59
ПИСМО ДО СИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ Во 1854 година, поглавицата на градот Сиетл, главатарот на Индијанското племе Скуамиш, напишал до Абрахам Линколн писмо, по повод понудата од Американската Влада да откупи голем дел од Индијанската територија, а на Индијанците да им отстапи резервати. Писмото на поглавицата Сиетл, по кого е наречен и градот Сиетл во САД, е една од најубавите човекови оди за природата. Тоа говори повеќе од било каков коментар. Како може да се купи или продаде небото и топлината на земјата? Такво нешто нам ни е сосема туѓо. Ние не сме сопственици на свежината на воздухот и бистрите води. Па како можеме да ги купиме или продадеме? Секое парче од оваа земја е свето на мојот народ. Секоја блескава борова игличка, секое зрно песок во речното корито, секоја маглина во темнината на шумата, секоја ливада и секој треперлив инсект се свети во мислите и во животот на мојот народ. Соковите во дрвјата се проткаени со сеќавањата на црвениот човек. Кога бледоликите мртви одат на прошетка меѓу звездите, ја забораваат земјата која им го дала животот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат прекрасната земја, затоа што таа е мајка на црвениот човек. Ние сме дел од оваа земја и таа е дел од нас! Миризливите треви се наши сестри. Еленот, дивиот коњ, големиот орел - тоа се наши браќа. Карпестите врвови, сочните пасишта, топлото тело на понито и човекот - сето тоа припаѓа на едно исто семејство. Кога големиот поглавица од Вашингтон го праќа својот глас и сака да ја купи нашата земја - тој премногу бара од нас. Големиот поглавица порачува дека ќе ни најде место во кое прекрасно ке живееме. Тој ќе ни биде татко - а ние негови деца. Ние ќе ја разгледаме оваа понуда за да ја купите нашата земја. Но сето тоа нема да биде лесно. Оваа земја нам ни е света.

EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

  • Upload
    -

  • View
    387

  • Download
    1

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

ПИСМО ДО СИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ

Во 1854 година, поглавицата на градот Сиетл, главатарот на Индијанското племе Скуамиш, напишал до Абрахам Линколн писмо, по повод понудата од Американската Влада да откупи голем дел од Индијанската територија, а на Индијанците да им отстапи резервати. Писмото на поглавицата Сиетл, по кого е наречен и градот Сиетл во САД, е една од најубавите човекови оди за природата. Тоа говори повеќе од било каков коментар.

Како може да се купи или продаде небото и топлината на земјата? Такво нешто нам ни е сосема туѓо. Ние не сме сопственици на свежината на воздухот и бистрите води. Па како можеме да ги купиме или продадеме?

Секое парче од оваа земја е свето на мојот народ. Секоја блескава борова игличка, секое зрно песок во речното корито, секоја маглина во темнината на шумата, секоја ливада и секој треперлив инсект се свети во мислите и во животот на мојот народ. Соковите во дрвјата се проткаени со сеќавањата на црвениот човек.

Кога бледоликите мртви одат на прошетка меѓу звездите, ја забораваат земјата која им го дала животот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат прекрасната земја, затоа што таа е мајка на црвениот човек.

Ние сме дел од оваа земја и таа е дел од нас!

Миризливите треви се наши сестри. Еленот, дивиот коњ, големиот орел - тоа се наши браќа. Карпестите врвови, сочните пасишта, топлото тело на понито и човекот - сето тоа припаѓа на едно исто семејство.

Кога големиот поглавица од Вашингтон го праќа својот глас и сака да ја купи нашата земја - тој премногу бара од нас. Големиот поглавица порачува дека ќе ни најде место во кое прекрасно ке живееме. Тој ќе ни биде татко - а ние негови деца. Ние ќе ја разгледаме оваа понуда за да ја купите нашата земја. Но сето тоа нема да биде лесно. Оваа земја нам ни е света.

Оваа блескава вода што тече низ брзаците на реките не е само вода. Тоа е и крвта на нашите предци. Ако Ви ја продадеме оваа земја, вие морате да знаете дека оваа вода е света, морате да им кажете на вашите деца дека е света, дека секој блесок во бистрото езеро раскажува за спомените од животот на мојот народ. Жуборот на водата, тоа е гласот на мојот татко. Реките се нашите браќа кои ја гаснат нашата жед. Реките ги носат нашите кануа и нñ ги хранат децата. Ако ја продадеме оваа земја, морате да знаете и да ги научите вашите деца дека реките се наши, а и ваши браќа. Затоа на реките треба да им пружите добрина каква би му пружиле на вашиот брат.

Ние знаеме дека белиот човек нас не нé разбира. Нему еден дел од земјата му е ист како и било кој друг. Тој е странец кој доаѓа ноќе и од Земјата зема се што му треба. Земјата не му е брат - туку непријател. Кога ќе ја покори, тој оди понатаму. Ги остава зад себе гробовите на своите татковци и не му е грижа поради сето тоа. Ја одзема земјата на своите деца и пак не му е грижа за тоа. Гробовите на своите татковци и земјата што му ги родила децата-остануваат заборавени. Кон Мајката Земја и кон Братот Небото се однесува како кон предмети што можат да се купат, ограбат, продадат, како стока или сјаен накит. Неговата алчност ќе ја уништи Земјата и зад себе ќе остави само пустош.

Page 2: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Не знам! Нашиот начин на живеење се разликува од вашиот. Од погледот кон вашите градови, црвениот човек го болат очите. Тоа е можеби затоа што црвениот човек е подив и не ги разбира работите. Белиот човек во градовите нема мирно катче. Нема место каде ќе може да се слушне отворањето на листовите во пролет или треперењето на крилјата на инсектите. Можеби затоа што сме диви - едноставно не разбираме. Бучавата на денешнава цивилизација ми ги вознемирува ушите. Колку е вреден животот ако човекот не може да го чуе крикот на носорогот или ноќната препирка на жабите во барате? Јас сум човек со црвена боја на кожата и не разбирам доволно.

Индијанците го сакаат мекиот звук на ветерот кога си поигрува со површината на мочуриштетои мирисот на ветерот освежен со попладневниот дожд. Најголемото богатство на црвениот човек е воздухот. Сé што е живо на планетата Земја го користи истиот воздух - животните, дрвјата, човекот... На сите ни е потребен тој воздух. Белиот човек како да не го чувствува воздухот што го вдишува. Како некој што е пред смрт, така и белиот човек е имун на смрдеа. Ако ви ја продадеме земјата вие мора да знаете дека воздухот ни е драгоцен. Дека воздухот го дели својот здив со сé што е живо. Ветерот што на мојот дедо му го дал првиот здив - ќе го прифати и неговиот последен здив. Ако ви ја продадеме земјата, морате да ја чувате како нешто свето. Како место на кое ќе може и белиот човек да го вдишува воздухот засладен со мирисот на полското цвеќе. Ќе ја разгледаме вашата понуда да ја купите земјата. Доколку решиме да го сториме тоа, ќе бараме да го исполните следниов услов: белиот човек ќе мора да се однесуваа кон животните како кон свои браќа! Див сум и не разбирам поинаков живот. Видов во преријата илјадници бизони кои ги уби белиот човек, пукајќи од разјарениот огнен коњ.

Што е човекот без животните? Кога животните би исчезнале човекот би умрел од голема осаменост. Што ќе им се случи на животните, набргу му се случува и на човекот.

Сé во светот е поврзано.

Морате на ваште деца да им кажете дека под нивните нозе се наоѓа пепелта на нашите предци. За да ја почитуваат земјата, ќе морате да им кажете дека таа е богата со животот на нашите прадедовци. Морате да ги учите вашите деца исто како што ние ги учиме нашите - дека земјата е наша мајка. Она што ќе ја снајде Земјата - ќе ги снајде и нејзините деца. Ако плука човекот на земјата, плука и на самиот себе.

Земјата не му припаѓа на човекот - туку човекот и припаѓа на Земјата. Тоа добро го знаеме. Сé е во меѓусебна врска, како што семејството е соединето со крв. Сé е поврзано. Човекот не е творец на ткајачницата на животот, туку е само влакно во неа. Што ќе стори со ткајачницата - ќе направи и со себе. Дури ни белиот човек, чии бог зборува со него како пријател со пријател, нема да ја одбегне заедничката судбина.

Можеби сме сепак браќа? Ќе видиме. Едно знам сигурно, а тоа еднаш и белиот човек ќе мора да го сфати: наш Бог е истиот Бог. Можеби мислите дека и него можете да го поседувате, како што се подготвувате да ја земете целата наша земја? Ама нема. Тој е човеков Бог и неговата милост е иста и за црвениот и белиот човек. Оваа земја нему му е сé. Ако ја оскрнавите, како да сте го презреле нејзиниот творец.

Белиот човек можеби ќе го снема и пред останатите племиња. Валкајте го само своето легло и една ноќ ќе се удавите во сопствениот измет. Во своето настојување, ќе горите во огнот на богот што ве довел наваму и со некои необјасниви намери ви дал власт над оваа земја и над црвениот човек. Таквата судбина нам ни се чини бедна.

Page 3: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Неразбирам зошто се убива бизонот? Зошто се припитомуваат дивите коњи? Зошто во длабочината на шумата има толку човекова смрдеа? Зошто просторот над зелените брегови е испреплетен со жици што зборуваат? Каде е еленот? Го нема повеќе. Каде е орелот? Одлета. Вистинскиот живот заврши. Започнува борбата за опстанок..,,

Екологијата е наука која се занимава со проблемот на односот на живите организми и животната средина. Втемелена е во 20 век и тоа како интердисциплинарна наука.

ВОВЕД ВО ЕКОЛОГИЈАТА КАКО БИОЛОШКА ДИСЦИПЛИНА

ЕКОЛОГИЈА-ПРЕДМЕТ НА ИЗУЧУВАЊЕ И ОСНОВНИ ЕКОЛОШКИ ПОИМИ

Терминиот екологија е воведен од германскиот биолог Хекел (Heachel) уште во 1866 година, кој поимот екологија го дефинирал како наука која ги изучува односите на животинските организми спрема околната органска и неорганска средина, како и односите меѓу самите животински и растителни организми. Нормално, Хекел како зоолог екологијата ја поврзал само со животинскиот свет, но подоцна Warming дански ботаничар откако го објавил научниот труд за еколошката географија на растителниот свет во 1895 година, анималната и растителната екологија почнале да се развиваат како самостојнаи дисциплини. Во поново време преовладува мислењето дека анималната и растителната екологија не е можно посебно да се изучуваат поради меѓусебната тесна поврзаност и дека тоа се прави само ос методолошки причини.

Името екологија има грчко потекло и се изведува од зборовите "oikos" што значи домаќинство, стан, економија и "logos"- наука, знаење. Според Stankovic(1961) екологојата е биолошка дисциплина која ги проучува заемните односи меѓу организмите и средината од кои зависи одржувањето на единките и популациите на органските видови и нивните заедници во природата, нивниот распоред и густина на поедини места на земјината површина, начинот на живеење и однесување во конкретни места.

Според Kovacs(1975) предмет на проучување на екологијата како самостојна научна дисциплина се: меѓусебните односи на организмите, нивните заемни дејства со надворешната средина, квалитативните и квантитативните промени на живата материја, биолошката продукција како и врската на човекот со живата и неживата природа. Според тоа, екологијата претставува дел од биолошката наука која ги испитува законитостите на многу сложените заемни дејства на абиотичката и биотичката компонента на животната средина.

Page 4: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Во денешно време, поради големите нарушувања кои настануваат во животната средина, интересот од оваа научна област завзема централно место. Во основа екологијата е биолошка дисциплина, но поради многуте допирни точки кои ги има со повеќе научни област и комплексноста во изучувањето на проблемите, таа добива интердисциплинарен карактер. Од тие причини, во областите на еколошките истражувања освен биолозите , се вклучуваат истражувачи од најразлични научни области: агрономи. шумари, медицинари, хемичари, технолози и др. за решавање на еколошки проблеми освен меѓусебна соработка на стручњаците од различни области, неопходно е запознавање со основните поими во екологијата.

ОСНОВНИ ПОИМИ ВО ЕКОЛОГИЈАТА

Животна средина

Организмите го остваруват животот во своја сопствена средина со која се поврзани преку многубројните меѓусебни односи. Под средина се подразбира комплекс на влијанија кои дејствуваат врз живите организми на местото каде што живеат. Тие влијанија доаѓаат од живата и нежива природа на околината која ги опкружува. Според тоа под поимот средина не се подразбира само неживата природа, туку сите фактори комплексно, вклучувајќи г ии живите организми кои како целина си ја формираат животната средина во која наоѓаат с’ што им е потребно за опстанок, развој и размножување. Pesci(1979,1981) зборува за интергрална (целосна) животна средина. Според него, интергрална средина е дел од пошироко сфатенатаприродна средина која во себе содржи два подсистема, и тоа: природна средина кадешто спаѓа екосфера и геосфера, и преобразен дел на животната средина од сстрана на човекот т.н општествено-стопанска средина или техносфера. Екосферата и геосферата претставуваат дел со кој човекот како живо суштество и консумент на некој начин се поврзува, но тој не учествува во неговото формирање и преобразување. Подсистемот екосфера-геосфера е во тесна врска со општествено стопанската средина (техносфера), која исто така се расчленува на два подсистеми односно сфери, и тоа: производна (индустрија, аграр) и социјална ( образование, здравство, судство, одбрана и др).

Во најширока смисла на зборот, под поимот животна средина може да се сфати целокупната биосфера како најголем и најсложен биотички систем, во чии рамки, сите живи организми на различно организационо ниво имаат сопствена животна средина, со свои специфичности.

БИОСФЕРА – ОРГАНИЗИРАНОСТ И ФУНКЦИОНИРАЊЕ

Биосферата е вкупниот простор на планетата Земја во која егзистира живот. Името биосфера го вовел Eduard Suess - австриски геолог, додека Вернадски, руски геохемичар ја означил биосферата како сложен систем на живите организми и на неживите материи кои делумно имаат биолошко потекло. Вернадски прв укажал дека значајниот дел на атмосферата и нивните главни составни елементи, како што се кислородот и јаглеродниот диоксид имаат органско потекло (Vernadski, 1929, 1945).

Границитe на биосферата, во кои животот е поинтензивен на површината на Земјата, не се рамномерни. Над површината на Земјата интензивниот живот достигнува до околу 5000 метри височина, во длабочината на морињата до 4000 метри, додека во педосферата интензивниот живот

Page 5: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

се за бележува до длабочина од околу 5-10 метри. И надвор од наведените граници постои живот но нивнотот функционално значење е помало.

Така на пример, некои мовови на Хималаите се наоѓаат и на 6000 метри надморска височина, на Андите од 6500-7000 метри височина се среќаваат некои лишаи, додека спорите и поленовиот прав можат да се сретнат и на поголеми надморски височини. Голем број единки од повеќе видови, погодно место за живеење наоѓаат на дното на морињата каде просечната длабочина изнесува околу 4000 метри. Меѓутоа, и во длабоките мориња можат да се сретнат риби, црви, мекотели кои се хранат со сталожената мртва органска маса на дното на морињата. Некои организми можат длабоко да навлезат и во почвените слоеви и супстратите на земјината кора. Така во Сахара и Кримскиот Полуостров при бунарските дупчења, на површината се извлечени риби кои биле стотина метри длабоко во земјата.

Според тоа, животот може да постои насекадена Земјата, каде живите организми, неопходните услови на функционирањена својот живот, ги пронашле и ги обезбедиле.

Општо речено, биосферата е најкрупен систем во смисла на сложеноста и самоорганизираноста низ која протекува енергија од примарниот извор- Сонцето, или систем во кој континуирано се остварува кружењето на материјата и протекот на енергијата.

ЕКОЛОШКИ ФАКТОРИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Под еколошки фактори се подразбираат целокупните разновидни влијанија што доаѓаат од надворешната средина и дејствуваат на еден или друг начин врз живите организми.

Надворешната средина е претставена со определен комплекс од еколошки фактори, а поради тоа што тие доаѓаат од надворешната средина- се означени како надворешни фактори. Еколошките фактори во животната средина дејствуваат комплексно и тие заемно се условуваат, дополнуваат и менуваат. Можеме да ги поделиме на абиотички и биотички еколошки фактори.

Абиотички фактори

Во абиотички фактори се вбројуваат

- климатските фактори (во кои спаѓаат температурата, светлината, релативната влажност на воздухот, брзината и честотата на ветерот и распоредот на врнежи и други).

- едафски фактори (физички и хемиски карактеристики на почвата односносодржината на одделните биоелементи како и хумусни материи кои влијаат врз продуктивноста на почвата, разновидни токсични материи и др.)

- орографски фактори (опфаќаат-рељефна конфигурација, хоризонтална и вертикална распространетост на површината, надморска височина, инклинација, експозиција и др.)

Биотички фактори

Во биотичките фактори се опфатени целокупните влијанија и дејства на живите организми, посредни или непосредни, врз други организми (влијанија помеѓу самите растителни, меѓу самите животински видови, меѓусебните влијанија помеѓу растителните и

Page 6: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

животинските видови). Како посебен облик, во биотичките фактори се вклучени и сите форми на антропогената активност со која на посредни или непосредни начини ги менува физичките, хемиските и биолошките услови на животната средина во позитивна или негативна смисла.

БИОТОП

Деловите на населениот процтор кои се одликуваат со релативо иста комбинација на еколошки фактори се означени како биотопи (Stankovic, 1961). Биотопите претставуваат основни топографски единици во еколошка смисла, кои се карактеризираат со специфичен комплекс на еколошки фактори. Секој биотоп е населен со збир на живи организми, односно нивни популации кои се карактеристични за тој биотопе, што значи дека одделни биотопи се разликуваат едни од други. Биотоп на пример , претставува едно езеро, река, дабова шума, кои имаат своја посебна физиономија и се населени со специфичен за нив збир на живи организми. Биотопите меѓусебно се разликуваат и по својата просторна големина, иако е многу тешко да се повлече јасна граница меѓу нив.

Поимот биотоп не треба да се изедначува со поимот ареал. Ареал е вкупниот простор во кој се сретнува одреден вид и неговата големина, во прв ред е историски условена. Во еден ареал може да бидат опфатени поголем број на на различни биотопи во кој живее конкретниот вид.

ОРГАНИЗМОТ КАКО ЕЛЕМЕНТАРЕН СИСТЕМ НА ЖИВОТ

Еколошки фактори

Биотички

РастенијаЖивотни

фактор ЧОВЕК

АбиотичкиКлиматски

ЕдафскиОрографски

Page 7: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Живите организми во природата се јавуваат како единки на одреден вид и претставуваат елементарен биотички систем кој располага со сопствени особености и потенцијали кои се генетски условени. Генетските својства, за кои на може да се каже дека се апсолутно непромисливи, ги одредуваат основните морфолошки, анатомски и физиолошки карактеристики со кои се разликуваат од другите живи организми. Генетските фактори ја определуваат и динамиката на развојот, растот, интензититот на размножувањето и обновувањето и др. Од друга страна генетскиот потенцијал поединечните организми можат да го остварат само во одредени граници кои се диктирани од одделни факторина животната средина. Не е можно одделни видови на живи организми да бидат прилагодени истовремено кон целиокупната разновидност на еколошките услови кои постојат на земјата. До која мера одделни живи организми ќе бидат прилагодени кон бескрајно променливите фактори на средината, зависи од нивната еколошка валенца. Со овој поим се изразува амплитудата на варирање на одделени еколошки фактори, во чии рамки е можен опстанокот на некој конкретен вид.

Според Gracanin-Ilijanic (1977) за биогените еколошки фактори постојат три кардинални точки во рамките на кои се остварува растот, развојот и органската продукција на живите организми, и тоа-апсолутен еколошки минимум, апсолутен еколошки максимум и еколошки оптимум, а за стимулативните еколошки фактори постојат-релативен еколошки минимум, апсолутен еколошки максимум и еколошки оптимум, додека за штетните еколошки фактори постојат само две кардинални точки и тоа релативен еколошки минимум, кога почнува штетното влијание на еколошкиот штетен фактор и апсолутен еколошки максимум на штетниот фактор кој го лимитира натамошниот опстанок на видот.

Било кој надворешен фактор, чии вредности достигнуваат или се доближуваат до границите на издржливоста, независно дали е во правец на апсолутниот еколошки минимум или максимум, станува лимитирачки фактор за одреден вид, во одредена состојба за неговата појава и животна активност. Сите фактори на надворешната средина врз организмот делуваат истовремено не како проста сума туку како комплексен заемно дејствувачки систем. Поради тоа, ефектот на дејството на еден фактор ќе зависи од дејствата на другите фактори.

ПОПУЛАЦИЈА

Во природата одделни единки на некој вид организми не живеат изолирано едни од други и тие не можат да се сфарат како прост збир изолирани единки. Напротив, нивната форма на постоење е групен систем, односно интергрирана група на живи единки од ист вид кој располага со збир заеднички наследни фактори населува одреден простор и припаѓа на некоја заедница, во рамките на која единките се поврзани меѓу себе. Според тоа, на секој простор и во секое време, органските видови се претставени со група на единки кои во екологијата се познати како популации. Секоја, популација се карaктеризира со извесен број основни одлики како што се: бројноста или густината, просторна распределба, наталитетот и морталитетот, возрасната структура и др.

БИОЦЕНОЗА

Популациите на одделни органски видови населени на ист простор, во природата не се јавуваат изолирано едни од други. Органските видови живеат заеднички живот, поврзани се со

Page 8: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

многубројни сложени односи како што се исхраната, размножувањето и др.,кои се стекнати во долгогодишниот процесс на конкуренција и заемно прилагодување. Ваквите интергрални заедници, кои се наоѓаат на повисоко ниво на организираност, се означени како биоценози.

Биоценозата има своја сопствена структура. Таа се препознава по квалитативниот состав, просторно временскиот распоред на органските видови што влегуваат во нејзиниот состав., по бројните односи меѓу нивните популации (Stankovic, 1961). Според тоа, биоценозата ја претставува живата компонента на биотопот на еден екосистем со кој е многустрано поврзана. Со други зборови, целокупниот жив свет на еден биотоп, кој живее заеднички живот, формира биоценоза. Така, биоценоза формираат сите живи организми кои населуваат едно езеро, река, ливада или бара, вклучувајќи ги во себе и растителните и животинските организми. Ако пооделно се проучуват растителните од животинските организми, тогаш станува збор за фитоценоза или зооценоза, иако во функционална смисла тоа не е можно да се направи.

ЕКОСИСТЕМ

Животната заедница (биоценоза) се наоѓа во најтесна врска со биотопот формирајќи една целина од повисок ред-екосистем. Според тоа, екосистемот претставува интегрална целина која во себе ја вклучува животната заедница (биоценозата) и со неа населениот простор (биотопот)&&&и претставува највисока еколошка реалност во природата.

Биоценозата и биотопот претставуваат елементи на екосистемот, кои се поврзани со размената на материјата и енергијата, како и со меѓусебно сложени односи и дејства. Поради меѓусебната поврзаност, секоја промена на било која од компонентите, во поголема или помала мера , влијае на екосистемот како целина. Но, и секоја промена во екосистемот влијае врз поединечните компоненти.

Екосистемот не претставува статичка творба, туку динамичка целина бидејќи се заснова на заемните дејства и интеракции меѓу живите и неживите компоненти. Во екосистемот разликуваме три вида на еколошки односи меѓу неговите компоненти. Од една страна, неживата компонента (боитоп), како комплекс на сите еколошки абиотски фактори на секое место, влијае на живата компонента(биоценоза). Ваквите влијанија во екологијата се познати како "акција". Но, исто така и живите организми вршат влијание на биотопот, во однос на обликувањето на биолошките услови. Овие влијанија се означени како "реакција". Постои и взаемно влијание меѓу живите организми во биоценозата, означени со поимот "коакција".

Разгледувајќи ги екосистемите од повеќе аспекти можат да бидат: природни, вештачки, прости или сложени, просторно мали или големи. Во однос на бројот на видовите и единките, можат

БИОТОП

БИОЦЕНОЗА

ЕКОСИСТЕМ

Page 9: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

да бидат екосистеми со голема разновидност на видови и единки или со мал број на видови и мала бројност на единките. Иако, екосистемите меѓусебно се разликуваат, нивното функционирање е слично.

Екосистемите можат да се групираат на различнини начини. Според Balogh тие можат да се групираат во саморегулациони или природни, управувани од страна на човекот и деградирани екосистеми. Може да станува збор за стабилни екосистеми кои располагаат со голема енергетска резерва ( пр. листопадните , екосистеми на тундрите) и лабилни екосистеми кои лесно ја губат урамнотежената состојба и можат брзо да се деградираат(пр. екосистемите на тропските дождовни шуми).

Различните екосистеми од понизок или повисок ред се групираат во поголеми целини означени како биоми ( екосистемски комплекси) како на пр. тундри , тајги, степи, зимзелени или листипадни шуми.

Екосистемите и биомите се групираат во биоциклуси или биосистеми од кои според Danserau (1957), на земјината површина можеме да разликуваме вкупно три: солена вода (океани , мориња), слатка вода (реки, езера и бари) и копно. На крај, сите тие заедно претставуват едно врвно единство на живата и неживата природа т.е еден врвен екосистем означен како биосфера (Gracanin-Ilijanic (1977) биосфератат ја делат на четири сфери и тоа: атмосфера, хидросфера, литосфера и педосфера.

ЕКОСИСТЕМ ЕКОСИСТЕМ

ЕКОСИСТЕМ ЕКОСИСТЕМ

БИОМ

Page 10: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

СТРУКТУРНИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ЕКОСИСТЕМИТЕ

Од структурен аспект, елементите кои го изградуваат екосистемот, според Odum (1959), може да се поделат четири групи:

1. Организми продуценти, односно односно автотрофнте организми од кои главниот дел го претставуваат зелените растенија;

2. Големи консументи, хетеротрофни организми, главно животински, кои консумираат и други организми или органски материи;

3. Разградувачи и хетеротрофни консументи од помали димензии (сапробни организми). Тука спаѓаат: бактерии, габи, молци и др.

4. Абиотски материи, елементите и соединенијата на средината;

Од горенаведените компоненти, првите и четвртите претставуваат неопходна хранлива и енергетска база. Во отсуство на другите две компоненти се уште може да стане збор за екосистеми,но да зборувме за целосен екосистем, неопходно е присуство на претставниците од сите четири компоненти.

БИОТИЧКА КОМПОНЕНТА ВО ЕКОСИСТЕМОТ

Животната заедница (биоценоза), како компонента на екосистемот е претставена со живите организми, кои од дидактички аспект можат да се поделат во три групи: продуценти (производители), консументи (потрошувачи) и редуценти (разградувачи).

АБИОТСКА КОМПОНЕНТА ВО ЕКОСИСТЕМОТ

БИОСФЕРА

АТМОСФЕРА

ЛИТОСФЕРА

ПЕДОСФЕРА

ХИДРОСФЕРА

Page 11: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Абиотските компоненти во екосистемот можат да се поделат во три групи и тоа :

Радициона енергија-сите енергетски извори кои постојат на земјата (јаглен, нафта, природен земјен гас, а посредно и хидроенергијата), со исклучок на атомската енергија; Неоргански материи- во оваа група спаѓа водата, материите кои се наоѓаат во гасна агрегатна состојба, минералите и микроелементите (бакар, цинк,бор, манган и др.) кои се потребни во мали количини; Просторна структура - го обезбедува постоењето и функционирањето на видовите кои го исполнуваат определениот простор.

Сл. Абиотска компонента

СУКЦЕСИЈА

Во текот на развојот на биоценозата настануваат длабоки промени кои навлегуваат во самата суштина на организираноста и постоењето. Ваквите промени претставуваат нонормална појава и тие се составен дел на процесот кој е изразен во смената на едни заедници со други. Според тоа, процесот на смена на едни заедници со други се означува како сукцесија.

По правило, секоја сукцесија започнува на некое оголено место (биолошки празен простор). На пример, после поплави во речните долини се создаваат слоеви песок, после шумски и степски пожари и др. но на ваквите биолошки празни простори, многу брзо започнуваат да се населуваат различни организми кои ги означуваме како пионерски видови, бидејќи тие ги подготвуваат условите за населување на други, идни видови. На тој начин, сукцесивно се сменуваат различни биоценози,

Радијациона енергија

Нафта Природен земјен гас ХидроенергијатаЈаглен

Неоргански материи

ВодаМинерали

Микроелементи

Просторна структура

постоење и функционирање на

видовите кои го населуваат просторот

Page 12: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

се до формирање на една заедница која ќе биде најдобро прилагодена на постоечките климатски услови. Тоа е климакс заедница.

КРУЖЕЊЕ НА МАТЕРИИТЕ ВО БИОСФЕРАТА

Биосферата е најкрупниот систем, во смисла на сложеноста и самоорганизираноста, низ која протекува енергијата од примарниот извор - Сонцето. Односно во биосферата како глобален екосистем, континуирано се остварува кружење на материјата. Во кружниот тек, хемиските елементи на геохемиската средина доаѓаат во живите организми, па повторно се враќаат во неживата средина и овој процесс постојано се повторува. На тој начин хемиските елементи кружат во биосферата меѓу одделните делови на живата и неживата компонента. Таквите циклуси во екологијата се познати како биогеохемиски циклуси. Цикличните движења на елементите во биосферата не се одвиваат со еднаква брзина, туку постојат побавни и застојни фази каде што органските материи, на некој начин се акумулираат, односно се исклучуваат од кружниот тек за пократко или подолго време.

Биогеохемиските циклуси можат да се групираат во две групи: гасни циклуси и седиментациони циклуси.

Гасни циклуси - овие циклуси се многу поизедначени во споредба со другите биогеохемиски циклуси. За елементите што се наоѓаат во гасна агрегатна состојба главен неоргански резервоар е атмосферата. Во вакви циклуси се вбројуваат: кружење на јаглерод, кружење на кислород, кружење на азот. Седиментациони циклуси-овие циклуси, во споредба со гасните, се понерамномерни и непотполни, бидејќи елементите се складираат (задржуваат) во седиментациони субстрати, нивната рециклација е отежната и забавена. Во овие циклуси спаѓаат: кружење на фосфор, кружење на сулфур и кружење на останатите биохемиски елементи.

Гасни циклуси

Седиментациони циклуси

Биогеохемиски цилкуси

Page 13: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

ПРОТОК НА ЕНЕРГИЈАТА ВО БИОСФЕРАТА

Во екосистемите енергијата протекува по одреден ред и тој протек е насочен во еден правец, односно не е цикличен. За време на протекот на енергијата во екосистемот, се остварува загуба на енергијата, односно во секое трофичко ниво загубата на топлинска енергија варира од 60-90%.

И покрај големата сложеност во пренесувањето на материјата и енергијата низ одделни компоненти на еко системот, тој се јавува како една интегрирана целина, која самостојно ја регулира рамнотежата рамнотежата во заемните односи со своите компоненти , позната како биолошка рамнотежа. Рамнотежата е динамичка, и секоја промена во било која од компонентите на екосистемот, предизвикува предизвикува нарушување на биолошката рамнотежа. Но како внатрешни регулациони механизми во одржување се јавуваат:

Процесите на акумулација и регенерација на суровините за исхрана Процесите на органска продукција Промената во видовите популации и нивните меѓусебни односи

Во денешно време, како резултат на сè поизразената активност на човекот, доаѓа до пореметување на природните законитости врз основа на кои функционира биосфрата. Тоа се повеќе се наоѓа во алармантна и загрижувачка состојба. Од тие причини, се јавува потреба од литература со еколошка тематика, која ќе биде во функција на добивање на поголеми знаења и развивање на свеста. Само со познавање на основните еколошки поими ќе се овозможи нивна правилна и соодветна употреба при преземањето на какви било активности.

ЧОВЕКОТ И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Современиот начин на живеење на денешната цивилизација, брзиот пораст на индустриското производство, техниката, интензивните и современи форми на земјоделското производство кои се неизбежни заради задоволувањето на сé поголемите потреби на човековата популација која се зголемува со забрзано темпо, предизвикува бројни непожелни влијанија врз животната средина, а понекогаш сме и самите сведоци на алармантни појави кои се случуваат пред нашите очи.

Тажен е фактот дека како резултат на разновидните загадувања, на многу места од нашата планета Земја, животната средина е во толкава мера деградирана, што е загубена веќе секаква верба за некакво самопрочистување. Поради тоа се налага потреба од активна интервенција од страна на човекот, изработка на нови техники и воведување на современи технологии. Тоа е реалноста со која се соочуваме во денешно време и сме свесни дека тоа е резултат на силните амбиции и стремежи на човекот за подобрување на своите животни услови, кои неминовно свесно или несвесно водат до вмешување во природните законитости на биосферата и предизвикување на бројни оштетувања.

За разлика од периодот пред индустриската револуција, кога загадувањето на животната средина било пред сé од локален карактер, современото индустриско загадување е универзално, бидејќи загадувачите кои се емитуваат во една земја, преку воздушните струења водните теченија, храната, се пренесуваат на големи растојанија, па често ги погодуваат и другите држави кои не мора да претставуваат извори на загадување, што значи загадувањето има глобален карактер и не познава национални граници. Целокупната производствена активност на човекот како некоја огромна геолошка сила почнува да го менува ликот на нашата планета и на сите еколошки системи

Page 14: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

на планетата (планини, шуми, реки, мориња и океани) кои бараат од човекот нивно почитување. Порано природата го застрашувала човекот, а во денешно време човекот со својата активност ја застрашува природата.

Како генерален заклучок може да се изведе дека во решавањето на многубројните проблеми во врска со заштитата на животната средина неминовна е и неопходна меѓународна соработка. Човекот мора да бара соодветни пристапи и при користењето на природните ресурси кои ќе имаат научна основа и модифицирањето на природните законитости кои се одвиваат во биосферата, во поглед на неговата оптовареност, треба да биде во границите во кои сеуште ќе може несметано да функционира како саморегулационен динамичен систем, што значи дека активноста на човекот мора да биде подредена на можностите на природата. Тоа е и главната задача на екологијата која порано ги проучуваше само постојните процеси настанати во текот на историската еволуција кои ја одржуваат динамичката рамнотежа во природата.

Слично како и другите живи организми и човекот е поврзан за својата животна средина бидејќи во неа ги обезбедува своите егзестенцијални и духовни потреби.Разликата е во тоа што тој благодарение на својот разум и технолошка моќ, претставува свесен и доста активен фактор, односно се пројавува како посебен еколошки фактор. Како резултат на таквото дејствување, животната средина трпи перманентни промени диктирани од волјата на човекот, поради што не може да се смета за природна средина туку постепено станува хумана животна средина.

ОД ОБОЖAВАЊЕ НА ПРИРОДАТА ДО СТАБИЛЕН РАЗВОЈ

За еволуција на материјата биле потребни 15 милиони години. Се претпоставува дека животот на Земјата настанал пред 3 милијарди и 800 милиони години. Според палеонтолозите човекот се појавил пред 35 илјади години. Ако вкупниот развој на животот на Земјата би го претставиле како еден месец (31 ден), вели Школовски, првите луѓе се појавиле во последниот ден во 22 часот и 30 минути1 Разумниот живот кој на неандарталците и кромањонците им овозможил најрамноправно да се соочат и со најсилните животни, благодарение на брзиот развој на мозокот и способноста за користење на орудија, човекот го сместува над останатата биосфера и го прави опасен за неа. Причината за развој на мозокот е човечкиот недостатокот на инстинкт и способноста на сетилата да се прилагодат на реалниот свет. Но освен надворешниот притисок на развојот на мозокот,истакнува Жан Ваг, влијание имала и внатрешната потреба која тој ја нарекува љубопитност. „Каква и да е неговата култура, тој со повеќе или помалку свестчувствува, и со повеќе или помалку јасност ја искажува потребата за целосно сознание кое му бега. Во таа внимателна потрага низ сите времиња,која е извор на многубројните обиди, тој најчесто не успева, но не се обесхрабрува“.2 Интелигенцијата овозможила да се формира мисла и став спрема околината, да се заснова воспитанието и образованието како способност за пренесување искуства на следбеници и да настане цивилизација како наследство на човекот.Од обожување на природата , преку нејзиното „покорување“ со различни техники и технологии, човекот дојде до самозагрозивање на сопствениот развиток. Преку воспитување на следбеници човекот се обидува да ги помири современите технолошки решенија и рационалното управувањето со природата.

РАЗВОЈ НА НАУЧНИТЕ МИСЛИТЕ ВО ВРСКА СО ПРИРОДАТА

1Јосиф Самуиловиќ Школовски: ''Вселена, живот, разум'', стр. 28, Просвета, Белград, 1989. година. 2 Жан Ваг: ''Зора над газом Јавока'', стр. 132, Идеа, Белград, 2000. година.

Page 15: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Иако е познато дека човекот е единственото разумно суштество на планетата, сепак сé почесто се појавуваат ставови и докази дека мислење не е својствено само за човекот. Впрочем, ни дресирање на животните не би постоело кога во животинскиот мозок би постоел само инстинкт. Многу пооправдано може да се прифати дека човекот успеал да го развие својот интелект повеќе од останатите животни и благодарение на тоа станал супериорен во однос на нив. Со развивање на својот интелект, човекот успеал да развие и средства за опстанок.

Мислата функционира на два начина: Преку сетилата ги забележува и ги преработува сликите од природата. Ако е неповрзана со сетилата, работи со интелектуалните шпекулации или како што вели Кант: Мислата се игра сама со себе. Меѓутоа, и кога е привидно одвоена од сетилата, мислата постои на начинот на природата. Според Голдман, „мислата е жив процес чиј развој е реален, но не и линеарен.“3 Човекот комуницира со природата со своите фантазии на навидум нереален, но всушност природен начин. Тој може да создава големи уметнички дела но воедно и да нанесува големи проблеми на еколошката рамнотежа. Од тие фантазии очекуваме да ги коригира своите грешки, а не да се исклучиво сведува на заблуди. И кога од ученикот образуваме фантазер кој зборува за своите апстрактни доживувања, произведуваме носители на навики и волја да делува од фантазијата од своето внатрешно доживување кое не ги уважува пораките од сетилата. Оттаму можеме да кажеме дека човековата мисла во врска со природата не е само природна туку и воспитно - образовна, дејствена и самодејствена. Произведува, развива и ги менува навиките и праксата со која што стапуваме во односи со останатата природа.

Мислата за природата се развивала паралелно со човековото постоење. „Расудувањето е” вели Жан Ваг, „без сомнение било современо со првата алатка и првите зборови, многу пред самиот себе си да се анализира“.4 Уште од најраните мисли таа го гледала постоењето и дејствувањето до денес, мислата за фантазија се развива постепено, но не и рамномерно со иста динамика. Природните појави и стравот за опстанок можат да бидат различни, но и многу блиски до инстинктот. Такви мисли се карактеристични за човечкото суштество. Развојот на мислата за природата се дели на:

Адаптивна,

Логичка,

Научна и

Практична.

За адаптивнатамисла одговара религиозното сфаќање за природата.

Логичката мисла претставува настојување рационално, систематски и преку мудроста како крајниот триумф и домет на човековото промислување да се стигне до одговори на онтолошки, аксиолошки и гносеолошки прашања. Во логичката мисла, разумот е единствен субјект кој сам од себе изведува мисла. Ваквото мислење е карактеристично за филозофијата.

Научното мислење настанува во оној момент кога логичкото мислење поставува конкретен предмет, и во склад со нив одредува методи и средства на сознание. Научното мислење е во врска со конкретното. Практичното или емпириското мислење за природата, старо скоро колку и човекот, е фрагментарно воочување на законитостите кои заедно со логичкото мислење можат да дадат различни слики.

3Лисјен Голдман: ''Скриениот Бог'', стр. 88, БИГЗ, Белград, 1980. година.4'Жан Ваг: 'Зора над газом Јавока'', стр. 14.

Page 16: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

РЕЛИГИСКИ ПРИСТАП

Уште примитивните луѓе го забележале значењето на природата за сопствено преживување и развој. „За примитивниот човек природата била и мајка и маќеа”.5 Првото обликување на свеста за коегзистенција со природната околина се јавува во вид на верување и регулирање на општествениот развој со помош на строги забрани - табуа. Табу во некоја смисла се јавува како прво законодавство и препорака за одржлив развој. Натуризам е прва форма на колективно свесно доживување на природата како натчовек. Првите богови се замислени како природни суштества. Во неможност да ја открие тајната на природата, човекот внесува чувства во неговите ставови за појавите, процесите, движењата. Натуризам како религија го произвел култот на природата - воодушевување и поклонување пред природата.6 Спротивно на натуризмот, анимизмот е религиско заговарање за постоењето на душата независно од природната реалност. За него е својствено верувањето во постоење на паралелен духовен свет независен од природата. И за него е невообичаено нашето денешно сфаќање дека „духовниот живот е постојана размена помеѓу човекот и природата” во која треба да се почитува односот на еднакви.7 Задгробниот живот, култот на икона и култот на черепот настанале како рефлексија на анимистичкото верување.

Тотемизам е таинствена крвна врска помеѓу членовите на општествената група која е поврзана најчесто со „животно” или „растение” кое е уште еден од облиците на примитивната религија.8 Тотемот - култно животно или култно растение – е предмет на обожавање. Аналогно на тотемизмот, во некои краеви на планетата се развил и фетишизам, т.е. верување во предмети на кои им се препишува посебна заштитна моќ (амајлија).

Политеизам - со преоѓање од првобитната религија во политеизам, кое историски се поклопува со преоѓањето од првобитната заедница во робовладетелство настанала митологијата -верување во митови.9Мит или фантастична приказна за боговите, својата основна сила ја црпи од натприродната сила на овие суштества. Митовите се полни со бајки, херојски приказни и легенди. Целта на митовите е со две значења: кон просветителството (Русо) и интелектуалното (Леви Штрос) преовладува мислењето, дека требале да пружат некој вид на знаење, додека другиот поаѓа од емоционалните причини - да воспостави врска помеѓу општествената заедницa и боговите, т.е. животот на земјата и природните законитости кои на луѓето им биле неодгатливи па затоа ја окупирале нивната фантазија.10 Помеѓу луѓето и боговите се воспоставува врска преку ритуали и обреди. Ритуалите претставуваат систем на постапкисо кои човекот треба да ги задоволи боговите.

Монотеизам - иако митовите со сликовити содржини не го објаснувале светот, туку само ја задоволувале религиозната потреба на човекот, тие го надживеале робовладетелсвото и политеизмот и во прилагодени содржини продолжиле да живеат во монотеизмот. Приказната за „Ноевата барка“, „Адамовото јаболко“ и други требале да ги засилат верувањата во новата религија која заговарала постоење на еден бог -монотеизам.11 Новата религија или религии засновани на

5Вукашин Павловиќ: ''Религија и еколошка криза'', зборник на дела''Екологија и религија'', стр. 40, Екоцентар, Белград, 1997. година.6Остатакот од тоа верување е култот кон дабот кај српскиот народ , чија светост се задржала се до денес. За Бадњик дабови гранки ги украсуваат свечените маси, а дабовото дрво се става во печките.7Ѓуро Шушњиќ: ''Религија и екологија'', зборник ''Екологија и религија'', стр. 148Овој обичај се задржал некаде во Срем при ископувањето на темелите за куќа. Над ископаниот канал се коли јагне или прасе и крвта се испушта во јама пред ставањето на каменот. 9Струве и Калистов истакнуваат дека на Крит култ кон природата владеел до вториот милениум пред нашата ера, што би можело да се поистовети со распаѓањето на првобитните заедници на доселениците и воспоставување на робовладетелско општество. Според нив тотемизмот како обожување на животните и билките и култот кон женската убавина е споен во еден култ-култот кон жената како божица на природата. (В. В. Струве-Д.П. Калистов: ''Стара Грција'', стр. 35, Бук, Марсо, 2000. година.)10Лешек Колаковски: ''Религија'' стр. 12, БИГЗ, Белград, 1992. година.11Првата од 10 божјих заповеди гласи: ''Јас сум Господ Бог твој. Да немаш други богови освен мене.''

Page 17: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

верувањето во еден бог требало да дадат нова формула за одржливиот развој. Монотеистичките религии го оддалечиле човекот од природата затоа што се развивале паралелно со развојот на градовите, трговијата и културата. Паганското обожавање на природата било презирано и уништувано со бројни војни и инквизиции. Бог ја создал природата, а човекот е само слуга.

Дури во современото време, со еколошката криза во светот, акцентот се поместува од пасивниот однос према природата кон активната коегзистенција со неа. Асишката декларација од 1986 година која била потпишана од претставници на пет религии содржи„Пораки за човекот и природата во будизмот, христијанството, хиндуизмот, исламот и јудаизмот.” Наведените религии во прв план истакнуваат дека човекот е одговорен за еколошката криза затоа што единствено тој има способност да ја преземе одговорноста за развојот на Планетата. Христијаните го повикуваат човештвото да даде предност на моралните вредности над технолошкиот напредок, а во име на културата, верата, вистината, правдата и мирната коегзистенција на ситет народи повикуваат на дијалог за рамнотежа помеѓу научните цели и еколошките последици од примената на научни иновации. Почитување на природата во хиндуистичката религија е засновано на претпоставката дека уништувањето на природата би довело до уништувањето на самиот човек. Во Шеријат кој уште во 13 век ги формулирал правата на животните се повикува на единство, доверба и одговорност за еколошки одржлив развој. Според Стариот завет Бог го создал човекот (пола животно, пола ангел) со намера да покаже дека може да се однесува како морално суштество, па оттука јудаизмот ги повикува луѓето на одговорност за еколошки одржлив развој, т.е. да го штити животот од своите, но и од туѓите грешки.12

Односот на религијата кон одржливиот развој. На религијата или религиите не може да им се оспори придонесот кон одржливиот развој, најмалку од две причини:

Прво, како доминантен облик на општествената свест, во разни облици и со разни содржини, тие се многу подолго присутни во историјата на развојот на човечката цивилизација од филозофскиот и научниот поглед на светот.

Второ, и покрај постоењето на филозофијата и науката, религијата останала внатрешна потреба на човекот, негов природен начин да се штити, развива и надева. Филозофијата и науката го оспособиле човекот секогаш да поставува нови прашања и никогаш да не се задоволи со откриените вистини. Природата на човекот и вечниот млад дух во неограничен простор и време, неизвесност со која ја менува природата и, особено, вечниот страв од смртта длабоко го вкоренуваат присуството на религијата во човекот. ”Кога не би ја имало смртта, не би постоела ни религијата.”(Фоербах)

Од друга страна и покрај претпоставката дека религиската свест е најстар облик на општествена свест, еднострано присвојување на правото на толкување на одржливиот развој, па оттука и на искористување на природни ресурси, од страна на религијата би било катастрофално. Прво заради конзервативниот однос на религијата кон општествениот развој. Тоа би го спречило развојот на човештвото и би го довело до состојба на неодржливост. Религиските учења се засновани на дедуктивното објаснување на светот. Еколошки одржливи развој, пак, подразбира често менување на теорија и пракса според природното опкружување. Второ, во рамките на религијата има контрадикторни ставови кои идат до исклучивост. Сите религии предвидуваат неограничено право на човекот да се размножува. Истовремено реалноста не е во состојба да ги задоволи потребите на сите луѓе на планетата. Религија и наука можат да бидат компатибилни. Религијата била претпоставка за развојот на свеста до научно сознание. Денешните видувања за

12Договорот е потпишан 29. септември 1986. година вобазиликата Св. Фрањо во италијанскиот град Асизупо повод 25 годишницата на Светската организација за заштита на шумите и природата. Види зборник ''Екологија и религија'', стр. 95-118.

Page 18: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

светот како космичка држава е во старите митови.13 Објективната вистина за која тежнее современата наука и етичност и која се смета за врв на религијата, се претпоставки за хуманизација на науките и религијата има активна улога во еколошки одржливиотразвој.

ФИЛОЗОФСКИ ПРИСТАП

Обидот да се организира општествениот живот и светот да се објасни на рационален начин се создале претпоставките за настанок на филозофијата. Тежнеење кон мудростите на подрачје како што е човечкото интересирање, макар и покрај разумски пат ја изолирале филозофијата од општа и посебна наука. Филозофијата има метод, но нејзиниот предмет е мултидисциплиниран, неограничен по што се разликува од другите науки. Во филозофијата природата се соочува со теорија за човекот, теорија за сознание како и теорија на вредности. Старогрчката филозофија настанала како прво настојување на тогашните филозофи да го објаснат настанокот на животот во космосот. Објаснувајќи го настанокот на животот од водата (Талес), апејрона (Анаксимандер) и воздух (Анаксимен) луѓето од Милет во 6 век пред нашата ера го поставиле темелот на филозофијата. Три века подоцна, природата во Стара Грција е следена од етиката која Аристотел ја вовел во IV век п.н.е. од стоицистичката (Зенон, Хризип и Клеант) и епикурската школа (Епикур). Додека Епикурците се договарале за независност на човекот од природата и потполно задоволство на луѓето, стоиците може да се гледаат како првите втемелувачи на еколошките мисли. Животот е возможен, само во согласност со природата. Тој е дар од природата. Човечката природа претставува дел од космосот и затоа овие две природи мора да бидат во согласност (Хризип). Клеант космосот го издигнал над човечката природа. Ние мораме да се придржуваме до природа на космосот, додека ни е оставено на волјата да се придржуваме или да не се придржуваме до својата природа. Универзалниот закон на природата во себе носи разумна идеја, добра, убава и корисна.

Схоластичката филозофија од средниот век прашањето за постоење и живот за човекот го одалечила од природата. Монтењ (16век) во анализата на римските гладијаторски игри забележал суров однос спрема животните кој завршува со суровост на луѓето едни спрема други.

Во 17 век под влијание на развојот на природните науки и техничките достигнувања Барух Спиноза се враќа на онтологијата промовирајќи супстанција (нешто вечно, бескрајно и со многу атрибути) како основа на сé, а Богот го поистоветува со природата. Односот на човекот со природата, посебно го нагласува постоењето на човекот, иако по потреба на природата, не е потреба без која би ја снемало природата. Природата е супстанција доволна сама по себе, додека човекот е само облик на исполнување на таа супстанција и може да исчезне како што и настанал. Враќањето на етичките прашања за човекот и природата ги наоѓаме кај Кант. Во своите морални принципи категорички заклучува дека човекот има само морални обврски спрема другите луѓе, додека спрема својот живот е ослободен од тие морални обврскии спрема сите останати. Кант кој е основач на антропрецентизмот не гледа било каков морален став према природата. За него природата е творец и деспот. После населување и раселување на народот. Природата која се погрижила луѓето да можат да живеат секаде на земјата, истовремено и покрај нивната волја,и да не сакаат, тие мораат да живеат секаде.14 Хегел поаѓа низ филозофиската природа која се занимава со идејата надвор од себе, додека неговите следбеници пред се Фоербах, Маркс и Енгелс во својот материјалистички правец откриваат дека целокупниот општествен поредок е заснован на потребите за материјално присвојување или преживување, а не со согласности со природата. Во анализата

13Типичен пример е делото на Барбара Ворд и Рене Дибоа: ''Земјата, нашата единствена планета''. Еуген Финк вели: ''Преставатаза светот како космичка држава се создала под влијание на космичката митологија'' (Според, Милан Узелац: ''Друга стварност'', стр. 32, Књижевна заедница, Нови Сад, 1989. година).

14Имануел Кант: ''Вечен мир'', стр. 62, Гутенбергова галаксија, Белград-Ваљево, 1995.година.

Page 19: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Маркс ги открил причините за развој, но и причина на општествено напуштање (со голема жртва) однос на капитал во корист на хумана заедница-комунизам. Посебно треба да ја истакнеме Марксовата критика за филозофијата. Во 11 ”Тезата за Фоербах”, истакнува дека сите досегашни филозофи настојувале да го толкуваат светот а работата е во тоа да се менува филозофијата која никогаш не го поминала тој праг, по што се разликува од науката. Филозофијата во суштина останала теорија, додека одржливиот развој често и непрекинато ги преплетува теоријата и праксата. Сепак, голема заслуга има филозофијата за одржливиот развој: прво, филозофското настојување е прва радикална делба со ирационално објаснување на природата, друго, таа е основа во која со време се издвоиле бројни природни и општествени науки, трето, денес филозофијата има уште неоткриени научни сознанија и животни факти на рационален начин, создавајќи еден хаотичен свет на поднесување на разум и доволно инспиративен за да се настави со научни истражувања.

НАУЧЕН ПРИСТАП

Науката би можела да се одреди како систематско и методолошко истражување и познавање на законитостите, појавите и процесите засновани на веродостојни заклучоци кои можат да се проверат практично, применувајќи ги или да служат за верно предвидување. Научниот пристап исклучува секаква непринципиелност и произволнист. Од една страна се подразбира дека мора да се произнесат објективни вистини, а од друга страна да биде во функција на хуманизација на општествените односи и животот на луѓето воопшто. Таков карактер на науката не води кон заклучок дека развивањето на научниот поглед на светот е во тесна врска со одржувањето на човечкиот развој и неговото опкружување. Тој е во крајна мера условен со науката. Исто така, фактот дека научните истражувања и знаења се вршат во конкретни општествени околности делува на степенот на внесување на морални компоненти во науката. Понекогаш доцнела за настаните, а во поедини временски интервали знаела да биде сојузник на силите кои го жртвувале хуманизмот поради посебни интереси. Иако терминот одржлив развој настанал дури во 20 век, прашањето за општествениот развој и односот на човекот кон природата има подлабоки корени. За тоа дознаваме благодарение на развојот на науката.

ИСТОРИСКИ ПРИСТАП

Историјата е наука која го изучува објективниот развој на сé што постои, а во потесна смисла објективниот развој на околината. За неа се посебно драгоцени пишаните траги за развој на цивилизацијата. Историската наука ни дава материјали кои документираат дека уште дамнешните цивилизации, иако парцијално, биле соочени со прашањето за рамнотежа во природата, проблеми кои настануваат поради непочитувањето на законитостите на природата и одржливиот развој. Библискиот ловец-господар во минатото бил принуден да донесува закони и уреди со кои не ја уредува само природата, туку се ограничил и самиот во искористувањето на природните добра. Се смета дека најстариот правен акт за заштита на природата е донесен во Вавилон, во 18 век п.н.е. Тоа е Закон за заштита на шумите.

Првите пишани трагови за заштита на воздухот од човечкото работење датира од 13 век. Од 13 до 15 век во Англија, познат по магла, се настојувало да се спречи загревање на објектите со помош на јаглен. Воочено е дека согорувањето на јагленот го загадува воздухот повеке од мерката на подносливост што доведува до болест и трагични последици за престојот и целокупната природа на островот. Англискиот крал Едвард 1 (1271-1307) донел наредба за забрана за употреба на јаглен. Слични наредби донеле и кралевите Ричард 3 (1377-1399) и Хенри 5 (1413-1422). Заштитата на водата втемелена е во Шведска 1734г. Земјата, шумата и бистрите езера, каква што е Шведска, во

Page 20: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

18 век се соочила со масовно ловење на риба и први почетоци на либерален развој на индустријата. Со донесувањето на овој закон се настојувало да се ограничи искористувањето на овој природен ресурс. Се смета дека првиот акт за заштита на животинскиот свет е донесен во Русија. Петар Велики во почетокот на 18 век донел закон за заштита на северниот елен. Подоцна слични акти ќе бидат дфонесени во различни краеви од светот поради зачувување на ретките видови на животни.

Техничката револуција, означена како голем исчекор на човекот, во еден временски интервал се настојувало да се протолкува со либерални закони како неограничено право на човекот над природата. Претварањето на пастштата во индустриски зони, а реките во базени за индустриски отпад довело до епидемии на заразни болести. 1836 год. Во Велика Британија е донесен закон за зачтита на водите од индустриски и друг отпад. Овој закон би можело да се земе како прв пишан акт во борба против валканата технологија која дури во 20 век ќе се означи како еден од важните фактори за загрозување на животната средина.

Заштита на урбаните целини од Анархистичкото делување на луѓето е стара исто колку и човечките населби. Римскиот цар Јустинијан со прописи го регулирал рушењето на зградите со цел да се заштити изгледот на градот. Во Дубровник во 1272 година е донесен Статут, со кој помеѓу останатото, регулирана е канализациската мрежа и изградбата на улиците. Грција, обновувајќи се по ослободувањето од Турците, донела закон за заштита на спомениците на културата (1834г.). Во Србија во 1841 година е донесена наредба за одржување на чистотата во Белград, а потоа следел план за подигање на парковите и првите нацрти за урбанистички план за уредување на Белград. Шведска во 1874 година донела закон со кој го регулирала ширењето на градовите.

БИОЛОШКИ ПРИСТАП И НАСТАНУВАЊЕ НА ЕКОЛОГИЈАТА

Човекот е природно суштество и како такво е предмет на биологијата и нејзините посебни науки. Чарлс Дарвин (Потеклотот на видовите -1859 г.) по научен пат го утврдил местото на човекот во живиот свет. Борбата за опстанок е претпоставка на еволутивниот развој на посилните во однос на послабите видови, т.е. оние кои опстанале го зазеле просторот и се развивале на сметка на оние живи видови кои исчезнувале. Без сериозен пристап на свеста, посебно на општествената свест, биологијата докажала дека човекот е изложен на факторите на природната средина (клима, воздух, вода и др.). Тие влијаеле еволутивно да се формираат или да исчезнат поединечни органи.

Прво значајно поместување во истражувањата на факторите за средината и делувањето на луѓето дал Ернест Хекел. Во 1866 година германскиот биолог ја формулира посебната дисциплина во рамките на биологијата и екологијата. Првата цел која си ја поставил била да го одреди односот помеѓу човечкиот организам и надворешните фактори кои го опкружуваат. Во 1869 година Хекел поставил и друга цел. Одговорил на прашањето, како живите организми работат со животната средина. Затоа називот екологија го составил од грчкиот збор еко (оикос) – домакинство, околина и логос-наука. Така дошло до посебна наука во рамките на биологијата. Предмет на екологијата е истражување на меѓусебната интеракција и односот на живите организми, вклучувајќи го ичовекот, и нивната жива и нежива природна околина.

СОЦИОЛОШКИ ПРИСТАП И НАСТАНУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНАТА ЕКОЛОГИЈА

Науката за општеството секако во својот почетен развој е инспирирана од биологијата, посебно од Дарвиновата теорија за еволуцијата. Херберт Спенсер го објаснил општеството, вклучувајќи го и неговиот развој, по пример на живите организми. Ова престојување во културните промени се засновани на повеке автори. Ќе споменеме двајца, по авторитет, најрепрезентативни. Идеалистот, Германец Теодор Вајц сметал дека луѓето под еднакви или слични услови создаваат еднакви или слични установи, бидејќи човековиот дух е универзален. Материјалистот, Луис Морган

Page 21: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

го застапувал еволуционистичкиот развој од пониски кон повисоки облици во општественото организирање. Етапите на дивјаштвото, варварството и цивилизацијата се развојни фази на човештвото, од пониски кон повисоки, условени од развојот на производството. Под притисок на социјално-цикличните сваќања кои разликувале божествено, херојско и човечко доба и Огис Конт, кој разликувал теолошки, метафизички и позитивен период во развојот на човекот се развиле теории на циклични промени. Суштината на развојот на човековата култура, по Освалдо Шпенглер и други истомислениците не е во историскиот, туку во природниот редослед. Системите се раѓаат, развиваат и пропаѓаат. Поединци помеѓу нив (Сорокин) се обидувале во развојот да внесат историски компоненти, објаснувајќи дека системите не пропаѓаат, туку дека се развиваат од еден во друг така што најголем домет во циклусот на исчезнување претставува почеток на нови кои ќе се родат. Под притисок на економските и политичките прилики – либералниот капитализам во 19 век – изградена е оригинална теорија на општествениот развој низ револуционерните промени. Општеството е поделено на две основни класи – сопственици и несопственици на производна сила – кои меѓусебно се во постојан конфликт. Кога производните сили и производните односи дојдат во таков конфликт што првите да не можат понатаму да се развиваат покрај ограниченоста во општествените односи, доаѓа до “експлозија” која означува крај на дотогашниот начин на производство и воспоставување на други општествени односи. Таа “експлозија” не ништо друго туку револуција. Овој термин се дефинира како квалитативна промена на општеството. Претпоставка за исчезнување на револуционерните промени е воспоставување на такви општествени односи во кои степенот на развој на производната сила и развојот на општествената свест ќе овозможи распределба на проблемите. Застапници на овие свакања на општествениот развој се Маркс, Енгелс и Ленин и други автори на марксистичката ориентација. Поаѓјќи од биолошките потреби на човекот, општествениот развој се објаснува и како постојано настојување да се задоволат (природните и општествените) потреби. Задоволувајќи ги потребите изумира функцијата, а на нејзино место настапува некоја друга или други кои бараат ново организирање на луѓето и нова пракса. Ако не знаеме, вели Георги Плеханов, кој создал некоја култура, да се запрашаме кому таа била потеребна. Тогаш ќе добиеме одговор на нашето прашање. Освен Плеханов, на овој правец припаѓале Бранислав Малиновски, Вилхем Милман, Ричард Турнвалд и други.

Во 20 век се случиле две светски војни и многу локални војни. Тоа е век во кој интензивното производство нараснало до незамисливи размери. Појавата на озонската дупка и низа на еколошки катастрофи ја извеле социолошката наука на нов терен – односот на човекот и природата. Развојот на научната мисла за еколошките прашања се дошло до сознание дека интеракцијата помеѓу човекот и природата нема само органски карактер, туку треба да се набљудува и како однос на општествениот живот и природната рамнотежа. Благодарение на технолошката револуција човекот станал најактивен фактор за природната рамнотежа и одлучувачки двигател на развојот на природата. Од друга страна, промените во природата се рефлектираат врз општествените односи и на општествениот живот воопшто. Пореметувањето на рамнотежата во природата е последица на нарушувањето на промените помеѓу луѓето и оттуѓените општествени односи. Воспоставување на природната рамнотежа е можно со воспоставување на рамнотежа на посебни интереси во рамките на општествената заедница. А, повторно, општествената рамнотежа која се заснова на оптимални (а не на максимални и минимални) потреби во склад со природата е основа за одржување на развојот, како за природата така и за човештвото. Ваков развој на екологијата довел до создавање на социјалната екологија (во 1921г.). За основач на социјалната екологија се сметаат Американците Парк и Барџес. Во најширока смисла ја одредиле социјалната екологија како меѓусебно дејствување на општеството и природата.

ЕКОЛОГИСТИЧКИ ПРИСТАП

Еколошката криза станала предмет на научните истражувања дури во последниве два века. Природата експлоатацијата на природните ресурси е предмет на бројни, како природни така и

Page 22: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

општестнени науки. Во првата група би ја вброиле биологијата и науките изведени од нејзината основа – зоологија, денедрологија (наука за дрвјата)фитоценологија (наука за билните заедници) и др. Со неорганска природа се занимавале географија, астрономија, хидрологија, климатиграфија и сл. Општествените науки со оваа тематика воглавно ја обработувале од хуманистичко гледиште, т.е. од гледиште на односот на човекот кон природата и нејзините потенцијали. Управувањето, стопанисувањето, формирањето на општествената свест и обликот на организирање, начинот на живот во различни географски региони, како и во минатото, предмети се изучувње на економија, понитички науки, социологија, географија, исроријаа. За тоа веке беше кажано во воведниот делна овој труд. Со експлоатацијата на природните ресурси се занимаваат, покрај општествените, техничките науки, воглавно познати како технологија на конкретни или сродни групи на природни ресурси.

Како природните, така и општествените и техничките науки во својот предмет на истражување негувале воглавно позитивистички пристап.Тоа создало опасност дека заклучоците имаат инкопатибилен карактер. Појдовната глобална основа на овие откритија би можело да гласи:”Она што е добро за човекот, добро е и за природата”.15 Меѓутоа, со време се открило дека она што е добро за човекот не мора да биде добро за секој човек, па не и за природата. Екологијата, вели Андре Горц се разликува од експлозиите што можат да ги трпат и авторитарните режими и технофашистичките решенија, па оваа другата е принудена да ја користи екологијата како орудие за критика на цивилизациското општество.16 Бидејќи од екологијата не може да се извлече моралот на еколозите како нематеријалистичка критика. Материјалистичкото општество го претставувало повикот на хуманизација на природните и техничките откритија и партикулираните испади на природата и општеството. Се јави потреба од една страна за мултидисциплинарен пристап, а од друга страна за уште подлабока специјализација на внатре општата наука. Полека се напушта антропоцентризам, т.е. гледиштето дека општествените односи се набљудуваат одвоено и независно од нерушувањето на природната рамнотежа. Инструменталниот пристап кон природата се заменува со екоцентризам во потесна и поширока смисла.17 Освен критиката на цивилизираното општество, Екоцентризмот го означил процесот на внесување на моралот во однос на човекот кон животните, растенијата и Земјата.

ПРАКТИЦИСТИЧКИ ПРИСТАП

На крај, ни се наметнува потребата да ја согледаме практицистичката употреба на екологијата и еколошката тереминологија. Зошто? Во процесот на воспитание и образование младите луѓе се изложени на бројни притисоци кои го определуваат формирањето на нивните судови и навики за понатамошно делување. Проблем на еколошкото воспитание и образование, освен комплексноста на самата природа и очекување од науката, дополнително го комплицираат секојдневниот практицизам. Можеме да забележиме дека практицизмот се јавува во три појавни видови:

а) Натурализам;

б) Прагматизам и 15Вукашин Павловиќ: ''Екологија и етика'', зборник на дела''Екологија и етика'', стр. 16.16Андре Горц: ''Екологија и политика'', стр. 47, Просвета, Белград, 2002. година.17Во центарот на нашето внимание не се повеќе само интересите на човекот. Анимоетниката бара да се почитуваат барањата на сите суштества кои имаат чувства. Биоетиката го проширува кругот со уважување на интересите на сите живи суштества. Планетарната етика во својот предмет ја вклопила и неживата природа која постои на земјата, а геаетиката и воздушниот обрач колку земјата. Алдо Леополд во 1933. и 1949. година во своите дела разликува три фази на создавање на човековиот морал:религиска (во која луѓето воспоставуваат меѓусебни односи со посредство на односите со Бог), демократска (во која односите меѓу поединците се регулираат со посредтсво на општеството) и еколошка (која сеуште не е развиена, но подразбира однос на човекот со неговата околина). Според претходно споменатото дело, стр. 24.

Page 23: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

в) Свесно манипулирање со екологијата поради остварување на партикулираните интереси.

Во македонскиот јазик под поимот екологија често среќаваме наука за животната средина или уште почесто “како наука за заштита на животната средина”. Програмата на еколошките асоцијации, па во голема мера и училишните програми не одат подалеку од натурализмот. Глорификувањето на природниот поредок на екологијата го сочинува виртуелната наука, поточно за учениците од високо урбаните средини. Натурализмот намерно го воспоставува енциклопедизмот за традиционалните училишта. Сметајќи за снабдување на учениците со знаење (читање, информации) го запоставува мисловниот и практичниот развој на учениците. Натурализмот го фабрикува светот на фантазијата бидејќи образованието не се поврзува со производство. Натурализмот понекогаш оди толку далеку што осудува било каква човечка невнимателност, вклучувајќи ги и примарните потреби како што е исхраната. Свињата има “добра душа”, лисицата е “фамилијарна”, интензивниот тов е нехуман…Она што не им се забранува на животните, им се забранува на луѓето. Се зборува дека човечката практична невнимателност настанала и се развивала поради неможноста да го прифати природното постоење како одржлива состојба.

Прагматизмот се спротивставува на натурализмот како што се спротивставува материјализмот на идеализмот. Кога црногорската влада своевремено го промовирала концептот на еколошка држава, недопрената природа станала синоним за екологоја. Во тие години Црна Гора најмалку била оптеретена со валканата индустрија. После тоа пораснал дури и бројот на автомобили, а “еколошката држава” немала ништо против тоа и повеќе пати да се помножи бројот на туристи кои користат автомобили како втор загадувач на планетава. Слично може да се каже и за македонските туристички центри – Маврово, Пелистер,итн.- кои се развивале со вложување на државата во недопрената природа како би се привлекле “загадувачи”. И во двата случаи производството е апострофирано над интересите за природната рамнотежа. Пробиени се планини, градени се хотелски комплекси, огромни паркинзи, сечени се шуми, истеруван е дивеч…На биодиверзитетот му е одземен простор или пресечен е со сообраќајници, згради, врева. На високиот стандард му оделе во пресрет богатите понуди. Еколошкото делување е доведено во прашање. Зошто? Знаењето за тоа како човекот делува на природата сеуште се непотполни и не се до крај научно одредени. Она што се насетува сеуште не е знаење.

Во современата епоха екологијата намерно се користи во манипулативни цели. Со посредство на медиумските пораки во нашата свест и подсвест ни се вградува терминот “еколошки производ” или уште поконкретно ”еколошки здрава храна”, “еколошка хартија”, ”еколошко доење”, ”еколошки енергетски напиток”, ”еколошко гориво” и сл. Широката употреба на поимот екологија делумно е продукт на лаицизмот, а повеќе е манипулација пресметана за комерцијални цели. Уште пред 10 год. Штевчиќ, укажувајќи на тој проблем, застанал на гледиштето дека поимот екологија треба прецизно да се дефинира.18 Утврдувањето, што всушност е екологија, за еколошкото воспитание и образование значи истерување на “духови” кои го збунуваат младиот човек да го одреди своето место во природата и социјалното опкружување. Тоа е еднакво на протерување на лаги од пропагандите кои го прават неспособен адекватно да се организира, да ги проектира своите можности кон животните прашања, да ја одреди својата улога во рамнотежата на природата и да се доживее себеси како вреден дел од природата и општеството.19

18Здравко Штевчиќ: ''Логички проблеми екологије'', Филозофски истражувања бр. 60, стр. 19, Загреб, 1996.19Анкетата на извршниот совет на Војводина 1997 и Министерстваото за здравје САД 1996. покажале дека 13% односно 34% од малдите кознумираат дрога (Види, Миленко С. Стојниќ: ''Социолошкиот пристап во улога на воспитанието и образованието во превенција против зависноста на младите од опојни средства'', Зборник на дела ''Со знаење против злото '', стр. 103, Министерство за образование и спорт, Институт за економика и финансии, Белград, 2003. година.

Page 24: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Манипулирањето со еколошките термини со кое граѓаните секојдневно се изложени е свесно и целосно расфрлање на еколошки научната апататура. Злоупотребата е во склопот на задоволување на парцијалните интереси. Иако индиректно до потенцијалните потрошувачи доаѓа како пропаганда, со повеќекратните повторувања духовно ги храни, и ги воспитува. Некогаш пропагандата може да биде тешко креативна и силна за да може лесно да ги потисне научно верификуваните знаења.

АНАЛИЗА НА ТЕОРИИТЕ ЗА УЛОГАТА НА ПРИРОДАТА ПРИ ВОСПИТУВАЊЕТО

И РАЗВИВАЊЕТО НА ДЕТЕТО ВО ПРЕДУЧИЛИШНА И РАНА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Првите идеи за запознавање на детето со природните и општествените појави датираат од древните општества. Базирани на воспитното искуството на примитивните луѓе, идеите за организирана предучилишна подготовка се појавуваат во филозофските учења и системи на древните грчки и римски мудреци - Сократ, Платон, Аристотел, Квинтилијан и др. Платон прв предлага за децата од 3-6 години да се грижат воспитувачки назначени од државата, кои ќе ги запознаваат со околниот свет преку игри и специјални активности. Според Аристотел детето треба да биде во домот до 7та година, при што предлага семејството не само да го воведе во семејните обичаи и традиции, туку и да го подготви за живот во социјалната средина.

Нови идеи за запознавање на детето со околниот свет се издигаат во условите на ренесансата- детето веќе е во центарот на воспитниот систем и притоа се откриваат неговите интереси за комуницирање со природата и општгеството. Виторино де Фелтре основа училиште ˝дом на радоста˝ кој што претставува прекрасен дворец во многу убав парк и децата живеат и учат во него. Воздух, светлина, простор, другарски игри, песни, радост. Образованието во овој дом е сврзано со природни појави и општествени објекти како и со интересни форми. Хуманистот Франсоа Рабле исто така го воведува својот фантастичен херој Гаргантјуа во природата каде што врши набљудувања помеѓу природни објекти и појави, прошетки во полето и гората, правење на хербариуми. И денес неговите идеи оставаат голем впечаток за практичното образование при максимална нагледност и учењето во тесна врска на со околната средина. Во својата утопија, Томас Мор го определува детето да учи природознание, да ја набљудува работата на возрасните, и тој препорачува нагледно запознавање на природата и општеството, за знаењата за нив да се изградат во вистински претстави за околниот свет и од рано да се формира правилен социјален однос.

КЛАСИЧНАТА ТЕОРИЈА НА КАМПАНЕЛА ЗА РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО ПРЕКУ ЗАПОЗНАВАЊЕНА ОКОЛИНАТА

Многу оригинална е идејата на Т. Кампанела да ги искористи градските зидови на кои што ќе има насликано реален модел на светот. Фантазијата на Кампанела го сместува градот на сонцето на висок рид помегу опширна рамнина така што градот се разделува на 7 опширни појаси наречени планети. На надворешните зидови на централниот храм се претставени сите звезди и се посочени секоја со по три стиха. Од внатрешната страна од зидот од првиот круг се напишани сите математички фигури а на надворешната страна е претставена земјата и сите области во неа придружени со краток опис во проза на обичаите, законите, карактерот, потеклото и животната сила на нивните жители. На внатрешната страна на зидот од вториот круг се нацртани делови од сите

Page 25: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

познати скапоцени и нескапоцени камења, минерали и метали со по два стиха за секој од нив. Надворешната страна е резервирана за појавите во морињата, реките, езерата и изворите, како и за цртежите на виното, маслата и сите видови на течности како и нивните квалитети и својства. На таа страна од зидот има специјални издигнатини на кои се поставени садови со течности стари од 100 до 300 години за лечење на различни болести. На истата страна пак заедно со соодветни стихови се наоѓаат трајни претстави на снег, бура, град, и останатите воздушни појави. Внатрешната страна на зидот од третиот круг е исполнета со цртежи и податоци за сите видови дрвја и треви, некои од кои што растат во грниња поставени по издигнатини на зидот. Внатрешниот зид е отстапен за рибите, и се опишани нивниот карактер и особеностите, начинот на размножување и живот, ползата за луѓето. Од четвртиот круг внатрешната страна од зидот е резервиран за цртежите на сите птици и опис на нивните квалитети, размери, карактери, начин на живот, а на надворешниот зид има претстава за влечугите и водоземците. И двете страни на зидот од петтиот круг се исполнети со слики од животот на вишите земни животно и нивнота разноликост. Зидот на шестиот круг е резервиран за општествениот живот. Внатрешната страна е посветена на занаетите и занаетчиските орудија, и објаснувања за нивната употреба од различни народи. На таа страна се и портетите на нивните изумители. Надворешната страна на зидот од шестиот круг е оставена за сите инвентори во науката , армијата и законодателството. Образованието на малите деца е разновидно-од вотрата година секое дете започнува да ја учи азбуката и да се шета околу зидините на градот под призор на учени стари луѓе. До седмата годниа децата ги посетуваат и работилниците за да се определат нивните индивидуални склонсости кон некоја област и да се определи нивната идна професија. Така Томас Кампанела не само што ја збогатува идејата за запознавање на детето со околниот свет преку оригиналнота нагледност, туку и дава значаен практичен карактер.

ЈАН АМОС КОМЕНСКИ И ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ДЕТЕТО СО ОКОЛИНАТА

Големиот Јан Коменски прв преку “Мајчиното училиште“ 1633 создава програма и методика за предучилишно образование, при што го определува до детал содржината и методичките побарувања за запознавањето на детето со природата. Според него уште во предучилишна возраст детето треба да учи да ги распознава нештата и да разбира некои појави; да владее со знаења и уменија за физички труд и да присвои одредени норми на поведение.

Јан Коменски ги поставува знаењата за природата во основата на умствениот развој и воспитувањето на детето. Затоа до 6 - та година детето треба да совлада одредени знаења за природната средина (основни познавања од физиката, оптиката, астрономијата, хронологијата) и општествениот живот (определен минимум од географија, историја, политика и економија).

Според Коменски детето може уште на млада возраст да разбере некои природни појави. Макар што во почетокот само јаде, пие, спие и расте, интелектот негов не заостанува-уште во втората година започнува да разбира и разликува мајка и татко, храна и пиење. После тоа детето може да биде запознаено со вода, оган, студено време, топло, крава, коњ, птица, и некои општи разлики помеѓу природните објекти. Меѓу 4-6 година детето треба да научи што е камен, песок, кал, дрво, гранка, лист, цвет, а од плодовите да разликува и изговара јаболка, круша, вишна итн. Истовремено Коменски препорачува детето да учи да ги разликува деловите од телото и нивната функција.

Запознавањето со светлината, цветовите и околната природа согласно со методичкиот систем на Коменски треба да започне со почетно читање првенствено на она што ги привлекува очите на детето: да прима силна и слаба светлина во различни одблесоци и бои (се претпочита

Page 26: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

умерена и мирна зелена светлина), убави разнобојни предмети и украси на небесниот свод, дрвја, цветови, реки, убави алишта - сето тоа детето го разгледува со голем интерес и задоволство. Дури гледањето во огледалото е корисно, ја развива острината на набљудувањето и мислењето. Четири годишно дете може да излегува надвор од дома и да ги набљудува објектите и појавите во овошните градини, полето, реката, да ги разгледаува животните, дрвјата, тревите, цвеќињата итн. Сето тоа претставува задоволство на детето и радост за неговите очи. За сензорското воспитување на детето можат да се користат и сликите од книгите и од ѕидовите од општествените згради и др.

Елементарните знаења за астрономијата детето почнува да ги совладува уште од крајот на втората година – кога го гледа небото може да напрви разлика помеѓу сонцето, месечината и звездите. Од четвртата година детето учи главно преку набљудувања и споредба како да ги прави разликите помеѓу изгрев и залез на сонцето, и различните месечински мени, а на 6 години ги учи разликите во продолжителноста на летните и зимските денови и ноќи.

Првите нешта по кои детето се ориентира за времето поминато во ˝Мајчиното училиште˝ се формираат преку претставите на детето за ден, ноќ, утро, вечер, попладне и полноќ, а исто така преку потребата да се јаде, се спие, и да се читаат молитви во определен дел од денот. Покасно детето од предучилишна возраст треба да ги научи деновите од седмицата, на тој начин што истите ги сврзува со дејноста на возрасните.

Јан Коменски нагласува дека географските претстави не му задаваат потешкотии на малото дете и запознавањето со околните објекти може да започне во првата година од животот, кога бебето може да научи да ја разликува својата лулка од мајчинскиот скут. За време на втората и третата година детето се научува да ја распознава собата во која живее, местото за јадење, за спиење, од каде се пали ламбата ,од каде иде топлото, местото за рекреација итн. Во третата година тоа ги запознва другите соби на куќата, градината, шталата, дворот и блиската околина. Од четвртата година детето го учи патот до пазарот, до соседите, роднините и пријателите. 5-6 годишното дете веќе разбира и трајно запомнува што е град, село, поле, градина, гора и река.

Според Коменски детето се запознава со историските претстави за минатото дури откако ќе започне да зборува. Првите прашања упатени кон него во таа насока треба да бидат: Кој ти го даде тоа? Каде беше вчера, итн. Прашањата и одговорите на детето треба да се задржат во неговата меморија без да се настојува на тоа. Главното на Коменски е детето да набљудува и внимава.

Со игра и учење детето ги совладува општо прифатените норми на однесување: умереност, почит, послушност, искреност, справедливост, трудољубивост, трпеливост, учтивост, достоинство. Иствремено детето треба да добие и знаења за рачен труд и секакви градежни работи (за 4-6 годишни деца), механички умеења и навики (2-3 годишни), умеења за цртање, пеење и др.

Во “Мајчиното училиште“ Јан Амос Коменски го образложува своето видување за возможностите на играта и играчките при целенасоченто спознавање на околината. За таа цел е особено корисно да се дават за игра дрвени или оловни коњчиња, крави, овци, грниња, маси, столови, тие ќе служат не само за игра, но и ќе посредуваат за разбирање на предметите и објектите. Тоа го правиме за да ги учиме малите деца на живот т.е постепено им ги отвораме очите за тие мали нешта за да не останат слепи за големите.

Во теоријата за слободно и природно воспитување Жан Жак Русо ја предлага идејата да детето се оддели од семејството и да се воспитува на село, така што тоа да ја изведува играта и основните методи на спознавањето во природа средина каде што се запознава со односите на големина и формата помеѓу животните, растенијата и слични природни тела преку сопствена перспектива. Со водата- преку пливање во неа, со дрвата-преку качување по гранки. Важна дејност при спознавање на околниот свет е цртањето на начин на кој детето го претставува преку цртежот

Page 27: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

она што го гледа: дрвјата, птиците небото, куќите, луѓето... Методиката на Русо може да се изрази делумно преку следниот пример од ˝Емил или за воспитанието˝ : - Еве едно многу високо дрво. Како да си набереме вишни од него? Може ли за таа цел да ја употребеме скалата?

КЛАСИЧНАТА ТЕОРИЈА НА ПЕСТАЛОЦИ ЗА РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО ПРЕКУ ЗАПОЗНАВАЊЕНА ОКОЛИНАТА

Големиот татко Песталоци создава теорија за елементарно образование соодветно со принципот за природосообразност на воспитанието и образование- земајќи во предвид дека предвид природата се развива од најпростите елементи кон степени со се посложени форми, па по нејзин образец треба да се спроведува и процесот на образование. Во тој смисол методичките барања на Јохан Песталоци односно спознавањето на околината може да се сведат во следното:

1. Спознавањето на природата и општеството од детето може да се случи во и преку единство со развојот на неговите набљудувачки способности и неговиот говор. Песталоци го подржува ставот дека сетилното восприемање е единствениот вистински фундамент на образованието, земајќи во предвид дека тоа е основата на човечкото познание- човек се издига преку сетилното восприемање до точни познанија. Затоа до 5та година детето се насладува на природата, за која се грижат неговите родители. Истовремено со сетилните восприемања, детето од рана возраст треба да усвојува реални знаења, и знаења од областа на говорот.

2. Спознавањето на околината се извршува преку образование уште од рана возраст а говорот е основно средство за познание. Затоа Песталоци посочува дека тој го следи патот на природата: кога детето ќе се запознае со простите тела, со воздухот, земјата, оганот, тогаш му се посочува дејствието на тие стихии врз сите за него познати тела. А кога детето ќе ги спознае резултатите од соединувањето на неколку прости тела, воспитателот му го посочува взаемното влијание меѓу сложените тела и секогаш пред него му го открива патот од простото набљудување кон границите на вишите знаења.

3. Според Песталоци целенасоченото прифаќање на околината се извршува со помошта на набљудување, вежбање, игри, цртање, пеење и др. Набљудувањето секогаш му претходи на пишаното, а давањето на знаења за природата има за цел да формира кај детето правилни и јасни претстави и поими.

4. Спознавањето на околината започува од најблиското на детето-неговото сопствено тело (со надворешните делови, нивната функција и взаемната врска) и предметите, со кои мајката се служи при одгледувањето на детето.

5. Важно искуство создава Песталоци за врската на образованието со продуктивниот труд на детето- работа со машини за ткаење и шиење, грижи за домашните животни, одгледување на зеленчук, посеви, и др. Запознавањето на општествениот живот започнува и се карактеризира преку вежби во дела кои носат полза на другите луѓе. Трудот-пишува Песталоци-го топли срцето и го развива умот. На тој начин таткото Песталоци значајно ги збогатува идеите за запознавање на детето со околниот свет.

КЛАСИЧНАТА ТЕОРИЈА НА ФРЕДЕРИХ ФРЕБЕЛ ЗА РАЗВОЈ НА ДЕТЕТО ПРЕКУ ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА

Page 28: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Несопорно со најголем значаен придонес во утврдување на идејата за запознавање на детето со природата е творецот на современиот систем за предучилишно воспитување Фредерих Фребел. Тој држи дека детето е севкупност од сите взаемни меѓуодноси, како единство на индивидуалното со општественото, на биолошкото со социјалното: на таа гледна точка ја збогатува и идејата за спознавањето на околината со средствата на одделното дете.

Според Фрeбел ˝познанството и единството на детето и човекот со природата˝ е од големо значење за постигнувањето на воспитувачката цел-развивање сообразно со природната предрасположеност. Зближувањето со природата е неопходно за трајна основа на воспитувањето, зашто преку споредба на резултатите на набљудувањата на природнита појави се пренесуваат врз особеностите на човековиот развој и неговата еволуција, која означува набљудувања врз сопствените промени и развој. Таквите набљудувања треба да започнат уште во детската градинка за која цел Фрeбел воведува теориско-практични делови, направени со таков труд што се сметаат за најефикасното средство на воспитување. Детето треба од рана возраст да се навикне да се согледува себе си не само како индивидуа, туку и како учесник во општиот човечки живот од најголем калибар. ˝Тоа взеамно дејствие меѓу одделните елементи и единството на елементите, меѓу членовите и целото никаде толку добро не се изразува, никаде во животот не е поопределено, како во општите грижи за природата и растенијата, во општата обработка на градината во која имено јасно се изразува односот на општото кон поединечното, т.е тоа се јавува, така да се каже во општествената домашна градина.˝

Социјализирачката основа на својата идеја за експериментални градини Фребел ја изразува преку распределувањето на трудовите делови како симболичко запознавање на моделот на општеството а и преку методичките побарувања го стимулира индивидуалниот развој на детето како дијалектичко единство од своебразно обопштување и усвојување на општествените подвижни сили.

За да се изработи моделот на буржоаското општество Фребел ги дели целото искуствено пространство на два дела-дел за општото и дел за поединечното, т.е дел за сите и дел за детето. Така со организацијата на историските определените знаења германскиот педагог ги илустрира идејните основи на капиталистичката држава: одделното, поткрепено од општото, а општото е подржано од одделното. Паралелно со обопштената претстава за структурата на општеството Фребел дава уште мисла-односот на детето во семејството, на граѓанинот кон општеството. Со тој оригинален модел детето уште во рана возраст се воведува во структурата на општесвото, се запознава со социјалната хиерархија и тн.

Наставно-воспитните функции во експерименталните градини во кој Фребел избира за детето сознанија само од полските и градинарските растенија и во најтесна смисла, затоа земјата за општо користење е разделена само на градина и поле. Земниот дел за градинарските растенија се дели на цветник и зеленчукова градина а полето-на земја за маслодајни растенија, земја за пиперки, и зрнести растенија, земја за груткови растенија, земја за репка и фуражни култури (на 3-4 годишна возраст наместо културни растенија може да се засадат целебни треви). На деловите за одделно користење детето само решава што и како се одгледува.

Детскиот труд во природата треба да има карактер што се развива и да ја илустрира взаемната врска меѓу општото и поединечното. Во реалноста експерименталните делови, секое дете има прилика да го проследи целиот циклус на развој- од семињата за посев до собирањето на нови семиња, на начин на кој тоа го набљудува сеидбата, растот, расцутот, прецутот и собирањето на семињата во рачно направените пликови. Најважното побарување од Фребел е од секоја работа

Page 29: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

да се запази системност и последователност, и набљудувањето по пат на споредба да биде основен метод.

Историски придонес за развојот и утврдувањето на идејата за спознавање на природата Фребел ја прави со своите методички постапки:

Задолжително на детето да се покажуваат семињата од секое засеано растение на начин да тоа ги сочува и комбинира со други семиња во процесот на барање на општото и поединечното. Засадените растенија исто така се изучуваат на тој начин;

Врска и единство на теоријата и праксата: детето ги споредува преку нивните имиња, распознавање и манипулирање; учителката ги кажува своите објаснувања паралелно со нејзината практична работа;

Основен метод при запознавањето на детето со природата треба да е демонстрацијата-методолошки прецизна, емоционална;

Општите познавања за сите деца од детската градинка по повод и во врска со засејувањето на семињата;

Врската на детската градинка со родителите, кои што се задолжени да одделат за детето семе од леќа во градинката или неколку саксии и сандачиња за одделно одгледување на растенија и цвеќиња дома. ˝Осмисленото одење до малата градинка на прозорецот или саксиите више претставува за детето извор за умствено облагородување. Така воспитно влијае природата, покажувајќи го своето дејствие со посредство на најпростото растение на тој што рано ќе го открие срцето и умот и за неговото благотворно влијание˝.

Возникнувањето на идејата за запознавањето на детето со природата се создава во древното минато, а неговото основно утврдување во науката се случува во епохата на просветата, кога владее не само човечкиот разум, а и познавањето на светот и човекот во него се претвара во оружје на револуцијата и прогресот. Зашто човечката индивидуа ги добива своите свештени права на слободи и сопственост и започнува да бара место во општеството во процес на демократизација. Во тој бескраен процес на социјализација определени се знаењата за самиот себе и за сопственото место во општеството и природата.

"ДЕЦАТА ПРВО МОРА ДА ГИ ОСОЗНААТ ПРЕДМЕТИТЕ ПРЕД ДА ГО СОВЛАДАТ ЈАЗИКОТ

НА ЗБОРОВИТЕ" (ФРЕБЕЛ)

Фредерик Фребел, татко на градинките, ја нагласува суштината на едукацијата во раното детство. Децата не разликуваат црвено од зелено, слатко од горко, рапаво од мазно, студено од топло, или која и да било од мноштвото физички сензации. Природниот свет е првиот курикулум на малото дете во забавиште. А, едиствениот начин да биде научен е само по пат на директна интеракција со предметите.

Оваа концепција за едукација во раното детство е нагласена од страна на сите великани од раното детство Фребел, Монтесори, Штајнер Пијаже и Виготски.

Педагозите ја нагласиле важноста на манипулативните искуства за децата од педучилишна возраст како и опасноста на прерано нивно запознавање со светот на симболите. Фребел, Монтесори и Штајнер создале богат материјал со цел децата да истражуваат и замислуваат. Сите тие на свој начин ја признале грешката, дека капацитетот да дискриминира го прогонува капацитетот да запише, и дека разбирањето на квалитетот го прогонува оној на квантитет.

Page 30: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Пијаже не се залагал за посебни рани образовни програми, но тој застапувал мислење дека децата учат од нивното сопствено, спонтано осознавање на предметите и од рефлективното осознавање од тие осознавања. Тоа е индиректен аргумент за важноста на употребата на предметите во раното детско образование.

Виготски, спротивно од претходниот, верувал дека децата ќе можат да ги осознаат целосно своите способности, само со помош на водење и моделирање од страна на возрасните. Виготски го нагласува значењето на улогата која ја имаат учителите, за разлика од она што го застапуваат другите автори, кои го нагласуваа учењето на детето само, без помош од други.

Додека повеќето од овие великани познавачи на раното детство, им даваа поголема важност на манипулативните предмети, тие помалку одаваа важност на улогата на учителите и донекаде се согласуваа дека децата можат да научат преку индивидуална или групна активност. Исто така постојат несогласувања помеѓу воспитувачите во привременото рано детство, како и за улогата на учителите и за тоа што претставува основа на најефективниот курикулум за мали деца. Она што ги обединува овие соработници, како и она што ги разидинува од оние кои ќе ја направат раната едукација во детството помалку важна, е нивната посветеност да изградат практицирање во раното детство со набљудување на малите деца.

Поставено на друг начин, великаните на раното детство и нивните истомисленици, се согласуваат дека образованието мора да започне со детето, а не со објект кој треба да биде подучуван.

Водечкиот принцип за едукацијата во раното детство е тогаш кога се поклопуваат курикулумите и инструкцијата за развојот на способностите на детето да се поттикнува неговиот интерес. Овој принцип е широко прифатен и за него е доста залагано од страна на повеќето педагози во раното детство.

Неопходно е да се изгради националната асоцијација за едукацијата на малите деца во функција на адекватна развојна пракса во програмите на раното детство кои се совпаѓаат со критериумот на адеквантен развој.

ОСНОВНИ АСПЕКТИ НА СОЗДАВАЊЕТО НА ЕКОЛОШКАТА КУЛТУРА КАЈ ДЕЦАТА

ОД ПРЕДУЧИЛИШНА И РАНА УЧИЛИШНА ВОЗРАСТ

Ако сакаме да дадеме целосен, содржаен и правилен одговор за содржините и методите што треба да ги употребиме низ наставно-воспитниот и образовен процес и другите активности во работата со децата од предучилишна рана училишна возраст, за остварување на многу сложената задача и цел-формирање на правилна еколошка култура кај децата од наведената возраст, тогаш неодминливо се наметнува потребата од кратко разјаснување на две прашања, без чиј одговор не би можеле да навлеземе во суштината на темата. Тие прашања се:

1. Што подразбираме под екологија и еколошка култура воопшто, за да сватиме и каква еколошка култура бараме од децата од наведената возраст.

2. Некои основни карактеристики за знаењата, интересите, активностите и пристапот кон децата од предучилишна и рана училишна возраст, за правилно насочување на наставно – образовниот и воспитен процес.

Page 31: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Најкраткиот одговор на првото прашање би бил – под екологија ја подразбираме целокупната животна средина што не опкружува, а е составена од три основни фактори: растителен свет, со сите негови видови, подвидови, врсти, еко целини и убавини; животински свет koj исто така e огромно богатство на видови, врсти, со целокупното нивно влијаније врз настаните и појавите во природата и третиот, секако посебно значаен фактор е човекот, како свесно суштество, кој единствено може да дејствува на појавите, настаните и промените во широкиот поим на животна средина и само тој може да ја менува сликата за природата гледана како состав од растителен, животински свет и амбиент, познат во свеста на лугето како природа, во убавата смисла на поимање. Токму човекот е тој на кој му треба убава и богата природа со разноврсен и богат животински свет, но тој и само тој може да ја разубавува, но за жал и да ја уништува т.н. здрава животна средина или кај лугето позната како природна средина. Тоа подразбира незагадeна животна средина со штетни материи и појави штетни за здравјето на човекот, но и заштита на растителниот и животинскиот свет. Без тоа нема чист воздух, чисти реки, езера и мориња, чисти извори за вода, нема чиста храна, а ќе има заразена стока и болести опасни за човекот.

Човекот постојано се бори да создаде поубава природна средина од една страна, а од друга страна ги уништува убавините и богатства на природата на земјината топка. Затоа под создавањето на правилна еколошка култура воопшто, кај децата посебно, всушност мислиме на: осознавање на убавините на природната средина, создавање нови убавини и заштита на постојните, запознавање на природните законитости и нивно менување кон убавото, санкционирање на уништувачите на убавата и здрава природна средина. Ова дава одговор на прашањето каква еколошка култура сакаме да формираме кај децата од предучилишна и рана училишна возраст.

Што се однесува до второто прашање, треба да се каже дека децата на оваа возраст, спаѓаат во групата на деца од предучилишна и рана училишна возраст и тоа во втората фаза на детската возраст. На оваа возраст е карактеристично тоа што децата за прв пат почнуваат посамостојно да се интересираат за сите појави и промени во нивната непосредна околина. Така тиe ги доживуваат убавините на природата како што се живите природни бои, светлината, предметите, хармоничните звуци на песните на птиците и друго. Тие настаните и промените во надворешниот свет ги примаат со голема возбуда и интерес како необични за секое дете, но интересни и непознати. За нив е убаво се што делува ефектно, звучно, сјајно, тоа што ги возбудува, иако тоа не мора секогаш да е убаво во уметничка смисла на зборот. Но постепено, под дејство на животната средина и другите воспитни фактори детето почнува да го изразува својот вкус за вистинската убавина, каде помошта од возрасните е неопходна. На овие деца, покрај позитивното влијание на околината за осознавање на убавото е потребно и организирани наставно- воспитни активности за вежбање, упатување и оспособување на децата да го забелезат, разберат и доживеат убавото, особено во вежбањето и оспособувањето за набљудување на природата и уметничките вредности создадени од човекот. За таа цел со децата од оваа возраст, како дел од наставно-воспитниот процес треба да се применуваат: прошетките во природа, екскурзии, излети, патувања и друго, запознавајќи ги со убавините кои природата ги нуди на секој чекор и во различни временски периоди од годината. На пример во пролет ќе им ги покажуваме убавините на цвеќињата и зеленилото, летото – убавините на реките, езерата, морињата, високите планини, во есента ќе им го прикажеме пребогатиот колорит на бои на листовите и плодовите на растенијата, а во зимата огромната снежно бела покривка, особено на високите планински врвови.

На оваа возраст децата ги интересира буквално се околу нив. Тие поставуваат секакви прашања и бараат одговори. Какви и да се прашањата, на нив возрасните треба да дадат јасни и точни, но кратки одговори. Во децата треба да гледаме соговорници и личности кои сакаат да ја разберат природата и настаните и појавите во неа.

Page 32: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Од изнeсеното се гледа дека како претходна фаза на оформување на еколошкото воспитување и еколошката култура, е создавањето на што поголемо естетско воспитување и образование на децата посебно кон убавините што ги содржи во себе природата.

Суштински прашања за еколошкото образование и воспитаниеПреку прашањата и одговорите, во ведниот дел, ќе издвојам и потенцирам уште неколку,

многу суштински прашања, без кои не би можеле да ја оствариме основната и крајна цел – формирање од малите дечиња, утрешни граѓани со висока еколошка култура и правилен однос кон богатствата и убавините на природата, гледана како една глобална, еколошки најсложена целина.

Тие посебни прашања според мене се:

а. Природата како целина и со посебните екоцелини и со сите врсти и видови, е голем таен еколошки лавиринт, за секој човек, а посебно за малите деца, кои се животно заинтересирани да го изучат и излезат со знаења за него;

б. Возраста на децата и нивните предзнаења бараат и голема стрпливост, тактичност и почит на личноста на детето, од сите учесници во наставниот-образовниот и воспитниот процес:

в. Еколошкото образование и воспитување, во основа има многу длабока суштина и одговорност и било какви грешки во овој правец дирекно водат кон казнување на природата и обратно;

г. Човекот е единственото свесно суштество, во еколошкиот конгломерат, кој плански влијае на промените и појавите во екосредините;

д. Клучно прашање за поставување на вака согледаната научна суштина и цел со децата од предучилишната возраст, сметам дека е правилниот избор на наставните методи на истражувањето, восприемањето и искористувањето на вистинските и правилни еколошки знаења и искуства, стекнати низ образованието, во практичниот живот на децата и човекот воопшто. Наставникот, во сите овие процеси, сепак ја има клучната образовна и воспитна улога.

Набљудувајќи ја природата практично, а не имагинарно ќе сватиме дека, за разлика од другите науки, токму екологијата е “ најприродна “ по суштина, па оттука во натамошниот тек на обработка на темата целосно ќе бидат изнесени примените на најпознатите методи во истражувањето на во оваа наука.

Пред да го разгледаме поодделно секој метод што се применува во еколошкото образование и воспитување, неминовно треба да ги согледаме и следните моменти и факти, што имаат големо влијание врз содејството на два или повеке педагошки методи за постигнувањето на поставените цели и задачи и за правилен избор на педагошките методи за работа, а тоа е дека наставникот најчесто тргнува, од една страна од карактеристичните особини на децата од предучилишна возраст, а од друга од природна средина што ги окружува децата, со сите спознати научни содржини. Наставникот им дава на децата информации за определени еколошки видови и екосистемите што постојат во таа средина, биолошка и животинска. Во работата со децата, наставникот слободно го избира методот и се движи низ своевидните природни ходници.

Одредени потешкотии се јавуваат за наставникот, поради тоа што психолошката наука ги нема проучено до крај, механизмите за идентификација на појавите во однесувањето на децата во природата и со неа. Односот на децата е нејасен, поради тоа што е зависен од нивните сознанија за природата. Затоа секогаш ќе се поставува прашањето за адекватноста на однесувањето на децата

Page 33: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

при секое избрзано дејства во природната средина. Според Лобов, генезата на развојот треба да се бара во подреденоста на биолошките законитости. Социјалните пак основи на појавите во однесувањето кон природата се резултат на внатрешните фактори кај децата и се јавуваат како повисока фаза во нивниот развојот, во која наставникот се грижи на децата да им понуди што повеќе еколошки сознанија. Таквиот пристап на наставникот создава услови за таква кристализација на знаењата за природата, што подоцна ќе се поврзат и трансформираат вo личен однос и разбирање на биолошките односи на децата кон себе и природата. Во оној момент кога социјалните односи ќе се претворат во водечки детерминантни фактори на одлучување во развитокот, содејството на децата со возрасните станува основен фактор во градењето на личната позиција на секое дете во односот и осознавањето на сопствената биосоцијална суштина и зависност од средината што ги опкружува децата и возрасните. Затоа е јасно дека не може да се оствари висока еколошка култура кај децата, без создавање на самостојна личност на детето во процесот на образованието и воспитанието и без детерминирање на стабилноста во неговиот внатрешен развој и созревање.

Разноврсноста и повеќестраното знање на природните појави, взаемните дејствија и активности, постојано ги прошируваат знаењата кај децата, а со тоа и влијанието на истите врз барањата на наставникот за надоградување на еколошката култура кај децата, при што тој процес диференцирано влијае кај секое дете.

Развитокот на децата, промените во социјалната средина, во која се остварува тој развој, како процес, доведува и до варијабилност и во примената на различни педагошки методи во различни ситуации, но и до содејство на факторите кои влијаат на формирањето на еколошката култура кај децата од предучилишна возраст – што би значело истовремена заедничка употреба на повеке педагошки методи. Сепак како взаемните дејства и методи се употребуваат и одвиваат истовремено и во ист простор, уникатноста на педагошките дејствија не се губи. Тоа пак ја потврдува педагошката инструкција на наставникот разграничувањето на посебното од взаемното или општото, што одговара на прашањето дека наставникот, сепек ја има главната улога и е пресуден фактор во формирањето на еколошката култура кај децата.

При формирањето на еколошката култура кај децата од предучилишна возраст, можат да бидат искористени повеќе видови на активности, но тоа сепак мора да одговара на однапред определени барања. На прво место треба да се земе фактот дека содржините и основните концепти на екологијата, во себе го содржат прашањето за “причинските врски“ и “взаемната поврзаност“ на факторите што дејствуваат во средината, а кај децата не сме успеале да изградиме сознанија токму за причините и поврзаноста, тогаш не би ни можеле да очекуваме успешно формирање на претстави за основните претпоставки за одделните области на екологијата.

Взаемните педагошки активности кои се поврзани со состојбите во средината, обезбедуваат не само пластичност на претставите за содржините на изучувањето, туку ги определуваат и условите на формирањето на мислењата на децата за појавите и промените во областа заштитата на животната средина.

Второ суштинско прашање, што има пoсебно место, при анализата на взаемните дејствија на одделните фактори, е нивната специфичност во определувањето на социјализацијата на децата од предучилишна возраст, врз јакнењето на нивната интелектуална моќ низ процесите на работа со децата за правилното прифаќање на еколошката култура и условите за работа и живеење во средината на која и припаѓаат. Восптитно-образовните состојби и активности требат да бидат разгледувани и од аспект на нивното влијание врз развитокот на еколошката култура на личноста – во случајот на децата, како непрекинат процес на изградувањето на самостојниот однос и оспособеност на детето за самостојно разбирање на природните појави и без страв, живеење во природната средина на која и припаѓа.

Page 34: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Досега изнесеното уште повеќе ќе биде комплетирано низ натамошното изложување на примената на секој педагошки метод, одделно и со обработката на конкретните активности со карактеристичните претставници на еколошкиот вид инсекти – пчелите и пеперутките – и тоа со деца од предучилишна и рана училишна возраст.

ЕКОЛОГИЈАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Екологијата не може да се гледа од животната средина, како што ни животната средина не може да се води на работните и урбани проблеми на човекот. Според Данило Маркович квалитетот на животната средина го одредуваат следните четири фактори:

состојбата на природните и создадените ресурси, активностите и процесите кои се одвиваат во средината.

Средствата и мерките за остварување на еколошка политика и впечаток на човековата средина на општествениот развој.20 Еколошкото образование не смее да биде само критика на сешто постои, туку и активно делување на унапредувањето на квалитетот на жива средина. Во таа смисла животната средина е појдовна основа на еколошкото делување и исполнувањето на сите жители на планетата. Таа исто така е и средиште на концептот на одржување на развојот. Екологијата подразбира научен а не технолошки пристап на животната средина. Без разбирање на животната средина-како последна цел на науката нема ни одржуван развој. Технологијата ја нема таа ја нема рационална мок да ја објаснува природата, туку има само мок на искористување. Неограниченото верување на технологијата ја довело до загрозување на животната средина. Целта на науката би требало да биде хуманизирање, иако во последно време се почесто се споменуваат хуманистичките науки. Со тоа се допринело некоја тенденција за злоупотреба на науката во современиот свет. Нај високиот предмет на теориско мислење не е човечко добро, вели Марковиќ, туку подредување на зголемувањето на техничкото знаење и техничката мок заради задоволувањето на техничкото знаење и техничката мок заради задоволувањето на што подобар материјален комфор.21 Концептот на одржувањето на развојот се заснова на политички принципи на демократичност, доброволност, јавност во работата и активно делување и договарање на општествените акции. Екологијата не може да се гледа одвоено од демократијата бидејќи се работи за општествена рамнотежа како дел од еколошката рамнотежа. Како облик на регулирање на односот одвнатре на една биолошка врста, демократијата е синоним за почит на правата на целиот живот, согледување на разлика мегу лугето, право на исполнување на еден а одвнатре многу, трагање, (потрага) за законитостоте за

20Данило Ж. Марковиќ: ''Историско-цивилизациски рамки на унапредување на работната и животната средина и еколошкото образование'', списание ''Педгагошка реалност'', бр. 3-4, стр. 175-176, Сојуз на педагошките друштва Војводина, Нови Сад, 2002. година.

21Данило Ж. Марковиќ: ''Научниците и дијалогот на цивилизациите'', списание''Педгагошка реалност'', бр. 7-8, стр. 543, Сојуз

на педагошките друштва Војводина, Нови Сад, 2003. година.

Page 35: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

одражување развој..... единствен можен избор за одржување развој и развој на човачките врсти. Пресликана еколошка рамнотежа во секојдневно поместување и промени. Барањето за демократската организација на друштвото значи припремување на една врста од целокупниот тоталитет за живот, во сила со организациите и законите за тој тоталитет-природата. Отсуството на демократијата, поради поместувањето на условите или поради недостатокот за способноста да се воспостави, доведува до еколошка нерамнотежа. Доколку целиот народ во светот не е подготвен меѓу себе демократски да ја распредели водата на планетата, дури тогаш каква распределба се чека мегу привлигираните слоеви на жителите и останатиот жив свет?22 Нарушеноста на економската рамнотежа се одржува на невозможен развој на човечките видови. На полето на економијата се издвојуваат загуби како вид на обезвреднување на работата на лугето. Според податоците ООН од 1999год. (база GRID Areudal) светските загуби се потикнати од временските катастрофи, во последните 40 години се пораснати за околу шест пати. Додека во седмата деценија изнесувале околу 40, во последната деценија на минатиот век пораснале на 275 милијарди долари. Ако последниот показател го поделиме со 5000 долари, колку и во многуте земји не изнесува годишниот национален приход по глава на жител, ке видиме дека 5,5 милиони жители на планетата ке останат без приходи во тек на временски катастрофи освен поделбата на лугето загрозен е и човечкиот живот. Корпорациската економија и отсуството на почитување на човечкиот живот го загрозува и современиот човек. ,,Околу 300 штетни хемиски материи можат да се најдат во телото на ,,здрав,, европски човек!?“23 Со генетската модифицирана храна загрозен е растителниот потенцијал, вклучувајки ѓи и шумите како најголем производител на кислород. Алтернатива за еколошки одржливиот развојот не постои. Таа подразбира дека разните облици на тоталните општества се трансформираат што повеќе во демократски уредени заедници, но и сите членови на животната средина имаат право на опстанок.

Животната средина е многу динамичен процес. Се менува преку различни природни и општествени фактори. Во тој правец трба да се развие еколошко воспитување. Ние не знаеме каква ќе биде животната средина утре. Немаме готови еколошки рецепти. Ние, всушност, дури сега ѓи потикнуваме децата со еколошкото образование и воспитание да обратат внимание на животната средина и кои фактори ја условуваат. Мисионерската работа на воспитување и образување е да ги воведат децата во (еколошки) проблеми и можен начин на согледување, барање начин на детското доживување се трансформира во општествено прифатено делување, потикнување на самовоспитување и самообразование, ослободување од техничко-технолошките согледувања на животната средина и создавање на навика која треба да делува во сила со демократските и научни принципи.

Еколошкото образование подразбира своевиден мониторинг помеѓу воспитнообразовниот процес и одржливиот развој. Трајно и долгорочно следење, процена и дејствување во областа на еколошките процеси низ користење на адекватни методи во правец на одржливиот развој.

22Според некои извори, 70% од водата за пиење во светот денес се користи за наводнување во земјоделството а истовремено пет милиони луѓе секоја година умираат од недостаток или болести предизвикани од загадени води. (Центар за развој на еколошката свест ''Извор'' http://www.well.org.yu јануари 2006.)

23Исто.

Page 36: EKOLOSKO VOSPITANIE_UCEBNIK

Догматското или фундаменталното воспитување може да биде појдовна основа..24Ако постигнатите догми ги прифатиме како симбол, јазик на кој екологијата се изразува, а фундаментот како хипотетички патоказ, еколошкото образование може да стане креативно. Ако бидат кочница за еколошки одржливиот развој, двата вида на воспитание и образование стануваат претешки експерименти за развој на личноста. Суштината на еколошкото образоване е процесот на превоспитување и доизградба на образовните форми низ конкретни акции, задачи и комплексно научно согледување, мерење, категоризирање, објаснување и хипотетизирање.

Механичката хеуристика во еколошкото воспитание и образование стигнала во училиштата со силата на традиционалните училишни реформаторски рецепти. Проблемот на „едуцирање на едукаторите“ на кој е укажано во Тбилиси (1977) е последица на таквиот начин на еколошко воспитание и образование.Едукаторите се научиле да предаваат, научиле нови содржини, но екологијата останала на страна од учениците Надменоста на новите знаења се гледала во отсуството на еколошката свест. Слично може да се каже и за еколошките организации. Нивната хеуристика завршува на конструирањето и изборот на органите на организацијата. „На нашите ученици им се потребни претстави со помош на кои ќе се обликува еден начин на живот и кои ќе охрабруваат да се надмине ограниченоста, одалеченоста од животот, затвореноста во еден свет кој е ограничен со сопствената техничка динамика. Училиштето мора да го исфрли дресирањето на учениците за совладување на реалноста и да се обиде со нив заедно да ја протолкува таа реалност.“ Оваа мисла ќе ја прошириме и на облиците на воспитание и образование во посветните асоцијации. Нивната хеуристика не смее да се заврши во ринтање на младите туку во подготовка за динамичен и променлив свет во кој ќе излезат со силата на аргументите а не со силата на мускулите. Надмнесота е поштетна од отсуството на секое еколошко воспитание и образование, бидејќи во стартот го уништува и тој мал човечки инстикт кој го чувствува пулсот на екосистемот.

24''Разгледувајќи го своето образование под влијание на строгиот татко и спротиставувајќи се на анархистичките идеи за потребата од елиминирање на строгоста Мил тврди: 'Јас не верувам дека учениците можат да се натерат самите со уживање да се натераат на тешки и досадни студии кои ќе им остават знаење, само со силата на убедување и убави зборови.' Децата мораат да научат многу за тоа што се ригидна дисциплина и познатата подложност на казнување.'' (Миша Џурковиќ: ''Џон Стјуарт Мили проблемите во образованието'', списание Педагогија, бр. 1, стр. 22, Форум на педагози на Србија и Црна Гора, Белград, 2006. година.)