овој миг ги дотеруваа конечните формулации на Акциониот план на Социјалистичката партија. На заминување тие во ходникот го среќаваат збрканиот Егон Кренц. „Па што да правам јас?” незапрашан завива партискиот шеф. „Па не оди повторно да ја затвораме границата!” Еден друг член на ЦК го добива Кренц по телефон, сака да знае што се случува, но овој му вели дека и самиот не разбира што се случува.

22.30 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе

Попуштањето на вентилот отпрво донесува некакво смирување на граничниот премин. Јегер отвори три шалтери, среќниците мора да влегуваат во еден затворен канал кој одзади бива блокиран со автоматска врата. Тоа е фактички како лифт од метал кој се отвора и затвора на копче – пронајдок на еден безбедносен офицер за што луѓето на Јегер добија еднократна премија. Пронајдокот сега се користи за гласните да се одделат од тивките, но колку подолго граничарите селектираат, колку повеќе пуштаат низ каналот, толку погласни стануваат тивките. „Рампата горе! Рампата горе!’ Веќе подолго време Јегер е зафатен со распоредувањето на граничарите повикани со тивкиот аларм. Мора добро да се покријат сите важни точки на граничниот премин: оперативните зони, службените бараки, картотеката со потери, главниот пулт, сЀ мора да биде обезбедено од препади.

Page 46: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

46

22.30 часот, Берлин, Министерството за внатрешни работи, канцеларијата на Герхарт Лаутер

На пат кон Министерството за внатрешни работи на Лаутер му прострујува низ главата: што би можело тоа да тргне наопаку со нацрт-заклучокот. Откако на стражарите им ја покажува службената легитимација тој тргнува по празните ходници – главниот оддел за патување и пријавување нема дежурни преку ноќ. Влегувајќи во својата канцеларија тој забележува како 24-те зелени лампички на неговиот телефонски уред светкаат како луди. Фопосите, Штази офицерите и началниците од сите делови на Републиката сакаат да знаат што содржи тој заклучок за патување. Еден од првите повикувачи: Американската амбасада во Источен Берлин бара објаснување. На германски.

22.42 часот, Хамбург, редакцијата на „Тагестемен” Оваа историска вечер „Тагестемен” почнува подоцна од вообичаено, но не поради отворањето на ѕидот, туку поради тоа што на куп-натпреварот помеѓу ФК Кајзерслаутерн и ФК Келн се игра продолжение. Спикерот Ханс Јоаким Фридрих ги изговара познатите реченици: „DDR соопшти дека нејзините граници од овој час се отворени за секого. Сообраќајот во западен правец е слободен. Капиите на ѕидот се ширум отворени”. Во тој миг тоа сеуште не е баш така. Кога редакцијата се вклучува во живо на Инвалиденштрасе, репортерот стои пред сеуште затворениот премин. Но зборовите на спикерот се посилни од сликите. „Капиите се ширум отворени, повеќе илјади луѓе од Источен и Западен Берлин се на пат да навалат низ нив”.

23.00 часот, Берлин, Под липите, во Советската амбасада

Пратеникот Максимичев гледа „Тагестемен” со големо олеснување, нема ниту збор за пукање или тепање. Последните часови се за него најдраматичните мигови во неговата дипломатска кариера, ќе рече тој подоцна. „Никој од официјалните лица на DDR не нѐ се јави, а и ние не можевме ниеден од нив да добиеме на телефон. Имавме впечаток како целото раководство на DDR да беше проголтано в земја.”

Шумската населба Вандлиц крај Берлин

Вториот повик од другарот дефинитивно му ја расипува вечерта на Шабовски. Илјадници луѓе стојат пред граничниот премин на Борнхолмер Штрасе и сакаат надвор. Шабовски нарачува да дојде неговото Волво за да го одвезе в град.

Варшава, во палатата Радцивил Сојузниот канцелар Кол е колку што е можно подобро информиран од својот портпарол. Кол: „Во тој миг ние бевме надвор од сите случувања, се чувствувавме како да сме на друга планета.”

Page 47: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

47

23.10 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе Додека сЀ повеќе граѓани на DDR низ каналот со автоматско затворање се префрлуваат на Запад, првите од нивниот западен трип се враќаат назад. Меѓу нив е и еден брачен пар, нејзината фотографија во пасошот е печати-рана, неговата не. Јегер ја погледнува жената суво, таа плаче, сака дома кај своите деца. Но таа сега е всушност отпишана. Сепак Јегер ја пушта да помине, а на своите луѓе им наредува: „Сите повратници смеат да поминат, сите!” Попуштањето на вентилот, тоа Јегер го забележува во тој момент, како и да не постои. Тој ги повикува сите важни офицери во салата за состаноци на службената барака. Со оглед дека одозгора не добива никакви упатства, тој решава сите заедно да се договорат. Постојат три алтернативи: првата е да се чека, но тоа може да доведе до потиснување на луѓето во првиот ред од оние зад нив и притоа истите да се допрат до оградите, што ќе предизвика голема паника.9 Или пак да се повикаат трупите на Народната армија и нив да им се препушти одлуката, и притоа да се ризикува пристигнувањето на вооружена војска да ја извади ситуацијата од контрола. И трето: да се подигнат рампите и да се пуштат луѓето, неконтролирано. Јегер ги погледнува офицерите. „Да ги пуштиме?” Сите молчат. „Да пукаме?” Тие се погледнуваат запрепастено. Никој не сака да се изјасни и да ја сподели одговорноста. Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе, на рампата Веќе два часа Маркус Хан се вртка околу граничниот премин. 22-годишниот книговодител во „Берлински лифт и елеватор” ја виде прес-конференцијата на Шабовски кај својата мајка во Фридрихсхајн, притоа помисли дека за такво нешто мора да се поднесе барање, тоа трае, но таа му вели да проба, па затоа тој подоцна, одејќи да купи цигари, се одвлечкува до граничниот премин. Хан мораше малку да се турка, во тој миг луѓето сеуште држеа растојание од граничарите. Некои безусловно сакаа преку, некои како него сакаа само да погледнат. Расположението е одлично, го зарази и него, тој трча до својот стан да ја земе и својата девојка која веќе спие: „Облечи се, одиме надвор, нешто ќе се случи”. Тој нема страв дека ќе дојдат оние со пендреците. Толпата брзо расте. „Нема да успееме да се пробиеме”, мрмори неговата девојка. Сепак некако се провлекуваат, луѓето се весели и викаат „Отварај!”. Расположе-нието не е напнато. Граничарите издвојуваат некои поединци, тие потоа смеат да поминат. „Тогаш помислив дека тоа нема долго да трае така.”

9 Оградите се наоѓаат под електричен напон кој не е смртоносен, но сепак ќе предизвика

паника кај луѓето. (заб.на превед.)

Page 48: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

48

23.25 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе

Натпоручникот Јегер е очаен. Уште од 21 часот сите началници на Единиците за Берлинските контролни премини на Главната 6.Управа заседаваат во Берлин-Трептов, а Јегер сеуште одозгора не добива ништо освен пароли на бодрење да издржи. Подоцна тој дознава дека таму Генералмајорот Фидлер, оној генерал кој му го обезбеди користениот Вартбург мотор, ги смирувал останатите со реченицата: „Колку што јас ги познавам моите Берлинци, тие во 23 часот одат на спиење.” Триесет минути е по 23 часот. А каде се Берлинците? Тие стојат исправено, 20.000 од нив, пред Јегеровата рампа и викаат: „Рампата горе, рампата горе!” И што прави сега Јегер? Наредува сите печати, картички, виза-формулари, потерници, да се заклучат во сефот и на своите луѓе им довикнува: „Дигајте ја рампата!” А неговиот колега им дава извештај на претпоставените „Сега ќе пловиме!” А Маркус Хан? Стои во првиот ред пред рампата, неговата девојка зад него, цврсто се држи за неговата јакна. Како офицерите ја тргаат рампата навнатре, така тој одзади бива притиснат од луѓето, со едната рака се држи цврсто за рампата да не падне, од толпата бива туркан сЀ потаму, сЀ подлабоко во граничниот премин, со истрајна сила на едно цунами се излева повеќечасовната, повеќегодишната, повеќедецениската потиснувана волја на десетиците илјадници луѓе преку широкиот челичен мост кон Запад. Маркус Хан очекува да наиде на некоја контрола, на граничари, на формулари, но среќава само двајца насмеани мажи во темнозелени униформи, првите западни полицајци. Тој застанува и го прави тоа што го советуваше неговата мајка: „Ако се најдеш некаде каде што не си бил никогаш порано, мораш прво да го вдишеш воздухот, бидејќи мириса поинаку”. Да, мириса поинаку.

23.40 часот, Берлин, Министерството за внатрешни работи, канцеларијата на Герхарт Лаутер

Од повиците кои во див такт ги напаѓаат светилките на телефонскиот пулт, на Лаутер полека му се склопува паз’л-сликата на Републиката во заминување. Дежурните во МВР и Штази немаат никаков преглед на ситуацијата и му се јавуваат нему, како да е тој окото среде слепилото. Никој не се осмелува - таков е неговиот впечаток – да донесе централна одлука, сЀ е само хаос од поединечни одлуки. Кратко после полноќ сите Берлински гранични премини се отворени. Откако началникот Цигенхорн од Јегер дознава дека рампата на Борнхолмер Штрасе е подигната, тој – по консултација со Герхарт Ниблинг, началникот на Централната координативна група за бегалци во Штази – наредува и останатите шест гранични премини да се отворат. Од Кренц или Милке, ќе рече Ниблинг подоцна, немаше никакво одобрување за отворање на

Page 49: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

49

границата. Според Ниблинг тоа е ноќ без централни наредби. Ниту Националниот совет за безбедност, ниту Генералниот секретар - шефот на Штази, ниту Министерот за внатрешни или за одбрана не се обидоа да загосподарат со ситуацијата.

23.50 часот, Берлин, Граничен премин Хајнрих Хајне Штрасе

На својата тура низ пијаниот од слобода Источен Берлин Шабовски пристигнува на Хајнрих Хајне Штрасе. Претходно на Борнхолмер Штрасе не можеше да се пробие до граничниот премин. СЀ е отворено, Берлинците одат и доаѓаат како пред 30 години. Еден човек на Штази во цивилно му приоѓа на неговото Волво и отсечно ја изговара најкул реченицата на оваа ноќ: „Нема посебни настани.”

23.50 часот, Берлин, граничен премин Борнхолмер Штрасе

Граничарите поединечно стојат наоколу или се врткаат бесцелно меѓу луѓето во зоната на нивниот граничен премин. Јегер се повлекува во оперативната барака, таа стои малку настрана, на почетокот на неговата гранична служба таа беше единствена градба на преминот. Тој сака да се прибере, последните часови да ги претресе. Стапувајќи во бараката среќава еден капетан и еден друг офицер. На едниот му течат солзи по лицето, другиот седи во просторијата за сослушување и добива плачевни грчеви.

10.Ноември, 0.15 часот, Западен Берлин, Ку’дам

Маркус Хан и неговата девојка на нивната експедиција во поинаку миризливата земја стигнуваат до Ку’дам. Никој не им се обрати во метрото дотука, Ку’дам не е така светол како што мислеа, навистина светол е само Мек’доналдс. Од еден човек Маркус испросува нешто ситно и се јавува на мајка му. Таа веќе спие. „Како е, како е?” – „Да, сосема океј, наскоро се враќаме”. Потоа се јавува на татко му во Франкфурт. Тој веднаш прогласува фајронт во својот џез-клуб и тргнува кон Берлин.

4.00 часот, Берлин, Министерството за внатрешни работи, Канцеларијата на Герхарт Лаутер На Радио DDR-1 Лаутер мора да го прекине молкот на раководството на DDR. Во интервјуто тој им објаснува на оние што сега сеуште, или повторно се будни, каква била всушност замислата со уредбата за патување. Во овој час требаше да истече рокот за забрана, новата уредба за патување требаше да биде објавена сега. Лаутер се обидува да ги упати граѓаните на DDR да побараат пасош или виза во пријавните места, но во неговите зборови се чувствува дека и самиот не верува во тоа што го зборува. Подоцна тоа утро Лаутер седнува уште и во студиото на TV-DDR, со длабоки црни подочници, разбушавена коса и нервозен поглед, и во пријателскиот

Page 50: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

50

хаос повторно се обидува да ги изнесе поединостите од уредбата за патување. Тој можеше да стане симболот на новиот почеток, но тој седи тука како последен човек на еден распаднат режим.

6.30 часот, Берлин, Ук’рмунд’р Штрасе

Будилникот ѕвони во станот на Маркус Хан. Во два часот по полноќ тој се врати од земјата на новиот мирис, го поздрави граничарот со зборовите „Еве ме пак!”, а овој го отпоздрави со насмевка. Триста метри од гранич-ниот премин Борнхолмер Штрасе тој потоа си легна во својот кревет. Во 7 часот тргнува на работа, тој е еден од малкумината кои ова утро сакаат да работат во „Берлинскиот лифт и елеватор” во Панков. А само два часа подоцна тој повторно се враќа в кревет.

9.00 часот, Берлин, во зградата на Централниот Комитет

Долгата ноќ на молчење не завршува ниту наредното утро. Кренц и другите членови на Политбирото не зборуваат за паѓањето на ѕидот кога продолжу-ваат со седницата на Централниот Комитет. Нема правдање, никаква критика, ниту еден збор. Членот на ЦК Герхарт Шурер, раководителот на Комисијата за планирање, зборува како сеуште да има нешто да се планира, а притоа му е јасно, како што ќе признае подоцна, дека отворањето на ѕидот без противпомош од другата страна ѐ оневозможува на DDR „да постои како држава и понатаму”. Отворањето не била намера на Полит-бирото, а и на ЦК-членовите не им е јасно како со новата уредба „ѕидот падна преку ноќ”. Порано секој „граничен премин му донесуваше на DDR стотици милиони, на 9.Ноември DDR создаде 63 нови гранични премини без да инкасира ниту пара”. Оваа сметка на историската ноќ подоцна пред генералите на Штази ја поднесе Ханс Модров. Утрото на 10.Ноември се дава отчет само во еден потесен круг. „Кој ни го смести ова?”, стенка Кренц. „Кој го провали ова со Западен Берлин?” завива Милке. Една цела ноќ дивите свињи јуреа таму-ваму меѓу Источен и Западен Берлин, ги претворија Кол, Буш, Горбачов и Кренц во немоќни зјапачи, заспани гледачи, но сега моќниците повторно прискокнуваат. Тие праќаат депеши и телефонати околу целата топка, се обидуваат да најдат зборови за анархијата на ноќта, збрката повторно ја насочуваат на дипломатски колосек, од забуната го создаваат германското единство. За сите комунисти оваа ноќ беше трагедија, за сите други подарок на забуната, а за уживателите - убава комедија. „Еден, два, три” ја нарече Били Вајлдер комедијата што ја сними кога се изгради ѕидот.10 „Три, два, еден” е продолжението, снимено во една ноќ, со тројца главни актери, дузина споредни и стотици илјади статисти, кои се всушност главните актери.

10 “One, two, three”, Billy Wilder, комедија од 1961 год.

Page 51: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

51

Она што оваа историска лекција ја прави толку комична е ланецот на настани инициран од неколку брзоплето срочени реченици прочитани на една прес-конференција („може да се поднесуваат барања за приватни патувања, одобрувањата се издаваат во најкраток рок”), кои всушност ниеден човек на светот, а особено не граѓанинот на DDR, не би можеле да го доведат на мисла дека тој би можел да навали на границите. Ненамерниот пад на ѕидот, така срочи најтемелниот истражувач на ѕидот во Републиката, берлинскиот историчар Ханс Херман Хертле, „се случи во еден сплет на некоординирани одлуки на врвот на Социјалистичката партија, погрешни дефиниции на ситуацијата на западните медиуми, спонтана решеност на телевизиски гледачи и радиослушатели, како и ад-хок одлуки на пограничните органи”. Со други зборови: не беше безусловно колекти-вната интелегенција таа која оваа ноќ го сруши режимот, туку нејзината спротивност. На Лаутер, Шабовски и Јегер, тројцата бесплански заговорници на пучот, во последните 20 години повремено им се вкрстуваа патиштата. Лаутер остана во Министерството за внатрешни на DDR - додека тоа постоеше; тој ѐ остана верен и на Социјалистичката партија - додека таа постоеше. Тој беше член на Арбитражната Комисија на партијата и требаше да ги истражи пропустите на старото Политбиро. Така се случи една јануарска сабота тој да седи во суд против човекот кој на 9.Ноември го дигнал од спиење. Шабовски беше исклучен од партијата која тој се обидуваше да ја спаси. Лаутер мораше по денот на обединувањето да се впушти во слободното пазарно стопанство, луташе низ повеќе друштва со ограничена надеж, поправо со ограничена одговорност11, се скраси како советник во една авиокомпанија, но еден ден беше принуден да признае дека неговите шефови немаат не само канадски пари, туку никакви, па мораше да ги отпушти и последните стјуардеси. Тој и неговата жена денес во Лајпциг ја водат адвокатската канцеларија „Лаутер и Лаутер”, тие се специјалисти за работно право, социјално право и Харц IV. Падот од Олимпот на DDR Шабовски го преживеа така што како крунски сведок им се стави на располагање на оние кои претходно ги нарекуваше „класни непријатели”. Притоа тој се обидуваше да им ги објасни своите заблуди, но бидејќи од тоа не се живее, тој – новинарскиот сплеткар на Социјалистичката партија – се скраси како уредувач на страници во огласникот „Хајмат Нахрихтен” во Хесенскиот Ротенбург. Во 1995 и против него беше покренат процес поради жртвите на ѕидот, доби три години, во 1999 мораше в затвор, во 2000 доби помилување. Што направи натпоручникот Герхарт Јегер од граничниот премин Борнхолмер Штрасе со новата слобода за патување? Најпрво отпатува на

11 Хумористична досетка на авторот: Gesellschaft mit beschränkter Haftung / Hoffnung (GmbH): Друштво со ограничена одговорност/надеж (хафтунг и хофнунг во германскиот јазик звучат прилично слично) (забел.на превед.)

Page 52: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

52

островот Борнхолм, подоцна во Норвешка и Австрија, никогаш во Париз, градовите не ги сака, а Мајорка пак никако. Тој доби 8000 марки испратнина кога на новата германска држава повеќе не ѐ требаа услугите на луѓето од Штази; натпоручникот потоа работеше како продавач на весници, подоцна на сладоледи, најпосле како обезбедувач, отпрво за 5,5 евра од час, потоа за 4,6. Неговата жена е одамна невработена, а исто така и неговиот внук од неодамна. „Безработицата ѐ припаѓа на капитализмот”, сето тоа многу не го изненадува. Дека Германија е обединета, а DDR веќе 20 години историја, тоа сите тројца знаат да го ценат, иако не подеднакво. Шабовски, паднатиот „бубрег во лој”, е најрадикален, тој прижелкуваше Социјалистичката партија да биде забранета и да се покрене поинтензивно расчистување со нејзините недела. Економската криза, така гледа Јегер на тоа, го потврди сето она што тој порано го имаше слушнато на курсевите по марксизам. Тој во социјалното пазарно стопанство за значајно го смета тоа што сега како пензионер добива повеќе пари отколку што внесол во пензиската каса. Неговото срце сеуште чука налево, но неговиот ум му вели дека „благосостојба за сите” е утопија. А Лаутер? Тој кој утрото на 9.Ноември со три реда пасус во еден нацрт-заклучок ја разниша својата DDR? Тој не сака враќање на социјализмот кој пропадна овој ден, но е член на Лајпцишкиот Градски совет од партијата „Левица”. CORDT SCHNIBBEN

Page 53: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

53

ИЗУМИРАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ – ПРЕДУСЛОВ ЗА НАПРЕДОК НА ЧОВЕШТВОТО

Претпоставувам дека воопшто нема да бидат малкумина оние кои читајќи го насловот на овој напис ќе помислат дека се работи за некаква техничка грешка. Неговиот автор може целосно да го разбере надоврзувањето на таквата мисла, зашто политичките партии на поновото време пуштија толку широки и длабоки корени во општествениот живот, што дури и самата помисла на нивно отсуство изгледа крајно нестварна. Да се замисли како би можел да се одвива општествено-политичкиот живот без постоењето на политички партии на прв поглед се чини како не лесна задача. Но сепак тоа можеби и не е така тешко, со оглед на фактот дека во човекот на сегашно-ста, повеќе или помалку свесно, веќе живее длабока одбивност од секакво политичко здружување, а и со оглед на еден друг факт, дека никулецот на она што доаѓа на неговото место веќе ги има пуштено првите корени. Во поглед на првиот факт сигурно ќе се најдат многумина кои тоа ќе го оспоруваат, притоа посочувајќи на стварноста која покажува дека луѓето во не мал број се зачленуваат во политичките партии. Едни во социјалистички или социјалдемократски, други во конзервативни или демохристијански, трети во либерални или демократски. Но доколку некој од нивните членови на прашањето зошто се зачленил во одредена политичка партија (а не во друга) одговори дека тоа е затоа што нејзината идеологија му е блиска, тогаш секому е несомнено јасно дека ваквиот или нему сличен одговор е далеку од искрен. Да се зборува за некаква идеолошка блискост на погле-дите на партиските членови во денешно време, тоа верувам дека дури и наједноставниот човек го чувствува како чист анахронизам. Дека идеоло-гиите на полето на општествено-политичкиот живот ѐ се веќе далечни на сегашната стварност, тоа со голема радост можеме да го поздравиме како значаен чекор во развојот на човечката свест. Зашто на ова поле денес може да постои само една „идеологија”, која всушност не е никаква идеологија, а која се нарекува демократија. За демократијата како основна одлика на денешните пред сЀ европски општества е многу зборувано, и допрво уште повеќе ќе се зборува. Па сепак дури и кај повеќето луѓе кои неа ја посакуваат во што е можно поголем обем како да не постои доволно јасна претстава за тоа, што е највнатре-шната срж на демократијата. Овој краток спис би сакал да биде скромен придонес кон тоа, да се фрли мала светлина врз некои прашања. Во прастари времиња секој човек морал сам да си го обезбеди сето она што му е нужно за живот: храна, облека, живеалиште итн. Но како што животот напредувал дошло до поделба на работата, така што едни стануваат исклучиво земјоделци, други исклучиво занаетчии. Со натамошниот развој поделбата сЀ повеќе се проширува и продлабочува (овој процес всушност никогаш не застанува), така што се појавуваат и такви кои се исклучиво свештеници или учители, и такви кои се исклучиво главатари или нивни

Page 54: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

54

помошници. Овој процес изгледа толку природен и нужен, што се чини просто невозможно да се замисли дека тој можел да се одвива и некако поинаку. Така човекот него го прифаќал како нешто само по себе разбир-ливо, па социјалниот живот во рамките на една општествена заедница се одвивал без поголеми потреси. Но почнувајќи од пред пет века, а особено со индустрискиот развој и со развојот на циркулацијата и комуникациите во 19. и 20.век, а со тоа и со сЀ поголемото усложнување на животот, настапува сЀ поотворено незадоволство од општествените состојби и сЀ посилен нагон за нивно свесно менување. Се појавуваат разни политички и економски, со еден збор социјални теории, од кои некои го доживуваат и своето остварување во општествениот живот, но за жал со такви катастро-фални последици по него, што многу луѓе почнуваат да се сомневаат дали воопшто е целисходно изнесување на било какви размисли за негово менување. А сето ова од причина што човекот на поновото време не успеа да препознае дека она што го носи поделбата на работата така да речеме на микрониво - на ниво на поедини човечки индивидуи, дека истото тоа некогаш нужно мора да се преслика и на макрониво, т.е. на општествено ниво. Со други зборови тоа значи општеството, т.е. социјалниот организам, да се разграни на три основни сфери, кои би сакале да ги наречеме три члена, и тоа: она што отпрво го нарековме земјоделци и занаетчии, но денеска во многу посложен вид (производители, трговци, конзументи), сега би го нарекле стопанска сфера т.е. стопански член; она што условно го нарековме главатари и нивни чиновници, сега би го нарекле правно-политички член; а пак тоа што отпрво го нарековме учители и свештеници, но денеска исто така во далеку посложен вид – воспитувачи, учители, професори, лекари, уметници, научници, иноватори, свештеници и многу што друго – сега би го нарекле духовен член на социјалниот организам. Ова расчленување многу повеќе се однесува на функционална, отколку на некаква физичка т.е. просторна одделеност. Изразот „духовен член” го употребуваме за сЀ она што е мисловна, умствена дејност. Се разбира дека ова именување треба да се земе само условно, затоа што и духовниот работник мора да пишува или да чука на машина, односно да извршува некаква физичка работа, како што и работникот во фабриката мора да размислува додека работи до машината. Поделбата всушност се однесува на она што претежнува. Поради не толку големата сложеност на животот во дамнешните времиња не се јавувала потребата од свесно расчленување на трите основни сфери на социјалниот организам. Но со сЀ поголемото негово усложнување, таа помалку или повеќе свесно почнува да го притиска човечкиот дух, така што кон крајот на 18.век настапува Големата француска буржоаска револуција со барањата за братство, еднаквост и слобода. Овде се всушност, како од една полусвесна пророчка визија, изречени принципите кои треба да важат за трите члена на социјалниот организам – на полето на стопанскиот член принципот на братството, на полето на правно-политичкиот живот

Page 55: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

55

принципот на еднаквоста и во духовната сфера принципот на слободата. Овие три принципи секако дека еден на друг ќе си противречат доколку треба да се остваруваат во едно безоблично општество, каде тие хаотично испревртени под апсолутната доминација и постојаното катастрофално мешање од страна на државниот, т.е. правно-политичкиот член, не можат самостојно да се развиваат. Но доколку секој од овие три принципи се остварува и развива на свое засебно тло, одвоен од другите два, за потоа со останатите да содејствува, тогаш би можело да се дојде до нивно усогласување и плодотворно делување. Овде не сака да се каже дека покренувачите на Француската буржоаска револуција го имале во вид тоа што ќе биде кажано подолу во овој напис, но сепак на барањата на еден толку значаен настан во историјата на човештвото, каков што е оваа револуција, би морало да се гледа како на еден вид претскажување за нешто што е во надоаѓање. Секој од трите спомнати члена треба да биде самостоен во себе, со своја сопствена управа, но сите три соработувајќи постојано, повторно ќе чинат една единствена целина. Во денешно време несвесно се прави една длабоко трагична грешка што поимот држава често се поистоветува со поимот општество. Многу често може да се слушне како се вели: „Државата треба да направи ова, државата треба да обезбеди она”, и притоа некаде со многу право, но во доволен број случаи сосема погрешно. Државата е само еден сегмент, еден дел на социјалниот организам, тоа што го нарековме правно-политички член. Тоа што е единствената задача на овој член, тоа е прав(ич)ното уредување на односите од човек кон човек, т.е. на меѓучовечките односи, како помеѓу поедини човечки индивидуи (тоа што денес се нарекува физички лица), така и помеѓу групи на луѓе (тоа што денес се нарекува правни лица). Како што беше изнесено погоре, во правно-политичкиот член мора да владее принципот на еднаквост. Овој принцип се темели на реалната животна вистина дека во секој човек, независно од неговото потекло, независно од неговото образование, независно од апсолутно било што, подеднакво живее чувството за правичност. Може некој селанец да нема ниту основно образование, може да не знае ниту да чита ниту да пишува, но дали земјата е правично распределена, дали сопственоста е правично уредена, тоа не мора никој да му го каже. Тој овие нешта несомнено добро ги чувствува и расудува, иако можеби не е способен тоа да го изрази со латинизми или други китнести зборови. Од оваа еднаквост, која би сакале да ја наречеме еднаквост во прв степен, произлегува втората еднаквост, имено, дека на секој човек мора подеднакво да му се овозможи да го искаже своето мислење. Еден пријател на авторот на овој напис во еден меѓусебен разговор, од еден сосема добар внатрешен инстинкт, многу правилно ја загатна суштината на демократијата прашу-вајќи по малку гневно вака: „Како може тоа, некои луѓе во некој парламент да донесуваат закони кои потоа имаат влијание и на мојот живот, на моето

Page 56: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

56

секојдневие, а притоа никој мене не ме прашал ништо, што мислам Јас за тоа?” Во овој втор степен на еднаквоста е содржана сржта на демократи-јата. Но оваа еднаквост нема никогаш вистински да заживее доколку постои обликот на здружување наречен ,политичка партија’. Зашто во секој облик на здружување, а особено во оние од поголем обем, неминовно се наметнува потребата од хиерархија. А каде постои хиерархија, таму не може да се зборува за еднаквост. Колку ли да се прогласуваат денешните партии во светот за демократски, тоа се само голи изјави кои немаат никаква врска со стварноста. За да може принципот на еднаквост стварно да се остварува, нужно потребно е човекот да почне да зборува сам од себе, неговото ЈАС, неговите лични размисли и чувства да најдат свој нестеснет, ненаметнат израз. А тоа во една политичка партија не може никако да се случи, од проста причина што партискиот врв секогаш ќе го наметнува својот став, а како обичниот, така и повисокиот партиски член (најчесто зачленети поради помал или поголем личен интерес), него помалку или најмалку волно беспоговорно ќе го застапува. Оттука следи дека постоењето на политичките партии неизбежно го гуши изразувањето на личното мислење. А сЀ додека човекот е попречен него да го искаже, сЀ дотогаш човештвото ќе се гуши во меѓусебна нетрпеливост, во поделеност на два табора закопани во своите „партиски ровови”, слепо бранејќи ги ставовите на водачите. Со тоа и неговиот развој ќе биде бавен и мачен, полн со беда и несреќа. И само тогаш, кога човекот ќе почне да зборува сам од себе, само тогаш ќе може да се дојде до приближување на ставовите, до меѓусебно разбирање. Минатиот систем на овие простори од денешна гледна точка обично се нарекува едноумие, па човекот е притоа горд што него го надминал и дошол до многуумие, т.е. до плурализам, не гледајќи дека всушност се работи за тврдоглаво двоумие. Плурализмот е само еден гол збор, зашто на која страна на светот и да се сврти човек ќе види дека всушност се работи за дуализам. Сите останати партии и партијчиња се сателити на едниот или на другиот, но не постојани, туку во зависност од конјунктурата во секој миг е можно нивно прелетување од орбитата на едниот во онаа на другиот (овој факт е само уште една потврда дека поимот „идеологија” e соголен до обичен збор без никаква содржина, што ни причинува особена радост). Но како што едноумието беше надминато и прејде во двоумие, односно повеќеумие, така следниот чекор би требало да биде „милионоумие”. За појасно да ја отсликаме оваа можност ќе тргнеме со пример, отпрво правејќи нестварно голем скок со тоа што ќе претпоставиме дека полити-чките партии не постојат, а малку подоцна ќе предложиме како тој скок би можел да се претвори во стварни чекори. Се разбира дека тоа ќе биде само пример кој воопшто не настојува на некаква конечност и може да трпи промени и подобрувања. За поголема едноставност на почетокот да земеме некоја помала територијална единица, да речеме некоја помала општина. Некој жител на таа општина решава да се кандидира за пратеник во

Page 57: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

57

државното собрание. Нужен предуслов за да успее во ова секако ќе биде тоа, тој во својата средина да е препознаен како чесен и вреден човек. Доколку тоа и не е случај, тој секако дека ќе може да се кандидира, но тешко е да се поверува дека би можел да има успех. Овој услов е секако потребен, но не и доволен. Вториот услов е тој човек да знае да размислува. Со ова последново воопшто не се мисли на тоа, тој да има усвоено некаква филозофска или математичка логика, туку пред сЀ да има здрав поглед на животот, а со тоа и здрави размисли за надминување на тешкотиите со кои во дадениот момент се соочува заедницата. И третиот услов е тој човек да биде трпелив во разговорите, стабилен и неизбувлив. Првиот услов тој човек нема потреба некако особено да го докажува, бидејќи секако доволен број луѓе на заедницата во која живее го познаваат, а пак тие што не го познаваат бездруго ќе се распрашаат кај оние што го познаваат. За да излезе на виделина дали вториот и третиот услов се во доволна мера исполнети нужен е таков вид на избор, низ кој јасно ќе може да се види дали тоа е случај или не. За таа цел во закажаниот период на избор кандидатот ги посетува сите населени места, да речеме на одреден датум е закажана средба во населеното место N. Сметам дека оваа средба е нужно да се одржува во затворена просторија, да речеме во некоја поголема просторија на дом на култура, училиште или слично. Во некое идно општество убаво би било секое населено место да има една кружна зграда за вакви намени, бидејќи од голема важност е принципот на еднаквост и сликовито да се спроведува на тој начин што сите ќе седат во круг12. Оваа зграда ќе биде многу често во употреба за политички настани, за што ќе стане збор неколку реда подолу. Секако дека таа би можела да се користи и за други намени, културни настани, предавања и слично. Отворениот простор дури и во убави денови не може да биде соодветно место затоа што во природата има премногу работи кои можат да го одвлечат вниманието, а и затоа што соодветниот термин за овие средби се приквечерните часови. Средбата започнува со тоа што кандидатот дава краток опис за себе, не многу долго образложение зошто решил да се кандидира, а исто така ги изнесува и своите размислувања за најважните проблеми со кои во дадениот момент се соочува неговата потесна, но и поширока заедница. Сега доаѓаме до суштината. После неговото не премногу долго излагање следи дискусија, во која право да учествува има секој присутен полнолетен жител на местото. Низ овој разговор, каде секој има право не само да го искаже своето мислење, туку и да спротистави размислувања и аргументи на кажаното од кандидатот, на кои тој се

12 Дека сликата многу зборува за сфаќањето на демократијата доволно е да се погледнат комунистичките парламенти. Сите пратенички седишта се насочени кон една главна маса каде се разбира седи „Големиот брат”, односно негов намесник. Ако пак го погледнеме Британскиот парламент, тогаш добиваме слика која зборува за едно ниско црно-бело сфаќање на демократијата, за две трибини една наспроти друга, односно за две навивачки групи кои често буквално како на фудбалски натпревар гласно навиваат за својот, или пак уште погласно негодуваат против противничкиот тим.

Page 58: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

58

разбира е должен да одговори, жителите ќе можат јасно да видат дали вториот и третиот услов се во доволна мера исполнети. Тоа сигурно ќе биде жива и привлечна расправа, затоа што луѓето ќе знаат и ќе чувствуваат дека разговараат со човекот, со неговото „Јас”, а не со партијата П која стои зад него и така од него прави машина, која од својата лента само репродуцира веќе снимени партиски ставови и мислења (човек треба само за кратко да ги затвори очите и да замисли колку огромна е разликата кога тој зборува чисто од својата внатрешност, од една страна, и кога зборува а притоа постојано внимавајќи да не каже нешто што не е во согласност со партиските ставови, од друга страна). На закажаниот ден на избор оној кандидат кој ќе ја добие пропишаната поддршка, тој станува пратеник во државното собрание. Но работата на ваквиот пратеник воопшто нема да биде лесна. Имено, секогаш кога таму ќе бидат предложени нови закони или измени на постојните, негова обврска ќе биде тој да појде во сите населени места од неговата изборна единица, каде во претходно спомнатите згради важните делови на предлог-законите ќе ги образложи пред луѓето, ќе даде свое мислење и толкување, по што нужно мора да следи дискусија. А исто така можно е неколку копии од предложените закони да испрати во односните месни заедници извесно време пред закажаните средби, за особено заинтересираните за тековната тема да можат и самите да имаат увид и време да се запознаат со нив. Уверен сум дека воопшто нема да биде голем бројот на луѓето кои не ќе сакаат да присуствуваат, а веројатно и да земат учество во овие разговори. Уверен сум исто така дека откако ќе заминат од овие средби, одејќи си кон дома и понатаму живо ќе ја продолжуваат дискусијата и дека јасно ќе чувствуваат дека нешто во нив се менува, дека нешто во нивниот и во животот на заедницата се движи, и дека и самите тие учествуваат во тоа. На ова место би сакал да наведам извадок од едно дело на големиот германски писател Јохан Волфганг Гете. Станува збор за неговата „Бајка” (...за зелената змија и убавата Лили). На едно место во бајката змијата пропаѓа во некаква длабока јама. Во неа, како што ќе открие таа набргу, живеат четири кралеви: златен, сребрен, бронзен и железен. Змијата најпрво наидува на златниот крал: „Само што змијата ја погледна оваа слика достојна за почит, кога кралот почна да зборува прашувајќи: Од каде доаѓаш? – Од пукнатините, каде што живее златото, возврати змијата. – Што е повеличествено од златото? запраша кралот. – Светлината, одговори змијата. – Што е позакрепнувачко од светлината? запраша тој. - Разговорот, одговори таа.”

••• Многу е зборувано и пишувано за тоа - поаѓајќи од буквалното значење на зборот „демократија” - како е можно да се оствари владеење на толку голем број луѓе. Притоа се прават најразлични мисловни салта, се дефинира едно мноштво видови демократии: либерална, директна, консензуална, консоци-јална итн., и на крајот не се доаѓа до ништо. Следново што ќе биде сега

Page 59: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

59

изнесено, тоа нешто не постои само како гола филозофија, туку тоа постои пред сЀ во најсекојдневниот живот. Тоа нешто се нарекува теза, антитеза и синтеза, или доколку овие старогрчки зборови ги пренесеме на денешниот македонски јазик: став, противстав и состав. Секој човек секојдневно во разговорите со луѓето искажува свои ставови. На тие свои искажани ставови од соговорникот најчесто добива противставови. Една далекусежно кобна грешка се прави кога ставот и противставот се сфаќаат како дијаметрално спротивни нешта, или, сликовито речено, како едниот да рекол „бело”, а другиот „црно”. Тоа е еден многу специјален случај, крајно поларизираниот случај на овие две нешта. Во секојдневната стварност всушност имаме една огромна лепеза на меѓуслучаи. Во суштина секој исказ на соговорникот кој почнува со „но”, „ама”, „меѓутоа”, многу правилно може да се смета за противстав. Од пресудно значење е притоа да се разбере дека искажувањето на противстав воопшто не мора да значи дека соговорникот има дијаметрално спротивен став, или пак дека не се согласува со искажаниот став иако можеби сеуште нема изграден свој став, туку најчесто може да се работи за истражување од негова страна, како, но и воопшто дали искажаниот став може да се усогласи со стварно, или можеби само навидум противречителните животни факти или теориски размислувања кои според неговото мислење не се, или пак само делумно се во согласност со искажаниот став. Секое нешто во животот е многустрано, може да се погледне од многу агли и секој пат да се добие видоизменета слика. Во врска со католичката црква постои една приказна - истата би можела да важи и за православната црква - која приближно оди вака: Некој човек нарачал од извесен број сликари, а и самиот тој бил сликар, да насликаат некоја одредена планина и на зададен ден сликите да ги донесат кај него. На закажаниот ден сите сликари се појавиле со своите слики. Првиот истапил со своето платно, го одвиткал и ја покажал сликата на која убаво била насликана некоја планина. Кога вториот ја видел сликата, тој рекол дека тоа не е планината што требало да се наслика, па ја одвиткал својата, тврдејќи дека тоа е планината што се барала. Третиот тврдел дека ниту првиот, ниту вториот ја има бараната планина, туку дека неа ја има токму тој на својата слика. И така секој нареден до последниот. На крајот нарачателот ја извадил својата слика, рекол дека ниеден од нив ја нема бараната планина, туку само тој. А бидејќи телесно бил најсилен од сите, никој од сликарите не се осмелил да му приговори ниту збор. Во нарачателот, претпоставувате, е олицетворена католичката црква. А што всушност се случило? Сите сликари ја имале бараната планина, но еден ја насликал од јужната страна на изгрејсонце, друг ја насликал од источната страна на пладне, трет од сосема некоја друга страна. Една планина погледната дури и од два приближно исти агли, но осветлена од сонцето во различни делови од денот може да даде различни слики. - Да се донесе најдоброможното решение за некое прашање во дадениот историски миг од тековниот степен на развој на човечката свест, тоа значи да се опфатат

Page 60: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

60

колку што е можно повеќе агли на гледање, колку што е можно повеќе противставови, и притоа да се види дали заземениот став може да се усогласи со нив, односно дали тој треба да се потврди, измени, дополни или отфрли. Тоа што на крајот ќе се добие може да се нарече состав, односно синтеза. Во претходно наведеното всушност се состои и уметноста на живеењето. Животот во извесна смисла може да се сфати како еден вид вага, но не обична, со два таса, туку далеку посложена, со многу тасеви наредени во круг како рингишпил. Секоја постапка, секој збор, па би можело со сигурност да се рече и секоја мисла на човекот значи отклонување, нагоре или надолу на еден тас, при што неминовно еден, два или повеќе други тасеви истовремено се придвижуваат. Човекот би требало да тежнее кон тоа, своите одлуки, постапки и чекори што ги презема во животот да бидат така усогласени, што притоа ниту еден тас да не се отклони премногу далеку од рамнотежната состојба. Со други зборови тоа значи осцилациите, кои сепак мора да ги има (инаку тоа не би бил живот, туку мртвило), да бидат колку што е можно помали. Така треба да биде и со политиката, т.е. со донесувањето и спроведувањето на правните прописи во општеството. Затоа можеби зборот политика прешол и во секојдневната употреба, на пример кога за некој родител со повеќе деца ќе се рече дека води добра политика. Зашто ако и само малку го проучиме потеклото на овој старогрчки збор, ќе најдеме дека тој е сложеница од два збора (поли_тика), каде првиот означува „мноштво” (како кај полином, полигамија), а вториот „засегнува”, „се однесува на” 13 (како кај фонетика). Политика всушност значи „она што го засегнува, што се однесува на мноштвото”. Во стара Грција не бил голем бројот на луѓето со право на учество во политичкиот живот, па веројатно затоа е и употребен зборот мноштво. Со оглед дека тие времиња се далеку зад нас, можеби посоодве-тен збор за денешната свест, каде освен малолетните буквално сите останати имаат право да учествуваат во политичкиот живот, би бил зборот – ако веќе треба да биде архаичен – панетика (πᾶν = сите). Тоа што денес сите луѓе не се доволно изградени да зборуваат да речеме за аеронаутика, но сите многу добро знаат да зборуваат за политика, е факт кој заслужува голем поздрав, бидејќи е повеќе од јасен показател за сЀ посилно надоаѓа-чкиот процес на демократизацијата на општеството. Дури и оние кои ќе изјават дека политиката воопшто не ги интересира, доколку човек помине малку повеќе време со нив, ќе види дека всушност многу ги интересира, само што до толку се разочарани од тоа што се случува во политичкиот живот на општеството, што искрено посакуваат ништо од тоа да не ги интересира.14

13 Сосема е можно и словенските зборови „тицати се” и „поттикнува” да се во некакво сродство со овој старогрчки збор. 14 Низ еден мал дијалог би навеле тука пример за теза, антитеза и синтеза. Прв соговорник [Теза]: Политичките партии мора постепено да исчезнат, доколку човекот сака да дојде до вистинска демократија.

Page 61: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

61

Спомнатата стварност која ја нарековме став, противстав и состав се случува постојано во најсекојдневните разговори на луѓето. Ставот на еден човек после секој разговор со друг човек, колку ли навидум да изгледа дека останал ист, тој сепак за мала нијанса се променил. Истото ќе се случува и со ставовите на пратеникот кога тој ќе појде во својата изборна единица да ги расправа со своите сожители предлозите за некоја нова, или предлог-измените на некоја постоечка уредба. Тоа ќе бидат интересни и плодни разговори, зашто, како што беше речено, луѓето ќе земат живо учество во нив, затоа што ќе знаат дека разговараат со внатрешноста на Човекот, затоа што ќе чувствуваат дека како во него, така и во нив нешто се менува, нешто се движи, а притоа и тие самите имаат учество во тоа. Тоа никако не можат да го почувствуваат доколку разговараат со претставник на полити-чка партија, зашто јасно ќе чувствуваат дека тој само пренесува веќе изградени ставови од врвот на партијата, и дека било што да кажат тие, тоа нема ништо да смени. А кога нивниот пратеник ќе излезе на говорницата на државниот парламент да зборува за предложените уредби, сигурно ќе се случува, ако тоа се пренесува преку електронските медиуми, од него да слушнат говор што ќе ги потсетува на веќе разговараното со него во нивното место, па така чувството дека и самите тие соделуваат во донесувањето на правните уредби ќе биде стварно. Доколку пак се покаже дека избраниот пратеник не ги исполнува очекувањата на луѓето, тие со пропишан број на гласови т.е.

Втор соговорник [Антитеза]: Но луѓето со слични политички погледи отсекогаш сакале да се здружуваат во политички партии. Прв соговорник [делумно спротиставување на антитезата, т.е. антитеза на (анти)тезата]: Тоа „отсекогаш” не можам да го уважам, бидејќи она што го подразбираме под „политичка партија” постои не повеќе од двеста години. Втор соговорник [Антитеза]: Но сепак останува тоа дека луѓето со слични политички погледи сакаат да се здружуваат. Прв соговорник [Теза]: Низ поновата историја ќе најдеш многу примери на фракционерство во партиите поради разлики во погледите, но и уште понатаму: на фракционерство во фракциите. Всушност на плурализмот со полно право може да се гледа како на фракционерство од двата најголеми политички субјекти. А ако овој процес на фракционерство, односно на плурализам, го замислиш до последна крајност, тогаш секој човек ќе претставува засебна политичка партија. Втор соговорник [Синтеза]: Да. Всушност тие што имаат слични погледи за одредено прашање, веќе за следното може да се разидуваат. Така доаѓаме до нешто, што ако се сложиш би можеле да го наречеме „динамични политички партии”. Доколку во еден парламент составен исклучиво од независни пратеници некои од нив имаат сличен став за едно прашање, тие во тој момент се една лоби група, всушност една политичка партија, чии „членови” ќе соработуваат за целосно или делумно усвојување на нивниот став. Веќе за следното прашање може да имаме друга распределба на лоби групите, други партии. Оттука гледаме дека кога соговорникот искажува противстав, тоа воопшто не мора да значи дека тој има нешто против ставот на другиот, туку дека најчесто се работи за истражување од негова страна, како изнесениот став би можел да се усогласи со стварно или навидум противречителните факти кои не одат во прилог на ставот. Всушност кога луѓето би почнале да зборуваат од себе без зацементи-рани партиски ставови, кои по правило мора да ги бранат, тие би увиделе дека помеѓу нивните размислувања воопшто не постојат непремостливи провалии, туку дека разликите не се толку големи за да не може да се дојде до заедничко решение. На тој начин и борбата на мислења би станала далеку подинамична. А во животот многу што зависи од динамиката.

Page 62: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

62

потписи, ќе можат во секое време да го отповикаат и да ја започнат постапката за избор на нов. На тој начин ќе се остварува тоа што го нарековме еднаквост во втор степен, односно секој полнолетен член на заедницата да има подеднаква можност да го изрази своето мислење, а притоа од тоа да има и стварни последици. Конечно, доколку законите бидат донесувани на ваков начин, со учество на сите, тогаш неизбежно следи дека тие мора да важат подеднакво за сите, со што доаѓаме до тоа што би го нарекле еднаквост во трет степен, односно до тоа што во денешно време со право се нарекува - „еднаквост пред законите”. Само по себе се разбира дека целиот овој процес воопшто не исклучува и организирање на секакви други јавни расправи на учени луѓе од областа на правото, како помеѓу нив самите, така и со сите останати присутни на расправите. До не така одамна на светот постоеле цареви и кралеви. Доколку на царот на пример му се видело за потребно половината од приносот на секој земјоделец да ѐ биде предадена на царштината за потребите на војската, тогаш земјоделецот немал што да се прашува дали тоа е правично или не. А ако сепак го сторел тоа, тогаш тој ризикувал или да ја загуби главата, или во најдобар случај да заврши во темница. Со други зборови царевото самоволие не само што располагало со имотот на луѓето, туку и со нивниот живот. Но овие времиња, иако елементи од нив сеуште постојат и ден денес дури и во (само)прогласените демократски општества, неповратно замину-ваат. Принципот на еднаквоста, принципот на демократијата сЀ посилно чука на големата порта на човештвото и бара влез. Тоа што денес каде и да појде човек, во секој разговор ќе слушне да се зборува за политика, треба со радост да се поздрави, и повеќе од јасна потврда е за погоре кажаното. Од сето ова следи дека разговорот, дискусијата, е неодминлив услов за секое општество кое тежнее да стане демократско. Но токму спротивното нешто сеуште се случува во денешните наводно демократски општества. Станува збор за она што го нарекуваме масовен митинг. Во оваа појава очигледно се поништува основниот услов за демократијата: разговорот. Додека за еден разговор е потребно учество на најмалку две лица, овде имаме самобендисан монолог на еден човек кој себеси се доживува како водач кој треба да го поведе „стадото”. Оваа „уметност” Адолф Хитлер ја има дотерано до таков врв, што сите масовни собири пред и по неговите се чинат само како бледи нивни копии. Но секоја појава кога еднаш ќе доживее врв, потоа неизбежно почнува да паѓа.15 А ова паѓање се должи можеби не толку на целосното исчезнување на такви лица како погоре 15 Трагично е што 70 години по Хитлер некои луѓе сеуште не можат да ги извлечат поуките од големите човечки катастрофи. Во некои образовни институции студентите и денес сеуште учат и вежбаат ораторство. Му требаат ли на светот нови Ленини, Хитлери, Мусолинии?! Вештините на ораторството им се потребни на невистината и илузијата за да бидат убедливи. Вистината ја има моќта на убедливост во самата себе. Нејзе не ѐ е потребно никакво ораторство.

Page 63: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

63

спомнатото во денешно време, колку на развојот на човечката свест воопшто. СЀ поголемата индивидуализација на човекот, сЀ посилниот развој на неговото „Јас”, доведува до тоа, тој нештата да ги прима со многу поголема доза на недоверба, со многу посилен нагон за нивна проверка низ сопственото искуство и низ сопственото размислување. Доколку денес некаде во Европа се појави и самиот Хитлер, прашање е дали тој би успеал да постигне и половина од хипнозата која успеал да ја постигне своевремено. А со тоа би исчезнал и оној, јас верувам секому одвратен циркус што се нарекува „изборна кампања”. Колку ли само негативен набој, колку ли само бесмислен човечки труд и залудно потрошени огромни финансиски и материјални средства и време, колку ли само повреди на човечкото достоинство постојат во овој лажлив циркус. Во ова што е претставено овде, секоја територијална изборна единица може во било кое време да распише избор за државен или општински пратеник, целосно независно од сите други изборни единици. За ваквиот избор воопшто нема да има потреба од трошење на финансиски или материјални средства, зашто она врз основа на што ќе избираат луѓето ќе биде разговорот помеѓу нив и кандидатите, а не како што денес се случува (ако воопшто се случува) - на кандидатите меѓу себе. ● ● ● Покрај правно-политичкиот член, во социјалниот организам мора самостојно да делува и стопанскиот член. Брзиот индустриски развој во последните двеста години доведе до толкаво усложнување на стопанските односи, што апсолутно е невозможно некој стопанственик или економски научник нив мисловно да ги опфати целосно. Затоа нужно се наметнува потребата од здружување на стопанските субјекти во стопански асоцијации, каде тие ќе разменуваат искуства, сознанија, мислења итн. А бидејќи стопанството се состои од производство, циркулација и конзумација, нужно е во стопанските асоцијации да седат како претставниците на производи-телите на една стопанска гранка, така и претставници на трговците и конзументите на производите од истата таа гранка. Така сознанијата ќе стануваат многу поопфатни и неминовно ќе делуваат како повратна спрега на производството. Стопанските асоцијации од своја страна ќе создадат една единствена стопанска управа со свои институции, каде заедно со техничкиот кадар ќе работат и ќе одлучуваат избрани претставници од секоја асоцијација. Како што беше речено и погоре, на полето на стопанството мора да владее принципот на братството, доколку човекот сака тоа добро да се развива. Ова размислување не произлегува од некакви морални или религиозни побуди, туку од чисто прагматични и економски согледувања. Доколку во овие последниве се мешаат морални гледишта, тогаш повеќе немаме економска наука, туку имаме етика. Ако човекот е веќе неизбежно упатен на поделбата на работата, на сЀ пошироката и подлабоката поделба на работата, тогаш неизбежно е упатен и на

Page 64: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

64

соработката на еден со друг. Денешниот човек мора да се издигне до еден таков поглед, што на целокупното стопанство ќе гледа како на една единствена голема фабрика. Што ќе се случи на пример ако во една текстилна фабрика кројачите, шивачите, пеглачите, пакувачите итн. водат некаква борба на конкуренција меѓу себе? Ќе може ли работата во таа фабрика хармонично да тече и да се развива? Во денешно време постојат мислители кои во принципот на конкуренција гледаат една од најголемите придобивки на поновиот развој на општеството. Конкуренцијата, велат тие, доведувала како до нови, така и до сЀ подобри и поусовршени стоки. Дека стоките се сЀ подобри и поусовршени од порано, тоа нема никој да го оспорува. Но тие мислители притоа забораваат на два факта. Првиот факт е тоа дека развојот може да оди побавно или побрзо, но никако не може да стои во место или да се враќа назад. И вториот, дека единственото нешто со што можеме да го споредуваме денешното, е она што било порано. А тоа никако не може да биде доволно за погорната оценка за принципот на конкуренција. Зашто, доколку постоеше да речеме некоја соседна планета слична на нашава, на која исто така живеат и се развиваат човечки суштества исти како нас, и доколку тие во своето стопанисување наместо од принципот на конкуренција се водеа од некој друг принцип, да речеме од принципот на соработката, на братството, тогаш многу тешко е да се поверува дека нивните стоки ќе бидат полоши од нашите. Зашто доколку принципот на конкуренција - каде еден стопански субјект се труди сопствените постигнувања да не бидат дознаени од друг, каде често еден субјект настојува да ги потисне па дури и елиминира останатите „конкуренти” и да остане сам - доведува до некаков напредок на стоките, каков ли ќе биде напредокот тогаш, кога стопанските субјекти меѓусебно ќе соработуваат и ќе ги споделуваат сознанијата. Кога едниот ќе му ги соопшти своите сознанија на другиот, овој нив ќе ги искористи во производството на своите стоки и на таа основа ќе надгради нови, па ќе му ги соопшти на првиот. Па дури и во самиот збор конкуренција е содржано тоа за што станува овде збор. Се впуштиме ли во истражување на значењето на самиот збор, тогаш ќе дојдеме до тоа дека тој означува течење или струење на едно кон друго, а не течење на едно покрај друго. А кога две нешта притекуваат едно кон друго, тие не се судираат, туку продолжуваат да течат заедно. Но како што не ретко се случува, зборовите во зависност од развојот на човечките односи добивале и различно значење. Исходот од денешните стопански асоцијации и таканаречените стопански комори не може да биде значително влијателен на стопанството во смисла на негово подобрување од причина што во нив, иако здружено, сепак седат субјекти чии размислувања се задоени со вербата во принципот на конку-ренција. Разговорите во таквото здружување во најголем дел се претвараат во обично надмудрување и опипување на конкурентите, или пак за заеднички настап пред владите. Исто така во нив претежно се присутни

Page 65: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

65

само производители, кои, поради овој факт, немаат доволно сознанија од трговците за движењето на стоките, а исто така и недоволно сознанија за потрошувачката од конзументите.16 Централното прашање на стопанството е прашањето на цената. Од него мора да тргне и во него да заврши секоја стопанска наука. Но прашањето на цената воопшто не е едноставно прашање. Најпрво да видиме како се појавува тоа и што влијае на него. Да речеме дека со поделбата на работата некој човек почнал да произведува само пченица, а друг само јаболки. Притоа тие, без премногу да се замараат со размислување, меѓусебно разменуваат едно кило пченица за едно кило јаболки. Но еден ден првиот производител може да се сети да побара три кила јаболки за едно кило пченица, со образложение дека добивањето на едно кило пченица е потешко од добивањето на едно кило јаболки. Другиот може начелно да се сложи со ова образложение, но притоа да смета дека односот три спрема еден е сепак превисок. Доколку се впуштат во размислување кој е вистинскиот однос, тогаш неминовно ќе се судрат со огромни тешкотии. Во врска со ова апсолутно ништо не се менува дури и тогаш кога помеѓу ќе се протнат парите. Зашто, доколку првиот производител продал едно кило пченица за 40 денари, а потоа со овие пари можел да купи две кила јаболки, тој всушност своето кило пченица го разменил за две кила јаболки. Но дури ова и да е вистинскиот однос, тоа не значи дека тој засекогаш ќе остане таков. Зашто кога ќе се вклучи човечкиот дух, тој може да речеме да измисли машина која ќе ја ора земјата или ќе го жнее житото, со што производството на жито се олеснило, а начинот на производство на јаболки во меѓувреме останал ист. Или пак може тој да пронајде некоја нова сорта

16 Доколку некој се прашува кои се тие луѓе кои би биле претставници на конзументите, би можел да го кажам следново: ако ја земеме на пример прехранбената индустрија, тогаш меѓу конзументите би седел претставник да речеме на некоја установа која има своја менза и секојдневно троши големи количини храна, а евентуално би можеле да седат и претставници на луѓе кои ја проучуваат човечката исхрана. Така производството ќе се усогласува на потребите, а ќе се подобруваат и стоките. Со тоа би можело да се излезе од хаосот на денес омилените економски „закони“ на понудата и побарувачката и теориите на либералната економија. Какви ли тоа „закони“ можат да постојат во хаосот кога пазарот ќе се преплави со одредени стоки или услуги, па нивната цена ќе падне можеби и под цената за покривање на трошоците за нивното производство, што ќе доведе до отпуштање на работници; или пак поради недостатокот на одреден производ неговата цена високо ќе се искачи, па некои целосно неоправдано дебело ќе ги наполнат џеповите. Се разбира, подоцна тоа ќе се стабилизира, но повторно и повторно ќе се појавува. Ако следниов правилен редослед: хаос-делумно затишје-хаос-делумно затишје..., се договориме да го нарекуваме „закон“, тогаш апсолутно сме залутале на погрешен пат во нашите размислувања. Теоретичарите и застапниците на либерализмот во стопанството се луѓе кои својата умствена немоќ пред замрсеноста на стопанските текови ја затскриваат зад латински зборови како „либерална економија“, кое преведено всушност значи: пушти ги работите да течат како што ќе течат, тие ќе се регулираат сами од себе. Некои нешта во животот навистина се регулираат сами од себе. Каков е бројчаниот однос на мажи и жени во светот, тоа никако не зависи од нас. Но дали прашањата што, како и колку се произведува зависат од некои други сили, или пак зависат само и единствено од човекот. Затоа на либералното „пушти ги нештата да течат како што ќе течат“, „закони на понуда и побарувачка“, „слободен пазар“ може да се гледа единствено како на признание на умствениот пораз пред комплицираноста на стопанските текови.

Page 66: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

66

на јаболки поголеми од претходните, па производителот на јаболки со истата работа како и претходно да добива поголем принос. Вклучувањето на човечкиот дух не се однесува само на техничките пронајдоци кои ја олеснуваат работата, туку и на многу други нешта кои се поврзани со нејзината организација. Наједноставен, впечатлив и секому добро познат пример е оној кога повеќе луѓе треба да пренесат одреден број нешта, да речеме пакети, од едно место А до друго место Б. Тие почнуваат да го прават тоа така што секој од нив зема по еден пакет од местото А и се упатува кон местото Б. Притоа секој од нив натоварен го минува целото растојание А-Б, потоа се враќа назад, настануваат судари и други турка-ници, а сето тоа одзема многу сила и време. Но човечкиот дух може да се сети и да рече, сите да се наредат во „синџир” помеѓу двете места и само да си ги додаваат кутиите еден на друг, со што заштедуваат и сила и време. Оттука гледаме дека стопанската вредност настанува на два начина. Прво, кога природата бива изменета од човечката работа; и второ, кога човечката работа бива изменета од човечкиот дух (природа ← работа ← дух). Зашто, кога со вклучувањето на човечкиот дух работата бива изменета, било преку пронаоѓање на нови технички средства, било преку подобрена организација на самата работа, тогаш се скратува како времето, така и трудот што треба да се вложи, така што за зададен временски период сега можат да се произведат поголем број на производи отколку претходно. Така почнува градењето на капиталот, па во извесна смисла слободно можеме да ставиме знак на еднаквост помеѓу капиталот и духот. Погоре беше спомнато дека кардиналното прашање во економијата е прашањето на цената. Дури и во едно не многу развиено и локално ограничено стопанство, кој е тој човек кој би можел да одговори на тоа, дали еден килограм пченица одговара на два килограми јаболка, на 2.2, на 2.5, или на некоја друга количина. Но притоа секому е јасно дека тој однос, иако е многу тешко да се утврди, сепак мора да постои. А тој однос вистинито ќе се произдаде сам од себе доколку на него влијаат само економски фактори. Како што човекот сам не може да произведе живот, но може на пример да земе едно семенце, и ако тоа семенце го изложи само на влијанија поволни на неговото битие - погоден минерален состав на почвата со потребната влажност, нужна мера на светлина, топлина итн. - тоа ќе се развие во здраво растение, така и цената ќе се развива здраво доколку на неа делуваат само економски фактори. Но во денешно време тоа не е случај. Влијанијата кои нездраво делуваат на цената и кои не се од економска природа се многубројни, некои од нив постојано присутни, некои инцидентни. Овде ќе бидат наведени три постојани кои имаат далеку позначителна тежина од било кои други. Секое од овие три влијанија е засебно поврзано со еден ентитет од погоре наведеното тројство: природа, работа, капитал. Стопанството пред сЀ се состои од производство на стоки, циркулација на стоки и потрошувачка на стоки. Гледаме дека клучниот поим е поимот

Page 67: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

67

„стока”. Дури и без многу да се трудиме најточно да го одредиме тој поим, сепак веднаш би можеле да речеме дека стоката е нешто во што е вложена човечка работа и притоа е доведено до таков степен, што веќе може за нешто да се употребува. Кој вложил работа во едно нешто и истото го довел до степен на стока, тој има право тоа и да го продаде или размени за нешто друго. Еден од основните услови за да се дојде до вистинската цена е тој, човекот да разменува единствено стоки и услуги. Но што разменува човекот кога тој продава да речеме земја?! Дали земјата може да биде стока? Доколку може, тогаш исто толку би можеле да бидат стока и воздухот и морето. Кога човекот продава или изнајмува земја, тој не продава стока, туку продава право (право на користење на одредено парче земја). Штетните влијанија по економијата од оваа состојба се многу длабоки и тешко пресметливи. Само еден најбанален пример за илустрација: кога еден земјоделец плаќа кирија за одредено парче земја, тогаш цената на неговите производи несомнено расте над вистинската токму поради киријата. За ужасно катастрофалните последици по економијата од хипотеките на земја и од правните неодврзливи јазли овде нема да стане збор. Тоа би можело да биде предмет на една посебна расправа17. Во поранешни времиња земјата била во рацете на големите земјопосе-дници. Подоцна развојот донел преминување на сопственоста од рацете на поединци во рацете на нешто поширока заедница – во рацете на бирократскиот апарат на државата. Следниот чекор во едно демократско општество би требало да биде преминување на сопственоста во рацете на сите негови членови. Со други зборови речено, земјата да биде сечија и ничија. Доколку некој човек или група луѓе сакаат да работат на земја, тогаш нив ќе им биде дадено правото на користење на одредено парче земја на извесен број години без никаков надомест. Ако за тоа време тие се покажат вредни, чесни и умешни во нејзиното искористување, се разбира дека тоа право може да им се продолжи, а исто така и прошири.18

17 Овде кажаното пред сЀ се однесува на земјоделското земјиште, шумите и на јавните градски површини. Што се однесува до прашањето на земјиштето за изградба на семејни куќи, тоа е прилично покомплицирано, но во еден тричлен социјален организам низ еден демократски процес сигурно и тоа ќе најде свое вистинско решение, така да не се случува некој да има куќен двор од 3000 м², а некој од 5 м². 18 Пред извесно време во една телевизиска емисија имаше прилог за еден случај во Хрватска. Некоја германска фирма сакала да постави големи ветерници за производство на електрична струја на еден од хрватските острови, но била одбиена од општината со образложение дека тоа е приватно земјиште на неколку сопственици. Кога фирмата се обидела да ги пронајде сопствениците, таа утврдила дека тие се починати а наследниците растурени по светот, најмногу во прекуокеанските земји. Тука таа се откажала и се повлекла. Но еден жител на островот кој соработувал со фирмата тргнал во потрага по наследниците и по четири години трагање успеал сите да ги пронајде и да склучи договори за продажба на земјата. Човекот притоа покажуваше неколку регистратори со документи и сметки од својот четиригодишен труд. Најпосле ветерниците се изградени и произведуваат чиста енергија. Патем речено, ветерниците кои беа прикажани во прилогот се наоѓаа на претежно карпесто земјиште.

Page 68: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

68

Пред малку беше речено дека еден начин на настанување на стопанската вредност е кога човечката работа ја менува природата. Доколку некој човек и само набере и пренесе до пазар некои диви хранливи бобинки, на тоа можеме да гледаме како на стопанска вредност настаната преку менување на природата. Неа ќе ја означиме со В1. Но стопанска вредност настанува и кога духот ја менува работата. Секое подобрување на организацијата на работата, секој технички изум неа ја олеснува и скратува, со што исто така настанува стопанска вредност, В2. Овие две вредности стојат поларно спротиставени една на друга. Кај оној што работи над природата постои тенденцијата да ја намали вредноста на духовната работа, кај оној што работи духовна работа постои спротивната тенеденција, да ја намали вредноста на работата над природата. Зашто целиот негов ангажман е насочен кон тоа, неа да ја поедностави и олесни. Но со оглед на тоа дека тој не работи непосредно над природата, неговата претстава за степенот на поедноставувањето и намалувањето на телесната работа како последица на неговата духовна работа не може да биде доволно јасна, а таква може да биде само кај оној кој таа телесна работа непосредно ја извршува. Затоа кај последниов се јавува настојбата да ја намали вредноста на духовната работа. А овој постојан поларитет, оваа постојана неизбежна борба која движи напред, нема да застане на здрава основа доколку не се препознае нешто, што не само длабоко го повредува човечкото достоинство, туку има и крајно штетни економски последици. Тоа нешто е она што денеска се нарекува „пазар на трудот” и „плата”. Ако човек се замисли од каде потекнуваат овие поими, тогаш тој недвојбено ќе дојде до заклучокот дека тие доаѓаат оттаму, што човечката работа се третира како стока. Се зборува за „пазар на трудот”, за „ефтина работна сила”, за „понуда и побарувачка на работната сила” итн, итн. Но како што еднаш веќе беше речено, овде не се работи за некакви морални гледишта, туку гледано чисто економски се поставува прашањето: дали човечката работна сила е стока?! Дали таа е предмет кој може да се купува и потрошува?! Но овој проблем сепак не се појавил чисто само од крајно едностраниот капиталистички начин на размислување – кај кого постои тенденцијата на секое едно нешто да му се даде карактер на стока - туку има и подлабоки историски корени. Во дамнешните времиња постоеле робови. Целиот човек бил продаван како стока, исто така како што денес на сточниот пазар се продава коњ или крава. Подоцна човештвото еволуирало за степен повисоко, па ропството било заменето со кметство. Тука поединецот повеќе не можел да биде продаван како стока, но кога феудалецот ја продавал „стоката” земја, заедно со неа „во пакет” биле продавани и селаните кои живееле и работеле на неговиот посед. Тие биле неодвоиво врзани за земјата. Капитализмот, кој низ развојот доаѓа на местото на кметството, на еден преостанат дел од човечкото суштество сеуште му го втиснува карактерот на стока – на неговата работна сила. Но веројатно веќе е дојдено времето да се препознае дека човечката работна сила не може и не

Page 69: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

69

смее да биде стока. Тоа се гледа и во потајното длабоко гнасење кое се јавува во работникот што својата работна сила мора да му ја продава на работодавачот како стока за „плата”. Но исто така и во сЀ посилниот стремеж за демократија, потсвесно чувствувајќи дека таа мора да донесе едно поинакво право, едно такво право каде неговата работна сила повеќе нема да биде стока. А доколку оваа демократизација настапи, тогаш човекот неодминливо ќе препознае дека поимот „плата” мора да го замени со поимот „удел”: уделот што работникот го има во крајниот производ на фабриката. Тоа значи дека работникот ќе потпише таков договор со работоводачот, во кој јасно ќе биде нагласено колкав е процентуалниот удел на неговото работно место во крајниот производ на фабриката. Кога производството и приходите на фабриката ќе растат, ќе расте и приходот на работникот, кога тие ќе опаѓаат, ќе опаѓа и неговиот приход. А демократ-ската правна свест на полето на правно-политичкиот живот сигурно ќе пре-познае и вакво право: да работникот-родител во зависност од моменталната стопанска благосостојба добива поголем приход од работникот-самец за истата работа. Капиталот во овој спис ќе го разгледуваме во неговите два најважни појавни облици: пари и производствени средства. За тоа што претставуваат парите постојат различни одговори, секој од нив повеќе или помалку ја отсликува нивната суштина. Овде ќе наведеме еден кус одговор кој ни се чини најсоодветен: парите се договорен еквивалент за вредноста на стоката. Да појасниме накусо што ќе подразбираме под поимот ’еквивалент’. Доколку да речеме некој младоженец непосредно пред свадбата го загуби венчалниот златен прстен, а има резервен таков но само позлатен, тогаш и тој би можел сосема добро да ја заврши работата, иако во суштина не е ист како првиот. Него го нарекуваме еквивалент, бидејќи поседува доволен дел од одликите што ги има првиот. Би можеле да речеме дека еден еквивалент е дотолку подобар, колку што повеќе одлики на оригиналот има во себе. Но дали парите во задоволителна мера ги поседуваат одликите на стоката?! И дали е тоа потребно? Секако, затоа што на тој начин ќе бидат подобар еквивалент за вредноста на стоката. Дека парите не можат да се јадат или да послужат за нешто друго, тоа е однапред јасно, па еквивалентност во овој суштински дел нема да бараме, како што погоре не баравме еквивален-тност во суштинскиот состав на прстенот. Но затоа можевме да побараме еквивалентност во појавноста, во она што е на површината. Една од основните одлики на секоја стока е тоа, што таа со текот на времето обезвреднува, би можеле да речеме старее. Еден денеска купен нов автомобил по пет или десет години, колку ли малку да е користен, ја нема истата вредност како кога бил нов. Доколку по десет години тој биде изнесен на пазарот, неговата вредност ќе биде значително помала. Некои стоки стареат побрзо, некои побавно. Пролетните видови овошје и зеленчук стареат најбрзо, ако за само неколку дена не се изедат, тие веќе почнуваат да скапуваат. Воопштено би можеле да речеме дека храната старее најбрзо,

Page 70: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

70

техничките апарати побавно, мебелот уште побавно. Но кога и да е, секоја стока остарува и ја изгубува вредноста. А единственото нешто во стопан-ството што не старее, тоа се парите. Една банкнота од илјада денари ја има истата вредност без оглед на тоа, дали на неа пишува 1998 или 2013 годи-на. Со тоа еквивалентот за вредноста на стоката, кој има само договорна, а никаква фактичка вредност, добива привилегирана улога во општеството, станува нечесен противник на она што има фактичка вредност, на стоката. Доколку некој на ова приговори дека парите сепак стареат со тоа што се оштетуваат и биваат повлечени од употреба, тоа овде нема да биде уважено, бидејќи тие веднаш се заменуваат со нови, но и затоа што тоа се случува инцидентно, без било какво подлабоко учество на човечката свест. Но како и да е, парите сепак стареат, но стареат така да речеме диво. Тоа ќе го појасниме со следнава споредба. Да речеме дека двајца производи-тели, еден на јаболки, друг на круши, меѓусебно разменуваат еден килограм јаболки за еден килограм круши. Еден ден првиот производител доаѓа кај вториот со по малку згужвани јаболки и бара од другиот еден килограм круши. Но вториот не се согласува на тоа велејќи дека јаболките не се свежи, а неговите круши тоа се. Најпосле се договараат првиот да му даде на вториот два килограми од таквите јаболки за еден килограм свежи круши. - Ако пред десет-петнаесет години еден литар свежо млеко чинеше 20-25 денари, а денес чини 45-50 денари, тогаш не може да се рече дека тоа се должи на вредноста на млекото, дека денешните крави даваат повредно млеко од тогашните, туку дека парите обезвредниле, остареле. Оваа појава денес се нарекува инфлација, и е присутна буквално секаде во светот, некаде помалку, некаде повеќе. Се разбира дека причините за поскапувањата можат да дојдат и од други страни, да речеме доколку нафтата, која е исклучиво увозна стока, од некои геополитички причини поскапи. Но тоа се инцидентни појави, настануваат одвреме навреме, додека поскапувањата од стареењето на парите се постојани.19 Да разгледаме сега еден замислен пример. Во некое село каде веќе настапила поделбата на работата, но сеуште владее примитивно стопанство, секој работоспособен селанец произведува различен вид храна. Селаните некако успеале да утврдат една индексна скала на производите: 1 кг лубеница, индекс 1; 1 кг јаболки, индекс 2; 1 кг пченица, индекс 3 итн. Секој селанец својот производ го остава на сред село, каде еден одреден човек на оној кој донел 1 кг лубеница му дава една белешка, на оној кој донел 1 кг пченица 3 белешки. Селаните истиот ден, но секако и подоцна можат со тие белешки да си земат нешто друго од сред селото, притоа враќајќи му ги белешките на одредениот човек. Да речеме сега дека во селото постои некој трудољубив човек кој исто така донесува производи на сред селото, добива за нив белешки, но е многу штедлив во исхраната, така

19 Можеби и во самиот македонски збор „поскапува” е изразено тоа за што станува овде збор. Кога нешто поскапува, всушност нешто скапува. А бидејќи производите што се купуваат се нови, тогаш останува дека тоа што скапува мора да се парите.

Page 71: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

71

што од нив троши само мал дел, а поголемиот дел му останува. Така неговиот куп белешки постојано расте и по извесно време достигнува значителна големина. Еден ден тој од само нему познати причини решава да ги купи сите производи што се изнесени на пазарот, но исто така и следниот ден и наредните денови, со што другите селани остануваат без потребните производи. Сега се поставува прашањето: каква поука ќе извлече и што ќе направи селскиот совет откако оваа ујдурма ќе заврши, за вакво нешто повеќе да не се повторува? Она што неминовно се наметнува како решение е тоа, на белешките да им се даде одреден рок на важност. Да разгледаме сега еден стварен пример од поновата историја, од почетокот на 20.век. Една многу моќна финансиска групација во Америка, групацијата Морган, на чие чело стоел J.P.Morgan (John Pierpont Morgan), а во чиј круг тогаш влегувале преку 40 банки (според некои податоци и преку 70, што можеби укажува на тоа дека со податоците за тоа кои банки влегуваат во групацијата не се расфрлало ваму-таму) и триесетина желез-нички компании, во текот на 1906 и делумно во 1907 година без нималку врева ја купуваат на Њујоршката и на европските берзи скоро сета количина на одреден вид хартии од вредност. Откога оваа фаза завршила, банките на групацијата почнуваат со тргување на хартиите меѓу себе, а воедно почнува и смислена кампања во Њујоршките финансиски и други весници, кои во голема мера биле под контрола на J.P.Morgan, со што вредноста на хартиите почнува вртоглаво да расте. Патем да кажеме дека коцкањето со хартии од вредност веќе тогаш во Америка било „национален спорт”, нешто слично како денес спортските обложувалници кај нас. Кога вредноста на хартиите достигнува задоволителна вредност, многу пати повисока од првичната, групацијата почнува со нивно масовно продавање и инкасирање на огромни милионски суми. Балонот продолжил уште некое време да се дува, за најпосле да пукне. Од многу американски и европски банки парите биле извлечени, што доведува до нивни банкрот, а со тоа и до пропаѓање на заштедите на многу луѓе, пропаѓање на претпријатија итн., со еден збор до страшна финансиска и економска криза, за потоа истиот тој J.P.Morgan да се јави како спасувач на бродот што тоне, со тоа што почнал на другите банки да им одобрува заеми. Овој настан во историјата е познат како „Паниката на 1907”. Самоубиствата толку многу зачестиле, што реце-пционерите во Њујоршките хотели почнале да ги прашуваат новодојдените гости дали имаат намера да преноќат или да се самоубијат. Едно од најгорливите прашања во економијата е прашањето на ликвидноста. Со оглед дека овде под поимот ликвидност ќе подразбираме нешто поопшто од она што може да се прочита во економските лексикони, најпрво да го објасниме самиот збор и поим. Зборот ликвидност доаѓа од латинскиот збор „liquidus”, што значи течност, па оттука ликвидност значи

Page 72: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

72

течение - нештата да течат.20 СЀ што не тече се устојува, замирисува, скапува. Секому е веројатно познато дека во еден жив организам - каков што е всушност и социјалниот, а во него и стопанскиот - дури и мало устојување на животните течности може да предизвика тешки последици. Дури и само мал застој на крвта во човечкиот мозок доведува до мозочен удар, кој може да има и фатални последици. Стопанскиот организам постојано се соочува со неликвидност на парите, а оваа неликвидност нема никогаш да се реши доколку парите не стареат. Пред кусо време медиумите пренесоа една вест од Белгија, каде било провалено во некоја приватна куќа и бил украден метален сеф, во кој подоцна полицијата утврдила дека има милионска сума евра. Пред исто така не долго време во една станбена зграда во Битола беше ограбена една баба, од која биле украдени околу триста илјади евра. Во поразвиените земји луѓето ги чуваат парите во сефови, во помалку развиените „под перница”. Но парите не се устојуваат само во приватните сефови и под приватните перници, тие се устојуваат и во банките. Банките од една страна се сЀ попретпазливи во кредитирањето на стопанството, плашејќи се дали стопанскиот субјект ќе работи доволно позитивно за да го отплати кредитот. Стопанствениците пак од своја страна со мачнина се одлучуваат да побараат кредит, плашејќи се од високите камати. Ова устојување на парите се одразува на севкупните економски случувања со тешки последици. Со сЀ поголемиот напредок како на техничките средства (производствените средства), така и на организацијата на работата, сЀ помалку луѓе работат непосредно на производството на материјалните добра, а сЀ повеќе луѓе работат во духовната сфера, како на дејности кои имаат непосредна врска со стопанството, така и на оние кои таквата непосредна врска ја немаат. Со тоа се јавува потребата од градење на сЀ поголеми капитали, од причина што помал број луѓе, но со масивни производствени средства, треба да произведуваат за поголем број луѓе. Во денешно време невозможно е да биде отворена една фабрика за производи за широка употреба со капитал од стотици илјади евра. За отварање да речеме на една осредна фабрика за фрижидери потребни се десетици милиони евра. Притоа од суштинска важност е прашањето: Како треба да се градат толкави капитали? Дали досегашниот едностран приватно-капиталистички начин на размислување донесе задоволителни состојби во овој поглед, дали донесе задоволителни социјални состојби? - Тешко дека некој човек би одговорил потврдно на ова прашање. Да претпоставиме сега дека парите стареат. Во врска со стареењето на парите, кое прашање најмногу се дискутира во германско говорните подрачја, постојат различни предложени модели како тоа практично да се оствари. Овде ние веднаш би ги отфрлиле оние модели кои зборуваат за

20 Овде кусо би нагласил дека поимот „ликвидност” не треба да се помеша со поимот „ликвидација”. Овој последниот го има истиот корен, но се употребува кога една фирма (латински firmus = цврсто, тврдо) се затвора (се ликвидира = се разлева).

Page 73: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

73

постепено стареење на парите, од една страна како многу тешко спроведливи, од друга страна како модели за кои би бил потребен голем човечки ангажман, а со тоа и големи трошоци. Под постепено стареење на парите се подразбира на извесен временски период, да речеме еднаш годишно, парите да обезвреднуваат за 5% - доколку нивниот век е одреден на 20 години. Значително поприфатлив е моделот кога на парите ќе им се одреди некој животен век, да речеме 15 или 20 години. Тој отпрво би морал да се изведе чисто мисловно, а подоцна искуството него би го корегирало. Тој животен век би требало на банкнотата да биде јасно видлив, како што е јасно видлива и нејзината вредност, да речеме со големи бројки 2013 – 2028. Но за целиот овој период банкнотата ја задржува истата вредност. Што би се добило со тоа? Да тргнеме од една споредба. Некој човек посеал жито и го ожнеал. Од тој момент животот во житото постепено почнува да го снемува, делумно поради тоа што еден дел од житото бива изеден, а останатиот природно старее. По извесно време човекот мора да одвои дел од делумно остареното жито за да го посее. Од тој миг ова жито повеќе не старее, туку тоа почнува да гради нова вредност, која најпосле во наредната жетва ќе резултира во нова поголема количина жито. Но пред да биде ова жито ожнеано (а исто така и за време на сеидбата), дел од него ќе отиде за птиците. А доколку човекот знае дека нивното ѓубриво е најголем обновувач на земјата, тогаш тој на добра волја тоа ќе им го позволи. На парите никако не смее да се гледа чисто како на пари: парите се пари. Едно исто нешто секогаш има мноштво различни функции. Доволно е само да се помисли на тоа дека за северниот човек дрвото пред сЀ значи топлина, додека за тропскиот ладовина. Парите во општеството имаат различни функции, во суштина три: куповни пари, заемски или кредитни пари и дарилни пари. Новите пари имаат најголема вредност и тие се посредникот во размената на стоките. Тие се тоа што човекот секојдневно го употребува во продавниците за плаќање на стоките и услугите: куповни пари. Кога парите веќе не се сосема нови, тие преоѓаат во кредитната сфера. Да речеме дека некој човек создал одредена заштеда, а ниту во тој миг, ниту во наредниот период нема во изглед на нешто да ја потроши. Доколку тој ги чува кај себе, нивниот рок ќе истекува и по одреден број на години нивната важност ќе заврши. За да го избегне тоа, тој може своите пари да му ги позајми на некој фонд основан од стопанските асоцијации или од стопанската управа, кој со нив, но и со парите на многу други луѓе како нашиов човек, ќе отпочне сосема ново или пак нов циклус во постојното производство. Со оглед на тоа дека тие пари од тој момент почнуваат да создаваат нова вредност, асоцијацијата или фондот постепено ќе му ги враќа како нови пари. Притоа каматите што ќе се исплаќаат може да паднат во значителна мера во однос на денешните што ги побаруваат банките, затоа што она главното што ќе го добива зајмодавачот е обновувањето на своите пари. Со така смалени камати производителот ќе може многу

Page 74: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

74

полесно да се движи во стопанисувањето, ќе престане и појавата на паразити во општеството кои живеат од камати, а со тоа и на разни антисоцијални појави што се производ на безделничењето. Но со ваквиот вид пари ќе можат да се градат и големи капитали, зашто никој своите пари нема да ги чува под перница доколку нема во изглед на нешто да ги потроши. Ликвидноста, т.е. динамиката на течението на парите драстично ќе порасне, што е еден од суштинските услови за здраво стопанство. Така би се создале услови и за изумирање на банките, или пак за нивна трансформација во кредитори единствено на физички лица. Зашто, банка-рите не се разбираат во стопанство. И замислете, оние кои немаат поим од стопанисување треба да одлучуваат дали некој стопански субјект ќе добие заем или не. Исто така треба да им се одземе и платниот промет. Тој мора да прејде во надлежност на институција основана од стопанската управа, зашто единствено стопанската управа може да има доволно увид и знаење за движењето на парите. Една централна институција на стопанската управа (со свои подружници насекаде) ќе управува со парите и со валутата (институција слична на поранешниот Завод за платен промет, но основана од стопанската управа, а не од државата). Некои мислители во Германија сметаат дека моделот на обезвреднувањето на парите нема да се случи сЀ додека политичките елити не најдат волја него да го спроведат. Но таквата волја дури и да постои, тешко дека ќе успее да се оствари од проста причина што на многумина, особено на големите финансиски моќници, тоа нема да им се допадне. А политичката елита, најчесто составена од едно, две или неколку лица, секогаш ќе биде подложна на закани, уцени или поткуп, што спроведувањето на моделот неминовно ќе го спречи. Но едно нешто е на некој човек да му успее да заплаши, уцени или поткупи едно или неколку лица, а сосема нешто друго е истото да го стори на три стотини лица, со оглед на тоа дека германскиот парламент брои шест стотини лица. На што се мисли со последново кажано верувам дека нема потреба да образложувам, со оглед на веќе кажаното кога зборувавме за правно-политичкиот член. Некои луѓе ја немаат храброста да се соочат со течението на животот, со неговата постојана менливост и минливост, па затоа отсекогаш настојувале да ја осигураат својата материјална егзистенција на колку што е можно подолг рок, а најдобро за навек. Тој стремеж најубаво се гледа во алчноста за злато и во неговото високо вреднување. Овој редок метал ниту рѓосува, ниту го губи сјајот, ниту се истрошува. Макар колку ли многу да преоѓа од раце во раце, неговата тежина не се менува ниту за милиграм, што не е случај со другите метали. Овие негови својства низ текот на историјата довеле до парадоксалниот факт, неговата вредност да биде многу голема: од една страна тоа нема никаква употребна вредност, а од друга страна има огромна цена.21 21 Златото е многу редок метал. Низ целата досегашна историја на човештвото ископани се околу 170.000 тони злато. Тоа е всушност истата онаа количина која е присутна и денес, со оглед дека

Page 75: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

75

Во поранешните времиња употребата на златото и среброто како средства за плаќање имало своја смисла зашто комуникациите не биле развиени, па на луѓето им требало нешто постојано во меѓународната трговија. Но со сЀ поголемиот развој на комуникациите во 19.- и особено во 20.век, улогата на златото во економијата станува сЀ подискутабилна. Во 1844 година Англија како најмоќна трговска земја со најмногу колонии и најразвиена трговска и воена флота (втората најповеќе во улога на обезбедување на првата од гусарски напади), а оттука и со најмногу злато, го воведува „Златниот стандард”, за да извесно време подоцна под нејзиното економско влијание на него се приклучат и Канада, САД, Германија, Франција и други. Со тоа златниот стандард станува широко прифатен монетарен систем. („Златниот стандард” е монетарен систем каде плаќањето се врши со златни монети или пак со хартиени банкноти, чија цела количина во секој момент мора да биде покриена со злато, т.е. имателите на банкнотите можат во секое време од банката да побараат да им ги претвори во злато.) Но со спроведувањето на овој стандард се појавуваат и многу проблеми, а исто така и разни триковни игри меѓу земјите – која од нив ќе успее да ја надмудри другата за да извлече поголема добивка. Меѓу другите ова е една од незанемарливите причини која доведува до наелектризирање на меѓудржавните односи во Западна Европа и до избивањето на Првата светска војна. Со избивањето на војната ниедна земја повеќе не се придржува до стандардот, за да тој неколку години по нејзиното завршување под притисок на Винстон Черчил, кој во тоа време бил министер за финансии, биде повторно воспоставен. Познатиот англиски економист Џон Мејнард Кејнс (John Maynard Keynes) во својата книга „Економските последици од г-динот Винстон Черчил” оваа одлука ја нарекува „глупост донесена од човек кој нема никакво инстикти-вно расудување”. Без некакви особено широкогледи размислувања за економијата, Кејнс за некои работи имал многу право. Тој меѓу другото златниот стандард го нарекува „варварска заоставштина” која на поновите интензивни светски економски текови не може да им одговори. Јас на тоа

поради човечката алчност за злато многу мал дел од него низ вековите се загубила. Бидејќи златото е екстремно тежок метал - една коцка од злато со страна 10 см тежи безмалку 20 килограми (поточно 19,3) – целата погоре наведена маса би можела да се претстави како коцка со страна приближно 20 метри. Во споредба со милијардите ископани тони железо, бакар, олово итн., оваа количина претставува трошна ситница. Иако златото сосема добро и со многу висок квалитет би можело да се вгради во разни производи, на човекот сепак му е жал него да го користи за секојдневни потреби. Всушност оттука произлегува и парадоксот: иако златото покажува исклучително добри својства, сепак, бидејќи е исклучителна реткост, човекот нема никогаш него да го вклучи во секојдневната употреба. Скоро половината од погоре наведената количина е ископана во последните стотина години, а пак повеќе од половината од неа е ископана во Јужна Африка. Еден од најголемите рудници во таа земја, Тау Тона, во сопственост на англиско-американска корпорација, се наоѓа на длабочина помеѓу 3,5 и 4 километри. Температурата во ходниците во кои работат околу 6000 луѓе исклучиво од црна раса на оваа длабочина изнесува 55ºС, а со огромна потрошувачка на енергија се снижува на околу 30ºС. Несреќите со трагични последици се редовна појава. Ископувањето се смета за економски исплатливо доколку во 1 килограм руда има 1 милиграм злато, или, поинаку кажано, потребно е да се ископа еден килотон руда за да се добие еден килограм злато (однос 1.000.000 : 1). Инаку, 1 килограм злато е коцкичка со страна 3,7 сантиметри.

Page 76: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

76

само би додал дека опремувањето на денешните државни економии со злато му доаѓа исто како тоа, истите тие држави да почнат своите армии да ги опремуваат со лакови и стрели. Повторното воведување на златниот стандард во 1925 доведува до катастрофални последици по англиската економија, па наскоро во 1931 тој бива повторно напуштен. На ова место ќе наведеме нешто, што излегува од рамката на овој спис, но сепак би можело да фрли одредена светлина на некои прашања. Во Новиот завет стои дека кога ѓаволот го искушува Христос, тој му поставува три прашања. Едно од тие прашања како да останува не докрај разрешено. Тоа е прашањето кога ѓаволот бара од Христос, доколку е син божји, камењата да ги претвори во леб. Христос на тоа одговара дека човекот не живее само од леб, туку и од дух. Но живее и од леб, ако целосно се држиме до кажаното. Под поимот камен во тоа време не се подразбирал само обичниот камен, туку целото минерално царство, а во него за тогашниот човек најистакната улога имале металите: златото, среброто, железото, бакарот итн. Ѓаволот всушност како задачи му ги поставува на Христос оние нешта, со кои тој верува дека веќе владее во светот. Тој веројатно му вели: „Јас секојдневно камењата ги претворам во леб (што значи: „Моја заслуга е тоа што луѓето секојдневно камењата ги претвораат во леб”), ајде да видиме како ти би го преобразил тоа.” Велиме преобразил, затоа што во развојот најчесто не се работи за тоа, едно нешто што носи штети целосно да се укине, туку истото да метаморфозира и добие таков тек, што повеќе нема да носи штети, туку добра. На што се мисли со погоре кажаното дека луѓето постојано камењата ги претвораат во леб? Кога човекот дава злато или сребро, а за возврат добива леб, тој всушност каменот го претвора во леб. Тој успех ѓаволот си го припишува себеси, па бара од Христос да види дали тој може на тоа да му даде поинаков тек. Но веројатно тогаш времето сеуште не било созреано за такво нешто, па тоа прашање останува не докрај разрешено да лебди во воздухот. Доколку на парите им се даде својството да стареат, што може да се случи само во едно навистина демократско општество, тогаш нив им се дава својство на живот. Економијата би добила драстично поинаков тек, далеку подинамичен, далеку пожив. Можеби така ќе се оствари тоа, каменот да биде претворен во леб (со други зборови: мртвото да биде претворено во живо), но на сосема поинаков начин, на таков начин кој ќе донесе доволно леб за сите луѓе. Доколку тричленоста на социјалниот организам, кој процес во основа е веќе започнат, се развие во доволна мера, тогаш човекот на полето на правно-политичкиот член ќе препознае дека не само земјата, туку и производстве-ните средства не можат да бидат приватна сопственост. Ако некој човек појде во некој убав ресторан, нарача некое посебно кафе и за него на крајот добие сметка од илјада денари, тогаш тој во основа земено веројатно нема ништо против за таквото кафе да плати нешто повисока цена од вообичаената за филџан кафе, но бездруго ќе смета дека колку и да е тоа

Page 77: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

77

кафе посебно, сепак не може никако да има толкава вредност. Тргнувајќи од оваа споредба можеме да прашаме: Дали трудот на некој човек, или на мала група луѓе, па колку и да се тие способни, може да вреди толку, за да тој односно тие стекнат толкав капитал, што цела една фабрика ќе биде во нивен посед? Да разгледаме еден замислен пример како еден човек би можел да се стекне со таков капитал. Да речеме дека некој човек со своите умствени способности успее да изнајде начин, било преку организацијата на работата, било преку некаков технички изум, некој вид на производство од дотогаш потребните десет часа да го скрати на осум, или пак потрошу-вачката на суровини да ја смали за одредена количина, а квалитетот да не претрпи загуба, тогаш извесен процент од таа добивка, како што вооби-чаено се размислува денес, би требало да му припадне нему. Ако таквиот вид на производство е широко раширен, тогаш тој за кратко време ќе стане милионер. Но да речеме дека пред завршувањето на припремите за влегување на неговиот изум во процесот на производството, некој друг човек врз основа на изумот на првиот смисли сличен таков но подобрен, па првиот изум биде напуштен и заменет со вториот. Сигурно ќе се сложите дека тогаш не е правично добивката да му припадне само на вториот, туку тие двајцата би требало неа некако да ја поделат. Но дали и ова размислу-вање е во согласност со социјалната и правната свест на денешниот човек? За да стигне тој човек до степенот да може да даде таков изум, тој секако морал да се образува, притоа да јаде и да пие, да се облекува, да се грее, да купува книги, да разговара со луѓе, да гледа образовни емисии, да патува, да добива стипендии, спонзорства, и ред други работи. Колку и да бил тој роден со генијален ум, неговата генијалност сепак ќе останела во зародиш доколку заедницата не му ги пружила сите овие нешта за да може неговата генијалност да се обликува и изрази. Неговиот изум е сепак само една алка во целиот претходен синџир на знаење. Според тоа тој би морал погоре опишаната добивка да ја подели со своите наставници и професори, со авторите на книгите кои ги читал, со луѓето со кои ги расправал своите идеи, со земјоделците, дрвосечачите, ткајачите кои го хранеле, стоплувале и облекувале, со еден збор, со целата заедница. Доколку некој на ова приговори дека сите овие луѓе за своите производи веќе имаат добиено надокнада, тогаш одговорот е следново прашање: Зошто тогаш и надокна-дата што ќе ја добие тој да не биде по истите начела како и за сите овие луѓе? Зошто и на неговиот изум да не се гледа како и на секој друг производ? – Од вакви и слични размислувања би можеле да го насетиме основниот социјален закон на општеството, а тој гласи: Секој човек за својот производ треба да добие толку за возврат, така што тоа ќе му биде во најмала рака доволно за задоволување на неговите и потребите на неговото семејство, материјални и духовни, сЀ додека повторно не произведе нов производ. Во случајот на погорниот иноватор тоа би значело дека доколку до неговата следна иновација протечат две години, тоа што

Page 78: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

78

треба да го добие за претходната иновација треба да му достигне за неговите и потребите на неговото семејство во текот на тие две години. Веројатно некој ќе рече дека тоа е невозможно да се пресмета, со оглед дека не може да се знае колку време ќе му биде потребно за новиот изум. Се разбира дека е невозможно. Тоа е исто толку невозможно, колку што е невозможно човекот сам да го порасне цвеќето. А сепак, доколку на цвеќето му овозможи погодна почва, правилно ѓубриво, доволно влажност, светлина и топлина, тогаш тоа самото ќе израсне во здраво растение. Тоа што погоре го кажавме за цената, истото тоа важи и во овој случај. Социјалниот организам, а во него и стопанскиот, се ужасно сложени градби за човекот да може нешто статистички да пресмета. Затоа она што му преостанува е да научи да ги препознава корисните и штетните нешта, и да се труди првите да ги негува, вторите да ги сузбива. Но тоа треба да го прави со сеопфатен поглед. Комунистите со својот крајно едностран поглед, увидувајќи ја штетноста на големиот капитал во рацете на поединци, пристапија кон поопштествување на производствените средства ставајќи ја државата на чело на управувањето со нив, притоа не гледајќи дека од една штета влегуваат во друга. Правно-политичкиот член ниту знае, ниту може, ниту му е работа да стопанисува. Затоа секакво подржавување на фабрики, железници, пошти, шуми, станови, деловни простори, електроцентрали, водоводи итн. има несогледливо штетни последици по целото општество. Ставајќи се над двата останати члена на социјалниот организам и загушувајќи ги, комунизмот не успеа да произведе ниту капитал, ниту знаење. Се впуштиме ли малку во истражување на она што Југославија го имаше од повисока технологија, тогаш ќе видиме дека сето тоа е увезена технологија, лиценци и знаење од западниот свет купени со кредити од истиот тој свет (Zastava, технологија и лиценци на Fiat; EI Ниш – технологија и лиценци на Siemens, Telefunken, Hasler, Honeywell; RIZ Загреб, технологија и лиценци на Philips, Blaupunkt, Grundig, Ericsson; Gorenje, лиценци на Zanussi). Полето на делување на правно-политичкиот член, т.е. на државата, се меѓучовечките односи, тоа што има непосредно влијание на меѓучовечките односи. Уредувањето на работните односи на полето на стопанството секако спаѓа во надлежност на правно-политичкиот член. Какви права има работникот, а какви права работоводачот22, тоа не смее да биде во доменот на стопанскиот член. Зашто стопанството дејствува како машина, и доколку нему му се препушти да ги уредува меѓучовечките односи во својата сфера, човекот ќе стане само еден запчаник во машината. Ова воопшто не мора да произлезе оттаму што некој во самото стопанство намерно така сака, туку тоа произлегува од самата природа на стопанските 22 За едно ново размислување на полето на социјалниот живот треба да се менуваат и поимите кои се употребуваат, затоа што и тие во не мала мера ја искривуваат сликата за стварноста. Затоа овде нема да го употребуваме вообичаениот израз „работодавач”, бидејќи сметаме дека тој ги замаглува вистинските односи во општеството. Доколку некој човек сам ископа глина, испече цигли, ископа железна руда, ја претопи, измисли и произведе електрична струја, машини итн. итн., па потоа повика луѓе да работат во оваа фабрика, тогаш тој со полно право може да се нарече „работодавач”.

Page 79: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

79

односи. Јас познавав еден столар кој додека не ја завршеше започнатата работа ќе го пропуштеше ручекот, често и вечерата, па ќе ручаше и вечераше воедно во 9 часот навечер, а притоа над себе немаше никаков „работодавач”. Истото тоа може да се случи (всушност и се случува) и на пошироко ниво во стопанскиот процес, доколку на него не се интервенира однадвор, од правно-политичкиот член, каде секој полнолетен човек, независно од неговата материјална и социјална положба, има подеднакво право да го изрази своето мислење и со тоа да учествува во донесувањето на прописите.23 Тука не важат никакви титули: никакви директори, мена-џери или управници, никакви магистри, доктори или професори, никакви отеци, оџи или владици. Секој настапува со своето голо световно име и презиме и во световна облека.24 Исто така и прашањето каде смее да се гради една фабрика не смее да биде во надлежност на стопанскиот член, зашто и тоа непосредно може да ги наруши меѓучовечките односи помеѓу луѓето од фабриката и месното население, доколку влијанијата од фабриката делуваат штетно на човечкото здравје. Но да го земеме на пример прашањето на царините. Колку ќе се плаќа царина, на што ќе се плаќа царина, дали воопшто ќе се плаќа царина, тоа се исклучиво стопански прашања, и како такви тие се во надлежност на стопанските асоцијации и нивната заеднички избрана стопанска управа, а никако на правно-политичкиот член. Тука припаѓаат и парите. Прашањето на валутата нема никогаш да биде решено на задоволителен начин доколку него го решава правно-политичкиот член. Некаква централна банка - која иако се нарекува независна институција, таа е само продолжена рака на политиката - во која работат луѓе кои немаат никаков допир со стопанството, никакво искуство во стопанството, решава за циркулацијата на парите. Во тричелниот социјален организам мора да се разграничи, што каде припаѓа. Како трет самостоен член во социјалниот организам мора да делува духовниот член. Иако тој опфаќа многу нешта – воспитание и образование, наука, уметност, култура, јазик, обичаи, здравство, религија итн. – ние сепак овде најмногу ќе се задржиме на воспитанието и образованието. И тука исто така може да се забележи еден развоен пат од дамнешни 23 Во овој спис избегнуваме да го употребуваме зборот „закон”, бидејќи потеклото на зборот јасно укажува дека тој доаѓа од „за конечно”. Но конечни и непроменливи се само природните закони (прашање е дали и тие се такви, или пак само метаморфозираат низ еоните), а човечките „закони” веќе утре можат да се сменат. Затоа овде го употребуваме зборот „пропис”, со оглед на тоа дека она што заедницата го пропишала денес, веќе утре може да го измени. Употребата на зборот „закон” во правна смисла најверојатно доаѓа од неповратно заминатите времиња на кралевите и царевите, каде тие биле безмалку богови, па (само)волјата на апсолутот била (за)конечна. Доколку тој често ги менувал законите, тогаш народот би можел да се посомнева во неговата „божествена” мудрост. Ми се чини дека за едно демократско општество зборот „пропис” многу подобро го отсликува неговото уредување. Закони евентуално би можеле да бидат нештата од ваков вид: „Човечкиот живот и човечкото здравје се неповредливи.” 24 Доколку религиските завети на некое духовно лице му забрануваат носење на световна облека и користење на световното име, тогаш тој ќе мора да се помири со неучеството во оваа сфера на општествениот живот.

Page 80: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

80

времиња па наваму. Во поранешни времиња воспитанието и образованието биле неодвоиво врзани за религијата, а доколку зборуваме за најголемиот дел од европското тло, тогаш би рекле за црквата. Отпрво тоа се одвивало повеќе во тајност во манастирите далеку од очите на јавноста, за потоа црквата него да го институционализира во црковни училишта. Но со сЀ поголемиот развој на науката нужно се јавува потребата за негово ослободување од религиските догми, па така во текот на 18-19.век од црковната зависност тоа постепено преоѓа во една друга, во државно-политичката зависност. Денес веќе созрева времето за негово ослободу-вање и од оваа зависност, што може јасно да се види од фактот што децата сЀ помалку и помалку пројавуваат интерес за материјата и начинот на кој таа им се принесува во училиштата. Мачнината, незаинтересираноста и млитавоста кај децата при „совладувањето” на училишното градиво може да не ги забележи само оној, кој нема никаква смисла за воочување на стварноста. Затоа човек треба еднаш сериозно да си постави едно исконско прашање: дали луѓето воопшто, а особено децата, не се живо заинтере-сирани да го запознаваат и осознаваат светот и животот околу себе?! Јас сум длабоко уверен дека не постои човек кој може негативно да одговори на ова прашање. А ако е тоа така, што несомнено е, тогаш без никакво двоумење може да се заклучи дека причината за млитавоста и незаинтере-сираноста кај децата не може никако да лежи во нив самите, туку мора да лежи на некое друго место. Би сакал веднаш да нагласам дека тоа што овде ќе биде искажано како критика, тоа исклучиво се однесува на состојбите во општеството, вклучително и образованието, а никако на учителите и наставниците. Јас сум длабоко уверен дека и тие, повеќе или помалку свесно, длабоко патат поради овие состојби. Токму затоа верувам дека правилно ќе го сфатат тоа за што овде ќе стане збор. Во поглед на трите начела спомнати на почетокот на овој спис: братството, еднаквоста и слободата, можеби кај некого ќе се појави сомнежот дека тие се производ на случајноста, дека истите не се засновани во една подлабока животна стварност. Дека наместо нив можеле да бидат пронајдени и некои сосема други. Но доволно е човек и само малку да се замисли, па веднаш ќе се сети дека секому во одредени моменти на животот му паднала на ум следнава мисла: „Сите луѓе сме исти, но сите сме и различни, а веројатно сите потекнуваме и од еден ист извор.” Ако овие три сознанија се обидеме да ги пренесеме во единечни зборови, тогаш за првото неминовно се наметнува зборот еднаквост, за второто зборот слобода, и за третото зборот братство. За два од овие три принципи по нешто веќе проговоривме. Третиот принцип, принципот на човечката слобода, пред сЀ се темели на различноста на секоја човечка индивидуа. За да можат различните тлеечки способности во секое дете вистински и непречено да се развиваат, нужно потребно е ним да им се даде целосно слободен израз. Но тоа е невозможно да се случи кога воспитната и образовната содржина програмски се

Page 81: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

81

наметнува однадвор. Програмите, од каде и да доаѓаат, се смрт за сЀ што е живо. Програми можат да постојат за машини, но никако за луѓе. Човек некогаш ќе испланира и само еден ден, па на крајот нема сЀ да излезе според програмата. Затоа на тоа може да се гледа како на една длабока умствена трагедија, што во денешно време насекаде слушаме да се зборува за програми: образовни, политички, економски. Доколку сосема непристрасно и без предрасуди го погледнеме исходот од воспитанието и образованието во последните сто-двеста години, а особено на денешното како најблиско, тогаш, макар колку ли многу некои да зборуваат за напредокот на науката, техниката и човечката мисла, никако не можеме да се оттргнеме од впечатокот дека човекот станува сЀ помалку заинтересиран за било што друго, освен за најсекојдневните потреби и работи. Дали тоа не е противречно самото во себе? Поновото образование стана до таа мера апстрактно, што ја загуби секоја врска со стварноста. Ќе наведеме овде некои впечатливи примери за појасно да го доловиме она за што станува збор. Во денешните, но и не само во денешните учебници по математика можат да се најдат задачи од следниов вид: „Дедото, таткото и синот заедно имале 130 години ...”. Се поставува прашањето: кој е тој човек кој некогаш во животот собира години на луѓе?! - Или пак до исцрпувачко затапување стотици задачи од видот: „Бабата имала десет јаболки и пет внучиња. По колку јаболки ќе добие секое внуче?” Следнава апстракција заслужува посебно внимание. Уште во најраните години на децата им се сервираат множества, пресек на множества, унија на множества. Ако почнете да се распрашувате каква е врската на овие нешта со стварноста, па дури и кај самите наставници, тогаш тешко дека ќе најдете некој задоволителен одговор. Одговорот ќе го најдете кај електроинженерите, кои ќе ви речат дека тоа се нарекува Булова алгебра, и дека истата, но во значително поинаков вид, наоѓа примена во транзисторските кола на скоро сите компјутери и други електронски машини. И сега замислете, со нешто што им е потребно само на електроинженерите, па дури и уште понатаму, само на електроничарите, се оптоваруваат најмалите деца. На 7-8(!) години им се полнат главите со нешто, чиј допир со стварноста мнозинството од нив нема никогаш да го сретнат. А дури и за оние што ќе го сретнат ако десет години подоцна одлучат да студираат електроника, каква смисла има тоа да им се принесува толку апстрактно без никаква смисла на таа возраст? Во наставата пак по биологија учениците постојано ќе учат за клетки, јадра, хромозоми, нешта кои тие никогаш нема да ги видат, но нема да научат да разликуваат даб и бука, или ајдучка трева и кантарион, растенија широко распространети во Македонија.25 Една странска поговорка одомаќинета и кај нас вели вака: „Од пустите дрвја не можат да ја видат 25 Разликувањето и именувањето на нештата (овие две работи се многу тесно поврзани) е темелот на секој духовен напредок. Се разбира дека ако се остане само на тоа не се стигнало многу далеку. Но за да се стигне некогаш дотаму да се има куќа, нужно мора прво да се изгради темелот. Инаку таа куќа нема да опстои ниту малку. Во македонскиот јазик недостасуваат многу имиња како за природните, така и за техничките нешта.

Page 82: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

82

шумата”, или, ако неа ја примениме на тукушто реченото: „Од пустите клетки не можат да го видат растението.” За да не остане само на ваков вид примери, да земеме и еден малку пове-дар. Него ќе го изнесеме преку еден разговор, кој со мали измени навистина се има случено. Учителот ги прашува децата: - Како ќе измериме колку е високо едно дрво? - А зошто да го мериме дрвото? – прашува едно дете. - Можеби е старо и треба да го исечеме, но во неговата близина има куќи и треба да знаеме дали кога ќе падне ќе удри во некоја куќа и ќе ја оштети. - Можеме да се качиме на дрвото и да пуштиме некое јаже надолу, да го обележиме местото кога јажето ќе ја допре земјата, потоа да слеземе и да измериме колку е долг тој дел – размислува детето. - Добро ... но невозможно е да се качиме толку високо, освен тоа многу е опасно – вели учителот. - Можеме да се качиме со скала, - продолжува детето. - Размисли и ќе видиш дека и тоа нема да оди така лесно. Впрочем, доколку дрвото е прилично високо, тогаш толку висока скала нема да најдеме. - Па добро, како тогаш? - Пред сЀ потребно е денот да е сончев. - Ааа ... знам! Ќе му ја измериме сенката. - Добро. Но сенката не е секогаш иста како дрвото, наутро таа е подолга од дрвото, напладне може да биде пократка од дрвото. - Тогаш ќе чекаме кога таа ќе биде иста како дрвото. - А како ќе знаеме кога е тоа? - Ќе земеме еден стап, ќе го забодеме во земја, ќе го измериме колку е висок, а потоа ќе чекаме сенката на стапот да стане иста како него, и тогаш ќе ја измериме сенката на дрвото. - Браво, така е! Но всушност и не мора да чекаме сенката на стапот да стане иста како него. - Како? - Да речеме дека во моментот кога ја мериме сенката на стапот, таа е долга еден метар, а самиот стап сме измериле дека е два метри. Ако во истиот момент измериме дека сенката на дрвото е десет метри, колку ќе биде неговата висина? - Дваесет метри! Кај сето ова добро е да се изберат такви бројки, од кои детето лесно ќе го насети решението. Притоа секакво мешање на зборови од видот: „Тоа се нарекува принцип на слични триаголници”, или искажување на „дефини-ции” и „теореми” само ќе го збуни детето и ќе го умртви воодушевувањето во него. Учењето мора да има колку што е можно повеќе елементи на игра. А тоа воопшто не е лесно да се остварува. Авторот на написов признава дека може да наведе уште неколку интересни примери, и тука неговиот

Page 83: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

83

репертоар завршува. А тоа би било доволно само за еден-два училишни часа. Но доколку на учителите и наставниците им се даде целосна слобода, малку по малку ќе почне да се пројавува едно сосема поинакво воспитание и образование од денешното. Замислете на некој образуван човек за физика, биологија или што и да е, но истовремено и вљубеник во својата наука, да му се рече: Ние Ве цениме како чесен, вреден и стабилен човек, но и како добар познавач и љубител на својата наука. Погледнете! Ене ги децата. На Вас е што ќе правите и како ќе правите, обидете се науката да им ја пренесете на децата. Не постои програма, не постојат учебници, не постои никој над Вас кој ќе Ви кажува што и како треба да ги учите. – Доколку човекот не се исплаши и ја прифати задачата, тогаш тој ќе почне многу подлабоко да размислува за својата наука одошто било кој научник размислува во својата лабораторија, од едноставна причина што сега тој е препуштен на самиот себе, на кој начин и колку што е можно појасно на децата да им ја принесе целосната слика за својата наука. Научникот во лабораторијата работи и размислува на конкретно, издвоено прашање. Нашиов човек ќе мора да размислува многу пошироко. Така тој силно ќе расте во својата наука заедно со децата. Зашто децата, доколку човек не го убие нивниот жив интерес за светот околу нив - што денес во огромна мера се случува - знаат да поставуваат длабоки и суштински прашања, што обилно ќе ги разоткрива огромните дупки и заблуди во денешната наука. Но не само воспитанието и наставата треба да бидат во надлежност на воспитувачите и учителите, туку и самото управување со нивните воспитни и образовни установи. Тие сами меѓу себе ќе се договараат како да ги управуваат своите установи. Никаков директор нема да им кажува дали денеска ќе седат во училница, или ќе појдат во некоја шума, во некој музеј или во некоја фабрика, каде на децата ќе сакаат да им покажат нешто за што претходно се договориле дека е добро да го видат. Доколку некој на ова приговори дека и него го воделе на настава во природа и притоа ништо посебно од тоа не му оставило впечаток, тој би требало да има предвид дека во своите размислувања тргнува од тоа, какви биле учителите тогаш, а исто така и сега. Но низ едно слободно образование со смената на генера-циите ќе се изградат сосема поинакви учители, кои секако ќе умеат да го побудат вниманието кај децата за тоа што го нуди природата, музејот, фабриката итн. Узурпацијата на умствените способности кај денешните наставници е за длабока осуда и за длабоко сочувство. Тие неброени години работат по иста програма и по исти учебници (повременото менување на програмата и учебниците е само обична шминка), и така се претвораат во машини без волја и без живот, што неминовно се пренесува и на децата. Од една страна притиснати од државата и нејзиното „образование”, од друга страна притиснати од незадоволните родители, тие луѓе преживуваат длабоко нарушување на човечкото достоинство.

Page 84: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

84

Што ќе се случи доколку на образованието му се даде целосна слобода? Едно нешто што ќе настане е многу поинаква соработка помеѓу самите наставници одошто е онаа денес. Еден наставник да речеме по физика ќе најде низ литературата нешто интересно да им раскаже на децата. Доколку тој забележи дека тие на тоа се воодушевуваат, прашуваат, коментираат, го раскажуваат дома, тоа е јасен знак дека тоа го обзема нивниот дух. Тој наставник може тоа да му го соопшти на својот колега од истата или слична наука, па и тој истото да го вклучи на своите часови. Другпат овој вториот ќе најде нешто такво, па ќе му го соопшти на првиот. Така наставата слободно ќе се гради и ќе се шири, па некогаш од стекнатото искуство може да состават и учебник, кој воопшто не мора да биде задолжителен, а уверен сум дека ќе биде интересен. Јасно е дека на сето ова може да се приговори дека така секој наставник би терал по свое. Некој наставник по физика во Битола би држел настава по свое наоѓање, друг во Скопје повторно по свое и така не би имало уедначено образование. Па токму тоа е доброто. А сепак, од друга страна, дали светлината, електрицитетот, дрвјата и цвеќињата се поинакви во Битола од оние во Скопје? Дали тие наставници во Битола ќе поучуваат на нешто друго од оние во Скопје? Тешка, огромна трагедија на човечкиот ум се денешните настојби за стандардизирање и унифицирање на образова-нието, уедначени програми, учебници, некакви ретроградни Болоњски про-цеси, рангирања на универзитети, импакт фактори. И потоа, гледајќи ги сите девијантни појави во општеството, се чудиме каде оди човештвото. Кон крајот на 70-ите години на минатиот век во Англија се појави една чудна музичка приказна од легендарната рок група „Pink Floyd”, двојниот албум „Wall” (Ѕид), каде главната тема е лошата општествена состојба, а особено неслободното образование и неговите страшни последици по натамошниот живот на човечката единка, за на крајот приказната да кулми-нира во едно тоталитарно општество налик на Германија во триесетите години од минатиот век. Албумот доживеа толкава популарност низ целиот свет, што за кусо време се продаде во огромни милионски тиражи. Треба ли појасен показател за тоа дека нешто со човечкото општество, а бездруго и со образованието не е во ред? Во една од главните теми групата пееше вака: „Нам не ни треба ова образование, нам не ни треба оваа контрола на мислите”.26 Авторот на овој напис не може да зборува за тоа, во што членовите на рок групата ја гледаат контролата на мислите, бидејќи од стиховите на песните тоа не може јасно да се утврди, но затоа би дал едно свое видување на ова прашање. Но пред сЀ би сакал изречно да нагласам, дека јас не би можел да зборувам за „контрола” на мислите, со оглед дека тој збор недвосмислено упатува на некакви дејанија со свесна умисла. Оттука пак би можеле да се извлечат заклучоци за денес раширените теории на заговор, за кои авторот смета дека штетите што тие му ги 26 Можеби некој ќе има приговор на преводот на стиховите „We don’t need no education, we don’t need no thought control”, но авторот на овој напис сепак стои на тоа, дека смислата на стиховите е таа.

Page 85: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

85

нанесуваат на човечкото размислување се многу тешко поправливи. Се разбира дека некои политички врхушки, а особено оние од национал-социјалистичкото и комунистичкото време, тежнееја да го насочуваат човечкото размислување според своите гледишта. Но таквото насочување по својот вид и карактер од една страна е од краток век, а од друга страна последиците од него не можат да бидат со толкава длабочина како последиците од тоа за што сега ќе стане збор. Повторно би напомнал дека тука не се работи за ничија свесна умисла – кога би била таква таа не би можела долго да трае – туку многу повеќе за несвесно и ненамерно ограничување на видокругот на човечката мисла, а токму поради тоа и за многу потрајни и подлабоки последици. Тоа ограничување неминовно се наметнува со поновиот развој, и на него единствено треба да се гледа како на процес донесен од самите историски текови. До пред отприлика петстотини години сите луѓе без исклучок гледале на овој свет како на творба на еден друг повисок свет, свет на огромно мноштво на духовни битија, наречени богови, а исто така и на човекот како на дел од тоа мноштво, на еден помлад бог. И како што кога во едно семејство ќе се роди едно бебе најголемиот дел од вниманието на семејството е насочено кон него, така верувањето на поранешните луѓе било дека и најголемиот дел од вниманието на повисокиот свет е насочен кон новото божјо дете, кон човекот. Но со оглед на тоа дека религиите почнале да попримаат сЀ подогматски карактер, а и со оглед на тоа дека истовремено почнал да се развива еден таков вид на наука каков што дотогаш не постоел, како неизбежен историски процес се појавува верувањето дека сите претходни верувања во погорни светови се само обична заблуда, и дека само новото верување е исправно, па така овој процес во одреден историски период дури го добил и името „просветите-лство”, односно луѓето конечно „се просветлиле”. Зборот ,неизбежен’ го употребивме од причина што уште во старите религиски записи е речено дека некогаш во иднината нужно мора да дојде моментот кога човекот ќе почне да го негира постоењето на повисокиот свет, дека тоа е нужно потребно за човекот да може целосно да ја искуси својата слобода. А кога ќе поминат доволно векови во нејзиното изживејување, и кога човекот ќе согледа дека препуштеноста на самиот себе не го води до подлабоко осо-знавање на светот, туку само до површно и неповрзано знаење, тогаш тој ќе почне да развива една поинаква наука која повторно во себе ќе почне да го вклучува и постоењето на повисокиот свет, но овојпат по слободна волја. Но ова ново поврзување, на основата на здобиеното искуство од периодот на препуштеноста на самиот себе, ќе роди за човекот сосема нови квалитети, далеку повисоки од оние пред настапувањето на тој период. –Модерната наука со многу право ги напаѓа религиите предочувајќи им го нивниот догматски карактер, но притоа, барајќи ја и забележувајќи ја раската во туѓото око, како да не ја забележува цепаницата во своето. Со други зборови, исто толку колку што на другите религии може да им се

Page 86: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

86

приговори дека се полни со догми, исто толку може да ѐ се приговори и на најновата религија, на модерната наука. Да земеме еден пример. Науката денес ќе ви рече дека ѕвездите што секоја ноќ ги гледате на небото се оддалечени 10, 100, 1000 милиони светлосни години, зависно од тоа за која станува збор. Тоа значи дека „парчето” светлина што во дадениот миг го гледате од некоја ѕвезда, тоа тргнало на пат и патувало низ универзумот сто милиони години, и сега пристигнало до вас. Притоа тоа се зема како неспорен факт, дури ќе биде напишано и во учебниците по природни науки, затоа што науката рекла така, и тука нема разговор, а камо ли приговор. Ако евентуално се посомневате во тоа, тогаш се разбира дека нема да ве запалат на клада, но на вас ќе гледаат како на чуден и застранет човек. Доколку пак земете да прелистувате книги и учебници или да барате некој да ви објасни како е дојдено до тој резултат, тогаш ќе наидете на толку оскудни и делумни образложенија, со толку многу празнини и со толку лесно како непобитни прифатени заклучоци, што ќе ви се наметнат толкав број прашања, што просто нема да знаете од каде да почнете. Секако дека многумина на ова ќе речат дека за да се сфати едно такво нешто нужно е подолго школување. Да речеме тогаш дека некој ќе се впушти во тоа школување и тоа во странски образовни установи и после извесен број години пронајде неспорни недоследности во заклучувањето, во поставките, со еден збор во теоријата (зашто верувам секој ќе се сложи дека еден таков резултат далеку повеќе се темели на теорија, одошто на искуствени сознанија). Притоа се поставува суштинското прашање: дали некој верува дека тој ќе успее тоа да го рашири во толкава мера, што ќе биде пошироко прифатено и воедно вклучено да речеме во школските учебници по физика?! Тоа, јас сум длабоко уверен, нема да се случи. А како поддршка за оваа моја длабока увереност ќе наведам еден впечатлив и многу значаен историски пример. – Во 1704 година англискиот научник Исак Њутн го објавува своето дело „Оптика”, во кое тој врз основа на опитот каде светлината се пушта да падне на триаголна стаклена призма и притоа на спротивниот ѕид се добива виножитниот спектар на боите заклучува дека светлината е составена од бои, од спектралните бои на виножитото: црвена, портокалова, жолта, зелена, плава, модра и виолетова. Овој и премногу избрзан заклучок оттогаш станува до таа мера општоприфатена вистина, што тој денеска дури и во учебникот за 4.одделение по природни науки се наведува во една штура, сувопарна, без никаква смисла лекција. Во 1792 година германскиот писател и природонаучник Јохан Волфганг Гете го објавува делото „Прилози кон хроматиката” (χρῶµα=боја), а во 1810 година своето главно дело од оваа област „Кон учењето за боите”. Уште во првото дело тој на еден многу јасен и разбирлив начин, тргнувајќи од едноставни опити па постепено развивајќи ги методично кон посложени (за разлика од Њутновото дело каде сЀ е многу замрсено), покажува дека боите настануваат од содејството на светлината и темнината, или како што тој на едно место по малку шеговито се изразува: „од вечната расправија помеѓу

Page 87: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

87

светлината и темнината околу материјалните тела”. За Гете светлината е најнеделивото, најелементарното битие што го познаваме, а темнината исто толку стварно и суштинско битие, колку и светлината. Поновата наука на темнината гледа како на чисто човечки збор за означување на состојбата кога светлината не е присутна, или со други зборови: таа е отсуство на светлина. За Гете пак колку што се реални физички ентитети светлината, воздухот, водата, каменот итн., исто толку реален физички ентитет е и темнината. Тие две заедно ги произведуваат како боите, така и сите нијанси на сиво.27 Овде не е местото поблиску да го образложуваме неговото учење, туку само накратко ќе изнесеме некои противречности забележани во учењето на Њутн, какви што кај она на Гете не се сретнуваат.28 Една важна противречност е забележана уште во времето на Њутн од страна на францускиот свештеник и научник Едме Мариот, познат по Бојл-Мариото-виот закон. Успевајќи да издвои дел од спектралните бои кои „излегуваат” од призмата, т.е. само една боја, тој забележал дека доколку и само овој дел падне на втора призма, од него повторно се добиваат боите на спектарот, само прилично побледо. Истото се случува и кога дневната светлина ќе помине низ обоено стакло или т.н. „филтер” и потоа падне на призма.29 Друга противречност е онаа што доколку триаголната призма не е истоаголна, туку остроаголна со еден агол не поголем од дваесетина степени, зелената боја воопшто не се појавува во средината на спектарот. На едната страна останува жолто-црвена лентичка - т.н. топол дел на спектарот, на другата страна плаво-виолетова лентичка - т.н. студен дел на спектарот, а во средината чисто осветлено поле. Со оглед дека Њутн тврдел дека хетерогената светлина, како што тој ја нарекувал сончевата светлина, е составена од хомогени обоени светлини, а првата може да се разложи во вторите, нему не му се провлекло тоа дека во тој случај би морало да може тие светлини повторно да се состават и да дадат хетерогена бела светлина. За да го докаже тоа, тој меѓу другото ги мешал материјалните бои тврдејќи дека тие даваат бела. Но бидејќи тие никогаш не даваат бела, туку секогаш даваат само сива, тој морал во своето учење да вметне „или сива”, па притоа тргнал да докажува дека сивата е всушност бела. Со оглед дека тој на повеќе места се служи со трикови за да го докаже недокажливото, овде во оригинал ќе наведеме еден таков, каде тој докажува дека сивата е бела. „Јас ја земав третата од гореспомнатите сиви мешавини и дебело ја распослав врз подот на мојата соба (станува збор за сив прашок составен од четири прашоци со разни бои, забел. на превед.), на место каде сонцето светлеше низ отворениот прозорец; а во сенката до неа јас положив едно парче бела хартија со истата големина. Оддалечувајќи се од нив на 12 или 18 стапки, 27 Секоја боја е посветла од црната, а потемна од белата. 28 Делото „Прилози кон хроматиката“ наскоро ќе биде објавено на македонски јазик, па секој заинтересиран ќе може подетално да се запознае со теоријата на Гете. 29 Именувањето на обоените стакла и фолии како „филтри“ доаѓа токму од теоријата на Њутн. Кога на светлината ќе ѐ се испречи некое обоено стакло, тогаш сите бои наводно биваат вшмукани во него, а поминува само бојата што ја има самото стакло.

Page 88: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

88

така што не можев да ги разликувам нерамнините на површината на прашокот, ниту пак ситните сенки кои паѓаа од малите грутчиња на прашокот, прашокот изгледаше силно бел, дури како да го надминуваше и самото парче хартија во белината, особено ако хартијата беше малку затскриена од одбиената светлина од облаците, и потоа хартијата споредена со прашокот изгледаше со таква сива боја, каков што изгледаше и прашокот претходно. Но положувајќи ја хартијата каде сонцето светли низ стаклото на прозорецот, или пак затворајќи го прозорецот така што сонцето може да светли низ стаклото врз прашокот, и со други такви соодветни средства на засилување или ослабување на светлината со која беа осветлени прашокот и хартијата, светлината со која е осветлен прашокот може да се направи посилна одошто светлината со која е осветлена хартијата во таква подобна пропорција, што тие двете ќе изгледаат точно еднакви во белината. Зашто, кога ова го пробував дојде еден пријател да ме посети, а јас го застанав на вратата, и пред да му кажам за кои бои се работи или пак што правам во моментот, јас го прашав која од двете бели е подобра, и во што се разликуваат? А кога тој ги погледна добро од таа далечина, тој одговори дека двете се подеднакво добро бели, и дека не може да каже ниту која е подобра, ниту во што се разликуваат. Ако сега размислите дека оваа белина на прашокот изложена на светлината на сонцето е составена од боите кои составните прашоци ги имаат на истата таа сончева светлина, од овој експеримент морате да признаете, како и од претходниот, дека совршената белина може да се состави од бои.”30

30

I took the third of the above-mentionеd grey Mixtures, (that which was compounded of Orpiment, Purple, Bise, and Viride Аеris) and rubbed it thickly upon the Floor of my Chamber, where the Sun shone upon it through the opened Casement; and by it, in the shadow, I laid a Piece of white Paper of the same Bigness. Then going from them to the distance of 12 or 18 Feet, so that I could not discern the Unevenness of the Surface of the Powder, nor the little Shadows let fall from the gritty Particles thereof; the Powder appeared intensely white, so as to transcend even the Paper it self in Whiteness, especially if the Paper were a little shaded from the Light of the Clouds, and then the Paper compared with the Powder appeared of such a grey Colour as the Powder had done before. But by laying the Paper where the Sun shines through the Glass of the Window, or by shutting the Window that the Sun might shine through the Glass upon the Powder, and by such other fit Means of increasing or decreasing the Lights wherewith the Powder and Paper were illuminated, the Light wherewith the Powder is illuminated may be made stronger in such a due Proportion than the Light wherewith the Paper is illuminated, that they shall both appear exactly alike in Whiteness. For when I was trying this, a Friend coming to visit me, I stoppеd him at the Door, and before I told him what the Colours were, or what I was doing; I asked him, Which of the two Whites were the best, and wherein they differed? And after he had at that distance viewed them well, he answerеd, that they were both good Whites, and that he could not say which was best, nor wherein their Colours differed. Now, if you consider, that this White of the Powder in the Sun-shine was compounded of the Colours which the component Powders (Orpiment, Purple, Bise, and Viride Аеris) have in the same Sun-shine, you must acknowledge by this Experiment, as well as by the former, that perfect Whiteness may be compounded of Colours. Isaac Newton, Opticks or a treatise of the reflections, refractions, inflections and colours of light. The fourth edition, corrected. by Sir Isaac Newton, Knt., London 1730 (страна 152-153)

Page 89: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

89

Па што всушност прави овде Њутн? Најголемиот научник на поновото време бескрупулозно го погазува најфундаменталниот закон на секоја наука. За да споредуваме или мериме нешто, не треба ли тоа да биде кога двете нешта се под исти околности? Смеам ли јас едни помали букви да ги погледнам под лупа, а други поголеми со голо око, па да речам дека првите се исто толку големи колку и вторите? 31 Но овде не е местото пошироко да се занимаваме со триковите на Њутн со кои тој самоволно ги отстранувал противречностите во својата теорија, туку на еден пример да покажеме дека догматиката на науката не е нималку поразлична од догматиката на религијата. Иако многумина научници јасно и издржано укажувале на противречностите во теоријата на Њутн, иако Гете 100 години после него развива непротивречно учење со научни докази, ништо од сето тоа до денешен ден не успеало да се пробие и да ги разниша заблудите кои од позиција на моќ ги раширил големиот претседател на Кралското научно друштво. А кога владее заблуда за нешто што е толку блиску, такаречи на дофат на рацете, како може тогаш со сигурност да се верува во нешто што е толку далеку, во одредувањето на далечината на ѕвездите. Зашто ако во опишаниов случај заблудата се појавува веќе на првиот чекор: се пушта светлината да падне на стаклена призма, од другата страна се добива спектар на бои, и веќе со толкувањето кое би можело секому на прв поглед да му падне на ум (доколку не направи дополнителни опити кои без самобендисаност и инает објективно ќе ги протолкува, што неминовно ќе го принуди да се откаже од првичното толкување), дека светлината е 31 Дека неприкосновениот авторитет на поновата наука ја преминал границата на тоа да им кажува на луѓето што треба да мислат, туку отишол дури дотаму што почнал да им кажува и што гледаат, покажува следниов пример: уште во времето на Њутн е направен еден картонски круг кој е поделен на седминки и на нив се нанесени спектралните бои. Кога кругот се врти многу брзо, поединечните бои повеќе не може да се разликуваат, туку настанува мешавина од нив, за која се тврди дека е бела. Но доколку човек, слободен од секакви стеги и авторитети, навистина се запраша што гледа, тогаш одговорот неизоставно гласи – сива. И овој опит често се изведува до толку нечесно, што боите врз кругот се нанесуваат во така избледена нијанса, што практично се неспоредливо посветли од боите кои се добиваат со помош на призмата, само за да се добие колку што е можно посветла сива. Но дури и таквата сива нијанса е сеуште многу далеку од бела. Денешната наука до толку го има збунето човечкото размислување, што дури и најочигледните нешта треба „да се дефинираат”. Кога со еден пријател разговарав на оваа тема, тој ми побара да дефинирам што е „бело”. Иако ова го сметам за сосема излишно, сепак ќе речам: природата нуди доволно нешта кои се чисто бели – свежо паднат снег, чиста сол, млеко итн. Ако белината на овие нешта ја споредиме со тоа што се добива на кругот, тогаш секој човек при здрави очи ќе ја забележи огромната разлика. Во втората половина на 19.век англискиот новинар и произведувач на играчки Чарлс Бенхам (Charles Benham) направил пак еден друг круг (Benham’s disk). Тој содржи само црни и бели површини во одреден распоред. Кога кругот се врти не многу брзо (некаде пишува дека треба да се врти со голема брзина, што не е точно), на него може да се забележат повеќе бои. Да била оваа појава позната во времето на Гете, јас верувам дека тој во неа ќе видел уште една убава потврда на својата теорија дека боите настануваат од содејството на светлината и темнината, во случајов од содејството на белото и црното. Денешната наука тврди дека боите ги нема на кругот, туку дека тие се илузија што се создава во нашите очи. (Опитот може убаво и лесно да се изведе доколку на некое бело кружно картонче со радиус од неколку сантиметри се нанесат црни површини и потоа истото се постави на вртимушка (чигра) која може да се најде меѓу детските играчки).

Page 90: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

90

составена од бои, тогаш можно ли е да постои и заблуда за нешто што е толку далечно, и до кое е дојдено по пат на многу чекори? Можеби од сето ова ќе се добие впечаток дека ова го пишува некаков противник на науката, или пак дека се работи за пристрасност на авторот, дека тој повеќе му е наклонет на германскиот мислител Гете отколку на англискиот научник Њутн. Во однос на првото можам најодговорно да кажам дека токму спротивното е точно, дека авторот е голем пријател на науката, можеби поголем од многу научни работници. Но не на догматска наука, на таква наука која авторитарно го присвојува правото над вистината. Во однос на второто можам да одговорам дека тука воопшто не се работи за некаква наклонетост, туку над сЀ се работи за вистината, или во многу случаи може да се рече, каде има повеќе вистина, а каде помалку. Она што единствено мора да го води човекот низ животот, тоа не се неговите лични допаѓања или одбивности, тоа не се неговите лични позиции, угледи или суети, туку тоа над сЀ е вистината. А таа е крајно сложена, „стравично” посложена одошто се претставите за неа кои владеат во модерната наука. Но тоа не треба човекот да го плаши или да го обесхрабрува, зашто највисокиот врв на таа сложеност, така да се рече вишната на шлагот, е самиот тој. Па оттука, можно ли е тоа што е врв на сложеноста да не може, кога веќе еднаш му било дадено ум и свест, да го осознае тоа што е под него? Она што денес ја произведува најголемата заблуда кај човекот, безрезер-вната доверба во науката, тоа се нејзините неспорни технички достигну-вања. Човекот ги гледа сите денешни технички апарати и си вели: доколку во науката постојат заблуди, тогаш сите овие високо-технички дости-гнувања не би биле можни. Токму во ваквото размислување се крие најголемата забуна. Техничките достигнувања се едно нешто, а теориите и објаснувањата на појавите се сосема нешто друго. Еден денешен дигитален фотоапарат, или еден денешен компјутер кој може да произведе илјадници нијанси на бои, ќе биде создаден од инженерите без воопшто да направи некаква разлика тоа, дали ќе речеме дека светлината е составена од бои, или пак ќе речеме дека таа е неделива. Денешните технички изуми не се темелат на теории, туку пред сЀ на многу проби зад кои стојат огромни капитали, притоа на многу јалови обиди и одвреме навреме на понекој среќен обид. А кога нешто ќе се посреќи, инженерот не навлегува многу во објаснување на појавите, туку се насочува кон тоа, како нив најдобро да ги искористи за некој комерцијален производ што на неговата компанија ќе ѐ донесе финансиска добивка, со оглед на тоа дека дел од предмалку спомнатиот голем капитал оди и за неговите високи примања. Да го погледнеме следниов извадок од воведот во книгата на тројцата англиски електроинженери I.Catt, D.S.Walton и M.Davidson, “Digital Hardware Design” (Дизајн на дигитален хардвер), инженери со долгогодишно искуство во големи американски и англиски електронски компании:

Page 91: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

91

„Целото инженерство е базирано на наука, како што академскиот персонал со право нагласува. Сепак, многу е важно науката која се предава да биде во согласност со тековната технологија и пракса во инженерството. Ако ова не е така, тогаш студентот пристигнува во индустријата вооружен со сет од научни принципи и припадни математички техники, кои се несоодветни за неговата работа како дизајнер, и кое води во разочарување во науката воопшто. Уште полошо, доследното применување на несоодветни техники може да води во лоши дизајни, често со катастрофални последици. Индустријата на дигиталната електроника во последните 10 години направи многу брзи скокови, но неопходната теориска основа притоа воопшто не се разви. ...” Не е ли овде искажаното противречно во самото себе? На почетокот авторите велат дека целото инженерство се темели на наука, за малку подолу да речат дека студентот од факултетските клупи пристигнува во индустријата со несоодветни научни принципи, што води во негово разочарување во науката воопшто, а уште малку подолу дека теориската основа воопшто не држи чекор со технологијата. А можеме да си го поставиме и следново прашање: од каде произлегла потребата да се напише еден ваков предговор? Јас сум длабоко уверен дека таа не дошла само оттаму што авторите гледале како млади инженери пристигнуваат во индустријата и притоа мачно се пробиваат низ струката, туку и оттаму што и тие самите го чувствуваат, иако со долгогодишно практично искуство зад себе, недостигот од подлабоко разбирање на појавите на електрицитетот и магнетизмот. Доколку науката каска по технологијата, тоа воопшто не претставува нека-ков проблем или парадокс. Зашто на денешниот степен на развој на човекот, тој прво ги открива појавите, и притоа е можно веднаш да се сети како нив да ги искористи за некој индустриски производ, а дури потоа го бара нивното објаснување. Проблемот е всушност во тоа што науката ја нема ниту на повидок зад технологијата, и секој кој мисли поинаку јас најодговорно тврдам дека е во голема заблуда. Ако на образованието му се даде целосна слобода, многу извесно е дека не е премногу далечна иднината кога науката ќе истрча пред технологијата, со други зборови, кога човекот ќе почне да ги претскажува работите. На пример кога ќе рече: доколку во стопената стаклена маса го додадам тој и тој хемиски елемент и потоа ја ладам под дејство на магнетно поле, ќе добијам стакло со такви и такви оптички својства. И кога ќе го направи тоа, навистина го добил тоа што го претпоставил. Целата наука мора да се темели на опити. Учениците на поновото време воопшто, а особено на нашиве простори, имаат полни глави со теорија и математички задачи, а никогаш нема да видат ниту еден наједноставен опит, да речеме кога светлината паѓа на стаклена призма. Во некое идно образование мора прво и основно, второ и суштинско, и трето и најважно да биде опитот и набљудувањето. Само така ќе може науката од високо во

Page 92: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

92

облаците да се спушти на земјата, само така ќе може човекот да почне да го разбира светот на природата. Можеби некој од досега реченото ќе стекне впечаток дека авторот на овој напис гледа на науката како на средство за достигнување на нови технички изуми. Но таквиот впечаток би бил погрешен. Науката мора пред сЀ да биде во служба на осознавање на светот, а со тоа и на облагородување на човекот. Тоа денес го нема. А доколку почне да се појавува, тоа ќе донесе многу посеопфатен напредок отколку само на потесно ограниченото поле на техниката. Апстрактноста на науката ги одбива луѓето. Тие не ја разбираат и не сакаат да ја разберат, зашто потајно чувствуваат дека со неа нешто не е во ред. Колку ли често за време на моето школување можев од моите врсници да ги слушнам зборовите „мразам хемија”, „мразам физика”, „мразам биологија”, а и самиот не ретко ги изговарав. Мора ли тоа да биде така? Зарем луѓето не се живо заинтересирани за светот околу нив? - Но тоа ќе остане така, сЀ додека на воспитанието и образованието, од детските градинки па до највисоките образовни установи, не им се даде целосно слободно да се развиваат, без било какво мешање од страна. А тогаш луѓето ќе почнат поинаку да размислуваат, ќе почнат да согледуваат дека во светот околу нив е вградено многу ум, ќе почнат во сЀ околу себе, од најситните цвеќенца и бубачки, па сЀ до планетите и ѕвездите да гледаат едно огромно чудо. Целиот свет ќе им стане едно величествено чудо, па веќе воопшто не ќе имаат потреба да бараат чуда во некакви огани кои сами се палат, фрески кои сами се чистат итн. А што се однесува до техничките изуми, иако се тие сепак од второстепено значење, сосема сигурно и тие ќе доживеат таков развој, каков што не доживеале дотогаш. Но до тие пронајдоци ќе се доаѓа со многу поголемо социјално разбирање одошто е тоа случај денес. Во последниве години во Швајцарија беше довршен и почна со работа т.н. Голем хадронски судрувач (LHC – Large Hadron Collider), кој треба да открие постоење на некоја нова честичка, Хигсов бозон. Тоа е кружен тунел пеесетина метри под земја, висок 4 метри и долг 27 километри, граден 10 години, а во кој досега се потрошени приближно 8 милијарди евра и сеуште ќе се трошат нови. Потрошени огромни финансиски, материјални и човечки ресурси, а што ќе биде исходот од сето тоа? Тој веќе почнува да се наѕира. Со оглед дека во таа наука се работи со веројатности, исходот очигледно ќе биде: „Со N% веројатност можеме да потврдиме дека Хигсовиот бозон постои.” И притоа неизбежно се наметнува прашањето: И?! Што ни помага тоа да си го објасниме светот? – Сите тие 10.000(!!!) научници кои се вклучени во проектот секојдневно јадат, пијат, се облекуваат, се загреваат, се превезуваат. За сето тоа да им биде овозможено армија од луѓе работат во рудници, во фабрики, на земја. А какво сознание ќе им вратат првите на вториве? - „Хигсовиот бозон веројатно постои”. – Јас сум длабоко уверен дека една поинаква наука која би произлегла од едно поинакво

Page 93: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

93

образование од сегашново би работела со далеку помалку средства, а би донесувала многу подлабоки и поразбирливи сознанија кои ќе го облаго-родуваат човекот, ќе му ја засилуваат волјата за живот и работа. Сегашнава наука само го фрла човекот во очај и му ја уништува волјата. Тоа води во незаинтересираност за било што, во постојана досада, а со тоа и во оживување на секакви деструктивни и порочни нагони кои се производ на досадата. Слободното образование ќе доведе и до согледување на големите штети кои произлегуваат од тестирањето и оценувањето на учениците. Со овие нешта уште од мали нозе на децата им се всадува чувството дека животот е натпревар (конкуренција), истовремено и чувството на гордост т.е. пови-сока вредност кај оние што имаат подобри оценки, а чувството на пониска вредност кај оние што имаат послаби оценки. Но животот не е никаков натпревар, туку осознавање низ соработка. И колку појасно и подлабоко човек го препознае ова, толку побрзо ќе може да ги отстрани штетните последици по духовниот и душевниот живот на децата што ги носи оценувањето. Иако овде најмногу се задржавме на воспитанието и образованието како најсуштествен дел од духовниот член на социјалниот организам, сепак тука спаѓаат и културата, јазикот, народната традиција, уметноста, природните науки, здравството, религијата, правната наука, стопанската наука итн. Во секоја од овие гранки ќе се создаваат друштва и здруженија на слободна основа. Тој процес е всушност одамна започнат: фолклорни друштва, друштва на ликовни уметници, на музичари, на писатели, на архитекти, научни друштва (астрономски, технички, еколошки), друштва за заштита на животните, добротворни друштва (од видот на Црвен крст), правни друштва, економски друштва итн. Притоа можна е најразновидна слободна соработка помеѓу нив, да речеме на градежните со еколошките, на еколо-шките со нутриционистичките, на ликовните со музичките, на правните со градежните, на фолклорните друштва со ликовните и музичките, како и на сите нив со градинките, основните, средните и сите други образовни установи. Кога зборувавме за парите, рековме дека тие имаат три функции: куповни пари, кредитни (заемски) и дарилни. За првите две по нешто проговоривме, сега останува да кажеме нешто и за третата. Економската наука неа воопшто не ја вклучува во себе, иако дарилните пари се најпродуктивната економска категорија. Ако погледнеме од чисто материјално-економска гледна точка, тогаш би можеле да речеме дека сЀ што произведува човекот, тоа го произведува за да може повторно да произведува. Ако произведува да речеме храна, тогаш неа ја произведува за да има сила повторно да ја произведува. Притоа куповните пари ќе му послужат да го набави сето она што му е потребно за задоволување на временско најнепосредните потреби. Кредитните пари ќе му послужат за отпочнување на нов циклус во веќе постојното производство или за отворање нови фабрики, односно за

Page 94: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

94

временско нешто подалечните потреби. А дарилните пари ќе послужат за нешто што ќе отиде најдалеку. Тие се најпродуктивната категорија и голема штета е што економската наука во своите разгледувања воопшто не ги вклучува стипендиите, донациите, спонзорствата, и како ли уште да се нарекуваат. Големиот изумител Никола Тесла со своите изуми што ги дал на полето на електротехниката пред стотина години и ден-денес сеуште учествува во градењето на машините, а сето тоа ќе било невозможно доколку не добивал донации. Но духовниот член на социјалниот организам го произведува не само она што внесува новини во постојното производство (правни, економски и технолошки32), не само она што донесува револуци-онерни скокови во производството (парната машина, наизменичната струја), туку и сето она што на полето на уметноста, науката, културната традиција, јазикот, религијата духовно го издигнува човекот. Овие последниве се всушност најпродуктивните, зашто тие го издигнуваат човекот. Економските, правните и техничките достигнувања применливи на стопанството имаат ограничено општествено значење, додека науката, уметноста, културата, религијата влијаат на продуховувањето на секој член на заедницата, па оттука тој секако ќе биде и подобар производител. А за да може духовната сфера на општеството слободно да опстанува и да се развива, нужно е и нејзино финансиско осамостојување од стегите на државно-политичкиот член. Сите материјални добра - но и парите како еквивалент за добрата - кои ги произведува едно општество доаѓаат од стопанскиот член. Еден дел од нив тој во облик на данок му предава на државно-политичкиот член за неговата издршка. А во денешно време безмалку сите средства што ги добива духовниот член му притекуваат преку мостот на државно-политичкиот член. Овој мост мора да се сруши за да може духовниот член целосно да се ослободи од државно-политичката зависност. Тоа ќе се случи така што духовниот член ќе добива средства непосредно од стопанскиот член, на тој начин што сите пари кои се не многу долго пред истекот на својот рок ќе му бидат подарувани на духовниот член. Стопанската асоцијации и стопанската управа, политичкиот парламент и државната управа, духовниот член и неговата управа (последнава би имала чисто советодавен карактер) од своите редови ќе ги изберат претставни-ците за највисокиот општествен орган – сенатот. Зборот сенат е избран затоа што „senatus” значи „стар”. Со тоа не сака да се каже дека тоа треба да биде Совет од 80-90 годишни старци и старици, туку дека тој орган треба сепак да биде составен од луѓе со долгогодишно животно и стручно искуство во своите области. Во негова надлежност ќе бидат Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи, Министерството за финансии. Ова последново само ќе ја спроведува распределбата на парите собрани од данокот кон правно-политичкиот член, војската, амбасадите. Во 32

Oвие новини дури и тогаш кога доаѓаат непосредно од правниот или стопанскиот член, посредно повторно доаѓаат од духовниот член.

Page 95: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

95

надлежност на сенатот би било и донесувањето на одлуки за изградба на објекти кои се од заеднички интерес: музеи, концертни сали, театри, библиотеки, споменици, детски одморалишта, старечки домови, патишта итн. Секако дека на сето тоа ќе му претходат и јавни расправи. Тие објекти би требало во голема мера да бидат градени од (само)придонеси и донации (како на локално ниво, така и на ниво на целото општество) и мора да бидат достапни секому гледано од економски аспект. Под правно-политичкиот член, т.е. државата, ќе биде Министерството за полиција и Министерството за правда, пожелно споени во едно. Полицијата покрај она што опфаќа досега, ќе ги опфаќа и трудовата, пазарната и еколошката инспекција. Ова министерство е во надлежност на парламентот и одговара пред него. Министерство за економија и Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство не може да постојат, зашто сите нивни работи ќе ги преземе стопанската управа составена од асоцијациите. Таа ќе ги донесува прописите кои ќе важат на полето на стопанството, а кои се од чисто стопански карактер. Како што беше погоре речено, тука не влегува Прописот за работни односи и заштита при работа и Прописот за еколошки стандарди. Но да ја земеме на пример царината. Таа е чисто стопанско прашање и како такво исклучиво во надлежност на стопанската управа. Во нејзина надлежност се и парите и валутата. За нив веќе понешто проговоривме, а тука, откако зборувавме за духовниот член на социјалниот организам, би додале уште нешто во врска со валутата. Што е она што една валута ја прави здрава, силна и посакувана во меѓународната размена? Тоа не е ниту некакво злато, ниту некакви девизни резерви. Можеме да се запрашаме вака: Зошто некој човек или фирма дел од својот паричен имот би го чувале во одредена странска валута и не би го претворале во својата домашна или некоја друга? Првичното што се наметнува е тоа дека на пазарот во таа земја од каде потекнува валутата постојат задоволително квалитетни стоки од поширок интерес. Но доколку биде само тоа без уште нешто друго зад тоа, тогаш заинтересираноста за таа валута е многу краткотрајно, зашто количеството на стоки кои во дадениот момент ги има таму, веќе по кусо време ќе се продадат. Она што заинтересираноста ќе ја направи малку подолгорочна, тоа е доколку во таа земја постојат незастарени производствени средства, кои гарантираат дека ќе има нови циклуси на производството, а со тоа и повеќегодишна присутност на стоките на пазарот. Но и машините еден ден ќе застарат или ќе се истрошат. Она што заинтересираноста може да ја направи најдолгорочна, тоа е доколку во таа земја владее таков дух, кој гарантира дека ќе има нови и поусовршени машини и стоки. Освен најмладите, сите останати сигурно ќе се сетат дека како на Балканот, така и во Источна Европа најпопуларната валута во која се чуваа заштедите беше германската марка. Луѓето, повеќе или помалку свесно, всушност верувале во германскиот дух, дека тој има потенцијал не само да го

Page 96: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

96

одржува постојното производство, туку и да развива ново и поусовршено, што најдолгорочно им гарантира основа за нивните заштеди во таа валута. Оттука гледаме дека времето во кое зад силата на валутата стоело златото е веќе минато, и дека на голема врата е пристигнато времето во кое зад вредноста на валутата стои духот. Но не само технолошкиот дух, туку и сиот културен, образовен, правен и стопански дух. Исто така не може да постојат Министерство за образование и наука, Министерството за култура и Министерството за здравство. Прашањата со кои се занимаваат овие министерства преоѓаат во рацете на луѓето од духовната сфера. Во сегашново време постои една тешка трагика во тоа што образованието, културата и здравството од сферата на државата почнуваат да влегуваат во сферата на стопанството, или, кажано со денешниот капиталистички јазик, образованието, културата и здравството стануваат бизнис. Човек притоа не знае која од овие две состојби да ја оцени како поштетна: дали онаа каде образованието, културата и здравството се под јаремот на државата, или пак онаа другата, каде овие три стануваат средство за богатење. Како што може да се види од штотуку изложеното, овде не постои никаква влада и никаков претседател на државата. И двете нешта во едно стварно демократско општество целосно ќе ја изгубат смислата. Тоа се случува веќе и денес. Каква е на пример смислата на тоа, кога владата дискутира за некој проблем во здравството, на таа дискусија да присуствува министерот за надворешни работи, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, за финансии итн. Може ли некој воопшто да замисли што всушност работи таа институција? Дури и самите зборови „власт”, „поделба на власт”, „влада” се апсолутно незамисливи за едно демократско општество. Во едно такво општество никако не може да владее човек или да владеат луѓе. Она што единствено може да владее во едно вистински демократско општество, тоа нешто е над човекот, тоа е правото донесено од сите негови припадници.33 Така вистински ќе се дојде до она што се нарекува „правна држава”. Или би можеле уште да речеме дека ќе владее принципот на еднаквост во правно-политичкиот член, принципот на братството и соработката во стопанскиот член, и принципот на слободата во духовниот член. Што се однесува пак до претседателот на државата, тука било што да се каже е сосема излишно. Секому е потполно јасно дека неговата смисла е потполно изгубена.

33 Тоа што денес постои некаква „поделба на власта” на законодавна, извршна и судска, го покажува сеуште ниското сфаќање на демократијата. Во правата демократија може да постои само поделба на работата во рамките на правно-политичкиот член: луѓе кои донесуваат правни прописи (државно собрание), луѓе кои вршат надзор над нивното почитување (полиција), и луѓе кои одлучуваат дали тие во даден случај се прекршени (суд). И како што во текстилната фабрика кројачот не се меша во работата на пеглачот, така и во правата демократија јас сум уверен дека полицаецот не ќе има причина да се меша во работата на судијата.

Page 97: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

97

Можеби некој во досега изложеното ќе сака да најде сличност со она што Платон го зборува во неговата „Држава”, каде тој луѓето на општеството ги дели на три сталежи: хранители, бранители и учители. Но овде не се работи за некаква поделба на луѓето во некакви сталежи, туку самиот социјален организам се расчленува. Во секој момент возможно е премину-вање на било кој човек од било која сфера во друга. Луѓето на пример со стекнато искуство во стопанскиот член може да преминат во духовниот член, за тука своите научно-технички или организациски сознанија да им ги пренесат на помладите. Овие преминувања на луѓето од еден во друг член, како и менувањата на работните места во рамките на еден член се дури и крајно пожелни. Голема трагедија за човечката душа е четириесет години да познава само еден зафат, т.е. да работи една иста работа. Доколку на образованието му се даде слободата, тоа не само што ќе го продухови и облагороди човекот, туку и ќе го направи многу попрактичен во секојдневните работи. Така преквалификациите за други работни места ќе може да се направат многу брзо и ефикасно. Тоа денес воопшто не е случај, како поради апстракноста на човечкото размислување, така и поради хаосот во делувањето на опште-ствените врски. Повеќе од сигурно е дека ќе се најдат луѓе кои во сето ова ќе видат само утопија. Авторот на овој напис може да види утопија само во изнесувањето на такви предлози, за кои сегашните состојби во општеството не покажу-ваат никакви предзнаци. А тоа со овде изнесените предлози не е случај. Колку ли само пати сме слушнале како стопанствениците велат дека државата треба да дигне раце од стопанството, колку ли само пати слушаме како државниот универзитет бара вистинска автономија, колку ли многу луѓе изразуваат одвратност од било каква партиска припадност, колку ли многу луѓе имаат желба да придонесат нешто во политичкиот живот, но не како партиски, туку како самостојни кандидати. Но и не само ова. Дали млитавоста и летаргијата како кај децата, така и кај учителите во најголема мера не се должи на насилието на државата врз образованието? Дали катастрофалната состојба во стопанството во голема мера не се должи на недостатокот од раководни и техничко-стручни кадри, на недостатокот од капитал, но и на, најблаго речено, дискутабилната правна основа? Во прилог на тоа дека овде не станува збор за никаква утопија би го навел и следново. Сите три члена на социјалниот организам веќе ги имаме видено во досегашната историја на човештвото во нивната крајна едностраност. Кога духовниот член радикално еднострано ќе го преземе управувањето со општеството, тогаш добиваме или теократија, или технократија, во зависност од тоа дали религискиот, или пак научниот дел на духовниот член го преземал управувањето. Во поранешно време имаме јасен пример за теократијата како во источно-римското (православната црква), така и во западно-римското царство (римокатоличката црква). Во денешно време

Page 98: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

98

сличен пример ни даваат Иран, Саудиска Арабија, Јемен и други земји.34 Од друга страна се јавуваат повремени многу штетни остварувања на настојбите за т.н. стручни или експертски влади, каде науката треба да го преземе управувањето. Кога пак управувањето радикално еднострано ќе го преземе правно-политичкиот член силувајќи го како духовниот така и стопанскиот живот, тогаш го имаме комунизмот. Последиците од него ни се сосема свежи, и не верувам дека било кој човек кој барем малку сака да размислува нема да посака тој никогаш да не се врати. Народите на некогашната СФРЈ можат дури и да бидат задоволни од тоа како го преживеаа комунизмот, доколку се споредат со народите на некогашниот Советски Сојуз. А денешните најмлади можат сеуште да добијат некаков впечаток за ова општествено уредување од примерот на Северна Кореја. Кога пак стопанскиот член крајно еднострано ќе се наметне над останатите два, тогаш добиваме бездушен капитализам: една машина во која луѓето се само завртки и запачници, каде парите и материјалните добра се пред сЀ и над сЀ. Впечатлив пример за тоа се САД. Тие на својот долар дури и напишале: „In God we trust” (во Бога веруваме), со тоа јасно укажувајќи, кој е всушност богот кому се поклонуваат оние кои ја донеле одлуката тоа да се напише на парите, а исто така и голем дел од американската популација. Соочен со еден толку широк избор на тукушто набројаните „убавини”, човек не би знаел точно за што попрво да се определи. А во европските земји на сегашноста имаме некоја неодредена мешавина на комунизмот и капитализмот. Од една страна правно-политичкиот член т.е. државната власт го наметнува своето самоволие врз стопанскиот и духо-вниот член, а од друга страна стопанскиот член, поаѓајќи од едностраниот материјалистички став дека економијата е најважна во животот, се обидува од стопански гледни точки да го уредува сиот останат општествен живот. Оттука гледаме дека предусловот за еден поздрав социјален организам ќе биде исполнет кога сите три члена ќе почнат самостојно да се развиваат на свое сопствено тло, а тоа што ќе произлегува од таквиот нивни развој постојано ќе влијае на- и ќе содејствува со останатите членови. Или со други зборови: хармоничното единство на еден социјален организам може да настане само ако тој се подели на неговите три природни сфери, на неговите три внатрешни принципи: братството, еднаквоста и слободата, и се остави секој на секого природно да делува. Кога погоре зборувавме за цената на производите рековме дека до повистинска цена ќе се дојде доколку се отстранат нездравите влијанија на неа кои не се од економска природа, па притоа ги наведовме главните три поединечно поврзани со спомнатото тројство: природа, работа, капитал, односно дека земјата не смее да биде стока, човечката работна сила исто 34 Губејќи ја сЀ повеќе политичката моќ со надоаѓањето на демократијата, римокатоличката црква во текот на 19.век го протуркува, така да се рече на задна врата, изразот „христијанско-демократска партија” (кој кај нас во поново време пристигна како „демохристијанска партија”). Со тоа на демократијата ѐ се налепува еден поим, кој со неа има исто толку заедничко колку и, да речеме, поимот астрофизика.

Page 99: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

99

така, и дека парите мора да имаат одреден рок на траење како и секоја друга стока. Овде накратко би навеле само уште некои, без било каков стремеж за потполност. Царините веќе ги спомнувавме. Тие во услови на сЀ посилен развој на светското стопанство стануваат целосно бесмислени. Тие всушност произлегуваат од желбата на божем демократските власти за полнење на државните буџети, кои потоа ќе се злоупотребуваат за изборни и секакви други кампањи, сЀ со цел подолго задржување на власта.35 Друго штетно влијание се најразновидните даноци. За издршката на правно-политичкиот член данокот мора да постои. Стопанскиот член може на правно-политичкиот да гледа како на една фирма која му пружа правни услуги и се грижи за спроведување на правото. Колку подобри прописи од областа на работните односи му испорачува правно-политичкиот на стопанскиот член, толку помазно и без потреси во меѓучовечките односи (штрајкови) ќе се одвива производството, а со тоа ќе биде и попродуктивно. Затоа стопанскиот член ќе му предаде дел од новосоздадената вредност на правно-политичкиот во облик на данок. Данокот е всушност уделот што правно-политичкиот член го има во стопанството. Но се поставува праша-њето: Каква нова вредност е создадена кога да речеме едно претпријатие му продава на друго некое веќе користено возило? Зошто притоа да се плаќа данок? Но ова е само еден пример. Се плаќаат и други најразлични даноци и давачки, што во најпоследна инстанца хаотично се одразува на меѓусебното вреднување на производите, односно на цената. А нема ли вистински цени, сигурно нема да има здраво стопанство. Некој на ова може да приговори дека плаќањето данок во погорниот случај може да се сфати како плаќање на услугата за пренос на сопственоста. Но доколку правно-политичкиот член почне посебно да ја наплаќа секоја услуга, тогаш да речеме и полицијата треба при секој увид во некоја ограбена фирма или во некој ограбен приватен дом да испорача фактура за својата услуга, каде ќе биде наведено колку бензин е потрошено, колку течности и прашоци се

35 Кога веќе го спомнавме светското стопанство, тука кусо би навеле дека некое идно светско стопанство мора најповеќе да се темели на тоа што одредени производи некаде можат да се произ-ведат поефтино отколку на друго место. На пример, доколку српската земја природно дава поголем род на жито од македонската, а македонската поголем род на сончоглед од српската, тогаш нормално се наметнува тие да сеат повеќе жито, а ние повеќе сончоглед, па потоа да се разменуваме. Или пак ако некоја земја има побогати рудници за некој метал од друга, тогаш подобро би било фабриките за преработка и добивање на колку што е можно пофинален производ да бидат поблиску до рудниците на тој метал, за да се избегнат трошоците на транспорт. Доколку стопанските асоцијации и стопанските управи на земјите без никакво мешање од страна на правно-политичките сфери соработуваат прекугранично, до тоа сигурно ќе дојде. Денешното светско стопанство во помала мера се темели на штотуку реченото, а во поголема мера на „ефтината работна сила”. Затоа е многу одвратно што постојано се зборува за „странски инвестиции”. Тие најчесто доаѓаат од претходно наведената причина. Трагајќи по странски инвестиции едно општество всушност ја покажува својата неспособност самостојно да стопанисува. Се разбира дека тоа има и историски корени во неслобо-дниот развој на многу народи, т.е. во долгогодишното ропство под други народи. Но во денешно време, кога народите на Европа во голема мера се самостојни, потребно е да се направат напори за урамнотежување на економскиот и технолошкиот развој. Моето размислување оди во тој правец, дека неурамнотежениот економски развој помеѓу развиените и неразвиените европски земји постојано може да биде потенцијален извор и на политички несогласувања.

Page 100: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

100

потрошени во криминалистичката лабораторија итн.итн. И каде ќе му биде на тоа крајот? И каква смисла има тогаш општиот данок ако секоја услуга се наплаќа посебно? Во тричлениот организам со вистински демократско уредување, правно-политичкиот и стопанскиот член меѓусебно, а можно е и со учество на сенатот, ќе се договорат на што треба да се плаќа данок, кога треба да се плаќа тој, а воедно и колкав треба да биде неговиот процент за да можат луѓето од правно-политичкиот член достоинствено да живеат и работат. Во еден ваков социјален поредок несомнено ќе се дојде и до едно сосема поинакво право од денешното. Жално и тажно е што човекот на третиот милениум сеуште се држи до одамна устоеното и гнило римско право. Ова право, кое може да размислува само во строго дефинирани поими и со тесно ограничени латински зборови, е наследството од една многу одамна пропадната империја. На што се мисли со последново ќе појасниме на еден пример од понов и еден пример од постар датум. Пред кусо време во Велика Британија имаше еден случај на две близначиња кои требало да бидат запишани во училиште. Едното близначе било родено на 31.август пред полноќ, а другото на 1.септември по полноќ. Според одредбите на тамошниот закон двете близначиња не можеле да бидат запишани во иста учебна година. Со оглед дека мајката не сакала да ги двои децата, таа изјавила дека ќе се пресели во друга држава доколку не ѐ биде овозможен истовремен упис на децата. Претседателот на Советот на градското собрание изјавил дека овој орган ќе го разгледува случајот и се надева дека на мајката ќе ѐ биде удоволено (замислете на што ќе го трошат времето градските советници и ред други луѓе, медиуми итн.). – На почетокот на 20.век во некое мало место во Северна Италија едно момче и една девојка се заљубиле и сакале да се венчаат. Момчето било прилично сиромашно, па таткото на девојката од него побарал прво материјално да закрепне, а потоа ќе може да ја добие неговата ќерка. Момчето тргнало по светот да бара работа со оглед дека во родното место немало можност за некаква позначајна заработка. Но како што обично бива, животот поприма поинакви текови од оние што човек си ги замислува. Животните патишта го однеле далеку од дома, дури во Америка, каде се оженил со друга жена која му родила и деца. Кога станал пензионер жената му починала, децата биле веќе големи и си фатиле свој пат, па тој, немајќи што да прави таму, решил да се врати во родното место. Доаѓајќи дома тој ја нашол својата љубов од младоста сеуште во татковата куќа, никогаш не се омажила. Повторно оживеала неостварената љубов, па решиле да се венчаат. Но додека тој бил отсутен во месната црква имало пожар, при што дел од црковните книги изгорел, така што тој не можел да добие крштеница. Иако тој ги убедувал црковните луѓе дека ете го, жив е, стои пред нив, ништо од сето тоа не помогнало. Штом го нема во црковните книги, тој не постои. Но последиците од декадентното римско право се тешки и несогледливи и во најсекојдневниот живот, дури и кога вакви екстремни случаи не се

Page 101: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

101

појавуваат. Една таква тешка последица од него е тоа што денешното право е крајно негативно право. Иако декларативно се вели: секој е невин пред да се докаже спротивното, во практиката кога се донесуваат законските прописи имаме нешто сосема друго, а тоа е: сите луѓе се нечесни, а евентуално постои по некој чесен исклучок. Кога власта ги донесува законите, а нив ги донесува токму таа од позиција на власт, а никако народот, таа тргнува од ставот дека луѓето се нечесни и сакаат да ги заобиколуваат или изигруваат законите, па во нив таа ќе внесе стотици членови за да им го оневозможи тоа. Еден исход од тоа се гломазни, непрегледни и непрактични закони, во кои никој ниту може, ниту има желба да се снајде. Друг исход е тоа што кога човек ќе појде во некоја институција да оствари некое свое право, таму ќе му побараат еден куп документи, ќе го враќаат назад еден куп пати, и ќе му натоварат еден куп такси за плаќање. Тие всушност му велат: „Ти си нечесен, и мора да донесеш десет документи за да бидеме сигурни дека нема да нЀ измамиш.” Згора на тоа државата ќе ја наполни и касата. И многу нормално е што притоа човек добива нагон да ги заобиколува или изигрува законите. А кога тоа ќе му успее поради некоја „дупка” во нив, власта веднаш ускокнува со дополнување на законот за да ја затвори и неа. И така малку по малку законите се шират на илјади, на десетици илјади страници. Се влегува во еден ѓаволски лавиринт од кој излезот е невозможно да се види. Луѓето се сЀ понетрпеливи и понезадо-волни, огромен дел од времето, наместо да работат нешто корисно, го губат на споредни бирократски работи, а власта постојано се досетува на нови и нови дополнувања на законите. Слична слика имаме и во судовите. Гломазни, непрегледни и често еден со друг неусогласени, па дури и противречни закони. Се настојува да се покрие секоја можна ситуација, така што несвесно се оди кон тоа, повеќе да нема потреба да суди човек, туку тоа да може да го прави и компјутер. Само ќе му бидат внесени сите закони и сите податоци за тековниот случај, и тој ќе исфрли: „Врз основа на член N став N од Законот Z, ’судот’ ја донесе следната одлука: ...” А сето ова никогаш нема да се смени сЀ додека власта ги донесува законите. Во едно вистински демократско општество каде прописите ќе ги донесува народот, постепено ќе се дојде до едно сосема поинакво право, до едно позитивно право кое ќе тргнува од претпоставката: „Луѓето се чесни, а постојат и понекои нечесни исклучоци.” Таквото право ќе биде прегледно, а луѓето ќе сакаат да го читаат и познаваат, но и да го почитуваат. Со оглед на реченото во почетниот дел на овој напис, сметам дека праша-њето кое често се појавува во писанијата и расправите за демократијата: „Каква е таа демократија кога мнозинството владее над малцинството?”, или кажано поинаку: „Каква е таа демократија каде секогаш ќе постојат такви кои ќе бидат надгласувани и нивното мислење нема да биде никаде вградено?”, произлегува од денешното црно-бело, дуалистичко гледање на демократијата. Но како што овој свет не е црно-бел, туку во него постојат и

Page 102: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

102

бои, и неброиви нивни нијанси, така и во една вистинска демократија ќе почнат да влегуваат боите, ќе почне да влегува животот, при што никој нема да има чувство дека е надгласан, туку чувство дека и неговото мислење е вградено во прописите, можеби не целосно, но сепак делумно. Одделувањето на трите члена на општествениот организам ќе донесе и многу поинакви меѓуетнички односи. Проблемите кои настануваат во овие односи се пред сЀ од духовна природа: јазик, образование, традиција, историја, култура итн. Доколку на духовниот член на општествениот организам му се даде целосната слобода, без никакво мешање од правно-политичкиот, т.е. од државниот член, тогаш ќе можат да се градат духовни (образовни, културни, научни итн.) институции, во кои слободата нужно ќе донесе објективно согледување на работите, без никаква пристрасност и без никакви национални, научни, културни или религиски предрасуди, што неминовно ќе доведе до многу поголемо меѓусебно разбирање на луѓето, а со тоа и до многу подобар соживот. Истото ќе се случува и со меѓудржавните односи. И овие односи во денешно време најмногу се обременети со прашања кои се од духовна природа. Ако две општества, да речеме две соседни општества, почнат да ја спрове-дуваат тричленоста, тогаш институциите на нивните духовни членови ќе градат слободни врски од најширок вид, што ќе доведе до непристрасен поглед на историјата, историските врски, традицијата, јазиците, литера-турата, а со тоа и до напредок каков што човек не може ни да претпостави. Стопанските асоцијации на едната земја исто така ќе градат прекугранични економски врски со асоцијациите на другата, без некакво политичко или духовно бреме, што ќе доведе до меѓусебна економска соработка од најразличен вид. А тогаш и политичките членови, растоварени од духовните и економските прашања, ќе можат да ги разменуваат искуствата од донесувањето и спроведувањето на правните решенија, што исто така ќе води во унапредување на демократијата и владеењето на правото. Така ќе се дојде до големото претскажување на Француската буржоаска револуција, до фратернитизам (братство и социјализам), до егалитизам (еднаквост, правичност, демократија) и до либерализам (слобода, индиви-дуализам и почитување на различностите). Така ќе се дојде до вистински социјализам, демократија и либерализам. Зашто социјализмот настанува пред сЀ на полето на стопанството.36 Првенственото и најмоќното социјали-зирање на луѓето доаѓа оттаму што тие неизбежно се упатени еден на друг во задоволувањето на своите материјални потреби. Апсолутно не постои таков човек кој е способен сам да опстанува и да се справува со природата. Доколку на полето на стопанството почне да владее братството и соработката, тогаш таму ќе почне да владее таков дух, каков што имаме гледано во некои филмови кога целото село заеднички му гради нова куќа на некое семејство, било да е тоа од причина што куќата му изгорела или пак е млад брачен пар кој сеуште нема живеалиште. Мажите сечат дрва и 36 Токму поради ова е и избран зборот „асоцијација”, кој во стопанството веќе е во употреба.

Page 103: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

103

градат, жените готват ручек, децата носат вода, и сите работат полетно како пчели додека не се заврши куќата. Откако проговоривме за духовниот член на социјалниот организам, можеме накратко да се вратиме на прашањето на сопственоста на производствените средства. Сите производствени средства, а особено масивните, не можат да бидат ниту приватна сопственост, ниту стока. Трудот на ниеден човек одно-сно на ниедна мала група луѓе не вреди толку за да тој или тие можат да стекнат толкав капитал, што цела една фабрика ќе биде во нивни посед. Целото производство исклучиво мора да се темели на кредити. Категоријата „кредит” мора да добие многу пошироко значење од она што го има денес. Тоа ќе може да се случи само ако на парите им се даде рок на важност. Слободата на полето на духовниот член ќе ги извади на површина различните индивидуални способности, меѓу кои и оние за технолошки и организациски развој. Сите членови на општеството мора да бидат живо заинтересирани за тоа, луѓето со вакви способности да успеат да дојдат до кредит за отпочнување на некое ново производство, или пак за преземање на некое веќе постоечко. Производствените средства се стока само тогаш, кога тие се нови и спремни за продажба. Од моментот кога ќе бидат продадени и ќе почнат да произведуваат, тие повеќе не се стока, туку стануваат земја, во буквална и во преносна смисла. Во буквална смисла затоа што денешните масивни фабрики е невозможно да се преместуваат и тоа од мноштво аспекти. Некои повремени говоранции за дислокација на некоја фабрика се само пусти соништа кои немаат никаков допир со стварноста. Во преносна смисла затоа што и за производствените средства ќе важи она што погоре го рековме за земјата. На земјата исто така може да се гледа како на производствено средство. Семето е суровината, а земјата е живата „машина” во која тоа се внесува, за потоа од неа да излезе производ. И како што ова производствено средство е дадено од виши сили, од природните сили, така и сите други производствени средства се дадени од виши сили, од општествените сили, или во потесна рамка: од кредитите и од многугенерацискиот човечки технолошки ум. Луѓето кои покажуваат способности за организација и технолошки развој ќе добијат право на упра-вување со производствените средства. Тие исто како и сите други рабо-тници ќе имаат удел во крајниот производ на фабриката, секако значително повисок од останатите бидејќи се работоводачи со многу поголема одго-ворност и со многу помалку слободно време (нивните мисли и во малкуто слободно време најчесто ќе бидат оптоварени со прашања поврзани со управувањето на фабриката). Пожелно е ваквите работоводачи да одржу-ваат и редовни информативни разговори со работниците, каде ќе се зборува за движењето на произведените стоки, приходите што ги остварува претпријатието, организациските проблеми и слично. Кога тие од лични причини или поради старост ќе одлучат да ја напуштат работата, стопан-скиот член во соработка со духовниот ќе најде нивна замена. А доколку некој работоводач се покажал добар во водењето на работата, тогаш многу

Page 104: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

104

целисходно би било нему да му се остави да го избере својот наследник или наследници. При сето ова мора постојано да се има на ум дека слободното образование неминовно ќе изградува луѓе со многу пошироко и подлабоко социјално разбирање од она што го имаат денешните т.н. менаџери. Некаде на почетокот беше речено дека ќе бидат дадени предлози како би можело да се дојде до вистинска демократија, односно до парламент составен исклучиво од независни пратеници. Ми се чини дека не постои друг пат освен во работа на тоа, да се олабави законот за избор на независни пратеници. Иако сегашниот начелно дозволува да има независни пратеници, сепак ако човек го проучи малку поблизу ќе види дека практично е невозможно да се стане независен пратеник. На пример, човек не може сам да се кандидира, туку мора да направи листа од 20 кандидати. Оваа листа треба да собере 1000(!) потписи во изборната единица каде што се кандидира и тоа во рок од 15 дена(!). Тие потписи мора да се дадат единствено во подрачната служба на Министерството за правда, која за мнозинството граѓани најчесто е прилично далеку од нивното место на живеење. Друго нешто што би можело да се стори е формирање на политички партии на независни пратеници. Бидејќи за формирање на политичка партија се потребни 1000 пристапници заверени на нотар, а притоа нема ниту времен-ско ограничување од 15 дена, ниту ограничување на една изборна единица, тоа би било нешто полесно. Овие политички партии би постоеле чисто формално само за да им послужат како мост на чесни и општествено докажани луѓе кои сакаат да се кандидираат за независни пратеници. Се разбира дека на овој начин не може целосно да се дојде до квалитетите што треба да ги има еден пратеник во смисла на погоре опишаното, но тоа и не мора да се случи, со оглед дека ова би било само преодна фаза. Иако овој напис излезе од рамката на тоа на што укажува насловот, сепак тој останува. Ништо од сето она што беше изречено за стопанскиот, политичкиот и духовниот член на социјалниот организам нема да се случи доколку не почне да владее вистинска демократија во правно-политичкиот член. Зашто овој член е душата, односно срцето на социјалниот организам, тоа што чука и дава ритам на сЀ друго. А тоа денес во голема мера пати од брадикардија, бидејќи во време кога демократијата одлучно бара влез во човештвото, политичкиот живот е узурпиран од мала група на партиски врхушки.

Page 105: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

105

Ендрју Карнеги (1835 – 1919), американски индустријалец, писател и филантроп, „кралот на челикот”, еден од петте најбогати луѓе на светот.

ЕВАНГЕЛИЕ НА БОГАТСТВОТО (Andrew Carnegie, The Gospel of Wealth)

Проблемот на нашето време лежи во правилното управување со

богатството, во хармоничното обединување на богатите и сиромашните преку врската на братството. Условите на човечкиот живот во последните неколку стотици години не само што се променија, туку доживеаа и пресвртница. Во дамнешни времиња разликата помеѓу живеалиштето и облеката, храната и околината на господарот и оние на неговите слуги не била многу голема. Индијанците се денес токму на тоа ниво, каде што некогаш бил цивилизираниот човек. Кога еднаш ги посетив Сијуксите, тие ме одведоа во вигвамот на поглавицата. Според надворешниот изглед овој шатор беше потполно ист како и сите други, па дури и самата негова внатрешност незначително се разликуваше од тоа што го имаа дури и најсиромашните борци. Контрастот помеѓу палатата на милионерот и куќи-чката на работникот во нашево време дава да се измери промената која дојде со цивилизацијата.

Како и да е, оваа промена не треба да се напаѓа, туку да се поздрави како високо корисна. Таа е добра, и да, суштинска за прогресот на чове-штвото, и подобро е што нечии куќи се домови за сЀ што е највисоко и најдобро во литературата и уметноста, и за сите префинетости на цивилиза-цијата, отколку тоа да не е така. Многу е подобра оваа голема нееднаквост, отколку општата беда. Без богатството нема да постојат ниту мецени. „Старите добри времиња” не беа стари добри времиња. Ниту господарот ниту слугата не биле тогаш така добро ситуирани како што се тоа денеска. Враќањето на старите состојби би било погубно за двајцата (воопшто не помалку за оној што служи), а тоа со себе би ја збришало и цивилизацијата. Но каква и да е промената, на добро или на лошо, таа е тука, и вон наша моќ е да ја вратиме назад. Оттука, таа треба да се прифати и да се извлече најдоброможното од неа. Да се напаѓа неизбежното, тоа би било само губење на време.

Не е особено тешко да се согледа како дојде оваа промена. Една илустрација би можела добро да послужи за скоро секоја фаза од процесот. Во производството на добра ја имаме целата приказна. Таа е применлива на сите комбинации на човечката индустрија, поттикната и проширена од пронајдоците на научното време. Порано добрата биле произведувани во домашни услови или во мали дуќани кои биле дел од домот. Мајсторот и чираците работеле рамо до рамо, а последниве живееле заедно со мајсторот во исти услови. Кога чираците ќе се обучеле до мајстори се случувала само мала или никаква промена во нивниот начин на живот, а

Page 106: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

106

сега по истиот тој колосек тие ги образувале и наредните чираци. Притоа владеела суштинска социјална, па дури и политичка еднаквост, зашто тогаш занаетчиите имале сосема мал, или воопшто никаков политички глас во државата.

Но неизбежниот исход од ваквиот начин на производство е груби произ-води по високи цени. Денеска светот добива стоки со одличен квалитет по цени кои дури и генерацијата непосредно пред нас би ги сметала за невозможни. На полето на трговијата слични причини доведоа до слични резултати, од што човештвото несомнено има полза. Сиромашните уживаат благодети кои некогаш не можеле да си ги дозволат ниту богатите. Тоа што некогаш биле луксузи, денес станале нужности на животот. Работникот има сега повеќе удобности одошто имал стопанот неколку генерации претходно, побогато е облечен и има подобар дом. Стопанот има вредни книги и слики, како и поестетски намештај одошто порано можел да има кралот.

Цената што ја плаќаме за оваа благотворна промена е секако голема. Илјадници луѓе се збиени во фабриките, во рудниците, во администра-цијата, а за кои работодавачот може да знае многу малку или воопшто ништо. Било каква комуникација помеѓу нив е завршена, па за нив тој станува нешто како недопирлив мит. Се создаваат ригидни касти, и како што обично бива, меѓусебното непознавање раѓа и меѓусебна недоверба. Секоја каста е без сочувство за другата, и веднаш е спремна да верува сЀ што ја омаловажува другата. Законите на конкуренцијата го принудуваат работодавачот на најстриктни штедења, а меѓу нив платите за трудот играат истакната улога. Последново многу често доведува до судир помеѓу него и вработените, помеѓу капиталот и трудот, помеѓу богатите и сирома-шните. Човечката заедница ја губи хомогеноста.

Цената што општеството ја плаќа за законот на конкуренцијата, како и за поефтините удобности и луксузи е исто така голема; но придобивките од овој закон се сепак многу значајни, зашто нему го должиме нашиот чудесен материјален развој кој доведува подобрени животни услови во својот след. Но каков и да е законот, благотворен или не, за него мораме сепак да го речеме истото што го рековме и за промената за животните услови претходно: тој е тука и не можеме да го избегнеме; замена за него не е пронајдена; и иако понекогаш можеби е тежок за индивидуата, сепак е најдобар за човештвото, зашто го обезбедува опстанокот на најспособните во секоја област. Според тоа, ние ги прифаќаме и поздравуваме - како услови на кои мораме да се приспособиме - големата нееднаквост на околи-ната, концентрацијата на работата во рацете на неколкумина, а воедно и законот на конкуренцијата помеѓу нив, не само како корисни, туку и како суштински за идниот развој на човештвото. Прифаќајќи го ова, оттука следи дека за посебните способности на трговецот и индустријалецот - кои работата мора да ја водат во многу широк обем - мора да постои големо поле за нивното изразување. Дека оваа дарба за организација и управу-вање е ретка меѓу луѓето се потврдува со фактот што таа на нејзиниот

Page 107: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

107

имател му обезбедува огромни награди, без разлика каде и под какви услови и закони. Искусните во работата во прва и единствена линија секогаш ја вреднуваат личноста чии услуги како партнер можат да ги добијат, така што прашањето за нејзиниот капитал е едвај вредно и да се разгледува; зашто таквите луѓе скоро создаваат капитал, додека кај оние без потребната посебна дарба, капиталот брзо добива крилја. Таквите луѓе биваат ангажирани во фирми и корпорации кои работат со милиони; и да претпоставиме дека на еден ваков капитал ќе биде заработен само прост интерест, тогаш неизбежно се наметнува дека нивниот приход ги надминува трошоците, и дека тие луѓе мора да акумулираат богатство. Ниту пак постои некое средно ниво на кое би можеле да работат овие луѓе, бидејќи големото производствено или трговско претпријатије кое не заработува барем интерест на својот капитал брзо банкротира. Тоа мора или да напредува, или да назадува - да се одржува на исто ниво е невозможно. Суштинскиот услов за неговото успешно работење е да биде профитабилно до овој степен, па и уште повеќе, да донесува профит над интересот на капиталот. Тоа е толку извесен закон колку што се и другите погоре спомнати, дека луѓето кои ја имаат оваа посебна деловна дарба, под слободната игра на економските сили, нужно мора наскоро да стекнуваат повеќе одошто вели здравиот разум; а овој закон е исто толку корисен за човештвото, колку што се и другите.

Приговори против основите на кои лежи денешното општество не се на место, зашто животните услови на човештвото со нив се подобри одошто со било кои досега пробани. За дејството на било кои нови предложени не можеме да бидеме сигурни. На социјалистот или на анархистот - кои се обидуваат да ги срушат денешните состојби - треба да се гледа како на напад на темелите на кои почива самата цивилизација, зашто цивилизаци-јата започна дента кога способниот индустриски работник му рече на својот некомпетентен и мрзлив другар: “Не ли сееш, нема ни да жнееш”, и така заврши примитивниот комунизам со одвојувањето на трутовите од пчелите. Кој ќе ја проучува оваа тема, тој брзо ќе се соочи со заклучокот дека цивилизацијата зависи од светоста на сопственоста – правото на работникот на неговите сто долари во банка, но исто така и законското право на милионерот на неговите милиони. За оние кои го предлагаат кому-низмот како замена за овој силен индивидуализам, одговорот според тоа гласи: човештвото го искуси тоа. Сиот напредок од тоа варварско време до денес е резултат на неговото отстранување. Не злото, туку доброто дојде во човештвото со акумулацијата на богатството од страна на оние кои имаат способност и енергија да го создаваат. Но дури и ако за миг признаеме дека за човештвото е можеби подобро да ја отфрли својата сегашна основа, индивидуализмот, дека е можеби поблагороден идеалот дека човекот треба да работи не за себе, туку во и за братството на своите сожители и со нив да дели сЀ остварувајќи ја така Сведенборговата идеја за рајот каде ангелите - како што вели тој - својата среќа ја црпат не од работата за себе,

Page 108: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

108

туку од онаа еден за друг – дури и ако сето ова го признаеме, сепак останува одговорот: тоа не е еволуција, туку револуција. Би била неопходна промена на самата човечка природа – работа на еони дури и ако е добро да се промени, што не можеме да го знаеме. Тоа во нашиве денови и времиња е неспроведливо. Дури и ако теориски е пожелно, тоа сепак припаѓа на некој друг и многу подоцнежен социолошки слој.37 Наша должност е она што е спроведливо сега, што е можно во наредниот чекор во нашево време и генерација. Криминално е нашите сили да ги трошиме во напори да го искорениме универзалното дрво на човештвото, кога истите можеме корисно и возможно да ги насочиме во негово навалување во најповолниот правец за производство на добри плодови под постојните околности. Да го поттикнуваме уништувањето на индивидуализмот и приватната сопственост, законот на акумулирање на капиталот и законот на конкуренцијата, тоа би било исто што и да го поттикнуваме уништувањето на највисокиот посто-ечки човечки вид затоа што тој не го достигнал нашиот замислен идеал; зашто овие устројства и закони се највисоките резултати на човечкото искуство, почвата на која општеството ги произведе досега најдобрите плодови. Нееднакво или неправично, како што можеби овие закони понекогаш делуваат, или несовршено, како што тоа му изгледа на идеалистот, тие се сепак - како и највисокиот човечки вид - најдобрите и највредните од сето она што човештвото досега го постигнало.

Оттука ние поаѓаме од таква состојба на нештата, при која се унапре-дуваат највисоките интереси на човештвото, но која неизбежно им дава богатство на малкумина. Прифаќајќи ги условите такви какви што се, дотука ситуацијата може да се гледа и да се прогласи како добра. Но сега изнурнува прашањето, а доколку претходното е точно, тоа е единственото прашање со кое треба да се зафатиме: Кој е правилниот начин на управу-вање со богатството откако цивилизациските закони истото го фрлиле во рацете на малкумина? А тоа е всушност и големото прашање на кое јас верувам дека нудам вистинско решение. Напоменувам дека тука станува збор за големи богатства, не за умерени суми заштедени со многугодишен труд, а потребни за удобен живот и образование на потомството. Зашто ова не е богатство, туку само доволна издршка, која треба да биде цел што сите ќе ја имаат.

Постојат само три начини на кои може да се распредели вишокот на богатството. Тоа може да биде оставено на фамилиите на наследниците; или пак може да биде завештано за јавни цели; или пак, конечно, може да биде управувано од неговите сопственици за време на нивниот живот. Првиот и вториот начин беа досега применувани на повеќето богатство што го стекнале малкумината. Да ги разгледаме по ред секој од овие три облици. Првиот е најнеразумен. Најголемиот дел од земјата и богатството во монархистичките земји се оставаат на првиот син за да се задоволи

37

Овде авторот прави споредба со слоевите во земјината кора од различни временски епохи.

Page 109: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

109

суетата на родителот, со мислата дека неговото име и титула неоштетени ќе прејдат на следните генерации. Денешната состојба на оваа класа во Европа нЀ учи на залудноста на ваквите надежи и честољубија. Наследни-ците осиромашуваат поради нивните будалаштини или поради падот на вредноста на земјата. Строгиот закон за наследното право дури и во Велика Британија беше пронајден за несоодветен за задржувањето на статусот на наследната класа. Нивната земја брзо преоѓа во рацете на туѓинци. Под републиканските институции делбата на имотот помеѓу децата е многу поправична, но прашањето кое му се наметнува на секој мисловен човек во сите земји е: зошто луѓето да им оставаат големи богатства на своите деца? Ако ова се прави од љубов, дали тоа не е застранета љубов? Набљудува-њето нЀ учи дека за децата - општо зборувано - не е добро да бидат така оптоварувани. Ниту пак е добро за државата. Повеќе од умерени извори да се предвидат за жената и за ќерките, и навистина многу умерени следувања - ако воопшто - за синовите, човек за тоа треба да размисли двапати, зашто повеќе нема двојба дека големите пренесени суми најчесто работат на штета, одошто за добро на примателите. Мудрите луѓе брзо ќе дојдат до заклучок дека за доброто на членовите на нивните фамилии и на општеството, таквите завештанија претставуваат злоупотреба на нивните средства.

Овде не се сугерира дека луѓето кои промашиле да ги образуваат своите синови за да си ја заработуваат живеачката, нив треба да ги препуштат на сиромаштијата. Ако некој нашол за сходно дека своите синови треба да ги издигнува така што тие ќе водат безделнички живот, или пак, што е многу препорачливо, им го всадил чувството дека тие се во состојба да работат за општи цели без оглед на паричната состојба, тогаш, се разбира, (во обата случаи) должност на родителот е нив да ги обезбеди умерено. Постојат примери на милионерски синови кои, богати но од богатството нерасипани, сеуште ѐ се од голема услуга на заедницата. Тие се вистинската сол на зем-јата, но колку што се вредни толку се и, за жал, ретки; но сепак човек не треба да го гледа исклучокот, туку правилото; и гледајќи го вообичаениот исход на пренесувањето на енормни суми на наследниците, мисловниот човек мора кусо да рече: „Поскоро на мојот син би му фрлил клетва отколку семоќниот долар”, и да си признае себеси дека не доброто за децата, туку фамилијарната гордост е таа која ги инспирира овие огромни наследства.

Што се однесува до вториот облик - оставањето на богатството пред смртта за општо добро - може да се рече дека ова е само средство за ослободување од богатството кога некој е помирен со тоа да чека да умре за потоа неговото богатство да му биде од корист на светот. Искуството од исходот на таквите завештанија не оди во прилог на тоа да побуди најсветли надежи дека некое големо постхумно добро ќе биде постигнато. Не се малку случаите каде вистинската цел заветувана од донаторот не се постигнува, ниту пак се малку оние во кои неговите стварни желби се осуетени. Во многу случаи завештанијата се употребуваат така што тие

Page 110: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

110

стануваат споменици на неговата будалост. Затоа добро е да се напомне дека не помала умешност се бара за правилната употреба на богатството во полза на заедницата од онаа за истото да се стекне. Освен тоа би требало чесно да се каже дека ниеден човек не треба да се величи за правењето на она што конечно од животот бил воден да го прави, ниту пак заедницата треба да му биде благодарна за тоа што непосредно пред смртта ѐ оставил богатство. Луѓето кои на овој начин оставаат баснословни суми треба несомнено да бидат претставувани како луѓе кои истите воопшто не би ги оставиле доколку биле во состојба да ги понесат со себе. Споменот на нив не смее да биде одржуван во благодарно светло, зашто во нивните подароци нема благородност. Затоа и не треба да нЀ чуди што на таквите завештанија, општо земено, како да им недостасува благослов.

Растечката склоност, сЀ потешко и потешко да се оданочуваат големите имоти оставени на умирање е охрабрувачки знак дека кај јавното мислење се случува здрава промена. Сојузната држава Пенсилванија сега зема една десетина од имотот оставен од нејзините починати жители. Неодамна претставениот буџет во Британскиот парламент предлага зголемување на данокот на завештанијата; а притоа најзначајното од сЀ е тоа што новиот данок треба да биде степенест. Од сите облици на оданочување овој изгледа најмудар. На луѓето кои целиот свој живот не престануваат да трупаат големи суми - чија правилна употреба за општи цели би ѐ донело добро на заедницата - треба да им се даде да почувствуваат дека заедницата, во овој случај државата, не може на тој начин да биде лишувана од нејзиниот соодветен дел. Со високото оданочување на имотите при умирање, државата ја искажува својата осуда за безвредниот живот на себичниот милионер.

Пожелно би било државите да отидат и многу подалеку во тој правец. Секако дека не е лесно да се одреди делот од имотот што при смртта на богатиот човек треба да прејде во општо добро преку државните агенции, но во секој случај таквите даноци треба да бидат степенувани, почнувајќи со нулти данок на скромни суми за издржуваните, и нагло зголемувајќи се како износите набабруваат, сЀ до ризницата на милионерот, како онаа на Шајлок, најмалку „една половина оди во приватниот куфер на државата”.38 Оваа политикa би требало да ги поттикне богатите да земат учество во управувањето со богатството за време на својот живот, што е цел која општеството секогаш треба да ја има на ум бидејќи е далеку најплодна за луѓето. А исто така не треба да постои страв дека оваа политика ќе ги сосече корените на претприемништвото и дека ќе ги направи луѓето помалку желни да трупаат, зашто кај класата која сака да остави големи богатства и да се зборува за нив и после смртта, тоа ќе разбуди уште поголемо внимание и ќе стане некој вид благородна амбиција, од нивните богатства да ѐ се платат енормни суми на државата.

38

Лик и цитат од Шекспировата драма “Венецијанскиот трговец“.

Page 111: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

111

Преостанува значи само уште еден облик на ползување на големите богатства. Но во него го имаме вистинскиот серум за привремената нееднаква распределба на богатството, за помирувањето на богатите и сиромашните – царството на хармонијата, еден поинаков идеал кој навистина се разликува од оној на комунистите, бидејќи бара само понатамошна еволуција на постојните состојби, а не целосен преврат на нашата цивилизација. Тој е заснован на сегашниот многу силен индивиду-ализам и човештвото е спремно да почне постепено да го применува кога и да посака. Под неговата власт ние ќе имаме идеална држава каде што вишокот на богатство кај малкумината ќе стане во најдобра смисла сопственост на многумината, бидејќи ќе се управува за општото добро, и ова богатство може - поминувајќи низ рацете на малкумината - да се направи многу поделотворна сила за издигнување на човештвото, одошто тоа би било кога во мали суми би се распределило меѓу луѓето. Дури и најсиромашните може да се убедат да го увидат ова, и да се согласат дека големите суми натрупани од некои нивни сожители и потрошени за јавни цели - од што широките народни маси ќе ја жнеат главната добивка - се за нив повредни на овој начин, отколку да се растурат помеѓу нив во текот на повеќе години во незначителни износи.

Ако на пример земеме во предвид какви резултати за луѓето без животна издршка произлегуваат од Купер Институтот во Њујорк, и истите ги споре-диме со оние кои ќе се случеа за доброто на масите со рамномерната распределба од страна на господинот Купер за време на неговиот живот во облик на плати, кој е највисокиот облик на распределба со оглед дека е тоа за извршена работа а не за милостина, тогаш можеме да си ги претставиме можностите за подобрување на човештвото кои лежат во сегашниот закон на акумулирање на богатството. Голем дел од оваа сума, доколку беше распределена во мали износи помеѓу луѓето, ќе беше потрошена за уживање на апетитите, нешто од тоа и прекумерно, а можеме да се сомневаме дали дури и најдобро употребениот дел, оној за подобрување на удобноста на домот, ќе дадеше такви резултати за човештвото како целина, кои би биле споредливи со оние што проистекуваат и ќе проистекуваат од Купер Институтот од генерација во генерација. Нека поборниците за насилни и радикални промени добро ја измерат оваа мисла.

Можеме да одиме и дотаму земајќи го примерот на господинот Тилден и неговите пет милиони долари завештани за слободна библиотека во градот Њујорк, но во поглед на ова човек не може а да не рече: колку ќе беше подобро доколку господинот Тилден ги посветеше последните години од својот живот за правилно управување со оваа огромна сума; во тој случај не ќе можеа ниту правните недоразбирања, ниту пак било каква друга причина на одолговлекување да се вмешаат во постигнувањето на оваа цел.39 Но да претпоставиме дека Тилденовите милиони најпосле ќе му ја

39

Во времето на пишување на овој есеј изградбата на таа библиотека сеуште не е започната.

Page 112: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

112

дадат на градот оваа благородна јавна библиотека, каде богатствата на светот содржани во книги ќе бидат засекогаш достапни за сите, без пари и без цена. Во поглед на доброто за делот од човештвото на и околу островот Менхетн се поставува прашањето, дали неговата подолгорочна полза ќе беше подобро поттикната ако овие милиони почнеа да циркулираат во мали износи низ рацете на масите? Дури и најревносниот бранител на комунизмот мора да се посомнева во ова. Мнозинството од оние кои сакаат да размислуваат веројатно воопшто нема да се сомневаат.

Сиромашни и ограничени се нашите можности во овој живот; тесен е нашиот хоризонт; нашата најдобра работа крајно несовршена; но богатите луѓе треба да бидат благодарни за една непроценлива милост. Тие имаат во своја моќ за време на нивниот живот да се ангажираат во организација на добротворства од кои широките маси на нивните сожители ќе извлекуваат долготрајна корист и така да ги возвишат своите животи. Највисокиот човечки идеал веројатно се достигнува не со таква имитација на Христовиот живот каква што ни дава грофот Лав Толстој, туку така што, продуховени со Христовиот дух, ќе ги препознаеме изменетите услови на оваа епоха и ќе ги усвоиме начините на изразување на овој дух соодветно на условите во кои живееме; и понатаму работејќи за доброто на нашите сожители, што беше суштината на неговиот живот и учење, но работејќи на поинаков начин.

Ова треба да биде значи должноста на човекот од богатство. Прво: да даде пример за умерен, нерасфрлачки живот, да избегнува покажување и отскокнување, умерено да ги обезбедува легитимните желби на оние кои зависат од него; а откако ќе стори така, сите натамошни приходи едноставно да ги смета за нему доверен фонд со кој тој е повикан да управува, и строго обврзан како ствар на должност да управува на таков начин, кој, според неговиот суд, е најповолен да произведе најголема добробит за заедницата. Според тоа богатиот човек не станува ништо друго освен обичен агент и полномошник на своите сиромашни браќа, ангажи-рајќи ја својата повисока мудрост, искуство и способност да управува, правејќи за нив подобро отколку што би направиле, или би можеле да направат тие самите за себе.

Тука се судруваме со тешкотијата на одредување на следново: што значи тоа да се остави умерена сума на членовите на фамилијата; што е тоа умерен, нераскошен живот; што е тестот на отскокнувањето. Сепак мора да постојат различни мерила за различни услови. Одговорот е дека е невозможно да се именуваат точните износи или дејствија, како што е невозможно да се дефинираат добрите манири, добриот вкус, или пак правилата на пристојност; но како и да е, сепак постојат одредени вистини – секому добро познати, иако неутврдливи. Јавното мислење брзо го препознава и го чувствува тоа што го повредува. Така е и со случајот на богатството. Правилото во поглед на добриот вкус во облекувањето на мажите или на жените може да се примени и тука. Било што, што некого го прави упадлив, го повредува канонот. Ако некоја фамилија воглавно е

Page 113: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

113

позната по прикажување, по отскокнување на домот, на софрата, прибо-рите, намештајот, по огромни суми потрошени раскошно на било каков начин за себе - ако се ова нејзините главни одлики, тогаш не е тешко да ја оцениме нејзината природа и култура. Подеднакво така стојат работите и гледајќи ја употребата односно злоупотребата на нејзиниот вишок на богатство, или пак на благородната, дарежлива соработка за солидарни јавни цели, или на несмалените напори да се трупа и натрупува до крај, без оглед дали тие управуваат или завештуваат. Пресудата останува на најдо-брото и најпросветленото – јавно мислење. Заедницата сигурно ќе суди, а нејзиниот суд често нема да биде погрешен.

Најдобрите примени кои вишокот на богатството може да ги најде веќе беа укажани. Оние што треба да го управуваат мудро, мора и навистина да бидат мудри, зашто една од сериозните пречки за подобрување на чове-штвото е неразборитото милосрдие. За човештвото би било подобро милионите на богатите да бидат фрлени в море, отколку да се трошат за поддршка на безделниците, пијаниците, безвредниците. Од секои илјада долари потрошени денеска за т.н. милосрдие, веројатно деветсто и пеесет се потрошени неразумно, потрошени така што го поттикнуваат токму злото, кое што се стремат да го ублажат или излечат. Еден добро познат писател на филозофски книги неодамна призна дека му дал четврт долар на некој човек кој му пришол додека овој пешачел кон куќата на својот пријател. Тој не знаел ништо за навиките на просјакот, ниту пак за тоа како ќе бидат употребени неговите пари, иако имал добри причини да се посомнева дека тие ќе бидат употребени правилно. Овој човек се претставува како ученик на Херберт Спенсер. Сепак четврт доларот даден таа ноќ веројатно направил поголема штета отколку што ќе направат добро сите пари кои овој непромислен донатор ќе биде во состојба било кога да ги даде за вистинско милосрдие. Тој само си ги задоволува своите сопствени чувства, се поштедува од можното досадување, и ова е веројатно една од најсеби-чните и најлошите постапки во неговиот живот, бидејќи во секој друг поглед тој е за висока почит.

При давањето милостина главниот обзир треба да биде помагањето на оние кои сакаат самите да си помогнат; на оние кои сакаат да се подобрат, да можат тоа и да го сторат; да им се даде на оние кои помошта ќе ја искористат да се издигнат; да се помогне, но многу ретко или никогаш да не се стори сЀ. Ниту индивидуата, ниту пак човештвото се подобрува преку давањето милостина. Оние на кои вреди да им се помогне, освен во вонредни случаи, ретко бараат помош. Навистина вредните луѓе на човештвото тоа никогаш не го прават, освен во случаи на несреќи или изненадни промени. Секој човек веројатно доживеал случаи каде привре-мената помош може да стори вистинско добро, и таквите сигурно нема да ги пренебрегне. Но износот кој индивидуата може мудро да го даде за индивидуи е нужно ограничен од недоволното познавање на околностите поврзани со секоја од нив. Вистински реформатор е само оној кој е

Page 114: Izumiranje Na Politickite Partii - Preduslov Za Napredok Na Covestvoto

114

подеднакво како внимателен, така и настојчив да не ги помага невредните, а да ги помага вредните, и можеби дотолку повеќе, што при давањето милостина веројатно се прави поголема штета при наградувањето на порокот, одошто се прави добро при поттикнувањето на доблеста.

Оттука богатиот човек е речиси ограничен на тоа да ги следи примерите на Питер Купер, Енох Прат од Балтимор, господинот Прат од Бруклин, сенаторот Стенфорд и други, кои знаат дека најдоброто средство за унапре-дување на заедницата е поставувањето скали на дофат по кои желните ќа можат да се издигнуваат – паркови и рекреативни средства кои го помагаат телото и умот, уметнички дела кои подаруваат задоволство и го подобруваат јавниот вкус, како и други разновидни јавни институции кои ја подобруваат општата состојба на луѓето; враќајќи го така вишокот богатство на своите сожители во облици најсоодветно проценети да им бидат од трајна благодет.

Така би можел да се реши проблемот на богатството и сиромаштијата. На законите на акумулацијата да им се даде слободен простор, исто така и на оние на распределбата. Индивидуализмот ќе продолжи, но милионерот нема да биде ништо друго освен полномошник на сиромашните; привремено ополномоштен со голем дел од зголеменото богатство на заедницата, но управувајќи го за заедницата далеку подобро одошто тоа ќе го сторела, или би можела да го стори таа самата. Следствено, најдобрите умови ќе го достигнат степенот на човечки развој на кој ќе увидат дека не постои друг начин на располагање со вишокот на богатство кој е достоен за мисловните и сериозните луѓе во чии раце притекува, освен употребувајќи го година за година за општо добро. Овој ден е веќе на прагот. Но иако дотогаш можеби некои луѓе без било какво сочувство од своите сожители ќе умираат како акционери во големи претпријатија од кои нивниот капитал не можел да биде или не е повлечен, и ќе го оставаат воглавно на смртта за јавни цели, сепак може да се рече дека човекот кој умира оставајќи зад себе големи милиони расположливо богатство кое можел да го управува за време на својот живот ќе премине „неоплакан, нечествуван и неопеан”, без оглед на тоа за каква намена ја остава згурата која не може да ја понесе со себе. За овие луѓе јавната осуда ќе гласи: „Човекот кој умира така богат, умира срамно”.

Такво е по мое мислење вистинското евангелие на богатството - послушноста кон него е предодредена еден ден да го реши проблемот на богатството и сиромаштијата, и да донесе „мир на земјата и добра волја меѓу луѓето”.