21
Стоматолошки факултет Скопје Етиологија на малоклузии- Локални етиолошки фактори Изработиле: Стефановиќ Бојана 6175 XVII гр. Таневска Сандра 6190 XVII гр. 1

Etiologija Na Malokluzii

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Opis na lokalnite faktori kako pricini za malokluzii

Citation preview

Page 1: Etiologija Na Malokluzii

Стоматолошки факултетСкопје

Етиологија на малоклузии- Локални етиолошки

фактори

Изработиле:Стефановиќ Бојана 6175 XVII гр.

Таневска Сандра 6190 XVII гр.

Декември, 2011

1

Page 2: Etiologija Na Malokluzii

ЗаболувањаЗaболувањата на темопоро-

мандибуларниот зглоб (ТМЗ) во раниот период од животот доведуваат до анкилоза и до заостанување во растот на мандибулата, па заради ова се развива потежок степен на мандибуларен ретрогнатизам.

Остеомиелитисот се дефинира едноставно како воспаление на коската или на коскената срцевина. Остеомиелитисот на коските на вилиците може да предизивика пореметување на растот на вилиците и да доведе до потешки степени на деформации. Според податоците за крвоснабдувањето, максилата и телото на мандибулата претставуваат locus minoris resistence и се поподложни на оваа инфекција, исто како и тибиата, фемурот, хумерусот и пршлените. Најчесто е предизвикан од S.aureus, a може да биде акутен и хроничен.

Аномалиите на вилиците и забите може да се јават поради појава на локални бенигни и малигни тумори. Доколку се локализирани во самиот дентален лак ќе предизвикаат дисхармонија на забите или нивните зачетоци, неправилности во денталниот лак и дијастеми. Во зависност од тоа каде се локализирани, може да доведат и до асиметрија на денталниот лак и лицето.

Периодонталните заболувања во поодминат стадиум може да доведат до мигрирање на забите и дијастеми меѓу нив.

2

Page 3: Etiologija Na Malokluzii

Изгорениците на лицето се истакнати како причина за малоклузија. Промените се јавуваат поради зараснувањето на раните и формирање на лузни, што од своја страна го успорува развојот на вилиците.

Трауми Поради развојот на општеството, човекот е се повеќе изложен на можноста за

повреда на телото, а особено на главата и лицето. Покрај ова доколку овие фрактури не се санираат навремено и правилно придонесуваат за развој на различни аномалии на лицето и забите.

Повредите во пределот на виличниот зглоб и вратот на кондилот оставаат тешки и трајни последици на мандибулата и долната третина на лицето. Ретрогнатија на мандибулата и скратена долна третина се едни од нив.

За време на млечната дентиција, децата се почесто изложени на паѓања, па според тоа и почести се траумите во фронталниот предел. Удар во пределот на горните млечни инцизиви, особено ако корените се доста ресорбирани може да предизивика нивна интрузија, што пак може да предизвика повреда на зачетоците на трајните заби кои ќе изникнат деформирани или со променета положба. Удар во пределот на трајните инцизиви предизвикува фрактура со триаглест облик.

Надворешен притисок

3

Page 4: Etiologija Na Malokluzii

Доволно силен и непрекинат притисок на вилиците во некои случаи може да предизвика направилности. Се смета дека доколку фетусот има неправилна положба при што на орофацијалниот предел има поголем притисок може да доведе до потешки деформации.

Нарушување на локалните функцииВо извесен број случаеви карактеристичните малоклузии може да се поврзат

со некоја неправилност на орофацијалните функции, затоа што при нивно отстранување се отстранува и неправилноста.

Неправилно голтање – често се смета за причина за малоклузија. Кај некои особи перзистира инфантилното голтање, кое е нормално до втората година од животот. При вакво голтање, забите се надвор од контакт, јазикот е меѓу забите, а напред има контакт со внатрешната страна на долната усна. Ова помага за развој на отворен загриз, а кај особи кои имаат предиспозиција за дистална оклузија се јавува и протрудирање на горните и ретрудирање на долните инцизиви. Се смета дека има наследна природа.

4

Page 5: Etiologija Na Malokluzii

Неправилна морфологија и функција на усниците – има значење за развој на некој од малоклузиите. Во физиолошко мирување, кога имаме усогласен раст и развој на скелетот на долниот дел од лицето и усните, усните остваруваат контакт без контракција на циркуморалната мускулатура. На овој начин се одржува сагиталнната положба на инцизивите. Ваквите усни Ballard ги нарекол компетентни. Кога во состојба на физиолошко мирување потребно е да се направи свесен напор за да се контрахира циркуморалната, а особено менталната мускулатура тогаш усниците се нарекуваат инкомпетентни. Кај ваквите случаи растојанието меѓу усните е различно. Многу изразените инкомптентни усни се од наследен карактер. Поради ваквиот неправилен однос на усните спрема забите и вилиците може да настанат неправилности во инклинацијата на горните инцизиви кои што не се наоѓаат под контрола на долната усна. При никнување горните инцизиви се поставуваат преку долната усна. Контракцијата на долната усна при голтање и др.функции ќе ја зголеми протрузијата на горните, но ќе доведе и до ретрузија на долните инцизиви. Ова е особено изразено кај оние со предиспозиција за дистален загриз. Кај особи со изразена ретрогнатија на мандибулата и протрузија на горните инцизиви, инкомпетенцијата може да биде само израз на оваа сагитална нескладност. Овие усни се потенцијално компетентни бидејќи со исправање на оваа неправилност усните ќе станат компетентни

Дишење на уста – нарушувањето на оваа функција може да настане заради причини локализирани во носната празнина кои што доведуваат или до опструкиција или до редукција на назофарингеалниот простор. Овие индивидуи кои имаат пречки во назалната празнина имаат и промени во лицевиот скелет во однос на забите поради нарушен однос на надврешните и внатрешните структури. Мандибулата има ретрогена положба, тесна максила со протрузија на забите во фронотот, високо непце, одвоени се усниците и јазикот ја исполнува целата усна празнина. Присутен е отворен загриз и долната половина на лицето е зголемена.

Ако не постојат пречки во назалната или дел од оралната празнина, тогаш дишењето на уста се смета за навика и се претпоставува дека е наследна предиспозиција. Во зависност од времетраењето може да доведе до орофацијална неправилност.

5

Page 6: Etiologija Na Malokluzii

Потреба е да се направи етиолошка дијагноза за дишењето на уста и според тоа да се одреди терапија.

Неправилно џвакање – за ова постојат спротивставени мислења. Сепак се смета дека ако постои неправилно џвакање во млечната дентиција ќе изостане мезијализацијата на долната вилица поради тоа што нема абразија на забите. Поради ова трајните молари ќе се постават не правилно и оклузијата ќе се поремети. Покрај ова и самочистењето е намалено.

Лоши навики Застапеноста на лошите навики е различна и се движи од 15 до 52 проценти

во зависност од истражувањата. Во зависност од времетраењето, интензитетот и начинот на изведување на лошата навика, ќе имаме различен степен на изразеноста на деформитетите на забите и вилиците.

Цицање на прст ( шмукање ) – особено на палецот е најчеста лоша навика која се развива во текот на инфантилниот период и често се пренесува и на млечната дентиција, а може и на мешовитата или трајната дентиција. Во поголем број од случаите оваа навика се губи до крајот на втората година без впечатиливи промени. Ако оваа навика продолжи до петтата година може да ја наруши оклузијата на фронталните заби. Ако се јави кај наследно условена малоклузија од II класа 1 одделените и има подолго времетраење се забележуваат трајни последици. Карактеристични се три појави: протрузија на горните заби, ретрудирање на долните и интрузија и на едните и на другите. На овој начин се зголемува инцизалното растојание и имаме отворен загриз во овој предел. Кај овој вид на малоклузија за разлика од порано сега се верува дека оваа навика само ја влошува состојбата. Доколку оваа навика се пренесе и на мешовитата дентиција тогаш се зголемуваат сериозноста на оклузалните неправилности. Значи може да се јави потежок степен на отворен загриз, затоа што за неговиот развој покрај лошата навика,

6

Page 7: Etiologija Na Malokluzii

допринесува и пореметената функција на орофацијалната мускулатура. Доколку во овој стадум не се спречи лошата навика нема да дојде до спонтана корекција на малоклузијата.

Цицање на долната усна – претставува секундарна навика и не се забележува при нормален сооднос на вилиците. Меѓутоа кај II класа 1 одд. цицањето на долнат усна е последица на малоклузијата. Поради големото инцизално растојание, долната усна се интерпонира меѓу горните и долни инцизиви и ја влошува нивната положба.

Буткање со јазикот – може да биде последица или причина на малоклузија- отворен загриз. Тоа е всушност секундарна навика и се среќава обично при инфантилното голтање. Буткањето нанапред ги протрудира инцизивите и го оневозможува нивното никнување, додека забите во дисталната регија продолжуваат да растат па се развива отворен загриз во фронтот. Ако јазикот се интерпонира и помеѓу дисталните заби тогаш и отворениот загриз се шири и на овие заби.

ХипердонцијаПрекубројните заби може да

бидат причина за малоклузија и во двете дентиции. Најчесто предизвикуваат тескоби на низовите. Атипичните прекубројни заби по правило предизвикуваат некакви аномалии особено во пределот на горните инцизиви. Последици од прекубројните заби се: тескоба, ротација и инклинација на забите, неизникнување на трајните заби, дијастема медијана и др.

ХиподонцијаПоследиците од хиподонцијата се гледаат и во млечната и во трајната

дентиција. Во млечната дентиција поради недостаток на горниот латерален инцизив се сретнува растреситост на горниот забен низ и голема дијастема медијана. Доколку недостасуваат трајните горни латерални инцизиви се јавува дијастема медијана и дијастеми меѓу централните инцизиви и канините. Можно е да перзистираат и млечните канини, поради непотполна ресорпција потпомогната со трајните канини, кои мигрирале и израснале помеѓу централниот инцизив и

7

Page 8: Etiologija Na Malokluzii

млечниот канин. Недосатокот на вторите премолари резултира со перзистенција на вторите млечни молари. Кај појако изразен степен на хиподонција длабокиот загриз е редовна аномалија.

Макродонција и микродонцијаМакродонцијата предизвикува тескобност на забните низови, затоа што се

работи за несразмерен однос во вкупната големина на забите и алвеоларните гребени. Наспроти ова микродонцијата е секогаш здружена со растреситост на забните низови.

Неправилна положба на зачетоците на забитеНеправилностите во положбата на зачетоците на забите се чести и

разновидни: ротација, инклинација, транспозиција, хоризонтална положба итн. Неправилната положба на зачетоците е најчеста кај горните трајни канини, долните трети молари и горните и долни втори премолари. Неправилности во положбата на млечните заби се многу ретки. Искосеноста на положбата на горните канини доведува до нивно никнување во вестибулумот, на палатумот или до импактирање. Долните канини во ретки случаи ја поминуваар медијалната линија и се наречени уште и заби скитници. Третите молари најчесто се среќаваат во хоризонтална положба. Премоларите остануваат почесто орално.

8

Page 9: Etiologija Na Malokluzii

Лабијален френулумНормално при раѓање frenulum labii superioris e во контакт со papilla icisiva. Со никнувањето на млечните заби френулумот се повлекува нагоре. Ако не дојде до повлекување ќе се појави дијастема меѓу централните инцизиви. Перзистирањето на фенулумот и после никнувањето на трајните инцизиви и канините и дијастемата остане потребно е да се направи frenulectomia.

Ран губиток на забите

Ран губиток на млечните заби

9

Page 10: Etiologija Na Malokluzii

Раниот губиток на млечните заби е веројатно најчестиот причинител на малоклузии кај нашите деца.Кога би се спречил, одложил или просторот после губитокот на одредени млечни заби би се зачувал за нивните заменици, фреквенцијата на малоклузиите би се намалила за околу 30%.Доприносот на стоматологијата затоа овде може да биде позитивен и негативен : позитивен ако со благовремена интервенција се оневозможи раниот губиток на млечните заби и со тоа да се спречат последиците, а негативен ако децата со кариозни млечни заби се препушти на судбината.

Важноста на проценувањето на постоечкиот простор во време на млечната дентиција и зачувувањето на млечните заби до оптимално доба не може доволно да се нагласи, затоа што губитокот на два млечни молари може да има драматични последици : нормалното да го претвори во ненормално.Така, кај лицата со тендеција за развој на нормална оклузија, зачувувањето на млечните заби овозможува таквата тенденција да се круниса со нормална оклузија.

Предвремениот губиток на сите заби не е пратен со исти последици.Губитокот на инцизивите многу ретко може да влијае на пореметувањето на развојот на нормалната оклузија, но затоа предвремениот губиток на канините и моларите е од исклучително значење.

На раниот губиток на вторите молари мора да се обрне најголемо внимание, дури и кај деца со добри услови за развој на нормална оклузија.Ако кариесот на овие заби не се санира благовремено и дојде до нивна предвремена екстракција, тогаш првите трајни молари, доколку се никнати, мезијално се наведнуваат и мигрираат и така го затвораат делот од просторот наменет за вторите премолари.Доколку тоа се случи пред никнувањето на првите трајни молари, со никнувањето на овие заби, просторите за вторите премолари може речиси и потполно да се изгубат.Поради тоа, вторите премолари подоцна ќе никнат во орален правец (почесто) или ќе останат импактирани (поретко).При мигрирање на првите трајни молари во ослободениот простор, доаѓа не само до нивно инклинирање нанапред, туку и во орален правец, а и до нивно ротирање, особено кај долните молари.

Раниот губиток на првите молари ќе има слични последици како и губитокот на вторите молари.Ако овој заб рано се изгуби, првиот траен молар, заедно со

10

Page 11: Etiologija Na Malokluzii

вториот млечен, ќе мигрира нанапред без наведнување и ротација.Млечниот канин ќе се помери во спротивен правец, па така ќе се смалува просторот потребен за првиот премолар или за трајниот канин, зависно од редоследот на нивното никнување : во горната вилица почесто ќе биде загрозен просторот за канинот, а во долниот за првиот премолар.Ако дојде до истовремен ран губиток на двата млечни молари, првиот траен молар мигрира нанапред, а

трајните инцизиви и млечните канини назад; ако губитокот е едностран, настанува пореметување на инцизивната средина.

Раниот губиток на млечниот канин настанува поретко заради кариозен процес, отколку кај млечните молари.Доколку на неговото рано испаѓање му претходи ресорпција на неговиот корен од страна на трајниот латерален инцизив, тоа укажува на тескобност на забната низа од поголем степен.Последицата е губиток на просторот за трајниот канин, почесто во горната отколку во долната низа.Поради тоа многу е честа неправилната положба на овој заб.Секако дека дел од просторот за трајниот канин завземаат и забите дистално од млечниот канин.Кај едностран ран губиток на млечниот канин, со текот на времето се воспоставува и различен оклузален однос на забите на едната и другата страна.

Раниот губиток на поедини или повеќе млечни заби, освен локални последици, може да предизвика и други посложени последици како на поедини групи заби, така и на забните низови во целина и нивниот однос во оклузија.

Пред се, раниот губиток на поедини млечни заби го прекинува континуитетот на забниот низ, поради што настанува мигрирање на соседните заби кон ослободениот простор, па низот се скратува.Ако губитокот е едностран, се пореметува средината на долните и горните инцизиви така што инцизивната средина мигрира кон ослободениот простор.Губиток на просторот за перманентните заби може да настане и со разорување на апроксималниот дел на коронката на млечниот заб со

11

Page 12: Etiologija Na Malokluzii

кариес.Последиците на раниот губиток на млечните заби врз меѓусебниот однос на забните низови се повеќестрани и разнолики, а најупадливи се во пределот на инцизивите.Кај лица со нормален однос на вилиците, добро развиени нивни базални делови и правилна функција на мускулите, раниот губиток на млечните заби во потпорниот предел не мора да има неповолно влијание на меѓусебниот однос на инцизивите.Меѓутоа, ако постои склоност за развој на проген загриз, раниот губиток на млечните заби во горниот низ, може, заради скратување на низот, да доведе со воспоставување на обратен преклоп на секачите.Губитокот на долните бочни млечни заби кај лицата со принуден проген загриз може да доведе до колапс на долните секачи во лингвален правец, што за последица може да има спонтана корекција на обратниот преклоп на секачите.Кај лица со права прогенија или потежок степен на песудопрогенија, таква спонтана корекција не може да се очекува.Губиток на повеќе млечни бочни заби кај лица со проген загриз води до продлабочување на загризот и мезијална проекција на долната вилица.

Ран губиток на бочните млечни заби во долната вилица кај лица со малоклузија II класа 1. одделение предизвикува лингвален колапс на долните секачи, поради што се зголемува инцизалното растојание, а оригиналната аномалија се влошува.Наспроти тоа, ран губиток на бочни горни млечни заби нема значајно влијание на положбата на горните секачи, делумно и заради положбата на долната усна, која лежи зад овие заби.Кај лица со малоклузија II класа 2. одделение, раниот губиток на бочните млечни заби има, воглавно , за последица продлабочување на и онака длабокиот загриз.

Заради раниот губиток на млечните молари може да се менува мезиодисталниот однос на првите перманентни молари.Ако губитокот настанал само во максилата, со мезијално мигрирање на првите горни трајни молари се остварува нивен подистален однос со соодветните долни заби од оној кој постоел пред губитокот на млечните заби.Кога тоа ќе се случи само во долниот низ, долните први трајни молари се поместуваат напред и остваруваат мезијален однос со горните од оној пред губитокот на забите.Покрај тоа, мезијалното навалување на првите трајни молари, комбинирано со лингвално навалување, е причина за продлабочување на загризот.

На последиците од раниот губиток на млечните заби не може да им се пристапува круто, догматично.Во рамките на т.н исти случаи може да постојат индивидуални варијации.Меѓутоа, треба да се истакнат некои општи запазувања.По раниот губиток на млечните заби, брзината и степенот на губиток на просторот ќе зависи, пред се, од забот кој е изгубен, животното доба во кое тоа се случило и од расположливиот простор во целата забна низа.Губиток на просторот набрзо настанува после отстранување на вторите млечни молари, особено долните, и канините : во првиот случај најмногу заради мезијално

12

Page 13: Etiologija Na Malokluzii

поместување на првите трајни молари, а во вториот повеќе заради дистално поместување на трајните секачи, а помалку заради мезијално поместување на бочните заби.Колку е помладо животното доба во времето на екстракцијата на млечните заби, толку степенот на губиток на просторот ќе биде поголем.Најголем и најбрз губиток на просторот настанува кај лица со примарна тескоба на забите.Кај лица со сразмерна големина на трајните заби и алвеоларните гребени, губитокот на просторот настанѕва само кога млечните заби се вадат многу рано – кога времето меѓу екстракцијата на млечните заби и оптималното доба на нивното испаѓање е долго.Кај лица со вишок на простор во забните низови, кај примарна растреситост, до губиток на простор нема да дојде независно колку рано се вадат млечните заби.Се разбира, ако млечните заби се извадат во време кога развојот и никнувањето на нивните заменици напреднал, нема да има последици, бидејќи трајните заби служат како чувари на просторот.

Така, може да заклучиме дека млечните заби не служат само за мастикација, туку и како чувари на просторот за нивните заменици – трајните заби.Служат и за одржување на спротивните заби во соодветно оклузално ниво.Раното откривање и згрижување на кариесот на млечните заби, реконструкција на целата нивна коронка во случај на губење на поголеми површини, особено апроксималните, и чување на просторот во забните низови по рана екстракција на млечните заби ќе влијае далеку повеќе за поттикнување на развојот на нормална оклузија, отколку било каква ортодонтска терапија.

Ран губиток на трајните заби

Раниот губиток на трајните заби мора да се смета за исто толку штетно за развојот и одржувањето на нормалната оклузија како и раниот губиток на млечните заби.

Многу голем број деца губат еден или повеќе трајни први молари заради кариес и негрижа.Ако тој губиток се случи пред комплетирање на трајната дентиција, пореметувањата ќе бидат особено изразени : скратување на забниот низ на страната на изгубениот прв молар или на двете страни кај билатерален губиток, навалување на соседните заби спрема празниот простор со ротација, претерано никнење на спротивните заби и периодонтални промени, се најважните последици од раниот губиток на првите трајни молари.Впрочем, се пореметува оклузалната рамнотежа и се пореметува функцијата.

Губитокот на другите трајни заби нема така драстични последици, но губитокот на премоларите и канините треба секако да се оневозможи.И раниот губиток на централните инцизиви, особено горните, може да има како последица

13

Page 14: Etiologija Na Malokluzii

поместување на инцизивната средина и значајно смалување на просторот за овој заб повеќе заради поместување на соседниот централен инцизив, отколку латералниот инцизив.

Перзистенција на млечни заби

Во минатото перзистенцијата на млечните заби се обвинувала за настанување на некои малоклузии без собирање на научни докази.Нема сомнеж дека ваквото мислење, заради насобраните докази, мора од основа да се измени.Имено, во далеку повеќе случаи перзистенцијата на млечните заби е последица на погрешен правец на никнење на трајните заби – заменици, а не причина за тоа.Тоа најчесто се запазува кај долните секачи : трајните никнуваат поорално од своите претходници и така не предизвикуваат благовремена ресорпција на млечните секачи, кои затоа траат подолго.Вакви појави се запазуваат и во пределот на горните и долните канини, каде млечните канини перзистираат заради погрешен правец на никнење или пак импакција на трајните канини.Меѓутоа, кога еден од некои од трајните заменски заби ќе никне погрешно, не вршејќи ресорпција на својот млечен претходник, тогаш перзистирачкиот млечен заб станува пречка за правилно поставување на соодветниот траен заб под функционални влијанија.Затоа, како превентивна мерка треба благовремено да се извадат млечните заби кои перзистираат.

Постои една докажана ненормална состојба на перзистенција на млечни заби, која е директен причинител на оклузални пореметувања : анкилоза на млечни молари.Кај релативно голем број лица, во една фаза на нормален развој на оклузијата, настанува идиопатска анкилоза на корените, најчесто долните и горните втори млечни молари, а и првите.Таков заб, со сраснати корени за алвеоларната коска, почнува да заостанува во растот и со текот на времето доаѓа во инфрапозиција во однос на антагонистите.Ова привидно "тонење" може да оди до таму млечниот молар после повеќе години да се најде дури во алвеоларниот процесус : не затоа што потонал, туку затоа што соседните дентоалвеоларни структури го надраснале.Зависно од степенот на заостанување во растот на анкилозираниот заб, соседните заби може да се навалуваат кон него и да завземат поголем или помал дел од неговиот простор, што претставува губиток на простор за трајниот заменски заб.Доколку анкилозата ги зафатила

14

Page 15: Etiologija Na Malokluzii

двата млечни молара, билатерално и бимаксиларно, може да дојде до некои видови латерално отворен загриз во овие предели.Секако, состојбата може да биде и унилатерало.Благовремено запазување на анкилозата на млечните молари и пратење на напредувањето на последиците води до вадење на овие заби во право време, за да се овозможи никнување на заменскиот заб.

Генерализирана перзистенција на млечни заби е речиси секогаш последица на некои општи пореметувања и не треба да се смета за примарен причинител на малоклузија.Присутна е кај Sy. disostosis cleidocranialis.

Неправилно лечење

За да се постигне оптимален резултат, ортодонското лечење треба не само добро да се испланира, туку и правилно да се изведе.Ако терапискиот план е нессодветен или не се изведува добро, може како компликација да се развие нова малоклузија.Ако во некои случаи планот на терапија не се усогласи со процесите на раст, со време дури може да се поремети оклузијата во антеропостериорен смер.После завршено ортодонтско лечење, при што е вршено ширење на забните лакови или поместување на забите по должината на низата, честа е појавата на предвремен контакт.Иако тоа е обично транзиторна пречка, сепак претставува сериозно предупредување за оние кои се занимаваат со ортодонтско лечење.

15

Page 16: Etiologija Na Malokluzii

Користена литература

- Google image - Ortodoncija – Milan Markovic , Medicinska knjiga - PREMATURE LOSS OF TEETH- Teeth development in children | Better Health Channel

16

Page 17: Etiologija Na Malokluzii

17