32
CОУ ,,Цар Самоли“ Ресен Бизнис план Производство на органско ѓубриво КОМПОСТ ДОО КОМПОС Локација: Ресен Телефон: +389 78-540-541 Фах: +389 47 451-545

Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

Embed Size (px)

DESCRIPTION

/

Citation preview

Page 1: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

CОУ ,,Цар Самоли“ Ресен

Бизнис план

Производство на органско ѓубриво

КОМПОСТ

ДОО КОМПОС

Локација: Ресен

Телефон: +389 78-540-541

Фах: +389 47 451-545

е – mail: [email protected]

Основачи: Ана Лазаревска

Билјана Темелко

Марија Чукарска

Елена Малевска

11.03.2012

Page 2: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

Резиме

Почнувајќи од самиот старт како и секое претпријатие така и нашето на самиот почеток имаше само идеја чија реализација изгледаше доста тешка, но кога пред себе имаш замислена цел важно ти е само да стигнеш до неа, односно да успееш да ја оствариш претходно замислената идеја. За да го вкусиш вкусот на успехот треба многу да се потрудиш. Така целта на нашиот проект е изработка на бизнис план за воведување на нов земјоделски производ познат како компост односно органска супстанца која има доста добро влијание врз почвата и се добива со рециклирање на органскиот матријал, а во нашиот случај со компостирање на испаднатите есенски лисја,гранките од кроењето и скапаните јаболка кои во големи количини го загадуваат целиот крај. За да го оствариме овој бизнис план ние вложивме доста труд и време со цел да ја оствариме замислената идеја и со надеж дека ке му помогниме на илјдници луѓе кои се занимаваат со земјоделство посебно од областа на Преспа и пошироко каде што јаболкото е најскапоценото овошје и каде годишно се произведува огромна количина на јаболка како и други земјоделски производи.Нашата компанија е една и единствена на нашиот пазар, бидеќи досега компостот не се прозведува како продукт кој ќе може да се купи од секоја земјоделска аптека. Компанијата Компос е лоцирана во градот Ресен на околу 250км оддалеченост од главниот град Скопје.Желбата да се направи нов производ со користење на есенските лисја и друг вид непотребни матријали за создавање на компст кој ќе може да се најде на секој агол и да ги задоволи потрбите на земјоделците не доведе до изработката на овој бизнис план. Компостот ќе се произведува во 3 пакувања, а почетните средства за започнување на овој бизнис изнесуваат 9.166.420 денари кои ќе се набават преку банкарски кредит,субвенции за земјоделска опрема од државата и сопствен влог од средства на сопствениците по околу 1500 евра од секој. Кредитот е во план да се вратат после 3 години од работењето , а секако дека сметаме на и на средства позајмени од нашите најблиски кои веруваат во нашиот план и имат желба да се оствари знејќи го фактот дека половина население од РМ преживува од ден на ден благодарение на земјоделството. Ќе работиме со реална цена која секој еден ќе ја прифати и со висок квалитет, со оваа сметаме дека производот ќе биде баран на македонскиот пазар бидеќи претставува специфичен вид, а од наша страна треба да кажиме дека ќе направиме да е достапен насекаде. Освен нашиот производ ние нудиме совети, помошни прирачници и помош на секој оној кој му е потребна.По нашиот слоган „Време е! Спасете ја почвата, одберејте го најдоброто за неа“. РМ ќе се запознае со нашата работна стратегија, ќе го понудиме производот

Page 3: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

ка потрошувачите и од ден на ден се повеќе ќе се докажуваме, ќе ја прошириме нашата производна лепеза и ќе докажиме дека нашиот производ не само што ќе донесе придобивки во земјоделството туку и ќе го спречи згадувањето на почвата и природата.

Page 4: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

СОДРЖИНА

1. Резиме ............................................................................... 1

2. Анализа на тековната ситуација .................................... 4

2.5 Генерално за претпријатието .................................... 4

2.6 Производ и услуги ....................................................... 5

2.7 Анализа на пазарот ...................................................... 5

3. S W O T анализа ................................................................. 5

4. Маркетинг .......................................................................... 6

5. Производство ..................................................................... 8

6. Менаџмент........................................................................... 10

7. Финансиски план ............................................................. 11

8. Додатоци ........................................................................... 15

Page 5: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

1. Aнализа на тековна ситуација

1.1 Генерално за претпријатието

Компос е ново претпријатие за производство,преработка и промет на домашниот пазар (увоз-извоз).Името на нашето претпријатие се поврзува или кажано поинаку ја насочува самата цел на претпријатието а таа е процесот на компостирањето кој е природен биолошки процес и е најприроден начин на рециклирање на органскиот материјал спроведен под контролирани услови кои го претвораат органскиот материјал во стабилен производ наречен хумус или компост.Компанијата „Компос”е лоцирање во градот Ресен, распространета на површина од 5000 m2 кое е и многу повеќе од доволно за започнување на бизнисот,во простори на ново изградено претпријатие со високи стандарди.Во иднина на компанијата „Компос“ планира да се прошири и смета дека до тоа сигурно ќе дојде поради недостатокот на ваков производ на нашиот пазар особено во Македонија каде што поголем дел од населението егзистира од земјоделството.

1.2 Производите и услугите(бизнис идејата)

Тргнувајки од основните потреби на луѓето особено на оние кои се занимаваат со земјоделство како што е случајот во Ресен добивме идеја за призводство на компост која е супстанца што содржи органски хранливи материи,кои поволно делуваат врз производството на физичките,хемиските и блиските својства на почвата и со тоа директно влијае врз зголемувањето на производството на овошје и зеленчук и др . По правило за производство на компосот се користат сите состојки кои спаѓаат во две категории-кафеави и зелени состојки. Кафеавите се суви,полни со јаглерод,органски материјали како што се:суви лисја,слама,сено,дрвени делканици,салфети,весници и прашина од правосмукалка. Зелените се свежи,влажни,полни со азот како што

Page 6: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

се:искосена трева,лушпи од овошје и зеленчук,кесички од чај,кафе,бајат леб и лушпи од јајца како што се гледа од наведеното со користењето на непотребните отпадоци се доаѓа до создавање компост и со негова употреба до нови придобивки.Услугата што ја нуди овој производ е далеку подобра од кој било друг производ во земјоделието, бидејки во неговото производство не се користат ресурси туку непотребните отпадоци кои повторно ги употребуваме и имаме можност да ги искористиме со производство на новата супстанца компост.

1.3 Анализа на конкуренција

Од предходно спроведеното истражување и преку собраните информации од фондот за земјоделци дојдовме до информации дека во нашата земја нема досега ниту едно регистрирано претпријатие кое што работи со производство на било кој производ особено не во областа на градот Ресен па според тоа може да се заклучи дека нашето претпријатие нема конкуренција на македонскиот пазар.

1.4 Добавувачи

Нашите добавувачи се лоцирани во околината на Преспа и се дирекно достапни за нашето претпријатие. Преспа е еден од најголемите производители на јаболка во Балканот и располага со високо квалитетно јаболко и количини кои достигнуваат 80.000 тони. Тие ќе доставуваат материјали до сите идни компании низ Македонија и Балканот на кои му е потрбен компосот.

Македонскиот пазар е пазар на кој доминираат земјоделските производи. Секојдневно се поголеми се барањата на земјоделците за производ со кој сите ќе можат да го зголемат со потребното производство, таков производ му нуди нашето претпријатие со кои ке остварат не само придобивки во земјоделството туку и економски и еколошки придобивки.Компостот е производ кој освен во земјоделството може да биде уптребен во цвеќарството, лозарството, овоштарството, градинарството, производство на расадници, за уредување на дворни,рекреативни и спортски површини,рекултивација на депони и на други цели.Затоа нашиот производ е без конкурент еден и единствен.

9. Анализа на индустријата

Page 7: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

Индустријата се состои од сите компании во една земја кои произведуваат различни добри услуги за да ги задоволат потребите на потрошувачите во и надвор од земјата.Од ден на ден се поголем е бројот на нови фирми со нови или стари производи и услуги. Нашата фирма ќе има голем придонес во индустријата бидејки во нашата земја таа ке биде почеток на еден нов производ од кој се добива најдобро речено од одпадоците кои инаку би ја загадувале околината и на овој начин ги собираме за создавање нова добра услуга. Ние ќе компостираме и ќе ја вратиме органската материја таму од каде што потекнува - на почвата , а со тоа ќе го збогатиме индустрискиот сектор , ќе ја зачуваме природата и на таков начин ќе и се оддолжиме за неисцрпното богатството што таа ни го дава.

2. SWOT анализа

S Strengths W Weaknesses

-природен , биолошки производ кој нема никаков вид штетно влијание врз почвата и природата

-реномиран, корисен производ

-флексибилност во работењето ( прифаќање нови маркетинг стратегии)

-квалитетно производство

- компанијата ''компос '' е нова на пазарот и производот не е пробан

- можни проблеми при процесот на компостирање

-немаме стекнато доверба кај клиентите

O Opportunities T Threats

-проширување на бизнисот

-технолошки напредок

-проширување на пазарот на продажба

-постојано усовршување на производот

-економска криза

-намалување на профитот

-нелојална конкуренција

-нестабилен пазар на работна сила

Page 8: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

3.Маркетинг

3.1 Позиционирање

Нашата цел е да го запознаеме македонскиот пазар со нашиот производ од кој особена корист ке имаат семејствата кои се занимаваат со замјоделство и се сопственици на голем дел земјиште.Нашиот производ е произвоство на прироgно ѓубриво оg суви лисја ,гранки и скапани јаболка или ѓубриво оg се што може gа штетно и економски и еколошки. Кога ке се спомне нашето име веднаш пред очите на народот ке се појавиме како тим кој е единствен и нуди квалитетен производ од сите други но пред се здрав производ.

Нашето мото под кое ке работиме и со кое ќе бидеме претпознатливи кај луѓето ке биде ,,ПРИРОДНО ЃУБРИВО за секое парче земја”.

3.2 Цени

Поради економската криза луѓето денес се повеќе се трудат да го купат поевтиното на пазарот.Затоа на пазарот ке одиме со пониски цени од нашите конкуренти но со повисок квалитет на производот. Не се очекува чувсвителност на цената заради ниската ценовна стратегија затоа што ке произведеме квалитетен и природен производ кој ке ги задоволи очекувањата на народот.

Цената ќе ја одредуваме врз база на конкурентите и според тоа колку се спремни да дадат квалитет, но сепак и врз база на производството и трошоците поврзани со него и секако да се има заработка од оваа работа. Со цена од 30 денари за килиграм ѓубриво нема потреба од размислување кај земјоделците дали да користат вештачко или органско ѓубриво со оглед на неговите карактеристики.

За да го привлечеме повеќе вниманието на купувачите на нашиот производ ќе дадеме попуст на производот,но не само на почетокот туку и кога производот ќе биде пласиран на пазарот.

3.3 Промоција

Page 9: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

Здобивањето на вниманието на јавноста е исклучиво важно за успехот на маркетинг стратегијата нашиот производ прироgно ѓубриво би се рекламирал на неколку приватни телевизии, кои се најгледани телевизии во моментот така ќе опфатиме поголем број на гледачи, како и преку весниците и списанија кои се најтиражни во Македонија.

Една недела пред пласирањето на производот на пазарот ќе се пуштаат реклами низ телевизиите , а во весниците ке има натпис со дел од рекламата, откако луѓето конечно ке дознаат за нашиот производ нашиот нареден чекор ќе биде пласирање на пазарот.

Со започнување на продажбата на прироgното ѓубриво се планира и создавање на web страна, каде што сите заинтересирани за нашиот производ ке можат да црпат информации околу нашиот производ и да оставаат коментари со цел да бидеме уште поуспешни во иднина.Исто така се планира производот да се рекламира преку флаери,кои ќе бидат достапни во сите земјоделски аптеки и здруженија на земјоделци каде и најдобро може да се запознаат со овој вид на ѓубриво.

Откако ќе биде пуштен во продажба ќе има и промоција на производот каде што ке се промовира нашиот производ

Планираниот буџет за промоцијата за период од 3 години ќе изнесува 130.000 денари.Од ова сума 80.000 денари ќе се издвојуваат во првата година од започнувањето на бизнисот кога ќе го доближиме производот поблиску до потрошувачките маси за да ги запознаеме со производот.Во втората година 30.000 денари , веќе во третата година 20.000 денари.

Ќе се потрудиме да издвојуваме многу помалку средства за промоција, се со цел да може квалитетот да го продава производот, затоа што квалитетот е на преден план на нашата компанија.

3.4 Дистрибуција

Производот ке биде пуштен во продажба и во малите и во големите земјоделски аптеки, но и надвор од нашата земја. Така ке биде достапен за сите луѓе кои се заинтересирани за овој производ да можат да го купат.

Најпрофитабилен начин на дистрибуција на нашиот производ е преку ангажирање на фирма за дистрибуција која ќе биде наш единствен дистрибутивен соработник. Преку интернет ќе пронајдеме повеќе фирми кои се занимаваат со дистрибуција на производи и одкако ќе одлучиме која ни нуди најповолни услови и која се наоѓа во непосредна близина од нас ќе контактираме со нив за подоцна да се сретнеме и да ја

Page 10: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

договориме нашата соработка. Дистрибутерот ќе го подигнува производот од нашата фирма , на почеток еднаш неделно и доколку потрошувачката е поголема тогаш ќе се зголеми на два пати неделно. Производот ќе биде дистрибуиран до сите земојоделски аптеки кои се заинтересирани за производот низ цела Македонија но и надвор од неа .

4.Производство

4.1 Производен процес

Нашиот производ природно ѓубриво ќе се произведува од паднатите лисја на јаболката и гранките од пролетното кроење на дрвата , скапаните јаболка и тревата која се наоѓа покрај јаболковите насади кои се застапени во голема количина во Преспанскиот крај.

Се собираат сувите есенски лисја и се носат во околината на нашата фабрика каде ќе бидат сместени во компостери. Бидејки сувите лисја и гранките не содржат доволно хранливи материи т.е односот на јаглеродот и азотот е критичен затоа покрај слојот од лисја кои ја сочинуваат кафеавата маса треба да се додаде и зелен слој како лушпи од зеленчук и овошје, пресно искосена трева, домашни растенија,кујнски отпад. Но во нашиот случај зелената маса ке ја сочинува тревата и скапани јаболка.

Фаза 1

Го започнуваме формирањето на компостната маса со поставување на 10 цм слој од груб растителен материјал како што се малечки гранчина или исечени стебла од пченка. Ова ќе го подобри приливиот на воздух и испуштањето.

Фаза 2

Врз ова ставаме материјал богат со јаглерод тоа се суви лисја во дебелина од 15 цм.

Фаза 3

Потоа, на тоа се става слој од зелен материјал богат со азот, тоа ќе биде свежи отпадоци од трева и скапани јаболка но не премногу дебел слој бидејки ќе се лепат, и тоа во дебелина од 6-8 цм. Азотните материјали се неопходни за микроорганизмите при својата активност да создаваат протеини. Ако е потребен поквалитетен компост се додава половина килограм варовник на квадратен метар површина. Додавањето на вар помага да се намали непријатниот мирис ако се појави.

Page 11: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

Ги повторуваме фазите онолку пати колку што е потребно, се додека не го искроистиме сиот материјал кој ни е на располагање. Врвот на компостаната маса треба да биде повисок во центарот за во случај на поројни дождови водата да истекува од неа. Внесуваме влага во компостната маса колку што е потебно за да ги одржиме состојките влажни, но не премногу натопени.За неколку дена масата треба да почне да се загрева на од 55 до 60 степени целзиусови. Ова температура ќе убие многу семиња од плевел и штетни организми, и е неопходно за процесот на компостирање. Ако компосната маса не се загрева може да и недостига азот или влага. За неколку недели масата ќе се намали за половина, ако компостирањето ке се одвива правилно.

Сувите лисја можат да бидат одржани суви ако се чуваат во најлонска кеса за ѓубре веднаш до комората за компостирање.Компосната маса треба да биде промешана со вила или лопата по еден месец ( две недели ако материјалот е исечкан ), така што внатрешните материјали дојдат на надворешната страна и обратно, со цел да се осигураме дека се ќе се распадне целата маса која ја компостираме. По 2-3 недели повторно превртуваме.

Растителните матријали треба да се распаднат во добар компост за 4-5 месеци на топло време, но може да потрае подолго во ладните или сушните периоди. Компостирањето може да биде завршено за 1 до 2 месеци, ако матријалите се сечкани, одржани влажни и свртени неколку пати за да се обезбеди воздух. Кога компостот ке биде зрел тој ке биде црн и кревок , како почва богата со органски материи, со пријатен мирис на хумус.

Вака готово произведеното ѓубриво се става во вреќи и се дистрибуира во сите земјоделски аптеки.

4.2 Работна сила

Поради тоа што на почетокот сеуште ќе нема машини за производство, во компанијата ќе има доволен простор за вработените рачно да го произведуваат производот. Ќе се работи секој ден од понеделник до петок поточно од 8 до 12.Бројот на вработени ќе изнесува 40 , ако има потреба од повеќе тогаш бројот на вработени ќе се зголемува.Вработените ке добиваат плата од 5.000 денари месечно бидејќи работаат пола работно време.

За да се биде вработен во нашата компанија не треба посебно некој вид образование,со исклучок на земјоделска струка. Наш вработен може да биде секој човек кој има желба да работи,а бидејки во нашиот крај има

Page 12: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

многу невработени лесно ќе привлечиме луѓе кои би се согласиле да работаат и за помала плата. Па затоа сметаме дека со отворањето на нова фирма во Преспа барем малку ќе се подобри економската состојба.

4.3 Фабрика и опрема

Бидејки ќе се започне со рачна изработка на производот, на почетокот нема да се вложуваат многу пари околу опремата. Потребни ни се 3000 компостери во кои ќе се одвива процесот на компостирање , една машина која ќе го пакова ѓубривото еден трактор за собирање и пренесување на лисјата, 20 лопати и 20 гребла.

Во иднина се планира понудата на производот да се зголеми и да биде достапен во сите краеви на Македонија и пошироко со што ќе се зголеми продажбата а со тоа и опремата потребна за производство.

Бидејки лисјата остануваат неискористени ние се сетивме да ги искористиме и од нив да направиме ѓубриво кое може да се користи за подобрување на квалитетот на земјата.

Со тимска работа ,,компост” ќе се стреми кон оставрување на целта: производство на квалитетно органско ѓубриво достапно за целиот Македонски пазар заради пристапната цена и повисока побарувачка на нашиот производ ,,природно ѓубриво за секое парче земја”.

Page 13: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

5. Mенаџмент

Менаџерската структура е основа за остварување на планираните резултати во согласност со деловната стратегија на секој бизнис. Од начинот на кој бизнисот е управуван,зависат неговата ефикасност и продуктивност.

Менаџментот e еден од најважните процеси во реализирањето на нашата компанија КОМПОСТ. Нашето претпријатие го водат :

Директор – еден од основачите на претпријатието , кој поседува високо образование и кој самиот се занимава со земјоделско производство , чија цел е да води грижа за целокупното работење на претпријатието како и за вработените без чија помош не би можеле.

2 менаџери кои ќе ги следат сите процеси на работа и го вложуваат целиот свој труд за да го доближат производот до светското ниво и ги следат сите новости кои не насочуваат кон иновации.

Секретар –кој не поврзува и не прави достапни во било кое време до оние на кои му е потребен нашиот производ.

Благајник- врши исплата и наплата во претпријатието

Земјоделски техничар-кој ќе го испитува квалитетот на ѓубривото

Маркетинг техничар-кој ќе му помогне на нашето препријатие да се запознае со нашите клиенти

20 работници кои ги собират лисјата од сите делови на градот,

20 работници кои го прават компостирањето

-План на вработените : компанијата со вработените потпишува договор и доколку некој од вработените работи неправилно, најпрвин се сослушува , а потоа во договор со сопствениците се бара решение . Ако после разговорот не се најде заедничко решение, вработениот кој неправилно работел се отпушта и се објавува конкурс за ново вработување.

Page 14: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

6. Финансиски план

6.1 Плати

Со цел да ги задржиме нашите вработени што е можно подолг период, и да бидат задоволни од претпријатието ние редовно ќе им ги исплаќаме платите на вработените. Платите на нашите постојани работници во производството како и на возачите ќе изнесуваат по 5.000 ден. или во бруто износ на годишно ниво изнесуваат 3.350.900 денари. Додека плататите на менаџерите ќе зависат од произвотството и профитот на фирмата . а на годишно ниво бруто изнесува 1.459.255 денари. Во иднина со развивањето на нашето претпријатие бројот на вработени ќе се зголемува, а и платите на вработените ќе добијат нагорна линија.

6.2 Осигурување

За секој вработен, редовно плаќаме придонеси по основа на пензиско-инвалидско и здравствено осгигурување .

6.4 Даноци

Надлежните секој месец вршат плаќања на персонален данок и ддв. Со упорноста во работата како што напоменавме ќе добиеме повеќе клиенти,а со тоа навреме ќе бидат плаќани сите сметки како и сите обврски кои ќе се однесуваат на исплати и плати,плаќањето на придонеси и даноци кон државата.

6.3 Набавки

За набавка на нашите производи и материјали ќе се грижи менаџерот кои секојдневно ќе врши правилна и навремена испорака со тоа што потрошувачите ќе бидат секогаш задоволни и никогаш да не бидат доведени во ситуација да го чекаат нашиот производ. Околу набавките се прават трошоци за материјали кои се наша основна суровина и за кои

Page 15: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

потребно е да се плати одредена сума на земјоделците , бидејќи секој и не се согласува да му бидат земени паднатите лисја,сметајќи на тоа дека тие самите се претвораат во ѓубриво за неговиот насад. Но таквото размислување ги води во грешка. Поисплатливо им е да се откупат и компостираат на соодветен начин - како што ние го правиме тоа - со што повеќе ќе им служи за подобрување на квалитетот на почвата. А цената на нашето ѓубриво и не е многу повисока за разлика од другите ѓубрива – вештачки и арското - и затоа со продавање на лисјата тие ќе добијат еден соодветен дел , во зависност од површината со која располагаат и со тие средства надополнети во мал дел од нивна страна ќе купат ѓубриво кое секако се разликува од сите други , најпрвин во однос на неговото потекло и кое во странските земји е доста поскапо , по ценето и повеќе барано бидејќи знаат што ќе добие земјоделецот , ако правилно и квалитетно ја нахрани земјата.

На годишно ниво трошоците се во износ од 8.053.152,00 денари , а се однесуваат на следното :

За материјали (откуп на лисја и гранки ) 2.000.000 ден.

За закупнина на магацин и канцеларија 216.000 ден.

За гориво и поправки на опрема 381.000ден.

За енергија,вода и греење 220.000 ден.

Канцелариски трошоци 60.000 ден.

За книговодствени услуги 24.000 ден.

За промоција 80.000 ден.

За камати за кредит околу 350.000 ден.

Непредвидени трошоци 12.000 ден.

Вкупниот приход од продажба на годишно ниво за првата година се очекува да биде 47.700.000 денари со што по подмирување на сите трошоци вклучувајчи ја и амортизацијата и данокот од добивка фирмата да има чиста – нето добивка во износ од 34.900.000 денари. Секако дека за идните години се очекува пораст на истата.

За сите финансиски податоци подетално може да се види од приложените табели во делот за додатоци.

Page 16: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)

Додатоци

Истражување на интернет , во литература и ПЕ на Министерството за земјоделие и Агенцијата за поддршка на земјоделието во Ресен , слики за опремата и производот како и финансиски табели за пресметување на добивката и инвестиционен финансиски план за отпочнување со работа.

Денес, се повеќе и повеќе расте бројот на ново отворени мали и средни претпријатија од кои некои успеваат да стигнат до самата цел и да ја оствараат замислената идеја, но многу од нив за жал не успеваат во остварувањето на нивните бизнис планови и остануваат на самото дно занаејќи го фактот дека ги изгубиле вложените пари и време. Но тоа се случува поради многу причини, а една од нив е се поголемата конкуренција и производство на производи кои веќе ги има во огромен број. Поради ваквите проблеми нашето претпријатие Компост е основано на претходно истражување за потребата на нашиот производ.Ние на самиот почеток сакавме да воведеме производ кој го нема, но неговата бараност на пазарот е голема. Поради ова на самиот почеток ние направивме анкета за потребата на компстот но во пакувања кои ќе се продаваат во земјоделските аптеки , во нашиот град знаејќи дека најголем дел од населението во Ресен преживува од производство на јаболка , а тоа е случај и во останатите делови во Македонија каде што земјоделството е основна дејност. И добиените резултати беа одлични бидеќи повеќе од земјоделците се жалеа за тоа што таков производ досега немало , а нивното барање за производот беше во огромен број бидеќи на секој еден од нив му беше потребно ѓубриво без пестициди. А за да ги информираме и останатите граѓани на РМ на нашата страна исто така беше направена анкета и секој еден можеше да ни поставува прашања на кои ние дававме постојано одговори бидеќи една од главните работи е да ги задоволиме потребите на нашите клиенти.

Page 17: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 18: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 19: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 20: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 21: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 22: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 23: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 24: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 25: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)
Page 26: Biznis Plan Finalen - Kompost (1)