28
Вовед Демографијата како наука ја анализира човековата популација со цел да ја опише, да ги утврди законитостите и тенденциите на нејзиниот развој. Истовремено таа го детерминира и временскиот, просторен процес и вклучувањето на популацијата во сите општествено-економски текови. Преку пописите на популацијата се утврдуваат состојбите и тенденциите на развојот на населението не само преку неговата бројност, туку укажува и на разликите кои постојат меѓу популацијата и говорат за одредени состојби. При тоа населението, односно човекот, треба да се набљудува и да се анализира истовремено како: биолошко и општествено битие. Индивидуалните карактеристики на секој поединец ја чинат вкупната структура на популацијата во нејзината старосна, полова, економска, професионална итн. структура. Можеби еден од најважните фактори во структурата на населението е социо- економската структура и секако биолошкиот феномен кој се изразува преку наталитет, морталитет и природниот прираст. Како посебен феномен исто така не помалку значаен се и миграционите процеси кои во последните десетина години, посебно во Македонија (одлевање на домородното население и прилив на инородно население кон Македонија) доведе до доста специфични форми на проблематика. 1

demografska strukturavorm

  • Upload
    -

  • View
    33

  • Download
    0

Embed Size (px)

DESCRIPTION

,

Citation preview

Page 1: demografska strukturavorm

Вовед

Демографијата како наука ја анализира човековата популација со цел да

ја опише, да ги утврди законитостите и тенденциите на нејзиниот развој.

Истовремено таа го детерминира и временскиот, просторен процес и

вклучувањето на популацијата во сите општествено-економски текови. Преку

пописите на популацијата се утврдуваат состојбите и тенденциите на развојот

на населението не само преку неговата бројност, туку укажува и на разликите

кои постојат меѓу популацијата и говорат за одредени состојби. При тоа

населението, односно човекот, треба да се набљудува и да се анализира

истовремено како: биолошко и општествено битие.

Индивидуалните карактеристики на секој поединец ја чинат вкупната

структура на популацијата во нејзината старосна, полова, економска,

професионална итн. структура. Можеби еден од најважните фактори во

структурата на населението е социо-економската структура и секако

биолошкиот феномен кој се изразува преку наталитет, морталитет и

природниот прираст.

Како посебен феномен исто така не помалку значаен се и миграционите

процеси кои во последните десетина години, посебно во Македонија (одлевање

на домородното население и прилив на инородно население кон Македонија)

доведе до доста специфични форми на проблематика.

1

Page 2: demografska strukturavorm

Introduction

Demography as a science analyzes the human population in order to

describe, to establish laws and tendencies of its development. At the same time it

determines and temporal, spatial process and the involvement of the population in all

socio-economic trends. Through censuses of population down the conditions and

tendencies of development of the population not only by his number, but points out

the differences that exist between population and talk about certain situations. In this

population, that man should be observed and analyzed simultaneously such as

biological and social being.

Individual characteristics of each individual make the overall structure of the

population in its age, gender, economic, professional, etc.. structures. Perhaps one

of the most important factors in the population structure is socio-economic structure

and of course the biological phenomenon that is expressed through fertility, mortality

and natural growth.

A special phenomenon is also not less important are the migration processes

in the last ten years, especially in Macedonia (spilling the indigenous population and

influx of population to inorodno Macedonia) led to very specific forms of matter.

2

Page 3: demografska strukturavorm

1. Основни единици во истражувањето на населението

Под поимот демографија подразбираме општествена наука, која го

проучува населението од квантитативен и квалитативен аспект. Под поимот

население пак, подразбираме специфична група на поединци со свои посебни

карактеристики, кои формираат основа врз која се формира структурата на

населението. На тој начин, вкупното население на една територија, по своите

катрактеристики, се разликува од карактеристиките на поединците кои го

сочинуваат тоа население. Затоа населението и попуацијата се земаат како

синоними.

Како основна единица во истражувањето на населението, посебно во

терминологијата на попис на населението и демографската, односно виталната

статистика се појавуваат следните единици на демографското истражување:

лице (жител), семејство, домаќинство и население.

Под поимот лице (жител) се подразбира лицето кое е населено на

извесно подрачје (место, неселба), при што таа единица на демографското

проучување често, поблиску се објаснува како : живородено дете, умрено лице,

оженет маж, економски активно лице, неписмено лице итн.

Домаќинството како сложена стстистичка единица од општествено-

економско значење, се дефинира според меѓународните препораки како збир

на лица кои живеат во ист стан и кои заеднички економски се одржуваат.

Семејството е исто така сложена стaтистичка единица од социјално-економско

значење кое се разликува од домаќинството, бидејќи се темели на сродство.

Поимот населба (населено место) се применува за секој компактен збир

од згради (објекти) без оглед на нивниот број, и тоа од најмала населба -

приселска населба, до градови со најголема димензија. Во нашата статистика,

населбата се дефинира како пoсебна антропогеографска единица, со посебно

име, без обзир на бројот на куќите.

При тоа, дефиницијата на поединечни населби (на пример градови),

варира од земја до земја, употребувајќи различни критериуми за одредување

на градска населба. Во нашата статистичка пракса, се применуваат

3

Page 4: demografska strukturavorm

дефининицијата за град на основа на комбиниран критериум, односно според

бројот на жители и процентот на неземјоделско земјиште.

1.1. Предмет на демографијата

Демографијата како научна дисциплина можеме да ја дефинираме во

потесен и поширок смисол. Тесното разгледување на поимот на предметот на

демографијата го представува традиционалното сфаќање, а демографијата се

поистоветува со демографската статистика. Ова разгледување е временски

постаро од пошироката дефиниција за предметот на демографијата која

преовладува во современата светска литература.

Предметот демографија во потесна смисла ги опфаќа бројноста и

просторниот распоред на населението, природното движење (наталитет,

морталитет), механичко (миграциско) движење, како и старосно - половата

структура на населението.

Тежиштето на предметот на демографијата во потесната смисла на

проучувањето на природното движење на населението, односно неговите

компоненти ( наталитет и морталитет). Меѓу економистите, Малтус посебно го

издвојува природниот прираст, посебно наталитетот, и инсистирал на

стопанските и социјалните импликации на неговата динамика.

Протагонистите со потесни сваќања на предметот на демографијата

инсистираат дека таквиот третман на демографијата е нужен, како би се

истакнало што е примарно демографско, поради потребата на разликување,

односно ограничување на демографијата од сите научни дисциплини кои од

секој аспект ја разградуваат проблематиката на населението. Со таквото

разбирање на предметот на демографијата, не се на пример економските

белези на населението, туку тие се предмет на проучување на економијата.

Елементите и процесите на така конципираниот демографски состав ги

среќаваме едноставно презентирани во следната шема :

4

Page 5: demografska strukturavorm

Темелна

единица

Темелен

процес

Систематска

единица

Систематски процес

Население Наталитет,

моралитет,

емиграција

Обем на појава Раст:добитоци од

наталитет и имиграција

минус губитоци низ

морталитет и емиграција

Старост Стареење Старосна

структура

Промена во старосна

структура

Пол / Полова структура Промена во полова

структура

Место на

живеење

Миграција

(внатрешна и

надворешна)

Структура според

место на живеење

Промена во структурата

според место на

живеење

Шема изработена според T.R. Ford - G.F.De Jong : " Social Demography", Prentice - Hall

1970., str 7 (Alica Wertheimer - Baletic: "Stanovnistvo i razvoj", Zagreb: Mate 1999)

Елементите на оваа шема ги покажуваат важните единици на

разгледување, важните обележја и процеси кои со текот на времето се

појавуваат кај населението. Но, и покрај тоа што предметот демографија во

потесна смисла е недоволно опфатен, карактеристиките и процесите кои ги

проучува демографијата конципирана во потесен смисол, интегрирани се

темелите на демографијата конципирана во поширок смисол.

Основниот недостаток на предметот на демографијата конципирана во

потесна смисла е во тоа што се оневозможува спознавањето на взаемната

поврзаност и интеракцијата меѓу динамиката на населението, структурните

промени и општествено-економските промени. Неможноста на утврдувањето

на таа меѓузависност го ограничува дометот и содржината на заклучоци за

поврзаностите меѓу движењето на населениет и промените во сите негови

структури. А всушност, развојот на населението (во одреден простор и време)

е одреден, освен од биолошките услови и фактори и од општествено-

економскиот и социо-културниот амбиент кој го опкружува.

5

Page 6: demografska strukturavorm

Предметот на демографија во поширока смисла е проучување на

бројната состојба и просторната разместеностна населението, природното и

механичко движење на населението, како и промената во демографското,

социо-економското и останатата структура на населението. Тука исто така

спаѓа и проучувањето на семејството, домаќинството и населбите во онаа

мерка во која тие делуваат на развојот на даденото население како и

проучувањето на политиката на ‘‘ насочување‘‘ на развојот на населението, во

демографијата познато како популациска политика. Демографијата

конципирана во поширока смисла всушност се однесува на демографскиот

развој.

Демографскиот развој е важен теоретски поим на современата

демографија кој во исто време го одредува темелниот пристап во конкретното

истражување на развојот на населението во одредена област. Тоа означува

сложен процес на развојот на населението кој го опфаќа природното и

механичко движење на населението во меѓусебната интеракција со промените

во сите негови структури, а сé тоа во рамките на дејствувањето на

општествените, економските, социо -психолошките, биолошките и останатите

фактори кои на директен или индиректен начин делуваат врз развојот на

населението.

Под поимот демографски развој, разликуваме уште потесен облик на

развој на населението, кој се однесува на одредена конкретна популација.

Развојот на населението е поим кој подразбира квантификација на поединечни

демографски појави, процеси и врски кои го содржат поимот на демографски

развој, но за одредено, конкретно население (пример за Македонија, Европа и

сл.).

Според тоа, демографскиот развој , индицира општа поврзаност меѓу

демографските и општествено - економските услови и фактори, додека поимот

развој на население имплицира конкретна, за одредена земја/подрачје,

специфична демографска анализа, односно подразбира почитување на

специфичниот општествен локален амбиент во кој се случува одредена општа

демографска меѓузависност.

6

Page 7: demografska strukturavorm

Конечно, демографијата можеме да ја дефинираме како општествена

наука која ги истражува законите на развојот на населението во нивната

историска, општествено-економска условеност. Најактуелната дефиниција за

поимот на предметот на демографијата е истата сфатена во поширока смисла,

наспроти традиционалниот (бројчан).

1.2. Што е демографска статистика?

Тоа е гранка на статистиката, применета на демографските појави и

процеси кои таа ги проучува. При тоа, задачата на демографот е ‘‘сировите‘‘

податоци од статистичката градба со примена на методот на демографска

анализа, ‘‘преведе‘‘ во демографски релевантен показател.

За демографските истражувања од приоритетно значење се

расположливите извори на податоци за населението. Стручњаците

разликуваат пет групи на тие извори:

попис на население

книга на демографска статистика

посебни статистички публикации за поединечните групи на население

анкети за населението

разни регистри од државните служби

Првите пописи се извршени во Кина околу 2000 гид. пред

Христијанството, но општо се смета дека историјата на современите пописи се

извршени во Шведска 1749 година. Првиот попис од модерен тип е извршен во

Белгија во 1846 година.

Пописите на населението на местото на идната СФРЈ се извршени во

1921, 1931, 1948 (со билансот по Втората светска војна и формирање на СФРЈ)

1953, 1961, 1971, 1981, 1991 на ден (31.03).

7

Page 8: demografska strukturavorm

2. Карактеристики на демографскиот развој на Република Македонија

Исклучителната актуелност на светската демографска проблематика го

покрена интересот и агажирањето на ОН и нивните специјализирани агенции

како и на повеќе државни и приватни организации за проучување на светските

популациони движења и за поддршка на популационите програми особено за

земјите во развој. Под покровителство на ОН се одржани неколку светски

конференции посветени за прашањата околу населението (Рим 1954, Белград

1965, Букурешт 1974, Мексико Сити 1984 .....)Усвоени се при тоа и неколку

резолуции за порастот на населението и економскиот развој.

Демографската наука му посветува особено внимание на прашањето на

односот меѓу порастот на населението и економскиот развој. Стојалиштата не

се единствени по ова прашање. Според едни мислења, високиот пораст на

населението не е пречка за побрз социјален и стопански напредок затоа што

врз такви демографски основи се формира изобилно еден од

производстевните фактори - работната сила, која што представува главен

двигател на развојот. Наспроти ова, стои тврдењето според кое тешката

економска положба на земјите во развој се должи на неконтролираниот пораст

на населението. Се смета дека токму неповолните (високи) демографски

трендови се главна пречка за побрз економски развој на овие земји. Како што

обично се вели во таквата аргументација - населението ги голта инвестициите,

што значи дека се нужни мошне големи демографски инвестиции, така што се

стеснуваат или и оневозможуваат економските вложувања од кои би можело

да се зголеми доходот по глава на жител. Според оваа теорија, населението и

економскиот развој на земјите со низок доход и висок наталитет, се

вплеткуваат во магепсан круг од кој нема излез без суштествено намалување

на порастот на стапката на население.

Всушност, историската и компаративна демографска наука укажуваат на

фактот што односите меѓу населението и економскиот развој не треба да се

сфатат еднострано, односно дека тие односи се всушност комплексни.

Демографските компоненти имаат влијание и на поширок општествен план и

8

Page 9: demografska strukturavorm

тоа во врска со образованието, здравството, социјалното осигурување,

урбаното и просторно уредување и сл.

Од тие причини демографската политика во една земја не може да се

оди изолирано, односно одвоено од економската и социјалната стратегија. Тие

се целосно интегрирани, но овие два меѓузависни колосеци мора да бидат

доведени во заемен рационален однос. Тоа би значело дека намалувањето на

природниот прираст на населението не може да се спроведува како замена за

економскиот раст, зашто модернизацијата на стопанството и порастот на

благосостојбата не се постигнуваат со намалување на бројот на жители. Но,

познато е и тоа дека брзиот пораст населението има импликации врз

економските и социјалните трошоци, додека ресурсите што би можеле да се

користат за развојни цели ги пренасочува кон задоволување на потребите на

издржуваното население. Имено, во земјите со висока стапка наталитет

дистрибуцијата на населението по старосни групи се карактеризира со

релативно голем процент на издржувано населени, и тоа особено деца до 15

години, па според тоа и доходот што се троши за нив ќе биде релативно

поголем одколку во општества со помала стапка на наталитет. Демографските

анализи покажуваат дека во земји со висок наталитет отпаѓаат околу 55 до 60%

на работоспособно население, за разлика од земјите со помал процент на

раѓање каде тој ист процент се движи меѓу 65 и 70 % од вкупното население.

Затоа во земји со низок доход по глава на жител, а висока стапка на

наталитет, со редуцирање на стапката на фертилитет се создаваат повеќе

предимства.

Забрзувањето на економскиот развој, урбанизацијата и подобрата

распределба на доходот како и останатаите услови на економското и

социјалното опкружување, се без сомневање определувачки фактори коишто

на долг рок придонесуваат кон редуцирање на високиот фертилитет. Меѓутоа,

тие самите не се доволни за постигнување на определено ниво на фертилитет.

Неопходни се и директните мерки на популационата политика во вид на добро

организирани и спроведувани програми за планирање на семејството.1

1 Богоев Ксенте.: Основните карактеристики на демографскиот развој на СРМакедонија, Скопје 1985

9

Page 10: demografska strukturavorm

Наталитетот, морталитетот и природниот прираст населението,

суштествено влијаат врз неговиот обем и структура. Во нашата земја , еден

подолг период од 1945 до 1990 год. биолошкиот процес на репродукција на

населението се одвивал без контрола на раѓањето, а смртноста не била под

влијание на општеството. Така природниот прираст се одвивал без контрола на

партнерите во семејството, при што се условила значајна демографска

експлозија на населението.

Денес, за жал овој демографски раст се бара во одредени региони и

етнички структури. Во времето на СФРЈ родителите со повеќе деца секогаш ги

следеле извесни привилегии, а за екстремно многудетните семејства дури и

врховниот командант станувал директно врзан за овие семејства. Таквата

политика довела до експанзија во некои региони и етноси, противречна на

реалниот економски и образовно културен развој на земјата.

Светското искуство покажало дека такви појави главно се манифестираат во

стопански недоволно развиените подрачја, со сите непожелни реперкусии во

нивниот материјален и духовен развој. Овие тенденции во СФРј долго време

биле присутни, иако со намалено темпо.

Год. Живороден

и

Умрени Природен

прираст

Живороден

и на 1000

Умрени

на 1000

Природен

прираст

на 1000

жители

1979 39 407 12 653 26 754 21,2 6,8 14,4

1980 39 784 13 542 26 242 21,1 7,2 13,5

1984 38 861 14 006 24 795 19,5 7,1 12,4

1985 38 722 14 408 24 314 19,2 7,1 12,1

1988 37 879 14 565 23 314 18,1 7,0 11,2

1989 35 927 14 592 21 335 17,0 6,9 10,1

Табела 1: Природен прираст на населението

Table 1: Natural population growth

10

Page 11: demografska strukturavorm

Видливи диспропорции постојат меѓу фертилитетот и морталитетот, во

многу големиот прираст на населението, што се карактеризира со извонредно

млада старосна структура, со брз пораст на населението во некои градови

(Тетово, Гостивар, Куманово, Скопје, Кичево) со истовремен пораст на селско

население во некои средини (Арачиново, Кондово, Сарај)

Ваквиот, пораст условува крупни социо-економски проблеми и тоа:

висока невработеност и голем одлив на младото население во странство,

неповолни образовни и културни можности, недоволна исхранетост и низок

станбен стандард, појава на сиромашни градски гета, ниско ниво на

здравствена заштита, нехигиена, и еколошка загаденост.

Во последно време настанаа значајни промени на овој домен, така што

прв пат се манифестираат опаѓачки стапки на природниот прираст на

населението и сосема е оправдано што паралелно со биолошките

детерминанти на значење добиваат и културно- образовните и здравствените

детерминанти.

Во овој домен економските услови добиваат на значење, преку

вработувањето, нивото на животниот стандард, социјалната средина,

општествените односи, семејните односи итн.

Год Живороден

и

Умрени Природен

прираст

Живородени

на 1000

Умрени

на 1000

Природен

прираст

на 1000

жители

1990 35 401 14 643 20 758 16,6 6,9 9,7

1995 32 154 16 338 15 816 16,3 8,3 8,0

2000 29 308 17 253 12 055 14,5 8,5 6,0

2001 27 010 16 919 10 091 13,3 8,3 5,0

2002 27 761 17 962 9 799 13,6 8,8 4,8

Табела 2: Опаѓачки стапки на природен прираст на населението

Table 2: Falling rates of natural population growth

11

Page 12: demografska strukturavorm

Вкупно население 2 022 547

Работна сила 743 676

Вработени 460 544

Невработени 283 132

Стапка на невработеност (%) 38,1

Стапка на вработеност (%) 34,1

Табела 3: Вработеност и невработеност (попис 2002 година)

Table 3: Employment and Unemployment (Census 2002)

Тука секако имаат влијание и религиозната застапеност, воспитувањето,

обичаите врз образовното ниво на населението, културната еманципација и сл.

Светското искуство укажува дека независно од степенот на развиеноста

на земјата, многу влади денес креираат политики и воведуваат општествено -

економски мерки кои влијаат за усогласен пораст на населението и за неговата

регионална дистрибуција. Станува збор за креирање на политика и мерки кои

влијаат врз големината на семејството и на неговата структура, преку

хуманизирање на репродукцијата и регулацијата на фертилитетот. ОН

интензивно работат на ова поле, во градењето на политиката за регулација на

фертилитетот.

Социо - економските фактори имаат најважно значење.Така, за период

од 4 год. во Р. Македонија е зголемен бројот на домаќинства - корисници на

социјална парична помош за 28,8%. Нерешениот статус на неколку стотици

илјади невработени натера десетици илјади млади луѓе да го одложат

стапувањето во брак, што негативно влијае на репродукцијата на населението.

Оваа појава е карактеристична за периодот вотранзицијата на земјата од 1991

год. и до денес е видлива преку преполовување на наталитетот на

населението во низа региони (општини) во земјата со изразена тенденција на

депопулација и стареење на населението.

Емиграцијата и имиграцијата на населението исто така имаат голема

важност и значење. Процесите на индустријализација и динамичниот

образовен и културно-економски развој во градските средини овозможија

12

Page 13: demografska strukturavorm

интензивни процеси во доменот на интерната - внатрешна миграција на

населението од село во град. Внатрешната миграција влијае врз географската

редистрибуција на населението, врз менувањето на карактерот на населените

места со нови урбанистички решенија, како и врз менувањето на разликите

меѓу селските и градските зони.

1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003

Бројна состојба

Вкупно 8157 9324 11433 11554 11812 10719 12419 10400 11138 11058

Меѓуопштинско

мигрирање

5881 6805 7814 9306 9534 8594 10100 8417 9117 9027

Во иста

општина

2276 2519 3619 2248 2278 2125 2319 1983 2021 2031

Структури во проценти

Меѓуопштинск

о мигрирање

72,1 73,0 68,3 80,5 80,7 80,2 81,3 80,9 81,9 81,6

Во иста

општина

27,9 27,0 31,7 19,5 19,3 19,8 18,7 19,1 18,1 18,4

Табела 4: Број и структура во % на доселеното население во рамките на Р.Македонија, период 1994-2003 год.

Table 4: Number and structure doselenoto% of population within the RM, the period from 1994 to 2003 yr.

Најсилни бранови на миграција во нашата земја се забележани во 50 те

и 60 те години на минатиот век, Во тој период се случи масовен одлив на

етничко турско население, односно околу 200.000 во својата матична земја,

Р.Турција. Од македонското население годишно се иселуваат по неколку

десетици илјади, во преку океанските земји. Таа тенденција продолжува и

последниве децении таа се манифестира како современа економска миграција

кон западноевропските земји.Тој миграциски бран значително се однесува на

13

Page 14: demografska strukturavorm

ромското и на албанското население. Во просек миграциската бројка изнесува

околу 6.000 лица годишно.2

·

3. Големина, пораст, густина и дистрибуција на населението

Според податоците од последниот попис на население, станови и

домаќинства (2002), Република Македонија брои 2.022.547 жители, што е за 3,9

отсто повеќе во однос на претходниот попис (1994), а е за 43,0 отсто повисок

во однос на 1948 година. Според проценките на населението од Државниот

завод за статистика (ДСЗ), вкупното население во 2006 година било 2.040.228

жители.

Според проекциите (средна варијанта) на Обединетите нации (ОН) се

очекува намалување на бројот на населението и тоа во 2015 да изнесува

2.037.000, во 2025 2.001.000, а во 2050 1.746.000 жители.3 Мерено со просечен

пораст на населението, од 2010 година се очекува негативен пораст од 0,04

отсто, кој континуирано ќе продолжи и во наредниот период кога се очекува

намалување на населението во периодот 2007 - 2050 година за 14,4 отсто.3

Територијалната разместеност или дистрибуција на населението во

Р.Македонија покажува изразена несразмерност, односно 57,8 % од вкупното

население живее во градовите (во Р.Македонија има 34 градови) при што

најголема концентрација е во главниот град Скопје (20,5%)). Голем дел од

селските населенеи места (вкупно 1728) или целосно се депопулирани (141

населено место) или имаат изразито мал број на жители и многу скоро, поради

нивната неповолна старосна структура (старо население), голема е

веројатноста да останат без ниту еден жител

Од друга страна, во релативно мал број на села (претежно лоцирани во

западниот и североисточниот дел на земјата), присутна е голема концентрација

на население.

2 United Nations (2006) World Population Prospects The 2006 Revision.(Стратегија за демографски развојна Р.Македонија 2008 -2015)3 Кљусев Никола.: Актуелните демографски движења во Р.Македонија, Скопје 1985

14

Page 15: demografska strukturavorm

Густината на населението на ниво на држава изнесува 79,3 жители на

км2, што ја сместува Република Македонија во релативно поволна ситуација.

Меѓутоа, од аспект на регионалната поделеност, вредностите се помалку

поволни.

Скопскиот регион е најгусто населен со 326 жители на км2, а по него

следи Полошкиот регион со 128 жители на км2. Наспроти нив, Вардарскиот

регион е најретко населен (со 39,3 жители на км²).

Ваквата регионална диференцираност го наметнува проблемот на

одржливост на регионите, во поглед на нивната населеност, структура на

населението како и нивните економски и социјални состојби.

Ако се има предвид дека постоењето на градски населби, во одредена

мерка го релативизира впечатокот за густината на населеност, фактот дека во

Пелагонискиот регион се концентрирани 5 градски населби во кои живеат 67,9

отсто од населението, во Вардарскиот регион има 4 градски населби каде

живеат 69,4 отсто од населението, а во Источниот регион има дури 9 градски

населби во кои живеат 65,4 отсто од населението, укажува на речиси потполна

депопулација на селските средини во овие региони. Спротивно на ова, во

Полошкиот регион каде што се наоѓаат само две градски населби во кои се

концентрирани само 28,9 отсто од населението, лесно е воочливо дека постои

густа концентрација на населението во селските населби.

Иако, од вкупно 1762 населени места само 34 имаат градски карактер, во

нив се концентрирани дури 57,8 отсто од вкупното население, а само во една

градска населба (градот Скопје) живее 20,5 отсто од вкупното население на

државата. Од друга страна, 141 населени места со рурален карактер целосно

се депопулизирани, а слична судбина, многу скоро можат да дочекаат уште 455

населени места. Наспроти ова, 240 рурални населени места имаат повеќе од

1000 жители.

15

Page 16: demografska strukturavorm

4. Структура на населението по возраст

Структурата на населението по возраст, е една од најважните аспекти на

населенито, кои влијаат врз неговиот развој. Според возрасните групи, бројот

на старо население е во пораст, но и неговото учеството во вкупното

население, исто така. Поточно, во 1994 година учеството на населението на

возраст од 0 до 14 години се намалило од 33,2 отсто на 19,2 отсто во 2006

година, со прогнози тоа континуирано да се намалува на 17,4 (2010), 15,4

(2020) и 14,4 отсто (2030). Наспроти тоа, учеството на старото население се

зголемува и тоа од 8,5 отсто (1994) на 11,2 отсто (2006).

Проценките на ОН се дека во наредниот период старото население ќе се

зголемува и тоа на 14,0 отсто во 2010, 17,9 отсто во 2020 година и 22,5 отсто

во 2030 година.

Графикон 1:Структура на населението по возрасни групи, Република Македонија 2006-2030 год.

Figure 1: Structure of population by age groups, the Republic of Macedonia 2006-2030 year.

16

Page 17: demografska strukturavorm

Од аспект нз, возрасната структура, Република Македонија е во

релативно поволна ситуација само во однос на работноспособното население,

кое е константно по своето учество и се уште доминантно во однос на другите

две возрасни групи.

Просечната возраст на населението во РМ во 2006 година изнесува 36,2

години, а прогнозите на ОН за 2050 година е дека средната вредност ќе се

зголеми на 49,4, што значи дека една половина од населението ќе биде под, а

другата половина над оваа возраст.

Ваквиот тренд е очекуван, со оглед на фактот дека возраста на

населението е директно зависна од демографските феномени (фертилитетот,

морталитетот и миграциите), а и самата влијае врз нив. Како резултат на овие

процеси за помалку од шеесет години, македонското население прескокна дури

три стадиуми на демографското стареење и денес се наоѓа во состојба на

демографска старост.

Процесот на стареење влијае врз потенцијалите за репродукција на

населението. На пример, жените на репродуктивна возраст во 2006 година

учествуваат со 25,8 отсто, но прогнозите се дека тоа учество ќе се намалува.

Во областа на економијата, стареењето влијае врз економскиот пораст,

штедењето, инвестициите, производството, работната сила, пензиите,

даноците и меѓугенерациските трансфери.

Во социјална смисла, стареењето влијае врз структурата на семејството

и уредувањето на животот, побарувачката на домаќинството, миграционите

трендови, епидемологијата и здравствената заштита.

Може да се рече, дека овој период е предизвик за оние кои ја планираат

јавната политика во државите, бидејќи за да се амортизираат последиците од

стареењето потребни се економски и социјални прилагодувања.4

Република Македонија во сегашноста, се соочува со бројни проблеми

врзани за населението, како и со бројни предизвици кои произлегуваат од

постоечките економски и социјални состојби, кои имаат директно влијание врз

4 Стратегија за демографски развој на Република Македонија 2008-2015, Министерство за труд и социјална политика, при владата на Република Македонија, февруари 2008

17

Page 18: demografska strukturavorm

демографските трендови во земјата. Додека стапките на раѓања се

намалуваат, а со тоа се намалува и учеството на младите во целокупната

структура на населението, бројот на старите луѓе се повеќе се зголемува. Исто

така, Република Македонија се соочува со изразена регионална

нерамномерност во растот на населението, како и со изразени разлики помеѓу

урбаните и руралните средини.

Националната стратегија за демографски развој на Република

Македонија е основен документ со кој се идентификуваат приоритетните

области и задачи во формулирањето на демографската политика. Овие

приоритети и задачи имаат за цел да воспостават долгорочен тренд за

стабилизација на природниот прираст на населението, зголемување на

наталитетот, намалување на морталитетот и намалување на забрзаното

стареење на населението, преку овозможување на висок квалитет на

човековиот капитал, подобар квалитет на животот на секој македонски

граѓанин.

18

Page 19: demografska strukturavorm

Заклучок

Целта на на истражувањето за оваа семинарска работа е да се осознаат

состојбите и промените во половата и старосната структура во Р. Македонија

во пописните години, динамиката на процесот на демографско стареење и

економското и демографското значење на половата и старосната структура.

Концепциската поставеност на содржината на семинарскиот труд како и

квантитативната одреденост на податоците наложуваа комбинирана примена и

користење на статистичка, компаративна и аналитичка метода.

Пописите на населението во Р. Македонија се основен извор на

податоци кое се користеа при проучувањето на демографските структури на

населението, покрај многубројните публикации кои ја третираат оваа област.

19

Page 20: demografska strukturavorm

Сonclusion

The aim of the research for this paper work is to reveal conditions and

changes in gender and age in the Republic. Macedonia in census years, the

dynamic process of demographic aging and the economic and demographic

significance of gender and age.

Conceptual structure of the content of seminar paper and the quantitative

determination of data demanded a combined application and use of statistical,

comparative and analytical method.

Population censuses in the Republic. Macedonia is a basic source of data

used in studying the demographic structure of population, despite the numerous

publications that address this area.

20

Page 21: demografska strukturavorm

Користена литература:

1) Богоев Ксенте.: Основните карактеристики на демографскиот развој

на СРМакедонија, Скопје 1985

2) United Nations (2006) World Population Prospects The 2006 Revision.

(Стратегија за демографски развој на Р.Македонија 2008 -2015)

3) Кљусев Никола.: Актуелните демографски движења во Р.Македонија,

Скопје 1985

4) Стратегија за демографски развој на Република Македонија 2008-

2015, Министерство за труд и социјална политика, при владата на

Република Македонија, февруари 2008

21