30
Е-ОПШТЕСТВО Центар за електронско учење - Штип

Elektronsko opstestvo

Embed Size (px)

DESCRIPTION

e opstestvo

Citation preview

Page 1: Elektronsko opstestvo

Е-ОПШТЕСТВО

Центар за електронско учење - Штип

Page 2: Elektronsko opstestvo

Информатичкото општество е општество базирано врз делотворна примена на информациите овозможена од забрзаниот развој и од се поголемата употреба на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ).

Развојот и навлегувањето на информатичко-комуникациските технологии во сите пори на општеството има големо влијание врз економските и социјалните промени во него. Глобалните комуникации, електронската трговија и Интернетот му носат многу придобивки, уште поголем развој, економска експанзија и демократија на развиениот свет.

Интензивниот и брз развој на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) доведуваат до омасовување и неминовност на нивната употреба, диверзитет во нивното користење, спремност на постојана и брза иновација како и спремност за навремена и адекватна реакција и промена на општествата. Денес, повеќе од било кога, ИКТ не го дефинираат општеството само од аспект на пристап до информации туку ја диктираат неговата трансформација во општество на знаење, стручност и вештини.

Е-ОПШТЕСТВО

Page 3: Elektronsko opstestvo

Е-ОПШТЕСТВО

Page 4: Elektronsko opstestvo

ИНТЕЛЕКТУАЛНА СПОСОБНОСТ

Заштитата на авторските права и патентите заедно се нарекува „интелектуална сопственост“. Со примената на одредени законски регулативи и стандарди во оваа област се појавија интересни проблеми.

Без поттик за профит, малку луѓе би трошеле време, енергија и ресурси за создавање нова сопственост. На пример ако фармерот изгради нов плуг и секој може да дојде на неговата фарма и да му го земе и присвои плугот, фармерот веројатно нема да изгради уште еден плуг. Ефектот од напуштање на сопственички права би било пад во економската активност, што би довело до осиромашување на едно големо општество.

Истото мислење се применува и за интелектуалната сопственост. Ако писатели, научници и артисти на можат да профитираат од нивниот труд, ваквата активност може да опадне повторно водејќи кон осиромашување на општеството.

Page 5: Elektronsko opstestvo

Но постојат разлики помеѓу физичките и интелектуалните способности. Една работа е, интелектуалните способности може да бидат копирани, додека физичките способности не можат. Некој може да го копира дизајнот на плугот (интелектуална способност), но ако некој сака да поседува плуг (физичка способност), тој мора истиот да го изработи, а за тоа се потребни материјали, енергија и време. Поради тоа копирањето на интелектуална способност не е исто како и крадењето на физичката способност.

Уште една разлика помеѓу физичката и интелектуалната способност е тоа што само една личност може да поседува одредена способност, но голем број луѓе може да поседуваат физичка способност. Само една личност може да го поседува дизајнот за плугот, но поголем број луѓе можат да изградат и поседуваат плугови направени според тој дизајн. Дури и кога повеќе од еден изумител независно создадат интелектуална способност, интелектуалната способност мора да биде препишана и да припаѓа на само еден изумител.

Page 6: Elektronsko opstestvo

Постојат четири признати начини со кои луѓето ги заштитуваат нивните интелектуални способности и секој од овие пристапи има одредени ограничувања.

Четирите пристапи се: заштитен знак, деловни тајни, патенти и авторски права.

Page 7: Elektronsko opstestvo

Заштитни знаци се симболи, имиња или слики кои компаниите ги користат за препознавање на нивните компании и производи. Сервисните ознаки се скоро истата работа, но тие ја идентификуваат услугата, како на пример осигурување, отколку производ. Кодак логото е заштитен знак.

Заштитни знаци се доделени од владата, и тие може да имаат долг живот. Заштитен знак доделен од УС Патент или Канцелеријата за Заштитни знаци има договор за 10 години и може да биде обновен неограничено уште 10 години. Пријавувањето е релативно ефтино и може да чини неколку стотина долари. Обновувањата исто така чинат и со секое обновување сопственикот мора да приложи писмена изјава под заклетва за употреба, која ја докажува употребата на заштитниот знак.

Компанија може да ги изгуби своите ексклузивните права за корситење на заштитниот знак ако терминот што го користат стане дел од јазик. Во Британија зборот “хоовер” станал многу чест збор за правосмукалка затоа Хоовер повеќе не е заштитен знак во Британија (меѓутоа Хоовер останува заштитен знак во САД).

ЗАШТИТНИ ЗНАЦИ И СЕРВИСНИ ОЗНАКИ

Page 8: Elektronsko opstestvo

Најпрво, деловна тајна е токму тајна чувана од компанијата бидејќи тајната и обезбедува на команијата предност на пазарот. Позната деловна тајна е формулата за производство на кока-кола. Името кока-кола е заштитен знак, а некои велат дека е најпрепознатливиот заштитен знак во светот. Формулата за кока-кола е деловна тајна и сеуште станува збор за истата формула која била измислена во 1886 година од Јохн Пембертон, фармацеут од Атланта, Џорџија. Во секој случај, формулата секогаш била успешно чувана деловна тајна и истата се чува во сеф во Џорџија.

Создавачите на софтвери може да ја заштитат нивната работа со чување на кодовна тајна. Во раните денови на компјутерството потрошувачите често добивале изворен код за софтверот на кој работеле. Меѓутоа, бидејќи и софтверот станал ценет како вредна интелектуална способност, издавачите на софтвери почнале да ги сметаат нивните изворни кодови како деловна тајна. Она што се доставува до потрошувачите денес е скоро секогаш објективен код, на машински јазик кој не е лесен за читање од страна на луѓето.

ДЕЛОВНА ТАЈНА

Page 9: Elektronsko opstestvo

Она што потрошувачот го купува денес не е сопственост на софтверот, туку лиценца за користење на софтверот; додека добавувачот на софтверот останува сопственик на интелектуалната способност.

Сопственикот мора да го ограничи пристапот до информацијата и само оние со одобрение може да дојдат до неа. Изворниот код, на пример може да се чува во сигурносни архиви. И покрај тоа што кодот е во сигурносни архиви, мора да се биде “буден” при давањето пристап на овластени лица. Сопствениците мора да бараат од оние кои ќе имаат пристап до информацијата да потпишат договор да не откриваат ништо за кодот на никого. Ваков договор се нарекува “договор за необелоденување” и може да се бара од секој вработен како и секој аутсајдер кој има потреба да го види изворниот код. За да ги заштитат правата на деловната тајна, сопственикот мора да го означи секој материјал поврзан со тајната како сопственост.

Деловна тајна може да трае неограничено и не чини ништо освен да се биде сериозен околу заштитата на тајната. Судовите ќе ги спроведат сопственичките права на деловната тајна, се додека сопственикот остане истраен во напорите да се заштити неговата тајна.

Page 10: Elektronsko opstestvo

Патентите ги заштитуваат интелектуалните способности на изумителот за ограничен временски период. После 20 години патентирана идеја станува јавна сопственост и секој може да ја користи. За времетраењето на патентот, патентот му дава право на сопственикот да ги спречи другите за правење или користење на изумот освен ако сопстевеникот не одобри. Целта на барањето на патент, кој често чини многу илјада долари е да се добие заштита од конкуренцијата за да може изумителот да го изнесе на пазар и да профитира од него. Патентот е краткотрајно монополско право дадено за да се награди изумителот.

За да може да се патентира изумот тој мора да биде нов, неочигледен и корисен. Од 1981 година софтверот се патентизира во САД, ако софтверот е дел од патентизиран уред. Воглавно софтверот не се патентизира бидејќи “научните вистини” и “математичките изрази” на научни вистини не се патентизираат.

ПАТЕНТИ

Page 11: Elektronsko opstestvo

АВТОРСКИ ПРАВААвторски права се однесуваат на пишани и уметнички дела и

истите му даваат на авторот на делото ексклузивни права за копирање, дистрибуирање, изведба и приказ на делото и му дава ексклузивни права на авторот за секое продолжение. Авторот може да биде поединец, група од поединци или компанија. Авторското право на дело создадено од вработен за време на неговото работење и припаѓа на компанијата за која работел.

Со авторски права се заштитува одреден израз на идеја, а не самата идеја. Да се добие авторско право за едно дело е без пари и автоматски. Веднаш штом некој ќе создаде некое дело, тој/таа ги поседува авторските права на тоа дело. Законот не бара тоа дело да биде објавено, дури не бара и да се издаде белешка за авторски права за тоа дело. Сепак добро е да се стави белешка за авторски права на самото дело користејќи го симболот ©, следен од годината на создавање и името на авторот. Вакви известувања често му даваат на авторот посилна позиција во суд кога тужите некој прекршител.

Page 12: Elektronsko opstestvo

Иако не е потребно да се обезбеди заштита за авторски права, авторот може да регистрира авторско право кај владата. Ваквото регистрирање создава јавна евиденција за авторското право и ја зајакнува идната позиција во судот ако некој подоцна направи прекршок врз делото. Успешно гонење на прекршителот ќе резултира со плаќање на судските и законските трошоци за гонењето исто така и други надомести кои ќе ги одреди судот. Заштитата на авторски права продолжува од датумот на создавање до 70 години по смртта на авторот. Ако авторските права се на компанија, заштитата се продолжува до 120 години од датумот на создавање или 95 години од датумот на издавања што е пократко.

Софтверските компании обично ја заштитуваат нивната интелектуална способност со дистрибуирање на објективен код како деловната тајна која ќе биде доверлива. Она што потрошувачот го купува не е самиот софтвер, туку лиценца за користење на софтверот. Обично лиценцниот договор му дозволува на корисникот да направи копија од софтверот за подршка, но понекогаш може да не го дозволи тоа. Корисникот не може да го копира софтверот и да го дистрибуира на друг, без нарушување на авторските права.

Page 13: Elektronsko opstestvo

Иако Хипократовата заклетва не ги користи точните зборови, "Прво, не прави штети", ова е водечко чувство кое компјутерските научници сакаат да всадат во сите области на информатиката.

Критичен софтвер

На прв поглед, можеби сеуште не е јасно зошто етичките прашања во компјутерската наука се толку важни. На пример, во медицината лесно е да се согледа важноста на етиката, бидејќи лекарот го има во неговите или нејзините раце животите на пациентите. Сепак факт е дека лошите софтвери може да бидат опасни исто како лош лекар. Од овие причини компјутерските научници го земаат развојот на софтверските програми сериозно, исто како што архитектонски инженери ја земаат во предвид конструкцијата.

Асоцијацијата за компјутерски машини, како професионална организација за компјутерските научници, создаде етички кодекс во 1992 година.

Како и Хипократовата заклетва за лекарите, АЦМ кодот ги предупредува компјутерски научници да го предупредат клиентот на сите ризици, да бараат нови насоки, кога практиката не е сигурна.

ЕТИЧКИ ПРАШАЊА

Page 14: Elektronsko opstestvo

Најшироката дефиниција за хакер ќе биде компјутерски експерт кој е способен за паметни или необични решенија за компјутерските проблеми. Потесна дефиниција за хакер е некој кој добива неавторизиран пристап до компјутерските системи или врши злонамерни или деструктивни компјутерски активности, како на пример обезличувањето на веб-страницата на одредена компанија.

Заедничко за двете дефиниции е експлоатацијата на непознати или слабо документирани карактеристики. Хакерите уживаат во изнаоѓање на тоа како еден програм работи повеќе од било кој друг.  

Сепак добрите и лошите хакери, имаат слични особини. Она што прави разлика помеѓу нив е нивната етика. Некои можат да добијат пристап но не прават ништо туку само го пријавуваат проблемот во софтверот на компанијата која го развила. Други, пак, се таму за да направат штета. Некои го нарекуваат првиот тип на хакери " хакери со бела капа ", а вториот " хакери со црна капа".

Некои луѓе велат дека " хакерите со бела капа ", иако сеуште нелегално, вршат важна услуга и треба да се поздрават или барем да се сместат во рамките на компјутерските заедници. Други тврдат дека целта не може да ги оправда средствата и дека вршењето на нелегален чин е погрешно, дури и ако целта е спречување на други незаконски дејности.

ХАКИРАЊЕ

Page 15: Elektronsko opstestvo

КОМПЈУТЕРИТЕ ВО БИЗНИСОТ

Значењето на електронската трговија се менувало во текот на изминатите 30 години. Во почетокот под електронска трговија се подразбирало електронско олеснување на комерцијалните трансакции, користејки технологија како EDI и EFT. Електронската трговија вклучува комуникација и купопродажба помеѓу клиенти, бизниси и посредници. Електронската трговија наједноставно може да се дефинира како купување и продавање преку интернет. Електронскиот бизнис упатува на пошироко дефинирање на електронската трговија и вклучува не само купување и продавање на добра и услуги туку и опслужување на клиентите, соработка со бизнис партнерите, електронско учење и вршење на електронски процеси и трансакции во рамките на самата компанија.

Електронската трговија има три форми зависно од степенот на дигиталност, продуктот, процесот и добавувачкиот застапник. Сите три форми можат да бидат физички или дигитални. Зависно од тоа имаме чиста, односно делумна електронска трговија.

Page 16: Elektronsko opstestvo

Чиста електронска трговија имаме кога целиот бизнис се одвива преку интернет. Што значи дека компанијата нема никаква инволвираност во физичкиот свет. Чистите интернет бизниси можат да остваруваат високи приходи како резултат на релативно ниските фиксни трошоци и скоро непостоечките варијабилни трошоци.

Делумна електронска трговија среќаваме кога една компанија главниот дел од својот бизнис го одвива во физичкиот свет, а сепак извршува одредени on-line активности.

Скелетот на електронската трговија го сочинуваат:

•на самиот врв се апликациите на електронската трговија ( директен маркетинг ), барање работа, on-line банки, Е-влада, аукции и др.

•сервиси за поддршка (луѓе, маркетинг и рекламирање, бизнис партнерство )

•инфраструктура

Page 17: Elektronsko opstestvo

Широко географско покривање - Бизнисот има пристап до клиенти насекаде, без да мора да отвора локални ограноци;

Минимизација на трговскиот синџир - Продавачите може да го контактираат клиентот директно(непосредно) и без посредници;

Намалени оперативни трошоци - Оперативните трошоци се намалени благодарение на фактот дека бизнисот може да ги услужнува клиентите при минимални трошоци. Исто така, како што расте бројот на клиентите на е-продавницата, трошоците за да ги услужите се намалуваат;

Работа 24 часа - Интерентот е веројатно единствениот канал за услужнување на клиентите кој им овозможува на клиентите да купуваат во текот на 24 часа дневно;

Алатка за маркетинг - Бизнисот може да го користи потенцијалот кој го овозможува Интернетот во смисла на понуди, менаџирање и информирање на клиентите, статистички податоци за бројот на посетителите и продажбите.

Предности на електронскта трговија се:

Page 18: Elektronsko opstestvo

Електронската продавница Ве донесува поблиску до клиентите, бидејќи тие имаат директен пристап до информациите кои вие ги обезбедувате. Исто така, ја имате и можноста да го анализирате пазарот, потпирајќи се на купувачките навики на клиентите.

Главните предности помеѓу другите би можеле да ги класифицираме и како:

Зголемување на продажбата на производите и услугите; Непосредно задоволување на потребите на клиентот на поефикасен начин; Непосредно обезбедување на информации до клиентите за новите

производи со цел истите подобро да се запознаат со производите; Подобрување на контактот со клиентите;

Еден од проблемите со е-трговијата е оданочувањето. Судовите ја отфрлија можноста дека бизнисот преку пошта не може да биде предмет на продажба државните даноци се додека компанијата не имаат физичка присуство во таа држава, и интернет трговците работат според ова правило

Page 19: Elektronsko opstestvo

Компјутерите се вклучени во образованието со пронаоѓањето на персоналниот компјутер.

Интеракција со деца

Пред дваесет години, компјутер во училницата беше реткост, нешто на што наставниците и учениците се восхитуваа но не и централен дел на образовното искуство. Денес, компјутерите се честа појава во училниците, а децата редовно ги користат како на училиште така и дома. Националниот центар за образовна статистика објави дека 90 % од децата користат компјутери или на училиште или дома, или и на двете места, а околу половина од нив го користат интернетот.Една од главните цели на примената на компјутерите во образованието е: да се запознаат децата со користењето на компјутерит и, да го подобрат своето учење.

КОМПЈУТЕРИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Page 20: Elektronsko opstestvo

ДАЛЕЧИНСКО ОБРАЗОВАНИЕ (Е-УЧЕЊЕ)

Е-учењето ги опфаќа сите нивоа на учење, било да е формално или неформално, ја користи информационата мрежа- интернет, интранет (LAN) и екстранет (WAN).

Е- учењето се употребува за доставување на курсеви, интеракции, развивање и/или олеснување на работата.

Е- учењето е употреба на мрежна технологија за дизајнирање, испорака, одбирање, администрирање и дополнување на класичното учење.

Пред десет години далечинското образование се сметаше за второ ниво, но денес во многу врвни традиционални училишта се нудат вакви курсеви. Далечинското образование стана голема индустрија.

Page 21: Elektronsko opstestvo

УГД – е - учење

Page 22: Elektronsko opstestvo

1. Учите со свое темпо, без да зависите од напредокот на другите. Кога и да наидете на полесен дел, едноставно преминувате на следната единица со само еден клик на копчето. И обратно, кога нешто ви е потешко да го разберете, можете да му посветите онолку внимание колку што ви е потребно за да го разберете и запомните. 

2. Можете да учите од било која локација во било кое време – дома, во канцеларија или на патување. Ова е од особено значење за деловните луѓе или студентите кои редовно патуваат. Е-учењето е единственото решение што ви овозможува да одржувате континуитет во учењето во секое време и место. 

3. Градивото е свежо и во чекор со времето бидејќи често и бргу може да биде заменето со понови содржини, што не е случај со книгите.

ПРЕДНОСТИ НА Е-УЧЕЊЕТО

Page 23: Elektronsko opstestvo
Page 24: Elektronsko opstestvo

1. 4. Преку аудио-видео презентации материјалот се задржува во меморијата многу повеќе отколку при традиционалното предавање во клас токму поради комбинацијата на елементите што ја предизвикуваат љубопитноста, интересот и желбата за успех кај секој поединец: аудио, видео, квизови, интерактивни прашања, изразување лични ставови и сл. 

2. 5. Опуштеноста и отсуството на страв или срам од незнаење или опомена ви овозможува подобра концентрација и совладување на материјалот. Токму флексибилноста на е-учењето е во контраст со стресното секојдневие и ви овозможува да го дадете својот максимум во учењето тогаш кога самите се чувствувате подготвени за тоа. 

3. 6. Цената е далеку пониска од вкупните трошоци за посетување традиционална настава во клас.

Page 25: Elektronsko opstestvo
Page 26: Elektronsko opstestvo

НЕДОСТАТОЦИ НА Е - УЧЕЊЕ

1. Недостаток од непосреден контакт;

2. Зависност од модерната технологија;

3. Самодефинираноста како недостаток;

Page 27: Elektronsko opstestvo

КОМПЈУТЕРИТЕ ВО ЗАБАВАТА

Првата компјутерска игра, "Spacewar", е имплементирана уште во 1962 година. Од тогаш, околу компјутерските игри израсна огромна индустрија. Покрај тоа, компјутерите се повеќе се користат при правењето на филмови.

ИНДУСТРИЈАТА НА КОМПЈУТЕРСКИТЕ ИГРИ

Компјутерските игри се играат на персонален компјутер, а видео-игрите се играат на конзолен систем (како PlayStation 2) или како самостојна игра. Двата вида на игри доживеаја толкав пораст што во однос на остварените приходи му конкурираат на Холивуд .

Една хит компјутерска игра, сепак, е многу повеќе профитабилна од еден хит филм, бидејќи може да се направи за многу помалку пари. И двете: хит играта или филмот може да донесат стотици милиони долари при продажба, но креирањето и промовирањето на еден филм чини 50 милиони евра или дури и 100 милиони долари, а производството на најскапата игра чини под10 милиони долари.

Page 28: Elektronsko opstestvo

Се повеќе компјутерите се користат да ги создадат световите за идните играни филмови. Специјалните ефекти кои некогаш биле креирани со користење модели, насликани кулиси и кукли сега се изработуваат со компјутерската графика. Визуелизациите произведени на компјутер кои се вклучени во филмовите се познати како компјутерски генерирани слики, или CGI. Компјутерска графика полека се прифаќа во филмовите. Сега, филмовите се ограничени само од нивниот буџет за компјутерски ефекти и имагинациите на уметниците.

Треба да се каже дека ова не е сосема добра работа. Пореалистична слика не е секогаш и подобра. Некои страствени филмомани преферираат црно-бели слики иако во боја е пореално. Како и секоја друга предност и во филмската историја, вклучувајќи го и снимањето на звук и широките форми на екран како компјутерски генерирани слики само ги прошируваат можностите. Сеуште е потребен уметник да ги користи овие алатки за да може да направи нешто посебно

ФИЛМОВИ

Page 29: Elektronsko opstestvo

Со зголемувањето на базите на податоци во компаниите, потрошувачите стануваат се повеќе загрижени за својата приватноста. Податоците што се наменети да бидат анонимни понекогаш можат да бидат поврзани со личноста. Многу луѓе , исто така, се загрижени за тоа како Интернетот им овозможува на секој, вклучувајќи ги и децата, лесен пристап до порнографски и други непристојни материјали.

Авторските права и патенти за заштита им служеа добро на авторите и пронаоѓачите, но овие права за заштита се проблематични кога станува збор за софтвер. Постои тенденција за прекршување на авторските права што е често случај со софтверите. Патентите се чини, имаат повеќе негативни отколку позитивни страни кога се применуваат за софтвери за разлика од другите пронајдоци. Компјутерската наука мора да ги усвои истите високи стандарди на етиката како и професионалците од другите области. Компјутерите и софтверот се премногу испреплетени во нашите животи за да се постапи поинаку.

ЗАКЛУЧОК

Page 30: Elektronsko opstestvo

Популарноста на е-трговијата, купувањето на производи и услуги преку World Wide Web, се зголемува. Е-трговијата им овозможува на компаниите остварување на продажба без индиректни трошоци вклучени во продавниците. Но, државните и локалните власти се загрижени поради загуба на даноците од продажбата, бидејќи набавките од е-трговија не се оданочуваат на местото на продажба, како оние во традиционалната трговија на мало.

Enterprise Resource Planning, или ERP, е софтвер кој овозможува планирање и следење на ресурсите кои се вклучени во производство на една компанија. Ова ниво на следење им овозможува на компаниите да планираат доволно добро за да се избегнат скапите пописи.

Компјутерите можат да играат витална улога во образованието. Децата често подобро одговараат на настава, кога можат да ја контролираат, како што е образование на база на компјутери. Далечинското образование им овозможува на возрасните ученици да се здобијат со нови знаења и вештини без придржување до традиционалниот распоред на часови. Компјутерските игри еволуираа во индустријата на Холивуд, додека Холивуд се сврте кон компјутерите за создавање на чудесни визуелизации и правење на измени и корекции за кои инаку би биле потребни скапи преснимувања.