36
ЧЕКОВИ Чек претставува таква хартија од вредност со која нејзиниот издавач (трасант) му дава налог на друго лице (трасат) на ремитентот (корисник на чекот) да му исплати одреден износ на пари од трасантовото покритие кај трасатот.

finansiski instrumenti

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: finansiski instrumenti

ЧЕКОВИ

Чек претставува таква хартија од вредност со која нејзиниот издавач (трасант) му дава налог на друго лице (трасат) на ремитентот (корисник на чекот) да му исплати одреден износ на пари од трасантовото покритие кај трасатот.

Page 2: finansiski instrumenti

Во што се огледува економската улога и корист на чекот?1. сопствениците на паричните средства за да не гичуваат сами, ги депонираат во парични институции, а за

нив добиваат одредена камата;

2. наместо овие парични средства да бидат неактивни, банката ги пушта повторно во оптек, односно ги пласира. Со тоа доаѓа до голема концентрација на

средствата во банките, кои ги инвестираат во различни стопански дејности. Од тоа има корист како банката исто така и стопанството во целина;

3. депонираните средства кај банките подобро се обезбедени отколку кога ги чува самиот сопственик;

Page 3: finansiski instrumenti

Продолжение...

4. преку употреба на плаќање со чек се остваруваат значајни заштеди, а се намалува и ризикот при пренесување на парите. Се одбегнува плаќањето со готовите пари, бидејќи депонентот трасира чек на

банката кај која има пари и издава налог таа да исплати, односно да пренесе одреден износ пари на ремитентот за сметка на депонентот;

5.плаќањето на чекот овозможува вршење на различни парични трансакции, без оглед на различноста на

паричните единици што се наоѓаат како законско средство на плаќање во одделни земји(кога станува збор за употреба на чекот во меѓународните плаќања);

Page 4: finansiski instrumenti

Продолжение...6. чекот може да се издаде без оглед на

висината на износот што во него е назначен. Тој може да се издаде на најниски износи, како и на износи што преминуваат неколку стотини милиони;

7. со плаќањето со чек едновремено се добива и потврда за извршената исплата и се дава можност за контрола на сите извршени исплати во одреден временски период. Од друга страна, се намалува појавата на грешки, што често пати настануваат при исплата во готови пари;

Page 5: finansiski instrumenti

Продолжение...8. преку чекот на корисникот на

средствата му се овозможува своите средства да ги употреби за циркулација пред да ги наплати, бидејќи имателот на чекот, по пат на индосамент, своите права на чекот може да ги отстапи на друг, што го олеснува прометот на пари без броење, како и опасноста поради инсолвентност, а особено ако издавачот на чекот е една од емисионите банки.

Page 6: finansiski instrumenti

Видови чекови

• Поделбата на чековите може да се врши според два основни критериуми:

1. според начинот на издавање на чекот (начин на определување на корисник) и

2. според формата и намената на чекот.

Page 7: finansiski instrumenti

Според начинот на издавањето постојат

следните видови на чекови: • чек на име,

• чек по наредба,

• чек на доносител,

• сопствен трасиран чек и

• ректа чек.

Page 8: finansiski instrumenti

Според формата и намената чековите можат да бидат најразлични:• исплатен чек, • бариран (прецртан) чек, • патнички чек, • пресметковен чек, • цертифициран чек, • циркуларен чек, • акредитивен чек, • документарен чек, • лимитиран и • нелимитиран чек.

Page 9: finansiski instrumenti

Најбитни елементи кај чекот се:1. означување дека е чек, напишано во самиот слог на документот или ако е чекот издаден на странски јазик,

израз кој му одговара на тој јазик за поимот чек;

2. безусловно упатување да се плати определен износ на пари од трасантовото покритие;

3. место каде што треба да се плати;

4. ден и место на издавање на чекот; и

5. потпис на оној што го издал чекот (трасантот).

Page 10: finansiski instrumenti

Битни чековни дејствија • издавање на чек;

• умножување на чек;

• пренесување на чек;

• чековна гаранција (авал кај чекот);

• презентирање на чекот;

• плаќање на чек и

• интервенција кај чек.

Page 11: finansiski instrumenti

Чековни дејствија

• протест-нотификација на чекот;

• регрес,

• чековни тужби,

• чековни приговори и

• амортизација на чекот.

Page 12: finansiski instrumenti

Што претставува меницата? • Таа претставува хартија по наредба:

- на нејзиниот имател му дава право од должникот означен во исправата да наплати одреден износ на пари,

- Меницата претставува средство за плаќање и инструмент за обезбедување на плаќање,

- Таа претставува безусловна наредба која ја дава трасантот на трасатот, да се плати одреден паричен износ на ремитентот, кој е наведен на меницата или на самиот трасант

Page 13: finansiski instrumenti

Продолжение...

• Меницата по правило е хартија по наредба, но таа може да биде издадена и како хартија од вредност на име. Тоа се такви меници во кои издавачот ставил клаузула “не по наредба” (т.н. ректа клаузула) или друг израз со исто значење.

Page 14: finansiski instrumenti

Продолжение...

• Меницата покрај тоа што се јавува како средство за плаќање и инструмент за обезбедување на плаќање во рамките на национална економија, таа, со се поголемиот развиток на меѓународната трговија, каде што на барање на странскиот продавач стоката треба да му се плати во валута на некоја странска земја, се повеќе се јавува и како средство за плаќање.

Page 15: finansiski instrumenti

Продолжение...

• Со развитокот на кредитниот пазар, меницата станува и средство за есконт и реесконт,

• меницата ги има следните улоги, и тоа: 1. меницата служи како средство за кредит

(или средство за обезбедување);

2. меницата служи како средство за плаќање;

3. меницата служи како средство за есконт.

Page 16: finansiski instrumenti

Видови меници

• Меницата може да биде трасирана и

• сопствена (или соло) меница.

Page 17: finansiski instrumenti

Елементи на трасирана меница1. ознака дека е меница, отпечатена на самиот

слог, на македонски јазик и кирилско писмо;

2.име односно назив и седиште на трасатот;

3. безусловна наредба да се плати одредена сума пари од покритието на трасантот;

4.време на пристигнувањето;

5.место каде што треба да се изврши плаќањето;

6. име на ремитентот;

7. ден и место на издавањето; и

8. потпис на трасантот.

Page 18: finansiski instrumenti

Сопствената меница

• претставува безусловно ветување преземно од трасантот како трасат дека ќе се исплати одреден паричен износ на ремитентот кој е наведен на меницата.

• Таа ги содржи следните битни елементи:

Page 19: finansiski instrumenti

Продолжение...1. ознака дека меницата е отпечатена на

самиот меничен слог, на македонски јазик и кирилско писмо;

2. безусловно ветување дека одредена сума на пари ќе се плати;

3. време на пристигнувањето;

4. место каде што треба да се изврши плаќањето;

5. име на ремитентот;

6. ден и место на издавање, и

7. потпис на трасантот.

Page 20: finansiski instrumenti

Начин на пренесување на мениците• Секоја меница и тогаш кога изрично не

е трасирана по наредба, може да се пренесе со индосамент.

• Меницата во која што траснатот ставил клаузула “ректа” или друг израз со исто значење, се пренесува со цесија.

Page 21: finansiski instrumenti

Продолжение...

• Индосаментот задолжително се пишува на самата меница или на алонжот кој задолжително го потпишува индосантот.

Page 22: finansiski instrumenti

Пристигнувањето на трасираната и сопствената меница може да биде:

1. меница по видување;

2. меница на одредно време по видување;

3. меница на одредно време од денот на издавањето и

4. меница на одреден ден.

Page 23: finansiski instrumenti

Меничните дејствија

1. издавање на меницата;

2. пренесување на меницата;

3. акцептирање-прифаќање на меницата;

4. авал(менична гаранција);

5. интервенција кај меницата;

6. презентирање на меницата;

Page 24: finansiski instrumenti

Продолжение...

7. умножување на меницата;

8. плаќање на меницата;

9. протест на меницата(или мерки за зачувување на меничните права);

10.нотификација кај меницата;

11. регрес кај меницата;

12. менични тужби;

Page 25: finansiski instrumenti

Продолжение...13. менични приговори;

14. амортизација на меницата;

15. застареност кај меничните побарувања;

16. престанување на меничните права и обврски.

Page 26: finansiski instrumenti

Друга поделба на мениците

Покрај трасирана и сопствена меница има и тн:1. бланко меница, 2. стоковна меница, 3. деловна меница, 4. кредитна меница, 5. домицилирана меница, 6. циркуларна меница, 7. сопствена влечена меница, 8. трасирана меница по сопствена наредба, и

др.

Page 27: finansiski instrumenti

Бланко меница• Бланко меницата е идна меница, и

истата се карактеризира со тоа што ги нема сите битни елементи, кои можат подоцна да се внесат во меницата. Таа претставува хартија од вредност, која подоцна се исполнува по барање на странките и потоа станува меница. Бланко меницата се употребува кај потрошувачките и кај краткорочните кредити. Кредитопримачот ја издава бланко меницата на кредитодавачот при склучување на договорот за кредит.

Page 28: finansiski instrumenti

Стоковна меница

• Стоковна меница е меница што произлегува од купорподажба на стока по пат на кредит. Купувачот, на продавачот му потпишува меница, што служи како осигурување дека земениот кредит од страна на купувачот ќе биде вратен на продавачот.

Page 29: finansiski instrumenti

Деловна меница

• Деловна меница претставува поширок поим од стоковната меница. Секоја стоковна меница наедно е и деловна меница, со тоа што во деловните меници спаѓаат и други меници.

• Деловната меница може да се есконтира.

Page 30: finansiski instrumenti

Кредитна меница

• Кредитна меница се јавува во случаеви кога лице што бара кредит става сопствена акцептна бланко меница. Трасантот на ваквата меница, кој, всушност, е гарант за исплата на кредитот, не му издава на ова лице наредба, туку ова лице (акцептантот) однапред признава дека трасантот има покритие кај акцептантот.

Page 31: finansiski instrumenti

Домицилирана меница

• Домицилирана меница е таква меница каде што местото на плаќањето не е исто со местото на постојаното живеење на трасатот. Според законот за меница е предвидено дека ” трасираната меница може да биде платива кај трето лице во местото во кое трасантот живее или во друго место”.

Page 32: finansiski instrumenti

Циркуларна меница

• Циркуларна меница е меница која може да се пушти и понатаму во промет, односно да се пренесува, да циркулира,

• Таков случај постои, кога застапник на некое претпријатие треба да плаќа во странство, наместо да земе готови пари, зема повеќе меници на одредени износи и кои меници се акцептирани од Народна банка на РМ.

Page 33: finansiski instrumenti

Трасирана влечена меница по сопствена наредба • Станува збор за меница во која трасантот му

дава налог на трасатот, нему, на самиот (трасант), или по негова наредба, а не на некое трето лице, да му ја исплати стасаната меница, менична сума.

• Во текстот на влечената меница по сопствена наредба се внесува клаузулата “платите по наредба моја сопствена”, или некои други слични клаузули.

Page 34: finansiski instrumenti

АКЦИИ

• Акцијата претставува писмена исправа (сертификат) за сопственост, над средствата вложени во претпријатието, банката, друга финансиска организација, организација за осигурување и друго правно лице кое може да стекне добивка.

Page 35: finansiski instrumenti

Продолжение...• Акциите спаѓаат во групата на хартии од

вредност со променлив приход условен од резултатите на работењето. Тие според видот можат да гласат на денари или друга странска валута,

• Според важечките законски прописи акциите во домашната практика се продаваат и купуваат на пазарот за денари,

• Истите се уплатуваат во пари а може и во ствари (предмети) и права кои се искажуваат во паричен износ.

Page 36: finansiski instrumenti

Купување на акцијата

• може да се изврши со уплата одеднаш или во рати. Доколку уплатата е во рати, тогаш купувачот добива привремена акција, со тоа што секоја наредна уплата се впишува и потврдува на привремената акција,

• Кога имателот на привремената акција ќе го уплати вкупниот износ од својот удел, тогаш привремената акција се повлекува и се заменува со постојана акција.