16
CREATIVITYCONFID DEN NCEPRACTICE TRAVELINGF FR RIE EN ND DS SH HIP P ACTIVITY MOBILITYSK K K KILLSCULTRE QUALITYE EXP P PE ER RIE E EN NC CE EEXCHANGE P PER R RSPEC CTIV VE EINNOVATION e e Twinning Twinnin ng g nnin ng eТвининг Заедница на училишта во ЕВРОПА

Etwinning 2012

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Брошура за акцијата еТвининг како дел од Програмата за доживотно учење - издание 2012г, верзија на македонски јазик.

Citation preview

CREATIVITYCONFIDDENNCEPRACTICE TRAVELINGFFRRIEENNDDSSHHIPPACTIVITY MOBILITYSKKKKILLSCULTREQUALITYEEXPPPEERRIEEENNCCEEEXCHANGE PPERRRSPECCTIVVEEINNOVATION

eeTwinningTwinninnggnninngeТвининг

Заедница научилишта во ЕВРОПА

Е-ТВИНИНГ

2

This project has been funded with support from the European Commission.

This publication [communication] refl ects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

Содржина• Што претставува еТвининг?• Зошто да се вклучите во еТвининг? • Како да се вклучите во еТвининг? • Eтвининг поддршка • Речник на клучните термини • еТвининг Галерија • еТвининг Десктоп • Европски знак за квалитет (еТвининг) • Интерактивна табла • Интернет Безбедност • Информациско-комуникациски технологии (ИКТ) • Комениус Партнерства • еТвининг Конференција • еТвининг Логирање • еТвининг Награди • Најди еТвинер • еТвининг Настани за учење • Национален знак за квалитет (НЗК) • Национален сервис за поддршка (НСП) • еТвининг Опрема (eTwinning Kit) • еТвининг Партнери • еТвининг Портал • еТвининг Проект • еТвининг Профил • Работилници за професионален развој • Ресурси за учење • Централен Сервис за Поддршка (ЦСП) • Чeт соба (соба за разговори)

3

средство за интеграција во меѓународните економски текови. Европските програми за образование и обука целат кон напредно образование кое ќе биде основа за одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, односно кон општество базирано на знаење.

Мобилноста на корисниците на програмите овозможува размена на искуства и знаења, добри практики, стекнување на нови вештини, комуникација и креирање на мрежи на европско ниво, во насока на унапредување на општествата во кои работат и делуваат. Сето ова ќе допринесе кон создавање на покомпетитивна работна сила во Македонија.

Учеството на Република Македонија во програмите на ЕУ претставува значајна поддршка на евроинтегративните процеси и ја отсликува македонската ЕУ перспектива. Ние во Националната агенција сме целосно посветени на унапредување на македонскиот образовен систем, промовирање на активно граѓанство на младите, создавање на подобри можности за сите и подигнување на квалитетот на животот.

Убеден сум дека Вашето учество во образовните програмите на ЕУ ќе допринесе во Вашиот личен и професионален развој, како и кон отворање на нови перспективи за институциите во кои што работите. Преку обуките и работата во рамките на проектите на образовните програми на ЕУ ќе стекнете непроценливи вештини и знаења што ќе бидат клучни за трансформацијата на македонскиот образовен систем.

Нашиот тим Ви стои на располагање за сите Ваши прашања поврзани со програмите што ги управуваме.

Директор на Национална Агенција заевропски образовни програми и мобилност

Дарко Димитров

Почитувани,

Ми претставува огромно задоволство да Ви се обратам преку оваа публикација со цел да Ви ги приближиме можностите што ги нудат европските образовни програми.

Образованието е клучен инструмент за социјална трансформација на општеството, клучна сила на демократизацијата и развојот на граѓанското општество, основен елемент на економскиот развој, мобилност на работната сила, како и

Е-ТВИНИНГ

4

Што претставува еТвининг?

еТвининг е проектна рамка што им овозможува на училиштата од Европа работа на заеднички проекти со користење Интернет и ИКТ алатки. Повеќе училишта од различни европски држави заедно, преку порталот www.etwinning.net, формираат партнерство за работа на заеднички проект и размена на идеи и искуства. Училиштата главно се поврзуваат и работат на проектот со употреба на Интернет и најновите ИКТ алатки, иако исто така организираат и средби во живо (посети на други училишта). На тој начин, работејќи на еТвининг проекти, училиштата стануваат дел од една голема заедница на училишта во Европа.

еТвининг ги развива и зацврстува партнерското поврзување и учење помеѓу училиштата во рамките на една европска заедница на училишта, при што акцентот е ставен на користењето на ИКТ и Интернет во рамките на проектите. На тој начин, еТвининг континуирано придонесува за подобрување на педагошките аспекти на користењето на ИКТ во наставата и учењето, како и на зголемувањето на ефективноста од користењето на истите. еТвининг ги поттикнува креативноста и активното учество на учениците и дава придонес кон професионалниот развој на наставниците. Во предметите внесува тимски начин на работа и на младите Европејци им нуди можности да ги запознаат културата и општеството на своите врсници и да ги подобрат своите јазични способности.

еТвининг како Комениус иницијатива го поставува концептот на училишните партнерства на ново, повисоко ниво, во рамките на една заедничка европска заедница на училишта. Предвидува функционирање на училишните партнерства на подолг рок и со вклучување на поголем број на наставници, директори и ученици на различни нивоа и по различни предмети.

5

Зошто да се вклучите во еТвининг?

еТвининг им нуди на учениците и на наставниците основа и спектар од можности за вклучување во европското граѓанство и културното богатство на континентот во ефективно и пријатно искуство при учењето. Употребата на ИКТ во партнерските проекти е еден лесен начин за проучување на новите можности за учење и развој на нови вештини.

еТвининг ги охрабрува наставниците да градат мостови помеѓу различните предмети и им нуди основи за спознавање на образовните системи во партнерските држави. Преку тоа еТвининг овозможува професионален развој на сите вклучени соработници, и претставува одлична основа за создавање на успешни партнерства во другите акции на Програмата за доживотно учење. Професионалниот развој на наставниците во областа на примената на ИКТ во образовниот процес се реализира и стимулира на два начини.

Првиот е преку можностите што ги нуди самата еТвининг платформа преку организирање на онлајн настани за учење и онлајн работни групи во кои што преку интернет заинтересираните еТвинери учат и работат на одредени теми, како на пример: Креативна училница, Веб 2.0 – апликации и ИКТ алатки, CLIL и еТвининг проектите, Интеграција ЕУ проекти во курикулумите, Интернет безбедност во училиштето, Романски јазици, Општествени науки, Математика и природни науки, Креирање на музика во еТвининг проектите, Училишта на иднината, Употреба на биотехнологијата во медицината преку еТвининг проектите, и многу други. Вториот начин, преку кој наставниците имаат можност професионално да се надградуваат, е преку аплицирање и учество еТвининг Работилници за професионален развој кои што се организираат во повеќе европски земји.

еТвининг исто така обезбедува и признанија на училиштата и наставниците кои се вклучени во европската соработка. Знакот еТвининг што ќе се додели на партнерски проект, ќе ги разликува вклучените училишта во проектот. Нивните проекти и постигнувања ќе бидат претставени на Веб страниците на еТвининг низ цела Европа и ќе бидат пример за останатите училишта. Наградите еТвининг се наменети за најдобрите партнерствата и ќе го поплочат патот за педагошката креативност.

Е-ТВИНИНГ

6

Како да се вклучите во еТвининг?

еТвининг е едноставна соработка во форма на проект, или пак поширока соработка што вклучува цело училиште. Се што Ви е потребно е партнерско(и) училиште(а), неколку добри цели што би сакале да ги постигнете и групна посветеност за спроведување на проектот. Подготовката на проектот потоа е многуњ лесна и едноставна работа.

еТвининг се заснова на партнерски неформален договор со кој што директорите или координаторите на проектите ги ангажираат своите училишта и персонал на соработка. Договорот ги одредува целите и активностите во проектот. Преку спроведу¬вањето на договорот партнерите преку употреба на Интернет и ИКТ алатки ќе развијат суштински педагошки начини на интеракција, кои ќе бидат во склад со националните предмети и стратегијата на училиштата.

еТвининг партнерствата мора да се регистрираат на еТвининг порталот http://www.etwinning.net. До регистрацијата можете да пристапите исто така и преку еТвининг порталот на Националната агенција (http://www.еtwinning.mk/). Како помош при подготовката на еТвининг партнерството на располагање на порталот Ви стојат алатки кои овозможуваат барање на партнерски училишта. На располагање е исто така и помош преку идеи за еТвининг партнерства. По завршената регистрација партнерите ќе добијат пристап до сите алатки кои им се на располагање во рамките на порталот еТвининг.

Eтвининг поддршка

еТвининг претставува поддршка на пошироките мрежи на европските и националните агенции. Во секоја земја постои еТвининг национален сервис за поддршка (НСП), која што е надополнета со Централниот сервис за поддршка (ЦСП) во Брисел. Во секоја агенција на располагање Ви стои персонал кој што може да Ви помогне и советува во врска со еТвининг.

7

еТвининг порталот е софи-стицирана мулти-јазична онлајн околина на еТвининг акцијата. Таму може да најдете новости и информации за развојот на еТвининг во Европа. Исто така, на порталот можете да најдете и алатки за регистрација за во еТвининг, со што Ви се овозможува пристап до поширока палета на алатки за барање на партнери (Најди еТвинери) и пристап до работниот простор за работа и колаборација – ТвинСпејс и Проектен дневник (TwinSpace и Pro-ject Diary). Порталот ги презентира исто така и примерите на добри

еТвининг партнерства и нуди идеи и насоки за подготовка на еТвининг партнерства. еТвининг порталите на одделните земји (таму каде што ги има) Ви нудат специфични информации важни за таа земја и често нудат нивни сопствени алатки и сервиси. Порталот, истовремено е одлична платформа која што служи за професионална надградба на наставниците преку онлајн учество во Настаните за учење и Работните групи.

Европскиот сервис за поддршка (ЦСП) исто така има свој повеќејазичен центар за помош (helpdesk) каде што Ви помaгаат искусни наставници од повеќе европски земји ([email protected]). Тие тесно соработуваат со соработници во националните советодавни служби и во рамките на нивните можности одговараат на Вашите прашања и Ве советуваат за еТвининг проектите во Вашето училиште.

Е-ТВИНИНГ

8

Речник на клучните термини

еТвининг Амбасадори Искусни еТвинери кои работат на локално и национално ниво за да дадат поддршка на другите наставници и да го промовираат еТвининг. Амбасадорите се назначуваат од нивните НСП (Национален сервис за поддршка).

еТвининг Галерија

Приказ на практични еТвининг примери. Проектите се селектирани од страна на НСП. Описите се базирани на интервјуа со наставници.

еТвининг Групи Групи во рамките на еТвининг заедницата за наставниците да дискутираат на одредена тематика или предмет .

еТвининг Десктоп

еТвининг десктоп е област за социјално вмрежување наменета само за еТвинерите. Функционалностите вклучуваат: креирање на профил, алатки за наоѓање на партнери и образовни ресурси.

Европски знак за квалитет (еТвининг)

Признание на европско ниво за иновациите и успехот во еден еТвининг проект. Ако најмалку два партнери во проекти имаат добиено Национален знак за квалитет, тогаш тие исти проектни партнери се наградени со Европскиот знак за квалитет од страна на ЦСП. Европскиот знак за квалитет се добива по автоматизам, еднаш годишно.

еТвинер Наставник вклучен во еТвининг и регистриран на еТвининг порталот.

еТвининг Европска акција што ја промовира колаборацијата и вмрежувањето преку употреба на ИКТ помеѓу училиштата во Европа.

Сертификат за Знак за квалитет Сертификат што се дава на сите еТвининг проекти одобрени од НСП. Тој може да биде симнат од Десктоп од страна на партнерите вклучени во проектот.

9

Знак за квалитет еТвининг ги наградува со Национален знак за квалитет и Европски знак за квалитет проектните партнери кои што имаат прикажано високо ниво на иновативности и успех во нивната проектна работа.

Интерактивна табла

Голем интерактивен екран кои што го поврзува компјутерот со проектор. Интерактивните табли обично се користат при групна работа на ученици кои користат компјутерски софтверски програми.

Интернет Интернет содржи огромен број на информациски ресурси и услуги, најмногу од нив меѓусебно поврзани ХТМЛ документи и инфраструктура за поддршка на електронска пошта, како дополнување на популарните сервиси како што се онлајн чет, трансфер на датотеки и размена на датотеки, онлајн игри, и ВоИП комуникација лице-кон-лице преку глас и видео. (Википедија)

Е-ТВИНИНГ

10

Интернет Безбедност

Позитивна, етичка употреба на онлајн ИКТ. Безбедноста се зголемува со подобра свест за проблемите и техничките решенија како што се филтри, анти-спај софтвер и безбедносни нагодувања на целата онлајн опрема.

Информациско-комуникациски технологии (ИКТ)

Општ, генерален, термин што вклучува било каков комуникациски уред или апликација (на пример, компјутер, мрежна опрема и сателитски системи, радио, телевизија и мобилни телефони) и услуги и апликации поврзани со нив (на пример, видео-конференциски системи и далечин-ско учење). ИКТ е често спомнувана во специјални контексти, како на пример, ИКТ во образование.

Јуропеан Скулнет Координативно тело за еТвининг на европско ниво, во име на Европската комисија.

Камп (еТвининг) Тоа е првата награда на годишното еТвининг натпреварување за награди. Кампот ги собира на едно место наставниците и учениците од победничките проекти по различни категории на наградување за да учествуваат во работилници и ИКТ активности на некоја сончева локација некаде во Европа. Кампот обично трае 4-5 дена.

Комениус еТвининг е акција во рамките на потпрограма Комениус на Европската Унија. Комениус се фокусира на претшколското, основното и средното училишно образование. Истата е од значење за сите членови на образовната заедница: ученици, наставници, локалните власти, здруженијата на родители, невладините организации, институциите за обука на наставници, универзитетите и други вработени во образованието.

11

Комениус Партнерства

Комениус Партнерства е акција во Комениус потпрограма што обезбедува одреден број на грантови на годишно ниво за колаборативни проекти. Еден еТвининг проект, истовремено може да биде и Комениус Партнерство.

еТвининг Конференција

Годишната еТвининг конференција е 2-3 дневен настан кој што собира на едно место преку 400 учесници (наставници, директори, НСП и соработници) за да дискутираат за иднината на еТвининг и да ги споделат успесите за време на церемонијата на доделување на еТвининг наградите. Конференцијата вообичаено се случува во февруари.

еТвининг Логирање

За да пристапат на еТвининг Десктоп и ТвинСпејс, наставниците мораат да бидат регистрирани. За да се логира, секој мора да има корисничко име и лозинка која се поставува при самата регистрација. Ако податоците за логирање и/или лозинката се изгубат, тогаш линкот ‘forgot your password’ им овозможува на наставниците да бидат известени преку електронска пошта за нивното корисничко име и новата лозинка.

еТвининг Мапа - База на податоци на еТвининг училишта и проекти од сите земји учеснички. Пребарување може да се прави според училиште, земја, регион или предмет.

еТвининг Награди

Европските еТвининг награди се доделуваат еднаш годишно, на наставници и ученици што прикажале извонредни резултати во некој еТвининг проект. Главните награди вклучуваат и учество на еТвининг камп.

Е-ТВИНИНГ

12

Најди еТвинер

Алатка за наоѓање на партнери за училиштата регистрирани за еТвининг. Од Десктоп, еТвинерите можат да пребаруваат според клучен збор или полиња или објава на порака на форумот за наоѓање на партнери.

еТвининг Настани за учење

Кратки интензивни онлајн настани за бројни теми што нудат вовед во одредена тематика, стимулираат идеи и помош во развивањето на вештини. Тие не бараат долгорочни обврски (дискусии, размислувања и лична работа се распоредени во рок од десет дена).

Национален знак за квалитет (НЗК)

Националниот знак за квалитет (НЗК) е признание на навионално ниво за иновациите и успехот во некој еТвининг проект. НСП ги доделува НЗК на наставниците кои успешно аплицирале за Знакот преку нивниот Десктоп на еТвининг порталот.

13

Национален сервис за поддршка (НСП)

Национален сервис за поддршка (НСП) е организација што го претставува и промовира еТвининг на национално ниво. Секој НСП обезбедува обуки и поддршка, организира настани и води медиумски и комуникациски кампањи на регионално и национално ниво.

еТвининг Опрема (eTwinning Kit)

Чекор-по-чекор упатство за успешни проекти кои имаат конкретни идеи за наставниците за тоа како да спроведат еден европски колаборати вен проект во нивната класа. Опремата може да биде употребена во целост или да биде прилагодена за специфичен контекст на настава.

еТвининг Партнери

Училишта, наставници и друг училиштен персонал кои се членови на еТвининг проект.

еТвининг Портал

Онлајн платформа www.etwinning.net што им овозможува на еТвинерите да спроведуваат еТвининг активности. Поединците мора да бидат регистрирани за да имаат пристап до алатките што се на располагање.

еТвининг Проект

Проектот го засновуваат најмалку две училишта од две различни земји. Мора да биде одобрен од НСП во двете земји.

Е-ТВИНИНГ

14

еТвининг Профил

На еТвининг Десктоп сите еТвинери можат да креираат свои лични и училишни профили преку кои други еТвинери ќе можат да гледаат и да учат за нив. Дополнително, секој проект има свој проектен профил каде деталите за проектот се достапни за другите да ги видат (еТвинерите можат да коментираат за проектот во Книгата за гости).

Работилници за професионален развој

Работилниците се насочени кон наставниците кои сакаат да ги подобрат нивните вештини во ИКТ и соработка. Работилниците се организираат од страна на НСП и ЦСП и се одржуваа во различни европски градови во текот на целата училишна година. Заинтересираните наставници аплицираат за учество во својот Национален сервис за поддршка.

Ресурси за учење

Сервис обезбеден од Јуропеан Скулнет што им овозможува на училиштата да најдат образовни содржини од различни земји и провајдери. еТвинерите можат да им пристапат на Ресурсите за учење преку нивниот еТвининг Десктоп.

Регистрација Кога наставниците се запишуваат во еТвининг, тие добиваат пристап до Десктоп со сите достапни алатки. Сите регистрирани наставници се проверени од нивните НСП со цел да се одржува базата на податоци за наставниците безбедна и доверлива.

Ресурси База на податоци или репозиториум од материјали за учење што се разменуваат помеѓу еТвининг училиштата. Ресурсите се достапни за училиштата и вклучуваат материјали изработени во еТвининг или оценети како корисни за еТвининг од страна на наставниците.

ТвинСпејс Безбедна колаборативна платформа за училиштата (наставници и ученици) за да ја користат во проектите. ТвинСпејс нуди приватност за секој проект и е достапен веднаш откако проектот е одобрен од НСП. ТвинСпејс може да бидат публикувани на интернет од страна на нивните администратори.

15

Централен Сервис за Поддршка (ЦСП)

Европска еТвининг канцеларија, водена од Јуропеан Скулнет (Euro-pean Schoolnet) во Брисел. ЦСП е одговорен за централна координација на еТвининг активностите низ Европа, што вклучува: управување на еТвининг порталот, обезбедување на мониторинг анализи, креирање на публикации, организирање на еТвининг Конференцијата и Кампот и координирање на педагошката и техничката поддршка за наставниците.

Чeт соба (соба за разговори)

Чет соба е онлајн простор за текстуални дискусии во реално време, кои можат да бидат еден-на-еден или групни дискусии. Сечиј ТвинСпејс е опремен со приватна чет соба за наставници и ученици за да ја користат при работа на проектот.