15

Click here to load reader

матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Алтернативни извори на енергија

Page 2: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Алтернативните извори на енергија се извори на енергија кои не се засновани на согорувањето на фосилните горива или разделување на атомите. Фосилните горива не се обновливи ресурси бидејќи се потребни милиони години за да се создадат, а резервите се трошат многу брзо.

Денес, постојат повеќе видови на алтернативни извори на енергија, ние треба да најдеме начин за квалитетно, ефикасно и ефективно да ги искористиме.

Воведувањето на енергетската ефикасност и поголемото искористување на обновливите извори на енергија придонесува кон остварување на позитивни финансиски ефекти и зачувување на животната средина.

Page 3: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Алтернативни извори на енергија

Ветерна ЕнергијаВетерни ТурбиниСоларна ЕнергијаСончеви колекториСоларни електраниГеотермална ЕнергијаХидроенергијаБиомаса

Page 4: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Ветерна Енергија Ветерна Енергија е една од првите

форми на енергија што ја користел човекот.

Првата Ветерна Турбина била направена во 1891 год. Од данецот Poul la Cour (Пул Ла Кур).

Под поимот ветер се подразбира хоризонтална компонента на струењето на воздухот во атмосферата.

Главен фактор за настанување на струење е различна брзина на загревање и ладење на воздухот над нехомогена површина.Тоа предизвикува различни притисоци и температури во одредени делови од атмосферата и до појава на природен процес кој настојува да се изедначи.Кога овој градиент на притисоци има хоризонтална компонента,тогаш настанува ветер.

Page 5: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Ветерни Турбини Ветерна турбина( ветерогенератор или аерогенератор) е вртлива

направа што ја користи силата на ветерто за да добие механичка енергија, која потоа ја претвора во електрична.

Ветерните турбини според поставеноста на оската на пропелерот, можат да бидат :

- Хоризонтални турбини - Вертикални турбини Ветерните турбини, според единечната моќ , може да бидат : * ветерни турбини со мала моќност * ветерни турбини со средна моќност * ветерни турбини со голема моќност.Истотака има турбини со хоризонтална оска и со вертикална оска.

Други видови на ветерни турбини : Дајреева ветерна турбина или ( металка),Жиротурбина (Циклотубина),Савониусова ветерна турбина.

Page 6: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Состав на ветерна турбина со хоризонтална оска.

Ветерна турбина со хоризонтална оска е составена од :

Ротор-перки што ја претвораат ветерната сила во нисковртежна механичка сила.

Генератор, контролна електроника и запченички пренос за забрзување на добиените вртежи погодни за производство на електрична енергија.

Носач-јарболот и механизам за навалување.

Page 7: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Соларна Енергија Соларна Енергија е енергија на сонцето,светлината и топлината што

луѓето ја користеле со векови, со помош на различните технологии. Соларните технологии се широко карактеризирани како пасивни или

активни на соларната енергија, во зависност од методот на собирање,преработка и дистрибуција на сончевата светлина.

Активни соларни техники вклучуваат користење на фотоволтаични соларни термални колектори .

Пасивни соларни техники вклучуваат градење на ориентација кон сонцето,избор на материјали со поволни термални својства или својства на светлина расипување и дизајн простор во кој природно циркулира воздухот.

Постојат две можности за енергетско искористување на сончевото зрачење: трансформирање на соларната енергија во топлотна и директно трансформирање во електрична енергија.

Фотонапонски ќелии се користат за директно трансформирање на соларната енергија во електрична со особено мал степен на полезност.

Page 8: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Сончеви колектори Матријалите кои имаат

особини на црно тело (потполно апсорбирање на сончева енергија) се погодни за изградба на колектори.Се поставуваат на крововите ( како кровни покривачи), фасадни или носечки конструкции.

Степенот на искористеност при трансформација на соларната енергија во топлотна изнесува 60 % до 70 % .

Составни делови се : куќиште, термоизолација(минерална волна со дебелина од околу 50 mm ), апсорбер,стаклена прекривка со дебелина од 4 mm).

Page 9: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Соларни електрани Во соларни техники се врши

непосредна конверзија на сончевата енергија во електрична,сончева енергија и концентрација на топлинска енергија и создавање на пареа во механичка енергија во парните турбини и електрична енергија.

За мали соларни електрани се користи DCS- Distributed Collectors System, кај кои течноста тече низ цевки околу кои се поставени параболични огледала,кои го фокусираат зракот на цевката,пренесувајќи ја на тој начин концентрираната топлина.

Page 10: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Сончева енергија Сончевата енергија е чиста,бескрајна,бесплатна и заштедува

пари,а Македонија со речиси 260 сончеви денови се уште е без сериозна стратегија како да ја искористи како замена на електричната енергија произведена од фосилните горива. Само со користење на сончеви колектори за загревање на санитарна вода ,Македонија може да заштеди од 50 до 70% од електричната енергија.

Предност е што сонцето е домашен ресурс и нема потреба од извоз и транспортни трошоци за производство на енергија.

Единствен соларен парк во Македонија каде што енергијата од сонцето се трансформира директно во струја е во Кадино.

Page 11: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Геотермална Енергија Геотермална енергија претставува најзначаен произведувач на топлина и

електрична енергија во светски размери.Името геотермална енергија потекнува од двата грчки збора geo-земја , therme- топлина -што значи топлина од земјата.

Директната употреба вклучува греење на згради,сушење жито,загревање на вода во рибници и др.

Геотермалната електрана “Несјавелир“ се наоѓа во месноста Тингвелир,Исланд.

Р.Македонија располага со голема количина на термални и термоминерални води кои се користеле за здравствено-банеолошки цели, а во последно време се користат и за оранжериско стопанство.

Во Р.М. Присутни се повеќе од 25 природни извори на термални води со температура поголема од 21 ˚ С.Вкупната издашност на овие извори изнесува 310лит/сек.

Најголем дел од геотермалните води може да се најдат на височина од 400 m надморска височина.

Само геотермални води се наоѓаат во Косоврасти и Бањиште близу Дебар,а истотака има и термални води кои се наоѓаат : Волково,Подлог,Истибања,Смоквица,Топли дол, Добрево,Топлец,Дерибаш и др.

Page 12: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Хидроенергија Хидроенергија е најзначајниот обновлив извор на енергија,истотака

претставува извор кој со векови се користи за добивање на механичка енергија, а за повеќе од сто години и за електрична енергија.

Неговото искористување е поврзано со изградба на значајни градежни објекти,брани,акумулации,долги доводни тунели и др.

Хидропроизводството учествувало со 15 % од вкупното производство на електрична енергија и тоа пред се за задоволување на дневните варијаџии на потрошувачката на електрична енергија .

Денес,со постојана изграденост на хидроенергетските извори, од технички искористивиот потенцијал се користи само 26,6 % .

Вкупниот волумен на акумулациите во републиката е 891 милиони метри кубни и вкупно годишно производство од 1000 Gwh.

Првите хидроцентрали почнале да се градат на реката Фокс-Висконсин 1882 год.

Потенцијалот има неколку карактеристики и тоа : * теоретски потенцијал * технички искористлив воден потенцијал * економски искористлив воден потенцијал

Page 13: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Биомаса Биомаса е органска материја и може да се употребува за

производство на топлина,горива, струја. Видови на биомаса : дрва, растенија,отпадоци при

земјоделство или шумарство и др. Најпознати биогорива се : етанолот и биодизелот. Етанолот се користи како додаток на горивото за да ги

намали емисиите на гасовите кои предизвикуваат смог како јаглерод моноксид.

Биодизелот се користи како додаток на дизелот за намалување на емисиите на штетните гасови или во својата оргинална форма, директно во возилото.

Новите технологии можат да доведат до користење на биолошки хемикалии и материјали за производство на продукти како на пр.антифриз,пластика и предмети за лична хигиена што сега се произведуваат на база на нафта.

Биоенергетските технологии користат обновливи извори на биомаса за да произведат ланец на енергетски производи како струја,течни,гасовити тврди горива,топлина и др.

Page 14: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Заклучок

Македонското производство на енергија нема сопствени водни и јаглени ресурси.Со преминување на фосилни горива на обновливи извори на енергија се прави значаен чекор кон одржлива иднина и енергетска независност на Македонија.

Отсуството на соодветен терифен систем и правна рамка претставуваат тешкотии за реструктурирањето и приватизација на електростопанството , користењето надругите видови енергетски извори и финансирањето на проекти од областа од ефикасното користење на енергијата.Понатаму,тоа го спречува позитивниот развој на секторите за ефикасно користење на енергијата и обновливите извори на енергија.

Единствена позитивна работа во владината позиција во енергетскиот сектор е програмата за ефикасно користење на енергијата до 2020 год. И стратегија за ефикасно користење на енергијата.Меѓутоа, сегашната стратегија на ЕБОР(Европска банка за обнова и развој) за Македонија не вклучува ниту еден од заклучоците и плановите на владината програма за ефикасно користење на енергијата до 2020 год,како што се : ефикасна употреба на енергијата во индустријата и домаќинствата, воведување нови технологии,зголемување на употребата на соларната енергија,употреба на биомасата при производство на енергија.

Page 15: матурска проектна задача-Alternativni izvori na energija

Магдалена Вељановска IV-1 клас