39
1 Барај ме во пролетта што доаѓа

Барај ме во пролетта што доаѓа

  • Upload
    -

  • View
    273

  • Download
    5

Embed Size (px)

DESCRIPTION

Збирка песни од членовите на литературната секција при СОУ „Никола Карев“ - Струмица

Citation preview

Page 1: Барај ме во пролетта што доаѓа

1

Барај ме во пролетта што доаѓа

Page 2: Барај ме во пролетта што доаѓа

2

Средно општинско училиште

„Никола Карев“ – Струмица

Барај ме во пролетта што доаѓа

Збирка песни од членовите

на Литературната секција

Година 20 Свеска 20

Април 2013 Струмица

Page 3: Барај ме во пролетта што доаѓа

3

Во годината кога одбележуваме скромен јубилеј

20 години континуирано излегување на Алманахот,

се потсетуваме и искажуваме благодарност на

Зора Танева Цонка Танчева и Ристе Беќаров

За нивниот придонес да го приближат пишаниот збор до младите творци, кој е забележителен и силно афирмативен, и

на кои им пожелуваме мирни пензионерски денови;

На генерациите млади литерати, чие споменување овде може да ни зафати повеќе страници, а низ чии творби се рефлектираат сите форми на љубов и пријателство, на желби и очекување, на спомени и сеќавања, и не ретко, на младешко разочарување;

На сегашниве професори кои се почестени да бидат дел од тоа

славеничко дведесетлетие

Трајан Божинов, Софија Давчева Танка Божинова, Вера Тодорова,

Сунчица Семенкова, Данче Ѓоргиева Магдалена Ѓоргева, Ице Беличев

и кои се надеваме ќе ѝ бидат верни на традицијата и ќе ја продолжат;

И на Вас, драги ученици и наши верни читатели, заради кои постојат книгите и кои ни бевте и сте први судии и постојани

критичари.

Page 4: Барај ме во пролетта што доаѓа

4

Победи

Вдиши. Издиши. Длабоко вдиши уште подлабоко издиши.

Стори било што но не предавај се. Имаш причина за победа.

Ја пронајде таму некаде, далеку. Се скрила во темнината и те чека.

Да, таа се уште те чека. Помести се. Дај знак на живот и продолжи.

Знам дека можеш. Бидејќи можеш затоа и успеваш. Ти си посебна. Единствена.

Талкај напред, посочи се кон она што е навистина твое. Подади рака кон она

што сакаш да ги задржиш за себе. Зграпчи го!

Имај го она што ти прилега токму тебе. Никогаш не предавај се.

Овде сум јас. Бев и ќе останам оној дел кој те бодри, ти дава надеж и те повикува на двобој.

Одиграј го! Овој пат одиграј го до вистинскиот крај.

Не дозволувај стравот да надвладее со тебе. Сруши ги сите оние кои демнат

како демони над тебе. Мила моја, за прв пат вистински победи!

Даниела Алексова IV6

Page 5: Барај ме во пролетта што доаѓа

5

Одмазда

Гадливо ја пружам раката да те дофатам. Да те грабнам и да заминам.

Да се изгубам во просторот и времето. Да залутам некаде далеку.

Како сламка би те понела со мене. Омразата, непочитта, одвратноста...

Има со што да се храниме. Ќе преживееме зарем не?!

Бог дал некаде повеќе, некаде помалку, а тебе. Тебе ти дал с непотребно, а ништо потребно.

Се гнасам од тебе. Толку сум гневна што би ги оставила сите

и би одлетала со тебе. Смешно зарем не?!

Би ти вратила за секоја солза и насмевка двојно повеќе.

Би те измачувала. Би играла крвав танц околу тебе

додека се свиваш од болка. Би те предала токму така

како што ти ме предаде мене. Даниела Алексова IV6

Page 6: Барај ме во пролетта што доаѓа

6

Збогум

Заминувам... За последен пат се свртувам

да го видам сјајот во очите твои и да го запишам тој поглед,

во сеќавањата мои. Се вртам и за жал во очите твои не видов сјај.

И знаев дека с е изгубено, забележав како да сакаш крај.

Велат дека кога времето поминува, лесно го забораваш тој што одминува.

Но зборовите празни не се дела, кога пред тебе ќе треба да застанам смела, да подадам рака и да го поздравам за крај

тој што го сакав. За мене најважна беше среќата твоја, затоа се откажувам од љубовта моја.

збогум за крај и едно знај ќе те сакам до бескрај. Ивана Георгиева II8

Page 7: Барај ме во пролетта што доаѓа

7

Барај ме

Чудно чувство ме обзема доцна е, ноќта почна да додева.

Темна е оваа ноќ, Седам во својата соба.

с ми се чини како да шепотиш ти Го гледам твојот лик

од кој тврдост и суровост бие. Барај ме во тажните мигови Барај ме во празната постела

Барај ме во рацете на вештиот уметник Барај ме во ладните ноќи, секогаш кога ќе ја осетиш раката на осаменоста. Едноставно барај ме

во пролетта што доаѓа! Радмила Манева IV6

Page 8: Барај ме во пролетта што доаѓа

8

Срце силно бие

Чудно чувство ме обзема. Мислам на тебе секој час.

И се надевам за нас!

Срце силно бие, Љубов не се крие.

Каде си, дојди во мене Со друга не губи време!

Често губам свест,

и очекувам од тебе добра вест. Ме сакаш кажи ми,

и прекини веќе еднаш, со детски приказни!

Благица Димитриева l8

Page 9: Барај ме во пролетта што доаѓа

9

Трепери срцето мое

Толку тивка есента никогаш не била ко да се плаши од нечиј пораз, но одеднаш нешто ја охрабрува

и ѝ дава сила. И шумолат лисјата од дрвјата, но не и лисјата под моите нозе

кој беа милост ги газам, сакајќи да ја оттргнам болката од себе.

Тогаш ја делиме тагата која ни го крши срцето.

Во тие моменти барам милост, просам за љубов,

и барам начин да се вратам во минатото па да заборавам на големата тага.

Па се сеќавам на деновите исполнети со радост и смеа,

деновите кои незаменливи беа. Но, остануваат само спомените, и тогаш трепери срцето мое,

трепери и плаче за неповратното минато. Верица Манушева lll8

Page 10: Барај ме во пролетта што доаѓа

10

Заљубен

Ме прашуваат како сум не можам да им одговорам

и јас самиот не знам како да им објаснам.

Нешто со мене чудно се случува и за секоја работа

нешто друго во мене одлучува. Дома ми велат

делуваш како изгубен! јас еве си признавам изгледа сум заљубен.

Сега прашај ме како сум сега ќе ти одговорам

тешко ми беше пред тоа не сакав да признам.

Живко Коцев I9

Page 11: Барај ме во пролетта што доаѓа

11

Каде и да одиш

Во очите твои кога гледам тага срцево ме боли

тоа не е луда лага. Ова проклета насмевка твоја

секогаш ме тера да гледам во тебе, се прашувам што ми се случува мене често не знам ни за самата себе.

Мислам дека ова љубов се вика,

како за прв пат во мене ова љубов толку силно блика.

Каде и да одиш со поглед знај те следам,

но знам и зошто јас во тебе гледам.

Љубица Младенова II9

Page 12: Барај ме во пролетта што доаѓа

12

Љубов

Сјајот се крие во љубовта, љубовта се крие во срцето, срцето е дел од телото, телото дел од душата…

Повредената душа гори, раната пече и душа мори. Гори срце да не падне ноќ

биди силно со вистинска моќ

Во тебе срце љубов да зрачи без зборови да се арчи

љубов врела лежи во тебе не дозволувај да замине за себе.

Подари ти срце, љубов врела

по вистински пат со тебе да замине ко стрела! Габи Кирова III8

Page 13: Барај ме во пролетта што доаѓа

13

Невозвратена љубов

Тонам во длабоки мисли со мисли чекорам по патот, по пат кој е како лавиринт.

Не постоеше посигурно место од ова. Овде бев сама. Овде бев своја.

Овде бев сигурна и заштитена. Бегам како плен од ѕверот.

Чекорам, но сепак сум блиску. Ме прогонуваш во таа тишина,

со надеж дека сепак ќе бидеш мој. Тања Стоилова IV1

Page 14: Барај ме во пролетта што доаѓа

14

Љубов

Љубовта има чудна сила, толку е нежна и мила. Во секое срце таа бие

и никогаш не може да се скрие. За љубовта зборуваат сите,

сеејќи љубов ни минуваат дните.

Без љубов во срцето ќе нема дел, со љубов се стигнува до секоја цел.

Љубовта по мојот пат ме води, никогаш нема да го напушти срцево, да си оди.

Таа е како детелина со пет лисја која ја чувам цврсто во мојава рака,

на секое ливче се оние кои најмногу ги сакам.

На првото ливче од детелината моја

е семејството кое за доброто мое се бори, луѓе поради кои срцево песнава ја твори.

На второто ливче се роднините мои, љубовта со нив прекрасни моменти ми крои,

тие се луѓето кои ми значат се, и кои никогаш нема да ги заборавам,не. На третото ливче пријателите стојат,

тие мојата насмевка ја кројат. Со мене се секогаш во добро и зло, со мене се секогаш на врв и на дно.

Page 15: Барај ме во пролетта што доаѓа

15

На четвртото ливче момчето пред кое секогаш треперам,стои.

Насмевката моја не може да се крие, моето срце само за него бие.

На моето петто ливче е мојата татковина, засекогаш во моево срце ќе биде Македонија.

Земја најубава која живее во моето срце и душа, иако е мала, за неа секој големина слуша.

Љубовта секогаш среќа ми дарува, а велат дека човекот е најсреќен кога љубовта во срце му царува. Мојата детелина со пет лисја

повеќе од с ми значи - секој нека знае, љубовта е вечна и вечно ќе трае.

Надежда Панајотова I9

Page 16: Барај ме во пролетта што доаѓа

16

Таканаречена љубов

Далеку си? Близу си? Внимавај! Не приоѓај! Близината оддалечува!

Огнот е посилен кога го гледаш оддалеку,

страста е посјајна од сонцето кога замислуваш. Мирисот твој ме растреперува со зацрвенети образи.

Сонот е љубов, желбата е извор,

далечното перце во осамен остров. Воајер сум во скриената соба на воздишките.

Мојата таканаречена љубов пламти

и го впива телото од погледот на твоите неуморни очи. Љубица Младенова II9

Page 17: Барај ме во пролетта што доаѓа

17

Предизвик

Предизвик е што живееме, живееме да копнееме.

Никој не е свој на своето секој е копија на моето-твоето. Па затоа еднаш слушаш падови

друг пат, пукање на крвни садови.

Тоа е само до нашиот ум дај си име и биди свој кум,

не дозволувај жртва да бидеш за нешто од друг да видиш....

Предизвикот направи го споделување копнеењето – подарување,

биди горд на твоето и секогаш бори се за своето!

Габи Кирова III8

Page 18: Барај ме во пролетта што доаѓа

18

Љубов

Исполнета со чувства, а сепак празна во себе. Какво е тоа чувство

што прави да сум осамена? Се појави без глас од никаде, а веќе си во мене насекаде. Останувам со прашањата,

но некаде во срцето ме копкаат одговорите.

Не знам од каде да почнам, се чувствувам безнадежно,

помислувам како да се ослободам. Дали е тоа љубов или нешто друго?

Гонце Атанасова IV1

Page 19: Барај ме во пролетта што доаѓа

19

Те сакам

Постои ли сила за да бидеш ти мој, Погледни ме мене не прави се свој. Кажи ми зошто тоа е баш така,

Срцето мое знај премногу те сака.

Погледни го небото ѕвездите сјаат, Колку те сакам само тие знаат. Месечина полна колку е слатко,

Сакам да сум твоја барем на кратко.

Твоите усни за мене се лек, Пушти ме малку во твојот розов свет.

Во твојот свет на бајка и чудо, Разбери ме веќе ти не биди дете лудо.

Со мастило на хартија ти пишувам, Со љубовни рими те возвишувам. Со сликата твоја заспивам јас,

Се прашувам има ли надеж за нас.

На срцево мое спие името твое, Никој не може да открие што е...

Даница Стојанова I2

Page 20: Барај ме во пролетта што доаѓа

20

Љубов

Љубовта е топло сонце што нежно срцето го грее, љубовта е невидлив оган што во градите тлее.

Љубовта е сјајна ѕвезда што никогаш не се гаси, љубовта е силна светлина што човекот го краси. Љубовта е моќен збор што со трепет ѕвони, љубовта е волшебник

што среќа насекаде рони. Љубовта е разбрануван океан,

можеби и рана што боли, љубовта е недопеана песна,

солзи што од очи моли. Љубовта е живот розов проткаен со слатка мака, љубов е некого да сакаш и тој тебе да те сака. Виолета Аргирова I9

Page 21: Барај ме во пролетта што доаѓа

21

Љубов ли е?

Љубов ли е кога зракот низ прозорецот руди,

кога славејот точи струни, а мислата на погледот твој трепет во срцето ми буди? Љубов ли е кога тивко шумоли брезата моја, те бара, те повикува,

воздишката ја преточува во возбудливи ноти

и ја пее песната твоја? Љубов ли е кога месечината

низ ѕвездите броди, трепери рака, трепери срце, се слеа и стих за љубовта

што за тебе се роди? За онаа љубов што нежно

и тивко те чека тебе во срцето растреперено мое, не срами се, дојди и земи го,

нека биде твое! Љубица Младенова II9

Page 22: Барај ме во пролетта што доаѓа

22

Збунети години

Уморно правам уште еден чекор, кон ништо, чекорам без цел.

Колку да не се губи смислата на животот, а животот тече, минуваат годините, толку брзо што не го чувствувам тоа.

Поминува покрај мене како воз, од кој ми мавтаат рака среќата и љубовта.

Го пропуштив тој воз, се качив јас на последниот

кон уште една година. Се гледаме со животот очи во очи,

молчиме како двајца странци, непознати. Доцна е да се почне одново.

Се раѓаме еднаш и умираме еднаш а веќе сме родени, нема назад-

сега ја чекаме смртта. И студено ми е срцето, но чука, чука за да живее една личност.

Уморно го правам и следниот чекор! Зорица Ѓоргиева IV1

Page 23: Барај ме во пролетта што доаѓа

23

Спомени

Не сум овде. Повторно талкам низ спомените.

Ги оживувам. Им се радувам, а токму тие ме рануваат.

Ме огорчува нивниот вкус. Чувствувам глад кој е незаситен.

Емоциите повторно ме надвладуваат. Изгорете!

Докрајчете с во мене. Само исчезнете.

Не размислувам за последиците, само сакам сега да ве нема.

Да не ве чувствувам. Глад. Жед. Тага. Солзи. Самотија. Смрт.

Сеедно само да не те чувствувам ниту тебе, ниту с што ми остана од тебе.

Доста ми одзеде. Доста!

Ме пепелосува секој твој следен допир. Ме разранува твојот мирис.

Ме гуши твоето присуство кога знам дека си овде. Сам. Нечиј или пак сечиј.

Само не мој. Даниела Алексова IV6

Page 24: Барај ме во пролетта што доаѓа

24

Моите чувства

Денес се чувствувам осамено, во светот што не можам да го разберам. Ја чувствувам својата тага и осаменост и болката во моето срце која станува с поголема и посилна додека заминуваш. Почнува да ме гуши мојата осаменост.

Не знам каде одам, како да чекорам низ некој лавиринт

во кој не гледам излез. Се плашам дека нема да успеам

да побегнам од оваа безизлезност. Јас сум онаа што сум, поради тебе,

ти си мојата светлина, причина и надеж за да живеам, да продолжам и да успеам. Никогаш, никогаш нема да се откажам

и да ти дозволам да си заминеш. Зорица Ѓоргиева IV1

Page 25: Барај ме во пролетта што доаѓа

25

Солза

На миг си ти сјајна ти си тага и среќа крајна,

во нас сите те има срцето ко сунѓер те прима... Штом една на пат се упатува

со неа и друга око ти заматува. Ко река протекува низ лицето наше создава отпор како секое ваше!

Да, тоа е солза која тече, која мори и во срце пече.

Габи Кирова III8

Page 26: Барај ме во пролетта што доаѓа

26

Не повредувај ме

Се ниша недовербата. Градиш мост и ете, до мене си.

Овде си! Имаш с !

Се што би ти било потребно некогаш во животот. Ме имаш. Да, да повторно ме имаш.

Правиш се за да ме успокоиш, да ме направиш среќна. Среќна?!

Или пак навидум среќна? Како и да е, правиш с ! Даваш се и имаш с !

Зошто твоите чувства ми наликуваат на доцен есенски ветер.

Ги има... Ги нема... Ги нема... Ги има. Чувства велам. Мора да ги има или да ги нема.

Нема златна средина. Издржи до крај, овој пат издржи.

Стори било што. Остани со мене или замини безболно.

Не оставај траги врз мене и моето битие. Немој!

Стори било што само не повредувај ме. Даниела Алексова IV6

Page 27: Барај ме во пролетта што доаѓа

27

Копнеж

Кога би можел да сопрам народи завојувани

да нахранам деца изгладнети да ги исчистам реките,

езерата и морињата загадени, а да ги осудам душите продадени. Да посеам љубов, радост и смеа

насекаде,да спојувам души разединети, да спојувам срца заљубени. Мислам дека тоа е можно

иако е голем влог, но јас тоа само го посакувам, а го може Бог.

Живко Коцев I9

Page 28: Барај ме во пролетта што доаѓа

28

Чувствувам

Чувствувам нешто во себе, нешто што во душа ми тежи, а во мене голема болка лежи.

Многу бури во моето срце, многу солзи во моите очи,

многу јадежи во мојата душа, а во мене чувствувам суша.

Се борам со бурите во мене, се борам со сенката негова

се борам со другарството што вене, и врескам во себе.

Другарот мој премногу го сакам,

за него сите денови низ бури одам. Откако го знам јас немам мира,

не можам да издржам, губам сила.

Тешко е ова чувство, тешко е и премногу боли.

Kако ќе ја поминам бурата што иде, се прашувам што понатаму ќе биде?

Надежда Панајотова I9

Page 29: Барај ме во пролетта што доаѓа

29

Каде ли ќе стигнам

Секој следен здив боли. Непотребен ми е. Или така ми се чини?!

Празнината во мене ме изопачи. Не се радувам на денот. Безначаен е без тебе.

Ноќите се дружам со тишината. Неодолива е.

Има некаква чудна моќ. Ми дава простор да размислувам.

И знам, не ме остава сама. пак утрата.

Одамна веќе не постојат за мене. Ги проголтнувам во студената постела. Божем така го преболувам времето.

токму тоа ме убива. Се плашам од него.

Ми наштети, ми однесе се. Одвратен момент на соочување со реалноста.

И никако не ја прифаќам. За мене таа не постои.

Живеам во мојот меланхоличен внатрешен свет. Се рушам. Бегам.

Забрзано бегам од самата себе си и талкам кон непознатото. каде ли ќе стигнам?! Даниела Алексова IV6

Page 30: Барај ме во пролетта што доаѓа

30

Бајка

Силата на љубовта се крие во две срца силни, црвено вино врие.

Животот нивни е бајка цела за тоа раскажува девојка со насмевка...

Ноќта беше бледа и сјајна

кога ја запознав љубовта крајна. Дете бев, кога те сретнав тебе,

но длабоко сакав да те држам до себе. Срцето со сигурност ми вели

никогаш од љубовта света не се сели! Габи Кирова III8

Page 31: Барај ме во пролетта што доаѓа

31

Карневалска треска

Струмица наша исправена стои најразлични маски од секаде брои. Фантазијата своја секој ќе ја реши, ќе нема замерки дури и да згреши. Под градот ѕвезден блесок од бои, спектар од маски тука се крои,

а за адетите наши муабет да нема и тие се во склоп со карневалската шема.

Тримери или понеделник чист

возбудени армасаните се тресат ко лист. Потомци сме ние на Струмјани племе

не дозволуваме никој традицијата да ни ја одземе. Лицата под маски вешто ги криеме, а утре на работа може и да спиеме . Струмичани се луѓе по душа еснаф

ниеден карневал не поминува без песна. За песна и свирка душа даваат

најубав карневал до зори прават, маската е наш заштитен знак Ќе го оживееме сонот пак.

Ќе бидеме тоа што не сме

кога страион во сите бои ќе блесне. Лека-полека крај се ближи

Момче на штикли едвај се движи. Прекрасна е таа волшебница

и последната маска ја однесе виулица, за до година сега сила ќе збираме најубава маска пак да одбираме.

Игор Палифров I9

Page 32: Барај ме во пролетта што доаѓа

32

Љубов во срцето мое

Љубов на прв поглед врие но чудо не се крие.

Љубовта е расцветена ко мај ох, љубов што нема крај!

Цути во пролет, зима и лете интересна е ко игра на дете. Некогаш боцка како да е еж,

но не се плаќа со никаков кеш!

Две срца како две планини жуборат како извори Билјанини. Заедно со неа и болест следува,

Од љубов секој боледува! Билјана Петрова I8

Page 33: Барај ме во пролетта што доаѓа

33

Животи на предавство

Одвратно! С наоколу е одвратно. Се чувствувам одвратно.

И јас сум одвратна. Згасни.

Згасни љубов несудена. Или подобро ќе биде јас да згаснам.

Ми се смачи. Се уморив.

Се наситив од нечовечноста, злобата и омразата. Гадотија!

Проклетство! Сите си поиграа со моите чувства и заминаа.

Невидлива сум за Вас. Нека сум!

Се што сама си скроив сега си го носам. Мало, тесно, широко, извалкано.

Сеедно! Повеќе ништо не е важно!

Пропаднав во вашите лажни животи. Животи на предавство! Даниела Алексова IV6

Page 34: Барај ме во пролетта што доаѓа

34

Ме потсетува на големината а небото е бескрајно,

ја красат рожбите како ѕвезди придружнички,

а таа е само Мајка! Софија Давчева

Да можам душата да ја оставам во песните а тие дишат кога ќе ги кажеме

вечното присетување на танас, Габриела, Ромео, чувството на исполнета мисија

евергринот што се враќа како лајтмотив врежано во бунтовната младост

а кажаното можеш и мораш да успееш е вистина.

Судбина ли е, што ли е овие спомени за сите мои љубени

фонтана од восхит се и вечен немир искрснуваат како феникс од пепелта ја искажуваат мислата на нараторот

а новите бунтовници нгел, Оливера, Спасе, Сања се наследници на Лира!

10. 10. 2012 Софија Давчева

Page 35: Барај ме во пролетта што доаѓа

35

Содржина -------------------------------------------------------------------------------- 3 Победи ------------------------------------------------------------------------- 4 Одмазда ------------------------------------------------------------------------ 5 Збогум -------------------------------------------------------------------------- 6 Барај ме ------------------------------------------------------------------------ 7 Срце силно бие --------------------------------------------------------------- 8 Трепери срцето мое --------------------------------------------------------- 9 Заљубен---------------------------------------------------------------------- 10 Каде и да одиш ------------------------------------------------------------- 11 Љубов ------------------------------------------------------------------------ 12 Невозвратена љубов ------------------------------------------------------ 13 Љубов ------------------------------------------------------------------------ 14 Таканаречена љубов ------------------------------------------------------ 16 Предизвик ------------------------------------------------------------------- 17 Љубов ------------------------------------------------------------------------ 18 Те сакам --------------------------------------------------------------------- 19 Љубов ------------------------------------------------------------------------ 20 Љубов ли е? ---------------------------------------------------------------- 21 Збунети години ------------------------------------------------------------- 22 Спомени ---------------------------------------------------------------------- 23 Моите чувства -------------------------------------------------------------- 24 Солза ------------------------------------------------------------------------- 25 Не повредувај ме ---------------------------------------------------------- 26 Копнеж ----------------------------------------------------------------------- 27 Чувствувам ------------------------------------------------------------------ 28 Каде ли ќе стигнам -------------------------------------------------------- 29 Бајка -------------------------------------------------------------------------- 30 Карневалска треска ------------------------------------------------------- 31 Љубов во срцето мое ----------------------------------------------------- 32 Животи на предавство --------------------------------------------------- 33 ------------------------------------------------------------------------------- 34 ------------------------------------------------------------------------------ 34

Page 36: Барај ме во пролетта што доаѓа

36

Литературната секција при нашето училиште

досега ги има издадено следниве стихозбирки:

1994 - Нива, а во нивата плодови

1995 - Како нежен ветрец, како росно цвеќе

1996 - Желби, солзи и спомени

1997 - По стапките на радоста,

во сенката на љубовта

1998 - Мирисот на ружите

1999 - Од изворот до утоката

2000 - Тивки чекори под сонцето

2001 - Ноќта ја покрива тишината,

ѕвездите ја плетат судбината

2002 - Месечината е сведок

на нашата љубов

2003 - Тајни љубовни

2004 - Птица што лета над моето небо

2005 - Моите солзи се ронат како бисери

2006 - Виножито и љубов

2007 - Море направено од солзи

2008 - Постела од ѕвезди

2009 - Нашите сказни

2010 - Лозинка за тајната

2011 - Низ лавиринтот на љубовта

2012 - Љубовни приказни

2013 - Барај ме во пролетта што доаѓа

Page 37: Барај ме во пролетта што доаѓа

37

Издава:

Средно општинско училиште

„Никола Карев“ – Струмица

Директор:

Слободан Вета

Уредници и ментори:

Софија Давчева

Данче Ѓоргиева

Танка Божинова

Магдалена Ѓоргева

Ице Беличев

Техничко опремување:

Трајан Божинов

Корици: Ленче Герова

Page 38: Барај ме во пролетта што доаѓа

38

Page 39: Барај ме во пролетта што доаѓа

39

Струмица, април, 2013