24
БУКБОКС ПРЕТСТАВУВА М А Ј К И од МИЛЧО МАНЧЕВСКИ Илина Ј. Беше многу топол мај кога со студентите по етнологија ги шпартавме преспанските села, барајќи соговорници. Опремени со капчиња, шишиња вода и диктафони, како некаков армиски вод на специјална задача, трагавме по „информатор“ расположен за муабет. Турата ја нарековме „фројдовска“, заради живописните имиња на посетените села - Долно Дупени, Подмочани, Наколец. Но требаше да дојдеме во Курбиново (nomen est omen?) за да го доживееме зен моментот, кој од тогаш влезе во

Ilina - Majki

  • Upload
    bookbox

  • View
    4.307

  • Download
    13

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: Ilina - Majki

БУКБОКС ПРЕТСТАВУВА

М А Ј К И

од МИЛЧО МАНЧЕВСКИ

Илина Ј.

Беше многу топол мај кога со студентите по етнологија ги шпартавме преспанските села, барајќи соговорници. Опремени со капчиња, шишиња вода и диктафони, како некаков армиски вод на специјална задача, трагавме по „информатор“ расположен за муабет. Турата ја нарековме „фројдовска“, заради живописните имиња на посетените села - Долно Дупени, Подмочани, Наколец. Но требаше да дојдеме во Курбиново (nomen est omen?) за да го доживееме зен моментот, кој од тогаш влезе во аналите на македонската етнологија.

На дрвена клупа пред нејзината куќа седеше баба во црнина, замислена, со прекрстени раце и без ниту еден заб. Не изгледаше посебно заинтересирана за разговор, но не се ни

Page 2: Ilina - Majki

противеше. Една од студентките, интересирајќи се за селскиот морал, ја праша: „Бабо, а во твое време важно ли беше невестата да биде невина?“ „Абе деца..“, почна старата, драматично издишувајќи, „ороспии имало и ќе има. Куро крај нема!“.

Додека таа си се смееше како палаво девојче, нам ни требаше некое време да се прибереме. „Вистината“ за смерната македонска жена, Трајаница или Трпеица, која не знае за предбрачен сексуален живот, не смее да зуцне пред свекорот, и треба цел живот само да раѓа, да работи и да ќути, ни пукна како стар кондом. Женава делуваше поеманципирана од Роза Луксембург, поголема феминистка од Џудит Батлер. Куро крај нема е тврда онтолошка позиција, универзална дијагноза, која го опишува, но и го оправдува поведението на „ороспиите“. Ако е вистина дека човек не може да се бори против нешто што е бескрајно и оттаму омнипотентно, што може друго да стори освен религиозно да му се предаде?

Новиот филм на Манчевски на моменти сурово, на моменти со хумор, го истражува концептот на „вистина“. Постои ли вистина со големо В, или таа се пишува така само на почеток на реченица? Лагата е често намерно, целисходно извитоперување на фактите, но вистината страда дури и кога кон неа се обидуваме да се однесуваме со должна почит. „Вистината е една, но мудрите ја нарекуваат со повеќе имиња“, се вели во индијските Веди, дозволувајќи мноштво на толкувања на таа, единствена вистина, кои сепак не влијаат врз нејзината неприкосновеност и важност. Спротивставувањето на двата играни дела во филмот со третиот, документарен, нема намера ниту да изедначи, ниту да девалвира некој од жанровите. Се работи за нарации чија вистинитост не можеме да ја проценуваме внатре нив самите - тоа можеме да го сториме само ако успееме, рационално и емотивно, да ги ’надлетаме’, и да ги набљудуваме неинволвирано, од птичја

Page 3: Ilina - Majki

перспектива. Па дури и тогаш, иако теориски безбедни, животно мораме нешто да жртвуваме. Take sides - завземи страна - беше мотото на Пред дождот, но слободно може да биде мото и на овој негов филм. Нашата одлука што е вистина не’ определува како луѓе. Да, тоа е наша вистина, но таа сепак може да биде со големо В.

Многумина поигрувањето на Манчевски со вистината во овој филм ќе го толкуваат како знак за нејзино релативизирање. Она што мудриот режисер сака да ни го каже, според мене, е токму спротивното - дека со вистината треба да бидеме не крајно лежерни, туку крајно внимателни. Бидејќи исто како и самоизмамата или лагата таа драматично влијае врз човечките животи. „Повеќе од љубов, пари и слава - дајте ми вистина!“, извикуваше Хенри Дејвид Торо, среде шумите на Валден. Кога ќе излезете од кино салата можеби нема да бидете сигурни дали девојчињата од првиот дел навистина виделе манијак, дали етнолозите од вториот дел снимиле објективен филм, и дали новинарот Владо Таневски стварно се самоудавил во кофа. Но сигурно нема да ви биде сеедно што е „навистина“, „објективно“ и „стварно“ - филмот е направен така за да не ви биде.

Назад во Курбиново, насмеаната баба повторно западна во меланхолија кога ја прашавме за нејзините деца. Долго не дошле од градот, ни на телефон не се јавувале. Целиот шегобиен муабет падна во сенка на маката на нејзиното мајчинство. Синовите кога доаѓале постојано гледале вести или зборувале на мобилните, снаите оделе на плажа, а внуците или играле на лап-топ, или трошеле пари на флипери во локалното гранапче. Нешто тргнало наопаку со светот кој таа го познаваше, но не можеше точно да каже ни кога, ни кого да обвини. Се разделивме со ветување дека ќе се вратиме. Со кутија свежи наполитанки, а сега и со копија од филмот во кој

Page 4: Ilina - Majki

се цитираат нејзините зборови. Мајки на Милчо Манчевски, посветен на вистината, и на мајките, оние презафатените, напуштените, малтретираните, пожртвуваните, идните и сегашните.

Филмот премиерно ќе биде прикажан утре, на отварањето на фестивалот Браќа Манаки. Во Скопје ќе се прикажува во киното Милениум. Погледнете го и пишете ни што мислите. Во меѓувреме, ексклузивно за Букбокс, дел од сценариото од вториот, игран дел.

БУКБОКС ДОДЕЛУВА НАГРАДА - постер од филмот потпишан од режисерот Манчевски, на читател кој прв и точно ќе одговори со која реченица почнува филмот „Пред дождот“. Пишувајте на [email protected]. Добитникот ќе биде објавен на нашата Фејсбук група во која можете да се зачлените тука.

Page 5: Ilina - Majki

. ЕКСТ МАРИОВО - ДЕН – ЕСТАБЛИШИНГ

, , :Широк широк широк пејсажМариово.

, , . Висорамнина без крај полни гради големо небо

. Штурци се валкаат во летото - , - Птици брзо брзо се тркаат во оговарање а овде онде диви крушки ги

. чешаат распосланите ридови

. Нечепнато

./ . ЕНТ ЕКСТ МАРИОВО - ЏИП - ДЕН

, . Џипот застанал на патот самошто ја поминал кривината

, . Тројцата восхитено гледаат го впиваат величествениот пејсаж

КОЛЕ ( )импресиониран

‘ ...!Т ибам

АНА(тивко)

Како...

Page 6: Ilina - Majki

. Се насмевнува како за себе , . Му ја наоѓа раката ја зема во својата , , . Тој и ја зема раката ја доближува до своите усни ја бацува

.Симон ги гледа нив двајцата од задното седиште . Ана му го фаќа погледот во ретровизорот

. ЕКСТ МАРИОВО - ПАТ - ДЕН

, . Коле и Ана потпрени на џипот го гледаат пејсажот Таа отпива од , . шише кисела вода му го подава

КОЛЕ - , . Тежеле и по пет шес седум кила

. , Вплетени во косата Спиеле на нив . како на перници

АНА , , ? Како беше коцел така

КОЛЕ. Коцел , Од пресукана волна црна или

. , црвена Чисто за украс ама си носи многу. . значења Не смее да го симне Ги има за

. , девојки и за невести Го носат од девојче . па до свадба Пред свадба се расплетува

, моминскиот се вади и се става сега. . 40 невестинскиот И не го пипаш дена

после свадба невестинскиот се расплетува , . за прв пат се мие косата и пак се заплетува Во понеделникот кога ја носат невестата на

, , вода тоа е голема работа коцелот виси на , десниот колк и така си работи невестата со

, . .него виси на колкот После пак на глава

АНА ? - ?Идо кога така Шес седум кила на глаа

КОЛЕ . Се носи до три години после свадбата

АНА . Или додека не роди дете

КОЛЕ

Page 7: Ilina - Majki

Ако не му роди може да ја врати до три . години

АНА Читав биографија на некоја жена

што се , преселила во Австралија ‘ . ќерка и ја напишала Жената се

, родила на почеток у турско се преселила во Австралија за Прва

. ,светска војна Дошла од село после во Австралија имале продавница

за . , компирчиња Она неписмена . ама продава компирчиња у Австралија

‘ , И погинало детето па деца кога доаѓале да купуваат им давала

, ‘ ,компирчиња без пари жал и било , ‘ па после кога приметиле ја тргнале не и

дале веќе да , . продава ги зијани Во книгава раскажува дека кога била млада

, ако некој на село си бендисалженска а знаел дека нејзините нема да му ја

, , дадат оти е на пример од големо семејство , , има многу браќа или е сиромашен

. можел да ја граба Нашаважена се , ,мажела какошто е редот со стројници

- , ама после две три години братот на ‘ мажи си бендисал некоја мома и со

другарите ја начекале кога одела по . , вода и ја грабнале Ја донеле дома

ја ошишале, па ја дале на снаата , , , целата исчукана изгребана со модрици

да ја теши. Инашаважена , ја теши така ти било пишано, , чедо шо ќе

праиш. Веќе не ја прима назад, , фамилијата и да не е силувана

. , - , не е важно Ај чао и на тебе мила.снао

, .Пред нив широкоМариово

. ЕКСТ МАРИОВО - ДИВА КРУШКА - ДЕН

, , , Малку подолу зад мало ридче Симон стои нажолтата трева под . . едно криво крувче Во рака држи долг микрофон и тивко снима

Микрофонот го вперил кон дрвото и снима птички како црцорат

Page 8: Ilina - Majki

- , .живо живо весели и растреперени

, .Нема израз на лицето има слушалки на ушите

. Птичките

. ЕКСТ МАРИОВО - ПАТ - ДЕН

, .Кај џипот Ана и Коле се бацуваат , , .Долу под нив широк пејсаж како најубав афродизијак

, , , Тој и го бацува вратот ја грицка го зема в рака нејзиниот газ го.меси

.Таа му ја откопчува кошулата , .Почнува да му го откопчува каишот се наведнува

, . Овој ја сопира и ја крева главата

. Засрамен е

КОЛЕ. . Немој Не сега

АНА ...Ти се здрви

, . Таа не запира продолжува да му го бацува стомакот

, Од зад ридчето вперен долгиот црн монодирекционален микрофон .на Симон .Од далеку ги гледа Симон , . Без израз на лицето со слушалки на ушите

. ЕКСТ МАРИОВО - МОСТ НА ЦРНА - ДЕН

, , , . ЏАГУРЕ мустаќи и голем стомак лови риба влезен воЦрна . ЦрнаЦрна мрзливо се тркала по длабокото корито

, , ЛАЗЕИРАСПУСТО играат карти пијат мастика пред мало куќарче

. покрај мостот наЦрна

. .БАТЕРИЈА пржи рипчиња Чади

. Разгаќени

Page 9: Ilina - Majki

РАСПУСТО, , , ! . Ајде бе фрлај Матуловиќ Смислов Боби

. . Фишер БобиФишек

ЛАЗЕ . НаБоби на фишек да му скокаш

. Лазе фрла карта

( )ЛАЗЕ продолжува, ! !На бе На

РАСПУСТО?! Двојче

, Распусто почнува да се смее ги собира сите карти – му се погодила картата на Лазе.

, . Завршен овој круг почнува да ги брои

( )РАСПУСТО продолжува ... ... ... ... Три од будале четири пет шесседум

...осум

, . Ги брои иЛазе ама како накиснат

( )РАСПУСТО продолжува . Дваес две

.Се радува

БАТЕРИЈА( не му се верува) ?Дваес две

РАСПУСТО( кон Батерија) . , Дваес две Дај од рипчињата Лазе

ч .асти нова тура

, . Слушаат некој звук се вртат

.Намостот се појавува џипот со тројцата патници од Скопје , , Го поминува мостот скршнува кон куќарчето застанува на

. чистинка

Page 10: Ilina - Majki

. Тројцата излегуваат од џипот

. .Четворицава ги гледаат со сомневање Ја забележуваат Ана

ЛАЗЕ(тивко)

, , , Их мори сестро Распусто да ти го... .бапне со мојо

. Распусто се смее

КОЛЕ(довикува) Добар ден.

, . Распусто Лазе и Батерија отпоздравуваат Џагуре продолжува да , . лови риба како ништо да не се случило

БАТЕРИЈА. .Бујрум Повелете на рипчина

КОЛЕ, . Фала само вода да наполниме

. Ана се мие на чешмата .Тројцата од куќарката ја пијат со очи

РАСПУСТО ?Од кај идите

КОЛЕ . ОдСкопје

РАСПУСТО ? По работа

КОЛЕ . .Снимаме документарен филм За селата

БАТЕРИЈА ? За селски туризам да не е Идеа лани од

, . Финска некои Трифун ги носеше

КОЛЕ . Не е за туризмот толку За напуштени села

Page 11: Ilina - Majki

, ,снимаме за промени наживотот на село ...за семејството

РАСПУСТО, ? Море да не копате за злато

АНА . Ако има ќе копаме

ЛАЗЕ ,Беја пред некоја година некој странци

. , , , копаја А беја и наши од Скопје ноќе со, , рефлектори со булдожери планината ја

, . кренаја кузнај што најдоја Има злато , турската војска коа си одела Ататурк

. закопал три кочии злато После Французите . копале за времеПрва светска војна

Симон полни вода во шише од кисела вода.

РАСПУСТО, , Ене онаму копаа уште има дупка од

. булдожерите

СИМОН Го знаете ли коа му се родило бебе на

? Прилепчанецот

. Сите се вртат кон него Малку е неочекуваношто се огласува .молчаливиот Симон

.Коле го гледа зачудено .Четворицата не знаат дали да бидат насмеани или навредени

СИМОН (продолжува) : , Па го прашуе докторот Докторе машко е

? : , илиженско А докторот му вика Еми ? , одкајда знам Од пичка на пенџер од пенџер на гранка, отиде.

.Тишина .Коле е уплашен

.Тројцата рибари се мрштат

.Ана почнува да се смее

Page 12: Ilina - Majki

. ИКоле .Па и тројцата околу куќарката почнуваат да се смеат

. , Џагуре лови риба во реката Една се фаќа на јадицата ја вади со.трската

. ЕКСТ МАРИОВО - МОСТ НА ЦРНА РЕКА - ДЕН - ПОДОЦНА

. Џипот заминува по патот

ЛАЗЕ, , , .Море минерали бараат ќе копаат алшар

РАСПУСТО , . Да им ебам педерите да им ебам Нека си копаат

в , . о Скопје нека си копаат

. ЕКСТ МАРИОВО - ПАДИНА - ДЕН

- . Нажолтата падина пасат три четири кози . Шугаво куче дреме под сенка

, 90 , , Стар ДЕДО најмалку и свиткан како прашалник во црно гори...партали

, Го гледа џипот како се доближува по прашливиот пат влечејќи .облак прашина зад него

, . , Кога џипот приоѓа кучето станува и почнува да лае по него Лае ли.лае

.Тројцата излегуваат од него

КОЛЕ .Добар ден

АНА , .Добар ден дедо

ДЕДОТО( кон кучето), ! Доста бе

.Кучето замолчува

Page 13: Ilina - Majki

ДЕДОТО (продолжува) . Добар ден

.Тој е малку воздржан

КОЛЕ , ? ? Како оди дедо Слушаат ли козите

ДЕДОТО, , . .Еми слушаат што ќе прават Кози се

. Симон се смее

. Дедото се тргнува од огинот . . Ана ја вади камерата Ја спрема за снимање

ДЕДОТО (продолжува) ? Од кај сте вие

КОЛЕ .ОдСкопје

ДЕДОТО ? За избори да не идите

КОЛЕ, , . Не дедо за телевизија снимаме

ДЕДОТО, , ? ?Еми шо ќе снимате тука бе Бедотија

, Симон си ја вади опремата се доближува со долгиот микрофон в, ...раце слушалките на уши

КОЛЕ, . , .Не не Снимаме за селата како сеживеело

. ?Денес како сеживее Ти од кое село си

ДЕДОТО ? .Од кое село Од селово

(пауза) . ОдДушевадица

(пауза) ... , Како сеживеело Небидннина ете.како

Page 14: Ilina - Majki

.Кучето почнува пак да лае по нешто далеку

ДЕДОТО (продолжува), .Доста бе

. . Фрла камче по него Кучето се стивнува

. Ана му нуди цигара на дедото

АНА , ? Тутун пиеш дедо

, .Дедото ја погледнува зема цигара .Симон му ја пали

. И самиот пали цигара . Коле го гали кучето

КОЛЕ , ? , ? Се галиш а Се галиш а

ДЕДОТО , , ?Шоќе ви е да снимате бе деца

КОЛЕ , , , Снимаме за деца за внуци да се запише

, да се знае како сеживеело еден ден да знаат . денеска како смеживееле

ДЕДОТО, ... .Ех како смеживееле Како на качето капата

КОЛЕ , ?Колку душиживеат во селото дедо

ДЕДОТО, ... .Еми колку Само јас

КОЛЕ ? Само ти

АНА ?Самживееш

ДЕДОТО . Со козите

Page 15: Ilina - Majki

КОЛЕ ?Друг нема во селово

ДЕДОТО. Не

КОЛЕ ? Децата кај ти се

ДЕДОТО , . Ќерката Прилеп сино Скопје Имам внук

. Астралија и еден Холандија

, , Дедото го погледнува Симон кој снима со долгиот микрофон .слушалки на уши

СИМОНA sound is worth a thousand pictures.

КОЛЕ, Дедо ќе може ли да се сместиме некаде

, ? во селово за спиење

ДЕДОТО, .Еми има празни куќи колку сакаш Само да не

.ви падне некоја ќерамида на глаа

АНА , . Ако треба ќе платиме

ДЕДОТО .Аможе и кај мене ако сакате , Уште малку

. да ги подсоберам козиве

КОЛЕ ? Да те префрлиме со џипот

ДЕДОТО ?Ами козите кој ќе ги префрли

. Симон се смее

АНА ?Па тогаш да те чекаме во селото

ДЕДОТО

Page 16: Ilina - Majki

.Чекајте кај сакате

. ЕКСТ МАРИОВО - СЕЛО – ЕСТАБЛИШИНГ

.Долу се отвара поглед кон селото

. Душевадица , , , . .Старо село стари куќи камени покриви куќи врз карпи Суво . Голем даб

, .Џипот се искачува од зад сртот запира со поглед кон селото

. ЕКСТ МАРИОВО - СЕЛО - ДВОРОТНА БАБАТА - ДЕН

, 90, , , БАБАТА во црно и таа свиткаа како прашалник ги рани .кокошките во дворот на куќата изградена на карпа

. Тројцава се погледнуваат

СИМОН ? Нели беше сам

АНА . Така рече

. Приоѓаат

КОЛЕ , .Добар ден мајче

БАБАТА . Добар ден

КОЛЕ , ? Несат ли кокошкиве мајче

БАБАТА . Несат колку за мене

СИМОН ? А за дедото нема

БАБАТА . Колку за мене доста е Да ви испржам

Page 17: Ilina - Majki

? по едно јајце Гости одамна ми немаат. дојдено

АНА , , .Не се мачи бабо си носиме ние јадење

КОЛЕ, , . . Ако мајче тури Ќе каснеме Дрва да

т ? и нацепамможе

БАБАТА, , ... Е да бев помлада не ми треба Ене ја

. секирана

АНА ?Дедото ќе го почекаме и он да касне

БАБАТА . Каснат е он одамна Кучиња јазикот да му

. искасаат

. Коле почнува да цепи дрва . Му се приклучува и Симон

, Симон ги мести цепаниците на трупецот а Коле замавнува и ги.цепи

.Бабата се враќа со стара кутија наполитанки . Ги послужува

, , .Наполитанките се прастари влажни гнетави

( )БАБАТА продолжува, , .Земете деца што се нашло низ дома

КОЛЕ, .Фала мајче

.Бабата оди да ја послужиАна - .Симон прави гримаса наполитанка не се јадат

.Коле прекорно го погледнува

. Коле продолжува да цепи Симон мести нова цепаница на трупецот .за Коле да цепи

.Коле силно замавнува и го расцепува дрвото сожестина

.Во еден момент им се сретнуваат погледите , , Мируваат еден кус миг Коле со крената секира а Симон сеуште ја

Page 18: Ilina - Majki

.држи цепаницата на трупецот

СИМОН ? Раката

КОЛЕ ? Што раката

СИМОН ? Ти се здрви

. Коле удира со секирата луто

. Симон ја трга раката инстинктивно . Цепаницата отскокнува

СИМОН .Мај бед

. ЕНТ КУЌАТАНАБАБАТА – ДЕН

, Бабата вади алишта од ковчег и ги покажува со гордост на Коле , .додека Ана снима слика а Симон снима тон

, . Бабата ги држи алиштата како бебиња нежно и со љубов Ги, , . покажува здиплени се со сапунчиња меѓу нив

, , , . - Делови од носија шамии скутини плетени чорапи Пафта голема . .метална тока Низа паричкишто се носат на челото

БАБАТА( со гордост)

. Ова ми е од невеста Уште кошулата ми, . .остана во неа да ме закопаат Ако има кој

КОЛЕ ? Другото невестинско кај ти е

БАБАТА , , , Еми дојдоа странци велат Бабо ги

. , Продаваш ли Па си велам што ќе стојат . , молци да ги јадат Ќерка ми ги неќе што

, , ќе и се Битола вели мамо ја место немам , . за нив мал ми е станот Странциве ми

, . платија си купив кревет Стариот ене

Page 19: Ilina - Majki

, , . го таму седи пропаднат

КОЛЕ , ? ?На колку години се омажи мајче Памтиш

БАБАТА , Како не памтам седумнаесе самошто

.направив

КОЛЕ , Во твое време важно ли беше девојката ?да биде невина

, .Бабата подзастанува како малку да сака да се насмее

БАБАТА, , ... А бе деца Ороспии имало и ќе

.има( )пауза

. Куро крај нема

. Сите почнуваат да се смеат

.Ибабата се смее

БАБАТА (продолжува) . Мене не ме вратија

. Уште повеќе се смеат