4
1-2/2015 76 Повод за овој разговор е излегувањето од печат на најновата книга Религијата на античките Македонци, од проф. д-р Наде Проева. Професроката Проева е наша еми- нентна научничка од областа на историските науки – археологија, епиграфика, нумизматика, религија. Своите знаења од овие области во последните три децении им ги пренесуваше на генерации студенти на Филозофскиот факултет, а држела предавања и на универзитетите во Франција, Хрватска, Словенија, Холандија. Авторка е на многу научни трудови објавувани во стручни списанија, а учествувала на научни собири во земјава и странство (Франција, Србија, Канада, Бугарија, Романија, Полска), итн. Повеќепати била на студиски престој во странство: Полска, Француската археолошка школа во Грција, Францускиот институт во Истанбул, Австриската академија на науки, универзитетите во Париз (Сорбона, Нантер), вo музеите на Амстердам и Брисел. Придонела за популаризирање на историјата на античките Македонци, со бројни настапи во радио и ТВ емисии, а држела предавања во домовите на култура и училиштата во Македонија. Не се воздржува да се спротивстави на актуалната политизација на антиката искажувајќи го јасно и гласно своето експертско мислење. Творечкиот опус на проф. Проева се состои од стотина научни и стручни трудови, чети- ри книги (од кои, еден е учебник), како и 3 книги- превод од француски на македонски јазик; уредник е на две едиции: Miscellanea Byzantino-macedoniaca; Historia Antiqua Macedonica, член на редакција на две меѓународни списанија. За нејзината соработка меѓу Македонија и Франција, од владата на Р. Франција во 1997 год. добила орден Витез на академски палми. На крајот од својот професионален ангажман на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. Проева на студентите им ја подари нејзината нај- нова книга, во која со голема академска посветеност и ерудиција ги презентира најновите научни сознанија за религијата на античките Македонци. Интервју на „Културен жИвот“ Слика 3. Култ на сонцето, мозаик Слободанка Марковска

Најнови сознанија за религијата на античките Македонци - Интервју со Наде Проева

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Повод за овој разговор е излегувањето од печат на најновата книга Религијата на античките Македонци, од проф. д-р Наде Проева. Професроката Проева е наша еминентна научничка од областа на историските науки – археологија, епиграфика, нумизматика, религија. Своите знаења од овие области во последните три децении им ги пренесуваше на генерации студенти на Филозофскиот факултет, а држела предавања и на универзитетите во Франција, Хрватска, Словенија, Холандија. Авторка е на многу научни трудови објавувани во стручни списанија, а учествувала на научни собири во земјава и странство (Франција, Србија, Канада, Бугарија, Романија, Полска), итн. Повеќепати била на студиски престој во странство: Полска, Француската археолошка школа во Грција, Францускиот институт во Истанбул, Австриската академија на науки, универзитетите во Париз (Сорбона, Нантер), вo музеите на Амстердам и Брисел. Од владата на Р. Франција во 1997 год. добила орден Витез на академски палми.

Citation preview

Page 1: Најнови сознанија за религијата на античките Македонци - Интервју со Наде Проева

1-2/201576

Повод за овој разговор е излегувањето од печат нанајновата книга Религијата на античките Македонци, одпроф. д-р Наде Проева. Професроката Проева е наша еми-нентна научничка од областа на историските науки –археологија, епиграфика, нумизматика, религија. Своитезнаења од овие области во последните три децении им гипренесуваше на генерации студенти на Филозофскиотфакултет, а држела предавања и на универзитетите воФранција, Хрватска, Словенија, Холандија. Авторка е намногу научни трудови објавувани во стручни списанија, аучествувала на научни собири во земјава и странство(Франција, Србија, Канада, Бугарија, Романија, Полска),итн. Повеќепати била на студиски престој во странство:Полска, Француската археолошка школа во Грција,

Францускиот институт во Истанбул, Австриската академија на науки, универзитетите воПариз (Сорбона, Нантер), вo музеите на Амстердам и Брисел.

Придонела за популаризирање на историјата на античките Македонци, со бројнинастапи во радио и ТВ емисии, а држела предавања во домовите на култура и училиштата воМакедонија. Не се воздржува да се спротивстави на актуалната политизација на антикатаискажувајќи го јасно и гласно своето експертско мислење.

Творечкиот опус на проф. Проева се состои од стотина научни и стручни трудови, чети-ри книги (од кои, еден е учебник), како и 3 книги- превод од француски на македонски јазик;уредник е на две едиции: Miscellanea Byzantino-macedoniaca; Historia Antiqua Macedonica, членна редакција на две меѓународни списанија. За нејзината соработка меѓу Македонија иФранција, од владата на Р. Франција во 1997 год. добила орден Витез на академски палми.

На крајот од својот професионален ангажман на Институтот за историја наФилозофскиот факултет во Скопје, проф. Проева на студентите им ја подари нејзината нај-нова книга, во која со голема академска посветеност и ерудиција ги презентира најновитенаучни сознанија за религијата на античките Македонци.

Интервју на „Културен жИвот“Сл

ика

3. К

улт н

а со

нцет

о, м

озаи

к

Слободанка Марковска

Page 2: Најнови сознанија за религијата на античките Македонци - Интервју со Наде Проева

Слободанка Марковска: Професорке Проева,во вашата неодамна об јавена книга во која ги пре-зентирате најновите научни сознанија за религија-та на античките Ма ке донци, најпрвин укажуватедека оваа тема во историската наука била запоста-вена, а доколку била обработувана, во изучување-то доминирал хеленоцентричниот пристап. Кои сепричините за тоа?

Наде Проева: Има повеќе причини. Едната е не-доволниот број извори за античкиот период во цели-на, а особено за религијата, во прв ред поради ми-стичниот карактер на многу култови. Имено, тајнитеги знаеле само посветените во таквите култови, штоги дознавале од највисоките свештеници при обре-дот на посветување, така што немало списи за јавнаупотреба какви што се светите книги (Тората, Библи -јата и сл). Другата е хеленоцентричниот пристап воизучувањето, а тоа значи дека историјата на анти-чките Македонци, како и на сите други народи, сеспоредувала, проценувала и вреднувала од хеленскагледна точка, без да се води сметка за посебните од-лики што биле затскриени со хеленска терминологи-ја поради користењето на старогрчкиот јазик – штово античко време бил lingua franca. Но, иако ималоунифицираност во начинот на живот, сепак секој на-род има свои специфичности, особено на културенплан, и затоа многу попогодни за изучување на кул-турата и религијата се материјалните извори (релје -фи, скулптури, монети и др.) Потоа, треба да се спо-мене предубедувањето дека античките Македонцибиле Грци, што до неодамна преовладуваше во нау-ката, та според тоа македонската религија се изучу-ваше, а од некои сè уште се изучува, во рамките настарогрчката. Но, најважната причина е премолчува-

њето на хеленското односно римското толкување нанештата, тнр. interpretatio graeca и interpretatio rо-mana. Имено, античките автори имале обичај туѓитебожества, обичаи, институции и слично да ги наре-куваат со имиња соодветни или најслични со нивни-те. Ова било вообичаена практика не само за Маке -дон ците, туку и за сите други народи. Така, на при-мер, Херодот пишува за египетска Атена, Демостенза македонски Арес, итн., без да ги кажат/на пишаторигиналните имиња. Со оглед на меѓународниот ка-рактер на старогрчкиот јазик, дури и во официјални-те договори божествата со кои негрчките народи секол неле имаат старогрчки имиња. Најубавиот при-мер за ова е кај Полибиј. Тоа е договорот меѓу Кар -та гина (Ха ни бал) и Македонија (Филип V) при штокартагинските – семитски божества имаат грчкиимиња, така што во прв миг, без размислување можеда се рече дека Картагинците биле Грци, но во вто-риот миг секој ќе се насмее на такво „тврдење“.Поради оваа навика на античките автори, многу бо-жества посведочени кај Хелените се толкуваат какохеленски, а всушност се туѓи, односно преземени оддругите религии. Исто така, треба да се каже декаосвен за хеленското и римското именување на боже-ствата не се води сметка за уште за две ознаки.Едната е географското име Тракија (Thrake), што бук-вално значи копно и првобитно се користело заозначување на северното егејско крајбрежје. Потоастанува етничко име за племињата источно од река-та Места, но античките автори во архаизирачки ма-нир го користат до крајот на антиката што довело дотнр. пантракиска теорија: дека сите племиња во тојдел се тракиски, а со тоа и нивната религија. И така,иако некои божества воопшто не се посведочени кајТракијците се прогласуваат за тракиски. Другатаознака е „олимписки богови“, што се користи како застарогрчките божества (сехеленското светилиште воОлимпија на Пелопонез) така и за македонските, чијсвет град Дион се наоѓа во подножјето на македон-ската планината Олимп која ја одделува Македонијаод Хелада. И бидејќи не се земал предвид контекстотво кој е употребена оваа ознака, македонските боже-ства се прогласувале за хеленски.

С.М.: Како се случи изучувањето на религијатана античките Македонци во поновата историја дабиде обременето и замаглено од идеолошко/поли-тички причини?

Н.П.: Причина за тоа е фактот што религијатае вториот важен елемент за определување на етнич-ката припадност на еден народ. Имено, откако се на-метна македонското прашање, особено по поделбатана Македонија, се исполитизира и прашањето за ет-

77

Слика 6. Божицата на домашнотоогниште Хестија/Веста

Page 3: Најнови сознанија за религијата на античките Македонци - Интервју со Наде Проева

ничката припадност на античкитеМакедонци, се разбира за политички це -ли. Односно, со цел да се докаже божем-ното вековно право на соседите врз тери-торијата на Македонија, се создадоа на-ционални митови засновани врз античкотонаследство и историја, особено кај Грците,кои до ден-денес од петни жили се обиду-ваат да докажат дека античките Ма ке -донци биле Грци. Дел од денешнивеМакедонци, пак, во одбрана од реванди-каци за територијата на Р. Македонија оддомашното албанско малцинство, како иво одбрана на името и јазикот негирани одГрција и Бугарија, што е за жал поддржаноод тнр. демократска Европа, создадоа својнационален мит, половина век по про цутотна македонската култура во рамките наслободната национална држава создаде-на на дел од територијата на етничка игеографска Македонија.

С.М.: Кажете ни врз кои извори сепотпирате во вашата студија, и кој методго применувате за да бидете доследна наКлио, зашто задачата на историјата е дани каже како навистина било?

H.П.: За да се дојде до објективнирезултати при изучување на оваа сложе-на тема неопходно е да се користат ситевидови извори што ги имаме. Како штоспоменав, најважни се материјалните изво-ри, чиј број е неспоредливо поголем оддругите и особено е зголемен со археолош-ките ископувања по Втората светска војна. Но иакосе најбројни, тоа се најтешки извори за толкувањезатоа што за разлика од пишаните извори тие се„неми“. И задачата на историчарот е да направи тиеда зборуваат. Тоа е прилично тешко, но не и невоз-можно, и се постигнува со интердис-циплинарен пристап; со споредува-ње со другите видови извори; со ста-вање во домашен контекст наместово хеленски, како што најчесто сеправи; со водење сметка за влијани-јата однадвор, а особено со забора-вање на сите предубедувања и одна-пред поставени идеи и цели за дока-жување. Наместо да се прашуваатдали античките Македонци, односнодали нивната религија била хелен-ска, историчарите на религијата тре-

ба методолошки правилно да го поставатпрашањето и да дадат одговор каквавсушност била религијата на античкитеМакедонци.

С.М.: Инспиративното предавањешто го одржавте на промоцијата на вашата

книга беше насловено „Македонските бо-жества во хеленското руво“ Откако имго соблековте тоа руво, можете ли зачитетелите на „Културен живот“ да гипрезентирате вашите главни сознанија

за сличностите и разликите меѓу хелен-ската и македонската религија?

H.П.: Во паганските религии основнитеелементи се исти кај речиси сите народи изатоа акцентот треба да се стави врз разли-

ките. А тие се поприлично големи. На првоместо треба да се споменат божествата иобичаите што воопшто ги нема во грчки -от пантеон, какви што се божицата на не-бесната светлина – Адраја (сл.1), божица-

та на војната – Ма (сл. 2), исцелителнитебожества Беди и Да рон, при што за Дарон е

најдена посвета од II век н.е. во Пела, сошто се покажа автентичноста на името за-пишано како македонска глоса. Потоатреба да се спомене поголемата застапе-ност и важност на некои божества, какви

што се Хелиос, Гаја, Уранија – господаркана небото, кои се минорни кај Грците; какои различниот статус на божествата – така,на пример, Херакле за Хелените е херој,додека пак за Македонците тој е воено бо-

жество. Од обичаите треба да се спомене обредот налустрација на војската, непоставување трофеј на бој-ното поле по победата, кралскиот лов, итн. Натаму,треба да се спомене омиленоста на некои култови,на пример на сонцето, (сл. 3) на водата и др. Осо бе но

е важно да се истакне дека Маке до -нија е лулка на орфичкото учење (пре-земено и приспособено од Платон ираширено насекаде во грчко-рим-скиот свет), како и разликата во маке-донскиот и хеленскиот космогонискимит, во календарот, ерите, религиска-та функција на кралот и др. Истотака, треба да се спомене и иноватив-носта на Маке донците, како во созда-вањето на нови божества, така и припреземањето на елементите од туѓитерелигии. Нај очигледен пример е бо-

1-2/201578

Слика 1. Адраја - божицана небесната светлина

Слика 5. Нерези-надгробен споменик

Слика 2. Ма - божица на војната

Page 4: Најнови сознанија за религијата на античките Македонци - Интервју со Наде Проева

гот Серапис, кој во основа е египетскиот бог намртвите – Озирис. А бидејќи зооморфните еле-менти на богот Озирис не биле прифатливи заМакедонците и нивната династија што владеелaсо Египет, било создадено божество соодветно намакедонскиот бог на подземјето Аудон (хел. Хад)и на верувањето во задгорбен живот. Култот нановиот бог бргу се раширил низ целиот античкисвет и се почитувал до крајот на антиката. Истотака, Македонците не ги прифаќале автоматскини елементите од другите култури, туку ги при-способувале на своите сфаќања при што силно еизразена нивната патријархалност и верност кондомашните традиции. Тоа особено е видливо воначинот на хероизирање на покојните, што сеправело на многу специфичен начин и се создалеоригинални ликовни форми.

С.М.: Читајќи ја вашата книга, освен изо-билството нови сознанија кои ни говорат закултурата и идентитетот на античките Маке -донци, особен впечаток ми оставиja родовитеаспекти на македонските божества. Има ли ро-дов баланс меѓу машките и женските божест -ва, и какво влијание имало тоа врз машко-жен-ските релации кај античките Македонци?

H.П.:Женските божества имале приморди-јална улога од почетокот на човечката историја.Главно божество во праисториско време е жен-ско, една Мајка – родителка, како на луѓето такаи на боговите. Оваа прамајка и родителка (затоасе прикажувала со изразени сексуални белези –стеатопигија, големи гради), била универзалнаМајка, а со тоа и божица на плодноста, господар-ка на светот и на целиот жив свет, ГолемаМајка (Magna Mater, Mether thea, MetherPothnia). Неа ја има во најстарите митови засоздавање на светот. (сл. 4) Таа билаглавно божество не само во перио-дот на матријархатот, туку сѐ докласичниот период, а се почитуваладо крајот на антиката. Имено, во вре-ме на скитачкиот начин на живот ина ловечко–собирачка економија,гледајќи го чинот на раѓање луѓетомислеле дека мажот нема никаковудел во создавање на животот идека само жената е одговорна затоа. Но, со преминот на засед-нат, населбински начин на жи-вот и на производна еконoми-ја (одгледување на растенија и

животни), луѓето ја сфатиле улогата на мажот восоздавањетo на живот, што довело до пресврт воопштествените односи, односно до превласт намажот, тнр. патријархат. Тоа се одразило и во ре-лигиската хиерархија која е одраз на земската, татака главното женско божество било истиснато изаменето со машко.

С.М.: И на крај, дали во текот на вашитеизучувања откривте елементи од античката ре-лигија што преживеале до денес.

H.П.:Се разбира дека има зачувано, не самообичаи во секојдневниот живот, туку многу еле-менти има и во христијанската религија. Имено,за да се наметне, христијанството морало да при-фати многу пагански елементи од кои населе-нието не сакало да се откаже, особено луѓето возатворените, селски средини. Впрочем од pagus,село, се направени термините паганска религија,пагани. Дека тоа е така се гледа од фактот штодатумите на многу обреди се исти со античките,особено во култот на мртвите, на пример задуш-ниците за мртвите, раѓањето и воскреснувањетона Христос (исти со фригискиот Атис). Еден убавпример на се уште живата антика е еден надгор-бен споменик од 1924 год во с. Нерези (Сл. 5) собуквално иста формула за сопственоста на гро-бот, односно забрана за погребување на туѓилица (У овај гроб нико друг да се не клает), шточесто се среќава на надгробните споменици воантиката. Друг пример е култот на божицата надомашното огниште Хестија/Веста која го одржу-вала огнот за да не згасне животот (Сл. 6). Донеодамна, во огништата на селските куќи секо-

гаш тлеело едно жарче, за да не згасне живототна семејството. Пагански обреди сѐ уште има иво култот на христијанските светци, на пример

крвната жртва, та дури и во култот наБогородица (Големата Мајка). Имено,во некои осоговски села за време напразникот на Успение на Пресвета

Богородица, со крвта на жртвенотојагне се прави крст на челото и образи-

те на оној што го дава јагнето, а потоа сеправи ручек за верниците. Јадењето месоод жртвуваното животно во антикатазначело поистоветување со божеството.

Затоа до ден-денес христијанските тео-лози се обидуваат да го исчистат хри-стијанството од многу пагански оби-чаи што сѐ уште опстoјуваат.

79Слика 4. Магна Матер